Page 1


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ, режисер

Александар Поповски е познат македонски режисер не само во Македонија, туку и надвор од неа. Роден е во Скопје во 1969 година, а веќе зад себе има десетгодишна кариера на успешен режисер чии премиери и претстави каде и да се изведуваат предизвикуваат силни овации. Сосема случајно станува режисер, затоа што уште во детските денови себеси се гледа како познат фудбалер. Но, животот или пак судбината му била таква тој да заплови во сосема други професионални води. Така, уште во средното училиште почнал да работи во аматерската група "Неодредени" која опстојувала две години, за подоцна да ја формира театарската група "Црв". Се запишува на Академијата за драмски уметности кога ја работи и првата академска професионална претстава која својата премиера ја имала во Данска, а со која Александар гостувал 36 пати ширум Европа. Подоцна ја подготвува дипломската претстава "Циркус Принтимпрам" по текстови на Даниел Хармс, па потоа "ММЕ кој прв почна" кога започнува и неговиот прв успех. Потоа следува "Диво месо", па работи во Загреб, во Белград, Словенија, Италија... Учествува на повеќе светски фестивали кои му овозможуваат да ги покаже неговите режисерски квалитети.

КУЛТУРАТА 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

ЕС ДР


ЛИКА НА ЖАВАТА

Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА Господине Поповски, во моментов на каков проект работите, односно за која претстава станува збор и дали сегашните ангажмани се последица од Вашето неодамнешно гостување во Италија? ПОПОВСКИ: Она со што во моментов се занимавам е Шекспир, односно неговиот текст насловен како "Бура" кого го поставувам во

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ

Турската драма во Скопје. Тоа е нешто што ме чека овој период што, здравје Боже, ќе ја има својата премиера некаде во мај. Таа е резултат на мојата параноја од летање со авион, но и постојаната промена на временската прогноза, и воопшто на она што денес е најактуелно. Токму поради тоа, "Бура" ми доаѓа како најлогичен одговор на тоа прашање. Претставата сакам да ја започнам со една мапа која ја гледаме на CNN во којашто насекаде има сонце, а само на едно место има облаци. Таму каде што се тие облаци започнува мојата претстава. Проектот на Драмски театар, "Диво месо" од Горан Стефановски, во Ваша режија, како и уште неколку Ваши претстави се едни од најрепрезентативните со кои Вие, а и Македонија, успешно се претставувате во странство. Каде сè беа изведени претставите и како беа прифатени од странската публика? ПОПОВСКИ: "Диво месо" е една за мене многу драга претстава, затоа што ја работев со екипа од Драмски театар. Не ги знам точно местата каде што пропатувавме со неа, а сметам дека таа уште ќе патува, иако се навршуваат веќе четири години од нејзиното создавање. Посебно сакам да го истакнам гостувањето во Албанија каде што досега не сме настапувале. Тоа ни беше прво искуство со тамошната публика и можам да кажам дека одлично бевме прифатени. Начинот на којшто е прифатена претставата, начинот на кој комунициравме со тие луѓе, за нас беше премногу интересен и возбудлив. Мислам дека "Диво месо" која патуваше во Италија, во Франција, во Австрија, во Белград и на други места претставува некој вид наш автентичен производ. "Диво месо" и "ММЕ кој прв почна" се две претстави кои во последниве десет години мене многу ми помогнаа. Тие беа прифатени од странската публика, особено "ММЕ кој прв почна" во Москва во театарот на Станиславски. Тоа беше едно од поинтересните гостувања затоа што да се игра на таа сцена е голем успех. Кога веќе ги спомнавме гостувањата, Белградското народно позориште пак беше гостин кај нас, изведувајќи ја Вашата претстава "Вишновата градина" во МНТ. Од кога и како дојде до соработка со белградскиот Театар? ПОПОВСКИ: Мојот прв ангажман, мојата прва понуда воопшто да работам во Белград дојде од Народниот театар во Белград. По гостувањето во овој град со претставата "ММЕ кој прв почна" веднаш пристигна покана, но тоа беше еден текст којшто се занимаваше со српско-хрватскиот конфликт така што сметав дека сум крајно некомпетентен од една страна, а од друга страна не сакав да бидам некој којшто ќе посредува во нешто такво. Понудив друг текст, но тие го променија режисерот, а го задржаа текстот. Потоа патот ме одведе на друга страна, во "Ателје 212" каде што ја направив првата белградска претстава и откако се смени раководството во Народниот театар повторно добив покана, овој пат за некој класичен текст и изборот падна на Чехов - "Вишновата градина". Сигурно соработувате и со други светски театри? ПОПОВСКИ: Она што ме чека по Италија е проширување на една соработка којашто е веќе почната подолго време, а тоа е уште една нова претстава во Торино. Договорено е 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


наредната сезона да почнам со работа и во Франција, а ако сè биде во ред заедно со Дејан Дуковски ќе работиме претстава во Театарот во Хамбург. Истовремено работам и на претставата "Алиса во земјата на чудата" која треба да има своја премиера во Стокхолм. Тоа се некои четири-пет проекти коишто се договорени за наредната година. По "Вишновата градина" Вие реализиравте еден голем проект. Зошто повторно Чехов и зошто "Три сестри"? ПОПОВСКИ: Работејќи на "Вишновата градина" сфатив дека остана уште еден дел од мене којшто беше длабоко врзан за Чехов. Таа приказна којашто почнав да ја раскажувам предизвика кај мене потреба и понатаму да ја работам. Кога ја работев "Вишновата градина" ги читав сите текстови на Чехов, но не сум негов главен љубител. Никогаш не сум ни бил, но со тек на време кога ја работев оваа претстава најмногу почнав да го разбирам и да го читам како што треба. Претходно бев пребрз за него. Тој има друг, побавен ритам. Тој те научува да бидеш побавен, да бидеш подлабоко, под површината на водата. Кога дојде време да работам во Битолскиот театар помислив - зошто не завршам еден циклус, односно зошто не го завршам Чехов. Така се решив за "Три сестри", текст кој на многу нивоа кореспондира со моментот кој денес го живееме. Има луѓе кои седат и чекаат нешто да се случи, а животот некако полека си минува. Постојано си велиме "ајде да помине ова, ајде да помине она" и во еден момент си велиме "е сега да почнам да живеам". Но, дури тогаш сфаќаме дека поминал животот и дека многу работи сме ги пропуштиле. Сега ги читам Аристотел и Платон и сфаќам дека ништо не е измислено во светот. Таму е сè потврдено и дефинирано, таму го гледам светот во кој некој се препелка и настојува да мрдне, но никако не успева. Колку сте задоволен од реализацијата и дали го направивте вистинскиот избор и на текстот, и на музиката, и на актерската екипа? Зошто го одбравте токму Битолскиот театар за премиерна изведба на претставата? ПОПОВСКИ: Имам стандардна екипа којашто оди со мене - сцена, костим, музика. Тоа се мојот долгогодишен соработник Ангелина Атлагиќ која ги работи костимите и сцената, и Кирил Џајковски кој е задолжен за музиката. Битолскиот ансамбл отсекогаш ми се допаѓал, бидејќи имал една своја, посебна енергија и еден фанатизам за театарски претстави. Како гости ги поканив Никола Ристановски и Николина Кујача затоа што и тие се дел од актерскиот тим со кој соработувам во Скопје. Целата екипа врз мене влијае позитивно што ми даде енергија претставата да се направи онака како што треба. А, на крајот затоа што во Битола времето тече побавно и има едно темпо кое ми беше потребно. Беше најавен и Проектот на Битолскиот театар, "Духот на слободата" на Војдан Чернодрински, чијшто текст требаше да го допише Горан Стефановски, а Вие да го режирате. Што се случува со овој Проект? ПОПОВСКИ: "Духот на слободата" е текст којшто се обидувам со години да го поставам. Тој е една смешна драмолетка на Чернодрински во кој се зборува за еден револуционер од Крушево кој една ноќ решава да се ожени.

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ

Меѓутоа, му доаѓа духот на слободата којшто го обвинува дека кога треба да оди во првите борбени редови тој седи дома и ќе се жени. Во него се крши целиот свет, не знае што да прави. Во последен момент решава да излезе на боиште и загинува. Отсекогаш таа наивна приказна ме предизвикувала да направам една Лајбах верзија на сето тоа и притоа да се допишат уште два дела. Едниот сакав да го пишува Горан Стефановски, другиот Дејан Дуковски, а јас да го пишувам епилогот. Сега засега Проектот е во некоја пауза. Ќе видиме кога ќе дојде време да го реализираме. Подготовките на претставите до премиерата обично траат два-три месеца. Колку Вам како режисер Ви е потребно да изрежирате одредена претстава и дали зависи од тоа за каква претстава станува збор? ПОПОВСКИ: Јас сум бавен режисер. Идеално време за правење претстава за мене е два-два ипол месеца затоа што сакам да пробам. Значи не сакам да ги реализирам, туку да ги пробам претставите. Притоа, во одредени моменти чувствувам потреба да одам кон други насоки.

Тоа ми дава некои решенија кои со однапред смислена структура нема да можам да ги најдам. Јас имам еден подолг период на подготовка и размислување на некој текст, може да поминат и околу три-четири години. Имам подготвено и текстови кои чекаат на погодно време. Но, во Италија искуството беше поинакво. Таму ми дадоа шест недели во кои требаше сè да подготвам, меѓутоа и тука успеав. Познато е дека Вие уште во средношколските денови пројавувате интерес за режија. Тоа ја потврдува Вашата амбициозност и упорност да се успее во она што се сака. Колку за Вас беше тешко или лесно да станете успешен режисер познавајќи ги приликите и условите кои ги нуди Македонија токму за оваа професија? ПОПОВСКИ: Како средношколец повеќе бев заинтересиран за фудбалот, отколку за режија. Настапував на неколку натпревари во клубот "Алумина" и тоа ми беше главна преокупација. Јас сум растел во "Кисела Вода" во Скопје каде што може да станеш или фудбалер или багабонт. Се одлучив за фудбалот затоа што за багабонт не бев доволно

.03.2004


силен. Сосема случајно својата приказна ја започнав со една театарска група којашто се викаше "Неодредени". Ме поканија да играм една мала улога и бидејќи фудбалската кариера ми заврши поради повреди, отидов еден ден на проба и оттогаш останав во театарот. Би сакал кога ќе завршам со режисерската кариера да се обидам како фудбалски тренер, на сосема друга страна и што подалеку од театарот. На вториот дел од прашањето колку е лесно или тешко да се стане успешен режисер, јас конкретно не се оптоварував со тоа дали ќе бидам успешен во оваа област. Ни денес не се судрувам со тој проблем. Успехот и неуспехот си доаѓаат сами по себе. Уметникот е како дрво - еден период му паѓаат лисјата, во друг период процветува. Никој не е совршен и не може да знае дека ќе направи успешна претстава. Меѓутоа, успехот е убав затоа што тој носи можност за развивање и отворање на нови врати, нови простори. Моето име го отсликува мојот карактер на освојување како некогаш Александар Македонски. Мене ми е предизвик да освојувам други територии, други луѓе, нови театри и текстови. Сакам да ризикувам, затоа што ако ги знаеш работите однапред, сигурно тоа не е интересно. Во театарот нема правило и кога најмногу се надеваш на сè најдобро, тогаш те чека најголемата опасност. Инаку, Македонија не нуди подобри услови ни на работникот во некоја фабрика, ниту за стечаец од "Алумина", ниту пак за уметникот... Тоа е нашата реалност којашто ја живееме. Од една страна го знам она што им се случува на социјалните случаи, но знам

и што значи кастрење на буџетот за култура. Знам дека културата не е важна како лебот и здравјето, но од друга страна ако зборуваме за нешто што мораме да го сочуваме, тоа е културата, затоа што ако ја изгубиме, тогаш навистина сме осудени на пропаст, на заборав и прикривање со пајажина. Државата мора да инвестира во културата, државата мора да не ја става културата во сегментот економски исплатливо или не. Во една пригода министерот за култура, Благоја Стефановски, истакна дека на сите театри, без исклучок, за претставите ќе им дава по 500.000 денари без оглед во која категорија на финансирање се ставени во Министерството за култура. Оваа ставка од 500.000 денари е најмалата што ја дава Министерството за култура за правење камерни претстави во кои играат двајца - тројца актери. Оваа изјава предизвикала револт и кај актерите и директорите. Како Вие го коментирате сето ова - и изјавата и реакцијата на театрите? ПОПОВСКИ: Навистина не знам колку се даваат финансии за една претстава. Споменатите 500.000 денари воопшто не се доволни и не верувам дека така реско е одредена оваа сума затоа што постојат

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

проекти од различни категории. Колку што сум запознаен со новата реформа во театрите, токму со тоа ќе се направи еден систем на вредности затоа што театарот не е комунистичка институција. Финансискиот износ варира затоа што одредени претстави чинат многу, додека други помалку. Факт е дека глобално постои финансиска криза во театрите не само кај нас. Италија има огромни проблеми, Франција минатата година исто имаше големи штрајкови при што се откажа Фестивалот во Авињон. Европа очигледно е преплавена од

АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ

економскиот проблем на културата така што се доведува самата себе во опасност да си ги "искрши нозете". Зошто е тоа така? ПОПОВСКИ: Војната. Големите сили се насочени кон воената индустрија која бара пари, парите влегуваат во економијата... Новиот

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


век донесе едно комплетно посветување на самите себе, нема веќе непрагматични ресурси. Како да ги живееме последните мигови од човештвото, како да нè чека голем потоп. Не бараме ништо вон нас. Кога сме веќе кај финансиите, како Вие се снаоѓате со овој глобален проблем и каква е Вашата соработка со сегашниот министер за култура, Благоја Стефановски, а исто така и со претходните министри? ПОПОВСКИ: Еден повозрасен колега по име Љупчо Константинов, кога првпат работев во странство, во една прилика кога се возевме заедно во авион ми рече: "За пари да не се секираш, пари нема". Од тогаш

немам проблеми со финансиите, бидејќи сфатив дека пари нема. На министрите и на министерствата гледам како на менаџери во културата коишто треба да прават проценка што е квалитетно и валидно во македонската култура. Лошото во таа соработка е тоа што од време на време се појавува политиката како главен фактор за одлука во врска со тоа што е квалитетно, а што не е, односно пресудна е политичката припадност. Ова го сметам за ништожно за културата. Имав непријатни искуства со одредени министри коишто се обидуваа да ме етикетираат и врз база на тоа го вреднуваа мојот труд. За голема неправда сè уште го сметам моментот кога ми беше одземен проектот "Пер Гинт". Министерот Стефановски го познавам одамна пред сè како голем театарски фанатик и мислам дека во моментов се зафаќа со една реформа во културата и театрите којашто одамна требаше да ни се случи бидејќи тоневме во едно сивило. Факт е дека театрите ширум земјава (стари објекти со минимални услови за работа) работат во многу лоши услови. Какво е Вашето размислување во правец на подобрување на приликите во овие културни институции, а со тоа воедно и враќање на публиката - љубител на живата уметност? ПОПОВСКИ: За мене театарот е храм, меѓутоа денес македонските театри наликуваат повеќе на јавни вецеа, отколку на културни институции. Државата сè уште "МНТ Центар" во Скопје да го нарекува театар, којшто наликува на хангар на поранешна Југославија, за мене е една врвна некултура. Многу ме радува гестот дека можеби ќе се гради нов театар. Тоа за мене е одраз, слика на државата. Преку културните институции, всушност, ние се откриваме самите себе. Тоа е проклет синдром и не знам кој нè научи, но за секоја работа без да размислиме веднаш велиме "не може". Познато е дека како кој министер за култура ќе седнеше на функцијата, Националната програма за култура на претходниот министер едноставно ја бришеше, а наметнуваше целосно своја визија за овој важен документ. Се најавуваа промени на директори од театрите и ставање на свои (сопартијци). Оттука произлегува и прашањето колку политиката е вмешана во културата? Каков е Вашиот став во поглед на овие сознанија? ПОПОВСКИ: Мешањето на политиката во културата е синдром којшто се појави подоцна. Одредени културни дејци сфатија дека преку политиката ќе успеат да ги добијат работите коишто не можеа да ги изборат по патот на којшто создаваат. Не го прифаќам тој принцип. Никој не може да ме убеди дека позади тебе треба да стои не знам кој за да успееш, затоа што сè што сум направил сум го направил сам. Тоа е еден културен безобразлук на узурпирање на еден културен простор по пат на политика. Не може да бидеш успешен автор ако позади тебе ја повикуваш политиката да ти помогне. Ова се случува во секој сегмент од животот. Мене ми е важно кога полетувам со авион зад контролниот пулт да седи стручно лице, а не припадник на една или друга партија, бидејќи тоа не ми помага авионот да лета како што треба. Ако тоа го сфатиме како принцип, тогаш ќе можеме да имаме држава. Вие сте познат режисер на текстови за театарски претстави. Дали некогаш сте размислувале да се обидете како филмски режисер? ПОПОВСКИ: Пред седум години имам работено како филмски режисер во "Збогум на 20 век" заедно со Дарко Митревски, а исто така сум ангажиран во снимање реклами, музички спотови. Здравје Боже ако биде како што треба ќе работам на "Балканот не е мртов".

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


SONCE NA PRAVDATA

Ili rabotete kako lu|e ili umrete!

FR^KOVCI

OPCIITE ZA SECESIJA VO MAKEDONIJA Почнавме сè почесто да ги слушаме, понекогаш игнорирајќи ги, понекогаш нервирајќи се со нив, но секако возбудувајќи се - политичките програми кои отворено или условно ја содржат идејата за нова поделба на Македонија или сецесија од неа. Независно колку сериозни биле, авторот на текстов смета дека тие се повеќе политичка уцена, отколку закана. Поимот и политиката на сецесија заслужуваат да се погледаат...

...со сите потребни детали. Тоа значи од дефиниции до политичка тактика. Поимот СЕЦЕСИЈА значи движење на група што е поврзано со територија. Значи издвојување, одвојување на територија. Притоа групата можат да ја водат различни мотиви и тоа да биде од различен карактер. За разлика од самоопределувањето, кое се поврзува со луѓето - народ, сецесијата се поврзува со територија. За разлика, пак, од сецесијата, поимот ИРЕДЕНТИЗАМ се однесува на движење за одвојување на дел од територија на една држава - поттикнат од друга држава. Според теоријата, сецесијата е "групно-еманципаторски" мотивирана, а иредентизмот е државно инициран. Секако дека едната може да ја поттикне другата појава, но битни се предоминантните енергии во секоја појава посебно. Групата што ја пропагира сецесијата развива надеж дека успешната сецесија и создавањето независна држава ќе го претвори МАЛЦИНСКИОТ СТАТУС ВО МНОЗИНСКИ (или дури етнички хомо-

ген). Со тоа најјасниот ефект на сецесијата би бил да се постават меѓународни граници и меѓународен режим онаму каде постоеле внатрешни антагонизми. Конфликтот од внатрешен се претвора во меѓународен. Вообичаено се наведуваат пет фази на сецесијата: - Првата фаза се нарекува фаза на МОБИЛИЗАЦИЈА. Во неа групата се обидува за својата програма да обезбеди поддршка во луѓе и ресурси. Во политичкиот живот да се активира пасивна симпатија за целите на групата и да се формулира сè појасна програма за сецесија. - Втората фаза е воспоставување на де факто КОНТРОЛА НАД ТЕРИТОРИЈАТА и населението (со референдуми, избори или разни иницијативи). Во оваа фаза не е непознато да се употреби сила или закана со сила за да се воспостави нов однос на силите со "централната власт". Во теоријата тоа се вика игра со сума нула: или добивањето на власт на една страна значи губење на исто толкава власт на другата страна. 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

- Третата фаза е фаза на "КОНСОЛИДАЦИЈА". Таа подразбира стабилизирање на освоените позиции и градење на институции на новите односи. Контрола на теренот и населението не е доволна, потребна е и легитимација на новите институции на сецесионистичкото движење. Во оваа фаза движењето се "отвора" кон надвор барајќи меѓународна помош. А, меѓународната заедница во оваа фаза веќе може да го третира движењето како реалност и бара државата да прифати некои "загуби". - Четвртата фаза е создавање на сојузи и ИНТЕРНАЦИОНА ЛИЗАЦИЈА на барањата и "проблемот". Или "легитимизирање" на барањата на се цесионистите на меѓународен план. Во оваа фаза се цесионистите можат да прават алијанси со други незадоволни групи во државата и да ја изложат истата на "лавина од барања" (snoubal stratexi) со цел на слабеење на позицијата на централната власт. - Последната фаза е ПОЛИТИЧКА СПОГОДБА (ако ја има). Спогодбата со сецесионистите не значи крај на судирите, но значи влез во фазата


за политичко решавање на конфликтот. Во оваа фаза се засметуваат добивките и загубите, се рационализираат односите на силите и конфликтот, се претвора од политички во правен. Односот на меѓународното право и сецесијата е - неспоивост. Сецесијата се судира со еден од основните принципи врз кои почива меѓународната заедница - суверената неделивост и интегритет на државната територија на државите членки на меѓународната заедница. Затоа ОДНОСОТ КОН СЕЦЕСИЈАТА Е СЕКОГАШ ПОСТ-ФЕСТУМ: откако ќе се случи со силата на фактите и судирите во некои земји се дефинира односот кон настанатите ентитети. Нема дефинирана процедура за сецесија. Најнова, јасна и "тврда" позиција на меѓународната заедница (посебно по судирите во бивша СФРЈ) во врска со ЕТНО-КОНФЛИКТИТЕ е дека нема територијални решенија за етничките проблеми и правата на малцинствата. Основниот факт - последица од сецесијата како "метод" на етно-судирите е атомизација на проблемот МНОЗИНСТВО - МАЛЦИНСТВО во апсурд. Имено, и новите помали територијални единици го имаат истиот проблем со малцинствата (сега нови) и ги повторуваат проблемите наместо да ги решаваат. Најчесто тоа повторување е уште понасилно и покрваво. Сецесијата е често проследена со други забранети со меѓународно право активности како што се "доброволна размена на население", етничко чистење, тивко етничко чистење, етноцид и слично. Тоа води кон единствениот заклучок на сите изведени сецесии во меѓународната заедница: судирите се интензивираат наместо да се смируваат. Кога еднаш ќе се помине рубиконот на ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ништо не е повеќе како што било. Секое решение потоа е "ПРЕСКАПО". Ако се наруши соодносот меѓу потрошената енергија и "решението", тогаш решението не е решение, туку катастрофа. Добиваме последици од војната кои не можат да се проценат во човечки жртви и трајно нарушена политичка структура која не може брзо да се врати во нормала. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

Се добива често т.н. ТУНЕЛСКО МИСЛЕЊЕ, или - или позиции. На пример, или сецесија или тероризам до крај, и слично. Кога почнува ваков внатрешен судир многу е тешко да се најде решение, бидејќи страните веќе се обиделе на некој начин тоа да го сторат во системот и тој обид пропаднал. Страните во судирот не можат лесно да се разделат како судири меѓу државите, бидејќи се измешани и судирот е темелен, целосен, некаде куќа на куќа, улица на улица. Потоа логиката на внатрешниот судир развива "логика на затвореник". Имено, секоја од страните не може да понуди решение, бидејќи се плаши тоа да не се разбере како слабост и затоа судирот продолжува до исцрпување. Можниот расплет на судирот зависи од: големината на загубите на страните и чинењето на понатамошната војна; можноста од демаркација на страните; вмешување на трета страна како посредник и слично. Со еден збор, мрачна и очајна политичка опција на краен етно-судир и нужна омраза во и околу него која остава девастација околу себе. Опциите на сецесија во Македонија се РЕЛАЦИОНИ, взаемно поврзани. Нив ги развива како уцена (во фаза на мобилизација) екстремното, расистичко крило на албанската политичка сцена. И како "дефанзивна опција" на поделба на земјата и т.н. размена на територии, дел од македонската политичка десница. И двете опции се во радикално малцинство, но поради карактерот на транзицијата и поради присуството на насилство во регионот (Косово) треба да се биде мошне внимателен. Многу е значајна политичката интеграција на Македонија настаната со идеолошкото значење на охридскиот Договор и неговите гаранти од меѓународната заедница. Тоа е пиларот кој ја легитимира секоја акција против сецесионистите и го одзема политичкиот кредит на секоја таква алтернатива. Но, МАКЕДОНИЈА е на геостратешко место кое не ја остава мирна на подолг рок и важно е политичките елити да ги разбираат јасно ОПАСНОСТИТЕ и да ги знаат навремените контрамерки. Дали се на тоа ниво, којзнае?


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ СТАРТУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА

ПОЛИТИЧКИ КАРАВАН Претседателскиот кандидат на ДПА, Зиди Џелили, е прв на гласачкото ливче за вонредните претседателски избори, социјалдемократот Бранко Црвенковски е под реден број два, Г'зим Острени од ДУИ е на третата позиција, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев е четврти. треба да се определат за човекот кој понатаму доследно ќе нè претставува во светот. Од изборот ќе зависи перспективата на државата. Затоа, избирачите го имаат последниот збор.

Пишуваат: Жаклина МИТЕВСКА Кокан СТОЈЧЕВ

П

олитичкиот циркус за вонредните претседателски избори во Република Македонија започна со својата турнеја во која треба да "уживаат" гласачите. Но, електоратот, кој веќе не е аморфна и нестабилна маса, повеќе не сака со него да се жонглира, туку бара да му се понуди јасна визија за развој за да се надмине разочарувачката апатија која ги зафати сите сегменти од државата. Претседателските избори ни се случија ненадејно, по лошата вест за смртта на претседателот Борис Трајковски. Временскиот рок е ограничен, но сепак граѓаните се тие во чии раце е иднината на Република Македонија. Тие

СДСМ Во свечена атмосфера, во Македонскиот народен театар, на 31 март започна изборната кампања на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. - "На 14 април нема да се случат само избори, туку ќе се дефинира патот по кој ќе чекориме, стратешките цели кон кои ќе се стремиме, ќе се дефинира нашата иднина. На Македонија денес не й се потребни нови ризици, не й е потребен уште еден нов почеток, туку работата која еднаш ја почнавме доследно да ја продолжиме. Македонија денес има историска прилика да се одлучи европските принципи да бидат посилни од балканските предрасуди. Време е недовербата и стравовите да ги оставиме зад нас", рече меѓу другото Црвенковски објаснувајќи ја сопствената кандидатура за претседател на РМ.

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЏИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ Под мотото "Кедев за претседател, новото лице на Македонија", во Охрид, на 30 март, започна предизборната кампања на Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку илјади граѓани од Охрид и од околните места се обратија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Мавровски, лидерот на партијата, Никола Груевски, и претседателскиот кандидат Сашко Кедев, како и претседателот на Либералната партија, Стојан Андов. Сашко Кедев, на својата промоција рече дека има искуство во создавање успешни тимови, пријатели и во донесување брзи, храбри и добри одлуки. - "Слушам изјави дека сме многу блиску и дека бргу ќе влеземе во НАТО, но амбасадорот на НАТО нè соочи со реалноста дека мора да ги направиме потребните реформи кои се, пред сè, за нас, а потоа да се приближиме до стандардите на НАТО. Треба да престанеме да се лажеме еден со друг и да ги слушаме бесконечните манипулации. Во Европа нè почитуваат според тоа какви одлуки донесуваме и како се грижиме за својот народ, а не само дали слушаме тоа што во Европа ќе ни го кажат. Америка е наш пријател и стратешки партнер, а Европа нашето семејство каде што конечно треба да се интегрираме, а тоа нема да го постигнеме само само со без'рбетно слушање", истакна Кедев во Охрид, кој претходно ги посети Струга и Вевчани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање потенцира дека на Македонија й се потребни не само економски реформи, туку и вистински реформи оти "ова е шанса за пресврт и избор меѓу ветувањата и реалните исполнувања".

ДПА Демократската партија на Албанците претседателската кампања ја започна во Универзалната сала во Скопје, во познат амбиент, со албански државни знамиња и албанска химна. Претседателскиот кандидат Зиди Џелили им порача на функционерите од ДУИ дека "победата на УЧК некои гастербајтери ја изгубија седејќи по канцеларии". - "Иако многу ветуваа, Албанците стојат во место. ДПА ќе се обиде тоа да го надополни. Кога сфатија дека ништо не реализираа од ветеното, се договорија Премиерот да биде претседател, а овие другите од ДУИ да го покријат несработеното", истакна Џелили. Заменик претседателот на ДПА, Мендух Тачи, нагласи: - "Нема да дозволиме Бранко Црвенковски и Г’зим Острени да го поделат Скопје. ДПА нема да дозволи Македонија да биде држава само на Македонците, туку и на Албанците". Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, повтори дека Албанците не се задоволни од динамиката со којашто се спроведува Рамковниот договор. - "Ние на овие избори излеговме со јасни опции. Велиме или ќе има еднаквост, или ќе има други опции. СДСМ излегува

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


OKO NA SONCETO ПОЛИТИКА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ СТАРТУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА

со слоганот 'Бранко државник' кој е многу персонализиран. Ова покажува дека тие немаат проект за Македонија. Ако Бранко Црвенковски продолжи со оваа политика, може да остане и без држава", потенцира Џафери.

ДУИ Основна задача во изборната кампања на Демократската унија за интеграција и нејзиниот претседателски кандидат, Г'зим Острени, ќе биде реализацијата на прашањата што произлегуваат од охридскиот Рамковен договор, како и промена на Уставот за изградба на демократска и модерна Македонија во евроатлантските интеграции. За исходот на претседателските избори, Острени потенцира дека тие влегле за да победат, а имаат и намера да прераснат во граѓанска партија каде рамноправно ќе учествуваат сите други, како и што било кога собирале потписи кога имало и Македонци, Роми, Бошњаци и други. - "Одиме да ги добиеме гласовите на сите оние кои веруваат во ДУИ и во мене како кандидат за претседател", потенцираше Г'зим Острени.

ОТПИШАНИОТ Љубе Бошкоски нема да учествува на предвремените претседателски избори што ќе се одржат на 14 април. Врховниот суд на Македонија го елиминира Бошкоски од трката за највисоката функција, откако ја отфрли неговата жалба како неоснована. Со тоа Судот ја потврди одлуката

на Државната изборна комисија во која се истакнува дека Бошкоски нема 10 години постојано македонско жителство во последните 15 години, што е еден од уставните услови за да биде претседателски кандидат. Иако одлуката на Врховниот суд е конечна, Бошкоски кој смета дека со неуставно решение му е одземено правото да учествува на вонредните избори за шеф на државата, достави претставка до Уставниот суд на РМ кој во меѓувреме го одби подносителот со образложение дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува за барањето за заштита на избирачко право. - "Ние ќе ја продолжиме предизборната кампања, бидејќи веруваме во позитивна одлука на Уставниот суд. Кампањата ќе ја продолжиме со промоција на книгата 'Мојата борба' и трибини во Прилеп, Кавадарци и во Тетово", рече Бошкоски пред да биде донесена одлуката на Уставниот суд на РМ. Стево Пендаровски, претседател на Државната изборна комисија, во врска со најавите дека Љубе Бошкоски ќе се жали до Уставниот суд, изјави дека изборната регулатива не предвидува такво нешто. - "Листата на кандидати е конечна, немаше да одиме на јавно ждребање за утврдување на редоследот, ако не бевме сигурни дека по Одлуката на Врховниот суд не е предвидена никаква понатамошна правна инстанца". Во врска со фактот што и стручната и политичката јавност е поделена за одбивањето на кандидатурата на Бошкоски, тој вели дека член 132 е сосема јасен и Одлуката на ДИК е заснована врз таа уставна одредба. - "Станува збор за преодна одредба, како конекција меѓу една поранешна правна ситуација во СФРЈ и новата која на 17 ноември во 1991 година се појави во самостојна Македонија. Таа одредба има задача да ги бајпасира решенијата кои биле некогаш и овие кои настануваат во новиот правен субјект. Со целото пресметување на жителствата во поранешните републики на периодот од 1989 до 17 ноември 1991 година, споменатиот кандидат немаше најмалку десет години жителство", појасни претседателот на ДИК. Во ДИК воопшто не ги користеле како репер поранешните кандидатури на Киро Глигоров и на Васил Тупурковски, туку се држеле до конкретната листа на кандидати и тоа што го кажуваат Уставот и законите. - "Не би сакал да навлегувам во образложение и бранење на одлуките од тој период. Но, сакам да нагласам многу важна дистинкција за компарирање на тие ситуации кои не се исти. Во 1994 наназад се други 15 години, а нас нè интересираше периодот од 14.04. 1989 до 14.04 2004 година", нагласи Пендаровски.

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ИНТЕРВЈУ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

УБЕДЕН СУМ ДЕКА ПОЛИТИЧ ` СЕ ОДНЕСУВААТ ДЕМОКР КЕ Не очекувам политички притисоци од ниту една страна, но ако евентуално се случат ќе бидат одбиени токму во името на честа и доблеста во кои верувам и демократијата во Република Македонија којашто како категорија, според мене, стои повисоко од чии било лични или партиски интереси. Мој впечаток е дека РМ во изминатава деценија созреа како држава и дека квалитетот на институциите на системот, како и разбирањето на демократијата кај луѓето е на многу повисоко ниво од она кое го имавме во почетокот на деведесеттите.

Разговорот го водеше: Жаклина МИТЕВСКА

Господине Пендаровски, се најдовте во временски теснец за организирање на работата на Државната изборна комисија. Се адаптиравте ли и дали тоа што сè беше организирано "на брза рака" ќе има некакви последици врз нормалниот тек на изборниот процес? ПЕНДАРОВСКИ: Сакам на самиот почеток принципиелно да појаснам една работа за сите граѓани да можат подобро да ги разберат изборните дејствија што се преземаат во вакви услови, иако станува збор за вонредни избори предизвикани поради трагичната смрт на претседателот Трајковски. Подготовките за нивно одржување не се и нема да бидат огранизирани набрзина, ниту пак некои изборни дејствија ќе бидат пропуштени или целиот изборен циклус импровизиран. Според тоа, сите членови на Државната изборна комисија, вклучувајќи ме и мене, се целосно подготвени да придонесат, во рамките на своите законски надлежности, овие вонредни избори за претседател на Република Македонија да бидат законити и транспарентни.

мојата досегашна професионална кариера и да процени какви професионални задолженија сум имал во изминативе години и колку квалитетно сум ги извршил. Инаку, во изминатите петнаесет години работно искуство, многу пати сум бил ангажиран на правната проблематика, иако јавноста најмногу го познава мојот ангажман за време на конфликтот во 2001-та година во Република Македонија. Притисоците од политичките субјекти врз членовите на Државната изборна комисија се вообичаена појава. Веќе изјавивте дека ако бидете подложен на притисоци, ќе се повлечете и дека нема да потпишувате решенија кои не се Ваши. Ќе останете ли доследни на ваквиот принцип?

Ви забележуваа дека во текот на Вашата кариера сте немале никакви допирни точки со изборната регулатива? Ве кочи ли тоа во работата?

ПЕНДАРОВСКИ: До тој принцип сум се придржувал секогаш во животот и тој не ми е наметнат од страна, туку пред многу години сосема свесно и автономно прифатен како дел од мојот внатрешен систем на вредности. И покрај тоа што вашето прашање сугерира поинаков одговор, не очекувам политички притисоци од ниту една страна, но ако евентуално се случат, ќе бидат одбиени токму во името на честа и доблеста во кои верувам и демократијата во Република Македонија којашто како категорија, според мене, стои повисоко од чии било лични или партиски интереси.

ПЕНДАРОВСКИ: Некои забелешки што беа истакнати околу моето именување се однесуваа повеќе на процесот на претходни консултации и координација меѓу политичките субјекти, отколку што беа упатени на мојата стручност и професионалност. Јавноста во Република Македонија имаше прилика да се запознае со

Се покажа дека претходниот состав на Државната изборна комисија за време на парламентарните избори коректно ги изврши своите обврски, особено во делот на транспарентноста, односно отвореноста кон јавноста. Ќе биде ли идентична работата и на овој состав на ДИК?

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


КИТЕ СУБЈЕКТИ АТСКИ

ПЕНДАРОВСКИ: Ќе биде, и тоа не само затоа што бев портпарол на една друга институција пред неколку години кога и најдиректно ги запознав потребите на јавноста, туку и затоа што станува збор за избор на носителот на највисоката политичка функција во државата и независно од неговото конкретно име и презиме, тој мора да победи во законита и транспарентна процедура која од блиску ќе ја следат и внатрешната и меѓународната јавност. ДИК веќе постави свој портпарол, од 29 март ќе биде активна и нашата веб страница, а секогаш кога на дневен ред ќе имаме важни прашања, ќе одржуваме јавни седници на кои сите одлуки ќе ги донесуваме пред очите на целокупната македонска јавност. Според Вас, Македонија е зрела за фер и демократски избори. Дали амбиентот под кој ќе се одвиваат овие претседателски избори може да биде спротивен на Вашите очекувања? ПЕНДАРОВСКИ: Мој впечаток е дека РМ во изминатава деценија созреа како држава и дека квалитетот на институциите на системот, како и разбирањето на демократијата кај луѓето е на многу повисоко ниво од она кое го имавме во почетокот на деведесеттите. Навистина сум убеден дека сите политички субјекти што ќе бидат инволвирани во изборниот процес ќе се однесуваат демократски и ќе потврдат уште еднаш дека Република Македонија знае да организира и спроведе избори според европските и светски стандарди. Факт е дека на претходните избори во Македонија обично се доцнеше со првичните и со финалните резултати од изборите. Презедовте ли сè што е во Ваша надлежност за да ги имаме навремено изборните резултати? ПЕНДАРОВСКИ: Според Законот, Државната изборна комисија е должна да ги соопшти првичните резултати од изборите за Претседател до 19 часот на 15 април 2004, додека конечните резултати најдоцна три дена од денот на изборите, а тоа е 17 април. Овие денови ги правиме завршните подготовки за персонално, стручно-техничко и организационо комплетирање на Информациониот центар на ДИК што ќе даде директна поддршка на нашата намера да ги испочитуваме споменатите законски рокови кои немаат алтернатива. 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


ОКО НА СОНЦЕТО КОМЕНТАР ОПСЕРВАЦИЈА

ПОРТРЕТИ Неодминливи се трите прекршувања на зборот даден како ветување пред македонската јавност. Бранко на трипати не си опстоја на ветувањето пред сопствениот народ. Сашко Кедев е невина политичка фигура втурната во перверзната политичка игра на искусните. Јасно е дека кандидатурите на Џелили и Острени нема да значат многу за првиот круг од претседателските избори пред сè поради фактот што тие двајцата немаат шанси да стигнат на претседателскиот трон.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

П

очнува скратената трка за нов прв Македонец. Газење, клеветење, самопофалување. Ќе има од сè по нешто. Арно ама, годинава воопшто не ми се интересни избориве зашто ништо не е неизвесно, сè е некако однапред наредено, смислено и сторено. Не дека ќе нема интересни мигови и изненадувања, но сепак сè стана некако изживеано, без душа, депресивно и монотоно. Политикава ни е премногу колоритна, а сепак банална. И личностите кои се појавуваат како нејзини репрезенти. Еве гледаме дека ништо не се сменило во реториката, во начинот на претставувањето пред јавноста и електоратот. Без респект за спротивното мислење, со претерана доза на класична самобендисаност. Патат од комплексот "јас и никој друг" во смисла на тоа дека ќе ја спасуваат Македонија од хаосот во кој истите тие спасители ја турнаа. Граѓаниве некако како да веруваат во таквата квазиавтократска идеологија својствена за поранешните социјалистички режими - најди го и лоцирај го непријателот и удри со зборовите дека мора да се елиминира, а за тоа постои само еден лек - големото "јас". Не дека само Црвенковски тоа го прави како однапред одреден фаворит на овие избори, туку и преостанатите од типот на Кедев, Џелили и Острени влегуваат во шаблонската игра научена како еднострофна песничка која никогаш не се заборава.

Далеку ќе бидеме од вистинска битка за претседателскиот трон, зашто финалето како своевиден двобој би било нерамноправно и недостојно за публицитет. Ако ништо друго навикнавме овие петнаесетина години да гледаме бестселерски дуели меѓу старите ривали. Можеби отрпнавме на нивните лаги, но да признаеме ни беа интересни. На овие избори ете, ја немаме таа чест. Се обиде некој да ја освежи политичката борба со имиња без црни петна како адут за поголем број гласови. Тоа е првиот знак дека нема да има ништо од необичноста. Но, сепак да не паѓаме во депресија или апатија поради тоа што политичките великодостојници не ја удостоија нашата малограѓанска потреба да гледаме жежок дуел меѓу веќе добропознатите фаци - Џафери, Андов, Бошкоски, Тупурковски... Да ги проанализираме малку типовиве кои се обидуваат да станат шеф на државата. Секој од нив си има свои и добри и лоши предиспозиции. Зиди Џелили непланиран влезе во изборната трка на местото на неговиот лидер, Арбен Џафери, кој се откажа од кандидатурата поради правни пречки околу неговото присуство во земјата последниве петнаесетина години. Џелили е типичен анонимус за македонската политичка сцена освен што е пратеник во моментниот парламентарен состав. Она што е познато за него е следното: работел како помошник-директор на Бирото за неразвиени подрачја, бил раководител на Сектор во Агенцијата за неразвиени. Го владеел италијанскиот јазик, а се служи и со францускиот. Веројатно албанскиот електорат многу подобро го знае, па оттаму и ќе пресуди дали гласовите ќе му ги даде нему или на неговиот противкандидат, многу попознатиот Г'зим Острени. Кога станува збор пак за интегративецот Острени кај него многу повеќе може да се анализира и да се просудува што е позитивно или негативно во досегашното дејствување. Предностите на Острени неспорно лежат во неговата умереност која се провлекува во политичкото дејствување последниве три години откако е усвоен Рамковниот охридски договор. Знае да ги избалансира работите и да го препокрие она што како девијација се случува меѓу етникумите во државата небаре станува збор за политичар од светски калибар. Острени ја спроведе акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје што дополнително му даде поени пред меѓународниот фактор да го издвои како политичар кој умее да се носи со секојдневната демократија. Острени овие три години вешто успеа да й се наметне и на домашната и на меѓународната јавност како човек кој се залага за соживотот и унитарниот карактер на Република Македонија. Но, сепак недостатоците на овој тип кандидати лежи во фактот што минатото многу повеќе значи од сегашноста врз чија база може да се гради и иднината. Имено, Г'зим и натаму важи за човек кој ги издаваше наредбите за убиства на т.н. ОНА врз македонските безбедносни органи. Амнестијата му овозможи само ресоцијализација во возобновеното македонско општество, но од етички и морален принцип во светот трансформираните политички ликови не добиваат на тежина кај демократскиот и цивилизацискиот свет. Напротив, тие вечно остануваат анатемисани во црните креденци на минатото без почит и шанса за нов ангажман во полза на нечија држава. Меѓутоа, сепак ние сме еден сосема поинаков модел од оние кои ги има во

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


светот. Ние сме уникати. Јасно е дека кандидатурите на снајде ли со својата невешта поставеност да им контрира на Џелили и Острени нема да значат многу за првиот круг од далеку похрабрите при настапите? претседателските избори пред сè поради фактот што тие двајцата немаат шанси да стигнат на претседателскиот трон. ПРЕКРШУВАЊА Но, затоа пак ќе бидат главните конструктори при изборот на новиот шеф на државата и од нивната комбинаторика ќе Е, сега кога доаѓаме до кремот на ова мое пишување зависи исходот на самиот крај од циклусот. за блиц опис на фаците на потенцијалните претседатели, Профилот на неизбежно е да преостанатите се направи анадвајца кандидализа за неприкоти од македонсновениот Бранска провиниенко Црвенковски, ција е исто така човекот кој и по интересен за толку перипетии анализа затоа останува единсшто токму од твениот со култаа тројка ќе тна моќ и во дрпроизлезе и жавата и пред новиот претсестранскиот факдател. Црвентор. Неспорно е ковски и Кедека социјалдедев. Тврдогламократскиот ливоста на оподер си има свои зиционерите ги предности и мадоведе во ситуни. Е, сега кои ТРКА НА КУСА ПАТЕКА ација меѓусебно претежнуваат да се поделат, а на кантарот најБез респект за спротивното мислење, со тоа и да му помогнат на фадобро народот си знае. Црвенсо претерана доза на класична самобенворитот Црвенковски многу ковски одигра една од клучнидисаност. Патат од комплексот "јас и никој полесно да стигне до изборната те улоги во решавањето на судидруг" во смисла на тоа дека ќе ја спасуваат победа отколку што и самиот рот во 2001 година. Заедно со ТрајМакедонија од хаосот во кој истите тие спапомислил. Ова се однесува на ковски беа меѓу ретките кои досители ја турнаа. кандидатурата на Бошкоски кој крај останаа доследни во спровеНајди го и лоцирај го непријателот и доби неславна завршница во дувањето на начелата од охридскаудри со зборовите дека мора да се елипредизборното финале. Првиот та Рамковна спогодба. Меѓу предминира, а за тоа постои само еден лек круг требаше да биде своевидна ностите вреди да се истакне и заВМРО-вска битка за гласови што големото "јас". ложбата на сè уште актуелниот предосега не било карактеристично миер за прибирање на партиите за ниту еден политички субјект на националните заедници на Срво периодот на плурализмот. Раслоеноста на гласачкото тело бите, Ромите, Турците, Власите и Бошњаците во своето јазначајно ќе влијаеше на крајниот резултат од трката што пак то, чин кој недвосмислено покажува дека Република Маја прави ситуацијата неинтересна. Предвидувањата дека ед- кедонија е мултиетничко, а не биетничко општество. Сеен од двајцата кандидати на ВМРО-ДПМНЕ (официјалниот и пак, неодминливи се и трите прекршувања на зборот неофицијалниот) сигурно ќе влезеше во вториот изборен даден како ветување пред македонската јавност. Бранко круг, по малку не држат поради тоа што опозиционата пар- на трипати не си опстоја на ветувањето пред сопствениот тија нема којзнае каков рејтинг кај македонските гласачи, народ. Прво вети дека во никој случај нема да прави копа оттука да може да калкулира со бројките. Прашањето алиција со Али Ахмети. Не помина ниту месец и се стори беше кој би имал поголеми шанси за влез во вториот круг, она што многумина го претпоставуваа. На сцена стапи неСашко или Љубе? Некој ќе рече - Кедев не му е дораснат природниот и принуден брак меѓу несродните типови. на Бошкоски за еден ваков дуел, други пак ќе додадат Второто ветување кое Црвенковски го прекрши беше во дека потребна е нова фаца која ќе даде освежување на функција на спроведувањето на Рамковниот договор. Се политичката арена слично на покојниот претседател Трај- сеќавате на она: "Нема ништо ниту да се додаде, ниту да се ковски. Кој од овие двајца е поприфатлив за ВМРО-вското одземе од она што е зацртано во спогодбата од Охрид". Што гласачко ткиво? Партијата остро се подели на тврда и е тогаш третиот тетовски универзитет? Премиерот призна умерена струја, процес кој стана очигледен по конфликтот дека го нема во Договорот, но било добро за соживотот? Не во 2001 година. Кедев со раководството, Бошкоски со базата. навлегувам во тоа дали Универзитетот ќе й користи или ќе Кој е поброен? Најголемиот пораз за ВМРО-ДПМНЕ ќе се слу- й штети на државата. Само го потенцирам прекршеното вечи во моментот кога овие две личности меѓусебно ќе се об- тување на Црвенковски. И третото отстапување од зборот винуваат за партиските или личните ставови по одредени е во корелација со изборниот процес. Се сеќавате верувам прашања. Тогаш позицијата на Црвенковски ќе биде многу и на она: "Ветувам дека нема да се кандидирам на следните покомотна без потреба за дополнителен труд. Но, сепак Љу- претседателски избори". Без коментар. Е, сега по овие бледи бе веќе не е во игра, иако тој може многу да смени и без да портрети на претседателската понуда одберете сами. Ако не биде кандидат. Сашко Кедев е невина политичка фигура вту- успеете, фрлајте ждрепка. Важно е да се гласа. Да не нè зарната во перверзната политичка игра на искусните. Ќе се рази синдромот од север. 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ОБУКА И СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ Еден од условите за интегрирање во ЕУ е нашата администрација да поседува доволно капацитети за да може ефикасно да го имплементира правото на Унијата, односно да ги исполни обврските. Крајната цел е да добиеме обучени раководни државни службеници од среден ранг кои ќе бидат во можност да го понесат товарот на обврските што државава треба да ги исполни кон своите граѓани, гледано и од аспект на интеграцијата во Европа. Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Госпоѓо Трендафилова - Поповска, која е мисијата на Агенцијата за државни службеници? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Агенцијата за државни службеници 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

постои за да го промовира развојот на системот на професионална, меритократска, политички неутрална и транспарентна државна служба. Тоа е фактички мисијата на Агенцијата за државни службеници. Два аспекти се особено важни за нејзината реализација. Прво, Агенцијата е во улога на "чувар" на системот секогаш кога во својата работа ја гарантира и обезбедува примената на истоветните стандарди за управување со човечките ресурси во државната служба кои се дадени во Законот за државни службеници. Второ, градењето на професионална, компетентна и меритократска државна служба е процес кој не може да се оствари доколку континуирано и на системски начин не се вложува во клуч-


ИНТЕРВЈУ ТАТЈАНА ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА, ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

ниот ресурс - во државните службеници, во унапредувањето на нивните професионални капацитети. Уште повеќе заради фактот што во нашата земја сè уште се во зародиш образовните институции за создавање кадри специјализирани за работа во државната служба. Оттука произлегуваат и напорите на Агенцијата да инвестира во обуката и стручното усовршување на вработените во државната служба. Какви државни службеници нам ни се потребни и колку таквата потреба е во рамките на нашите аспирации за членство во ЕУ? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Еден од условите за интегрирање во ЕУ е нашата администрација да поседува доволно капацитети за да може ефикасно да го имплементира правото на Унијата, односно да ги исполни обврските што ги наметнува самото членство. Тоа претпоставува постоење на одредени квалитети кај државните службеници. Нам ни требаат, пред сè, компетентни, динамични државни службеници кои ќе бидат способни да ги применуваат новите, современи и пред сè европски стандарди и принципи на административно работење. Инвестирањето во развојот на таков кадар претставува конкретен придонес кон остварувањето на стратешките цели на нашата земја - интеграција на Република Македонија во Европската унија и во другите меѓународни структури и текови.

КАПАЦИТЕТИ Што очекувате од Проектот "Програма за развој на управувачките способности на раководители од среден ранг"? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: За Агенцијата овој Проект, пред сè, значи директна инвестиција во подобрувањето на клучните капацитети за управување на една критична целна група - државни службеници, раководители од среден ранг. Дополнителниот ефект и цел е овој Проект да претставува значаен напор да се зајакнат домашните капацитети за обука на државните службеници, преку ангажирање на домашни компании. Тоа

е нова политика која како Агенција за државни службеници сакаме да ја промовираме и ќе ја промовираме. Што подразбирате под директна инвестиција кон целната група државни службеници? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Налик на директните инвестиции во стопанството, оваа Програма за обука првенствено обезбедува реален трансфер на know-how и релативно брзи, видливи ефекти на подобрено работење. Нејзината концепција и програмски дизајн гарантираат не само пренос на знаења, туку пред сè градење на вештините за управување. Со реализацијата на првата фаза од Програмата се уверивме дека е можно не само да се подобрат менаџерските капацитети на првата група раководни државни службеници, туку и дека тие подобрени капацитети се ставени во функција - државните службеници почнаа да ги применуваат во своето работење. За Проектот беа неизбежни донаторите. Што ќе кажете за помошта од донаторите и колку средства беа неопходни за развивањето на Проектот? 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Донатор на овој Проект, кој ја обезбеди неговата целосна финансиска поддршка, е Владата на Обединетото Кралство, а реализацијата се оствари во соработка со тимот на ДФИД Проектот за реформа на јавната администрација во Република Македонија. Првата година од реализацијата на Програмата нè чинеше скоро 25.000 евра, а исто толку се предвидени и за оваа година. Без оглед на висината на финансиската помош, морам да кажам дека техничката помош за реализација на овој Проект е вистински драгоцената инвестиција на донаторот, заради тоа што со полн ентузијазам и несебично, како и секогаш друг пат во последните три години, тимот со кој соработувавме даде сè од себе овој Проект да стане стварност.

СЕРТИФИКАТИ Во Проектот се вклучивте со големи очекувања, со ентузијазам. Дали по завршувањето на првиот циклус од Проектот сте задоволни од она што е досега направено? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Да, сите влеговме со големи очекувања,


OKO NA SONCETO

ОБРАЗОВАНИЕ

ИНТЕРВЈУ ТАТЈАНА ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА, ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

со ентузијазам, но и свест за можните ризици и предизвици во Проектот, кој претпазливо го нарековме пилот фаза. Но, нашите очекувања се исполнија во позитивна насока, а и самите учесници ја сфатија Програмата како можност не само за зголемување на нивните лични и професионални капацитети, туку и како можност за нивно напредување во кариерата. Така што после цела година интензивна и континуирана работа, неодминливо е чувството на задоволство од постигнатите резултати, како и чувството дека сме побогати за сето искуство што ни го понуди реализацијата на овој Проект - нам, на Агенцијата за државни службеници, на нашите соработници од ДФИД тимот, но пред сè на државните службеници што учествуваа во него. Како резултат на обуката, 16 државни службеници добија сертификати. Што ќе кажете за практичната примена и новостекнатите методи, инструменти и техники во раководењето, како и за

изготвените 3 групни и 16 индивидуални проекти? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: За државните службеници - раководители, кои беа селектирани минатата година за учество во Проектот, ова значеше предизвик да се надградат нивните знаења и вештини, за да се подобри, модернизира и да стане поефикасно нивното секојдневно работење. Со оваа Програма, како што споменав, покрај теоретскиот дел, на учесниците им се овозможи и да го применат во практика наученото преку изготвување на тимски и индивидуален проект. Резултатите од овие проекти покажаа дека учесниците реално можат да ги применат новостекнатите знаења и вештини, дека е поттикната нивната креативност во изнаоѓањето на солуции за одредени прашања како резултат на поинаквиот пристап кон раководењето и истовремено дека се отвори процес на пренесување на овие нови знаења и вештини на колегите во органите каде што работат. 36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

Кои се клучните карактеристики на Програмата и која е крајната цел? ТРЕНДАФИЛОВА - ПОПОВСКА: Програмата се разликува од другите ак тивности за обука, прво по својот концепт кој обезбедува комплексно третирање на прашањето на менаџментот од шест различни аспекти, па оттаму и не ни требаа само два или пет дена обука, туку 12 месеци континуирана работа, поделена на периоди во кои се спроведуваа обуки и периоди на практична имплементација и проверка на наученото. Следна карактеристика е што домашни компании и поединци учес твуваа и го подготвија дизајнот на обуката и беа носители на нејзината реализација. Крајната цел е да добиеме обучени раководни државни службеници од среден ранг кои ќе бидат во можност да го понесат товарот на обврските што државава треба да ги исполни кон своите граѓани, гледано и од аспект на интеграцијата во Европа.


КНИГИ

МОНОГРАФИЈАТА "НЕБЕСНИОТ ИКОНОСТАС НА ДАНЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА" НА МИЛАН Р. ДУРЛО

ЛИКОВНОТО СОЅВЕЗДИЕ НА ЗОГРАФОТ Тоа се луѓе кои со секое ново дело ја потврдуваат моќта и исконската вредност на православието, на христијанството.

МАКОТРПНА РАБОТА

Даневски од Македонија, сликар со маестрален усет во одбирот на бои во миговите кога го остварува величествениот спој на цртежот и анатомијата. Просторот на неговите слики спектакуларно совладан ги доловува чувствата на жестина, благост, полнокрвност и целосна исполнетост со секогаш неодгатливата порака.

Еден од најрепрезентативните автори од оваа "световна фаланга" е познатиот македонски, европски и светски зограф Ѓорѓи Даневски. Во ликовното соѕвездие на Даневски, неговата прва линија на формата, обликот, полилеите или анфасот имаат длабока, не толку долга, но своја автентична историја, корен, почеток, пат и патила, но без конец, крај и скончание. Во лавиринтот на боите, Даневски маестрално и лесно владее со колоритот создавајќи спектакуларен спој на анатомијата и цртежот. Визуелниот спектар, физиономијата на творбата носат во исто време жестина и благост, полнокрвие, карактер и порака што особено го истакнува како совршен реалист кој со маестрална леснотија го оживува и ликот на светецот и духовната состојба на еден анонимен и безимен старец, како и пулсот на бакарниот антиквар, кој во друштво и допир со калинката, прават една цела композиција на

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

Ф

олклорот и сакралните мотиви несомнено се најавтентичните обележја во македонската уметност. Тоа се вонвременските и неповторливи теми во нашата историја. А таа, историјата, несебично им ги дарува на нашите уметници. Тоа се дела кои ја отсликуваат нашата оригиналност и маестралност. Секој уметник сонува да создаде творба која повеќекратно ќе блика со лирски и традиционален набој. Творба која едноставно ќе нè отсликува нас, Македонците, нашата Македонија. Во македонската уметност посебно место им се оддава на можеби "најблагословените" творци во нејзината историја - зографите и копаничарите. 43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


КНИГА

МОНОГРАФИЈАТА "НЕБЕСНИОТ ИКОНОСТАС НА ДАНЕВСКИ ОД МАКЕДОН

Милан Р. Дурло во својата монографија "Небесниот иконостас на Даневски од Македонија" ќе подвлече: - "Суптилното и филигрантското во неговите творби понекогаш е макотрпна работа која го истоштува, но никогаш не го уништува и поразува". Низ оваа негова монографија директно се запознаваме со личноста и делото на Даневски, Македонец кој живее и работи во Торонто, Канада, а потекнува од Виница, Македонија. Факт е дека тој е еден од најголемите зографи на 21 век. За својата работа тој ќе истакне: - "Нема таква сила што ќе ме спречи да ги завршам иконите. Јас живеам за нив и со нив. Сите мои дамари, цела енергија и бит се тука, во нив и низ нив". Дијалогот на боите на Даневски трае и се слуша со милениуми. Во еден галоп на бои, спектарот секогаш доживува ренесанса над формата. Даневски својот творечки пат, што така нежно го развил, го трасира и го оформува како надградба врз стекнатите познавања од потврдените вредности на шпанското сликарство од 18 век (Гоја) или постарите сликари: Веласкез, Греко, Рембрант и други. Неговата творечка димензија е во постојан растеж, а во постојан подем се и резултатите до кои доаѓа откривајќи го светот и човекот на своите платна. Но, Даневски секојпат е свртен кон одредена и чиста определеност со стилска актива, во прв ред искрен и чист сликарски резултат, без илузии и заблуди, без сензации сами за себе, а со нагласен пулс за постоечкото, запазувачки преносно во фокусот на неговото сликарство. За еден од своите најзначајни проекти во својата кариера - иконостасот во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" во Скопје ќе истакне:

ГАЛЕРИЈА МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004


ИЈА" НА МИЛАН Р. ДУРЛО

- "Работата врз Соборниот храм 'Св. Климент Охридски' на Македонската православна црква за секој уметник претставува вистинско доживување. Впрочем самото име иконостас врз кој работам ја објаснува суштината. Тој е првиот медиумски контакт меѓу човекот и пораката од Господ. Неговата намера е да говори сижетно и достоинствено, затоа што се работи за претензија што ја надминува човековата моќ и се движи во астрални светови".

МАЕСТРАЛНА ДЕЈНОСТ Со своето платно и перо се има претставено во Љубљана, Словенија, Белград, Србија и Црна Гора, Градскиот музеј на Ханоу, Германија, низ многу градови во Македонија како Штип, Делчево, Берово, Скопје, Струмица итн. А, како потврда за својата маестрална дејност се следниве награди и признанија: Прешернова награда за сликарство, Љубљана, Награда за сликарство на Студентски форум, Љубљана, Прва награда на изложбата: Историско минато, Скопје и Сојузен награден откуп на конкурс за Споменик на револуцијата, Кочани. За својот уметнички инспиративен дискурс искрено и недвосмислено ќе потенцира: - "Работам над она што го селектира времето и притоа ја барам универзалноста на нашето време. Понирам во изворноста за да ги сублимирам работите и да ја пронајдам својата препознатливост. Темата е: човекот кој засега и за понатаму ќе остане сета моја рефлексија. Тоа е човековата социологија, неговата упорност во битисувањето".

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 509 / 02.04.2004

509  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you