Page 1


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Emisijata "Vo Centar" ~ij kreator e po mnogu ne{ta prepoznatliviot Vasko Eftov do pred nekoe vreme predizvikuva{e najrazli~ni razmisluvawa, komentari ponekoga{ pozitivni, ponekoga{ negativni (za kogo kako) odnosno koj kako }e ja sfati poentata. Temi najrazli~ni, frapantni, me|utoa poslednata vo koja se na~na "Makedonija vo racete na tajnite slu`bi" i koja trgna vo pogre{en pravec, navistina krena golem prav na negoduvawa. Emisijata be{e preplavena od otrov i negativnost od strana na nejziniot inicijator - Vasko Eftov, a na udar be{e makedonskiot identitet i dr`avnost. Gospodinot Vasko koj na golemo tvrdi deka nie sme bile Sloveni, a ne Makedonci so anti~komakedonski geni, tolku mnogu si gi krena akciite {to drsko, bezobrazno i bez trunka po~it gi napadna, omalova`i, potceni i {to e najtragi~no gi poni`i makedonistite Slavko Mangovski i Mane Jakovleski. Od druga strana, se pra{uvam so kakvo zadovolstvo Vasko Eftov go soslu{uva velikobugarinot Krasimir Karaka~anov, a so kakva podlost komunicira so na{ite Makedonci koi postojano i vo sekoja mo`nost gordo ka`uvaat i gi doka`uvaat makedonskite aleksandrovi koreni, samo nemaa mo`nost, za `al, toa da go potvrdat i vo negovata emisija zatoa {to ednostavno nemo`ea od nego da dojdat do zbor. Gospodine Vasko, za kogo ovoj pat ja odraboti emisija? Vo koja dr`ava `ive{, pa taka podlo govori{ za Makedonija i ne bira{ sredstva i zborovi kako da ne poni`i{ nas, Makedoncite. Se pra{uvam dali vo vas ostanalo ronka od ne{to makedonsko. Do skoro Vasko go smetav za dobar Makedonec, no vo posledno vreme... Vasko ne mi e jasen - zo{to i {to saka{e da poka`e, doka`e - deka ima kodo{i? Sekoj }e pomisli i }e ka`e spored negovoto deka se mo`ni kodo{i. Gi ima. No vo emisijata se poka`a sprotivnoto. Kako toj raboti protiv svojot narod i dr`ava ocrnuvaj}i sekoj koj e za makedon{tinata i antikata kako naslednici na Filip i Aleksandar Makedonski. Neka mu e na ~est i na nego i na negovite mentori. Vistina, Makedonja za `al imala, ima i }e ima mnogu kodo{i, no ima i dobri lu|e koi imaat se u{te patriotski srca. Verojatno go znae{ toa gospodine Vasko!!!

\or|ija - Xorx Atanasoski


Австралискомакедонскиот комитет за човекови права дојде до доверлива препорака од 2009 година наменета за австралискиот министер за надворешни работи во однос на македонскогрчкиот спор. "…Грција на крајот ќе мора да ја прифати употребата на ‘македонски’ за да се опише националноста и етничката припадност…"

"ГРЦИЈА НА КРАЈОТ ЌЕ МОРА ДА ЈА ПРИФАТИ УПОТРЕБАТА НА ‘МАКЕДОНСКИ’"

О

ва е дел од содржината на доверливиот документ на австралиската влада што Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) го доби повикувајќи се на одредбите за слободниот пристап на информации. Се работи за препораката на Оделот за надворешни работи од 26 мај 2009 година, подготвена за потребите на министерот за надворешни работи, а се однесува на македонско-грчкиот спор. Документот, иако во голем дел е редактиран од безбед носни причини, содржи и информации за директивата на австралиската влада од 1994 година Македонците во оваа земја да се именуваат како „славомакедонци”. Во препораката пишува дека евентуалната промена на по литиката на австралиската влада во однос на „славомакедонската директива” може да доведе до реакција од грчката влада и грчката заедница во Австралија”, кои ќе се загрижат од евентуалната промена на политиката,

и дека таа промена би ја довела во предност Република Македонија. На 13 февруари годинава АМКЧП објави дека по долгогодишно лобирање, австралиската влада конечно ја повлече дискриминаторската и расистичка „славомакедонска” директива со која ја преименуваа македонската заедница во 1994 година. Во врска со одбивањето на Грција да го прифати официјалното име на Република Македонија, Владата на Австралија ги охрабрува двете страни да најдат заемно прифатливо решение. АМКЧП ја охрабрува Владата на Австралија да ги пренесе своите совети до Владата на Грција дека „на крајот ќе мора 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / Март 2012

да ја прифати употребата на придавката македонски”. Овој совет, смета комитетот, ќе треба да се прошири и да дојде до неизбежното прифаќање на името Република Македонија од страна на Грција. Досега повеќе од 130 земји (две третини од членките на ОН) го признаа официјалното име на Република Македонија. И покрај фактот дека сите големи сојузници на Австралија ја признаа Република Македонија под уставното име (САД, Канада…), како и други сили, како што се Русија, Кина и Индија, Канбера продолжува да ја користи т.н. „привремена референца”. АМКЧП е задоволен од актуелната промена на политиката на Владата на Австралија во однос на македонската заедница во оваа земја и ја повикува да го преземе единствениот разумен чекор за признавање на Ре публика Македонија под уставното име. Истовремено комитетот ја повикува македонската влада да ги прекине разговорите со Грција.


НИМИЦ ДОЈДЕ И ЗАМИНА, ПРЕДЛОГ НИКАКО НА ПОВИДОК

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за прашањето за името на Македонија, Метју Нимиц на 20 и 21 февруари ја посети Македонија. Тој оствари

средби со македонскиот државен врв, првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / Март 2012

П

о средбата со Груевски, Нимиц рече дека не доаѓал во Скопје со нови предлози, туку со намера за изнаоѓање начин за забрзување на преговорите за решавање на ова прашање колку што е можно побрзо. "Нема поента во изнесувањето предлог ако тајмингот не е погоден. Затоа ќе проценам што ќе правам


по посетата на Атина и тогаш, можеби ќе контактирам со двете страни за тоа што би било најдобро да се преземе во наредните месеци", изјави медијаторот. Нимиц од министерот за надворешни, претседателот Иванов и премиерот Груевски добил уве рување дека Македонија сака брзо решение за името. "Спорот треба да се надмине и тој процес треба да го помогне меѓународната заедница бидејќи станува збор за регионално прашање за безбедноста не само во регионот туку и пошироко", додаде Нимиц. Македонската власт инсистирала да се почитува одлуката на меѓународниот суд на правдата во Хаг, Грција да не го блокира приемот на Македонија во меѓународните организации под привремената референца. Но Нимиц вели дека не може да одговори дали очекува тоа да се случи во реалноста. "Вие сте членка на многу меѓународни организации под референцата. Но, зависи од секоја организација како ќе го третира тоа, јас не би можел да кажам. Нема ништо во резолуциите или во времената спогодба за идентитетот на народот. Моето гледиште е дека народот на оваа земја имаат идентитет, нивно е да го утврдат својот идентитет. Не е мое да утврдувам нечиј идентитет. Ова не е прашање

за идентитетот на народот, туку е прашање за името на државата согласно резолуциите на ОН и членот 5 од времената спогодба", заклучи медијаторот. Претседателот Ѓорге Иванов ден по посетата на Нимиц рече дека Македонија е секогаш конструктивна и секогаш придонесува во изнаоѓање заемно прифатливо решение. Според Иванов, со самата изјава на Нимиц беше укажано дека Македонија е посветена на ова што трае веќе една и пол деценија. “Ако ја согледате состојбата меѓу обичните граѓани на Грција и на Македонија, таа е сосема поинаква. Исчезнуваат стравовите и предрасудите од минатото. Гледате и самите кога одите во Грција. Меѓу граѓаните нема никакви негирања и оспорувања. Овој проблем е создаден од политичките елити, кои го користеле за политички цели. Некои грчки политичари направија политички кариери држејќи го отворено ова прашање. Треба да ги согледаме сите димензии на сево ова. Ние сме тие што сме засегнати и трпиме поради тоа што Грција има проблем со нашето име. Ние немаме проблем на кого да докажуваме кои сме, самите знаеме кои сме и што сме”, истакна претседателот Иванов. По посетата на Македонија, Нимиц замина во Грција каде на 22 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / Март 2012

февруари се сретна со премиерот Лукас Пападимос и со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас. Нимиц, по средбата со Димас изјавил дека добил уверување оти Владата на Грција има искрена желба за решавање на спорот за името. Димас го охрабил и да ги продолжи напорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение во рамки процесот што се води под покровителство на ОН. Нимиц рече дека моменталната ситуација со грчката економија и претстојните избори не треба да влијаат на преговарачкиот процес што се води во рамките на Обединетите нации. "Го разбирам предизвикот со кој се соочува Грција, но во моментов во Атина има функционална влада, која може да се соочи со предизвиците што ги носат разговорите за решавање на спорот околу името", додаде Нимиц. Во меѓувреме, Јоргос Караџаферис лидерот на ултрадесничарската партија ЛАОС која партиципира во Привремената влада во писмо упатено до Димас бара за евентуалното решение за името да се изјаснат грчките граѓани на рефе недум. Тој воедно побара и сос танок на парламентарниот Комитет за надворешни работи и одбрана на кој би биле разгледани последните случувања во разговорите за името.


Независни експерти на ОН го препорачаа воведувањето на македонскиот јазик во бугарскиот образовен систем и почитувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права за регистрација на политичките партии.

П

артијата на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и Бугарија ОМО Илинден ПИРИН заедно со Австралиско-македонскиот ко митет за човекови права (АМХРЦ) и македонското Меѓународно движење за човекови права (МХРМИ) го поздравија извештајот на Независните експерти за малцински прашања на ОН за ситуацијата во Бугарија. Експертите на ОН забеле жу-

ОН ЗА П РА В АТА НА МАКЕДОНЦИТЕ В О БУ ГА Р И ЈА

ваат дека: „Членот 54 од бугарскиот Устав вели дека „сите ќе го имаат правото да ги користат националните и универзалните човечки културни вредности и да ја развиваат сопствената култура во согласност со нивното етничко самоопределување, кое ќе биде признаено и гарантирано со закон”. Сепак, владата го негира постоењето на етничко македонско малцинство, и не ги признава Помаците (кои владата ги смета за муслимани што го зборуваат бугарскиот јазик) како посебно малцинство – тврдејќи дека двете групи се всушност етнички Бугари. Претставници на тие што се идентификуваат како етнички Македонци и Помаци тврдат дека нивните малцински права постојано се 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / Mарт 2012


нарушуваат. Етничките Македонци сметаат дека признавањето на нивниот етнички идентитет и различноста е од клучно значење. Претставниците на заедницата остро се спротивставуваат на резултатите од пописот кои прикажуваат многу мала и опаѓачка бројка на Македонци и тврдат дека реалната состојба е неколку пати поголема од прикажаната. Македонскиот јазик не е признан и не се учи во училиштата и Македонците немаат претставници во Националниот совет за соработка за етнички прашања и интеграција”. Независните експерти упатија неколку значајни препораки во однос на признавањето на македонското малцинство во Бугарија. „Во согласност со уставните провизии за почитување на правото за етничко самоопределување, владата треба да го обезбеди и заштити ова право, како и правата за слобода на изразување и слобода за здру жување на членовите на маке донското и помачкото мал цинство. Политиката во однос на признавањето на правата на малцинските групи мора да бидат ревидирани во согласност со државните обврски според законот за меѓународни човечки права. Членот 27 од Меѓународниот договор за цивилни и политички права вели дека „во оние држави во кои постојат етнички, верски и јазични малцинства, на луѓето што им припаѓаат на тие малцинства не смее да им биде оспорено

правото, во заедница со другите членови на нивната група, да ја практикуваат својата култура, да ја изразуваат својата вера, или да го користат својот јазик”. Прашањето за постоењето на малцинства е решено од страна на Комитетот за човечки права во својот генерален коментар бр.23 (1994) за правата на малцинствата. Точката 5.2 вели дека „постоењето на етнички, верски или јазични малцинства во одредена држава не зависи од одлуката на самата држава, туку треба да се определи според независни критериуми”. Правото на индивидуалците слободно да се идентификуваат како припадници на етнички, верски или јазични групи поради тоа е определено со меѓународните закони. Домашното право треба да ги признае таквите права и да обезбеди ниту еден индивидуалец или група да не биде ставен во споредна позиција или да трпи дискриминаторски однос на основа на нивниот слободно избран идентитет како припадник (или не) на етничка, верска, јазична или друга група”. За бугарското одбивање да се потчини на наодите на Европскиот суд за човечки права, мислењата на независните експерти се експлицитни: „Бугарија треба целосно да ги прифати наодите на Европскиот суд за човечки права (ЕЦХР) во однос на лицата што припаѓаат на таквите заедници и да ги имплементира пресудите без понатамошно одложување”. Независните експерти исто така препорачуваат и внесување 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / Mарт 2012

на македонскиот јазик во бугарскиот образовен систем: „Владината позиција да не се дозволи употреба на мајчините јазици како образовен јазик во училиштата, особено во регионите каде малцинствата се мнозинство или сочинуваат голем дел од населението, е проблем за малцинствата, вклучувајќи ги Циганите, турските муслимани и Македонците. Двојазичното образование кое би почнало уште од најраните години на образованието би им помогнало на децата во користењето на мајчиниот јазик како и на бугарскиот. ОМО Илинден Пирин е поличка партија која се бори за правата на македонското малцинство во Бугарија. Таа е забранета од 2000, и покрај пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2005 дека одлуката е во спротивност во Европската конвенција за човечки права.Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг безуспешно реагирал до Софија, со барање Македонците да бидат претставени во бугарскиот Национален совет. Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг во последните видувања испратени до бугарската влада во делот за македонското малцинство констатира дека тие исто како и Помаците, „се уште не се претставени во бугарскиот Национален совет за соработка по етничките прашања и интеграцијата”. Тој ги повикува бугарските власти да го исправат пропустот во тесна соработка со претставниците на овие заедници и тие да имаат претставници во него. Томас Хамарберг изразува и загриженост поради тоа што здруженијата на Македонците од Бугарија и понатаму имаат тешкотии при нивната регистрација. Комесарот притоа е свесен дека обидите за повторна регистрација на ОМО Илинден-Пирин беа неуспешни. Тој препорачува да се најде решение за овој случај, со отворен и искрен дијалог во согласност со нормите на Советот на Европа.


Пред една година, како двоброј за март и април, беше отпечатен првиот број на весникот на Македонското друштво „Илинден” од Тирана. Весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Македонија.

ВЕСНИК ЗА ЖИВОТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Веруваме дека истата реакција е предизвикана и меѓу македонското население во Република Албанија, како и меѓу македонската дијаспора ширум светот, се вели во соопштението потпишано од претседателот на Македонското друштво „Илинден” од Тирана,

Никола Ѓурѓај. Досега се излезени седум броја на весникот, кој, генерално, објавува теми од животот на Македонците во Албанија, теми кои се однесуваат на политичките случувања кои директно влијаат на животот на македонското население 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / МАРТ 2012

во оваа земја. Издвачите на весникот очекуваат ваквата активност да биде соодветно поддржана, не само од научната, туку и политичката јавност во Република Македонија, како и од Македонците ширум светот.


Мечкари кои бркаат зли духови, Марко Крале и Црна Арапина во бој за ослободување три синџири робје, жонглери, принцези и уште голем број на маски направени со неизмерна фантазија проследени со неизбежните зурли и тапани викендов се појавија на 12- тиот меЃународен карневал "Прочка 2012" што се одржа во градот под марковите кули-Прилеп.

12 - ти МЕЃ УНАРОДЕН КАРНЕВАЛ "ПРОЧКА 2012"

"МЕЧКАРИТЕ" ПОВТОРНО ИГРАА ПОД ГРАДОТ НА МАРКОВИТЕ КУЛИ Н

а годинашниот интернационален карневал во Прилеп што се одржува на верскиот празник Прочка, имаше над две илјади учесници, а на прилепчани не им пречеше студеното и врнежливо време да ја продолжат традицијата. Прилепчани, а и голем број гости од Украина, Холандија, Белгија, Албанија, Бугарија, Хрватска, уживаа или беа дел од 158 маски. Во Прилепскиот атар (селата) Прочка се изведува како 'бабари', 'мечкари', 'василичари' и во секое село се уште е свежа трагата на тие празнувања. Тоа се случува и во градот. Самиот празник всушност симболизира суштина, драма или мит за настанувањето на светот (космогонски мит и обичај) и објаснува како старите народи го објаснувале настанокот на светот - со хаосот, по кој се родил поредокот. Затоа, овој празник го означува заедништвото на луѓето и на демоните. Денес демоните се овде со нас. Тие се духови на предците, ламји, караконџули, вампири, сеновити животни... Најдобро нивниот лик Ќе се види преку 'мечкарите', кои (по народното убедување) се демоните, кои дошле овој ден да им помогнат на своите праправнуци во преживувањето. Тие плашат, но и плодат. Нивната улога е да предизвикаат добра и родна година, берикет, плодност на добитокот, природата и луѓето. Празникот "проштени поклади" кај

нас познат како Прочка е првиот предвесник на големиот христијански празник Велигден и го означува предвечерјето на Големите пости за пречек на датумот на Христовото раЃање. Прочка паЃа 7 седмици пред Велигден и е последен ден од велигденските пости. Долго време, обичајот кој е црковен и народен празник, е на малите но и на големите - празник на сите оние кои сакаат на момент да побегнат од сопствената кожа и да бидат нешто друго, барем на еден ден. Денес карневалот си го посветуваме себе си, на нашиот хир со надеж дека ќе измамиме смеа и расположение на 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 764 / МАРТ 2012

нашите лица и ќе удриме уште еден камен на темелот на зачувувањето на традицијата. Карневалот професионално се организира веќе 12 години, на почетокот скромно и достоинствено, но последниве години со голема помпезност, големо дефиле, придружна програма и многу награди. На прилепскиот карневал беа присутни и првите луЃе на Европската федерација на карневалски градови. Прилеп, годинава Ќе биде домаќин на меѓународната конвенција на Федерацијата на европски карневалски градови, што ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни.


764  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you