Issuu on Google+


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју ТРИФУН КОСТОВСКИ, пратеник

Господин Трифун Костовски е исклучително познат во македонското општество. Го знаат и најмладите и највозрасните. И спортистите и научниците и пејачите и бизнисмените и селаните и политичарите. За него ќе ви речат дека е тој сè, но најмногу вистински господин, што како ретко кој од Македонија знае да прави пари. Но, ова е само делумно точно, затоа што неговата главна пасија е како да им даде смисла на парите. Како тие да се стават во функција на добрите дела, вредните, големите но и малите, тековните, дневните, сè со цел Македонија да стане поубава реалност не само за него, туку и реализиран сон на секој нејзин граѓанин. Тој е само навидум типичен претставник на повоената скопска генерација за која обично се вели дека е жртвувана. Посебно неговата од 1946 година. Неверојатно трудољубив, упорен, трпелив и љубопитен, не само што ќе го заокружи со успех своето образование (Економски факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје) туку, многу рано ќе научи дека треба да си мајстор на животот со големо срце и широка душа, со умешност да се балансираат и усогласат потребите на семејството, кариерата, личните и општествените амбиции. Смислата за организација ќе му ги искристализира приоритетите и редоследот на потезите што ќе ги влече како свој, независен и авторитетен човек. Е, сега вистина е дека пред било што, најпрво ќе заработи чир на желудникот, но и на него ќе гледа само како на добар сигнал дека од него ќе биде нешто повеќе од просечно. Ќе му се посреќи со вработувањето во "Технометал-Вардар", како негов претставник во Варша-

ва. Подоцна и на "Ситко" во истоимениот град и во Виена. По осамостојувањето на Македонија ја основа својата фирма "Кометал Трејд" Гмбх со седиште во Виена и разграноци во Швајцарија, Полска, Украина и Русија. Своите пари заработени надвор ги вложува дома, во повеќе области со една цел: да й се помогне на татковината и да се остави трага, белег, печат дека сме биле, дека сме и дека ќе бидеме. Знае, господинот Трифун Костовски дека најважното за секој народ е образованието и науката, затоа и ја основа Фондацијата при МАНУ. Културата на живеење е невозможна без уметностите, физичката култура и спортот. Ќе ги помага како современите уметници (сликари, скулптори, глумци, пејачи и др.) така и оние од нашето минато чии градби, фрески, икони и други дела вреди да се сочуваат и реставрираат за сегашните и идните поколенија Македонци. За ракометот и вложувањата во другите спортови не треба многу да се пишува, бидејќи со неговиот и наш РК "Кометал" најпрво влеговме во Европа. Во 2001/2002 година бевме на самиот европски врв во женскиот клупски ракомет. За да бидеме повторно европски шампиони господинот Трифун Костовски денеска е прв човек на Ракометната федерација на Македонија. Тој е и актуелен пратеник во македонскиот Парламент, со еден куп други активности за кои ќе прочитате подолу во интервјуто. Велат сакал да биде претседател на државава ама... Сакал да биде и градоначалник на главниот град ама... Добро е ако е така, бидејќи според мислењето на многумина тој тоа би го правел со страст, знаење и посветеност.

НЕ СЕ ТРГУВА СО МЕЃ 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

ДОВ


УСЕБНАТА

ЕРБА

Разговорот го водеше: Снежана КЛИНЧАРОВА

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

Господине Костовски, мнозина се луѓето што мислат и велат дека со Вас е многу лесно да се разговара заради Вашата сестраност, но сериозните новинари, убедена сум дека се во големи дилеми по вакви поводи: кој метод да се одбере и на што да му се даде приоритет. Бидејќи во македонскиве транзициски години политиката е сè и сè е политика, да почнеме со


M

меа инервју ТРИФУН КОСТОВСКИ

неа. Вие сте еден од ретките авторитетни пратеници кој објективно и конструктивно критикува законски предлози (менаџирањето на кризи), состојби (војната 2001, Рамковниот договор), кадровска политика (јавен обвинител, ген. дир. на МРТ), организациска поставеност (министерство за евроинтеграции и друго). Колку сте задоволен од Вашиот учинок во политиката која според сите параметри и случувања станува една од најизвиканите професии кај нас? КОСТОВСКИ: Сосема сте во право за констатацијата дека кај нас сè е политика и тоа е поразителен факт. Поразителен затоа што сè станува политика само во услови на сиромаштија, на недостаток на развојни програми и на длабока партизација на општеството. Затоа, не сум задоволен ниту од мојот личен учинок, иако јас сум поединец со независен статус како пратеник. Но, знаете, тоа не ме колеба да продолжам да се ангажирам, токму заради тие проблеми. Вие сте човек што не ги крие своите амбиции, особено претседателските. Што друго освен предвременоста на последните избори Ве обесхрабри да влезете во изборната трка, или проценивте дека случувањата не им погодуваа на Вашите реални шанси и од оваа позиција да направите многу повеќе за Македонија и нејзината иднина?

КОСТОВСКИ: Одговорот има повеќе аспекти од тие што ги споменувате. Сепак, основното објаснение лежи во Вашето претходно прашање, односно во длабоката партизација на општеството и гломазните, добро уиграни партиски машинерии. Доказ за тоа е нискиот процент на излезеност на избирачкото тело, што само по себе покажува дека граѓаните не се согласуваат со ваквата состојба и свесни се за последиците од практикувањето наметнат изборен процес. Чувствувате ли изневереност и разочараност од развојот на настаните по победата (од 15 септември 2002 година) на последните парламентарни избори, особено заради најавуваниот економски бум? КОСТОВСКИ: Ветувавме многу, јас верував и сè уште верувам дека тие ветувања се остварливи. За жал, не можев да претпоставам дека партиските и личните интереси ќе се стават над интересите на сите граѓани на Република Македонија. Можеби, поради ваквите мои ставови, по победата на Коалицијата "За Македонија заедно" на 15 септември 2002 година, не бев активно вклучуван во процесите што беа важни за иднината на државата. Кога и како е можно да излеземе од вртлогот на сиромаштијата и сеопштата криза во која се наоѓа Македонија? КОСТОВСКИ: Само со јасна економска стратегија, конзистентни закони и правна држава и сериозно и квалитетно приближување кон евростандардите. Наместо тоа, ние последниве

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


Сметам дека сегашната територијална поделба треба да остане непроменета во следните четири години. Во тоа меѓувреме, да се изработи концепт на територијална поделба што ќе одговара на реалните социо-економски, културни и граѓански потреби на Општината. Исто така, треба да се има предвид дека во овој период најверојатно ќе станеме членка на НАТО, ЕУ перспективите ќе станат многу појасни, циклусот на инвестиции посилен и индустриското производство во подем. Во такви услови, многу појасно и послободно ќе можат да се формираат идните општини и уверен сум тоа ќе биде во услови на значително намалено чувство на национална загроза.

години практично само кадровски се организираме, спроведуваме избори, се занимаваме со афери и слично. Демократскиот и пазарен амбиент се основните предуслови што ќе нè извлечат од вртлогот. Нив, за жал, сè уште ги нема на ниво на европски признати параметри. Кога се во прашање ЕУ и НАТО повеќе сме на нивото на вербалното, а помалку на конкретната работа и реализација. Ќе ни се случи ли и овој пат, како многу пати во историјата, да бидеме неподготвени за шансите на кои сме чекале стотици години, секогаш проектирајќи ја вината за неуспехот надвор од нашето неработење, неорганизираност, неединство? КОСТОВСКИ: Јас веднаш по парламентарните избори побарав формирање посебно министерство за евроинтеграции. Идејата безмалку беше дочекана "на нож". Сега, по две години повторно ја "откриваме Америка"! Знаете што - изгубивме цели две години, неповратно! А идејата ми беше токму од тие причини: да не ни се повтори историјата! Господине Костовски, во тек е носењето на пакетот закони за децентрализација и новата територијална поделба на Македонија. Дали сегашните предлози од Владата одат во насока на задоволување на потребите на граѓаните или станува збор за политички дил на владејачките елити кои според мислењето на многумина експерти ќе ја детерминира поделбата на Македонија по етничка основа. Какво е Вашето размис лување по ова прашање кое секако Македонија треба да ја извлече од сеопштата криза, но со сериозен ризик да потоне уште подлабоко во неа?

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју ТРИФУН КОСТОВСКИ

Од друга страна, имам впечаток дека се форсира пакетот закони за нова територијална поделба на Република Македонија. За мене тоа не е приоритет, особено затоа што секое избрзано решение може да има несогледливи последици што можат да доведат до територијална поделба на Република Македонија по етничка основа. За ваквите прашања, факторот време е многу значаен. Особено затоа што сè уште се свежи сеќавањата кај двата ентитета за случувањата во 2001 година. Процесот на враќање на довербата ќе биде долг и бара трпение, бидејќи единствено нешто со што не може да се тргува е меѓусебната доверба. Таа се гради и стекнува, за што е потребно време. Токму затоа сметам дека сегашната територијална поделба треба да остане непроменета во следните четири години. Во тоа меѓувреме, да се изработи концепт на територијална поделба што ќе одговара на реалните социо-економски, културни и граѓански потреби на Општината. Исто така, треба да се има предвид дека во овој период најверојатно ќе станеме членка на НАТО, ЕУ перспективите ќе станат многу појасни, циклусот на инвестиции посилен и индустриското производство во подем. Во такви услови, многу појасно и послободно ќе можат да се формираат идните општини и уверен сум тоа ќе биде во услови на значително намалено чувство на национална загроза. Противник сум на ставовите за просто и административно додавање рурални средини кон урбани центри. Тоа може да доведе до состојба вторите да го изгу-

КОСТОВСКИ: Морам да кажам дека за мене, решавањето на овие два пакети закони е од суштинско значење за иднината на нашата држава. Грешки за овие прашања не се дозволиви! Затоа, неопходна е целосна анализа и јавна дискусија по законите којашто на крајот треба да ја изрази волјата на граѓаните, а не политичките дилови меѓу владејачките партии. Според мене, постојат работи, т.е. закони што веднаш треба да ги донесеме, како на пример пакетот закони за децентрализацијата. Со нив, општините треба да бидат тие што ќе располагаат со финансиските средства на граѓаните кои живеат, работат и го полнат буџетот на општината. Тоа е модерен демократски процес што ние мора да го следиме за да одбезбедиме граѓанинот да има непосреден увид во управувањето со неговите средства.

Ктиторството на "Света Богородица" е израз на мојата желба да вратам дел од изгубениот идентитет на Скопје. На духовното и културно битисување на граѓаните. Тој храм е скопскиот Феникс. Моите намери се чисти и искрени и израз на религиозното семејно воспитание.

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


бат вотумот да го диктираат својот развој. А, имајќи предвид дека секојпат во историјата, па и во иднина, урбаните средини се основен двигател на економскиот развој, тоа може да предизвика назадување. Сепак, убеден сум дека по овие прашања ќе победи разумот. Вие сте човек кој совршено добро знае дека материјалното без духовното богатство е без идеја, без традиција, идентитет, без мотив и цел. Науката и културата се најважните столбови што ги крепат и корените и иднината на нашиот народ и држава. Може ли Вашата фондација "Трифун Костовски" да прерасне во поголема движечка сила, своевидно духовно-енергетско јадро во време кога тоа државата го прави бледо, без концепт и стихијно?

КОСТОВСКИ: Јас сестрано се обидувам да ги поддржам духовните и културните текови во Македонија и вон оваа Фондација. Без нив е илузорно да се помисли на опстанокот и просперитетот, особено на еден мал народ. Но, без државната грижа и интерес за тие теми, успех не е можен. Конечно за тоа и постојат државите, да го изразат суверенитетот и идентитетот на граѓаните и народите. Неодамна дониравте поголема сума средства и за изградба на стариот храм "Света Богородица". Коментарите во јавноста, зошто тоа го правите се со широк спектар. Од прозаичните дека немате што да им правите на парите, до "подземните" дека многу вешто и долгорочно работите на Вашиот имиџ. Кој е искрениот мотив кога е во прашање

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 519 / 11.06.2004

ТРИФУН КОСТОВСКИ


оваа скопска и македонска култна црква? КОСТОВСКИ: Ктиторството на "Света Богородица" е израз на мојата желба да вратам дел од изгубениот идентитет на Скопје. На духовното и културно битисување на граѓаните. Тој храм е скопскиот Феникс. Моите намери се чисти и искрени и израз на религиозното семејно воспитание. Форумот 2001, Институтот за стратегиски истражувања ЕУРО Балкан, освен што покажуваат дека Ви се мили и интелектуалните потенцијали на земјава, можеме ли од нив да ја добиеме и толку очекуваната национална стратегија за сеопшт развој на Македонија? КОСТОВСКИ: Ги помагам дел од невладините организации убеден дека интелектуалниот и научен потенцијал во земјава е недоволно искористен. Тие можат многу да помогнат во изградбата на националната стратегија. Најважно е луѓето со знаење и верба да се собираат околу идеите за иднината на мирот и напредокот на земјата. Спортот, особено ракометот е нашиот голем и најмасовен репрезент, како дома така и во светот. Задоволен ли сте од случувањата во нашиот најтрофеен спорт, на клупско и на ниво на репрезентации и што треба да преземете (организациски) од позицијата претседател на Ракометната федерација на Македонија? КОСТОВСКИ: Не сум задоволен од вкупните состојби во спортот. Фактот што во нашата извршна власт не постои посебно Министерство за спорт, туку постои Агенција за спорт и млади, само по себе говори дека спортот генерално е занемарен. Ракометот како посебна дисциплина, исто така, ги чувствува последиците од ваквиот пристап на Владата кон спортот. Помошта за опстојувањето и развојот на овој спорт се минимални од страната на Агенцијата за спорт и млади. Сегашното високо ниво на овој спорт пред сè се должи на ентузијазмот на луѓето што работат и спонзорите кои го сакаат овој спорт. Но, ова не смее да биде единствената карика за развојот на овој спорт во Република Македонија. Напротив, мора да постои изграден систем на финансирање, изработен и поддржан од Владата што ќе овозможи континуитет на овој спорт. Дотолку повеќе што ракометот не е спорт што овозможува враќање на инвестираните средства.

Од друга страна, не е спорен фактот дека сме задоволни од начинот и нивото на нашето претставување како Република Македонија на клупско и национално ниво. На клупско ниво, "Вардар Ватростална" е постојан учесник на Лигата на шампиони, додека "Кометал Ѓорче Петров" оваа година е шестопласирана екипа во Европа. На национално ниво, оваа пролет ги игравме баражните натпревари за учество на сениорските репрезентации - мажи и жени, за Европско - жени и Светско првенство - мажи. Не успеавме да се квалификуваме во завршните натпреварувања. Причините за ваквата состојба ќе бидат разгледани на следниот Управен одбор на Ракометната федерација на Македонија. Секако дека ќе работиме и натаму да ги отстраниме причините што доведоа до ваквата состојба и да се вратиме како учесници на следните европски и светски манифестации. Како што ви е познато, организатори сме на Европското првенство за жени - сениорки за 2008 година и со голема веројатност очекуваме од Светската ракометна федерација да ни ја додели организацијата на Младинското светско првенство - мажи за 2007 година. Поради овие два организации, неопходно е во најкус рок да се изградат спортски објекти - сали со висок стандард. Навистина се работи за промоција на Република Македонија и затоа Владата треба да има разбирање, да отвори широк фронт на изградба на сали низ државата. Со вакви инфраструктурни објекти ќе биде посилен стимулот за развој на спортот во РМ. Од колкаво значење воопшто и посебно за Македонија е Вашето членство во МКГ (Меѓународна кризна група)? КОСТОВСКИ: Се обидувам тоа да биде значајно за Македонија пред сè, но и за регионот. Тоа е високо респектирана организација во светот и целта и` е превенција на конфликти. Составот на групата е исклучителен и тоа е шанса повеќе за промоција на Македонија и нејзините интереси. Господине Костовски, за крај, нормално, верувате ли во иднината на Македонија, како држава со концепт, просперитетна, држава на благосостојба, респектирана и рамноправна членка во меѓународната заедница? КОСТОВСКИ: Да. Верувам и се надевам дека ќе ги преболиме транзициите и кризите ако останеме свесни за значењето на сопствените традиции и нашата европска припадност.

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


SONCE NA PRAVDATA

Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto

Irving FI[ER

Љубомир КЕКЕНОВСКИ

PREVRTENA SLIKA Изминативе години покажаа дека никој не може да направи таков хаос со нас, како ние самите. Сè почна кога ги расипавме зборовите/ термините и нивното вистинско значање. Се начна суштината на принципите за конкурентност и професионалност кај граѓаните и фирмите, на трајноста и квалитетот кај еснафите. Кога тргнавме така, знаев дека на крај не можеа да куртулат и да останат негибнати ни бројките, податоците и фактите. Дури и тие, треба да се сменат, да се "прилагодат" на новонастанатата реалност во која ниедна вредност ни големина не личи на себе, туку е извитоперена како во циркуско/ прекршено огледало. Имено, последниве месеци се случува нешто чудно во...

...македонската економија, ниедна бројка од планираните не ни се остварува, но и на ниедна бројка која произлегува од институциите не й се верува. Поконкретно, по спектакуларниот пад во јануари на индустриското производство од 45 отсто, не може да се опраиме до сега и првата половина од годинава ја завршуваме со 25 отсто пад во однос на истиот период лани. Но, од другите државни органи скоро е усвоен ставот дека бројките не се точни и дека нас всушност ни е многу подобро од она што ни го соопштуваат официјалните институции, во овој случај Заводот за статистика. Ова е единствен пример ког�� една особено важна државна институција официјално се третира како да е free rider (слободен јавач) во општеството.

Веројатно затоа никако да ги погодиме проекциите на инфлацијата, на предвидениот и остварен раст на Општествениот производ, на проектираниот извоз и увоз... Така, до првото полугодие ниедна бројка не ни се поклопува. Планираниот раст од 4 отсто, на Општествениот производ станува тешко остварлив, а наместо предвидента инфлација од 2,7 отсто остварена е 0,7 отсто, иако некои извештаи велат дека сме во дефлација. Во меѓувреме никакво објаснување на процесите или пак толкување на бројките од никаде не стига. Веројатно треба да им веруваме на збор, а од секоја страна различно се зборува. Со ова ГЛУПОСТА кај нас ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ. Кога ќе се дојде до такво сознание, што повеќе нема ни потреба ни простор за борба/ негирање на ставови 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

и мислења, последна инстанца со која може да се заврши е менување или непризнавање на бројките. Веќе подолго време, просто рефлексно се обидуваме да ЈА НЕГИРАМЕ РЕАЛНОСТА И ОБЈЕКТИВНОСТА НА ПРОЦЕСИТЕ. Притоа, сосем е неважно дали оценките доаѓаат од странски или домашни анализи и извештаи. На истопореното огледало пред нас попрво одговараме со фрлање камен врз него отколку со замислување врз сопствените слабости и недоследности. Причините и решенијата за тоа мора да се бараат барем на две места. ПРВО, алармантна е потребата од конечно апсолвирање еднаш засекогаш дека НЕМА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ НЕЗАВИСНИ И АВТОРИТЕТНИ ИНСТИТУЦИИ кои се јавни добра како и самата Влада. Затоа што, само тие ја потпираат државноста и се единствените релевантни партнери за комуникација на граѓаните внатре и за другите држави надвор. Никогаш и никаде не ја крепеле демократијата личности, па колку и да се подобни, паметни или харизматични. ВТОРО, ако се гледа конкретниот случај на ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА која воопшто НЕ Е МАРГИНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА, неопходно е почитување на процедура во објавувањето на бројките. Имено, сите светски институции од ваков вид во САД или Европа имаат економски совети кои ги разгледуваат добиените податоци на службите и ја проверуваат нивната конзистентост со други податоци и состојби. Така, можат да ги упатат на проверка со вкрстување на податоците, подетално следење на


временските серии/ трендови за точно да ги утврдат причините за растот или падот на одредена појава. Со тоа од една страна вршат стручен надзор, но од друга страна имаат и доследно образложение на процесите и бројките. Дополнително на претходното НАСТАНА ВИСТИНСКА ХАВАРИЈА во системот НА ВРЕДНОСТИТЕ. На времето знам дека најдобрите од генерацијата оделе во учителска школа. Денес, како по казна, полошите заминуваат да го печат овој благороден занает. Дојде

време кога ЛОШИТЕ УЧЕНИЦИ МУ СЕ ОДМАЗДУВААТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО. А тука сè почнува. Уште од најрани години децата ги чувствуваат неправдата и нееднаквоста, гледајќи како меркантилно се однесува учителката/ професорката кон децата на богатите и влијателни граѓани на татковинава. Со тоа, наместо низ школските примери и поуки да ја почувствуваат силата на конкурентноста, учениците разбираат дека некои други правила, вредности и критериуми се побитни од борбата

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

за знаење и трудољубивоста. Родителите кои сугерираат дека трудот се исплатува кога тогаш, испаѓаат смешни пред своите деца кои поинаку созреваат низ образовните недоследности и бројните компромитирачки факти и постапки. Токму тука се задава најтешкиот удар во општеството кој ги прегорува како слана тукушто процветаните овошки. ОВАА СИВА РЕАЛНОСТ, најефикасно ИМ ГИ СЕКНУВА СОНИШТАТА, како единствена татковина НА креативноста и како ретко место каде ДЕЦАТА/ МЛАДИТЕ се суверени. За општата сигурност на граѓаните очекуваме да се грижат оние што се покажаа како ЕКСПЕРТИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ. Затоа, ако ја барате безбедноста како основен предуслов за економска активност, може да ја најдете само во актуелните политички ставови, ГОВОРИ или СООПШТЕНИЈА. Додуша, и кај МЕДИУМСКИТЕ МЕГАФОНИ, кои место од перо и сопствен труд живеат од ЕВТИН РЕКЕТ, упропастувајќи го новинарството како исклучително важна професија во демократијата, која има за задача да ја избистри/ изостри вистинската слика во општеството. Ваквите состојби ГИ ПРОИЗВЕДУВААТ ВОЗДРЖАНОСТА И СОМНЕЖОТ како доминантни категории кои го надвладуваат потребниот оптимизам потсекувајќи ги крилјата на економската иницијативност. Неповторлив впечаток е дека место Џи Ди Пи-то во државава ни расте само претпазливоста, зашто одамна НИКОЈ НИКОМУ ВЕЌЕ ЗА НИШТО НЕ МУ ВЕРУВА. Кога на нашава ПРЕВРТЕНА СЛИКА ќе се додадат и актуелните прашања за територијална поделба, импресијата станува комплетна. Во целиов процес ОКОЛУ ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА по којзнае кој пат НИ УСПЕВА ДА ЈА ПРОМАШИМЕ ТЕМАТА, што е веќе воспоставена закономерност во нашава провинција. Имено, место расправа за обични мали животни прашања, на ЕТНИЧКИТЕ ПОГЛАВИЦИ им успеа докрај да ја изматат водата и уште еднаш ги покренаа примитивните страсти кои циклично ги потпалуваат за на крај привремено да се задоволат само актуелните партиски елити. Имено, преовладува една типично феудална (воена) реторика за освојување на нови простори и поделба по "природни" граници, до езера, реки и улици кои заедно со претходната конфузија можат најдалеку да нè одведат до протекторатскиот ќорсокак.


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА

БОРБ ЈОВАН ТРПЕНОСКИ

беници и судството во корупцијата, одат и понатаму, бидејќи за нив борбата против корупцијата е на прво место. Сè друго е споредна работа.

КОНСТАТАЦИИ

"Ако се професионализира Државната комисија за спречување на корупцијата, тогаш таа ќе се претвори во класичен државен орган, а со тоа ќе ја изгуби и својата независност", сметаат првите луѓе од оваа Комисија, адвокатот Јован Трпеноски и Слаѓана Тасева. "Само во стотина од реализирани случаи МВР утврдило дека сторителите оствариле лична и противправна имотна корист за други лица во вкупен износ од над 5,3 милијарди денари, со кој е оштетена државата", вели државниот советник во ова Министерство, Радивоја Јовановски. Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Б

орбата на државните органи против корупцијата е јалова. Таа не дава конкретни резултати, бидејќи начинот кој досега беше одбран за пресметување со оваа девијантна општествена појава повеќе наликува на про-форма отколку на вистинско залагање за уништување на болеста.

Со ваквите впечатоци и сличните констатации се согласуваат сите учесници на Конференцијата за оценка на имплементацијата на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата којашто се одржа во Охрид на 23 и 24 јуни. Претставнците на меѓународната заедница во Македонија кои постојано ги клукаат домашните фактори со информации за инволвираноста на државните служ-

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

На Конференцијата за оценка на имплементираноста на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата во Охрид учествуваа претставници на законодавната, извршната и судската власт, потоа претставници на Европската унија, Советот на Европа и Советот за борба против корупцијата од Србија. - "Ваквиот еминентен собир значи дека веќе е воспоставен значителен широк фронт во борбата против корупцијата од чија успешност зависи и развојот на нашата држава", истакна министерот за правда, Иџет Мемети. Амбасадорот на делегацијата на Европската комисија во Македонија, Донато Кијарини, го истакна ставот на Европската унија дека таа има нулта толеранција кон корупцијата. Додека, пак, претседателот на Врховниот суд, Симеон Гелевски, зборувајќи за економската и политичката корупција укажа на фактот дека и во судството и околу него постои корупција. Тој се заложи за понатамошни реформи во судството со кои треба да се


ПРОГРАМАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

А ИЛИ ФАРСА?! СЛАЃАНА ТАСЕВА

АЛЕКСАНДАР ПРЧЕВСКИ

обезбеди потполна финансиска независност. Учесниците се согласија дека досега е мал бројот на решени случаи на корупција, а претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, адвокатот Јован Трпеноски, рече дека во изминатиот период Комисијата повеќе се занимавала со процедурални работи, докажувајќи дека не е орган над сите органи и дека постапувала само по оние случаи каде што имале овластувања. Трпеноски, како и неговиот претходник Слаѓана Тасева, сметаат дека со професионализација на Комисијата таа ќе се претвори во класичен државен орган, а со тоа ќе ја изгуби и својата независност. Државениот секретар во Министерството за внатрешни работи, Радивоја Јовановски, потенцира дека на овој план се спроведени значајни активности при што се реализирани и документирани повеќе истраги во врска со бројни малверзации и случаи на коруптивно однесување во сферата на економијата и финансиското работење. - "Како резултат на засилените активности на МВР, во текот на минатата и на оваа година беа откриени голем број малверзации вршени од директори, управители и други раководни лица во спрега со приватни фирми во рамки на приватизацијата, односно трансф��рмацијата на

претпријатијата, јавните набавки и други незаконски трансакции во јавниот сектор. Притоа истакна Јовановски - само во стотина од овие реализирани случаи е утврдено дека сторителите оствариле лична и противправна имотна корист за други лица во вкупен износ од над 5,3 милијарди денари, со кој е оштетена државата. Станува збор за разни инкриминации вршени од одговорни лица на фондови, министерства, бироа, јавни претпријатија, акционерски друштва и слично". Јовановски потенцира дека ваква истражна акцијата била спроведена и во Министерството за внатрешни работи каде при контролите за откривање на случаи на коруптивно однесување на припадниците на полицијата, во стручните служби (управни, сообраќајни и слично), резултирало со откривање на над 50 случаи на злоупотреба на службената положба од страна на вработени во Министерството. Државниот секретар Јовановски истакна дека ова претставува значаен чекор во спречувањето на коруптивното однесување на вработени, а ваквите активности со несмален интензитет ќе продолжат во насока на подигнување на нивото на стручно, професионално и етичко однесување на припадниците на полицијата, а со тоа и зголемување на довербата кај граѓаните.

СИМЕОН ГЕЛЕВСКИ

ПРИЈАВИ Вакви истраги во содејство со Царинската управа на РМ биле спроведени и во Царината каде се откриени над 100 злоупотреби на службената положба и фалсификувања на службена документација. Во рамките на истражувањата утврдено е дека со ваквото однесување е избегнато плаќање на царински давачки, прелевмани и Данок на додадена вредност во висина од над 190 милиони денари. Министерството за внатрешни работи, како што објасни Јовановски, ќе продолжи да соработува со други надлежни субјекти за да ја потврди и да ја провери својата борба против корупцијата во државните органи. Таквата соработка започнала со едногодишниот договор со Здружението на граѓани "Транспарентност Македонија", кој бил склучен во рамките на Проектот "Набљудување на постапките за кривични дела од областа на корупцијата во Р. Македонија". Со договорот членови од експертскиот тим на Транспарентност остваруваат увид во дејствијата и постапките што се преземаат од страна на овластените службени лица во врска со корупцијата. - "Во првите три месеци од реализацијата на Договорот истакна Јовановски - експертскиот тим извршил увид во 104

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

РАДИВОЈА ЈОВАНОВСКИ

предмети за поднесени кривични пријави од областа на корупцијата во кои се инволвирани 209 лица. Општа е констатацијата дека овие кривични пријави се поткрепени со доволен број докази кои ја потврдуваат основаноста за поднесувањето на кривичните пријави, а кои пак му овозможуваат на Обвинителството и на судството понатамошно водење на постапката". Во согласност со извештајот на "Транспарентност Македонија", во првата фаза од реализацијата на овој Проект, во остварена соработка со МВР, констатирано е дека во набљудуваните случаи постои основаност за преземените мерки на кривичен прогон и дека не се забележани посериозни случаи на подолго незаконско задржување, притисоци за изнудување признание или нехуман третман на лицата кон кои овластените службени лица преземале мерки. Инаку, во рамките на реформските процеси на полицијата е предвидено формирање на посебно одделение за спречување на корупцијата и перењето пари, што ќе функционира во рамките на посебниот Сектор за финансиски криминал. Со тоа ќе се постигне концентрирање на капацитетите и целосно фокусирање за справување со овие незаконски активности, а воедно ќе се подигне и ефикас-


OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА носта во работењето. На овој план се предвидени и одредени мерки за скратување на долгите административни процедури, односно веќе се преземаат одредени напори за просторно сместување на управните служби во еден објект и компјутеризација на евиденциите. Истовремено, се отпочнати и активности за воведување на едношалтерски систем на работа, односно во случаи кога на странките им недостасуваат одредени документи што се во надлежност на Министерството, шалтерскиот работник ќе врши проверки на истите по службена должност. Во однос на креирањето на соодветна законска регулатива за поефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал воопшто, Министерството за внатрешни работи активно партиципира во сите законски проекти чија цел е усогласување на домашното со меѓународното законодавство и создавање на поефикасни механизми за спречување на сите појавни облици на коруптивно однесување и организирани форми на криминал.

СУДИИ Македонското судство е една од алките во синџирот каде што постојано пука системот за борба против корупцијата. Ова го констатира и државниот јавен обвинител на РМ, Александар Прчевски, кој во интервјуто за МИА потврди дека е свесен за долгите судски процеси кои се водат против лицата што ја оштетиле државата. - "Има и субјективни и објективни причини за премногу долгите судски постапки. Објективни се оние што претставуваат тесно грло во законската постапка или Законот за кривична и процесна постапка. Но, јас сум убеден дека во основа причините се субјективни, бидејќи тие прописи сме ги применувале и во претходните 50-60 години и немало проблеми", вели Прчевски. Тој потсетува дека пред неколку месеци посочил во кои судови има судии кои не го почитуваат Уставот и законите, работат своеволно и со тоа прават

ДОНАТО КИЈАРИНИ

штета и на постапките кои ги поведува и води Обвинителството. - "За такви околности зборуваат и последните постапки кон одредени судии кои очигледно постапувале несовесно и незаконски. Како резултат на тоа денес имаме состојба во која тројца судии се веќе разрешени од кои двајца што ги нагласив се во Основниот суд во Струмица, при тоа еден сам си даде оставка и беше претседател и судија во Основниот суд во Куманово. Веќе водиме постапка против уште еден судија за мито во Основниот суд во Струмица и против него имаме обвинение, а за нив паралелно се водат постапки и пред РСС", истакнува Прчевски. Тој најавува дека деновиве ќе биде поведено обвинение и против еден судија од кочанскиот Суд кој постапувал по извршни предмети. - "Веќе имаме притворенички предмет со стечаен управник од истиот кочански Суд, а работиме и на други предмети од тој Суд во врска со работата на друг судија. Имаме обвинителен

предлог за злоупотреба против судија и претседател на еден суд кого не би сакал во овој момент да го именувам од причини, како што велат судиите, 'презумпција на невиност'. Но, има судии кои постапуваат спротивно на Уставот и законот и тие треба да бидат јасно и гласно конкретизирани за да не се фрла дамка врз целото судство и обвинителство, имајќи предвид дека во судството имаме многу совесни, чесни, стручни, квалификувани судии кои заслужуваат да го носат тој епитет", заклучува државниот јавен обвинител,

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

Александар Прчевски во интервјуто за МИА. Сепак бизарните резултати од борбата против корупцијата ги топат сите настојувања и волјата кај структурите во системот кои се занимаваат со справувањето со оваа негативна општествената појава. Оттаму јавноста сè повеќе верува дека постои голема спрега меѓу државните моќници (политичари), полицијата, обвинителството и судството. И затоа сè ова што ни се случува пред сè е фарса, а не она вистинското - борба против корупцијата.


OKO NA SONCETO ИНТЕГРАЦИИ

ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПРАШАЛНИКОТ

ДА НЕ ГО ПРОПУШТИМ "Барањата кои Европската комисија й ги поставува на Македонија се гаранција дека една земја може навистина да стане земја-членка и да работи како земја-членка, да ги преземе сите одговорности и користа од станување членка на Унијата", потенцира Донато Кијарини. "Македонија не смее да си дозволи дополнително задоцнување и не смее да си дозволи да го пропушти овој воз и оваа можност", оценува вицепремиерката Радмила Шекеринска. Пишува: Рената МАТЕСКА

П

о топлото лето, Република Македонија во септември ја очекува ладен туш - те-

жок и обемен прашалник од Европската унија. Прашањата ќе треба да се одговорат за 3 - 4 месеци, по што ис тите ќе се оценуваат, мерат и премерува-

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

ат. Следуваат преговорите и уште многу, многу работа за конечно да нè примат во семејс твото на Европа. Процедура која ја поминале земјите заинтересирани за елитниот клуб. Но, колку сме подготвени, информирани и дали имаме капацитет за "истрчување на маратонскиот круг" наречен евроинтегрирање, никој со сигурност не знае да каже?! Впрочем, колку време ќе треба да помине за и ние да ја испееме "Одата на радоста" од Бетовен? Секоја држава со демократски режим има шанси да стане дел од Европа велат евродипломатите,


НАПОРИ Неодамна на "Скопскиот саем" се одржа дебата на тема "Проширена ЕУ и можностите за развој на Македонија" на која говореа вицепремиерката Радмила Шекеринска и шефот на Делегацијата на Европската комисија во земјава Донато Кијарини. Иако претходно беше најавено дека еврокомесарот Јанез Поточник преку видео-конференција ќе се вк��учи на дебата, тоа не се случи поради, како што беше соопштено, технички проблеми на врските со Брисел. Според Кијарини, не е можно напорите за европска интеграција да се остварат доколку сè уште пос-

Е ВОЗОТ ЗА ЕВРОПА додавајќи дека сега за Македонија веќе не се поставува прашањето "дали", туку "кога" ќе стане членка на ЕУ. Од Владата на РМ, конкретно од Секторот за евроинтеграции, информираат дека се работи со полна пареа за нашето приближување кон ЕУ. Последните анкети говорат дека околу 90 отсто од граѓаните на РМ се изјаснуваат за влез во европското семејство. Граѓаните на РМ се цврсто уверени дека местото и иднината на Македонија е во големото семејство на европските народи, рамо до рамо со сите нации кои ја сочинуваат Европската унија. Се-

мејството на ЕУ бара многу работа, пожртвуваност и обврски. Но, ние треба да го добиеме тоа што го сакаме, инаку ќе бидеме присилени да го сакаме тоа што ќе го добиеме. Во врска со патот до ЕУ од СЕИ порачуваат дека "за чесниот има само еден пат - видлив за сите, а за нечесниот има безброј патишта - невидливи за никого". Сепак, за охрабрување е подарокот од Европската унија која на Македонија и додели 47,5 милиони евра помош за годинава од кои најголемиот дел, 20 милиони, првпат ќе бидат употребени за економски и социјален развој.

- "ЕУ ќе ја направи оваа година многу интензивна за Македонија" – изјави амбасадорот Донато Кијарини, тврдејќи дека приоритетите на Брисел околу помошта сосема се совпаѓаат со тие од Скопје. Според вицепремиерката Радмила Шекеринска, парите ќе бидат насочени кон четири клучни области, односно покрај економскиот и социјалниот развој ќе бидат насочени и во правосудството и внатрешните работи, за развој на демократијата и владеењето на правото и за заштита на животната средина и природните ресурси.

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

тојат министерства кои работат на еден ист начин и доколку не ги спроведуваат реформите, чија реализација Еврокомисијата ќе ја оценува, мери и проверува. Тој изрази уверување дека имајќи ги предвид неодамнешните состаноци со високите претставници на ЕУ, мислењето за Македонија ќе биде позитивно. - "Меѓутоа, ќе бидеме апсолутно сигурни оти мис лењето ќе биде позитивно кога ќе го видиме квалитетот на одговорите на прашалникот од Брисел и напорите што треба да се направат со одговарање на овие прашања", порача Кијарини, и


OKO NA SONCETO ИНТЕГРАЦИИ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПРАШАЛНИКОТ Во моментов за Брисел е најважно одговорите на прашалникот кој ќе пристигне во септември да бидат комплетни, транспарентни и добри. Колку време ќе потроши Македонија на одговорите е помалку важно. - "Сакаме да избегнеме ситуација во која ќе ги добиеме сите одговори, а потоа да вратиме голем дел од нив доколку не се задоволителни. Сакаме да го избегнеме тоа и Владата е свесна за тоа", изјави Рајнхард Прибе. Во тек се подготвителни РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА

додаде дека резултатите најмногу ќе зависат од земјава, за да можеме да ги убедиме земјите-членки дека нема да има сомнеж во одлучноста и заложбата на Македонија да продолжи со овој процес. Шекеринска изјави дека за брзината и успешноста на нашиот процес на интегрирање во ЕУ ќе зависат три фактори - Унијата и она што ќе се случува во неа, земајќи ги предвид и политичките и економските промени, состојбите во регионот и трето, она што ќе се случува во наредните неколку години во Македонија. Според неа, регионалната соработка ќе продолжи да претставува предуслов за нашето европско интегрирање и наш политички и економски интерес. - "Она што е важно за Македонија во овој момент е да го фати приклучокот. Изгубеното време пред неколку години го плативме со висока цена" - рече Шекеринска. На конференцијата претставници на Секторот за евроинтеграција ја презентираа кампањата за информирање на јавноста за про-

ДОНАТО КИЈАРИНИ

цесот на европска интеграција.

ПРАШАЛНИК Прашалникот од Европската унија во Скопје ќе пристигне во септември и ќе содржи три до четири илјади прашања на кои македонската Влада треба да одговори, изјави специјалниот претставник на ЕУ во Македонија Сорен Јесен Петерсен во интервјуто за "Радио слободна Европа". Според него, многу е подобро да се дадат добри и квалитетни, отколку брзи одговори. - "Потоа може да има и втора рунда, односно Комисијата да постави дополнителни прашања, така што тоа би можело да трае најмалку шест месеци, односно некаде до март, април или мај наредната година", најави Петерсен. Комисијата тогаш треба да реши за следниот чекор, дали Македонија ќе биде поканета да започне постапка за станување кандидат за членство во ЕУ или ќе биде потребно дополнително време. Засега не може да се коментира кога и

како ќе заврши процесот на евро интеграција за Македонија, изјави директорот на Европската комисија задолжен за Западниот Балкан - Рајнхард Прибе.

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

активности во пресрет на доставувањето на Прашалникот од страна на Европската комисија. Овие активности опфаќаат организација на процесот на подго-


товка на одговорите и мобилизација на расположливите човечки ресурси. Истовремено, како поддршка на процесот на подготовка на одговорите, направена е анализа на Прашањата и одговорите на други држави, преведени на македонски јазик и поделени по области и институционални надлежности.

ИНФОРМАЦИЈА Информацијата за текот на процесот на интеграција на Република Македонија

во Европската унија претставува сублимат на настани и активности од почетокот на 2004 година. Истата има за цел информирање на Собранието на Републи-

ка Македонија и пошироката јавност за текот на процесот на интеграција, со акцент на новиот квалитет во односите Република Македонија - ЕУ, што произ-

легува од стапувањето на сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), како и поднесувањето на Апликацијата за членство. Информацијата за текот на процесот на интеграција е дел од напорите на Владата на Република Македонија за обезбедување и одржување на висок степен на консензус кон ова прашање меѓу граѓаните и нивните легитимни политички претставници во Законодавниот дом. Ваквиот пристап, оценуваат од Секторот за евроинтеграции, има за цел и зголемување на поддршката и инволвираноста на сите институции и поединци во успешната реализација на реформите што се во насока на исполнување на критериумите за членство дефинирани на Европските совети во Копенхаген (1993) и Мадрид (1995). На 30 март 2004 година, Европската комисија го објави третиот Извештај за Процесот за стабилизација и асоцијација за Република Македонија (ПСА) во кој се поздравени напорите на Република Македонија за напредокот во овој процес. Меѓу другото, во Извештајот пишува дека "Владата

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

направи конкретни чекори за имплементација на Рамковниот договор и повеќето од неговите потписници ги исполнија преземените обврски да ја поддржат истата", како и "2004 ќе биде решавачка на планот на зацврстување на стабилноста и продолжување на реформските процеси". Исто така, "во 2003 година, беше обновен економскиот раст, а инфлацијата се задржа на ниско ниво. Истовремено, во услови на монетарна стабилност, буџетскиот дефицит беше редуциран за 4 процентни поени и сведен на ниски 1,5 отсто од БДП". Во однос на процесот за стабилизација и асоцијација, Европската комисија констатира "Бројот на преземените мерки индицира желба за забрзување на ЕУ насочените реформи во рамките на ПСА. Овие мерки вклучуваат подобра координација на имплементација на обврските од договорните односи со ЕУ и Препораките од извештаите на Европската комисија". Во согласност со очекувањата, клучен приоритет во наредниот период останува имплементацијата на Рамковниот договор, продолжувањето на реформите во областите на владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, како и реформата на судскиот систем. Извештајот ги афирмира постигнувањата на планот на одржување на макроекономската стабилност, како основа за продолжување на реформите и подобрување на деловната клима и конкурентната способност на националната економија. Истовремено, потенцирана е потребата од продолжување на реформата на јавната администрација.


ГОВОРОТ НА СЕЛОТО КУЛА - СЕРСКО ОД ВЕСЕЛИНКА ЛАБРОСКА

СПАС ОД ИЗУ Пишува: Милева ЛАЗОВА

Фактите од "Говорот на Кула" значајно ги збогатуваат нашите сознанија за патиштата на спонтана еволуција на јазикот, вели академик Тополињска. Трудот претставува поттик и понатаму да се работи на оваа тема, неоткриена и интересна особено од научен аспект што ќе им биде од корист на идните генерации.

В

о Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" во Скопје беше промовирана книгата "Говорот на селото Кула Серско" од магистер Веселинка Лаброска. Оваа монографија се појави како 38 книга во едицијата "Посебни изданија" на Институтот за македонски јазик и е резултат на долгогодишно истражување на авторката на овој говор. Бидејќи станува збор за книга во која лингвистички се обработува еден говор од егејскиот дел на Македонија, соорганизатори на оваа промоција се Институтот за ма-

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

кедонски јазик "Крсте Мисирков" и Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Промоцијата ја отвори д-р Снежана Веновска - Антевска, директор на Институтот, додека промотор на книгата беше академик Зузана Тополињска. Поздравно обраќање имаше и претседателот на Форумот за човекови права, Мице Димитров.

ЗНАЧЕЊЕ Во трудот на магистер Лаброска направена е анализа на говорот на селото Кула во согласност со современите методи и принципи на обра-


ботка на дијалектен материјал. Анализата на говорот се состои од опис на современата состојба на гласовниот систем, осврт на историскиот развој на гласовите, преглед на состојбата на акцентот, разгледување на граматичките категории на сите зборовни групи, анализа на синтаксичкиот систем и краток осврт на лексиката и зборообразувањето. Приложени се и текстови од селото Кула. - "Имаме и понатаму вакви книги - вели директорката др Веновска - Антевска - кои чекаат да бидат отпечатени. Се надевам дека ќе можеме на македонската јавност да й понудиме уште вакви книги од областа на дијалектологијата за кои многу е тешко да се собере материјал". По излагањето на директорката на Институтот неколку збора кажа и претседателот на Форумот, господинот Димитров кој истакна дека книгата е напоена со богатство на народна традиција

50 години од своето постоење. Говорот на селото Кула којшто е предмет на лингвистичка анализа на оваа Монографија спаѓа во серскодрамските говори кои го опфаќаат југоисточниот дел од македонската јазична територија. Поради тоа што денес овие дијалекти се наоѓаат надвор од границите на Република Македонија и нивното истражување на терен е речиси невозможно, истражувањата со помош на информатори - бегалци, е единствен начин да се забележат карактеристиките на овие дијалекти и со тоа да се спасат од изумирањето и од асимилацијата на која денес се подложни. - "Станува збор за монографски опис на говорот во едно село во Грција во југоисточна периферија од македонската јазична територија. Уште во дваесеттите години од XX век - вели академик Зузана Тополињска - селото Кула било населено исклучи-

спаѓаат во југоисточното наречје во групата серско-лагадински говори. Постоечките текстови биле главен извор на лингвистичките податоци обработувани во Монографијата. Таквата постапка во контраст со собирањето на податоци по пат на анкета ја зголемува веродостојноста на описот. Монографијата на магистар Веселинка Лаброска е напишана со убав јасен јазик со поткрепена терминологија, содржи информација предвидена според моделот, богато документирана со добро избрани примери".

СОЗНАНИЈА Академик Тополињска наброја само неколку појави во чија интерпретација и место во македонскиот дијасистем директно придонесува јазичниот материјал содржан во Монографијата на магистар Лаброска. - "Тоа се механизми на т.н.

дува дека редукцијата значи поместување на артикулацијата кон подолу или погоре зависно од појдовното место на дадената фонема во вокалниот триаголник итн. Да резимирам. Убавата Монографија на магистар Лаброска спаси од заборав едно парче македонска јазична територија, парче многу важно со оглед на фактот дека станува збор за дијалектен комплекс денеска практично уништен и за податоци кои дозволуваат да се доопределат границите на територијата на која се развивал македонскиот јазик. Покрај тоа фактите од 'Говорот на Кула' значајно ги збогатуваат нашите сознанија за патиштата на спонтана еволуција на јазикот". Во воведот на Монографијата, авторот Лаброска говори за селото Кула и за неговата положба. Како што вели таа, тоа се наоѓа северозападно од градот Серез, во југоисточниот дел на геог-

МИРАЊЕ И АСИМИЛАЦИЈА пред сè од егејскиот дел. За него таа претставува поттик и понатаму да се работи на оваа тема, неоткриена и интересна особено од научен аспект што ќе им биде од корист на идните генерации. - "Оваа книга зборува за нашиот идентитет, треба да се работи - додава господинот Димитров - и понатаму, зашто сè уште има што да се открива, иако политичките и финансиските услови се малку тешки". Промоторот на книгата, академик Зузана Тополињска, истакна дека книгата "Говорот на селото Кула - Серско" претставува важна позиција во низа манифестации со кои Институтот за македонски јазик одбележува

во од Македонци. Говорот на селото според класификацијата на македонските дијалекти од Божидар Видоевски 39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

редукција на неакцентираните вокали. Говорот на Кула - објаснува академик Тополињска - еднозначно потвр-

рафска Македонија. Денес селото се наоѓа во границите на Република Грција и брои околу 400 куќи. Според одредени кажувања Кула е старо седумстотини години. Во дваесеттите години од минатиот век селото Кула било населено само со Македонци. По грчко-турските војни во 1920 - 1921 година во Кула почнале да се доселуваат Грци од Кавказ така што македонското население било принудувано да се иселува во Бугарија и во Македонија. Денес најголемиот дел од населението комуницира на грчки јазик, но постарите сè уште го зборуваат и го употребуваат македонскиот јазик, но само во кругот на семејството.


РЕПОРТАЖА ПО ПАДИНИТЕ НА ДЕБАР

МАКЕДОНСКА КУ Особено со својата убавина плени манастирот "Свети Јован Бигорски". За него е интересно тоа што е изграден некаде околу 11 век врз темелите на една постара црква. Денес Дебар е економски мртов град, освен фабриката "Кнауф" за гипс и ХЕЦ "Шпилје" ништо друго не работи. Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Г

радот Дебар се наоѓа во западниот дел на Македонија во непосредна близина на државната граница со Албанија, опкружен со високите и прекрасни планини, Дешат, Стогово и Јабланица. Дебарскиот реон е еден од туристички најатрактивните региони во Македонија. Изобилува со природни убавини и вистински реткости на кои се надоврзуваат низа културни специфики, што влегуваат и зафаќаат еден голем и значаен дел

од севкупната македонска културна ризница. Погледнувајќи наназад во далечната историја на градот Дебар, истражувачите утврдиле постоење на праисториска населба, но првиот запис каде што тој се споменува под името Деборус, е Птоломеевата книга - карта од средината на 2 век. За тоа како настанал градот Дебар има неколку теории. Но, попознато е тоа дека неговото име доаѓа од зборот речна долина, бидејќи се простира во непосредна близина на устието на реката Радика во Црн Дрим. - "Градот Дебар - вели Филип Василевски од овој град - во историјата некогаш бил на работ на исчезнување, а некогаш бил град со околу 40.000 луѓе. Според статистичките показатели во градот Дебар заедно со неговата околина живеат околу 26.000 луѓе, а само во градот има околу 15.000 луѓе. Од оваа бројка на жители, голем дел се

42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

во странство, Италија, Шведска, Америка итн. така што денеска во Дебар има околу 7.000 луѓе. Од нив околу 4.000 се Македонци од кои, пак, околу 3 отсто се православни Македонци, а преостанатите се Македонци Муслимани".

ИСТОРИЈА Во историјата на Дебар, мошне важна улога, имала Дебарската епископија основана 1107 година со седиште во манастирот "Свети Никола", Пешкопеја (денешна Албанија). Од Дебар потекнува и првиот архиепископ (Јован) на Охридската архиепископија. По името на првиот архиепископ го добил името и манастирот "Св Јован Бигорски" во кој работел пред назначување за епископ. Наоѓајќи се на важни крстопати, во својата бурна историја градот доживеал пустошења и растеж.


ЛТУРНА РИЗНИЦА Особено голем растеж достигнува пред балканските војни кога броел над 25.000 жители. Во овој период мошне силно се развило занаетчиството и трговијата. Позната била дебарската чаршија, која била конкурент на битолската и скопската. Дебар особено бил познат по зографството и резбарството. По својата уметничка дејност дебарските мајстори се наречени Дебарска школа. Ремек дело на Дебарската резбарска школа е иконостасот во резба во манастирот "Св. Јован Бигорски". Се наоѓа на 2 километри од селото Ростуше на надморска височина од 740 метри. За него е интересно тоа што е изграден некаде околу 11 век врз темелите на една постара црква. Положен е во впечатливите бигорови карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени во северозападните падини на пла43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


ПО ПАДИНИТЕ НА ДЕБАР

нината Бистра. Манастирскиот комплекс го сочинуваат манастирската црква, костурницата сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Покрај манастирот "Св Јован Бигорски" дебарските мајстори оставиле трајни белези во архитектурата и уметничкото обликување на куќите, црквите, џамиите и на другите објекти низ Балканот и пошироко низ Европа. По балканските војни и Првата светска војна, Дебар станал пограничен периферен град во рамките на Кралството Југославија. Тоа предизвикало емигрирање на населението од овој крај и негово населување ширум Југославија, Балканот и светот. Тоа е еден од најтешките периоди во животот на градот. За опстанок на своите огништа, населението од сите националности меѓусебно си помагало, заеднички го делело доброто и лошото и во заедничкото живеење ја гледало единствената алтернатива. Особено била тешка положбата за време на Втората светска војна кога потпаѓа под окупација на фашистичка Италија, во составот на протекторатот Албанија која исто така била окупирана од фашистичка Италија. Злото наречено окупација, придонело за ново емигри-

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

рање на населението, така што неговиот број уште повеќе се намалил. Дебар ослободувањето го дочекал со 4.694 жители, а целата општина со 15.197 жители. Повторно голем економски и културен подем градот доживува по ослободувањето, но овој подем бил прекинат со катастрофалниот земјотрес што го снашол овој град на 30 ноември 1967 година. Сепак, благодарение на човечката солидарност се елиминирале последиците од земјотресот и се создале услови за натамошен развој.

УБАВИНИ Втор манастир кој воодушевува со својата убавина во Дебар е женскиот манастир во село Рајчица, возобновен во 2001 година. Тој го носи името "Св. Ѓорѓија Победоносец". Во рамките на тој манастир постои црква "Свети Ѓорѓија" која е една од постарите и е обновена во 1876 година. Во Дебар во минатото постоеле и други манастири кои се разрушени. Овој град е богат со многу цркви, а исто така постојат околу 4 параклиси. Тоа се цркви кои не се осветени, немаат олтар, а во нив се врши духовен живот. Хидроцентралата "Шпилје" е


изградена низводно од составот на реките Црн Дрим и Радика, во непосредна близина на албанската граница, на место на некогашниот Шпилски мост во Удово. Таа е оддалечена 5 километри од градот Дебар, во чие општинско подрачје се наоѓа. Местото Удово е доста интересно, бидејќи тука се ископани археолошки ископини за време на античкиот период, а постоеле и римски населби. Со изградбата на високата каменосипна брана, со преградувањето на реките Црн Дрим и Радика, создадено е Дебарското Езеро, едно од поголемите вештачки езера во нашата земја. Водите од акумулационото езеро веќе две децении ги движат трите турбини со инсталирана моќност од 70 мегавати, произведувајќи просечно годишно по 300 милиони киловат часови електрична енергија. Дебарското Езеро се протега од хидроелектричната централа "Глобочица" по долината на Црн Дрим и по долината на Радика сè до Косоврашката бања. Селото Долно Косоврасти, било дервеџиско село. - "Дервеџија е човек кој го чува патот - објаснува Филип Василевски. Тоа е село кое има прекрасна термоминерална бања и прекрасно течение на реката Радика која се влива во Дебарското Езеро".

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


HRISTIJANSKI IZVOR СВЕТОСТА НА СПАСИЦА ВИШЕНСКА

NÍ A NEVESTITE RO@BA, Историчарите на уметноста фрескоживописот го сместуваат во времето од крајот на 14 или почетокот на 15 век. Дали е тоа и времето во кое живеела Света Спасица Вишенска? Сеедно каков одговор ќе добиете, но тука секој ќе ви рече дека таа и нејзиниот брат Спасе, се сè уште живи! Оваа маченица станала светица на чии мошти се грабат девојките од Вишни, да ја допрат нивната светост и да ја почувствуваат нивната чудотворна моќ. Текст и фото: Анастас ЌУШКОСКИ

А

ко некаде во светот постои место исполнето со толку волшепство и мистичност, тоа е токму тука, во кањонот на реката Сушица, кај селото Вишни, во Струшко. Тука сè е подредено на митското и магичното. На божественото. А тоа овде зрачи од секоја карпа што високо го надвишила небото. Зрачи од нивната распукана утроба во чија темнина царуваат утките и лилјаците. Зрачи од секоја тревка и цвет што блажено те опиваат. Зрачи од шепотот на росата и од жуборот на таинствената Сушица. Таа што умее часкум да ја снема, да ја проголта дното и одненадеж пак да се појави. Тука и месечината може да засветли посилно и од сонцето. А кога и него ќе го снема, пак ќе блесне необична светлина: пламен што патува по небото од еден до друг предел, за да го сокрие длабоко во потсвеста на луѓето. Навистина, необичен феномен. Феномен, кој според некои сознанија, е единствен на просторот на Македонија, но и пошироко на Балканот. За не-

го, атеистите ќе речат дека е метафизичка појава, а оние посветените на Бога, него го поврзуваат со постоењето и силното дејствување на светиот дух врз овој простор. Оттука, оваа необична појава се поврзува и со преданието за света Спаса Вишенска како и за нејзиниот брат Спасе, односно за нивното постоење и бесмртност. Станале мит, чија светост одамна е окована меѓу ѕвездите, во вечноста. А тие двајца, биле само простосмртни

души и земски маченици кои живееле во времето на Османлиите. Се верува дека нивните имиња им ги дал народот. Тие биле сираци без родители, заради што свое прибежиште за спасение на душите, побарале во еден манастир кој бил посветен на Свети Спас. Тој се наоѓал недалеку од тука, на ридот Бабуш кај селото Заграчани. Во доцната антика ридот бил укрепено место што се користело како збег на населението од околните населби. Тука, во неговиот средишен дел и денес постојат остатоци од една поголема градба која најверојатно била ранохристијанска базилика. А, југоисточно од неа, откриена е основа од средновековна црква, односно манастир. Велат, тој бил голем храм, со три камбанарии, чиј одѕвон се слушал надалеку. Оттогаш, па сè до денешни дни, останала и песната за нив што ја пеат жителите на овој крај. Дали тој одѕвон им ја открил

54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

трагата на младите маченици, Спасе и Спасица? Којзнае. Сепак, тука ги насетил гонителот, во обид да ги обесчести и потурчи. Но, тие успеале да се измолкнат од злобните раце и да побегнат во дивината. За да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештерата: тајна и скришна, високо во карпите. Во неа, света Спасица го минала својот испоснички живот, како божја, земска следбеничка и доброчинителка.

БАБАЛАК Денес од она што останало сочувано од забот на времето, во ова некогашно монашко жи-


A NA BOLNITE ZDRAVJE веалиште, сведочи сочуваниот дел од вредниот живопис, насликан во карпата. Во олтарниот дел на пештерната црква, односно нејзиниот таван, доминира ликот на света Богородица (пештерна), со Христос на градите. Освен неа, тука е претставен и Божјиот Агнец во литургиска композиција со светите архиереи: Св. Василие, Св. Јован Златоуст како и архиѓаконот и првомаченик Стефан. На одделна композиција се насликани Св. Марина, Св. Недела, Св. Текла, потоа светите врачи: Св. Кузман и Св. Дамјан, како и Св. Петка. Судејќи според типолошките особини на нивните монументални ликови, историчарите на уметноста овој фрескоживопис го сместуваат во времето од крајот на 14 или почетокот на 15 век. Дали е тоа и времето во кое живеела Света Спасица Вишенска? Сеедно каков одговор ќе добиете, но тука секој ќе ви рече дека таа и нејзиниот брат Спасе, се сè уште живи! Откако тие двајца се разделиле, Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора. Се оддал на аскетски живот, често прогонуван и поганет, дружен со орлите и молњите на Шкала вевчанска, сè додека не се засолнал меѓу карпите во дабовата шума над Вевчани. Така тој станал доброчинител и заштитник на луѓето. Затоа него, вевчанци ќе го наречат и Бабалак. Празникот Спасовден е свечен ден за сите христијани, но тука тој има посебно значење. Жителите од овој крај него го поврзуваат и со култот на двајцата маченици и светители. Него, вевчанци го слават дури трипати во годината. Покрај пролетниот, на Вознесение Христово, тие имаат уште два празници - есенски и зимен. Зимскиот празник е воспоставен заради печалбарите, да имаат бериќетна година и да ги штити Спасителот, каде и да се. Додека, пак, есенскиот го празнуваат за здравје 55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004


HRISTIJANSKI IZVOR СВЕТОСТА НА СПАСИЦА ВИШЕНСКА

на добитокот. Нему, вевчанци му посветиле дури и два храма: "Св. Спас - Горни" и црквата "Св. Спас" - Бела Плоча. Пештерната црква "Свети Спас" во Вишни, вгнездена во карпите на стотина метри од земјата, чува вековни тајни за маченицата Спасица. Тука и во каменот може да никне живот. Затоа врз него се закоравил дивиот повит што наликува на расплетени коси од некоја скаменета вила. Тој бил единственото растение што допирало до светицата со кое таа се искачувала до небеса, до Бога, заради молитвите. Со него таа ја надвиснувала и бездната на спилите, со солзи во очите, за да ја напои Сушица. Со него го плетела и преплетувала дивото билје, за да ја закити косата. Но, исто така, со него ја ткаела и рубата. Па така, по чкрипежот на дрвениот разбој, братот Спасе дознавал дека е таа тука и дека го кани на вечера. Во тој миг ќе засветли и снопот светлина на небото, за да блесне во очите на благочестивиот намерник. Никој не знае кога и како се случило земското скончание на младата светителка. Ниедна камбана за тоа не се огласила, и ниту пак некоја црна птица донесла таков абер. И можеби е подобро така. За оние што веруваат во светлината, таа е сè уште жива. Сепак, едно е сигурно, светицата доживеала прекрасна смрт! Онаква каква што посакувала и самата таа во молитвите. Но, што се случило потоа?

СОНИШТАТА Долго ��о нејзиното упокојување, нејзините свети мошти чмаеле во темната бездна на пештерата, далеку од очите на Бога и на луѓето, оставени да ги глода невремето и ѕверот. А нејзиниот милозвучен и божествен глас сè уште лунѕал низ пределот на соништата, како ранета утка во ноќта, барајќи милост за спокој на душата: - "Кажи им на вишенци да ми ги соберат коскиве оти немам мир!". Тој тревожен глас, во една бессона ноќ, ја штрекна во срцето рабина Марија, христијанка од Белица, болежлива и со фатени нозе, но со постојана мисла, во себе, ако каже некому, да не речат, жената споулавела! Следната вечер, пак истиот глас: - "Дојди во пештерната црква над Сушица, да ми ги собереш коскиве!" Тогаш Марија доби чудна сила и заедно со својот брат тргна сред мракот и густежот на Сушица, да ја избави маченицата. И во тој час, додека ги завиткувала моштите во бело асе, да ги носи во црквата во селото, ја облеала радост, бескрајна и силна: нејзиниот чекор станал лесен како од мома, а болната и вкочанета става небично подвижна и лесна. Вистинско чудо! Кога разбрале за тоа вишенци, веднаш побарале да ги пренесат моштите во нивната црк56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 522 / 02.07.2004

ва. Но, беличани не ги давеле, бидејќи Спасица прво ним им се јавила. Сепак, тоа им услеало на девојките од Вишни. Оттогаш тие почиваат тука, во црквата "Св. Атанасие". Но, луѓето како луѓе, почнале да земаат сите по малку од черепот на Спасица: кој за к’смет, кој за здравје, за радост во куќата и така половина од него бил веќе разземен. Тогаш се нашла некоја жена, Љубинка од Мали Влај, мажена во Вишни. Таа, бидејќи била многу побожна, а и нејзиниот маж бил болен, решила да направи една добрина за светицата. Па така, му порачала на својот татко во Влашко, тамошните мајстори, кувенџии, да изработат сребрена маска со ореол. Таа и денес го заштитува нејзиното лице, а моштите се чуваат во дрвеното сандаче што таа го изработила кај овдешните мајстори. Моштите на оваа светица станале вистинска реликвија, а девојките од Вишни љубоморно ги чуваат. Дента пред Спасовден ги пренесуваат во пештерната црква кај Сушица, за да ноќеваат со нив. Тогаш им се исполнуваат сите нивни желби: која нема момче, Господ да й даде што поскоро, на невестите да им даде рожба, а на болните здравје! Ете така оваа маченица станала светица на чии мошти се грабат девојките од Вишни, да ја допрат нивната светост и да ја почувствуваат нивната чудотворна моќ. Така со години, откако светлината зрачи на небесата и во срцата на благочестивите луѓе што веруваат во неа.


522