Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 769, Октомври 2012

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

БИЛ ПАСКРЕЛ: МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

ОТВОРЕНА ФАБРИКА НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА "КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС"

МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, КНИГА ЗА ЕДЕН ЦРН ПЕРИОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Г. Г. С Т Е ФА Н ГО П ОЗ Д РА В И П Р Е Д Л О ГОТ Н А С Р П С К И ОТ П Р Е ТС Е Д АТ Е Л


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

По сите прошетки што ги направи Еврокомесарот за проширување неизбежно беше и да намине и кај нашиот источен сосед каде, се разбира, топ тема беше Македонија, главно како адреса на која источнососедскиот државен врв ги насочи своите поплаки. Но одговорот на еврокомесарот и за двете земји беше изненадувачки-Македонија доста чекаше пред затворените порти на ЕУ и НАТО. По ова следеа бурни негодувања од страна на нашиот сосед, па оттука произлегоа многу претпоставки односно многу прашања од типот - Ќе ги пеглаат ли Бугарија и Македонија отворените прашања на преговарачка маса под притисок на Европската унија? Ќе има ли некаков меморандум за разбирање и со Софија откако добрососедските односи со оваа земја ни влегоа како услов за членството во ЕУ. Ќе го имаме ли истиот проблем како со нашиот јужен сосед? Бугарскиот претседател соопшти дека, по барање на еврокомесарот, двете влади наскоро треба да ги стават на маса сите проблеми, но и идеи за подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија. Што се однесува до нас, како што вели нашиот шеф на дипломатијата, ние сме исклучително искрени во односите на градење добри односи со сите наши соседи. Тоа е наш највисок приоритет и во една таква клима мислиме дека треба да се градат односите од аспект на заедничката иднина, која очекуваме да ја имаме во рамките на ЕУ. Како за почеток и македонскиот дипломат и македонскиот претседател сметаат дека европска е идејата за заедничка прослава на Софија и Скопје на Денот на Европа и настани и личности од историјата. Тоа ќе покаже колку земјите се посветени на Европската унија како најуспешен мировен проект на стариот континент. Јас се сложувам со оваа идеја. Со респект кон двата народа за подобро во иднината, а минатото? Нека се спомене и минатото, зошто да не, ако некои грешки се признаат од минатото, па Македонците да бидат признаени. Добро ќе биде и за Македонија и за Македонците во Пирин, нели? Конечно слободно ќе слават со македонски знамиња без страв. Еее, ама на нашиот источен сосед нешто не му штима. Не сака да слави европски датуми со Македонија. Баш штета. Ова ми личи како да во Софија пристигнал некој европеизиран абер. Па таа плоча официјална Софија ја врти повеќе од еден век. Веќе станува многу појасно што всушност ним им пречи во денешна Македонија - бараат отворени врати за бугаризација на Македонците, што не ги признаваат како посебен етнос, на обезличување на нивната историја, јазик, фолклор, култура. Со други зборови, откако им пропаднаа воените окупации и инфилтрирањето во македонскиот национален сегмент со изпроблематизираната влада, сега се настрвени за духовно подјармување и обезличување на Македонците. Не благодарам, драги наши соседи. Како велат на сила љубов не бива! А, не знам па и што толку ние се трудиме ЕУ да не засака, а со нив и нашиот источен па и јужен сосед, кога е очигледно за што се залагаат тие, очигледно е кои се нивните “вредности“. Едноставно да кренеме глава, да си ги засукаме ракавите и да си создадеме подобра иднина за самите нас, за нашата Македонија, тоа е најдоброто решение.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


- Ја разбирам сензитивноста на проблемот со името, ја разбирам и позицијата на Грција, се ми е јасно, разбирам дека се чувствителни на нивниот дел кој се вика Македонија, но исто така, разбирам дека на секоја земја треба да и биде дозволено да си се именува како што таа сака.

МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА Д А В Л Е З Е В О Н АТО

БИЛ ПАСКРЕЛ: МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО М

акедонија е подготвена да влезе во НАТО, а влезот не треба да се условува – особено не со промена на името за да стане членка и на северноатланскиот совет и на Европската Унија. Ова го истакнал американскиот конгресмен Бил Паскрел во еВести додавајки дека тоа не го прифаќа. - Ја разбирам сензитивноста на проблемот со името, ја разбирам и позицијата на Грција, се ми е јасно, разбирам дека се чувствителни на нивниот дел кој се вика Македонија, но исто така, разбирам дека на секоја земја треба да и биде дозволено да си се именува како што таа сака. На ова работиме уште од 1996, и се надевав дека овој проблем ќе биде решен, но САД,немаат право да кажат и да одредат конечно име што мора да се прифати,,, вели Паскрел.

Според него јасно е дека Стејт Департментот сака Македонија да се интегрира во евроатланските структури со што ќе си ја зацврсти економската позиција. - Јас лично не сум видел ништо што би индицирало дека дека Македонија сака да направи голема армија за да освои некоја територија. Тоа не е Македонија што јас ја познавам. Сигурен сум дека Стејт Департментот сака да биде дел од решението на спорот, и не сака да ги раздели двете засегнати земјите повеќе од што се сега. Луѓето ја поминуваат границата меѓу Грција и Македонија, секојдневно, водат бизнис секојдневно , се венчаваат, а за што зборуваме ние тука,, потен03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

цира конгресменот. Тврди дека македонската дијаспора во САД добро функционира и е влијателна. - Моите односи со нив се добри. Работам со Мето Коловски и со ОМД,со многу влијателни луѓе во Вашингтон, кои повремено доаѓаат во Њу Џерси.Разбираат дека јас сум конгресмен на сите, и дека нема поделба на една или на друга страна, помагам каде што мислам дека е тоа потребно. Паскрел го поддржува влезот на Македонија во НАТО, потенцирајќи дека македонскиот народ помогнал, Македонија како држава помогнала во секоја ситуација, вклучувајќи го и Авганистан. Вели Не беа обврзани да го сторат тоа,но го направија.Земјата нема голема армија, но секогаш се во мировните мисии затоа САД мора да биде тука и да и помогне на Македонија.


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, оствари работна вечера со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ на која ја истакнале својата посветеност на продолжувањето на градење на добрососедски односи и на соработката во областа на културата, образованието и останатите општествени дејности. Како што соопшти Кабинетот на премиерот, на средбата биле истакнати добрите билатерални односи кои постојат помеѓу двете земји, и била изразена посветеноста за нивно понатамошно надградување и динамизирање

НИКОЛА ГРУЕВСКИ  ТОМИСЛАВНИКОЛИЌ Н А РА Б О Т Н А В Е Ч Е РА

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТРИДНЕВНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

П

ретседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, синоќа оствари работна вечера со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ на која ја истакнале својата посветеност на продолжувањето на градење на добрососедски односи и на соработката во областа на културата, образованието и останатите општествени дејности. Како што соопшти Кабинетот на премиерот, на средбата биле истакнати добрите билатерални односи кои постојат помеѓу двете зем-

ји, и била изразена посветеноста за нивно понатамошно надградување и динамизирање. Премиерот Груевски го истакнал македонското искуство во поглед на реформите кои ги спроведува државата и кои наидоа на позитивни оценки од Европската Комисија во последниот извештај за напредокот на Република Македонија кој содржи позитивни квалификации за напредокот на земјата и препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската Уни04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

ја. Вчера за време на првиот ден од посетата на Македонија, српскиот претседател повторил дека е можно решение на скоро 50-годишниот црковен спор меѓу Македонската и Српската православна црква, но само доколку во него се вклучат и лидерствата на двете држави. Српскиот претседател Томислав Николиќ денес ја продолжи тридневната посета на Македонија. Со македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов во Валандово присуствуваа и на традиционалнатаманифестација "Ракијада".


Првичната инвестиција е планирана на 12 милиони евра со 200 вработувања, а доколку се успешни, таа ќе достигне до 25 милиони евра и 500 вработувања. Фабриката е изградена на локација од 4,4 хектари земјиште, а објектот зафаќа површина од 10 илјади метри квадратни.

ВО БУНАРЏИК БЕШЕ О Т В О Р Е Н А Ф А Б Р И К АТА Н А А М Е Р И К А Н С К АТА К О М П А Н И Ј А "КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС"

ОТВОРЕНА ФАБРИКА НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА "КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС"

В

о технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик беше отворена фабриката на американската компанија "Кемет електроникс". Првичната инвестиција е планирана на 12 милиони евра со 200 вработувања, а доколку се успешни, таа ќе достигне до 25 милиони евра и 500 вработувања. Фабриката е изградена на локација од 4,4 хектари земјиште, а објектот зафаќа површина од 10 илјади метри квадратни. Ова е четврта фабрика во Бунарџик. Камен-темелникот за нејзина изградба беше поставен на 30 јуни минатата година. Тогаш извршниот директор на Кемет електроникс, Пер Луф истакна дека идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата„Инвестирајте во Македонија“ што ја видел на Си-Ен-Ен. Фабриката во Бунарџик е прва инвестиција на "Кемет електроникс" во Европа. "Кемет електроникс" е еден од

најголемите светски добавувачи на производи што се користат во речиси сите електронски уреди. Компанијата е со седиште во Јужна Каролина. Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Ангалија, Финска, Шведска, Португалија, Индонезија, Германија, Бугарија, како и два истражувачко иновациски центри во САД и Германија. Произведува над 30 мили05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

јарди парчиња производи годишно, вклучувајќи и специјализирани уреди за индустрии од областа на авионската, автомобилската индустрија, комуникациски системи, компјутерска и воена опрема. Производството се мери во повеќе милијарди парчиња годишно и оваа година до март оствари продажба од над 1 милијарда американски долари.


авиокомпанијата го реализирана релацијата Скопје-Ајндховен. На таа линија "Виз Ер" треба да лета двапати неделно.

"ВИЗ ЕР" СО ЗИМСКИОТ Р Е Д Н А Л Е ТА Њ Е П О Ч Н A С О РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО ШЕСТ ЕВРОПСКИ ДЕСТИНАЦИИ

ОД СКОПЈЕ ДО ШЕСТ ЕВРОПСКИ ДЕСТИНАЦИИ СО "ВИЗ ЕР" ЕР " Н

искобуџетната унгарска авиокомпанија "Виз Ер" од денеска со зимскиот ред на летање почнa со реализација на летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската Влада. Првиот лет авиокомпанијата го реализирана релацијата Скопје-Ајндховен. На таа линија "Виз Ер" треба да лета двапати неделно. Два лета во текот на неделата ќе реализира и од Скопје до Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел. Според најавите од "Виз Ер", најевтините авиобилети во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра. За субвенционирање на "Виз Ер", македонската Влада, согласно потпишаниот тригодишен Договор, одвојува 306 милиони денари. Инвестицијата за старт со оперирање на новите дестинации, според првичните најави на раководството

на „Виз Ер“, ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места. Авиокомпанијата следната година планира да понуди и директни летови од Скопје до Брисел, Рим и до Барселона, но, според раководството, тоа ќе 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

зависело од потребите на македонските патници. Очекуваните ефекти од субвенционирањето, според критериумите, се во првата година да има најмалку 120.000 нови патници, односно по 10.000 месечно, најмалку 135.000 во втората година и 150.000 во третата година.


Предлогот на претседателот Томислав Николиќ да се надминат овие нарушените односи, да се разрешат постојните проблеми е предлог што заслужува да биде поздравен и да се почитува, иако во кругот на самата Српска црква веќе се поделени мислењата за тоа кои го поддржуваат и кои се против неговиот предлог, изјавил денеска архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан во Битола одговарајќи на новинарско прашање.

НИЕ ОЧЕК УВАМЕ ТОЈ ПРЕ Д ЛОГ В Е Р О Ј АТ Н О Д А Б И Д Е П Р О С Т У Д И РА Н И ВО КРУГОТ НА СПЦ , А СЕК АКО И К А Ј Н А С В О М П Ц И С ТА К Н А Г. Г. С Т Е Ф А Н

Г.Г. СТЕФАН ГО ПОЗДРАВИ ПРЕДЛОГОТ НА СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

П

редлогот на претседателот Томислав Николиќ да се надминат овие нарушените односи, да се разрешат постојните проблеми е предлог што заслужува да биде поздравен и да се почитува, иако во кругот на самата Српска црква веќе се поделени мислењата за тоа кои го поддржуваат и кои се против неговиот предлог, изјавил денеска архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан во Битола одговарајќи на новинарско прашање. Што се однесува на Македонската правослвана црква додал г.г. Стефан, сметаме дека секој добронамерен предлог што би ги поместил состој-

бите во кои се наоѓаме треба да се поздрави. - И во многу други случаи кога самата Српска црква се борела за своето обединување, делегацијата на СПЦ што била во Константинопол ја предводело цивилно лице, министер во владата на тогашна Србија. Тоа со други зборови значи дека и денес не треба да се от07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

фрлаат предлозите од цивилни лица, од претседатели, кои се добронамерни со своите предлози. Ние очекуваме тој предлог веројатно да биде простудиран и во кругот на СПЦ, а секако и кај нас во МПЦ, истакна г.г. Стефан, кој во Битола присуствуваше на канонизација на 40 Битолски преподобномаченици.


Sudstvo Oва е исклучително добра мерка која многу ќе помогне, а целта е да се натераат граѓаните наместо на судови да одат на медијација, која е поефикасна и побрза процедура

В

ладата воведува државни субвенции за решавање на спорови за медијација. Како што информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, ова е исклучително добра мерка која многу ќе помогне, а целта е да се натераат граѓаните наместо на судови да одат на медијација, која е поефикасна и побрза процедура. Оваа мерка е со цел странките да се уверат во пракса во бенeфициите од постапката за медијација, без притоа да трпат определени финансиски импликации. Политиките за развој и промоција на медијацијата, вклучително и овие мерки се прават во партнерство со Кралството Холандија која е лидер во Европа во сферата на медијацијата, што дава добра основа за квалитетот на мерките. анализите и практиката на Холандија покажаа дека за остварување на поголема ефикасност и ефективност на медијацијата од исклучително значење е медијаторот да поседува специфични знаења, вештини, искуство и компетенции. Тоа помага медијаторот да ја увиди суштината на спорот, афинитетот на странките и да изнајде балансирано решение кое би било прифатливо за странките и да го реши спорот. Затоа Владата преку законски измени ќе го подигне прагот за влез во сферата на медијација, односно ќе ги засили и зголеми условите кои треба еден медијатор да ги исполнува за да ја врши оваа значајна професија. Во нашата земја има вкупно 167 медијатори.

В Л А Д АТА В О В Е Д У В А Д Р Ж А В Н И СУБВЕНЦИИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ЗА МЕДИЈАЦИЈА

ДРЖАВНИ СУБВЕНЦИИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ЗА МЕДИЈАЦИЈА

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012


Како што нагласи Тодоров, цените на реагенсите се поголеми, а апаратот кој првобитно бил доделен гратис, преку нереално високите цени, неколкукратно бил исплатуван. Ист е случајот, рече Тодоров, и при сервисирање на апаратите и набавка на резервни делови, кои имале нереално високи цени.

СПРОВЕДЕНА Е ЈАВНА НАБАВКА ЗА ТРИ ЈАВНИ З Д РА В С Т В Е Н И У С ТА Н О В И

М

инистерството за здравство реализираше тендер за набавка на опрема за реагенси, како дел од мерките за подоброто искористување на расположливите средства. Спроведена е јавна набавка за три јавни здравствени установи, во скопската населба Драчево, во Виница и на Инфективна клиника, за набавка на реагенси, но преку тендер. Анализите констатирале дека јавните здравствени установи спроведуваат набавка со која добиваат гратис апарати од компаниите за трговија и продажба на реагенси, информираше денес министерот за здравство, Никола Тодоров. Како што нагласи Тодоров, цените на реагенсите се поголеми, а апаратот кој првобитно бил доделен гратис, преку нереално високите цени, неколкукратно бил исплатуван. Ист е случајот, рече Тодоров, и при сервисирање на апаратите и набавка на резервни делови, кои имале нереално високи цени. Главните негативности на досегашниот концепт се високите средства, а во период од три години целата обврска за сервисирање и замена на резервни делови е на товар на компанијата која ја нуди оваа опрема.

МИНИС ТЕРС ТВОТО

ЗА ЗДРАВС ТВО СО НОВ ТЕНДЕР - НАБАВК А НА ОПРЕМА ЗА РЕАГЕНСИ

09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012


Во годината кога се одбележуваат 100 години од почетокот на балканските војни. Период кога се случуваат најцрните, најтрагичните настани кај сите балкански народи, но пред се најтрагичните настани во историјата на македонија и македонскиот народ.

М

акедонија и балканските војни 1912-1913 година е најновата книга на Славчо Ковилоски, книга која излегува во годината кога се одбележуваат 100 години од почетокот на балканските војни. Период кога се случуваат најцрните, најтрагичните настани кај сите балкански народи, но пред се најтрагичните настани во историјата на македонија и македонскиот народ. Промоторот на книгата Здравко Стојкоски потенцираше дека балканските војни претставуваат војни за освојување на територии, војни за проширување на територии на балканските земји, и како резултат на тоа најголемиот дел од овие балкански војни се водат на територијата на Македонија при што македонскиот народ е најголемата жртва. Книгата на Славчо Ковилоски дава една нова светлина, еден нов поглед кон балканските војни и ги доближува темните настани за македонскиот народ. Оваа книга нема за цел да ја раскаже историјата на балканските војни. Главна намера на авторот Ковилоски е преку фотографии и текст да даде свој придонес во истражувањето на војните. Изданието е реализирано со поддршка на Општина гази баба по повод 100 годишнината од балканските војни и од поделбата на македонија. За да се памети и да не се заборави, градоначалникот на Општина Гази баба, Тони Трајковски излезе во пресрет на идејата за одбележување на овој значаен настан.

МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ 19121913 ГОДИНА Е Н А Ј Н О В АТА К Н И ГА Н А СЛАВЧО КОВИЛОСКИ

МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, КНИГА ЗА ЕДЕН ЦРН ПЕРИОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше обраќање пред министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа во рамките на 8-та Министерска конференција за културно наследство во Југоисточна Европа

" Н Е М АТ Е Р И Ј А Л Н О ТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ОД РЖ Л И В О Т РА З В О Ј "

М

инистерката за култура Елизабета КанческаМилевска денеска имаше обраќање пред министрите

ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО за култура на земјите од Југоисточна Европа во рамките на 8-та Министерска конференција за културно наследство во Југоисточна Европа, на тема „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој” која вчера и денеска се одржува во Софија, Република Бугарија. Во своето обраќање Канческа-Милевска истакна дека одржувањето на конференцијата ја покажува заложбата на земјите од ЈИЕ меѓусебно да соработуваат во рамките на УНЕСКО, Европската Унија, Советот на Европа и, воопшто, како земји-соседи кои на пријателски и демократски начин ги споделуваат заедничките потреби, иницијативи и вредности во доменот на културата и културното наследство. Министерката за култура информираше дека една од најприоритетните заложби на Владата на

Република Македонија е заштитата на културното наследство и валоризација на неговите потенцијали. Таа подвлече дека Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство која успешно е имплементирана на национално ниво во Законот за заштита на културното наследство. ,,Досега во Република Македонија под заштита се ставени 40 добра кои се однесуваат на дијалектите и говорите на македонскиот јазик и на другите јазици во Македонија, топонимите, народните песни и ора, обичаите и др., а дваесет и пет нови апликации за прогласување се во процедура. Исто така, соочени со ризикот дека формите на духовното наследство со текот на времето можат да исчезнат, Министерството 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 769 / Октомври 2012

за култура, преку своите годишни програми, редовно ги поттикнува и ги поддржува активностите на своите институции, невладините здруженија, поединците и фолклорните ансамбли од сите етно-региони на државата кои го негуваат, евидентираат и го презентираат духовното културно наследство, истакна министерката Канческа Милевска. Таа потенцираше дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да обезбедува поддршка за развој на програми за негување, меморирање и популаризација на духовното културно наследство. Во рамките на конференцијата се очекува да биде донесена и заедничка декларација на министрите за култура на Југоисточна Европа за „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој”.


769  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you