Page 1


MAKEDONSKO SONCE ВЛАДО БУЧКОВСКИ, министер за одбрана

8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


МАКЕДОНИЈА `

ОД Н А Т О Господинот Владо Бучковски е избран на функцијата министер за одбрана на Република Македонија на седницата на Собранието на РМ, која се одржа на 1 ноември 2002 година. Роден е на 2 декември 1962 година во Скопје. Во 1986 година дипломира на Правниот факултет при скопскиот Универзитет. На овој факултет магистрира во 1991 година, со магистерски труд на тема: “Начелото на консенсуалност во Римското и современото облигационо право”. Докторската дисертација на тема: “Римското и современото заложно право” ја одбранува на Правниот факултет во 1998 година. Господинот Бучковски бележи богато работно искуство. Во периодот 1987-1988 година е стручен соработник во Собранието на РМ, од 1988 до 2001 г. наставник и соработник на Правниот факултет во Скопје, а од 1988 до 1991 г. помлад асистент по Римско право. Од 1992 до 1999 година е асистент по Римско право, а во 1999 година станува доцент по Римско право, а во 2004 година е избран за вонреден професор на Правниот факултет. Неговата политичка кариера се карактеризира со нагорна линија. Во 1999 година е потпретседател на ЦО на СДСМ, од 1999 до 2001 година ја извршува функцијата портпарол на СДСМ, а од 1998 до 2000 година е член на Државната изборна комисија. Во периодот 2000-2001 година работи како претседавач на Советот на град Скопје. Од мај до ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициона Влада на РМ. Во 2002 година повторно е избран за министер за одбрана и таа функција ја врши и денес. Господинот Бучковски е автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на приватното право, објавени во земјава и во странство. Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА

Господине Бучковски, според последните сознанија, во Македонија веќе нема Амбасада на НАТО, односно во наредниве две години оваа функција ќе ја извршува Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. Што за нас значи двојната функција на оваа Амбасада, дали таа ќе биде во состојба да ги исполни обврските? БУЧКОВСКИ: Тоа е позитивен сигнал, како прво затоа што имаме подобрување и стабилизирање на безбедносната состојба. Среќна околност е тоа што нашиот главен партнер во реформите во одбраната е Обединетото Кралство и тоа ќе ја има функцијата и на контакт Амбасада на НАТО. Мислам дека ќе знаеме тоа да го искористиме. Уште повеќе што во изминатиот период Британците, преку учеството на нивните генерали на чело на советодавниот тим на НАТО како директори, но и како лични советници на Министерството за одбрана, имаат сериозен позитивен удел во напредокот на реформите во Армијата на Република Македонија. Јас верувам дека Амбасадата на Велика Британија во Македонија ќе одговори максимално на

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


M

еа инервју

ВЛАДО БУЧКОВСКИ

обврските, уште повеќе што и профилот на амбасадорот е така избран тој да има свое искуство во НАТО и во сè она што во овој момент на Република Македонија и е најпотребно. Својот пат кон НАТО нашава држава го почна со потпишувањето на Јадранската повелба, во која покрај РМ се вклучени и Хрватска и Албанија. Дали тоа значи дека во пакет ќе се разгледуваат сите три земји или постои можност во согласност со преземените активности ние да се издвоиме од оваа група? БУЧКОВСКИ: Регионалната соработка е еден од предусловите да се зголемат шансите на Република Македонија што е можно побрзо таа да стане членка на НАТО. Врз основа на искуството кое во изминатиот период го имаа, пред сè, државитечленки на Вишеградската група кои први станаа членки на НАТО, значи Чешка, Полска и Унгарија, потоа позитивното искуство на балтичките држави како дел од Вилнус групата, сè она што на РМ й беше достапно како искуство, сега се обидуваме да го примениме во нашиот пат кон НАТО. Дефинитивно, одличната соработка која ја имаме со Хрватска и со Албанија ги зголеми шансите на РМ на идниот Самит на НАТО да добиеме покана за членство, а во 2007 година и да станеме членки. Но, тоа не значи дека трите држави немаат свои специфики и дека врз основа на спроведувањето на акционите планови за членство тие нема да добиваат и различни оценки. Во овој момент неподелено е мислењето дека РМ е понапред од Албанија и од Хрватска во делот на одбранбените реформи. Кандидатурата за членство во ЕУ ја става Хрватска неколку чекори понапред во однос на другите критериуми кои се вреднуваат, економската состојба, политичките критериуми итн. Ние имаме една специфика, а тоа е имплементацијата на Рамковниот договор, односно спроведувањето на уставните амандмани, кои се резултат на Договорот од 2001 година, една специфика која ја немаат другите држави, политички критериум број еден и приоритет број еден. Затоа и Министерството за одбрана и јас како министер не можеме да останеме надвор од сè ова што се случува во поглед на после-

дната фаза од имплементацијата на Рамковниот договор, а тоа се новата територијална организација и децентрализација, бидејќи тоа е еден многу битен критериум за нашето приближување кон НАТО и ЕУ. Албанија има своја специфика, а тоа е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Исто така, и Хрватска има своја специфика, а тоа е соработката со Хашкиот трибунал и проблемите со кои се соочува последниве неколку години. Значи, веројатно сите ние посакуваме и претпоставуваме дека заедно ќе влеземе во НАТО. Но, во меѓувреме, секој одделно ќе треба со своите годишни и национални програми за членство да го докаже капацитетот и напредокот. И ако ја користиме терминологијата која неколку пати ја повторуваше хрватскиот претседател Месиќ, како се оди во НАТО, соло или во група, тогаш дефинитивно патот кон НАТО ќе биде во конвој. А во ЕУ тоа ќе биде трка каде што секој е соло, кој прв ќе стигне тој прв и ќе ги користи бенефициите и сè она што е привилегија да се биде дел од Унијата. Зачленувањето на Република Македонија во Северноатлантската алијанса е условено со низа стандарди, кои нашава земја треба да ги исполни. Со какво темпо се движиме во таа насока и до каде сме со реализирањето на Нацрт-годишната програма за членство во НАТО за 2004-2005 година? БУЧКОВСКИ: Не е нескромно да кажам дека Република Македонија, имајќи предвид што сè ни се случуваше во 2001 година, направи мало чудо за изминативе три години. Тоа значи, од периодот во кој поранешната власт обвинуваше дека за време на конфликтот сме конфронтирани со дел од НАТО генералите, дека НАТО е сојузник на тогашните терористи, сега сме во позиција НАТО да биде наш вистински партнер и сојузник. Ако во изминативе две години оваа Влада направи нешто како што треба, тоа е враќањето на меѓународниот углед и позициите кои ги заслужува државава. Република Македонија стана симбол на стабилност и симбол како треба да се гради едно мултиетничко општество, кое треба да биде гарант за стабилноста на целиот регион. Тоа не го направивме преку ноќ. Зад нас е макотрпна работа, која кулминираше со промовирањето на стратегискиот одбранбен преглед, клучниот документ кој ја дефинираше насоката во која ќе се одвиваат реформите во Армијата на Република Македонија. Тоа, пред сè, значеше напуштање на концептот на народна армија, во којашто битен ќе биде квантитетот, бројноста. Да речеме, во овој момент, на хартија, покрај 13.000 војници во активниот состав ние имаме и 26.000 во резервниот

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


состав. Тоа е Армија од речиси 40.000 војници. Според новиот стратегиски одбранбен преглед, ние предвидуваме во активниот состав да имаме 8.000 војници, а во резервниот 5.000. Но, тие да бидат максимално обучени, добро мотивирани, подготвени во секој момент да одговорат на предизвиците на новото време, а тоа е борбата против тероризмот. Тоа значи дека, за разлика од квантитетот, сега имаме квалитет кој нашите војници го докажуваат во мировните мисии и во мисиите кои се под капата на НАТО и се дел од нашето учество во антитерористичката коалиција. Во периодот кој претстои треба да го докажеме сè она што во овој момент е верифицирано како добра основа за развој на Армијата, која ќе биде мала, ефикасна, мобилна и која ќе го бара своето место во Армијата на НАТО, според наша проценка во 2007 година. Ги спомнавте мировните мисии. Испративме наши војници во Авганистан и во Ирак. Дали со тоа докажавме дека сме достојни сојузници во глобалната борба против тероризмот? БУЧКОВСКИ: Сè она што се случуваше по 11 септември 2001 година генерално значеше и промена на доктрините и на сфаќањата што една армија треба да има како капацитет и како

перформанси за да одговори на предизвиците на новото време. Се покажа дека независно од големината на државата и од местоположбата каде таа се наоѓа, всушност се наоѓаме во период кој некој условно го нарекува трета светска војна, каде што прогресивниот свет е во војна против тероризмот. Терористите не познаваат граници, независно од уредувањето на една држава, независно од континентот на кој се наоѓа, се покажува дека постои коалиција на сите ретроградни сили во светот, на сите терористички организации кои од различни побуди се осмелуваат да изведуваат масовни терористички операции кои во изминативе 3 години однесоа илјадници жртви. Република Македонија, заради искуството кое го има, заради својот капацитет, потоа местото на кое се наоѓа во регионот, има интерес и таа да биде дел од антитерористичката коалиција. Во еден условно речено политичко турбулентен период ние симболично излеговме со јасна поддршка во напорите кои ги правеа САД и Велика Британија во формирањето на антитерористичката коалиција. Тоа беше наш влог во иднината и влог во градењето на едно стратешко партнерство. Искуствата од историјата на Република Македонија покажуваат дека можеби недостатокот од стратешки партнер во клучните историски моменти била причината зашто Република Македонија навреме не остварила дел од своите стратешки интереси. Во нашата јавност имаше

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју

многу полемики, мислам дека во секој случај тие беа во насока на носењето вистинска одлука, но оваа Влада ја презема одговорноста заедно со тогашниот претседател, со покојниот Трајковски, да влезе во антитерористичката коалиција и да земе учество во мисијата во Ирак и во Авганистан. Времето покажа дека тоа беше правилна одлука. Од аспект на нашите аспирации кон НАТО, учеството во Авганистан и во Ирак претставува огромна придобивка за Армијата на Република Македонија. На дело се покажуваат способностите на нашите војници, пред сè, на припадниците на Единиците за специјални намени, кои имаа можност тоа што таму го научија тука да го пренесат како дел од процесот на едукација и тренинг кој се применува за сите припадници на Армијата на Република Македонија. Со тоа реално се зголемува рејтингот на македонската армија, која објективно го бара своето место во НАТО армијата, не со нејзиниот придонес со некои софистицирани средства кои ги нема во другите држави, туку со подготвеноста и со квалитетот на нашите војници кои ќе можат да бидат дел од ударните сили од армијата на НАТО и дел од она што во овој момент НАТО го има надвор од Европа. Во рамките на реформите кои се предвидени во Министерството за одбрана особено внимание треба да й се посвети и на воената дипломатија. На кои аспекти ќе се задржите? БУЧКОВСКИ: Јасно е дека за да се биде успешен во напорите кои ги прави Република Македонија, Министерството за одбрана, како и МНР, мора да се има дипломатска воена мрежа во центрите каде што се носат клучните одлуки. Затоа, цел ни е да ги засилиме нашите воени дипломатски претставништва во Брисел и во Вашингтон, а во другите пријателски држави од регионот да се обидеме тоа да го правиме од Скопје. Оној дел на другите сојузници, пред сè, клучните сојузници Германија и Франција, исто така, да ги покриваме со наши воени аташеа. Мислам оти искуството покажува дека многу работи кои не можат да ги направат дипломатите по поедноставен пат, на пример, во делот на соработката која ја имаме со САД околу употребата на нашето уставно име, успеваме преку военотехничката соработка и со посредство на воената дипломатија да го трасираме патот на она што би требало да биде и заложба и генерална политика на Република Македонија.

ВЛАДО БУЧКОВСКИ

Реформите во одбраната го опфаќаат и концептот за воено разузнавање, кое треба да се трансформира во согласност со стандардите на НАТО. Со оглед на фактот што британскиот модел се користи и е доминантен во трансформацијата на Секторот за воено разузнавање, како и системот кризен менаџмент, дали ние ќе се огледаме на овој модел? БУЧКОВСКИ: Несомнено е влијанието на Британците и на британските искуства во реформите на Армијата на Република Македонија, што дури е и добро. Не заради искуството кое го имаат Британците во решавањето на некои внатрешни проблеми, туку нивното искуство покажува дека тие имаат изградено систем во кој беспрекорно ја координираат армијата и полицијата, она што нам ни е неопходно. Сакајќи да направиме чекор напред и да постигнеме подобра координација на нашите разузнавачки служби, военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање, кое е под капата на МВР итн., ние се определивме за модел кој иако условно го нарекуваме британски, сепак тоа е модел за кој сметаме дека ќе даде најдобар резултат во овие автентични македонски услови. Тоа значи можност да се има подобра координација, навремени информации кои експертите ќе ги проследуваат до Управувачкиот комитет, кој ќе биде на ниво на Владата и каде што соодветно ќе се носат потребните одлуки за навремено и превентивно да се дејствува за да не дојде до проширување на криза од внатрешни размери. Пред сè, така ќе се создаде можност во овие видеоизменети услови, кога станува сè потенка границата за тоа што се полициски, а што воени ингеренции, за ние како Армија на Република Македонија да можеме да й дадеме соодветна поддршка на полицијата во решавањето на некои безбедносни предизвици, кои не се од такви размери за да мора да се прогласи воена состојба. Мислам дека сè она што во меѓувреме се прави, при трансформацијата на граничното обезбедување, каде што полицајците веќе преземаа две граници на нашата држава и се одговорни за нив, каде што процесот на демилитаризација на границата значи приближување до европските стандарди и нивно исполнување во краен случај, како и за рушењето на ѕидот кој постои во поглед на шенгенските визи, се показател дека дел од реформите кои се прават во Армијата и во полицијата се компактибилни и тоа што го правиме како приближување кон НАТО-стандардите, всушност е приближување кон европските стандарди и критериуми, неопходни и за членство во ЕУ. До каде е со примената на одредбата од Рамковниот договор за застапеноста на заедниците во македонската Армија. Дали тоа значи дека се очекуваат нови отпуштања? БУЧКОВСКИ: Се наоѓаме во една фаза кога политички е деликатно да се влечат потези, кои нема да значат редукција на персоналот во Армијата и во Министерството, односно отпуштање или какво било трансформирање на нивните работни задачи на условно речено Македонците и другите заедници. Од друга страна, имаме тенденција преку уставното начело за соодветна и правична застапеност да имаме прилив на нови Албанци во Армијата на Република Македонија. Мислам дека досега тоа го правиме многу успешно, во изминативе две години Министерството за одбрана, почитувајќи го начелото дека и со овие реформи никој не треба да остане на улица, прави максимално приближување до она што го имаме како заложба во делот на редукцијата, но од друга страна, пак, при

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


тоа да не го занемариме уставното начело за соодветна и правична застапеност. Зголемувањето на довербата во Армијата на Република Македонија и чувствувањето дека таа е армија на сите граѓани на Република Македонија, е придобивката која се покажува во сите испитувања на јавното мислење. Тоа е така и заради зголемувањето на бројот на припадниците на албанската заедница во АРМ. Имаме време до 2007 година, а за да го зголемиме процентот на офицерите ќе ни биде потребен дополнителен период од четири години, но во секој случај бројот на подофицерите и на професионалните војници полека, но сигурно се зголемува. Според нашата проекција, до 2007 година тие ќе бидат соодветно и правично застапени согласно последниот попис на населението во Република Македонија. Познато е какви се платите на луѓето кои се вработени во Одбраната? Колку и како ќе бидат распоредени средства од Буџетот кои за 2005 година се предвидени за вработените, за модернизацијата и за осовременувањето на Армијата? БУЧКОВСКИ: Една од придобивките на реформите во Армијата на Република Македонија е воспоставувањето систем на повеќегодишно планирање, проектирање и буџетирање, кое создава простор однапред да знаеме што ќе можеме во следните неколку години да користиме како дел од Буџетот, за развој и модернизација на Армијата на Република Македонија. Тенденцијата е да се намалува процентот на зафаќање на Буџетот за плати и надоместоци, а да имаме сè повеќе средства за модернизација и развој на Армијата. Ако минатата година имавме 7 проценти само за развој и модернизација, годинава имаме 14 проценти со тенденција следните години да дојдеме до 20 проценти, што е идеално во условите во кои егзистира и Министерството за одбрана, во рамките на економската и финансиската состојба во нашава држава. Платите се такви какви што се и платите на државните службеници во администрацијата на Република Македонија. Можат да бидат подобри, тенденција ни е да создаваме предуслови за да се подобрува стандардот, но не само со зголемувањето на примањата, туку и со подобрувањето на условите за живот. Во согласност со Законот за служење во Армијата, ние имаме една обврска, тоа е должноста за сите припадници на Армијата, кои го немаат решено станбеното прашање, да обезбедиме службени станови. И тука срамежливо ги правиме првите сериозни чекори, во овој момент успеавме да создадеме еден станбен фонд, кој до крајот на годината ќе биде околу 100 станови, кои пред Нова година ќе им ги доделиме на 100 семејства, чиј член е припадник на АРМ. Тенденција е да почне долго најавуваната изградба на посебни станбени единици во рамките на касарната “Гоце Делчев” и евентуално во делот кој се граничи со касарната “Илинден” во Скопје. Сè тоа се прави за припадниците на Армијата на Република Македонија да имаат приближни стандарди и услови со војниците кои се дел од НАТО-алијансата. Каква поддршка имаме од САД во однос на нашето зачленување во НАТО. Се ближат изборите за нов американски претседател. Што мислите за кандидатите? БУЧКОВСКИ: САД се најмоќната држава во НАТО-алијансата и не криеме дека со нив имаме одлична соработка, сè она што го имаме како достигнување во претходните две години се должи на силното лобирање кое го прават одредени кругови во САД за аспирациите на РМ за зачленување во НАТО. Морам да признаам дека американската поддршка се изразува преку договорите за воено-техничка соработка, кои ги имаме на

годишно ниво. Тие се присутни овде, како дел од таа военатехничка соработка, со посебен експертски тим, кој работи на реформите на македонската Армија, паралелно постои и советодавен тим на НАТО. Модернизацијата на Армијата е дел од воено-техничката соработка и благодарение на соработката со САД достигнавме висок степен на подготвеност во оној дел што значи информатичка техника, односно информатиката. Сè она што е стандард во НАТО државите, Република Македонија речиси и го постигна со помошта и донациите од САД. Убедени сме дека независно од исходот на изборите во САД, секогаш ќе има константа во нашите меѓусебни односи. Сметаме дека интерес на САД е да има стабилен Балкан, имајќи го предвид тоа што се случува во Ирак и во Авганистан, нивната интенција во делот на ширењето на влијанието кое го имаат во регионов, така што не очекувам драматичен пресврт во односите било што да се случи на изборите. Најновите сознанија велат дека Македонија ќе направи мали отстапки околу границата со Косово, бидејќи спорната територија не била ниту голема, ниту стратегиски важна. Што значи тоа, од колкав дел ќе треба да се откажеме? БУЧКОВСКИ: Тоа е парафразирање на една изјава, што не значи дека отстапки ќе прави само Македонија. Од она што јас го имам како податок, а мислам дека сум еден од функционерите во државава кој на оваа тема најчесто разговара и со

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју

странските претставници на Косово, но и со претставниците на привремената косовска Влада, можам да го изразам уверувањето дека работите стојат многу подобро отколку што очекувавме. Значи, ако се тврдеше дека ќе има проблем со демаркацијата на границата или дека е спорна границата меѓу Македонија и Косово, времето покажа дека 99,9 отсто од административната граница која ја имаме не е спорна. Тоа го признаваат и странските експерти и меѓународните авторитети кои се на Косово, како и привремените власти на Косово. Сега останува само да се изнајде формата како да се почне демаркацијата на границата и како да се формира условно речено експертски тим од засегнатите страни, зборуваме за тој 0,01 отсто, кој е спорен приватен имот во Дебалде, за со конкретен компромис кој би го направиле двете држави, двете страни, двата субјекта кои ќе влезат во демаркацијата, да го решат проблемот. Тоа значи дека ако се разговара за некој проблем и однапред не се бара некој да направи отстапка, ќе биде потребно да се направат заеднички отстапки за да се најде компромис за затворање на ова прашање.

На 7 ноември народот ќе се изјаснува на референдумот за територијалната организација од 1996 година. Сметате ли дека Вашата СДСМ оправдано ќе застане зад сегашниот предлог и оправдано ќе ги убедува граѓаните да се изјаснат негативно на претстојниот референдум? БУЧКОВСКИ: Дефинитивно, референдумското изјаснување ќе биде уште еден тест за Република Македонија. Почитувајќи ја волјата на 180.000 гласачи, Владата на РМ во ниту еден момент не се двоумеше околу оправданоста за организирање на референдумот. И покрај забелешките или предвидувањата на дел од опозиционите лидери, во изминативе три недели се покажа дека ниту Собранието ниту Владата правеле било какви опструкции, туку се почна со подготовки за кампањата за референдумот. Нашето мислење кое ќе се обидеме и да й го презентираме на македонската јавност во периодот кој претстои, е дека во овој момент за РМ би била погрешна политиката на враќање назад. Република Македонија изгуби многу време, Македонија мора да оди напред кон ЕУ и НАТО, затоа што тоа е лек за многу фрустрации, но и за многу отворени

ВЛАДО БУЧКОВСКИ

прашања кои сега се наметнаа. Убедени сме дека во кампањата ќе биде потребно да презентираме дека со новата територијална организација нема поделба на Република Македонија, туку напротив на овој начин го гарантираме унитарниот карактер на Република Македонија. Сите други тези, сите заплашувања како што кампањата ја водеа и иницијаторот и поддржувачите - да кажеме не на поделбата на Македонија, ќе ги симнат маските и всушност ќе се покаже дека иницијаторите се оние кои во изминатите 3 години никако не можат да ја прифатат новата реалност, а тоа е дека Република Македонија, по охридскиот Рамковен договор, има нов Устав и нови уставни решенија кои мораат да се почитуваат. Последната изјава на Џафери покажа дека еден од опозиционите лидери на Албанците, сфаќајќи што се случува во Република Македонија, всушност го откри и целиот план на сите оние кои се против Рамковниот договор, од различни мотиви. Значи, дефинитивно се покажа дека дел од иницијаторите кои спроведуваат вакви иницијативи се против Рамковниот договор, уште од август 2001 година, почнувајќи од изјавите на Љубчо Георгиевски, Стојан Андов, а завршувајќи со некои изјави на лидерите на помалите опозициони партии. Тие не се согласуваат со решенијата на Охридскиот договор и тоа треба да се респектира во политичката битка, во која треба да ги спротивставиме аргументите - зошто тие мислат така, зошто ние сметаме дека патот кон НАТО и ЕУ води со целосна имплементација на Рамковниот договор и со достојно почитување на Уставот. Значи, секој од свои причини ќе бара напуштање на Рамковниот договор. Најдоследен е Џафери кој не криеше дека и во 2001 година не е среќен со компромисот кој е направен. Да не заборавиме нема војна која не се води за територии. И војната во Република Македонија во 2001 година беше војна за освојување и контролирање на територии, која требаше да биде понудена и беше понудена како некоја форма на Илирида, односно како форма која во 1991 година ја дек ларираа тогашните референдумџии. Компромисот е направен, не го направија ниту Џафери ниту Љубчо Георгиевски. Од друга страна, Георгиевски не криеше дека треба навреме да согледаме дека со Албанците нема заеднички живот и кога се повлекуваше, од неговиот политички тестамент, на невидено, не знаеше каква ќе биде територијалната организација, ми порача дека во моментот кога во Собранието на маса ќе биде ставена новата територијална организација, многумина со боринче ќе го бараат предлогот, кој тој заедно со некои академици го промовираше во мај 2001 година. Така, работите стануваат многу поедноставни. Од една страна, имаме барање да ја почитуваме волјата на народот, а од друга страна имаме серија од наредени сценарија кои ги имаат сите субјекти инволвирани во оваа операција. Значи, новата територијална организација е најмалку грижа на оние кои ги собираа потписите. Секој има свои мотиви зошто да бара промена на власта, разбирливо е тоа што опозицијата бара можност да й се спротивстави на власта, се ближат локалните избори, оваа кампања за референдумот ќе биде загревање и јасно е зашто ќе се вложува дополнителен напор. Најбитно е сè тоа да помине во една демократска атмосфера затоа што нервозата и загриженоста кај дел од меѓународните претставници е заради стравувањето дека Република Македонија не може да издржи толку силни турбуленции во толку краток период, какви што имаше оваа година Република Македонија. И во оваа деликатна политичка ситуација треба повторно да покажеме зрелост и да ги демантираме и најголемите скептици дека Република Македонија има капацитет да се справува со сериозни кризи од различен карактер. Ова е политичка криза и таа треба политички да се канализира, убеден сум дека така и ќе се случи.

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


ПОЛИТИКА

ВЛАДЕЈАЧКИ МАНИПУЛ

РЕФЕРЕНДУМОТ KЕ ЈА СРУШИ ´

"Македонија ќе опстои и доста ни е од тоа кога некој нè заплашува дека еве, на пример, станува збор за судбински референдум. Тоа се измислици на истите политички кругови кои цело време, од осамостојувањето до ден денес, ја користат техниката на манипулација на народот, перење на мозокот, фобија од надворешното опкружување, фобија од Албанците и слично ", вели Камбовски. "Не велам дали референдумот ќе успее или не. Тоа е право на граѓаните, но во секој случај и да успее, територијалната поделба ќе треба да се опсервира уште еднаш од апсект на издржливост на општините, односно новите функции кои ќе треба да ги имаат", додава Камбовски.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Р

еферендумот кој е закажан на 7 ноември и на кој граѓаните треба да се изјаснат за или против територијална поделба на државата од 1996 година, според професор Владо Камбовски, доктор по казнено право, пред сè, ќе се одрази позитивно или негативно врз владејачката гарнитура. "Република Македонија како модерна држава постои од 1944 година.Таа не е создадена од 'вчера', и не е создадена од оваа власт. Ако референдумот успее тоа може негативно да се одрази врз власта и таа треба да сноси консеквенци како во целиот демократски свет. Македонија ќе опстои и доста ни е од тоа кога некој нè заплашува дека еве, на пример, станува збор за судбински референдум. Тоа се

измислици на истите политички кругови кои цело време, од осамостојувањето до ден денес, ја користат техниката на манипулација на народот, перење на мозокот, фобија од надворешното опкружување, фобија од Албанците и сл. Тоа се користи за на тој начин да опстои еден систем кој не е подготвен да се менува, реформира", вели Камбовски. Во таа насока, односно како манипулирање, тој ги коментира и изјавите на албанските политички кругови дека ако успее референдумот, ќе треба да се направи нов Рамковен договор. Повеќето Албанци, вели Камбовски, не мислат така како што мисли дел од партиското раководство на Албанците, како што всушност не е случај и со мнозинството Македонци, кои не се согласуваат со дел од македонското политичко раководство. Според тоа, треба добро да се познава психологијата на

македонскиот народ и на Албанците, да се познаваат нивните длабоки врски и заедничкиот живот со векови наназад, за веднаш да се демаскираат стравувачките изјави и од едниот и од другиот тип дека, на пример, охридскиот Рамковен договор ќе бил ставен надвор од сила, дека ќе се случела граѓанска војна, дека државата ќе се распаднела и сл. "Ништо од тоа нема да се случи, независно дали референдумот ќе успее

или не. Ако тој успее, тогаш целата владејачка гарнитура ќе треба добро да се замисли со какви проекти во иднина ќе излегува пред народот", потенцира Камбовски.

ДИСТИНКЦИЈА Професорот Камбовски објаснува дека треба да се направи јасна дистинкција меѓу Законот за територијална организација и Пакетот-закони за децентра-

ДЕМЕТРОПОЛИЗАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ВЛАДО КАМБОВСКИ

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


АЦИИ СО НАРОДОТ

АРОГАНЦИЈАТА НА ВЛАСТА лизација, особено да се посвети внимание на финансирањето на општините. "Пакетот-закони за децентрализација - вели Камбовски - се разбира дека е поврзан и со територијалната поделба, но тоа не подразбира дека нужно мораме да имаме нова организација на општините за да се спроведе децентрализацијата. Можеше, на пример, таквиот концепт да се адаптира на постојниот систем на општини, па потоа, во следната фаза,

ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ, ТОДОР ПЕТРОВ

да се види кои од тие општини би можеле да опстанат. Не верувам дека би можел да се задржи концептот од 1996 година, бидејќи да се потсетиме дека и тогаш се случи нешто слично, но во помала мера така што имаше едно наметнување на политичката волја на елитите над рационалните причини за една друга територијална поделба. Првобитните предлози кои во тоа време ги подготвија експертите, целата територијална организација на државата ја сведуваа на 80 општини, па во последен момент, како резултат на политички пазарења од сличен или од близок карактер како

овој, бројот се зголеми на 123 општини. Не велам дали референдумот ќе успее или не. Тоа е право на граѓаните, но во секој случај тој и да успее, тогаш ќе треба територијалната поделба да се опсервира уште еднаш, од аспект на издржливост на општините, односно на новите функции кои ќе треба тие да ги имаат. Новата територијална структура ќе биде фиксирана, пред сè, од функционалниот аспект, отколку од некој друг, политички па дури и од етничкиот момент", објаснува Камбовски. Тој препорачува да се согледаат недостатоците од проектите за терито-

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

ријалната поделба од 1996 година и од 2004 година, и да се направи нов, односно сериозно да се седне и да се разгледа тој елаборат за децентрализацијата, а не како приоритетно да ни се подметнува прашањето за етничките граници, туку вниманието да се фокусира врз финансирањето на општините. Тоа значи Владата за секоја општина да излезе со точни бројки, анализи, да посочи што се случува во секоја општина и што ќе се случи со неа во иднина, од овој апсект на пренесување на функциите. "На крајот на краиштата - дообјаснува Камбовски со ништо нема да им се помогне ниту на Албанците


ПОЛИТИКА ако в рака им ставите една општина, со сите рурални, градски центри, а потоа ги оставите без елементарни претпоставки. Како таа општина да функционира на задоволителен начин за Албанците во соодветната општина, а не само тие да ги зафатат челните позиции - градоначалник, советници, туку да можат сите свои права да ги остваруваат на ниво на еден стандард, кој важи за сите други општини во државата. Пренесувањето на функциите од државата врз локалната самоуправа е најчувствителното прашање. Тука не постои јасен концепт, не во смисла на тоа дали тие функции ќе бидат опишани во Законот за локална самоуправа и дали ќе кажеме дека од 1 јануари 2005 година ќе почне да функционира новиот систем на локална самоуправа, туку од Владата се очекува да направи нов реален систем на локална самоуправа, каде што граѓаните ќе можат да го реализираат своето право, а не тоа да остане на хартија", вели Камбовски и дополнува: "Кога сме кај финансирањето треба предвид да имаме низа функции кои се загрозени. Функцијата на здравството е загрозена независно од тоа дали ја врши државата или во иднина тоа ќе го преземе локалната самоуправа. Во сферата на здравството граѓаните се загрозени поради нефункционалноста на целиот систем на здравствена заштита, поради корупцијата, кражбите, големите загуби, неорганизираноста и сл. Сега, прашање е како една загрозена функција да ја трансформирате и да ја пренесете врз локалната самоуправа. Дали тоа значи дека ќе работите со едно болно ткиво, кое ќе ја инфицира целата мрежа на целата територија. Она

што било проблем во здравството, централизирано преку Фондот и слично, одеднаш ќе го распрснете на 80 или 123 општини или колку и да се. Решавањето на тој проблем не е можно без еден комплементарен пристап. Долги години се зборува за реформи во здравството, но до ден денес ние не сме виделе резултати. Состојбите стануваат сè полоши и полоши. Граѓаните не можат да обезбедат елементарна здравствена заштита и лекови, цели категории луѓе не можат да обезбедат пристап до здравствените институции. Како сега тоа одеднаш ќе може да го остварува локалната самоуправа. Состојбата ќе стане уште полоша. За финансирање на здравството се нуди некаков концепт преку Законот за финансирање, во кој сосема е нејасно како тоа ќе изгледа од општина во општина. Во некоја општина имаме концентрација на здравствени институции, имаме опрема, кадар, благодарение

ВЛАДЕЈАЧКИ МАНИПУЛ

ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ФУНКЦИИТЕ ОД ДРЖАВАТА ВРЗ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА Е НАЈЧУВСТВИТЕЛНОТО ПРАШАЊЕ. ТУКА НЕ ПОСТОИ ЈАСЕН КОНЦЕПТ, НЕ ВО СМИСЛА НА ТОА ДАЛИ ТИЕ ФУНКЦИИ ЌЕ БИДАТ ОПИШАНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И ДАЛИ ЌЕ КАЖЕМЕ ДЕКА ОД 1 ЈАНУАРИ 2005 ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ФУНКЦИОНИРА НОВИОТ СИСТЕМ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ТУКУ ОД ВЛАДАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА НАПРАВИ НОВ РЕАЛЕН СИСТЕМ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, КАДЕ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГО РЕАЛИЗИРААТ СВОЕТО ПРАВО, А НЕ ТОА ДА ОСТАНЕ НА ХАРТИЈА. КОГА СМЕ КАЈ ФИНАНСИРАЊЕТО ТРЕБА ПРЕДВИД ДА ИМАМЕ НИЗА ФУНКЦИИ КОИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ. ФУНКЦИЈАТА НА ЗДРАВСТВОТО Е ЗАГРОЗЕНА НЕЗАВИСНО ДАЛИ НЕА ЈА ВРШИ ДРЖАВАТА ИЛИ ВО ИДНИНА ТОА ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ВО СФЕРАТА НА ЗДРАВСТВОТО ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ПОРАДИ НЕФУНКЦИОНАЛНОСТА НА ЦЕЛИОТ СИСТЕМ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ПОРАДИ КОРУПЦИЈАТА, КРАЖБИТЕ, ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ, НЕОРГАНИЗИРАНОСТА И СЛ. СЕГА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЕДНА ЗАГРОЗЕНА ФУНКЦИЈА ДА ЈА ТРАНСФОРМИРАТЕ И ДА ЈА ПРЕНЕСЕТЕ ВРЗ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, ОБЈАСНУВА КАМБОВСКИ.

на партиската припадност на директорите кои ги именувале сегашните или минатите партии на власт, имаме здравствени домови кои се заглавени во

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

долгови. Слична е состојбата и во образованието. Должност на власта е сè тоа да го објасни и таа треба да тргне од општина до општина, па темелно, пре-


АЦИИ СО НАРОДОТ ку спотови, да им каже на граѓаните што ги чека од утре во таа општина. Во спротивно, ќе им останат должни и на оние за кои се мисли дека се направени отстапките, Албанците, што тие добиле од новиот систем на локална самоуправа".

T

ПРЕСВРТНИЦА Според Владо Камбовски, овој референдум треба да биде пресвртница и еднаш засекогаш да ја научи власта во оваа држава, која и да е, дека треба сите клучни одлуки да ги донесува во согласност со народот. Тој коментира дека треба да продолжи дијалогот за новите решенија за да се дојде до оптималното решение за територијалната поделба. Референдумот, како што посочува Камбовски, може само да ја сруши ароганцијата на власта. Дискусијата треба да продолжи, неопходен е нов проект затоа што од аспект на овие критериуми не може да опстане една рурална општина, на пример, Старавина. Но, во евентуално новиот модел можеби ќе се најде критерум како да се развиват тие рурални општини, кои ќе бидат посебно поддржувани од државата. Сегашниов модел и моделот од 1996 година ја цементираше постојната организација на државата од аспект на регионалниот развој и запечатување на судбината, бесперспективност за иднината на државата. Тој објаснува дека треба да се разгледа процесот на деметрополизација на Скопје. "Зошто, на пример, Врховниот суд, Министерството за шумарство, водостопанство и земјоделство, да не бидат надвор од Скопје. Зошто градот Скопје да биде посебна еди-

ница на локалната самоуправа, зошто таква посебна единица не е на пример Битола, Штип. Така луѓето треба да почнат да размислуваат. Според мое мислење, во поблиска иднина државните институ-

ции треба да се распоредат во сите градови. Врховниот суд, според географската средина, би требало да биде во Велес, Министерството за земјоделие во Битола, затоа што додека се дојде до првите

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

фарми ќе помине час и половина, Факултетот за рударството може да биде во Штип... И за тоа треба да се размислува во новата територијална поделба, покрај за децентрализацијата", потенцира Камбовски.


ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

МАРЈАН ЃОРЧ

СО ПОЛИТИКА

Од грозјето и од тутунот имаме приближно 100 милиони евра приход, или 10 проценти од македонскиот извоз. Затоа, би било логично државата да инвестира, дотира или да субвенционира во производството. Но, луѓето не примаат надоместок, а тоа може да се прави преку разни форми, регрес во заштитни средства, во вештачки ѓубрива, регрес за нафта итн. Меѓутоа, така не е никаде, ниту во Европа, ниту во САД, а ниту во Австралија.

Разговорот го водеше: Кокан СТОЈЧЕВ

Лозарите во Кавадарци се фатија за стап, а потоа се помирија со судбината. Нешто порано, против струмичани и гевгеличани беше 'Господ', кој им ги уништи посевите со земјоделските култури. Во меѓувреме, млекопроизводителите се на работ на уништувањето, а за тутунарите и да не зборуваме, сè е по старо - се дават во проблемите. Зошто? Господине Ѓорчев, како поранешен министер за земјоделство, дали можете да дадете своја оценка за моментните состојби во аграрот, бидејќи се чувствува недостаток на државна стратегија за развојот на земјоделството? ЃОРЧЕВ: Прво, сметам дека Министерството за земјоделство не може да направи своја самостојна политика, бидејќи е комплементарно со глобалната економска политика на државава. Второ, во сите досегашни влади, иако секогаш Министерството декларативно било најавувано како најпотенцијален извор на можности за перспектива за Македонија, во реалноста неговата улога не се чувствува во функционирањето на владите. Секогаш другите министри биле поваж22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

ни. И трето, во континуитет отсуствува конзистентна аграрна политика, која една на друга се надоврзуваат. Значи, акумулирањето искуства, знаења, програми и слично. Но, секој министер сам за себе си креира своја долгорочна земјоделска концепција и оттаму произлегуваат резултатите во аграрот. Последниве две години Министерството за земјоделство, односно коали-


ЕВ, ПРАТЕНИК

НЕМА МОТИКА КРИЗАТА ВО ПРО ИЗВОД СТВО ТО НА ОРИЕНТАЛ НИОТ ТУТУН ВО ЕВРОПА Е ЈАСНА. ОВОЈ ВИД ТУТУН СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ВО ГРЦИЈА, ТУР ЦИЈА, БУГАРИЈА И ВО ДЕЛ ОД СР БИЈА. ЕУ ГИ ПРОДОЛЖИ СУБВЕН ЦИИТЕ ЗА ТУТУН ДО 2005 ГОДИНА, ТАКА ШТО ЗА ЕДЕН КИЛОГРАМ ТУ ТУН СЕ ДОБИВААТ ОКОЛУ 2 ЕВРА СУБВЕНЦИЈА. ТОА СЕ 120 ДЕНАРИ. ЗА ОВИЕ НАМЕНИ УНИЈАТА ОДДЕ ЛУВА ОКОЛУ 270 МИЛИОНИ ЕВРА. СЕГА ТОА ЌЕ ГО КОРИСТИ И БУ ГАРИЈА, А ТУРЦИЈА ГО ПРАВИ ПРЕКУ СОПСТВЕН ФОНД. ИСТОТО ВАЖИ И ЗА ХРВАТСКА, А И ЗА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА. САМО МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАТ ВОРА ОЧИТЕ. ЛАНИ ЦЕНАТА НА ТУ ТУНОТ БЕШЕ ОД 70 ДО 80 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. НО, ЗА ДА СЕ ОДРЖИ МИНИМАЛНОТО НИВО ЗА ЕГЗИС ТЕНЦИЈА НА РАБОТНАТА СИЛА, ТОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАЌА ОД 150 ДО 160 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. ЗНАЧИ, ДР ЖАВАТА МОРА ДА ДАВА СУБВЕНЦИ ЈА ОД 60 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ.

цијата СДСМ-ДУИ-ЛДП, ги напушти придобивките од донесената законска легислатива и она што е посочено во Глава 2 од Договорот за асоцијација и стабилизација, а се однесува на тоа што македонскиот агрокомплекс веќе е во Европа. Со земјоделството ние веќе неколку години сме во Европа. Немаме бариери, а статусот ни е сличен како на Словенија и на Чешка. Но, тоа никој не го забележува, не се пишува и не се прават проекти за нови инвестиции. На што всушност посочувате? ЃОРЧЕВ: Ние направивме еден вид земјоделски кодекс, кој се потпира на европската легислатива која има хо-

ризонтални пунктови. Едниот пункт е цивилниот код, кој го регулира граѓанското право, а другиот се однесува на економските закони во кои се лоцирани законите за водите и шумите итн. Во наше време, ние го изменивме и го дополнивме Законот за земјоделско земјиште, кој подоцна требаше да биде заменет со нов. Потоа го донесовме Законот за фондот за земјоделство - како институција. Значи, имаме земја и средства за работа, со кои преку Фондот требаше да се помагаат земјоделциите. И на крај, ја дефиниравме професијата, кој сè може да се занимава со земјоделство. Кодексот не беше нов, туку пресликан од легислативата во ЕУ, а беше адаптиран на нашите потреби. Но, оваа коалиција ги напушти кодексот и сите законски претпоставки за подобро работење и за приклучување кон Европа.

ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ Дали поради неконзистентната политика ја имаме и сегашнава последица, превирањата во лозарството во Кавадарци? ЃОРЧЕВ: Мислам дека она што се случува со лозарите е логична последица на акумулираното незадоволство. Тој процес случајно го следам, бидејќи потекнувам од Кавадарци. Имено, при крајот на 70-тите години од минатиот век, почна ретрограден циклус во лозарството, односно во производството на столно и винско грозје, кое 25 години веќе оди по надолна линија. Економската сметка покажува дека сè што се прави е со загуба. Всушност, она што го вложувате не можете да го надополните. Спасот беше во Фондот за земјоделство, а сите европски земји, имаат фонд, агенција или дирекција во кои се акумулираат средства од наменските приливи во буџетот на ЕУ. Тоа се пари од прелевманите, од таксите и од изворните приходи на Фондот за земјоделците во ЕУ итн. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

Како Фондот ќе ја подобреше состојбата во оваа гранка? ЃОРЧЕВ: Улогата на Фондот беше да ги помага стратегиските земјоделски култури, бидејќи двете или трите клучни култури, тутунот и грозјето носеа најмногу девизни приливи. Од виното, столното грозје и неговите дестилати, се добиваат околу 50 милиони евра, а и исто толку и од тутунот. Значи, имаме околу 100 милиони евра приход од овие култури, или 10 отсто од македонскиот извоз. Затоа, би било логично, преку Фондот државата да инвестира или да субвенционира во производството. Тоа би се правело во години кога има ценовни, производни или природни кризи. Сега луѓето не примаат надоместок, а тоа може да се прави преку разни форми: регрес во заштитни средства, во вештачки ѓубрива, регрес за нафта за обработка на површините итн. Но, сè тоа отсуствува. Се промовира стратегија на слободна пазарна економија. Меѓутоа, така не е никаде, ниту во Европа, ниту во САД, а ниту во Австралија. Едноставно, ние водиме некоја посебна политика на препуштање на земјоделството на природните законитости, а тоа не нè води никаде и затоа оваа гранка ќе пресуши. Што прави Европа на ова поле? ЃОРЧЕВ: Во делот на преработувачките капацитети државата може да овозможи и да даде одреден процент средства, кои ќе бидат еден вид надоместок за складирање на вишокот вино или грозје кое е во визбите. Таа мерка се користи и во Европа кога, на пример, има големи резерви на млечни производи. Европската унија дава средства за складирањето, коешто се пресметува на годишно ниво, а се одредува во вид премија за складишните трошоци. Тоа можевме и ние да го направиме, ама ете никој не води грижа. Поради ова нашите винарски визби не можат да откупат нови реколти, бидеј-


ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

МАРЈАН ЃОРЧ

ектот е неуспешен, а имаме тројна штета: административна, финансиска и социјална. Во Македонија има труд, капитал, држава. Во овој случај, трудот се земјоделците, капиталот се земјата, основните средства за обработка, тракторите, механизацијата, и на крај доаѓа државата која требаше сè тоа да го организира. Но, државата која ја презеде одговорноста нема успех, бидејќи нема капитал и квалитетна работна сила.

Природната непогода во Гевгелиско и во Струмичко покажа дека хидромелиоративните системи се во ужасна состојба. Зошто?

ќи немаат средства, а парите им се врзани во резервите. И затоа за нашето грозје нудат ниски откупни цени, кое оди за Бугарија, за Албанија, за Грција итн.

МОДЕЛОТ Е ПРОМАШЕН Зошто пропадна акцијата за доделување обработливо земјиште на лицата кои се социјални случаи? ЃОРЧЕВ: Такви идеи имаше уште во времето на политичката влада на ВМРО-ДПМНЕ. Со нив се сакаше да се реши социјалната димензија на македонското општество, а покрај паричната помош се бараа начини како на социјалците да им се понуди земјиште за обработка. Но, за среќа на македонските земјоделци, тогаш тоа не се реализираше. Еве, во овој период, Министерството за труд и социјална политика на Владата на СДСМ- ДУИ - ЛДП, го применија овој концепт. Се сметаше дека со ова социјалната реформа во аграрот ќе донесе бенефици за луѓето кои се без работа, а воедно и правилно ќе се обработува земјиштето. Но, нема резултати. Зошто? Ќе појдам од сопственото искуство. Ако јас му припаѓам

на семејство со традиција за одгледување винова лоза во Тиквешијата, а тоа го правеле и мојот татко и дедо, значи имаме знаење, имавме механизација, подруми за складирање на родот, но не издржавме. Како тогаш ќе може еден човек да се снајде, а при тоа бил индустриски работник во Скопје, Куманово или во Свети Николе, и кој никогаш не работел на земјоделие, па ниту имал трактор, ниту мотика или било какво орудие? Како тој ќе ја обработува земјата, а живее од мизерна социјална помош? Значи, моделот е промашен. Тоа ќе успее ако социјалната реформа биде поткрепена со механизми за помагање на новопечените земјоделци. На пример, би требало на социјалците да им се помогне со еден општествен парк од механизација, од 400 до 500 тешки трактори, со 2.000 до 3.000 лесни трактори, кои би биле сервис на луѓето што би ја култивирале земјата. Потоа, треба да им понудат вештачки ѓубрива, со или без надоместок, или по одредена пониска цена со плаќање на рати, но откако родот ќе им се продаде на комбинатите. Но, такво нешто отсуствуваше при доделувањето на земјата, сега таа ниту се обработува, ниту луѓето се задоволни. Про24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533/ 17.9.2004

ЃОРЧЕВ: На овој план ние навистина имавме поволна ситуација, но не знам од кои причини како држава не ја материјализиравме. Имено, претходно од Светска банка добивме средства во висина од 30 милиони американски долари за ревитализација и за реконструкција на системите за наводнување "Брегалница", "Тиквеш" и "Полог". Тоа е финансиска конструкција од 12 милиони долари од СБ, 12 милиони долари добивме од некои земји од ЕУ и другото е македонска локална дистрибуција. Горе-долу проектот успешно се одвиваше, бидејќи притоа беа ангажирани македонските градежни фирми: "Бетон", "Пелагонија", "Гранит" итн. На тој план успеавме да ги рехабилитираме системите. Но, доколку се одржеа други (втори) преговори меѓу Македонија и странските финансиски институции, нашава држава требаше да добие нова кредитна линија од 50 милиони долари, со кои е најважно да се покријат загубите. Значи, треба да ги покриеме загубите на 26 водостопански организации, кои се во "була" околу 30 милиони долари. По ова требаше да се направи нова организација, односно нова структура на водостопанствата. Во новата шема на македонските водостопански организации треба да се вклучат примарниот и секундарниот систем: каналите за наводнување, а сегашните јавни водостопански претпријатија да се приватизираат. На крај, терцијалниот систем се водокорисниците - земјоделците кои треба сами да се организираат и да најдат начин како да ја користат водата. Тоа е системот, основата за којашто при преговорите со меѓународните финансиски институции Македонија секогаш треба да се придржува и во таа насока да го изразува својот интерес. Ние не можеме да прифатиме


ЕВ, ПРАТЕНИК

да се реструктуираат македонските водостопанства со 4.000 вработени, а притоа од нив да се отпуштат 2.000, ако не добиеме пари и организациите не ги доведеме до нула. Само тогаш можеме да тргнеме од нула, а не, на пример, административно да го укинеме "Тиквешко Поле" и да формираме некој друг субјект "Тиквешко Поле 1", со истите загуби и со помалку 100 вработени. Сега мрежата е ревитализирана, а потрошени се огромни пари за тиквешкиот систем во должина од околу 80 километри, но тоа не значи дека сме успеале со проектот за системот за водоснабдување. Затоа, потенцирам дека откако ќе ги расчистиме загубите, на почетокот од сезоната луѓето ќе имаат пари за да ги исчистат песокот и чакалот кои се наталожиле. Само дури тогаш можеме да кажеме дека нема причина за стравување од поплави и од други временски непогоди. Македонија секогаш мора да го дефинира својот интерес. Ние не можеме да прифатиме нов заем од СБ, со полоши услови за враќање на долгот. Хрватите и Србите тоа го решаваат многу едно-

КАКО ТОГАШ ЌЕ МОЖЕ ЕДЕН ЧОВЕК ДА СЕ СНАЈДЕ, А ПРИ ТОА БИЛ ИНДУС ТРИСКИ РАБОТ НИК ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО ИЛИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, И КОЈ НИКОГАШ НЕ РАБОТЕЛ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ПА НИТУ ИМАЛ ТРАК ТОР, НИТУ МОТИКА ИЛИ БИЛО КАК ВО ОРУДИЕ? КАКО ТОЈ ЌЕ ЈА ОБРА БОТУВА ЗЕМЈАТА, А ЖИВЕЕ ОД МИ ЗЕРНА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ? ЗНАЧИ, МОДЕЛОТ Е ПРОМАШЕН. ТОА ЌЕ УСПЕЕ АКО СОЦИЈАЛНАТА РЕФОРМА БИДЕ ПОТКРЕПЕНА СО МЕХАНИЗМИ ЗА ПОМАГАЊЕ НА НОВОПЕЧЕНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ. НА ПРИМЕР, БИ ТРЕ БАЛО НА СОЦИЈАЛЦИТЕ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ СО ЕДЕН ОПШТЕСТВЕН ПАРК ОД МЕХАНИЗАЦИЈА, ОД 400 ДО 500 ТЕШКИ ТРАКТОРИ, СО 2.000 ДО 3.000 ЛЕСНИ ТРАКТОРИ, КОИ БИ БИЛЕ СЕРВИС НА ЛУЃЕТО ШТО БИ ЈА КУЛТИВИРАЛЕ ЗЕМЈАТА.

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

ставно, за своите долгови кон меѓународните финансиски институции добиваат исклучителни дисконти, а Македонија ги плаќа стопроцентно. Поради тоа, сметам дека ова Министерство не може да направи ништо. Кога бев министер, во текот на годината, за јавното водостопанско претпријатие дававме помош во висина од 1 милион евра само за да почне со работа, со чистење и со санација. Но, тоа мора да се прекине, бидејќи овие пари би требало да се употребат за попродуктивни работи. Значи, прво да се санираат водостопанствата, а потоа да се зголеми наплатата на водокорисничката такса, која сега никој не ја плаќа или едвај се наплатуваат 25 проценти на македонско ниво. Сега водата се краде, а во Брегалничкиот систем се крадат пуми, електроуреди итн. Дури корисниците сами се прашуваат: ако во Полог никој не плаќа зошто тогаш ние да плаќаме? Поради непримената на законските прописи на целата територија на Македонија се јавуваат оправдана огорченост и револт кај земјоделците во источниот дел од земјава.


ЕКОНОМИЈА

'СУВЕНИРЦИ' ПР

ЕТНИЧКО ЧИСТЕ МАКЕДОН "Немаме каде да одиме. Пред Собранието ќе ги донесеме децата и фамилиите и целото население од Самоков и од Македонски Брод. 'Сувенир' е единствената фабрика од која живеат и двете општини", потенцира Светислав Стојкоски.

пратеник на ДУИ, беше главен во акцијата за собирање на оружјето, спроведена по завршувањето на конфликтот, а сега, со земањето на наменското производство на оружје под своја капа, ќе се зголеми довербата меѓу

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

"

Н

ародните избраници во Собранието на Република Македонија треба да видат како е кога некој е сит, а како е кога некој нема ниту за леб. Немаме плата, немаме зелени картончиња и не можеме да се лекуваме. Живееме многу тешко" - вака ја објаснија состојбата во која се наоѓаат работниците од Фабриката за наменско оружје "Сувенир" од Самоков, кои веќе неколку дена протестираат пред законодавниот дом. Тие бараат фабриката да остане под државна капа затоа што, како што и самите велат, со нејзината продажба ќе се уништи воената индустрија во државава. 'Сувенирци' се зачудени од најавите дека за купувач на нивната фабрика се "токми" некој бизнисмен Албанец, кој преку албанските министри во Владата притискал да му се даде предност при нејзиното купување.

Објаснувањето на Албанците лобисти пред министрите во Владата било дека со евентуалното купување на "Сувенир" од страна на Албанец, ќе се зацврстело спроведувањето на Рамковниот договор. Во обидот да бидат што поубедливи, тие објаснувале дека "Г'зим Острени, како поранешен началник на ОНА и сегашен

Македонците и Албанците". Министрите биле затечени во првобитната разработка на стратегијата за "Сувенир", но никој и не помислил дека за наменската фабрика може да се заинтересира и обичен бизнисмен, кој сака да прави профит, со оглед на фактот што во регионот сè уште се на цена оружјето и муницијата.

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

"Знаевме дека се подготвува продажбата на фабриката, но не знаевме дека таа му е понудена на купувач Албанец. Значи, во прашање е албанската мафија. Со ваквата продажба на "Сувенир" цел е да се уништат овие околни општини, затоа што тие се чисто македонски. Ако таму живееше друга националност, фабриката немаше да пропадне", потенцира Светислав Стојкоски од Штрајкувачкиот одбор. Според кажувањата на вработените во "Сувенир", фабриката добро функцио-


ОТИВ ВЛАДАТА

ЊЕ НА САМОКОВ И СКИ БРОД!? лото население од Самоков и од Македонски Брод. 'Сувенир' е единствената фабрика од која живеат и двете општини. Всушност, целото население живее само од фабриката", додава Стојкоски. 'Сувенирци' велат дека во фабриката се произведувало оружје кое е во согласност со НАТО - стандардите. Во секое време, со мали инвестиции може да се произведува такво оруж-

Србија и Црна Гора й излегла во пресрет на фабриката и денес од неа се извезува оружје. 'Сувенирци' не се откажуваат и велат дека ќе продолжат да штрајкуваат сè додека не се реши нивниот случај. Најавуваат и порадикални мерки - штрајк со глад. Ќе останат пред Собранието, ако треба и до Нова година и Божиќ. "Немаме каде да одиме. Во Скопје има наше прет-

је. Тие појаснуваат дека до пред некое време, во иста критична ситуација како "Сувенир" се наоѓала и фабриката "Црвена Застава" од Крагуевац, но Владата на

ставништво. Тука спиеме, бараме помош, храна. Некои ни излегоа во пресрет. Во Самоков нема храна, социјалната помош е минимална", објаснува Стојкоски.

"АКО ТРЕБА ЌЕ ШТРАЈКУВАМЕ И СО ГЛАД", СВЕТИСЛАВ СТОЈКОСКИ

нирала дваесет години и тие редовно земале плата. Последниве две години државата намерно избегнувала да им дава плати и да им ги плаќа придонесите, а како што велат и самите вработени, производите не се купувале од нив само за да настане ваква ситуација. Тие штрајкуваат веќе неколку дена и бараат средба со претседателот на РМ, Бранко Црвенковски, но ги примил само премиерот Хари Костов, кој им рекол дека фабриката ќе се ликвидира и дека за вработените ќе се изработи минимален социјален пакет, но не спомнал колку тој ќе изнесува. "Одовде не си одиме. Ќе останеме овде, под шатори, тука ќе спиеме. Пред Собранието ќе ги донесеме децата и фамилиите и це-

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


ПОЛИТИКА

КАМПАЊА СО РАЗЛИЧЕН ВИОЛИНСКИ КЛУЧ

‘НОЕВА БАРКА’ ЗА ГРАЃАНИТЕ Борбата е тешка, но таа се добива во арената. Во пропагандниот спектакл ќе учествуваат и мали и големи политичари, но и заталкани аналитичари. Карванот го почна Меѓународната кризна група, но битно е што ќе прават домашните. Тие сега го делат колачот, но кој ќе ги даде парите? Тодор Петров ќе мора да се потпре на своите столбови, опозицијата, невладините организации и медиумите кои ја поддржуваат неговата идеја. Додека, пак, власта може мирно да ги следи нивните чекори, бидејќи имаат ‘бесни’ возила, ја имаат МТВ, но и други медиуми.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Р

еферендумската кампања уште не почнала, а душегрижниците ги вкрстија ракавиците околу парите, бидејќи пропагандата ‘За’ или ‘ПРОТИВ’ е одлична мека за покривање на личните страсти кон “шушките”, а не кон суштината на референдумското прашање. Но, во овој момент тоа и не е толку битно, кој колку ‘долари или евра ќе потроши за пропагандата’, колку двата концепта се кристално јасни пред почнувањето на референдумските карвани. СДСМ, ДУИ и ЛДП ќе го бараат својат спас во убедувањето на народот за наводната штетност на референдумското изјаснување и повторното создавање тензии и несигурност во државата. Наспроти нив, иницијаторот Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, ќе плива со старите ајкули, кои му се приклучија на најдемократскиот проект во Република Македонија, откако ги исцрпија сите можности за сопствено рехабилитирање. ТАЈНИТЕ ФОНДОВИ Тодор Петров ќе се обиде

да го убеди македонскиот народ, Албанците и сите други, дека со ова гласање не се уништуваат Рамковниот договор и децентрализацијата, и дека се нема седум животи за спас на државата и на граѓанскиот концепт за развој на земјава. Всушност, со референдумот не се запира децентрализацијата, туку демократското право се доближува до граѓаните, сами да одлучуваат за даноците и за локалните проблеми. Но, сепак на иницијаторот најголем проблем ќе му биде пропагандната машинерија на власта. Таа ќе ја црпи својата енергија од “Буџетот на РМ”, од тајните фондови и од дотациите на ДУИ. Истовремено ќе се реактивираат и локалните ‘паши и бегови’ т.е. привремено пензионираните команданти на ОНА, кои ќе го заплашуваат народот. Како тогаш да се оди од праг до праг, од куќа до куќа и да се објаснува целта на референдумот? Многу тешко, но спокојно, ‘кроце по кроце’, и со ‘усул’ во главата, бидејќи пред себе Тодор Петров ќе има аждаја. Таа нема да бира ниту средства, ниту ќе бира начини за да не успее ноемврискиот референдум, бидејќи не им успеа проектот на ‘15 септември’ да им ја пре-

даде власта во рацете на народот.

Референдумот е ‘Ноева барка’, симбол на граѓанскиот отпор, но и метафора за немоќта да ги остварат сопствените права, кои сè повеќе им се загрозени. Затоа, изјаснувањето е сламка на спасот за која мораат да се здружат и средствата и севкупниот можен човечки потенцијал. Во политичката борба ќе има ниски удари, но и неочекувани потези, кои ќе

тоа, борбата е тешка, но таа се добива во арената. Сега таа се подготвува за ‘крвав духовен пропаганден спектакл’, во кој ќе учествуваат и мали и големи деца, и мали и големи политичари, но и заталкани аналитичари. Карванот го почна Меѓународната кризна група, но битно е што ќе прават домашните. Тие сега го делат колачот, но кој ќе ги даде парите? Тодор Петров ги нема и ќе мора да се потпре на своите столбови, опозицијата, невладините организации и медиумите кои ја поддржуваат неговата

ја фрапираат домашната и меѓународната јавност. Во овој момент, надворешните фактори се обидуваат да се дистанцираат од внатрешните превирања. Меѓутоа, цело време ги контролираат внатрешните играчи. Затоа, нема да нè зачудува ако тие ја поддржат политиката на власта, бидејќи ако референдумот успее тоа ќе биде шлаканица за странците. Но, тој нема да ги забави реформите, туку ќе го отрезни народот и дефинитивно ќе им застане на патот на ретроградните процеси во Република Македонија. Поради

идеја. Додека, пак, власта може мирно да ги следи нивните чекори, бидејќи имаат ‘бесни’ возила, ја имаат МТВ, но и други медиуми кои ги финансира од тајните фондови. Тоа ја докажува старата поговорка: средствата ја оправдуваат целта. Но, за што се борат граѓаните, односно против што со референдумот се бори цивилното население? За својата судбина. Таа е во рацете на народот. Но, дали на 7 ноември ќе се случи народот, или на овој датум нему ќе му биде ускратено најдемократското европско право?

НИСКИ УДАРИ

33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004


ÈÍÒÅÐÂJÓ ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ, АВТОР НА КНИГАТА

ТРИ МАКЕДОНСКИ Познато е дека во соседните истории најчесто се негира македонската историја. Тоа беше повод и причина оваа книга да се преведе на англиски јазик и на тој начин таа да й се стави на располагање на широката светска јавност, за да може да се запознае со вистинската историја на македонскиот народ. Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА

Господине Стојчев, Вие сте автор на книгата “Воена историја на Македонија”, овој пат преведена на англиски јазик. Објаснете ни каква наука всушност е воената историја? СТОЈЧЕВ: Воената историја е специфична наука, која има свој предмет, метод на истражување, сопствена терминологија и теорија. Предмет на македонската воена историја е изучувањето на сите воени настани кои се случувале на македонската етничка територија и на другите територии на коишто Македонците учествувале во ослободителните борби на соседните или подалечните народи. Методот на воената историја е познатиот историско-компаративен, со кој се изучуваат настаните и се извлекуваат поуки и искуства со кои се создаваат современата македонска армија и вештина. Терминологијата на воената историја, главно, е земена од терминологијата на воените науки, но присутна е и терминологијата на националната историја. Теоријата на македонската воена историја, како основен извор за изучување, прет-

ставува збир на сите запишани документи, без разлика дали тие се наоѓаат во архивите или, пак, се објавени во литературата. Со ова сосема се поклопува методолошкото поимање на поимот воена историја како наука.

формации, македонски чети кои се бореле за слободата на туѓи народи, под претпо-

српско востание во 1804 година, во Грчкото востание - 1821 година, во Бугарското востание - 1876 година учествувале македонски чети, односно воени формации кои го ностат името - атрибутот македонски. Ете, тоа се причините зашто треба да се изучува македонската воена историја.

Зошто воена историја во Македонија? СТОЈЧЕВ: Ние три пати сме формирале држава, која циклички траела во текот на нашиот 28-вековен период на опстојување. Така, во античкиот период, македонската држава траела сè до 148 година пр.н.е. Потоа, таа држава била под власт на Римската империја, по неа доаѓа Византија, време кога царот Самуил ја формирал македонската средновековна држава. По нејзиното пропаѓање во 1018 година повторно настанал еден период кој траел 1000 години, во кој Македонија не е држава, сè до 1944 година на Првото заседание на АСНОМ, кога по трет пат е формирана македонска држава. Значи, во 28вековниот историски период на македонскиот народ, три пати сме имале држави со многу кратко траење, но нашата воена историја продолжува во континуитет. Македонска војска се формирала и во туѓи држави, биле создавани и македонски воени

ставка дека тие ќе учествуваат во ослободувањето на македонскиот народ. Така, на пример, веднаш по Карпошовото востание, при големата преселба, многу Македонци заминале за Австријаденешна Војводина, а десетина години подоцна тие повторно, со договор меѓу двете царици Елизабета Петровна и Марија Терезија, се префрлиле во Украина и таму бил формиран македонски полк. Значи, нема македонска држава, но постои македонска воена формација, а според националноста тие се определиле како Македонци. Потоа, во Првото

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

Но, зошто книгата е преведена на англиски јазик? СТОЈЧЕВ: Познато ни е дека во соседните истории најчесто се негира македонската историја. Тоа беше повод и причина оваа книга да се преведе на англиски јазик и на тој начин таа да й се стави на располагање на широката светска јавност за да се запознае со вистинската историја на македонскиот народ. Исто така, моја единствена цел и желба е со оваа книга еднаш засекогаш да се исфрли кратенката БЈРМ.


“ВОЕНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА”

ДРЖАВИ ЗА 28 ВЕКА Пред неколку години ја напишавте истоимената книга на македонски јазик. Дали постои некаква разлика меѓу македонската и англиската верзија? СТОЈЧЕВ: Во поранешната ЈНА, каде што предметот воена историја беше еден од носечките, македонската воена историја се изучуваше само четири часа и тоа два часа му се посветуваа на Илинденското востание, а другите два на Втората светска војна. Со осамостојувањето на Македонија и со формирањето на Воената академија се создадоа можности да се изучува македон ската воена историја и да се пишува за неа. Се зафатив со оваа задача и по 20 години истражувања и 5 години конкретна работа на техничката изработка на воената историја, во 2000 година ја објавив книгата “Воена историја на Македонија” на македонски јазик. Веднаш се забележа потребата таа да се објави и на англиски јазик, чие издание е дополнето и изменето. Во неа има голем број нови географски карти, кои потекнуваат од античкиот и од средновековниот период и некои специфични карти од поново време, на коишто се докажува етничката територија на Македонија од времето на Филип II Македонски сè до 10 август 1913 година, кога по Балканските војни таа е распарчена. Тоа е речиси 28-вековен период на постоење на етничка Македонија, кога името Македонија опстојува, постојано се

употребува, без оглед која империја владее. Сакам овие карти да бидат како најсилен столб, како оружје со кое ќе можеме и треба да го браниме и името и потеклото на македонскиот народ.

Спомнувате богата необјавена архивска документација за војните. Од кој период датираат и зошто досега тие не се објавени? СТОЈЧЕВ: Главно е користена необјавена архивска документација. Познато ви е дека до распаѓањето на Советскиот сојуз и до соборувањето на Берлинскиот ѕид архивите од источните држави беа од затворен тип, а ние припаѓавме на една комунистичка држава каде што, исто така, не се даваа можности за истражување во западните архиви. По осамостојувањето на Македонија се создадоа можности да се истражува нејзината воена историја, така што користев документи и од архивите во Анкара, Софија, Белград и во Франција.

Каков и колкав е придонесот на оваа книга во збогатувањето на македонската воена историја? СТОЈЧЕВ: Спомнав дека еден од условите за опстојување на воената историја како посебна наука е создавањето воена теорија, која се создава со изучување на разни документи, кои настанувале или се пишувале во време на воените настани или непосредно по нив. Тежи-

БИТКАТА КАЈ ХЕРОНЕЈА

штето на оваа книга го претставува XIX и XX век, со оглед на тоа дека токму за овој период има најголема амнезија во архивската документација. Книгата е особено значајна по тоа што не ја изучува само историјата на битките, на востанијата и на војните, туку во неа се содржани и други аспекти на воената, на дипломатската и на политичката историја. Покрај воените настани тука се изучуваат и односите на соседните народи, на големите сили кон македонското прашање и неговата актуелност и присутност на меѓународните конференции. Се изучуваат економската, политичката, социјалната состојба на македонскиот народ во Византиската империја, во Османлиската, во време на Балканските војни и односот на македонскиот народ кон слободата, кон демократијата во Македонија. Значи, имаме едно комплетно дело кое, пред сè, ја содржи воената историја но, исто така, ги

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

разработува и организацијата на војската, составот, нејзиното создавање, создавањето на таа држава, местото и улогата на војската во неа, односот на државата кон војската, односот на војската кон народот и обратно.

Кои се придобивките на македонската воена практика во современата македонска армија? СТОЈЧЕВ: Прво кои се придобивките од македонската воена теорија за воената практика. Имено, ако сакаме да градиме иднина треба да се осврнеме кон нашите традиции и искуства. Никој никому не може однадвор да му ја донесе слободата, ниту да му организира држава. Народот мора да ја создава со сопствени сили. Една од основните придобивки е таа што уште во времето на Илинденското востание Гоце Делчев иста-


ÈÍÒÅÐÂJÓ ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ, АВТОР НА КНИГАТА

кнал дека слободата е скапа работа и дека македонскиот народ ќе треба сам да се избори за таа слобода, но за да дојде до неа народот ќе треба да има и соседи со кои заедно ќе учествува во ослободителните движења. Така, Кузман Јосифовски Питу, во 1942 година ги повикал сите кои не биле членови на Комунистичката партија, но имале авторитет меѓу народот, да се вклучат во националноос лободителната и антифашистичката војна и на тој начин да го привлечат народот за и тој да вклучи во борбата. Токму овие придобивки од времето на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски Питу претставуваат силен придонес во изградбата на современата македонска војска. Имаме случај кога народот сам го избира својот лидер. За време на Разловечкото востание, Димитар Попѓорѓиев Беровски го продал имотот за да купи оружје за борба. Токму со овој гест тој ја здобил довербата на народот, така што на неговиот повик веднаш се јавиле 5000-6000 борци. И за време на Кресненското востание, повторно на повик на Беровски, кој влијаел исклучително со својот авторитет, за кратко време во него се вклучиле повеќе од 15.000 востаници. Паралено со ова, во 1941/42 година се појавил Покраински комитет на КПЈ за Македонија, во кој со оглед на предзнакот југословенска партија, македонскиот народ немал многу доверба па затоа и не се вклучувал во организацијата. Дури во 1943 година, кога Кузман Јосифовски Питу ги повикал патриотите Ченто, Кирил Петрушев, Панко Брашнаров, кои со својот авторитет влијаеле кај населението и Македонците масовно пристапиле кон НОБ. Сите овие придобивки се за-

бележани и претставуваат незаобиколен дел од македонската историја, а можат да бидат и поука за создавањето на современата македонска армија.

Специјално

внимание

вало по турската терминологија. Ајдутското движење претставува една форма на полувоено движење и има особено значење за создавањето на македонската револуционерна организација. Тоа има воени формации ајдутски чети кои се здру-

МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА

му посветувате на Ајдутското движење. Зошто? СТОЈЧЕВ: Во услови кога Османлиската империја била многу силна, кога револуционерните движења од Запад тешко навлегувале до централниот дел од Османлиската империја, односно до Македонија, кога не постоела македонска револуционерна организација се појавило Ајдутското движење. Тоа не било арамиско движење, како што се толку-

жуваат и создаваат востанички чети, каде што владее хиерархија. На врвот е водачот наречен арамбаша, кој се избира според заслугите. Во тој формациски состав постои барјактар, кој носи знаме, курири, јатаци и има програма за одржување врски со населението. Тоа е широка лепеза на програмски документи во кои се дефинира кој човек во кое време со кого ќе стапи во врска. Ајдутските чети се претходница на современите во-

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

ени формации.

Колку воената стратегија која ја применувал Александар III Македонски во битките би й користела на современата армија? СТОЈЧЕВ: Искуствата и поуките од македонската воена историја мораме да ги изучуваме, особено македонските воени лица. При изучувањето мора предвид да се земат и условите во кои тие се одвивале. Така, техниката и начинот на војување се разликуваат, меѓутоа исти се принципите во кои се војувало тогаш и денес. Тоа се дисциплина, брзина, одговорност, еластичност, содејство. Овие принципи се исти и во античкото време и денес. Согледувајќи ја стратегијата на Александар Македонски, а имајќи го предвид неговиот гениј во водењето вооружани дејства, ќе истакнам што е најкарактеристично. На пример, во битката кај Ис, Александар ја распоредил својата фаланга, која броела околу 40.000 војска покрај реката Пинар. Од друга страна, се распоредиле силите на Дариј, кој имал околу 200.000 војска. Класичната борба на македонската фалага со учество на коњаницата и со содејството на лесната коњаница и пешадија и со оглед на примената на принципите брзина, упорност, воена вештина, Александар успеал да ја победи помногубројната непријателска војска. Во следната битка кај Гавгамела, кога Александар го согледал борбениот распоред на Дариј, забележал радикална промена во него. Дариј имал помногубројна војска од претходната битка. Во првиот борбен ред имало слонови, а покрај нив се наоѓале коњски запреги на чиишто


“ВОЕНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

оски имало долги сечила. За Александар ова било непознато, но со својата генијалност тој сосема ја сменил стратегијата, па во прв план ги поставил лесните стрелци и пешадијата, со задача да стрелаат во животните. Тоа придонело Даријевата војска да биде самопоразена. Од ова може да се сфати дека Александар бил генијален ум за поставување и донесување стратегиски одлуки. Тука ќе направем една споредба. Во 2001 година имавме воен конфликт. Нашите стратези за случајот Карпалак рекоа дека биле изненадени. А Александар, за 8 години поминал 18.500 километри од Македонија кон Индија, и не доживеал ниту едно изненадување. Значи, добро организирана логистика, обезбедување, разузнавачка служба, соодветно поставување на задачите, донесување навремена одлука, а зад него 15.000 километри. А за Карпалак - слаба организација и на 18 километар од Скопје изненадување. Ете, тоа е знак дека македонската воена историја не била добро прочитана и проучена.

Да се вратиме на поновата историја. Каква е поврзаноста на македонската војска и АСНОМ? СТОЈЧЕВ: Поврзаноста на АСНОМ и на македонската војска и на конституирањето на македонската државност е во непосредна дијалектичка врска. Имено, за да се создаде држава неопходна е политичка организација за да се создаде воена сила. Политичката организација, односно комунистичката партија, се појавува како политичка сила, а партизанските одреди, бригадите, баталјоните, дивизиите се појавуваат како воена сила, која сè

до одржувањето на АСНОМ била во функција на политичката организација. Меѓутоа, со конституирањето на АСНОМ како македонска држава, македонската војска станува дел од системот на државата. На 2 август македонската држава се јавува како држава во борба против друга држава, која извршила агресија врз Македонија. Македонија веќе не се појавува како анектирана територија, како западна бугарска или како јужна српска бановина, туку се поставува како држава која војува против држави, држава која е меѓународно призната и чија војска има рамноправен статус во рамките на антихитлеровската коалиција.

На Македонија како да й е судбоносен месецот август. Многу црни настани се случуваат токму во него. Дали се согласувате со оваа констатација? СТОЈЧЕВ: Дваесетиосумвековната историја на македонскиот народ судбински е поврзана со месецот август. Овој месец, главно, е злокобен за Македонија. На 2 август 338 година Филип II ги победил обединетите грчки сили. На 2 август Александар Македонски прв пат застанал на чело на македонската коњаница и учествувал во битката кај Херонеја. Тој не само што учествувал, туку дал и радикален пресврт во неа, негова најголема заслуга е што македонската војска победила и со што Филип станал хегемон над грчките градови-полиси. Второ, многу значајно е тоа што во 1014 година на 29 јули се случила Беласичката битка, кога биле ослепени 14.000-15.000 македонските војници. Ослепувањето почнало на 1 август и траело неколку дена. Во

август, како мошне трагичен настан е Илинденското востание, кое иако има позитивни карактеристики и достигнувања во македонската историја, сепак е задушено во крв. Потоа, на 10 август 1913 година е склучен Букурешкиот мировен договор, со кој македонската територија е распарчена. Во 1914 година, во Крагуевац непосредно пред битката кај Цер, стрелани се стотици Македонци кои не сакале да ја примат српската кралска заклетва. Единствена светла точка во тој црн месец е 2 август 1944 година, кога се одржа Првото заседание на АСНОМ при што се удрени темелите на македонската современа држава. И, за жал, на 13 август беше потпишан Рамковниот договор...

спомнувам битката кај Гавгамела, која е генијално изведена. Во историјата на изучувањето на битките не сум сретнал некој друг војсководец, со помала војска, на итар начин да успее да победи многу поголема војска. Покрај оваа битка особено карактеристично е Македонско-кресненското востание, кога е донесен правилник во кој се регулира создавањето македонска војска. Исто така, мошне убаво стратегиски воено издржано е изработена одбраната на Крушево во 1903 година. На крај, импресиониран сум од Февруарскиот поход и од Пролетната офанзива.

Лично Вие, како воено лице, која битка или војна би ја издвоиле како настан кој Ви оставил впечаток, односно Ве импресионирал?

СТОЈЧЕВ: Воената историја е наука која нема крај и не може да биде завршена. Оваа книга ја сметам како почеток во изучувањето на македонската воена историја не само како целина, туку и за секој сегмент од неа.

СТОЈЧЕВ: Со најголемо задоволство честопати ја

Дали сметате дека треба да се изучува македонската воена историја?

“ВОЕНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА” Книгата е составена од два дела. Првиот дел е текстуален, а вториот се воени карти. Во првиот има 12 глави, од кои две му се посветени на античкиот период, две на средновековна Македонија, а 8 глави се за периодот на создавањето на Османлиската империја на македонските простори, сè до 1948 година, кога завршува Граѓанската војна во Грција. Првиот дел е збогатен и со индекси на лични имиња, околу 2170 и 1850 географски поими. Тоа значи дека воената историја на Македонија се одвивала речиси на секој дел од територијата на Македонија и дека на неа војувале речиси сите соседни држави, дури и војските на големите сили. Исто така, има и речник на помалку познати поими од воената терминологија, како и турцизми. Две книги со 777 страници и 136 карти и мапи во боја. Телефон: +389 02 2463 655 +389 70 587 186 order@militaryhistory.com.mk

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 533 / 17.9.2004

533  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you