Page 1


poMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo


BISERI

ПОТРАГА ПО МОМИ

КОМАРЦИ ИЛИ КАНЦЕР

Во некои македонски села има недостаток на кандидатки за мажење. Во селото Јабланица, оддалечено триесеттина километри од Струга, во непосредна близина на границата со Албанија, повеќе од 150 ергени чекаат да им се насмевне среќата и некоја мома да прифати да им стане невеста. Велат дека не сакаат да се мажат ниту момите од селото, а камоли да дојде некоја од градот. Ергените се плашат, пред сè, од економската несигурност за да формираат семејство и сè повеќе размислуваат да заминат во странство, особено во Италија. Селаните велат дека во Јабланица се живеело и ќе се живее со вербата дека утре ќе биде подобро. Кон крајот на декември ги очекуваат печалбарите, кои ќе останат до февруари. Традиционално и весело ќе се чекаат Нова година, Божик и Василица, ќе оживеат многуте празни стари огништа, како и новоизградените современи живеалишта на гурбетчиите. Тогаш веселите јабланичани ќе поразговараат за сè што ги мачи, очекувајќи дека ќе се најде некоја млада невеста која ќе се загледа во јабланичките ергени. Можеби во зимата, во Јабланица ќе засвират свадбарските тапани и зурли, а младите набрзо ќе се кердосаат.

ОСВЕСТЕТЕ ГИ МАЖИТЕ! Не чекајте мажите сами да се освестат, туку освестете ги! Не чекајте доброволно да ви го отстапат просторот, туку со своето знаење и упорност освојте го - порача претседателот Бранко Црвенковски на десетгодишнината од формирањето на Сојузот на организациите на жените на Македонија. Според него, сè уште има огромна разлика меѓу реалноста и она што е правно нормирано во однос на рамноправноста на жените. "Со воведувањето на полови квоти во изборната регулатива денес има многу повеќе жени во власта и во политиката. Тврдам дека тоа го зголеми квалитетот на функционирање на институциите. Но, и покрај тоа, сè уште може да се слушнат тези: 'жените не гласаат за жени', 'селаните не гласаат за жени' или 'жените немаат храброст'. Тоа мора да се надмине. Ја имате мојата целосна поддршка и, верувајте, не се сите мажи исти" рече Црвенковски. На ваквите зборови јавноста не можеше, а да не им поверува.

Отровот за убивање на комарците е канцероген, велат истражувањата. "Перметринот влијае врз имунолошкиот систем и го зголемува црниот дроб кај луѓето. Во високи концентрации, негативно влијае врз плодноста на жените, предизвикува ендокрини нарушувања и им штети на лицата со астма и поленски алергии. Што е најлошо, перметринот создава услови за појава на рак на дојка. Труењата со перметрин се проследени со мачнина, повраќање, пролив, главоболка, малаксаност, вртоглавица. Експертите никој не ги консултирал со години, за прскањето одлучуваат некомпетентни луѓе во градот, а тоа го прават стихијно и нестручно. Затоа, секоја година комарците победуваат" - вели д-р Кавраковски. Според некои научни анализи, прскањето од воздух со адултициди третира само околу 10 проценти од територијата во урбана средина. Експертите се единствени дека примената на адултицидите е најнеефикасниот метод и истовремено најопасниот начин во превенцијата против комарците, поради потенцијалната опасност по здравјето на луѓето и на животните. Според овие тврдења, аеросолното запрашување од воздух со адултициди треба да се избегнува. Со други зборови, подобро да ве касне комарец, отколку не дај Боже канцер!

ШТО БЕШЕ ТОА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ? Според новиот Закон за јавно обвинителство, за организиран криминал не е потребен еден, ниту двајца, туку тројца! Во новиот Закон донесен пред годишните одмори, во членот 30 е дадена законска дефиниција на тоа што се подразбира под организиран криминал. Според овој Закон, како организиран криминал се сметаат кривичните дела за кои гонењето се презема по службена должност и се извршени од организирана група од најмалку три лица, која дејствува одреден период, со цел да оствари непосредна или посредна финансиска корист или друг вид материјална корист и ќе изврши едно или повеќе кривични дела. Како кривични дела од областа на корупцијата се подразбираат кривичните дела сторени со злоупотреба на својата должност или туѓата функција, со цел стекнување корист, или погодност за себе или за друг. Всушност, организиран криминал не можеме да спроведуваме сам по сам, туку мораме да се организираме тројца по тројца.

6 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


МАКЕДОНСКАТА САГА

P

епублика Македонија го прослави денот кога борците од Првиот прилепски партизански одред, пред 63 години во Прилеп извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, затворот и врз телефонско-телеграфската мрежа. Со тој чин беше обележан почетокот на македонскиот непокор. Македонија неколку децении потоа... "Храброста покажана за време на Втората светска војна е рефлектирана и кај македонските војници кои во Ирак се борат рамо до рамо со војниците на САД и на антитерористичката коалиција"рече американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд, кој на Денот на востанието на македонскиот народ допатува во државава за да одликува македонски војници од мисијата во Ирак, кои се истакнале со својата храброст. Македонците се познати и признати по храброста. Иако низ историјата се обидувале да нè уништат, да ни го украдат културното наследство и идентитет и да ни наметнат некаков македонски синдром на самоуништување, сепак сме успеале да опстоиме. И покрај тоа што со милениуми сме јаболко на раздорот, сепак македонската цивилизација е како камелеон кој е неуништлив. Опстануваме и денес иако сме соочени со безброј проблеми и сиромаштија, но и со нови предизвици за нашето опстојување и постоење. Еден американски милионер, во една прилика рекол: "Умот е како падобран. Најдобро работи кога е отворен". Кога сопствениот ум ќе биде отворен за шансите (особено кога државните интереси се во прашање), објективно ќе можат да се анализираат информациите и ќе можат да се одбијат личните желби и предрасуди да влијаат врз моќта за расудување, и тогаш ќе можат да се сфатат големите вистини кои другите ги превидуваат. Затворениот ум, пак, ќе влијае на тоа да се пропуштат некои од најголемите можности, приоритетни за државата и за целата нација. Во сегашниов момент, вистинската слика за Република Македонија е дека во неа има околу 400.000 невработени лица, голем број стечајци, уште поголем број сиромашни и гладни граѓани кои се на работ на егзистенцијата. Од месец во месец економијата паѓа во сè подлабока рецесија. Личи на тешкоболен кој не може да се излекува од депресија со суицидни нагони. Наместо колапсот да го избегнеме со придвижувања и заживувања во стопанството ние едноставно поради ригидната бирократска машинерија, нефункционалното судство итн., индиректно ги избегнуваме директните странски инвестиции. Наместо да бараме алтернативни решенија за просперитет ние само очекуваме некој со волшебно стапче преку ноќ да ни ги реши проблемите. Како до годишен економски пораст од 4 до 4,5 отсто, при ниска инфлација и стабилен курс на денарот? Како до економски бум и навала од странски инвестиции? Можно ли е тоа да се реализира со едно ноншалантно замавнување на стапчето, со кое би се решиле сите проблеми и Македонија да стане најпрекрасното место за живеење каде што секој со задоволство би сакал да инвестира. Но, за жал, волшебства има само во бајките, а ние ја живееме реалноста на една држава, која има сериозни економски проблеми. Како ли само очекуваме Европа да нè сака вакви какви што сме. Дури ни најдобрите одговори на Прашалникот од ЕУ и најоптимистичкиот датум за нашиот прием во европското семејство нема туку така да ни ги реши маките. Најлошата грешка што во овој момент власта би можела да ја направи е да се убедува себеси и другите да ја прифатат лажната вистина. Лажната вистина дека падот на индустриското производство не е реален и дека територијалната поделба на државата е најоригиналното решение за Македонија! На неискусен човек дијамантот му изгледа како обичен камен. Но, искусниот геолог знае дека под првиот слој се наоѓа драгоцен камен. Истото важи и за Република Македонија, која има свои приоритети и квалитети, но сè е залудно бидејќи нема кој тоа успешно да го искористи и да го вреднува. А дека треба да се биде оптимист, доказ е и успехот на македонската фудбалска репрезентација, која приреди големо изненадување во 1. квалификациона група за СП 2006, против Холандија, играјќи нерешено 2-2 во Скопје. Убаво е да имаме што повеќе вакви изненадувања. Од основачот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски

7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


MAKEDONSKO SONCE СОТИР МИТРЕВ, хуманист

НОСТ ВО Т

8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


`

АТКОВИНАТА Австралискиот Македонец Сотир Митрев е роден пред седум децении во леринското село Росен, во Егејскиот дел на Македонија. Печалбарско-иселеничкиот век го векува во три држави на два континента. Со семејството се задомува во викториската престолнина Мелбурн, каде што има намера да остане и во иднина. Митрев е донатор и хуманист. Претседател е на Австралиско-македонската хуманитарна организација, преку која во татковината испраќа помош во храна и облека. Учесник е во организирањето на македонската заедница на петтиот континент и е нејзин активист. Во изминативе години повеќе пати престојува во Република Македонија. И годинава дојде во татковината.

Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА

Господине Митрев, иако долги години живеете во Австралија, сепак во Вашето срце постојано е Македонија. Правите несебични обиди на секаков начин да му помогнете на македонскиот народ. Тоа бара време, средства, труд но, пред сè, љубов. Што е тоа што секогаш Ве враќа на овој дел од Балканот? Во што се состои Вашата помош? МИТРЕВ: Да, во моето срце постојано е Македонија. Во мојот роден крај, во мојата Македонија секогаш ме враќале и ќе ме враќаат носталгијата, роднините, пријателите и моите драги луѓе. И сè додека можам лесно да ги минувам овие дваесеттина илјади километри, со многу љубов и со огромно задоволство ќе доаѓам во Република Македонија. Но, во прашање не е само посетата на родната грутка. Неопходно е и мора да му се помага на својот народ, на татковината, особено сега во време кога тие минуваат низ многубројни премрежија, турбуленции и се соочуваат со проблеми од различен вид - политички, економски, безбедносен, социјален, културен... Како претседател на Австралиско-македонската хуманитарна ор-

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


M

еа инервју

ганизација, најстара од овој вид на австралискиот континент, а секако и благодарение на поддршката од нашите тамошни браќа и сестри Македонци, еве веќе неколку години правам огромни напори и континуирано испраќам илјадници килограми помош во храна и во облека. Ќе настојувам тоа да го правам и во иднина.

СОТИР МИТРЕВ, хуманист

требна. Прво до црковните народни кујни, а потоа и на други места. Исклучително сум задоволен од соработката со хуманитарната црковна организација "Милосрдие", и ќе сторам сè што е во моја моќ овој хуманитарен мост да трае долго, на заедничко задоволство. Зашто никогаш не треба да ги заборавиме нашите луѓе во неволја и сиромаштијата со која тие се соочуваат во татковината.

Но, не е само тоа, нели? МИТРЕВ: Освен тоа, со задоволство подарив и 5.000 долари како помош за доизградба на Лешочкиот манастир, а донирав и 1.000 долари за црквата "Св. Злата Мегленска". Бидејќи во нашава држава се изменети и поместени вредностите, односно корупцијата и криминалот царуваат во сите сфери на општествено-политичкиот живот, дали се соочувате со проблеми во однос на доставувањето на Вашата помош? Имате ли сознанија дали таа доаѓа на вистинската адреса? МИТРЕВ: Оваа помош секогаш доаѓа на вистинско место, до вистинските адреси, до луѓето на кои им е најпо-

Честите посети на Македонија секогаш ги користите за да се сретнете со значајни личности во државата и со нив да поразговарате за проблемите со кои се соочува македонската земја. Овогодинашната посета на Македонија ја искористивте и за да го посетите вечниот дом на трагично починатиот претседател Борис Трајковски. Потсетете нè на Вашите впечатоци, импресии од средбите со него. МИТРЕВ: Среќен сум и исклучително благодарен што овде, во Македонија ми укажуваат многу внимание и гостољубивост, со отворено срце ме дочекуваат не само луѓето со кои соработувам, туку на таков прием наидувам речиси секаде каде што сум бил. При тоа, секогаш имам корисни средби и разговори. Навистина беше значајна средбата со министерката Илинка Митрева, со

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


првиот претседател на РМ, господинот Киро Глигоров, со високите црковни достоинственици. Со голема тага во душата и со солзи кои не можев да ги задржам, го посетив вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Од име на Австралискомакедонската хуманитарна организација положив свежо цвеќе на гробот на шефот на државата и мојот личен пријател Трајковски. Средбите со него се преполни со неизбришливи впечатоци. Кога тој дојде во Австралија, јас со достојна почит го пречекав и го поздравив како човек и како државник. За жал, тој прерано и трагично го загуби животот, што ќе биде траен непребол. На негова покана јас два пати присуствував и на Форумот на иселениците, исклучително корисна средба од која имам незаборавни спомени. Потекнувате од Егејскиот дел на Македонија. Веќе неколку пати се обидовте да го посетите родното огниште, но за жал, тоа Ви беше оневозможено од страна на грчките власти. Имате ли сознание зошто тие вака се однесуваат кон вас?

МИТРЕВ: Долга и тажна засекогаш ќе биде голготата која ја претрпеа Македонците родени во Егејска Македонија. И јас бев еден од нив. Само навистина е несфатливо, како е можно и по повеќе од половина век од протерувањето, од егзодусот, за многумина сè уште да биде спуштена граничната рампа за влез во Грција. Земјата која со полна уста зборува за демократија, не е демократска. Дури и сега, во година кога се одржуваа Олимписките игри, ете конкретно мене, по четврти пат, ме вратија назад од Меџитлија. Со писмо протестирав до амбасадите на Грција и на Австралија, при што го опишав целиот случај. Но, сепак молкот остана. Несфатливо е на возраст од седумдесетина години и во 2004 година, да ме вратат од граница, без никакво образложение. Апсурдно е тоа што Владата во Атина уште прави вакви антидемократски, дури и антицивилизациски потези. Неодамна од печат излезе монографијата "Од Росен до Мелбурн", која му е посветена токму на Вашиот животен пат.

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју СОТИР МИТРЕВ, хуманист МИТРЕВ: Проблеми кои се вековни. Несфатливи. Апсурдни. Наместо да соработуваме, да се зближуваме како соседи, наместо да си подаваме раце и да си помагаме, ние тука, на овој простор, сè правиме наопаку. Ние треба да ја градиме Македонија, но заеднички, бидејќи тоа е наша заедничка татковина. Во неа живеат Македонци, Срби, Роми, Албанци, и сите тие се одговорни за нејзината судбина и иднина. А тука некој бара држава во држава. Ако сакаат држава, ете им ја Албанија, ете им ја Србија, ете им ја Грција. Да си одат таму и таму да си бараат држава. На Јован, на Зоран Вранишковски, кој е посебна приказна, треба да му се одземе државјанството и да го испратат во Србија. Оваа држава е таква каква што е. Јас го поддржувам претседателот Бранко Црвенковски за соработката со поглаварот на МПЦ г.г.Стефан, и сметам дека не треба да му дозволи на Вранишковски да гради манастири по Битолско. Иако мислам дека правдата и вистината ни се бавни, сепак тие се достижни кога станува збор за односите на Македонија со нејзините соседи. Нека не забораваат дека нашата Македонија е библиска земја. По срамниот Рамковен договор, усвојувањето на Законот за територијална организација претставува уште една капитулација на македонската држава. Како Македонец кој живее надвор од својата земја, што значи ова за Вас, и како воопшто Македонците во Австралија гледаат на ваквата поделба на државата? МИТРЕВ: Македонците од Австралија се против овој Закон. Рамковниот договор не е добар за Република Македонија, исто како што не чини ниту Законот кој ќе ја дели државата. Ние сме држава и не може кому и да му текне во неа да почне и да ја дели. Треба сите заеднички да ја зачуваме. Само така државата ќе оди напред и ќе создава визија и за сегашниве, како и за генерациите кои доаѓаат. Секој кој живее во Македонија и ја сака својата земја, без разлика на кој етникум му припаѓа, тој мора и да ја чува и да ја штити татковината. Сметате ли дека овој Закон навистина ќе нè однесе кон евроатлантските структури, како што се обидуваат во тоа да нè убедат претставниците на македонската владејачка структура, или со новава поделба, ќе се случи кантонизација и федерализација на државата?

МИТРЕВ: Монографијата насловена како "Од Росен до Мелбурн", напишана од новинарот и публицистот Фиданка Танаскова, му е посветена на мојот животек, на моите печалбарско-иселенички врвици во Белгија и во Австралија. Тоа е слика за моето тешко и жално детство, како сирак без мајчина љубов, за младоста неодмладувана. Сè на сè, мислам дека тоа е интересна сага, на еден живот, на едно време. Во текот на долгогодишната историја, нашата држава постојано се соочувала со проблеми од страна на соседите, кои имале територијални аспирации кон неа. Од осамостојувањето до денес, нашиот јужен сосед ни го негира уставното име, Српската црква не ја признава Македонската православна црква, а албанското малцинство во Македонија постојано бара некакви права. Имате ли визија како да им се спротивставиме? 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


МИТРЕВ: Никогаш во Македонија нема да има мир ако работите се тераат по онаа народната - кој во клин, кој во плоча. Како може во оваа наша унитарна држава, кога ќе одиш во Тетово, пред очи да ти се вее албанско знаме. Одиш некаде натаму, ќе најдеш српско знаме. Од другата страна, пак, ќе најдеш грчко. Каде се Македонците? Само во Скопје ли ги има? Па, и Скопје ли ќе го делат! Мора да се има многу ум, разум и визија за сите потези. Каков е животот на нашите сонародници на австралискиот континент. Како се организирани тамошните Македонци и на кој начин ги негуваат својата роднокрајна култура и традициите? Колку тие се единствени? МИТРЕВ: Во изминатиов век, откако Македонците почнаа сè побројно да се доселуваат во Австралија, тие постојано формираа различни асоцијации, здруженија, цркви, друштва, организации, училишта на мајчин македонски јазик, и што уште не. Таму е сè побројна нашата интелектуална елита. Младите генерации навлегуваат речиси во сите пори од животот на својата втора татковина, се вработуваат, напредуваат. А тоа не е случај во Македонија, каде што тие се препуштени сами на себе, оставени без никаква перспектива и тоа е причината поради која и ја напуштаат татковината. Во Австралија имаме универзитетски професори со кои се гордееме како, на пример, д-р Миле Терзиовски, д-р Лиле Стојановска од Мелбурн итн. Да потсетам, првата црква надвор од границите на РМ е изградена во Мелбурн. "Св. Ѓорѓи" ги постави темелите на духовното организирање на нашите луѓе. Јас повеќе години бев во управата, а бев и донатор на "Св. Ѓорѓи", со што и се гордеам. Сè на сè, Македонците во Австралија стануваат значаен дел од богатата мултиетничка и мултикултурна стварност, со име, имиџ и углед во далечната земја, тие се за голема почит и респект, а преку единството го гледаат и својот опстанок било каде и да се наоѓаат. Значи, може и има што да се зборува за тоа како таму, во далечина, се негуваат и се афирмираат националните достоинства. Македонската сага останува вечно отворена книга.

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНСКИ БИ

СВЕТСКА БАН

Според Државниот завод за статистика, бележиме вкупен пад на бруто домашниот производ. Економски слабости со далекусежни негативни последици на макроекономски план. Претприемачите во земјава можат да очекуваат да поминат низ 13 фази, заради почнување стопанска дејност.

фикација на земјите за аналитички потреби и заради определување на нивната способност за задолжување (земање кредити и други видови позајмувања). Според последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, годинава Република Македонија ќе забележи вкупен пад на

чи 2001 година, кога падот беше последица на вонредната состојба"- јавно укажа професорот Трајко Славески.

КОМПЛИЦИРАНИ ПОСТАПКИ Според економистите, неопходно е да имаме законски проекти, кои ќе овозможат

Пишува: Рената МАТЕСКА

С

поред Извештајот презентиран на http:// rru.worldbank.org/ Doing Businessеs/ ExploreEconomies, преку анализата на посебните македонски правни мерки и политика, со кои се поттикнуваат или се забавуваат инвестициите, продуктивноста и економскиот растеж, може слободно да се констатира дека бизнис климата во Р Македонија воопшто не презентира розова слика за државава. Главни индикатори за Светска банка се проценките и мерењата на олеснувањата или тешкотиите при извршувањето стопанска активност: почнување со стопанска дејност, регистрација на имот, реализација по судски пат на договори и затворање судска дејност, добивање кредит, заштита на инвеститорите (вложувачите) и вработување и отпуштање работници. Бруто националниот доход (БНД) ја мери вкупната додадена вредност од домашни или странски извори, пријавени од страна на жителите во земјава. БНД го

ВО СЛЕДНИТЕ 3 ГОДИНИ СВЕТСКА БАНКА ПРЕДВИДУВА НА МАКЕДОНИЈА ДА Й ДОДЕЛИ 165,90 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

опфаќа бруто домашниот производ - БДП, зголемен за нето примањата од примарниот приход (компензација на вработените и приход од имот) од нерезидентни извори. Светска банка го користи БНД по жител, изразен во САД долари, заради класи-

бруто домашниот производ. "Кога БДП бележи пад во првите два квартала од годината, треба и официјално да се прогласи дека економијата е во рецесија. Вакво намалување на БДП не е забележано од 1995 година. Како исклучителна може да се посо-

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

инвестиции во Македонија, странски партнери и создавање стопански мостови за излез во Европа. Во анализите на Светска банка, предизвиците да се почне стопанска дејност во Р Македонија се дадени преку четири критериуми: број на


ЗНИС УСЛОВИ

КА НÈ "ЧЕШЛА" постапки потребни за почнување стопанска дејност, време и трошоци за нејзино почнување и минимален потребен капитал. Македонските претприемачи треба да очекуваат дека ќе мора да поминат низ 13 фази заради почнувањето со стопанска дејност. За ова, во просек, им се потребни 48 дена и тоа ќе ги чини 11,6 отсто од бруто домашниот доход по жител. Тие треба да депонираат најмалку 89,5 отсто од БНД по жител во банка за да добијат број за регистрација на дејноста, споредено со 51,8 отсто од БНД за регионот и 44,1 отсто од БНД по жител на земјите од ОЕЦД. Имајќи ги предвид ваквите податоци, јасно е зошто нè одминуваат директните странски инвестиции, како и домашните. Исто така, сериозни се и критиките за лошото спроведување на структурните реформи, а освен тоа и Владата не го исполни своето ветување дека годинава во Македонија ќе бидат реализирани 200 милиони долари повеќе странски инвестиции во однос на лани.

ЗАШТИТА НА ИНВЕСТИТОРИ Преку објавувањето податоци за сопственоста, како и финансиски информации, направена е проценка на степенот на заштита на инвеститорите. Индексот на објавување податоци опфаќа седум начини на подобрување на објавувањето на податоците, при што тој варира меѓу 0 и 7, односно повисоките износи значат објавување на повеќе информации. Со оваа проценка Македонија е оценета со 4.

треба доверителот да повратува од несоодветното претпријатие. Стапката на поврат во РМ изнесува 7,9, во регионот е 30,5, а во земјите на ОЕЦД е 72,1. Во анализата за Република Македонија, исто така, се наведени и проблемите со кои се соочуваат работодавачите во државава при вработувањето и отпуштањето работници. Со индикаторите се мери колку е тешко да се вработи нов работник, колку се ригидни прописите во однос на работното време и колку е проблематично отпуштањето на вишокот вработени. Вкупниот индекс на ригидност при вработување претставува просек од неколку индикатори. За Р Македонија овој индекс изнесува 38, за разлика од регионалниот просек кој изнесува 41,8 и просекот на земјите членки на ОЕЦД од 34,4. "АКТИВНОСТИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕМЕНИ СО ОВИЕ ЗАЕМИ, СЕ ОЧЕКУВА ДА ИМААТ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОНОМСКАТА И НА СОЦИЈАЛНАТА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА И ДА ГИ ПОДДРЖАТ НЕЈЗИНИТЕ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА"  ИЗЈАВИ ПРЕТСТАВНИКОТ НА СВЕТСКА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, САНДРА БЛУМЕНКАМП, ПО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ТРИТЕ ЗАЕМИ ОД СБ, ВО ВИСИНА ОД 49,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.

Во врска со оценката на леснотијата или тешкотиите со кои се извршува комерцијален договор (по судски пат, низ правосуден систем), во Република Македонија трошоците за реализација на договорот по судски пат во просек изнесуваат 32,8 отсто од долгот, во регионот тие се 17,7 отсто, додека во земјите на ОЕЦД се 10,8 отсто. Со други зборови, комерцијалните договори во државава се губат низ ком-

плицираните лавиринти на нашиот судски систем. Во анализата на worldbank.org/Doing Businessеs/ ExploreEconomies за Република Македонија, дадени се и времето и трошоците кои се потребни за завршување на постапката за банкрот во државава. Преку стапката на поврат се мери ефикасноста на постапката за затворање или банкрот на фирмата, изразена во смисла на тоа колку центи од доларот ќе

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

РИГИДНИ ПРОПИСИ Интересни се и податоците за баналностите кои се појавуваат при регистрирањето имот и добивањето кредит во државава. Едноставноста со која стопанскиот субјект може да го обезбеди правото на сопственост се мери според следниве индикатори: број на постапки потребни за пренос на титуларот на сопственост од продавачот на купувачот, времето и трошоците како процент од вредноста на имотот. Во Република Македонија се потребни 74 дена за регистрирање на сопственоста на имотот, додека во земјите - членки на ОЕЦД се потребни 34 дена. Исто така, извршена е проценка на расположливоста со информации за одоб-


ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНСКИ БИЗНИС УСЛОВИ

рените кредити и за законските права на заемодавачите и на заемопримачите во РМ. Според индикаторите, државава има ранг од 6, во споредба со регионалниот просек од 5,4 и просекот на ОЕЦД од 6,3. Со индексот на информации за кредитите се врши проценка на подрачјето на покривање, достапност и квалитет на информациите за кредитите кои се достапни преку јавните регистри или преку приватните бироа. Индексот е во опсег од 0 до 6, при што поголемите вредности покажуваат дека има повеќе информации за кредитите кои се на располагање преку јавен регистер или приватно биро. Република Македонија е рангирана со 2.

СТРАТЕГИЈА Во првата Стратегија за помош на Република Македонија (СПЗ), само на ИБРД (Меѓународна банка за обнова и развој) за Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), како што од Светска банка официјално нè именуваат, се опфаќа периодот на фискалната година 2004-2006 (ФГ04-06), кој доаѓа по Преодната стра-

тегија за поддршка (ПСП), што се дискутираше во Бордот на 13 септември 2001 година. ПСП скицираше Програма за помош на Банката како поддршка на пост-конфликтните приоритети во земјава по нејзиното излегување од внатрешниот конфликт во 2001 година. ПСП програмата се однесуваше на ФГ02, но се прошири со цел да ја покрие и ФГ03, кога макроекономските резултати и напредокот во структурните реформи се влошуваа во периодот до изборите во септември 2002 година. Оваа Стратегија претставува Програма на ИБРД за под-

дршка во периодот ФГ04-06, која има за цел надградба на забележително подобрениот макроекономски менаџмент и напредокот во структурните реформи по изборите. Стратегијата содржи високоселективна инвестициона програма и заеми за прилагодување до 165 милиони американски долари, дополнета со значителен обем на дијагностичка и фискална работа. Програмата на ИБРД ќе се концентрира врз промовирање на ефективно управување со јавните ресурси, справување со корупцијата, создавање услови за раст предводен од приват-

ВО МАЈ 2004 ГОДИНА, БОРДОТ ДИРЕКТОРИ НА СВЕТСКА БАНКА РЕШИ ДА ГИ ПОДДРЖИ РЕФОРМИТЕ ВО МАКЕ ДОНИЈА ВО ТРИ ОБЛАСТИ: ЗДРАВСТВО, СОЦИЈАЛА И ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА, СО НОВ КРЕДИТ ОД 49,5 МИ ЛИОНИ ДОЛАРИ. НАЈМНОГУ ОД ОВИЕ ПАРИ, 30 МИЛИОНИ СЕ ЗА РЕФОРМИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, 10 МИЛИОНИ СЕ ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ НА ЗДРАВС ТВЕНИОТ СЕКТОР И 9,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СЕ ЗА ПО ДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПО МОШ И НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ. ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПОМОШ НА МАКЕДОНИЈА, СВЕТСКА БАНКА ПРЕДВИДУВА ВО СЛЕДНИВЕ ТРИ ГОДИНИ НА ЗЕМЈАВА ДА Й ДОДЕЛИ 165,90 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТЕМПОТО НА РЕФОРМИТЕ.

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537/ 15.10.2004

ниот сектор и обезбедување ефективни заштитни мрежи за најранливите Македонци. Банката, за жал, не може да ги ублажи сите ризици поврзани со успехот на програмата на Стратегијата. Заканата од можна обнова на политичките немири и етничкото насилство, иако мала и во континуирано намалување, сепак ќе остане, особено ако се имаат предвид тешкотиите со кои може да се соочи државата при остварувањето на Охридскиот договор и несигурноста во однос на иднината на соседно Косово. Тешките чекори во економската реформа кои претстојат, можат исто така да создадат социјални стресови, кои би можеле да се претворат во намалување на политичката посветеност на Владата. Селективната и тесно координираната природа на интервенциите на Банката во текот на периодот опфатен со Стратегијата, исто така, подразбира и потпирање врз ефективната работа на развојните партнери, паралелно со проектите на Банката, но и во другите клучни сектори во кои Светска банка не е вклучена.


ОГЛЕДАЛО

Тачко ЛОКВЕНЕЦ

E

ÓÀÑÄÔ

ПАТРИОТИ ОД ПЛАСТИКА

ден пријател ми вели: "...Времето на референдумот доаѓа!" Па, што, му одговорам. Тоа значи дека конечно демократијата нема да ја заобиколи - Македонија. А, тоа е, најважно. Кога ќе се сретнам со зборот референдум, веднаш се "селам" во Швајцарија, за која им ам второ име - "земјата на референдумите". Зошто е тоа така, само Швајцарците си знаат. Овде кај нас референдумите (ги имаме многу малку), ги прифаќаме со страв, а ние си знаеме зошто е тоа така. Не се сеќавам кога Англија распишала референдум!? Велат не й треба... Референдум распишуваат тие (политичари) кои не се - сигурни. Во референдумот е вистината, ако сакате да знаете, а ако не сакате, закопајте го што подлабоко во земјата, им порачуваше Улоф Палме на Швеѓаните. На Македонците допрва им претстојат референдуми, барем мене така ми се чини. Овој референдум, кој сега ни се подготвува, е најдобриот "доток на свежа демократија". Никој нека не се обидува предвреме да ги прогнозира резултатите, оти со тоа ќе ја наруши смислата на референдумот и на народот ќе му стави "рогови". И што да се случи, Македонија ќе победи. Видовте како

заврши последниот референдум во Швајцарија? Нема државјанство за – НЕШВАЈЦАРЦИТЕ. Никому ништо, а веднаш по резултатите од референдумот тргнаа лавините критика на определбата на Швајцарците. Знаете ли зошто? За нов референдум, кога ќе созреат условите, Швајцарците да мислат поинаку и да донесат друга одлука од онаа која ја донесоа. Македонската политика, без разлика кој ја креира, мора еднаш да разбере, дека историски одлуки не се носат со "шушмуш", како некогаш во врвовите на ЦК, ами со многу смисла за "одговорна јавност". Има луѓе секаде, па и кај нас, кои математички точно можат да одредат што е тоа што може да му се натовари на народот да носи и да молчи и да плати, а што е тоа што не може. Во овој момент во македонската политика, има многу "партиски политички примеси" и тоа државата ја прави - немирна. Интересите на Македонија се едни за сите во неа, и други интереси нема. Тие интереси се ова парче македонска земја, толку колку што е, да остане цело. Сè друго е - неинтерес. Партиципацијата на надворешните, меѓународната политика, во "македонцките работи" не е лоша - работа. Тоа значи не сме - сами. Меѓутоа, прашање е како ги примаме пораките? 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Се сеќавам, Полјаците ги прашаа: Го сакате ли Гомулка? Не, фала, одговорија тие! А, знаете ли кој беше Гомулка? Болшевик кој пеш одеше на работа, жена му беспрекорна домаќинка без работа, двете ќерки без никакви привилегии... Добро, што сакате вие Полјаците? Сакаме сè, само не "политичар од мермер". И - толку... Полјаците победија. Гомулка си отиде! Исходот на нашиот референдум воопшто не ме интересира. Со ова не ги разочарувам навивачите на двата табора. Ме интересира единствено поуката од исходот. Во мојот народ верувам, оти на друг не му припаѓам. И тој народ на најубав начин ќе покаже што мисли сега. Утре може поинаку да биде, но тоа ќе биде - утре. Да излезам малку од контекстот на темата: Ме бендиса и ме охрабри присуството на Али Ахмети на октомвриското празнување, но уште повеќе ќе бидам ќевлија ако тоа се повтори на друг празник (државен, се разбира), со присуство на лидер(и) од македонските партии. Одбраната на македонската државност што, за жал, поединци и групи ни ја загрозуваат, содржи многу димензии. За да не ги оштетиме, треба да ги - искажеме... Доста штета претрпуваме од плас тичните патриоти, кои само со викање, ѓоа ја бранеа Македонија низ историјата.


ПОЛИТИКА

ФИНАНСИРАЊЕТО ИЛИ 'ЛАПАЊЕТО'

МАКЕДОНИЈ 'СЕКСИ' КРИ "Ние како невладина организација, регистрирани како фондација, даваме услуги, но не даваме парични средства, бидејќи сме таков вид институција. Ние бараме пари, средства за спроведување на нашите програми," вели Жане Трајкоска, извршен директор на МИМ.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Н

еодамна, Македонскиот центар за меѓународна соработка ја претстави својата најнова информативна публикација "Проекти на граѓанските организации во Македонија", во која се сместени податоците за 685 проекти, кои биле спроведени во 2002/ 2003 година. Притоа, станува збор за проекти кои имаат буџет поголем од 150.000 денари. Тоа значи дека за овој период, низ рацете на невладините организации во државава минале приближно 13 милиони евра. 'Цифра' од која боли глава, бидејќи ефектот од нивното менаџирање во македонското општество е минимален или воопшто не се чувствува. Затоа се намет-

нуваат низа сериозни прашања, на што се потрошени парите, кој ги зел финансиите, колку од нив одат за плати на лицата кои се од граѓанскиот сектор, кој ги носи или ги донира, односно под кои услови тие се влезени во Република Македонија? За жал, одговорите ни се 'штури', бидејќи во овој дел се кријат многу тајни, иако некои од нив ги откривме во публикацијата на МЦМС. Што размислуваат за ова под-

готвувачите на изданието, или дел од инволвираните лица во невладиниот сектор? Тие велат дека нивната работа може да се мери, а парите за проекти не се добиваат така лесно, бидејќи финансиите се насочени за одредени јасни проекти. Но, сепак сè уште сме со 'прстот в уста', бидејќи парите кои минаа низ нивните раце, 13.000.000 евра, навистина се и тоа како значителни, дури се и преголем залак за државните органи. За овие пари тие мораат да коленичат пред светските финансиски институции, а при тоа се плаќаат и пенали за неспроведувањето на зацртаните програми. Дали во Македонија невладиниот сектор станува успешна "ТАТ" организација или тактика која вродува плод?

КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ? "Собирањето на податоците е направено во периодот кога се земаа и информации за Адресарот на граѓанските организации во Македонија. Ние сме многу задоволни од тоа што организациите решија со нас да ги споделат овие информации за јавноста. Зошто? Затоа што јавноста сè уште нема увид во она што всушност работи граѓанскиот сектор. Тоа не се должи само на интересот или на неинтересот на медиумите за проектите на граѓанските орга-

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

ГОНЦЕ ЈАКОВЛЕСКА, СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ВО МЦМС

низации, туку во голема мера се должи на нашата способност да направиме резултатите да се видливи", вели Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста во Македонскиот центар за меѓународна соработка. "Во врска со прашањето дали сме ги постигнале целите, односно дали ги меревме ефектите од собраните податоците, можам да кажам дека тоа не го сторивме - објаснува Јаковлеска бидејќи сакавме да направиме само еден вид попис на она што всушност го прави граѓанскиот сектор. Значи, кому му е наменето тоа, што се прави со проектите, колку чинат, колку луѓе биле вклучени во спроведувањето на проектите итн. Ние не го меревме ефектот како тоа се одразува врз целната група, или колку луѓето биле задоволни од тоа, односно каква услуга понудиле граѓанските организации".


ПАРИ ВО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

` ВЕКЕ

А НЕ Е ЗЕН РЕГИОН година, во новото издание многу повеќе како целна група се третираат селаните. Исто така, многу повеќе се среќаваат групите наменети за претприемништвото. Можам да кажам дека имаме значаен скок и во делот за информации или лобирање и застапување. Имено, кога би ги споредиле податоците со оние од претходната публикација од 2000/2001 година, односно ако во тој период работата врз обезбедувањето на информациите е забележлива во 9 отсто,

Јаковлеска истакнува дека Публикацијата може да се разгледува на повеќе начини. На пример, прво - кому му се наменети проектите или која е целната група што ќе ги почувствува бенефициите од проектот. Второ, која е методологијата што се користи за да се остварат резултатите или целите кои се поставени. "Во првиот случај, целните групи се различни, но ако проектите им се наменети за стандардни групи, како што се, жени, деца, студенти, младина и лица со посебни способности (потреби) - објаснува Јаковлеска - за разлика од публикацијата која ја издадовме пред две години, каде што се опфатени бројките од периодот од 2000/2001

та е приближно на истото ниво". Претставникот на МЦМС вели дека немале проблем во собирањето податоци за да ги објават во изданието. Но, кога побарале помош од судот, каде што се регистрирани сите невладини организации во Македонија, дошле до фрапантна бројка од повеќе од 5.000 вакви субјекти во нашето општество. Или поточно, таа бројка се движи околу 5.300. "Во нашиот Адресар има презентирано нешто повеќе

ЖАНЕ ТРАЈКОСКА, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МИМ

сега тука имаме пораст на 35 проценти. Ако лобирањето било 4 отсто, сега имаме 32 отсто. Ова укажува - потенцира Јаковлеска - на стагнирање на грантовите, на чистото финансирање на активностите на граѓанските организации, кое оди на сметка на дистрибуцијата на повеќе информации и работењето во делот на застапување и лобирање. Но, обука-

кација, ние немавме проблеми со собирањето податоци. Дури имаше и заинтересирани организации кои сами ни ги нудеа информациите за своите проекти или за активностите", вели Јаковлеска. Според неа, ова зборува за еден процес на отворање на граѓанскиот сектор, кој за разлика од претходните години бил незабележителен. "На пример, во шестото издание од нашиот Адресар, кој го објавивме во 2001 година, се потенцира дека 39

"Донаторите во однос на помагањето на медиумите на Балканот го напуштаат овој регион. На тој начин и Македонија повеќе не е 'секси', бидејќи веќе во светот има многу поинтересни места и региони. Сите одат во Ирак, во Иран, во Палестина, во Судан, во Африка итн. Ние веќе не сме интересни, бидејќи сепак се стабилизиравме и генерално земјите донатори сè ова го правеа во име на една повисока политика", констатира Трајкоска.

од 1.500 организации, што значи дека не успеавме да дојдеме до остатокот. Една од причините е пријавеното седиште, кое во меѓувреме е променето или не можело организацијата да се пронајде на посочената адреса, затоа што можеби згаснала. Меѓутоа, онаму каде што беа пронајдени организациите и кога им беше понудено да бидат дел од оваа Публи-

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

проценти од презентираните организации го кажале својот буџет, а во следното издание тој изнесува 44 отсто. Во секој случај, не знам зошто тоа досега не се правело - истакнува Јаковлеска - дали тоа може да се нарече страв, но сепак сметам дека сè повеќе се отворени и сакаат да зборуваат за тоа колку пари има во организациите и за што ги


ПОЛИТИКА

ФИНАНСИРАЊЕТО ИЛИ 'ЛАПАЊЕТО ' ПАРИ ВО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

БИЛЈАНА БЕЈКОВА, ПРОЕКТ МЕНАЏЕР ВО НВО - ИНФО ЦЕНТАР

користеле, односно какви ефекти тие ќе предизвикаат кај целната група итн. Тоа е многу важно затоа што процесот на транспарентност во граѓанскиот сектор мора да зема сè поголем замав заради некои други процеси, кои би требало натаму да се отвораат. Нашата транспарентност треба да придонесе да се зајакне довербата меѓу јавноста и да им објасниме на луѓето дека граѓанските организации постојат заради нивните интереси". Гонце Јаковлеска била изненадена што во струмичкиот регион се реализирале само седум проекти. Но, за скопскиот и за брегалничкиот регион такви податоци биле очекувани. Тие од секогаш биле најактивни во Република Македонија.

НЕ СЕ ИМУНИ Се обидовме да го 'истераме ѓаволот' од другите невладини и цивилни организации, односно да проникнеме во нивното функционирање, набавката во парите, сферите на интерес итн. "НВО-Инфоцентар постои од крајот на ноември минатата година. Она што ние го правиме е постојан мониторинг, бидејќи условно кажано нашата мисија е зголемување на влијанието на цивилниот сектор во јавноста. Тоа го правиме преку директна комуникација и соработка со медиумите и со новинарите. Значи, функционираме како прес-центар и даваме комплетна логистичка, организациона и експертска поткрепа на цивилниот сектор", вели Билјана Бејкова, проектменаџер во НВО-Инфоцентар. Според Бејкова, нивната работа може мошне лесно да се мониторира, бидејќи актив-

ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА "ТРАНСПАРЕНТНОСТ МАКЕДОНИЈА", СЛАЃАНА ТАСЕВА, ДИРЕКТОР НА ПОЛИЦИСКАТА АКАДЕМИЈА И ЧЛЕН НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА И ЗОРАН ЈАЧЕВ

"Најголем дел од средствата ги обезбедуваме како донации, односно како грантови, но не грантови кои ни ги покриваат платите, кириите или оперативните трошоци, телефон, Интернет итн. Грантовите ни се поврзани со активностите. Значи, работиме на принцип, имаме добар проект, добра програма која му ја нудиме на некој од донаторите и ако нему му се бендисува, односно влегува во неговата годишна програма да ги финансира активностите за медиумите во Македонија, тогаш ќе нè поддржуваат", посочува Жане Трајкоска, извршен директор на Македонскиот институт на медиуми.

ностите ги забележуваат колку настани биле организирани во НВО-Инфоцентар, колку медиуми и новинари ги следеле итн. "На пример, ако во изминатиот период, во НВОИнфоцентарот, во просек само четири медиуми ги следеле нивните настани, од мај годинава досега ефектите се зголемени за повеќе од половина. Значи, имаме четири до пет настани неделно, кои просечно ги следат по девет медиуми. Тоа доволно зборува дека ние си ја вршиме нашата работа. Се надевам дека на овој начин се менува и имиџот на цивилниот сектор. Меѓутоа, иако би сакала да зборувам во суперлативи за невладините организации, сепак претпоставувам дека цивилниот сектор не е имун на процесите кои се случуваат во општеството. Морам да кажам дека постојат организации во кои најверојатно има луѓеиндивидуи кои се залутани во цивилниот сектор, и на кои не им јасна идејата на цивилната иницијатива. Но, има организации кои доследно ги спроведуваат своите цели, од-

носно знаат зошто постојат. На пример, во последно време, во годинава полна со избори и со референдум, во пресрет на локалните избори, интензивно соработуваме со "МОСТ"- граѓанска акција која ги мониторира изборите. Соработката се одвива одлично, а тие ќе го набљудуваат и референдумскиот процес", истакнува Бејкова. Таа коментира дека во изминативе десетина години цивилниот сектор имал еден голем проблем на нефокусираност. Имено, имало многу организации кои се занимавале со низа проблеми, почнувајќи

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

од хуманитарна работа завршувајќи со човековите права. Значи, биле специјалисти за сè и сешто. Но, според неа, сега невладините организации се фокусираат на конкретни и специфични проблеми, на некаква си експертиза. "Веќе имаме две женски организации кои се профилираа да работат, да речеме на насилство на жените, на трговијата со луѓе, трети за корупцијата, четврти за човекови права, петти за мониторинг и следење на избори итн. Тоа е позитивна насока вели Бејкова - која ја забележувам во развојот на цивилниот сектор. Но, од друга страна, пак, точно е дека постојат области кои не се покриени, а можат да ги следат невладините организации. Кај нас се јавуваат многу меѓународни организации, кои прашуваат кои невладини институции се занимаваат со проблемот на невработеност. Е, сега се јавува една дилема, ние не можеме да вработуваме луѓе, не можеме да бидеме биро за вработување. Не можеме да го замениме бизнис секторот. Не можеме да ја замениме државата, но во тој домен има простор и за нашата работа, повеќе да се свртиме кон социјалните проблеми. За мене е дилемата, како можеме да бидеме групи за притисок, кои ќе ја потсетуваат државата и ќе даваат одредени насоки за економските и за социјалните процеси. Но, потсетувам дека во секој случај ние не можеме да ја замениме и да ја имаме улогата на државата за овие прашања", објаснува проектменаџерот Билјана Бејкова.


ПОЛИТИКА

ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ТАКС

БЕЗБЕДНОСТ

ВО БЕЈРУТ Л Напади врз полицајци и таксисти, исчезнување на луѓе, ограбување... Колку е безбедно да се живее во овој град или во оваа држава во којашто секој секому може да му направи што сака, да го застрела каде сака, да го претепа како да му е душман, при што ниту се помислува на последиците.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

вајца скопски таксисти беа нападнати додека ја вршеа својата работна задача. Како последица на повредите, подоцна едниот од нив почина. Тројца полицајци, додека се обидуваа да фатат криминалец-крадец, беа ранети во вооружен напад во скопската населба Шуто Оризари, а едниот од нив сè уште е во животна опасност. Полицаец, вработен во СВР Тетово, е тешко ранет во тетовското село Порој кога непознат сторител од патничко моторно возило "голф" отворил оган врз него и неговиот колега. Нападот се случил кога двајцата полицајци се враќале од работна задача во селото Теарце, кога со службеното теренско возило марка "митсубиши" застанале во селото Порој. Пред куќата на помошникот на командирот на полициската станица во Прилеп, Миле Пашоски, експлодира експлозивна направа... Експлозија на бомба имаше и во Куманово... Бројот на повредени полицајци речиси секојдневно се зголемува, а исто така се интензивираат и се засилуваат дрскоста и насилноста на криминалците.

На полицијата й требаше долго време да ја пронајде18-месечната Аниља Дочи, ќерка на заменик-министерот за економија, Ракип Дочи, која исчезна од дворот на близок роднина на ова семејство, во скопската населба Шуто Оризари. Таа беше најдена мртва во канал на реката Серава во оваа населба. Нашата држава почнува да личи на Бејрут... И нормално по сè ова се прашуваме: колку е безбедно да се живее во Македонија или во било кој нејзин град, во држава во којашто секој секому може да му направи што сака, да го застрела каде сака, да го претепа како да му е душман, при што ниту се помислува на последиците. Во ова време на сиромаштија, никој и ниедна институција на власта никому не може да му ја гарантира безбедноста... а најчесто жртвите страдаат додека ги извршуваат работните обврски. Сепак, министерот за внат-

ЕКСПЛОЗИИ НА БОМБИ-ВООБИЧАЕНА ПОЈАВА ВО ГРАДОТ

решни работи на РМ, Силјан Аврамовски, неодамна изјави дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а криминалните структури немаат капацитет за безбедносна дестабилизација. "Последните вооружени напади врз припадници на МВР се реална последица на засилените мерки на полицијата кон криминалните групи и реакција на стеснување на просторот за нивните криминални активности", изјави Силјан Аврамовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

ОПАСНОСТ Деновиве, мета на напад се и такси-превозниците. "Безбедноста е на многу слабо ниво. Воопшто не сме безбедни. Напаѓачите се многу побрзи од нас и не можеме да реагираме. Кога одиш на повик е добро, меѓутоа кога те стопираат, тука веќе не се знае што, кого и како возиш", објаснуваат таксистите.

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Неодамна, 37-годишен скопски таксист беше застрелан во Визбегово - Скопје, само затоа што одбил да ги вози патниците до саканата дестинација - Чаир. Муштериите кои во возилото влегле во населбата Ѓорче Петров, кога пристигнале во Визбегово, од таксистот побарале да ги вози до Чаир. Откако таксистот одбил да продолжи да вози, еден од патниците кој седел зад него го фатил за врат, додека совозачот извадил пиштол и во телото му испукал два куршума. Тешко ранетиот возач побарал помош, а по пукањето напаѓачите побегнале. Таксистот брзо бил префрлен во Клиничкиот центар и над него беше извршен оперативен зафат. Но, повредите не можеле да се санираат и по десетдневна кома, тој почина. Подоцна, полициата во куќата каде што се криеле тројцата напаѓачи кои во Визбегово тешко го ранија скопскиот таксист Зоран Трајковски, пронашла 4 пиш-


ИСТИТЕ ЦЕЛ НА НАПАДИ

И Ж И В Е Е М Е? поврзани со вооружениот упад во Исламската верска заедница, кога Риасетот на заедницата избираше оџи и верски учители.

ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ

толи, муниција, маскирни униформи и верски книги со исламска содржина. Двајца од напаѓачите и двајцата јатаци во чијашто куќа тие се криеле се уапсени кога сакале да ја напуштат државава и преку граничниот премин Блаце да побегнат на Косово. Третиот напаѓач од Визбегово сè уште е во бегство. За време на акцијата четворицата осомничени давале активен отпор и сакале да пукаат кон полицајците во што биле спречени, кои без употреба на оружје успеале да ги совладаат и да ги приведат. При претресот на куќата во скривалиштето биле пронајдени оружјето, униформите и вистинска библиотека со исламски книги. Во МВР засега немаат информации дали станува збор за верски фанатици и фундаменталисти, или само за ученици на скопските верски училишта, бидејќи овие лица се на возраст меѓу 20 и 24 години. Според информациите кои веќе ги објавија медиумите, се испитува и дали уапсените се

Во друг случај, 27-годишниот таксист Александар В. од компанијата "Панорама", е ранет кога тројца патници побарале да ги превезе до Средно Водно. На патот, во близина на хотелот "Панорама", двајца од патниците излегле од возилото, додека третиот му вперил пиштол на таксистот. Возачот успеал да го оттурне напаѓачот, а кога тргнал со автомобилот, со пиштол бил ранет во левото рамо. Таксистот побегнал од местото на инцидентот, а тројцата непознати напаѓачи продолжиле да пукаат во возилото. Ранетиот веднаш отишол во Државната болница и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Полицијата успеа да ги најде напаѓачите. Тоа се тројца мало-

летници, кои побегнале од воспитно-поправен дом, а по бегството од таму извршиле неколку кражби во Скопје и во Крива Паланка, каде и го украле пиштолот, со кој го раниле таксистот. "Фатени се на дело, при извршување тешка кражба во колонијал во населбата Кисела Вода. Откако украле одреден број продукти и некои производи од колонијалот, тие биле фатени на дело, потоа се приведени и во моментов се работи со нив", изјави Горан Павловски, портпарол на МВР. Таксистите се жалат дека во некои делови од Скопје не е безбедно навечер да се движат и дека полицијата може да ги заштити само во центарот на градот. "Мерките, пред сè, се однесуваат на присуство на полицијата во оној дел од градот, што се смета за подрачје каде има вакви напади. Беше договарано да се употребуваат одредени алармни системи, кои би ги користеле таксистите", објаснува

ПРИПАДНИЦИТЕ НА МВР ИЗБРАА РИЗИЧНА ПРОФЕСИЈА 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 /15.10.2004

ТАКСИ ВОЗИЛАТА ИМ СЕ ОМИЛЕНИ НА РАЗБОЈНИЧКИТЕ БАНДИ

портпаролот на МВР. За разлика од успехот при апсењето на напаѓачите врз таксистите, полицијата многу тешко ги апси криминалците, кои застрелуваат полицајци. За нападот во Шутка, портпаролот Павловски вели дека напаѓачите се познати, но се недостапни, а сличен одговор се добива и за нападот врз полициската патрола во Порој. "Имаме осомничено, значи идентификувано лице. Во интерес на истрагата, идентитетот сè уште нема да го соопштиме, се работи на негово пронаоѓање и приведување", рече Павловски. Полицијата нема никакви информации за тројцата кумановци во Ирак. Далибор Лазаревски, Горан Насковски и Драган Марковиќ беа киднапирани пред месец и половина. Оттогаш за нив нема никаква информација. За овие македонски граѓани не знаат ништо и ирачките власти. До сега ниту една криминална група во јавноста или кај властите не се јавила со какво било барање за киднапираните или, пак, ја презела одговорноста. Деновиве МВР ќе испрати свој претставник во Ирак за да се вклучат во потрагата и истрагата на исчезнатите Македонци.


ÀÍÀËÈÇÀ

Ili rabotete kako lu|e ili umrete!

FR^KOVCI

[TO PO USPE[EN REFERENDUM? Како што бива и како што укажавме, меѓународната заедница како течат деновите до референдумот полека "дига ручна" и се обидува советите до Македонците, за тоа како да гласаат и на што да внимаваат, да ги завива во поделикатни фрази и да размислува (како сугериравме) за ОПЦИЈА Б. Имено, за тоа како по успешен референдум. Индикација за наведенето е поплавата на барања за брифинзи по независните интелектуалци од странците. До сега беа опседнати со "информации од Владата". Несомнено дека меѓународните фактори веќе гледаат во каква каша оваа Влада ги донесе со својата неспособност и се обидуваат "нежно" самите да склопат излез од јазолот кој ќе настане по успешниот референдум. Сега кога ѓаволот ја однел шегата и кога во испитувањата на јавното мислење се гледа релативно висока мотивираност за излез на референдумот (дури и пред почетокот на кампањата за него) - концентрацијата на сериозниот дел на експертите и дипломатите (кој е 50%, 50% со оние кои се потполно несериозни и лошо информирани), е на правните опции по референдумот и како од таа дупка надвор? Морам да признаам, драги читатели дека не сум сигурен дали политичката опозиција е на јасно што сака и што правно може да следи по успешно изведениот референдум. Тоа е мошне важно од две причини. Прво, ако забележувате, кружи критика во јавноста дека не постои кампања која на јавноста поблиску ќе й објасни што всушност се гласа и кои се директните последици. Ова е основно за да се оневозможи кампањата на сеење страв од последиците на успешниот референдум, на што власта ќе ја сведе својата кампања. Второ, ова е важно бидејќи на опозицијата й треба план за следните чекори по кој треба да ја води постапката по референдумот. Не може да се занесе и неодговорно да упропасти јасна победа на јавноста.

Ова е уште поважно бидејќи можат легитимно да се отворат повеќе правни толкувања на последиците од референдумот. ЕДНО ТОЛКУВАЊЕ, КОЕ ЌЕ ГО НАРЕЧАМ САМОУБИСТВЕНО И ЕКСТРЕМИСТИЧКО БИ БИЛО ДЕКА УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ ДЕФИНИТИВНО ЌЕ ОНЕВОЗМОЖИ НОСЕЊЕ НА НОВ ЗАКОН ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА И

ДЕКА ПО ЕДНА ГОДИНА РОК ЕВЕНТУАЛНИОТ НОВ ЗАКОН ТРЕБА ДА СЕ ПРОВЕРИ НА РЕФЕРЕНДУМ И СО ТАКОВ РЕЗУЛТАТ ДА СТАПИ НА СИЛА. Тоа може да се очекува како толкување од онаа аутистичка креатура, претседателот на семакедонскиот конгрес, заедно со постапка пред Уставниот суд, ако некое друго толкување преовлада. Ова толкување 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

правно е ПРОТИВ ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР, бидејќи оневозможува менување на Законот за територијална поделба од 1996, а во Рамковниот договор стои јасно дека тој треба да се РЕВИДИРА. На линија на ова толкување стои и несреќното прашање поставено за одлука на референдумот. АКО ПОБЕДИ ОВА ТОЛКУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА РЕСКИРА ПОЛИТИ-


ЧКА ИЗОЛАЦИЈА И ПРИТИСОК ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЈАВНОСТ, А И ТЕНЗИЈА НА МЕЃУЕТНИЧКИ ПЛАН. ИМЕНО, СО ВАКОВ ИЗЛЕЗ СОЗДАВАМЕ ЗА СЕБЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОТКОЛКУ РЕШАВАМЕ. Второто толкување, кое сметам дека преовладува и кај политичката опозиција и кај експертите е дека успешниот референдум треба да се смета дека е насочен САМО ПРОТИВ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА И ПРОТИВ НИШТО ДРУГО. КОНСЕКВЕНЦА Е ПАД НА НОВИОТ ЗАКОН И ОТВОРАЊЕ ПРАВНА МОЖНОСТ ВЛАДАТА ВО РОК ОД 60 ДЕНА ДА ПОДГОТВИ НОВ ЗАКОН. На

прашањето зошто е поставено тогаш такво глупаво прашање на референдумот? Одговорот (оправдување) може да биде дека друга можност се немало бидејќи кога почнала иницијативата за собирање потписи не бил донесен новиот Закон за територијална поделба. Но, правната консеквенца мора да биде само пад на новиот Закон и можност за продукција на нов. Само тогаш може да се апелира на меѓународната заедница да има план Б и да помогне во надминување на кризата. СО ВАКОВ РЕЗУЛТАТ ИМАМЕ ЈАСНА ПОБЕДА НА ЈАВНОСТА, НО И ПЕРСПЕКТИВА ДА ОДИМЕ ПОНАТАКА ВО ЕВРО-

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

ИНТЕГРАЦИЈАТА БЕЗ ПРОБЛЕМ. ДА НЕ СЕ ЗАГЛАВИМЕ ЗАЕДНО СО НЕКОИ ОД НАШИВЕ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ТРУПОВИ ВО КАЛТА. За вакво, можеби единствено победничко правно толкување на консеквенциите од успешниот референдум, треба опозицијата да се подготви детаљно. Таа подготовка опфаќа јасен политички ориентир кон РЕШАВАЊЕ на проблемот со територијалната поделба, а опседнатост со преземање на власта. Второ, тоа претпоставува од сега подготвување на експертски тим кој ќе го преговара новиот закон. ТОЈ ТИМ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА, ДА БИДЕ СОСТАВЕН ОД ВЛАДИНИ И ОПОЗИЦИОНИ ЕКСПЕРТИ И ПОЛИТИЧКИ ЛИЦА И ДА БИДАТ ФОРМАЛНО КООПТИРАНИ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ (ОД ИСТ СОСТАВ СО ОНИЕ ПРИ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР: САД, ЕУ). ТОЈ ТИМ ТРЕБА ЗА ДВА МЕСЕЦА ДА ПРОИЗВЕДЕ НОВ ЗАКОН И ДА ГО ПРЕДЛОЖИ НА ПАРЛАМЕНТОТ. Тој нов закон не мора и содржински да биде потполно "нов". Имено, тој може да ги содржи сите неспорни делови од стариот "паднат" закон и да содржи нови решенија само за спорните точки, а може да биде и подетаљно нов. Но, никако не треба да се западне во нови и "метафизички" дебати за принципите и основите на територијалната поделба. Ако ваква подготовка нема, рескираме, знаејќи ги сите политички лица сега ангажирани под една кампања, дека може да дојде до ризична поделба на "победничкиот табор" на референдумот и целата работа сериозно да заглави на штета на сите нас, јавноста која би ја изнела победата на референдумот. Мораме да покажеме дека сме сериозна држава која може релативно лесно и ефикасно да помине и ваква криза и судир низ институциите на донесување на политички одлуки. СО ТОА ДЕФИНИТИВНО ГО "ЗАКУЦУВАМЕ" УСПЕХОТ НА РЕФЕРЕНДУМ И ОБЕЗБЕДУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ОВОЈ ПРОЦЕС УШТЕ ПОСИЛНА И ПОСТАБИЛНА. ТОА Е ПОЧЕТОК И НА НОВА МЕЃУНАРОДНА ПОЗИЦИЈА НА ЗЕМЈАТА, КОЈА БИ БИЛА ЗАСНОВАНА НА РЕСПЕКТ ЗА НЕЈЗИНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ И ШТО Е ПОВАЖНО СПОСОБНОСТА ДА СИ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ ТОГАШ КОГА СЕ ТИЕ СЕРИОЗНИ И ТЕШКИ.


ПОЛИТИКА

РАЗНОГЛАСИЕ МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ

ТРПЕНОСКИ ЛЕГНА НА Премиерот Хари Костов го симна "ембаргото" за слободна комуникација меѓу државните институции, Владата и Антикорупциската комисија, но откако ја придоби првата личност на 'владата во сенка'. Меѓутоа, тоа ги стави во небрано другите членови на Комисијата, чија работа досега беше гледана под лупа, а сега уништена од речникот на нивниот претседател.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

П

ретседателот на Државната комисија за борба против корупцијата, Јован Трпеноски, само за два часа, во тет-а-тет средба, беше 'припитомен' како јагне или можеби принуден од страна на премиерот Хари Костов, да промени одредени ставови за кои неодамна Комисијата донесе конструктивни заклучоци. Со тоа сосема го урниса угледот на Антикорупциската комисија, којашто и онака немаше некој впечатлив отчет за својата работа, односно се покажа и се докажа дека повеќе личи на сè друго отколку на вистински борец за уништување на корупцијата во Република Македонија. Лажната коска во грлото конечно ги отвори картите во Комисијата, кој за кого е, кој кого љуби и кој од кого зема плата, денари или девизи...!? Тоа доволно зборува дека внатрешните состојби во Комисијата не се чисти, бидејќи ако изјавата на претседателот на Антикорупциската комисија, Јован Трпеноски, беше кажана во името на сите, зошто веднаш потоа беше демантирана од 'блажената' експретседателка Слаѓана Тасева. Дали таа мораше да интервенира, да

ублажува, односно да го гаси пожарот? Можно ли е да ја претчувствуваше реакцијата на јавноста, или всушност сè ова повеќе личи на 'сценарио' - политичка игра?

ПОЖАРОТ Е ЗГАСНАТ Разногласието меѓу првите луѓе во Комисијата беше очекувано, бидејќи многу

брзо беше потпишано примирје. Отпорот кој го даваше познатиот адвокат Јован Трпеноски, како да е минорен и препознатливо фиктивен, бидејќи вака како што се одвиваат работите курцшлусот на релација Комисија-Влада, 'најверојатно е лажен'. Имено, пред извесно време на овие исти страници Трпеноски директно ја нападна Владата на Хари Костов за криење документи, процес со кој во континуитет се соочуваат и се борат членовите на Антикорупциската комисија. Таа со денови ронеше крокодилски солзи и нè убедуваше дека владините министри не им ги доставуваат документите поврзани со сомнителните активности на функционерите. Но, всушност ја дислоцираа

својата вина и одговорноста за резултатите од нивното работење. Оттаму последниот потег на Слаѓана Тасева повеќе личи на прикривање на проблемот, отколку на коригирање на избрзаниот речник на колегата, претседателот Јован Трпеноски. Тасева успеа да згасне уште еден нов пожар, кој постојано се разгорува на истото место и на истата релација, Влада-Комисија. Пожарот открива еден друг досега прикриен проблем, кој мошне е значаен за функционирањето и работењето на Комисијата. Станува збор за внатрешен проблем кој досега успешно се криеше од очите на јавноста, односно за некоординираноста во изјавите и во ставовите кај членовите на Комисијата. Таквата ша-

ЈОВАН ТРПЕНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


НА АНТИКОРУПЦИСКА

ВЛАДИНОТО БРАШНО ОТПОРОТ КОЈ ГО ДАВАШЕ ПОЗНАТИОТ АДВОКАТ ЈОВАН ТРПЕНОСКИ, КАКО ДА Е МИНОРЕН И ПРЕПОЗНАТЛИВО ФИКТИВЕН, БИДЕЈЌИ ВАКА КАКО ШТО СЕ ОДВИВААТ РА БОТИТЕ КУРЦШЛУСОТ НА РЕЛАЦИЈА КОМИСИЈАВЛАДА, 'НАЈВЕРОЈАТНО Е ЛАЖЕН'. ИМЕНО, ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ НА ОВИЕ ИСТИ СТРАНИЦИ ТРПЕНОСКИ ДИРЕКТНО ЈА НАПАДНА ВЛАДАТА НА ХАРИ КОСТОВ ЗА КРИЕЊЕ ДО КУМЕНТИ, ПРОЦЕС СО КОЈ ВО КОНТИНУИТЕТ СЕ СОО ЧУВААТ И СЕ БОРАТ ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА. ТАА СО ДЕНОВИ РОНЕШЕ КРОКОДИЛСКИ СОЛ ЗИ И НÈ УБЕДУВАШЕ ДЕКА ВЛАДИНИТЕ МИНИСТРИ НЕ ИМ ГИ ДОСТАВУВААТ ДОКУМЕНТИТЕ ПОВРЗАНИ СО СОМ НИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ. НО, ВСУШНОСТ ЈА ДИСЛОЦИРАА СВОЈАТА ВИНА И ОДГОВОР НОСТА ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НИВНОТО РАБОТЕЊЕ. ОТТАМУ ПОСЛЕДНИОТ ПОТЕГ НА СЛАЃАНА ТАСЕВА ПОВЕЌЕ ЛИЧИ НА ПРИКРИВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ, ОТКОЛКУ НА КОРИ ГИРАЊЕ НА ИЗБРЗАНИОТ РЕЧНИК НА КОЛЕГАТА.

реноликост до сега ја амортизираа со неможноста да се присоберат, односно да се обезбедат потребните податоци од инкриминираните министерства. Но, пред два броја, првиот човек на Државната комисија за спречување на корупцијата, Јован Трпеноски потенцираше дека по речиси двегодишно дејствување сè уште прават 'бебешки чекори'

во својата работа, која искрено кажано досега беше невидлива. Тој посочуваше дека имаат големи проблеми во обезбедувањето на севкупната документација од државните органи, но и природно, поради сегашната законска легислатива, Антикорупциска е принудена да соработува со МВР, со Јавното обвинителство и со другите институции во РМ.

Според Трпеноски, Државната комисија за спречување на корупцијата сака целосно да се дистанцира од политиката и од било какво влијание, повикувајќи се на ингеренциите кои се вградени во Законот за спречување на корупција. Во него, според Трпеноски, треба да се види дали има злоупотреба во било која сфера, односно дали има корупција во стопанството, во образованието, во науката, во културата и во инвестициите. Исто така, Комисијата треба доследно да се занимава со Владата, како со претходната така и со оваа. Во согласност со законските овластувања, до неодамна објаснуваше Трпеноски, Комисијата нормално била упатена на соработка со сите државни органи. Притоа се фалеше дека Владата ги послушала за штетноста на користењето на институтот договор со дело, а тука пред носот им се случуваа многу побитни и позначајни 'марифетлуци' за кои час мислеа вака, а час онака. Имено, кон проблемите се однесуваа онака како што дуваше ветерот од Кабинетот на Хари Костов.

ОТВОРЕН ПАТ Во овој момент Антикорупциската комисија се најде во небрано, така што наместо да стане коректор на власта таа се претвори во жртва на богомолката. Власта во еден залак го изеде целиот антикорупциски успех кој до вчера им пречеше во 'берењето плодови', па така веќе немаат на располагање никаков аргумент дека се борат против корупцијата во Република Македонија. Тоа штетно делува пред меѓуна27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

СЛАЃАНА ТАСЕВА

родната заедница која и така е убедена дека 'сме ретко корумпирана држава и народ'. Таков калап не можат да пронајдат, бидејќи сме специфични и горди на нашиот табиет. Кај нас сè е проформа, дури можеби и речникот на Слаѓана Тасева така делува, која се обиде да ја скрпи пукнатата тиква. Но, тоа повеќе претставува меч со две острици, на кој можат да се исечат и самите. Затоа сè што ќе стори или утврди овој состав на Антикорупциската комисија, во иднина нема да има валидност. Тоа ќе биде загубено во времето и во просторот. Јавноста изгуби драгоцено време, убедувајќи се дека на корупцијата и се гледа крајот, но не ја сфати улогата на сегашните членови на Комисијата, кои ја изневерија довербата на граѓаните. Тие не го трасираа патот во борбата против корупцијата, како што потенцираше Јован Трпеноски, туку можеби поради намерна небрежност и го отворија патот на корупцијата.


К О М Е Н ТА Р

СЛАТКА ГРЕШКА Историјата нè поучила како народ дека на секој потег мора претпазливо да реагираме и да имаме намален процент на доверба во сè што ни се нуди како проект за иднината на земјата. Притискањето на западните демократии дека владината форма за општините е вистинската за интеграција на Република Македонија во Европа, навистина е небулоза.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

П

очна трката за референдумот. Почнаа препките, подметнувањата, зајадливите реторики. Не дека досега ги немаше, но овој месец навистина стануваат и интересни и банални. Интересни затоа што одамна сме немале референдум, а банални затоа што по стотина пати ги слушаме истите приказни за поделби и за спасоносни акции. Почнува борбата за власт. Не гледам ништо друго. Едните ќе ја спасуваат фотелјата, а другите ќе се тепаат за неа. Реторичките формулации на владејачката номенклатура дека референдумот е штетен за државата, ги разбирам само како борба за опстојување на тронот, плашејќи се да преминат во опозиционите води доколку народниот глас биде масовен. Повикот за бојкот и постојаното повторување на ставот на претставниците на меѓународната заедница е знак дека трипартитната коалиција е свесна што може да значи успешното спроведување на референдумот.

КОРИСНА ФОРМУЛА Додека власта се бори преку бојкотирање на гласањето да остане на институционалниот врв, здружената опозиција, пак, токму преку референдумот гледа единствена

и неповратна шанса за побрзо востоличување на престолот. Дека е тоа така говори и фактот што пред два месеца еден од лидерите на Третиот пат, Васил Тупурковски, најави формирање на влада во сенка, што значи подготовка за вешто искористување на позитивниот резултат од референдумот. Но, работите и во таа т.н. здружена опозиција не се баш единствени. И таму секој си има свои апетити и стремежи. Не верувам дека политичките претставници кои се надвор од власта, во референдумот гледаат само народно изјаснување за Законот за територијална организација на општините. Целта е многу поголема од онаа што се прикажува во јавноста. За повеќето опозиционери позитивниот референдум ќе значи и почеток на крајот на владеењето на Ахмети и на Црвенковски, почеток на трката за предвремени собраниски избори и дефинитивна промена на политичката клима во државава. Состојбата во опозиционите структури е мошне деликатна и комплицирана од едноставна причина, што таму се појавуваат четири сосема различни пакети на политичка понуда до македонскиот електорат. Имено, неприродно би било истата оваа здружена опозиција заеднички, рамо до рамо, да застане и на наредниот евентуален изборен циклус. Е, тогаш копјата ќе почнат да се кршат. Спомнавме четири различни понуди, кои доаѓаат од редовите на опозицијата - ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски; ВМРО - Народна на Љубчо Георгиевски, која колку и да е мала, сепак е харизматична бидејќи се поврзува со ликот и со делото на поранешниот премиер и може да им зададе сериозни удари и на власта, но и на довчерашните сопартијци; тука е и Третиот пат, кој како низ глувчина дупка се провира за да изнајде корисна формула за враќање на врвот на политичката сцена; и како четврта страна која се става во улога на опозиција, но на другата страна од онаа референдумска опозиција е партијата на Џафери, која гледа идеална шанса за неутрализирање на политичкиот противник ДУИ, преку неприфаќањето на неговата платформа за нови општини. При една ваква измешана политичка констелација во опозиционите кругови во Република Македонија, повторно во подобра позиција се партиите од коалиционото мнозинство. Тие се умешни и мошне вешти да ја искористат состојбата на неколкустрани интереси во опозициониот блок. Црвенковски и Костов ќе мораат да се борат само против опозицијата, а таа, пак, и против власта и против самата себе. Пукаат сошиените рабови меѓу Андов и Груевски, меѓу Груевски и Георгиевски, меѓу Циле и Андов, а сега и Доста се вмешува во играта преку новиот субјект кој го промовира. Станува интересно. Обемна партиска демократија. Истрошени идеи, зборови кои изразуваат монолитност и монотоност на кажаното. ЕУ, НАТО, ЕУ, НАТО. Знаат ли што значат овие термини? Со што тие ги заслужуваат? Со највисокото ниво на невработеност, со пиедесталот на митото и корупцијата, со пропаднатите економија, стопанство и земјоделство? Македонските граѓани воопшто не реагираат на оптимистичките изјави на европските дипломати, не веруваат во нивните емотивни и сентиментални говори, преку кои сакаат да го сменат мислењето на мнозинството граѓани од оваа земја кога е во прашање референдумското изјаснување. Македонците имаат единствена национална држава на ова парче земја од некогашна Македонија, а поради тоа сме и чувствителни кога некој ќе ни го навредува достоинството, кога нè нарекуваат славомакедонци, кога во Република Македонија не се веат македонски знамиња, не се свири македонска химна. Ако некој сака реакциите на Македонците за територијалната организација да ги претстави како хистерија или како параноја, тогаш тоа е негов проблем.

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


ФРУСТРАЦИИ

години добива енормни димензии, бидејќи речиси преку ноќ жителите од цели села декларативно се попишуваат како Албанци, е тоа секако е знак за аларм за сите Македонци, но и за т.н. Историјата нè поучила како народ дека на секој потег мора правдољубива меѓународна заедница. Притискањето на западпретпазливо да реагираме и да имаме намален процент на доните демократии дека владината форма за општините е висверба во сè што ни се нуди како проект за иднината на земјата. Еутинската за интеграција на Република Македонија во Европа, форијата и јубилеите од времето на посткосовските настани му навистина е небулоза. Ако Европа прифаќа и нуди такви проекти, отстапија место на разочарувањето. Во една прилика директорот кои произведуваат само етнички гета и ја исцртуваат државата на Меѓународниот институт за мировни истражувања од Стоквнатрешно за партиски и етнички потреби, тогаш ние немаме холм, Адам Ротфелд, ќе рече: "Обидите механички да се наметнат што да бараме во таа Европа. Ваквата Европа носи дезинтеграции, трансатлантските и европските решенија во останатите региони а не соживот. Што треба за Европа да значи масовното попишуможат да создадат непожелни ефекти". Денес гледаме дека тоа вање на Македонците - муслимани како Албанци. Да се доживее навистина е така. Непожелните ефекти и практично се покатаков срам во својата држава, Макежуваат. Точно е дека повеќе не сме донецот - муслиман да биде малво т.н. неполезен свет, односно на третиран до таа мерка што дури ќе заборавената сива зона без никаков биде принуден и да оди во подрум економски и стратешки влог и инза таму да му каже на попишувачот терес од страна на меѓународната дека е Македонец. Тоа е доказ дека заедница. Но, сепак проектите кои неколку светлосни години сме пони се нудат како услов за исполдалеку од вистинската Европа, а и нување на одредени стандарди не таа како демократија е далеку од се она што му е потребно на макецивилизацијата. Да се биде напушдонскиот граѓанин и постојаното тен и предаден од својата власт е инсистирање дека тие мора да се најлошото чувство кое може да се спроведат, кај народот раѓаат сè попојави кај еден граѓанин, односно веќе фрустрации и паранои. Макетој да го доживее. Ќе почнеме реалдонија го продолжува својот тежок но да веруваме дека само за десет пат на транзиција. Таа премногу долгодини е направена повеќе штета, го чекори низ неа. Уште има преотколку што тоа се успеа за 517 годизвици. "Власта која не го почитува дини Отоманско ропство. Задачата својот народ е неодговорна власт", и функцијата на власта и на држаќе рече за време на претседателвата е да обезбеди иднина за своската кампања во 1999 година тоите млади генерации, а не удобност гашниот опозиционер, а сегашен за сегашните владетели. Сега кога претседател, Бранко Црвенковски. цел свет се справува со глобалниот Реченицата многу тежи. Зошто по тероризам, кога има несоборливи пет години првиот Македонец го докази за вмешаноста на албансквернави својот збор? Зошто деските воени фракции со Ал Каида, нес наметнува решенија насила и не смее да се остане флексибилен и не ја почитува волјата на народното попустлив пред насилството, но и мнозинство? Зошто кога политичпред заканите на оние кои денес се ката индивидуа е во опозиција упово Собранието, дека повторно ќе требува една реторика, а кога ќе ЗОШТО БРАНЕ КРАТКО ПОМНИ? се вратат во шума во случај ако не дојде на власт ја менува во сосема им се задоволат апетитите така каспротивна насока? Цела деценија ко што предвиделе. Македонија и тоа се применува во континуитет "ВЛАСТА КОЈА НЕ ГО ПОЧИТУВА СВОЈОТ НАнејзиното раководство треба да ја од страна на сите политички субРОД Е НЕОДГОВОРНА ВЛАСТ", ЌЕ РЕЧЕ ЗА ВРЕМЕ променат плочата на грамофонот. јекти. Албанските партии одат во НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА ВО 1999 Оваа денешнава е дотраена, изгресосема поинаква и зацртана траГОДИНА ТОГАШНИОТ ОПОЗИЦИОНЕР, А СЕГАШЕН бана и гледаме дека постојано преекторија. Кај нив, националното ПРЕТСЕДАТЕЛ, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ. РЕЧЕНИскокнува. Заслужуваме барем да чувство и кауза се издигнати на ЦАТА МНОГУ ТЕЖИ. ЗОШТО ПО ПЕТ ГОДИНИ ПРбидеме прашани за својата иднина. највисоко можно ниво, без разлика ВИОТ МАКЕДОНЕЦ ГО СКВЕРНАВИ СВОЈОТ ЗБОР? Можеби ќе погрешиме, но наше е дали тие се во власта или надвор ЗОШТО ДЕНЕС НАМЕТНУВА РЕШЕНИЈА НА СИЛА правото дали ќе одиме во ваква од неа. Партиите на етничките И НЕ ЈА ПОЧИТУВА ВОЛЈАТА НА НАРОДНОТО или во онаква иднина. Тоа ексклуАлбанци, кои ги следат своите МНОЗИНСТВО? ЗОШТО КОГА ПОЛИТИЧКАТА ИНзивно право на одлучување го неалбански национални интереси и ДИВИДУА Е ВО ОПОЗИЦИЈА УПОТРЕБУВА ЕДНА маат политичарите. Ниту оние кои стратегија, го истуркаа својот проРЕТОРИКА, А КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ЈА МЕНУВА денес се на престолот, ниту оние ект за општините на масата на ВО СОСЕМА СПРОТИВНА НАСОКА? ЦЕЛА ДЕкои се борат преку референдуми владината коалиција, изнудувајќи ЦЕНИЈА ТОА СЕ ПРИМЕНУВА ВО КОНТИНУИТЕТ да се качат на него. Тоа ексклузивно од македонските партии ново право го имаат само македонските ОД СТРАНА НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТИ. предавство и цементирање на дограѓани. Нека погрешат. Оставете сегашните состојби, создадени каги нека згрешат. Тоа ќе биде слатка ко резултат на координираното грешка. Европа нека се тргне од нас на година или две. Но, ќе й дејство на повеќе фактори. Покрај Тетово и Гостивар, гледаме испратиме силен сигнал на старата дама - дека кај нас има дека ист рецепт се нуди за албанизација на Кичево, Куманово, народна демократија, а не партиска коалициона комбинаторика, Струга, Скопје. Ако на сè тоа му се додаде етничкото чистење, која коси сè пред себе. Можеби Европа и од нас малку ќе научи што речиси непречено се врши врз Македонците и Македонцитешто значи балканска демократија. муслимани со децении наназад, а кое во последниве десеттина 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


МАКЕДОНИЈА И ЕУ

ПРАШАЛНИКОТ И ЗАМОРОТ

3.000 ОДГОВОРИ Ладен туш од Брисел со најава дека постои замор од проширувањето меѓу земјите-членки на Унијата, според која најоптимистичкото очекување е дури по 2013 година да станеме дел од елитниот клуб. Одговорите на Прашалникот ќе ги предадеме пред крајот на јануари 2005 година, како што е и планирано, велат од Секторот за евроинтеграции. Пишува: Рената МАТЕСКА

П

редизвикувајќи национална еуфорија, претседателот на Европската комисија, Романо Проди, му го предаде Прашалникот на ЕУ на премиерот Хари Костов, со порака дека проширувањето на Унијата нема да запре во Хрватска, туку дека тоа и е на дофат на Македонија, а нашиот пат за евроинтеграција е исцртан, вратата е отворена, ни недостига последниот километар. Но, веднаш потоа од Брисел пристигна разочарувачка најава дека меѓу земјите-членки на ЕУ постои замор од проширувањето, па целиот тој процес ќе биде забавен. По приемот на Бугарија и на Романија во 2007 година, кој веќе е фиксиран, следниот датум кога може да се очекува проширување е по 2011 година, а за нас дури по 2013 г. Навистина песимистички за нас, токму сега кога го добивме Прашалникот и со голем елан работиме на одговорите! Европската унија ќе го забави процесот на проширување со нови членки, пишува весникот "Фајненшел тајмс", повикувајќи се на

Извештајот на Европската комисија за Турција. "Амбициозниот чекор на проширување, со кој ЕУ се зголеми за десет пати, би можел да биде забавен, се вели во долгоочекуваниот документ на Комисијата. Новиот пристап на ЕУ кон проширувањето значи дека предвидениот влез на Бугарија и на Романија во 2007 година би можело да биде последното проширување на Унијата во следните пет години. Тоа ќе има влијание и врз очекувањата на Хрватска, која сака да се приклучи кон европското семејство во периодот меѓу 2007 и 2009 година, но со оглед на забавувањето, тоа нема да се случи пред 2011 година", пишува во текстот на "Фајненшел тајмс". Весникот посочува дека Комисијата ќе й препорача на ЕУ, кога ќе одлучува некоја земја да ја прими во членство, да води повеќе сметка за вистинските реформи, а помалку за ветувањата дека промените ќе се спроведат. Според реакциите на овој извештај на Унијата, произлегува дека ЕУ ќе ги заостри условите за прием на нови членки, при што ако Хрватска треба да се надева на периодот од 2011 до 2013 година, Македонија, пак, може да се надева на датум дури по посочениот. При-

чина за ваквото забавување на процесот веројатно се трошоците кои ги предизвикаа новите 15 земји - членки и оние што се очекуваат со приемот на Бугарија и на Романија. "Прашањето на евентуално забавување на процесот не треба посебно да се дискутира. Сметам дека сите врати кон Европската унија ни се отворени, но темпото дефинитивно во најголема мерка го диктираме самите ние. Ако ги спроведуваме потребните (значи не бараните) реформи и ако ги исполнуваме преземените (значи не наметнатите) обврски, не гледам причина (а ниту желба) било кој да нè забавува на патот на интеграција и членство во Унијата", вели Драган Тилев, државен советник и раководител на Секторот за европска интеграција.

СИГНАЛ Прашалникот е логичен след во процесот. Македонија ја поднесе својата Апликација, Советот на министри

30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

на Европската унија й додели мандат на Европската комисија да подготви Мислење дали Македонија ги исполнува условите за стекнување статус на земјакандидат и евентуално почнување преговори за членство. Значи, не станува збор за исполнување на условите за членство, туку за почнување преговори за членство, а членството ќе се случи кога ќе ги исполниме познатите Копенхагенски (и Мадридски) критериуми, политички, економски и административни. Има вкупно 3.000 прашања, кои се поделени по министерствата, а Министерството за економија доби најголем број. "Министерството за економија доби 283 прашања, што е 14 проценти од вкупниот број прашања. Во тие прашања не се опфатени органите во состав: Монополна управа, Биро за метереологија и Државен пазарен инспекторат. Ние покриваме и најголем број поглавја, вкупно 8, што имаат и голема тежина. Не очекуваме проблеми при одго-


ОД ЕВРОПРОШИРУВАЊАТА

ЗА 2013 ГОДИНА ворите, бидејќи два-три месеци имавме подготовки, вежбавме на хрватскиот прашалник, и тоа многу ни помогна. Нашите стравувања беа околу презентирањето релевантни податоци, односно бројки. Но, имајќи предвид дека најголем дел од прашањата се слични како хрватските, ние имаме голема заштеда во време. За секое прашање има по едно одговорно лице, а теоретски сите учествуваат. Како координатори се ангажирани 30 луѓе. Кај вработените постои возбуда и ангажман за што се работи и вонредно. Предност е што имаме компјутерска мрежа, а исто така, добиваме логистичка поддршка од СЕИ. До крајот на месецов ќе го имаме првиот драфт, а до крајот на следниот ќе се гледа и крајот на целиот прашалник. До крајот на декември, доколку има забелешки од Владата, има доволно време да се внесат сите корекции и да не се надмине предвидениот рок", истакна портпаролот на Министерството за економија, Гоце Пачемски. "Сметам дека е исклучително позитивен фактот дека лично претседателот на Европската комисија, Романо Проди, на 1 октомври ја по-

сети Македонија и официјално го предаде Прашалникот со кој, да бидам прецизен во формулацијата, се бараат информации од Владата на Република Македонија врз основа на кои Европската комисија ќе го подготви Мислењето по повод Апликацијата на Македонија за полноправно членство. Тоа е уште еден јасен сигнал во низа и потстрек за уште повеќе и побрзо да работиме на остварување на крајната цел, полноправно членство", нагласи државниот советник Драган Тилев.

се работи за прашања кои ја отсликуваат дистанцата од сегашната состојба во државата до онаа во која функционира и живее Европската унија. Значи, идентични прашања ќе добијат и сите други држави кои следат во процесот и по нас. Се разбира, секоја држава се разликува по своите специфики, па така се дефинираат и посебни прашања во помал број кои треба да ги отсликаат тие специфики. Македонија не е исклучок од тоа".

КАПАЦИТЕТ ИСКУСТВА Од голема предност е искуството со прашалникот од Хрватска. "Прашалникот - според Тилев - не е нешто ново и непознато, тој е составен дел од процесот на приближување кон ЕУ. Низ Прашалникот поминаа и сите земји сега нови членки, како и оние кои денес се кандидати. Најсвежо е искуството на Хрватска која успешно ја мина оваа 'пречка' и денес е веќе земјакандидат, која се подготвува за почеток на преговорите. Ние во подготовките за 'нашиот' Прашалник ги користевме искуствата на колегите од Хрватска. Тоа се покажа многу корисно, бидејќи од една страна го поставивме целиот административен апарат за оваа исклучително обемна и важна активност, а од друга страна ги насочивме колегите да се подготвуваат за темите кои ги очекуваат со Прашалникот. Да нема дилеми, Прашалникот е во добар дел идентичен со оној на Хрватска, но тоа е и сосема очекувано, бидејќи

Во првата недела од добивањето на Прашалникот, целиот административен апарат функционира според планираното, со полна пареа, велат од Секторот за евроинтеграции. "Тоа е добар знак, значи имаме капацитет да носиме ваков товар. Прашањата кои се близу 2.000 на број се преведени во рок од 48 часа, би рекол во рекордно време. Притоа, лоцирани се надлежните институции па дури и одговорните лица по прашање, кои ќе бидат задолжени за одговор. Користени се петнаесетина одлични преведувачи, а беше ангажиран и целиот Сектор за европска интеграција при Владата и претставници на неколку министерства. Целиот пакет 'Прашалник' е електронски обработен и доставен до сите министри и други надлежни институции, како и до сите координатори по поглавја. Прашањата се распределени во 29 поглавја, а посебно се издвоени прашањата за политичката и економската состојба во земјата. Следи последно

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

усогласување на надлежностите по прашањата, а потоа работа на одговорите. Некои прашања ќе се одговорат веднаш и многу накусо, некои прашања бараат поголема експликација и аргументи за што ќе треба повеќе време, за некои прашања ќе требаат и статистички податоци за кои ќе треба дополнителна обработка, а за некои прашања ќе треба и посебно меѓуресорско усогласување. Но, како и да е, одговорите на Прашалникот ќе ги предадеме пред крајот на јануари 2005 година, како што е и планирано". Сè би било уште поубаво доколку од Брисел не нè изненадија со пораката "малку морген" за нови земји-членки. Во овој поглед не може, а да не ги спомнеме и оние најпесимистичките размислувања дека ќе влеземе во ЕУ, тогаш кога Унијата повеќе нема ни да постои!


ПОЛИТИКА

"ДОСИЕ Х"  ИЗВЕШТАЈОТ З

МКГ НЕ ГО "ПРОЧИТА "Дали МКГ со Извештајот го трасираше патот на Џозеф Диогарди, да се забрза прогласувањето на независноста на Космет? Зошто во овој материјал се говори само за Косово, а не и за Метохија?", се обидува да й појасни на јавноста нашиот соговорник проф. Иван Бабановски.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

А

вторите на Извештајот на Меѓународната кризна група: "Пан-албанизмот закана за стабилноста на Балканот" хронолошки ги сликаат настаните од Берлинскиот конгрес, одржан во јули 1878 година, на кој под влијание на "Источната криза" и барањата усвоени на Призренскиот собир од страна на 300 истакнати првенци и племенски бајрактари, почнало исцртувањето на границите на идната државна творба на Албанците, кои живееле на балканските простори. Со цел "Словенските држави" да бидат ослабени, им биле одземени делови од територијата и вратени под управа на Отоманската империја. На сите овие политички задкулисни игри им се спротивставил Бизмарк, незадоволен од решенијата, коментирајќи дека "Албанија не може да се признае како географски концепт, бидејќи не постои албанска нација... Сепак, на Лондонската конференција 1912-1913 година, одржана пред одлучувачката војна со Отоманската владејачка рака, големите светски сили се

согласиле да го поддржат создавањето на независна албанска држава, со популација од приближно 850.000 жители".

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА САМО ВО ХИТЛЕРОВИОТ РАЈХ "...Оваа популација беше само приближен број од она што требаше да го опфати албанската вистинска држава...". Во ноември 1918 година група политички прогонети лица од Косово го оформија Комитетот за одбрана на Косово, кој имаше за цел да се бори за промена на поставените граници за време на Лондонската конференција и да се залага за ослободување на Косово. И за прв пат во историјата оваа група имаше цел да се бори за основање албанска држава, која ќе ги опфаќа сите територии на коишто живее албанскиот елемент. Албанскиот национализам повторно ја крена својата глава за време на Втората светска војна. Под италијанска и германска окупација, всушност една форма на Голема Албанија постоеше цели четири години за време на војната. Дел од Косово и од останатите албански територии од Западниот дел на Македонија

беа соединети со Албанија под италијанско владеење. Во самата Албанија, две групи, првата Тоските-комунистичко доминантна националноослободителна група и Гегите втората, националистите на Бали Комбетар, беа наведувани од страна на своите сојузници да се борат за ослободување на етничка Албанија, во којашто требаше да биде вклучено и Косово... Во декември 1943 година, во селото Бујан на албанско-косовската граница, албанските и југословенските комунисти организираа конференција. На неа беше донесен заклучокот: "Единствен начин да се дојде до слобода е обединување на целиот народ, без разлика на националноста, вклучувајќи ги и Албанците коишто на овој начин би имале можност да одлучуваат за својата судбина со право на самостојност"... "На оние членови на МКГ, кои се против стабилноста, мирот и безбедноста во светот, може да им се прости незнаењето и омразата кон историјата и судбината на народите кои живеат на Балканот... Тоа секако не важи и за колаборантите чие потекло е од овие проколнати простори. Нив историјата ќе им суди како на велепредавници на своите народи, јас сум длабоко убеден во тоа", истакнува проф. Иван Бабановски и додава: "Ме загрижува фактот што македонските политичари, државници дефинитивно немаме, не го гледаат подбивањето со историјата на Балканот. Чудовиштето што го породија на Берлинскиот конгрес во ликот на Призренската лига заканувачки се ѕвери да ја уништи цела

32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

МИШЕЛ НОСТРАДАМУС

Европа. Албанските криминалци беа прикриени со ореолот на политиканските интереси на големите династии, со ретардирани монарси и потонати во неморалот и во гревот на императорите, чија дегенерирана крв тече низ вените на новите светски владетели". "Заболениот од Босфор" остана на тлото од Европа и по петгодишно настојување целосно да ја завладее, токму поради кусогледоста на корумпираните политичари и агентури на "големите сили". Тој потег беше Одисеевиот тројански коњ, кој Европа ќе ја уништи пред да стане империјална сила. "Преку Босфор и Дарданели денес навлегуваат новите варвари од експлозивниот Блиски Исток. Тие, радикалните исламисти, деновиве требаше да го одржат Првиот арапски исламски конгрес и тоа во земјатакандидат за европска исламска република - СР Германија. Лесно е да се води анти-


А "ПАН  АЛБАНИЗМОТ..."

ЛА" НОСТРАДАМУС терористичка кампања со агресии и терор, далеку од сопствените територии. Милионските жртви во светот треба да бидат колатерална штета во борбата за профит. Тој неморал, кој има двоен диоптер и аршин за мерење во Вашингтон и во Брисел, членовите на МКГ го применуваат на Балканот еднонасочно: терористичките цели и жртви сè почесто да бидат во Европа; извршителите секако, обучените и истренирани исламски радикали, проверени низ грозоморните акции низ светот САД, Индонезија, Индија, Кенија, Нигерија, Русија, Израел, Шпанија, Алжир... својата неопходна логистика ќе ја имаат на Балканот - во БиХ, Санџак, Србија и Црна Гора и Космет, Бугарија, Грција, Романија и Република Македонија... Тирана ќе биде централната база на Ал Каида", коментира Бабановски.

ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ ИСЛАМСКА Што не знаеле некои членови на МКГ? "Прво - додава нашиот соговорник - не го прочитале пророштвото на Нострадамус кој во Центурии II - 29 запишал: Европа ќе биде исламска... Но, ти Турчине, тоа нема да го доживееш... Ориенталците ќе го напуштат своето постојано престојувалиште, ќе преминат преку Апенините, да ја видат Франција... И секого ќе го удрат со својот камшик... Исламот наоѓа отворени места... Центурии X - 31... За да биде во Дунав, ќе дојде од Рајна Големата Камила, Центурии V-68... Поради неслогата и небрежноста на Франција,

ФАКСИМИЛ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА МКГ

МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА СО СЕДИШТЕ ВО БРИСЕЛ СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО ПРИВАТНА ПОВЕЌЕНАЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, КОЈА ЈА ФИНАНСИРААТ БРОЈНИ ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ, КОМПАНИИ, ДОНАТОРИ И ВЛАДИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ, ОСВЕН АМЕРИКА. ЗА РАЗЛИКА ОД ОСТАНАТИТЕ СЛИЧНИ ГРУПИ, КОИ ГИ АНАЛИЗИРААТ КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ И МЕСТА ВО СВЕТОТ И ПРЕДЛАГААТ РЕШЕНИЈА БЕЗ ЗАГОВАРАЊЕ НА НЕКОЈА ПОСЕБНА ПОЛИТИКА, МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА ОДИ ЧЕКОР НАТАМУ. СО ПОМОШ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ КОИ ГИ ИМА НАСЕКАДЕ НА ПЛАНЕТАВА, ТАА ГИ ИСТРАЖУВА ПРИЧИНИТЕ ЗА ОДРЕДЕНА КРИЗА И НЕ СЕ ДВОУМИ ДА ПРЕДЛОЖИ КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА. ДУРИ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ГРУПАТА НЕ КРИЈАТ ДЕКА ОСНОВНА ЦЕЛ ИМ Е ДА ДАДАТ КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ КОИ ЌЕ ИМ ГИ НАМЕТНАТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО ОДРЕДЕНА ЗЕМЈА, КОИ ЈА КРЕИРААТ ГЛОБАЛНАТА СВЕТСКА ПОЛИТИКА. СÈ ТОА ИМ ОДИ ОД РАКА И ИМ УСПЕВА. ПРАКТИЧНИТЕ ПРЕДЛОЗИ МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА ГИ ДАВА ВРЗ ОСНОВА НА ИЗВЕШТАИТЕ И ПРОГНОЗИТЕ ПОЛНИ СО ПРИСТРАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ, НАДУЕНИ НЕВИСТИНИ, А НЕКОИ ОД ТИЕ ПРОЦЕНКИ ДУРИ СЕ И СКАНДАЛОЗНО ПОГРЕШНИ. ИЛУСТРАЦИЈА НА ЕДНА ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА Е СЛЕДНИОВ ПРИМЕР. ТОКМУ ОВАА ГРУПА ПРЕТПОСТАВУВАШЕ ДЕКА ВО 2000 ГОДИНА ОПОЗИЦИЈАТА ВО СРБИЈА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОБЕДИ СИЛИТЕ НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ И ДЕКА СО НЕЈЗИНОТО УЧЕСТВО НА ИЗБОРИТЕ САМО ЌЕ МУ ДАДЕШЕ ЛЕГИТИМИТЕТ НА БЕЛГРАДСКИОТ РЕЖИМ, КОЈ ТОГАШ БЕШЕ ОЦЕНЕТ КАКО НАЈСИЛЕН ОТКАКО ВОЖДОТ Е НА ВЛАСТ. КРАЈНО ПОГРЕШНИ ТЕЗИ ЗА ЕДНА ВЛИЈАТЕЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА. М. Талески 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

на Мухамед ќе му биде отворен влезот! Ц - I-18... германското царство во стомакот ќе го изеде исламскиот црв, Ц - V-72... Францио, молбено потруди се мојот збор да го земеш в предвид, Центурии III -24 , Мишел Нострадамус, Сараево 1537 година, рана есен... Второ, да го консултирале големиот научен авторитет за исламот, Бернард Луис, тој би им соопштил: Покрај САД, идните глобални играчи ќе бидат Кина, Индија и најверојатно здрава Русија (Русија под водството на Путин). Никој не може сигурно да знае каква ќе биде власта во Москва, но секако нема да биде комунистичка. Европа ќе биде дел од арапскиот запад, од Магреб. Во прилог на тоа говорат миграциите и демографијата. Европејците доцна се венчаваат и немаат или имаат само едно или најмногу две деца. Меѓутоа, постои силна имиграција - Турците во Германија, Арапите во Франција и Пакистанците во Англија. Тие рано се женат и имаат многу деца. Според актуелните трендови кон крајот на XXI век Европа ќе има мнозинско муслиманско население, вели Бернард... Трето, членовите на МКГ, ангажирани во разгорувањето на кризите на Балканот, не сфатиле дека Албанците немаат ништо заедничко со Алах, Мухамед, пророкот Алија, Куранот и муслиманската религија. Историјата сведочи дека нивното врховно божество е сатаната кому му се поклонуваат и му служат, без разлика на кои простори престојуваат и живеат"...


РАЗУЗНАВА

ДВОЈНА ЛУПА

БЕРЛИН ЈА РАСТУ Според сознанијата на југословенските разузнавачи, во седумдесеттите и во осумдесеттите години, германската разузнавачка служба имала околу 100 агенти во СФРЈ. Непосредно пред Титовата смрт, во 1980 година, во Загреб биле донесени главните одлуки за стратешките и персоналните прашања за идното дејствување на германската служба по ерата на Тито.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

П

рофесорот Ерих Смит во својата книга "Војници во сенка" изнесува сериозни обвинувања и приговори на сметка на министерот за надворешни работи на Германија, Клаус Кинкел, во однос на југословенското прашање. Најважната теза во книгата е дека своевремено Кинкел, како шеф на тајната служба БНД, плански работел на растурањето на Југославија, со помош на хрватските усташки групи во егзил. Тоа навистина било тешко обвинување, кое стана реално по германското самостојно настапување во 1990 година да ја признае Хрватска, чин кој не й се допадна на ниедна една земја - членка на НАТО. Во рамките на книгата "Војници во сенка", се изнесуваат тезите дека германската служба била активно поврзана со хрватската. Имено, во 1990 година Геншер се заканил дека ќе ја признае Хрватска за независна држава и на тој начин ќе го запечати растурањето на Југославија. Правејќи го овој чекор, министерот само ги собрал плодовите од неколкудецениската работа на службата во Бон. Клаус Кинкел, пак, од 1979 до 1982 година, како шеф на БНД службата, одиграл клучна улога во оваа т.н.

подземна борба. Слично како и Германија, и Хрватска не можела да се помири со поразот и со политичките прилики настанати во периодот по Втората светска војна. Како што Германија се колнела дека еден ден повторно ќе се обедини, така и хрватските националисти одамна ги имале испишано своите барања за растурање на југословенското општество. Кај нив преовладувала тезата дека Хрватска била создадена во 1941 година, како творба на Германија.

УЛОГАТА НА ХРВАТСКАТА ЕМИГРАЦИЈА Во книгата "Војници во сенка", меѓу другото се вели: "Кога во 1962 година ветрот на заос-

трените национални судири во Југославија стигна до Германија, сојузната германска разузнавачка служба го зајакна своето тамошно присуство и воспостави блиски врски со емигрантските усташки групи. Во 1972 година зајакнува хрватското национално движење Хрватска пролет - и тогаш БНД презема забрзани мерки за дестабилизација на Југославија. Ова движење нема масовна поддршка во земјата и доживува тотален неуспех. Во Бон е одлучено да се почека смртта на Тито, а во меѓувреме да се подготви терен и политичка основа за подоцнежно растурање на југословенската држава. Најзначајна врска на БНД во Хрватска беше австрискиот конзул и германскиот агент Јохан Јозеф Денглер. Тој почнува да организира тајни состаноци во Хрватска, Германија и Австрија меѓу хрватските националисти и усташките емигранти. Најголема улога имал Бруно Бусиќ, кој бил агитатор на големохрватската идеја и важи за идеен творец на денешна Хрватска. Кон крајот на седумдесеттите години, во Загреб се појавуваат првите усташки знамиња под покровителство на

АКТИВНОСТА НА ГЕРМАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА ВО СФР ЈУГОСЛАВИЈА СЕ ДЕЛИ НА ЧЕТИРИ ПЕРИОДИ: ДО 1962 ГОДИНА БНД САМО ГИ СЛЕДЕЛА ПОЛИТИЧКИТЕ, ЕКОНОМСКИТЕ И ВОЕНИТЕ СЛУЧУВАЊА; ОД 1966 ГОДИНА ТАА МАСОВНО ГО ЗГОЛЕМУВАЛА БРОЈОТ НА АГЕНТИ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСТОРИ; ВО ТРЕТАТА ФАЗА ОД 1971 ГОДИНА, ЗА ВРЕМЕ НА ХРВАТСКАТА ПРОЛЕТ, БНД ПРЕЗЕМАЛА АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА; И ЧЕТВРТАТА ФАЗА КОЈА ПОЧНАЛА ВО 1980/81 ГОДИНА, ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВУВАЊЕТО НА КЛАУС КИНКЕЛ, СО СИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СРЕДСТВА ТАА ВЛИЈАЕЛА НА ПОДЕЛБАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА.

34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

клерофашистичкото движење. Бруно Бусиќ е убиен во 1979 година во Париз, а за негов нас ледник е избран Фрањо Туѓман".

ТУЃМАН И НЕГОВИТЕ ВРСКИ СО БНД Според сознанијата на југословенските разузнавачи, во седумдесеттите и во осумдесеттите години, германската ра-

зузнавачка служба имала околу 100 агенти во СФРЈ. Непосредно пред Титовата смрт, во 1980 година, во Загреб биле донесени главните одлуки за стратешките и персоналните прашања за идното дејствување на германската служба по ерата на Тито. Во тој период, во Хрватска се вратиле голем број националисти и усташи, кои чекале погоден терен за дејствување. Во 1981 година, Туѓман по втор пат бил во затвор и тогаш го посетил агентот на БНД, Јозеф Денглер. Враќајќи се во Германија, Денглер успеал да го придобие весникот


ЧКИ СЛУЖБИ

РА ЈУГОСЛАВИЈА! "Франкфуртер алгемајне цајтунг", за организирање медиумска кампања во корист на Фрањо Туѓман. Сојузната разузнавачка служба во Бон воспоставила контакти со националистички ориентираните новинари и во Хрватска. Во 1981 година, во Рим биле одржани консултации меѓу Германија, Италија и Австрија, како подготовка за евентуалното распаѓање на Југославија. Во 1982 година, тогашниот претседател на СР Германија изјавил дека неговата земја се залага за зачувување на СФРЈ, но и дека истовремено го поддржува барањето за создавање независна држава Хрватска. Клаус Кинкел почнал да прави анализи на состојбата во Југославија и предвидел граѓанска војна, а како последица на тоа очекувал 250.000 бегалци во Германија. Зајакнатите луѓе од таборот на Туѓман почнале да влегуваат во политичките и во воените номенклатури на југословенската држава.

ГЕНШЕР МУ КУМУВАЛ НА РАСПАЃАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА Во декември 1990 година, со признавањето на Хрватска за независна држава, а против волјата на другите членки на ЕУ, САД и Русија, сојузниот министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер јасно ставил до знаење дека интересот на официјален Бон е да има влијателна улога на Јадранот. Учениците во гимназијата НИЧЕ од 1943 година го познавале Геншер по прекарот Зуцко. Но, германската јавност не знаела дека тој бил нацист, па во 1994 година се прашувала зошто Геншер го премолчил овој факт, односно зошто всушност не кажал и кој е - дека е член на нацистичката партија. Во раните седумдесетти години,

УШТЕ ВО 1950 ГОДИНА Е СОЗДАДЕНА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ГЕЛЕН, КАКО ПРЕТХОДНИЦА НА ДЕНЕШНАТА ГЕРМАНСКА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА БНД. ТАА ПРОИЗЛЕГЛА ОД ГЕНЕРАЛНОТО ОДДЕЛЕНИЕ "FREMDE HEERE OST", ВО 1945 ГОДИНА. ВОЕНОТО НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ГЕРМАНИЈА И ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА ТРАЕЛО РЕЧИСИ 50 ГОДИНИ, БИДЕЈЌИ ОФИЦИЈАЛЕН БОН И БЕЛГРАД СТОЕЛЕ НА СПРОТИВСТАВЕНИ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ ВИДУВАЊАТА ЗА РАЗВОЈОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА И НА ЦЕЛИОТ БАЛКАН. ВЛИЈАНИЕТО НА ГЕРМАНИЈА ВРЗ БАЛКАНОТ ОСОБЕНО БИЛО КАРАКТЕРИСТИЧНО ВО ПЕРИОДОТ ПО ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ДВЕТЕ ГЕРМАНИИ. ТОГАШ СЕ ОТВОРИЛА ВРАТАТА НА БОН КОН ИСТОКОТ. ПОТТИК ЗА ГЕРМАНИЈА ДА СЕ СВРТИ КОН ИСТОК БЕА НЕЈЗИНИТЕ ЕКОНОМСКИ, ПОЛИТИЧКИ, ДУРИ И ИСТОРИСКИ ИНТЕРЕСИ. ЗАД ГЕРМАНСКИОТ КАПИТАЛ СТОЕЛЕ И ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК, КУЛТУРА И ПОЛИТИКА, КОИ ЕКСПРЕСНО БРЗО СЕ РАЗБУДИЛЕ ВО ПОЛСКА И ВО УНГАРИЈА. НА ПОЧЕТОКОТ НА ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК, ГЕРМАНИЈА СЕ ОБИДЕЛА ДА НАПРАВИ ПРОДОР НА БАЛКАНОТ, ПРЕКУ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА, А ТОА САКАЛА ДА ГО НАПРАВИ И ВО УКРАИНА. НЕЈЗИНА ЦЕЛ БИЛО ДА ИЗЛЕЗЕ НА ТОПЛИТЕ МОРИЊА. ПРВАТА СЕРИОЗНА ПРЕЧКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПЛАН БИЛА ЈУГОСЛАВИЈА, НО И РУСИЈА. ВО АВГУСТ 1990 ГОДИНА, ВЕЉКО КАДИЈЕВИЌ ГО ИЗВЕСТИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СФРЈ, БОРИСАВ ЈОВИЌ, ЗА НАВЛЕГУВАЊЕТО НА ГЕРМАНСКИТЕ ЛИНИИ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, СО ЦЕЛ РАСТУРАЊЕ НА ЗЕМЈАТА. ВО МЕЃУВРЕМЕ, СЛУЖБАТА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ ОБЕЗБЕДИЛА И ВИДЕОКАСЕТА НА КОЈА БИЛ СНИМЕН ФРАНЦ БУЦАР, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА СЛОВЕНИЈА КАКО ВОДИ ТАЕН РАЗГОВОР СО ПОЗНАТ РАЗУЗНАВАЧ НА ГЕРМАНИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА. ЈОВИЌ БИЛ ИНФОРМИРАН ДЕКА НА БАРАЊЕ НА ГЕРМАНСКАТА СЛУЖБА БНД, ВО 1990 ГОДИНА, БАВЦАР И ЈАНЕЗ ЈАНША ИЗРАБОТИЛЕ РАЗУЗНАВАЧКИ ЕЛАБОРАТ СО РАБОТЕН НАСЛОВ "КАКО ДА СЕ ПРЕДИЗВИКА ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА". ВО ТОЈ КОНТЕКСТ, ТРЕБАЛО ДА СЕ СОГЛЕДА ДЕЈСТВУВАЊЕТО НЕ САМО НА ГЕРМАНСКАТА СЛУЖБА, ТУКУ И НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА КОН ЛУЃЕТО И ДВИЖЕЊАТА СО ПОТЕКЛО ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСТОРИ.

Американците го завеле во својата документација како член на нацистите и за тоа јавно го предупредиле. Инаку, Геншер е државник кој најдолго ја извршувал функцијата шеф на германската дипломатија во повоена Европа. Се слушале информации дека тој сака да го собори светскиот рекорд. Аналитичарите го опишувале како бесмртен политичар. Но, сепак истите тие аналитичари заслужено му ја припишувале и запалувачката улога, која тој ја имал во југословенскиот кон-

фликт, со предвременото признавање на независноста на Хрватска. Геншер преку ноќ го напуштил својот непристрасен став и се ставил во улога на бранител на интересите на Хрватите и на Словенците, сатанизирајќи ги Србите како главни виновници за распаѓањето на Титовата творба. Двојниот стандард на Геншер најдобро се согледува за време на одржувањето на состанокот на ОБСЕ во Берлин, кога тој се залагал за цела Југославија, иако само една не-

35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

дела порано Хрватска и Словенија веќе имале прогласено независност. За да го урнат непредвидливиот Германец, Американците го предупредиле Геншер преку канцеларот Хелмут Кол, дека неговата нацистичка биографија ќе ги обиколи сите светски медиуми. Неговата оставка била неизбежна за да се избегне скандал. Но, оставката на Геншер не го променила политичкиот курс на Германија кон Југославија. Наследникот Кинкел ја продолжил истата политика.


НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ГЛАСААТ И ИСЕЛЕНИЦИТЕ Македонците од Соединетите Американски Држави сакаат да се организираат и да допатуваат во државава за да гласаат на референдумот против предложената територијална поделба на земјава, кој е закажан за 7 ноември. Македонските организации и цркви од Њу Џерси и од Њујорк, деновиве одржале средба на која донеле и Резолуција за поддршка на референдумот. Тие направиле план како да настапат пред македонските медиуми во Македонија, а исто така, подготвуваат и списоци на оние кои ќе допатуваат со цел да се изјаснат на референдумот. "Ќе организираме групно патување во Македонија заради гласањето на референдумот. Сакаме да дадеме придонес во зачувувањето на територијалниот интегритет на Македонија", истакнуваат македонските иселеници од Њујорк и од Њу Џерси. Кампањата за референдумот во Македонија веќе е почната.

ПРЕМИЕРОТ ЌЕ ДАДЕ ОСТАВКА Премиерот Хари Костов останува на ставот за негова оставка доколку референдумот за територијалната организација успее. "Имајќи ги предвид сите пораки кои досега ги упати Европската унија и другите институции, успешниот референдум, според мене, ќе значи враќање на Македонија од некои процеси по кои тргна. Не очекувам дека по референдумот ќе се вратат сликите од 2001 година, но ќе изгубиме значајно време", изјави премиерот Костов за време на посетата на Валандово и на Гевгелија, каде што престојуваше со цел да стекне увид во санирањето на штетите од јунските поплави.

РАМСФЕЛД НИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ИРАК Доналд Рамсфелд, американскиот секретар за одбрана, кој престојуваше во Скопје им додели четири американски воени медали на македонските војници кои учествуваа во задачи во Ирак, како дел од силите во мисијата "Слобода за Ирак". Тој порача дека македонскиот народ е пред избор, меѓу иднина со ЕУ и со НАТО или враќање кон минатото. САД ќе продолжат да й помагаат на Македонија во нејзините напори да стане членка на Алијансата, но тој процес зависи и од спроведувањето на Рамковниот договор и од создавањето посилни и поефикасни единици на локалната самоуправа. Тој е на ставот дека новиот Закон за територијална организација ќе помогне во зацврстувањето на демократијата во земјава, истовремено посочувајќи дека САД ги почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нашава земја и визијата таа да стане членка на НАТО. На средбата премиерот Костов му посочил на Рамсфелд дека на референдумот граѓаните ќе го направат својот избор - дали ќе одат по патот на евроатлантските интеграции или ќе се вратат во минатото. Костов рекол дека во овој период Македонија изгуби многу време во политички дискусии, а економското движење на земјата е запрено. Американскиот државен секретар Рамсфелд се сретна со претседателот Бранко Црвенковски, и со вицепремиерите Радмила Шекеринска и Муса Џафери. 36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


НЕМА ДЕВАЛВАЦИЈА НА ДЕНАРОТ Првиот човек на Народна банка на Македонија, Петар Гошев, на македонската јавност по втор пат во рок од еден месец категорично й порачува дека нема да има девалвација на денарот. Гувернерот тврди дека евентуална промена на девизниот курс не само што нема да ги реши економските проблеми и да го заживее стопанството, туку ќе предизвика големи штети за населението поради зголемувањето на цените, а ќе биде неповолно дури и за фирмите-извозници, бидејќи ефектите кои ги очекуваат од поголемиот извоз ќе им се "стопат" од поскапиот увоз на нивните суровини. "НБМ со сите свои механизми - вели гувернерот Гошев - ќе го брани девизниот курс, кој во однос на еврото изнесува околу 61 денар. Нема да дозволиме да биде разнишан кредибилитетот на домашната валута. Овој став на Централната банка нема да се промени, без разлика на шпекулациите и притисоците кои се вршат врз нас".

БОШКОСКИ ЌЕ ОДЛУЧИ Истражители на главната хашка обвинителка, Карла дел Понте, на 8 ноември ќе допатуваат во Пула и ќе го сослушаат Љубе Бошкоски во својство на осомничен за случајот "Љуботен". Рајко Бранковиќ, еден од адвокатите на Бошкоски за случајот "Раштански лозја", ја потврди информацијата дека Хашкото обвинителство не го сомничи Бошкоски за конкретно дело. Во барањето од Хаг до хрватските власти за негово сослушување пишувало дека е осомничен за сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право во врска со случајот "Љуботен". Бранковиќ, како адвокат на Бошкоски, бил писмено известен од Хашкиот суд за нивното барање. Тој треба да се види со обвинетиот Бошкоски кој треба да одлучи дали ќе одговара на прашањата или ќе се брани со молчење. Адвокатот Самоил Филиповски, кого Бошкоски го ангажирал од македонска страна да го застапува за случајот "Раштански лозја", потенцирал дека се очекувало вакво барање, бидејќи хашките истражители вршеле сослушувања на сведоци во Скопје. "Делото не е прецизирано, веројатно, поради тоа што случајот сè уште е во фаза на истрага на Хашкото обвинителство", истакнал Филиповски.

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ "11 ОКТОМВРИ" Традиционално, на 11 октомври оваа година, во Собранието на Македонија им беше врачена највисоката државна награда "11 Октомври" на годинешните добитници. За долгогодишните остварувања во културата и во уметноста награда добија Турската драма на Театарот на народностите, ликовниот уметник Газанфер Бајрам, првенецот на Балетот при МНТ Зоран Велевски и театарскиот критичар и театролог Иван Ивановски. За достигнувања во науката и образованието наградата "11 Октомври" им беше доделена на Клиниката за урологија "д-р Иван Влашки", на проф. д-р Али Алиу, книжевен критичар, проф. д-р Јордан Савевски, хирург и трауматолог, и на книжевникот проф. д-р Георги Сталев. Институциите се наградени со плакети и признанија, а на поединци, освен плакети и признанија, им беа доделени и по осум просечни плати. На оваа свеченост присуствуваа претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Хари Костов, вицепремиерката Радмила Шекеринска, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, многу пратеници, а исто така беше присутен и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

37 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


OBRAZOVANIE РАСПРАВА ПО НАЦРТ - НА

ОСУМ РЕДОВИ И Т ДЕЦАТА СО РАЗ Националната експертска група е составена од 14 члена, независни образовни експерти и претставници од Министерството за образование и наука, но во неа нема ниту еден претставник од Институтот за дефектологија. Во Амандманот кој го изготви Националното координативно тело за еднакви права на лицата со хендикеп е наведено дека една од задачите на образовните установи ќе биде перманентен ангажман за рана детекција, дијагностика, рана интервенција и организирање и приближување на образованието колку што е можно поблиску до семејствата и нивно активно вклучување во формалниот воспитно - образовен процес, според видот и степенот на попреченост.

Пишува: Милева ЛАЗОВА

М

ини стер ството за обра з о ва ние и наука ја достави на јавна расправа Нацрт - националната програма за развој на образованието во Република Македонија, која беше изготвена од Националната експертска група составена од 14 члена, независни образовни експерти и претставници од Министерството за образование и наука, чија главна задача е да ги изготви нацртот и финалната верзија на оваа Програма. Општо земено,

оваа Нацрт-програма претставува значаен документ за развојот на образованието во РМ, а со концепцијата, насоченоста, рационалната сеопфатна изготвеност и со јасните и конкретни цели и задачи имплицира подготвеност која гарантира дека визијата, идеите и вредностите кои се во неа ќе бидат и реализирани. Националното координативно тело за еднакви права на лицата со хендикеп, формирано од Владата на РМ и од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, заинтересирани за образованието на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, како дел од оваа Програма, активно се вклучија во јавната расправа, при што изнесоа бројни забелешки.

ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

АМАНДМАН "Во делот каде што е опфатена проблематиката за образование на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, најверојатно - вели проф.д- р Љупчо Ајдински, член на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со хендикеп - поради недоволното познавање на оваа проблематика од страна на изготвувачите, во неа има нереални пропусти и неточ-


ЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА

РИСТА Б У К В И З А ВОЈНИ ПОТРЕБИ ности, спротивни на системските решенија и ставовите во меѓународните и нашите национални документи за образование и рехабилитација на овие деца. Од тие причини, Националното координативно тело и Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет одлучија на изготвувачот на Програмата да му достават амандман со изменет и дополнет текст за пасусот кој содржи само осум редови и тоа на крајот од страница 52 и на почетокот од страница 53. Измените и дополнувањата на текстот се однесуваат на следново - во терминологијата со која се именувани овие деца е употребен термин 'деца со посебни потреби', кој ништо не значи и не е јасен. Поради тоа, во амандманот е предложен новиот, веќе усвоен термин од домашните експерти, кој е застапен и во некои меѓународни документи, а исто така, е применет и во нашиот актуелен Закон за основно образование. Имено, предложен е термин: 'деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби'. Во текстот на Програмата се инсистира да се преземат мерки за инклузија, односно овие и ваквите деца да се вклучат во сите степени на образованието, независно од видот и степенот на оштетувањето и тоа од предучилишното до високото об-

разование, што претставува апсурд, имајќи ја предвид разновидноста на оштетеност кај различните категории вакви деца". Потоа, во амандманот е наведено "да се имаат предвид нивните можности и способности", што се базира врз заземените ставови во меѓународните документи, на сите деца да им се овозможи образование, "но, според нивните можности и способности". Проф. д-р Ајдински

објаснува дека во Извештајот на УНЕСКО од Саламанка во 1994 година, покрај другото, се наведува: "Секое дете има специфични карактеристики, интереси, способности и потреби за учење и затоа образовниот систем треба да ја земе предвид разновидноста на овие карактеристики и потреби...", потоа "Треба да се обрне особено внимание на потребите на децата и младинците со тешки и повеќекратни недостатоци...".

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537/ 15.10.2004

Во текстот на Програмата се инсистира образовните установи, редовните, но не и посебните, да имаат перманентен ангажман за детекција и за "извлекување" на оваа категорија деца од домовите и нивно активно вклучување во формално воспитно-образовниот процес. Исто така, се наведува дека за таа потреба ќе се интензивираат напорите за обука на наставниот кадар за работа со оваа категорија деца. Во амандманот


OBRAZOVANIE РАСПРАВА ПО НАЦРТ - НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА

е наведено дека една од задачите на образовните установи ќе биде перманентен ангажман за рана детекција, дијагностика, рана интервенција и организирање и приближување на образованието, колку што е можно поблиску до семејствата и нивно активно вклучување во формалниот воспитно образовен процес, според видот и степенот на попреченост. Овој предлог произлегува од документот на Министерскиот совет при Советот на Европа од 1992 година, за спроведување на рехабилитацијата на инвалидизираните, во кој се инсистира: "Вклучување детекција, дијагностика, третман, односно рана интервенција и едукација во еден комплексен систем, кој треба активно да се спроведува заради успешно образование и социјализација на овие деца...".

МИСЛЕЊА "За работа со вакви деца, ќе биде доволно - потенцира проф.д-р Ајдински - ако се интензивираат напорите за обука на наставниот кадар во редовните училишта за работа со оваа категорија деца, сметајќи дека тоа е доволно за таа цел. Ова апсолутно не е точно. Во амандманот, ваквата констатација се дополнува со следниве зборови: 'Со вклучена дефектолошка и друга стручна помош, како и со обезбедени просторни услови и техничко - технолошки средства, според видот и степенот на попреченост...', а не само да ги подготвиме со неколку часа обука. Образованието на инвалидните деца во редовните училишта претпоставува вклучување на дефектолог, потребни помагала и соодветни придружни услуги или служби... Во текстот на Програмата се спомнуваат само новите алтернативни облици, но не и постојните. Затоа, на крај од

амандманот додадовме дека во ситуации, во кои што општиот образовен систем не ги задоволува потребите на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, се организира посебно образование, особено за глувите и заслепите деца со дополнителни тешкотии и за децата на долната граница на лесната психичка попреченост, умерена и тешка психичка попреченост и за децата со комбинирана попреченост. Во Македонија има 16 вакви установи, но тие ни приближно не се доволни. Но, се забележува дека во документот тие воопшто не се спомнати. Поради тоа, во амандманот и додадовме дека посебните училишта и посебните одделенија во редовните училишта, како и специјализираните установи за рехабилитација, како досегашни облици, се задржуваат и натаму. Тие и дефектолозите кои работат во нив, добиваат нова проширена улога на ресурсни центри, односно мобилни дефектолошки служби... Ние сме за инклузија - за вклучување на децата, но не вака преку ноќ, не вака стихијно и неорганизирано. Во меѓувреме, треба да биде јасно и кои деца, затоа што не може сите. Откако ова прашање ќе се расчисти, ќе треба да се подготват и децата и стручниот кадар, воедно и родителите, а и да се создадат материјални и техничко-технолошки услови итн. Инаку, родителите се запознати со фактот дека постојат посебни установи за овие нивни деца, меѓутоа сите тие сакаат нешто што е подобро, односно детето да им посетува редовно училиште. Ги разбирам, но тие поаѓаат од своите желби, да се задоволи нивното его, а не ги имаат предвид аспектите дали тоа дете е во состојба сè да следи и што ќе се случува со него. На пример, има деца со развојни проблеми кои посетуваат ре-

довно училиште, успеале да завршат осмолетка. Меѓутоа, родителите се жалат дека децата не ги знаат буквите, не знаат да читаат...и мора да се вратат во посебните училишта. Таму детето мора да биде примено, но ќе изгуби три, четири и повеќе години". Како што вели проф. д-р Ајдински, овој дополнителен текст во амандманот кој се однесува на потребата да се задржат досегашните облици (посебните училишта и установи), во образованието на овие деца и потребата да се вклучи стручен дефектолошки кадар, покрај досега кажаното, се базира и врз изнесените ставови во речиси сите меѓународни документи. Така, на пример, во Извештајот на УНЕСКО од Саламанка од 1994 година е наведено дека изборот на новите алтернативни облици на образование не значи напуштање на веќе постојните. Тоа покажува дека досегашните облици, посебните училишта и установи, ќе работат и натаму, особено со децата со тешки и со комбинирани недостатоци и тие ќе преземат улога на ресурсни центри, односно ќе има мобилна дефектолошка служба за давање стручна помош на редовните училишта, во кои се вклучени деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби, како и за семејствата со такви деца. "Значи - истакнува проф. д-р Ајдински - посебните установи и училишта апсолутно мора да опстанат и да работат, се разбира со нова улога. Што значи тоа? Тоа значи да станат центри, кои ќе им помагаат на редовните училишта каде што учат деца со полесен хендикеп. Се надеваме дека ќе се земат предвид сите наши забелешки, не со цел да се зголеми текстот туку да се поправи состојбата на лицата со хендикеп, со што ќе се овозможи повеќе да се почитуваат

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

нивните права. Ние го доставивме амандманот до сите членови на експертската група, до Министерството и до Бирото за развој на образованието, а тие веќе почнаа расправа за Документот". Крајна забелешка на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со хендикеп е што меѓу членовите на експертската група нема ниту еден член од Институтот за дефектологија. Според проф. д-р Ајдински, тоа е потребно,

но тие немаат обврска да кажат зошто нема стручно лице од нивната област. Меѓутоа, тој смета дека поголема грешка е тоа што Националната програма ја пишувале луѓе кои не ја познавале оваа област, така што барем требало да се консултираат со компетентни лица. Но, затоа е активирана јавна дискусија на која ќе може отворено да се зборува за сите забелешки, а како резултат од тоа да се коригираат недоследностите во Нацрт-текстот.


БИЗНИС

ОГНЕН ФИРФОВ, ИЗВРШЕН

СО КВАЛИТЕТН ДО УСПЕШНА

Нашите информации во врска со користењето на Интернет во Македонија, покажуваат дека неговата употреба систематски се зголемува од година во година, со пораст од 15 до 20 проценти. Станува збор за пазар, кој континуирано се зголемува. Тоа го знаеме од бројот на корисниците кои ги имаме, а и според Интернет сообраќајот.

Пишува: Рената МАТЕСКА

С

поред аналитичарите, кога е во прашање бројот на корисници и на компјутери поврзани на Интернет, состојбата во Македонија е речиси поразителна. Согледувањата посочуваат дека бројот на корисниците на Интернет во Македонија е меѓу 2 и 4 проценти, односно ние се наоѓаме некаде на последното место во европски рамки. Ваквиот мал процент е последица на повеќе фактори, а прв и основен е економскиот развој и животниот стандард. Поврзувањето на Интернет, покрај другото, подразбира и поседување компјутер, чијашто просечна цена од 500 евра е недостапна за поголемиот број македонски граѓани. Но, современите услови на живеење наметнуваат сè поголема потреба од користење Интернет, па оттука и неопходноста постојната состојба да се промени. "Нашите информации во врска со користењето на Интернет во Македонија, покажуваат дека неговата употреба систематски се зголемува од година во година, со пораст од 15 до 20 проценти. Станува збор за пазар, кој континуирано се зголемува. Тоа го знаеме според бројот на корисниците кои ги имаме, а и според Интернет сообраќајот. Споредено со некои други земји во регионот, точно е дека нашата Интернет пенетрација е пониска. Главните причини за тоа би можеле да

бидат лоцирани во слабата куповна моќ на граѓаните, споредено со цената на основната алатка за пристап до Интернет - персоналниот компјутер. Освен тоа, сметаме дека за да има пораст на Интернет пенетрацијата во земјава, ќе треба да се направат многу работи и на државно ниво. Како прво, потребна е поддршка за интернетизација на образованието. Како второ, стимулација за користење Интернет кај државната администрација" - вели Огнен Фирфов, извршен директор на МТнет.

ИНФРАСТРУКТУРА Посебна приказна е Интернет инфраструктурата во РМ и нејзините законски рамки. "Што се однесува до Интернет инфраструктурата, можам да кажам дека таа е одлично развиена. Степенот на дигитализација на телефонската мрежа е многу висок, што е важен фактор за успешно користење на најпопуларниот Интернет пристап преку Dial-Up врски. На пример - потенцира Фирфов - во Скопје веќе не постојат старите аналогни телефонски централи. Ова можеме да го споредиме со некои околни земји каде што дигитализацијата на мрежата е на многу ниско ниво меѓу 20 - 30 проценти. Постои т.н Интернет backbone, голема мрежа која ја покрива целата територија на Македонија. Од неодамна почнавме со нудење на т.н. широкопојасен Интернет преку АДСЛ, кој набрзо ќе биде достапен во сите поголеми градови во Македонија. 42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Што се однесува до законските рамки, дел за кој не сум вистински експерт, но тоа што го знам е дека овој дел од пазарот на услуги е либерализиран уште од 1995 година, кога се појави првиот Интернет провајдер во Македонија. Од 7 декември 1995 година Македонски телекомуникации втори се вклучија на пазарот. Денес во Македонија постојат неколку позначајни Интернет провајдери, кои ги нудат услугите на целата територија на РМ".

СТРАТЕГИЈА Во Македонија е евидентно скромното присуство, односно малиот обем на содржините кои можат да се најдат на Интернет. Мал е бројот на македонски сајтови кои можат да понудат динамички информации. Исто така, многу е мал и бројот на услужни сајтови. Дел од овие проблеми веќе се идентификувани и активно се работи на нивно решавање. Освен тоа, неопходна е изработка и на Национална стратегија за ИТ, како квалитетен документ зад кој ќе застане целото информатичко општество во државава. "Во многу држави оваа економска гранка е двигател или сериозен дел од економијата. Мислам дека би требало


ДИРЕКТОР НА МТНЕТ

А ИНФОРМАТИКА ЕКОНОМИЈА Македонија да се ориентира кон мали и средни информатички фирми, кои би работеле апликации за други пазари, сметајќи на нивото на образованите информатичари кои ги имаме, како и разликите во цените на производите кои би можеле да ги постигнеме. Се разбира, за ова се неопходни контакти со поголеми регионални или глобални ИТ фирми, кои би помогнале во пласирањето на тие производи на трети пазари, дури и под нивно име. Неколку фирми од ваков тип веќе постојат во Македонија и тие мошне успешно функционираат. Друг интересен елемент кој би можел да помогне е т.н. ИТ аутсорсирање, односно пружање на ИТ услуги за големи светски фирми во Македонија по многу поевтини цени отколку во европските земји или во Америка" - нагласи Фирфов. На пазарот во Република Македонија има неколку Интернет провајдери, кои настапуваат со конкурентски понуди. "Во Македонија - потенцира Огнен

Фирфов - постојат неколку Интернет провајдери, од кои четири се посериозни според нивното учество на пазарот. Конкуренцијата е остра, но сепак сметам дека сè е во границите на нормалата. За жал, главните параметри на конкурентските понуди се базирани на намалувањето на цените на услугите. Ваквата диференцијација меѓу конкурентите не може да биде одржлива на долг рок. Потребна е диференцијација во квалитетот на услугите, имиџот, градењето на брендот итн.".

ПРЕДИЗВИЦИ Предизвиците на ИТ се големи и неопходни се излез и решение за нашата Интернет неписменост. Конечно, треба да сфатиме дека секој во државава би имал корист од просперитетот на информатичкото општество. "Сметам дека долгорочно гледано најважно е стимулирањето на користењето на Интернет во училиштата во Македонија. Таму се креираат идните

43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 /15.10.2004

корисници на Интернет и идните граѓани на општеството во Македонија. Ако тие бидат запознати со можностите на Интернетот уште од основното училиште, потоа сигурно во иднина ќе инсистираат на негово користење во домовите, на факултетите, на работните места. Како што веројатно знаете, Македонски Телекомуникации преку донации го помага користењето на Интернет во повеќе од 50 училишта во Македонија. На тој начин придонесуваме кон ширењето на Интернет културата и информатиката во Македонија"- нагласи Огнен Фирфов.


ÍÀÖÈÎÍÀËÍÎ ÁÎÃÀÒÑÒÂÎ МАНАСТИРОТ "СВ. ПРЕОБРА

ВОСКРЕСНАТО ДУ од културниот живот. За ревитализираниот Манастирски комплекс, во име на монашкото братство говореше архимандритот Климент, нагласувајќи ја посветеноста и упорноста на монасите, кои со поддршка на многумина истомисленици, од 1997 година успешно работат на ревитализирањето на некогашниот значително руиниран и запуштен манастирски комплекс.

ПРОЕКТ

Во ателјето е изложен поголемиот дел од експонатите, кои во последните десеттина години се пронајдени на манастирскиот имот. Музејската поставка ја сочинуваат различни црковно-литургиски предмети и икони, поскомидија од XVII век, везени апликации за свештенички одежди, копаничарски минијатури, делови од накит и мала колекција на стари монети од различни временски периоди. Пишува: Милева ЛАЗОВА Фото: Иван ДОДОВСКИ

Б

ратството на манастирот "Св. Преображение" - Зрзе, Прилепско, во соработка со Фондацијата "Хоризонт" од Прилеп, свечено ги отвори музејската поставка и ателје за резба и иконопис во манастирскиот

комплекс Зрзе. Изградбата на ателјето и отворањето на музејската збирка е дел од повеќегодишниот заеднички напор на многу поединци и институции за ревитализација на манастирскиот комплекс Зрзе и за повторното разгорување на ова значајно духовно огниште на Македонија, чиишто историски слоеви бележат речиси дваесет и петвековен континуитет. Сè ова се реализира со финансиска поддршка од Владата

на Кралството Норвешка и од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ). На отворањето присуствуваа Неговото високо преосвештенство, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, новиот амбасадор на Кралството Норвешка во Македонија, неговата екселенција, Карл Виби, извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, како и други личности од политичкиот и

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Архимандритот Климент ја потенцираше и улогата на локалната самоуправа и нејзиното учество во заедничкото формирање на проектот за ревитализација, преку изготвување урбанистички план, а врз чија основа проектите се реализираат фаза по фаза, но и влијанието на митрополитот Петар, со чиј благослов работела монашката заедница, а ќе продолжи и натаму да го до-


ЖЕНИЕ" - ЗРЗЕ, ПРИЛЕПСКО

ХОВНО ОГНИШТЕ оформува манастирскиот комплекс. Владиката Петар, митрополит на Преспанскопелагониската епархија, изразувајќи го задоволството од ревитализираното, но и од можноста во ателјето да се создаваат уметнички дела од дрво, го насочи вниманието на моќта која ја има ореовото дрво, и неговото место во изработката на иконостасите, тремовите, во различните уметнички дела, кои се

среќаваат во сите манастирски објекти во земјава. Задоволството од ревитализираниот комплекс и од музејската поставка го искажаа и донаторите, претставниците на ФИООМ и на Амбасадата на Норвешка, а беше потенцирана и улогата на невладината организација "Хоризонт" од Прилеп, која учествувала во работата на проектите. Во просториите каде што се наоѓаат музејската поставка и ателјето за резба

е презентиран забележителен дел од уметничката манастирска ризница, која како што нагласува братството, има цел да го афирмира концептот на изложување на уметнички збирки во нивниот "природен амбиент". Поставката ја сочинуваат различни црковно-литургиски предмети и икони, проскомидија од XVII век, везени апликации за свештенички одежди и копаничарски минијатури. Покрај нив, изложени се и делови од накит и мала колекција на стари монети. Исто така, може да се видат и теракотните фи45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

гурини од хеленистичкиот период, обетка од бакар од XI-XII век, нараквица од бакар од XI-XIII век, прстен кој датира од X век, монети и др. Внимание привлекуваат и врамените детски цртежи, дела создадени на Детската меѓународна ликовна колонија, која се одржува во манастирот. Набрзо таму ќе бидат претставени и предмети од доцноримска керамика. Цел е посетителот да биде запознат со бројни занаетчиски вештини, кои со духот на новите времиња исчезнуваат. Ревитализирани се конаците,


ÍÀÖÈÎÍÀËÍÎ ÁÎÃÀÒÑÒÂÎ МАНАСТИРОТ "СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ" - ЗРЗЕ, ПРИЛЕПСКО

ники ќе им се пренесуваат и практични искуства за начинот на работа на иконопис и плитка резба, која се практикува на Света Гора. "Нам ни е потребна и стручна помош за заштита на одредени предмети, на пример, на старите ракописи" - истакна архимандритот Климент, кој потсети дека од манастирот "Св. Преображение" потекнува една од највредните македонски икони "Богородица Пелегонитиса", која во 1967 година е изнесена на реверс и никогаш не е вратена.

ИСТОРИЈАТ мангарницата (местото каде што се подготвува храната), трпезаријата и објектот во кој се сместени поставката и ателјето, место каде порано се чувал добитокот. Во иднина во ателјето ќе биде изложен и иконописот, кој го прават монахињите во женскиот манастир "Свети Архангел Михаил" во Варош, во Прилеп, а воедно на сите млади луѓе кои сакаат да ги научат традиционалните тех-

На околу 25 километри западно од Прилеп, се наоѓа манастирот Зрзе. Во овој манастирски комплекс се наоѓа храмот посветен на Светото Преображение, "Свети Петар и Павле" (изграден подоцна, во XVII век), кулата на камбанаријата, монашките конаци, економски и други помошни згради. Црквата не била поштедена од турските грабежи и пустошења. Како резултат на тоа, значителен дел од

црковниот имот исчезнал засекогаш. Најверојатно, манастирот Зрзе бил изграден некаде во XIV век од монахот Герман, за време на владеењето на цар Душан. За ова и за подоцнежната судбина на манастирот, од неговото настанување и во годините на навлегувањето на турскиот аскер на овие простори, сведочи натписот поместен на надворешниот ѕид на јужниот влез од црквата. Храмот "Свето Преображение" претставува еднокорабна црква, со полукружен свод и полукружна внатрешна апсида. Сè до ѕидањето на припратата, во втората половина на XIV век, постоел влез и на јужната и на западната страна и тој бил заѕидан. Истовремено припратата била и живописана. Делумно се зачувани и фрески, а повеќето од нив се наоѓаат во првата зона. Врз нив се извршени потребните конзервации. Така, на јужниот, западниот и на северниот ѕид се откриени претстави на светци во медалјони, како и поголем број композиции со различни илустрации. Фре-

скописот во наосот му припаѓа на периодот од XVI век. Оттогаш датираат фреските во горните зони, каде што се среќаваат слики од животот на Исус Христос. Меѓу нив највпечатливи се композициите: Рожденство Христово, Сретение и др. "Света Богородица Пелагонитиса" се смета за заштитничка на манастирот "Св. Преображение", кој е подигнат на темелите на ранохристијанската базилика и во чијашто околина има многу остатоци од различни историски периоди, а како што веруваат монасите, таму допрва ќе се откриваат артефакти од повеќе културни епохи.

“ВОЕНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА” Книгата е составена од два дела. Првиот дел е текстуален, а вториот се воени карти. Во првиот има 12 глави, од кои две му се посветени на античкиот период, две на средновековна Македонија, а 8 глави се за периодот на создавањето на Османлиската империја на македонските простори, сè до 1948 година, кога завршува Граѓанската војна во Грција. Првиот дел е збогатен и со индекси на лични имиња, околу 2170 и 1850 географски поими. Тоа значи дека воената историја на Македонија се одвивала речиси на секој дел од територијата на Македонија и дека на неа војувале речиси сите соседни држави, дури и војските на големите сили. Исто така, има и речник на помалку познати поими од воената терминологија, како и турцизми. Две книги со 777 страници и 136 карти и мапи во боја. Телефон: +389 02 2463 655 +389 70 587 186 order@militaryhistory.com.mk

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


MAKEDONSKA KAUZA МАКЕДОНСКИОТ ЦАР САМУИЛ - 990 ГОДИНИ ОД СМРТТА

ТРАГИЧНИОТ КРАЈ НА ГЕНИЈАЛНИОТ ВОЈСКОВОДЕЦ Откако ги видел ослепените војници "како доаѓаат по таков број и ред - известува Јован Скилица - не можејќи да го поднесе храбро и мирно тоа страдање, Самуил падна на земјата во несвест, бидејќи му стана лошо. Присутните го повратија со вода и со мириси и тој малку закрепна. Штом малку се прибра, побара студена вода и кога ја испи, доби срцев удар и по два дена умре". Тоа се случило на 6 октомври 1014 година. Цар Самуил бил погребан во семејната гробница во Преспа.

Пишува: Анита ДИМОВА

М

акедонскиот цар Самуил бил еден од четирите синови на кнезот Никола и Рипсимија. Тој учествувал во отфрлањето на бугарската власт во 969 година и во востанието против Византија во 976 година, при што на македонска почва била создадена самостојна држава, која според него е наречена Самуилово царство. На почетокот владеел со неговите постари браќа, а од 986 година, по ликвидирањето на Арон, станал единствен владетел во државата. Самуил се одликувал со исклучителни војнички и државнички способности, кои му овозможиле да постигнува големи успеси во војната против Византија, за проширување на териториите на државата. Современиците го опишале како "генијален војсководец" и "воинствен човек кој не поднесува мир". Постепено, под своја власт ја обединил цела Македонија (освен Солун) и ги освоил: Тесалија, Епир, Албанија, Далмација (до реката Цетина), Босна, Рашка и поголемиот дел од Бугарија. Кон крајот на X век, со благослов на римскиот папа се прогласил за цар.

СМРТЕН НЕПРИЈАТЕЛ Така тој се здобил и со својот голем противник и смртен непријател, византискиот император Василиј, кој упорно се обидувал да го тргне Самуил од Балканот и да удри во срцето на Самуиловата држава. Со својот подмолен

план, пловдискиот стратег Никифор Ксифија, ја решил битката меѓу Василиј и Самуил, која се одиграла на 29 јули 1014 година. Планот на Ксифија бил: додека Василиј II и натаму со војската требало да врши напади на тврдините во Клучката клисура, со што ќе го задржел вниманието на Самуиловата војска, тој требал со својата војска да ја премине планината Беласица и од високите спили да удри во грбот на Самуил. Василиј II веднаш го прифатил овој план. Со своите војници ги повторувал нападите, додека Самуиловата војска успешно ги одбивала византиските сили. Но, кога тие биле во најтешките битки, од височините над нив со викотници се спуштила војската на Ксифија. Изненадени од овој неочекуван напад, Самуиловите војници почнале да ги напуштаат позициите и да бегаат. Во тој момент Василиј II со војската влегол во тврдините. Во оваа катастрофа, во подножјето на планината Беласица, на просторот меѓу Клучката клисура и денешните струмички подгорски села Борисово и Макриево, биле заробени околу 15.000 Самуилови војници. Самуил се спасил со помош на синот Гаврил Радомир, кој го качил татка си на коњ и го однел во Прилеп, далеку од бојното поле, а тој се вратил назад за да ги води борбите, со помош на војниците кои не биле заробени. Поразот на Самуиловата војска бил катастрофален. Но, Василј II не запрел на оваа победа. Тој сакал до крај да ја искористи победата и да го скрши натамошниот отпор на Самуил. Тргнал да ја заземе и Струмица, а планирал оттука да оди за Солун за да ги консолидира силите и да удри на Охрид, Преспа и на другите градови во Македонија.

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

ЗЛОСТОРСТВО Погоден од смртта на својот прославен војсководец Теофилакт Вотанијат, Василиј II се откажал од нападот на Струмица и од патот за Солун. Пред да ја крене опсадата и да се врати по патот по кој дошол, во знак на одмазда за убиениот дукс Теофилакт и неговата војска, наредил да им се извадат очите на заробените Самуилови војници кај Беласица, оставајќи му по едно око на секој стоти војник за да можат да ги одведат своите ослепени соборци кај нивниот цар во Прилеп. По извршеното злосторство, ослепените Самуилови војници заминале по патот кој водел од селото Водоча кон селото Велјуса, а оттаму преку селата Конче, Просек и Тиквешко за Прилеп. Откако ги видел ослепените војници "како доаѓаат по таков број и ред известува Јован Скилица - не можејќи да го поднесе храбро и мирно тоа страдање, Самуил падна на земјата во несвест, бидејќи му стана лошо. Присутните го повратија со вода и со мириси и тој малку закрепна. Штом малку се прибра, побара студена вода и кога ја испи, доби срцев удар и по два дена умре". Тоа се случило на 6 октомври 1014 година. Цар Самуил бил погребан во семејната гробница во Преспа.


MAKEDONSKA KAUZA

ЕПИР НЕ БИЛ Според Тукидид, Епирците биле "барбари" т.е. негрчки народ! Епир прв пат й припаднал на Грција дури на крајот од XIX век!

Пишува: Александар ДОНСКИ

В

о минатиот број видовме дека мајорот Аргад во Меморандумот кој го испратил до британската Влада, како доказ дека Епирците не биле Грци, го спомнува и пишувањето на Тукидид. Тукидид се родил околу 460 година пред Христа, а починал околу 400 година пред Христа. Познат е по делото "Историја на Пелопонеската војна", во кое ја опишал војната меѓу Атина и Спарта, а во која тој, како роден Атињанин, и самиот учествувал. Оваа војна почнала во 431 година пред Христа и по десет години војување завршила со склучување мир во Никија. Подоцна, воените дејствија биле обновени и војната траела од 413 до 404 година пред Христа. Војната ја добиле Спартанците. Тукидид наведува список на племињата кои учествувале во оваа војна на страната на Спарта и на страната на Атина. Тој пишува и дека "Амфилох, синот на Амфиаравс, го основал Аргос во Амфилохија на Амбракискиот Залив, непос-

редно по завршувањето на Тројанската војна" и дека "Многу генерации подоцна, населението во градот станало доминантно над Амбракијанците, кои граничеле со Амфилохија и станале еден народ со нив", но дека "...остатокот од Амфилохијанците сè уште биле барбари". Ова значи дека дури и во околината на Амбракискиот Залив (околината на денешниот град Арта), имало племиња кои не биле Грци. Најдецидна артикулација во детерминирањето на Епирците како негрчки народ, Тукидид дава во списокот на сојузниците на Спартанците кои биле од редовите на "барбарите". Како спартански сојузници во Пелопонеската војна Тукидид ги наведува: Каонијанците, Теспротијанците, Молосијанците, Антитенијанците, Паравенците и Орестите. За нив тој пишува дека сите биле жители на Епир и биле "барбари" (луѓе кои зборуваат неразбирлив јазик за Грците).

АНАКАРСИС, ПАВСАНИЈА И ПЛИНИЕ Меморандумот на мајорот Ардаг продолжува со извадок од античкиот автор Анакарсис. Овде читаме: АНАКАРСИС: Патувањето во Грција во 357 година пред Христа. Во поглавјето 36 пишува: "Освен грчките колонии кои се наоѓаат во неколку области на Епир, во оваа земја живеат уште 14 народи". И овој краток извадок е сосема дециден во однос на не-

грчкиот етнички карактер на Епир. Анакарсис јасно пишува дека во Епир, во IV век имало неколку грчки колонии, но дека доминантното население било составено од четиринаесет "народи" (племиња). Секако дека овие племиња тој не ги сметал за Грци штом ги спомнува одделно од грчките колонии. Во продолжение на Меморандумот следува коментар од мајорот Ардаг, во врска со пишувањето на Павсанија. Овде читаме: ПАВСАНИЈА: Во "Описот на Грција" Павсанија дури ниту го спомнува Епир, освен што алудира на приказната за Додона и Молосијанците. И за овој краток коментар на Ардаг не е потребно дополнително објаснување. Павсанија (кој бил историчар, роден во Лидија, денешна Турција, и кој живеел во II век по Христа) му посветил особено внимание на опишувањето на античките граници на "Грција" и при тоа ниту го спомнал Епир како "грчка територија". На крајот од Меморандумот повторно следува коментар на Ардаг, овој пат во врска со пишувањето на Плиние. Овде читаме: ПЛИНИЕ: Историја на Природата, Четврта книга. Плиние само ги регистрирал имињата на народите во Епир, без да дава забелешки за нивното потекло. Според него, Епир се протегал од Акрокераунус до Амбракискиот Залив. Тој ја сместува планината Олимп во Тесалија, но при тоа јасно не ја прецизира границата со Македонија, за која пишува дека се протегала до Јадранското Море. Дури и во ваквиот не сосема прецизен опис на Плиние (во однос на постарите географи и историчари), јасно се гледа дека Епир не бил "грчка територија", туку област со свои граници и народ. Коментарот за Плиние е последниот пасус во Меморан-

48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

думот. На крај следува потписот на мајорот Џ. К. Ардаг, потоа местото (Адаир Хаус) каде што веројатно е создаден овој Меморандум и датумот (18 февруари 1880 година) на кој била завршена работата на него. Ако се има предвид дека Меморандумот бил примен во Форин офис дури во февруари следната 1881 година, не е јасно зашто минала цела година од неговото создавање до приемот во британската Влада (која несомнено сама го нарачала). Меморандумот на мајорот Ардаг и неговите помошници, останал како вредно сведоштво за негрчкиот карактер на Епир во историјата, но и како уште еден показател дека пред моќта на оружјето и пред сопствените интереси, фактите се беспомошни. Иако британската Влада сосема добро знаела дека Грција немала историско право да го освојува Епир, сепак таа тоа го поддржала, секако заради сопствените интереси, кои не се поклопувале со останувањето на Епир во границите на Отоманската империја. Денес, пак, при знаењето на овие податоци трагикомично делуваат тврдењата на многу западни историчари, според кои "Епир во историјата бил населен со Грци", кои можат да се сретнат во разни историски публикации и низ Интернет. За да им се парира на ваквите артикулации, треба што помасовно низ Интернет да се шират податоците кои овде ги изнесовме, преведени на англиски јазик.

ИСТОРИЈАТА НА ЕПИР На крај да направиме краток преглед на историјата на Епир. Најстарото познато население на Епир биле племињата, кои несомнено им биле блиски на Македонците. Според античките извори, постарите Епирци и по-


ГРЧКА ОБЛАСТ старите Македонци зборувале ист јазик. Припадник на најпознатото епирско племе Молосјани (од кое потекнувала и кралската династија на епирската држава), била Олимпија мајката на Александар Македонски и сопруга на Филип Втори Македонски. Својот најголем зенит Епир, како независна држава, го достигнал во III век пред Христа, кога на негово чело бил кралот Пир. Овој крал зазел поголем дел од Македонија, па тогаш Епир се протегал од реката Вардар сè до Јадранско Море, а

на југ границата достигнувала до Термопили. До денес, во цел свет Пир останал запомнет по терминот "Пирова победа", кој настанал во негова чест. Во II век пред Христа, Епир бил заземен од Римјаните, а потоа се нашол во границите на Византија. Од 1204 до 1318 година со Епир самостојно владеело семејството на Михаил Ангел Комнен, а по нив имало и други владетели. Во 1443 година Епир бил заземен од страна на Скендер-бег, а потоа и од Венеција. Во XV век Епир паднал под власта на Отоманската империја.

На крајот од XVIII век, отоманскиот паша Али Тепелени (Алипаша Јанински) го отцепил Епир од Отоманската империја и владеел самостојно. Во 1822 година Епир повторно бил вратен во границите на оваа империја, а Али-паша бил убиен. Во 1881 година Грција го зазела јужниот дел на Епир. По Балканските војни, северниот дел од Епир останал во границите на новосоздадената Албанија. Во 1915 година со Епир владеела Италија, а во 1919 година Епир й бил вратен на Грција. Од 1941 до 1943 годи-

49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

на Италија повторно владеела со Епир, а следната година грчкиот дел од Епир бил под власта на Германците. По Втората светска војна Епир останал поделен меѓу Албанија и Грција, кои и денес водат спор за оваа територија. Забележани се и неколку обиди на Власите за создавање самостојна држава во Епир. Денешниот Епир е сиромашен земјоделски регион во кој најмногу се одгледува тутун. Денес, најголеми градови во Епир се Јанина (во грчкиот дел) и Корча и Жирокастро во албанскиот дел.


P R I K A Z N I O D M A K E D O N I J A TETOVO

GRAD KOJ @IVEEL I

Со својата местоположба во Полошката Котлина, Тетово зазема централно место и во него се вкрстувале многубројни патишта уште од римскиот период. Такви биле патиштата кои воделе од Призрен преку Шар Планина, по долината на реката Пена кон Скопје, а еден правец се одделувал кон Сува Гора и Поречието. Во правецот север-југ, отсекогаш имало добри комуникации од Косово и Метохија, преку селата Глобочица и Рогачево до Тетово, а од таму на југ кон Гостивар и Дебар. Сè тоа било во прилог на развојот на трговијата во овој град, што се потврдува и со документите.

Т

ака е уште од времето кога Тетово било селска населба, сместена во непосредна близина на манастирот "Св. Богородица Хтетовска". Како епископско седиште и црковен центар, градот станал место за трговија.

Познато е дека уште во XIV век, во кругот на манастирот, се одржувале панаѓури. Околу манастирот се развивала и населбата во денешното Горно маало, а во близина и денес се наоѓа пазарот Горна чаршија. Оваа чаршија го до-

живеала својот подем дури на почетокот на XVIII век, односно во времето на Реџеп и Абдураман-паша, кога Тетово станало центар на тетовскиот пашалак. Во чаршијата исклучително напредувале железарскиот и пушкарскиот занает. Во периодот на Османлиското владеење, градот кој Турците го нарекле Калканделен, што на македонски јазик значи Пробиштит, се развивал во насока на полето. Во горните, постари делови живееле Македонци, а во долните маала Турци, кои станувале сè побројни. Така, се создал нов центар, односно нов пазар познат како Долна чаршија, кај старите тетовци познат како Бунар, а денес таму се наоѓа градскиот плоштад. Според површината, а и намената, Долната чаршија е многу поголема од Горната и со текот на времето се проширувала низ некои улици, особено во пазарните денови. На овој начин настанале Житниот пазар, Емиш пазар, Масларски пазар, Дрварски пазар, а постоел и пазар на работна сила т.н. Аргатница. Долната чаршија околу која гравитираат наведените па50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

зари, кон крајот на XIX век во својата книга за Тетово ја опишал Хаџи Лазар Серафимов: Во центарот на источниот дел на градот се наоѓа големата тетовска чаршија. Улиците кои водат до неа се широки и добро послани со калдрма. Среде чаршијата тече јаз и на многу места во неа шаркаат водички. Дуќаните повеќето се ниски и дрвени, а од пред 5 до 6 години се градат двокатни и многу убави. Во чар-


@IVEE SO PAZARITE

Бранислав СВЕТОЗАРЕВИЌ

на, кога му била одредена нова локација непосредно до старата, односно јужно од неа. Тука тетовскиот пазар опстанал сè до 1993 година, кога на тоа место бил изграден голем трговски центар, а пазарот е преместен на локација на некогашната автобуска станица. Тој е еден од најголемите пазари во Македонија и е изграден според најновите стандарди. Во XIX век пазарен ден во Тетово бил недела. Со царска Тугра на султанот Абдул Ме-

шијата има чешми, а на најубавото и најширокото место има убав шадрван. Пред шадрванот се наоѓа многу убавата џамија, најубавата во градот. Од тука се редат митницата, дуќаните на Житниот пазар, стражарницата, бунарот и патот за Скопје. Овошје и тутун изобилува во чаршијата: тука во безредие ќе видиш купови разни квалитети тетовски тутун. Тука ќе видиш огромни количества од прочуеното тетовско ја-

болко, кои многу скапо се продаваат во Цариград, Ерусалим и на други места... Во триесеттите години на ХХ век, за амбиентот на оваа чаршија, еден патеписец го запишал следново: "...Плоштадот се полни со луѓе. Пазарен ден. Пристигнуваат дури и оние од најоддалечените населби во планината. Многу гестикулирање, викотница, а навидум мирно и воздржано ценкање. За утврдување на купопродажбата се бара катче, најчесто некоја ашчилница каде што мераклиски и со задоволство се става и се гарнира манџата, се прелива со сос и се послужува. Сопственикот вешто ги открива бакарните садови поставени на ќумбето од земја и доаѓа да го слушне убедувањето и озборувањето на муштериите. И уште нешто во оваа чаршија. Селанките до пладне трпеливо клечат на калдрмата и без збор дозволуваат купувачот да проба од сечие масло. Жените и невестите во облека од бело и чисто платно, уметнички извезено, веројатно се спуштиле од шарските височини или од

кај манастирот Лешок, и на возраст од 30 и 40 години се забележува свежина на нивното лице, топлина во очите и лесни движења на телото...". Во сеќавањето на тетовци како куриозитет се спомнува времето на италијанско-албанската окупација, кога на овој пазар, на тезгите се продавало оружје и муниција како да станува збор за овошје или за зеленчук. Овој пазар на Бунар, како таков, се одржал сè до периодот по Втората светска вој-

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

џит од 23.1.1855 година за пазарен ден била прогласена саботата, а како образложение за таквата одлука се наведува дека во Тетово треба да се почитува неделата како празничен ден на христијаните. Така било повеќе децении, сè до периодот по Втората светска војна, кога за пазарен ден бил прогласен четврток. Денес, ако ги прашате жителите на Тетово кој е пазарниот ден во градот, тие ќе ви одговорат дека тоа е секој ден и нема да ве излажат.


п

P R I K A Z N I

Старата скопска архитектура, без оглед дали е заштитена од законот или не, дали е или не е прогласена за споменик на културата, сè повеќе е "барана" и сè повеќе се пресоздава во - јавни објекти. Повеќето од нив се и угостителски, а во Скопје ваквата традиција е присутна од поодамна. Неколку од национализираните градби по војната, оние најубавите и најрепрезентативните, стануваа познати хотели и ресторани. Се разбира, откако претходно во нив живееле високи политички функционери. Да спомнеме само дел од старата скопска архитектура, која за среќа е зачувана и до денес. А тоа е само малку што од традицијата се зачува во градот. Познатата Арапска куќа во Скопје или денешниот хотел "Јадран" е изградена во 1938 година, од страна на познатиот трговец Агоп Дикиџинијан. Во тоа време таа била вистинска сензација за градот, не само заради необичниот маварско - арапски стил во кој била изградена, туку воопшто и по богатата внатрешност и раскошниот екстериер околу неа. По смртта на сопственикот Дикиџинијан и неговата сопруга Агавни, по војната во Арапска куќа живееле политички функционери, потоа познатиот Рустем-бег со сопругата Натали, Русинка, а подоцна бил пренаменет во хотел.

П

G R A D O T

БИСЕРИ НА СТАРА

SPOMENICI

ознатата "Македонска куќа", која се наоѓа под Калето, е изградена во 1937 година и тоа е еден од највпечатливите објекти на старата архитектура која е зачувана. Ја изградил познатиот скопски градоначалник од пери-

Z A

одот меѓу двете војни, архитектот Јосиф Михајловиќ. Во тоа време, покрај тоа што таа била семејна куќа, во неа се одвивал и дел од градскиот протокол. Исто така, по војната, во неа живееле високи политички функционери, а по

скопскиот земјотрес е пренаменета во угостителски објект на кој се сеќаваат многу генерации скопјани. Иако е модерна градба, таа е изградена во духот на нашето народно, македонско градителство, што й дава посебна убавина и вредност. Идејата за овој напис ми ја даде реновирањето на една, исто така, стара градба, која од неодамна е пренаменета во угостителски објект. Тоа е една стара скопска куќа од Пајко маало, попозната како "куќата на вулканизерот". Се-

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

га тоа е отмена ресторација која го носи името - "Стара градска куќа". "Куќата на вулканизерот" е редок објект кој потекнува од крајот на XIX век и е карактеристичен пример за куќа со препознатливи елементи на стара македонска градба. Тоа е индивидуална, семејна куќа, изградена од дрвена бондрук конструкција, со широк чардак и отворен трем. Стручњаците велат дека ваквите градби се предци на современата архитектура, која од нив користела многу елементи во новите, модерни конструкции. Посебен впечаток оставаат архитектонските детали, особено деталите од таваните изведени во резба. Иако е темелно реконструирана, таа денес повторно воодушевува токму со деталите задржани од народната традиција. Наведовме објекти кои, главно, го задржале својот некогашен шарм и чија намена е угостителска. Но, зачувани се и неколку други објекти чија убавина сè уште пленува, а кои немаат функција како оние што ги наведовме. Ристиќевата палата била почната со градба во 1925, а е завршена во 1926 година. Ја изградил познатиот аптекар Владислав Ристиќ. Нејзината цврста


Danilo KOCEVSKI

ТА АРХИТЕКТУРА

градба им одолеала и на скопската поплава од 16 ноември 1962 година, како и на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Денес таа е симболот на Скопје, кој обединува многу генерации и повеќе настани поврзани со градот. Со својот изглед и шарм особено се истакнуваа и палатите на Настеви, Икономови и многу други, а денес само мал број од нив се останати. Во оваа пригода ќе наведеме само некои. Палатата на денешниот пионерски дом "Карпош" е изградена по Првата светска војна. Нејзината архитектура привлекува со богатството на фасадата, раскошните капитоли и друг вид камена пластика. Се претпоставува дека ја изградил турски бег, најверојатно еден од познатите Шабан-паша браќа, а во текот на долгата историја се менувале многу сопственици. Како еден од сопствениците се спомнува и Турчинот Ферхат Драга. Посебна уметничка вредност е железната ограда изработена од познати унгарски мајстори. По војната, во 1948 година, бил формиран денешниот пионерски дом "Карпош", чија функција не престанува сè до денес. Од периодот меѓу двете

светски војни секако треба да ги спомнеме и палатата на Рубенови на улица "Илинденска", хотелот "Бристол", палатата "Шкаперда", куќата на Рибарови и др. Тоа се најпознатите семејни куќи (освен "Бристол"), но има и многу други на кои не им се обрнува вниманието кое го заслужуваат, а најмногу привлекуваат со тоа што речиси се наоѓаат пред уривање.

Шармот на старата архитектура не е создаван случајно, а големо учество во тоа имаат и архитектите чиешто творештво е навистина непроценливо. Градените објекти, како архитектонски стил, се под влијание на класицизмот и неокласицизмот, сè до маниризмот и модернизмот, за чија вредност секако придонеле големата разнообразност и инвентивноста на

53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

авторските постапки. За некои од наведените објекти посебна заслуга имаат и архитектите, покрај Јосиф Михајловиќ, и Иван Артемушкин, Драгутин Маслиќ и др. Старата архитектура треба да биде репер, а не сосема да се заборави и да ја потиснуваат новите градби, кои најчесто не се во никаков дослух и хармонија со архитектонската традиција на ова поднебје.


POKROVITELKA NAD H "Дева денес претстои во Црквата, и со Соборот на светиите невидливо на Бога Му се моли: Ангелите со архиереите се поклонуваат, а апостолите со пророците ликуваат, зашто за нас Богородица Го моли Превечниот Бог".

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

П

реславна Богородице, Дево Мајко! Мајко на Севишниот Господ! Ние го величаме Твојот Покров. Пресвета Богородице, ризницо на чистотата и добрините, спасение на светот, покровителко на светот, "Сета земја да Ти се поклони и да Ти воспева Тебе"! Царице Мајко, Дево Богоневесна, мост што води до небесата, радост на ангелите, умртвување на адот, Трновитиот Божествен венец со крвта Твоја се натопи, но љубовта и милоста Твоја останаа бескрајни и преку Тебе Бог на светот му подари голема милост. Покровителке на светот, ние го славиме Твојот Покров, го воспеваме Твојот светол Омофор: "Твојот Пречесен Омофор навистина е почесен од древниот ковчег зашто свети повеќе од килибар (не материјално, туку духовно)". Ние силно веруваме дека го славиме празникот заедно со Тебе. Затоа Црквата Ти пее. "Дева денес претстои во Црквата, и со

Соборот на светиите невидливо на Бога Му се моли: Ангелите со архиереите се поклонуваат, а апостолите со пророците ликуваат, зашто за нас Богородица Го моли Превечниот Бог". Не само пред илјада години, туку Таа за светот се моли со солзи и сега и секогаш и ќе се моли до крајот на вековите. Над нас блеска спасителниот Покров на Богомајката. Со свои очи ги гледав солзите на Божјата Мајка од Чудотворната икона на Богородица во црквата "Христово Воскресение" во Ерусалим. Настанот кој Светата Црква го прославува на овој славен празник, се случил на 1 октомври 911 година, за време на владеењето на царот Лав Мудри (или Филозоф). На целоноќното бдение, во преполнетата Богородична Црква во Влахерна кај Цариград, во четири часот по полноќ, високо во воздухот издигната над народот се појавила Пресвета Богородица со распространет раширен Омофор (Покров)

во Нејзините раце, како со Него да го покривала, заштитувала целиот народ. Со тоа јасно покажала и потврдила дека е покровителка над христијанскиот свет. "Беше облечена во златокрасен порфир и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостолите, светителите, мачениците и девиците". Во Црквата бил и Свети

54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Андреј Јуродиви, кој изненаден од тоа што го гледа, покажувајќи му со рака кон Пресвета Богородица на својот ученик - блажениот Епифаниј, го прашал: "Гледаш ли, брате, Царицата и Господарката над сите, како се моли за целиот свет?" Епифаниј му одговорил: "Гледам, свети оче, и се ужаснувам!"


RISTIJANSKIOT SVET ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Овој празник нè потсетува и на вечното покровителство на Божјата Мајка низ сите векови, и во мирни времиња и во војна. Богородица ни е дар од Бога. Бог ни ја подари за закрилница и "силен Покров на христијанскиот род, зашто е повисока од сите небесни и земни созданија". Таа е наша заштитничка пред Бога, Го омилостивува Бог и Го моли за наше спасение. Тоа најубаво е искажано преку Тропарот на празникот. "Богомајко, денес ние благоверните луѓе светло празнуваме, осенети со Твоето доаѓање, и гледајќи во Твојот пречист образ умилно говориме: Покриј нè со Твојот Чесен Покров, Богородице и избави нè од секое зло, молејќи Го Твојот Син, Христос, нашиот Бог, да ги спаси нашите души". Со Нејзиниот Чесен Покров, Црквата Божја се облече како со пресветол венец и осветувајќи се ликува пеејќи й : "Радувај се, Ти си чесна облека и венец на Божјата слава". Празникот "Покров на Пресвета Богородица" се празнува од дванаесеттиот век (на 1.10. - по стар календар, или на 14.10. - по нов календар). Таа нè повикува да бидеме под Нејзиниот Покров и да го обнови нашиот живот. Љубовта на Пресвета Богородица е совршена, бескрајна и несфатлива за чо-

вечкиот ум. Таа бескрајно го сака Бога и сите луѓе во светот. Но, луѓето кои таа ги сакала, го распнале Нејзиниот Син Единец. И покрај тоа, Таа продолжува да го сака светот и да го заштитува под Својот Покров. "Онаа Која под Крстот на Својот сакан Син ја почувствува најстрашната болка на човечките страдања, стана Божји дар на сите луѓе, дар на мајчинска љубов, грижа, сожалување, мајчинско сострадање". Светата Православна Црква нè учи дека Нејзината бескрајна љубов

го опфаќа цел свет. Со Светиот Дух од небото таа ги гледа сите луѓе на земјата и како и Нејзиниот Син, Кој е Извор на љубовта, сите ги сожалува и сите ги сака. Голема и недопирлива е за човечкиот ум таа тајна што Божјата Мајка, иако живее на небото и постојано ја гледа Божјата слава, никогаш не го заборава и земниот свет, и со своето милосрдие ја заштитува целата земја и сите народи. Богородице Дево, Те молиме, со Твојот светол Омофор осветли го и спаси го наследството на Твојот Син, распрости го Твојот спасителен Покров над Македонија. Богородица стапна на македонската земја уште пред околу две илјади години и ја благослови. Таа никогаш не ја остави нашата библиска земја, иако кон неа се насочени сатански искушенија. Нашата македонска земја ја нарекуваме света и библиска, не само затоа што е спомната во Светото Писмо, туку затоа што речиси две илјади години таа е осветувана преку молитвите на Богородица, преку молитвите на Црквата, но и натопувана со солзите и со крвта на верните Христови ученици. И денес, Божјата Мајка се застапува со молитва и со плач за страдањата на македонскиот народ и татковината. Нашите страдања се и Нејзина болка, нашите солзи се и Нејзини...Таа е Мајка на светот преку Која на

55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

Христовиот Крст било всиновено целото човештво. Во својата душа ја почувствувала неиздржливата болка за човечкото земно постоење.

ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН КУКУЗЕЛ Истиот ден се прославува македонскиот светител Преподобен Јован Кукузел, византиски композитор и теоретичар, кој живеел, се подвизувал и се упокоил во дванаесеттиот век. Завршил музичко образование во Константинопол. Станал многу популарен пејач на царскиот двор. Го напуштил дворот, и во Света Гора бил овчар, а потоа монах. Тој е особено значаен за развојот на македонската музичка култура. Се смета за еден од најзначајните музички дејци во православието во средниот век. Од византиските теоретичари бил наречен втор Јован Дамаскин, ангелогласен, извор на музиката, учител над учителите. "Радувај се, Јоване! Пеј, и не престанувај да пееш ... ", му рекла Божјата Мајка и во десната рака му оставила златник и станала невидлива. Тој се удостоил да го дознае денот и часот на неговиот крај на земниот живот. По неговата последна желба, бил сохранет во неговата црква (посветена на Св. Архангели), која сам ја изградил на Атос. Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Европски г. Горазд


СПОРТ

МЕЧУВАЊЕ

СИМБОЛ НА АРИСТОК Познати поклоници на мечувалската школа се Винстон Черчил, Теодор Рузвелт, Хари Труман, Рене Декарт, Ричард Бартон, Грејс Кели и незаборавниот Александар Дима.

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

В

о историјата посветена на мечувањето е забележано: грациозност, архаичност, интелект, уметност... Овие префинети карактеристики му даваат уникатен и неповторлив сјај на

еден од најстарите спортови. Неговите зачетоци датираат од бронзената ера, период во кој се изработени првите

форми на оружја (копја, мечеви и ножеви). Меѓутоа, натпреварувачкиот статус го бележи и во древниот Египет, а на европското тло доминира во римската епоха. По распаѓањето на Римската империја, мечот бил занемарен и заменет со оружјата на варварските освојувачи. Вистинските почетоци на она што го нарекуваме модерно мечување се од периодот на ренесансата, кога варварските воени реквизити биле заменети со лесни и со тенки оружја. Во XVI век, најпопуларни биле дуелите, кои ја истакнувале најпознатата карактеристика на мечувањето "џентлменството". Во тој период се појавиле и многу мечувалски школи секаде низ Европа, во Италија, Шпанија, Франција, Англија итн. Во XVII век, со развивањето на флореатот во Франција се случиле големи промени во мечувањето. Во тој период претежно се развивале и се усовршувале правилата за мечување. Во XVII век бил пронајден нов тип меч - епеј. Сабјата е наследена од ориенталната култура и традиција, но ја прифатиле Унгарците, кои станале неприкосновени во оваа дисциплина. Кон крајот на XIX век мечувањето станало организиран спорт, и веќе на првите Олимписки игри бил

воведен како редовна спортска дисциплина. Женското мечување го имало своето деби на Олимписките игри во Париз, во 1924 година, кога Елен Осиер од Данска била апсолутна победничка, без и еден изгубен поен. Познати поклоници на мечувалската школа се Винстон Черчил, Теодор Рузвелт, Хари Труман, Рене Декарт, Ричард Бартон, Грејс Кели и незаборавниот Александар Дима. Во мечувалскиот спорт се застапени три дисциплини, кои вклучуваат борба со три видови оружје: флорет, сабја и меч (епеј). Мечувалецот носи специјално одело, кое најчесто е во бела боја, заштитна маска, ракавица и "шнур" (гајтан кој го поврзува неговиот меч со семафорот и му овозможува да регистрира поени). Што се однесува до мечот, тој е направен од специјален челик "маражин", кој е многу еластичен. Бодувањето за секоја наведена дисциплина се одвива на различен принцип. Во историската ретроспектива на мечувањето, овој спорт е од неодамна присутен во Македонија. Неговите почетоци датираат од

56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


РАТСКАТА ЕЛЕГАНЦИЈА Османлискиот период, поточно од 1909 година, кога во Солун бил одржан првиот курс по мечување, на барање на европските конзули. Потоа, ваков курс бил одржан во Битола, во 1911 година и уште еден во Солун, во 1912 година. Вистинскиот развој на мечувањето во Македонија почнал во 1950 година, со формирањето на клубот "Работнички", кој функционирал и како единствен клуб сè до 1991 година, кога бил формиран и вториот мечувалски клуб "Вардар". И двата клуба й имаат подарено значајни успеси на македонската спортска сцена. Своја најголема афирмација клубовите бележат во седумдесеттите и во осумдесеттите години на минатиот век. Егзистенцијата на овие два клуба е доведена во прашање поради добро познатите економски проблеми во државава. Поради тоа, раководните лица и членовите одлучиле "Работнички" и "Вардар" заедно да ги одржуваат тренинзите. Повеќе од очигледна е мотивацијата и духот кој владее во македонскиот мечувалски тим. Оптимизмот и љубовта

кон овој спорт се единственото нешто што ги храбри да истраат во битката со секојдневните проблеми. Клубот "Работнички" одржува тренинзи три пати во неделата (понеделник, среда и петок) во Гимназијата "Ѓорѓи Димитров" во Скопје. Иако мечувањето секаде е прифатено како културна и ци-

57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

вилизациска придобивка, а повеќекратно се вложува во неговото усовршување и надградување, сепак во Македонија состојбата е спротивна. Како и повеќето спортови така и мечувањето е сведено на маргините, кое одамна ќе беше изумрено доколку не постоеја овие ентузијасти.


MAKEDONSKO S NCE

EP - I - CENTAR ЌОР - ЗБОР РОМАНО ПРОДИ

ЌОР - ЗБОР САШО МАЦАНОВСКИ - ТРЕНДО

НЕ СУМ ПЕСИМИСТ, АМА СЕ ОБЛОЖУВАМ ВО МИЛИОН ДЕКА МОЈОТ "ТРЕНДОЛЕНД" ИМА ПОГОЛЕМИ ШАНСИ

...И ЕВРОПА ЈА САКА МАКЕДОНИЈА, АМА САМО ПЛАТОНСКИ

ЛЕЛЕЕЕЕЕ...ЛЕЦ  БОМБИЦИ

ВИЦОТЕКА

Пасивниот отпор често е полош од активниот. Ниту еден текст не ја вознемирува цензурата, како чувството за хумор кај народот. Човештвото оди сè побрзо и побрзо. Само да не го заобиколи човекот. Законот на џунглата важи и на непошумените терени. Секој тиранин треба да го знае обемот на својот врат.

СО РАШИРЕНИ ВРАТИ НÈ ЧЕКААТ ЗА ДА НÈ ПРИБЕРАТ ВО НЕКОИ ЗАПАДНИ СТРУКТУРИ

МАКЕДОН

Претставникот на државата во "Телеком-от" видно нерасположен влегува во едно скопско кафуле. Му приоѓа келнерот и со најумилна насмевка му се обраќа: - Па, како сте денес господине, може ли едно специјално кафенце, куќата чести. Детеее! Дај едно специјално кафе, знаеш за кого! - Море, не сум добро, ме сменија мангупине! - Еј, дете не го носи кафето, не му се пиело на господинот. ЦРТА МИРО

БРАНКА и МИРО 59 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004


Подготвила: Милева ЛАЗОВА

^ORBA OD ZELKA Потребно: - 50 гр чадена сланина; - главица кромид; - 2 лажици масло; - половина главица свежа зелка; - зачинал; - 2 лажици доматно пире; - магдонос.

Подготовка: Сланината се сече на коцки и со исечениот кромид се пропржува во масло. Зелката се чисти, се сече на тенки резанки и се додава на сланината и на кромидот. Се налева со топла вода и сè заедно се вари додека зелката не омекне. При крај на варењето се додаваат зачиналот, доматното пире и магдоносот.

MUSAKA OD MLADA ZELKA Потребно: - 2 главици млада зелка; - 2 главици кромид; - масло; - 3 јајца; - половина говедска супа; - сол; - црн пипер.

Подготовка: Зелката се чисти и се сече ситно на резанки, а исто така се сечка и кромидот. Заедно се динстаат во масло сè додека зелката не омекне. Се посолува, се додава црн пипер по вкус и се става во огноотпорен сад. Потоа се прелива со три изматени јајца и чаша супа и се потпечува во рерна.

PA[TETA OD RIBA Потребно: - 80 гр исчистена свежа риба; - 2 чаши бело вино; - лист од целер; - главица кромид; - магдонос; - мајчина душичка; - дафинов лист; - 500 гр компири; - 50 гр путер.

Подготовка: Рибата се става во лонец со вода, вино, лист од целер, главица кромид, мајчина душичка и дафинов лист и околу 5 минути се вари на тивок оган. Одделно се варат компирите, потоа се лупат, се пасираат и им се додаваат сол, путер и ситно исечен магдонос. Сè тоа се меша и се додава виното. Потоа се мешаат иситнетата риба и компирите и доколку смесата е многу густа се разредува со вино. Смесата се завиткува во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер за да се стегне.

^OKOLADNA SALAMA Потребно: - 250 гр маргарин; - 100 гр чоколада; - 300 гр бисквити; - 100 гр ореви; - 100 гр шеќер; - 2 јајца; - 100 гр желе бонбони.

Подготовка: Маргаринот и чоколадата се топат на оган, се трга и се додаваат мелените бисквити и оревите, шеќерот, јајцата и сечканите желе бонбони. Сè добро се меша и од смесата се прави форма на салама.

61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 537 / 15.10.2004

537  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you