Issuu on Google+

poMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo

МАКЕДОНСКАТА САГА

U

звади си прво гредата шчо е во очите твои, та после да видиш раската, (шчо) е во очите на другите - вели една македонска поговорка. Токму така. Најнапред треба сами да се анализираме какви сме и за што сме, па дури потоа да толкуваме како изгледаме во очите на другите! Според Светскиот економски форум, односно според конкурентноста на домашната економија, Македонија е на 84 место меѓу 104 земји. Тоа е пад во однос на минатата година и тоа за три места. Македонската економија е на претпоследно место во однос на другите земји од Балканот, со исклучок на Србија и Црна Гора, која е бетер од нас. Според толкувањата, падот се должи на тоа дека Македонија нема познати брендови на светските пазари и најчесто извезува само евтини суровини. Од друга страна, пак, оправдувањата велат дека нашите бизнисмени се плашат од конкуренцијата од Европската унија и затоа се ориентираат само на домашниот пазар. Произведуваат само за дома и толку. За нешто повеќе не се ни обидуваат. Со други зборови, се наметнува прашањето колку и дали македонските производи се конкурентни за пазарот во странство? Дали странците треба да ни кажуваат дека сме неконкурентни или, пак, би требало сами да ја согледаме реалноста и да поработиме на случајот - конкурентност! Досега можеме да се пофалиме само со извоз на челик, но што се случува со винарството, текстилната индустрија и слично? Ќе се спасиме ли од негативната енергија која ја има опфатено севкупната македонска економија? Од друга страна, по повод Светскиот ден на гладот, ни се презентира информација дека околу 65.500 Македонци секојдневно се соочуваат со глад. Тие едноставно немаат ниту парче леб, а камоли нешто повеќе. Значи, кога економијата е во прашање, особено сиромаштијата и економските падови, ние сме секогаш меѓу првите во негативната конотација. Ако во нешто сме шампиони, тогаш тоа секако е шампионското место во парадоксите. Всушност, како да сме ветената земја на парадокси и апсурди, кои се основата на македонското секојдневие. На политички план Македонија се соочува со еден голем предизвик - референдумот на 7 ноември. Конечно, треба да му кажеме на светот кои сме и што сакаме. Дека сме народ со цврст карактер и дека стоиме цврсто на нозе. Ние сме народ со име, традиција, култура, историја. Но, токму тоа што носиме толку славно име, често знае да ни предизвика многу искушенија низ историјата! Ние сме Македонци, иако тој збор на многумина им пречи и им задава главоболка. Ние сме Македонија, иако тоа некои сакаат да го прикријат, негираат или уништат. Да им покажеме и да му докажеме на светот дека знаеме кои сме и што сакаме, а сигурно сакаме сами да бидеме кројачи на својата иднина. Преку изјаснувањето на референдумското прашање јавно ќе кажеме колку сме демократски свесни и зрели за својот идентитет, но и за својата меѓународна позиција. По 13 години самостојност, референдумот претставува нов предизвик за нас. Иако за него нема да ги има вообичаените спотови (Државната изборна комисија тврди дека нема пари за промотивни спотови за референдумот), а власта ќе оддели едвај 1,2 милиони евра, сепак анкетите говорат дека Македонците веруваат во успешен референдум. Според анкетата на "Брима Галуп", на референдум ќе излезат 63 отсто од испитаниците, од кои "за" ќе гласаат вкупно 74,1 отсто или 85 проценти Македонци и три отсто Албанци. Прогнозите од најновата телефонска анкета на реномираната агенција прогнозира добар одѕив на референдумот и потврда на прашањето за враќање на територијалната организација од 1996 година. Најголем дел од анкетираните, исто така, сметаат дека претставниците на ЕУ и на НАТО со своите изјави за референдумот се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Она што треба да се сфати е дека референдумот не е против Рамковниот договор, ниту против нашиот влез во ЕУ и зачленувањето во НАТО, туку тоа е одраз на демократското право на граѓаните на Република Македонија. На референдумот нема да биде на пазар ничиј партиски интерес, туку само интересот на државата Република Македонија. Токму тоа е вистински демократски предизвик. На премиерот Хари Костов на прошетката низ Кичевско за малку не му се случи "струшкото сценарио". "Пуштете ни друг, Хари не ја сака Македонија" - порачаа кичевци. Премиерот Хари Костов не треба да доаѓа во Кичево затоа што тоа не го сакаат граѓаните. Тие се револтирани од неговата изјава дека нема да излезе на референдумот и е непожелна личност во градот изјави кичевскиот градоначалник. Дали и ваквите реакции се доказ дека на народот веќе му е дојдено нож до коска?! А токму референдумот тоа најдобро ќе може да го докаже и да го покаже! Од основачот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски

7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

MAKEDONSKO SONCE ЈОВАН ИЛИЈЕВСКИ, БИЗНИСМЕН

ГРАДЕЖН

8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ИШТВОТО Е ОГЛЕДАЛО ВО ЕДНА Д Р Ж А В А Јован Илијевски по занимање е градежник, поточно веќе 30 години е неимар. Родум од село Папрадишта, Велешко, место од каде што потекнуваат многу градежници, занаетчии, кои по традиција биле наследници на Андреја Дамјанов, на иконописците меѓу кои Димитрија Папрадишки и други. Деловната приказна на господинот Илијевски е мошне интересна. Неговата примарна професионална определба сосема се разликува од оваа со која со години успешно се занимава, како занаетите и градежништвото да му биле судбина. Работниот век како градежник го почнува во градежното претпријатие "Бетон". Во 1984 година го прифаќа предизвикот и го презема ризикот - ја основа самостојната градежна фирма "Изградба". Со трансформацијата на претпријатијата, таа е преименувана во "Изградба - Комерц", име кое е исклучително познато во оваа дејност. Од формирањето на фирмата до денес во неа работи истиот состав на вработени, чиј број постојано се зголемува со млади и перспективни луѓе. Во моментов, во фирмата има околу 50 вработени. На референтната листа "Изградба - Комерц" може да презентира многу објекти, како во нискоградбата така и во високоградбата. Тимот на оваа фирма е успешен и во ентериерското уредување на повеќе значајни објекти. Последниве неколку години "Изградба - Комерц" работи и на изградбата на нови училишни згради во Куманово, во селата Соње, Добридол и др. Нејзино дело се и реконструкцијата и ентериерското уредување на управната зграда на Стопанска банка во Велес. Исто така, оваа градежна фирма има изградено и реновирано 120 куќи во Кумановско и во Тетовско, региони во кои се уништија многу домови за време на конфликтот во 2001 година. Во Општина Кисела Вода има изградено неколку улици, паркинзи, водоводи и канализации. Во моментов, се работи на завршната фаза на градбата на еден станбено-деловен објект и на реконструкцијата на објект на МВР. Проширувајќи го обемот на работа, "Изградба - Комерц" ја зема под концесија Пералната на Клиничкиот центар, каде што вложува финансиски средства за реконструкција на објектот и за модернизација на машинскиот парк, со цел на тамошните 35 вработени да им овозможи подобри услови за работа, а воедно да се зголеми и квалитетот на услугите. Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Господине Илијевски, како ќе ја претставите Вашата фирма "Изградба - Комерц"? ИЛИЈЕВСКИ: Дваесеттина години фирмата постоеше како "Изградба", а пред 13 години се трансформиравме во "Изградба - Комерц". За нашето опстојување е карактеристично тоа што сè уште го имаме речиси истиот тим на вработени, кој е тука уште од почетокот, а секоја година тој се зголемува со нови луѓе, така што во моментов имаме околу педесетина вработени. Ние слободно можеме да се пофалиме со најважното за една фирма - со редовни плати, со редовно плаќање на сите обврски кон државата, а денес

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

M

еа инервју ЈОВАН ИЛИЈЕВСКИ, БИЗНИСМЕН

можеш да кажеш дека успешно работиш само во случај ако немаш никакви долгови кон добавувачите, кооперантите и други. На својата референтна листа "Изградба - Комерц" може да посочи многу објекти, во нискоградбата и во високоградбата. Нашиот тим се покажа како успешен и се докажа во ентериерското уредување на повеќе значајни објекти. Последниве неколку години работевме и на изградбата на новите училишни згради во Куманово, потоа на управната зграда на Стопанска банка во Велес, каде што комплетно ги реализиравме градежно-занаетчиските работи, го изработивме ентериерот и ја обезбедивме опремата; изградивме неколку нови училишни згради во селата Соње, Добри Дол; бевме ангажирани на реконструкцијата и на градењето на 120 нови куќи во Кумановско и во Тетовско, подрачја во кои во 2001 година конфликтот беше интензивен; за потребите на граѓаните од Општина Кисела Вода изградивме неколку улици, паркинзи, канализација, водовод, а работевме и на други уредувања за разни хуманитарни и невладини организации. Во моментов, градиме станбено-деловен објект кој е за продажба, а воедно вршиме и реконструкција на еден објект на МВР, како и на неколку други објекти. Пред неколку месеци "Изградба - Комерц" ја зеде под концесија Пералната на Клиничкиот центар. Таа беше во исклучително лоша состојба, поради што и вложивме финансиски средства за реконструкција на објектот и за модернизација на машинскиот парк. Тоа го направивме со цел да ги подобриме и да ги олесниме условите за работа во Пералната, со што и квалитетот на нашите услуги е на повисоко ниво. Имено, ги задржавме и сите кои беа вработени во Пералната.

На македонската економија не и цветаат рози, сите стопански гранки се речиси на работ на опстојувањето. Со какви проблеми се соочува градежната дејност во Република Македонија? ИЛИЈЕВСКИ: Малите држави каква што е и Македонија потешко ја преболуваат болеста транзиција, а од неа заболеа сите земји во регионот. Едни ја прележаа, а други сè уште ги "држи". За жал, и ние уште не сме излекувани. Нормално е тоа што во моментов економијата ни е повеќе "сивкаста" отколку розова, факт е дека стопанството не може да се пофали со некои позначајни резултати, а сè тоа се рефлектира и врз градежништвото. Всушност, градежништвото е огледало во една држава, ако градежниците имаат работа тоа значи дека и во земјата има инвестиции, се градат фабрики, погони, работилници, што се основни предуслови за да има и вработувања. Исто така, градежништвото е придвижувач и на многу други гранки со кои на еден или на друг, индиректен или директен начин е поврзано. На градежната дејност не й се пишува најдобро, иако во блиското минато Македонија важеше за велесила во градежништвото. Сега таа не може да се пофали со ваков епитет, бидејќи нема големи инвестиции, можеби само во нискоградбата се забележуваат нешто повеќе активности, а лично мислам дека нема долго да трае моментнава ситуација со инвестициите во високоградбата. Предвид треба да го имаме и фактот дека во Македонија полека изумира ѕидарскиот занает, дури е и многу тешко да се најдат градежни работници, иако според евиденцијата на заводите за вработување најголем број од невработените се општи работници. Никој не сака да биде работник во градежништво, бидејќи оваа работа е тешка, иако сега градежничката технологија е значително напредната за разлика од порано.

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Значи, покрај другите проблеми, нашата гранка има и два основни проблема: недостаток на работни дејности и недостаток на квалификувана работна сила. Во последно време во јавноста постојано се слушаат коментари за постоењето и за функционирањето на таканаречената "урбана мафија". Станува збор за градби, чии изведувачи не се придржувале кон одредбите во Правилникот за нормативи и стандарди за градење. Коментарот на еден градежник би бил...? ИЛИЈЕВСКИ: "Урбаната мафија" и неквалитетното работење се две нешта за кои денес постојано се зборува и поради тоа секој градежник е ставен под лупа токму од причина да се контролира и да се направи преиспитување кое ќе докаже совесно или несовесно работење. Прво да расчистиме некои работи, да ги одвоиме поимите "урбана мафија" и "неквалитетно градење", од кои можеби повеќе загрижува неквалитетното градење. Не знам дали постои таа "урбана мафија", можеби е поточно ако така се восприемаат фирмите кои се блиски до Министерството за транспорт и врски, затоа што тие можат да добијат добри, чисти локации, тоа се оние кои можат да го изменат Деталниот урбанистички план и нешто да надградат, а потоа тоа да се легализира. За среќа, сега и во тој поглед сè повеќе се воспоставува ред, а конечно и инспекциските служби почнаа да си ја работат својата работа. Кога веќе сме кај градбите кои никнуваат како качунки, би рекол дека тоа е добро, зашто тоа придонесе малку да живнат малите и средните претпријатија и градежната индустрија. Но, суштинското прашање е дали и колку овие градби се изградени стручно, дали некој во градов тоа го контролира. "Никнуваат" многу приватни сепарации и погони за изработка на бетон, но дали тие се квалитетни, дали резултатите од нивните испитувања се реални или се платени односно купени? Поради тоа, сè ова мора задолжително да го контролира некоја од институциите кои земаат голем дел од севкупните износи на име комуналии, за да можат идните станари и корисници на новоизградените објекти да имаат некаква сигурност и да не мислат, не дај Боже, дека и тука

може да се случи тоа што и во Турција. Но, да веруваме дека македонските градежници се потпираат на традицијата на добрите неимари, па објектите ги градат токму така како што е предвидено и во проектите и по прописите кои важат во градежништвото. По неколкугодишното перманентно зголемување на цените на становите, куќите, на земјиштето во Скопје, денес веќе тие почнуваат да се намалуваат. Забележан е пад во продажната цена, но и во износот на име кирии, кои некогаш достигнуваа фантастични бројки. Сега пазарот на недвижности е презаситен од легални и нелегални фирми, кои градат каде ќе стигнат и од тоа имаат астрономски профит. Што мислите за оваа состојба? ИЛИЈЕВСКИ: Последниот попис покажа дека во Скопје има повеќе станови отколку семејства. Со донесувањето на Деталниот урбанистички план беше дадена можност да се изградат многу станови, така што понудата е значително поголема од побарувачката. За време на воената криза во 2001 година имаше побарувачка за многу станови, така што се случуваше да купуваат и оние кои немале таква намера. Ваквата ситуација најмногу ја искористија и од неа профитираа сопствениците на локациите, всушност тие земаа дури и 30 проценти од градбата. Потоа, комуналиите се многу високи, исто така е и со трошоците за приклучоци, на пример, изградбата на трафостаницата е многу голема ставка и тоа ја обременува цената на чинење на становите. Велите дека цените на становите се високи. Како изведувач јас не би се согласил со Вашата констатација. За да се изгради квалитетно, по сите прописи и стандарди, да се платат давачките кон државата и уште да им се отстапат 30 проценти на сопствениците на локацијата, тогаш е јасно дека есапот е многу лош и за купувачите и за градежниците.

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју ЈОВАН ИЛИЈЕВСКИ, БИЗНИСМЕН

Мислам дека е постигната долната граница на цената на метар квадратен на становите, а доколку се очекува нејзино намалување треба да се знае дека тоа не е реално и може да се одрази на квалитетот на градбата. Градежните фирми кои работат совесно и имаат квалитетна градба, во вакви услови можат само малку да профитираат. За да се очекува да се добие пониска цена на станбената изградба потребно е да се најдат чисти локации, да се намалат апетитите на нивните сопственици, а исто така и износите на име комуналии, за кои лично сметам дека се многу високи. Кога станува збор за индивидуалните земјишта и куќи, треба да се каже дека тоа може да си го дозволи само мала група луѓе, кои имаат многу пари и за нив не се никаков проблем големите суми.

ви на стопанисување, со перманентно проширување на дејноста. Покрај градежништвото, како што веќе реков, "Изградба - Комерц" ја зеде под концесија Пералната во Клиничкиот центар во Скопје. Наскоро, во индустриската зона на Пинтија ќе почнеме да ја градиме новата управна зграда со магацински простор, а можеби ќе се обидеме и во трговијата со градежни материјали. Како и да е, градежништвото ни останува основна дејност, таа е прифатена и од семејството, на моја радост и задоволство и син ми се определи да се вклучи во оваа работа и добро напредува. Во овој круг се движи и мојата ќерка, која е студент на Градежниот факултет.

Како се снаоѓате со конкуренцијата, сметате ли дека во Вашата бранша постои лојална, здрава конкуренција?

ИЛИЈЕВСКИ: Лично не сум многу активен во политиката. Сè она што оваа фирма го работела и сега го работи не и е

Колку политиката и промените на владејачките гарнитури се одразуваат на Вашата работа?

ИЛИЈЕВСКИ: Може многу да се зборува за конкуренцијата. Во принцип, нашата фирма не се плаши од принципиелна и лојална конкуренција, а познато е дека таа е многу голема на тендерите. Ние постојано имаме работа која ја добиваме на тендери, а нив најверојатно ги добиваме затоа што нудиме реални цени, "Изградба - Комерц" не е фирма мегаломан која трча по големи профити. Веќе 20 години успеваме да опстојуваме со квалитетното градење. Потоа, нудиме кратки рокови за изведба, квалитет и добра референсна листа на изведени објекти, која не е мала и занемарлива. Учествуваме на тендери каде што конкуренцијата е голема. Новиот Закон за јавни набавки има многу недоречености и кога се избира изведувачот комисиите за јавни набавки се ограничени и не можат реално да го одберат најдобриот. На пример, бонитетот за финансиското работење може да биде квалификуван како позитивен доколку фирмата направила реализација, на пример, на 100.000 денари, и исто е рангирана како и фирма која направила реализација од сто милиони денари. Друг проблем е тоа што рокот за отворање на понудите е 62 дена, што е и реална опасност за промена на цените на понудените репроматеријали. За среќа, засега овие цени се стабилни. Каква бизнис стратегија има "Изградба - Комерц"? ИЛИЈЕВСКИ: И во иднина наша стратегија ќе биде квалитетното работење и успешно опстојување во сегашните усло12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

дадено од ниту една партија и никоја од нив не може да каже дека нешто ни дала. Работата ја добиваме исклучително на тендери или, пак, тоа е одраз на веќе докажаниот квалитет и конкурентните цени кои ги нудиме. Мислам дека ние, поточно малите и средните претпријатија, не сме толку интересни за партиите и за политичарите, односно големите компании се тие кои можат да имаат влијание и да влијаат во партиите, при што има и обратен процес, партиите да се инволвираат во компаниите. Ќе ги оставиме политичарите да се грижат за политиката, всушност да работат на тоа да й ја обезбедат потребната стабилност на државава, да се создадат услови за економски просперитет на Македонија, со што ќе се решат егзистенцијалните проблеми на граѓаните, а преку работа за секого и за сите. Што мислите за претстојниот референдум и каков е Вашиот став во однос на тоа? ИЛИЈЕВСКИ: Кога станува збор за референдумот, мислам дека премногу се потроши енергија, а исто така верувам дека натаму ќе се потрошат уште и повеќе пари. Народот или иницијаторите за одржување референдум го собраа потребниот број потписи, а не е далеку седми ноември, денот кога македонските граѓани ќе се изјаснат по ова прашање. Тогаш секој граѓанин ќе може да си го искористи своето уставно право, па ќе ја слушнеме и ќе ја дознаеме желбата на народот.

Република Македонија интензивно се подготвува за влез во НАТО и во Европската унија. Од какво значење ќе бидат овие членства за Вас како градежник? Во која насока нешто ќе се промени? ИЛИЈЕВСКИ: Членството во ЕУ и во НАТО ќе биде од исклучително значење за севкупното стопанство во Македонија токму поради отворените пазари. Преку слободниот проток на луѓе и стоки, нашите мали и средни претпријатија ќе ја искористат оваа предност и ќе се здобијат со можност да се докажат во европските држави. Познато е дека ваква привилегија досега имаа само големите градежни компании. Се надевам дека Македонија ќе добие многу и со самото отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, макар таа и да стане нејзин член и подоцна, за десеттина години. Нашето членство во НАТО е на повидок, а токму тоа уште повеќе ни ја подотвора вратата на Унијата, како дополнителна гаранција, како уште една надеж. Да се надеваме на подобро утре за стопанството и за Македонија. Какви се Вашите планови, на што ќе се фокусира "Изградба - Комерц" во иднина? ИЛИЈЕВСКИ: Во иднина "Изградба - Комерц", пред сè, ќе се фокусира на тоа да го задржи постојниот континуиран квалитет, високостручното работење, ќе се вложува во нови инвестиции, а особено внимание ќе му се посвети на подобрувањето на стандардот на нашите вработени.

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА ШТО ЌЕ ЈА

БАРАА ЛЕБ, А Н "Се сомневам дека во овие два месеца, нашето Министерство за надворешни работи водело грижа за кумановците. Информациите ги добиваа од телевизиите, а не од релевантен орган на привремената ирачка влада", вели Трипун Карапетров. "Во преговорите и сите настојувања да се стапи во врска со киднаперите јавноста мора да биде настрана, затоа што многу врева ги нервира носителите на криминално-терористичките активности", вели Иван Бабановски.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Ж

ална и болна е судбината на македонскиот печалбар. Во текот на историјата нашиот човек- гурбетчија многу пати се соочувал со неволјите кои ги предизвикувала туѓината. Денес, минатото се повторува со тројцата кумановци, кои заминаа по парче леб во Ирак. Речиси два месеца се слушаа информации дека тие се киднапирани, за што никој немаше никаков веродостоен податок. Пред неколку дена телевизијата "Ал Џазеира" објави вест дека двајца од тројцата кумановци, Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски се егзекутирани од исламистичката армија на Израел. За третиот, Драган Марковиќ, сè уште нема никакви вести. Во отсуство на потврдени информации за трагедијата, се надеваме дека тие се живи и ќе се вратат

во своите домови, каде што семејствата на Насковски и Лазаревски требаше да се подготвуваат за свадба, причината поради која дедото и зетот и тргнале на печалба. Во овие моменти клучна е снимката на "Ал Џазеира", со сепак наводната егзекуција на двајцата кумановци, која треба да ја потврди веста за убиените Наскоски и Лазаревски. Нашите експерти предводени од заменик-министерот за надворешни работи, Фуад Хасановиќ, најверојатно (ова се информации до печатењето на овој број), веќе се во Катар и ја утврдуваат веродостојноста на лентата. Во целиот случај "Киднапирани кумановци" затаи македонската дипломатија, а нашите власти, како и многу пати досега ја покажаа својата неефикасност. Неколку дена по обелоденувањето на веста за киднапирањето на кумановците, МНР испрати свој претставник во Ирак, Игор Попов, но тој се врати без било каква информација. Нашите извори потенцираат дека МНР не си ја извршило задачата така како што треба,

а освен тоа се прашуваат кој и зошто й дозволи на компанијата "Соуфан инженеринг" да однесе наши луѓе во Ирак. Значи ли тоа дека секој на кој ќе му текне може во оваа држава да отвори било каква агенција и да ги носи луѓето каде што сака, негарантирајќи им безбедност? Каде во овој период беа нашите разузнавачки служби? Нивниот сегашен јавен ангажман ќе биде само лов во матно, затоа што поради "претходниот", овој ќе се сведе на барање тела, наместо на спасување животи. Имено, во многу земји, во рамките на МНР постои специјална служба, избрани дипломати со висок морал, кои се обучуваат за вакви вонредни ситуации. Се повикуваат и специјалисти стручњаци од други институции. Во случајов, уште првиот ден требаше да се викнат постари дипломати и работници од Службата за безбедност во МВР, затоа што во прашање беа животи на луѓе и тука се отфрла секаква ароганција, партизација. Сè ова беше отсутно. Трагично е едно семејство да се држи два месеца без информација за тоа што се случило. Овој случај е најеклатантен пример

ТРИПУН КАРАПЕТРОВ

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ДАЛИБОР ЛАЗАРЕВСКИ

за слаба дипломатија. Од која и да е причина тие луѓе да се нашле во Ирак, нас не нè ослободува одговорноста за нив. Непрофесионално е да се каже дека тие сами заминале, тоа може да го каже само тотално непрофесионален човек. Ние знаеме зошто отишле таму, станува збор за чесни луѓе, кои за својата егзистенција немале друга алтернатива.

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ Трипун Карапетров, поранешен генерален секретар во МНР , вели: "Сè уште не сакам да верувам дека луѓето се погубени, но можам да го коментирам овој случај, професионално, за тоа што требаше да се преземе и како можеше да им се помогне, да се спасат нивните животи. Тие отишле таму да работат, а не за авантура, одмор или луксуз. Всушност, како и да заминале, сè додека имаат наш пасош, тие се наши луѓе и тоа не ја ослободува нашата одговорност да се ставиме во нивна заштита. Доколку навистина се случило нешто со овие граѓани, Министерството за надворешни работи ќе ги носи на душа. Крајно време е, покрај

ОСВЕСТИ ДРЖАВАТА

АЈДОА СМРТ!? ЗОРАН НАСКОСКИ

МНР, да се замислат и другите наши владини структури и Собранието до кој степен ќе се дозволува ваков волунтаризам, ароганција и непрофесионалност во МНР". Според Карапетров, потребно е во МНР, покрај останатите, да се формираат и две јаки служби: за безбедност и правна. Службата која треба да реагира за вонредни ситуации не е класична дипломатија и извршувањето на тие задачи се сосема различни од професионалната дипломатија. Ние имаме такви луѓе во МНР. Меѓутоа, неговите предлози никој не ги прифатил, туку бил исфрлен од работното место во МНР. "Кога говорам за професионалноста - објаснува Карапетров - предвид го имам следново: Веднаш по констатирањето дека овие тројца наши граѓани во Ирак се киднапирани или исчезнати, требаше да се испратат двајца луѓе од Министерството и не да се појде во Ирак, туку во една или во две негови соседни земји, на пример, во Јордан или во Сирија. Потоа се стапува во врска со нивните министерства за внатрешни и надворешни работи. Кога постојат

бунтовнички структури, кога е војна, во секоја земја се ангажираат и луѓе од подземјето, се помилуваат криминалци, а од затворите се ослободуваат одредени затвореници. Таму ситуацијата буквално е хаотична и секогаш тие структури ги минуваат границите на Јордан и на Ирак. Овие бунтовнички структури имаат бази и надвор од Ирак. Со нив логично и потребно е контакт да има Министерството за внатрешни работи на таа земја. Всушност, секое Министерство за внатрешни работи во секоја земја има обемни сознанија за подземјето. Требаше преку нив да се бара да им се објасни случајот, да им се каже дека кумановците не се виновни и дека во Ирак отишле да заработат за парче леб. Во такви ситуации не се избираат средства. Тоа е тајна дипломатија за вонредни ситуации. Другиот начин е веднаш од државава да се испрати наш адвокат, кој преку соодветни лица од соседните земји ќе стапи во контакт со такви лица во Ирак. Со тие структури најчесто контактираат адвокатите, тие се нивна клиентела. Ирачките власти не ја контролираат ситуацијата и има територии каде тие не можат да стапнат". За патувањето на Игор Попов во Ирак, Карапетров коментира: "Тој отиде во Багдад и стапи во контакт со органите на привремената ирачка влада. Но, таа не ја конт��олира ситуацијата ниту за своите сограѓани - киднапирани се 392 лица од кои 299 се убиени, а четириесеттина се спасени. Ние не слушнавме како се спасени, затоа што сè ова се одвива со тајна

дипломатија. Се сомневам дека во овие два месеца, нашето Министерство водело грижа за кумановците. Информациите ги добиваат од телевизијата, а не од орган на привремената ирачка влада. Ако тие постојано биле во контакт со ирачките власти, сè ова ќе им го соопштела владата, а не да се информираат преку телевизискиот екран во Катар". Според него, за конкретниов случај требаше да се ангажира нашиот и меѓународниот Црвен крст, а со тоа да се запознаат и исламските организации. Овие луѓе ги немаше на ниедна листа, што значи ние не сме ги пријавиле. Таму постојат добротворни организации, друштва, кои можеле да помогнат. "Постојат и други моменти како требаше да се реагира. Јас само генерално ја посочив шемата. Мислам дека на овој начин, ќе беа големи шансите да се спасат луѓето. Во МНР има голема одговорност за целиот случај, конкретно таа е на првиот ешалон околу министерката. Се докажа дека нема професионализам и дека на МНР му е потребно комплетно реформирање", објаснува Карапетров.

ИВАН БАБАНОВСКИ

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Сепак, според него, не станува збор само за безбедноста на нашите граѓани, туку ние денес како земја сме политички маргинализирани, економски изолирани, конзуларно затворени. Ние сме земја со оспорено име, култура. "Се прашувам - додава Карапетров - каде е успехот на нашата дипломатија. Вака како што се одвиваат работите нема реална претпоставка за подобрување на состојбите во МНР. Не е точно дека ние немаме кадар. Имаме снаги, но поради ароганцијата, партизацијата и алчноста, недостасуваат желба и волја тоа да се реши така како што треба". Во отсуство на дипломатско - конзуларно претставништво во Ирак, господинот Карапетров потенцира дека никој не се грижи за нашите луѓе таму и вели: "Не дај Боже, ако како турист, изгубите пасош, никој нема да ви помогне". Сепак, додава нашиот соговорник, не е исклучена и можноста, двајцата кумановци да се живи и смислено да се даваат снимки на телевизијата, за да се фрли јадица и да се види каква ќе биде реакцијата. Во МНР, објаснува тој, треба да постојат две служби: дипломатска и конзуларна. Дипломатската ги штити интересите на државата, а конзуларната - на нашите граѓани, кои од која и да е причина престојуваат во странство. Овие две служби мора да бидат јаки, нив треба да ги следат другите две служби: за безбедност и за правна заштита, кои ги немаме.Тоа се столбовите врз кои треба да се потпира МНР.

МАКЕДОНИЈА

Ние имитираме некои шеми, а секоја земја си има дипломатија според сопствените потреби, политика, економска снага итн. Дипломатијата не е работа во којашто законот може да се препише од друга држава".

КООРДИНАЦИЈА Иван Бабановски, поранешен професор на Факултетот за безбедност во Скопје, за случајов вели: "Со искрено жалење, за оваа зла коб на моите сограѓани, морам да ги искоментирам сите акции и активности на оние структури во државава, што со жаргонот на професионалците се нарекуваат тајни служби. Настојувам да не давам оценки на целите специјализирани служби, со оглед дека документите за нивното функционирање се многу коректно нормирани, но не можам да не дадам слаба оценка на сите оние личности кои се наоѓаат на одговорни функции во МВР, ДБК, Агенцијата за разузнавање и Службата за безбедност, со нејзините компоненти, при АРМ. Несреќната последица од активностите на криминално-терористичките групации инволвирани во војната во Ирак укажува дека отсуствува елементарна координација и кооперација во извршувањето на многу сложените задачи од областа на безбедноста. Додека МНР преку нејзините дипломатски канали легално ги остваруваше своите задачи на планот на заштита на личниот интегритет и слобода на движење на македонските граѓани носители на патната исправа на РМ, а преку средствата и методите на тајната дипломатија за кои веќе слушнавме, паралелно мораше со своите средства и методи да постапуваат ДБК, КОС, Агенцијата за разузнавање. Соработката мораше да биде перманентна и раководена од еден центар. Професионалците од разузнавачките и контраразузнавачките служби на Маке-

ТРАГЕДИЈА ШТО ЌЕ ЈА ОСВЕСТИ ДРЖАВАТА

донија имаат на располагање богат фонд на извори и врски воспоставени со арапските студенти кои се школувале во Скопје и на универзитетите ширум поранешната Југославија. Остварувајќи пријателски односи во рамките на политиката на неврзаните, каде што Југославија беше лидер, службите за безбедност разменуваа оперативни информации и материјали од областа на заедничко спротивставување на меѓународниот теро-

силен разузнавачки центар во Софија, каде што дејствуваа неговите разузнавачи, затскриени зад разни деловни фирми, хуманитарни организации со муслимански предзнак, банкарски и други финансиски институции... Еден лидер на политичка партија во Македонија со еден ексдипломат кој докторираше на тезата: ПЛО Палестинското ослободително движење, со еден наш бизнисмен, пред неколку години беа гости кај Садам

ИРАК: ТУЃИНА ПУСТА ЈАБАНА

ризам некаде од шеесеттите до деведесеттите години на минатиот век". Сепак, Бабановски вели дека некој требаше да ги отвори тефтерите и да ги пронајде тие извори, а потоа да направи напори за воспоставување врска со нив. "Не е тајна дека ирачката служба имаше оперативни настапи во Скопје и во западниот дел на Македонија, а до соборувањето на Милошевиќ, па и подоцна, своите интереси по оперативен пат ги остваруваше во Белград. Садам Хусеин имаше многу

Хусеин и учествуваа на прославата на неговиот роденден. Нивната мисија беше поради бизнисот со нафта за време на економското ембарго на ОН против СРЈ. Ако можеа тогаш да патуваат поради бизнис-интереси сигурно дека денес овие луѓе ќе се согласеа да им ги стават на услуга своите врски на службите за спасување на нашите киднапирани граѓани. Сигурен сум дека во рамките на пријателските остварени релации со безбедносните служби од соседните земји, особено сметам на

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Албанија, мораше да дадеме оперативни сознанија за судбината на нашите граѓани кои дипломатите на теренот во Ирак ќе ги претвореа во акција. Во вакви кризни настани многу малку се користат телефоните, особено не мобилните затоа што денес кореспонденцијата преку етерот не ја контролираат само разузнавачките служби, туку и оние терористички организации кои тие ги снабдиле со соодветна техника за следење на 'муабетите' во светот". Професорот Бабановски коментира дека во преговорите и сите настојувања да се стапи во врска со киднаперите јавноста мора да биде настрана, затоа што многу врева ги нервира носителите на криминално-терористичките активности. "Моите студенти, професионално ангажирани во специјалните служби добро знаат дека злосторниците имаат тенки нерви, тврдо срце и зовриена глава. Со нив мора да се контактира авторитетно, професионално, одлучно и со почитување на нивните барања. Ако вака не настапиме можеме да предизвикаме несогледливи последици. Се плашам за сите наши граѓани кои се наоѓаат во ирачкиот воен вртеж, а денес уште повеќе бидејќи некои наши неуки политичари и партиски првенци настојуваат и личните несреќи на македонските граѓани да ги ползуваат за одредени кампањи во интерес на владејачките гарнитури. Во овој случај се покажа дека таквото однесување ќе им се врати како бумеранг. Жалам што некои одговорни луѓе брзо ќе го заборават и ова трагично искуство, а ние, во не така далечното минато, имавме остварено исклучителни резултати во борбата против меѓународното зло именувано како тероризам. Нека ги прочитаат записите од тие настани, бидејќи тие сознанија ќе им користат во иднина", потенцира Иван Бабановски.

ОГЛЕДАЛО

Тачко ЛОКВЕНЕЦ

АНДОРА И АЛИСА

K

ÓÀÑÄÔ

ако се влегува во (туѓа) историја? Со пораз од - Андора! Не, за жал, и тоа не ни помогна, бидејќи нашиот пораз не одекна како изненадување. Мислевме по 2:2 со Холандија, дека светот ќе го расплачеме оти паднавме од едно "орловско гнездо" на Пиринеите. Светот повеќе лесно не рони солзи за фудбалски репрезентации од туристички карактер. Или во игра ќе влезеш како што треба, или "оди си од каде што си дошол". Нè победија витези, и јас мислам дека погрешивме што поразот не го приграбивме како - смислен. Така ќе добиевме повеќе отколку што добивме "утепувајќи се" (по скопски) од плачење за изгубената победа. Од историјата на војувањето (фудбалот е војна), знам за вештината на турската војска под команда на славниот Мурат: ако на командантот (тренерот-селектор) му стаса информација дека непријателот е невнимателен (опуштен, особено по успехот со Холанѓаните), тогаш турските старешини веднаш смислуваат план за победничка акција... Борбениот поредок не е иновациски патент на Драган Канатлароски, тој се наоѓа во сите лекции од фуд-

балската "абвгд...". На десното крило анадолските трупи од Азија, на левото румелиските трупи од Европа под командата на султановите синови, а во резерва специјален одред за опколување и добивање на битката. Арно рече претседателот Црвенковски пред македонските жени: "Не се сите мажи исти". Во Андора испративме сè, само мажи - не! И што можеме да очекуваме од тоа што ни се случи. Светот не пропадна, ама Македонија не победи. Ние сè уште мислиме дека сме со "олимписко опкружување", важно да учествуваме, ич не е важно од кого ќе - губиме. Толку сме маргинализирани! И надвор и внатре. Надвор можеби помалку, ама внатре - апсолутно. Погледнете ги нашите стадиони, колку луѓе ги посетуваат. Не зборува ли тоа дека авторитетот на фудбалот е паднат под ниво, или можеби авторитетот на водачите на фудбалот. И сега од споредното да поминам на - главното: животот онаков каков што ни е. А, тој живот ни е водвиљ (мала театарска претстава, со лесно смешна содржина), сличен како поразот од Андора. Да не беше последното јавно излегување на чуварот на клучевите од македонската каса и неговиот несомнен оптимизам, си мислев за нашиот тунел нема светло. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Никола Поповски, кога најмалку очекував, стаса со ангелски крилја над посивеното македонско стопанско небо: "Има спас", рече и ја спаси душата своја. А, нашата? Ќе видиме. Најави реформи во пакети (како некогаш од УНДРА). Истури многу надежи (како поројни пролетни дождови). И заврши филозофски (како Тертулијан да каже, да не го разберат). Ако биде доследен (Поповски) и Владата во која тој е клучниот играч на историскиот натпревар на Македонија со самата себе за излез од сиромаштијата, алал да му е. Но, ако ја игра улогата на реформатор заради реформи, арам да му е. Оти ми се наметнува ваква недоверица? Едноставно, оти два-тринаесет години прокердавме за од "вујна ми ливадите". Дури сега не ни е јасно, што правевме ние овие изминати времиња? Ами ако излези јалнаш референдумот? Во "Алиса во земјата на чудата", девојчето го прашува зајакот: "Можеш ли да кажеш по кој пат да излеземе одовде?" "Зависи, каде сакаш да стасаш", одговори зајакот. "Сеедно ми е", вели Алиса. "Тогаш сеедно е кој пат ќе го избереш", рече зајакот! Најтешко во овој живот што сега и денес го живееме е целта на нашиот пат да ни помогне да го најдеме патот до својата цел!!!

ПОЛИТИКА

СВЕШТЕНСТВОТО НА

НЕМА ПАЗАРЕЊЕ СО АВ Вклештена меѓу оската север - југ, МПЦ ќе мора да пронајде силен сојузник за да се избори за своите позиции. Дали Руската православна црква ќе успее да ги седне на маса двете скарани цркви? Во овој момент се стопирани сите активности околу уривањето на членовите на Синодот на МПЦ. Но, тие не се прекинати, одвреме навреме, по некој српски владика или свештеник ќе потсети дека притисокот постои и се вжештува.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

М

акедонската православна црква се наоѓа на крстосница во однос на проблемот со Српската православна црква. Меѓутоа, доколку постои попустливост кај членовите на Светиот архијерејски синод на МПЦ, може 'гадно' да се одрази врз натамошната положба на Црквата, бидејќи сè уште ги лекува раните од Нишкиот документ, кој не помина кај македонскиот народ, но лесно беше примен и прифатен од некои македонски митрополити. Затоа и овој чин на добра волја за канонско зближување на двете сестрински цркви мора внимателно да се протурка низ високите црковни редови на СПЦ, бидејќи тоа сè уште е трусно подрачје за македонската црковна кауза. Но, таа вековна, национална и духовна опстојба на македонскиот

народ не ја признаваат српските владици, кои живеат во свој иреален свет, кој генерира длабоки фрустрирачки кризи. Оттаму, доколку се одмрзнат односите со СПЦ, и на преговорите да се оди со уште еден понижувачки предлог за нов статус на црквата, при што треба да се гарантираат сите елементи кои нашата Црква ја прават како посебна црква, со свој избор на црковни великодостоинственици, варење свето миро, осветување антимис итн., најновиот потег на МПЦ може да се оцени како меч со две острици.

ПОСТОЈАН ПРИТИСОК Српскиот црковен националшовинистички инает не може лесно да се уништи. Тој тврдоглаво се брани со десетлетија, а историјата помни многу такви примери. Но, сега најголем бедем претставува српскиот владика Иринеј Буловиќ, чие влијание во Синодот на СПЦ е огромно. Тој е еден од главните поборници за сегашната статус-кво ситуација во односите меѓу двете цркви.

И ако се земе предвид, неговата лична и неостварена амбиција, по заминувањето од овој земски свет на 90 годишниот патријарх Павле, да седне на тронот на СПЦ, тогаш навистина станува збор за специфична ситуација. Проблемот може да се реши ако се има волја од другата страна, но името на Македонската православна црква претставува трн в око за Грчката црква. На тој начин, вклештена меѓу оската север - југ, МПЦ ќе мора да пронајде силен сојузник за да се избори за своите позиции. Дали Руската православна црква ќе успее да ги седне на маса двете скарани цркви? Во овој момент најсигурна е таа варијанта, односно опција, бидејќи се стопирани сите активности околу уривањето на членовите на Синодот на МПЦ. Но, тие не се прекинати, одвреме - навреме, по некој српски владика или свештеник ќе потсети дека притисокот постои и се вжештува.

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Инцидентите се зголемуваат, а нивната 'испостава' т.н. егзарх на Охридската архиепископија Јован, алијас Зоран Вранишковски, се шепури, собира поени за своето наводно устоличу-

НИШКИОТ ДОКУМЕНТ - НАУЧИЈА ЛИ НЕШТО

МПЦ НЕ ПОПУШТА

ТОКЕФАЛНИОТ СТАТУС вање во фотелјата на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ Светиот синод на МПЦ, на својата последна седница расправаше за стратегијата за идните преговори со СПЦ, но не успеа да профилира јасен став околу ова прашање. Според информациите кои беа достапни за јавноста и за медиумите, владиците не биле единствени. Некои биле за формулацијата 'самостојна црква', а други инсистирале на статусот автокефална црква. Добрите познавачи на црковните канони (закони) велат дека нема битна разлика во однос на положбата на црквата доколку се смени сегашниот статус, автокефалност. Но, забораваат дека станува збор за мошне спе-

ВЛАДИЦИТЕ ОД БОЛНОТО ИСКУСТВО?!

цифична про бле матика, доколку нејзината архитектоника и структура се поместат само за еден милиметар, таа се распрснува на милиони ситни парчиња, кои потоа не можат да се состават со илјадници години.

тивставил српскиот владика Иринеј Буловиќ. Всушност, тоа и се очекувало. Тој е главниот столб на Зоран Вранишковски во Република Македонија. Статусот за 'самостојна црква', произлегува од злите јазици во црковниот двор на МПЦ. Но,

Нема отстапка од името на Македонската православна црква, ниту од нејзиниот автокефален статус. Ова е решението на македонскиот црковен клир, по одржаното свештеничко Собрание во Соборниот храм во Скопје. Во усвоената Резолуција свештенството на МПЦ со индигнација ги отфрла обидите на Српската црква, во Македонија да оформи Охридска архиепископија со српски егзарх. "Охридската архиепископија останува со огромно значење за нас, но клирот, од нејзиното згаснување се бори за своја црква и автокефален статус, од кој не може да се отстапи", изјави македонскиот Архиепископ г.г. Стефан. "Свештенството искажа целосна поддршка на Синодот, кажа што сака, кога е во прашање МПЦ, за нејзиното име, за статусот, така што освен името МПЦ и освен автокефален статус, нема за што да се разговара, рекоа свештениците во името на целото македонско свештенство", изјави Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Зошто во Синодот има заговорници за формулата 'самостојна црква'? Можеби за да се искористи сегашната позитивна клима, која владее во Руската православна црква. Таа ја искористила синтагмата во решавањето на своите внатрешни проблеми, кои произлегле по распаѓањето на Советскиот сојуз. Истиот термин не е новина во преговорите со СПЦ. Самостојноста била актуелна тема во шаховската игра при дефинирањето на т.н. 'Нишки документ', но тогаш се спро-

тоа не е прифатливо решение, бидејќи СПЦ не се согласува на рамноправни односи. Главен проблем и натаму останува двоецот, владиката Иринеј, како и црногорскиот владика Амфилохие. Двајцата се главни претенденти во трката за наследство на патријаршискиот трон на СПЦ. Новиот предлог кој досега беше во игра е резултат на посредништвото на Руската православна црква. Наскоро во Скопје треба да пристигнат претставници на СПЦ, со кои би се договорила мето-

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

дологијата на преговорите. Инаку, МПЦ се подготвува за црковно - народниот собор, кој треба да се одржи во текот на наредниот месец во Охрид. На него ќе треба да се донесе одлука за промени во уставот на нашата црква. Со промените се очекува да се зајакнат овластувањата на владиците на МПЦ во нивните епархии. Истовремено, значително ќе се намалат правата и овластувањата на епархиските и црковните одбори, во кои сега има и членови од цивилните лица. Ако црковно - народниот собор ги прифати промените, надлежниот митрополит ќе има целосна и сигурна власт во својата епархија. На истиот собор, можеби САС на МПЦ ќе донесе одлука за избор на нов владика. Според сегашните информации, архимандритот Методија Златанов би требало да биде избран за нов викарен скопски митрополит. Тој треба да ја ��звршува и должноста директор на средното богословско училиште во селото Драчево.

ПОЛИТИКА

РЕФЕРЕНДУМСКА ТРЕСКА ВО

ДЕМОКРАТИЈА ОД КАМШИКО Не станува збор за политика, туку за купување гласови. Власта има свои калкулации. ДУИ е за контрола на територии, а на СДСМ му е потребно да има јака албанска партија, бидејќи знае дека од македонските гласови нема да победи, туку ќе победи благодарение на албанските. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

У

ште земјата не ја покри 'снагата' на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, а 'крвожедните кучиња' веднаш почнаа да ја поганат територијата на Република Македонија. Според нив, процесот не е завршен, него мора да го спроведат измамниците, чиј гарант се политичарите. Но, во последен момент "некои" им ги расипаа сметките. Имено, иницијативата за референдумско изјаснување против новата територијална организација на локалната самоуправа привремено го сопре процесот. Активностите за етничко и локално разграничување на Албанците и на Македонците се замрзнати, бидејќи се чека исходот од

здравиот разум. Граѓаните ќе мора да се изјаснат дали сакаат да живеат според нивните мерки или, пак, да го отфрлат етничкиот концепт на владејачката гарнитура на СДСМ-ДУИ-ЛДП.

КАРВАНИ Во последниве неколку месеци земјава интензивно е предмет на етнички пазарлук, кој постојано се одвива или се поврзува во контекст на доследното спроведување на Рамковниот договор и децентрализацијата на власта. Станува збор за две комплементарни работи, кои доколку се одвиваат во нормални услови за живеење не би требало да претставуваат проблем. Меѓутоа, како по обичај, кај нас сè се прави наопаку, дури и од мува слон, па така се превртуваат тезите дека божем ние свесно ја попречуваме децентрализацијата, го уриваме охридскиот Рамковен договор. Во оваа тешка политичка ујдурма се оди дотаму што во пропагандната војна се заплашуваат граѓаните, ако го поддржат референдумот тогаш Македонија нема да влезе во НАТО, Македонија ќе се оддалечи од ЕУ итн. Зошто вештачки се создаваат тензии или се

застрашува јавноста со нов конфликт или меѓунационална војна? Тоа се прави затоа што владејачката гарнитура може многу лесно да ја изгуби власта. Проектот за децентрализација на власта е едно, а територијалната организација на локалната самоуправа е друго прашање, кое во контекст на спроведувањето на договорот од Охрид, добива друга димензија. Власта ги побрка и бабите и жабите затоа што не успеа правилно да ја менаџира законската постапка. Затоа карванот на опозицијата продолжува со средбите со граѓаните, повикувајќи ги да излезат на референдумот и да гласаат за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија. Според нив, референдумот не е против ЕУ, ниту против НАТО, туку е фактор за брза евроатлантска интеграција на државава. На средбата со граѓаните во Гостивар, опозицијата ја обвини власта дека се обидува да ја попречи успешноста на референдумот, бидејќи беше исклучена електричната енергија, така што собирот се одржа во самракот на реалноста зачинета со висок степен на "демократија". "Референдумот е избор меѓу минатото, на етничката поделба која ни ја понуди власта со новиот Закон за територијална организација, и иднината, која ќе нè интегрира без поделба", истакна овластениот претставник на референдумот и претседател на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, на митингот во

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ОД ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ ХАРИ КОСТОВ НА КИЧЕВО

Струга. "Бев со вас на блокадите, кога се собираа потписите за распишување референдум и кога ве тепаше полицијата. Референдумот е шансата да се укине штетниот Закон што го донесе власта", им порача на граѓаните Никола Груевски, лидер на ВМРОДПМНЕ. "Власта се плаши да се соочи со граѓаните и затоа дејствува против референдумот", истакна лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. И додека карванот на опозицијата се обидува да ги убеди граѓаните да излезат на референдумот, ЛДП, како дел од власта, истакна дека ќе го бојкотира. Со сличен став е и премиерот Хари Костов, кој шета низ Македонија на државен трошок, иако рече дека како непартиска личност ќе се занимава со економијата. Но, граѓаните се изнаслушаа ветувања и пораки од емисарите со застрашувачка содржина.

АКОМОДИРАЊЕ Кучињата лаат, карваните си врват, а никој не одговора зошто настана проблемот.

НЕДЕЛА НАВЕЧЕР

ПОТТИКНАТА Т И СТРАВОТ Имено, територијалната организација е едно прашање, а децентрализацијата е друго. Кога станува збор за новата територијална организација, прво требаше да се отвори прашањето - под кои критериуми едно или повеќе населени места можат да покренат постапка за нивно воспоставување како општина. Во контекст на ова може да се разгледува и прашањето за поделба на една постојна општина, односно спојување на неколку постојни општини во нова или, пак, спојување на дел од една со друга општина. Значи, постојат различни модалитети. Потоа, требаше да биде отворено прашањето на двостепеност каде што може да има ниво на општини и на околија. Според наши истражувања една или повеќе урбани општини можат да формираат околија или, пак, неколку урбани или рурални општини да формираат околија доколку за неа пронајдат заеднички интерес. Во овој момент сè уште не е отворено прашањето за акомодирање на етничката недоверба или некои стравови во урбаните населени места, во кои има повеќе жители. На пример, ако Тетово има повеќе од 50.000 жители , а во него 20 отсто од жителите се од различна етничка припадност, да речеме тоа се Македонците во однос на Албанците, тогаш таквите градови треба да се воспостават како градски заедници во една општина. Тоа може да се направи ако етничката поделеност е реалност во земјава.

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА, ЕДИНСТВЕН ЧЛЕН НА ЛДП, КОЈ ЈАСНО КАЖА ДЕКА ТРЕЗВЕНО РАЗМИСЛУВА СО СВОЈА ГЛАВА И ЌЕ ГЛАСА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

ЕВРОПСКАТА ПОВЕЛБА ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА член 5 Заштита на територијалните граници на локалните власти За секоја промена на локалните територијални граници, заинтересираните локални власти треба да бидат претходно консултирани, евентуално по пат на референдум таму каде што тоа е дозволено со закон.

На тој начин, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје би биле организирани како градски заедници со повеќе општини. На пример, би требало да има македонска, турска или албанска општина. На тоа рамниште се добива некаква сигурност кај граѓаните за да не бидат мајоризирани од некој друг што до-

минира. Но, исто така, на ниво на град ќе треба да се обединат за да ги вршат работите од заеднички интерес. Се воспоставува реална комуникација, во која од една страна се акомодираат некои работи, а од друга страна, пак, соочени со проблемите од јавен интерес мораат да работат заедно. Со територијалната орга-

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

низација и со практикувањето на децентрализацијата, власта требаше да одговори на три главни проблеми. Прво, амортизирање на стравот кој е вткаен во меѓуетничките односи, плашењето едни од други, бидејќи треба да се пацифизира меѓуетничката тензија. Второ, да се постигне ефективност во решавањето на проблемите и трето, да се постигне ефикасност за располагање со расположливите ресурси за решавање на територијални прашања. За ова се потребни уште две битни работи, а тоа се просторните активности на општината, односно географските и психолошките аспекти. Во овој момент, нема желба за љубов меѓу Албанците и Македонците, бидејќи е направена грешка во менаџирањето. Власта не објасни што сакаше да се постигне со овој свој политички проект, а притоа го прекрши законот и граѓаните беа анулирани од процесот. Кај нас е направена конфронтација по етнички линии, а тоа е поради калкулацијата со гласовите. Како што сега стојат работите, СДСМ не може и нема шанси да ги добие било кои идни избори. Имено, станува јасно

ПОЛИТИКА

РЕФЕРЕНДУМСКА ТРЕСКА ВО НЕДЕЛА НАВЕЧЕР

локалните општини. Притоа, точно е дека во Законот за територијална организација и во Законот за локална самоуправа не е регулирано на каков начин се конституираат границите на локалната самоуправа. Но, Македонија е потписник на Европската повелба за локална самоуправа, која е донесена на 15.10.1985 година од страна на Советот на Европа. Нашата земја дека албанската агенда е контрола на територии со сите последици кои од неа ќе произлезат во иднина. Согласно целиот неуспех на власта, таа сега манипулира со тезата на стравот, со генерирање нов конфликт, и правно гледано неуспешното вршење на власта го урива Рамковниот договор, бидејќи за да се одржи на власт наметнува етнички територии.

КОНСУЛТАЦИИ Децентрализацијата е регулирана со Законот за локална самоуправа од јануари 2002 година која, пак, е предвидена и со точка (3.1) од Рамковниот договор. Притоа постои Оперативна програма за децентрализација на власта, каде во периодот од 2002 до 2004 година се спомнуваат законите и подзаконските акти кои треба бидат коригирани. Децентрализирана власт не е ништо ново за Македонија и затоа никој не ја оспорува. Таа е во интерес на граѓаните. Но, кога се зборува за промената на локалните граници, тоа е друго прашање кое се регулира со други правни акти. Законот од 1996 година го донесе Владата на СДСМ, а менувањето на границите на локалната самоуправа, односно територијалната реорганизација е регулирана со точката (3.2) од Рамковниот договор, во која се вели: "Во рок од една година, по завршувањето на новиот попис кој под меѓународен надзор ќе биде спроведен до крајот на 2001 година, ќе бидат ревидирани општинските граници. Ревизијата на општинските граници ќе биде спроведена од страна на локалните и националните власти, но со меѓународно учество". Значи, во конкретниов случај треба да се консултираат

општината, како и за други прашања од локално значење". Менувањето на границите секако дека е прашање од локално значење. Затоа, ако го гледаме членот 28 од важечкиот Закон за локална самоуправа, кој е донесен по Рамковниот договор, во 2002 година, и тој го доведеме во врска со вториот дел од член 5 каде што се истакнува по можност со референдум, значи не-

ТЕРИТОРИЈАЛНАТА РЕОРГАНИЗАЦИЈА Е РЕГУЛИРАНА СО ТОЧКАТА (3.2) ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР 3. Развој на децентрализирана власт 3.1. Ќе биде усвоен ревидиран Закон за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници, и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот (како што е измените во согласност со Анекс А) и Европската повелба за локална самоуправа, при што ќе се одрази принципот на вертикална организираност којшто во моментов важи во Европската унија. Зголемените надлежности пред сè ќе се однесуваат на областите на јавните услуги, урбаното и руралното планирање, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, културата, локалните финансии, образованието, социјалната заштита и здравствената заштита. Ќе се усвои Закон за финансирање на локалната самоуправа за да се обезбеди соодветен систем на финансирање, за на локалните власти да им се овозможи да ги исполнуваат сите свои надлежности. 3.2. Во рок од една година по завршувањето на новиот попис, кој под меѓународен надзор ќе биде спроведен до крајот на 2001 година, ќе бидат ревидирани општинските граници. Ревизијата на општинските граници ќе биде спроведена од страна на локалните и националните власти, со меѓународно учество.

ја потпишала Повелбата во 1995 или 1996 година, а Собранието ја ратификувало во 1997 година. Со чинот на ратификација, Европската повелба за локалната самоуправа станува дел од македонското законодавство. Во неа, во делот за неменувањето на границите, во член 5 пишува: "Промената на границите на територијата на која се простираат авторитетот на локалните власти, нема да се врши без претходно консултирање на заинтересираните локални заедници, а доколку е можно, по пат на референдум, во случај кога е дозволено со статутот на општините". Во Законот за локална самоуправа, во член 28 се нагласува: "Граѓаните преку референдум можат да одлучуваат за прашањето од надлежност на

ма никаква пречка да се организираат локални референдуми. Согласно Законот за локална самоуправа и Европската повелба, се организираа 41 референдум. Територијалната организација на локалната самоуправа беше регулирана со

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Законот за територијална поделба на РМ, определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, донесен во септември 1996 година. Во овој закон, исто така, се вели дека основањето на нови општини, промената на подрачјето и седиштето на општините и укинувањето на општините се врши со овој Закон. Значи со законски пат. Но, ако се има предвид дека Европската повелба предвидува задолжително консултирање на локалните органи за промена на границите, и ако референдумското изјаснување е предвидено со Законот за локална самоуправа, значи за централната власт тоа требаше

да биде патот како да се решаваат проблемите. И конечно, во новиот Закон, кој е спорен, во член 2 е вградена содржината од член 5 од Европската повелба, во кој се вели: "Основањето на нова општина, кога имаме поделби и менување на границите, менување на името и седиштето на општината, може да се изврши со измени и дополнување на овој Закон, по претходно консултирање на граѓаните од подрачјето на општините на кои се однесува спојувањето и поделбата или менувањето".

ПОЛИТИКА

ДИПЛОМАТСКИОТ КОР

'КЕНГУРОВ СКОК' Австралиската страна инсистираше да воспоставиме односи на нерезидентна основа. Тоа го мотивираа со проблемите, коишто се појавија кога Македонија излезе на политичката сцена како суверен субјект, односно со проблемите кои искрснаа меѓу двете заедници, грчката и македонската. Ако има еден милион Грци, официјално се 265.000 по нивната статистика, а Македонците се 220.000 до 230.000, според наши проценки. Австралиската статистика има регистрирано 81.898 Македонци. Кога во 2002 година ние го правевме пописот, во релативно тешки услови, нашите статистичари попишаа околу 59.000 Македонци. Секако, тоа не одговара на вистинската бројка.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

онечно, по сите внатрешни пресметки и калкулации (политички интереси и притисоци), македонската надворешна политика успеа да ја погоди иглата за да наниже една вистинска "дипломатска пиперка", која треба да се грижи за нашите иселеници на петтиот континент. Во 'земјата на кенгурите' живеат стотици илјади Македонци, кои со години сами се борат за својот национален и духовен идентитет, бидејќи до сега никој не мрдна ниту со малиот прст нешто да ги праша, да чукне на нивните порти, да слушне како им е, што ги мачи, што ги 'тишти во душата'. Во меѓувреме, нашите сонародници војуваа против грчкото иселеништво, кое ги прекрсти во Славомакедонци, потоа им се спротивставуваа на егзархистите, врховистите и другите непријатели. Но, како што

обично вели народот, имало Господ, па така им се оствари и желбата. Република Македонија ќе има свој амбасадор во Канбера. Овој долг и макотрпен процес, пред сè, ќе биде резултат на притисокот на Македонците кои постојано зуеја во Министерството за надворешни работи.

ЕКОНОМСКИ МОЖНОСТИ Од другата страна на барата ќе се најде Виктор Габер, кој на јавноста й е попознат по римското фијаско, кога Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го остави на улица, иако требаше заедно со високата македонска делегација да учествуваат на чествувањето на "Свети Кирил и Методиј". Но, тоа брзо се заборави. Па, така 'неговата екселенција' си најде ново прибежиште - Австралија. "Се работи за една земја која од нејзиното основање до денес перманентно ги одржува вредностите на европските цивилизации. Во неа, демократскиот систем стабилно се развива - истакна Виктор Габер,

МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР ВО АВСТРАЛИЈА, ВИКТОР ГАБЕР

пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика. - Економските, социјалните и културните вредности се на највисоките позиции во светот. Станува збор за една мултикултурна средина во која иселениците - Македонци наоѓаат свој израз и покрај сите проблеми со кои се соочуваат". Политички гледано Австралија е значително резервирана во однос на светските политички движења и односи, но сепак (според излагањето на Габер), таа ги следи позициите и ставовите на западниот свет, односно на земјите коишто се од западната цивилизација. "Како што е познато, во од-

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

нос на безбедноста, таа има ракетен штит од Америка, а учествува во антитерористичката коалиција. Но, таа активна меѓународна позиција ја гради врз основа на развиените односи со соседите, а тоа, пред сè, обезбедува стабилен развој на економските односи. Исто така, воедно се ангажира и за обезбедување стабилност во земјите каде што Австралија воено е присутна со свои мировни сили", изјави Габер. Тоа е просперитетна земја со 20 милиони жители. Има мал пораст на бруто националниот производ, но стабилен, кој се движи меѓу 5 и 6 отсто. Значи, една земја каде што ние би

СЕ ПОПОЛНУВА

НА ВИКТОР ГАБЕР имале економски интерес да бидеме присутни. "Зошто до сега не бевме присутни? Австралиската страна инсистираше да воспоставиме односи на нерезидентна основа. Тоа го мотивираа со проблемите, коишто се појавија кога Македонија излезе на политичката сцена како суверен субјект, односно со проблемите кои искрснаа меѓу двете заедници, грчката и македонската. Познати се овие судири, кои на австралиската официјална политика й дадоа мотив да ни се приближи со барање подоцна да воспоставиме односи на резидентна основа", објаснува Габер, зошто меѓу Република Македонија и Австралија до сега не беа разменети амбасадори. Она што е интересно за внатрешната политика е тоа што на едната страна е доминацијата на либералите, конзервативците или народњаците, а на другата страна се лабуристите. Либералите владеат во земјата со години. Неодамна победија по трет пат. Своите позиции ги бранат врз високиот степен на економски развој, на стабилната социјална политика, со постепено, но минимално намалување на даноците и со можности за нови вработувања, при што само минатата година се отворени 1.300.000 работни места.

АМБАСАДОРИТЕ РИСТО НИКОВСКИ И ВИКТОР ГАБЕР ПОЛАГАА ИСПИТ ПРЕД НАДЛЕЖНАТА СОБРАНИСКА КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

СТАТИСТИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ Според македонскиот амбасадор Виктор Габер, требало да помине извесно време за Австралијанците да ја прифатат Република Македонија како меѓународен субјект, со внатрешна стабилност и сигурна меѓународна позиција. "Во оваа земја најбројни се Италијанците, Грците и Хрватите, па потоа доаѓаат Македонците. Ако има еден милион Грци, а официјално се 265.000 по нивната статистика, Македонците се 220.000 до 230.000, според нашите неофицијални податоци. Австралиската статистика има регистрирано 81.898 Македонци. Кога во 2002 година ние го правевме пописот, во релативно тешки услови, статистичарите попишаа околу 59.000 Македонци. Секако, тоа не одговара на вистинската бројка, бидејќи многумина имаат земено австралиско државјанство и го напуштиле македонското. Но, некои, пак, поради службени должности го прикриваат сво-

ето потекло", ја оправдува функцијата на нашата држава, амбасадорот Виктор Габер. Што ќе работи Амбасадата? Во неа сега ќе има само две лица, кои ќе треба да ја афирмираат вредноста на Македонија. "Ќе треба да се пополни празнината, бидејќи во австралиската јавност ќе треба да се претстави имиџот на Македонија. Значи, да се развијат односите на економски и на културен план. За таа цел е нормално да се користи силата и можноста на нашите луѓе ко-

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 /22.10.2004

ишто ќе сакаат да имаат своја одредена валоризација и профит во односите меѓу двете земји", истакнува Габер. Во моментов со Македонија соработуваат 4 фирми од Австралија, кои прават промет меѓу 6 и 9 милиони американски долари. Тоа е малку за една развиена и јака економска средина, која во Европа инвестира 64 проценти од својот капитал. Покрај ова, Амбасадата ќе треба да ги подготви сите билатерални договори за меѓусебна соработка, но најмногу да работи на помирување на дел од нашите иселеници со МПЦ. Проблемот на Црквата е стар, бидејќи тие сметаат дека нивниот имот, организација и финансии треба да бидат под системот кој владее во Австралија. Тие сметаат дека на некој начин се акционери при формирањето на имотот на Црквата и затоа имаат право при манипулирањето со средствата во црквите. Исто така, ги сметаат како организации кои остваруваат профит. "Државата не треба да се меша, но мора да помогне во надминувањето на несогласувањата. Таа на луѓето треба да им го посочи она што е заедничка корист и афирмација", истакнува Виктор Габер, македонски амбасадор во Австралија.

ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ДОЛГОВИ И АН

ЗАВИСНИЦИ ОД С

Според податоците на Народна банка на Република Македонија, во мај годинава нашава држава кон светот вкупно должела 1,76 милијарди долари, што значи дека во однос на истиот месец лани е позадолжена за 80 милиони долари. Во споредба со април годинава, пак, надворешниот долг се зголемил за 29 милиони долари. Според анализите на Светска банка, на крајот од 2002 година надворешниот долг на Македонија изнесуваше 1,4 милијарди долари, или 39 проценти од БДП. Согласно на тоа, Банката ја рангира земјата како помалку задолжена, иако учеството на приоритетниот доверителски долг останува висок (20 проценти од БДП и 51 процент од вкупниот долг).

Пишува: Рената МАТЕСКА

К

ако под скенер Светска банка ја анализира економската состојба во Република Македонија, презентирајќи ги впечатоците во Документот на СБ, Извештај бр. 26513-МК, каде што излезното решение се бара во зголемената регионална економска интеграција, која може да поттикне развој и намалување на сиромаштијата. Според анализите, бизнис сликата ни е "бледа" поради низа предуслови, како што се, политичката нестабилност, високиот степен на корупција, малиот пазар, бавното судство, а згора на сè и долговите кон странство. Со години наназад, македонските влади немаат успешна стратегија за совладување на сиромаштијата, за решавање на проблемот со

невработеноста, начин да се привлече странскиот капитал и модус како да се намалат и вратат надворешните долгови. Како мало стопанство на земја која нема излез на море, со стратешка географска положба, Македонија (иако Светска банка не се придржува и не го употребува нашето уставно име), мора да се стреми кон тоа да стане отворен и евтин центар за пренос на стока и на капитал, кој ќе ги поврзува Турција, Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора и Албанија со другите ЕУ - земји. Со цел да привлече странски инвестиции и да ја зголеми конкурентноста на стопанството, Македонија мора агресивно да работи на тоа да се отстранат регулаторните и процедуралните бариери, кои денес го попречуваат протокот на стоки, услуги, капитал и информации преку нејзините граници. Иако Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и членс-

твото во Светската трговска организација (СТО) ја насочуваат Македонија кон трговска либерализација, сепак остануваат значителни процедурални и административни ограничувања за успешна интеграција на македонското стопанство во регионот и во ЕУ.

ДОЛГОВИ Податоците за нашите долгови укажуваат на тоа дека минатата година кон странство сме биле задолжени со 1,77 милијарди долари, во 2002 година долгот изнесувал 1,55 милијарди, во 2001 година бил 1,44 милијарди, а во 1997 година тој бил 1,13 милијарди долари. Ако Македонија продолжи со оваа динамика да се задолжува кон странство, тоа значи дека е можно во иднина да стане многу проблематично враќањето на надворешниот долг, предупре-

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

дуваат македонските експерти. Според нив, државава влегува во долгови, при што не се размислува како тие ќе бидат вратени, а акумулацијата на надворешниот долг го отвора проблемот на одржливоста на билансот на плаќање и капацитетот за сервисирање на надворешниот долг. Наспроти ваквите констатации, извршната и монетарната власт тврдат дека Македонија и натаму се вбројува во редот на умерено задолжени држави, како и тоа дека висината на долгот воопшто не е загрижувачка. Сегашните проекции укажуваат дека со соодветно управување надворешниот долг не би требало среднорочно да создава проблеми, а овие проекции зависат од враќањето на одржлив раст во производството и во извозот - се потенцира во Документот за надворешен долг и кредитоспособност на Македонија, подготвен од Светска банка. Долговите кон

ТИПАТИЧНА ЗА ИНВЕСТИЦИИ

Т РАНСКИ КРЕДИТОРИ сметките на приватните и на комерцијалните доверители претставуваат нешто повеќе од една четвртина од вкупниот надворешен долг, а краткорочниот долг е помалку од 6 проценти од вкупниот долг. Речиси 86 проценти од вкупниот заостанат долг е јавен и јавно гарантиран, при што најголем дел се обврски на централната власт. Покрај тоа, дури и домашниот јавен долг е деноминиран и речиси целиот е во странска валута. Ликвидноста останува релативно поволна, со сооднос меѓу краткорочниот долг и резервите од 28 проценти и покриеност на увозот од 4,2 месеци увоз, и покрај крајно лошите резултати во извозот во последните неколку години. Иако надворешниот долг брзо се зголемува во периодот до 1998 година, оттогаш тој се стабилизира на околу 40 проценти од БДП. Структурата на надворешниот долг е релативно добра, со долгови засновани врз концесионални заеми, кои претставуваат околу една четвртина од вкупниот заостанат долг. Во рефератите во зборникот "Отворени предизвици на македонската економија", кој пред извесно време го издаде МАНУ, македонските експерти се обидоа да ги лоцираат причините зошто Македонија дојде во позиција на висока задолженост кон странство. "На слабите плеќи на македонското стопанство износите на службата на странскиот долг (отплата на камати и главнина), стануваат неподносливо високи, што условува нови долгови или понизно да се бара репрограмирање на долговите", потенцира академик Никола Кљусев.

Според академикот Кљусев, во земјава има парадоксална ситуација, односно со порастот на девизните резерви се зголемува и нејзиниот надворешен долг. Тој посочува дека во текот на следните години, годишните износи на отплатите ќе се движат по околу 170 милиони долари, поради што се наметнува и прашањето како тие ќе се намируваат. "Земјата неодговорно продолжува да се задолжува, во услови на речиси извршена приватизација. Тоа тешко бреме ќе го понесат новите генерации", предупредува академикот.

ИНВЕСТИЦИИ Директните странски инвестиции (каде што доминантен е грчкиот капитал) не се за фалење, не го решија проблемот со невработеноста и со сиромаштијата, а освен тоа речиси половина од вкупната сума која влегла во земјава отпаѓа на продажба-

та на Македонски телекомуникации. Сите други земји во транзиција, вклучувајќи ги и Бугарија и Романија, се значително поатрактивни за странскиот капитал. Освен тоа што има малку странски инвестиции во Македонија, тие се и лошо распоредени, главно, во фирми кои и пред продажбата беа монополи. "Тоа се фирми каде што со продажбата на фирмата се продава целиот бизнис. Значи, целиот бизнис со фиксната телефонија, со мермерот, со цементот, со нафтата се продава со продажбата на фирмата. Странците прв интерес имаат да одат таму ка-

де што се присутни монополите затоа што тука е најголемата можност за оплодување на капиталот. Вие мора да разговарате по телефон, мора да купувате нафта, мора да купувате цемент, а во опкружувањ��то нема други освен овие монополи", коментира Љубомир Дракулевски, професор на Економ-

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

скиот факултет во Скопје. Забелешките на македонските експерти најчесто се однесуваат и на менувањето на плановите и на стратегиите, кога доаѓа до промена на министерот, што лошо се одразува на просперитетот на државата. Во презентацијата на Светскиот извештај за инвес тиции во 2004 година, Македонија како да го има резервирано последното место на табелата. Во Документот на Светска банка, Извештај бр. 26513МК е потенцирано дека значителен обем на инвестициони токови не се материјализирани. Покрај пробивот во 2001 година од продажбата на телефонската компанија (Македонски телекомуникации), странските директни инвестиции (СДИ) останаа на ниско ниво. Иако брзо, приватизацијата, главно, ги фаворизираше домашните субјекти, а тоа значително го ограничи постприватизационото преструктурирање, анализираат од Светска банка. Поголемиот дел од претпријатијата продолжија да генерираат загуби, додека новиот приватен сектор сè уште е премногу мал или расцепкан за да може да генерира значителен раст или отворање нови работни места. Додека поуспешните транзициони стопанства доживеаја масивен прилив на инвестиции и капитал од развиените соседни земји, и странските директни инвестиции и домашните инвестиции во Македонија беа ограничени заради ризичноста на регионот, мешајќи ги домашните проблеми со инвестиционата клима и зголемувајќи ја перцепцијата за домашниот политички ризик.

ÀÍÀËÈÇÀ

Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto

Irving FI[ER

Љубомир КЕКЕНОВСКИ

PRA[AWA I ODGOVORI Најуспешно и најбрзо се доаѓа до вистинскиот одговор ако претходно е добро поставено прашањето. Оттаму, правилно поставеното прашање може да нè доведе најблиску до точниот одговор. Што поконкретни прашања тоа појасни одговори. Ние ретко се прашуваме самите себе, уште поретко нашиве властелини. Прашањата се во основа реакција на одредена состојба, што правиме со овој или оној проблем??? Едноставно, за да се запази демократската комуникација меѓу власта и народот, мора да има прашање/барања за да се дојде до адекватни одговори и мерливи решенија. Просто е зачудувачка леснотијата на живеење кај нас, па скоро ништо не прашуваме и многу млако реагираме на големи и важни работи. Највеќе зборуваме за последиците од некои решенија, одлуки и лоши одговори на властите на уште полошо поставени прашања. Последниот пример со референдумот и онаа инпутирана од север сапунска црковна серија е најдобар доказ за тоа.

Не можам да забележам дека ние се прашавме чуму жртвите од 2001 година, ниту сериозно се прашуваме за "војната" што секојдневно се води на нашиве патишта. Секоја година имаме повеќе жртви тука отколку во воениот конфликт во 2001 година, а до тој степен сме несензибилни што никој не се чувствува ниту виновен/одговорен ниту повикан да преземе некои конкретни мерки. Барем да почнат со нешто, од казни до подобра сигнализација на патиштата. Кога веќе самите не се прашуваме, ни стигна Прашалникот од Европската унија. Време е сега да ги изложиме и нашите одговори. Убеден сум дека ако

претходно повеќе ги прашувавме нашиве власти, ќе им го зголемевме капацитетот за да одговорат. ВО МЕЃУВРЕМЕ НИЕ СÈ УШТЕ УПОРНО И НАЈЧЕСТО ПОГРЕШНО СЕ ПРАШУВАМЕ И МЕЃУСЕБНО ОБВИНУВАМЕ ЗА НЕКОЈА ПОСТАПКА ИЛИ СТАВ, "ДАЛИ СМЕ ИЛИ НЕ СМЕ ЗА НАТО И ЕУ"??? ТОА, ПАК, ТАКА ПАУШАЛНО ПОСТАВЕНО НЕ ШТО ГО НЕМА НИКАДЕ ВО ПРАШАЛНИКОТ ТУКУ Е ТОТАЛНО АУТИСТИЧКА ДИЛЕМА ЗА НАС. Исто така, не е за машала на владите од регионот, фактот што во најсиромашните земји од Западен Балкан, како БиХ, Албанија, СиЦГ, Македонија, каде што ниеден стандард не е ни блиску до 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Европа има скоро азијатска наклонетост/определеност од 80 отсто до близу 100 отсто во анкетите кон евроатлантските процеси. Затоа што на вака безнадежно осиромашени народи, поимите ЕУ и НАТО не им се толку во овој момент асоцијација за извршување на некоја конкретна обврска или за исполнување на препознатливи стандарди, колку што претставуваат желба/ можност за замена и спас од нашиве провинциски политиканти, корумпирани влади, судови и новинари. Во исто време, симптоматично е тоа што и една Хрватска, која е во иста состојба да работи на прием во ЕУ, според последните анкети, е 51 отсто анти - ЕУ определена. Ова може и треба да се прочита и како порака дека тие се веќе доволно свесни за својата вредност и одговорни пред себе сами да се управуваат. ИАКО, ЗАПАДНИТЕ АНАЛИТИЧАРИ КОГА САКААТ ДА НÈ ПРИЗЕМЈАТ СÈ ПОВЕЌЕ НÈ СМЕСТУВААТ ВО ЛАНЕЦОТ НА БАЛКАНСКИ ПОЛУПРОТЕКТОРАТИ СО БИХ И КОСОВО, ЗА СРЕЌА ВО ЗАПАДНИТЕ ПОЛИТИЧКИ КРУГОВИ (САД, ЕУ), Е АПСОЛВИРАНО ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЌЕ СТАНЕМЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАТИВНИ ПРОЦЕСИ. Значи, ние што побрзо мора да си поставиме друго прашање не дали, туку како побрзо и поквалитетно да се придружиме во европското семејство. Горниот, пак, консензус се поништува со консензусот на сите околу нас, кои се, пак, сложни во нешто друго - да нè нема во ваква државна форма и со ваков национален/културен идентитет.

Веќе деценија од внатре не можеме да изградиме доволно интегративни моменти за политички консензус, од југ ни го оспоруваат идентитетот и името, а сега на тој фон синхронизирано се огласуваат српската црква и бугарската дипломатија. Сите погоре спомнати се согласни да нè прикажат/претворат во територија без автономни институции на која не живее македонска нација/народ туку, што би рекол Цвијиќ, "флотантна маса". Ова е уште една зона на класичен неуспех на нашава држава да го постави пред себе вистинското прашање. ПРИВРЗАНИК СУМ НА ТЕЗАТА ДЕКА НЕ

ТРЕБА ДА СЕ ПРАШУВАМЕ ШТО НИ ПРАВАТ ТИЕ/ДРУГИТЕ, ТУКУ ПОПРВО ДА СЕ ЗАПРАШАМЕ ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ПРАВИМЕ НИЕ ДЕНЕС. СО ТОА ЌЕ ДОЈДЕМЕ И ДО ОДГОВОРИТЕ КОИ СЕ НАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ УТРЕ. Не можам да се оттргнам од впечатокот кој е типично наш - колку повеќе зборуваме за нешто, толку сме подалеку од тоа. Се убивме од фалење дека сме оаза на мирот а завршивме со војна, се прогласивме за мало чудо и за лидер на економските реформи во југоисточна Европа, а АНАЛИЗИТЕ КАЖУВААТ ДЕКА НИКОГАШ ПО СТОПАНСКИТЕ

29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ПОКАЗАТЕЛИ - ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО, СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ... НЕ СМЕ БИЛЕ ПОЛОШИ. Таман последниве две години, оправдано го актуелизиравме прашањето за конкурентност на македонското стопанство, формиравме и Совет за конкурентност, деновиве објавија дека конкурентноста на македонската економија паднала од 81 на 84 место. Дури и стопанството на БиХ било поконкурентно од нашето. Затоа, сега навистина се плашам да не почнеме многу да зборуваме за ЕУ и НАТО, туку треба едноставно да молчиме и да сработиме по нешто од обврските. ВО АКТУЕЛНИОТ СТОПАНСКИ КОНТЕКСТ, ТРЕБА ДА РАЗБЕРЕМЕ ДЕКА ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ СЕ ОДРАЗ НА СТОПАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ДРЖАВИТЕ. Затоа, на либерализацијата промовирана од Смит и британската економска школа се спротивставија Французите и другите народи со меркантилизмот за да ги истакнат/одбранат своите потреби и интереси. Ако го усвоиме овој заклучок тогаш треба одново да се постават вистинските прашања пред нас, колку ни одговара и какви последици има проследувањето на либералните трговски закони и спогодби вака со целосно спуштен гард. Почитувајќи ги економските реалности мораме ДА ЈА СООБРАЗИМЕ СОПСТВЕНАТА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНСКИТЕ СТОПАНСКИ ИНТЕРЕСИ И ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА НЕКОЛКУ ПРОИЗВОДИ, ГРАНКИ, КЛАСТЕРИ... КОИ СЕ НАШИ КОНКУРЕНТНИ КОМПАРАТИВНИ ПРЕДНОСТИ ВО ОДНОС НА ДРУГИТЕ ВО РЕГИОНОТ И ПОШИРОКО ЗА ДА ИМ ОБЕЗБЕДИМЕ СПЕЦИЈАЛЕН ТРЕТМАН. Можеме теоретски да промовираме ослободување на надворешно - трговскиот режим, но тоа практично оди ако имате претходно извршени структурни реформи и подобрена конкурентска способност на македонското стопанство. ВАКА ИСПАДНА ДЕКА НИЕ РАБОТИМЕ ВО КОРИСТ НА СВОЈАТА ШТЕТА. ИМЕНО, СЕ ОЧЕКУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА, КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА НАШИОТ ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ДА ИЗНЕСУВА ОКОЛУ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ. Тоа од своја страна, ќе постави на дневен ред некои други посуштински прашања од нашиот социо-економски развој, кои долго време се избегнуваа. Кога вака неканети стигнуваат прашањата тогаш најтешки стануваат одговорите.

К О М Е Н ТА Р

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ Она што отсекогаш недостасувало во државава е здраво и авторитативно лидерство, кое ќе успее да го дестилира националниот потенцијал, а насобраниот гнев на граѓаните да го насочи во една оптимистичка насока без празни ветувања и лажни реторики. Да се оттргнат од донесувањето законски решенија кои ќе создаваат фрустрации и паранои кај народот.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

В

о својот говор на 26 септември 1960 година, Фидел Кастро рекол: "Би било добро за државите кои сега влегуваат во Обединетите нации, земјите кои тукушто го почнуваат својот независен живот, да ја имаат на ум нашата историја. Може да најдат сличности и да ги очекуваат истите проблеми на нивниот личен пат, а ако, пак, не нив, тогаш оние кои ќе дојдат по нив, или нивните деца". На планетава Кастро важи за диктатор кој го држи последниот комунистички бастион во зап��дната хемисфера. Но, сепак овие зборови кои доаѓаат од пред речиси половина век, јасно укажуваат и на многу други денешни актуелни случувања кај нас, во регионот, низ цел свет. Народите и државите не умееја и сè уште не умеат да научат нешто од историските грешки на тогашните политички репрезентации. Проблемите се постојани, идентични, не постојат формули за нивна разрешница. Тие се повторуваат и покрај нивната надминатост. Денес индиректно се прави силување на демократијата и слободната волја на граѓаните, со помош на истите луѓе кои тврдат дека се залагаат за слобода и демократија. Така е во многу земји од нашето опкружување, така е и кај нас дома. Што сакаат да покажат овие процеси кои континуирано течат?

ДОЗВОЛА Македонија опасно влегува во една фаза на неоколонијализам во која се заробени слободниот дух и слободното изразување на граѓаните. Но, колониите не зборуваат. Колониите не можеш да ги слушнеш, сè додека не им се даде дозвола од некого за да се изразат и изјаснат себеси. Зарем ние таква држава стануваме? Зарем некој се обидува да ги замолчи македонските граѓани, кои сакаат да се изјаснат за својот живот, држава, иднина? Македонија беше заложник на многу интереси и стратегии кои беа продуцирани како одвнатре, така и однадвор. Граѓаните одамна го прочитаа тоа, но не реагираа на начинот на којшто се рефлектира балканскиот менталитет. Се обидуваа да се претстават во поинакво светло од другите народи, наши соседи. Некој постојано ја злоупотребуваше добронамерноста, толеранцијата и мирољубивоста на нашиот народ. Кога лонецот зоврива, тој еруптира. Непредвидлив е што може да направи. Потонавме економски, сè живо распродадоа и предадоа. И како во Куба пред 50 години, јавниот сервис, телефонските компании, нафтата, шеќерот се во рацете на странски монополи. Најважните индустрии, банкарството, или се парализирани или се во сопственост на странски монополи. А сè тоа под лажниот изговор за приватизација на владините монополи. Спротивно на сите принципи. Дали Македонија можеби се претвора во предреволуционерна Куба? Тоа се случува во неразвиената Македонија, жртва на неисполнетата Резолуција 1244 на Обединетите нации, на неисполнетите гаранции од НАТО, САД, КФОР, ООН. Речиси секоја досегашна македонска Влада, а веројатно и идна, е меѓу две страни: да биде искрена со својот народ или со меѓународните олигархии да продолжи по патот на оттуѓување од сопствените граѓани. Малите држави и малите народи сè уште не се сигурни дека на сите ќе им бидат заштитени природните права, дека слободната волја на луѓето ќе ги победи наметнатите неоколонијални правила на уништување или сквернавење на суверените држави. Кога малите држави како Македонија сакаат да бидат слободни, тие знаат дека тоа го прават на сопствена сметка и на сопствен ризик. Македонија и нејзините граѓани тоа го сторија и со референдумот за осамостојување. Македонскиот народ и останатите етнички заедници тоа можат повторно да го направат. Тоа е така затоа што кога народот навистина брани праведна кауза, тогаш може да смета на својата сопствена енергија. Тогаш не станува збор за грст луѓе, туку за маса народ. Едностраните притисоци се спротивни на меѓународните начела и норми. Тие се сосема погрешни и предизвикуваат контраефекти. Во последниве години, меѓуетничките односи во Македонија се влошени со насилствата кои се појавија. Оваа ситуација уште повеќе го зголеми јазот меѓу заедниците, особено меѓу двете најголеми - етничките Македонци и Албанците, кои се турнати во два посебни света, со зголемена недоверба. Секоја заедница има свои места на социјализација, извори на информации, јавни дебати, училишта, организации и политички партии. Врските и пријателствата сè уште постојат, но тие немаат поддршка да се засилат. Практично, не постои ниту волја ниту атмосфера за нешто спектакуларно. Се нудат граници. Етнички. Сега кога народот е опозицијата, а не партиите, повеќе од 40 отсто невработен, изигран и навреден, кога всушност неприродните коалиции предизвикаа уништување на економските основи на општеството и го доведоа во прашање постоењето на вистинското демократско живеење, не останува ништо друго освен тој да крене раце од политичките олигархии и

30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

сам да одлучува за иднината. Секогаш кога бил заведуван и на едно аморфно албанско тело на Балканот, во коешто воден некаде од политичките сили, бил и обесправен и владеат безредие и анархија и од кое постојано се генеискористен за дневни комбинаторики. Потребна е нова рираат хаос, криминал и насилство. Тоа ќе се исползува преродба и обединување на македонските национални и како фактор преку кој се врши постојана дестабилизација и државни идеали, враќање на достоинството и угледот, се наметнува раздор и расцеп меѓу православните нацисамочувството и гордоста на Македонија како национална онални држави на Балканот. Што се однесува, пак, до мадржава, но и држава на сите граѓани кои живеат во неа. кедонското лоби, такво не постои во класична смисла на Неопходно е воведување на позитивни промени во опш- зборот. Ниту, пак, некогаш постоело. Сè било надувана матеството и афирмација на демократските принципи онака терија за ситни лични интереси. Сегашнава општа криза во како што се практикувани во вистинските европски ци- Македонија е само функција на недостаток на независна вилизации. Потребни се коренити промени во речиси се- политичка волја во државава. Сега, иницијативата повторно која сфера на државата, но со употреба на проверени алтер- му припаѓа на македонскиот народ и на сите граѓани на нативи во успешните демократии во светот, пред сè, САД - Република Македонија, а мораме да признаеме, тие напракои не ќе можат да приговараат на таквите промени. вија големи грешки во својот избор на политичките партии Гледаме дека со Македонија долго владеат разни емисари и и лидерствата. И овој пат граѓаните можат да направат странски политички покровители, кои воопшто не ги поз- грешка. Но, барем нема да можат неа да им ја припишуваат наваат овдешните прилики и неприлики, амбасадори на на политичките организации жедни за власт. Напредокот туѓи држави, кои ги штитат своите национални интереси, или уназадувањето на македонската држава во постреневодејќи сметка за нашите. Е, народот затоа се потпишува, ферендумскиот период ќе се должи, пред сè, на народниот затоа сака да стави крај на наметнатите и нетранспарентни глас. Некој се обидува состојбите од 2001 година да ги решенија кои му се сервираат идентификува и да ги израмни како помија на неговата одамна со актуелнава ситуација. Крајно испразнета трпеза. Македонија аматерска и тенденциозна спое сериозно компромитирана, редба. Разликата е огромна. Ниразнишана и пробиена во безкој никому не сака да му ускрати бедносен, политички и економодредени права, кои природно й ски поглед. Во неа се отвора припаѓаат на индивидуата или простор за продор на корупна заедницата. Ако пред три цијата, криминалитетот, терогодини албанските радикални ризмот и на флагрантното мегрупи со оружје и со крв посегнаа шање од надвор. Она што од сепо македонскиот суверенитет за когаш недостасувало во дрда ги задоволат наводно "нежавава е здравото и авторитаостварените" права во државата, тивно лидерство, кое ќе успее овој пат по три години Македа го дестилира националниот донија од кризата ќе ја бранат потенцијал, а насобраниот гнев македонските граѓани, но не со на граѓаните да го насочи во варварство, како што тоа некој една оптимистичка насока, без го примени, туку со највозвишепразни ветувања и лажни рениот облик на демократијата, со торики. Да се оттргнат од дореферендум. Македонските гранесувањето законски решенија, ѓани ќе ја бранат сопствената кои ќе создаваат фрустрации и земја со духот, со вековната циКОЈ САКА 'НЕУМЕН' НАРОД? паранои кај народот. Наметвилизација која ја негуваат, со нувањето на вакви контрапроумот. Тоа ќе биде реваншот или ДАЛИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕБИ СЕ ПРЕТдуктивни решенија во корист второто полувреме, како што ВОРА ВО ПРЕДРЕВОЛУЦИОНЕРНАТА КУна една етничка заедница, а на некој сака да го прикаже возштета на сите други, придоневратниот удар на македонскиот БА? ТОА СЕ СЛУЧУВА ВО НЕРАЗВИЕНАТА сува за забрзана радикализанарод. Се приближува почетокот МАКЕДОНИЈА, ЖРТВА НА НЕИСПОЛНЕТАција на умот и на оној кој сена крајот на утопијата која се ТА РЕЗОЛУЦИЈА 1244 НА ОБЕДИНЕТИТЕ когаш работите ги решавал депрокламира низ македонските НАЦИИ, НА НЕИСПОЛНЕТИТЕ ГАРАНЦИИ мократски и компромисно. институции, почетокот на крајот на анархијата и бесправното воОД НАТО, САД, КФОР, ООН. РЕЧИСИ СЕдење на политиката на овие КОЈА ДОСЕГАШНА МАКЕДОНСКА ВЛАДА, КАУЗА простори. Време е да се запре А ВЕРОЈАТНО И ИДНА, Е МЕЃУ ДВЕ СТРАкрчмењето на напластените траНИ: ДА БИДЕ ИСКРЕНА СО СВОЈОТ НАРОД Дали успехот на албанската диции, кои значат автентичност кауза е резултат на влијанието на и препознатлив белег на макеИЛИ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОЛИГАРХИИ ДА нивното лоби е прашањето кое донската држава и нејзините граПРОДОЛЖИ ПО ПАТОТ НА ОТ ТУЃУВАЊЕ аналитичарите многу пати досега ѓани. Ако неко�� го искористи ОД СОПСТВЕНИТЕ ГРАЃАНИ. го расчленувале. Но, сепак напозитивниот референдум за повлегувањето на албанизмот во четок на нова криза за етнички порите на сите балкански опшцели и интереси, тоа ќе биде тества и тоа на ваков начин како што се реализира и во јасен показател дека некој й се спротивставува на демоМакедонија е последица на стратешките намери и оп- кратијата и ја урива од темел. Крајот на узурпаторите е ределби на англо-американските интереси. Повеќе од јасно блиску. И на оние од власта, и на оние од опозицијата и на е дека во дадениов момент ним им одговара формирањето пријателите однадвор. 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ПОЛИТИКА

"ДОСИЕ Х"  ИЗВЕШТАЈОТ З

ПОЛИТ - КОЗМЕТИЧА Во многу сложената констелација на економскополитичките и стратегиско-воените односи во светот, која бара политичка мудрост, храброст и чесност, судбината на сите нас ја зедоа во своите раце полит - козметичарите, кои секојдневно нè шминкаат со разни бои и ги фризираат состојбите во економската, политичката и социјалната сфера, а сè со цел конечно да им се допаднат на нивните западни ментори.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

В

о своите јавни настапи нашите политичари и партиски функционери постојано нè застрашуваат, дури и преку "страшните експерти за мирот": ако не го направиме ова или она, ако не дојде ова на она, нема да има ништо од нас во Европа ниту, пак, во НАТО?! Откако несериозно, ненаучно и со елементарни непознавања на состојбите и на односите во сите сфери на живеење на луѓето на Балканот, членовите на МКГ ги искарикираа проценките и заклучоците дека: "Албанците на Косово, во Македонија и Црна Гора беа класифицирани во многубројните етничко малцински групи во Југославија и тие беа принудени да трпат постојана дискриминација преку разликата во јазикот, религијата и пристапот кон едукацијата на својот мајчин јазик. Албанија, пак, беше владеана од страна на Енвер Хоџа сè до неговата смрт во 1985 година. За време на неговото владеење Албанија стана една од најизолираните репресивни комунистички региони во светот. Таа остана слаба, уназадена, брутално

осиромашена и заборавена од страна на интернационалното општество. Изолацијата на Албанија под комунизмот, неопределениот статус на регионите во коишто живееше етничко албанско население од страна на поранешна Југославија и генерално поради недоста-

ток на надеж беа причини за предизвикување на пан-албанистичкиот начин на размислување во текот на XX век".

МОЗАИК "Сè уште не сме во состојба да го составиме мозаикот и да дадеме одговор која и каква е крајната цел на сорошитите, борците за демократијата на новиот светски поредок. Дали платените легионери на профитерите од воено-индустрискиот комплекс, поради незнаење, поради дневно-политичките интереси или наемнината исплатена во "кеш", под фирмата на Меѓународната кризна група го создаваат, со помош на албанската мафија и

ФАКСИМИЛ ОД МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Муџахедините на Осама бин Ладен, легатот на Енвер Лека Први Анан на територијата на Балканот. Не е само невкусно, туку граничи и со неморал компарацијата на општествено-политичката и социјално-правната положба на Албанците во поранешна СФРЈ и Народна Република Албанија. Во матичната земја, кон која се стремеле сите национал-сепаратистички движења со иредентистичка платформа, нелегално организирани на подрачјата од Косово и Метохија, во Црна Гора, на југот на Србија и во Македонија, Албанците уживале многу помалку права од оние кои ги имале Албанците во Албанија. Нема никаква смисла да се спомнуваат статусот и положбата во која се наоѓаат припадниците на македонското малцинство, Горанците, Македонците муслимани, Турците во демократската Албанија", посочуваат нашите извори. Дури денес, половина деценија од инсценираната војна на Балканот, чиишто сценаристи, режисери и продуценти се наоѓале длабоко затскриени во тајните лаборатории на моќните светски специјални служби, западните медиуми го опишуваат Косово и Метохија не како територија на која беше создадена фантомско-терористичката формација наречена Ослободителна војска на Косово, која "се бори" за ослободување на Албанците од теророт на Милошевиќ, туку како гангстерски рај. И покрај тоа што Тирана претставува природен сојузник, но е и од историско-политички и стратешки интерес за одредени припадници на Западот, таа сепак нема ниту еден солиден потенцијал за да стане потпора за организирање на сите Албанци

А "ПАН  АЛБАНИЗМОТ..."

РИТЕ НÈ ШМИНКААТ од Балканот, а уште помалку да ја контролира дијаспората, која со помош на Хоџиниот "Сигурими", израсна во застрашувачки монструм на организираниот криминал наречен албанска мафија. Тоа чудовиште, кај нас во Македонија именувано како Октопод, жестоко ја загрозува стабилноста на овој и онака нестабилен и кризен регион.

ПРОГОН Доколку сакале да прочитаат нешто повеќе и да направеле обид да го сменат едноетничкиот - албански диоптер, тогаш членовите на МКГ, покрај "обесправените" Албанци, во Извештајот сигурно ќе ги забележеле и оние нормални Албанци кои станале жртви на криминалниот ганг, оние Хрвати кои од Јањево беа протерани за Република Хрватска, оние Роми кои беа масакрирани и немилосрдно протерани од нивните вековни домови, Горанците кои со сила се преведуваат во Албанци и се исламизираат, иселените Еѓипјани и Турците.

Србите и Црногорците, но и Македонците, е забрането да се спомнуваат во нарачаните "проценки" од владетелите во сенка или како што кај нас ги нарекуваат можеби од страв - меѓународна заедница. Нашите извори им препорачуваат на аналитичарите од МКГ, да ги прочитаат содржините во стручното специјализирано списание "Интернешенел полис ривју" од 2000 година, за поврзаноста на организираниот криминал и ОВК, но и Извештајот на ООН, во кој Балканот се нарекува крстопат на европската трговија со луѓе, пред сè, со жени и деца, за што Косово го држи приматот. Само за информација, потсетуваат изворите, дека иако на Косово трговијата со луѓе се смета за злосторство и врз основа на Правилникот на УНМИК 2001/4 се казнува со 20 години затвор, сепак работата "цвета". Знаете ли зошто? Па, од една многу едноставна причина - затоа што досега никој не е осуден за таквата дејност. А, доколку некого и го изведат пред суд, секако, тоа би требало да бидат претставниците на

странските мировни мисии, кои најчесто се и партнери во црниот бизнис. Таквото однесување на големиот број мировници на Балканот не го гледаат или не смеат да го забележат и

те паравоени формации со најразлични називи: УЧК, ОВПМБ, ОНА, ФАРК, АНА, Црни орли, Кобри, Дукаѓини. Циркулацијата на овие пари се движела во насока на Тирана и на Приштина, однос-

спречат само политичарите од новосоздадените протектор-држави. Една четвртина од откриените жени продадени на Косово ги напуштиле своите земји без патни исправи. Попатно тие биле препродавани од 3 до 6 пати, а нивната почетна цена од 700 евра достигнала до 2.500 евра. Парите собирани со рекетарски форми од страна на Албанците кои живеат на Запад, преку фондацијата "Татковината повикува" на чие чело се наоѓа Флорин Красниќи, биле еден од главните извори за основањето, вооружувањето, тренингот, обучувањето и ангажирањето во терористичките дејствија на повеќеилјадни-

но Арачиново, а ист е случајот и со доброволците и најсофистицираното оружје, кои се внесувале заедно со хуманитарната помош, при што се интензивирал шверцот со цигари, алкохол и друга акцизна стока. Наскоро, предупредуваат изворите, се очекува реприза на настаните од 2001 година во Македонија, при што главната ролја ќе й биде доверена на терористичката АНА. Тоа е така барем според активностите кои се одвиваат, таму во западните демократии се собираат огромни средства и се купуваат енормно големи количества оружје, кое преку Косово и Албанија се упатува во Македонија...

33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ДВОЈНА ЛУПА

ИНТЕРЕСНИ СФЕ

ТВОРЦИ НА ПА Кога станува збор за германското влијание на Балканот, заслужува да се истакне дека тука голема улога има и официјален Париз. Германија и Франција работат заедно по тоа прашање. Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

О

дамна западните сојузници имаат фрлено око на Централна Азија. За нив, Каспискиот басен е интересна зона. Најголемиот светски англоамерикански конгломерат АРКО е мошне важен фактор во играта за контрола на касписките нафтени полиња. НАТО, преку својот воен сојуз, има задача да ги брани нафтоводите кои од Кавказ ќе се упатуваат кон Балканот. Германија не е значајна сила во нафтената индустрија. Во замена за препуштањето на нафтениот Касписки басен и Централна Азија на САД и на Велика Британија, Германија го добива Балканот и делови од Источна Европа. По сè изгледа, САД и Германија веќе се имаат согласено околу ваквата поделба на интересните сфери. Затоа не зачудува пасивниот став на нивната надворешна политика кога се во прашање нерешените работи на Балканот. Од друга страна, пак, постои судир на воените индустрии на Америка и Гер манија. Нивните два воени конгломерата се во постојан натпревар. Моќниот Deutsche Aerospace, дел од Дајм-

лер, сега е во сојуз со францускиот Aerospatiale Matra. Од друга страна, British Aerospace е целосно интегриран во американскиот воено-индустриски комплекс. Со други зборови, западната воена индустрија е поделена на англо-американска и франко-германска оска. По прашањето на нафтата, англоамериканците се судираат со интересите на францускобелгиско-италијанскиот конгломерат ЕНИ, кој е поврзан со иранските и со руските нафтени компании. Кога станува збор за германското влијание на Балканот, заслужува да се истакне дека тука голема улога има и официјален Париз. Германија и Франција работат заедно по тоа прашање. Нивната воена индустрија е сосема интегрирана. До нив, рамо до рамо, стои и Италија.

КАКО ДО ВТОР МАНДАТ? Целата работа на западните демократии во растурањето на југословенската држава почнува практично да се реализира во првите години од минатата деценија. Имено, со воведувањето на Хрватите во војната тие сакаа да го забрзаат решавањето на кризата, односно да ја приведат при крај, макар и со сила. Бил Клинтон сè тоа го прави за да го обезбеди вториот мандат во Белата куќа. Успешно се обидува да го истисне Боб Дол од телевизиските екрани како противкандидат на изборите. Давајќи им на Хрватите под-

дршка за воена инвазија во Република Српска Краина, но и во поголемите градови во Република Српска, Клинтон го направи бесмислен предлогот на Боб Дол за симнување на ембаргото за оружје. При тоа на Клинтон му е оставена можност јавно да го критикува Фрањо Туѓман, а истовремено пред светот да се залага за мир.

НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКОТО ОПШТЕСТВО Хенри Кисинџер и Збигњев Бжежински се творци на американската дипломатска, безбедносна и шпионска стратегија на САД. Своевремено Кисинџер бил предавач на семинарите на ЦИА. Од 1952 до 1969 година, 17 години Кисинџер држел предавања на Харвард универзитетот за разузнавачите и заинтересираните интелектуалци во врска со значењето на тајните информации во политичкото одлучување. Инаку, кариерата на стручњак за безбедност Кисинџер ја почнал како војник во ра-

34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

зузнавачката служба на САД во Германија. Затоа има и чин на разузнавачки капетан во Пентагон. Кога, станува збор за Балканот и, пред сè,

"АКО ЗА ЈУГОСЛОВЕН СКИОТ РАЗВОЈ БИДЕ ДО МИНАНТЕН ПОЛИТИЧ КИОТ СТИЛ КОЈ ПРЕО ВЛАДУВА ВО ХРВАТСКА И ВО СЛОВЕНИЈА, ТОГАШ ЈАС СУМ ОПТИМИСТ ВО ПОГЛЕД НА ДВИЖЕЊАТА ВО ПОСТКОМУНИС ТИЧ КИОТ ПЛУРА ЛИЗАМ. НО, АКО ПРЕОВЛАДЕЕ ОНА ШТО Е КАРАК ТЕРИС ТИЧ НО ЗА СРБИЈА, ВО ТОЈ СЛУЧАЈ ПОВЕРОЈАТЕН БИ БИЛ КОМУНИСТИЧКИОТ АВТОРИТАРИЗАМ. ВО ТА КОВ СЛУЧАЈ БИ МУ ПРЕД ЛОЖИЛ НА АМЕРИКАН СКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА БОМБАРДИРА СРБИЈА"  ВЕЛИ БЖЕЖИНСКИ ВО 1978 ГОДИНА.

за републиките од поранешна Југославија, многу поголем простор во својата работа одделувал Бжежински. Тој сметал дека системот на самоуправување е практично систем на неработење, дека спрегата на капиталистичкиот профит и комунистичката идеологија во СФРЈ покажала слаби резултати, дека во земјата немало слободен печат иако слободите таму биле многу поголеми во споредба со оние во другите земји од источниот социјалистички блок, потоа сметал дека во општеството владее монопол на Сојузот на комунистите на Југославија, армијата била сконцентрирана само на опасностите од надво-

РИ ЗА НАФТАТА

РЦИЈАЛИЗМОТ решна агресија, занемарувајќи ги внатрешните нестабилности. Бжежински, исто така, оценил дека оваа државна творба има можности да постои само додека Тито е жив. Тој констатирал дека е неизвесно кој ќе го замени Тито по смртта.

РАНГ ЛИСТАТА НА ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ СВЕТ Поранешните социјалистички земји Збигњев Бжежински ги поделил во четири групи. Според него, добри перспективи имаат: Полска, Чешка, Унгарија, Словенија и Естонија и нив ги вклучува во првата категорија. Во втората група ги вбројува: Словачка, Бугарија, Романија, Хр-

БРЗА СТРАТЕГИЈА ЗА РАСПАЃАЊЕ На почетокот на 1990 година, генералот Вељко Кадијевиќ го известил Борисав

ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЈОШКА ФИШЕР, ВО ОКТОМВРИ 2000 ГОДИНА, ПРЕД ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕГОВАТА ЗЕМЈА НЕ САМО ШТО ТРЕБА ДА МУ ДАДЕ ПОМОШ НА БАЛКАНОТ, ТУКУ И ГЕРМАНСКАТА АРМИЈА, НО И НЕВОЕНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ДА ОБЕЗБЕДАТ ТРАЈНО ПРИСУСТВО НА ПОЛУОСТРОВОТ. АКТУЕЛНИТЕ ПРИЛИКИ, СПОРЕД НЕГО, СЕ ИДЕАЛНА ШАНСА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ТОЈ ГЕРМАНСКИ СОН, ДА СОЗДАДЕ ДЕМОКРАТИЈА НА БАЛКАНОТ. ГЕРМАНИЈА ТУКА БИ ИМАЛА ПОСЕБНА ОДГОВОРНОСТ ВО СТАБИЛИЗАЦИЈАТА НА ХАОСОТ КОЈ СÈ УШТЕ Е ПРИСУТЕН.

ватска, Литванија и Летонија. Во третата се: Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и Узбекистан и за нив не гледа економско решение. Во четвртата група ги наведува земјите кои не би опстанале на долг рок: Македонија, Србија, Албанија, Босна, Молдавија и Таџикистан. Овие прогнози датираат од 1990 година. Дали Бжежински бил во право или не?

Јовиќ дека по посетата на Лоренс Иглбергер на Белград, било решено да се урне српското раководство како единствено комунистичко легло на комунизмот во Југославија. Критичната точка преку која требало да се урива било Косово, односно човековите права на албанското малцинство во Покраината и кршењето на граѓанските права во Републиката. Тоа ја одредува и стра-

тегијата на ЦИА - доколку не се успее интегрално да се урне комунизмот, тогаш ќе се растура СФРЈ, со освојување дел по дел. За да може да се спроведе ваквата стратегија, било потребно ЦИА да се инфилтрира во сите југословенски институции. Тоа било релативно брзо спроведено. Всушност, воопшто не било тешко овој план да се спроведе на југословенските простори. Со

тоа, практично и била направена мечкина услуга на Германија, која подоцна се покажала како позаинтересирана за Балканот. САД, пак, своите интереси ги фокусирале на Каспискиот регион. ЦИА и ДИА се најзначајните фактори кои се вклучиле во југословенската криза, но тоа го направиле дури во 1994 година. Американскиот професор Роналд Хатчет вели дека Бил Клинтон бесправно влегол во војна против Југославија, односно Србија. Тој тоа го направил во моментот кога увидел дека силите на Алија Изетбеговиќ не можат сами да извојуваат победа против Србите. Овие служби илегално ги вооружувале муслиманската и хрватската војска, ги обучувале нивните офицери и единици за борба против силите на Ратко Младиќ. Целата оваа операција ја плаќал муслиманскиот свет. Ал Каида се инфилтрирала на Косово и во Босна. Десет години по војната, Босна е најголемото легло на исламскиот фундаментализам во Европа.

СПЕЦИЈАЛИСТОТ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НАВЛЕГУВАЊЕТО НА НАТО И ММФ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ, МИШЕЛ ЧОСУДОВСКИ, ОЦЕНУВА ДЕКА КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ БАЛКАНОТ, ЗАПАДОТ РАБОТИ ЗАЕДНО, УСОГЛАСУВАЈЌИ ЈА СВОЈАТА НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКА ИНИЦИЈАТИВА. ГЕРМАНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА, BUNDESNACHRICHTEN DIENTS ( БНД ), ДОЛГО ВРЕМЕ Е ВО ТЕСНИ ВРСКИ СО АМЕРИКАНСКАТА ЦИА. КОНЕЧНИОТ ПЛАН Е БАЛКАНОТ, ПРЕД СÈ, СРБИЈА И ЦРНА ГОРА, БОСНА И МАКЕДОНИЈА, ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО ГЕРМАНСКИ ПРОТЕКТОРАТ, СО ГЕРМАНСКИ ВОЕНИ СИЛИ ВО СПОМНАТИТЕ ЗЕМЈИ. КОСОВО Е ПОСЕБНА ПРИКАЗНА КАДЕ ПОСТОИ ПОДЕДНАКВА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ НА САД И ГЕРМАНИЈА И ТАМУ ПРЕТСТОИ ПОДЕЛБА НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ И ПОСТОЕЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ. ТАМУ, ГЕРМАНСКАТА COMMERZBANK ГО КОНТРОЛИРА СИС ТЕМОТ НА РЕЧИСИ СИТЕ ТРАНСАКЦИИ. ИСТОВРЕМЕНО, ЕДНА ТРАНСНАЦИОНАЛНА КОМПАНИЈА ГО КОНТРОЛИРА РУДНИКОТ ТРЕПЧА НА СЕВЕРОТ ОД ПОКРАИНАТА.

35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ФОРУМ

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

БЕСМРТНАТА ДУША НА МАКЕДОНИЈА ОБИД ДА СЕ УРНЕ ПОСЛЕДНИОТ ЕВРОПСКИ МАКЕДОНСКИ ЅИД

Н

ие фативме пусија во гирарницата, додека траеше штрајкот на учениците од Солун. Се работеше за седум погинати деца поради негрижа. За смртта. Минавме низ толпата. Имаше енергија која бараше одговор зошто? Опитав едно младо момче за што се работи, ми објасни, му дадов поддршка од оваа страна на Македонија, од нашата, се насмевна и се изгуби низ масата млади кои бараа одговор зошто? Човекот од гирарницата нè опита од каде сме, му велиме од Македонија, тој одговара дека ние сме браќа, ние, тој, Србите и Бугарите...така рече. Бог ми е сведок за вистината. Потоа отидовме кај директорот на Фестивалот. Панајот Ционидис, душата на солунскиот International Panorama of Independent Film and Video Makers филмски фестивал. Се прегрнавме како луѓе, уметници, браќа. Насмевки. Зборуваше за слободата, за тоа дека во уметноста не треба да има цензура. Дека постои поголем солунски фестивал кој го прават луѓе од Атина. Сепак. Ова ќе биде последна "Панорама..." бидејќи го испраќаат на работа во Атина. Беше тажен и уморен. Се разбравме. Големината на Фестивалот се мери според слободата која е присутна во филмовите, кои учествуваат на него. Ете, нашиот "1000 години како денот од вчера" со Гоце Делчев и Александар Македонски како ликови во него. Требаше Фестивалот да има дух, смелост и душа да пушти таков филм на него... Дента талкавме низ "Солуна града", ги пеевме песните испеани за него, ги баравме фреските во солунските цркви. Свети Димитрија ми се јави, ми се покажа и ме опита "зошто не се сочувани фреските во солун-

ските цркви како кај вас во Републиката?" Ме затекна како се молам и пеам на македонски Господи помилуј и ми се обрати. Ме поттикна на одговорот. "Сè што мислеле дека е туѓо уништиле во Солунско..." - ми рече. Потоа ме одведе во една црква во предградието на градот, на која на средновековен македонски јазик пишува "...Обновисмо и обратихме храм Света Богородице наше матери...лето 1853..."На крстот на црквата стои годината 1601. Беше затворена. Низ решетките на прозорецот пеам "Господи помилуј...", го молам Бога да ни го отвори умот за натаму, за потаму низ историјата ни. Беа тоа првите 150 години под турско, кога Македонија беше цела. Беа тоа думите на Свети Димитрија заштитникот на градот, несомнено доблест е да се разговара со светецот по тенките нитки на она што било. Како, на пример, дека е растурена црквата "Свети Кирил и Методија" во центарот на градот во 1935 г., дека во Костурско се наоѓаат цркви со фрески на кирилица, дека се урнати 70 џамии во Солунско, дека за малку ќе била урната и Беаз куле симболот на градот...замина Светецот, ми даде думи од Светата книга за да знам... Се вратив, минав низ времето. 30 косар (мај) 2004. Низ улицата разулавена толпа се тепа со полицијата, фрлаат столчиња. Хотелот "Капсис", во Солун, "Виножито"- партијата на Македонците во Р Грција држи Конгрес во Солун. Две илјади полицајци ги бранат Македонците, од кого се опитувам? Некој ме допре по рамото. Тој лик, тие очи, тоа беше Аристотел. Се насмеа. Ми читаше од умот. "Крајот и почетокот се можни...!" - ми рече. "Зошто Солун нема ниту еден античко-македонски па-

метник?" - ме пронижа со прашањето. Не, не го чекаше одговорот, ме поведе кон една тумба недалеку од градот. "Тука!"- ми покажува. Тумбата на Сива( Шива) недалеку од Градобор, покрај реката Галик, тумба која потсетува на пирамида...минуваме низ времето со Аристотел, една жена, министерка за култура, една доцна ноќ ја посети тумбата...Мелина Меркури? Не може да се скријат работите од Бога? "Од што се плашат атињаните?"- ме прашува македонскиот филозоф. Ја посети и си замина. Министерката. Никој не кажува што има под македонската земја. "Зошто во Солунско нема ниту еден античко-македонски паметик" - го повтори прашањето со чувствена длабочина. Беше тоа лично Аристотел. "Крајот и почетокот се можни?"се сетив на думата. Се завртев, ги мерам, ги хомерувам солунските тумби. Некој Божји глас ми вели дека се повеќе од 300...но, повеќе не бев таму. Некаква веда ме понесе низ долна Македонија во угорот. Во прегратките на гората. Неасфалтиран друм, камења, урната црква, камбанерија која се топори и разрушени домови. Господ ме однесе во селото Баница, местото каде му ја зедоа душата на Гоце Делчев. Баница урната до темел, раселениот народец, клопотарци на калеши овци, ореви, црни и златни сливи, урнати домови... голема и силна си Македонијо. "Не запреа додека сè не урнаа со топовите" - се појави еден овчар зборува на архаичен македонски. Беше 101 година од убиството на Апостолот Гоце Делчев. За среќа, патници-намерници ставиле слика на Гоце и полека се враќа култот за почит за денот на неговата погибија. Се построи мртвата македонска војска во нем строј. Им

36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 /22.10.2004

пееме слово за слава и почит, според Бога, химната и ред по ред од древните македонски песни. Од другата страна на планината е роден Димо Хаџи Димов. Тука некаде е и селото Мрсна (Скоптуса) на Ристо Шишков. Накај Долна Џумаја (Ираклис) каде е роден Алеко Војводата. Муабетот со Македонците од Долна Македонија нема крај. Никос, Кољо, Панде, Атанас, Диме, Александар, Сократ, Ташко, сите имаат бесмртна душа и приказна за гибелијата. Дел од нив на стари години научиле македонски. Зошто да не можат нивните деца барем факултативно да го учат македонскиот јазик? Зарем тоа е грев пред демократијата и Бога? Некаков Бел Ангел ме гушна да ми ја смири тагата и бев во соништата. Ги сонувам фреските на солунските цркви како се враќаат на ѕидовите во црквите и храмовите, како од земјата се отвораат македонските тумби, како се обновуваат Кукуш, Баница, како децата учат македонски, како се урива ѕидот кој ги дели двете страни на Македонија. Нели тоа е во духот на Обединета Европа? Или...? Беше тоа културно гостување на филмскиот фестивал "Панорама..." во Солун, на продукцијата Дион при К.Ц."Скрб и утеха". Врска меѓу долна и горна Македонија. За жал, некаква злосила непосредно го укинува. Можеби ќе падне последниот европски македонски ѕид. Инаку, каква смисла би имало европското обединување? Бесмртна душа имаш, сестро и мајко моја, Македонијо...се разбира "Крајот и почетокот се можни..."- како што ми потшепна Аристотел, Македонци мои... Тихомир Стојановски

ПИСМА

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

ДИОГАРДИЕВ РЕФЕРЕНДУМ!? Н

а Балканот, изминативе години, силите на ООН и на НАТО напишале и сè уште пишуваат многубројни анализи, студии и извештаи за конечното решавање на статусот на Косово и Метохија, за состојбите на југот на Србија и во Република Македонија. За сите нив е заедничко тоа што зад овие документи обично се наоѓа албанското лоби кое е исклучително силно. Организацијата "Албанско-американската граѓанска лига" формирана е со цел да ги афирмира глобалните интереси на Албанија на Балканот и тоа со дефинирање на независно Косово и Метохија, преку издвојување од Србија, потоа со федерализација на Македонија, при што еден дел од нашава држава би им припаднал на Албанците и со афирмирање на обликот на обединување на Албанците преку голема Албанија или низ процесот на албанска балканска федерализација. Овие процеси би се одвивале во повеќе фази, со тоа што се влегува во опција за независно Косово до 2005 година, федерализација на Македонија до 2007 г., и на специјалниот статус на Албанците на југот од Србија до 2010 година. Воспоставувањето на албанската унија би се одвивало според принципите на создавањето на ЕУ. Сите тие проекти и анализи се дело на оваа организација, на чие чело се наоѓа пензионираниот американски конгресмен од албанско потекло Џозеф Диогради. На сите чесни граѓани, но и на компетентните институции во Македонија, Диогарди им е многу познат, како човек кој често пати ги кршел позитивните законски норми за престој и однесување на странци во РМ. Колку што се сеќавам, нему му беше изречена и одредена мерка за прекратување на престојот од страна на нашето Министерство за внатрешни работи, поради начинот на однесување кој се коси со македонските позитивни законски прописи. Стотици страници од изготвените материјали се пласираат преку политичките кругови, кои имаат финансиска поддршка и се спонзорирани од албанската емиграција и мафија, како и од глобалната политика на Владата на Албанија. Во последно

време на албанското лоби му се приклучуваат и угледни личности како Мирчеа Џоана и Флорин Паснику, потоа познатите политичари, како што се, Роберт-Боб Дол, Ал Гор, Џозеф Диогарди, Џорџ Тенет, Трафиканте, Бајднер и Де Консини, кои работат на повеќегодишно собирање пари и поттикнување на глобалното влијание врз американската политика околу конечниот статус на Косово и Метохија. Исто така, албанското лоби ангажира и таканаречени експерти-лобисти во разни институции и стратегиски центри кои имаат влијание врз американската администрација. Меѓу нив, секако треба да се спомне и Центарот за стратегиски меѓународни студии, каде што лидер е д-р Јанош Бугајски, кој своевремено бил на платниот список на Алија Изетбеговиќ, на д-р Фрањо Туѓман, а сега работи и за интересите на Албанците на Косово и Метохија, а кои се против глобалните христијански интереси (православни). Важна и силна поддршка во аналитичката проценка на состојбите на Косово и Метохија даваат Меѓународната кризна група, како и Центарот за превентивни акции, кои ја вообличуваат големоалбанската политика во насока на независноста на Косово. Ова албанско лоби има силно, но не и пресудно влијание врз утврдувањето на званичната политика на Вашингтон во однос на Балканот и Космет. Низ проекти кои се појавуваат под наслови на разноразни институции (од универзитети, фондации, невладини организации), а кои се во функција на албанското лоби, претставуваат не само стратегија за притисок туку и форми на стратегиско дезинформирање со цел "православно-христијанските", односно "словенските народи" на балканските простори да се ослабат и дезинтегрираат. Членовите на американско-албанското лоби и креаторите на сценаријата за независна косовска држава, албанска држава за сите Албанци голема Албанија, големо Косово, Илирида и слични можни државни творби, свесно ги превидуваат фактите дека на овие простори се наоѓаат ООН, НАТО и ЕУ, кои преку УНМИК и КФОР не успеале да ја

воведат во живот Резолуцијата на СБ на ООН број 1244. Не успеале да воспостават мултиетничост, не организирале да профункционираат либерално-демократските институции, а свесно се заобиколува и фактот дека Космет е епицентарот на организираниот криминал на Балканот. За овие лоби групи свое видување има и Адем Демачи, претседателот на Комитетот за толеранција и соживот во рамките на Советот за заштита на човековите права и слободи во Приштина. Демачи вели дека албанско-американската цивилна лига на чело со Диогради и уште една организација на која "й го заборавил името" немаат толкаво влијание како што го претставуваат одделни медиуми, Диогарди има финансиски интереси и често презема акции кои можат да бидат контрапродуктивни. "Тој нема поим колку Србите ги угнетувале Арнаутите на Космет... и Србите треба да им дадат независност... право на самоопределување..." вели Демачи. Деновиве, во дневниот печат можевме да прочитаме и на електронските медиуми да слушнеме дека оваа граѓанска лига заговара независност на Косово, без никакви услови. За таа цел, Џозеф Диогарди собира потписи во Македонија, Албанија и на Косово, а Лигата има намера да ги достави до Конгресот. На 8 октомври, во Тетово, претставниците на оваа лига ја промовирале идејата за собирање потписи за независно Косово, а на промоцијата биле присутни голем број видни интелектуалци, партиски функционери и бизнисмени Албанци. Сите албански политички партии во Македонија го поздравуваат и го поддржуваат собирањето потписи. И ако на овој начин, од територијата на нашава држава се врши директен атак врз територијалниот интегритет и суверенитет на СиЦГ, што значи мешање во

внатрешните работи на една наша соседна земја, никој од компетентните служби, пред сè, МНР, МВР и ДБК не презедоа конкретни чекори еден акт на агресија да биде попречен, а сторителите санкционирани. Барем за такво нешто македонската јавност не беше известена. По којзнае кој пат, од страна на ДУИ, коалициониот партнер во Владата на РМ, одредбите на Рамковниот договор се толкуваат и се применуваат интензивно, а обврските за почитување на правниот поредок во Македонија - екстензивно. Зачудува молкот на сите дипломатски, разузнавачки, хуманитарни, невладини, непрофитни, независни организации кои ги застапуваат интересите на "меѓународната заедница". Па, тие за референдумот кренаа лелек до Бога, а сега молчат и се кријат од јавноста како кртови. Совеста им е обремената со нивната поддршка на "албанските борци за човекови права" именувани како учки, со создавање и логистичко-командно помагање на "Онанистите" во РМ, како и тренингот и вооружувањето на АНА. Хорски нè предупредуваат дека нема да влеземе во НАТО и во ЕУ поради огромната корупција и организираниот криминал кој го водат нивните претставници во содејство со новосоздадените мафијашки фисови на албанските нарко трафиканти, кои во најскоро време ќе се трансформираат во "балкански хезболах", на кои целите ќе им бидат "неверниците од светот". На крај, морам да предупредам дека секој облик на дестабилизација на СиЦГ и на Македонија, со предвремено признавање на независно Косово, а натаму и на "Илирида", ќе отворат жаришта во Македонија и во Грција, што нема да им одговора ниту на ЕУ, уште помалку на САД... Професор Иван Бабановски

Рубриките ФОРУМ и ПИСМА ја отсликуваат нашата отвореност кон јавноста. Овде автентично објавуваме и текстови кои не се во согласност со нашата уредувачка политика.

37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД СО ПОДДРШКА ЗА БУШ Двеминутна акција - така ја нарекоа својата активност македонските иселеници во САД, кои се организираа да се јавуваат на дежурните телефони на американската администрација во Белата куќа, поддржувајќи ја политиката на претседателот Џорџ Буш, околу спорот со Грција за името на Македонија. Преку апелот на неколку македонски организации во САД, се повикуваат сите иселеници да потрошат некој долар за телефонски повик до Белата куќа, само за да ги спречат грчките обиди за вршење притисок врз Бушовата администрација. Како што е истакнато во апелот, Белата куќа буквално била бомбардирана со повици од грчкото лоби, особено по посетата на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд на нашава држава, кои протестирале за потпишувањето на договорот меѓу САД и РМ при што се употребило името Македонија.

ММФ ПОРАЧУВА РЕФОРМИ Конечно Владата ќе мора да се зафати со длабоки структурни реформи, доколку сака да добие нов аранжман од Меѓународниот монетарен фонд. На првиот ден од официјалните преговори меѓу владиниот тим и Мисијата на ММФ, министерот за финансии Никола Поповски, вети реформи, а шефот на монетарната мисија, Франек Розвадовски, предупреди дека тоа ќе бидат клучните услови за склучување аранжман, но и за придвижување на економијата. Според него, досегашниот економски пораст во земјава бил разочарувачки.

"

РАШЧАНИ СО ЗАКАНИ ЗА СКОПЈЕ Жителите од селото Рашче упатија ултиматум до надлежните во Водовод и канализација, дека во случај ако не им се одобри бесплатно да ја користат водата, ќе 'интервенираат' директно во каптажата, со што Скопје ќе го остават без вода за пиење. Рашчани, револтирани од тоа што ова претпријатие во текот на последниве десетина дена им ја прекинало водата поради неплатени сметки, го блокираа патот кон изворот, од кој главниот град се снабдува со чиста вода за пиење. Селаните се решени да протестираат с# додека не бидат исполнети нивните барања.

РЕНДГЕН ИНСТИТУТОТ БЛОКИРАН На Институтот за рендгенологија, кабинетот за магнетна резонанца, ги затвори вратите за редовните пациенти и ќе се примаат само итни случаи. Се очекува тоа да се случи и со кабинетот за компјутерска томографија, со што Клиничкиот центар ќе остане без овој вид снимања, неопходни при дијагностицирање на голем број заболувања на главата. Имено, апаратот за компјутерска томографија на Нервната клиника не работи веќе со месеци. Слична ситуација ќе ги снајде и другите кабинети, доколку набрзо и тие не добијат рендген-филмови, кои одамна ги нема на Институтот.

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ОТВОРЕН САЕМОТ "ТЕХНОМА 2004" Од 19 до 24 овој месец, на Скопски саем по 30. пат се одржува специјализираната саемска манифестација за металургија, електроника, неметали и градежништво "Технома 2004". Саемот го отвори министерот за економија Стевчо Јакимовски, кој рече дека 30 - годишното постоење на Саемот покажува дека се склучени многу успешни зделки, разменети се искуства и се создадени услови за технолошки напредок без кој не може да се оди напред. На годинашната "Технома" учествуваат околу 720 фирми од 32 земји.

СТАРТУВА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ Годинашното, 23. издание на Скопскиот џез фестивал го отвори мајсторот на инструментот неи, турскиот музички виртуоз Кудси Ергунер, кој во Скопје го промовира својот најнов проект "Ислам блуз". Годинава, содржините на Џез фестивалот, освен во традиционалната Универзална сала, ќе се случуваат и во клубот "Елемент", како и на сцената во неодамна отворениот Детски театарски центар во Старата чаршија. Токму таму, на 21 октомври, со почеток во 21 часот се случи и отворањето на оваа реномирана манифестација, која и во својата 23. година од постоењето нуди интересни музички содржини.

ПРЕМИЕРА НА "СТУДЕН ТУШУПАТСТВА ЗА ЛУДЕЕЊЕ" Театарот "Скрб и утеха" ја изведе претставата "Студен туш - упатства за лудеење" како скопска премиера на 21 октомври во Салон "19,19" со почеток во 20,30 часот. Текстот е на Владимир Мајаковски и Тихомир Стојановски, режијата на Владе Денчов, музиката на Јане Пенов, во претставата играат актерите: Зорица Панчиќ, Изабела Новотни, Ердоан Максут, Страшко Милошевски, Едмонд Сотир, Тихомир Стојановски и Владе Денчов. Пред претставата беа промовирани две театарски книги "Точка на пресврт" на Питер Брук, со воведен збор на Игор Стојановски и "Патека на светиот збор" на Тихомир Стојановски, со излагање на Гоце Ристовски.

ПОЧИНА АКТЕРОТ ИЛИЈА ЏУВАЛЕКОВСКИ Во 89 година од животот почина бардот на македонското глумиште Илија Џувалековски - актер, режисер и педагог. Тој е роден во 1915 година во Прилеп. Пред војната студира соло пеење на Музичката академија во Белград. Во 1944 година оди на Вис каде што под раководство на Вјекослав Африќ настапува во Театарот на народното ослободување. По кратко време заминува во Москва каде станува член на Уредувачкиот одбор на Радиостаницата "Слободна Југославија". Првата филмска улога ја добива во 1952 година во филмот "Фросина". Актерскиот придонес на Џувалековски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во актерската кариера остварува повеќе од 60 улоги, низ кои ја изразува својата актерска индивидуалност. 39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ÓÑÏÅØÍÈ ËÈŒÍÎÑÒÈ Д-Р ИРЕНА ВИТАНОВСКА, АМБАСАДОР

ДА ЖИВЕЕМЕ ЕДЕН З "Преголема чест е да си претставник на својата земја, надвор од нејзините граници. Луѓето кои ја читаат Библијата ја познаваат Македонија. Нас нè препознаваат во светот, само не се вреднуваме самите себеси", вели д-р Ирена Витановска. Израел е пример како може различни луѓе да живеат и да творат за една цел, додава таа.

уманоста и желбата да им се помогне на луѓето во секаква неволја, се особини кои треба да ги поседува секој човек. За жал, ретки се луѓето кои се определиле за ваков начин на живот, односно се предодредиле да го следат патот на Исус Христос, да им помагаат на болните и на сиромашните. Нема да погрешиме ако со вакви зборови ја опишеме и д-р Ирена Витановска, исклучителна лич-

ност, чија цел е да се грижи за здравјето на луѓето, без разлика дали тоа се социјални случаи, деца - просјаци, бегалци, раселени итн. Таа ги следи и стапките на нашиот спасител Исус, а во нејзината потсвест секогаш е присутна мисијата и сè она што го правеше Мајка Тереза. Низ нејзините хумани раце минаа илјадници луѓе - бегалци за време на Косовската криза, а во 2001 година таа несебично им ја даде својата помош на раселените Македонци од кризните региони. Со сите овие луѓе таа сè уште одржува контакти, во што и сами се уверивме кога ја по-

СЕРТИФИКАТ НА Д-Р ИРЕНА ЗА УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА НАЦИИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ

СЕРТИФИКАТ ЗА АМБАСАДОР НА ДОБРА ВОЛЈА ЗА ИЗРАЕЛ

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Х

сетивме ординацијата во којашто работи. Имено, тука беа луѓето од Непроштено, кои за време на воениот конфликт во државава, биле сместени во еден од домовите за раселени лица во Скопје. Тие мошне срдечно зборуваа за д-р Ирена и за помошта која им ја укажала тогаш кога им била најпотребна. Но, освен овозможувањето здравствени услуги, д-р Ирена има уште една зацртана цел - надвор од границите на Македонија да ги презентира татковината и својот народ, тие да бидат познати под нивното уставно име. Спасот на својата држава таа го гледа во единството на македонскиот народ. Доктор Ирена Витановска штотуку се врати од Израел, каде се помоли за мир, благосостојба и за среќа на својот народ.

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

ДЕЈНОСТ Шест години д-р Ирена работи во невладина организација, која е основач на ординацијата "Ихтус Ремедиум". За своите почетоци таа вели: "Се собравме ние жените и сакавме да направиме нешто за оваа земја. Почнавме со еден проект за помош на бегалците од Косово, им помагавме на раселените од кризните региони, на социјалните случаи, а во нашата ординација доаѓаат и луѓе кои се осигурени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Многу пациенти минаа низ моите раце. Се радувам што многумина од нив ме поканија во нивните домови. Ме прави среќна тоа што сум пријател со луѓето од Тетовско. За време на воената криза тие доаѓаа во ординацијата, ни кажуваа

НА ДОБРА ВОЛЈА ЗА ИЗРАЕЛ

А СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН што им е потребно, а потоа ние собиравме храна, лекови и сè она што им беше неопходно. Првите финансии беа донирани од Шведска, а сега помош добиваме од Англија, Америка, од разни делови на светот". "Ихтус Ремедиум" ординацијата е општа, тука се лекуваат луѓе од сите возрасти. Во неа функционира и ла-

надвор од неа", објаснува д-р Ирена. Тие соработуваат со слични вакви организации, како што е "Јошуа траума центар во Тирана", со некои членови во Бугарија, бидејќи таму сè уште не постои ваков вид организација, потоа со Србија и Црна Гора, Грција, односно со цел свет каде што ги има овие организации.

Ерусалим", вели Витановска. Всушност, таа импресиите ги почувствувала уште на поаѓањето, а тие ја следеле во текот на целото патешествие. "Тргнав од Јужна Африка, од Јоханесбург, каде што учествував на една медицинска конференција. Во Тел Авив имаше некаков штрајк и јас 'заглавив' на аеродромот во Цирих. Морав да земам соба, бидејќи имаше доста време до мојот лет. Јас не знам како Евреите ја пронајдоа собата во којашто се сместив, веројатно некој ме видел дека го чекам тој авион и дека со нив ќе патувам во Тел Авив. Се изненадив кога слушнав дека некој ми тропа на вратата. Кога отворив имав што да видам: пред мене стоеше Евреин со мало дете - Еврејче. Тој ми рече: 'Ти, лејди треба да јадеш, јас ти донесов храна'. Му се заблагодарив на човекот за храната, иако претходно негодував. Утрината сретнав уште две Еврејки, постара и помлада дама. Мислев дека се

Д-Р ИРЕНА НА ИСУСОВИОТ ГРОБ

бораторија. Вработените сакаат да ја прошират дејноста, се разбира во согласност со законите, ги плаќаат сите давачки кон државата, бидејќи како што вели Витановска, ја почитуваат Република Македонија. "Исто така, ние ги подучуваме луѓето и како да станат државјани на оваа земја, како да ги набават потребните документи за државјанство, здравствена книшка, да се пријават во социјално, со еден збор, да се научат да функционираат внатре во државата, а не

КОНФЕРЕНЦИЈА Д-р Ирена е амбасадор на добра волја за Израел. "На почетокот на годинава добив покана за посета на Израел и тоа на предлог на мојата колешка од Тирана, д-р Мајлинда Треска, која работи во "Јошуа траума центар". Со неа се спријателив за време на косовската криза, а и денес сè уште одржуваме контакти. Таа ме предложила да одам во Израел како претставник на македонска-та нација. Носам прекрасни впечатоци од Израел и од 41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

роднини, затоа што помладата многу се грижеше за постарата, й даваше храна и сè што й требаше. На моето прашање дали се роднини, тие ми одговорија дека не се и дека се сретнале на аеродромот. Тоа ме плени. Почнав да размислувам - што би било кога Македонците вака би се грижеле едни за други. Тој модел ми се наметна и беше присутен за време на мојот престој во Тел Авив и во Ерусалим. Размислував како тие живеат: еден за сите, сите за еден. За време на посетата на Израел и на Ерусалим се дружев со претставниците од сите земји, но најмногу со тие од Албанија и од Бугарија. Бевме некако во пакет. Контактирав и со Кинезите, со претставниците од Тајван, сите се дружевме. Јас бев претставник на македонската нација, на мојот беџ пишуваше Македонија, а не FYROM. Секаде во светот, и во Јужна Африка ме препознаваат дека сум од Македонија, дури и претставникот од Грција ми пружи рака".

ÓÑÏÅØÍÈ ËÈŒÍÎÑÒÈ Д-Р ИРЕНА ВИТАНОВСКА, АМБАСАДОР НА ДОБРА ВОЛЈА ЗА ИЗРАЕЛ

салим, односно на сите места каде што бил Исус. Можам да ви кажам дека на Мртво Море доаѓаат луѓе кои боледуваат од различни болести, а најмногу оние кои имаат псоријаза". На слични вакви конференции д-р Ирена била многу пати: веќе два пати во Јужна Африка, повеќе пати во Швајцарија, потоа во Англија, Ирска, Америка. Секаде е убаво, но - потенцира таа - Израел е посебно доживување, мислите дека сте во центарот на светот, едноставно таму каде што историјата почнала". Доктор Ирена вели: "Преголема чест е да си претставник на својата земја, надвор од нејзините граници. Луѓето кои ја читаат Библијата ја познаваат Македонија. РЕКАТА ЈОРДАН КАДЕ ШТО СЕ КРШТЕВАЛ ИСУС

Во Израел се одржувала христијанска конференција, која ја организирал Том Хес. Како што појаснува д-р Ирена Витановска, тој поканува претставници од различни нации да дојдат во Израел и да се молат за мир, поаѓајќи од кажаното во Библијата: "Оној кој ќе го благослови мојот народ Израел ќе биде благословен". "Јас отидов да примам благослов за мојот народ. Бев вчудоневидена од односот и честа која му беше дадена на секој учесник на конференцијата. Македонија е важна за Израел. Знам дека тие се подготвени да дојдат и тука и да й помогнат на оваа библиска земја", објаснува Витановска. За благословот кој го добила во Израел, д-р Ирена кажува дека тоа значи да се молиш за сè што треба да ти биде дадено, за да бидеш среќен во својот живот. "И навистина - додава таа одејќи по Израел се чувствуваш како да си на небото. Тоа е посебно доживување, а самата атмосфера е нешто што не може да се опише со зборови, таа треба да се до-

Нас нè препознаваат во светот, само не знаеме да се вреднуваме сами себе. Би сакала македонскиот народ да работи на своето единство. Исто така, имам желба да направиме напор да ги доближиме Израел и Македонија. Ние можеме од Израел да научиме како се води држава, како се воспоставува ред, како се почитуваат законите и како се живее единствено. Дури и Арапите го почитуваат законот, оној кој не го почитува е ограден со бодликава жица. Огромен број Арапи живеат и работат како израелски граѓани, тие се шофери, таксисти... Го почитуваат редот. Еве го моделот кој може и нам да ни помогне. Мислам дека Евреите од Израел напреднале во сите области, науката, медицината, туризмот... Ние можеме само да научиме од нив". На крајот од разговорот д-р Ирена потенцира: "Не ни е цел само еднаш да се прегледаат луѓето, а потоа фрли ги на улица. Туку со нив ние работиме во континуитет. Сакаме да успее да се собереме што повеќе луѓе со добра волја и мислам дека Господ ќе даде нашата дејност да се размножи и секаде во светот да функционира. Треба да се направи нешто заедничко и луѓето да станат единствени. Израел е пример како може различни луѓе да живеат и да творат за една цел".

ГАЛИЛЕЈСКО ЕЗЕРО

живее. Секоја земја е убава на свој начин, прекрасно е и во Јужна Африка, но Израел е посебно доживување. Таму нема ништо што е кич или 'фушерајски' да е направено, сè е паметно осмислено. Удобно, чисто и луѓето живеат во слога. Еврејската полиција се грижеше за нас. Кога автобусите пристигнаа на Мртво Море, два полициски џипа веќе беа дојдени, така што во ниту еден момент не бевме доведени во опасност. Бевме во Еру-

Д-Р МАЈЛИНДА ТРЕСКА И Д-Р ИРЕНА ВИТАНОВСКА НА ГОЛАНСКА ВИСОРАМНИНА

42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

KULTURA "ЛЕШОК" ОД ИЛИЈА ПЕТРУШЕВСКИ

НЕКОГАШ КУЛТУРНО СРЕДИШТЕ, ДЕНЕС СЕЛСКА НАСЕЛБА Книгата "Лешок" има 357 страници и е богато илустрирана со фотографии, скици и графикони. Пишува: Милева ЛАЗОВА

Н

еодамна, во Универзитетската библиотека "Свети Климент Охридски" беше промовирана монографијата "Лешок" од авторот Илија Петрушевски, кој ова дело му го посветил на своето родно село Лешок. Монографијата ја објави реномираниот издавач "Ми-Ан", а за неа говореше професорот Михајло Миновски. Творечките достигнувања на авторот Петрушевски се големи. Покрај статии и осврти во стручни списанија, неделници и дневни весници, тој објавил и вредни трудови на специфична тематика - "Македонија на старите мапи", "Македонија на мапи од II до средината на XIX век", а во коавторство "Зборник на микротопонимите во североисточниот дел од Долни Полог", "Географски топономистички речник" и монографија "Лешочкиот манастирски комплекс". Како ретко кој истражувач тој му е посветен на осветлувањето на родокрајното историско минато, со евидентен придонес и за историското минато на Македонија и македонскиот народ.

ХРОНОЛОГИЈА Промоторот на "Лешок", професорот Михајло Миновски, истакна дека пред нас имаме ретко комплексна монографија за населеното место Лешок, со многувековно богато историско минато. Населено место кое имало периоди на подем, издигнувајќи се во значајно економско и културно градско средиште, но и падови и разурнувања кои довеле до негово сведување на минорна селска населба.

Основниот текст почнува со името на населеното место, потоа следуваат претставувањето на местоположбата, процесите и промените во разграничувањето со соседните населени места, додека посебен простор е одделен за претставување на топонимите. "Во делот за населението вели професор Миновски - Петрушевски пишува дека пред крајот на античкиот период Лешок претставувал градска населба која во 169 година, во времето на третата македонско-римска војна била целосно разурната. Подоцна, во времето на византиското владеење во Македонија населбата била обновена. Подем забележала и во XI век, кога претставувала единствена населба во Долни Полог. Во 1189 година градот Лески бил разурнат од српскиот владател Стефан Немања, при освојувањето на Полог. Градот не бил обновен, а останала да опстојува селската населба. Во XIV век населбата доживеала нов подем, кога кон средината на овој век станала епископско седиште на Охридската архиепископија. Пред крајот на векот, во времето по паѓањето на Македонија и на Полог под власта на османлиската држава, Лешок бил второ по зна-

чење трговско средиште во Полог, веднаш по Тетово. Во време на војната меѓу Австрија и османлиската држава, Лешок доживеал голем пад. Пред опасноста од репресија и жестокости поради учеството на населението во Карпошовото востание, во време на војната во 1689/1690 година, дошло до масовно иселување на населението. Следен подем селото забележало во XIX век, со новите доселувања, во време на економските промени во Македонија, по реформите во османлиската држава, а особено со засилувањето на економијата на Лешочкиот манастир". Во оваа своја книга авторот Петрушевски пишува и за Илинденскиот период, за учеството на населението во македонското револуционерно националноослободително движење, за формирањето на комитските чети и податоци за загинатите лешочани.

ПАД Во поглавјето за населението е застапена историска периодизација според четирите карактеристични периоди за движењето на населението - период до паѓањето на Македонија под власта на османлиската држава, од поче-

43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

токот на XV век до 1690 година, потоа од 1690 до 1953 година па до денес. Анализирајќи ја книгата, професорот Миновски истакна дека во втората половина на XVI век, според пописите на османлиската држава, Лешок имал 250 домаќинства, со околу 1350 жители, а пред крајот на XVII век населбата броела меѓу 1500 и 1600 жители. Според пописот од 1953 година, бројот на жителите изнесувал 712, во 1971 г. - 717, а на почетокот на 2003 година имало само 525 жители. Периодот од 1953 до 2003 година се карактеризира како период на сè помасовно иселување. За културното минато авторот вели дека тогаш Лешок бил важно црковно и културно средиште. Во периодот од XIV до XVII век Лешочкиот манастир бил седиште на Полошката епископија. Во него се школувале свештеници и монаси, а на почетокот на XIX век почнува плодотворна просветителска и книжевна дејност. На страниците на книгата е забележан и големиот потресен историски настан од поблиското минато на Лешок и на Лешочкиот манастир - неговото сардисување од фанатизираните Албанци од селото Слатина и од другите села во 1905 година, за време на големиот верски празник "Света Богородица". Потоа тој го спомнува и времето на Балканските, Првата и Втората светска војна, а особен интерес побудува и оној дел насловен како "Оружените напади и етничкото чистење на Лешок во 2001 година", со автентични поединости за албанската агресија, заземањето на селото од албанските необалисти и прогонувањето на Македонците од нивните родни огништа, кои и по три години сè уште не се вратени во своите домови.

ЕКОНОМИЈА

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЗАНАЕТЧ

ЕСНАФИТЕ НА М

Со новите измени на Законот за занаетчиска дејност, во ноември Здружението на занаетчии ќе се пререгистрира во Занаетчиска комора. Еснафот промовира десет нови правила за занаетчиите, а мајсторскиот испит повторно ќе биде мерка за квалитет.

Пишува: Рената МАТЕСКА

Н

еодамна, Здружението на еснафите на Старата скопска чаршија го презентираше новиот Правилник за работа на дуќаните во Чаршијата и Кодексот за однесување со муштериите. Нови правила на игра за занаетчиите наметнува и Законот за занаетчиска дејност кој неодамна стапи на сила. Во иднина занаетчиите ќе се организираат и во Занаетчиска комора, а нивна основна преокупација е враќањето на поранешното значење и сјајот на еснафската дејност. Во Здружението оцениле дека на Чаршијата й е потребен голем паркинг, бидејќи сега околу неа дневно се паркираат повеќе од 1.000 автомобили, од кои повеќето им припаѓаат на сопствениците на дуќаните. Исто така, со цел Чаршијата да ја направат најбезбедно место во Скопје, еснафите во координација со Агенцијата за обезбедување "Никоб" презентираа Програма за обезбедување на локалите.

нафот. Битна измена во овој Закон е преземањето на регистарот на занаетчии, од сите подрачни единици, кој сега го води Министерството за економија и ќе премине во Домот на занаетчии, така што тие ќе можат во него да се запишуваат за вршење на својата дејност. Покрај регистарот на занаетчии, се воведува и едношалтерски систем, со тоа што откако занаетчијата ќе се регистрира во регистарот, тој ќе може на едно место да ги добие сите потребни документи за вршење дејност. "Тоа подразбира добивање матичен број од статистика, даночен број, жиро - сметка, пријавување во Заводот за вработување, фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, како и здравствено осигурување. Тоа значи дека кога занаетчијата ќе излезе од Домот на

ЗАКОН Законот за занаетчиска дејност стапи на сила на 24 септември годинава и со него се добиени поголем број овластувања за Здружението на занаетчиите, како од Министерството за економија, така и од Министерството за образование, а сè со цел да се подобри квалитетот на занаетот, односно на ес44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

СНЕЖАНА ДЕНКОВСКА, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЗАНАЕТЧИИТЕ НА СКОПЈЕ

занаетчии, веќе ќе може да почне да работи. Овој регистар е важен и за формирањето информативен центар, кој ќе служи за проширување на податоците од регистерот, а тој ги содржи личните податоци на еден занаетчија. Тоа значи што произведува, со каква опрема располага, какви репроматеријали употребува, а сè со цел овие податоци да можат меѓу себе да ги разменуваат занаетчиите, да кажат што можат да им понудат на граѓаните или, пак, да се поврзат со големото стопанство. Втората новина која се однесува на делот на образованието е полагањето мајсторски испит. Значи, повторно враќање на една стара традиција. Меѓутоа, мајсторскиот испит нема да биде услов за отворање занаетчиски дуќан, затоа што тоа би било пречка за големиот број невработени. Исто така, со мајсторскиот испит ќе му се овозможи на занаетчијата да прима на практика ученици кои ќе се обучуваат за одреден занает. Сите ученици од средните стручни училишта, во кои се изучуваат занаетчиските занимања, ќе можат практичната настава да ја посетуваат кај занаетчиите со положен мајсторски испит, а тоа значи кај оној кој покрај тоа што има познавање и умеење, знае и да й го пренесе на младата генерација. Токму тоа е мајсторскиот испит. Овие работилници ќе треба да исполнат минимални услови за во

ИИ СО НОВ ПРАВИЛНИК

АЈСТОРСКИ ИСПИТ нив да може да се одржува практична настава. Тоа е уште едно овластување кое ќе го добие идната Занаетчиска комора на Скопје", вели Снежана Денковска, извршен директор на Здружението на занаетчиите на Скопје. Според неа, со овие нови овластувања, Здружението на занаетчии прераснува во Занаетчиска комора. Новината која е предвидена со овој Закон, претставува скратување на досегашната долга бирократска постапка за почнување на занаетчиска дејност. "Што значи - потенцира Денковска се скратува административната постапка за добивање три решенија. Сметаме дека ова ќе биде наједноставна постапка за да се почне занаетчиска дејност. Сите кои сакаат да членуваат во ова Здружение, освен запишаните во занаетчискиот регистар, ќе мораат да се обратат во овој занаетчиски регистар и од тука да добијат ново решение. Сите оние кои се запишани како трговци и поединци - трговски друштва, и вршат занаетчиска дејност, а се сметаат дека се занаетчии, ќе можат да се пререгистрираат или доброволно да пристапат во Занаетчиската комора. Дополнителна новина е проверката на стручната оспособеност. Тие што не-

маат соодветно образование, а имаат намера да се занимаваат со занаетчиска дејност, ќе можат да посетуваат одредени обуки, кои ќе бидат организирани од членовите на Занаетчиската комора. Ќе се спроведува проверка на нивната стручна оспособеност и тие ќе се здобијат со соодветни сертификати, со кои ќе можат да отворат занаетчиски дуќан".

ЦЕЛИ Еснафот на Старата скопска чаршија, е Здружение кое е организирано како невладина и непрофитна организација на доброволно здружени граѓани. Тоа е формирано поради потребата да се даде придонес во создавањето здрава психо - социјална заедница, при што предност ќе претставува мултиетничкиот и мултикултурниот состав, што ќе влијае на градењето современо општество. Своите цели и задачи ова Здружение ќе ги остварува во согласност со Уставот на РМ. "Цел на Здружението е заштита, промовирање, негување, афирмација на културно - историските вредности на Старата скопска чаршија. Исто така, негови основни задачи се: подобрување и ревитализација на инфраструктурата на Чаршијата, поттикнување економски развиток, промовирање на традиционалните вредности, соработка со домашните и со меѓународните организации и зачленување во асоцијации и институции од областа и со слична дејност во земјата и во странство. Воедно ќе се организираат трибини и јавни дебати за подигнување на јавната свест за Старата чаршија, активности за поттик на економскиот развој, организирање концерти, промоции на книги и слично. Со ова ќе се постигнат саканите резултати. Правилникот е еден кодекс кој му недостасувал на еснафот. Тие правила успеавме да ги поставиме во десет точки. Секој занаетчија треба да се потпише и да се придржува до десетте точки. Да се почитуваат работното време, државните и верските празници, а 45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

се забранува собирање на луѓе без обврски и особено да не се употребува јазикот кој не му доликува на еснафот, односот кон муштериите да биде на потребното ниво, да се респектираат традициите на еснафот, да се ограничи движењето на моторните возила. Со примената на овој кодекс ќе се постигне нашата цел Чаршијата да биде што попосетена и позначајна, како за туристите така и за нашите луѓе. Исто така, спроведовме и анкета за активностите во Чаршијата. Во неа беше поставено и прашањето дали занаетчијата сака неговиот дуќан да се обезбедува со техничко или со физичко мониторинг обез-

бедување. Направена е и анкета 'јас за мојата чаршија', а и други кои се однесуваат на малиот простор за паркирање, а возилата главно се сопственост на газдите и на вработените во Чаршијата. Има простор за 1100 возила. Од 90 отсто анкетирани дуќанџии во Чаршијата само 5 проценти не се согласуваат со оваа активност", нагласи претседателот на Здружението на еснафи на Старата скопска чаршија, Хоџа Неџбедин. За Чаршијата да го достигне сјајот каков што порано имал еснафот е планирана долгорочна програма, која е предвидено да се реализира до 2009 година.

ДИЈАСПОРА ПЕРА ДИМОСКА - ПЕПИ

ТУЃИНАТА НЕ Е ДОМА "Планирав да настапам на два фестивала 'Охридски трубадури' и 'Тетово фолк фест', меѓутоа - вели госпоѓа Димоска - во последен момент се откажав поради нереалните финансиски побарувања од страна на организаторите". "Морам да признаам дека никогаш не сме имале проблеми со Германците, но јасно е дека каде и да се наоѓаме во туѓина и ние треба да се прилагодиме на тамошниот начин на живот".

Пишува: Милева ЛАЗОВА

П

ера Димоска-Пепи повеќе години живее и работи во Германија, но таа не и е непозната на македонската јавност. Покрај тоа што е успешна поетеса, таа своите афинитети ги насочува и кон музиката. Така, на минатиот фестивал "Гоце фест" Пепи имаше свој настап, преку песната, со сета своја силина ги искажа љубовта и копнежот по родната грутка - Македонија. Госпоѓа Димоска веќе има снимено едно ЦД, а во план се уште два носачи на звук. Доказ за нејзината дарба за пишување песни е збирката поезија, насловена како "Мојот живот", а уште 200 записи ја чекаат можноста да ја видат светлината на денот. Иако во Германија Пепи е успешна Македонка, таа и нејзиниот сопруг Васил Димоски имаат една голема желба која сè уште тлее во нив - еден ден да се вратат во родната Македонија.

АФИРМАЦИЈА "Планирав да настапам на два фестивала 'Охридски трубадури' и 'Тетово фолк фест', меѓутоа - вели госпоѓа Димоска - во последен момент се откажав поради нереалните финансиски побарувања од страна на организаторите. Пред да дојдам во Македонија се слушнав со организаторите на двата фестивала, но тие ми поставија некакви услови кои не сакав да ги прифатам. Во последно време, јас и многумина други Македонци од странство кои сакаат да настапат на тие фестивали, чувствуваме дека има обиди што повеќе материјално нас да нè искористат во споредба со нашите колеги од Македонија. Првиот настап на македонски фестивал ми беше минатата година, на 'Гоце фест' со песната 'Кога ќе се пролее крв македонска', настап кој ме поттикна и оваа година повторно да бидам дел од него. 'Гоце фест' го чувствувам како единствен преку кој можеме да го истакнеме духовното и патриотското во нас. За жал, во Германија не

можеме да го следиме фестивалот, а оваа година тоа беше случај и со македонската јавност и него го презеде само ТВ Шутел. Мислам дека 'Гоце фест' треба да се гледа и на сателитската мрежа, затоа што ние Македонците во дијаспората сакаме да го видиме". Уште од детството госпоѓа Димоска пројавува интерес кон музиката, особено кон македонскиот фолклор. Четири години игра во Културно- уметничкото друштво "Григор Прличев", а настапува и на бројни приредби и свечени настапи во нејзиното училиште. Таа има дарба и за пишување поезија, и ја објавува збирката "Мојот живот". Нејзината инспирација за творештво не престанува и таа и натаму пишува. Така, госпоѓа Димоска има напишано повеќе од 200 песни, кои треба да бидат објавени. Паралелно

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

со објавувањето на првата збирка поезија, таа се обидува и да запее. Интересот и е насочен кон старите изворни песни, кои ги препејува и во 2000 година ги става на носач на звук, насловен како "Свадба голема". Сега подготвува уште едно ново ЦД. "На ова ЦД ќе има три нови песни; песната од 'Гоце фест', потоа песната од моите пријатели Елена и Тодор Зафков, ќе препејам неколку песни од Васка Илиева, како и уште неколку стари македонски песни. Во план ми е уште едно ЦД, но - објаснува госпоѓа Димоска - тоа ќе биде многу поразлично од претходните две. Секако дека настапувам во Германија, а исто така, гостував во Холандија, во Франција. Песната за 'Гоце фест' е првата која ја напишав за Македонија, а се разбира инспирација ми беше родната земја. Навистина многу години

ОД ХЈУРТ, ГЕРМАНИЈА

сум во Германија, но за мене многу поубав е животот во Македонија, не знам како другите тоа го чувствуваат. Убаво е да се живее во Германија ако се има, но доколку би имало малку подобри услови за живеење тука во Македонија јас би се вратила".

ЖИВОТ Како што вели госпоѓа Димоска, до пред две години животот во Германија бил подобор, а сега е потешко. "Меѓутоа, морам да признаам дека никогаш не сме имале проблеми со Германците, но - потенцира госпоѓа Димоска - јасно е дека каде и да живееме во туѓина ние сме тие кои треба да се прилагодиме на нивниот начин на живот. Во последно време на странците во Германија им е многу потешко да се снајдат, поддршката е јасна 'снајди се, па живеј'. Сега со воведувањето на визите е многу потешко да се дојде до таа земја. Нормално, за школувањето и за вработувањето предност имаат Германците, така што од година во година е сè потешко". Годинава, Македонците во Хјурт ќе ја прослават 10годишнината од црковната општина во овој град, која добро функционира, но таа би можела да работи и подобро ако се донира во неа. Во овој град нема македонска црква, а богослужба се служи во туѓа. Но, тоа се случува многу ретко, кога треба да се одбележат големите празници, а за таа цел мораат да повикаат свештено лице од Македонија. "Најмногу го прославуваме Велигден - додава госпоѓа Димоска - со сите адети и обичаи и на тој ден се собираат најмногу Македонци. Помалку го одбележуваме Божик. За овие настани, а и во други пригоди,

многу ретко ни доаѓаат фолклорни групи бидејќи тоа зависи од повеќе луѓе, но затоа почесто гостуваат пејачите и групите. Но, морам да признаам дека кога гостуваат нашите пејачи посетеноста е мала. Ако кажам дека таму има околу 3.000 Македонци, а на концертот ќе дојдат само стотина кои се заинтересирани, тоа е навистина жално. Концертите зачестија, па луѓето не можат да си дозволат секоја недела да присуствуваат на нив, поради цената на билетите.

Васил Димоски заминале во Хјурт, Германија, поради истата причина како и многумина други Македонци кои се упатиле кон туѓината недостиг на услови за егзистенција. Кај неа сè уште живее желбата да се врати во Македонија, меѓутоа и таа и Васил чувствуваат дека сега не е моментот за еден таков чекор поради познатите состојби во татковината. "Моите два сина се израснати во Германија, меѓутоа тие многу добро го говорат македонскиот јазик, едниот

Македонските концерти ја претрпаа Европа, а исто така се отворија и многу клубови, секој се обидува да организира некој концерт така што луѓето и не знаат каде да појдат". Во 1975 година, госпоѓа Димоска и нејзиниот сопруг

и служеше војска во Македонија и е духовно заразен од неа. Иако се родени во Германија - вели госпоѓа Димоска - сепак тие се многу поврзани со македонските корени. Кога станува збор за младите Македонци речиси 60 отсто од нив го разбираат

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

и го зборуваат македонскиот јазик. Германија дава поволни услови за школување. На оние чиишто родители имаат ниски примања, оваа земја им одобрува стипендија, но и овде младите Германци имаат предност, а потоа другите. Кога беше војната во Македонија, во 2001 година, тој период за мене беше најтрагичниот. Во тоа време мојот син служеше војска во АРМ и ми беше навистина тешко. Не пожелувам во ниту една земја да се случи такво нешто - преку леб да се бара погача. Македонија не заслужи да биде поробена од малцинство кое живее тука и кое прави држава во држава. Вакво нешто нема никаде во светот. Еве пример. Живеам во држава каде што сум туѓинец и за да добијам германски пасош треба да го зборувам нивниот јазик, додека овде во Македонија, по сè изгледа, за жал, ние ќе треба да го зборуваме нивниот. Инаку, загинувањето на претседателот Борис Трајковски е вистинска и голема трагедија. Судено можеби не беше, но може друг да суди. Борис Трајковски беше човек со дух, човек кој на Македонија не й мислеше лошо. Секако дека и ова денес што се прави, со предлогот за територијална поделба на Македонија е навистина нешто многу лошо. Низ вековите Македонија многу пати е делена и веќе е доволно. Не би требало да се дозволи повторно да се дели. Не е важно дали на општини, дали на реки, Македонија мора да остане цела, да го сочуваме она малку што ни остана. Многу ми е тешко што не можам да гласам во својата земја, иако сум родена во Македонија. Тоа многу ми пречи. Но, сепак би сакала да апелирам да ги отворат очите оние коишто треба, за да не ја изгубиме Македонија".

ЛИКОВНО - ЛИТЕРАТУ

ЕМОТИВНИ СОСТОЈБИ Во суштината на целиот Проект е да се создаде ликовно-литературна целина во која ликовните и литературните претстави ќе функционираат како незаменливи делови од целината.

Пишува: Милева ЛАЗОВА

Н

еодамна, во Музеј на Град Скопје беше презентиран проектот "Јас - Ти" од авторките Марија Николоска Наневска и Александра Димитрова, замислен како синтеза на визуелна (ликовна) и временска (литература) уметност. Идејата функционира дуално, има две свои компатибилни пројави, книга под наслов "Јас - Ти" и изложба, со ист наслов. Книгата содржи 48 песни од Александра Димитрова, илустрирани со фотографии од изложбата, која е составена од 12 објекти изработени од Марија Николоска Наневска. Ако внимателно се прочитаат песните може да се заклучи дека циклусите гравитираат околу тријадната

оска - љубовта со сите свои пројави, разочарувањето од светот и од животот и презирот кон себе и другите.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ "Всушност, Проектот претставува спој на ликовна и литературна уметност. Ликовниот дел го подготвив јас, а литературниот е на Александра Димитрова. Насловен е како "Јас - Ти" затоа што станува збор за две различни личности, опфаќа ставови, односно погледи кои воопшто ги имаме со Александра, коишто сакавме да ги изнесеме, а се наоѓаме на една иста бранова должина. Сакавме да претставиме еден дел од нашето секојдневие кое го гледаме како млади жени. Целиот Проект е замислен како една целина на изнесување на нашите ставови и мислења, односно сè се врти околу една оска, а тоа е љубовта. И ликовниот и литературниот дел е поделен на четири циклуси", вели Марија Николоска Наневска. Првиот циклус со наслов Сни (Очекувања) е целиот во знак на соништата и очекувањата на лирскиот субјект, а доловени како емотивни состојби преку куси приказни, кои многу повеќе се скелет на емоцијата отколку вистинска фабула. "Во првиот дел - додава Николоска Наневска - се зборува за една посакувана состојба, сни, фантазии, каде

би сакале да се најдеме. Познато е дека човекот понекогаш е во состојба да се одведе до некоја состојба на самоизмамување кога стреми кон некои посакувани чувства. Во суштина и во ликовниот и во литературниот дел се обработени токму надежите. Вториот циклус донесува 12 суптилни песни, кои го носат предзнакот Љубов, што е и наслов на овој циклус. Во овие стихови, лирскиот субјект е жена, жена полна со копнежи, надежи, жена подготвена да љуби. Овој дел е исполнет со најпозитивни чувства затоа што станува збор за љубовта, каде се чита занес, вљубеност. Циклусот Тага уште со својот наслов ги открива расположенијата кои ќе го следат лирскиот субјект низ потциклусите. Тагата е опеана како производ на немоќта да се скрши заробеноста во еден свет, да се надвладее немоста која не е физички или субјективна, но е производ на опкружувањето. Во четвртиот дел, пак, сè тоа преминува во Презир. Како по традиција,

48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

донесува поетски најсилни решенија и ни открива еден трезвен лирски субјект подготвен да се соочи со предизвиците. Во последните три потциклуси силно е изразено чувството на презир кон светот, луѓето и нивните слабости, разочарувањата кои ги носи селектираниот лирски објект. Ликовниот

РЕН ПРОЕКТ "ЈАС - ТИ"

ПРЕКУ КУСИ ПРИКАЗНИ и во неговите чувства", објаснува Николоска Наневска. Желбата за ликовно изразување кај Марија се јавува уште од најрана возраст. Попрофесионално, со развивањето на нејзиниот талент, почнува да се занимава со запишувањето на Ликовната академија, завршува постдипломски студии, а натаму, преку ликовните изразувања, таа се докажува како самостоен ликовен автор. "Уметноста е неисцрпен извор на задоволство, на идеи, на фантазија, на духовно исполнување. Инспира-

дел е визуелизација на одредено чувство, состојба, став или сознание кое произлегува од катадневното опстојување на овие простори. И едните и другите дела се создадени токму за овој Проект, со тоа што кога пред две години почнавме да разговараме за него Александра веќе имаше напишано неколку песни, дојдовме до некои заеднички ставови, се консултиравме и го направивме секоја на свој начин".

ИНСПИРАЦИИ На Марија Николоска Наневска ова й е петто самостојно претставување, сосема различно од претходните. За разлика од минатите изложби на кои беа презентирани само слики, сега во овој Проект покрај нив се претставени и објекти создадени од несликарски материјал и вклучува репродукции од познати уметници, како што се, Мона Лиза, Мерлин, Бакнежот... "Идејата за репродукциите дојде како резултат од моето разгледување на сите тие создадени дела. Откривајќи се себе си како свесно и сензибилно суштество, изложбата ја претставува оваа свесност и сензибилност. Трудејќи се да претстави неутрална позиција меѓу 'новооткриениот' феминизам и традиционалниот маскулизам, изложбата е обид да го претстави поимот 'жена' од повеќе страни. Не постои никаков антагонизам меѓу жена-маж, антагонизмот е внатрешен, во самиот субјект

цијата доаѓа од сè. Не можам да кажам дека инспирацијата е конкретно ова или она. Секојдневното збиднување на животот - истакнува Николоска Наневска - е инспирација, самото постоење во смисла можеби денес ќе се случи да видите убаво изгрејсонце и тоа да ве инспирира или, пак, возењето во автобус, да се чувствувате непријатно и тоа да ве инспирира, може да се случи да полемизирате со пријателите за некоја политичка

49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

тема и тоа да ви биде инспирација. Не би било паметно од страна на еден уметник да си поставува граници во однос на црпењето на инспирации. Би требало таа да биде нешто што не е ограничено. Како и сите луѓе кои опстојуваат на овие простори, кои во моментов се мошне раздвижени или хаотични, секако дека влијаат на било кого. Уметникот не е личност која може да се дистанцира од случувањата во општеството. Можеби тие случувања нема да се рефлектираат во творештвото, но ми се чини дека никој од нас нема да остане имун на ситуацијата во којашто се наоѓаме. Сè она што ни се случува како индивидуи всушност е презентирано во уметноста". За оваа изложба е специфично тоа што одредени дела се создадени од несликарски материјали, додека останатите се изработени од акрил на платно, а делата од претходните изложби се работени во масло на платно, акварел, понекогаш пастел во комбинација со други техники.

MAKEDONSKA KAUZA КАРПОШОВОТО ВОСТАНИЕ - 315 ГОДИНИ ОД ИЗБУВНУВАЊЕТО

НАЈГОЛЕМА БОРБА ЗА ПРВА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА Австро-турската војна (1683-1699) ја покажала слабоста на Османлиската империја и влијаела на засилувањето на ослободителниот стремеж на покорените балкански народи. Со приближувањето на австриските војски кон Македонија, се зголемувале и надежите на македонскиот народ за ослободување од османлиската власт. Всушност, во земјата биле созреани условите за народен отпор од пошироки размери, а приближувањето на австриските војски било предизвик за избувнување на Карпошовото востание. Пишува: Анита ДИМОВА

К

арпошовото востание било најголемото македонско востание до XVII век, во кое нашиот поробен народ го покажал вечн��от стремеж за слобода. Неговите никулци се појавиле во периодот на опаѓање на османлиската држава, кога била зголемена експлоатацијата врз потчинетото христијанско население и било нарушено минималното човечко достоинство.

ВООРУЖЕН ОТПОР Австриското навлегување на османлиската територија и нивното приближување кон Македонија, било само поттик за ајдутското движење да прерасне во востаничко. Во октомври 1689 година, во североисточна Македонија, на просторот меѓу Ќустендил и Скопје, избувнало востание на чело со познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка. Востанието било самостојно, без никаква помош од австриската војска. На тоа укажува и фактот дека територијата која востаниците ја запоседнале околу еден месец, ја држеле со сопствени сили, со поддршка на народот. А од документите може да се забележи дека востаничката територија била мошне голема. Во нив се спомнуваат Крива Паланка, Куманово, Кратово, Радовиш, Кочани, дури и Велес и Прилеп. Тоа била прва македонска сло-

бодна територија од доаѓањето на Османлиите, а како таква била зачувана одреден период. Во тие мрачни времиња, македонскиот народ подолго време чекал соодветен момент за да се крене на востание. Иако востаниците биле слабо вооружени, сепак успеале за кратко време да го победат посилниот непријател. За ослободителниот карактер на ова востание говорат и големите бројки кои се спомнуваат во изворите, а се однесуваат на бројот на учесници во востанието. Најголемо учество зеле селаните кои биле најзасегнати од тешката положба во Империјата. Карпошовото востание било крваво задушено со катастрофални последици. Ветуваната помош од Австрија била само залажување на христијанското население да се крене на востание, за неа да й се олесни навлегувањето на Балканот. Во судирот со многубројниот турски аскер, заедно со голем број востаници бил заробен и Карпош, кого го одвеле во Скопје и кај Камениот мост свирепо го убиле.

50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

КРВАВ ЕПИЛОГ Како што веќе спомнавме, задушувањето на Карпошовото востание и поразот на австриските војски предизвикале многукратни последици за македонскиот народ. Една од најважните била преселувањето на голем број луѓе преку реките Сава и Дунав. Многумина побегнале од Скопско, Кумановско, Кривопаланечко, Кратовско, Велешко, Штипско, Кочанско, Струмичко, Битолско, дури и од Солунско. Поради големата преселба се испразниле цели области од Македонија, затоа што најчесто луѓето не се враќале на родните огништа. Во тој период, под влијание на татарската наезда исчезнале некои населби, а до тоа дошло и поради преселбата на населението и населувањето на Албанци на нивните места. Македонците кои се населиле во Војводина биле подложени на германизација, унгаризација и покатоличување. Заради овие причини дел од нив пребегале во православна Русија, Украина и Белорусија, каде што биле поблиску до јазикот и до верата. Друг дел од населението, разочарани се враќале во Македонија и ја прифаќале амнестијата која ја прокламирал великиот везир Ќупрулу. Многу важна последица од Карпошовото востание било тоа што во иселените области во Северна Македонија, Јужна Србија и на Косово се доселувале, пред сè, Албанци, Турци и Роми. Нивната колонизација била поврзана со безброј насилства и довела до значајни промени во етничкиот состав на населението во Северна и во Западна Македонија. Со овој потег за населување на муслимански елемент на нашите простори, било поттикнато укинувањето на некои привилегии кои ги имало македонското население во однос на мартолошката служба и довело до влошување на економската положба. Така, македонскиот селанец скапо го платил обидот за ослободување од феудалната експлоатација и за укинување на османлиската власт.

MAKEDONSKA KAUZA

КОИ СЕ ПОТОМЦИТЕ НА САМУИЛ ? Генеологијата како наука за истражување на потеклото на семејствата е слабо развиена кај Македонците! Од зачуваните европски генеолошки табели може да се откријат денешните крвни потомци на царот Самуил! Пишува: Александар ДОНСКИ

али е можно да се откријат денешните крвни потомци на семејството на македонскиот средновековен цар Самуил? Кај многумина читатели ова прашање ќе предизвика недоверба. Меѓутоа, во следните броеви на "Македонско сонце", врз основа на факти, ќе докажеме дека вакви потомци постојат и ќе ги посочиме нивните имиња. Но, пред тоа да дадеме одреден вовед. Генеологијата, како наука за истражување на потеклото т.е. родословот на семејствата, кај Македонците (па и кај другите балкански народи), е слабо развиена. Причината за тоа несомнено лежи во немањето традиција на ова поле, заради долговековното ропство на Македонците (но и на останатите балкански народи). Емпириката зборува дека генеологијата има најповолни услови за развиток кај слободните народи и држави. Да ја земеме, на пример, антиката (а може и било кој друг период). Во антиката, генеологијата била најразвиена меѓу владејачките семејства (династии). Но, штом државата со која владеела определена династија била уништувана, обично престанувал интересот за натамошно следење на родословот на династијата симната од власт. Ваков бил случајот и со Македонија, која била една од државите со зачуван родослов на својата владејачка античка династија. Подоцна, кога античката македонска држава била уништена од страна на Рим, било отежнато и следењето на

родословот на македонските династии, едноставно затоа што овие луѓе веќе не биле на власт. Тогаш се следел родословот на римските (а подоцна и на византиските) владејачки династии. Со создавањето на Самуиловото царство и на останатите балкански средновековни држави (Дукља, Рашка, Бугарија и други), повторно се јавиле записи за родословот на домородните владејачки династии (како дел од историските записи и хроники од тоа време). Во XIV век, кога Македонија и поголем дел од Балканот потпаднале под османлиско ропство, генеологијата на домородното население на ова тло речиси сосема замрела. Дури ни ретките побогати македонски феудални семејства не ги запишувале своите семејни родослови, а камоли обичниот народ. Наместо тоа, турските хроничари како претставници на владејачкиот народ, ја следеле генеологијата на своите султани и благородници (што е и сосема нормално). Таквата состојба траела со векови и затоа денес секој просечен Македонец (или припадник на другите балкански народи), ако се обиде да направи родословна табела на своето семејство, прашање е дали едвај ќе стигне до средината на XIX век (со ретки исклучоци).

ГЕНЕОЛОГИЈАТА ВО ЕВРОПА Сепак, сè ова не значи дека денес не постојат докази за наследници на некои од балканските антички и средновековни династии. Имало припадници на поразените балкански антички и средновековни владејачки династии, кои своевремено, преку брак,

се вклучиле во некои од тогашните владејачки средноевропски династии и благороднички семејства. Така, потомството на овие луѓе останало (иако сега во рамките на некоја туѓа европска династија) и ова потомство може да се следи затоа што во европските земји кои останале слободни, генеологијата си го продолжила својот развиток. Токму врз основа на овие податоци, ќе направиме осврт на потомството на Самуиловата царска династија т.е. на потомците на цар Самуил и на неговиот брат Арон. Факт е дека од владеењето на оваа династија со Македонија (и со поширок дел од Балканот) е поминато многу време во кое Македонија главно била под туѓинско владеење. Ова значи дека во самата Македонија немало услови за следење на родословот на потомците на роднините на оваа владејачка династија, кои останале во нашата земја. Но, од друга страна, некои припадници на оваа династија (преку мажење или женење), ги внеле својата крв и гени во други европски династии, а се знае дека во Европа денес постојат зачувани илјадници родословни табели на познати династии и благороднички семејства, кои навлегуваат длабоко во историјата. Овие табели уште од поодамна се собираат и се објавуваат. Можеби најпозната книга со европските родословни табели е Алманахот Гота (Almanach de Gotha), кој континуирано се објавува и се дополнува уште од 1763 година (последното издание му е во 1998 година). Во овој Алманах се застапени родословите на најпознатите владетелски и благороднички семејства во Европа (вклучувајќи го и Балканот) и во нив се спомнати десетици илјади имиња и кратки биографии. Овде се и делата на извесен број познати европски генеолози од разни држави, меѓу кои ќе ги издвоиме: Пол Тероф (Paul Theroff ), Енрико Манфреди (Enrico Manfredi) од

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Италија, Андреа Доминичи Батели ди Сасокорваро (Andrea Dominici Batteli di Sassocorvaro) од Италија, Пантелис Мицис (Pandelis Mitsis) од Грција, Мердуд Риналс (Maredudd Rheinalt) од Велс, Давиде Шама (Davide Shamma) од Италија, Петерфалви Ференц (Peterfalvi Ferenc) од Австралија, Паоло Бонато (Paolo Bonato) од Италија, Мариуш Томашевски (Mariusz Tomaszevski) од Полска, Андреј Александрович Фризјук (Andrey Alexandrovich Frizyuk) од Русија, Крег Ислер (Craig Isler), Властимир Јирут (Vlastimir Jirout), Мирослав Марек (Miroslav Marek) од Чешка, Крис Бенет (Chris Bennett), д-р Роналд Велс (Ronald Wells) од Австралија со неговата интересна книга "Античките претходници и нивните современи наследници" (Ancient Ancestors with Modern Descendants) и можеби еден од најпознатите современи генеолози францускиот генеолог Карло Сетипани (Carlo Settipani), со своите неколку книги објавени пред петнаесетина години, во кои врз основа на прегледот на голем број познати и малку познати историски хроники, наведува низа интересни податоци за денешните наследници на познати личности од антиката (меѓу кои се некои римски цареви, но и други антички владетели и династии). Делата на некои од овие генеолози се достапни и преку Интернет. Токму ваквите родословни табели се главниот извор на податоци, што овозможува да се откријат дел од потомците на Самуиловата царска династија, конкретно на оние нејзини членови кои своето потомство (крв и гени), го внеле во некоја од европските владејачки или благороднички семејства, чиј родослов е зачуван, без разлика што во крвта на ваквите потомци има само мал процент од крвта на зачетникот на династијата (што всушност е нормално). (продолжува)

п

P R I K A Z N I

SPOMENICI

Е

G R A D O T

КАЛЕТО - ЖИВА ИСТО

Скопското Кале има богата историја и традиција. Тврдината е нашиот духовен код, врската која ја формира неразделната тријада за опстанокот на еден народ - минатото, сегашноста, иднината. Најстарите наоди на Калето покажуваат дека траги на живот постоеле пред 5.000 години, а според поновите истражување дури и пред 7.000 г., со оглед на пронајдоците од праисториското време. Денешните остатоци покажуваат дека највпечатливата градба, доминантниот киклопски ѕид потекнува од 535 година, односно од времето на царот Јустинијан. Подоцна, видливи се ѕидовите и трагите од Самуиловото време, кога Тврдината била обновена и имала значење во одбраната при честите борби со Византијците. Во таа смисла, особено треба да се нагласи дека сите досегашни истражувања доведуваат до основниот заклучок - слично како ритчето Хисарлик, кое ги крие седумте слоеви на Троја, така и Калето во себе има многу пластови праисторија и историја кои допрва ќе се разоткриваат. Градот, односно Тврдината или Подградието претставуваат една целина, со своите специфични фортификациони и архитектонско-градителски белези. Калето помни војни, пустошења, освојувања, затвори, воени гарнизони, барутани, палати и кралски резиденции, цркви, пазари, хареми, пашини конаци, болници, музеи. ден од најимпресивните описи на Скопската тврдина е од Евлија Челебија, кој датира од средината на XVII век. За неа тој пишува со избрани зборови - "Скоп-

Z A

ската тврдина е необична, цврста и убава... Портите и ѕидовите се направени од мазен камен. Ниту една друга тврдина не е соѕидана со толкаво чувство за уметност ка-

ко оваа. Ѕидарот градител многу убаво ги украсил огромните мермерни плочи, со линии испишани како врз гипс: можеби вакви шари се наоѓаат само во Платоновата академија во Атина... Градот лежи во средината на Скопје... Бедемот со кој градот е опкружен од сите страни е висок и до педесет аршини. Градот, исто така, е опкружен со седумдесет бастиони и три демир порти на југоисточната страна, а во предворјето на секоја висока порта се наоѓаат многу стражари. Вратата и ѕидо-

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

вите на тоа предворје се накитени со разно оружје и алат потребен за оружјето. Не постои друга положба која би доминирала над градот, тој самиот лежи на високи карпи, а од него се гледа целото поле". Во главниот бедем на тврдината Кале, како и во североисточната кружна кула, вградени се камени блокови од уште постариот град - римското Скупи, поточно, блоковите од тамошниот амфитеатар се од периодот кога градот бил разурнат од земјотрес, во 518 година од нашата ера. Тоа доволно впечатливо зборува за исклучително драматичната историја на Скопје поврзана токму со Тврдината. Веќе во VII век, со доаѓањето на Словените, се зачнува средновековно Скопје, кое подоцна се проширува во Предградието и ги добива формата и градителските карактеристики кои денес се познати. Особено е интересен податокот дека во средновековната северо - источна кружна кула, во денешните остатоци, од нејзината влезна просторија се пронајдени фрески. Фрески со ликови на свети воини, за кои нашите современи историчари и археолози сметаат дека можеби

Danilo KOCEVSKI

РИЈА И ТРАДИЦИЈА

претставуваат ликови на тогашните патрони и управители на градот. Во подрумскиот дел од кулата се пронајдени монети и византиски чинии, што е уште една потврда дека во тој дел од Тврдината живееле великодостојници. И денес постојат остатоци од кружната кула, зачуван е еден нејзин дел и секој љубопитник и вљубеник во Скопје и во Калето може да ужива во убавината и во патината која времињата ја оставиле на овој простор. Во некои стари записи за Скопје се вели дека Тврдината се наоѓала на "брегот Калиште", а интересно е тврдењето дека тој брег се протегал од "Каваклија до Зајчев Рид". Долу, во подножјето на Тврдината, од западната страна кон реката Вардар се наоѓале Водените кули. Остатоци од нив има и денес во близината на објектот на Електродистрибуција и бараките на "Комуналец". Во Водените кули, како и во оваа која е зачувана биле вградени камени блокови слични на оние кои биле вметнати во ѕидовите од горниот дел на Тврдината, а исто така, се претпоставува дека се од разурнатиот град Скупи. Како куриозитетен по-

даток се спомнува и пештерската црква "Св. Ѓорѓи Церебулски", веднаш под главното плато на Тврдината, од југо - западната страна. Кога австрискиот генерал Пиколомини дошол пред портите на Скопје во октомври 1689 година и пред катастрофално да го опожари градот, во писмото кое го упатил до царот Леополд запишал - "тврдината е заѕидана

на стар начин, сега наполно без одбрана и вода, нема простор за коњаницата". Подоцна, Тврдината е обновена. Таа повторно служела за воени цели, а во еден период била и резиденцијален објект на турските великодостојници и владетели. Познато е дека надворешниот бедем, оној кој денес е најзабележителен при првиот контакт со Калето, е изграден во Османлискиот

53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

период, заедно со кружната, југо-источна кула која денес доминира над просторот на Чаршијата. Она што од денешен аспект е, исто така, особено значајно, а недоволно истражено, е тоа дека на просторот на Тврдината, но и кај Подградието постоеле многубројни средновековни цркви, од кои денес не е зачувана речиси никаква трага. Ќе наведеме само некои од нив за да се види какво непроценливо духовно богатство претставувале тие - катедралната црква "Св. Богородица Троерачица", "Св. Јован Претеча", "Св. Константин и Елена", "Св. Атанасиј", "Св. Марина", "Св. Прокопиј", "Св. Никола"... Така, и денес Калето продолжува да биде наша жива историја и традиција. Поради тоа, уште поголеми се нашите обврски да го зачуваме и да го истражиме, оставајќи им го како непроценливо археолошко и духовно богатство на идните генерации.

Ï^ÅËÀÐÑÒÂÎ ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА

ЧОВЕЧКИОТ КОПНЕЖ ПО Во Македонија има изобилство различни медови, чиишто бои, вкусови и ароми се карактеристични за секое место, регион... Покрај шумскиот мед и медот од високата и ниската ливада, во нашава држава може да се најдат и следниве сорти медови: багремов, дабова медлика, сончогледов, костенов, мед од чалија и од репка.

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

Н

а 15 овој месец, со цел да се продолжат активностите за популаризација на пчеларството во Македонија, Природнонаучниот музеј ја промовираше тематската изложба насловена како "Танцот на пчелата". Мотото на изложбата ги озна-

чува ритуалните движења кои ги прават пчелите кога ќе најдат нов извор на храна. Оваа несекојдневна изложба ја организираше м-р Бранислава Михајлова, кустос-советничка во Музејот. Изложбата свечено ја отвори проф.д-р Ферид Мухиќ, а со своја пригодна реч се обрати и директорот на Природнонаучниот музеј, господинот Гуте Младеновски. Целта на изложбата е на еден популарен и автентичен начин да се презентира историјатот на пчеларството во Македонија, социјалниот жи-

вот на пчелите, нивниот ембрионален развиток, како и крајните пчелни производи, кои имаат широка примена во разни гранки на стопанството. Во рамките на "Танцот на пчелата", а во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, ќе се одржи и советување на тема "Анализа на пчеларскиот сектор во Македонија". На советувањето ќе бидат презентирани повеќе теми, а ќе се промовира тренинг и репро-центарот за пчеларство, од страна на Апицентарот од Скопје. Исто така, на свеченото отворање на изложбата беа доделени почесни признанија и благодарници на бројни активисти во пчеларската дејност. Несомнено изложбата привлече внимание и предизвика особен интерес и тоа не само кај популацијата која директно е инволвирана во светот на пчеларството, туку и кај обичните граѓани кои до овој момент биле само обични кон-

54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

зументи на производите од пчела. Во оваа прилика посетителите имаа можност одблиску да го запознаат "светот на пчелата". Да се проникне во таа нивна навидум

"ТАНЦОТ НА ПЧЕЛАТА"

АПСОЛУТЕН РЕД И МИР ТАНЦОТ НА ПЧЕЛАТА

едноставна средина е релативно тешко. Ако човештвото копнее по апсолутен ред и мир, сиг��рно животната концепција на пчелите е веродостоен пример за дисци-

плина, организираност и перфекционизам. И покрај нашата физичка и ментална супериорност во однос на остатокот од животинскиот свет, пчелите одамна предводат во однос на човештвото. Навидум иронично, но сепак вистинито. Нивниот социјален начин на живеење е структуиран во прецизни и организирани движења, каде секој член има одредена улога. Старите Еѓипјани и Асирци се првите пчелари, кои го познавале процесот на одземање мед од отворите на дрвјата и карпите. Кај нас, пчеларството доживува голем подем при крајот на XVIII век и на почетокот на ХIХ век, под влијание на Црквата, која била голем потрошувач на свеќи. Во текот на активностите, во фоајето на Музејот се одржува и продажна изложба на пчелни производи и опрема, во рамките на манифестацијата "Денови на македонскиот мед", која ќе биде отворена до 15 декември.

ОДРЕДЕНИ РИТУАЛНИ ДВИЖЕЊА НА ЕДНА ПЧЕЛА  РАБОТНИЧКА ВО ПЧЕЛНОТО СЕМЕЈСТВО СЕ НАРЕКУВА "ТАНЦ НА ПЧЕЛАТА". ОВИЕ ДВИЖЕЊА ВО ПЧЕЛНОТО СЕМЕЈСТВО ПРВ ГИ ЗАБЕЛЕЖАЛ НОБЕЛОВЕЦОТ КАРЛ ФОН ФРИШ, КОЈ ДОКАЖАЛ ДЕКА КОГА ПЧЕЛАТА  РАБОТНИЧКА ЌЕ ПРОНАЈДЕ НОВ ИЗВОР НА ХРАНА ВО ПРИРОДАТА, ТАА ИМ ГО СООПШТУВА НА ДРУГИТЕ ПЧЕ ЛИ, ПРЕКУ ОДРЕДЕНИ ДВИЖЕЊА СО Т.Н. "ТАНЦ НА ПЧЕ ЛАТА". ЗА ОВИЕ ИСТРАЖУВАЊА, ВО 1973 ГОДИНА ТОЈ ЈА ДОБИЛ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ОД ОБЛАСТА НА ПЧЕ ЛАРСТВОТО. ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ НАЧИНИ ПРЕКУ КОИ ПЧЕЛАТА ГИ ПРЕНЕСУВА СЛУЧУВАЊАТА ОД ПРИРОДАТА: СО ИСПУШТАЊЕ СПЕЦИЈАЛЕН ЗВУК НА БРМЧЕЊЕ, СО ИСПУШТАЊЕ КАРАКТЕРИСТИЧЕН МИРИС, ИЛИ СО ОД РЕДЕНИ ДВИЖЕЊА НА ТЕЛОТО. НА ПРИМЕР, АКО ИЗ ВОРОТ НА ХРАНА Е ПОБЛИСКУ ОД 100 МЕТРИ, ПЧЕЛАТА  РАБОТНИЧКА ИГРА КРУЖНА ИГРА, А АКО Е ПОДАЛЕКУ ОД 100 МЕТРИ ИГРАТА Е ВО ОБЛИК НА ОСУМКА. ДОДЕКА ПЧЕЛАТА ГО ИГРА СВОЈОТ ТАНЦ, ДРУГИТЕ ПЧЕЛИ  РА БОТНИЧКИ СЕ ДОБЛИЖУВААТ ДО НЕА, ГИ ПРИМААТ ИН ФОРМАЦИИТЕ И КАКО ПОД КОМАНДА ЛЕТААТ ВО НАСО КА НА НОВИОТ ИЗВОР НА ХРАНА.

55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

SVETI APOSTOL APOSTOL JA Мајката Божја, како и Нејзиниот Син, во третиот ден воскреснала, и со телото била вознесена на небото. Тома, со своето задоцнување на погребот на Мајката Божја, пред светот "го откри чудесното прославување на Мајката Божја".

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

П

ресвета Троице, трипламена сило, светлост и "љубов од еден ист оган, Ти што ги воздигнуваш луѓето до небесниот Престол". Христовите апостоли со својот живот тука на земјата, го прифатиле и го потврдиле Божјиот повик на светост и совршенство: бидете свети, бидејќи Јас, Господ, вашиот Бог, сум свет! Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен! Таа евангелска порака е упатена до сите нас, зашто Бог му даде можност на секој човек да биде свет. Затоа во сите времиња имало, има, и ќе има светии. Свети апостол Тома е во Бога вечно жива личност. Тој навистина го љуби Бога, и сите негови подвизи, сите негови дела биле плод на таа неизмерна љубов. Бог го

удостоил да биде еден од Дванаесетте Христови апостоли, голем сведок за вистините на Божјите дела и вечен чувар на Христовата наука. Тома е еврејски збор и значи "близнак". Се родил во галилејскиот град Панеада. Го проповедал Светото Евангелие во Индија, а потоа во Мелиапор (град во Индостан). Со името Божјо вршел необични чуда. Св. Евангелист Јован нè известува дека Господ Исус Христос по Своето Воскресение и се јавил на Марија Магдалина, потоа на единаесетте ученици. Застанал среде нив и им рекол: "Мир вам!" Им ги покажал рацете, нозете и ребрата Свои, и повторно им рекол: "Мир вам! Како што Ме испрати Отецот, така и Јас ве испраќам... Примете Дух Свети!" Но, Тома не бил со нив кога дошол Христос. Тие му рекле:

"Го видовме Господа". Се разгоре Божествената љубов во срцето на светиот апостол Тома, но тој лично сака да се увери за Христовото воскресение: "Дури не ги видам раните од клинците на Неговите раце, и не го ставам својот прст во раните од клинците, и не ја ставам својата рака во Неговите ребра, нема да поверувам" им зборува тој на апостолите. По осум дена Христовите ученици повторно биле собрани, и Тома со нив. Тогаш дошол Исус, застанал меѓу нив и рекол: "Мир вам!" Потоа му рекол на Тома: "Дај го својот прст овде и види ги рацете Мои; дај ја својата рака и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!" Св. апостол Тома го видел воскреснатиот Христос, ги пипнал животодавните Негови ребра, лично се уверил дека Христос воскреснал и е жив, и радосно извикал: "Господ мој и Бог мој!" А Исус Му рекол: "Тома, Ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале". Преку сомневањето на свети апостол Тома за Воскресението Христово, се доби потврда за тој најнеобичен и најспасоносен настан во историјата на човештвото. "Христос навистина воскресна и им се јави на учениците, не како при-

56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

видување и не во некое друго тело, туку во она истото во кое настрада заради нашето спасение".

НЕОБИЧНИ ЧУДА И по Христовото вознесение и симнување на Светиот Дух над апостолите, Господ му се јавил на Тома за да го проповеда Евангелието во Индија. Тогаш настанало Успение на Пресвета Бого-

TOMA I SVETI KOV ALFEEV

родица. Сите апостоли, од разни страни на светот, биле пренесени во Ерусалим, кон одарот на Богородица. Но, Тома не дошол на самиот ден на погребот на Богопрославеното тело на Преблагословената и Пречиста Богородица. Пристигнал третиот ден по Нејзиното Успение. За да й се поклони Тома, апостолите решиле да го отворат гробот. Меѓутоа, "кога го отворија гробот тие не го

најдоа телото, туку само една плаштеница...". Значи, Мајката Божја, како и Нејзиниот Син, во третиот ден воскреснала, и со телото била вознесена на небото. Тома, со своето задоцнување на погребот на Мајката Божја, пред светот "го откри чудесното прославување на Мајката Божја". Тој во Индија основал Црква и многу луѓе поверувале во Бога. Тома го проповедал Христа во Каламидските краеви, каде владеел цар Муздиј. Во Христа поверувала царицата Тертијана, сопруга на цар Муздиј, како и нејзината сестра Мигдонија. Апостолот ги крстил. Во Христа поверувал и Азан, царскиот син, и бил крстен. Но, цар Муздиј дознал за сè ова, и Тома го фрлил в затвор. Потоа тој бил изведен на суд пред царот. Царот го прашал: "Кој си ти, роб или слободен?" Тома му одговорил: "Роб сум на Оној над кој ти немаш власт... Мој господар е Господ на небото и земјата, Бог и Создател на секое творение... Тој ме испрати да го проповедам Неговото свето Име и да ги обраќам луѓето од заблуда...". По наредба на незнајбожниот цар, апостолот со боси нозе го поставиле на вжештени железа, па во вжештена печка, но останал жив и неповреден. Во присуство на апостолот, идолот

се растопил. Царот им го предал Тома на своите пет војници и им заповедил да го одведат на гората и со копја да го избодат. Петте војници го прободеле апостолот со пет копја. Св. апостол Тома, како и Христос, на телото добил пет лути (жестоки, остри) рани и душата му ја предал во рацете на својот Господ. Добриот војник на Исус Христос, облечен во оклопот на љубовта и верата и "шлемот на надежта за спасение", не отстапил од вистината и останал вечен син на Светлината. Петте убијци со петте копја, синовите на ноќта, останаа вечни синови на темнината. Царскиот син Азан - ѓаконот, и свештеникот Сифор, чесно го сохраниле неговото свето тело. По неколку години, се разболел царскиот син, и бил излечен по молитвите на царот кон Господ и свети Тома. Царот поверувал и бил крстен. На местото каде што било сохрането телото на апостолот, настануваат чуда. Апостолот се слави на 6.10/19.10.

гелист Матеј. Тој е вистински сведок на зборовите и на чудата Господови, сведок на Неговото страдање, воскресение и вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, апостолот го проповедал Христовото Евангелие во Елефтеропол и во околните места. Со името на Господа го разурнал идолопоклонството, ги изгонувал демоните од луѓето и лекувал секаква болест. Ја сеел Христовата наука и во Египет, каде што и настрадал за својот Спасител, распнат на крст од незнајбошците. Тој страдал, зашто знаел во Кого поверувал. Но, Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: "Господ ги позна своите". Распнат на крстот, апостолот го повикуваше Господ од чисто срце, а Господ го укрепи, го избави од беззакониците и го зачува за Своето Небесно Царство. Бог го овенча со слава и чест. Апостолот остана како пример во словото, духот, животот, љубовта, верата и чистотата.

СВЕДОК НА ГОСПОДА На денешниот ден (22.10) Светата православна црква го прославува светиот апостол Јаков, еден од Дванаесетте апостоли, родениот брат на апостолот и еван-

57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Европски г. Горазд

MAKEDONSKO S NCE

EP - I - CENTAR ЌОР - ЗБОР ВАНЧО МУРАТОВСКИ

ЌОР - ЗБОР БОРИС КОНДАРКО

АКО НЕ ИЗЛЕЗЕТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ СЕ КАЕТЕ, А АКО ИЗЛЕЗЕТЕ, ЌЕ СЕ КАЕТЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ

АКО ВЛАДАТА И НАТАМУ Е НЕСЕРИОЗНА, ЕТЕ МЕ МЕНЕ ИДНАТА ГОДИНА НА ПРВИ АПРИЛ СО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

ЛЕЛЕЕЕЕЕ...ЛЕЦ  БОМБИЦИ

ВИЦОТЕКА

Не се плаши од длабоки мисли - нема да потонеш. Би почнал да верувам во Бога, ама ме плаши огромниот број посредници. Кога сноб влегува во магла, почнува да зборува англиски. Човекот го измислил тркалото и "тркалото на историјата". Вистинскиот џентламен кога има нож под грло, бара и вилушка.

СЛУШАМ, КАЈ ВАС ВО ВРВОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ИМАЛО МНОГУ ЗА ЧИСТЕЊЕ?

МАКЕДОН

Бивш амбасадор седи во кафуле во Тетово и го привршува второто шише виски. Влегува претседателот на една од партиите на Албанците и од врата му дофрла: - Де, бре амбасадоре, намали со пиењето. - А, зошто - се зачудил амбасадорот. - Па, заради тоа што годишно од пиење умираат околу пет илјади Македонци. - Тоа не ме секира воопшто, не се однесува на нас. ЦРТА МИРО

БРАНКА и МИРО 60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004

Подготвила: Милева ЛАЗОВА

^ORBA OD SIREWE Подготовка: Брашното се пропржува во путерот добро да се вцрви и се налева со ладна вода. Потоа се додава лажичка ким, се покрива со капак и се става на тивок оган да се вари. По извесно време се додава лукот и се доварува. Пред да се послужи лукот се отстранува. Во чинијата за супа се помешуваат ренданото сирење и млекото и тоа се налева со врелата супа. По вкус се додаваат сол, црн пипер и малку морско оревче.

Потребно: - 100 гр рендано сирење; - 50 гр путер; - 50 гр брашно; - литар вода; - ким; - сол; - црн пипер; - малку морско оревче; - чешне лук; - 1/8 л млеко.

GIBANICA SO SPANAK’ Потребно: - 10 кори; - 200 гр кравјо сирење; - 200 гр овчо сирење; - 200 гр кајмак; - 500 гр спанаќ; - 4 јајца; - сол; - млеко; - масло за јадење.

Подготовка: Спанаќот се посолува и кога ќе пушти вода се цеди. Двата вида сирење се дробат и се мешаат со кајмакот. Се посолува внимателно (во зависност од тоа колку е солено сирењето), се додаваат јајцата и сè се меша со спанаќот. Тепсијата се мачка со масло, се ставаат две кори кои се попрскуваат со масло и на нив се става фил. Постапката се повторува додека се потрошат корите. Горната кора се прска со масло и гибаницата се става во рерна да се испече.

[NICLI SO SIREWE Потребно: - 4 тенки телешки или јунешки шницли; - 2 главици кромид; - 1 филџан доматно пире; - сол; - црн пипер; - 4 тенки парчиња топено сирење; - путер или масло.

Подготовка: Шницлите се пржат во путер или во масло. Исечениот кромид се меша со доматно пире. Шницлите се редат во огноотпорен сад, се полеваат со смесата од кромид и доматно пире, а врз секоја шницла се става по едно парче сирење. Се ставаат во рерна за да се стопи сирењето.

TORTA SO KAFE Потребно: - 6 јајца; - 150 гр путер; - 200 гр мелени лешници. За фил: - филџан јако кафе; - малку рендана чоколада; - 3 јајца; - 150 гр шеќер во прав; - ванилин шеќер; - 200 гр путер.

Подготовка: За тестото се одделуваат белките од жолчките. Се мати путерот и во него се додаваат шеќерот и жолчките, една по една. Во мазната пенеста маса се додаваат снегот од 6 белки и мелените лешници. Белките се додаваат лажица по лажица и се мешаат со неа (не со миксер). Тестото се пече во подмачкан плех. За филот се вари многу јако кафе, во кое се додава малку рендана чоколада. Одделно се матат 3 жолчки и шеќер во прав, ванилин шеќер и оваа смеса се додава во кафето, а потоа се вари крем. На ладниот крем му се додава изматениот путер. Тестото се дели на три дела, се филува, целата торта се премачкува со фил и се украсува по желба.

61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 538 / 22.10.2004


538