Issuu on Google+


MAKEDONSKO SONCE д-р ПАНДЕ ЛАЗАРЕВСКИ, политиколог

ДРЖАВА НЕ "ПОБРКАНИ

8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


СЕ ГРАДИ СО " ЛОНЧИЊА

Директорот на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Панде Лазаревски е доктор по политички науки и применета политика. Тој се усовршувал на многу странски високообразовни установи: Tempus Individual Mobility Grant (12 мај - 15 септември 1997 год.) Универзитет Македонија, Солун - Грција; Fulbright Program - John Marshall Fellow (септември 1995 г. - август 1996 г.); GSPIA/University of Pitsburgh - SAIS/ The Johns Hopkins University in Washington D.C. Merchon Center for Studies in International Security & Public Policy at Ohio State University, USA. Се доусовршувал и на школите: Летен институт, "Граѓанско образование и практикување на демократијата" (Лондон 1998 г.) при Универзитет на Лондон; Обука на обучувачи, "Администрирање со локалната самоуправа" (Скопје 1997 г.), реализатор - Холандската асоцијација на општините; Летен институт за политичка психологија (Колумбо-Охајо, 1996 г.), Државен универзитет на Охајо, Центар за студии за меѓународна безбедност и јавна политика; Семинар за симулација на меѓународни кризи (Вашингтон, Д.К. 1996 г.), Факултет за применети меѓународни студии при Универзитетот "Џонс Хопкинс" и други. Член е на Форумот на независните интелектуалци, во кој партиципираат низа истакнати македонски академици, професори, бизнисмени итн. Разговорот го водеше: Кокан СТОЈЧЕВ

Господине Лазаревски, за неколку дена ќе го прославиме денот на независноста, 8 септември, но поради актуелната политичка ситуација сè повеќе се наметнува размислењето дека Република Македонија би можела да исчезне. Зошто со секоја политичка опција го имаме истото чувство? ЛАЗАРЕВСКИ: Можеби, бидејќи секогаш повторно се прашуваме дали власта го има потребниот капацитет да се носи со проблемите пред кои се наоѓа. По мое длабоко убедување, одговорот е НЕ. И тоа не е нешто ново и специфично, поврзано за постојнава владејачка гарнитура. За жал, тоа се повторува и секогаш го констатираме истото, со секоја следна гарнитура сè пожестоки се само негативните последици. Појавата на некадарноста на надлежните власти е целата небиднина што нè опкружува. Друго и, по мое мислење, многу позначајно прашање е тоа на што се должи ваквото елементарно отсуство на капацитет да се води државата. Или ако сакате поинаку, зошто досега не е воспоставен таков капацитет и на политичко и на административно ниво. Одговорите навистина се горчливи. Не би сакал да ги коментирам ставовите дека тоа што досега не е изграден потребниот капацитет за водење држава е резултат на отсуството на иде-

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


M

еа инервју д-р ПАНДЕ ЛАЗАРЕВСКИ

јата за државност. Повеќе би можело да се каже дека отсуствува потребната политичка зрелост која е неопходна за водење држава, но за жал не само кај политичарите. Едноставно, политиката е сведена на дневно промислување за сопствен опстанок на политичката сцена, како да не постои идеја за историско траење, како да се нема чувство за јавно добро, а за јавна одговорност и за стратешка промисла и да не зборуваме. Сè е некако од денес за утре: главно случајни поединци заскитани во политиката, фактички силници на денот, доволно дрски да одлучуваат за судбините на молчеливите, кои настојуваат егоистички приземно да го искористат моментот, без грижа на совест и срам. Пред некое време, еден искричав ум ми го наметна прашањето дали силата на подгризнувачите е во бессилноста на подгризнуваните. На ова би додал: и во мазохизмот на подгризнуваните, болката од угризот да ја прифаќаат како нормална. Во државава владее општа апатија и безнадежност, последица која ја наметнаа македонските политичари. Дали вината за ваквата слика мораме да ја сносиме сите, бидејќи дозволивме да нè доведат до просјачки стап? ЛАЗАРЕВСКИ: Веќе реков дека проблемот не го лоцирам само кај политичарите, бидејќи нема одговорни политичари без одговорна јавност. Ако некој го каже гласно тоа што го мисли и притоа не преземе конкретни чекори да го оживотвори во практика, тој не се амнестирал од одговорноста. Која е смислата на критиката ако се остане само на зборови? Внимателните набљудувачи забележале дека сите сме доволно храбри само кога критикуваме од зад грб, подзатскриени. Ќе критикуваме дека власта е корумпирана, но подготвени сме да дадеме 'рушвет', ќе критикуваме дека нема ред, а први сме да ги прекршуваме правилата и да фаќаме врски ако нè казнат, ќе се воодушевуваме од старините и културното наследство на другите земји, но сопственото културно наследство систематски ќе го запоставуваме и уништуваме. Истото ни се случува и кога станува збор за т.н. крупни политички теми, пред сè, за етничките односи и иднината, односно опстанокот на државата. По дефиниција, виновни ни се Албанците дека имаат поинаков сон од нас и

сакаат да го исполнат, а не се прашуваме зошто ние сме некадарни да го оствариме нашиот сон, ако воопшто го имаме. Затоа би рекол, ни се случува неснослива леснотија на хипокризијата и опасна соживеаност со духовната 'мемла', се опстојува во лага и самоизмамување дека злото е во другите. Прво сами да се погледнеме во огледалото, а потоа да судиме за другите. Во тој колективен занес кога другите ги обвинуваме, ние како 'запршка' секогаш ја додаваме улогата на меѓународната заедница!? ЛАЗАРЕВСКИ: Постојаното обвинување на меѓународниот фактор дека е виновен за она што ни се случува е само уште една манифестација на истото. Да не бидеме наивни, за тоа што ни се случува одговорноста ја префрламе или вината ја бараме кај секој освен кај себе. Евидентно е дека од страна на она што се нарекува меѓународна заедница се применуваат двојни стандарди - не сите држави и не сите народи се третираат на ист начин. Зошто? Пред сè, бидејќи не се сите подеднакво способни да се носат со предизвиците со кои се соочуваат, односно никој нема да се нагрби да ви ги прави работите за кои сами сте неспособни, никој нема да се грижи за остварување на вашите интереси. Без оглед на принципите и симпатиите, сериозните актери на политичката сцена прво се грижат за своите интереси и се потпираат врз оние што умеат да играат. Вакво нешто ни се случи и кон крајот на воениот конфликт во 2001 година, кога беше јасно дека македонската страна не е кадарна да ја искористи поддршката добиена на почетокот, што ќе се случи и денес доколку македонската страна не се наметне како играч и не демонстрира дека умее да игра. Доброупатените во политичката игра велат дека е пожелен добар противник, бидејќи тој е предвидлив во рационалноста на постапките и ве држи буден, отколку лош сојузник за кој никогаш не знаете кога ќе потфрли и кога ќе ве остави на цедило. Така, ќе треба покрај својот да го носите и неговиот товар и да го расчистувате нередот кој го направил, заради несоодветните постапки или затоа што не сторил ништо што требало.

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

Господине Лазаревски, дел од сегашните внатрешни проблеми, меѓу Македонците и Албанците, можат да се лоцираат во бројноста на населението, преку чиј прираст се остваруваат одредени политички цели. Што тоа значи?


ЛАЗАРЕВСКИ: Од статистичките податоци што пред некое време и` беа презентирани на јавноста, произлегува дека Македонците речиси немаат природен прираст, односно во природниот прираст на населението во земјава, во минатата година тие учествуваа со само 0,86%, за разлика од Албанците кои учествуваа со 76,2%. Ваквиот тренд трае уште од осумдесетите години од минатиот век, кога за прв пат се изедначило учеството на Македонците и на Албанците во природниот прираст на населението. Последиците од ваквиот демографски дебаланс се повеќе од јасни и предвидливи. Да биде јасно: за отсуството на националната популациона политика не ни се виновни Албанците. Втора работа што треба да се има предвид е начинот на живот и социјалната организација кај двата етникума. Македонците заглавени во процепот меѓу надминатите традиционални форми на социјално живеење, од една страна, и државата која не ја исполнува својата социјална функција, од друга страна, со атрофиран претприемачки дух, во голема мерка и благодарение на децениската доверба во семоќта на државата и насоченоста кон 'вработување во државно', денес главно тие се невработени, фрустрирани и дезориентирани, така што излезот го гледаат во заминување во странство. Во меѓувреме, распнати меѓу мечтаењето за подобро утре и мизерната сегашност, основањето семејство и раѓањето деца, Македонците го оставаат за подобри времиња. Многумина помош и поддршка очекуваат и од МПЦ, но таа како да е немоќна тоа да го услиши. Колку влијае начинот на традиционалното живеење и сфаќање на Албанците во општествено-политичките односи во земјава? ЛАЗАРЕВСКИ: Албанците, според добрите познавачи на работите, сè уште многу цврсто обединети со формите на традиционалното живеење и организирани преку комплексни семејни врски, ја премостуваат државата и нејзината нефункционалност. Токму благодарение на таквата матрица на социјално живеење, тие се во позиција да преземаат и да ги исполнуваат преземените обврски (што не е карактеристично за Македонците), дури и да стопанисуваат наспроти законот не само во земјава, туку и секаде каде што одат во потрага по заработувачка. Оваа мобилност во голема мерка е овозможена поради природата на семејните врски и односите во семејната хиерархија. Притоа, оние кои одат на работа во странство, не се препуштени сами на себе. Нивното прифаќање најчесто е

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју

д-р ПАНДЕ ЛАЗАРЕВСКИ

организирано, што дополнително влијае врз силината на доживувањето на бројноста и моќта на албанската заедница во светот. Што се однесува до заработувачката на Албанците во светот, упатените посочуваат дека дел се издвојува за нешто што може најслободно да се квалификува како долг или обврска кон заедничката цел (што не е карактеристично за македонското иселеништво). Тоа фактички овозможува финансирање на различни работи, од поддршка за семејството, преку инвестирање во легални бизниси, сè до финансирање на илегални активности или лобирање и купување политичка поддршка во државите каде што се присутни. Социјалната организација на Албанците овозможува концентрирање на ресурси и дава можност за користење на моќта што таквата концентрација ја создава. Поради тоа, членовите на таа заедница, иако поединечно сигурно не се пребогати, најчесто ним не им е проблем да инвестираат во бизниси и да купуваат недвижности, или пак, ако треба и да дадат поткуп онаму каде што треба за да се заврши работата. Националниот романтизам меѓу Албанците во западните земји и САД, заемно поттикнуван меѓу оние што зборуваат ист јазик и споделува ист или близок начин на живот, религија и митови, без оглед дали станува збор за Албанци од Македонија или од соседството, допира до своите во татковината кои, исто така, не се имуни на занесот и тоа дополнително го продлабочува јазот во однос на сите останати заедници. Ако сме искрени, не можеме да го негираме фактот дека сеалбанската идеја колку и да изгледа романтичарски нестварно за оној кој во неа не верува, таа има неспоредливо поголема гравитациона моќ во однос на идејата за Република Македонија како заедничка држава. На таков начин сплотени, доживувајќи ја државава како туѓа, меѓу другото и преку јазичната и општокултурната бариера кон мнозинскиот македонски етникум кој себеси се смета како државотворен, со изразито динамичен природен прираст и со социјална организација што не зависи и не се потпира врз државата, со неспорен претприемнички дух и насоченост да се потпираат пред сè врз самите себе, Албанците во Македонија живеат во еден паралелен свет, кој нема многу допирни точки со идејата за РМ како граѓанска и унитарна држава. Во меѓувреме Албанците во Македонија етапно ја профилираа својата цел!? ЛАЗАРЕВСКИ: Во тој контекст е интересно да се проследат консолидацијата и јакнењето на албанската заедница во Македонија во последниве петнаесет години. Има многу логичности. Во целиот тој процес, воопшто небитен момент не е слабоста на македонскиот политички фактор, како и кревкоста и корумпираноста на македонските државни структури. На формите на традиционалното живеење својствени на албанската заедница, на почетокот на деведесеттите се надоврза нивното прво партиско политичко организирање во Македонија, во обид да се изнедри нова албанска политичка елита. Партија на етничките Албанци од Македонија редовно учествува во извршната власт уште од независноста на државата, така што тие се здобиваат со првите искуства во практикувањето на власта. Со референдумот за 'Илирида' се направи напор да се маркира територијата на Албанците во Македонија, но случајот со 'паравојската', иако доби внимание во јавноста, во тоа време сè уште не претставуваше сериозна закана. Истовремено, во албанскиот кампус забрзано се воспоставуваше новата албанска бизнис елита, а актуелно стана и прашањето за водството во Исламската верска заедница. Кон средината на деведесетите години се воспостави и т.н. Малоречански парауниверзитет, но паралено се создаваа и усло-

ви за запишување на студенти од албанска етничка заедница на Универзитетот во Скопје. Со други зборови, се создаваше академска елита на Албанците во Македонија. Подоцна почнаа да се создаваат и посебни албански здруженија на интелектуалци, на книгоиздавачи со посебен саем на книгата итн. Една од посериозните забелешки која оправдано се доставува на адреса на Македонците е тоа што во МАНУ до скоро немаше ниту еден академик Албанец. Со настаните во Албанија, во 1996 година, големи количества оружје на пат до Косово, останаа во Македонија. Ова оружје, заедно со ветераните - Албанци од Македонија, кои учествуваа во косовските настани од 1999 година, одиграа исклучително значајна улога за кризата во 2001 година. Косовското борбено искуство профилира своевиден воинствен менталитет кој, пред сè, е кај младите Албанци во Македонија. Се формираат ембрионите на нивната војничка организација, која е тесно испреплетена со криминалните структури од албанска етничка провиниенција, добро познати на безбедносните структури на Запад. Во тоа време се интензивира комуникацијата и координацијата на албанските по-

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


контекст на распространетите нелегални бизниси воопшто не беше маргинална потребата да се осуети имплементацијата на Договорот за границата со СРЈугославија во делот на Косово, како и да се оневозможи имплементирањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ. По 2001 година е евидентно забрзаното мултиетничко профилирање на државната администрација, но исто така и инфилтрирањето лица со сомнителен или неспорно криминален профил во виталните државни и безбедносни структури во земјата. Пред одредено време, како државен се (транс)формира дотогаш нарекуваниот "малоречански парауниверзитет", сега како Универзитет во Тетово, за кој не само неалбанци велат дека се очекува да обезбеди формално академско покритие за оние кои не можат да ги исполнат критериумите на Универзитетот на југоисточна Европа во истиот град. Конечно, со неоснованото повикување на Рамковниот договор, и кршејќи го темелниот став дека нема територијални решенија за етничките прашања, донесен е и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа, со кој фактички се санкционира територијалната поделба на државата и асиметричното практикување на власта, каде што централната власт малку ќе може да влијае врз локалната власт, контролирана од албанските политички структури, додека пак истите тие политички структури ќе можат и натаму да ја блокираат и да ја изигруваат централната власт, повикувајќи се на консенсуалната демократија, мултиетничкиот карактер на земјата и Бадентеровото правило. Челниците од албанскиот политички корпус сметаат дека референдумот на граѓаните за новата територијална организација, е еднонационален и е насочен против интересите на Албанците. Дали новиот Закон не е против интересите на Македонците и дали тие имаат легитимно право да кажат НЕ?

литички лидери во триаголникот Приштина - Тетово - Тирана. На почетокот на 2001 година македонските власти, во контекст на тогаш популарно нарекуваните "релаксирани меѓуетнички односи", беа ангажирани околу основањето на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, новиот Закон за локална самоуправа и воспоставувањето на Третиот канал на МТВ како етнички канал. Нивното активирање задоцни заради конфликтот, што неколку месеци подоцна резултира со т.н. Рамковен договор, со кој меѓународната заедница го уважи насилството како легитимен инструмент за наметнување политички решенија. За поупатените, тоа се случи, пред сè, поради неспособноста на македонските власти да се носат со ситуацијата која почна како албанско-албански конфликт на албанските структури во власта и оние надвор од неа, околу контролата врз полулегалните и нелегалните бизниси. Разбирливо, поволен амбиент за ваквите случувања беше стандардно присутната меѓуетничка тензија, живеењето во паралелни светови и интензивното доживување на растечката моќ меѓу самите Албанци во Македонија. При тоа, предвид треба да се има дека во

ЛАЗАРЕВСКИ: Прво мала исправка: еднонационален референдум не постои. Понатаму, секому му е јасно дека прашањето за новата територијална организација и децентрализацијата се две различни работи. И добро е тоа што е општоприфатено дека децентрализацијата е добра работа, дека е во корист на граѓаните и дека треба да се спроведе што поскоро. Добро е и тоа што граѓаните, со поддршката за одржување референдум, јасно го демонстрираат својот став дека власта не може туку-така да си поигрува со нив и да ги става пред свршен чин. Не е добро тоа што во креирањето на системските решенија, а ова е едно од тие, се побркани лончињата, па не се знае ниту што се сака да се постигне, ниту зошто, ниту како. Ако е цел да се интензивираат интегративните процеси во државава, со новата територијална организација така како што сега е направена, всушност се прави спротивното. Дали е сè така црно? ЛАЗАРЕВСКИ: Најверојатно не. Според мене, апстиненцијата на претседателските избори ја ценам како позитивен знак, бидејќи тоа не значеше немање став, туку напротив претставуваше демонстраци��а на јасна порака дека граѓаните не се задоволни со она што се нуди на политичкиот пазар. Граѓанската иницијатива за референдум и масовната граѓанска поддршка е уште еден позитивен сигнал дека почнува сериозно да се топат граѓанската индиферентност и трпение. Дефинитивно, младите кои доаѓаат се најпозитивното што ни се случува - тие не го носат синдромот на инфериорност и аморфност на нивните претходници. Конечно, по дождот изгрева сонцето, и мора да има разврска.

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


ПОЛИТИКА

ВЛАСТА ГО ПРОДУ

"ЧЕДОМОРСТВ "Власта се исплаши од она што во секоја земја е чисто демократско право затоа што со референдумот граѓаните ја преземаат власта во свои раце", вели д-р Ѓорге Иванов од Правниот факултет во Скопје. "Ние сè уште не знаеме што сакаме. Де ќе градиме политичка нација, де ќе градиме мултиетничка нација, мултикултуризам...". "Тоа е тотална несериозност од страна на политичари кои не знаат што сакаат. Да знаевме што сакаме, до сега ќе бевме членка на ЕУ или на НАТО. Ќе имаше некоја безбедност и колку-толку економска сигурност", оценува професорот. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

К

онечно, по сите дилетантски пресметки, Со ц и ј а л д е м о к р а тскиотсојуз реши да го поддржи референдумот. Но, ќе го убедува народот во штетноста на иницијативата, бидејќи според нив, таа имала етнички предзнак кој можел да предизвика нови тензии и воени судири меѓу Албанците и Македонците. Власта, во свој препознатлив стил, предизвикува вештачки тензии, застрашувања и притисоци, со коишто се обидува да го намали изразениот граѓански револт. На тој начин се бори за политички спас, бидејќи сè повеќе тоне во сопствената глупост и ароганција. Всушност, таа не сака да ја признае грешката, лошото водење на државата, како и крајно погрешниот етнички концепт кој го промовираа со контроверзниот Закон за територијална организација на

локалната самоуправа во РМ. Затоа мораат да ја спасат сопствената кожа. Но, како? Со арогантен стил или со нудење "празна слама". Вонредниот професор на Политичките студии на Правниот факултет во Скопје, д-р Ѓорге Иванов, вели дека секогаш кога се сака да се одвлече вниманието, да се одбегне одговорноста за ваквата состојба, се стартува со вакви приказни. "Значи, наместо да се покаже кој го предизвикал иритирањето на населението, кој е тој што понудил неквалитетни решенија од кои произлегува големото незадоволство, дури и внатре во коалицијата, тие го заплашуваат народот. Тоа доволно укажува дека ова е резултат на лошата водена политика која создава нетрпеливост, бидејќи во новите граници нема да живеат политичарите, туку народот. Во секоја демократска држава тоа е право на народот, бидејќи луѓето ја уживаат и ја чувствуваат демократијата таму каде што живеат. Власта се 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


ЦИРАШЕ ПРОБЛЕМОТ

ОТО" НА СДСМ исплаши од она што во секоја земја е чисто демократско право затоа што со референдумот граѓаните ја преземаат власта во свои раце. Поради тоа, сите овие заплашувања се апсурдни", вели Иванов.

ИРИТИРАНО МНОЗИНСТВО Професорот потенцира дека решението од 1996 година е на СДСМ. Тие дури и не го послушале најкомпетентниот човек во државава за оваа работа, покојниот професор Панов, кој си умре убедувајќи ги во нивната погрешна територијална организација. За Иванов ова е "чедоморство", со кое политичарите сами себеси се негираат. Во правото се вели: ако законот не извира од реалноста како ќе го спроведете во реалноста. Затоа, со напад се превртуваат тезите, дека наводно ова е референдум на опозицијата, дека тој ќе биде етнички итн. "Менталниот склоп на нашите политичари - оценува Иванов - е црно-бел. Тие не можат да гледаат во анфас, а камоли во боја. Демократијата треба да се гледа во сите можни бои. И таа претстава треба да се нормира. Но, нивниот ментален склоп е како бинарен систем. Има пријатели и непријатели. Кој не е со нас, тој е против нас. Но, да се вратам на суштината, проблемот е во погрешната политика и во решенијата кои доведоа до она како што вели наро15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

дот: 'и шуто и рогато' се обедини против оваа власт. Значи, ова што й се случува на власта, таа сама го продуцираше. Да не беше лошото решението сега овие заборавени политичари немаше да се ревитализираат со иницијативата на Тодор Петров, кој многу порано почувствува дека ќе дојде до ова. Истражувањата на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања покажуваат дека 70 отсто од населението е против ваквото решение". Одењето на власта контра народот, за професорот Иванов е удирање глава в ѕид, што може да биде предизвикано само доколку се нема демократски капацитет за соочување со проблемот. Охридскиот договор ја смени целата политика во Македонија и затоа со неа не може да се игра "ајде да гласаме", бидејќи имаме мнозинство во Собранието и ќе гласаме. "Но, со задоволувањето на едно малцинство иритирате цело мнозинство, ги иритирате и сите други етнички групи: и Турците, и Бошњаците, дури и самите Албанци. Тоа укажува дека, како и во секоја нормална држава, за лошо решение треба да биде одговорен министерот за локална самоуправа, кој имаше цели две години да го среди, како и потпретседателот на Владата, кој е одговорен за спроведување на Рамковниот договор. Така не се спроведува Рамковен договор! Треба да пронаоѓате начини за да се постигнат


ВЛАСТА ГО ПРОДУ

ПОЛИТИКА компромиси, бидејќи сè уште е кревко трусното политичко милје во Македонија. Со вакви хазардерски потези вие не можете да урнете сè што е постигнато досега. Нас Македонците, православието нè научило да простуваме за да имаме подобра иднина. Но, сега со непромислената политика повторно се

КОЈА ДРЖАВА? Уставот на РМ, во врска со иницијативите за спроведување граѓански референдум, е сосема јасно правно регулиран. Но, власта поинаку ја толкува регулативата. "Членот 73 од Уставот за референдум е јасен - вели Иванов - за референдум се

јасно кажано: Собранието е должно да распише референдум кога предлогот ќе го предложат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена за референдум е задолжителна. Кого мавтосуваат тие, дека за ова треба да се гласа? Тоа е обврска, а Собранието само констатира дека тие 150.000 потписи од избирачи се собрани и за-

НАРОДОТ ВЕЛИ: И "ШУТО" И "РОГАТО" СЕ ОБЕДИНИ ПРОТИВ ОВАА ВЛАСТ, ПОСОЧУВА Д-Р ЃОРЃИ ИВАНОВ

отвораат истите прашања, за кои се мислеше дека се заборавени, а така не може. Раните врз достоинството никогаш не може да се 'залечат', никогаш не зараснуваат. Достоинството на оваа држава беше нарушено во 2001 година ", оценува Иванов.

одлучува кога Собранието е покренувач на иницијативата (цитат од Уставот), и тоа може за одделни прашања од своја надлежност кога со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници ќе донесе одлука за распишување референдум. Но, во третиот став од тој член е чисто и

конодавниот дом го одредува датумот на одржување на референдумот. Тие сега повикуваат на Бадентерово мнозинство. Овој Устав - оценува Иванов - поминал низ сито и решето, и ако досега за третиот став имаше иницијативи за промена и извесни ограничувања, то-

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

гаш ќе ги имаше. Но, сè ова се однесува на Законот кој е донесен со такво мнозинство и е во врска со законот, а не со иницијативата за референдум. Што има сега да се плашат? Стравот е од губењето на власта, бидејќи власта и душата најтешко се испуштаат. Народот вели власт е сласт. Што ќе работат овие политичари кога ќе ја изгубат власта? Но, што ќе работат ако ја загубат и државата? Која држава? Меѓу народот се вели - со самото тоа што сè уште сме држава доказ е дека има Господ. Просторот и геополитичкиот однос на силите на Балканот нè зачувал како држава. Нашите политичари покажаа колкав капацитет имаат за да создадат држава. Додека сите градеа држави ние си игравме мајтап. Работава е што државата го нема демократскиот капацитет, бидејќи власта се плаши од една обична одредба, која е обврска во секоја земја. Проблемот е што ние 14-те години ги поминавме во 'лоповлук', во трансферот на пари од наследството од социјализмот, во кршењето на ембаргото, збогатувањето на нечесни начини од разни шверцови, дроги, оружја и сè друго што минува низ овој простор. Наместо да создадеме цврсти институции кои ќе му одолеат на ова што од секогаш го имало на Балканот, кој е значаен крстопат, тие крадеа. Во ваква ситуација секогаш користам една поговорка на Џулиус Нерере: Кога се борат слоновите страда тревата!? Ова што се случува е завршување на еден свет кој беше блоковски поделен и се наоѓа во еден постпериод-униполарност, кој сè уште не може да се стабилизира. Но, зошто досега ние не обезбедивме некоја бодликава жица околу "нашата трева", Македонија? Или зошто не создадовме плот од трње како што вели народот - за да нè заобиколуваат, исто како


ЦИРАШЕ ПРОБЛЕМОТ што направи Словенија? Кој требаше тоа да го направи? Ние, за транзицијата и за демократијата ги учиме студентите, па дури и политичарите. Но, политиката е сериозна работа, не може да ја практикуваат несериозни луѓе, кои немаат свест за држава. Таа се гради секој момент. Државата ја градат сите. Таа е еден вид банка во која треба да вложите, па од неа да очекува��е сигурност. Никаде во светот државата не дава, туку зема. Таа од вас бара сметка за да ви гарантира сигурност". Власта ќе се обиде со антикампања да се фати за сламката за спас, но кога сте на власт, потсетува д-р Ѓорѓи Иванов, ќе ги искористите сите инструменти за да останете на неа. "Ако референдумот чини 2 милиона евра, веројатно спречувањето ќе чини двојно повеќе. Сите државни институции и механизми, кои се под контрола на власта ќе бидат искористени за да не успее референдумот. Тоа јавно го кажаа и владејачките партии. Мислите дека ќе се ограничат само на партиски кампањи. Па, досега видовме што сè се прави за време на изборните кампањи. Се злоупотребуваат државните и владините средства, возила, медиуми итн. Ова е соочување со реалноста, па така наместо да седнат и трезвено да размислат за тоа дека вината е кај нив и да понудат поинакво решение, сега ќе излезе дека ние, како народ, кој искажал сериозна забелешка, сме виновни за стравот од нивните решенија. Нивните коалициони партнери беа толку искрени што речиси уште утредента кажаа во што е работата. Кој го тераше Фазли Велиу да ја каже целта на овој процес? Тој јавно беше искрен, всушност како и секогаш што кажувал, но нема кој да го слушне. За таа работа постојат анализи и истражувања. Но, читаат ли нешто нашиве

политичари, освен дневниот печат? Дали знаат или препознаваат како се спроведува една политика во ова трусно подрачје? Не е проблемот во СДСМ или во ВМРО-ДПМНЕ, туку во амбиентот во кој на површина не излегоа политичари кои можат да се носат со овие проблеми. Проблемот е во тоа што ние се откажавме од лу-

ставови и затоа ја изгубија довербата и кај власта, и кај опозицијата, и кај народот. Дел од нив, алчни по пари, станаа владини функционери итн. Од оние кои останаа толку бива. Во Македонија, зборот прогрес не е слушнат. Ние цели 14 години потрошивме решавајќи го албанското прашање, а што добивме од Албанците? Тие се

не излегла на крај. Земете го случајот со Северна Ирска, Квебек или Корзика. Тоа укажува на фактот дека кога сте дозволиле таква политика тогаш таа мора да се води на специфичен начин. Но, другите на Балканот не дозволија таква политика. Бугарија нема етнички партии, исто така, Албанија не дозволи вакви партии, Грција

ѓето кои во животот успеаја во белиот свет, а тука можеа да создадат демократски амбиент. Нашата демократија е испостена, така што нема кој да се нафати и да понуди решенија. Дел од интелектуалците во земјава се искорумпираа, а повеќето од нив заземаат дневно-политички

граѓани на оваа држава. Знаете, проблемот е што е изместена целата суштинска дебата за функционирање на државата. Ние само импровизираме од случај во случај. Влегуваме во тој вртлог на етнополитика, која постојано води во конфликт. Со овие прашања ниедна земја

воопшто не сака ниту да слушне за таква етнополитика. Кога сте се решиле на таква политика треба да имате луѓе и институции кои треба да ги менаџираат таквите состојби. Мултиетничките конфликти не се решаваат, туку постојано се менаџираат" вели Иванов.

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


ИНТЕРВЈУ

ТРИПУН КАРАПЕТРОВ, ПОРАНЕШЕН

ДИПЛОМАТИ СО ПЕНЗИСКИ И СТР Ратка Чокревска, преземена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поставена на местото раководител на Секторот за организациони и кадровски прашања, денес е министер-советник во македонската амбасада во Белград. Михајло Трпковски, преземен од Електродистрибуција, поставен за генерален секретар (државен советник), по година-две е именуван за министер-советник во македонската амбасада во Сараево.

нието не изгласа нов закон, кој ќе ја содржи одредбата дека претходниот закон се става вон сила. Проблемот е во тоа што не се почитува Законот, кој во голема мерка ги ограничува непотизмот, партизацијата и нестручноста во дипломатијата што, пак, не им одговара на одредени структури и поединци.

Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА

Господине Карапетров, во изминативе 14 години од самостојна Македонија, се покажа дека ние немаме ефикасна дипломатија. Дали причината за тоа е што сè уште ги користиме одредбите од Законот за надворешни работи на поранешна СФРЈ, односно немаме донесено сопствен закон или, пак, причината е во нешто друго? КАРАПЕТРОВ: И по 14 години од осамостојувањето, Република Македонија не успеа да создаде ефикасна дипломатија, еден од виталните органи на Владата и на државата. Тоа е повеќе од очигледно. Во меѓународните односи Македонија остана политички маргинализирана, економски изолирана, со оспорено име на државата, непризната црква, потценети историски и културни вредности и со растечки гранични бариери за нејзините граѓани за патување и престој во странство. Постојните лоши состојби и односи се последица на отсуството на осмислена стратегија во областа на надворешната политика. Дефинирањето на нашата надворешна политика почнува и завршува со желбата за интегрирање во евроатлантските структури, само со цел (барем досега) да не останеме надвор од нив. За сметка на тоа се маргинализирани односите со други држави, не помалку значајни за вкупните македонски развојни перспективи. Во такви услови,

испуштена е шансата за профилирање на Министерството за надворешни работи во институција која треба да спроведува одредена надворешна политика. Не се точни изјавите и дискусиите, кои хаосот во нашата дипломатија го оправдуваат со непостоењето закон за надворешни работи. Закон постои, тоа е Законот за вршење на надворешните работи од надлежноста на сојузните органи на управата и на сојузните организации ("Службен лист на СФРЈ" бр. 56/81), усвоен од Собранието на Република Македонија. Тој е во сила сè додека Собра20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

Долг период сте поминале во МНР, така што сте доволно информиран за она што се случуваше и се случува во него. Тврдите дека непотизмот во голема мерка е застапен во македонската дипломатија. КАРАПЕТРОВ: Отсуството на јасно дефинирани критериуми за вработување во дипломатијата, широко ги отвори вратите за имплементирање на непотизмот, партизацијата и корупцијата во Министерството. Речиси секој министер, со преземањето на функцијата си вработувал или


ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР ВО МНР

ВЕТУВАНИ ОД УЈАЏИСКИ КАДАР преземал кадри од другите државни институции, лица без соодветни квалификации и искуство и ги поставувал на високи работни места. На пример, Ратка Чокревска, преземена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поставена на местото раководител на Секторот за организациони и кадровски прашања, денес е министер-советник во македонската амбасада во Белград. Потоа, Михајло Трпковски, преземен од Електродистрибуција, поставен за генерален секретар (државен советник), за по година-две да биде именуван за министер-советник во македонската амбасада во Сараево. Истото ова се случува и во нашите амбасади во Рим, Лондон, како и во многу други.

Колку корупцијата е застапена во МНР? Ве молиме и тоа да ни го потврдите со факти. КАРАПЕТРОВ: Што се однесува до корупцијата, неа лесно ќе ја препознаете по несоодветниот профил на лицата кои се поставуваат за амбасадори или на други високи места во нашите дипломатскоконзуларни претставништва. Корупцијата во македонските слови се однесува како

струјата, тресе, удира, а не се гледа. Кога ќе анализирате зошто и како одредено лице е поставено на висока функција (без соодветно образование, работно искуство, познавање странски јазик или со партиска определеност и т.н.), се наметнува заклучокот дека именуваниот ја дели својата девизна плата со одредени поединци или структури, кои помогнале да биде поставен на функцијата. Колку нашите амбасадори се подготвени да одговорат на обврските во странската земја? КАРАПЕТРОВ: Нашите амбасадори заминуваат во странство речиси без никакви подготовки во земјата. Тоа не е по нивна вина. Во Министерството нема квалификуван кадар, кој треба да им ги организира подготовките (за нив се грижи доведениот 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

од Електродистрибуција или од Пензискоинвалидскиот фонд, кои никогаш не работеле во амбасада и најчесто многу помалку се образовани од кандидатите универзитетски професори - кому треба да му бидат ментори). Состојбата е катастрофална. Амбасадорите, по месец-два наводни подготовки, пишуваат некакви тези (со историски, географски и економски содржини), кои наводно ги бранат на работен колегиум и така заминуваат во странство.

Тоа е само бледа импровизација. Тие немаат можност во Министерството да се запознаат со елементарните работи од дипломатијата. Елементарна работа е, секој амбасадор по завршувањето на мандатот, во Министерството да подготви извештај за својата четиригодишна работа (на кои теми работел, со кои институции и поважни личности соработувал итн.). И неговиот извештај да се разгледа и одобри (на таканаречениот завршен разговор) од работниот колегиум, кој дава оценка за (не)успешната работа на амбасадорот. Таа оценка се доставува до претседателот на државата и до премиерот. Истовремено, извештајот со заклучоците од работниот колегиум служи како појдовна основа за подготовките на следниот амбасадор, кој треба да го замени. Ваква практика во МНР нема. Досега ниту еден амбасадор, по завршувањето на мандатот не поднел извештај за својата работа и немал завршен


ТРИПУН КАРАПЕТРОВ, ПОРАНЕШЕН

ИНТЕРВЈУ

разговор со работниот колегиум. Претседателот на државата и премиерот добиваат само паушални, незванични, усмени оценки за работата на амбасадорите, кои тие ги одредиле и на кои им потпишале акредитивни писма. Постои уште еден куп вакви елементарни работи кои не се институционализирани во Министерството и затоа е нормално што тоа не функционира така како што треба.

Кога би постоела институцијата завршен разговор, со оценка на нивната работа, се сомневам дека тие би се нашле на листата на кандидати за амбасадори за Москва и за Њујорк.

Зошто секогаш во игра се едни исти луѓе.Тие само си ги менуваат позициите во амбасадите и во конзуларните претставништва. Внимание предизвика и одлуката на Владата за именување на Ристо Никовски за амбасадор во Москва, а на Игор Џундев за ООН?

КАРАПЕТРОВ: Мојот коментар го слушнавте кога Ви одговорив на првото прашање, за состојбите во кои се наоѓа нашата држава. Врз нив, големо влијание има неправилното спроведување на македонската надворешна политика. Поради тоа, во секоја земја, функцијата министер за надворешни работи му се доверува на лице кое е во врвот (втор, трет) на листата со висок потврден рејтинг. Многу често, од таа функција се избираат идните шефови на државата.

КАРАПЕТРОВ: Тешко можам накусо да Ви одговорам на ова прашање, кое е суштинско. Вработените во Министерството не се изложени на конкуренција бидејќи не постои интерна школа за подготовка на кандидати за дипломатија, која би ја посетувале и лица надвор од Министерството, како алтернатива на постојано вработените во МНР. А кадарот кој не е изложен на конкуренција, како и секаде, се опушта, слабее, гние. Овој проблем ќе може да се реши со комплетно реформирање на Министерството, доколку за такво нешто Владата се одлучи. На тоа требало да поработат и кандидатите за амбасадори, Ристо Никовски и Игор Џундев, двајцата беа потсекретари и државни секретари во МНР. А тоа не го направиле, не знам дали поради

Со лошата кадровска политика, отсуството на стратегија, Македонија е во меѓународна политичка маргинализација и економска изолација. Ваш коментар?

Коментарите на Македонците кои живеат надвор од татковината се дека македонските амбасадори воопшто не кон-

КАРАПЕТРОВ: Дипломатската работа е сложена. Таа не може да се извршува со трикови, со фолирање и со парадирање. Нашите иселеници кои од татковината си заминале како печалбари се здобиле со образование, навики и сознанија за тоа какви треба да бидат нивните односи со македонските дипломатско-конзуларни претставништва. Веднаш препознаваат што е, а што не е нормално и правилно реагираат. Нашето игнорирање на нивните реакции, најблаго речено, е злосторство и кон нив и кон Македонија. Да ги наведам само Полјаците, како тие знаат да се однесуваат кон своите иселеници во странство, какви сè институции постојат на таа релација. Ќе се вчудоневидите, пак, на кое ниско ниво се лоцираат нашите иселеници. Јас тоа добро го познавам бидејќи 6,5 години работев во југословенската амбасада во Варшава. Направете споредба за тоа како изгледа еден амбасадор од странска земја, а каков е нашиот? КАРАПЕТРОВ: За споредба нема да изберам еден турски, кинески, руски или

(ФАКСИМИЛИТЕ НА СТР. 22 И 23 СЕ ОД МИСЛЕЊЕТО НА РЕВИЗОРОТ- РЕЗИМЕ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2001 ГОД. ВО МНР)

не знаење или заборавиле, но сигурно брзајќи што поскоро да ги фатат амбасадорските фотелји. И на двајцата нешто им недостасувало, да помислат на такво нешто.

тактираат со нив и дека тие достојно и соодветно не ја претставуваат македонската култура и традиција?

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

француски амбасадор, кои се во светскиот врв од професијата дипломат, бидејќи резултатот би бил катастрофален. Ви предлагам споредба со многу свеж пример од


ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР ВО МНР

Како резултат на извршената ревизија на финансиските извештаи за 2001 година, во МНР се утврдени финансиски малверзации. Објаснете ги со примери? КАРАПЕТРОВ: Државниот завод за ревизија изврши ревизија за 2001 година. Своите забелешки ги изнесе на осум страници. Можам само да претпоставам колку страници би имало кога би се извршила ревизија за сите претходни години уште од формирањето на Министерството. Не е исклучено дека некои лица не би ги добиле амбасадорските места. За тој краток период од 3 месеци, јас сторив што можев, поднесов писмени предлози за покренување дисциплински постапки. Тие се стопирани, а јас сум отстранет од функцијата. Лицата за кои поднесов предлози комисиски да се утврди нивната одговорност, се унапредени, испраземја со помлада сопствена дипломатија. Непримерно е да го наведувам неговото име и името на земјата. Тој допатува во Македонија со комплетно познавање на нашата историја, литература и култура, економија, спорт, национални обичаи за сите етнички заедници и само по четирипет месеци тој настапи во електронските медиуми, добро зборувајќи го македонскиот јазик. За да се уверите дека навистина е така, повикајте некој од нашите амбасадори, кои биле во Романија, Шведска, Украина, Унгарија итн. и таму престојувале четири па и повеќе години, па прашајте ги дали тие го зборуваат јазикот на земјата во која работеле. Сега ние во Русија испраќаме амбасадор, Ристо Никовски, кој не го знае рускиот дипломатски јазик, што е навреда за таа земја. На Русите веднаш им станува јасно дека сме испратиле сосема неподготвено лице за таа функција, што се толкува како девалвирање на билатералните односи меѓу двете земји. Мислам дека друг коментар не е потребен. Кога ние ќе добиеме школувани дипломати за тие да можат правилно да ја водат надворешната политика на државава? КАРАПЕТРОВ: Секако дека во догледно време тоа нема да се случи, бидејќи не се прават некакви подготовки во таа насока. Кај нас сè уште не преовладало мислењето дека нашата дипломатија треба да ја формираме и да ја профилираме ние самите, а не да чекаме некој друг за нас тоа да го направи. Секоја земја си профилира дипломатија според своите потреби, услови и надворешна политика. Ние имаме многу сложена мешавина од проблеми каква што нема ниту една земја во Европа (непризнато име, црква, оспорена националност, историја, слаба економија итн.) и не сме во

можност да копираме туѓа шема. На Македонија й треба витална дипломатија, малубројна, високостручна и флексибилна. Донациите за посетување курсеви за дипломатија во некои европски земји, што се практикуваат, се некаква основа во таа насока, но тоа сè уште не е дефиниран профил за потребите на нашата дипломатија. Не треба да се испушти од предвид дека функцијата на Министерството за надворешни работи има безбедносен карактер и добар дел од подготовките овој кадар треба да ги изврши во земјата, во институции надвор од Министерството.

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

тени во странство на високи функции и ништо не им 'фали'. Ниту еден од одговорните во 2001 година, за која се констатирани малверзации, не е отстранет или сменет од работното место. Има многу примери, од извештајот изберете колку сакате. Непријатно ми е што моите одговори се песимистички и негативни. Треба да нагласам дека во тоа Министерство има и чесни и вредни амбасадори и дипломати, но тие се многу малку и не можат да испливаат на површина од фолирантите и профитерите. Во таа категорија спаѓаат амбасадорот Јордан Плевнеш, Љубиша Георгиевски, Мериме Рушани и одреден број дипломати во МНР.


ПОЛИТИКА

МАКЕДОНСКА ТОПОНИ

ПОЛИГЛОТ ЗА СЕКОЈ, Н Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

K

omuna e Berovës, Komuna e Velesit, Komuna e Gostivarit, Komuna e Kocanit, Komuna e Kriva Pallankës итн. Ова се новите имиња на градовите во државава, преведени на албански јазик и објавени во "Службен весник на РМ" бр. 55, од 16.8. 2004 г. Токму Указот за прогласување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија (на кој стојат потписите на претседателот на државата Бранко Црвенковски, и на претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски), предизвика револт кај македонската јавност. Во согласност со Законот, општините добија нови граници, но граѓаните најмалку очекуваа дека законските решенија ќе се злоупотребат и тие ќе добијат и нови албански имиња. Населените места го изгубија својот национален идентитет. Така, вистинско бинго е да се погоди кое е населеното место Zmirnova e Re (Ново Змирново) во Општина Битола, Sedllarc i Poshtëm (Долно Седларце) во Општина Брвеница или, пак, Kallasllar i Epërm (Горно Каласлари) во Општина Велес. Упатените во оваа проблематика, конкретниот случај го објаснуваат како намерен потег за Македонија да стане двојазична. Веќе се албанизирани имињата на населените места каде што албанското население е доминантно, а сега со амин на владејачката гарнитура тоа се прави и со градовите каде што живеат Македонци. Иако, ваквите називи предизвикаа негодувања и кри-

тики од страна на експертите, за претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, нема ништо спорно во преводот. "Текстот на Законот за територијална организација -

вели Јордановски - е преведен ка��о што се преведува и секој друг текст на закон. Преведувачите си преведуваат според сопственото наведување, така како што ги изговараат имињата на гра-

Со преводот од македонски на албански јазик населените места во државава го изгубија својот национален идентитет. Претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, најмногу е загрижен за тоа како нашите Албанци што полесно да сфатат на свој јазик за кој град или село станува збор, за што според него, нема никаков проблем доколку топонимите се преведат. Дали тој размислува и се загрижува за тоа како еден Македонец ќе се чувствува кога нема да знае во кое место во државава се наоѓа бидејќи називот ќе биде напишан на албански јазик?

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

довите и населените места на својот мајчин јазик. Така што преводот е исправен".

ЛЕКЦИИ И додека познавачите на состојбите објаснуваат дека не постои никаква основа имињата на градовите да се преведуваат, туку само да се пренесуваат од кирилично на латинично писмо и тоа според меѓународните прописи, господинот Јордановски е загрижен за тоа како Албанците во државава ќе сфатат за кој град или село станува збор, доколку неговиот назив не се преведе. Дали тој размислува што ќе се случи и како ќе се чувствува еден Македонец кога ќе види некое населено место напишано на албански јазик? Колку време ќе му треба за да сфати за кое место станува збор? Но, македонскиот спикер за тоа и не е загрижен, напротив тој дели лекции и ја објаснува транскрипцијата: дека Белград треба да го викаме Београд, Нов Зеланд - Њу Зеланд. А и Солун, според него, не можеме така да го викаме. Експертите, како што веќе објавија некои медиуми, предупредија дека имињата на одредени градови и населени места можат да се прилагодуваат според албанската фонетика или изговор, но во никој случај тие не може да се преведуваат. Тие потенцираат дека никој не ја оспорува практиката за т.н. егзоними, односно имињата на населени или географски места, за кои се познати повеќе називи и во кои подолго време живеат припадници на различни етнички заедници, да се нарекуваат и со, условно речено, албански имиња, каков што е случајот со Ско-


МИЈА НА АЛБАНСКИ

О НЕ И ЗА СВОЈОТ ЈАЗИК економска, ни ја "местат" за време на нашите годишни одмори, но секако пред тие да одат да се релаксираат од "заслужената" работа, играјќи упорно на картата дека за Македонците секое чудо трае три дена. За конкретниов случај топката се префрла од една на друга страна. За ненадлежни се прогласија Владата и министерствата за локална самоуправа и за правда, објаснувањето од "Службен весник" е дека објавуваат така како што им диктира Собранието, додека, пак Јордановски демантира дека некому му дал наредба да се преведуваат имињата. "Ставот на експертите треба да се почитува, но реалноста во Македонија е поинаква. Во Македонија нема закон кој го регулира тоа прашање. Кога ќе се донесе Законот за употреба на службените јазици, можеби тогаш ваквото преименување на градовите, ќе треба да се промени", потенцира Јордановски. Сепак, тој ја остава отворена можноста дека доколку собраниската законодавно-правна комисија утврди дека станува збор за техничка грешка, таа би можела да го промени текстот.

пје, за кое Албанците го користат името Shkupit (претпоставуваме Шкуп), за Кичево-Kërçovës (Керчова), за Дебар-Dibër (Дибр) или за БитолаManastirit (Манастир). Но, за нив е дефинитивно неприфатливо и недозволиво да се преведуваат и имињата на другите градови во државава, за кои не постои никаква традиција кај припадниците на албанската етничка заедница. На ова објаснување на експертите, Јордановски коментира дека не може да се дозволи преведување на имињата на градовите во западниот дел на Македонија, а тоа да не се дозволува во источниот дел на земјата. Заборава ли Јордановски дека за разлика од западниот дел од државава, каде мнозинството од населението се Албанци, во источниот дел доминантни се Македонците! Дали е ова начин да се оправда предвидената и воведената двојазичност на целата територија на државава, односно и преку туѓиот јазик да се откажеме од сопствениот идентитет? Можеби за политичкиот естаблишмент во Македонија би било препорачливо да го совладаат литературниот македонски јазик за да не се случува народните собири да се нарекуваат СКУП.

РЕАЛНОСТ Како по традиција, секоја можна небулоза - државна, политичка, безбедносна, 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


KULTURA СЕ СПУШТИ ЗАВЕСАТА НА 34.

ПОЕТСКА АГОНИЈА СО Ударната програма на Струшките вечери на поезијата - портретот на лауреатот на "Златниот венец" Васко Граса Моура се одржа во црквата "Св. Софија", покрај 40 странски поети, но во забележително отсуство на домашната поетска гарнитура.

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

М

акедонија и Португалија, двете далечни земји со различна култура, историја и традиција, претходната недела дишеа под едно исто име, во името на поезијата. Со овенчувањето на Васко Граса Моура, поезијата за навек поврза два цивилизациски света. Токму преку овогодишниот лауреат се воспостави новиот мост меѓу македонската и португалската култура. Уште една нишка се вброи во мозаикот на македонската поезија. Творештвото на еден поет не би било комплетно доколку во неговата збирка на признанија не биде забележан и "Златниот венец", кој Македонија им го доделува на имиња кои повеќекратно ја задолжуваат светската поетска сцена. Во алејата на имињата кои ќе ги одбележат славните години на Струшките вечери на

поезијата, заслужуваат да се спомнат: Роберт Рожденственски, Пабло Неруда, Мирослав Крлежа, Блаже Конески, Никита Станеску, Десанка Максимовиќ, Тед Хјуз, Едуардо Сангвинети... Годинава, посебна чест доби и името на Васко Граса Моура. Да се стои покрај таква поетска плејада значи да се достигнат тајните, но и височините на поетскиот збор. Политичкиот бекграунд на овогодишниот лауреат, по некоја случајност, се совпадна и со актуелните македонски случувања, како што е познато, нивното чествување се одржа во Скопје и во Охрид, со засилен политички набој. Лулката на поетска Македонија за прв пат во своето 43. годишно постоење остана без својот венцоносец. Но, затоа Струга достојно й се оддолжи на оваа глобална и универзална манифестација, и докажа дека поетскиот збор секогаш ќе биде добредојден за оној кој разумно ја почитува и ја негува поезијата. Македонците кои ја поддржаа Струга во нејзината голгота против актуелните политички случувања и на Струшките вечери беа покрај неа. Додека, втората група, официјалниот организатор, со пригодни свечености во Скопје и во Охрид, на 26 август ги одбележа 43. по ред Струшки вечери на поезијата. Свечената сала при

Македонскиот народен театар беше домаќин на бројните гости и поети, кои специјално допатуваа од сите меридијани на

34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

КАРПОШОВИ МАКИ

светот. Маестралните перформанси на актерите Јоана Поповска и Митко С. Апостоловски, заедно со рускиот поет Иван Голубничиј (Русија), на антологиската "Т'га за југ" го означија почетокот на Струшките поетски чествувања. Со пригодна реч се обратија претседателот на Управниот одбор на СВП, господин Зоран Анчевски, министерот за култура Благоја Стефановски, кој воедно ги прогласи за отворени Струшките вечери на поезијата, а со своја почесна беседа се претстави и лауреатот Васко Граса Моура. Во состав на свеченото отворање се одржа и традиционалното меѓународно поетско читање "Поетски меридијани", на кое поетите се претставија со дел од својот репертоар. За пријатните моменти на гостите се погрижи квартетот "Даутовски", кој исполни неколку изворни македонски песни. Поетските свечености продолжија во древниот Охрид, кој на 27 и 28 август одбележа неколку значајни придружни активности. Ударната програма на Струшките вечери на поезијата портретот на лауреатот на "Златниот венец" Васко Граса Моура се одржа во црквата "Св. Софија", во присуство на 40 странски поети, но во забележително отсуство на дома35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

шната поетска гарнитура. Со своја опсервација за поезијата на Граса Моура говореше академик Матеја Матевски, а потоа авторот ги презентираше своите песни во оригинал на португалски јазик, а актерите Јоана Поповска и Митко С. Апостоловски, на англиски и на македонски. Своја беседа одржа и државниот секретар за културно наследство на Португалија, Хозе Мануел Амарал Лопез. Мини концерт во чест на наградениот одржа обоистот Васил Атанасов. Инаку, поетите-учесници на годинашниот поетски фестивал имаа можност да присуствуваат и на две чествувања, кои се одржаа во Охрид. Годишнината од смртта на академик Анте Поповски беше одбележана со пригодна свеченост, на која реч одржа академик Георги Старделов. Стогодишнината од раѓањето на истакнатиот поет и интелектуалец Пабло Неруда беше одбележана во галеријата "Уранија", каде што за ликот и за делото на овој значаен интелектуалец и редок ум, говореа шпанските поети Хусто Хорхе Падрон и Артуро Коркуера. Паралелно со охридските чествувања и во Струга се одржаа неколку активности, во организација на Кризниот штаб за спас на Струга. Во манастирот "Св. Богородица" во Калишта и во Паркот на поези-

јата се одржа поетско читање на кое настапија неколку македонски поети. Исто така, беше запален традиционалниот фестивалски оган пред Домот на поезијата во Струга, а во Паркот на поезијата, потомците на браќата Миладиновци засадија дрво во спомен на Константин и Димитар Миладинов. Во хотелот "Дрим" се одржа тркалезна маса на која учествуваа: Љубомир Цуцуловски, Љубомир Фрчковски, академик Блаже Ристовски, Гордана Силјановска, Билјана Ванковска и Отец Стефан Санџакоски. На тркалезната маса се говореше на тема: "Отпор, поезија, Струга". Одбележувањето на СВП - 2004 во Струга заврши со манифестацијата "Мостови". Со врачувањето на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата, наградата "Браќа Миладиновци" и нововостановената награда "Мостови на Струга" на годинешните лауреати португалскиот поет Васко Граса Моура, Петко Дабески и Ангело В. Суарез, на 29 август во Скопје, во близина на Камениот мост, беа затворени 43. Струшки вечери на поезијата. Поетите-учесници на годинешниот поетски фестивал прочитаа свои песни на меѓународниот поетски митинг "Мостови". Забележителна беше слабата посетеност на завршната манифестација. Скопјани како повеќе да уживаа во свеченото затворање на Летните олимписки игри во Атина, следејќи го преку видео-бим во едно од летните кафулиња покрај Вардар. Скандалозно, контроверзно и нелегитимно, завршија Струшките вечери на поезијата. Во оваа битка која почна со Повелбата на стружани, од една страна и каприцот на организацијата, од друга, најмногу загубија Македонија и нејзините граѓани. Паралелизмот отсекогаш се покажал како штетна и некорисна варијанта, но времето ќе покаже дали постоеше вистинско решение!


MAKEDONSKA KAUZA

ГРЦИТЕ ПРЕДЛАГАЛЕ Н Првиот претседател на грчката држава Јоанис Каподистрија барал создавање на независна македонска држава! Руската империја била најзаслужна за создавањето на современата грчка држава!

Пишува: Александар ДОНСКИ

И

нтересно е да спомнеме дека и Руската империја, во октомври 1929 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, донела одлука според која било истакнато дека во интерес на Русија е зачувувањето на Отоманската империја. (Зарем ова не е исто како своевремените изјави на амбасадорите на САД, СССР и на другите држави за зачувување на Југославија?) Но, на оваа седница на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија. Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков. Во предлогот на Гркот Каподистрија било предвидено создавање на пет балкански држави доколку се случи пропаѓање на турската империја. Овие држави биле дадени со своите имиња и граници. Тоа биле: 1. Дакија (која требало да ги опфати кнежествата на Молдавија и на Влахија т.е. приближно териториите на денешна Романија и Молдавија);

2. Србија (која требало да ја опфати територијата на тогашната српска држава, со присоединување кон неа на дел од денешните територии на Бугарија и на Босна); 3. Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија); 4. Епир (кој требало да ги опфати териториите на горна и долна Албанија); 5. Грција (наречена како "Област на Елините", која требало да ја опфати територијата од реката Пена во Тесалија, сè до градот Арта, заедно со цели-

от архипелаг). (Подетаљно за ова кај академик Блаже Ристовски: "Историја на македонската нација", МАНУ, Скопје, 1999 год., стр. 10). Од овој грчки предлог јасно се гледа дека тогашните национално свесни Грци, како најсеверна грчка област ја сметале Тесалија. Освен тоа, Епир воопшто не бил сметан за грчка област, додека Бугарија никој ниту ја спомнувал. Овој предлог има уште поголема тежина ако кажеме дека Јоанис Каподистрија не бил некој "обичен" грчки национален деец, туку тој бил првиот претседател на самостојната грчка држава! Пред тоа, Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија. Подоцна, тој станал претседател на новооснованото грчко Народно собрание и на крај бил избран за прв претседател на самостојната грчка држава.

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

РУСКИ ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил на Балканот да се создадат следниве држави: 1. Грција (со архипелагот, Самос и Крит); 2. Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица); 3. Србија (заедно со Босна, за која држава побарал да биде протекторат на Големите сили); и 4. Териториите на Молдавија, Влахија и на Бугарија (како една држава), која требало да биде протекторат на Русија. Академик Ристовски (од чија спомната книга ги презедовме овие податоци), оправдано заклучува дека во тоа време во Европа, па и на Балканот, немало јасна претстава за етничките гра-


ЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ници на Балканот, а во овие комбинации Бугарија била спомната само како дел од Србија, Романија или Русија. А сега да се вратиме на историјатот на создавањето на современата грчка држава и нејзиниот развиток и територијално проширување. Во периодот меѓу 1453 и 1460 година, територијата на денешна Грција била освоена

од страна на султанот Мухамед Втори и таа била припоена кон Отоманската империја. Во следните два века Отоманците војувале против Венецијанците и другите држави, кои имале преостанати колонии на грчкиот брег. Во 1669 година Османлиите го освоиле островот Крит, но таа година Венеција успеала да го завладее Пелопонез. Во 1718 година Османли-

ите повторно го освоиле Пелопонез, по што грчката територија целосно останала под османлиска власт сè до XIX век. Иако дел од Грците страдале под отоманскиот режим, сепак е факт дека многумина од нив имале разни привилегии во оваа држава. Ова, пред сè, се однесува на Грчката црква, чиишто великодостојници (на чело со патријархот) имале го-

КАРТА СО ГРАНИЦИТЕ НА ПРВАТА ГРЧКА ДРЖАВА Т.Е. ВИСТИНСКАТА ТЕРИТОРИЈА НА ЕТНИЧКА ГРЦИЈА

53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

леми привилегии и влијание во политиката на Отоманската империја. Всушност, ова најболно го почувствувале токму Македонците, кога под влијание на грчкиот патријарх, султанот наредил укинување на Охридската архиепископија. Многумина Грци зазеле важни позиции во отоманската администрација, како службеници или политички советници (за ова подетаљно во светски поз-натата ЦД енциклопедија Mikrosoft Enkarta, 1988, наслов: Greece). Првите посериозни знаци на грчкиот национализам се појавиле во средината на XVIII век и тие биле иницирани директно од Русија. Како православна држава, Русија ги поттикнувала и ги охрабрувала православните Грци да се бунтуваат против отоманската власт. Но, овие први обиди за будење на грчката свест останале без некој поголем успех. Во 1770 година, рускиот гроф Орлов дошол со воени бродови на Пелопонез, со намера да предизвика востание на Грците, но без успех. Извесен поттик во будењето на етничката свест на Грците и во желбата за свое ослободување дала и Француската револуција. Тогаш, повторно под влијание на Русите, рускиот кнез од грчко потекло Александар Испиланти, во 1814 година создал тајна организација под името "Филики Хетерија" (Пријателска асоцијација) и во 1821 година кренал востание, кое брзо било задушено. Наредните три години Грците повторно дејствувале вооружено, но во својата борба биле речиси сосема сами, иако примале одредена материјална помош од неколку европски држави, кои веќе почнале да ги модулираат своите интереси на Балканот, заради евентуалното создавање на грчката држава.


MO[TITE NA SVETI LA Исус во смртта на Лазар го согледува "триумфот на смртта во светот, смртта која Бог не ја создал, а која загосподарила и господари со светот, затровајќи го севкупниот живот и претворајќи го во бесмислено менување на деновите, кои неумоливо се уриваат кон пропаст".

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

С

вети Лазар Четиридневниот по дваесет векови од своето воскресение, пристигна во Македонија, во таа света земја, во која самиот свети Апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го донесе Христовото Слово за спасение на човечкиот род. Пристигна во земјата која МајкатаБожја,ПресветатаБогородица со своето стапнување на македонската земја, ја благослови и таа стана света земја, матица на христијанството за Европа. Честичка од моштите на Свети Лазар, кого Исус Христос го воскресна пред околу две илјади години, е донесена во манастирот "Свети Јован Бигорски", кој со својата убавина претставува гордост во историјата на културата и уметноста на Македонија. Тој зрачи со својата духовност и е редок христијански извор, непресушен вруток на нашето духовно опстојување и сведок на македонското православие.

СКАПОЦЕН ДАР Дел од моштите Бог ги благослови да пристигнат во нашата Република Македонија во јуни 2004 година. Архимандритот Пантелејмон, земајќи ги од Скитот Света Ана (Света Гора) ги однесе во Америка, а оттаму во Република Македонија, и тоа во манастирското братство на манастирот "Свети Јован Бигорски", за време на игуменот отец Партениј. Засега, моштите - овој свет и скапоцен дар, се наоѓаат во олтарот на манастирот, но на големите празници, на бденијата, тие се вадат на поклонение. Свети Лазар Четиридневниот, Христовиот сведок за воскресението, живиот сведок на Божествената семоќ на Спасителот на светот Господ Исус Христос и неговата победа над смртта, живеејќи го земниот живот, ги гледаше незнајбошците и

насилниците како владетели на овој минлив век. Но, истовремено, гледајќи во иднината, го гледаше нивниот пад и осуда на вечни маки. Ги гледаше грабнувачите и гонителите на Христовата црква како богаташи на овој минлив век. Истовремено, гледајќи далеку, го гледаше нивниот пораз и осуда на вечни маки. Прогонет далеку од родната земја, сам себе се

чувствуваше како понижен, потиштен и заборавен од многу луѓе. Свети Лазар Четиридне вниот ја гледаше Христовата црква понижена и прогонувана во овој неправеден свет, полн со духовни слепци. Но, тој истовремено ја гледаше и нејзината крајна победа над сите гонители, противници и убијци. Бог широко му го отвори духовниот вид и пред и по Неговото воскресение, и тој трпеливо и мудро гледаше во едно друго царство, Царството Божјо во кое ќе нема ниеден насилник и неправедник, ниеден противник на

ЛАЗАРЕВИОТ ГРОБ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА - ВО ВИТАНИЈА

56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004


ZAR VO MAKEDONIJA

Христа и Неговата Црква. Вечното бесмртно царство, во кое ќе царуваат верните Христови синови и ќерки.

ТРИУМФ НАД СМРТТА Гледајќи во далечината, ги исполни Божјите пораки, Бо-

жјите закони, и стана син на светлоста и бесмртноста, вечен другар на ангелите, брат Христов. И еве, колку далеку гледаше. Далеку низ сите векови. И во векот во кој живееме тој е со нас, меѓу нас, со мислите, со духот, со неговите свети и чудотворни мошти. Дојдете верни, да се поклониме на Светите мошти на Христовиот пријател, воскреснатиот Свети Лазар Четиридневниот. Господ Исус Христос нè повикува. Дојдете да ги видиме Божјите дела, да ја почувствуваме Божјата сила и да се увериме во Божјите чуда. Сега ќе ве повикам со духот и со мислите да се пренесеме далеку од овде, во Светата Земја, во малото место Витанија. Исус тргнува кон Лазаревиот гроб и Самиот почнува да плаче. Неговото срце тагува за смртта на Својот сакан пријател. И не само за неговата смрт, туку за смртта на светот, зашто во смртта на Лазар го согледува “риумфо на смра во свео, смра која Бог не ја создал, а која загосодарила и госодари со свео, заровајќи го севкунио живо и реворајќи го во бесмислено менување на

57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 531 / 3.9.2004

деновие, кои неумоливо се уриваа кон роас.” Самиот Бог слегува пред Лазаревиот гроб, бестрашно застанува пред смртта, на која й се ближи крајот, и со висок глас извикува: "Лазаре, излези надвор!" Самиот Христос, а тоа значи самата Љубов, слегува до Лазаревиот гроб, за таму да се сретне со смртта, за да ја разруши. Исус, Кој е Живот, застанува храбро пред смртта, лице в лице се гледаат Животот и смртта. Исус е убеден дека ќе ја разруши смртта, ќе ја победи и ќе ја уништи засекогаш, зашто Бог го создаде светот да има вечен живот. Христос, застанат пред гробот, му се обраќа на умрениот како на жив и му заповеда: "Лазаре, излези надвор!" Тоа е заповед со која й упатува предизвик на смртта, й објавува војна на смртта, й соопштува дека љубовта мора да победи, љубовта триумфира над смртта. Умрениот пред четири дена Лазар, го слуша гласот Божји и воскреснува. Умрениот Лазар станува, оживува. Смртта е победена. Христос стана уште пославен. Со благослов на Неговото Висо копреосвештенство, Митрополит Европски, г. Го разд


531