Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

Година XVIII, Број 774, Март 2013

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

ВО 51 ОПШТИНИ З А В Р Ш И ГЛ А С А Њ Е Т О , А В О 2 9 И З А Г РА Д О Т СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВТО Р К РУ Г

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ КРЕДИТ ЗА МАКЕДОНИЈА

КРИС ТОФЕР ИВОН ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ ВО СОБРАНИЕТО

ДЕНЕС Е ПРОЧКА - ПРОСТИ МИ Д А Т И П Р О С ТА М


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Стравувањата за продлабочување на политичката криза и разгорување на меѓуетничките односи не се остварија, па затоа веќе добиеме преодна оцена за изборите од страна на надворешните посматрачи кој се согласни дека решавањето на прашањето за името е следниот приоритет на меѓународната заедница. Лично и за мене изборите беа со позитивен епилог се разбира за првиот круг. Сега следува втор круг, но прерано е да прејудицирам нешто па ќе оставам да видиме што ќе биде. Би сакал да се вратам на скулчената предизборна соработка меѓу двете најголеми партии во државата не само на локално, туку и на државно ниво - кога беа во прашање значајни/ витални прашања за земјата. Бездруго феноменот во кој партиите од власта и од опозицијата договараат соработка, поддршка на заедничките кандидати за градоначалници и за советници, ќе ги одбележи овие избори. Тоа беше добар потег иако повеќе верувам дека ваквата меѓусебна поддршка потекна од граѓаните на најосетливите општини/градови, Струга и Кичево, кои така ќе постапеа и доколку нивните централи од Скопје не го одобреа тоа. Тоа беше пред изборите, сега по изборите малку како што и се очекуваше се почувствува тензична атмосвера особено во Кичево по инцидентот со симнувањето на македонското знаме. И токму во овој неизвесен период не треба да бидат оставени сами на себе. Сега не им е потребно вербално убедување дека се ќе биде во ред. Потребно е оној кој ги бодреше дека Кичево е Македонија да биде таму. Токму тоа и бидна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го посети Kичево и партискиот штаб, посета која најразлично се искоментира од малку напната атмосфера, па се до топлодобредојде со познатата негова реченица "Kичево е Македонија". Неговата посета е за поздравување затоа што тој, од врвот на власта не остана глув и нем на гневот и револтот кај луѓето Македонци кои живеат во македонско Кичево. Лидерот на владејачката партија не криејки се од никого јавно кажа - Тие имаат проблеми сега, имаат предизвици, а тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука. Дојдов тука во Kичево за разлика од некои други, кои ги немаше ни претходно ни сега, и за разлика од некои што сакаат да создадат раздор и да исполитизираат. Ние остануваме за Kичево, Kичево е Македонија и ќе остане Македонија. Да, токму така, но и да не заборавиме дека и Струга, и Дебар, и Тетово, и Гостивар... се Македонија каде живеат првенствено Македонци, градови каде што има место и за сите други националности кои сакаат соживот во оваа наша преубава Македонија. Нема место за оние кои мислат да ја распарчат. Само така можно е нашата држава да е единствена Македонија.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


За извештајот во јуни тој не сака да шпекулира бидејќи се уште не е напишан, но потенцира дека во него ќе бидат содржани трите аспекти поставени во декември на Советот на министрите-прашањето за името, напредок во добрососедските односи и во ЕУ реформите. За немирите кои се случија во Скопје изминатиов период, амбасадорот смета дека генерално создаваат атмосфера на страв

Б Р И ТА Н С К И О Т А М Б А С А Д О Р КРИСТОФЕР ИВОН ВО И Н Т Е Р В Ј У З А РА Д И О СЛОБОДНА ЕВРОПА ВЕЛИ ДЕКА

ИВОН: ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ КРЕДИТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Б

ританскиот амбасадор Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа вели дека изборите ќе бидат кредит за Македонија, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост. За извештајот во јуни тој не сака да шпекулира бидејќи се уште не е напишан, но потенцира дека во него ќе бидат содржани трите аспекти поставени во декември на Советот на министрите-прашањето за името, напредок во добрососедските односи и во ЕУ реформите. За немирите кои се случија во Скопје изминатиов период, амбасадорот смета дека генерално создаваат атмосфера на страв. Што се однесува до интервенцијата на ЕУ во разрешувањето на несогласувањата меѓу власта и опозицијата, амбасадор

Ивон вели дека Комесарот Филе е лично и длабоко заинтересиран неговиот извештај да биде попрецизен и поверодостоен за земјава, бидејќи во него разгледува три области: чекорите преземени во насока на изнаоѓање на решение во спорот за името, ЕУ реформите предвидени со дијалогот на високо ниво и добрососедските односи. -Кога ќе ги видиме деновите од почетокот на март, политичката ситуација упати вистински загрижувачки повици кон меѓународната заедница и треба да го прашате комесарот Филе, но претпоставувам дека неговата потреба да дојде овде потекнува од тоа да го види напредокот на Македонија на европската патека, но исто така и да објасни кои би можеле да бидат последиците доколку не се најде некое решение за политич03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

ката ситуација. Така што тој учествуваше во оформувањето на некакви решенија и одлуки – вели Ивон. Амбасадорот потенцирал дека Политичките лидери се согласиле да потпишат заедничка изјава, меморандум за разбирање, со кој ќе ги реафирмираат заедничките аспирации кон евро-атлантските интеграции. ,,Тоа е многу важно. Така што, договорот не се однесува на еден одреден аспект. Вредноста на договорот, како што јас разбирам е многу јасна, тој овозможува дијалогот да продолжи во добар дух, за сите опции, без предрасуди,, објаснил тој и додал дека што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори.


Еден ден по вториот круг на локалните избори во Македонија, односно на 8-ми април, Европарламентот ќе гласа за Резолуцијата, со која всушност се дава мислење на законодавниот дом за октомврискиот извештај на Комисијата. Специјалниот пролетен извештај на Европската комисија, кој ќе биде сконцентриран на резултатите од заклучоците на последниот Самит на Советот за Македонија, односно добрососедството со Бугарија, развивањето на преговорите за спорот за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), ќе биде готов и објавен на 16-ти април

П

ознати се датумите кога Европската комисија ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија, од којшто зависи дали на јунскиот Самит на Европскиот совет ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори, но и кога Европскиот парламент ќе гласа за Резолуцијата за нашата земја. Еден ден по вториот круг на локалните избори во Македонија, односно на 8-ми април, Европарламентот ќе гласа за Резолуцијата, со која всушност се дава мислење на законо-

ЕДЕН ДЕН ПО ВТОРИОТ КРУГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА, ОДНОСНО НА 8 МИ АПРИЛ, ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ Ќ Е ГЛ А С А З А Р Е З О Л У Ц И Ј АТА

ПОЗНАТИ СЕ ДАТУМИТЕ КОГА ЕК ЌЕ ГО ОБЈАВИ СПЕЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА Р МАКЕДОНИЈА давниот дом за октомврискиот извештај на Комисијата. Специјалниот пролетен извештај на Европската комисија, кој ќе биде сконцентриран на резултатите од заклучоците на последниот Самит на Советот за Македонија, односно добрососедството со Бугарија, развивањето на преговорите за спорот за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), ќе биде готов и објавен на 16-ти ап04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

рил. Него, според воспоставената пракса на Комисијата, го разработуваат сите одделенија во неформалната Влада на ЕУ, а дента ќе го објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Комесарот Филе и делегација на Директоратот за проширување, пак, се очекува во неделата меѓу 25 и 1 март (по првиот круг на локалните избори) да пристигнат во Скопје во рамки на Четвртата рунда од ХЛАД-от.


Власта и опозицијата едногласно ќе ги донесат измените на Изборниот законик, со кој се продолжува рокот за кандидатски листи за уште пет дена при што предлогот за измените на Изборниот законик ќе дојде од пратеничките групи со нивни потписи, а не од Владата. Сепак иако рокот за кандидатури ќе се продолжи, тоа нема да значи и кратење на изборната кампања, која официјално почнува во понеделник и ќе трае до 22 март на полноќ

С

огласно договорот кој што го потпишаа вчера лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, под покровителство на меѓународната заедница, опозицијата денеска се враќа во Собранието. Власта и опозицијата едногласно ќе ги донесат измените на Изборниот законик, со кој се продолжува рокот за кандидатски листи за уште пет дена при што предлогот

СОГЛАСНО ДОГОВОРОТ КО Ј Ш ТО ГО П О Т П И Ш А А ВЧ Е РА ЛИДЕРИТЕ НА ВМРОДПМНЕ И НА СДСМ

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ВРАТИ ВО СОБРАНИЕТО

за измените на Изборниот законик ќе дојде од пратеничките групи со нивни потписи, а не од Владата. Сепак иако рокот за кандидатури ќе се продолжи, тоа нема да значи и кратење на изборната кампања, која официјално почнува во понеделник и ќе трае до 22 март на полноќ. Како дел од пакетот за враќање на опозицијата во законодавниот дом и одењето на локални избори е и 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

формирање на експертска комисија за инцидентите на 24 декември, како и вметнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик. Опозицијата ќе се врати во законодавниот дом, по малку повеќе од два месеци бојкот. Собранието го напуштија по инцидентите на 24 декември, кога собраниското обезбедување ги исфрли од собраниската сала.


Неколкумина уапсени, повреден полицаец, искршени приватни автомобили, автобуски постојки, запален автобус на ЈСП и уште два каменувани. Ова е сликата од вчерашните протести кои излегоа од контрола на над илјада претежно млади Албанци пред владината зграда и други локации во Скопје. Се очекува од министерството за внатрешни работи попладне да излезат со точна бројка на уапсените и дали против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. По вчерашните немири денеска состојбата е мирна. Протестите вчера излегоа од контрола кога демонстрантите кои тргнаа од Јаја паша џамијата се пресретнаа со полицијата пред мостот Гоце Делчев и почнаа да фрлаат со камења и други предмети

Н Е КОЛ К У М И Н А УА П С Е Н И , ПОВРЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ

ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ ДЕНЕС МИРНО!

монстрантите кои тргнаа од странските медиуми. Сите Јаја паша џамијата се пре- агенции во опкружувањето, сретнаа со полицијата пред но и светските АФП, Асоши-

Н

еколкумина уапсени, повреден полицаец, искршени приватни автомобили, автобуски постојки, запален автобус на ЈСП и уште два каменувани. Ова е сликата од вчерашните протести кои излегоа од контрола на над илјада претежно млади Албанци пред владината зграда и други локации во Скопје. Се очекува од министерството за внатрешни работи попладне да излезат со точна бројка на уапсените и дали против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. По вчерашните немири денеска состојбата е мирна. Протестите вчера излегоа од контрола кога де-

мостот Гоце Делчев и почнаа да фрлаат со камења и други предмети. Во мешаницата која настана полицијата употреби и димни бомби за да ги растера. Вчерашните инциденти во Скопје се главна тема меѓу 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

ејтед Прес, Ројтерс, голем број други новински агенции известуваа за немирите во Скопје, а вестите, заедно со агенциски фотографии и видеа ги пренесуваа огромен број електронски медиуми и веб-сајтови.


,Пред се, победија Република Македонија и нејзините граѓани. Тие не ја загубија евроатлантската перспектива поради неодговорната политика на поединци што ги држеа како заложници двата милиони граѓани на Република Македонија. Потоа, победник е и членството на СДСМ, кое не се согласуваше со бојкотот на Црвенковски и дел од раководството, тие добија шанса да изберат свој фаворит на локалните избори, вели Бучковски

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА “РЕПУБЛИКА“ П О РА Н Е Ш Н И О Т Л И Д Е Р Н А СО Ц И Ј А Л Д Е М О К РАТ И Т Е , ВЛАДО БУЧКОВСКИ ВЕЛИ

ВЛАДО БУЧКОВСКИ: ПОБЕДНИК ВО ПРИКАЗНАТА СЕ ТИЕ ШТО БЕА ПРОТИВ БОЈКОТОТ

В

о интервју за “Република“ поранешниот лидер на социјалдемократите, Владо Бучковски вели победник во приказната и во постигнувањето на договорот е државата и членството на СДСМ, но тие што беа против бојкотот. ,,Пред се, победија Република Македонија и нејзините граѓани. Тие не ја загубија евроатлантската перспектива поради неодговорната политика на поединци што ги држеа како заложници двата милиони граѓани на Република Македонија. Потоа, победник е и членството

на СДСМ, кое не се согласуваше со бојкотот на Црвенковски и дел од раководството, тие добија шанса да изберат свој фаворит на локалните избори, вели Бучковски. Тој додава дека загубиле Бранко Црвенковски и дел од раководството на СДСМ. ,,Кој загуби? Загубија Бранко Црвенковски и дел од раководството на СДСМ, кои повикуваат на бојкот, кои беа за партизанско и герилско војување, кои бараа да се оди до крај! На крајот, што се случи... Црвенковски и дел од раководството беа фатени во заседа, која им ја поставија Гру07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

евски и меѓународната заедница. Црвенковски и неговите герилци беа разоружени... Арно ама, кога се вратија на Бихаќка, во седиштето на СДСМ, место да ја признаат капитулацијата и да ја преземат одговорноста за тоа, Црвенковски повторно се обиде поразот да го претстави како победа. Каква манипулација..., потенцирал Бучковски. Бучковски додал дека на крајот компромисот се сведе само на продолжување на рокот на поднесување на листите за кандидати за градоначалници и за листите на советниците.


,,За функционална демократија според стандарите на ЕУ не е доволно само да се усвојат закони кои остануваат на хартија. Реформите мора да бидат спроведени во пракса, објаснил Аврамопулос и дипломатски додал дека грчките власти сакаат „во соседната земја да превладеат стабилноста и функционалниот демократски систем“

Г

рчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос изрази воздржаност во однос на очекувањата од новата рунда преговори со медијаторот Метју Нимиц за прашањето за името на Македонија. Toj во интервју за неделното издание на „Катимерини“ истакнал дека политичката криза и изборите во Скопје не тераат да бидеме воздржани. Кризата го потврди тоа што го зборувавме кога беше објавен извештајот на Европската комисија во октомври: опасно е проблемите да се кријат под тепих. Прашање на време беше кога властите во Атина и официјално ќе го потврдат она што меѓу редови се провлекуваше во грчките медиуми - дека Грција ќе ја искористи во своја полза политичката криза во Македонија. ,,За функционална демократија според стандарите на ЕУ не е доволно само да се усвојат закони кои остануваат на хартија. Реформите мора да бидат спроведени во пракса, објаснил Аврамопулос и дипломатски додал дека грчките власти сакаат „во соседната

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА НЕДЕЛНОТО И З Д А Н И Е Н А „ К АТ И М Е Р И Н И “ И С ТА К Н А Л Д Е К А П О Л И Т И Ч К АТА КРИЗА И ИЗБОРИТЕ ВО СКОПЈЕ НЕ Т Е РА АТ Д А Б И Д Е М Е В О З Д Р Ж А Н И

СЕ ОГЛАСИ ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ земја да превладеат стабилноста и функционалниот демократски систем“. Шефот на грчката дипломатија и овој пат не пропуштил да го спомене Меморандумот за разбирање, кој Атина го испрати на Скопје како знак дека „Грција покажала дека сака и оти работи на решение“ за името. Според него, токму меморандумот бил причината поради која преговарачкиот процес добил на динамика. И додека дел од грчките експерти неодмна изразија стравување дека Европската Унија сигнализира решеност преговорите со Македонија да почнат и без да има решение на спорот, Ав08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

рамопулос во интервјуто за "Катимерини" тврди дека мнозинството меѓународни партнери на Грција го препознале грчкиот наводно конструктивен став. Аврамопулос и во овој контекст како аргумент во полза на Грција повторно ги користи бојкотот и инцидентите предизвикани од СДСМ и Црвенковски. ,,Повеќето наши партнери го признаваат нашиот конструктивен став. Тоа, исто така, беше отсликано и во едногласната одлука на ЕУ во декември со која се повика на решавање на прашањето за името пред да се почнат преговори,, вели Аврамопулос во интервјуто.


MАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО С А Д , З О РА Н Ј О В Л Е В С К И Д О ГО В О Р И ,,Новоименуваниот командант, генералот Креј, изрази подготвеност соработката меѓу Македонија и Вермонт да продолжи и да се зајакнува понатаму, изјавил амбасадорот Јолевски кој го имаше првиот состанок со генералот Креј во воената база Камп Џонсон во градот Колчестер. На средбата Јолевски и генералот разговарале и за соработката меѓу Македонија и Вермонт пред се во изведувањето на заеднички воени вежби, јакнење на капацитетите за одбрана од кибернетски напади и во образованието

ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ВЕРМОНТ

M

акедонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски договори партнерство меѓу Македонија и Вермонт со новоименуваниот командант на националната гарда на американската сојузна држава Стивен Креј, на првата средба откако генералот ја презеде својата функција од досегашниот командант генералот Томас Дру. ,,Новоименуваниот командант, генералот Креј, изрази подготвеност соработката меѓу Македонија и Вермонт да продолжи и да се зајакнува понатаму, изјавил амбасадорот Јолевски

кој го имаше првиот состанок со генералот Креј во воената база Камп Џонсон во градот Колчестер. На средбата Јолевски и генералот разговарале и за соработката меѓу Македонија и Вермонт пред се во изведувањето на заеднички воени вежби, јакнење на ка09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

пацитетите за одбрана од кибернетски напади и во образованието. Генералот Томас Дру, во своето проштално обраќање, им изразил благодарност на војниците на Армијата на Република Македонија за нивната храброст и поддршката на мисијата покажани во Авганистан. Дру оценил дека соработката со АРМ е исклучително важна за Вермонт затоа што и самиот служел како командант на бригада во Авганистан заедно со македонските војници и од прва рака го познава нивниот квалитет.


Освен Елефтеротипија, за исходот од вчерашните разговори пренесуваат речиси сите весници во Грција. Исто така, детали од инцидентите што македонската опозиција почна да ги предизвикува од 24 ти декември минатата година секојдневно беа пренесувани од страна на грчките медиуми, кои што максимално ја користеа ситуацијата за Македонија да ја прикажат во особено лошо светло

ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ВО М А К Е Д О Н И Ј А Е П О С Т И Г Н АТ ДОГОВОР МЕЃ У ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА П О Л И Т И Ч К АТА К Р И З А И Б О Ј К О Т О Т Н А П А РЛ А М Е Н ТО Т ОД С Т РА Н А Н А О П О З И Ц И Ј АТА Ш Т О Г И З А Г Р З И Н А П О Р И Т Е Н А З Е М Ј АТА З А П Р И К Л У Ч У В А Њ Е К О Н Н АТО И Е У

П

о подолго време во Македонија е постигнат договор меѓу политичките партии за завршување на политичката криза и бојкотот на Парламентот од страна на опозицијата што ги загрзи напорите на земјата за приклучување кон НАТО и ЕУ. Ова го пишува грчкиот весник Елефтеротипија по вчерашниот постигнат договор меѓу партиите за надминување на кризата. Освен Елефтеротипија, за исходот од вчерашните разговори пренесуваат речиси сите весници во Грција. Исто така, детали од инцидентите што македонската опозиција почна да ги предизвикува од 24 - ти декември минатата година секојдневно беа пренесувани од страна на грчките медиуми, кои што максимално ја користеа ситуацијата за Македонија да ја прикажат во особено

МАКЕДОНСКИОТ

ДОГОВОР ТЕМА ВО ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ лошо светло. Истовремено, грчките дипломати брифираа дека токму инцидентите и бојкот предизвикани од македонската 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

опозиција ќе бидат најсилен аргумент на Грција за "успешно да се справела" со прашањето со Скопје на меѓународната сцена.


Според претседателот на Државната изборна Комисија Борис Кондарков сите објавени резултати, се врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и се првични и неофицијални. Како што се дознава синоќа до ДИК стигнаа стотина приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата. Kоалицијата на ВМРОДПМНЕ и СДСМ ја оспорува победата на Фатмир Дехари од ДУИ за градоначалник на Кичево во првиот круг. Поднесени се приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на кандидатот на ДУИ ржавната изборна комисија соопшти дека во 51 општини гласањето за избор на градоначалник е завршено во привот круг, додека втор круг на избори на 7 април ќе има во 29 општини и градот Скопје. Поголемите општини каде ќе има втор круг се Куманово, Центар, Велес, Битола, Карпош, Тетово и Струга. Според претседателот на Државната изборна Комисија Борис Кондарков сите објавени резултати, се врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и се првични и неофицијални. Како што се дознава синоќа до ДИК стигнаа стотина приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата.

Д

ПОГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ КАДЕ ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ СЕ КУМАНОВО, Ц Е Н Т А Р, В Е Л Е С , Б И Т О Л А , К А Р П О Ш , Т Е Т О В О И С Т Р У ГА

ВО 51 ОПШТИНИ

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО, А ВО 29 И ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ Kоалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја оспорува победата на Фатмир Дехари од ДУИ за градоначалник на Кичево во првиот круг. Поднесени се приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на кан11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

дидатот на ДУИ. Државната изборна комисија денеска на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од првиот круг на локалните избори.


Новиот софтвер што за таа намена го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, ќе овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација. На денешната презентација на електронското решение за управување со дозволите за градење, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека новиот систем ќе придонесе за поголема ефикасност на општините и на Министерството за транспорт, поголема транспарентност во постапката, но и поттик за странските инвеститори

Н О В И О Т С О Ф Т В Е Р Ш Т О З А ТА А НАМЕНА ГО ИЗГОТВИ ЗЕЛС ВО С О РА Б О Т К А С О А Г Е Н Ц И Ј АТА З А ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДЕЊЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

Д

озволите за градење од 1 јуни ќе се издаваат по електронски пат. Новиот софтвер што за таа намена го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, ќе овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација. На денешната презентација на електронското решение за управување со дозволите за градење, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека новиот систем ќе придонесе за поголема ефикасност на општините и на Министерството за транспорт, поголема транспарентност во постапката, но и поттик за странските инвеститори. Преку новиот електронски систем ќе се врши прием на барањата за издавање одобрение за градење директно во дигитална форма. Целиот про-

цес ќе опфаќа четири чекори од доставувањето на барањето до издавањето на одобрението за градење. Електронски ќе биде и впишувањето на објектот за кој се бара дозвола откако ќе биде изграден. Во тек на целата постапка барателот на дозволата ќе може да добие информации за текот на постапката преку СМС. Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски оцени дека при12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

добивките од новиот систем се повеќекратни и за локалните власти и за граѓаните. Воспоставувањето на електронското решение за издавање на дозволите за градба чини 200.000 евра. До 1 јуни ЗЕЛС на средби со граѓани и приватниот сектор ќе го презентира системот со цел прифаќање на евентуалните забелешки, а паралелно ќе врши обуки на администрацијата.


Мислам дека Македонија веќе има полза од овој нов вид на либерално и конзервативно размислување

ЛАЈОШ БОКРОШ КОЈ Е ЕДЕН ОД В ОД Е Ч К И Т Е Р Е Ф О Р М АТО Р И Н А У Н ГА Р С К АТА Е К О Н О М И Ј А В О 9 0  Т И Т Е ГОД И Н И . ТО Ј И З РА З И Н А Д Е Ж ЗА БРЗО МАКЕДОНСКО ЧЛЕНСТВО В О Е В Р О П С К АТА У Н И Ј А

БОКРОШ: МАКЕДОНИЈА Е ИНТЕРЕСЕН ПРИМЕР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ

М

акедонија е интересен пример за спроведување на економски реформи, оцени унгарскиот европратеник Лајош Бокрош кој е еден од водечките реформатори на унгарската економија во 90-тите години. Тој изрази надеж за брзо македонско членство во Европската унија, за да се зголеми бројот на држави кои се водат од политиката на промовирање на економскиот раст преку на ниски даноци. ,,Мислам дека Македонија веќе има полза од овој нов вид на либерално и конзервативно размислување. Ние во Европа мораме да ги обновуваме батериите на пазарната конкуренција, додека Македонија направи значителен напредок во тој план. Точно е дека со членството во ЕУ државите може да се соочат со многу повеќе економски правила и регулативи, но во исто време можеме ЕУ да ја направиме поконкурентна само ако внатре во неа имаме повеќе влади кои веруваат во уставно ограничена власт, пазарни слободи, слобод-

на трговија и конкурентност. Затоа ние во пратеничката група на Европските конзервативци и реформисти ги промовираме овие вредности, за целата Европа да 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

биде поконкурентна, вели во изјавата за МИА Бокрош, кој учествуваше на собирот на Конзервативниот политички акциски комитет (КПАК) во Вашингтон.


Подобро инфраструктурно поврзување, скратени царински постапки и поефикасна администрација се клучните услови кои ги детектираа стопанствениците и експертите на денешната конференција „Конективна Европа - одговор на ЦЕФТА регионот“, како услов за повеќе инвестиции и побрз развој на земјава

П

одобро инфраструктурно поврзување, скратени царински постапки и поефикасна администрација се клучните услови кои ги детектираа стопанствениците и експертите на денешната конференција „Конективна Европа - одговор на ЦЕФТА регионот“, како услов за повеќе инвестиции и побрз развој на земјава. Покрај политичката стабилност, географската близина до клучните европски пазари, трошоците за производство и админ истративните процедури, во услови на се посилна конкуренција, транспортот и логистиката се голем предизвик. Фокусот на конференцијата е транспортната инфраструктура со цел зајакнување

Ф О К У С О Т Н А К О Н Ф Е Р Е Н Ц И Ј АТА Е Т РА Н С П О Р Т Н АТА И Н Ф РАС Т Р У К Т У РА

"КОНЕКТИВНА ЕВРОПА - ОДГОВОР НА ЦЕФТА РЕГИОНОТ"" РЕГИОНОТ

на публицитетот за тоа прашање и отворање јавно-приватно дијалог за потребите за развој на инфраструктурата, како и промовирање на можностите на јавно-приватно партнерство. Конференцијата е посветена на бизис заедницата, стопанските комори, владини претставници... Тобијас Бауман, регионален директор на унијата на Германските комори, рече дека секогаш кога ќе го прашаат зошто нема повеќе германски инвестиции во Македонија еден од одговорите е лошата инфраструктура. Според него, ваквиот факт не смее да биде причина за Македонија да не ги искористи очигледните предиспозиции. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

Мартин Клауке, раководител на Оддел за оперативни работи при делегацијата на ЕУ, смета дека меѓу најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на Коридорот 10. Европската унија, најави, ќе продолжи со поддршка на проекти преку ИПА, а веќе се користат 130 милиони евра за различни проекти претежно во областа на железничкиот и патниот сообраќај за коридорите 8 и 10. Конференцијата се одржа во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на германските индустриски и трговски комори ДИХК.


Брокерски друштва ќе ги посетуваат земјоделците за директно да им објаснат кои се бенефитите од осигурувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што денеска во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва

Б

рокерски друштва ќе ги посетуваат земјоделците за директно да им објаснат кои се бенефитите од осигуёрувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што денеска во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва. Согласно Меморандумот, брокерските друштва практично ќе бидат медијатори, а ваквата улога, на посредници меѓу производителите и осигурителните компании, ќе ја вршат бесплатно. Тие нема да им сугерираат на земјоделците од која осигурителна

С О Г Л А С Н О М Е М О Р А Н Д У М О Т, Б Р О К Е Р С К И Т Е Д Р У Ш Т В А П РА К Т И Ч Н О Ќ Е Б И Д АТ М Е Д И Ј АТО Р И

БЕНЕФИТИТЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО НА ПОСЕВИТЕ

компанија да купат полиси, напротив, ќе им укажат која нуди најдобри услуги. Тој нагласи дека неодамнешните поплави и предизвиканите штети од нив, уште еднаш покажаа колкава е потебата од осигурување на површините. Изминатиов период, додаде Коњановски, беа направени бројни анализи за утврдување на причините поради кои македонските земјоделци се уште недоволно го осигуруваат родот и покрај поддршката на државата. Засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци, само 1.500 купуваат полиси. Најголем е бројот во Кавадарци, 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

340, Ресен, 250 и Неготино, повеќе од 200. Најмногу, пак, се осигуруваат лозовите насади, 350 хектари, јаболката, 270 хектари, и житните култури, преку 210 хектари. Годинава Владата обезбеди 35 милиони денари за земјоделските полиси. Мерката предвидува покривање 60 отсто од трошоците за осигурувањето. По ддршката ќе се зголеми до 70 или 80 отсто доколку заживее задругарството. Како што рече Миле Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, доколку посевите се осигурани, компанијата, во случај на елементарна непогода е должна да го исплати земјоделецот најдоцна 15 дена по проценката на настанатите штети.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ V ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО РА – Сонцето како фактичка состојба. РЕ – Сонцето во идејна смисла, почеток на циклус РИ – Сонцето во почетен циклус, РО – Сонцето во реализирачки циклус РУ – Сонцето во завршеток на циклусот, кон својот залез Р – Сонцето како фактичка состојба

Според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА РА - СОНЦЕТО, со својата Светлина Божествена, со која има процеси на светлото позитивно зрачење на површината на Земјата во денските и годишни циклуси, создава и процеси на борење и победи над негативноста Земна, над ноќната темнината и зимскиот студ. Со процесите на борење и творење, во денските и годишни циклуси РА - СОНЦЕТО ја победува и доминира над негативноста Земна. Тоа е ноќната темнина и студот зимски, при што ги создава позитивните полиња на својата аура на Земјата, изразени во: совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоиството, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста, дисциплината и многу други. Со процесите на творење, создавање, во денските и годишни циклуси, РА - СОНЦЕТО создава творби, дела, род и благодет, како естетски вредности на растителниот и животинскиот свет на кој му припаѓа и човекот. Сите тие резултати, кои значат непрекинат процес на животот на Земјата за верниците, како позитивни полиња, дела, услови, процеси и вредности на животот Земен ја создаваат и ја имаат религиозната состојба и значење во зборот РАБОТА Сончева на површината на Земјата, по место и време на постоење, како и религиозните состојби на зборовите РАБОТНИЦИТЕ, РАБОТНИЧКАТА, РАБОТЕЈКИ, РАБОТЕЛЕ, РАБОТЕЈА, РАБОТЕХА и други. Имитирајќи и поддржувајќи го РА - СОНЦЕТО според учењето и начинот на живеење по Религијата на Сонцето, старите Македонци верници во многу старата Македонија ги граделе, имале и биле носители на своите Земни светло позитивни аури: Лични, Семејни, Колективни како и на Народната, како нивни Сонца по место и време на живеење. Со тие нивни симболички Земни сонца, верниците имале процеси на светло позитивно зрачење на тоа свое позитивно ниво со кое создавале процеси на борба и победи над негативноста во природата и во луѓето, како борци по место и време на постоење. Со процесите на борење и творење во денските и годишни циклуси, верниците со своите аури: Лични, Семејни, Колективни како и со Народната со победите над негативноста Земна и човечка ги создавале позитивните полиња на своите аури на Земјата, који се: совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоиството, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста, дисциплината и многу други, како услови за живот на верниците. Со процесите на творење, во денските и годишни циклуси, верниците со своите аури: Лични, Семејни, Колективни како и со Народната, ги создавале своите творби, дела, род и благодет како материјално духовни и естетски вредности. Сите


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски тие резултати значат непрекинат процес на живот на Земјата за верниците по место и време на живеење, постоење на површината на Земјата. Тоа е постоењето на нивната религиозна состојба на зборот РАБОТА и на религиозните состојби на зборовите РАБОТНИЦИТЕ, РАБОТНИЧКАТА, РАБОТЕЈКИ, РАБОТЕЛЕ, РАБОТЕЈА, РАБОТЕХА и други. Зборот РАБОТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на РА(СОНЦЕТО) БО(ЗЕМНО) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Имитирајќи и поддражавајќи го Богот Сонце по ВЕРАТА како наука и РЕЛИГИЈАТА како пракса, старите Македонци верници во многу старата Македонија ги градиле своите генерациски аури: лични, семејни, колективни по место на живеење, колективни по место на работа и народната. Со тоа тие биле носители на Светлината Божествена со која се просветлени внатрешно, со кој чин на постојано просветлување и возвишување ја имале РАБОТАТА своја позитивна генерациска со својот пат по патот на светлината и вистината. Како носители на Светлината Божествена, со создадените генерациски светло позитивни аури на одредено позитивно ниво, тие, на тоа ниво ја имале РАБОТАТА своја позитивна со процеси на светло позитивно зрачење. РАБОТАТА е тоа високо позитивно ниво на просветление, пробуденост, будност на мислите и чувствата, во нивната размена и надополнување на што по високо позитивно ниво, со постојан процес на зрачење на Светлината Божествена од аурите на верниците. Така се создавале процеси на борење и творење и така просветлени тие со својата внатрешна висока надградба на духот се воздигнувале во генерациски борци и творци. Со процесите на борба верниците ги остварувале потребните победи над негативноста во сите облици во природата и луѓето по место и време на постоење. Со процесите на творење старите Македонци верници ги создавале позитивните полиња во сите аури на совршенството, убавината, вистината, правдата, љубовта, добрината, совеста, свеста, честа, чесноста, чистотата, достоинството, редот, мирот, мудроста, радоста, веселоста, среќата, слободата, богатството, одговорноста и дисциплината по место и време на живеење и постоење. Со својот пример најголемите, најпросветлените, најсовршените верници физички и духовно се потребните

генерациски водачи и учители. Тие оделе по патот кон иднината, по кој ги воделе верниците, тоа е РАБОТАТА нивна позитивна со одење по патот на светлината, убавината, правдата, вистината, љубовта, добрината и среќата со што создаваат високо позитивни меѓусебни односи, имале живот по духот, а не по физиката, која е таа вистинска РАБОТА на живеење. Зборот РАБОТА е изграден по религиозните дејства и состојби на денските и годишни циклуси на Богот Сонце со реализација на неговата Светлина Божествена. Потоа негова имитација се религиозните дејства и состојби на генерациските аури на верниците на земјата кои со употреба на зборот РАБОТА позитивна, со која го имат патот по патот на светлината, просветлението и совршенството. Тоа е и неговата симболичка употреба за сите слични дејства и состојби во животот на верниците и во природата. Со својата генерациска, светла, позитивна возвишеност и просветленост на своите аури: лични, семејни, колективни и на народната, верниците просветлени на одредено позитивно ниво се носители на Светлината Божествена. Со неа ја имат РАБОТАТА своја генерациска, и се носители на религиозната состојба која е Светлината над темнината, Сончева над темнината, над негативноста, злото во природата и во верниците по место и време на живеење и постоење. Сите нови генерациски аури на верниците и нивните естетски резултати, услови и вредности на животот на Земјата кои ги создават, се, сведоштва и факти на нивниот говор, на јазикот на Светлината Божествена, јазик кој е таа РАБОТА нивна позитивна во сите нови, како и во сите стари аури на верниците на површината на Земјата. РАБОТНИЦИТЕ - РА(СОНЦЕТО) БО(ЗЕМНО) над Т(ТЕМНИНАТА) НИ(НАШЕ) ЦИ(ЦЕНТРАЛНО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) РАБОТНИЧКАТА - РА(СОНЦЕТО) БО(ЗЕМНО) над Т(ТЕМНИНАТА) НИ(НАШЕ) Ч(ЧЕЛНО) КА(ВОЗВИШЕНО) над ТА(ТЕМНИНАТА) РАБОТЕЈКИ - РА(СОНЦЕТО) БО(ЗЕМНО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) Ј(ВНА-ТРЕШНО) КИ(ВОЗВИШУВАЧКО) РАБОТЕЈА - РА(СОНЦЕТО) БО(ЗЕМНО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) ЈА(ВНА-ТРЕШНО)

ПРОДОЛЖУВА


С И Н Д И К АТ И Т Е И С К А Ж А А З А Д О В О Л С Т В О О Д В А К В АТА О Д Л У К А Економско социјалниот совет ја утврди висината на минималната плата за 2013 година. Таа ќе изнесува 8.050 денари во нето износ или 12.268 денари во бруто износ. Во одредени дејности каде што беше предвидено период на усогласување ќе има покачување на платата за 1471 денар во бруто износ

ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА 2013 ГОДИНА - 8.050 ДЕНАРИ Е

кономско социјалниот совет ја утврди висината на минималната плата за 2013 година. Таа ќе изнесува 8.050 денари во нето износ или 12.268 денари во бруто износ. Во одредени дејности каде што беше предвидено период на усогласување ќе има покачување на платата за 1471 денар во бруто износ. Таков е случајот со вработените во дејности производство на текстил, производство на облека, производство на кожа и слични производи од кожа. Ова денес го соопшти министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски кој додаде дека со законот, правото на минимална плата му

следува на секој вработен. Синдикатите искажаа задоволство од ваквата одлука која е постигната поради добриот социјален дијалог во земјава. Претставниците на синдикатите посочија дека во неколку земји има намалување на минимал18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

ната плата, како резултат на економската криза. Министерот Ристовски истакна дека зависно од економската состојба отворена е можноста во текот на наредните години минималната плата да биде зголемена.


Најдоцна до вторник Владата ќе исплати по 15.500 денари еднократна неповратна помош за секоја куќа или стан оштетени од поплавите. Во текот на денешниот и утрешниот ден претставници на подрачните единици на Министерството за труд и социјална политика и на Црвениот крст ќе ги посетат домаќинствата во подрачјата опфатени со поплавите за да направат попис на нивните потреби

Н

ајдоцна до вторник Владата ќе исплати по 15.500 денари еднократна неповратна помош за секоја куќа или стан оштетени од поплавите. Во текот на денешниот и утрешниот ден претставници на подрачните единици на Министерството за труд и социјална политика и на Црвениот крст ќе ги посетат домаќинствата во подрачјата опфатени со поплавите за да направат попис на нивните потреби. Ова денес го најави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев кој додаде дека Владата на вчерашната седница усвоила пакет мерки во насока на санирање на настанатите штети од поплавите и природните влијанија во најголем дел во Источна Македонија. Според Ѓорѓиев, бројката на куќи кои настрадале или се оштетени како последица на поплавите според проценките изнесува меѓу 1.500 и 2.000. Владата одлучи, информираше Ѓорѓиев, целата количина на облека и обувки со кои располагаат Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот да се сортира по броеви и пол и во наредните денови да се подели на лицата

С П О Р Е Д Ѓ О Р Ѓ И Е В , Б Р О Ј К АТА Н А К У Ќ И К О И Н АС Т РА Д А Л Е И Л И С Е ОШТЕТЕНИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ПОПЛАВИТЕ СПОРЕД ПРОЦЕНКИТЕ ИЗНЕСУВА МЕЃУ 1.500 И 2.000

15.500 ДЕНАРИ ЕДНОКРАТНА НЕПОВРАТНА ПОМОШ ЗА СЕКОЈА КУЌА во настраданите подрачја од поплавите. Претставниците на МТСП кои во текот на денешниот и утрешниот ден ќе остварат контакти со семејствата погодени од поплавите ќе соберат податоци за величината на облеката и обувките кои им се потребни и ќе ги достават до Царинската управа и Агенцијата. Владата, исто така, ги задолжи Агенцијата за управување со одземен имот и Управата за јавни приходи да подготват список на покуќнина кои се во нивен посед врз ос19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

нова на кои МТСП, МВР, Црвениот крст на Македонија по што ќе биде поделена покуќнината на граѓаните од настраданите подрачја. Во овој сет мерки Владата исто така одлучи да отстапи на општините кои беа загрозени од поплавите 130 илјади литри нафта кои ќе бидат употребени за санирање на последиците од поплавите, како и достава на лекови, храна и санитетски материјал онаму каде што е потребно, како и расчиствување на теренот и санирање на последиците.


,,Грипот се уште е со висок интензитет, а минатата недела се пријавени околу 2.950 нови случаи. Досега се пријавени вкупно 13.860 случаи, а се очекува и во следните неколку недели да има грип со висок интензитет. Ги охрабруваме матичните лекари да го даваат лекот „Тамифлу“, бидејќи од сознанијата што ги имаме на терен тој е ефективен, ја подобрува клиничката слика на заболениот уште следниот ден и спасува живот посебно кај ризичните групи

ПРВИЧНИТЕ СОЗНАНИЈА ЗА СЕДУМТЕ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ГРИП СЕ ДЕКА КАЈ ПОГОЛЕМ БРОЈ ОД НИВ НЕ Е НАВРЕМЕНО Д А В А Н О „ ТА М И Ф Л У “

ФОРМИРАНА КОМИСИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧЕН НАДЗОР ВО ОДНОС НА ЛЕКУВАЊЕТО

П

рвичните сознанија за седумте смртни случаи од грип се дека кај поголем број од нив не е навремено давано „Тамифлу“ иако пациентите биле во ризична група. Затоа е формирана Комисија за вршење на стручен надзор во однос на лекувањето на сите нивоа на заштита, од примарна до терцијална, за сите пациенти што завршија со смртен исход. Ова денеска го истакна Јованка Костовска, раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство. ,,Грипот се уште е со висок интензитет, а минатата недела се пријавени околу 2.950 нови случаи. Досега се пријавени вкупно 13.860 случаи, а се очекува и во следните неколку недели да има грип со висок интензитет. Ги ох-

рабруваме матичните лекари да го даваат лекот „Тамифлу“, бидејќи од сознанијата што ги имаме на терен тој е ефективен, ја подобрува клиничката слика на заболениот уште следниот ден и спасува живот посебно кај ризичните групи,, рече Костовска. Исто така Костовска нагласи дека Комисијата за грип и Комисијата за заразни болести вчера заеднички одржале состанок со цел да се согледа состојбата со грип во државата и да се предложат превентивни мерки по однос на спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја. ,,Комисијата за заразни болести заклучи веднаш да се започнат активности согласно Акцискиот палан за превенција од векторпреносливи болести, посебно од 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

комарци и крлежи со цел да се спречи појавата на Западнонилската треска. Дадени се насоки едниците на локалната самоуправа во соработка со центрите за јавно здравје да отпочнат со мапирање на терен на заостанати води и ризични површини и да започнат активности за навремена дезинсекција за да се спречи појава на поголем број на случаи на Западнонилска треска во летниот период,, објасни Костовска. Комисијата, додаде, заклучи да се мобилизираат и да бидат многу поактивни центрите за јавно здравје и покрај секојдневното испитување на водата за пиење да го едуцираат населението за личните и мерките за конзумирање безбедна храна за да се спречи појава на цревни заразни заболувања и хепатит.


,, Идејата е да немаме поголема концентрација на лица коишто имаат болести од зависности на едно место. Целта е да имаме поголем број на локации, но такви што ќе бидат максимално безбедни, односно ќе немаат голем број на зависници и нема да бидат во близина на училишта, градинки или места каде има поголема фреквенција на малолетници,, обајсни министерот за здравство Никола Тодоров

Д О М О Т Ќ Е С Е Д И С Л О Ц И РА Н А Д Р У ГА Л О К А Ц И Ј А

НА МЕСТОТО НА ДОМОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО КИСЕЛА ВОДА, ПОЛИКЛИНИКА

Н

а местото на домот за зависници во Кисела Вода ќе биде сместена Поликлиниката „Кисела Вода“, а Домот ќе се дислоцира на друга локација. Станува збор за проект што треба да се реализира во текот на идната година. При дислокацијата на центарот најверојатно ќе се примени концептот на отворање на повеќе пунктови во поголем број на општини. ,,Идејата е да немаме поголема концентрација на лица коишто имаат болести од зависности на едно место. Целта е да имаме поголем број на локации, но такви што ќе бидат максимално безбедни, односно ќе немаат голем број на завис-

ници и нема да бидат во близина на училишта, градинки или места каде има поголема фреквенција на малолетници, обајсни министерот за здравство Никола Тодоров, промовирајќи го проектот. Средствата за реализација на проектот ќе бидат обезбедени од Здравствениот дом во Скопје. Во почетокот на наредната година се очекува центарот да биде пренаменет во поликлиника. Идејата за реализација на еден ваков проект, произлегла од бројните заблешки и претставки што ги имале од страна на граѓаните кои живеат во близина на Домот. - Станува збор за значаен 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

проект имајќи предвид дека граѓаните кои живеат во овој дел имаат проблем со лицата болни од зависности кои секојдневно доаѓаат во овој ценатр да добиваат метадонска терапија, а од друга страна граѓаните кои живеат во оваа општина за каква и да било здравствена услуга мораат да патуваат до поликлиниката „Јане Сандански“ која сега се наоѓа во општина Аеродром, рече Тодоров. Во Домот за зависници во Кисела Вода, лицата зависни од болести се третираат со метадонска терапија. Во Република Македонија секоја година за лекувањето на овие лица се одвојуваат од 50 до 55 милиони денари.


Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет на САД, потврдува дека јунскиот самит на НАТО во Брисел веројатно нема да донесе можност за расправа за членството на Македонија, но додава дека следната можност ќе се укаже набргу, веќе во 2014 година кога ќе се одржи редовен самит, пишува Дневник. Изјавата на Вилсон доаѓа по најавата дека НАТО ќе одржи самит во јуни, одвај една година по самитот во Чикаго, на кој американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека следниот НАТО самит ќе биде самит на проширување.

Д

ејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет на САД, потврдува дека јунскиот самит на НАТО во Брисел веројатно нема да донесе можност за расправа за членството на Македонија, но додава дека следната можност ќе се укаже набргу, веќе во 2014 година кога ќе се одржи редовен самит, пишува Дневник. Изјавата на Вилсон доаѓа по најавата дека НАТО ќе одржи самит во јуни, одвај една година по самитот во Чикаго, на кој американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека следниот НАТО самит ќе биде самит на проширување. ,,Тоа што Клинтон го кажа пред да ја напушти функцијата, дека се надева дека следниот самит на НАТО ќе биде самит на проширување, беше значајна изјава. Но, тогаш кога ја даде изјавата, сите очекуваа самит во 2014 година. Сега има активности од страна на администрацијата на

,ТОА ШТО К ЛИНТОН ГО КАЖА ПРЕД Д А Ј А Н А П У Ш Т И Ф У Н К Ц И Ј АТА , ДЕКА СЕ НАДЕВА ДЕКА СЛЕДНИОТ С А М И Т Н А Н АТО Ќ Е Б И Д Е С А М И Т НА ПРОШИРУВАЊЕ, БЕШЕ З Н АЧ А Ј Н А И З Ј А В А

МАКЕДОНИЈА ВО НАТО ВО 2014!? Обама да се свика мини самит или скратен самит во Брисел, на маргините на посетата на Обама на Европа за самитот на групата Г8 во Ирска. Овој самит би бил посветен само на следната фаза на стратегијата во Авганистан и плановите на предавањето на одговорноста врз безбедноста во оваа земја врз авганистанските безбедносни сили, и на прашањето на капацитетите на нашите европски сојузници кои треба да преземат поголем дел од одговорностите. Вратата за дискусија за проширување ќе можеме да ја отвориме во 2014 година, вели Вилсон. Вилсон, кој бил на повеќе функции поврзани со Балканот и Европа во Националниот совет за безбедност на претседателот Џорџ В. Буш и работел за поранешниот 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, смета дека на самитот во 2014 година Македонија и веројатно Црна Гора ќе настапат како кандидати за членство. За Македонија, според Вилсон, останува да се постигне решение за спорот за името. ,,Со малку труд од страна на Вашингтон, Европската Унија, Скопје и Атина, мислам дека можеме да дојдеме до решение на спорот за името што би отворила врата за македонското членство. Искрено, ова решение би можело да се случи и на време за минисамитот во 2013 година, а секако дека може да се случи до 2014 година. Да бев во американската Влада јас многу силно ќе притискав да дојдеме до тоа, вели потпретседателот на Атланскиот совет.


Државните институции што се вклучени во проектот интероперабилност со кој се овозможува меѓусебна електронска размена на податоци досега спровеле 35.202 постапки, преку кои на граѓаните им ги намалиле административните бариери со одење по шалтери и им заштедиле време

СО П Р О Е К ТО Т И Н Т Е Р О П Е РА Б И Л Н О С Т СЕ ОВОЗМОЖУВА МЕЃУСЕБНА Е Л Е К Т Р О Н С К А РА З М Е Н А Н А П ОД АТО Ц И

ПРОЕКТ ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ

Д

ржавните институции што се вклучени во проектот интероперабилност со кој се овозможува меѓусебна електронска размена на податоци досега спровеле 35.202 постапки, преку кои на граѓаните им ги намалиле административните бариери со одење по шалтери и им заштедиле време. Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, сумирајќи ги резултатите од реализирацијата на проектот, што почна да се реализира пред една година. Преку проектот во име на граѓаните податоци по електронски пат разменуваат Централниот регистар, Агенцијата за катастар на не-

движности, Царинската управа и Управата за јавни приходи, а се планира вклучување и на останатите државни институции. Министерот Ивановски најави дека во текот на годинава со системот за интероперабилност ќе се поврзат и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Потоа ќе следат неколку фази со кои дел од системот ќе станат и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, управите за водење матична евиденција и за имотно правни работи, министерствата за транспорт и врски, за економија и за животна средина и прос23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

торно планирање и Градот Скопје. Во последната фаза се планира вклучување на министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, Основниот суд Скопје 2 и Управниот суд. Паралелно со тие активности со консултанти од ЕУ се разгледуваат и техничките капацитети за вклучување и на сите државни инспекторати, за што се очекува анализа. Директорот на Централен регистар Ванчо Костадиновски истакна дека проектите што ги спроведува Министерството за информатичко општество и администрација со електронски поврзување на институциите се во насока на зголемување на ефикасноста при давањето услуги за граѓаните.


Прочка е ден исполнет со среќа, креативност и нови пријателства. Адреналинот е на највиско ниво. Маските претставуваат критика, радост, незадоволство, задоволство и.т.н. Секоја година за Прочка во недела во Прилеп се оддржува карневал со маски. И како и секоја година, традиционално во градот Прилеп, млади и стари „прочкари“ уште од изутрина маскирани се веќе на улиците. Групните и поединечни маски од рано изутрината се подготвуваа за големото дефиле напладне во рамки на 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“.

Д

енес е Прочка. Прости ми да ти простам. Македонските христијани денеска го започнаа овој ден со насмевка и барање на прошка. Денеска лутите непријатели ќе си пружат рака, замерените пријатели ќе се прегрнат, а скараните познаници ќе си климнат со главите. Но прочка во Македонија најрепрезатативно се прославува во градот Прилеп. Звуците на тапани во комбинација со пагански маски го означија денешниот ден, како што го означувале векови наназад. Атмосферата можат да ја почувствуваат само тие кои на овој ден се во Прилеп. Прочка е ден исполнет со среќа, креативност и нови пријателства. Адреналинот е на највиско ниво. Маските претставуваат критика, радост, незадоволство, задоволство и.т.н. Секоја година за Прочка во недела во Прилеп се оддржува карневал со маски. И како и секоја година, традиционално во градот Прилеп, млади и стари „прочкари“ уште од изутрина маскирани се веќе на улиците. Групните и поединечни маски од рано изутрината се подготвуваа за големото дефиле напладне во рамки на 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“. Голем број гости од земјава

Д Е Н Е С К А Л У Т И Т Е Н Е П Р И Ј АТ Е Л И Ќ Е С И П Р У Ж АТ РА К А , З А М Е Р Е Н И Т Е П Р И Ј А Т Е Л И Ќ Е С Е П Р Е Г Р Н А Т, А С К А РА Н И Т Е П О З Н А Н И Ц И Ќ Е С И К Л И М Н АТ СО ГЛ А В И Т Е

ДЕНЕС Е ПРОЧКА - ПРОСТИ МИ ДА ТИ ПРОСТАМ

и странство се во Прилеп да ги видат маскираните и познатите прилепски мечкари. Мечкарите, заедно со гостите од Воден Грција уште од зори го подготвуваат изненадувањето - заедничката маска. Според организаторите, локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“ денеска се очекуваа околу 3.000 маскирани 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013

лица. Парадата се одржа на булеварот „Гоце Делчев“, а стручна жири-комисија ги оценуваше и ќе ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски. Пристигнаа гости од сите карневалски градови од земјава и од Корча-Албанија, Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача сите од Србија, четири групи од Хрватска од кои две се од Брач и по една од Лудбрег и Риека, од Разлог-Бугарија, за прв пат учество земаа и групи од ПтујСловенија и од Воден-Грција. Во текот на вчерашниот ден парадираа мажоретките, жонглерите, пантомимичарите. Синоќа беше весело во кафулињата и во рестораните, а уште повесело ќе биде вечер на заедничката карневалска забава во градот.


- Сметам дека моите долгогодишни поддржувачи, фанови и вљубеници во мојата музика заслужуваат да ме видат по подолго време во моето препознатливо светло и да ги слушнат во живо хитовите што ја одбележаа нивната генерација и со кои зачекорија во светот на возрасните.

Д РА ГА Н М И Ј А Л К О В С К И ОДРЖА КОНЦЕРТ ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Л

егендата на забавната музика која ги постави темелите на поп правецот во Македонија Драган Мијалковски одржа концерт во Универзална сала. Придружуван од ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија, Мијалковски со концерт ќе го одбележи своето враќање на македонската музичка сцена. - Сметам дека моите долгогодишни поддржувачи, фанови и вљубеници во мојата музика заслужуваат да ме видат по подолго време во моето препознатливо светло и да ги слушнат во живо хитовите што ја одбележаа нивната генерација и со кои зачекорија во светот на возрасните. Емоциите се присутни насекаде, а возбудата расте секој ден сè повеќе и повеќе, изјави Мијалковски. Особено ми претставува задоволство, додава тој, што придружбата која ќе ме прати во текот на целата вечер е ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија, врвни музичари и големи професионалци. Ревискиот оркестар ќе ги засвири познатите звуци на песните на Мијалковски под диригентската палка на Кире Костов. Како гости на вечерта, кои со своето присуство дополнително ќе го подигнат амбиентот во Универзална сала се евровизискиот претставник Влатко Лозановски и Тамара Тодевска. Драган Мијалковски, во текот на својата долгогодишна музичка и естрадна кариера има отпеано голем број хитови. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне „Кажи ми“, „Кажи нешто драга“, „223 – 305“ и најновата со која се претстави на Скопскиот фестивал 2012, „Било кој“.

КОНЦЕРТ НА ЛЕГЕДАТА ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 774 / Март 2013


774  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you