Page 1


СОДРЖИНА ИНТЕРВЈУ СО МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ АГАТАНГЕЛ Не тргувајте со благодетта наша божја

18

АНАЛИЗА Што тоа навистина се случи? 24

ИНТЕРВЈУ Роден да биде дел од 30 светското небо

†СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

„И нависина, голема е ајната на обожноса, Бог се јави во ело!” 8 Македонија е ретко место на земјината топка што поседува идентитет сама по себе. Таа му припаѓа на оној народ што го има положено своето, пред портите на нејзиното Големо и гордо име. Како што тоа го сторивме ние, денешните Македонци, продолжувачи на континуитетот и идентитетот втемелен од античките Македонци. Цивилизациска придобивка вградена во светската културно-историска ризница која нас Македонците најмногу нè задолжува и обврзува.

10 ГОДИНИ " МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"

Визијата се преточува во реалност

10

КУЛТУРА Корифеј на македонската јазична одисеја 38

Гоце Делчев:

ДИЈАСПОРА Со гласот ја носи татковината за печалбарите

40

НАРЕДНИОТ БРОЈ "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ" ИЗЛЕГУВА НА 14.1.2005. Издавач: НИП

Соработници:

"Македонско сонце" - Скоје Oсновач:

Ѓорѓија - Џорџ Аанасоски

Директор:

Елизабеа Андоновска

Главен и одговорен уредник:

Ренаа Маеска

Заменик главен и одговорен уредник:

Силвана Блажева

Љубомир Д. Фрчкоски Билјана Ванковска Љубомир Кекеновски Тачко Локвенец Данило Коцевски Живанка Филиовска Александар Донски

Дописник од Европа:

Гоце Дураноски

"Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец".

Дописник од САД:

Славко Манговски

Технички уредник:

Синиша Кариќ

Редакциски колегиум:

Кокан Сојчев Жаклина Миевска Милева Лазова Мишко Талески Ружица Гочевска Мирослав Георгиевски Аниа Димова

Помошник на техничкиот уредник:

Владимир Сојковски

Дактилограф:

Зорица Кмеовска

Секретар на Редакцијата:

Сузана Јосифовска

Дистрибуција:

Миле Оцевски

Адреса: Редакција “Македонско сонце” ул. "Ленинова" бр. 87, 1000 Скопје, Р Македонија. Тел: ++389 2 3130-137; Факс: ++389 2 3130-377; е-пошта: redakcija@makedonskosonce.com; Жиро-сметка 200001070137263 - ДНИД “Македонско сонце” - Скопје; Единствен даночен број: 4030995235235 - Стопанска банка; Девизна жиро-сметка: Za "Makedonsko sonce" MACEDONIA; Bank name: Stopanska Banka A.D. - Skopje; Bank number: STOBMK2X, ID number: 1574718. Претплата за Македонија: годишна 2.300 ден, полугодишна 1.100 ден, тримесечна 600; Претплата за Европа: - годишна 120 ЕУР, полугодишна 70 ЕУР; Претплата за САД, Канада : - годишна 150 USD, полугодишна 80 USD, Австралија и Нов Зеланд : - годишна 150 АUD, полугодишна 80 АUD. Во претплатата се вклучени ПТТ трошоците. Печати: "ЕВРОПА 92" Кочани РАКОПИСИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ Според мислењето на Министерството за култура број 08-3773/2 од 24 мај 1995 година и согласно чл. 30 став 8 од Законот за додадена вредност, македонскиот светски неделник “Македонско сонце” е производ, за којшто се плаќа посебна повластена даночна стапка од 5 отсто. 5 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


МАКЕДОНСКАТА САГА

H

адежта последна умира или како што рекол писателот Карл Менингер: "Надежта е скромна, понизна, несебична, таа навестува напредок, таа е авантура, чекор напред - сигурна потрага по подобар живот". Со многу надеж за поубава иднина ја дочекуваме 2005 година, а се збогуваме од 2004. Покрај сите негативности, падови и грешки на годината која измина, она што ќе ја направи забележана секако е новата страница на нашата историја која се случи дента кога САД нè признаа под уставното име. Заташканата, прикриваната, изобличуваната вистина за МАКЕДОНИЈА си го наоѓа своето место под сонцето. И светот ја осознава вистината за нашето постоење. Се затвора устата на оние кои со омраза и со злоба го оспоруваа постоењето на македонската нација, јазик, историја и култура. Признавањето на нашето уставно име од страна на другите држави ќе си дојде само по себе, а останува ние само да си ги средиме домашните проблеми и тешкотии. Откривањето на тешкотиите е доказ за остроумноста, но уште поголема остроумност е да се најде излез за нив. А Република Македонија, цела 2004 година ги бараше, ги детектираше проблемите, а тие само се напластуваа и множеа. Проблеми на политички, на економски план, чаре не можеше да се најде. Ако политички доживувавме колапси и доминација на малцинството, чиишто желби беа закон за мнозинството, економски тоневме станувајќи кандидат за Гинисовата книга на рекорди со постојаниот пад на индустриското производство. А, во меѓувреме на политичката сцена продефилираа многу политички фигури со ветувања и ветувања дека сè ќе тргне на подобро, ама... Мудреците рекле дека лошото извршување не е толку опасно колку нерешителноста. Има луѓе кои се сосема неспособни да донесат одлука и на кои секогаш им треба поттик отстрана; често тоа не потекнува од неможноста за заклучување, кое кај нив е многу бистро, туку поради тоа што немаат сила за активност. Од друга страна, постојат луѓе кои од ништо не се збунуваат, кои опфаќаат сè со своето знаење и кои имаат решителен карактер. Но, за жал, таквите креативни луѓе со решителен карактер ретко можат да дојдат до израз! Воопшто не е некоја новост ако слушнеме дека Македонија е на дното од земјите во регионот по директни странски инвестиции. За 14 години независност, во Македонија по основ на директни странски инвестиции се слеани 1 милијарда и 145 милиони долари, најмногу во услужните дејности: телекомуникациите, банкарството и осигурувањето. Престрогата макроекономска политика актуелна повеќе од една деценија, неконкурентната пазарна структура, слабата ефикасност на државните институции, корупцијата, немањето бизнис визија итн... Ова се само дел од причините зашто Македонија е на дното од земјите во регионот по директни странски инвестиции. Актуелната Влада нема алтернатива освен алармантно будење на долги години заспаната економија. Но, за момент да заборавиме на лошите работи и во Новата година да си посакаме мир, среќа, благосостојба, љубов, разбирање, правдина... Да си посакаме сите Македонци да се сплотат под истото наше македонско сонце, поединствени од кога и да биле претходно. Тие од Пирин, Егеј, Голо Брдо, но и тие од Австралија, Канада, САД, Германија, Швајцарија... Сите Македонци низ кои тече крвта Александрова и низ чии гени е забележано едно богато минато, гордо да им ја пренесуваат македонската вистина на своите потомци. Пред нас е и големиот христијански празник за Христовото раѓање, Божик, кој не е само празник на минатото и на сегашноста, туку е празник на Божјата иднина... За многу години Македонци каде и да сте! За многу години наша Македонијо, поробувана, угнетувана, но секогаш храбра и достоинствена, бидејќи само ти можеш да родиш храбри синови, гордост за човештвото. Не залудно се вели дека папокот на светот е токму тука во нашата Македонија. Нека ни е честит Божик и Нова година, која ќе биде во знакот на македонската вистина и во знакот на нашето македонско сонце!!!

Од основачот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


†STEFAN PO MILOSTA BO@JA ARHIEPISKOP OHRIDSKI I MAKEDONSKI, ZAEDNO SO SVETIOT ARHIJEREJSKI SINOD NA MAKEDONSKATA PRAVOSLAVNA CRKVA, DO SVE[TENOSLU@ITELITE, MONA[TVOTO I VERNITE ^EDA NA MAKEDONSKATA PRAVOSLAVNA CRKVA, PO POVOD HRISTOVOTO RO@DESTVO - BO@IK, ISPRA]A ARHIPASTIRSKI BLAGOSLOV I MIR OD BOGA „I navistina, golema e tajnata na pobo`nosta, Bog se javi vo telo!” (1. Tim. 3, 16) Dragi na{i duhovni ~eda, Bo`ik - denot na ra|aweto na Hrista Spasitelot e denot vo koj se ispolni vetenoto od Boga i den po~etok na spasenieto. Hristovoto ro`destvo i kr{tenieto, propovedta i ~udotvorstvata, raspetieto i voskresenieto - se nastani od Bo`jiot plan za spasenie na lu|eto i na svetot. Na Bo`ik, ~ovekot, kako obraz i kako ikona Bo`ja, dobi mo`nost da se spasi i da se obo`i. So Hristovoto ra|awe na ~ove{tvoto mu se otkri Spasitelot i toa ve}e ja znae svojata cel, ja prepoznava i nasokata i patot po koj treba da ~ekori. Po ovoj den, za ~ovekot se otvorija nebesata, a svetosta i sovr{enstvoto od dale~ni mu stanaa bliski; i, toj, kone~no, mo`e nepre~eno da se nasladuva od duhovnoto i svoeto srce da go ispolnuva so ve~nost. Preku bogodadenata zakrila nadminata e nemo}ta i duhovnata siroma{tija na ~ovekot. Sinot Bo`ji stana Sin ^ove~ki, Bog se izedna~i so lu|eto i se ostvari zaednicata so ~ovekot. Pa, zar ima pogolema novost i pogolema vest vo istorijata na ~ove{tvoto: Bog se javi vo telo - Bog stana ~ovek!? Zatoa, na ovoj den ima i za{to da se raduvame! Na{ata nade` ve}e ne e besmislena: `ivotot dobi nova - ve~na vrednost. Gospod Isus Hristos, zemaj}i na Sebe ~ove~ko telo, Sebe si se poni`i i za~ekori po na{iot ~ove~ki pat. On, Koj e nad s# {to postoi, i e Car na slavata, izbra da se rodi vo pe{tera. On, Koj sedi na najvisokiot prestol, gi izbra za Svoi bli`ni napu{tenite i otfrlenite. Sinot Bo`ji mu prijde i mu se pribli`i na sekogo: so gladnite gladuva, so `ednite `eduva, so ta`nite taguva, nesre}nite gi ute{uva... Vozqubeni praznikoqubci, Bo`ik e den koga se potsetuvame na spasonosnoto Bo`jo delo, koe treba da se trudime da go poddr`uvame. Bo`ik e den koj n# povikuva da postavime nov po~etok vo na{ite `ivoti. Bo`ik e den koga celosno se predavame eden na drug, ja daruvame celata na{a qubov i celoto na{e bitie. Praznicite zatoa i postojat: vleguvaj}i vo radosta na na{iot Gospod, da navlezeme podlaboko vo verata i vo me|usebnoto razbirawe. Da se splotime site kako narod Bo`ji, da mu posvedo~ime na svetot deka nie - Makedoncite, imame ogromno duhovno bogatstvo. Toa go dobivame od Hrista Boga, najprvo preku apostolot Pavle i prvopokrstenata Lidija, kako i od na{ite svetii: Kiril i Metodij, Kliment i Naum, Nektarij i Agatangel, Zlata i Vasa, \or|i i Spaso, Gavril i Prohor, Nikodim i Ilarion i od site makedonski bogougodnici, koi sozdadoa cvrsti i zdravi duhovni osnovi me|u svojot makedonski pravoslaven narod. Dragi bra}a i sestri, Makedonskata pravoslavna crkva, na{ata dr`ava Republika Makedonija i makedonskiot narod i godinava bea raspnuvani i izlo`uvani na te{ki isku{enija. Nekoi sosedni narodi i


crkvi, zamisluvaj}i deka edinstveno tie go imaat pravoto nad pravdata, se obidoa, kako i mnogu pati dosega, da n# prisvojuvaat! Tie se podbivaa so na{ite crkovni i nacionalni ~uvstva, so na{eto makedonsko ime, so na{ite uspesi i postignuvawa. Licemerieto go stavija pred iskrenosta, cinizmot i omrazata pred qubovta, nepravdata pred pravdata, lagata pred vistinata, dnevnata politika pred kanonite i u~eweto na Svetata Crkva i svetite otci, ~ovekovoto mudruvawe pred bibliskata premudrost. Kako pri~ina za neprifa}aweto na na{ata Sveta Crkva go postavija nejzinoto ime, ne gledaj}i deka toa nivno opravduvawe ima samo ovozemna dimenzija, a ne crkovna i Bo`ja. Taka postapuvaat zatoa {to se zaslepeni od nacional-{ovinisti~kite idei i celi. A, nasilstvoto mu e tu|o na pravoslavnoto u~ewe! Koj nasilno i bez qubov i razbirawe postapuva, ne mo`e da se nare~e Hristov, a bogoqubieto i ~ovekoqubieto se daleku od nego. Vozqubeni ~eda vo Gospoda, Nie, Makedonskata pravoslavna crkva i makedonskiot narod, sme osobeno odgovorni pred na{ite predci. Morame da go ~uvame ona {to tie so maki i so `rtvi go spe~alile i ni go ostavile. Minatata godina go proslavivme golemiot jubilej na makedonskata dr`avnost - 60 godini od ASNOM, koga se postaveni temelite na vozobnovenata slobodna dr`ava Makedonija. Za Makedonskata pravoslavna crkva, pak, ASNOM e zna~aen po toa {to edna od negovite osnovni pridobivki be{e zaklu~okot da se vozobnovi i na{ata drevna Ohridska arhiepiskopija. Vo 1958 i 1967 godina toa i se slu~i! - Po dveste godini se popravi istoriskata nepravda od 1767 g., koga nepravedno be{e ukinata na{ata slavna Ohridska arhiepiskopija. Vo godinata koja e pred nas se navr{uvaat 1100 godini od vremeto koga Sveti Naum Ohridski, golemiot podvi`nik i ~udotvorec, go izgradi svojot manastir na ju`niot breg od Beloto Ezero, go podigna svetili{teto koe ve}e celi edinaeset vekovi e makedonsko zapaleno kandilo pred Boga. - Da napravime napori za {to podostojno da go odbele`ime edinaesetvekovnoto postoewe na Svetinaumoviot manastir. Verni na{i duhovni ~eda, Da gi proslavime Bo`iknite praznici so mir, qubov, radost i me|usebno razbirawe. Preku ovie ve~novredni dobrodeteli da napreduvame i kako Crkva i kako narod. Verata i qubovta da gi prifatime kako osnovni kriteriumi vo na{iot `ivot. Vrz niv da gradime s# vo `ivotot. Da se ~uvame od grevot i da se upodobuvame na Hrista vo s#. Taka pro~isteni i preobrazeni da vosklikneme zaedno so angelite: "Slava na Boga vo viso~inite, a na zemjata mir i me|u lu|eto dobra volja". HRISTOS SE RODI! ^estito i od Boga blagosloveno Novoto 2005 Leto Gospodovo! † Stefan Arhiepiskop Ohridski i Makedonski ^lenovi na Svetiot arhijerejski sinod: † Kiril, mitropolit Polo{ko-kumanovski Gorazd, mitropolit Evropski † Petar, mitropolit Prespansko-pelagoniski i administrator Avstralisko-novozelandski † Timotej, mitropolit Debarsko-ki~evski i administrator Povardarski † Naum, mitropolit Strumi~ki † Agatangel, mitropolit Bregalni~ki Na Bo`ik, 25/7. 2004(5) Leto Gospodovo


ДУХОВЕН МИР ЗА НАЦИОНАЛНО ЕД

ВИЗИЈАТА СЕ ПРЕТО Зад нас е уште една тешка новинарска година, исполнета со многу искушенија и професионални предизвици кои ги совладавме и на кои не им подлегнавме, што значи го задржавме основниот курс на неделникот "Македонско сонце", а тоа е да бидеме објективни и секогаш на страната на вистината. Десет години опстојување на македонската информативна сцена не е мал период. Во меѓувреме, ги преболевме сите "детски болести" вообичаени за гласилата кои се појавуваат на нашиот медиумскиот простор. Дефинитивно сме отпорни на промените од новото време, односно за нас е непознато приклонувањето кон било која политичка страна. Всушност, тоа значи дека наша страна биле, се и ќе бидат Македонците и нивното опстојување низ вековите. Горди сме на тоа што веќе една деценија "Македонско сонце" е единствениот неделник во земјава и пошироко, чиишто страници се отворени за нашите сонародници и тука тие имаат можност да проговорат за проблемите со кои се соочуваат во земјите каде што живеат. Тоа е и насоката во која и ќе продолжиме да дејствуваме, затоа што пулсот на македонскиот народ за нас е вечна заклетва. Трасирањето на оваа релација најмногу се реализира благодарение на познатиот македонско-американски бизнис-

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, основач на "Македонско сонце" ЈА СЛЕДАМ ИДЕЈАТА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ, КОЈ НЕ ПОРОБУВАШЕ ТУКУ ОБЕДИНУВАШЕ НАРОДИ Почетокот на реализацијата на секоја идеја вообичаено е и нешто најтешкото, но ако длабоко се верува во замислата и во убедувањето и правилно се анализираат ситуацијата, условите во кои се почнува со проектот, тогаш успехот самиот доаѓа на вашата адреса. Затоа, по десет години, денес можам да кажам дека навистина сум имал право кога ја промовирав иницијативата за основање неделник, кој ќе се занимава со националното битие на македонскиот народ, кој со векови бил угнетуван и непризнаван. Можеби бев пионер во таа работа, поточно вистински визионер, но сепак сметам дека ризикот кој го презедов на сопствените плеќи и тоа како се исплатеше. Денес, "Македонско сонце" го прифаќаат и најголемите скептици, кои не веруваа во идејата за обединување на Македонците во татковината и во светот. За мене тоа претставува голема духовна, национална и економска победа, бидејќи исклучителниот труд и изгубените нерви не беа попусто вложени. Резултатите од инвестираните средства, од лобирањето меѓу Македонците, кај моите деловни партнери и пријатели во Америка и во Европа, како и во другите делови од светот, се видливи и доволно зборуваат сами за себе. Поради тоа, сега со гордост се сеќавам на почетоците кога ја обликувавме идејата (весникот). Во тоа време постоеше "вис-

"Полека но сигурно ми се остваруваат сонот и визијата за иднината на мојата татковина. Знам дека патот е тежок, но верувам дека вистината ќе ја победи неправдата - Македонците ќе го остварат отсонуваниот сон, денот да ги раздени во нивната Македонија, онаа Александровата со наш обединет Егеј, Пирин, Вардар, Голо Брдо, Гора, Мала Преспа", вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. тински глад" за ваков вид неделник. Но, со текот на времето, како што се надградувавме, така нашето информативно гласило сè повеќе стануваше витаминска инјекција за македонските иселеници. Често пати, во контактите со нашите браќа и сестри Македонци ги осознавав позитивните и негативните сигнали за уредувачката политика, што е нормално за едно "новороденче". Критиките беа добредојдени, бидејќи преку нив растевме, се развивавме и се коригиравме. Драго ми е што во Редакцијата, од почетокот до денес, имам соработници кои ја сфаќаат и ја следат мојата животна цел - да ги обединиме Македонците, независно каде и да живеат. Во овој момент тоа станува евидентна реалност затоа што сегашниот тим на "Македонско сонце" создаде исклучително поволна клима за спроведување на моите идеи за верско и национално опстојување, како и за економски растеж на родната грутка. Всушност, секогаш ја следев и ќе ја следам идејата на нај-

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ИНСТВО И ЕКОНОМСКИ ПОДЕМ

ЧУВА ВО РЕАЛНОСТ мен господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој го почувствува тој нерв, така што носејќи го во себе "филингот" за патриотизмот постојано го храни македонскиот дух со "свежа крв". Тој успеа да се всади во нашата душа, за што сме му благодарни како ние луѓето од Редакцијата, така и многумина во градот под Марковите кули и пошироко, преку неговото бизнис дело насочено кон татковината. Господинот Атанасоски претставува симбиоза на македонското општество и на американскиот начин на функционирање. Благодарение на неговата душа и несебичност, "Македонско сонце" ги преброди годините на транзиција, а со него се менуваа ликот и дизајнот на неделникот. Низ нашата Редакција минаа многу новинарски пера. Имавме и добри и лоши моменти, што е и нормално за секое информативно гласило, но сè тоа се надмина затоа што господинот Атанасоски ги разбираше и ги решаваше нашите проблеми. На тој начин созреавме и станавме етаблиран неделник, кој заслужено го доби своето високо место меѓу читателите во земјава и меѓу оние на другите континенти. На овие страници им отстапуваме простор на луѓето кои некогаш беа дел од "сончевото" семејство, но и по неколку редови и за нашата "маленкост".

"Македонци од цел свет, освестени дека јадрото од кое треба да се направат суштинските промени и сугестии за најдобронамерните корекции во нашава држава, мора да се исчисти од троскотот за да се создаде простор и оваа почва да вирее така како што виреела во времето на Александар Македонски", потенцира Елизабета Андоновска.

борат за македонската кауза. На сите Македонци во земјава и пошироко им ветуваме дека во деновите по годините со истрајност ќе чекориме по патот кој го трасиравме - сè за Македонија и за македонскиот народ. Да ни биде вечна и вековита!

големиот Македонец на сите времиња - Александар Македонски, кој не поробуваше туку обединуваше народи. Така, таа ѕвезда - водилка ме води кон духовното спокојство за повторно воскреснување и вековно опстојување на македонштината. Името македонско достојно прозвучува во светот. Последен доказ за тоа е признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на САД. Полека но сигурно ми се остваруваат сонот и визијата за иднината на мојата татковина. Знам дека патот е тежок, но верувам дека вистината ќе ја победи неправдата - Македонците ќе го остварат отсонуваниот сон, денот да ги раздени во нивната Македонија, онаа Александровата со наш обединет Егеј, Пирин, Вардар, Голо Брдо, Гора, Мала Преспа. Тоа е причината поради која и натаму страниците на нашиот неделник ќе бидат отворени за соработка и за секаков вид комуникација со сите добронамерни и чесни луѓе, кои ја сакаат родната земја Македонија и се

Често пати во разговорите со господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски тој знае да ми рече: "Господ си ја 'брка' работата, јас сум оптимист со голема верба, верувам во Господ и знам дека работите ќе си дојдат на свое место". Од оваа инстанца, по петнаесетмесечно раководење со неделникот "Македонско сонце", велам: "Да, Господ си ја 'брка' работата и не е случајно што и јас станав дел од големата македонска мисија. Тоа е мисија која со голем и напорен десетгодишен труд и работа, полека но сигурно ја остварува својата цел - сплотени и единствени Македонци од цел свет, освестени дека јадрото од кое треба да се направат суштинските промени и сугестии за најдобронамерните корекции во нашава држава, мора да се исчисти од троскотот за да се создаде простор и оваа почва да вирее така како што виреела во времето на Александар Македонски". Лично сум задоволна што како прв човек на визионерско-

Елизабета Андоновска, директор на "Македонско сонце" ГОСПОД СИ ЈА 'БРКА' РАБОТАТА И НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО И ЈАС СТАНАВ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА МИСИЈА

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


патриотското "Македонско сонце" ја имам честа и довербата како од основачот, така и од тимот кој го создава, во него да ги внесам сите мои идеи кои досега се покажаа како успешни. Ги урнавме многуте табуа поврзани со неделникот. Се доближивме до секој Македонец, ги обелоденуваме сите кои заслужуваат да бидат пофалени, ги критикуваме сите кои треба да бидат критикувани, независно од нивната политичка, верска и национална припадност, но сè за доброто на државата, на татковината. Не се откажуваме од целта - особено внимание да му посветиме на економскиот развој, при што ќе настојуваме набрзо да станеме медијатори на познатите македонски и интернационални бизнисмени. Горда сум на тоа што "Македонско сонце" е единствениот неделник кој на своите страници има содржини од сите области. Се разбира, тука нема да застанеме. Свесна за реалноста и за состојбите, трновитиот пат кој нè очекува, длабоко сум убедена дека сепак следниве години ќе го доживеам остварувањето на сè она што го зацртавме јас, основачот и тимот на "Македонско сонце". Верувам дека професионалната сатисфакција која ја доживеав на првата годишнина од работењето во "Македонско сонце", ќе ми биде и личен стимул за постигнување на уште многу успеси. Македонија била и ќе биде. Господ си ја "брка" работата, а "Македонско сонце" уште многу денови и ноќи ќе нè грее од исток и запад, од север и југ. м-р Веле Алексоски, поранешен главен и одговорен уредник МЕДИУМСКИ АПОСТОЛ НА ПАТРИОТИЗМОТ Големиот Александар за да им покаже на сите кои се почувствувале освоени и поробени, им го наложи заедничкиот јазик за разбирање-коине, и уште многу цивилизациски достигнувања од таа епоха, со што и денес, по 2.300 години, тој се слави како син на Македонија, како голем освојувач, но не како император, туку голем цивилизатор. Македонци - потомци на спомнатите светители и цивилизатори, се иселиле, емигрирале од родното македонско огниште уште со Александровите походи, а современото печалбарство (економска емиграција) ги однело ширум Европа, Азија, "големите бари" во Америка и Австралија. Македонската емиграција во домицилните земји се самоорганизирала во разни форми: клубови, друштва, црковни општини и друго за да може меѓу себе да контактира, да ги продолжи културните и верските традиции на својот народ, но понекогаш и заедно да пророни носталгична солза. Освен собирите, забавите и прославите, некои интелектуалци се обидоа да основаат и медиумски гласила - весници и радиостаници за да се прочита и слушне македонскиот збор. На почетокот на последната деценија од ХХ век, со распаѓањето на СФРЈ, се воскресна македонската држава и наеднаш силно се посака да се изрази македонскиот дух и патриотизам. Токму тогаш, во 1992-1993 година, неколку Македонци во Европа, водачи на "Обединети Македонци" со седиште во Хајделберг-Германија, организираа десетици манифестации во европските метрополи за признавање на Република Македонија како независна и самостојна држава. Меѓу бројните патриотски активности, откако "Обединети Македонци" од Европа и Македонскиот светски конгрес од Америка на чело со претседателот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се интегрираа во Светски македонски конгрес, чиј претседател беше Тодор Петров, се роди идејата за издавање македонски весник, кој ќе ги информира и обединува Македонците во ди12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


јаспората, а потоа ќе дава реципрочни информации од татковината за дијаспората и обратно. Основна цел беше негување и афирмирање на сè што е македонско, а пред сè и над сè проповедање на патриотизмот и државотворното чувство кај летаргичниот дел на македонскиот народ, што ќе придонесе за побрза реализација на вековниот сон на Гоце и на Илинденците, на Ченто и на следбениците - создавање суверена Македонија, заедничка татковина, мајка хранителка на Македонците и на сите нејзини лојални жители. По низа консултации со "европските" активисти: Митко Василев, м-р Веле Алексоски, д-р Жан Митрев, Мане Јаковлевски, Драги Богоевски, сите од Германија, како и со многу претседатели на црковни општини и клубови од Швајцарија, Шведска, Франција и Австрија, беше предложен главен уредник на идното списание на македонски јазик (авторот на овие редови), кој состави Редакција со седиште во Скопје и со дописништво од Европа. На предлог на д-р Жан Митрев - кумот - весникот беше именуван со името што ќе нè асоцира на симболот од Кутлеш "Сонце". На почетокот излегуваше како подлисток на весникот "Дело". Неговата промоција се одржа на 23.10.1993 година, на јубилејот - Стогодишнината од создавањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Овој неделник беше скромен по содржина, невладин, непартиски, туку патриотски. Бидејќи се издаваше со скромни доброволни прилози на "европските" Македонци, пред сè, на Митко Василев, и неговиот век беше неизвесен. Пролетта 1994 година, на Конгресот на Македонскиот светски конгрес во Детроит, САД, Тодор Петров и мојата маленкост, го информиравме господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски за неделникот "Сонце", за целта на неговото постоење и за тешкотиите на кои наидуваме. Овој македонски патриот, трудољубив, скромен и тивок, само ни рече: "Браќа, ќе размислам и ќе дојдам во Германија да се договориме". И, навистина. По десетина дена Господ ни го донесе, а на основачкото собрание, тој не донесе само зелени банкноти, туку и ново име со интернационални цели "Македонско сонце". Се донесе одлука неделникот да се дистрибуира секаде во светот каде што живеат Македонци! - Разбра, брат?, ми се обрати со повисок тон и со насмеано

лице, продолжувајќи, барајте дистрибутер со Тоше (Тодор Петров), а јас и брат Митко (Василев) ќе си ги чукаме главите за пари, ако не се доволни оние од продажбата! Немаше бегање, "ја лапнавме јадицата". Ги составивме рубриките, Редакцијата во Германија, во Скопје и дописништво од Австралија, Швајцарија, САД и Канада. Неделникот се печатеше во Печатницата "Нова Македонија" во Скопје, дистрибуцијата низ светот одеше преку фирмата GMBH "Saarbach" од Франкфурт, а дотаму со авион на "Pal air", а подоцна и со "Avioimpeh". Милина! Се јавуваа читатели од сите страни на светот но, исто така, и од Македонија. Редакциите во Скопје и во Хајделберг беа гнездо на македонството. Постојано доаѓаа и се јавуваа соработници, хонорарци, ентузијасти, патриоти. По цел ден се правеше анализа на секоја рубрика, на секој напис. Доминираа патриотските теми, воодушевуваше "Верата наша рисјанска" предводена од Драган Зафиров, се множеа и именуваа новинари, но патриотското си остануваше. Во написите не беа поштедени ниту лидерите на оние партии кои беа во опозиција, ниту оние кои беа на власт, особено. Тиражот сè повеќе и повеќе се зголемуваше, но најконстантен беше во Германија, повеќе од 4.000 примероци, како и во Швајцарија и Шведска. Америка и Австралија "консумираа" помал тираж, а со наше одобрување за нивните весници и радија ги преземаа нашите написи. Нека ми простат големите ентузијасти кои не ги спомнав а беа редовни соработници, но нивните написи се овековечени во "Македонско сонце" и ќе ги направат бесмртни. Не само нив, туку и сите потајни и хонорарни новинари, особено иницијаторите за создавање на ова семакедонско гласило на чело со основачот и спонзорот господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Сè што се родило, природно е и да умре. Се вели дека надежта последна умира, но ѕвездата - Сонце е вечна. Аналогно на тоа, вечни ќе се Македонија и "Македонско сонце", зашто го имаат Сонцето како свој симбол. Вечни ќе бидат делата на смртниците кои се втемелени во неделникот "Македонско сонце". Тодор Петров, поранешен директор на "Македонско сонце" Изминативе десет години "Македонско сонце" го потврдија како гласило на Македонците во цел свет. Првиот број беше почнат на 24 јуни 1994 година со една обична машина за пишување, во десет метри квадратни и со големиот ентузијазам на Светскиот македонски конгрес за негова промоција во светско македонско гласило, а прерасна во компјутерско издание, со современа Редакција, современ деловен простор и неколку илјади читатели. Беше и остана прво гласило на македонски јазик во слободна продажба меѓу Македонците на сите меридијани на Земјината топка и прв медиум во Македонија со сопствена Интернет-страница. Се профилира како неделник на вистината, преку него до читателите се приближија многу новинари и приказни за Македонците од сите делови на Македонија во цел свет. "Македонско сонце" й ја врати античката историја на Македонија и го промовира македонското прашање интегрално и универзално. Неизбежна е почитта кон главниот финансиер Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски и неговата благородна мисија да го збогати информативниот простор на Македонците во Македонија и надвор од неа. Убавите нешта имаат трајна вредност. За многу години "Македонско сонце" и многу читатели.

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


де: добро да ги отвориме очите и ушите бидејќи можеби немаме уште многу шанси. Гоце Дуртаноски, дописник од Европа

Славко Манговски, поранешен главен и одговорен уредник Поминаа неколку години откога го напишав мојот последен редовен коментар под наслов "Гледано однадвор". Кога и да се приближуваа новогодишните празници секогаш бев во дилема дали да напишам нешто весело, позитивно. За жал, и тогаш како и сега, не можам тоа да го сторам. Иако на илјадници километри од татковината, со мислите и со срцето, како и повеќето Македонци, постојано сум таму. Нема ден кој не го почнувам со читање на нашите медиуми, со надеж дека ќе можам да прочитам дека ете, најпосле, нашите политичари се свестиле и работите ни тргнаа напред. Но, залудно. Ништо ново, сè од лошо полошо. Времето минува и моето тогашно убедување дека Македонија се наоѓа на дното секојдневно се покажува како неточно. Како во некоја волшебна приказна тоа дно како да се спушта сè подолу и подолу и Македонија продолжува да тоне. Постојано се соочуваме со истите, па и со полоши проблеми. Како да не сме способни да учиме од грешките. Како да не знаеме да оцениме кои политичари се чесни, а кои не, па на изборите повторно се појавуваат истите луѓе со голема надеж да победат. Се вратив во Америка убеден дека оттука може повеќе да й се помогне на Македонија, преку организирање лоби и со други начини на влијание врз американската држава, а во корист на нашите национални интереси. Се покажа дека тоа е точно и можно (всушност, истото тоа го прават сите народи), но дека ефективноста зависи директно од соработката со властите во Македонија, а тие очигледно не покажуваат ни малку способност да се справуваат со секојдневните проблеми, како што се покажа и во случајот со Кондово и со стотици други примери. Тешко е да се пишува и да се мисли дека твојата земја пропаѓа. Напишани се милиони зборови со анализи на сите можни аспекти на нашите промашувања. И повторно продолжуваме да се вртиме во круг. До кога? Доаѓаат избори и единствениот начин да си помогнеме сами на себе е да внимаваме за кого гласаме. Ако повторно гласаме за разни Бранковци и Љубчовци тогаш заклучокот мора да биде дека го заслужуваме кошмарот во кој се наоѓаме. Господ ни дал очи, уши и памет за да можеме да процениме кој е добар за Македонија, а кој не е. Затоа мојата новогодишна порака нека би-

Во моето професионално информирање од западноевропските држави, каде живеат поголем број Македонци, имав можност да контактирам со нашинци од сите делови на етничка Македонија. Хронолошки гледано, македонскиот светски неделник "Македонско сонце" во изминатава деценија не беше само весник и информативно гласило во кој медиумски ред и спаѓа, туку еден цел македонски институт во кој се сублимирани сите вековни копнежи на македонскиот народ. Зошто? Бидејќи "Македонско сонце" изникна од прогонетиот дух на Македонецот надвор од неговата татковина, тоа и беше алката која недостасуваше за да се спои Македонецот и да го одржи континуитетот на своето постоење, гордо чувајќи го споменот за некогашната древна и моќна македонска империја. Копајќи по темите на минатото "Македонско сонце" ја гради иднината на својата сопствена држава, поврзувајќи го Македонецот со неговите корени за да биде горд на својот засебен идентитет. За сите овие десет години соработка со неделникот, најемотивно би ја издвоил средбата со една деведесетгодишна Македонка, на една македонска прослава: "Јас сум дете мое од Егејцко. На старост баба научи да чита по наше македонцки, од весникот, од сонцето македонцко (м.з. 'Македонско сонце')".

Од тука го гледам неделникот како едукативна читанка, нескршнувајќи од патот во заштита и афирмација на својата нација. Македонија го има "Македонско сонце" и нејзиниот голем син Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој му го подари овој децениски опстој и растеж. Рената Матеска, главен и одговорен уредник Велат дека духот се познава по возвишеноста на неговата љубов: предметот што задоволува голема потреба мора и самиот да биде голем. Она што се возвишените зборови за еден човек тоа се возвишените работи за возвишените ду-

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


хови. А зарем не е возвишена работа да работиш во интерес на македонската кауза? А зарем не е предизвик да имаш можност да проговориш за вистината, за Македонија? Да бидеш секогаш на страната на објективноста и на македонштината. Горда сум што од својот почеток па до денешен ден "Македонско сонце" е неделник на вистината која е ќерка на времето, а не на авторитетите! Ме радува што сè уште постојат луѓе со визија за Македонија, луѓе кои се чекор пред сите со македонската приказна како што се основачот и директорката на нашиот неделник. Ако е среќата како сонцето, тогаш би било убаво кога уште многу години ќе нè грее нашето "Македонско сонце". Силвана Блажева, заменик главен и одговорен уредник Во неделникот "Македонско сонце" го најдов своето место под сонцето. Некогаш верував дека никогаш повторно нема да се занимавам со новинарство, но ако еднаш си во него тоа засекогаш останува во тебе, особено во време на невремиња. Токму затоа што пред шест месеци моите лични размислувања и ставови за македонското прашање беа во корелација со тие на основачот и на директорката на неделникот, од нивна страна ми беше укажана довербата и честа да бидам дел од Редакцијата, односно да се вклучам во збогатувањето на неговите содржини, а водејќи го политичкиот дел од "Македонско сонце" да придонесам за зацврстување на основната концепција - едно сонце за сите Македонци. Во оваа прилика сакам да истакнам дека јас и моите колеги ќе продолжиме интензивно да работиме на веќе трасираниот пат, при што децидно ќе се придржуваме кон објективноста во информирањето на Македонците во земјава и во дијаспората, а во сеопшта функција за добробитот на татковината. Направивме прекрасен спој на долгогодишното професионално искуство и цврстата и стабилна младост. Семејството "Македонско сонце" е сложно и гласно, нашиот глас се слуша, ќе бидеме и прегласни за да нè слушнат и тие што не сакаат да слушаат.

побрзо ги менува ставовите за Република Македонија, за македонскиот народ, за нашите иселеници, новинарот или политичарите? Ако речам дека тоа се политичарите, што ново откривам. Но, оставам за мене да судат читателите. Печатениот збор секогаш ќе биде мој сведок за денешнината и за иднината на нашиот народ. Жаклина Митевска, новинар

Кокан Стојчев, новинар Околу четири години сум во ова мало слатко новинарско царство. За некого можеби тоа е малку, меѓутоа времето и трудот секогаш се вонвременски димензии. Тие се немерливи, но можат да се споредат со ставовите на политичарите. Кој

Во моето срце отсекогаш биле Македонија и Македонците. Мојот сон лично да ги запознаам и да видам како живеат нашите од Пирин, од Мала Преспа, од Голо Брдо, Гора... се реализира благодарение на неделникот "Македонско сонце". Македонската кауза е животна определба и на нашата директорка Елизабета Андоновска. Таа секогаш наоѓа разбирање за проблемите на нашите во земјава и пошироко и финансиски го помага моето патување. И во иднина ќе продолжам да работам во духот на промовирањето на македонштината. Ќе бидам пресреќна ако еден ден јас со своето новинарско перо напишам дека Македонците од цел свет се обединиле. Милева Лазова, новинар Искрено, ниту на сон не помислував дека еден ден ќе станам новинар. Имав сосема поинаква желба, но животниот пат ме насочи токму во "Македонско сонце". Пред мене беше голем предизвик, почувствував страв од тоа дали ќе можам да бидам дел од оваа професија. Меѓутоа, веќе минаа пет години, а благодарение на моите колеги (особено на директорката Елизабета ) и на нивната несебична поддршка успеав да се "изборам" за работното место-новинар во културниот сектор. Новинарската професија ме исполнува и ширум ми ги отвори можностите да запознаам многу интересни личности, луѓе со уметнички души. Денес не можам да се замислам ниту во една друга организација, јасно ми е дека моето место е тука, во "Македонско сонце".

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Синиша Кариќ, технички уредник "Македонско сонце" за мене претставуваше предизвик во однос на техничкото уредување, односно за неговиот графички и ликовен дизајн, при што се обидувам да внесам нешто ново, современо. Во секој број, секоја страница треба да биде и е различна од претходната. Ние сме добри, а ќе бидеме и најдобри. Владимир Стојковски, помошник технички уредник Овој неделник ми овозможи да се соочам со нешто што е максимално креативно, во што стануваш дел од она што почнува како идеја и се претвора во финален производ. Убеден сум дека со тимот ќе постигнеме и многу повеќе, затоа што тоа ни е и целта. Зорица Кметовска, дактилограф Во овој неделник сум од неговиот зародиш. Ја имав можноста и привилегијата да бидам дел од него, да гледам како станува олицетворение на земјата и на многубројните Македонци од дијаспората. Соработував со многу колеги, минувавме денови и ноќи, сè со една цел: да направиме што подобар, што поуспешен, што помакедонски неделник. Верувам дека и натаму ќе ја оправдувам довербата која ми ја укажа основачот господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, како и сегашниот тим со кој раководи директорката Елизабета Андоновска, со кој успешно соработувам. Сузана Јосифовска, секретар Во Редакцијата на неделникот сум подолго време. Се трудам крајно професионално да ги извршувам своите работни обврски, да претставувам спона меѓу луѓето кои доаѓаат или се јавуваат во Редакцијата со тимот кој работи во него, а верувам дека тоа и го правам успешно благодарение на високото професионално и колегијално ниво кое владее во "Македонско сонце".

Миле Оцевски, дистрибуција Со години моја грижа е навремено да го преземам неделникот од нашиот дистрибутер и да го доставам до аеродромските служби за да го добијат нашите иселеници. Се трудам на тимот во Редакцијата секогаш да му бидам на располагање, за сè да функционира така како што треба. Славица Митева, домаќинка Во овој неделник имам обврска да се грижам за луѓето кои работат во него, да ги поздравам со утринското кафе, да ги потсетам за јадењето, да имаат максимална хигиена, затоа што тие во Редакцијата минуваат часови и часови. За возврат секогаш добивам насмевка и убав збор. 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ИНТЕРВЈУ СО НЕГОВОТО ВИСОКО ПРЕОСВЕШТЕН

НЕ ТРГУВА

Разговорот го водеше: Кокан СТОЈЧЕВ

Ваше Високо Преосвештенство г. Агатангел, за Македонската православна црква 2004 година беше една од потешките и посудбоносните во поновата историја на македонскиот народ и на државата Република Македонија. Дали Светиот архијерејски синод извлече некаква поука од случувањата со нападите од страна на СПЦ и од прикриените "отровни стрели" на ГПЦ врз нашата Црква? Г. АГАТАНГЕЛ: Годинава како Црква за многу работи и се поучивме и созреавме, а веројатно и пораснавме. Сè ова е нормален процес, кој се одвива како во животот на човекот, така и во нас, кои сме Телото Христово - Црквата. Поговорката вели "без мака нема наука", а во духовниот живот, пак, важи правилото дека без трпение нема спасение. Значи, без маки и страдање нема ниту напредок ниту, пак, успех. Секако, оној кој знае успешно да се снајде во тешкотиите, оној кој ќе претрпи сè, тој на крај ќе го заслужи венецот. Всушност, вака нè учи и Евангелието. Христос не рекол дека ние христијаните ќе живееме розово и дека патот наш ќе биде

послан со цвеќиња, туку напротив, "тесен е патот кој води кон спасението, а широк е оној кој води во пропаста" или "како Мене Ме гонеа и Вас ќе Ве гонат, но кој ќе претрпи ќе биде спасен". Во овие зборови Христови сè е објаснето концизно. Меѓутоа, се прашувам како треба да се поставиме тогаш кога прогоните и понижувањата доаѓаат од оние кои ги сметаме за свои браќа по вера? Како овој апсурд да му го објасниме на светот? Што за овој срам да кажеме или да филозофираме? Зарем за лицемерието може да постои некоја добра апологија или некаква логичка одбрана? Ме прашувате дали извлековме поука!? Да, поуката е следна: Добивме добар пример како не треба да постапуваме ние кои себеси се нарекуваме Христови. На последниот Архиепископски црковно-народен собор на МПЦ беше донесена Резолуција со која се повикува македонскиот народ на духовно и на национално единство. Дали поради политичката ситуација во државава се чувствува опасна разединетост меѓу Македонците, колку тоа може да се одрази на опстанокот на земјава, но и на Црквата? Г. АГАТАНГЕЛ: Очигледно политичарите и политичките партии многу повеќе се грижат за своите суети, отколку за општото добро. Повеќе од јасно е дека македонскиот народ како никогаш досега можеби во својата историја не бил толку разединет и поларизиран. Разединетоста оди дури до закрвавеност. Апсурдно е тоа што сè ова ни се случува кога имаме своја сопствена сувереност и своја сопствена држава. Веројатно народот бил многу посплотен тогаш кога сурово бил поробуван. И ова сведочи за моралните придобивки на страдањето за кое веќе зборувавме. Мислењето на народот во го-

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


СТВО МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ АГАТАНГЕЛ

ЈТЕ СО БЛАГОДЕТТА НАША БОЖЈА лема мерка го креираат политичките партии на кои обичниот човек им верува. Луѓето почнаа да се идентификуваат и определуваат според тоа кој на која партија й припаѓа. Во блиското минато ние бевме сведоци како и на кој начин се одрази одбивниот став на една политичка партија во однос на воведувањето веронаука во училиштата. Децата на луѓето кои й веруваа на оваа партија, сложно ги бојкотираа овие часови. Верувам дека ако денес таа партија го каже спротивното, народот спротивно и ќе се однесува. Во таа смисла, политичката разединетост на народот може да биде многу опасна. Вака изделканиот македонски човек, кој прима ум на заем, е многу поопасен отколку некој кој доаѓа од туѓина. Затоа ние како МПЦ мораме да повикаме на единство, но и на целосно преобразување на личноста. Нам од Бога ни е доверена грижата за духовното здравје на Македонецот, ние мораме до крај да ја исполниме таа мисија.

Г. АГАТАНГЕЛ: На ова прашање ќе треба да одговорат властите, односно надлежните министерства и судовите. Ние како МПЦ немаме никакви ингеренции ниту, пак, власт, да одлучуваме дали нешто треба да се гради или да се урива. Кога и ние градиме нешто мораме да постапуваме според она што е пропишано во законот на оваа држава. Значи, и нам, исто така, ни се потребни градежни дозволи и одобренија. Инаку, мислам дека во идинина и државата треба да биде внимателна во однос на ова прашање. Мислам дека не треба да создава ма-

Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи го одби барањето за верификување на т.н. православна охридска архиепископија токму поради името и неможноста да има две верски заедници за една вероисповед. Како ја коментирате оваа одлука, дали во иднина се можни и натамошни обиди за регистрирање паралелна црква? Г. АГАТАНГЕЛ: Комисијата за односи со верските заедници само го спроведе Законот. Законската логика е таква што не дозволува две верски заедници да се именуваат со исто име. Не знам што тука може да биде спорно. Инаку, знаејќи го карактерот на оние кои сакаат да се регистрираат како охридска архиепископија воопшто нема да ме изненади ако и натаму патетично се обидуваат на епско-српски начин да ни објаснуваат дека тие имаат право на тоа име. Заради оваа одлука на Комисијата очекувам во иднина и натаму да нè заплашуваат со некакви европски судови и Хавиерови правди. Но, многу поважно е што македонскиот народ во тој српско-грчки амалгам не го препознава својот Охрид. Во Ниже Поле, поддржувачите на т.н. православна охридска архиепископија градеа манастир. Дали задоцнетото уривање покажа дека меѓу државата (власта) и МПЦ нема координација за стратегиските и за националните интереси на македонскиот народ и на нашата Црква? Поради што, според Ваше мислење, власта не реагираше веднаш?

ченици, кои едвај чекаат со тоа да се пофалат пред светот. Бидејќи проблемот со дружината на Вранишковски во исто време е и државен проблем, апелирам во иднина пософистицирано да се постапува, зашто неговото лицемерие и лага може да се победи единствено со мудрост и со дух, па колку сè ова и да не им е својствено на принципите на една држава, која по правило дејствува грубо и со сила. Државата нема

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


егзистенцијален центар, таа почива врз понекогаш бездушните закони и затоа од неа не може да се очекува да покажува милост и милување. Беше ли тоа сериозна провокација за обидите за "одмрзнување" на односите меѓу МПЦ и СПЦ? Г. АГАТАНГЕЛ: Можеби и беше. До овој заклучок доаѓаме, бидејќи настаните во Ниже Поле многу им се допаднаа на оние кои не сакаат работите да се помрднат од мртва точка. Ова како да беше вистинска "посластица" за оние кои особено се насладуваат од клеветењето на МПЦ низ православната екумена. Затоа реков дека во иднина треба да бидеме внимателни во своите постапки. Знаете, ако ги набљудувате постапките на т.н. ПОА и ако го читате она што го пишуваат на својата Итнернет - страница, ќе видите дека освен исмевање и понижување на сопствениот народ и провоцирање кавга со државните органи тие ништо друго и не прават. Да не долеваме нафта на огнот. Сè помалку ги има нивните аргументи, да внимаваме да не им ги храниме инаетот и суетата, кои тие себеси си ги претставуваат како трпеливост и "супер православие". Како изминува времето сè повеќе се соголува нивната вистинска намера и намена. Се покажува дека тие се креирани за да им служат на некои политички идеи, а не на Христа. Во 2004 година имаше уште неколку сериозни примери од типот т.н. литургиско сослужение на странски високи црковни лица со експонентот на СПЦ, Зоран Вранишковски. Дали провокациите покажуваат со каков непријател се соочува МПЦ, односно како таа треба да се бори против ваквите упади во туѓа црковна епархиска надлежност? Г. АГАТАНТЕЛ: Овде, пред сè, се работи за грубо кршење на Каноните на Светата православна црква, востановени од вселенските и помесните собори и од страна на Светите оци. Во Каноните строго се забранува самоволното мешање, проповедање, служење, дури и престојување на епископ во туѓа епархија, без благослов од надлежниот архијереј. Со ова тие покажуваат дека имаат сериозна предрасуда со чекорот кон Царството Божјо. Проблемот наречен "Скопје" и "БЈРМ" тие сметаат дека ќе биде решен на овој начин. Овде станува збор за трговија со благодетта Божја. Нејзино користење заради освојување територии и самозадоволување на својата националистичка страст. Сослужувањето и соборноста на Црквата се само параван зад кој се крие врзаноста за минливите и пропадливите нешта. Ова не е ништо друго освен повторување на Адамовиот грев. Но, по ова, Адам се засрами и се скри, а тие напротив сакаат поголем публицитет. Ова е уште еден доказ дека човекот може да биде исклучително креативен во своите зли постапки, а да не биде свесен за тоа. Дали во борбата против домашните расколници очекувате помош од власта, имајќи предвид дека уставно државата и Црквата се одделени? Г. АГАТАНГЕЛ: Сметам дека основна "борба" на секоја држава е во неа да владеат правото и законите. Според тоа, од државата очекувам да се држи до она што е пропишано во законот. Таа треба да се грижи за редот во општеството. Ние како МПЦ веројатно имаме легитимно право да очекуваме државата да нè заштити, заради добро познатите историски причини. Тука не треба да се лутат останатите верски заед-

ници во Македонија. Веројатно никој нема да ни забележи доколку побараме заштита и помош од државата за решавање на нашиот автокефален статус. Признавањето на автокефалноста на МПЦ е политичко прашање, тоа е и прашање на националниот идентитет на македонскиот народ, па според тоа претставува државен и национален интерес. Во таа смисла, очекуваме политичка, односно дипломатска поткрепа од страна на државните институции. Истовремено Светиот архијерејски синод и МПЦ наоѓаат пријатели во сестринските цркви, Бугарската, Романската и Руската. Дали нивниот број ќе се зголемува и дали во тоа ја гледате можноста за квалитетно надминување на проблемот со СПЦ? Што е со обидите за обединување на сите непризнати православни цркви? Г. АГАТАНГЕЛ: Ние мораме на православната екумена да й објасниме што всушност се случува овде. Голем број православни цркви во светот не знаат што се случува во Македонија, во што всушност се крие суштината на проблемот кој го имаме со СПЦ и со ГПЦ. Она што тие го знаат е само верзијата на нашите соседи, онаа лицемерната, во која велат дека тие се особено загрижени за црковното живеење во Македонија и за духовниот живот на македонскиот човек. Всушност, ако длабоко погледнеме ќе видиме дека се работи за обичен шовинизам и национализам од најдолен и најгнасен вид. Тие се подготвени да го жртвуваат целиот народ за да ги остварат своите цели. Креираат проблеми, создаваат и финансираат опскурни типови од Македонија и ги храбрат дека се Вселенска црква. Ние мораме да создаваме цврсти контакти со останатите цркви. Откако ќе нè сослушаат почнуваат поинаку

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


да гледаат на нас. Еве, на пример, неодамна во Русија се разголи целата вистина. Патријархот Павле јавно призна дека тие не нè признаваат не заради грижата за нашиот православен живот, туку заради тоа да не ги влошат добрите односи со ГПЦ. Решете си го проблемот со Грците, па потоа ќе разговараме за вашето признавање - ова беше пораката упатена до нас. Ваквото нивно лицемерно однесување природно нè тера да бараме "сојузници" секаде во православието, па и во т.н. непризнати православни цркви, кои навистина ги има многу во светот и со кои можеме да се разбереме за многу работи. Не постои црква во светот која нема проблем со некоја друга црква. Во проценти соодносот е околу половина - половина. Но, во однос на ова прашање треба да бидеме исклучително внимателни и мудри. Не смееме да влеземе во некој опасен експеримент.

кои придонесуваат за возобновата на Црквата во Македонија. Факт е дека кандидатите за нови митрополити се млади луѓе кои веќе се здобиле со големо искуство и во духовниот живот, но и во световните науки, така што не гледам никаква причина зошто набрзо не би биле избрани за епископи. Обновата на Црквата всушност почнува од младите. Така е во сите посткомунистички православни земји, така е и кај нас. Какви се состојбите во Австралиско - новозеландската епархија? Г. АГАТАНГЕЛ: За ова прашање јас не можам да зборувам од едноставно причина што за некои работи не сум запознат

Македонската православна црква од државата бара да се забрза процесот на враќање на нејзиниот национализиран имот, потенцирајќи го враќањето или наоѓањето заедничко решение за црковните богослужбени книги, ракописи, садови, реквизити, икони итн., кои сега се наоѓаат во музеите. Колку овие прашања се пречка во односите меѓу државата и МПЦ? Г. АГАТАНГЕЛ: Спроведувањето на Законот за денационализација е процес кој формално сè уште трае, но во последно време се добива впечаток дека тој полека забавува. Веројатно државата си поставила пред себе некои други приоритети. За ова прашање единствено можеме да се надеваме дека во иднина работите ќе се забрзаат. Кога станува збор за враќање на црковните предмети, иконите, фреските, богослужбените книги итн. во сопственост на МПЦ, од која претходно биле одземени без прашање, тоа не значи дека Црквата сака да ги узурпира или да ги скрие од јавноста. Тие и натаму ќе бидат достапни за секој кој сака да ги види или да ги проучува. Со нашето барање за враќање на овие предмети единствено ќе се поправи неправдата која им е нанесена на нашите предци, кои одделувале од устата за убавината на Црквата, таа воедно била нивниот втор дом. Исто така, ќе се воспостави ред во некои работи, ред кој толку многу е потребен во овие времиња. Едно од најактуелните прашања за Светиот архијерејски синод на МПЦ е пополнувањето на епархиските места, односно изборот на нови митрополити. Дали негативното искуство со Зоран Вранишковски влијае на пролонгирањето на "устоличувањето" на новите духовни лидери на МПЦ? Г. АГАТАНГЕЛ: Мораме да признаеме дека случајот со Вранишковски во многу нешта ги промени стандардите, кога станува збор за поставување нови епископи во МПЦ. Можеби, во некој поглед, нас членовите на Синодот и нè направи внимателни и навидум "строги". Но, сепак не смееме да дозволиме со нас да завладеат стравот и недовербата. Не смееме да не им веруваме на нашите духовни чеда, на своите браќа. Во никој случај Вранишковски не смее да влијае на нашиот однос и љубов кон својот народ и кон цел свет. Сега не треба сите луѓе да ги гледаме како лицемери или да постапуваме како фарисеите кои "комарецот го цедеа, а камилата ја пропуштаа". Тоа би било катастрофа за нашиот побожен живот и застој во духовниот развој. Такво нешто не смее да си дозволиме. Во пазувите на МПЦ растат прекрасни богозаљубени личности,

од прва рака. Во таа Епархија има надлежен митрополит, кој многу подобро ги познава работите. Затоа, ако ве интересираат состојбите во Австралиско-новозеландската епархија, ве упатувам кај владиката Петар, тој најпластично ќе ви ја појасни тамошната состојба. Двете основни прашања на МПЦ, веронауката и хуманитарната задача, во овој момент се ставени понастрана, односно нема евидентни резултати. Постојат ли ненадминливи проблеми?

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Г. АГАТАНГЕЛ: Во однос на прашањата, како што се, веронауката и хуманитарната дејност, ние како Црква се соочуваме со "лесно-решливи" проблеми, се разбира доколку за нивно надминување постои нешто што се нарекува добра волја. Прво, не е точно дека веронауката не даде позитивни и евидентни резултати. Во мојата Епархија процентот на посета на овие часови беше повеќе од 80 отсто. Третоодделенците научија многу работи за својата предедовска вера, за историјата на матичната Црква, воедно правилно се воспитаа и ги насочија своите животи. Преку нив, посредно и непосредно, колку и да звучи парадоксално, се едуцираа и родителите. Од наученото на часовите по веронаука, учениците ги поправаа суеверијата и постапките на своите домашни. Наставниците и професорите, главно, добро ги прифатија вероучителите. На

паузите меѓу часовите и тие поставуваа прашања и се едуцираа. Зарем ова не се задоволувачки резултати? Единствено жалам што ова прашање, како и сè во Македонија, премногу се исполитизира, а некои политичари во ова не најдоа образовен и воспитен интерес за младите генерации. Некои политичари повеќе беа вљубени во вредностите на Француската револуција, отколку во својата автентична традиција. Секогаш се згрозувам кога ги гледам тие истите исправени во првите редови кога се слават Св. Кирил и Методиј или Св. Климент и Св. Наум кои, пред сè, биле вероучители. Нивното лицемерие е по малку и комично. Но, веронауката сепак и натаму се спроведува, овој пат во парохиските цркви. За нејзино повторно институционализирање и внесување во

образованиот систем на државата ќе почекаме некои подобри времиња. Второ, хуманитарната организација "Ѓаконија" сè уште функционира релативно добро. Таа има финансиски проблем, односно проблем во обезбедувањето храна и облека за сиромашните. И покрај сите тешкотии, народната кујна, сè уште секој ден служи храна, освен за викендот. Издавачката дејност продолжува. Сè ова го сметам за релативно солидно достигнување на планот на хуманоста. Имаме насушна потреба од донатори на храна и облека, затоа што нам како Црква можностите ни се ограничени. Ваше Високо Преосвештенство г. Агатангел, во седмата потточка од Резолуцијата од АЦНС, се потенцира дека МПЦ е носител на историската улога на Охридската архиепископија и како таква има значајно место во зачувувањето на духовниот и на културниот идентитет на македонскиот народ и на македонската држава. Оттука, се наметнува прашањето дали постои можност поради сè поевидентното мешање во државните и во црковните работи меѓу црквата и државата и обратно, да се внесат некакви корекции и тоа да биде официјализирано со законски акти, односно со Уставот на РМ? Дали тоа ќе значи нешто друго или, пак, заштита? Г. АГАТАНГЕЛ: Не разбирам за какво евидентно "мешање" на Црквата и државата зборувате. Државата не дејствува по некаков налог на МПЦ ниту, пак, МПЦ прима наредби од државата. Државата нè штити од оние кои работат на наше и на нејзино поткопување и деградирање. Можеби затоа се добива впечаток дека некои работи се "измешани" и координирани. Државата нè штити бидејќи единствено таа има механизам да штити некого од странски разузнавачи и политички сили. Со тоа државата се штити и самата себе. Клучната историска улога на МПЦ како чувар на културниот и националниот идентитет на македонскиот народ му е јасна на секој од нас посебно. За тоа не треба многу да се зборува. Јас лично не верувам, барем сега - засега, дека нешто ќе се промени во Уставот во однос на МПЦ. А, еве зашто. Денешниве политичари страдаат од "источен синдром". Ако Западот не се интересира за нашата музика, уметност, литература, архитектура итн. нема ниту ние да се интересираме. И обратно, кога Запад ќе се заинтересира за нашата култура воопшто, тогаш и ние ќе се заинтересираме за нејзино проучување. Тука го лоцирам проблемот, овде се крие дволичноста. Од една страна ни е сосема јасно дека Црквата особено придонела за духовното изградување на својот народ и за зацврстување на државотворниот дух кај Македонците, а од друга страна, ја бришеме МПЦ од Уставот на Република Македонија, со образложение дека тоа било според европските стандарди за демократија. Реално кажано, можеби повеќе од половина од македонската историја не е според европските стандарди, па зарем треба и од неа декларативно да се откажеме. Ние на Европа не й требаме обезличени, ниту нам ни треба Европа која се обидува комплетно да нè униформира. Црквата, пак, е конзистентна во своите ставови, таа ќе продолжи да ја шири радосната вест - Евангелието во сите човечки времиња, таква е нејзината мисија. Македонската православна црква и натаму ќе продолжи да се грижи за својот народ, да му сведочи за вистината, колку таа и во моментот да е "немодерна" или "нестандардна". Сепак, на Христа секој му пристапува лично, а не на сила или организирано од страна. Христос е единствената "новина" во историјата на светот и за неа ќе зборуваме постојано.

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ÀÍÀËÈÇÀ

Vo vreme na op{ta izmama, ka`uvaweto na vistinata stanuva revolucioneren ~in

Xorx ORVEL

ШТО ТОА НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ? Ако треба да судиме според досегашните искуства, прашањето "Што тоа навистина се случи?", би имало добри шанси да стане траен рефрен за сите наши идни збиднувања и предизвици. Чудно, но тоа не е така... Овде сите (не)намерно имаме кусо помнење: со векови нè учеле да туриме пепел и да продолжиме натаму, да простуваме, па и сосема да заборавиме. Заборавот е, во принцип, добра работа, особено кога човек свесно ќе му се предаде заради ослободување на негативно чувство и спомени. Заборавот е дури познат и како начин на помирување и справување со конфликтното минато (како, на пример, во пост-Франкова Шпанија).

Меѓутоа, она што ни се случува нам веќе се заканува да стане ендемска појава, која како некоја џиновска 'гумичка' ќе ги брише сите неподобни и непожелни сознанија, сеќавања, па дури и самосвеста. Нашето општествено битисување како да се одвива на ограничен простор, на една замислена црна табла на која за да продолжите да правите записи морате да го избришете веќе запишаното. Пиши-бриши, кратко кажано! Така, барем нè третираат оние кои се задолжени да ги водат општествените работи во наше име. Тие сметаат на нашето кратко помнење, бидејќи како инаку да се објасни нивното однесување на политичката сцена? Од секоја кризна ситуација тие како да излегуваат посилни и вооружени со оптимизам, ентузијазам и поголеми ветувања. Знаете, во криза 'таблата' на нашето политичко живеење се исполнува многу побрзо, па оттука и поголемата потреба таа да се избрише, потури со пепел, заборави - за нашите државници да добијат нов простор за своите експозеа во стил на колумни или обраќања до нацијата во вид на писмо до Дедо Мраз!

СЕГА КОГА СТОИМЕ ПРЕД КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, СЕТЕТЕ СЕ, САМО КОЛКУ АФЕРИ И ДРАМАТИЧНИ СЛУЧУВАЊА ИМАШЕ ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА - И ОСОБЕНО, НА КОЛКУ ОД НИВ СМЕ ДОБИЛЕ ОДГОВОР ШТО ТОА НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ И ЗОШТО? Бизнис аферите и корупциските скандали веќе и престанавме да ги бележиме, бидејќи станавме имуни на она што е дел од нашето секојдневие. Но, сепак 2004 година виде и некои настани кои имаа потенцијал да остават длабок печат во нашето колективно помнење. Таков настан беше погибијата на претседателот Трајковски и неговите соработници. Но, вреди да се спомне и несреќната судбина на нашите кумановци во Ирак. За овој втор случај, заради објективните околности (хаосот) кои владеат во земјата, која ние официјално ја "ослободуваме" заедно со нашите сојузници Американците, властите имаат некакво оправдување за својата немоќ. НО, ЗА ПОГИБИЈАТА НА ТРАЈКОВСКИ ПОВЕРОЈАТНО Е ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА НЕМАЊЕ ВОЛЈА СЛУЧАЈОТ ДА СЕ РАСЧИСТИ. 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

Но, имаше и настани кои барем за момент нè потсетија на (скорешното) минато. Кондово ја имаше моќта да нè врати во 2001 година, арно ама исчезна како меур од сапуница (!?). Веројатно, навестувајќи дека НАШАТА КОНФЛИКТНА ПРИКАЗНА СÈ ПОВЕЌЕ ЛИЧИ НА САПУНСКА ОПЕРА... А сапунските опери, меѓу другото, се одликуваат со тоа што траат до недоглед, глумците ги гледате час во позитивна, час во негативна светлина (поточно си ги менуваат позициите), и уште поинтересно - никогаш не сте сигурни дека оној што исчезнал/ починал нема во одреден момент да се врати на сцената!! Причините за промените од овој последен вид се прозаични, иако остануваат мистерија за кутриот аудиториум кој стрепи и тагува за своите херои: или глумецот се преценил, бара поголем хонорар, па режисерот ќе реши да го елиминира од сцената; или обратно кога режисерот ќе се прецени и заборави дека успехот им го должи на актерите, тогаш тие почнуваат да ги наметнуваат своите услови, па дури и го кројат сценариото. Не е многу поинаку и во нашиот конфликт: НИКОГАШ НЕ ДОЗНАВМЕ КОЈ БЕШЕ РЕЖИСЕРОТ, А КОИ АКТЕРИТЕ (ЗА СТАТИСТИ ЗНАЕМЕ ДЕКА ИМАШЕ МНОГУ). МОЖНО Е ДА СЕ ПРЕТПОСТАВИ ДЕКА РЕЖИСЕРИ ИМАШЕ ПОВЕЌЕ, А АКТЕРИТЕ ИМ БЕА/СЕ ЛОЈАЛНИ НА ОНОЈ КОЈ ИМ ПЛАЌА ПОДОБРО. Режисерите се свесни дека без своите актери, тие никогаш не би станале успешни (политичари); уште повеќе, без сапунската опера би престанала да постои потребата и од режисерите и од актерите...


На почетокот на 2005 година, Македонија останува заложник на нечија потреба да нè држи во 'блажено' незнаење, заборав, но и сензитивност на дозираните пресврти во нашиот бескраен сапунски конфликт. Во екот на случајот Кондово, еден наш воен аналитичар го беше посетил селото и на неговото прашање до вооружените лица КОЛКАВ Е НИВНИОТ БРОЈ, одговорот бил: "ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО!" Токму така, ЕПИЗОДИТЕ НА СЕРИЈАЛОТ ТАНУШЕВЦИ-КОНДОВО-(???) ЌЕ СЕ НИЖАТ сè додека има актери, режисери, но и публика. Нивниот број ќе се намалува-зголемува (согласно балон тактиката), ќе се појавуваат нови херои, кои ќе ги предизвикуваат старите, фантомските имиња

одеднаш ќе добиваат прво глас (со телефонско јавување), потоа лик (слика на насловна страница), СÈ ДО КУЛМИНАЦИЈАТА - ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕШАЛОНИТЕ НА ВЛАСТА. Она што е најпатетично во нашава шарада е публиката т.е. ние, кутрите посматрачи! Ние и не сфаќаме дека сме станале зависници од нивните епизоди, дека едвај чекаме адреналинот да ни го подигнат ТВ-вестите и ударните наслови на весниците. Дури и наивно веруваме дека сме само гледачи, не сфаќајќи дека сцената веќе се преселила и во гледалиштето - дека ние сме статистите, оние за чиишто судбини и глави станува збор, додека оние актерите профитираат заради нас и на наша сметка. На една неодамнешна регионална

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12 .2004

средба, модераторот ми го постави прашањето како ја гледам Македонија во 2005 година т.е. што би сакала да ни се случи. Да го сфатев прашањето сериозно, ќе се соочев со голема конкуренција во недамнешните говори на новиот премиер и претседателот. Но, за разлика од нивните новогодишни "поздрави и честитки до нашите слушатели", јас сум, чинам, многу поскромна: САКАМ МАКЕДОНИЈА, ЗА ПОЧЕТОК, ДА ЈА ВИДАМ КАКО ВЕБЕРИЈАНСКА ДРЖАВА, ДРЖАВА ВО КОЈА МОНОПОЛОТ НА УПОТРЕБА НА СИЛА ЌЕ ГО ИМААТ ИНСТИТУЦИИТЕ, А НЕ РЕЖИСЕРИТЕ/ АКТЕРИТЕ НА САПУНСКАТА ОПЕРА. Но, тука е проблемот: што кога актерите ќе станат дел од институциите кои треба да го спроведуваат законот и да го чуваат редот и поредокот? Веројатно, доколку Дедо Мраз постои, тој повеќе би сакал да преговара со премиерот и претседателот за нивните долги листи на добри желби, отколку да се позанимава со мојата скромна визија. Во 2005 година Македонија ќе се соочи со низа предизвици. Тука не станува збор само за она што постојано ни го повторуваат: завршната фаза на имплементацијата на Охридскиот договор, реформите кои нè водат поблиску до НАТО/ЕУ, отпочнување на преговорите за финалниот статус на Косово итн. За сите овие предизвици да ги пречекаме подготвени, ќе мораме еднаш за секогаш да одбиеме да ја гледаме сапунската опера која почна 2001 година (па и пред неа), да престанеме да бидеме статисти и адикти од возбудувањата кои таа ни ги носи, НА НЕКОИ АКТЕРИ ТРЕБА ДА ИМ КАЖЕМЕ ДЕКА ВИСТИНСКАТА СЦЕНА ИМ Е ВО КОСОВСКАТА ФАРСА, А НЕ ТУКА. Тука, пак, треба да расчистиме со лажните 'народни херои' чиј успон им го должат на актерите од други драми (косовската, хрватската итн.) и на добро платените експерти (за војување). Конечно, треба да престанеме да забораваме. Треба да сфатиме дека во нашиот заборав лежи клучот на нивниот механизам со кој нè манипулираат. Некој "пали и гаси", според сопствената желба, сметајќи на тоа дека како и да е, на крајот ние и тоа ќе го проголтаме и ќе заборавиме. За 2005 година да не се престори во 2001, треба да се соочиме со вистината за нашиот конфликт. ВИСТИНАТА МОЖЕ ДА БИДЕ И ТАЖНА И ПАТЕТИЧНА, НО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ОЛЕСНУВАЊЕ ДОКОЛКУ СЕ ПОКАЖЕ ДЕКА ВИСТИНСКИТЕ АКТЕРИ НИКАКО НЕ БЕА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ОНАКА КАКО ШТО НИТУ ВО КОНДОВО АКТЕРИ НЕ БЕА НЕГОВИТЕ ЖИТЕЛИ.


К О М Е Н ТА Р

ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ Обично на децата им се остава да посакуваат желби пред празниците и нив ги прашуваат што сакаат да им донесе Дедо Мраз од Лапонија, ама гледаме дека и големиве почнаа да си замислуваат поголеми лижавчиња од оние кои можат да ги купат. Владата не покажа најдобри резултати по прашањето на департизацијата и деполитизацијата на органите на државната управа, бидејќи сè уште се бираат луѓе кои припаѓаат на одредени политички партии, а се запоставени професионалните квалитети и можности за управување.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

К

рајот на годината осамна со новиот владин состав, од којшто некој очекува многу, а некој практично ништо. Очекувањата, како и секогаш, се крајно поделени согласно партиската ориентација на која й припаѓа. За одбележување е тоа што за последниве две години се сменија повеќе премиери отколку за цела деценија наназад. Црвенковски, Костов и еве сега Бучковски покажаа дека нивните кабинети не можат да опстојат на долг рок, не се кадарни во справувањето со секојдневните проблеми и неспособни во креирањето политика на долги патеки. "Оваа Влада ветува" - неколку пати повтори премиерот Бучковски. Па, кој верува денес во ветувања, особено кога доаѓаат од веќе изветвените и избледени политички индивидуи. А, за сè ги бива. И за претседатели на партии, и за потпретседатели, и за министри и за пре-

миери. Скокајќи така цела деценија од една во друга фотелја му се изнаскокаа на народот. Реденка му направија кој како ќе стигне. И ич око не им трепнува. Така требало да биде. Таква била стратегијата. Тие биле чекорите за иднината. Со таква реденка ќе нè внесувале во ЕУ, НАТО и не знам уште каде. Многу експозеа се прочитале пред Собранието, многу оптимизам и песимизам провејувал кај разните политички опции. Многу анализи се понудија. Ништо од сè тоа. Зрели за во пензија иако незаслужена, поголемиот дел од политичките борци не се предаваат. Сè уште имале што да понудат преку своите "креативни" програмски определби и статутарни одредби. Класични комунистички модели на управување. Ветија економски препород. Тоа е моќен збор. Препород. Сега очекуваме некоја еволуција. Ќе се исправаме на нозе, по сè изгледа. Досега се влечевме. Ползевме по земја.

ПРЕПОРОД Што содржи тој препород на овој нов и делумно анонимен владин состав, само Господ Бог знае. Бучковски деновиве е мошне самоуверен. Не сака веројатно да ги тревожи граѓаните за време на новогодишниве празници. Им ги чува нервите за понатаму. Лукав е, нема што. Вистински политичар. Ах, тие пусти желби. Обично на децата им се остава да посакуваат желби пред празниците и нив ги прашуваат што сакаат да им донесе Дедо Мраз од Лапонија, ама гледаме дека и големиве почнаа да си замислуваат поголеми лижавчиња од оние кои можат да ги купат. А, што ни остана друго освен да мечтаеме за некое поинакво утре. Да си создаваме пред очите бајки како да сме во рајот, иако газиме по земниот пекол. Но, претседателот ни немаше баш оптимистички елементи за време на неговото прво редовно годишно обраќање пред народните избраници. Меѓу редови можеше да му се прочита дека има завидно ниво на скептицизам, очај за актуелната состојба во која се наоѓа државава и песимизам за иднината, особено онаа поблиската. "Нè чекаат сериозни обврски и реформи, буквално во сите сфери на општественото живеење. Нема сомневање дека некои од нив ќе бидат и болни." Нека ни е на здравје. Дека тоа ќе биде така говори и изјавата на новиот министер за економија Фатмир Дехари дека реформите можеби ќе поминат и со солзи. Ако досега трпевме и трпиме, отсега и ќе плачеме. И тоа нека ни е на здравје. А своевремено му се смееја на Митко Атанасовски, попознат како Митко врапчето, кој пред 10-12 години од собраниската говорница рече: "Смејте се, смејте се, ама еден ден ќе плачите". Е, изгледа дојде времето за плачење. Некој тоа ни го вети. Новата Влада, премиерот, министерот за економија, претседателот. Од арно поарно. А со она "нека Ви е среќна Новата 2005 година", само ни го спуштаат. "Следните 12 до 18 месеци се решавачки за процесите и за нашата иднина" - ќе нè израдува претседателот. Па, во речиси секое обраќање досега, без оглед дали станувало збор за премиер, претседател или министер, ни се укажувало дека претстојниот период е најзначаен, пресуден за иднината. До кога со тие пресудни временски рокови? Уште колку ќе ги има? Само болки, солзи, маки, страдања. Е, за каков препород тогаш зборуваа Бучковски и неговите нови пулени Минчо Јорданов и Фатмир Дехари? Едно со друго ништо не е поврзано. Контрадикторности и невидени манипулации со истрошените граѓански маси. На седницата на Собранието на Република Македонија на 1 ноември 2002 година, Бранко Црвенковски, во својство на мандатар за состав на новата Влада, меѓу другото, изјави: "Истовремено ги повикувам

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


јавноста, медиумите и невладиниот сектор да продолжат да граѓаните ќе им обезбедат учество во утврдувањето на бидат дежурна совест на општеството и на работењето на круцијалните прашања, кои се значајни за процесот на државните институции". Имаат ли денес таква можност децентрализација. Што имаме денес од тоа? Бегање од македонските граѓани? Се сомневам. Тие се потиштени, стварноста, бегање од одговорноста. Владата не покажа затаени, замолчени. Меѓу другото, во своето експозе то- најдобри резултати по прашањето на департизацијата и дегашниот премиер ги предложи следниве мерки: Владата на политизацијата на органите на државната управа, бидејќи сè Република Македонија веќе во првите сто дена од своето уште се бираат луѓе кои припаѓаат на одредени политички формирање, во соработка со домашни и со меѓународни партии, а се запоставени професионалните квалитети и експерти, да изработи Национална стратегија за совладу- можности за управување. Како најсвеж пример е изборот на Иџет Мемети за нов народен правобранител во Република вање на невработеноста и намалување на сиромаштијата; Владата да води даночна политика, која ќе се темели врз Македонија. Има ли во изборот објективност, неприспринципите на неутралност и правичност; Владата да води трасност? Тешко. За безбедноста која ја имаме во државата политика на социјално партнерство со синдикатите за не е потребно многу да анализираме. Сè уште има простори остварување и заштита на правата на работниците. Денес сè со ограничени можности за движење, кои се обезбедуваат ова е утопија. Притоа, во економската сфера, како прио- со организирани конвои, со кои се постигнуваат потребните ритетни задачи се истакнаа: намалувањето на неврабо- ефекти. За тие подрачја целосната контрола и натаму е само теноста и на сиромаштијата; зголемување на вработеноста; план, вклучувајќи и планови за изградба на полициски станици или нивно опреобезбедување макроекомување. Сè тоа има неганомска стабилност; пративно влијание врз расповедна даночна политика; ложението на населението, буџетска потрошувачка во кое независно од етничката функција на развојот, а не припадност бара присуство во функција на исцрпувана полициски сили кои ќе ње на стопанството; коним ја гарантираат безбедтрола на приватизацијата носта. Последиците од нецеи нејзино довршување; полосната контрола во сите брз развој на индустријата и делови на земјата се огрударс твото; нама лување ледуваат во сè поизразена надворешно трговскиот ното дејствување на кридефицит; фармерски разминалните банди, за кои се вој на земјоделството и смета дека оперираат во развој на селото. Најдете групи од 5 до 10, а на некои барем една точка која по места, како Кондово, со подве години е покрената да веќе од 200 лица. Во поссе решава, а да не зборуОВА НЕ Е ЛАПОНИЈА, ТУКУ МАКЕДОНИЈА! ледно време, нивниот број ваме за тоа дека некоја се е сè поголем, како и опасрешила. ностите во однос на безНЕКА НИ Е НА ЗДРАВЈЕ. АКО ДОСЕГА ТРПЕВМЕ И ТРбедноста. Во континуитет СИРОМАШТИЈА ПИМЕ, ОТСЕГА И ЌЕ ПЛАЧЕМЕ. Е, ИЗГЛЕДА СЕГА ДОЈДЕ се случуваат убиства, рануВРЕМЕТО ЗА ПЛАЧЕЊЕ. НЕКОЈ ТОА НИ ГО ВЕТИ. НОВАТА вања и малтретирања на Исто така, во предизборВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ, МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА, граѓани, ограбувања и повната програма на СДСМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ. ОД АРНО ПОАРНО. А СО ОНА "НЕКА торни разрушувања на обдецидно е напишано: "ИмаВИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2005 ГОДИНА", САМО НИ ГО новени домови и други обме национална програма "СПУШТААТ". ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД НИ БИЛ НАЈјекти, кражби, киднапираза борба против сиромашЗНАЧАЕН, ПРЕСУДЕН ЗА ИДНИНАТА. ДО КОГА СО ТИЕ ња, уцени и слични појави. тијата". Имено, СДСМ во ПРЕСУДНИ ВРЕМЕНСКИ РОКОВИ? УШТЕ КОЛКУ ЌЕ ГИ Извештаите од теренот збосвојата предизборна проИМА? САМО БОЛКИ, СОЛЗИ, МАКИ, СТРАДАЊА. руваат за добро вооружени грама истакнува дека сирои подвижни групи. Нивното маштијата не може да исдејствување личи на парачезне преку ноќ. Но, нема да се дозволи да продолжи процесот на социјално рас- воена формација, поради што и не смее да се минимизира лојување, во кој на една страна преку ноќ се создаваат можноста за загрозување на мирот и стабилноста во богати, а од друга страна мнозинството останува во одделни реони и региони. Дури и со прифаќање на сиромаштија. Коментарот на ова би бил: "ха, ха, ха". Оттука, квалификацијата "криминални банди", отсуствува брза и јасно може да се заклучи дека програмата на една партија ефикасна акција за справување. А, нашите политичари ни не содржи ништо друго освен лаги и отровни бонбони за зборуваат за некаква Европа, за некакво НАТО. Кога се електоратот, за сите граѓани. Притоа, треба да се забележи, зборува за приближување на Македонија кон ЕУ, најбитни особено кога се во прашање Социјалдемократскиот сојуз на се критериумите на Унијата усвоени на Европскиот совет во Македонија и Либерално-демократската партија, дека про- Копенхаген во 1997 година: функционална правна држава и грамите на партиите многу подетаљно го елаборираат раз- почитување на демократијата како основен принцип на решувањето на социјалните проблеми, отколку што тоа го функционирање на државата; функционален економски систем, кој може да ја издржи конкуренцијата на европскиот прави генералната програма на Владата. Партиите ветија дека ќе го слушаат гласот на народот и пазар; и приближување на националното законодавство дека "СДСМ ќе ги поттикнува граѓаните непосредно да кон европското. Е, за да дојдеме до овие стандарди треба да учествуваат во вршењето на работите од надлежност на почнеме и да плачеме, а не само да трпиме. Почитувани локалната самоуправа". Исто така, партиите ветуваа дека на граѓани, купете си шамивчиња. Дојде времето за плачење. 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ОГЛЕДАЛО

Тачко ЛОКВЕНЕЦ

ЗАКОН, ПОТ И РЕД

O

бично предновогодишните празници изобилуваат со појава на (пре)пораки од личности кои можат, знаат и треба да й се обратат на нацијата. Во нив не е ништо дозволено освен - реализам! Секаде во светот на демократијата, говорот на претседателот на Републиката, Бранко Црвенковски, пред пратениците десетина дена во пресрет на Новата 2005 година, ќе ги полнеше подолго време колоните на весниците, освен кај нас, кој помина како да не беше ни одржан... Некогаш во стара Атина кога Перикле ќе застанел пред избраниците и ќе го кажел тоа што имал да го каже, Атина со неговите пораки, забелешки и насоки живеела до неговото повторно излегување пред јавноста. Но, тоа е што е, такви сме какви што нè "дал Господ". Претседателовото либрето, имам впечаток дека не им се "бендиса" само на оние во оваа држава што ги обврза да не продолжуваат со работа како што работеа досега, зошто очигледно вака веќе не оди и не може. Значи ли тоа дека Македонија ќе има "тесни затвори" да ги прибере сите кои се ставаат надвор од и над законот; дека во Македонија смената на неспособните ќе се одвива порационално; дека конечно ќе им ги подотвориме перспективите на младите; дека сите кочничари ќе бидат сместени каде што им е местото, во историјата; дека стравот од огледалото да се видиме кои сме

и каде сме ќе исчезне затоа што не сме ниту најпаметни ниту најубави, но не сме ниту толку за "фрлање" како што мислат некои кои мислат дека ни ја "измислиле топлата вода"?! Трите временски перспективи на претседателот за Македонија (вчера, денес и утре) побудија водоскокни размисли, од восклик дека "тоа е тоа", до сомнеж дека ни беше упатен уште еден "социјалистички говор кој треба да ја пополни претстојната - празнина". Балканот е полн со дубиози. Со векови овде живеат неизвесноста и несигурноста, и така им е "добро", што не познаваат друг начин на егзистенција освен - страв. Стравот плаши, стравот ниша и ја ретчи рационалноста. Либретото на претседателот, ми се чини бараше или неподелена поддршка, или неподелно отфрлање. Не може државникот број 1 да й зборува на нацијата, а таа да покаже болешлива рамнодушност. Што е во прашање: отсуство на критериум, или добро нам познатата сервилност?! Духот на една нација, не се "вежба само во академските аули", ами тој дух, ако веќе тука му е тесно, излегува од времето и си бара простор таму каде што го очекуваат. Предоминантни се амортизерите на новите пораки и размислувања. Нам не случајно ни се случуваат митото и корупцијата, кои континуирано контаминираат, како што во Танушевци не случајно ни се случи Кондово, а по Кондово да го прашаме само Господ што. Мора да признаеме: 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

како држава сè уште немаме моќ на коерцибилност, да можеме да ги запреме сите нејзини поткопувачи. Публиката (читај: народот) е во состојба на - дремка. Нешто треба да ја разбуди. Нашиот политички театар, тоа очигелдно не може. Повеќе ја заспива. Во демократијата кон која тежнееме треба да се искористат сите нејзини "ресурси" за да се избегне таканаречената "клонирана комуникација". Македонија не е "лоша" држава. Прашање е само, колку е држава. Во оваа земја малкумина се откажуваат од ручекот само 15 минути и кога се многу гладни. Понекогаш толку ме спопаѓа слабост, мислам дека сме "болни од неизлечив вирус, со кој самите себе се заразуваме". Не е овој некој несовладлив дефетизам. Во несистемот треба да се вгради само систем. Знам, добиваат храбрите. Но, не може секогаш и секаде да ќарат само оние чија храброст нема никакво покритие. Вчера знаеме што беше и како беше. Денес, сè уште трае. Во утре мораме да веруваме. Барем кон тоа ме упати претседателовото либрето, исчистено од фрази, но непрепорачливо долго. Објективно, ако веќе морам да го изнесам своето мислење, ние се наоѓаме во состојба на земја на која не й се ветува ништо друго освен: Закон, Пот и Ред! "Држете се заедно"... оваа реченица на покојниот претседател Борис Трајковски, во една новогодишна порака многу ми се бендиса.


САШО СТОЈЧЕСКИ, МА

ИНТЕРВЈУ

РОДЕН ДА БИДЕ ДЕЛ

Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА

Господине Стојчески, по втора година средно образование заминавте за Америка. Која беше причината за овој чекор? СТОЈЧЕСКИ: Првото патување беше во Англија и траеше 3 недели. Тоа беше една летна програма за размена на ученици, со цел да посетуваме курс по англиски јазик. Сè до 15 - годишна возраст секое лето, 3 месеци минував во Америка на слични програми за учење на англискиот јазик. Овие патувања, за кои имав огромна поддршка од семејството, ми овозможија незаборавни моменти, искуства, познанства, а најголема придобивка беше тоа што одлично го совладав англискиот јазик. При едно патување ја посетив државата Флорида, таму останав 3 месеци во семејството на едни прекрасни луѓе, Lee и Thadeus Kempisty. Благодарение на нивното гостопримство и дружељубивост, уште повеќе го усовршив англискиот јазик. Со овие луѓе разговарав за најразлични теми, од што подоцна произлезе клучниот разговор за моите идни планови, односно понатамошно школување. Уште тогаш, но и долго пред тоа, знаев која е

мојата желба и што сакам да учам, воопшто каква да ми биде кариерата. Штом ја спомнав мојата желба, луѓето веднаш ме насочија кон Универзитетот Embry-Riddle Aeronautical University кој се наоѓа на Флорида. По една недела од разговорот, од Универзитетот ги добив сите потребни материјали и апликации, но за жал имав само 14 години. Морав да се вратам во Македонија и се запишав во охридската Гимназија. Во тој период редовно комуницирав со Универзитетот, ги следев сите новини и промени во следните две години. По завршувањето втора година се запишав во средно училиште во Америка, во државата Мичиген, по препорака на Универзитетот. Тоа беше корисно, но многу тешко искуство, преполно со предизвици и најразлични пречки сè до крајот на школувањето. Успеав двете школски години да ги завршам за една. Значи, главната причина што заминав во Америка беше препораката од Универзитетот, со цел подобро и побрзо да се вклопам во нивната средина. Го избравте Универзитетот за авијација во Флорида. Зошто? СТОЈЧЕСКИ: Од моментот кога на некој начин американското семејство ме запозна со тој Универзитет и со него30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

вите програми, продолжив самостојно преку телефон, Интернет и др. да комуницирам со него за да соберам што повеќе информации. На крај се убедив дека тоа е единствениот таков универзитет во светот, кој нуди исклучително програми за авијација, како што се, обука на пилоти, контрола на летање, метеорологија, конструктори, инженери, бизнис авијација и авиомеханичари. Контактирав со многу негови поранешни студенти кои, тогаш а и сега се наоѓаат на угледни работни позиции, и тие ми го потврдија истото. Професорите имаа долгодишно искуство во сите гранки на авијацијата, а особено во летањето. Околу 80 отсто од нив беа поранешни воени пилоти, а другите, поранешни капетани во цивилното воздухопловство. Универзитетот располагаше со свој аеродром и флота од 250 авиони од различни видови за обука. Аеродромот беше во радарска зона во која имавме одлични можности за усовршување на летањето, како и на комуникациите, односно во средина во којашто дневно се реализираа 4500 летови. Исто така, Универзитетот располагаше со голем број симулатори - Boeing 737-300, Beechcraft 1900, 10 нови симулатори на помали едномоторни авиони и различни уреди за симулација на летот. Благодарение на нивното усовршување и новата технологија, студентите можат целиот тренинг да го добијат на тој симулатор и на крај да бидат подготвени директно и самостојно да летаат со вистински авион. Училниците беа најмодерно опремени, со сите видови прожектирачки апарати и компјутер за секој студент. Беа достапни и т.н. тутори или луѓе платени да ни бидат достапни во текот на целиот ден, за било каква стручна помош. Универзитетот има библиотека која работи 24 часа и во неа може да се најде секаков вид информации. Значи, горенаведениве услови, долгогодишното постоење и успех, местоположбата и професионалноста беа главните причини поради кои одлучив да се школувам токму на овој Универзитет. Каков е нивниот начин на студирање, односно што сè се бара од студентот? Имавте ли можност да добиете стипендија?


КЕДОНСКИ ПИЛОТ

ОД СВЕТСКОТО НЕБО СТОЈЧЕСКИ: За жал, немаше стипендија за странски студенти, без оглед на успехот кој го постигнуваа. Универзитетот се третира како приватен и непрофитабилен и затоа не располага со такви програми. Начинот на студирање беше многу едноставен и ефикасен. Отсекогаш сум се воодушевувал на нивниот систем и тоа најмногу поради ефикасноста. Речиси сите професори беа одлични психолози и педагози. Со своето долгогодишно искуство тие точно знаеја што треба да знаеме и како да го научиме. Динамичната настава мораше да се следи редовно и изостанувањето беше строго забрането, секако со исклучоци. Минималниот резултат беше успешност на 80 отсто од сите видови тестирања, освен практично. Тестирањата се вршеа многу брзо, а цел беше студентите секогаш да имаат свежи познавања на материјалот. Професорите повеќе практикуваа активни предавања, во кои беа вклучени обработка на одредени теми во групи, тимска работа, проекти, и прикажување и анализирање на вистински случки во авијацијата со сите средства кои ни беа достапни. По секој нов изучен материјал следеше вистинска практична случка која многу помагаше да се совлада и да се разбере материјалот. Секој вид на предавање во училница и надвор од неа нè условуваше да користиме дополнителни информации - книги, Интернет итн. Што се однесува до практичниот дел или летачкиот оддел, уште во првиот семестар имавме инструктори и веќе почнувавме со земјено подготвување и летање. По наставата од 8 часа имавме средба со нашите инструктори. Обуката во состав со летачкиот оддел, кој се разликуваше од универзитетската настава, се состоеше од писмено подготвување, усно и практично. Дневно имавме 4 часа усно и околу 4 часа летање. Во усниот дел студентот се запознаваше со најразлични системи на авиони, кои физички беа изложени за нас. Практичниот дел беше најинтересен, но за него беше потребна добра подготовка, концентрација и енергија. По секој лет со инструкторите имавме т.н. брифинг или разговор во кој ни го прикажуваа нашиот напредок, успех и неуспех во летањето, заедно со техниките за усовршување и најразлични со-

вети. По секои 10 лета имавме практични тестирања со државен инспектор, а секое трето беше главно полагање за одредена дозвола. Прво почнувавме обука за спортски или приватен пилот, потоа за летање по инструменти, професионален пилот, пилот за повеќе моторни авиони и инструктор по летање. Три ипол години минавте на овој Универзитет. Какви беа летните семестри? СТОЈЧЕСКИ: Школувањето на Универзитетот трае 5 години. Летните семестри им беа достапни на студентите кои сакаат побрзо да го завршат школувањето и имаат опција да учат 12 месеци во годината. Се одлучив за оваа варијанта и секоја година, десет ипол месеци следев настава, така што успеав да завршам за три ипол години. Тие се многу различни од оние нормалните, всушност потешки, подинамични, но со труд и со упорност ја постигнав целта. На крај, на 21 - годишна возраст успеав да дипломирам во областа професионален линиски пилот и во историјата на тој Универзитет да бидам првиот дипломец Македонец, инструктор пилот, контролор, метеорологист и диспечер.

Вашите соништа да бидете дел од некоја голема американска компанија паднаа во вода. По дипломирањето се соочивте со два големи проблема? СТОЈЧЕСКИ: Поради квалитетот на студентите излезени од овој Универзитет, големите американски компании постојано беа во борба и доставуваа најразлични програми за обука и вработување на пилоти. Поради мојот успех, компанијата NORTHWEST AIRLINES ми понуди работно место. Со задоволство ја прифатив понудата. Сè се одвиваше беспрекорно сè до 11 септември 2001 година (кога се случи терористичкиот напад на зградите близначки во Њујорк). По овој настан, работите целосно се променија. Како странски пилоти добивме многу лимитирања и забрани. Сите програми за вработување паднаа во вода, а со тоа и моето работно место. Истото важеше и за американските државјани. Авијацијата како гранка, односно дејност тргна надолу, компаниите почнаа да банкротираат, а јас и многу други се најдовме во безизлезна ситуација. Во тој момент не размислував да се вратам во Македонија, туку продолжив и се соочив со многу потешки моменти. Добивме секакви забрани да посетуваме одредени настави, да користиме одредени апаратури и симулатори за кои веќе имавме платено во Универзитетот. Овие настави беа заменети со други како субституција, па тоа нè чинеше уште половина година, уште еден семестер, а и дополнителен финансиски трошок. Со текот на времето состојбата се промени на подобро, но само за американските државјани, но не и за нас - странците. Таа е причината поради која јас сега се наоѓам во Македонија. Колкава и да е голема желбата, факт е дека е многу долг и тежок процес да успеам да станам дел од некоја угледна американска компанија, а во многу случаи и невозможен. Работевте како инструктор. Што се случи потоа? СТОЈЧЕСКИ: Кога полагав и се обучував за инструктор по летање веќе голем број поранешни инструктори

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ИНТЕРВЈУ беа вратени од компаниите поради тешката состојба во која се наоѓаа. Во еден момент оправдано бев загрижен дека за мене ќе нема работно место. Благодарение на брзото економско закрепнување и воопшто на авијацијата се создаде можност да се вработам на Универзитетот како инструктор по летање во период од околу 4 месеци. Тоа беше прекрасно искуство, преполно со дружење, учење, летање, одговорности. По ова се вративте во Македонија. Во Европа не се признаваа американските дозволи, така што Вие моравте повторно да го минете истиот пат! СТОЈЧЕСКИ: За жал, тоа е точно. Не би сакал да навлегувам во детали и да објаснувам зошто е така, но верувам дека станува збор за некаква нивна непотребна игра на политички план. Пилотите кои поседуваат европски дозволи им се признаваат во Америка, а обратно не. Кога се запишав на Универзитетот овој проблем немаше такви димензии, но по сите настани последниве неколку години, за жал, работите станаа покомплицирани отколку што мислев. Моментно сум запишан во една британска летачка Академија со седиште во Наплес, Флорида каде што наставата се одвива по Интернет. Програмата се состои од два дела, со по 7 различни предмети и вкупно 14 испити. Без разлика на подготвеноста овие правила нè условуваат сè ова да го совладаме и научиме за минимален период. Така, сега повторно учам и како што рековте го минувам истиот пат за да можам да се здобијам со европски дозволи за летање, кои се признати речиси секаде во светот.

САШО СТОЈЧЕСКИ, МАКЕДОНСКИ ПИЛОТ

ќе им биде чудно, но јас искрено не би сакал да се вратам во Америка. Би отпатувал на кратко, но се надевам дека нема да имам потреба да се решам таму и да живеам. Америка е една голема земја со безброј можности, но едноставно не го прифаќам тој начин на живот, менталитетот, а особено третманот кој го имаат пилотите-странци по терористичкиот напад. Од каде љубовта кон пилотирањето. Кажете ни какви чувства Ве обземаат кога летате и дали веќе имавте можност да управувате авион со повеќе патници?

и кога времето не е добро, но сè има свои добри и лоши страни. Имав можност да летам и со патници, не многу, но секогаш одговорноста или критериумите се еднакви. Чувството на одговорност за мене е душевна храна, едноставно сакам да бидам одговорен за патниците и да знам дека тие имаат целосна доверба во мене. Дали веќе сте размислувале за опасноста, ризикот и одговорноста која ќе ја понесете и колку сте решителни и храбри за сè тоа?

СТОЈЧЕСКИ: Понекогаш мислам дека едноставно сум роден за оваа професија. Уште како мал мојата прва желба се однесувала на летањето, првата добиена играчка беше авион, секогаш сум бил оптоварен со авионите на не-

СТОЈЧЕСКИ: На оваа тема сум размислувал долго пред да се запишам на Универзитетот. По природа сум решителен и упорен. Ризикот не би го прифатил ако е непотребен. Морам да потенцирам дека во оваа професија треба да се има решителност и храброст до одреден степен, но тоа мора да

бото и постојано сум ветувал дека еден ден ќе станам пилот. Многу време минував на Охридскиот аеродром, ги гледав авионите како слетуваат и полетуваат. И откако ми се оствари желбата, како пилот имав можност да летам и сум стекнал искуство од 400 часа летање. Летањето е чувство кое со збор не се опишува. Едноставно, кога сте горе на небото чувствувате слобода, бидејќи вие сте единствениот кој знае и избира каде и како ќе лета. Тоа е огромно воздушно пространство во кое вие доминирате. Најмногу сум летал на зајдисонце. За жал, сум летал и кога морам

биде поткрепено со искуството и подготвеноста. Колку имате повеќе искуство, што повеќе знаете, колку повеќе се усовршувате толку тоа и ќе придонесе да бидете похрабри и порешителни. За да ги постигнете овие критериуми морате постојано да бидете во тек со науката, да ве интересираат новите работи во авијацијата, редовно да летате и да извршувате одредени задачи или законски барања, а најважно мора да постои исклучителна дисциплина. Не верувам дека еден пилот би можел да опстане долго време без таа дисциплина.

Што по надминувањето на овие проблеми и по завршувањето на студиите? Имате ли некакви шанси да се вработите, секако прво во Македонија, а потоа и во Европа? СТОЈЧЕСКИ: Иако до сега вложив огромен труд и финансии надвор од Македонија, искрена желба ми е, доколку е можно, да летам во Македонија. Со одредено претходно искуство и со дипломата од Embry-Riddle Aeronautical University и секако со упорноста, искрено се надевам дека во иднина ќе ми се пружи шанса да работам во некоја европска земја. Дали би се вратиле во Америка? СТОЈЧЕСКИ: Можеби на многумина

32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549/ 30.12.2004


КРВАВА ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО Во Тетово, во организирана полициска акција беше разбиена криминална банда на чело со Лирим Јакупи познат под прекарот Нацист, државјанин на Србија и Црна Гора. Во вооружената пресметка беше убиен еден од припадниците на криминалната банда, а двајца се лишени од слобода. Само лидерот на оваа група, Лирим Јакупи - Нацист, иако со тешки повреди успеал да й побегне на полицијата и да пребегне во Косово. При оваа акција, исто така, беше повреден и еден од припадниците на полицијата.

WELCOME TO MACEDONIA MR. PRSIDENT Во САД има повеќе гратчиња, улици и цркви кои го носат името Македонија и создадени се, пред сè, од Американци или новодојденци на американскиот континент, кои по слава на Македонија од Библијата и од славата на Александар Македонски им ставале такви имиња на овие места. Еден од тие градови е The City of Macedonia кој во 2005 година слави 100 години од постоењето, а по тој повод господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски упати честитка до градоначалникот на градот, господинот Don Kuchta. За време на претседателската кампања на Џорџ Буш пред влезот во гратчето стоел натпис: Welcome to Macedonia Mr. President.

СТОП ЗА ФОСФАТНИТЕ ДЕТЕРГЕНТИ Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека ќе донесе уредба за забрана на производство, увоз, промет и употреба на фосфатни детергенти, бидејќи нивното користење може да предизвика несогледливи последици и изумирање на ретките растителни животински видови во Охридското Езеро. По предупредувањето на експертите, во Охрид се поведе масовна јавна кампања за забрана на фосфатните детергенти, која ја води компанијата Фармахерм.

УСПЕШНА ГОДИНА ЗА ИК БАНКА Изминатава година ИК Банка ја забележа како најуспешна досега. Активата на Банката е зголемена за 36 отсто или за повеќе од една третина, а очекуваната добивка, пак, по оданочувањето ќе биде повисока за 61 отсто во однос на 2003 година. Перформансите на Банката, изразени преку квалитетот на кредитното портфолио, големата динамика на реализација на кредити и порастот на депозитната база во 2004 година, резултирале со потпишување нови кредитни аранжмани со странските партнери.

РЕКОРДНО ПРОИЗВОДСТВО НА "МАКСТИЛ" Компанијата "Макстил" 2004 година ја заврши со рекордно производство од 310.000 тони контилен слаб. Тоа е девет отсто над производството остварено во 2003 година и шест отсто или 320.000 тони дебели лимови. Капацитетот на погоните во "Макстил" е зголемен за повеќе од шест пати, при што асортиманот и квалитетот на гама производите се сертифицирани во европски и во светски рамки.

33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


ЕКОНОМИЈА

ТУТУНСКА БАНКА ЌЕ ПЛАСИРА 20 МИЛИ

ПРОМОЦИЈА И НА МЕЃУНАР

Пишува: Рената МАТЕСКА

Н

еодамна Тутунска банка и Европска банка за обнова и развој потпишаа договор за реализација на првиот синдициран заем за ма ли и средни претпријатија во земјава, во износ од 20 милиони евра. Ако се има предвид дека иднината на македонската економија е насочена токму во развојот на малите и средните претпријатија, тогаш е јасно од какво значење е оваа кредитна линија. Овој кредит е наменет за финансирање мали и средни фирми, кои се занимаваат со производство

"Успехот на овој проект е мошне значаен и за Македонија, не само поради износот, туку и затоа што е првиот бенефит од добивањето на кредитниот рејтинг на земјава. Може да се каже дека ова е и прв срамежлив сигнал за поинтензивно влегување на странски инвестиции во македонскиот банкарски сектор", изјави директорот на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Синдицираниот кредит го обезбедуваат ЕБОР, со седум милиони евра, и десет други меѓународни банки, со 13 милиони евра, а целта на учеството на повеќе финансиски институции е да се дисперзира ризикот.

во земјоделската, трговската или услужната дејност. Тие можат да добијат кредит во максимален износ од еден милион евра, а со посебна согласност од ЕБОР и од три милиони евра. Максималниот рок на отплата е до три години, со бескаматен период од шест месеци. Договорот го потпишаа првиот генерален директор на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, и директорот за финансиски институции при ЕБОР, Курт Гајгер. "За излегувањето на Тутунска банка на меѓународниот финансиски пазар беше потребно да се создадат и услови. Со добивањето на кредитниот рејтинг на Македонија, зајакнувањето на позицијата на Тутунска банка на Македонија и во НЛБ-групацијата, се создадоа услови да излеземе како Банка на меѓународниот финансиски пазар", изјави директорот на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Според него, каматите на кредитите за крајните корисници ќе се движат од седум до девет отсто. Тој смета дека во земјава има недостиг од долгорочни извори за финансирање на приватниот сектор и тие се бараат кај меѓународните банки.

СИНДИЦИРАНИОТ ЗАЕМ ПРЕТСТАВУВА КОРИСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Тутунска банка е првата банкарска институција во земјава која излегува на меѓународниот финансиски пазар. Заемот тежи 20 милиони евра, од кои седум милиони евра се на ЕБОР, додека 13 милиони евра се одобрени од десетте меѓународни банки, меѓу кои Ерсте банк, Бенк Аустрија Кредитаншталт, КБЦ, Вест ЛБ, Американ експрес банки и други.

ОПИС НА ПРОЕКТОТ Тутунска банка АД Скопје - членка на групацијата на Нова љубљанска банка, е трета по големина банка во Македонија и е една од водечките банки по остварените перформанси, како во банкарскиот сектор во Македонија, така и во наведената групација. Оваа банка е со најбрз пораст остварен последните неколку години и со континуирано следење во чекор на растечките финан-

34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

сиски потреби на деловниот сектор во државава. Терминот синдициран заем претставува релативно нов поим за деловното работење. Но, за финансиските експерти тоа е познат термин, кој прв пат се воведува во 70-тите години на минатиот век и подразбира независна финансиска активност. По дефиниција тој претставува заем кој е одобрен од група банки, на една банка - позајмувач. Најчесто одобрувањето се врши преку


ОНИ ЕВРА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

ОДНИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР една банка - агент, која во процесот на аранжирање на синдицираниот кредит е посредник меѓу банката - позајмувач и банките - партиципиенти во заемот. Овие кредити претставуваат значаен извор на меѓународно финансирање и заземаат учество од 33 проценти во вкупното интернационално финансирање. Преку синдицираниот заем банките - учеснички ја разводнуваат концентрацијата на ризикот, а банката - позајмувач добива на располагање фонд на средства преку интегрирање на меѓународниот финансиски пазар. Синдицираниот заем претставува корисен и флексибилен извор на финансиски средства и овозможува брзо и едноставно

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 539 /29.10.2004

натамошно позајмување на кредитни средства кон крајните корисници. Предуслов кој овозможи реализација на проектот беше кредитниот рејтинг кој Република Македонија го стекна од страна на Standard & Poor's. Од тој аспект, добивањето на синдицираниот кредит е мошне значајно, како за националната економија, така и за приватниот сектор. Ако се има предвид дека проектот претставува еден од првите бенефити кои произлегуваат од кредитниот рејтинг, несомнено истиот ќе биде и сигнал за интензивирање на влезот на странски директни инвестиции во финансискиот сектор, односно во државава.


ПИСМА

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

ЖРТВИ НА ДНЕВНО - ПОЛИТИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ

Н

ема сомнение дека во националниот живот на населението во државава, религијата има мошне значајно место. Тоа доаѓа од таму што оваа општествена категорија е загарантирана со Уставот, а е заштитена и со некои закони. Тоа значи дека нашето општество сосема не се откажало од религиските права! Дел од Македонците - муслимани се незадоволни од досегашното функционирање на некои општествени форми, за коишто слободно може да се забележи дека има такви состојби кои работат само на некои "дневно - политички интереси". Од досегашната историска практика, и досегашните Здруженија на Македонците - муслимани кои веќе се формирани, може да се констатира дека тие повеќе водеа политика, отколку што се занимаваа со реалните проблеми на луѓето. Затоа тие беа и се жртви на некои "дневно - политички интереси" на владејачките гарнитури од различна провиниенција. Фактот говори дека во нашава држава за нас муслиманите од Македонија, не е направено ништо позначајно, со што би можеле да се пофалиме. И што направивме за да не се сфаќа македонштината во нашите краишта само како вештачки украс, но како реална потреба? Мораме да признаеме дека за оваа состојба сме виновни и ние самите, поточно начинот и методите кои ги користеа луѓето што во изминативе 50 години ги раководеа нашите сојузи. Поради тоа, треба да бидеме конструктивни и искрени дека прво мораме да го изметеме сопствениот двор, а потоа да бараме одговорност од државата и на тој начин да й помогнеме да изгради долгорочна стратегија, за доброто на сопствениот

народ, во кој припаѓаме и ние. Тука сакаме да укажеме дека е "погрешна" тезата која егзистира подолго време во некои средини конкретно под изговорот дека државата сама нè оставила, за сите ние да можеме сами да се снаоѓаме, дека ете не ни помага, во тој дел тоа е кажано погрешно, зашто вистината сосема е поинаква во животот, а практично произлегува, односно колку ќе дадеш и толку ќе добиеш. Ние не спориме дека сè тече, "мед и пресно млеко", па ајде сега навали. Но, мина времето кога државата правеше некои "свои кадровски структури", каде бевме и повеќе присутни како кадри од Македонците - муслимани, за разлика во овој сегашен "плуралистички" систем каде практично сме и запоставени како "етнос-заедница". Во тој домен, за доказ на нашата вистина постои доволен пишуван материјал за вистината, и сè уште ќе се пишува дека "етносот" мора да ја знае својата вистинска историја, да ја советува помладата генерација, за да знаат кој им е "етносот", дека се поврзани со своите браќа од словенско потекло, нашето заедничко минато, сегашност и иднина, секако се единствени содејци, но со различна вера и религија. Тоа е нашата заедничка судбина која и во иднина ќе нè поврзува и соединува, тоа ќе биде и нашата блискост, која гарантира и заедничка судбина во државата Македонија.

Ферид Асановски, Скопје

ФОРУМ

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

"АЛЕКСАНДАР" НЕ Е ИСТОРИЈА ТУКУ МИТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЦАР

П

овеќе од четири децении ја проучувам историјата на античка Македонија, така што се чувствувам должен да ги изнесам своите забелешки во врска со многузборуваниот филм на режисерот Оливер Стоун "АЛЕКСАНДАР". Самиот наслов "АЛЕКСАНДАР", без додавката "Велики" или "Македонски", покажува дека режисерот бил во дилема: дали да го прифати историското име Александар Македонски, како што го нарекувале античките историчари Плутарх, Аријан, Диодор, Јустин и Куртиј Руф, или, пак, името Александар Велики, кое прв пат му е дадено пред еден век

од страна на германскиот историчар Вилкен, омаловажувајќи ја додавката "Македонски". Но, сепак режисерот го завршил филмот со нарацијата на Птоломеј - дека Александар треба да се запомни како "Александар Велики". Потоа режисерот повторно се повикува на Птоломеј, еден од најблиските придружници на Александар и кој напишал книга за неговите подвизи. Земам слобода да го цитирам Николас Хејмонд, кој во научниот свет се смета за еден од најголемите истражувачи на македонската историја: "За Птоломеј постоел само еден Александар - Александар

36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Македонски" (N.G.L. HAMMOND - "THE GENIUS OF ALEKSADER" - OXFORD 1994). Во однос на фактот дека режисерот ги занемарува историските вистини и дава свој концепт за случувањата, најверојатно тоа го направил затоа што филмот не го третира како историја, туку како мит за македонскиот цар, како најголем освојувач во светската историја. Мислам дека филмот треба и така да се прифати. Но, не може а да не се укаже на одредени недостатоци, кои се направени или од незнаење на режисерот или, пак, му се наметнати од надвор. Ќе почнам по ред: Филип ја нарекува "варварска" својата венчана сопруга Олимпија. Ниту еден од наведените антички историчари не го напишал тоа, туку обратно - од нив дознаваме дека од страна на Грците Филип бил наречен "варварин", како човек кој не припаѓал на елинскиот свет. Тука режисерот малку ги побркал работите, но не случајно. Инаку, претераната грубост на Филип и свирепоста на Олимпија, како и Филиповиот однос кон неговиот син Александар прикажан во сцената кога разбеснетиот Филип се нафрла со нож за да го убие сина си, но притоа се препнува и паѓа, а Александар го исмева обраќајќи им се на присутните: "Видете го човекот кој има намера да се префрли од Европа до Азија, а не може да прескокне една чаша со вино", се преземени од старогрчкиот писател Клитархос и многу невкусно се пренесени во филмот. Инаку, кај научниците Клитархос е познат по неговите измислени пикантерии. Николас Хејмонд за него напишал: "Клитархос кој потекнува од Мала Азија и најверојатно е Грк по потекло, многу често се служи со разни сплетки и озборувања, кои немаат никаква историска вредност" (N.G.L. HAMMOHD - "The Macedonian State, the Orgins, Institutions and History" - Oxford 1989). Но, кога веќе режисерот посегнал по такви ексклузивни пикантерии од типот на Клитархос, тогаш зошто ги одбегнал историските факти, како што се: битката под Херонеја во 338 г. ст.е. предводена од Филип против здружените сили на елинските градови - државички или битката под Херонеја одржана малку подоцна во 335 г.ст.е. предводена од Александар? Очигледно режисерот не бил расположен да ги прикаже битките во кои Грците војувале против Македонците. Тоа се случило и во големата битка над реката Граник во 334 г.ст.е., на која според пишувањата на Аријан, на страната на Персијците против Александар војувале 20.000 грчки платеници. Истото тоа може да се каже и за битката кај Ис во 333 г.ст. е. кога Александар прв пат се борел со Дариј, големиот владар на Персиското царство. Според Аријан, на страната на Дариј учествувале 30.000 грчки наемници. Режисерот го избегнува и фактот дека во битката кај Гавгамела, во 331 г.ст.е., која детаљно е прикажана во филмот, елитната царска гарда на Дариј ја сочинувале главно грчки платеници. Но, затоа пред почетокот на историската битка е покажан Александар кој на сите војници им се обраќа со зборовите: "Тука ќе се бориме за славата на Грција". Каков историски фалсификат!!! Дали тоа може со пари да се измери? Според старогрчкиот историчар Диодор, откако пред битката Александар им се поклонил на боговите, тој им се обратил на војниците со следните зборови: "Македонци, покажете го вашето јунаштво како и секогаш и борете се до последната капка крв, за победа и за слава на Македонија и за ваша слава!"

Во филмот можат да се забележат повеќе слични осврти во кои намерно или случајно се спомнува зборот Грци или Грција. Во "Александар" македонските војници се покажани многу реалистички, како храбри и дисциплинирани, со прекалени лица полни со лузни од крвавите битки. Му забележувам на режисерот што не ги спомнува сите генерали кои имале решавачки придонес во секоја битка, како: Пердика, Леонат, Аристон, Аминта, Лизимах, Мелаѓер, Кен, Полиперх, Сим и Никанор. Пропуст на режисерот Стоун е и прикажувањето на македонските војници дека се борат со голи нозе како што е во некои римски фрески. Според тоа што ни го пренесоа античките историчари, Македонците во битките оделе со заштитени нозе со потколеници и со натколеници, изработени од осумслојна волска или биволска кожа. Со такви кожи биле заштитени и коњите, а особено омилениот коњ на Александар, Букефал. Што се однесува до Букефал, тој во филмот е прикажан реално, бесен и нескротлив. Импресивна е сликата кога се среќаваат индискиот владар Пор, качен на слон, и Александар, на Букефал. Коњот Букефал бил многу понизок од слонот на Пор, но тој се кренал на задните нозе, така што Александар се нашол лице в лице со својот противник. Сепак, Букефал на Александар се разликувал од Букефал на режисерот Оливер Стоун не само по тоа што бил совршено заштитен со кожни обвивки, туку и во тоа што вистинскиот Букефал имал забележителна бела дамка на челото. Исто така, има пропусти и во облеката на војниците, особено на облеката на Александар како цар и на генералите. Познато е дека во секоја битка Александар носел шлем со црвени пердуви и пурпурна наметка за да биде лесно препознатлив, а секој генерал морал на шлемот да има бели пердуви и да носи бела наметка. За облеката на Александар лично била задолжена сестра му Клеопатра, а облеката на генералите ја правеле жени од царскиот двор во Пела. Што се однесува до ликовите во филмот, најмизерно е прикажана Роксана, законитата сопруга на Александар. Таа претставува чисто промашување на режисерот и воопшто не личи на Роксана во која Александар се вљубил на прв поглед. Роксана потекнувала од аристократско семејство, била школувана и во целото царство позната по нејзината убавина. Таа оставила голем белег во животот на Александар, кој често зборувал дека само таа го сака како Александар, а не како цар. Таа била со задоволство прифатена од македонските војници, а што е најважно и од мајката на Александар, пребирливата Олимпија. Роксана му родила син на Александар, кој по неговата смрт бил прогласен за цар на Македонија, како Александар Четврти. Сè на сè, филмот на режисерот Оливер Стоун "Александар" заслужува да се види, не само поради тоа што претставува голем спектакл, туку и затоа што тоа е потсетување на големите моменти од македонската историја. Паскал Камбуровски, Скопје

Рубриките ФОРУМ и ПИСМА ја отсликуваат нашата отвореност кон јавноста. Овде автентично објавуваме и текстови кои не се во согласност со нашата уредувачка политика.

37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


СЕЌ АВАЊЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ (1921-1993), БЕСМР

КОРИФЕЈ НА МАКЕДОНС За творештвото на Блаже Конески е пишувано многу, а ќе се пишува и во иднина, затоа што во него се откриваат, синтетизираат и опеваат магистралните теми на егзистенцијата на нашата средина и на нашиот човек од минатото и сегашноста. Во колективната меморија на неговите соработници, неговите студенти, обичните луѓе, Блаже Конески важеше за уникатна и неповторлива личност. Надарен соговорник и раскажувач, со благост во речта, тој остана да живее како синоним за културна, историска и политичка реинкарнација на најдоброто од македонската историја. Оправдано можеме да констатираме дека Конески можеби е последниот претставник од минатиот век, кој си обезбеди место во алејата на великаните, место во вечниот незаборав. За појава на ваква култна личност во овој век ќе треба уште долго време да чекаме, а прашање е дали воопшто и ќе ја дочекаме!

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

Ј

ас имам еден добар ориент кога се работи за детството. До седмата година сум живеел на село, во Небрегово. И можам во тие рамки да ги сместам некои впечатоци што ми останале. Тие не се поврзани, но се некои многу интензивни и ако би го расправал сето тоа би било доста голем расказ... На пример, се сеќавам за Коледе или за Василица. Татко ми ме носи сред село. Уште не е разденето. Зима. Уште е ноќ. Распален силен оган. Татко ми ме држи за рацете. Тоа се сеќавам. Се сеќавам за кучињата. Имавме овчарски пци, Мурџо и Шаро. "

И сега можам да ги замислам какви беа... За нашиот овчар Трајко, за овците, козите, воловите. Роден сум на Свети Никола. Гостите биле в црква, кога се вратиле јас сум бил роден. И тогаш настанала веселба". По 83 години. Споменот за Блаже Конески сè уште живее. Не изумира. Оваа исповед на нашиот корифеј и денес носталгично одекнува во нашата колективна свест. Та, во очите ни навира река, во градите жал лута нè стиска, бидејќи знаеме, тој не е веќе меѓу нас. Знаеме дека од кобното декемвриско утро во 93-тата Македонија ја изгуби својата најсветла ѕвезда на трновитиот и брануван XX век. Но, тој продолжи да зрачи во нашата историја, и 11 години подоцна сè уште е инспирација и предизвик

за иднината. Ќе минат години, а можеби и векови кога повторно ќе се роди нова ѕвезда, која ќе биде барам приближно светла и маркантна како Конески. Неговото творештво (лингвистичко, книжевноисториско и литературно) во многу области и основоположничкото, допрва ќе биде предмет на истражувања, елаборации, рецензии, критики, но сите под единствен именител, восхит и почит. Неговите трудови зрачат со трајни вредности. Зарем беше можно од раката на момчето од

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

Небрегово да се испишат најубавите мисли, да се изнижат најстаменитите зборови, да се изродат најсуптилните чувства, сите извезени во името на македонштината. Затоа Конески го доживуваме како човек и творец кој на неповторлив начин го изодел својот човечки пат и го извишил својот творечки профил, барајќи ја вистината на светот преку вистината и тежината на животот. "Во секоја средина се полагаат грижи за јазикот. Дури се говори и за таканаречена јазична политика.


ТНОСТА НА ДУХОВНИОТ ТВОРЕЦ

КАТА ЈАЗИЧНА ОДИСЕЈА Без политика не може да се живее, ама таа може да се води и добро, и здраво, и катастрофално. Негирање има не само на македонскиот. Има на многу јазици во светот денеска. А, од друга страна, овде е, во тој однос супериорен спрема Македонците, вклучено и прашањето на јазикот. Нели? Во други средини тоа не се вклучува. Ама работа не се менува од тоа, бидејќи јазикот е само една област на човековото пројавување. Поводите за презир можат да се земат тогаш од други области. Но, не е во прашање јазикот, како причинител за пројави на супериорност. Само тој може да трпи од таа супериорност, а причините се тие, што ги реков. Ако не е јазикот, тогаш е религијата. Еве, да речеме во Босна. Јазикот е ист. А, какви се судирите. Таму е особено изострена ситуацијата на меѓунационална основа. Не можат мотиви во јазикот да се бараат тука", вака полемизираше нашиот Конески за вечната проблематика со статусот на македонскиот јазик во светските лингвистички центри. Но, и во однос на оваа горлива тема, Конески гледаше со оптимизам.

"Секогаш е оптимистичката варијанта подобра. Затоа и говориме за хуманизирање, за развиток и настојуваме тие извори што раѓаат такви односи меѓу луѓето, меѓу народите, меѓу религиите, тие извори да се неутрализираат. Само тие

ции страдаат. Има уште многу време да помине, па да дојде до тоа". И, навистина Конески беше прекален визионер кога станува збор за оваа болна тема. И, денес, години по неговата смрт, многу прашања трпеливо го чекаат

работи се доста вкоренети во животот и илузорно е да се мисли дека брзо ќе се измени таа ситуација. И наивни се, особено во Македонија, оние што мислат дека преку ноќ или во текот на нашиот живот, ќе доживеат да биде елиминиран оној однос спрема Македонците од кој нашата генерација и нашите генера-

својот ден, кога еднаш и засекогаш ќе се затвори поглавјето "македонски јазик". Секако, не треба да се заборави и интелектуалната фела, која достојно го продолжи делото на Конески. Тоа се бројните интелектуалци при Филолошкиот факултет "Блаже Конески", Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков", Ма-

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30 .12.2004

кедонската академија на науките и уметностите и многу други почитувачи и следбеници на името и на делото на Конески. Блаже Конески е лична карта на Македонија, идентификација на нашата татковина. Со своето дело тој високо во светски размери го подигна угледот на својот македонски народ. Отвори ново поглавје во македонската историја, кое подразбираше бескомпромисна, но аргументирана борба за идентификација на сè она што значеше Македонија и Македонци. Тој поседуваше хуманитарен и оптимистички дух, несекојдневен за времето во кое живееше. Затоа денес неговото отсуство нè боли и ни тежи. Но, истовремено и нè поттикнува да продолжиме да го калиме македонското име и да ги негуваме традициите. Неговото присуство беше потврда, но и утеха за денешните "лажни пророци" дека сепак на ова парче земја, творел и живеел овој голем човек. Поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист, преведувач, но и она на што особено сите ние сме горди, Македонец. И како таков ќе го паметиме.


ДИЈАСПОРА НАУМ НАУМОВСКИ ОД КРАНИ, П

СО ГЛАСОТ ЈА НОСИ ТАТКО Во 1995 година Наумовски со семејството се решил на пресудниот чекор да ја напушти татковината. Ја преминале "барата" и само два месеца престојувале во Индијана. Потоа се "вгнездиле" во Детроит - Мичиген. Гласот на Наум Наумовски проструи низ етерот. Тоа беше гласот на штотуку дојдениот доселеник од Македонија, кој се карактеризира со редок ентузијазам, со верба и љубов, неговиот жар опстојува и натаму.

Пишува: проф. Ламбе МАРТИНОСКИ

В

о Република Македонија на брегот на прекрасното Преспанско Езеро некогаш се наоѓал градот Преспа. Тоа како килим е распослано по должината на албанско-грчката граница, дел од нашата татковина која од дамнина е позната ширум светот, особено како престолнина на Самуиловото царство. Преспа е колевката од каде што излегле првите наши печалбари и по корка леб се упатиле во туѓина, во прекуокеанските земји. Луѓето од приградските населби на Ресен и од местата покрај езерото заминувале од родниот крај затоа што сиромаштијата им навлегла во секоја пора од животот, а воедно ги притискале и различните тортури и малтретирања од злобниците, соседите... Тие тежнееле преку асимилација да го уништат македонскиот етнос, но тој опстојувал, опстојува и ќе опстојува како низ минатите векови така и

Билјана. Го отслужил воениот рок во тогашната ЈНА. Подолго време работел во поштата во Ресен, но тоа никако не го исполнувало. Постојано го слушал Радио Ресен, често копнеел еден ден и тој да се најде пред микрофонот, не заради себе лично туку за другите, за нашите, за Македонците, да може да ги информира, на

Мичиген. Кратко време работел во една пекара, а потоа во компанијата "СРГУКАЛ ЕКСПРЕС", компанија за стерилизација на медицинска опрема како оператор, 6 години работел како супервајзер, а последниве години како возач. Сите членови на неговото семејство се вработени. Сопственик е на две куќи.

во оние кои доаѓаат, секаде и секогаш ќе нè има како македонски народ, како народ на Република Македонија.

ПЕЧАЛБАРСТВОТО КАКО ИЗЛЕЗ Печалбарството е традиција која и денес сè уште се негува во овој крај. Господинот Наум Наумовски од селото Крани, роден 1953 година, е еден од оние кои ја напуштиле Преспа и Република Македонија. По завршувањето на основното образование неговата желба да го продолжи школувањето била сè поинтензивна, особено го привлекувал македонскиот литературен јазик - мајчиниот, највредниот жив сведок на македонското опстојување. Поради материјалната состојба во која се наоѓало неговото семејство тоа не било зможно, односно за да ја обезбеди егзистенцијата тој работел сè и сешто, а одредено време дури и во една продавница заедно со сопругата Цветанка и ќерките Јасмина и

НАУМ НАУМОВСКИ ВО СВОЕТО СТУДИО ВО ДЕТРОИТ

тој начин да го негува мајчиниот македонски говор како наследство од илјади, илјади години од пред Александар Македонски сè до денешните денови. Во 1995 година Наумовски со семејството се решил на пресудниот чекор да ја напушти татковината. Ја преминале "барата" и само два месеца престојувале во Индијана. Потоа се "вгнездиле" во Детроит -

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

ДАМНЕШНА ЖЕЛБА Но, Наумовски е најзадоволен и пресреќен откако работи како волонтер во радиото на црковната општина во Детроит, каде што има можност да ги запознава со новините сите наши луѓе кои се наоѓаат на тој простор. Од 2000/2001 година тој е сопственик на радиостаница, од студиото


РЕСПА ВО ДЕТРОИТ, АМЕРИКА

ВИНАТА ЗА ПЕЧАЛБАРИТЕ контактира со луѓето од дијаспората, а ќерката Билјана е уредник и водител. Со тоа му се исполнила дамнешната желба. Сега за сега, само во сабота 2 часа се емитува македонска програма, музичка, информативна, вестите од стариот крај ги добива од известувачот господинот Стојан Тренчески од Македонското радио во Скопје. Од тука се упатуваат многу честитки, реклами, огласи и соопштенија, а се реализира и про-

грама во живо со политичари, бизнисмени и активисти директно од Република Македонија. Речиси три години ова македонско радио ги прави посреќни нашите луѓе од Детроит и околината. Гласот на Наум Наумовски проструи низ етерот. Тоа беше гласот на штотуку дојдениот доселеник од Македонија, кој се карактеризира со редок ентузијазам, со верба и љубов, неговиот жар опстојува и натаму. Тој ги

информира Македонците за настаните во родната Македонија, носи абер од татковината, го негува литературниот јазик, се збогатуваат и се зацврстуваат врските на раселените по светот со незаборавната Македонија, ги соопштува најзначајните настани, случувања на сонародниците во татковината, говори за сè она што е од витално значење за опстојувањето на Македонија. Меѓутоа, неговата информативна дејност

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 547 / 24.12.2004

ги надминува американските меридијани. Тој е еден од темелните луѓе - фактори, кои денес во Америка, особено во регионите околу Детроит, настојуваат кај младите да ја всадат желбата за изучување на јазикот на нивните предци, да го негуваат фолклорното богатство, да ги продолжуваат националните традиции. Нашиот човек од дијаспората Наум Наумовски треба да биде пример достоен за почит.


TRADICII НЕГУВАЊЕ НА ПРАЗ

ХРИСТОВА СВЕТЛИНА З Збирајте се дечиња, стред село на грејачка, огон да си палиме, за да се изгреиме, оти после ќе одиме Коледа да викаме, костење да збираме, за Бадник да јадиме. Божик да го чекаме и прасе да јадиме. Народна песна

Подготвила: Милева ЛАЗОВА

М

есецот јануари е исполнет со многу празници. Се празнуваат Божик, Василица, Водици, празници на големите христијански светители. Кога станува збор за овие празници и кога ќе се земат предвид обичаите кои при тоа се изведуваат, станува јасно дека се работи за контаминација на прастари претхристијански празнувања поврзани со почетокот на соларната година, кои подоцна, со појавата на христијанството на овие простори, примиле и многу христијански обележја. Така, ако во василичарските обичаи се чувствуваат чисто пагански празнувања, во обичаите поврзани со Бадник или со Водици, присутни се повеќе слоеви на народната култура: пагански, битови, христијански...

БОЖИК Меѓу дванаесетте големи христијански празници, Божик се празнува најсвечено, затоа што со него се обеле-

жува раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е наречен и матица на повеќе празници, бидејќи да не се родил Исус немало да има ниту негово крштевање (Водици), ниту Распетие и Воскресение (Велигден), ниту Вознесение (Спасовден)... Меѓутоа, денот на раѓањето на Исус Христос не бил познат во првите три века и тој не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот, во периодот на робовладетелските општества. Имено, тогаш кога животот на човекот имал мала вредност, поголемо внимание им се посветувало на крштевањето како духовно раѓање и на смртта како раѓање во вечниот живот. Подоцна, кога биле укинати робовладетелските општества, кога животот на обичниот човек добил поголема вредност, се јавила потреба да се празнува и денот на раѓањето на Исус Христос. И од практични причини настанала потребата за одделување на празникот на Господовото раѓање од денот на неговото крштевање, зашто при празнувањето на овие спомени верниците не можеле истовремено да бидат и на местото на неговото раѓање во Витлеемската пештера, и на местото на неговото крштевање на реката Јордан. Во барањето датум кога тој да се празнува, Светата христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември, празник кој паганите го празнувале мошне свечено, со многу неморал, со пијанство, со гладијаторски игри и сл. Ставајќи го празникот на Христовото раѓање на овој ден, Црквата постигнала два

ефекта: од една страна, масовно празнување на својот празник, а од друга страна, бучните и во голема мера неморални пагански прослави ги свела на пристојно христијанско празнување. Така, тоа станал празник со најголем број најразновидни обичаи. Македонскиот народ со многу внимание го празнува Рождество Христово Божик, но и денот што му претходи - Бадник или Коледе. На Божик, односно на денот што му претходи Бадник или Коледе, се изведуваат најмногу, најразновидни обичаи. Прво се пали коледарскиот оган од кој христијаните чувствуваат Божја топлина и светлина, која треба да ги растера мракот, незнањето, суеверието итн. Се подготвува и богата трпеза која на почетокот од годината, според принципот на имитативната магија, требало да обезбеди богата и родна година. Така, обредните предмети добиле христијанска симболика: виното, кое по востановувањето на

42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

светата тајна - причесна, ја претставува Господовата крв, сламата, која потсетува на јаслите во Витлеемската пештера, потоа свеќата, дабовата гранка, иконата, лебот итн. На богатата трпеза се наоѓаат и оревите, рибата,


НИЧНИТЕ ОБИЧАИ

А ЗДРАВЈЕ И НАПРЕДОК медот, гравот, што имаат хтоничен карактер и што во старите верувања се поврзани со душите на дамнешните предци. Очигледно во овој празник се слеани повеќе слоеви на народната култура. Инаку, вечерата е посна затоа што се паѓа во периодот на постите. Имено, на овој празник му претходат долгите Божикни пости, кои почнуваат на 28/15 ноември. На Бадниковата вечер не е обичај да се оди на гости, туку секој треба празникот да го празнува во кругот на семејството. Пред да почнат домашните да вечераат, домаќинот го отвора прозорецот и го поканува Дедо Боже на вечера со зборовите: "Повели, Дедо Боже да вечераме". Дел од обичаите е и сечењето и горењето на дрвото "бадник", на коледарските огнови покрај кои се пеат многу песни со најразлична содржина. По палењето на огновите и пеењето песни, се посетуваат и куќите во коишто, исто така, се пее,

се најавува и се честита големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик", за што посетителите добиваат дарови: овошје, бонбони, пари итн. Погачата со паричка, која има цел да ја прогнозира среќата на членовите на семејството, во некои краишта е поврзана со Бадник, но во други со Василица. Како и да е, станува збор за обичај кој се изведувал на почетокот на јануари, кога нашите предци сакале да дознаат што ги очекува во годината што следува, но и да влијаат за посреќна и побериќетна година.

ВАСИЛИЦА Покрај црковните празници, како што се Божик, Водици, Велигден, Мала и Голема Богородица, на 1 јануари според стариот, односно на 14 според новиот календар, во Македонија се празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година, кои поради совпаѓањето кај народот најчесто се познати како Василица. Овој празник секогаш се паѓа во периодот на таканаречени Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен. Се верува дека овие денови се опасни за човекот, бидејќи тогаш мртвите и другите нечесни сили се во движење, тие се активни и на сите начини сакаат да му напакостат. За заштита од овие негативни демони, во овој период човекот ги избегнувал потешките работи, но правел и разни магиски дејства. Особено е интересна една драмска игра со маски, која се среќава на теренот на цела етничка Македонија, но

секаде со различни имиња во Охридско - василичари, во Битолско - бабари, во Скопско - џамалари, во Тиквешијата - џаламари, во Костурско и на други места во Егејска Македонија - ешкари... За овие прослави возрасните се подготвувале од порано. Тие се маскирале, земале предмети за тропање и за правење врева, но при тоа ги имало и гајдата, тапаните, зурлите... Со нив се создавала голема врева не само за да се создаде весела атмосфера туку и да се заплашат и да се избркаат лошите духови. Во некои места и на Василица се меси и погача или баница со паричка, обичај кој на други места се прави на Бадник. И на Василица, како и на Бадник, група деца прво се собира околу заедничкиот оган, а потоа оди по куќите во селото или во градот, пее пригодни песни за што добиваат подароци. Притоа, децата носат дренови или сливови прачки, со кои ги "удираат" луѓето, особено старите и болните лица, обичај кој се нарекува суровење, што значи и тие да се сурови (здрави) како прачката. Тоа се прави и со домашните животни. Обичаите и верувањата поврзани со празникот Василица потекнуваат од претхристијанското време, а нивната цел е да се обезбедат среќа и напредок на поединецот, но и на пошироката заедница. Што се однесува, пак, до празникот Богојавление или Водици, исто така, тоа е голем христијански празник кој се празнува во чест на крштевањето на Исус од страна на Св. Јован Крстител. И на овој ден, кој се празнува два дена, се изведуваат богати обичаи, како што се: крштевањето (осветувањето)

43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

на водата, фрлањето на крстот во водата, благословување на родот и добитокот, одење по коледица и пеење пригодни песни, избирање и менување на кумот итн. Како и да е, кога станува збор за овие зимски празници можеме да речеме дека нашиот народ ги празнува со многу внимание, со голема приврзаност кон својата христијанска вера, но и кон својата народна традиција.

(Користена литература од "Македонски народни празници и обичаи" од Марко Китевски)


MAKEDONSKA KAUZA СМРТТА КАКО ПОСЛЕДЕН ЧИН ВО ОТСУСТВО НА СЛОБОДАТА

ДАНОК ЗА "ОСЛОБОДУВАЊЕ" НА МАКЕДОНИЈА Политичките предавства и директните убиства одеа против сите македонски револуционери кои ја поведоа борбата за национална слобода. На ваков начин, со насилство, од Македонија исчезнаа Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Христо Узунов, Пере Тошев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов...

Пишува: Анита ДИМОВА

М

ногу настани од македонското минато ја одбележаа годинава што измина. Пишувавме за антиката, за средновековието, за шеесетгодишнината од АСНОМ, но и за крвавите настани од минатиот век. Без многу дилеми се одлучивме последниот број од оваа година, новогодишното издание, да им го посветиме на насилствата против македонските револуционери, кои силно беа изразени во првите триесетина години од минатиот век, кога смртта беше последен чин во отсуство на слободата.

ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ За сè беше "виновна" веќе формираната револуционерна свест, која требаше да се задуши, македонскиот народ требаше да се денационализира и обезличи и да се наруши неговиот интегритет. Аспирациите на нашите балкански соседи и нивните разурнувачки пропаганди атакуваа на бунтот како појава, бидејќи тој овозможуваше осознавање на историската состојба, сопственото постоење во овие релации и можностите за иднина. Најактивна и "најпродуктивна" од сите пропаганди, великобугарската, работеше спо-

ред погубната и истребувачка политика на бугарскиот царски двор за припојување на Македонија. На почетокот тоа биле предавствата кај турскиот аскер, односно "случајните" убиства, за подоцна да се претворат во физичка ликвидација, која се реализирала преку "автономистичката" ВМРО и бандите на Александров, Протоѓеров и Михаилов. Политичките предавства и директните убиства биле насочени против сите македонски револуционери кои ја поведоа борбата за национална слобода. На ваков начин, со насилство, од Македонија исчезнаа: Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Христо Узунов, Пере Тошев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов... Нивното исчезнување од политичката сцена значеше огромна загуба за македонскиот народ. Тоа го знаеше бугарската пропаганда.

САНСТЕФАНСКИ ФИКЦИИ Убиствата на македонските револуционери биле планирани одамна и долгорочно. Тие постојано се наоѓале во плановите на терористите, бидејќи ја попречувале големобугарската идеја. Бандитската ВМРО убивала на територијата на цела етничка Македонија. Целта ги "оправдувала" средствата, а тоа биле санстефанските фикции. Во нивно име напаѓале и терористите на Александров Протоѓеров, а подоцна и на Михаилов.

Методите се добро познати, по извршената провокација, врховистите се повлекувале во безбедност, а недолжното население ги поднесувало репресалиите. Историјата се повторувала како и во времето пред Илинден кога, исто така, се предизвикувале масовни несреќи меѓу македонското население. Деветојунскиот преврат во 1923 година, поточно соборувањето на демократската влада на Стамболиски, имаше трагични последици, бидејќи на историската сцена стапил режимот на Александар Цанков, кој однел многу животи. Овие настани биле речиси погубни за македонското револуционерно движење, бидејќи "автономистите" станале "полновласни" господари на Пи-

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

ринска Македонија. Тоа значело покосување на целата македонска левица, продолжување на атентатите против вистинските македонски револуционери во овој крај, како и меѓу емиграцијата во Софија. За да го спречи обединувањето на македонското револуционерно движење, новиот претседател Цанков, кој дошол на власт по воено-фашистичкиот преврат и убиството на неговиот претходник, предизвикал серија политички убиства и меѓусебно истребување на македонската емиграција. А средствата на великобугаризмот биле применувани децении пред тоа, особено меѓу двете светски војни, како и за време на Втората светска војна во окупираните територии.


P R I K A Z N I O D M A K E D O N I J A TETOVO

ZANAET^ISTVOTO JADRO NA TE

Во Тетово најголема концентрација на занаетчиски дуќани имало во Горна чаршија, на Бунар (центарот), на денешната улица "Страшо Пинџур" и на Масларскиот пазар каде што биле лоцирани занаетите со кои се произведувало тоа што му било потребно на селото. Во последните две децении од XIX век, како и во првата половина на XX век, занаетчиите често пати се наоѓале во сериозни кризи кои на нивната дејност им ги наметнало сè поголемото присуство на индустриски стоки.

С

о векови, во Тетово занаетчиството било носечка стопанска дејност и основна животна потпора на градското население. Покрај трговците, и занаетчиите претставувале составен дел од чаршијата и во неа се создавале и се негувале специфичните морални норми. Тоа бил оној слој од населението од кој потекнала и градската интелигенција. Во овој град занаетчиството се појавило уште во периодот пред доаѓањето на Османлиите, а особено се развило по нивното доаѓање на овие простори. Карактеристично за тетовските занаетчии е тоа дека секоја занаетчиска куќа поседувала барем по едно лозје или нива, со што имале подобри можности за опстанок, особено во времето на големите економски кризи. Дури половината од семејствата живееле од занаетчиската дејност. Меѓу нив имало мошне угледни и богати, но повеќето секогаш се

наоѓале на работ на опстанокот. Во втората половина на XIX век во градот имало околу 500 дуќани, а таа бројка речиси и не била променета и во периодот меѓу двете светски војни. Така, пред економската криза во триесеттите години на минатиот век, во Тетово работеле 31 дрводелски, 21 абаџиски, 23 млекарски, 14 бојаџиски, 15 терзиски, 17 самарџиски, 12 му тавџиски, 14 часовничарски, 31 берберски, 24 потковачки, 48 чевларски, 33 месарски, 20 шивачки, 16 ќурчиски, 16 кожарски, 15 јажарски, 15 опаничарски, 11 казанџиски, 11 коларски, 7 кујунџиски, 25 лимарски, 51 пекарски, 15 чајџиски, 17 ковачки, 9 браварски, 9 ножарски, 2 чибукчиски, 2 молерски, 13 јорганџиски, 24 волновлачарски и повеќе валавичарски, грнчарски, пушкарски и други занаетчии. Еден од занаетите кој и го прославил Тетово е пушкарскиот занает. Од рацете на овие мајстори произлегле

познатите пушки наречени тетовски мартинки. На почетокот на XX век овој занает го доживеал својот најголем подем токму поради зголемената побарувачка за пушки од страна на македонските востаници. Но, тоа било и истата причина поради која османлиските власти се потрудиле да дојде и до прекинување на оваа дејност. ЗАНАЕТЧИИ И ДУЌАНЏИИ Многу често занаетчиите со своите дуќани се групирале на исто место, иако не може да се каже дека тоа било правило. Сепак, некои занаети доминирале на одредени места, на пример, кујунџиите и лимарите биле лоцирани кај Масларскиот пазар, калајџиите во Горна чаршија, ковачите покрај ановите, мутавџиите претежно се наоѓале во центарот, брашнарите пред Тупан џамија, табаканите покрај реката Пена на јазовите. Кон крајот на XIX век во градот имало вкупно 13 еснафи. Занаетчиски дуќани најмногу имало во Горна чаршија, на Бунар (центарот), на денешната улица "Страшо Пинџур" и на Масларскиот пазар каде што биле лоцирани занаетите со кои се произведувало тоа што му било потребно на селото. Работниот ден на занаетчиите и на дуќанџиите во Тетово го опишува Драго Симовски (84), столар од Тетово, кој од својата шеста година

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

морал да работи во занаетчискиот дуќан на татко му: "Чираците стануваа во три часот наутро и одеа во куќите на калфите за да ги викнат за на работа и заедно, до четири часот, ги отвораа дуќаните, а во пет часот доаѓаа мајсторите. Речиси во сите дуќани имаше и членови од семејствата на мајсторите. Така, уште од шест години и јас одев во нашиот дуќан. Патот до дуќанот го осветлувавме со фенери. Пред отворањето, пред да се почне со работа, низ чаршијата минуваа симитчиите и со гласно викање ни ги нудеа симит ите наредени на од пратови плетените табли, кои ги носеа на глава. Тука беа и салепчиите и лимунадџиите. Чаршијата работеше до пет часот попладне, без пауза. Тогаш, во пет часот, мајсторот го испраќаше чиракот во својата куќа за да го донесе ручекот и сите заедно да јадат во дуќанот". Еснафите со православна вероисповед имале свои слави. Општиот назив на еснафската слава бил празник или пир. Секој занает имал своја слава, а сродните слави имале заеднички. Мутавџиите го славеле летниот Св.Аранѓел, чевларите Св.Спиридон, терзиите и мануфактуристите Петровден, меанџиите Св. Трипун, пекарите Св.Илија, касапите Св. Аранѓел, градинарите Св.Трипун, самарџиите Голема Богородица, кујунџиите Св.Константин и Јелена, дограмаџиите, калдрмаџиите и тулаџиите Св.


TOVSKATA INTELIGENCIJA Том, калајџиите, казанџиите, тенекеџиите и ковачите Св. Спиридон, јажарите Успение итн. ИНДУСТРИСКИ СТОКИ Во последните две децении од XIX век, како и во првата половина на XX век, занаетчиите често пати се наоѓале во сериозни кризи кои на нивната дејност им ги наметнало сè поголемото присуство на индустриски стоки. Веќе во периодот меѓу двете светски војни се појавиле и некои нови занаети кои ги барало новото време. Така, првиот електротехнички занаетчиски дуќан е тој на Стојадин Димитријевиќ и првите мајстори во него биле Благоја Давков и Трпе Ќафо. Потоа бил отворен и елек троинсталатерскиот дуќан на Симо Серафимовски Скаут итн.

Сè поголемата конкуренција од страна ги поттикнала занаетчиите да се здружуваат во нивната борба за опстанок. Тие биле здружени во Занаетчиска комора, а во 1938 година изградиле и Занаетчиско-задружен дом. Во состав на Комората тие биле организирани во посебни еснафи. Комората ги штитела интересите на занаетчиите, ги информирала за законските и за другите промени. Организирала различни занаетчиски собири и забави, но покренувала и разновидни иницијативи, како што е заедничката резолуција со стопанските фактори од градот за покренување акција за оживување на стопанството во тетовскиот регион, преку изградба на значајни инфраструктурни објекти, на пример, нови патишта, мелиорации, водоводи, училишни

Бранислав СВЕТОЗАРЕВИЌ

објекти и други зафати. На иницијатива на Занаетчиската комора во Тетово биле отворени Занаетчиско вечерно училиште и Женско занаетчиско и домаќинско училиште. Занаетчиско-набавно потрошувачката задруга, како и Кредитната задруга, биле основани во 1926 година и функционирале во интерес и за заштита на занаетите од конкуренцијата и од високите камати кои биле претежок товар за тетовските занаетчии. Повеќето од наведените занаети денес веќе не постојат во Тетово. Новото време ги прегази. Исто така, веќе не постојат ниту старите дуќанчиња, кои некогаш претставувале главна алка во животот на тетовци. Останаа само ретките спомени и старите фотографии кои потсетуваат на некогашниот лик на овој македонски град.

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


MAKEDONSKA KAUZA

КРВТА НА ЦАР САМУИЛ ВО Д Едно од најпознатите германски благороднички семејства Валденбург во себе ја носело и крвта на цар Самуил! Потомците на ова семејство и денес живеат во Германија!

Пишува: Александар ДОНСКИ

П

родолжуваме со потомството на Август Фердинанд. Тој се родил во 1730 година. Во 1755 година се оженил со својата роднина Маргравина Лујза (1738-1820). Починал во 1813 година. Во бракот им се родиле седум деца. Тие биле директни потомци од триесет и третото колено на цар Самуил. Нивните имиња се: Фридрих Хајнрих Емил Карл - починал како млад. Фридрих Кристијан Хајнрих Лудвиг - се родил во 1771, а починал во 1790 година. Фридрих Лудвиг Фердинанд Кристијан - се родил во 1772, а починал во 1806 година. Фридрих Паул Хајнрих Август - починал како бебе. Фридрих Вилхелм Хајнрих Август - за него пишуваме во продолжението. Фредерика Елизабета Доротеа Хенриета Аламија - починала како млада. Фредерика Доротеа Лујза Филипина - се родила во 1770 година. Во 1796 година се омажила за принцот Антон Хенрик Радзивил (17751833). Починала во 1836 година.

ФРИДРИХ ВИЛХЕЛМ ХАЈНРИХ АВГУСТ Продолжуваме со потомството на Фридрих Вилхелм Хајнрих Август. Тој се родил во 1779, а починал во 1843

година. Имал единаесет вонбрачни деца и тоа четири од Каролина Фредерика Вичман (? -1844) и седум од Августа Аренд (1801-1834). Тие биле директни потомци од триесет и четвртото колено на цар Самуил. Нивните имиња се: Едвард фон Валденбург - за него пишуваме во продолжението. Евелина фон Валденбург - починала во 1848 година. Емилија фон Валденбург - се родила во 1815, а починала во 1893 година. Матилда фон Валденбург - се родила во 1817, а починала во 1884 година. Август Лудвиг Фердинанд фон Приливиц - се родил во 1825, а починал во 1849 година. Фердинанд Лудвиг Август фон Приливиц - се родил во 1828, а починал во 1835 година. Фридрих Вилхелм Август Лудвиг фон Приливиц - се родил во 1829 година. Во 1857 година се оженил со Георгина Марија Елизабета Евгенија (1835-1899). Починал во 1894 година. Лујза Августа Малвина фон Приливиц - била мажена два пати. Починала во 1882 година. Лујза Августа Елизабета фон Приливиц - се родила во 1827 година во Берлин. Во 1846 година се омажила за грофот Хари фон Арним (1824-1881). Починала во Рим во 1854 година. Марија Августа Лујза фон Приливиц - починала како бебе. Клара Августа Лујза фон Приливиц - се родила во 1831 година. Во 1849 година

се омажила за Густав фон Арним (1820-1904). Починала во 1883 година. Продолжуваме со потомството на Едвард фон Валденбург. Тој се родил во 1807 година. Во 1834 година се оженил со Орлинда фон Клицинг (1817-1902). Починал во 1882 година. Во бракот со Орланда му се родиле четири деца. Тие биле директни потомци од триесет и петтото колено на цар Самуил. Нивните имиња се: Едвард фон Валденбург - се родил во 1836 година. Се женел три пати. Починал во 1899 година. Алфред фон Валденбург - за него пишуваме во продолжението. Марија фон Валденбург - се родила во 1849 година. Била мажена за Георг фон Клицинг. Починала во 1929 година. Орла фон Валденбург се родила во 1856 година. Во 1879 година се омажила за Александар фон Розенбург. Починала во 1927 година.

АЛФРЕД ФОН ВАЛДЕНБУРГ Продолжуваме со потомството на Алфред фон Валденбург. Тој се родил во 1847 година. Се женел три пати и тоа за Јохана Бертрам (1847-1888), Хелена Еберханд

48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

(1865-1893) и за Елиза фон Крон (1864-1942). Починал во 1915 година. Зад себе оставил петнаесет деца. Тие биле директни потомци од триесет и шестото колено на цар Самуил. Нивните имиња се: Фридрих фон Валденбург - за него пишуваме во продолжението. Едвард фон Валденбург - се родил во 1874 година. Во 1910 година се оженил со Вилхелмина Шмит. Починал во 1919 година. Во бракот му се родиле три деца (директни потомци од триесет и седмото колено на цар Самуил). Нивните имиња се: Алфред, Елза (1914-1978) и Елфрида. Во Алфредовиот брак со сопругата Мира Емерих се родиле децата Гари Едвард (починал како бебе) и Кеј Марија (род. 1955). Кеј Марија е директна жива потомка од триесет и осмото колено на цар Самуил. Јоханес фон Валденбург - се родил во 1881 година. Во 1915 година се оженил со Тереза Метенхајмер (18951988). Починал во 1949 година. Во бракот му се родиле пет деца. Тие биле директни потомци од триесет и седмото колено на цар Самуил. Нивните имиња се: Ханс Гинтер (род. 1919), Волф Дитрих (роден 1930 година, се женел два пати), Ана-Марија (родена 1919 година, се


ИНАСТИЈАТА ОД ВАЛДЕНБУРГ мажела два пати), Тереза (род. 1918) и Криста (род. 1927). Ханс Гинтер ги имал децата Фридрих Вилхелм (род. 1956) и Јута Елизабета (родена 1952 година, мажена во 1975 за Петер Рајдер фон Дирзбург). Фридрих Вилхелм и Јута Елизабета се денешните живи потомци од триесет и осмото колено на цар Самуил. Волф Дитрих ги има децата: Еделгард (род. 1952), Ингрид (родена 1959 година, мажена во 1983 година за Михаел Албрехт) и Сузана (род.1962). Еделгард, Ингрид и Сузана, исто така, се денешните живи потомци од триесет и осмото колено на цар Самуил.

Мартин фон Валденбург - се родил во 1885 година. Во 1943 година се оженил со Ерна Фицек (1892-1975). Алфред фон Валденбург - се родил во 1887 година. Во 1921 година се оженил со Маргарета (1894-1974). Починал во 1968 година. Еберхард фон Валденбург - се родил во 1891 година. Се женел три пати. Му се родиле синовите: Карл Еберхард (род. 1933) и Бернхард (1947-1983). Карл Еберхард е директен жив потомок на цар Самуил од триесет и седмото колено. Бернхард се оженил во 1972 година со Ингрид Ани Веј и во бракот им се родиле децата: Бернхард (род. 1981) и

Ања (род. 1975). Тие се директни живи потомци на цар Самуил од триесет и осмото колено. Георг Вилхелм фон Валденбург - се родил во 1901 година. Се женел три пати. Елиза фон Валденбург се родила во 1870 година. Во 1888 година се омажила со Курд фон Лајтш. Починала во 1955 година. Орлинда фон Валденбург - се родила во 1876 година. Во 1894 година се омажила со Паул фон Мелентин. Починала во 1950 година. Доротеја фон Валденбург - се родила во 1877 година. Во 1900 година се омажила со Рудолф фон

49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

Крамер. Починала во 1907 година. Елфе фон Валденбург се родила во 1880 година. Во 1905 година се омажила со Јоаким Фридрих фон Офштајн. Јохана фон Валденбург се родила во 1883 година. Во 1906 година се омажила со Бернхард Гринд. Починала во 1972 година. Ерна фон Валденбург се родила во 1890 година. Се мажела два пати. Хелена фон Валденбург - починала како бебе. Елза фон Валденбург - се родила во 1899 година. Се мажела два пати. (продолжува)


п

P R I K A Z N I

SPOMENICI

Z A

G R A D O T

ЗЛАТНО ДОБА НА ЗАБАВА

Градскиот живот во метрополата е исклучително преплавен со кафулиња, така што ни се чини дека без нив секојдневието би ни било невозможно. Денешните кафулиња, на еден (пост)модерен начин, синтетизираат во себе сè - од меана до кафеана, од бистро до ресторан, од бар до кафебар. Во етимологијата на зборот кафеана сепак се наоѓа тоа познато кафе. Кафето било откриено како напиток. Затоа, воопшто не е чудно што првите кафеани, просториите во коишто се служело кафето се наоѓале на континентот Африка, поточно на Блискиот Исток и во арапските земји. Сепак, кафеаната има и свои многу подалечни предци, тоа се гостилниците кои се наоѓале на патиштата или во градовите уште во текот на средниот век.

П

рокопиј, летописецот на царот Јустинијан, основачот на славниот град Јустинијана Прима (535 година од нашата ера), за кого се претпоставува дека е коренот на денешно Скопје, во својот опис за него воодушевено зборува за прекрасните зданија кои тука се наоѓале. Плоштади, бањи, пазари, но и гостилници. Во набројувањето на убавините Прокопиј ги спомнал и гостилниците, чиј пријатен амбиент ги привлекувал посетителите. За време на турското владеење, но и во целото Османлиско царство, во Скопје имало гостилници кои се карактеризирале со специфична атмосфера. На пример, познато е дека во гостилниците

во Истанбул, покрај тоа што се служеле пијалаци, во нив секогаш имало и раскажувач - забавувач, кој со успевал да привлече значителен број публика. Тој бил нарекуван "медда" или "меддах", што во превод значело забавувач, артист, иако според некои толкувања овој збор имал и пошироко значење - "освојувач". Која била улогата на "меддахот" во меаната? Тој седел на повисоко место и имал функција на еден вид наратор, раскажувач на актуелните случувања од животот, настаните од политиката, трговијата, војувањето. Според записите, овој забавувач умеел духовито и вешто да раскажува, а публиката нетрпеливо ги очекувала негови-

те настапи. Во паузите, "меддахот" се движел меѓу присутните и од нив собирал пари, како награда за трудот. Не е исклучено дека и во Скопје имало вакви меани и медда раскажувачи. Иако се спомнува во друг контекст, но

постепено биле заменети со посовремени угостителски објекти, хотели и ресторани, како дел од хотелската услуга. Првите хотели во градов биле изградени токму во тој период. Според записите, на почетокот за тоа се користеле

во градот особено бил популарен Меддах баба, кој имал свое теќе и џамија, а тие постоеле до пред скопскиот земјотрес. Всушност, Скопје било богато со ваков тип објекти - анови, карван - сараи. Карван - сараите се користеле за во нив да се сместат добитокот и трговците. Исто така, тука биле лоцирани и познатите меани и гостилници. Подоцна, особено во XIX век, имало многу анови и ахчилници, од кои потекнуваат денешните современи кафеани и ресторани. Во Скопје ановите опстанале сè до крајот на XIX и почетокот на XX век, кога

старите објекти, претежно преадаптирани анови, а подоцна биле изградени посебни објекти за таа намена. Тој "хотелски" и модерен кафеански дух во Скопје се почувствувал со градењето на железницата и на пругата Солун - Скопје, која во сообраќај била пуштена 1873 година. Познати се хотелите "Турати" и "Европа", подоцна "Балкан", "Лондон", "Москва", "Бристол" или рестораните - пивници, "Зрински", "Палас", кафеаната "Идадија" и други. Од секогаш Скопје имало богат кафеански и боемски живот. Од времето по Втората светска војна познати се кафеаните и рестораните:

50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Danilo KOCEVSKI

ТА И УГОСТИТЕЛСТВОТО

"Москва", "Македонија", "Опатија", "Крушево", "Зора", "Јадран", "Пелистер", "Метропол", "Шар", "Меркез"... На почетокот на осумдесеттите години од минатиот век како да почна "треската" за отворање "кафичи". Скопје доживеа нов тренд, забавата и излегувањето, особено на младите, се пресели токму во овие затворени простори. Својот незапаметен и по сè изгледа неповторлив "бум" тогаш го доживеа и Старата скопска чаршија, во која речиси секојдневно се бараше

слободен простор за нови "кафичи". Во тоа време, барем оние кои се занимаваа со пишување, книжевност, публицистика и новинарство, се соочија со актуелен проблем. Како поимот "кафич" да се преведе на македонски јазик, затоа што тој сè повеќе се употребуваше, а не можеше да се дозволи да остане ваков при јавната употреба и комуникација. Група новинари од тогашната Телевизија Скопје, подоцна и од печатените медиуми, побараа помош поз-

натиот лингвист кој се занимаваше со аспектите на современиот јазик ("Јазикот наш денешен") - Благоја Корубин. Тој многу мудро предложи зборот "кафич" да се замени со "кафе" или "кафуле". Првиот избор беше "кафе", но подоцна тоа се промени затоа што името се поистоветуваше со кафето како напиток, па почна сè повеќе да се прифаќа името "кафуле". Примената на овој збор прво почна во емисиите од културата или во оние емисии кои беа посветени на кафулето како современ урбан феномен. Една од првите такви емисии е снимена во популарното кафуле "511", во зградата на Факултетот за музички уметности. Но, треба да се каже дека поимот "кафе" или "кафе-шантан" се употребувал во Скопје на почетокот на XX век и подоцна. Во "кафе-шантаните" како специфичен вид меани, се зачнати и првите театарски претстави во градот. Освен тоа, на левата страна на брегот на Вардар, се наоѓало и познатото "Ада - кафе", еден вид "кафе-шантан". Во негова

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

близина, подоцна во 1906 година бил подигнат првиот Турски театар, а во 1927 година на тоа место е отворен Стариот скопски народен театар. Како што може да се забележи - со тријадата кафе, кафуле, кафеана, се поврзува богатата историја и културна традиција на нашиот град. Денес навистина живееме во златното време на забавата и угостителството, на кафеаните и кафулињата. А во сè тоа има еден парадокс колку живееме посиромашно и колку што повеќе ни се намалува стандардот, ваквите објекти стануваат сè побројни. Сигурно тука влијаат општествените и социјалните моменти, кога "забавата" почнува да претставува вид излез од многубројните проблеми со кои се соочува современиот човек. Новогодишни и Божикни празници, почнува жедта за забава и купување подароци. Среќна Нова 2005 година, среќни Божикни празници!


SVETA GORA

MONA[KATA VDAHNOVEN Секој живописец крај себе имал по неколку ученици на кои им ја пренесувал тајната на својата уметност. На тој начин, неговиот стил во сликањето, без промени, преминувал од поколение на поколение, од постарите на помладите, запазувајќи ја едноличноста и постојаноста во колоритот. Се вели дека кога дење би влегле во атоска црква, би ве заслепила необичната силина на боите од новиот живопис. Доминираат жолтата, црвената и сината. Лицата на светците потсетуваат на човечки, сурови, изопачени лица нацртани од неумешната рака на мачкачот, а положбата на фигурите, драпериите и перспективата се неправилни.

Пишува: Александра ВАСИЛЕВСКА

О

бичните луѓе кои порано живееле на Атос, пред да преминат во монашките редови живееле во исклучително изобилство, за разлика од другите кои му биле посветени на духовниот живот. Обично таквите луѓе наоѓале богати добротвори и живееле на нивна сметка, а сиромашните, пак, се прилепувале кон некоја општина и таа ги згрижувала. Но, повеќето сиромашни келиоти, кои немале свои добротвори, живееле на сопствена сметка и сами наоѓале средства за исхрана. Најчесто средствата ги обезбедувале со работа т.е. ги најмувале како обични работници на манастирските имоти или се занимавале со рачни изработки. Пред доаѓањето на Атос, голем дел од неговите жители продолжиле да се занимаваат со истите занаети како и пред замонашувањето. Најчесто се занимавале со чевларскиот, шнајдерскиот, столарскиот занает, со ѕидањето печки, и др. На Света Гора особено се ценети нејзините производи, кои им се продаваат на многубројните поклоници и обични посетители.

Овие производи најчесто се изработуваат од дрво (материјал со кој изобилува Света Гора) или од коски од животински рогови. Од нив се изработуваат крстови во најразлични големини. Исто така, на нив се резбаат разни верски настани, претставени во вид ситни цртежи. Монасите изработувале мали испапчени икони и дрвени лажици со рака што благословувала. Зачудувачки беспрекорната изработка на предметите сведочи за исклучително големото трпение и внимание кои монасите го посветувале за време на работата. Некои од келиотите кои живееле на крајбрежјето собирале школки од бреговите на Полуостровот и од нив изра52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

ботувале различни видови бројаници. Но, се смета дека во последно време тие не ги изработувале, затоа што ги заболувале прстите по подолга работа. Денес веќе не можат да се купат вакви бројаници.

ИКОНОПИС И НЕИМАРСТВО Се знае дека на Света Гора сè уште има уметници кои во своите работилници се занимаваат со резби во големи димензии. Изработувале иконостаси со интересни орнаменти и своите резбарски работи ги вршеле при завршувањето на манастирските згради. Во минатото, за да не губат време со пре-


A RAKA GO VOZNESE ATOS СВЕТА ГОРА - Империја без круна, држава без армија, земја без жени, богатство без пари, мудрост без книги, кујна без месо, молитва која никогаш не завршува, врска со вечноста која вечно трае, Ода за вечната верба, смрт без оплакување. Николај Велимирович, Епископот цизната работа, некои монаси порачувале метални калапи и омекнувајќи ги коските од роговите на нив отпечатувале икони. Со ваква работа, главно, се занимавале руските монаси. Современата уметност на Атос, особено неговиот иконопис и неимарството (градителството), оставиле силен впечаток кај патеписците. Повеќето од нив, воодушевени од живописот, изјавиле дека таму се зачувани најдревните форми на византиската уметност. Главните работилници на атоските иконописци се наоѓале во Кареја (главниот град на Атос), каде што мајсторите доаѓале да бараат работа и да вршат поправки. Порано, занаетот на иконописците бил најдоходовен од сите за-

наети на Атос, бидејќи побарувачката на икони била голема, а мајсторите едвај успевале да ги задоволат сите порачки. Секој живописец покрај себе имал и неколку ученици на кои им ја пренесувал тајната на својата уметност. На тој начин, неговиот стил во сликањето, без промени, преминувал од поколение на поколение, од постарите на помладите, запазувајќи ја едноличноста и постојаноста во колоритот. Обично помладите ученици набљудувале или стоеле пред сликарските табли кои со горниот дел биле прицврстени на таванот. Младите ученици ги покривале даските со основна боја, а потоа ја нанесувале позлатата врз иконите.

Панселин (знаменит византиски живописец од XVI век, кој основал школа за иконопис). Овој живопис бил зачуван во Протатскиот собор во Кареја, но се наоѓал во незавидна состојба. Во наредниот период, кога на Атос почнале да се случуваат големи нереди, Протатскиот собор бил речиси сосема раз-

Овие ученици долго време ги извршувале истите почетнички работи. Ги растворале боите, вареле масло, нанесувале основна боја и ги позлатувале иконите, а само мајсторот бил тој кој го изработувал цртежот. Нему како пример му служеле со молив нацртаните контури на разни светци, претходно прецртани од уште постари икони.

АТОСКИОТ ЖИВОПИС Живописот на Атос бил и сè уште е значаен заради неговата сложеност и обилност во содржината. Секаде постојат остатоци од старинскиот живопис, кој секогаш изгледал подобро од современиот. Се смета дека стариот живопис се зачувал само затоа што во минатото манастирите немале многу финансиска моќ, за постојано да се поправаат уништените делови. Но, штом ќе обезбеделе парични средства, постарите членови во манастирот испраќале покана до карејските иконописци кои, пак, веднаш доаѓале со своите бои и по некое време, византискиот живопис повторно заблескувал со силните бои. На Атос постои иконопис и ѕиден живопис. Иконописот се изработувал на даски и бил наменет за сеопшто поклонување, а ѕидниот живопис ги покривал внатрешните ѕидови на атоските цркви и бил наменет за поучни размислувања. Пред сè, атоскиот монах не можел да се моли пред иконата, ако на неа не биле запазени општоприфатените услови на тогашниот грчки иконопис во поглед на иконата, облеката и изгледот на ликовите. Се вели дека кога дење би влегле во атоска црква, би ве заслепила необичната силина на боите од новиот живопис. Доминираат жолтата, црвената и сината. Лицата на светците потсетуваат на човечки, сурови, изопачени лица нацртани од неумешната рака на мачкачот, а положбата на фигурите, драпериите и перспективата се неправилни. Секако, сè уште постојат остатоци од древниот живопис, кој најчесто бил дело на прочуениот атонски Рафаел 53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

урнат, така што неговите фрески останале на милост на невремињата. Во 1508 година, војводата Богдан од Молдавија и Влашко решил да го обнови храмот и повторно го изградил таванот и разните доградби. Но, неговите работници не воделе сметка за живописот и вградувале греди во фигурите на светците. Поради поправките на таванот, главите на светците останале во горниот заѕидан дел, а се гледаат само нивните трупови. Неколку години подоцна, на Атос заврнал силен дожд и монасите биле принудени со буриња да ја изнесуваат водата од храмот. Пукнатините на ѕидовите биле премачкани со глина директно врз живописот, така што од него не останало речиси ништо. Денес, овие фрески на Панселин се многу матни, за разлика од останатиот живопис кој можеби подобро е зачуван. (продолжува)


АВТО ИНФО

VTR ЗА ВИСОКА ДИНАМИЧНОСТ КАЈ C3

НАМЕНЕТ ЗА ВОЗАЧИТЕ НА КОИ ИМ "ВРИЕ" КРВТА - CITROEN C3 VTR

Пишува: Петар ТАГАСИ

На неодамнешниот Саем за автомобили во Болоња, Citroen го претстави новиот модел C3 VTR. Ова ново во-

зило со високи перформанси, ја проширува понудата на C3 и е најнов член на Citroenовото VTR семејство. Во поглед на опременоста и агрегатите, сè е во знак на агилноста и високите перформанси. Кај Citroen C3 VTR е впечатлив спортскиот изглед со специјално дизајнирани елементи. Особено забележливи се 16’’ алуминиумски тркала, магленките и спортската хромирана издувна цевка. Внатрешноста на C3 VTR е свежа и софистицирана, со темносив тапацир на вратите, седиштата се од квалитетен материјал во две бои, а воланот и рачката на мену-

вачот се прекриени со кожа. C3 VTR е поддржан со 1.6i 16V агрегат, кој максималната јачина од 110 КС ја достигнува со помош на мануелен менувач со 5 степени на тр-

56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

ансмисија. McPherson суспензијата го одржува автомобилот стабилен и овозможува голема прецизност во управувањето при остри и ненадејни реакции.


MAZDA MX CROSSPORT CONCEPT На Саемот за автомобили во Детроит, кој ќе се одржи на почетокот на 2005 година, Mazda ќе го претстави своето концептно возило Crossport, кое е спој на динамични спортски автомобили и практичен и способен SUV. За дизајнот на овој автомобили задолжен беше Koizumi, човекот кој ја создаде Mazda 6. Динамичниот изглед се одрази и на димензиите, така што Crossport е компактно и исклучително агилно возило и во споредба со другите слични автомобили се карактеризира со помали димензии. Оригиналната каросерија дополнително ја зголемува атрактивноста на

овој автомобил. Внатрешноста е исклучително атрактивна и е во согласност со zoom-zoom филозофијата на Mazda. Спортската настро-

еност на Crossport се одразува и преку спортски обликуваните седишта. Таблата со инструменти и возачката околина потсетува

на RX-8 моделот, а за чувството на просторност придонесува стаклениот панорамски кров, со можност за целосно затемнување.

ФЛЕШ ВЕСТИ LOGAN СО ПОВЕЌЕ ОД 30.000 НАРАЧКИ Од комерцијалното лансирање во септември, сè до крајот на ноември се продадени повеќе од 19.015 возила од моделот Logan, а нарачани се 11.830 примероци. Со вкупен обем на продажба од 30.845 автомобили и нарачки во само шест земји, вклучувајќи ја и Романија, Dacia Logan оствари исклучителен пазарен успех.

TOUAREG - "4X4 НА ГОДИНАТА" Читателите на магазинот "Off Road" го изгласаа Volkswagen-овиот Touareg за 4x4 автомобил на годината. Теренецот на производителот од Волфсбург со освоени 39,9 проценти од гласовите е за 20 проценти подобар од следните теренци кои се најдоа на листата, Porsche Cayene и Volvo XC 90.

ACURA RD-X НОВ SUV КОНЦЕПТ НА HONDA

На 2005 North American International Auto Show во Детроит, Honda ќе и го претстави на јавноста концептот Acura RD-X. Оваа концептна верзија на SUV моделот Acura, кој претстои и ќе се појави на пазарот во 2006 година, е комбинација на перформанси на спортски седан со разновидност и вредност на врвен SUV.

Наменет за активните урбани луѓе и опремен со максимални перформанси и

технологија, RD-X Concept е дизајниран за беспрекорно движење низ градскиот метеж и успешно искачување и на најнепристапните терени. Дизајнот ќе изобилува со агресивност во надворешноста, додека внатрешноста ќе нуди врвен комфор за возачот и за патниците. Дополнителните детали за Honda Acura RD-X ќе бидат објавени на Саемот за автомобили во Детроит, кој почнува на 9 јануари.

57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004

НАЈСКАП АВТОМОБИЛ ВО 2004 Ferrari Enzo е најскапиот автомобил во 2004 година. Со цената од 652.000 $, зад себе ги остави Porsche Carrera GT (440.000$), Saleen S7 (440.000$), Maybach 62 (357.000$), Rolls-Royce Phantom (320.000$), Lamborgini Murcielago (282.000$), Bentley Arnage RL (256.990$), Aston Martin V12 Vanquish (236.000$), Ferrari 575M Maranello (228.339$) i Ferrari 360 Modena Spider (193.150$).


HI - TECH Пишува: Петар ТАГАСИ

НЕСПОРЕДЛИВА БЕЗБЕДНОСТ СО НОВАТА СЕРИЈА НА HP iPAQ Неодамна HP ја промовираше својата најнова серија iPAQ hx2000 на Pocket PC моделите, која овозможува максимален пристап, заштита на податоци и оптимална комбинација на карактеристиките, поврзаноста и разновидноста. Трите конфигурации нудат можност за избор на потребата за зголемување на продуктивноста и потврда на мобилното искуство. Подобрените безбедносни карактеристики на серијата HP iPAQ hx2000 помагаат за заштитување на уредот и на податоците од неавторизирано користење. Со скенирање на отпечаток од прст (fingerprint) или комбинација на пин и отпечаток, корисниците го прават нивниот пристап до апаратот автентичен, спречувајќи го секое неавторизирано упаѓање. Со заштитните алатки на HP, обезбедени од CREDANT технологијата, може да се заштити уредот доколку тој е изгубен или украден, а енкрипцијата на податоците помага во обезбедувањето доверливост на чувствителните податоци. Севкупната серија на HP iPAQ hx2000 нуди високи перформанси. Процесорот PXA270 на Intel со брзина од 624 MHz, овозможува брз пристап до информациите и моќност која се споредува со еден десктоп PC. Меморискиот капацитет со повеќе од 256 MB овозможува широк простор за програми и датотеки, а со интегрираната Wi-Fi2 и Bluetooth безжична технологија е можно лесно поврзување. Капацитетот може да се зголеми со вметнување мемориски картички преку двојните слотови. Проекциската пластична обвивка го покрива екранот и го заштитува од нечистотии, од механички и други оштетувања.

SIEMENS SL65

прегледуваат. При тоа, во секое време може да се зачуваат поединечни фотографии. SL 65 нуди врвна конективност, а покрај SMS и MMS, овозможено е и испраќање E-mail пораки. Безжичната Java технологија обезбедува широк опсег на достапни апликации. Тука се вклучени и бизнис опциите со безгрешната синхронизација на организерот. Тој има многу игри за забава. Со овој телефон доаѓа и широка листа на дополнителна опрема, која ќе ви овозможи негово непречено користење во автомобилот (Car Kit Comfort, Car Kit Comfort Upgrade и иновативниот plug & play Car Kit Easy со вграден држач за телефонот). Размената на податоците со PC е овозможена со помош на USB Data кабелот.

LEXSAR USB FLASH Lexar Media неодамна го претстави својот најнов производ, USB flash картичка, која е наменета за универзална употреба, влегувајќи во следната генерација на складирање податоци и поврзаност. Новата USB картичка е базирана на USB А приклучокот. Димензиите од 12 милиметри широчина, 4,5 милиметри височина и 31,75 милиметри должина, не се поголеми од дијаметарот на една метална паричка. Цврстата обвивка придонесува за поголема издржливост на USB картичката, што ја прави употреблива и во некои исклучителни услови. Најновата USB Flash картичка на Lexar е со нов дизајн за разлика од досегашните слични производи. Таа нуди универзална Plag and play конективност со сите пореномирани оперативни системи кои го поддржуваат USB интерфејсот. Картичката е достапна во Full-Speed верзија, со капацитет од 16MB, 36MB и 64MB, како и Hi-Speed USB верзиите со капацитет од 64MB, 128MB, 256MB, 512MB и 1GB.

На прв поглед, Siemens SL65 со својот дизајн о с т а в а впечаток на "здебелен" телефон. Во него е вграден иновативниот лизгачки механизам и при отворањето се соочувате со технологија од највисоко достигнување. Вградената VGA камера има 5x зум, 8 фрејма во секунда и резолуција од 640x480 пиксели. Видеокамерата овозможува снимање на видеоклипови со 65.000 бои и највисока резолуција, кои подоцна можат да се 58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


MAKEDONSKO S NCE

EP - I - CENTAR ЌОР - ЗБОР ВЛАДО БУЧКОВСКИ

ЌОР - ЗБОР ВЕСНА ЈАНЕВСКА

АКО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НАШИОТ ГОЛЕМ ВОДАЧ НЕ Е САМО ЗА ДЕЛЕЊЕ, ТУКУ И ЗА СОБИРАЊЕ.

ОВАА НОВА ГОДИНА Е ПОСЛЕДНА ШТО МАКЕДОНЕЦОТ ЈА ДОЧЕКУВА ДОМА, ОД ИДНАТА ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ НАША!

ЛЕЛЕЕЕЕЕ...ЛЕЦ  БОМБИЦИ

ВИЦОТЕКА

Вистинскиот непријател никогаш нема да те напушти. Пее во хор, ама само соло партии. На својата мудрост внимателно додавај ја туѓата глупавост. На секое стадо неговата црна овца. Се продаваше на двете страни. "Заради рамнотежа на духот!" зборуваше тој.

СЕГА МИ Е ПОЈАСНО ЗОШТО СЕ ВИКА ХОТЕЛ "РОСНО ЦВЕЌЕ"

Отишол бившиот министер за земјоделие во "неговиот" Велес и додека пијат ж'та со пријателот, му се жали: -Ах, мислам дека голема грешка направија што не ме ставија во новата Влада. -Слушај, ич да не се секираш за тоа... хик..., најди си еден добар адвокат и право на суд - го посоветувал пријателот.

ЦРТА МИРО

МАКЕДОН

БРАНКА и МИРО 60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Подготвила: Милева ЛАЗОВА

SUPA SO REZANKI Потребно: - половина китка магдонос; - 150 гр брашно; - сол; - 250 гр млеко; - 2 јајца; - 2 лажици масло; - 2 литра инстант супа.

Подготовка: Магдоносот се мие и се чисти. Се мешаат брашното, солта, јајцата и млекото. Се додава дел од магдоносот и сè се меша. Тестото се остава да отстои 30 минути. Од подготвеното тесто се пржат палачинки, кои потоа се сечат на резанки. Супата се загрева и во неа се ставаат исечените резанки. Кога ќе биде готова, се посипува со останатиот магдонос.

POSNA SARMA Потребно: - 350 гр ориз; - 1 лажица црвен пипер; - 1 главица кисела зелка; - 1 дафинов лист; - 2 дл масло; - црн пипер; - 2 страка праз; - 1 лажица брашно; - црвен пипер; - зачинал.

Подготовка:

Се одделуваат листовите од зелката. Во маслото се пропржува ситно исечениот праз, потоа се додаваат оризот, црниот пипер и зачиналот. Подготвениот фил се става на листовите и се виткаат сарми, се редат во тенџерето, се преливаат со вода и врз нив се става дафинов лист. Откако сармата ќе се свари, се запржува со запршка од малку брашно и црвен пипер.

MEDAQONI SO [AMPIWONI Потребно: - 600 гр шампињони; - 2 главици лук; - 600 гр свинско филе; - 8 резанки сланина; - 4 лажици масло; - сол; - црн пипер; - 250 гр доматно пире.

Подготовка: Шампињоните се сечат на половина, а свинското филе на осум парчиња. Лукот треба да се исече крупно. Секое парче од филето треба да се обвитка со една резанка сланина и да се прицврсти со конец. На загреано масло медалјоните малку се пропржуваат од двете страни. Потоа се посолуваат со сол и црн пипер. Шампињоните и лукот се пржат околу пет минути во масло и им се додава доматното пире. Сè ова се става врз медалјоните, покриено, на тивок оган се вари уште десетина минути.

^OKOLADNA TORTA Потребно: За тесто: - 8 белки; - 125 гр шеќер; - 5 лажици презла; - 3 лажици брашно. За фил: - 100 гр чоколада; - 100 гр какао; - 3 лажици шеќер; - 100 гр вода; - 8 жолчки; - 125 гр шеќер; - 1 маргарин; - 1 филџан врело млеко; - 5 лажици презла; - 3 лажици брашно. За украсување: - шлаг-крем од чоколада; - чоколадни трошки.

Подготовка: Прво се подготвува филот. Чоколадата, какаото, шеќерот и водата се ставаат на оган за да се стопат, но не да вријат. Одделно се матат 8 жолчки со 125 гр шеќер и презла. Посебно се мати еден маргарин во кој постепено се додава млекото. Се меша со матените жолчки и се додава оладената чоколада. За тестото се мати цврст шам од 8 белки во кој постепено се додава шеќерот, а на крај се додаваат 5 лажици презла и 3 лажици брашно. Сè тоа се меша и во него се додава 1/3 од филот. Смесата се меша и се става во подмачкан плех да се испече. Печеното тесто се сече на три ленти, се филува и се украсува со шлагот и со трошките од чоколада. 61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 548/549 / 30.12.2004


Почиувани пријаели на нашео "Македонско сонце"! Македонски клубови и медиуми во дијаспората, црковни заедници, фирми, компании, организации, друштва и поединци Ви се обраќаме со желба и очекување да воспоставиме (или да продолжиме) контакт и соработка, кои треба да резултираат во остварувањето на заедничката цел - успех на секој план. Нашиот неделник "Македонско сонце" веќе десет години води грижа за Македонците, како во татковината така и во дијаспората, сега има ново руво и нови содржини, така што заслужува да се најде во рацете на што поголем број нашинци. Станете и Вие наши претплатници и бизнис соработници. Би сакале Вашата црковна општина, македонски клуб, ТВ-канал или радиостаница, фирма и слично, кои претставуваат центар за собирање и за сплотување на Македонците, воедно да бидат и јадрото кое ќе им помогне да го добијат, да го видат и да се запознаат со содржините на патриотскиот неделник "Македонско сонце". Се надеваме дека во иднина ќе се интензивира Вашата заинтересираност и преку заедничката соработка ќе се продлабочи комуникацијата, што ќе придонесе да ги збогатиме нашите содржини во неделникот и со Вашите активности, како и со успесите кои ги постигнуваат луѓето од дијаспората.

БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ" И ФИРМИТЕ КОИ СЕ РЕКЛАМИРААТ КАЈ НАС: МАК АМ ХОТЕЛ ИМПЕРИЈАЛ ПРИЛЕПСКА ПИВАРА АДНАН РЕИСЕР ОПТИКООП МАК МАН МИКРОСАМ МИКРОФЛЕКС

ПУЛСТАРС – 9177 ГАЛАТЕА ИЛИНДЕН УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ТАБЕРНАКУЛ ХАРИБО ФОТО ЈАСМИНА

ОПЕЛ ТОПЧОК ПРОМЕС БОВИН ЕУРОТЕРМ МАРИЛИ МИДА

Адреса:Редакција "Македонско сонце" ул."Ленинова" бр.87, 1000 Скопје, Р Македонија Тел++38923130-137;Факс:++38923130-377 Претплата за печатеното издание "Македонско сонце" Претплата за Македонија: годишна 2,300 ден., полугодишна 1,100 ден., тримесечна 600 ден.

К АРО И Д О К ОЈ П И ВЕРС Р Б Ј Н ОВО ДИШЕ АР О В О ОГ АЛЕНД К НОВ

Претплата за Европа: годишна 120 ЕУР, полугодишна 70 ЕУР

Претплата за САД, Канада годишна 150 USD, полугодишна 80 USD

Австралија и Нов Зеланд годишна 150 АUD, полугодишна 80 АUD Во претплатата се вклучени ПТТ трошоците.

E-mail: redakcija@makedonskosonce.com WEB: www.makedonskosonce.com

Жиро-сметка: 200001070137263-ДНИД "Македонско сонце"- Скопје; Единствен даночен број: 4030995235235Стопанска банка; Девизна жиро-сметка: Za "Makedonsko sonce" MACEDONIA; Bank name: Stopanska Banka A.D.Skopje; Bank number: STOBMK2X, ID number: 1574718.

548_549  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you