Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 775, Април 2013

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО КОАЛИЦИЈА СО ПАРТИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ БЕРИША

ГРУЕВСКИ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО САО ПАОЛО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

И додека македонскиот претседател пред Македонците од дијаспората односно во Канада многу јасно говори за мирољубивоста на македонскиот народ, кој настојува само да си ги одбрани македонскиот идентитет и име, јужнососедската дијаспора во САД агресивно бара да се сменат македонскиот јазик и нацијата! Најголемата организација на јужнососедската заедница во САД, објави нови политички позиции за серија прашања, меѓу кои и спорот за името меѓу Македонија и тие тамо доле јужно. Нивните објавени позиции заземаат став дека Република Македонија, која ја нарекуваат БЈРМ, мора да прифати име на јазикот и нацијата во кое воопшто нема да се содржи зборот Македонија, а САД треба да го повлечат признавањето на нашето уставно име. Единственото практично решение е име кое со ништо не укажува дека БЈРМ има каков било политички суверенитет врз традиционалната Македонија која лежи надвор од денешните граници на БЈРМ. Понатаму, поради мултиетничкиот состав на БЈРМ, името на јазикот и нацијата не смее да го содржи зборот македонски, ниту кој било збор што личи на македонски. Која дрскост, која иронија, кој безобразлук!!! Јужниот сосед со ова по незнам кој пат си го откри маскираното лице, иако и нам ни е јасно дека ние Македонците сме им рак рана од која неможат никогаш да се ослободат. Изминативе дваесетина години откако се фрлени во оптек разговорите за разликите или прашањето за нашето име, сум се прашувал и сега се прашувам, што е ова чудо околу името, на што се должи сета оваа светска дипломатска рашомонијада!? Дали се крие и што се крие зад сево ова, зад сиве овие маратонски разговори и преговори!? Зошто има потреба од вакви постојани негирања и атаци врз нашата Македонија. Па тие знаат дека ние сме Македонија и со тоа име и ќе останеме и ќе опстоиме. И да не должам околу оваа вечна тема на размислувања, полемики, коментари, туку збор два да кажам и за написот од еден новинар кој доаѓа од кај источниот сосед. Напис кој многу ми импонира и ме израдува. Тој, новинар, вели, ако ја признавме Македонија како држава, должни сме да ги признаеме и јазикот и народот! Пловдивскиот новинар обвинува дека мал дел од источните политичари и историчари ниту пред дваесетина години ниту сега не можат да се ослободат од политичкото слепило и да признаат дека во светот нема суверена држава без свој јазик, историја, култура и народ. Тој и порано советуваше дека колку тоа на некои луѓе во Бугарија да не им се допаѓа, најдобро за македонско-бугарските односи е да се прифати реалноста дека постои македонска држава, македонски етнос и македонски јазик. Незадоволен од моменталната политичка состојба во неговата држава, пловдивскиот новинар најавил дека на 28 мај официјално ќе побара македонско државјанство. Зошто се одлучил на ваков чекор - да стане македонски државјанин, вели дека е ослободен од слепилото за негирање на македонскиот идентитет. Браво за чистодушноста, за смелоста да ја погледне реалноста. Добро би било да има повеќе како него истомисленици не само од исток, туку и од југ и запад. Македонија и Македонците се посебност што мора да биде признато, ако сакаме Балканот еднаш конечно да биде добро место за живеење. Доволно се делби и омрази без разлика од која страна се иницирани.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


Првите обуки ќе бидат општи со акцент на начелата, етапите и начинот на водење на преговорите, а потоа тие ќе бидат поспецифични и ќе се однесуваат на одредени специфични сегменти и прашања. Ова го истакна француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер, која со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Скопје го означија почетокот на циклусот на обуки за правилата и техниките на преговори во Европската унија

Ф РА Н Ц У С К И Е К С П Е Р Т И Ќ Е Г И О Б У Ч У В А АТ М А К Е Д О Н С К И Т Е ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА Н АЧ И Н О Т Н А В О Д Е Њ Е Н А ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНС ТВО ВО ЕУ

ФРАНЦУСКА ОБУКА ЗА ВОДЕЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

Ф

ранцуски експерти ќе ги обучуваат македонските државни службеници за начинот на водење на преговорите за членство во Европската Унија. Првите обуки ќе бидат општи со акцент на начелата, етапите и начинот на водење на преговорите, а потоа тие ќе бидат поспецифични и ќе се однесуваат на одредени специфични сегменти и прашања. Ова го истакна француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер, која со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Скопје го означија почетокот на циклусот на обуки за правилата и техниките на преговори во Европската унија.

Овие обуки, истакна таа, се дополнителен придонес за билатералната соработка на Македонија и Франција, која, од година во година ќе се засилува бидејќи сакаме Македонија да е подготвена за да може да ги води преговорите. Вицепремиерот Фатмир Бесими истакна дека обуките се исклучително важни, особено, како што рече, во овој период кога Република Македонија го води дијалогот на високо ниво со ЕУ. Обуките, што се организирани во рамките на билатералната административна соработка меѓу Франција и Македонија, ќе се одржат во текот на годинава и ќе овозможат да се поддржи проце03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

сот на европска интеграција на Македонија. Ќе бидат спроведени во партнерство со француски експерти од високо ниво мобилизирани од страна на ЕНА, Француското Национално Училиште за Администрација. Денешните обуки ќе овозможат да се презентира француското искуство на преговорите во Европската унија и на француските институции на меѓусекторска координација за европските прашања. Исто така, ќе бидат презентирани главните начела, етапите и клучните играчи во преговорите за пристапување кон ЕУ, како и научените лекции од претходните проширувања на ЕУ.


Европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, минатата недела со големо мнозинство ја поддржаа резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година предложена од британскиот европратеник Ричард Ховит. Тој притоа не го крие задоволството што беше дел од „составот“ кој помогна да се договори решение за крај на политичката криза во Македонија, поради која беше одложено гласањето на резолуцијата. Европскиот парламент се очекува на пленарната сесија во мај да гласа за резолуцијата на Ховит, иако претходно беше најавено дека ќе се гласа на 18 април во Стразбур, откако на 16 април еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе го претстави Специјалниот извештај за Македонија

Е

вропратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, минатата недела со големо мнозинство ја поддржаа резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година предложена од британскиот европратеник Ричард Ховит. Тој притоа не го крие за-

П РАТ Е Н И Ц И Т Е СО ГО Л Е М О МНОЗИНСТВО ЈА ПОДДРЖАА Р Е З О Л У Ц И Ј АТА З А Н А П Р Е Д О К О Т НА МАКЕДОНИЈА ВО 2012 ГОДИНА

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ НАМЕСТО НА 18 АПРИЛ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЌЕ ГЛАСААТ ВО МАЈ доволството што беше дел од „составот“ кој помогна да се договори решение за крај на политичката криза во Македонија, поради која беше одложено гласањето на резолуцијата. Европскиот парламент се очекува на пленарната сесија во мај да гласа за резолуцијата на Ховит, иако претходно беше најавено дека ќе се гласа на 18 април во Стразбур, откако на 16 април еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе го претстави Специјалниот извеш04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

тај за Македонија. На прашањето упатено до известувачот, дали тој се надева дека Советот на ЕУ ќе ја следи препораката за почеток на преговорите со Македонија, што повторно ја даде Комисијата за надворешни работи на ЕП, Ховит вели дека „по четири години давање на препораки за почеток на преговорите од ЕК, веќе е време преговорите да се отворат, бидејќи станува збор за земја што е одамна на стартната патека за почеток на преговорите“.


Бесими во интервјуто на Радио Слободна Европа, вели дека очекува еден објективен извештај со нотирање на сите реформи и работи што се направени во овој период, од декемвриските заклучоци наваму и приоритетите што се дефинирани во високиот пристапен дијалог за членство на Македонија во Европската унија, како и тие теми кои беа во декемвриските заклучоци во Советот на Европа, како што се приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името

В

ицепремиерот за евринтеграции, Фатмир Бесими, во однос на прашањето за името, очекува интензивирање на дијалогот, со цел да може до јуни да се заокружи и да се покаже конкретен напредок во тој дел, затоа што тие се работи кои се ставени како заклучоци на декемврискиот извештај. Бесими во интервјуто на Радио Слободна Европа, вели дека очекува еден објективен извештај со нотирање на сите реформи и работи што се направени во овој период, од декемвриските заклучоци наваму и приоритетите што се дефинирани

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА Е В Р И Н Т Е Г РА Ц И И , Ф АТ М И Р БЕСИМИ, ВО ОДНОС НА П РА Ш А Њ Е ТО З А И М Е ТО

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БЕСИМИ ОПТИМИСТ ЗА ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО

во високиот пристапен дијалог за членство на Македонија во Европската унија, како и тие теми кои беа во декемвриските заклучоци во Советот на Европа, како што се приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името. ,,Значи сите овие работи треба да се случат во пакет со цел во јуни Македонија слободно да очекува датум за преговори. Во овој момент уште еднаш ќе потенцирам дека нема да дадам прогноза дали во јуни земјите членки ќе дадат препорака за датум, туку ние треба да работиме до јуни во сите овие 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

сфери за да може да бидеме сигурни дека во јуни Република Македонија ќе стане дел од европската заедница.“ Бесими во однос на капацитетите и вољата вели: „Мислам дека Македонија може да покаже капацитет и потенцијал да ги надмине предизвиците и во тој поглед сметам дека политичките партии може да покажат капацитет за државните интереси да ги стават пред партиските интереси, затоа што тоа се всушност интереси на граѓаните на Македонија. Членството на Македонија во ЕУ и евроатланскиот процес се стратешки приоритет.


Градоначалникот на општината Овчарани во Грција, Панајотис Анастасиадис бара Македонскиот јазик да стане официјален во општината Мелити Грција. Како што објави весникот Нова Зора барањето до градоначалникот на Лерин, надлежна општина и до министерот за образование е испратено на 26 март. Во сите образовни институции, основни училишта и гимназии во општината МелитиОвчарани да се учи на македонски јазик. Сите топографски имиња на територијата на општината да бидат двојазични и сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик

В О С И Т Е О Б РА З О В Н И И Н С Т И Т У Ц И И , О С Н О В Н И У Ч И Л И Ш ТА И Г И М Н А З И И В О О П Ш Т И Н АТА М Е Л И Т И  О В Ч А РА Н И Д А С Е УЧИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА БАРААТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ДА СТАНЕ ОФИЦИЈАЛЕН!

Г

радоначалникот на општината Овчарани во Грција, Панајотис Анастасиадис бара Македонскиот јазик да стане официјален во општината Мелити Грција. Како што објави весникот Нова Зора барањето до градоначалникот на Лерин, надлежна општина и до министерот за образование е испратено на 26 март. Во сите образовни институции, основни училишта и гимназии во општината Мелити-Овчарани да се учи на македонски јазик. Сите топографски имиња на територијата на општината да бидат двојазични и сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик. Ова се двете главни бара-

ња на градоначалникот на општината кои се наведени во писмото. Меѓу другото во писмото Анастасиадис пишува дека Грција како членка на ЕУ е потписник на Повелбата за основните права на ЕУ каде во член 21 се наведува дека земјите-членки се должни да ја заштитат јазичната разновидност и да спречат какви било дискриминаторски мерки против нив. “Со оглед на сето ова, мис06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

лам дека е време да покажеме дека Грција со право се смета за модерна европска држава која ги почитува правата на сите граѓани, без оглед на етничкото или јазично потекло. Како претседател на локалниот совет на Мелити секојдневно добивам по стотина барања на граѓани од поширокиот регион во кои се бара непречено користење на нивниот мајчин, македонски јазик во сите аспекти на јавниот живот“, е додаде во писмото.


Тарчуловски кој ја одлежуваже 12 годишната затворска казна изречена од хашкиот трибунал, вчера од затворот во градот Диц, Германија беше ослободен по одлежаните две третини од казната односно 8 години. Тој по излегувањето од затворот беше пречекан од сопругата Соња, блиски пријатели како и македонските амбасадори во Холандија и Германија. Следниот ден илјадници граѓани го пречекаа на аеродромот Александар Велики, и се собраа на градскиот плоштад во Скопје пришто му поскаа добродојде

Е Д И Н С Т В Е Н И ОТ О С УД Е Н ОД КОНФЛИКТОТ ВО 2001 ГОДИНА

ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Е

динствениот осуден од конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски се врати во родната земја Република Македонија. Тарчуловски кој ја одлежуваже 12 годишната затворска казна изречена од хашкиот трибунал, вчера од затворот во градот Диц, Германија беше ослободен по одлежаните две третини од казната односно 8 години. Тој по излегувањето од затворот беше пречекан од сопругата Соња, блиски пријатели како и македонските амбасадори во Холандија и Германија. Следниот ден илјадници граѓани го пречекаа на аеродромот Александар Велики, и се соб-

раа на градскиот плоштад во Скопје пришто му поскаа добредојде. Исто така Јохан Тарчуловски беше лично пречекан 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

од премиерот на Република Македонија Никола Груевски и од членови на ВМРО ДПМНЕ и министри од Владата.


Ова го истакна првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски по денешната средба во Скопје со неговиот словенечки колега Карл Виктор Ерјавец. Попоски зборувајќи за добрососедските односи, рече дека Македонија е посветена на нивното унапредување преку интензивната комуникација со Бугарија и бројните иницијативи предложени до Грција. За време на разговорите меѓу двајцата министри беа разменети мислења за соработката на планот на европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија, и во тој контекст за принципиелната поддршка што Словенија ја дава на Македонија

П

ролетниот извештај за Македонија е резултат на динамичните декемвриски заклучоци на Европскиот совет, а ќе го одрази постигнатиот напредок во реформите. Ова го истакна првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски по денешната средба во Скопје со неговиот словенечки колега Карл Виктор Ерјавец. Попоски зборувајќи за добрососедските односи, рече дека Македонија е посветена на нивното унапредување преку интензивната комуникација со Бугарија и бројните иницијативи предложени до Грција. За време на разговорите меѓу двајцата министри беа разменети мислења за соработката

П Р О Л Е Т Н И О Т И З В Е Ш ТА Ј З А М А К Е Д О Н И Ј А Е Р Е З У Л ТАТ Н А ДИНАМИЧНИТЕ ДЕКЕМВРИСКИ ЗАКЛУЧОЦИ НА ЕВРОПСКИОТ С О В Е Т, А Ќ Е Г О О Д Р А З И П О С Т И Г Н АТ И О Т Н А П Р Е Д О К В О РЕФОРМИТЕ.

ПОПОСКИ: ОЧЕКУВАМЕ ПОЗИТИВЕН ПРОЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ на планот на европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија, и во тој контекст за принципиелната поддршка што Словенија ја дава на Македонија. Попоски и Ерјавец меѓу дру08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

гото разговарале и за развој на билатералните односи како и можностите за проширување на соработката во повеќе сфери од заеднички интерес, искористување на економските капацитети и потенцијали на двете земји.


Во потпишаниот договор стои дека Демократска партија на Албанија и Македонска алијанса за европска интеграција ќе настапат во заедничка колиција предводена од Демократската партија и после победата на изборите, додека Македонска алијанса ќе биди застапена со раководни функции од централно до локално ниво во повеќе окрузи на Албанија во соглсност со добиените гласови

Е

динствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, на престојните парламентарни избори ќе биде дел од десната коалиција “Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша. Во потпишаниот договор стои дека Демократска партија на Албанија и Македонска алијанса за европска интеграција ќе настапат во заедничка коалиција предводена од Демократската партија и после победата на изборите, додека Македонска алијанса ќе биди застапена со раководни функции од централно до локално ниво во повеќе окрузи на Албанија во соглсност со добиените гласови. Од Македонска алијанса за европска интеграција велат дека ова до сега е најдобриот коалициски договор што македонската партија го имала во Албанија, посебно затоа што со договорот Демократската партија се обврзува да ги штити правата на Македонците во Албанија, да инвестира во областите каде што живеат Македонците, да можи да се изучува

Е Д И Н С Т В Е Н АТА М А К Е Д О Н С К А ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО КОАЛИЦИЈА СО ПАРТИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ БЕРИША македонскиот јазик и Демократската партија ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Македонска алијанса за локалните избори 2015 година во општините Пустец, Мала Преспа и Требиште во Голо Брдо. Претходно, еден ден пред потпишувањето на договорот за коалиција, Македонска алијанса излобира да Владата на Република Албанија одобри два проекти во вредност од 200.000 евра, и тоа асвалтирање на па09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

тот во селото Горна Горица и реконструкција и асфалтирање на патот Здраствен дом, влезот на Пустец, и двата проекти во општина Пустец. Договорот за коалицирање беше потпишан после одлуката за претседателството на партијата, а го потпиша претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Едмонд Темелко и Ридван Боде, генерален секретар на Демократската партија на Албанија.


Како што информираа од владината прес служба економски тим е предводен од премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак како и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида. Пред почетокот на бизнис форумот, премиерот Груевски оствари средба со раководниот менаџмент на Стопанската комора на Сао Паоло, која што беше и организатор на бизнис форумот на кој присуствуваа претставници на компании од областа на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, медицината и други дејности

БИЗНИСМЕНИТЕ ОД САО ПАОЛО ГИ СЛУШНАА ПОВОЛНОСТИТЕ ШТО ГИ Н УД И Р Е П У Б Л И К А М А К Е ДО Н И ЈА З А НИВНИТЕ МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ

ГРУЕВСКИ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО САО ПАОЛО

Б

изнисмените од Сао Паоло ги слушнаа поволностите што ги нуди Република Македонија за нивните можни инвестиции. Како што информираа од владината прес служба економски тим е предводен од премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак како и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида. Пред почетокот на бизнис форумот, премиерот Груевски оствари средба со раководниот менаџмент на Стопанската комора на Сао Паоло, која што беше и организатор на бизнис форумот на кој присуствуваа претставници на компании од областа на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, медицината и други дејности. “Иако сме земја со два милиони жители, ние го имаме надми-

нато хендикепот на мал пазар, затоа што имаме потпишано договори за слободна трговија со сите земји од континентот Европа, што значи дека производите

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

кои ќе се произведат во нашата земја, можат да се продаваат на европските пазари без никаква царина или дополнителни трошоци“, истакна премиерот Груевски.


Иванов меѓу друфото зборуваше за долгорочниот интерес на Македонија за интензивирање на политичкиот дијалог со Канада преку размени на посети на високо ниво во кој контекст ги реафирмираше поканите до Генералниот гувернер Дејвид Џонстон и до премиерот Стивен Харпер за посета на Македонија, а Претседателот на Сенатот, Кинсела веќе ја прифати поканата за официјална посета во најскоро време. “Иванов ги запозна соговорниците за процесот на разговорите за прашањето за името и за конструктивноста на Македонија која заедно со иницијативите за соработка со Грција беше потврдена со пресудата од Хаг

П

ретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во Отава оддржа средби со Претседателот на Сенатот на Канада, Почесниот Ноел Кинсела, и со Претседателот на Долниот дом на канадскиот парламент, Почесниот Ендру Шиир. На средбата беше искажано задоволство од постигнатото ниво на парламентарна соработка помеѓу двете земји и беше поздравено од неодамнешното формирање на Парламентарната група за пријателство со Македонија во канадскиот Парламент. Иванов меѓу друфото зборуваше за долгорочниот интерес на Македонија за

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А Р Е П У Б Л И К А МАКЕДОНИЈА, ЃОРГЕ ИВАНОВ, В О О ТА В А

ПРОДОЛЖУВА ПОСЕТАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НА КАНАДА интензивирање на политичкиот дијалог со Канада преку размени на посети на високо ниво во кој контекст ги реафирмираше поканите до Генералниот гувернер Дејвид Џонстон и до премиерот Стивен Харпер за посета на Македонија, а Претседателот на Сенатот, Кинсела веќе ја прифати поканата за офици11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

јална посета во најскоро време. “Иванов ги запозна соговорниците за процесот на разговорите за прашањето за името и за конструктивноста на Македонија која заедно со иницијативите за соработка со Грција беше потврдена со пресудата од Хаг.


Кондиторските фирми лесно продаваат, но потешко наплаќаат, а имаат проблем и со обезбедувањето средства за модернизација на производството, особено малите и микро претпријатијата, велат од Стопанската комора, која денеска ги презентираше резултатите на оваа индустрија по либерализиацијата на пазарот

ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА 250 ПРОЦЕНТИ, АГРЕСИВНО Н А С ТА П У В А Н А НАДВОРЕШНИОТ ПАЗАР

КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОДЛИЧНО СЕ СНАЈДЕ ПО ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ

К

ондиторската е една од ретките индустрии која одлично се снајде по либерализацијата на пазарот. Го зголеми производството за 250 проценти, агресивно настапува на надворешниот пазар, а и од домашниот ја истисна странската конкуренција. Сепак, како што беше речено денеска во Стопанската комора, последиците од глобалната економска криза се чувствуваат и во овој сегмент. Кондиторските фирми лесно продаваат, но потешко наплаќаат, а имаат проблем и со обезбедувањето средства за модернизација на производството, особено малите и микро претпријатијата, велат од Стопанската комора, која де-

неска ги презентираше резултатите на оваа индустрија по либерализиацијата на пазарот. Посебен проблем за овие фирми се долгите чекања на резултатите од лабораториските контроли на суровините кои според податоците на Kомората, фирмите ги чекаат по 40 дена, што пак влијае на нивното работење. Според Ристовски, евидентен е и проблемот со разликите во домашното и европското законодавство во однос на лимитите за микотоксините. Во Комората немаат точни бројки за евентуалните загуби на компаниите, поради ваквата состојба, но велат дека се сметаат во илјaдници евра, а тоа е по12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

вод да се поработи на отстранување и на оваа пречка во нивното работење. Но, и покрај кризата и проблемите македонската кондиторска индустрија, добро се снајде со либерализацијата на пазарот. Во периодот од 2005 година до 2011 го зголеми производството за 154 проценти, се избори на надворешниот пазар, а на домашниот ја истисна странската конкуренција. Кондиторската индустрија во Македонија вработува вкупно 1.200 лица, а ја соочинуваат 65 фирми од кои главно мали и микро препријатија. Извозот најчесто се реализира во земјите од соседството, но веќе и во Турција, САД, Австралија и во Швајцарија.


Во исто време Сарачини истакна дека и Македонија им е потребна на ЕУ и НАТО, како потврда за реализација на нивните политики и принципи врз кои се формирани

И Н Т Е Г Р И РА Њ Е ТО Н А М А К Е Д О Н И Ј А В О Е В Р О П С К АТА У Н И Ј А И Н АТО Е Н Е О П ХОД Н О ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Н А З Е М Ј АТА

И

нтегрирањето на Македонија во Европската унија и НАТО е неопходно за економски просперитет на земјата, рече денеска министерот за економија, Ваљон Сарачини во неговото обраќање на Научно-стручна конференција на тема: "Влијанието на евро - атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија", Сарачини додаде дека конкурентноста на македонската економија е во насока на прилагодување кон светската конкурентност. Во исто време Сарачини истакна дека и Македонија им е потребна на ЕУ и НАТО, како потврда за реализација на нивните политики и принципи врз кои се формирани. И стопанствениците се согласни дека евроатланските интеграции во голема мера ќе и’ помогнат на земјата, бидејќи како што рече Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, за бизнисот нема нешто подобро од тоа границите да бидат отворени, со што ќе се подобри целокупната ситуација во земјава. Вицепремиерот за европски интеграции, Фатмир Бесими, истакна дека регионот е типичен пример за крајности, од конфликти и војни до стабилизација. Тој посочи дека не е важно само да се воспостави мирот туку и тој да стане оддржлив. Затоа потребни се четири работи за тоа: мир и стабилност во регионот, либерализација на пазарите за слободно движење на стоки, услуги

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕВРО - АТЛАНТСКИТЕ

ИНТЕГРАЦИИ ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА и човечки капитал, функционирање на правната држава и предвидливоста на системот. Сашо Стефановски, Државен секретар во Министерството за одбрана, пак посочи дека НАТО е клучниот столб на современата евроатлантска безбедносна архитектура, додека на ЕУ се гледа како на движечка 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

сила за демократски, економски и општествен развој на целиот европски континент. Затоа безбедноста и стабилноста претставуваат примарни предуслови за поголем економски раст, за позитивна инвестициона клима, што значи и подобрени перспективи за подобар животен стандард.


Од израелска страна македонските фирми очекуваат интерес за инвестиции во енергетиката, инфраструктурата и металургијата. Големи се, велат, и искуствата на Израел во однос на високата технологија од кои земјава може да има оргомен бенефит. Како што изјави Митко Алексов од ССК, потпишувањето на Меморандумот е чекор напред во освојувањето нови пазари.

М

акедонските компании ќе ја зајакнуваат економската соработка со компании од Израел. Земјоделството, посебно преработувачката индустрија, фармацијата и информатичката технологија се сферите во кои гледаат најголем потенцијал за остварување конкретни бизнис контакти. Ова денеска е официјализирано со потпишувањето Меморнадум за соработка меѓу Македонско-израелскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори (ССК).

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЌЕ Ј А З А Ј А К Н У В А А Т Е К О Н О М С К А ТА С О РА Б О Т К А С О К О М П А Н И И О Д И З РА Е Л

ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ИЗРЕАЛСКИ КОМПАНИИ

Од израелска страна македонските фирми очекуваат интерес за инвестиции во енергетиката, инфраструктурата и металургијата. Големи се, велат, и искуствата на Израел во однос на високата технологија од кои земјава може да има оргомен бенефит. Како што изјави Митко Алексов од ССК, потпишувањето на Меморандумот е чекор напред во освојувањето нови пазари. ,,Израел не е традиционален пазар за нашите компании, кои треба да се насочуваат кон 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

земјите со брзорастечки економии и т.н. трети пазари, за кои сè уште немаме искуство изјави Митко Алексов од ССК. Според него, досегашната соработка со Израел не задоволува, се движи меѓу 20 и 30 милиони долари, а потенцијалите се многу поголеми. Огнен Оровчанец, престедател на Агробизнис комората при ССК истакна дека од Израел може многу да се научи посебно во делот на високата технологија. За младите генерации ова е голема можност што треба да се искористи.


Ова го најави вадиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој додаде дека каматата на овој финансиски инструмент е само 3 отсто, а грејс периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години. Притоа, аплицирањето не е преку деловните банки, туку директно во МБПР што претставува дополнително олеснување.

П

овеќе од 6,5 милиони евра имаат на располагање земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) што може да ги користат по исклучително поволни услови за повеќе намени, примарно производство, откуп, преработка и извоз. Ова го најави вадиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој додаде дека каматата на овој финансиски инструмент е само 3 отсто, а грејс периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години. Притоа, аплицирањето не е преку

П О В Е Ќ Е ОД 6 , 5 М И Л И О Н И Е В РА И М А АТ Н А РА С П О Л А ГА Њ Е З Е М Ј О Д Е Л Ц И Т Е П Р Е К У М А К Е Д О Н С К АТА Б А Н К А З А П ОД Д Р Ш К А Н А РА З В О Ј О Т

НОВА ВЛАДИНА ПОМОШ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

деловните банки, туку директно во МБПР што претставува дополнително олеснување. Земјоделците можат да користат средства и преку Земјоделскиот кредитен гарантен фонд кој финансира проекти со максимален износ до 100.000 евра. Реализацијата на заемите е во соработка со деловните банки и штедилниците. Каматната стапка е меѓу 4 и 5 отсто за банкарски кредит, а 6 за заем преку штедилниците. Ѓорѓиев потсети и на кредитната линија од 100 милиони евра 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

обезбедени преку Европската инвестициска банка, средства кои земјоделците може да ги користат со 5,5 отсто субвенционирана каматна стапка. Од оваа кредитна линија досега се искористени преку 50 милиони евра, веќе се обработуваат барања за уште 17 милиони евра, што значи дека за земање остануваат уште 32 милиона евра, додека од вкупно проектираните 10,7 милиони евра обезбедени со докапитализација на МБПР, досега се искористени 3,9 милиони евра главно за грозје, житни култури и раноградинарство.


Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска организираа Отворен ден под мотото „Купи сончев колектораплицирај за субвенција“. Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае до 31 мај

К

ако резултат на зголемениот интерес од граѓаните, Министерството за економија годинава одвои шест милиони денари за субвенции за вградување сончеви колектори во нивните домови. Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска организираа Отворен ден под мотото „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“. Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае

К А К О Р Е З У Л ТАТ Н А ЗГОЛЕМЕНИОТ ИНТЕРЕС О Д Г РА ЃА Н И Т Е

ШЕСТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ

до 31 мај. Анализите направени во Министерството за економија покажуваат дека инвестицијата се враќа за три до четири години. Според професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет, во Македонија има квалитетни сончеви колектори кои ги исполнуваат и најстрогите европски критериуми. При купувањето препорачува секогаш да се побара сертификат за испробаноста и да се праша дали има сервис за одр16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

жување. Сето ова, вели Димитров, нуди производ којшто треба во континуитет да се користи 15 години. Неколку македонски производители на сончеви колек тори ги претставија своите производи, со што на граѓаните им се овозможи да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори, за заштедата на енергија што се постигнува со нив и како максимално да се искористи македонското сонце.


Акцент ќе се даде на руралните средини или пак руралните места во урбани општини. За специјалната програма за општини ќе се аплицира за градба на патишта до 5 километри, зелени и сточни пазари, пензионерски и младински клубови и останати намени. Овој износ е за два ипол пати поголема од одобрените средства за оваа намена за минатата година

В Л А Д АТА Д О Н Е С Е О Д Л У К А ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА С Р Е Д С Т В АТА К О И И М Г И ОДОБРУВА НА ОПШТИНИТЕ ЗА И Н Ф РАС Т Р У К Т У Р Н И П Р О Е К Т И

ВЛАДИНИ СРЕДСТВА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ В

ладата донесе одлука за зголемување на средствата кои им ги одобрува на општините за инфраструктурни проекти. За таа намена оваа година ќе одвои 275 милиони денари, односно 4,5 милиони евра. Акцент ќе се даде на руралните средини или пак руралните места во урбани општини. За специјалната програма за општини ќе се аплицира за градба на патишта до 5 километри, зелени и сточни пазари, пензионерски и младински клубови и останати намени. Овој износ е за два ипол пати

поголема од одобрените средства за оваа намена за минатитат година, кога биле одвоени само 2 милиони евра. Покрај ова, средствата можат да се користат и за комплетно инфраструктурно уредување на излетнички места и инфраструктура на значајни културни локалитети. Во текот на месец мај сите заинтересирани општини ќе можат да аплицираат со проекти, а за таа цел ќе биде отворен јавен повик преку Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството. Сумата за еден проект не треба 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

да биде поголема од 20 милиони денари, односно 300 илјади евра. Агенцијата ќе ги разгледа сите проекти и оние што ќе ги прифати ќе ги извести општините по пат на решение. Потоа тие ќе можат да распишат официјална законска постапка за извршување на градежни работи. Финасиските средства, како што рече Горѓиев, ќе се реализираат по пат на договор помеѓу Агенцијата и општината. Општините прво ќе добијат аванс, а потоа на рати ќе им биде исплатен и останатиот дел од средствата.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ VI ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО РА – Сонцето како фактичка состојба. РЕ – Сонцето во идејна смисла, почеток на циклус РИ – Сонцето во почетен циклус, РО – Сонцето во реализирачки циклус РУ – Сонцето во завршеток на циклусот, кон својот залез Р – Сонцето како фактичка состојба

Според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА како наука, верниците учеле дека Сончевата аура или Богот Сонце со секој нов, денски или годишен циклус во небескиот и земен простор се реализира со неговите три основни природни закони, завети, правила и принципи. Тие три природни закони се постоењето на Светлата позитивна Доминација, Светлата позитивна Возвишеност и Принципот на Центарот над негативноста земна. Тоа се темнината ноќна и зимскиот студ кои се вечни непријатели и противници на условите и вредностите на циклусните процеси на живот на површината на Земјата. Со остварувањето на овие циклусни, природни закони се создаваат процесите на светло, позитивно, астрално Божествено зрачење со Светлината Божествена на Богот Сонце на површината на земјата. Со процесите на светлото, позитивно зрачење се создаваат и процеси на борба и творење преку светлото, позитивно возвишување и возвишеност на Светлината Божествена на Богот Сонце на небескиот свод по место и време на постоење над површината на земјата. Со процесите на борба, по денски и годишни циклуси, Богот Сонце постигнува победи над земната негативност. Тоа се ноќната темнина и зимскиот студ кои се непотребно зло на процесите на живот на земјата поради што Богот Сонце е најголемиот и вечен борец со негативноста земна. Со процесите на создавање и творење во денските и годишни циклуси се создаваат позитивните полиња на совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоинството, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста, дисциплината и многу други вредности. Со процесите на создавање и творење во денските и годишни циклуси се создаваат творби, дела, род и благодет како естетски вредности на површината на земјата поради што е најголем и вечен творец на површината на земјата. По ВЕРАТА како наука, Богот Сонце е пример на најголем и вечен циклусен борец и творец на површината на земјата, тој е и најголем водач и учител на сите времиња на земјата и за сите генерации македонци верници во старата Македонија. Сето тоа е искажано со зборот, думата, писмото, јазикот, речта, говорот на астралната Светлината Божествена на аурата Сончева, со јазикот на Светлината негова. Тоа е вистинското СВЕТО ПИСМО за сите времиња на површината на земјата. Тој јазик на Светлината Божествена на Богот Сонце како циклусен процес популарно е нарекуван СВЕТОТО ПИСМО во ВЕРАТА како наука и РЕЛИГИЈАТА како пракса од старите македонци верници во многу старата Македонија. Тоа светло позитивно зрачење на што повисока вертикала и хоризонтала е големината на аурата на Богот Сонце на небото и на земјата. Сите циклусно создавани естетски вредности и резултати на процесите на живот се сведоштвото и доказот на таа негова големина циклусна. Сите тие циклусни


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски процеси и вредности на живот се изворот вечен кој е аурата сончева. Таа аура е внатрешноста негова, додека пак реализацијата циклусна на Светлината на Богот Сонце е во небескиот и земен простор како внатрешност со под значење кое го има по место и време на постоење. Со тие дејства на Светлината Божествена се создаваат циклусните процеси на борба, победи и на нови естетски вредности и резултати на процесите на живот во доминацијата, возвишеноста циклусна над темнината и негативноста земна. Тие циклуси и резултати се вистината која се гледа и е вечна форма, смисла и значење на зборот РОДОТ циклусен на Богот Сонце на небото и на земјата. Сите нови денски и годишни циклусни естетски резултати, услови и вредности на животот на земјата кои ги создава Богот Сонце се сведоштва и факти на неговиот говор, јазик на Светлината Божествена, јазик кој е РОДОТ во сите нови, како и во сите стари, циклусни процеси на живот на површината на земјата. Зборот РОДОТ ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на РО(СОНЧЕВАТА) ДО(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) над Т(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Имитирајќи и поддражавајќи го Богот Сонце по ВЕРАТА како наука и РЕЛИГИЈАТА како пракса, старите Македонци верници во многу старата Македонија ги градиле своите генерациски аури: лични, семејни, колективни по место на живеење, колективни по место на работа и народната. Со тоа тие биле носители на Светлината Божествена со која се просветлени внатрешно, со кој чин на постојано просветлување и возвишување го имале РОДОТ свој позитивен генерациски со својот пат по патот на светлината и вистината. Како носители на Светлината Божествена, со создадените генерациски светло позитивни аури на одредено позитивно ниво, тие, на тоа ниво го имале РОДОТ свој позитивен со процеси на светло позитивно зрачење. РОДОТ е тоа високо позитивно ниво на просветление, пробуденост, будност на мислите и чувствата, во нивната размена и надополнување на што по високо позитивно ниво, со постојан процес на зрачење на Светлината Божествена од аурите на верниците. Така се создавале процеси на борење и творење и така просветлени тие со својата внатрешна висока надградба на духот се воздигнувале во генерациски борци и творци со РОДОТ на физички духовни вредности. Со процесите

на борба верниците ги остварувале потребните победи над негативноста во сите облици во природата и луѓето по место и време на постоење. Со процесите на творење старите Македонци верници ги создавале позитивните полиња во сите аури на совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоинството, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста и дисциплината по место и време на живеење и постоење. Со својот пример најголемите, најпросветлените, најсовршените верници физички и духовно се потребните генерациски водачи и учители. Тие оделе по патот кон иднината, по кој ги воделе верниците, тоа е РОДОТ нивен позитивен со одење по патот на светлината, убавината, правдата, вистината, љубовта, добрината и среќата со што создаваат високо позитивни меѓусебни односи, имале живот по духот, а не по физиката, кој е тој вистински РОД духовен и физички на живеење. Зборот РОДОТ е изграден по религиозните дејства и состојби на денските и годишни циклуси на Богот Сонце со реализација на неговата Светлина Божествена. Потоа негова имитација се религиозните дејства и состојби на генерациските аури на верниците на земјата кои со употреба на зборот РОДОТ позитивен, со кој го имат патот по патот на светлината, просветлението и совршенството. Тоа е и неговата симболичка употреба за сите слични дејства и состојби во животот на верниците и во природата. Со својата генерациска, светла, позитивна возвишеност и просветленост на своите аури: лични, семејни, колективни и на народната, верниците просветлени на одредено позитивно ниво се носители на Светлината Божествена. Со неа го имат РОДОТ свој генерациски, и се носители на религиозната состојба која е Светлината над темнината, Сончева над темнината, над негативноста, злото во природата и во верниците по место и време на живеење и постоење. Сите нови генерациски аури на верниците и нивните естетски резултати, услови и вредности на животот на Земјата кои ги создават, се, сведоштва и факти на нивниот говор, на јазикот на Светлината Божествена, јазик кој е РОДОТ нивен позитивен во сите нови, како и во сите стари аури на верниците на површината на Земјата. РОДИВТЕ – РО(СОНЧЕВАТА) ДИ(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) В(БОЖЕСТВЕ-НА) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) РОДИНАТА – РО(СОНЧЕВАТА) ДИ(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) НА(НАША) над ТА(ТЕМНИНАТА) РОДНИНАТА – РО(СОНЧЕВАТА) Д(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) НИ(НАША) НА(НАША) над ТА(ТЕМНИНАТА)

ПРОДОЛЖУВА


МАКЕДОНСКА ЛИДЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВАШИНГ ТОН Се разбира, на овие средби го отворивме секогаш актуелното прашање признавањето на Македонската православна црква и повторно дојдовме до поентата дека всушност прашањето за признавањето на македонската црква е поврзано со прашањето на името на државата. Во САД се прилично добро запознати со историјата на тој проблем

СПОРОТ ЗА ИМЕТО, ПРИЗНАВАЊЕТО НА МПЦ И АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

С

порот за името, признавањето на Македонската православна црква и можностите за американски инвестиции во Македонија биле главни теми на македонската лидерска конференција во Вашингтон, на која учествуваа претставници на македонската заеденица во САД и во Канада, но и митрополитот Методиј од Американско-канадската епархија, кој деновиве се сретнал со членови на американскиот Конгрес и со функционери на Стејт департментот. - Се разбира, на овие средби го отворивме секогаш актуелното прашање признавањето на Македонската православна црква и повторно дојдовме до поентата дека всушност прашањето за признавањето на македонската црква е поврзано со прашањето на името на државата. Во САД се прилично добро запознати со историјата на тој проблем. Тоа се клучни и за нас многу важни пра-

шања, прашањето на признавањето на македонската православна црква и особено нејзина егзистенција како призната црква тука меѓу религиозните организации во САД, и се разбира и на стариот континент, изјави митрополит Методиј. Тој ги најави плановите за отворање на нови црковни општини во Вашингтон, Сан Диего и во Бостон, како и за градење на нов манастир во Краун Поинт во Индијана, покрај постоечките два во Њу Џерси и Торонто. Воедно, се планира организирање на детски градинки во рамките на црквите, како и младински кампови и женски групи. Збор имаше и амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски кој говореше за контактите помеѓу Македонија и САД како и за продлабочувањето на трговските врски. Тој исто така напомена дека голем е уделот на македонската дијаспора во Македонската економија и се проценува на 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

милијарда долари годишно. - Пред 20 години веројатно во македонската дијаспора гледавме само извор на финансиски приходи, со очекувањата дека ќе испраќате пари на вашите роднини или ќе доаѓате да градите куќи во Македонија, и така очекувавме да и помагате на Македонија. Но, во ова време, најважно е знаењето кое го поседувате и вашата работна етика. Вие сте образувани тука, имате огромни ресурси на знаење и за нас во Македонија, вашето знаење, работна етика, контактите со компаниите, универзитетите, се најголемите вредности кои може да ги искористиме, изјави амбасадорот Јолевски. Меѓу поголемите македонски организации присутни на конференцијата, покрај ОМД, беа Обединетите Македонци од Детроит и Македонската православна филантропска заедница од Колумбус во сојузната држава Охајо.


БЕ ЗБЕ ДНОС Т Со откритието на царината, според соопштението, е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со хероин на релација Македонија-Австрија. Хероинот бил со висок квалитет и според проценките, при продажба на мало на нарко пазарот ова количество дрога би достигнало цена од 200.000 евра. По претходно добиено сознание, полициски и царински службеници вчера вечер на граничниот премин „Табановце“ извршиле преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистерски ознаки, што сообраќал на редовна автобуска линија од Струга преку Скопје до Виена

МАКЕДОНСКИТЕ ЦАРИНИЦИ И П О Л И Ц И Ј А Н А Г РА Н И Ч Н И О Т П Р Е М И Н ТА Б А Н О В Ц Е

ОТКРИЕНИ И ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ТРИ КИЛОГРАМИ ХЕРОИН

М

акедонските цариници и полиција на граничниот премин Табановце открија и запленија заплени околу три килограми хероин. Со откритието на царината, според соопштението, е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со хероин на релација Македонија-Австрија. Хероинот бил со висок квалитет и според проценките, при продажба на мало на нарко пазарот ова количество дрога би достигнало цена од 200.000 евра. По претходно добиено сознание, полициски и царински службеници вчера вечер на граничниот премин „Табановце“ извршиле преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистерски ознаки, што сообраќал на редовна автобуска линија од Струга преку Скопје до Виена. Службено куче за откривање

наркотични дроги кај лицето М.Р. (40) од Струга детектирало присуство на наркотична дрога, по што кај него во пределот на стомакот, околу половината, се пронајдени пет пакувања со право21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

аголна форма облепени со селотејп трака исполнети со прашкаста материја со кафена боја. По тестирањето на самото место, било потврдено дека се работи за хероин.


Со неа, одсега работодавачите имаат обврска за секое воведување на прекувремена работа, воведување на работа за време на државен празник, како и за ангажирање на работници за ноќна работа, претходно писмено да го известат подрачниот државен инспектор на трудот, односно да достават електронска пријава до Државниот инспекторат за труд во законски утврден рок. Работодавачите пријавите за прекувремерна или ноќна работа, како и работа на државен празник на своите работници ќе може да ги достават на е-маил адресата prijava@mtsp.gov.mk

М И Н И С Т Е Р С Т В ОТО З А Т РУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ВО СО РА Б О Т К А СО Д Р Ж А В Н И О Т И Н С П Е К ТО РАТ З А Т Р УД В О В Е Д О А ТЕХНИЧК А НОВОС Т СОГЛАСНО СО З А К О Н О Т З А РА Б О Т Н И Т Е ОД Н О С И

РАБОТОДАВАЧИТЕ ДА ДОСТАВАТ ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА ЗА СВОИТЕ РАБОТНИЦИ

М

инистерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд воведоа нова техничка новост согласно со Законот за работните односи. Со неа, одсега работодавачите имаат обврска за секое воведување на прекувремена работа, воведување на работа за време на државен празник, како и за ангажирање на работници за ноќна работа, претходно писмено да го известат подрачниот државен инспектор на трудот, односно да достават електронска пријава до Државниот инспекторат за труд во законски утврден рок.

Работодавачите пријавите за прекувремерна или ноќна работа, како и работа на државен празник на своите работници ќе може да ги достават на е-маил адресата prijava@mtsp.gov.mk. Целта на ова електронско пријавување е да се избегнат административните процедури и да се намалат трошоците на работодавачите, да се зајакне одговорноста во врска со спроведувањето на Законот од страна на работодавачите, со што се обезбедува и поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, но и да се овозможи поголема 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

ефикасност во работата на инспекцијата на трудот. Од воспоставувањето на овие новитети се задоволни и синдикатите и работодавачите. Претседателите на Сојузот на синдикати на македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати Живко Митревски, Мирјана Андреска и претседателот на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров сметаат дека на ваквиот начин ќе се зголеми вредноста на трудот на работникот, но и ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола во остварување на правата на работникот.


Ова е дел од новите предлог измени во законот за работни односи на превентивно делување за заштита на мајчинството на Министерството за труд и социјална политика. Новите измени кои стапија од почетокот на февруари оваа година забрануваат секаков облик на дискриминација со пристапот на вработувањето, условите за работа на жените кои се бремени или жени кои имаат пра-

С И Т Е Ж Е Н И Д И С К Р И М И Н И РА Н И ОД РА Б О Т О Д А В АЧ И П О О С Н О В Н А Б Р Е М Е Н О С Т, Р А ЃА Њ Е И РОДИТЕЛСТВО, ОД ДЕНЕСКА ЌЕ М О Ж Е С Л У Ч А И Т Е Д А Г И П Р И Ј А В АТ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ 15 131 И 15 505

ЖЕНИ ДИСКРИМИНИРАНИ ОД РАБОТОДАВАЧИ МОЖЕ ДА ПРИЈАВАТ НА 15131 И 15505

С

ите жени дискриминирани од работодавачи по основ на бременост, раѓање и родителство, од денеска ќе може случаите да ги пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 или со пријава до Државниот инспекторат за труд со цел државата да може успешно да се бори против оваа појава. Ова е дел од новите предлог измени во законот за работни односи на превентивно делување за заштита на мајчинств-

ото на Министерството за труд и социјална политика. Новите измени кои стапија од почетокот на февруари оваа година забрануваат секаков облик на дискриминација со пристапот на вработувањето, условите за работа на жените кои се бремени или жени кои имаат право да користат права по основ на родителство. Министерот Рисвотски потенцира дека минатата година била направена анализа со алармантни податоци дека дури 21 про23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

цент од 1.000 испитанички одговориле оти при интервју за вработување им било поставено прашање дали наскоро планираат да имаат деца, а над 66 проценти одговориле дека нивниот одговор имал директно влијание врз засновањето на работниот однос. Тој најави дека наскоро ќе се направи и нова анализа, со цел да се види дали и какво влијание имаат постигнато измените на законот за работни односи во оваа сфера.


На Саемот на 3000 метри квадратни ќе има најголема концентрација на дела на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и друго. Ова издание ќе ги собере најголемите домашни издавачи како и издавачи од Србија, Албанија, Италија и Шведска. Ќе бидат доделени и повеќе награди меѓу кои и Најчитан автор меѓу два саеми, која ја доделува Здржението на издавачи

А К Ц И Ј АТА „ П О Д А Р И К Н И ГА , П О Д А Р И Б О ГАТ С Т В О “ И Г О Д И Н А В А ЌЕ БИДЕ ГЛАВНА КАМПАЊА НА ГОДИНЕШНОТО 25ТО ЈУБИЛЕЈНО И З Д А Н И Е Н А С А Е М О Т Н А К Н И ГА

25-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА САЕМОТ НА КНИГА А

кцијата „Подари книга, подари богатство“ и годинава ќе биде главна кампања на годинешното 25-то јубилејно издание на Саемот на книга кое ќе започне вечерва и ќе трае до 15 април. Оваа кампања има за цел кревање на свесноста на широката јавност дека книгата може да е подарок за секој повод. Книгата е подарок кој облагородува, а од големата ризница на печатените изданија можете за секого да најдете соодветен наслов. Скопски саем и Министерството за култура и оваа година дадоа поддршка на оваа акција. На Саемот на 3000 метри квадратни ќе има најголема концентрација на дела на до-

машни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и друго. Ова издание ќе ги собере најголемите домашни издавачи како и издавачи од Србија, 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

Албанија, Италија и Шведска. Ќе бидат доделени и повеќе награди меѓу кои и Најчитан автор меѓу два саеми, која ја доделува Здржението на издавачи, но и најчитан автор според издадените книги во јавните библиотеки.


Во своето обраќање, Канческа-Милевска изрази голема благодарност до Република Словенија којашто во текот на изминатата година, преку своето претседателство, недвосмислено ја промовираше нашата заедничка заложба земјите на ЈИЕ меѓусебно да соработуваат во рамките на УНЕСКО, Европската унија, Советот на Европа и воопшто како земјисоседи кои на пријателски и демократски начин ги споделуваат заедничките потреби, иницијативи и вредности во доменот на културата и културното наследство

МАКЕДОНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРЕЗЕДЕ ОД РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА П Р Е Т С Е Д А В А Њ Е Т О С О О В А З Н АЧ А Ј Н О ТЕЛО ВО ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА

СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ ЗА КУЛТУРА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА М

инистерката за култура Елизабета КанческаМилевска денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа на кој Република Македонија и официјално го презеде од Република Словенија претседавањето со ова значајно тело во период од една година. Во своето обраќање, Канческа-Милевска изрази голема благодарност до Република Словенија којашто во текот на изминатата година, преку своето претседателство, недвосмислено ја промовираше нашата заедничка заложба земјите на ЈИЕ меѓусебно да соработуваат во рамките на УНЕСКО, Европската унија, Советот на Европа и воопшто како земји-соседи кои на пријателски и демократски начин ги споделуваат заедничките потреби, иницијативи

и вредности во доменот на културата и културното наследство. -Република Словенија беше можеби најистакнатиот поддржувач на иницијативата КОМОКОСЕЕ да се обедини со министерската платформа на УНЕСКО за културното наследство во ЈИЕ, којашто уште поефикасно ќе ја спроведува нашата заедничка политичка волја на највисоко ниво, платформа којашто ќе го води регионот кон урамнотежен и одржлив развој,,, рече Канческа-Милевска. Таа најави дека Република Македонија во наредниот едногодишен период ќе се труди да даде силен импулс во регионалната соработка. Во текот на претседателствувањето ќе бидат реализирани голем број активности, ќе се настојува да се потенцира значењето на кул25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

турното наследство како фактор за одржлив развој, промовирајќи го притоа неговото општествено значење. Исто така, ќе биде реафирмирана идејата за „Скопје агенда“, која предвидува формирање на „Регионална мониторинг и советодавна група“, која ќе ги следи одвивањето и евалуацијата од ефектите на проектите: Љубљански процес II: Обнова на нашето заедничко наследство“, „Пилот-проектите за локален развој“, и „Обновата на наследството во историските градови“ – пилот-проект спроведен во земјите-потписнички на Киевската иницијатива. На денешниот состанок во Брдо, министрите за култура, како и претставниците на УНЕСКО, Советот на Европа и на Европска Унија, меѓу другото, ја усвоија и министерската Декларација со која се обврзаа на поинтензивна меѓусебна соработка.


На своите штандови институциите ќе остварат директна комуникација со сите заинтересирани. Преку програмскиот дел преку презентациите ќе ги претстават своите програми и можности за студирање на универзитетите. Странски универзитети за време на саемот ќе доделат 19 целосни стипендии за додипломски и постдипломски студии, во вкупна вредност од 280.000 евра, според однапред утврдени критериуми

С

аемските денови на образование и кариера ќе започнат од 10-ти и ќе траат до 12-ти април. Целта на оваа манифестација е на едно место да се овозможи систематско информирање на идните академски граѓани за понудите на домашните и странските образовни можности. Ќе учествуваат 18 домашни изложувачи, 22 странски изложувачи и претставени институции на 15 земји. На своите штандови институциите ќе остварат директна комуникација со сите заинтересирани. Преку програмскиот дел преку презентациите ќе ги

Ц Е Л ТА Н А О В А А М А Н И Ф Е С ТА Ц И Ј А Е НА Е ДНО МЕС ТО ДА СЕ ОВОЗМОЖИ С И С Т Е М АТ С К О И Н Ф О Р М И РА Њ Е Н А И Д Н И Т Е А К А Д Е М С К И Г Р А ЃА Н И З А П О Н УД И Т Е Н А Д О М А Ш Н И Т Е И С Т РА Н С К И Т Е О Б РА З О В Н И М О Ж Н О С Т И

САЕМСКИ ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

претстават своите програми и можности за студирање на универзитетите. Странски универзитети за време на саемот ќе доделат 19 целосни стипендии за додипломски и постдипломски студии, во вкупна вредност од 280.000 евра, според однапред утврдени критериуми. На простор од 2.000 метри квадратни ќе има 19 домашни изложувачи и 22 странски од 15 земји. Партнер на Деновите на образование и кариера годинава е индиската образовна компанија „СЕЛ глобал“, чиј дректор за Македонија Амриш Чандра изјави дека Две причини ги 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

привлекле да дојдат овде силната поддршка од Владата на РМ за спроведување на нивната инвестиција во образованието и затоа што Македонија има поволна местоположба и тука може да доаѓаат студенти од целиот регион. Во Индија постојат 40 години и водат четири образовни кампуси со над 30.000 студенти од Индија, Хонг Конг, Сингапур и од Дубаи. Свеченото отворање на саемот за образование е во среда во 11 часот. Работното време во трите саемски дена е од 10 до 20 часот. Влезницата е 30 денари, а 20 за организирана посета.


На официјалната средба Македонскиот амбасадор Љубен Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања. Официјалната соработка со Владата на Провинцијата Онтарио во делот на културата доаѓа како резултат на тригодишната иницијатива од страна на Македонија за значајно и организирано културно присуство преку манифестацијата Македонски месец на културата во Канада

ВО ОЧИ НА ТРЕТИОТ ЈУБИЛЕЈ ОД „МАКЕДОНСКИОТ МЕСЕЦ Н А К У Л Т У РАТА “ В О К А Н А Д А

ПРЕМИЕРА НА ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ТОРОНТО

В

о очи на третиот јубилеј од „Македонскиот месец на културата“ во Канада, Владата на Онтарио се заблагодари за значајното присуство на Македонија и македонската култура во културното живеење на провинцијата. На официјалната средба Македонскиот амбасадор Љубен Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања. Официјалната соработка со Владата на Провинцијата Онтарио во делот на културата доаѓа како резултат на тригодишната иницијатива од страна на Македонија за значајно и организирано културно присуство преку манифестацијата Македонски месец на културата

во Канада. Во изминатиот период Владата на Македонија го помагаше презентирањето на филмската, театарската и литературната културна понуда од Македонија, а Амбасадата на Република Македонија и Македонските иселенички организации се вклучија и преку организирање и презентирање на културата на Македонците од Канада. Премиерот на Онтарио Кејтлин Вин на својата официјална средба со амбасадорот на Македонија Љубен Тевдовски, ја нагласи својата фасцинација како со квалитетите на македонската културна продукција, така и со енергичниот и современ настап на Македонија и Македонците. Таа се заблагодари на Амбасадата и заедницата за пријателстовото и потенцира дека ќе продолжи да присуствува на македонските културни настани како и во изминатите неколку години. Амбасадорот Тевдовски, запоз27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 775 / Април 2013

навајќи ја Премиерката со културното наследство на Македонија и вречи и покана за присуство на премиерата на најновиот македонски филмски проект во Канада, Трето Полувреме. На средбите со Министерот за култура на Онтарио Мајкл Чен и Министерот за меѓувладини односи Лорел Бротен, Амбасадорот Тевдовски и представници на македонската заедница разговараа за презентацијата на македонското културно наследство и учеството на македонската култура во животот на провинцијата. Во наредниот месец, во соработка со Министерството за култура на Онтарио, е најавена голема презентација на Македонскиот фолклор во Националниот Центар на Уметностите во Отава, како и присуство на македонските ансамбли на значајни фестивали и културни збиднувања во провинцијата.


775  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you