Issuu on Google+


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју д-р БИЛЈАНА ВАНКОВСКА, универзитетски

Билјана Ванковска (1959 година) е редовен професор на Филозофскиот факултет (Институт за одбранбени и мировни студии) во Скопје и предавач на Европскиот мировен универзитет во Штадшлајнинг (Австрија). Таа е директор на Центарот за демократија и безбедност во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година таа беше сениор-истражувач на Женевскиот центар за демократска контрола над вооружените сили (DCAF), а визитинг сениор-истражувач на Институтот за мировни истражувања од Копенхаген (COPRI), во периодот 1997 - 2000 година. Била гостин-предавач и на неколку универзитети во САД и на Балканот. Д-р Ванковска е член на Извршниот борд на работната група за вооружени сили и општество при Меѓународната асоцијација за политички науки (RCAFS/IPSA), како и член на бројни меѓународни научни и стручни здруженија. Таа е меѓународен советник на Транснационалната фондација за мировни истражувања (TFF) од Лунд, Шведска. Член е на повеќе уредувачки одбори на научни списанија во Македонија, Србија, Франција итн. Ванковска има објавено две книги на македонски јазик и една на англиски јазик. Уредувач е на две книги на англиски јазик и автор на бројни поглавја и научни статии објавени во Германија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Индија, Романија, САД, Австрија, Велика Британија, Швајцарија итн.

ПОЛИТИКАТА НЕ ТРПИ 8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


професор

ИСКРЕНИ

Разговорот го водеше: Кокан СТОЈЧЕВ

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

Госпоѓо Ванковска, по трагичното загинување на претседателот Трајковски, се наметнува прашањето дали во овој миг постои ризик од посериозно нарушување на безбедносниот систем на РМ, бидејќи сè до назначувањето на нов претседател, функцијата врховен командант на вооружените сили по сила на законот ја презема претседателот на Собранието на Република Македонија?


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју БИЛЈАНА ВАНКОВСКА

ВАНКОВСКА: Трагичниот чин е само предупредување да бидеме сериозни во дизајнирањето на решенијата во системот, особено за вакви малку веројатни ситуации. Денес новонастанатата ситуација нè наведува да размислиме одново за многу решенија и за нивната суштинска димензија. Така, на пример, прашањето за избор на претседателот на Собранието веќе добива нова тежина. Да не зборувам за некои уставни решенија како што се роковите и слично. Во контекст на вашето прашање, можам да кажам дека сè ќе зависи од тоа дали бргу ќе успееме да избереме нов претседател. Ако тоа се случи, тогаш нема да дојде до некои привремени и провизорни решенија. Во моментов се чини еден од најклучните моменти е фактот на смената на врвот на воената хиерархија, т.е. началникот на Генералштабот со оглед на фактот што указот за новиот началник беше потпишан од Трајковски, а указот за заминување на стариот не беше. Во безбедносната сфера не очекувам поголеми промени, но зависно од тоа кој ќе победи на изборите ќе биде интересно да се види како ќе се "котира" функцијата Претседател во новите констелации. Дали до изборот на нов претседател на РМ постои опасност од регионален политички и безбедносен дебаланс на силите кој евидентно претседателот Трајковски умееше да го урамнотежува благодарение на својот имиџ и добрите контакти со лидерите на соседните земји? ВАНКОВСКА: И во овој поглед, една сериозна држава не може да си дозволи луксуз една политика да и` зависи од личности. Регионални предизвици постојат, особено прашањето за статусот на Косово, но и некои други - и од таа гледна точка, од големо значење е да се избегне евентуалното српско сценарио, т.е. да се избере претседател. Бидејќи надворешно-политичката функција и онаа во областа на безбедноста - одбраната е поделена помеѓу Владата и Претседателот, изборот на нов претседател не би смеел да влијае на главните принципи и национални интереси на земјата. Одговорноста на партиите во процесот на селектирање на кандидатите и одговорноста на гласачите ќе биде да ја имаат предвид вистинската димензија на функцијата Претседател, и во согласност со тие параметри да избере соодветна личност која ќе и` донесе углед на Македонија во надворешните и регионалните одно си во едно, за нас, многу важно време. Госпоѓо Ванковска, Вашата научна студија што од неодамна се објави на македонски и албански јазик, "Тековни перспективи врз состојбите во Македонија, напори за мир, демократија и безбедност", што претходно беше објавена на англиски јазик од страна на фондацијата "Хајнрих Бел", ја отвора темата "Воениот конфликт 2001 година и охридскиот Документ", за која политичарите, научниците, интелектуалците и стручњаците од безбедносниот сектор не сакаат јавно да коментираат или анализираат. Дали од оваа временска дистанца може да се даде некоја поцелосна и трезвена оценка за она што всушност ни се случи, а што нема да биде зачинето со политички или национални мирудии? ВАНКОВСКА: Објавувањето на мојата серија анализи коинцидира со појавата на една срамежлива тенденција во општеството. Имено, сè почесто се поставува прашањето за тоа што навистина ни се случи 2001 година и зошто? За научен работник кој има зад себе неколку објавени книги, некои и во странство, за мене лично беше изненадување дека една мала и неамбициозна (од научен аспект) публикација ќе предизвика ваков интерес. Меѓутоа, среќна сум ако овие мои 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


Етно-политичката мобилизација ве тера да размислувате и да се перцепирате само или главно во контекст на своето етничко "стадо", ве дехуманизира и онеспособува да имате сочувство за "Другиот". Впрочем, во милитантната етно-политичка матрица, "Другиот" е виновникот за вашата несреќа. Ми се чини дека концептот на граѓанин умира во Македонија и пред тој воопшто и да заживеа. Општественото ткиво се разбива секојдневно и во училиштата во кои нашите деца не сакаат да бидат едни со други и во соседствата кои се хомогенизираат по етничка основа.

размислувања послужат како камче фрлено во водата, па да предизвика сè пошироки концентрични кругови. Верувам дека како што "говорот на омразата" не носи добар, така и "тишината на омразата" не е решение на проблемите. Конфликтот, според мене, не започна во 2001 година, ниту заврши со потпишувањето на Рамковниот договор. Мировниот процес е сведен на политичко и правно ниво, без напор да се погледне во она што недостасува - социјалната (општествената) димензија на градење на мирот. Искрено, свесна сум дека можеби денес сè уште не постојат сите предуслови за соочување со минатото и вистината, но мора да се започне. Точно е дека овие процеси носат немир, мнозина нема да бидат среќни со отворањето на некои прашања, но постојат научни методи по кои мора и треба да се почне. Што се однесува до мирудиите, мислам дека досега ги имаме во доволна мера, т.е. во мера која веќе не оневозможува да го почувствуваме вистинскиот вкус на она што ни го зготвиле. 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју БИЛЈАНА ВАНКОВСКА

Дали проблемот на дефинирање на она што се случи во 2001 година во нашата земја произлегува од неговото пребрзо мутирање или станува збор за неподготвеност на политичките фактори во Македонија да проговорат за вистината? ВАНКОВСКА: Кусиот одговор би бил - двете причини што ги наведувате се подеднакво релевантни. Конфликтите се динамични процеси: она што било корен на проблемите пред 10 години и можело да се "лечи" со едни средства, сега може да има сосема друга природа и да му е потребна поинаква "терапија". Во секој случај, ние во мировните студии зборуваме и за потребата од "терапија на минатото", т.е. соочување со него и со вистината и вистините кои циркулираат во општеството. За жал, модерните менаџери на конфликтите инсистираат на мировни договори, бараат успешни случаи кои ќе ги легитимираат нивните напори, но и ќе го затворат случајот, за тие да можат да изменаџираат некој друг конфликт. Режимите кои доаѓаат на власт по конфликтни ситуации, разбирливо, повеќе се стремат кон "стабилизација" отколку кон нешто што се смета за "дестабилизирачко". Она што јас го имам на памет е не само проговорување за вистината од страна на политичарите, туку и давање можност да се слушне гласот на жртвите (непосредни и посредни). Каде ги гледате корените на овој проблем? Можеби во фактот дека нашите политичари сакаат многу да зборуваат, но не за суштинските работи? ВАНКОВСКА: По дефиниција, политиката не трпи искрени луѓе, или поточно искрените политичари се неуспешни политичари. Ретки се оние кои би го презеле ризикот да ветат трновит и болен пат кон реформите и прогресот. Тоа не е карактеристика само на нашето општество. Меѓутоа, во ситуацијата во која се наоѓаме станува збор за нешто друго: да се проговори значи и да се преземе одговорноста за стореното. Нам, заедно со амнестијата на бившите борци на ОВК, ни се случи и "амнестија" (и амнезија) на оние кои со политички средства придонесоа за конфликтот и начинот на кој тој се одвиваше. Тоа беше дури и не така тешко, имајќи го во вид "генијалниот" изум на меѓународната заедница од времето на кризата - фамозната Влада на национален спас! Така, на крајот, сите се инволвирани, а одговорноста станува аморфна и "колективна". Ситуацијата стана уште поаморфна со трансформацијата на бившите борци во политичка партија. Од друга страна, хипокризијата ни станува дел од политичката култура, а да не зборувам за самоцензурата кај мнозина од нас. Изгледа живееме во орвеловско време во кое она што се случило вчера денес може да се избрише, измени или прогласи дека никогаш и не постоело. Да го цитирам и самиот Орвел: "Во време на општа лага, дури и кажувањето на вистината станува револуционерен чин". Вие констатиравте дека последниве десетина години, кои за нас биле "гратис период", сме живееле во илузија и воопшто не сме се занимавале со круцијалниот проблем - со реформирање на општеството и на Република Македонија. Дали по воениот конфликт се освестивме и тргнавме кон некои вистински реформи во земјава? ВАНКОВСКА: Според мое уверување, најпрво сакавме да веруваме дека сме единствениот исклучок во регионот, дозволувавме да нè тапкаат по рамо и да нè храбрат, без да се соочиме со вистината дека и демократијата и мирот ни беа илузија. Да се разбереме, мислам дека прогресот во многу суштински димензии беше детерминиран од фактори кои беа далеку од нас, или не зависеа од нечија добра желба или политичка волја. Корените беа во економската и социјалната сфера и јас верувам 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


во нешто што ние во теоријата го нарекуваме политичка економија на конфликтот. Конфликтниот потенцијал беше внатре во општеството, поделбата на урбани и рурални средини, на голем број луѓе чија егзистенција зависеше од "државните јасли" (администрација, општествени служби и дејности) и сè помал број луѓе кои создаваа општествено богатство, општата пауперизација, трансграничниот криминал и корупцијата станаа начин на живот итн. И уште ако на сето ова му се додаде фактот на различниот пристап до одредени ресурси, позиции, моќ и вработувања - пристап детерминиран од етничките разлики и политичката припадност - тогаш имате рецепт за конфликт. Мислам дека различниот пристап до ресурсите кој објективно постоеше, а се манифестираше и на етнички план, беше делумно наследена ситуација, но и во многу нешта ситуација на која не и` обрнувавме внимание. Ако, при тоа, за да бидете кооперативни со меѓународниот фактор, не инсистирате ни на онаа компензација која ви следува (мислам на ембаргото наметнато од ООН, во однос на тогашната Југославија, или на отстапувањето на објекти и инфраструктура на НАТО без надомест итн.), а ви се случуваат ситуации како онаа од 1999 година, тогаш имате дополнителни причини за загриженост. Накусо, имаше безброј индикатори кои укажуваа на кризата која надоаѓа од надвор (влошувањето на косовската ситуација по Дејтон, колапсот на Албанија во 1997), но и голем број индикатори одвнатре. Концептот на превенција на конфликтот беше симулиран, повеќе од практициран. Дали се освестивме и ги научивме лекциите од 2001-та? Не сум убедена. Мене ова што денес ни се случува ме потсетува на она што старите го кажуваат низ изреката "тури му пепел", а југословенскиот систем го нарече "братство - единство", или тотална амнезија за болките од минатото со уверување дека со позитивна енергија тие самите ќе исчезнат.

Има една убава изрека која вели "мирот започнува со мене" (т.е. со сопствениот пример). За жал, јас не гледам таков херој на мирот и помирувањето во Македонија. Напротив, никнуваат споменици, се величаат херои, а дури и во Парламентот има луѓе кои употребуваат закани (сега во име на имплементацијата на мировниот договор, што е апсурд по себе ако се случи охридскиот Договор да биде нов извор на конфликтен потенцијал).

Госпоѓо Ванковска, без разлика на тоа што Вашата научна студија се лоцира на еден временски кус период, сепак излегувате со ставот дека во суштина ние имаме проблем со насилството како концепт за решавање на внатрешните и надворешните прашања на РМ. Како да се соочиме со него и дали постојат патишта за надминување на овој негативен концепт на политичарите? ВАНКОВСКА: Јас постојано нагласувам дека насилство не е само кога се пука, насилство е и кога се мрази, а вие сте жртва на насилство и кога сте сиромашни одземен ви е човечкиот дигнитет, па дури и способноста да имате визија за иднината. Кај нас постојано се создава илузија 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

меа инервју

дека реформите одат добро, иако за нив не постои економска основа, нè уверуваат дека оценките во Брисел биле позитивни и охрабрувачки итн. Но, сосема малку луѓе од власта размислуваат за проблемите на обичните "смртници". Во исто време, се создава нова историја со некои нови "херои", но никако да најдеме херои на мирот. Понекогаш потребна е поголема храброст и доблест да повикате на мир, отколку да земете оружје в рака. Ние, сакале тоа да го признаеме или не, го легитимиравме насилството, т.е. се покоривме на "реал-политик тезата" дека и по пат на сила може да се дојде до позитивни политички промени. Признавам дека и во теоријата и практиката на трансформација на конфликтите постојат примери на реинтеграција на поранешните бунтовници или борци, меѓутоа за да дојде до тоа треба да следува и процес на помирување. Мислам дека, на пример, беше добар политички потег да се постави господинот Г'зим Острени на чело на Координативното тело за разоружување, но изостана една важна работа за тој чин да се земе како искрен и инспиративен за другите. Ќе беше од огромно значење, на пример, да следуваше изјава на јавно каење што било кога тој и неговите соборци зеле оружје в рака. Секако, дека е утопистички и да се помисли на такво нешто, бидејќи таквиот чекор би значел само - делегитимација и откажување од единствениот "капитал" со кој некои луѓе влегоа во парламентарната демократија. Има една убава изрека која вели "мирот започнува со мене" (т.е. со сопствениот пример). За жал, јас не гледам таков херој на мирот и помирувањето во Македонија. Напротив, никнуваат споменици, се величаат херои, а дури и во Парламентот има луѓе кои употребуваат закани (сега во име на

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА

имплементацијата на мировниот договор, што е апсурд по себе ако се случи охридскиот Договор да биде нов извор на конфликтен потенцијал). Вие чувствувате дека главната опасност за опстојувањето на РМ лежи во концептот - насилство во името на државата, во името на народот итн; и дека тој премногу ги обременува општествените односи во земјава. Зошто велите дека најмногу треба да работиме на културата на умот, иако во нашава земја имаме специфични услови на живеење и комуникација меѓу граѓаните и етничките заедници? ВАНКОВСКА: Ми се чини дека јазот на недоверба и фрустрацијата помеѓу етничките заедници никогаш не бил подлабок, иако јавната "гласна тишина" за тоа понекогаш ни создава погрешна претстава. Ова е време на незадоволни луѓе. Не е чудно, бидејќи луѓето имаат легитимно право да бидат незадоволни, но она што е лошо е дека тие не ги ни препознаваат суштинските проблеми, т.е. проблемите кои ги погодуваат како "човечки суштества", а не припадници на етнички групи. Етно-политичката мобилизација ве тера да размислувате и да се перцепирате само или главно во контекст на своето етничко "стадо", ве дехуманизира и ве онеспособува да имате сочувство за "Другиот". Впрочем, во милитантната етно-политичка матрица, "Другиот" е виновникот за вашата несреќа. Ми се чини дека концептот на граѓанин умира во Македонија, и пред тој воопшто и да заживеа. Општественото ткиво

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


се разбива секојдневно и во училиштата во кои нашите деца не сакаат да бидат едни со други, и во соседствата кои се хомогенизираат по етничка основа. Зошто треба најмногу да обрнеме внимание на хуманата призма во односите во македоското општество? ВАНКОВСКА: Призмата на хуманата безбедност е за мене можеби последната шанса на ова општество, бидејќи тоа е примарната заедничка почва на која можеме сите да се најдеме. Дел од Вашиот интерес се и темите за односот на НАТО и ЕУ кон Македонија и нејзината безбедност. Нивната ангажираност на теренот ја имавме во неколку форми, а денес ја забележуваме во реформите на АРМ и во улогата на мисијата "Проксима". Како гледате на оваа инволвираност на колективните безбедносни системи во Македонија и дали во нив треба јавноста повеќе да биде вклучена? ВАНКОВСКА: Досега, тие колективни системи повеќе беа вклучени со разни мисии кај нас, отколку што ние успеавме да се вклучиме во нив. За мене се апсурдни тезите дека присуството на разните меѓународни сили е во контекст на нашето побрзо интегрирање во НАТО или ЕУ. Апсолутно сметам дека јавноста, и особено експертската заедница, треба да се вклучени во овие процеси кои сè уште страдаат од нетранспарентност, слушање повеќе она што го кажува Брисел отколку сопственото општество. Ми се случувало повеќе пати да искажам јавно критика во врска со некој аспект на реформите во безбедносниот сектор и да ми се забележи дека сум анти-ова или анти-она, но кога потоа истата теза ќе се пласира од странски генерал или тим на НАТО, тогаш тоа се проголтува полесно од страна на политичарите, па дури и од медиумите. Мислам дека треба да се создаде клима на взаемна доверба дека критиката не значи опструкција, туку начин на комуникација и конструктивен придонес и процес кој може уште дома да елиминира некои слабости и така да се избегне тоа истото да ни го кажат од надвор. Од призма на она што и претходно го реков за хуманата безбедност, граѓаните имаат право да знаат колку ќе нè чинат финансиски реформите во една или друга област, која ќе биде социјалната цена, па потоа да видиме дали сме како општество подготвени да изградиме консензус и да минеме низ понекогаш болните реформи. Како гледате на реформите во безбедносниот систем на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија кои се интензивираат за Истанбулскиот самит на НАТО? ВАНКОВСКА: Од една страна тие се нужност, но она што мене ми пречи е кога нешто ставаме во контекст на некаков си самит. Минатата година се истрошивме од шпекулации што ќе донесе Солунскиот самит на ЕУ (а знаеме дека не донесе ништо). Сега истото ни се случува со Истанбул. Не заради искреноста на

нашите политичари, туку заради нешто поексплицитните изјави на претставниците од Брисел веќе е јасно дека Истанбул нема да донесе ништо затоа што ние не сме ни на агендата. Мислам дека самото споменување на земјата во некаква декларација не може да биде мерка за успех. Реформите претстојат и тие треба да се спроведат заради нас самите. Треба да процениме какви безбедносни закани имаме како држава и како можеме на нив да одговориме, а не постојано да зборуваме за "чување на мирот во светот" или "учество во војната против тероризмот и средствата за масовно уништување" како наш приоритет. Тоа е пак живеење во виртуелна реалност и не води никаде. Зашто пак ќе ви кажат дека патот до Брисел води преку Охрид. На Вашата промоција господинот Ристо Никовски рече дека Македонија не смее да биде затекната во однос на прашањето на Косово, кое се очекува да се актуелизира. Колку мораме да бидеме подготвени за ова регионално, но и меѓународно прашање, бидејќи границата кон Косово сè уште не е обележана? ВАНКОВСКА: Границата необележана, а името во најмала рака - смешно. Прашањето на Косово не е само прашање за создавање на уште една држава на Балканот, туку и промена на целокупниот регионален пејзаж. Тоа е и во голема мера прашање за кое одговорот е дома кај нас и нашата способност да го затвориме прашањето за политичката судбина и иднина на Македонија. За жал, времето тече, а ние немаме стратегија. Во недостиг на заедничка позиција, Владата прогласува неутралност.

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


SONCE NA PRAVDATA

Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto

Irving FI[ER

Љубомир КЕКЕНОВСКИ

RODITELI I DECA По американскиот 11 септември во Њујорк, ѓаволот стигна по своето и во Европа на 11 март во Мадрид. Судирот на цивилизации, кој го најави Хантингтон, е пред сè судир на теоретски вредности, на филозофски ставови, на начин на мислење, а потоа се манифестира и како судир на физичко репродуцирање на луѓе, производи, услуги и идеи. За нас е веќе природна состојба да возиме во лер и на инерција, не разбирајќи буквално дека светот по оној црн "Свети Јован" 2001 година е во необјавена војна. Притоа, услов за наша егзистенција на државно и граѓанско ниво е...

...обврската за предвидување и усвојување на силните бранови кои ги провоцираат глобалните промени. Замислете, дури и светската велесила како што е Кина на 16 Конгрес на Комунистичката партија покажа оти вечни се само промените и ја потврди старата максима дека СÈ ТЕЧЕ И СÈ СЕ МЕНУВА. Овој економски, демографски и политички колос на планетава, иако толку силен, прифати дека ниту економски ниту политички не е самодоволен. Усвоени се две темелни претпоставки на глобалниот економски свет како што се законска заштита и НЕПРИКОСНОВЕНОТО ПРАВО НА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ и дека во НОВИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ГО ГЛЕДААТ МОТОРОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА и социјален слој кој ќе ги приближи кон светските трендови. Белким ќе ни олеснат сега и нашите реформи, ако сфатиме дека дури и големата Кина, која нема

аспирација да влегува во Европска унија или некоја друга асоцијација, пред сè заради себе сепак прифати да се менува. Нам нй останува уште да ги симнеме суетите како типично провинциска болест на квазиелитите. На нашите ограничени економски ресурси низ деценијава што измина ја накалемивме и видливо монополизираната економска структура. Заборавивме дека основа на развојот во пазарното стопанство го прават атомизираните фирми и приватни иницијативи на слободните поединци, а не контролирани/метастазирани монополи кои всушност претставуваат најголем можен економски, но и демократски неуспех. Во така деформиран амбиент сосема природно е да ни се случуваат чудни феномени. Поточно, ако со години следиме дека сè помалку фирми го креираат "успехот" непринципиелно монополизирајќи ги ресурсите на сметка на шансите на 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

преостанатите, по новата година видовме дека сме толку мали што од другата страна се доволни само неколку фирми за да го имаат монополот и на економскиот неуспех. Имено, само "Балкан Стил", "Топилница" и затворените рудници ни го преполовија индустриското производство за неколку месеци. Во таква економска закржлавеност добиваме превртена слика на функционалната економија во која развојот и падот на индустриското производство е монополизиран на неколку субјекти. Покрај краткото паметење, карактеристична за нас е и некритичноста кон себе. Пред само неколку години нè убедуваа дека сме лидери на Југоисточна Европа, па не сакавме ни да прифатиме некој регионален критериум за вреднување на нашата релација со Европа. Особено навредливо беше нашето врзување со Западниот Балкан како санитерен кордон на Европа. Се покажа уште еднаш дека ние сме лесно подводливи на сопствените илузии и погрешни ставови за нас и за преостанатиот свет. Долго време не верувавме на своите очи дека во повеќето продавници, меани, фирми, или на пазар не добиваме фискална сметка, мислејќи дека тоа не е доволно алармантно за нас. Бевме убедени дека сепак другите се полоши, иако тие/другите во меѓувреме покажаа зрелост и демонстрираа одлучност за промени. Неодамна од истиот тој бел свет, преку една неодамнешна студија,


ни стигна доказ дека веќе денес сме станале полоши и од најлошото балканско друштво. Бројките кажуваат за сива економија кај нас од 45 отсто, со што стоиме први пред Албанија, Босна и Србија, а бајаги пред Бугарија. Затоа ја приложувам старата филозофска мудрост која е релевантна за нас и за нашиот табиет дека СО ОЧИТЕ МОЖЕШ ДА ГЛЕДАШ, НО САМО СО УМОТ МОЖЕШ ДА ВИДИШ. Овој показател, за сивата економија, не е обичен транзиционен детал кој ништо значајно не соопштува, туку сосема спротивно, мошне суштински нè открива/отсликува како до крај социјално поделено и пауперизирано

општество. Со тоа си ставаме уште еден тег на нозете на нашиот развој. Токму оваа состојба на видливо раскинато социјално ткиво е оценета од нобеловецот Амартија Сен како една од највисоките пречки за економскиот развој на транзиционите и земјите во развој.

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

Несомнено, глобалните ветришта ќе ги откријат сите наши слабости/ недоречености и ќе ни покажат дека не може да живееме надвор од овој свет, да немаме став, да не припаѓаме на ниедна култура, да не проследуваме препознатливи принципи и вредности за да градиме некој свој суи генерис поредок. Невозможно е понатаму да живееме во привидната удобност на старата ментална обвивка, игнорирајќи ги динамичните промени и законите на надворешниот свет. Без оглед на сè, верни на нашата глупост, и понатаму сме во класичен сизифовски обид да издигнеме државотворна вертикала заснована НЕ ВРЗ ЦВРСТИ ПРИНЦИПИ, ТУКУ ВРЗ КИЧ ВРЕДНОСТИ. Одамна децата кај нас немаат вистинско детство, младите го усвојуваат компромисот како услов за опстанок, премногу брзо стареат и предвреме заличуваат на своите родители. Тоа е гнила штица која треба да се прескокне, затоа што повозрасните/родителите не нудат одговор на предизвиците. Тие, по сите транзициони реформи, се испразнети од волја и знаење за правилно расудување, а се преполни со погрешни предрасуди. Следењето на стариот пат би била тивка еутаназија, наивен обид за огревање на бледа месечина место на јасно сонце - модел кој треба да се напушти, а не да се репродуцира. Ова е дилемата на Хесе која ни ја приопштува преку неговиот јунак Синклер, кој никако да прифати дека надвор од својот родителски дом постои друг многу посуров свет кој не можеш да го избираш, туку мора да го прифатиш и како силен/ умен да се бориш да го менуваш. Во светлина на апликацијата и тргнувањето на европскиот пат, пораката до Синклер треба да биде и порака до нас. Неопходниот предуслов за тоа се наоѓа во поуката од неговиот пријател Демијан кој му пишува вака: ПТИЦАТА СЕ ПРОБИВА ОД ЈАЈЦЕТО. ЈАЈЦЕТО Е СВЕТ. КОЈ САКА ДА БИДЕ РОДЕН, МОРА ДА РАЗОРИ ЕДЕН СВЕТ.


OKO NA SONCETO

ИЗБОРИ

ПОЛИТИКА

ПРОМОВИРАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ

ВОНРЕДНО ДО ТРЕТ Бранко Црвенковски ќе биде кандидат за претседателските избори, одлучи со консензус Централното претседателство на СДСМ. Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вети дека ќе биде претседател на сите граѓани во земјава без оглед на верската, етничката, а посебно на партиската припадност. "Последните податоци зборуваат дека ги собрав потребните потписи за претседателската кандидатура. Но, на граѓаните им ја оставам можноста и понатаму да се потпишуваат", изјави Љубе Бошкоски, кој на овие избори ќе учествува како независен кандидат. Пишуваат: Жаклина МИТЕВСКА Кокан СТОЈЧЕВ

Р

елевантните дилеми околу претседателските кандидати, конечно, се разрешени. Бранко Црвенковски одлучи да се кандидира. Во изборната трка се впушти по откривањето на името на кан-

дидатот што доаѓа од противничкиот табор, ВМРО-ДПМНЕ. - "На овие избори Македонија не смее да ризикува. Треба и мора да избереме претседател на државата и тоа не каков било, туку претседател кој ќе гарантира дека ќе се остварат и достигнат стратешките определби на нашиот народ и нашата држава. Ја прифаќам оваа кандидатура затоа што

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

сум убеден дека со искуството што го имам, со волјата и вербата со којашто располагам можам да го сочувам тој генерален курс на Република Македонија. Можам да дадам полн придонес за јакнење на внатрешното единство во нашата земја, можам да го зајакнам темелот на кој се потпира Македонија и нејзината иднина, а тоа се меѓуетничките односи, меѓусебната


ШЕФ НА ДРЖАВАТА доверба и разбирање", истакна меѓу другото Бранко Црвенковски на Конвенцијата на СДСМ на која беше промовиран како единствен кандидат за претседателските избори. Добрите познавачи на политичките прилики во земјава велат дека Црвенковски е во голема предност поради искуството и добрите врски со албанскиот фактор. Политичката борба меѓу црно-белата комбинација којашто последниве десетина години одлучуваше за демократските (поточно за квазидемократските!) процеси во земјава започна. Волјата на народот, во основа, ќе ја тестираат Сашко Кедев и Бранко Црвенковски. Впрочем, тоа ќе биде борба меѓу двата најголеми македонски политички ривали - СДСМ и

ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи "Третиот пат" не избра заеднички кандидат што ќе им се спротивстави на претседателските избори. Но, во оваа претседателска трка друштво ќе им прават или ќе им ги замрсат конците независните кандидати чија битка зависи од собирањето на 10.000 потписи: Љубе Бошкоски, кој не ја доби поддршката од матицата (ВМРО-ДПМНЕ), потоа Мирко Христов, Бранко Јаневски, Димче Мијовски - Шиљо, Сали Рамадани и пулените од албанскиот блок, Арбен Џафери од ДПА и Г'зим Острени од ДУИ кој е поддржан и од ПДП. Двата центри на политичка моќ застанаа зад своите кандидати, но по различна предизборна тактика. За Сашко Кедев одамна се знаеше дека

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

ќе биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ чии аспирации мошне лесно беа потврдени на Конвенцијата во Скопје. Социјалдемократите во последен момент се одлучија за Бранко Црвенковски, откако со денови се шпекулираше со нивните кандидати, а всушност се чекаше решението, односно името од противничкиот табор, или пак првиот човек на Партијата, Црвенковски, ги правеше есапите за тоа што би добил, а што би загубил доколку се кандидира за претседател.

ПРОТИВНИЦИ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Конвенцијата го кри-


OKO NA SONCETO

ИЗБОРИ

ПОЛИТИКА

ПРОМОВИРАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ

тикуваше владеењето на СДСМ. - "Живееме во време кога народот е во една голема апатија, во една голема агонија, во испреплетени чувства од разочараноста од минатото, но уште повеќе од разочараноста од сегашноста и немање надеж за иднината".

ПОДЕЛБА Арбен Џафери повторно ги разгорува воените страсти со својата претседателска политичка програма. Во неговата свест сè уште не изветреала идејата за поделба на државата.

ПРЕМИЕР И КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?! Кандидатурата за претседател на актуелниот Премиер отвора неколку прашања и дилеми. Прво, дали за време на изборната кампања Црвенковски ќе ја замрзне својата премиерска функција, или ќе даде оставка, како што бара опозицијата? Второ, во каков вртлог на неизвесност ќе влезе Македонија, доколку Црвенковски победи на изборите? Нестабилно ќе биде и во Владата и во Партијата на актуелниот Премиер. А, којзнае, можеби сега, конечно, сè е под контрола?!

Груевски потенцираше дека против ни кот има поразителни резултати од раководењето со Република Маке донија, посочувајќи дека СДСМ се труди да остави слика на голем политички џин, кој е непобедлив, при тоа употре бувајќи ја библиската приказна за Да вид и Голијат. Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вети дека ќе биде претседател на сите граѓани во земјава без оглед на верската, етничката, а посеб но на партиската припадност. - "Дојде моментот кога сите треба да инвестираат во обединувањето на граѓаните на Република Македонија", истакна во својот говор Кедев кој посочи дека негови приоритети ќе бидат продолжување на рефор мите во АРМ, унапредување на добрососедските односи кои ќе се базираат врз рамноправност и партнерство.

- "Ние учествуваме на овие избори за повторно да ја отвориме големата дебата за албанскиот услов во Македонија. Тој услов е рамноправност на сите нивоа на општеството и барање за поделба на власта, а никако интеграција во власта. Ако не се земе предвид ова барање, природно ќе се случат тенденции за поделба како што се случи на сите други албански простори", истакна Џафери на партиската конвенција одржана во Гостивар. Според него, Рамковниот договор не се спроведувал, туку се прекршувал и имало тенденција ситуацијата да се врати на нивото пред неговото потпишување. Тој потенцира дека и во бракот ако не оди муабетот, делбата е подобра опција отколку цинизмот или хипокризијата во брачните односи. Лидерот на ДПА потенцираше дека не й посакува лошо на Македонија. Меѓутоа, мирот и меѓуетничката толеранција

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

ја услови со старите добро познати желби и сништа. Г'зим Острени, од Демократската унија за интеграција, е кандидат за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори. - "Платформата на овие претседателски избори ќе биде истата онаа со која победивме на парламентарните, која на Македонија й донесе демократски развој. Ја прифатив кандидатурата за да можат граѓаните да избираат. Без повеќе кандидати изборите ќе ја изгубат смислата", изјави кандидатот за претседател од ДУИ, Г'зим Острени. - "Нашата платформа секогаш оди во понатамошна реализиција, тоа не е само нашата платформа, туку и на другите партии на власт, за да се оди чекор по чекор кон поголема демократизација на земјата за подобар живот на граѓаните на Македонија", рече Острени. Тој истакна дека нема да ги коментира изјавите на противкандидатот од ДПА, Арбен Џафери, во кои ја критикува неговата партија, и посочи дека ДУИ ќе го понуди она што смета дека е за доброто на Македонија.

НЕЗАВИСНИ Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошкоски, објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи, по што изјави дека "сигурно ќе го обедини и оној мал дел од скептичното членство на неговата партија во општинските комитети кој веќе е строго дефиниран". - "Последните податоци зборуваат дека ги собрав потребните потписи за претседателската кандидатура. Но, на граѓаните им ја оставам можноста и понатаму да се потпишуваат", изјави Љубе Бошкоски кој на овие избори ќе учествува како независен кандидат. Тој ги поздрави сите оние што ги дадоа своите потписи за него и им вети дека "брат Љубе нема да заборави на нивната поддршка и ќе знае да им врати од позиција на шеф на државата". Бошкоски рече дека бил принуден да се кандидира


со потписи од граѓаните, зашто раководството на ВМРО-ДПМНЕ четири месеци наназад го форсирало Сашко Кедев за претседателски кандидат. - "Нема политичка сила што ќе ме отстрани од ВМРОДПМНЕ. Им тврдам на граѓаните дека со моето кандидирање како независен кандидат не ја напуштам партијата, туку докрај ќе се борам за спроведување на нејзините определби", изјави Бошкоски. Во трката за собирање 10.000 потписи влегоа и Мирко Христов од Македонското народно движење, Бранко Јаневски од Социјалдемократската партија, Сали Рамадани од Кичево, кој беше независен пратеник во вториот парламентарен состав, а потоа се приклучи во редовите на ДПА, како и Димче Мијовски - Шиљо.

ПРАВИЛА Собирањето потписи за кандидати за претседател започна на 13 март и ќе трае до 22 овој месец. Овластениот претставник листата на кандидати за претседател до Државната изборна комисија треба да ја достави најдоцна до 24 март, по што ДИК до 29 овој месец треба да ги објави во Службен весник. Предложениот кандидат може да се откаже од кандидатурата до 25 март. Редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња ќе биде утврден со ждрепка. Политичката кампања започнува на 30 март, а предизборниот молк ќе почне 24 часа пред денот на одржување на изборите. Според роковникот што го усвои Државната изборна комисија, пет часа по завршувањето на изборите, избирачките одбори треба да го достават избирачкиот материјал до општинските изборни комисии кои во рок од три часа по приемот треба да ги сумираат резултатите од гласањето. ДИК треба да ги пресмета и утврди резултатите од изборите н�� 15 април до 19 часот, а конечните резултати Комисијата е должна да ги објави на 17 април. ДИК го усвои и Предлог-финансискиот план за трошоци на изборите кој за двата круга на гласање се предвидува да изнесува 145 милиони 819 илјади 204 денари. Планот е изработен врз основа на позицијата на Буџетот за 2004, за разделот избори, а ориентација за трошоците се изборите од 2002 година. Со средствата предвидени за изборите треба да се покријат трошоците за набавка на комплетниот изборен материјал, печатење на гласачки ливчиња за двата круга за околу еден милион и 700 илјади избирачи, како и средствата за превоз, достава, печатење и маркетинг. Голем дел од средствата ќе бидат насочени за покривање материјални трошоци за изборните органи на ДИК и за општинските изборни комисии на 34 општини, за надомест на претседателите, замениците и членовите на 2.973 избирачки одбори. Доколку изборите завршат во првиот круг, трошоците ќе бидат намалени за 35 отсто. Финансискиот план не е дефинитивен и можни се ребаланси.

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА 22 МАРТ

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИТЕ ВРАТИ Република Македонија не бара привилегии, туку праведно оценување на нејзините заслуги и резултати. Таа не бара скратен пат до членство во Европската унија, туку јасно трасиран пат сличен на оној по кој одеа преостанатите земји од Средна и Источна Европа. Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Н

а 22 овој месец во Даблин, Република Ирска, ќе биде поднесена апликацијата на Република Македонија за членство во Европската унија која, како што е познато, беше одложена поради смртта на претседателот Борис Трајковски. Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Бранко Црвенковски кој барањето за кандидатура ќе му го предаде на ирскиот премиер Берти Ахерн, актуелен претседавач на Унијата. Всушност, на што побрзо поднесување на нашата апликација во ЕУ нè предупреди и специјалниот претставник на Европската унија за Македонија, Сорен Јенсен Петерсен, кој нагласи дека Македонија мора што поскоро да ја достави апликацијата за членство на земјата во Унијата. Според него, тоа би било добро да се случи што е можно побргу и тоа пред почетокот на кампањата за претседателските избори. Факт е дека сите граѓани во државава би сакале да ја видат Македонија како дел од европското семејство. Меѓутоа, сега кога Македонија е пред историскиот чин, се потсетуваме на изјавите на странските емисари и се прашуваме дали ќе ја добиеме поддршката што тие ни ја ветија за влез во ЕУ. Нашите очекувања од Даблин се оптимистички, а во таа насока е и изјавата на шефицата на македонската дипломатија, Илинка Митрева, во која вели: - "Пораките и поддршката кои стигнуваат од меѓународната заедница нè уверуваат дека токму ова е моментот во кој Македонија треба да ја стартува својата европска иднина. За овој чин, впрочем, ја имаме широката поддршка на граѓаните на Република Македонија

и консензусот на политичките партии, изразен преку Декларацијата што ја донесе македонскиот Парламент". Токму оваа Декларација ја одразува решителноста на Владата на РМ да ги преземе сите неопходни чекори за забрзување на процесот на интеграција во Унијата. Аплицирањето во ЕУ, како што и неодамна изјави Црвенковски, за нас е без сомнение крупен и значаен настан кој во голема мера ќе го дефинира патот по кој ќе се движиме во идниот период, и како народ и како држава.

ПАТ За разлика од најголем број источно-европски земји кои стекнаа независност во исто време кога и нашата земја, Република Македонија, се наведува во Меморандумот на Владата на РМ по повод поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ, без своја вина воспостави дипломатски односи со ЕУ дури на крајот на 1995 година. Тоа претставуваше скапа загуба од цели пет години, значаен период во кој другите земји во транзиција не само што влегоа во редовна соработка со ЕУ, туку склучија и европски договори, трасирајќи го трајно европскиот пат. Сепак, како што се наведува во споменатиот Меморандум, во следниот релативно кус период, и покрај сложеното политичко и економско опкружување, Македонија ги институционализира односите со ЕУ, склучувајќи најпрво Спогодба за соработка во 1996 година, а потоа во 2001 година Спогодба за стабилизација и асоцијација, како прва земја од регионот. Всушност, интензивирањето на соработката и реализацијата на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација се на врвот на агендата на македонската Влада, која 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

посветува приоритетно внимание врз реализацијата на Препораките од годишните извештаи на Европската унија за земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација. Владата донесе детален Акционен план со конкретни обврски на сите надлежни институции, чија реализација се следи месечно. Напоредно со тоа, зајакната е институционалната инфраструктура во Владата за ефикасно водење за процесот на европската интеграција. Досега се донесени и успешно се реализираат три национални годишни програми за приближување на законодавството, донесена е Националната стратегија за комуникација со јавноста, а Националната стратегија за членство на Република Македонија во Европската


унија е во финална фаза. Завршената ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во парламентите на сите земји-членки на Европската унија, за Република Македонија и Европската унија претставува исклучително важен настан и сведочи за недвосмислената политичка поддршка на граѓаните на овие земји што ја зајак-

Кога станува збор за безбедноснополитичката состојба во државава, можеме да констатираме дека таа по настаните во 2001 година е нормализирана. Успешно заврши и првата воена мисија на Европската унија. Во безбедносниот сектор во тек се интензивни реформи со поддршка на Европската унија, за воведување на

нува легитимноста на европските аспирации на Република Македонија.

европски стандарди во националното законодавство, за реформи во полицијата и воспоставување на систем на интегрирано гранично управување. Врз основа на веќе донесените стратегии и акциони планови, тоа треба да овозможи уште поефикасна борба против организираниот криминал и против сите форми на незаконски дејствувања. Исто така, можеме да констатираме и дека сме чекор напред во поглед на реформите во одбраната кои имаат за цел да создадат ефикасна и одржлива структура на силите, да ја опремат со модерна комуникациска опрема и да ја подготват за идно членство во НАТО. Имплементацијата на Рамковниот договор, како клучен предуслов за натамошно приближување на земјата кон ЕУ, се одвива според планираното. Досега се донесени сите предвидени закони и мерки кои се во примена. Започната е и последната фаза на реализација на Рамковниот договор - децентрализација на власта, за што пакетот од три клучни закони е влезен во парламентарна процедура. Предвидено е процесот на децентрализација да заврши во 2004 година заедно со спроведувањето на локалните избори, со цел новите локални власти да ги преземат новите ингеренции. Со склучувањето и успешната реа-

ОЧЕКУВАЊА Поднесувањето на кандидатурата е почеток на последната и секако најтешката фаза пред целосна интеграција на Македонија во ЕУ, која подразбира пред сè преземање на сите обврски кои произлегуваат од критериумите за членство. Но, до каде е Македонија со реформите во судскиот и банкарскиот систем, колку сме ефикасни во борбата против корупцијата и криминалот, колку сме безбедни...? Иако од надвор доаѓаат позитивни сигнали за нашето аплицирање во ЕУ, на македонската јавност й е добро познато дека не можеме многу да се пофалиме со борбата против криминалот, корупцијата, сивата економија. Па затоа, ако Македонија еден ден стане дел од европското семејство ќе мора посериозно да им се спротивстави на овие зла, но и да ја прилагоди нашата на европската легислатива. Македонија, како што во една прилика изјави и вицепремиерката Радмила Шекеринска, не треба да глуми дека нема проблеми, туку треба да кажеме како тие ќе ги решаваме во заедништво со ЕУ.

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

лизација на стенд-бај аранжманот со ММФ, се придонесе за стабилност на економските текови. Во текот на 2003 година, се вели во претходно споменатиот Меморандум, обезбедена е макроекономската стабилност, а БДП е зголемен за близу три проценти. Притоа, задржана е ниската стапка на инфлација од еден процент, а буџетскиот дефицит е драстично намален на само 1,4 проценти од БДП. Преку нашиот активен ангажман, се наведува во Меморандумот, се вклучивме во либерализација на трговијата, воспоставување регионален пазар за електрична енергија, интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и воспоставување регионален форум за миграција и азил, како и активности во сите други подрачја на регионалната соработка. Но, и покрај напредокот во економијата, несомнено, најголемиот политичко-социјален проблем во државава е високата стапка на невработеност. Оттука приоритет и главен ангажман на Владата во 2004 треба да биде заживувањето на економскиот развој преку создавање на поволно економско оп��ружување и на зголемување на директните странски инвестиции во земјата. Во поглед на образованието извршени се измени на Законот за високо образование, со што се создадени претпоставки за изведување на високообразовна дејност на јазикот на етничките заедници кои се над 20 проценти. Република Македонија, пишува во Меморандумот на Владата на РМ по повод поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ, не бара привилегии, туку праведно оценување на нејзините заслуги и резултати. Таа не бара скратен пат до членство во Европската унија, туку јасно трасиран пат сличен на оној по кој одеа преостанатите земји од Средна и Источна Европа. Тоа значи прифаќање на кандидатурата, стекнување статус на кандидат и започнување преговори за членство. Владата на Република Македонија оценува дека врз основа на досегашните значајни постигања во изградбата на модерно граѓанско мулти-етничкото општество и функционална пазарна економија, како и реализација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, поднесувањето на апликацијата за членство во овој момент претставува легитимен чекор и дека во својот одговор ЕУ ќе биде подготвена да заземе позитивен став.


GOLEMOTO ^EKMEXE АГЕНЦИЈАТА ”МАРИЛИ” ГИ ПРОГЛАСИ ДЕСЕТТЕ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ

На оваа манифестација лауреатки за 2003 година се прогласени десет бизнис-жени меѓу кои е и нашата сонародничка од дијаспората, госпоѓа Драгица Лапајкоска - Белчевска. Сите десет жени се одликуваат со упорност, амбициозност, темелност, истрајност, самоувереност, оптимизам - карактеристики со кои е загарантиран успехот во светот на бизнисот. Пишува: Милева ЛАЗОВА

А

генцијата "Марили" традиционално во ресторанот "Роза" во Скопје свечено ги прогласи десетте жени менаџерки за 2003 година. Секоја од нив во своите професии има постигнато исклучителни резултати и секако дека ќе ја потврдат довербата што агенцијата "Марили" им ја укажа и ќе продолжат со уште поголеми успеси. Госпоѓа Лидија Трипуноска, директор на агенцијата "Марили", е најголемиот "виновник" што оваа манифестација стана веќе традиција. Благодарејќи на нејзината упорност, амбициозност и голема желба успеа и по осми пат да пронајде десет жени кои со право може да го понесат епитетот успешни бизнис-жени како во Македонија, така и во светот. Госпоѓа Трипуноска се потруди изборот на жени менаџерки да го прошири и надвор од Македонија, така што минатата година беше прогласена успешна жена од Шведска, а оваа година специјално за оваа манифестација допатува госпоѓа Драгица Лапајкоска - Белчевска од Торонто, Канада. АМБИЦИИ На оваа манифестација за лауреатки за 2003 година се прогласени Мирјана Атанасоска, менаџер за набавка на производи во “Веропулос” (познатото Веро) која е голем оптимист, ведра по природа, практична, упорна, истрајна и темелна. Она што го сака секогаш се обидува да го оствари и при тоа да ја убеди око-

лината дека тоа навистина е добро. За неа зададената задача мора да биде завршена при што настојува личните чувства да ги минимизира, но притоа да не се заборави на човечноста и достоинството. Гостинката од Торонто, Канада, Драгица Лапајкоска - Белчевска, сосема заслужено е една од десетте жени менаџерки затоа што, иако долги години е далеку од Македонија, таа неуморно работи за афирмација на нејзината родна земја. Таа е генерален менаџер на ТА "Вин Травел" од Торонто уште од 1981 година. Агенцијата е сместена во една од главните улици во срцето на канадскиот град и е попатна станица на нашите сонародници. Едноставно таа е матица каде се собираат Македонците. Госпоѓа Драгица се одликува со голема упорност, истрајност, самоувереност и храброст на што се должат и успесите постигнати во бизнисот. Нејзината желба во работата е туристички да ја промовира Македонија со сите нејзини природни убавини и историско-културни знаменитости. Типичен пример за тоа дека етничката припадност не е битна, е изборот на жена менаџерка Албанка. Станува збор за Линдиана Граждани, раководител на сектор за маркетинг во "Македонска пошта". Таа вели дека за да се биде успешен менаџер треба да се сака работата. Упорноста, амбициозноста и прецизноста во работењето ја прават успешна, а скромноста и убедливоста само ја надополнуваат нејзината личност. Следната лауреатка, Олгица Илоска, финансов директор на “Инекс Горица”, иако релативно кусо време, само две години е на позиција финансов директор, има сосема доволно совршен увид во финансиската ситуација

МИРЈАНА АТАНАСОСКА, МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКА НА ПРОИЗВОДИ ВО “ВЕРОПУЛОС”

ГОСПОДАРКИ НА во фирмата. Прецизна, педантна, промислена, а во исто време и ефикасна се особините со кои таа целосно й се посветува на работата. Нејзина основна цел е спроведување на промени во секој сегмент на работењето на фирмата, а со единствена цел: европски квалитет за Европа и за Македонија како дел од неа. Економистот од "Тутунски комбинат" од Скопје, Елисавета Михајлова, на позицијата менаџер работи веќе седум години, од кои две како менаџер на Секторот за корпоративни пра-

шања во “Тутунскиот комбинат” кој е дел од Imperial Tobacco Group, една од водечките светски мултинационални компании во тутунската индустрија. Таа вели дека нејзина задача е како до сега така и во иднина да обезбеди правилно и навремено имплементирање на комплетната комуникациска стратегија во рамките на компанијата, со цел заштита и унапредување на нејзиниот имиџ и репутација. - "Да се биде дел од бизнис опкружување за една жена - вели госпоѓица Елисавета Михајлова

ПРИЗНАНИЕТО СОСЕМА ЗАСЛУЖЕНО ВО РАЦЕТЕ НА ГОСПОЃА ОЛГИЦА ИЛОСКА

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507/ 19.03.2004


ЖЕНА МЕНАЏЕРКА АЛБАНКА ЛИНДИАНА ГРАЖДАНИ

ГОСТИНКАТА ОД ТОРОНТО, КАНАДА, ДРАГИЦА ЛАПАЈКОСКА - БЕЛЧЕВСКА

МАКЕДОНСКОТО БИЗНИС - НЕБО - е навистина голем предизвик, особено кога станува збор за комплексна програма и задачи во Секторот за корпоративни прашања. Откако сум на оваа менаџерска позиција, имам помалку слободно време. Сепак, сметам дека е најдобро да се одржува баланс меѓу семејството и кариерата, да се има време за своите пријатели, да се најде време за сето она што нè прави среќни и задоволни". Иако бизнис почетокот й бил тежок, госпоѓа Смиља Нашкова благодарејќи на нејзините амби-

ции успева да ја основа и да управува со фирмата "Ларс" со седиште во Штип. Нејзината фирма започнува со работа уште во 1991 година, а денес таа функционира со 30-тина вработени. Нејзината амбициозност тука не запира, туку нејзината желба е во иднина покрај конфекциското работење да почне со производство на храна. МОТО Лауреатка е и Елена Пандева, управител на Агенција за недвиж-

ЕЛИСАВЕТА МИХАЈЛОВА НА ПОЗИЦИЈАТА МЕНАЏЕР РАБОТИ ВЕЌЕ СЕДУМ ГОДИНИ

ности "Жикол", која како основач и директор на Секторот за промет и услуги со недвижен имот е шест години, од 1998 година. - "Тоа се случи по долги години совладување на основните техники на работењето како дел од тимот на Друштвото за градежништво и трговија 'Жикол' од Струмица, со претставништво во Скопје, кое постои цели 18 години, успешно работејќи на македонскиот пазар, како и на странските пазари", вели госпоѓа Пандева. Мотото кое во секој момент е

присутно на позицијата на која се наоѓа Елена како предводник на тимот, подразбира промена во мислата, во организацијата кога за тоа има потреба, промена во пасивниот модел на одржување на континуитетот во работата со што само привидно се преживува во сферата од системот во кој се дејствува. Клиентот е секогаш во право. Покрај овие ангажмани, госпоѓа Пандева работи уште една работа која премногу ја исполнува и зборува за неа. Тоа е продавницата во Струмица која е наречена "Галерија Жикол".

СМИЉА НАШКОВА, ОСНОВАЧ НА ФИРМАТА ”ЛАРС”

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


GOLEMOTO ^EKMEXE

ЕДНА ОД ЛАУРЕАТКИТЕ Е ЕЛЕНА ПАНДЕВА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА НЕДВИЖНОСТИ “ЖИКОЛ”

МЕНАЏЕРОТ НА ПРЕТСТАВНИШТВОТО ЈАТ, МИРЈАНА СТРУГАР

АГЕНЦИЈАТА ”МАРИЛИ” ГИ ПРОГЛАСИ ДЕСЕТТЕ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ Менаџерот на претставништвото на ЈАТ, Мирјана Стругар, во компанијата работи веќе 32 години, на разни работни задачи во рамките на својата струка - спроведување на комерцијалната политика на Компанијата и утврдување на планските задачи на Претставништвото, склучување на деловни договори и регулирање на деловните односи во име на ЈАТ со државните органи и со другите организации од сферата на воздушниот сообраќај во согласност со законите на Р. Македонија и другите прописи врзани за воздушниот сообраќај. - "За себе имам обичај да кажам дека сум шкорпија, по раѓање и по убедување. Како ме-

наџер - вели госпоѓа Стругар сум упорна, одлучна, одговорна, ведра, отворена за деловни предизвици и сугестии, но стабилна (како во личниот така и во приватниот живот). Како жена истрајна и толерантна, како мајка искрена и отворена". Нејзиното основно мото во работата е професионален однос кон деловните партнери, отвореност за сугестии, позитивен став кон иновациите и прифаќање на неопходноста од постојано дополнување на образованието во техничко-технолошки поглед. Основното мото, пак, на Елена Треневска, сопственик и директор на "Еликсир", е "да се оди напред во работењето, чекор

ЕЛЕНА ТРЕНЕСКА, ”ДА СЕ ОДИ НАПРЕД ВО РАБОТЕЊЕТО, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР”

по чекор". Таа веќе 30 години е сопруга која со помош на несебичната поддршка од својот сопруг, и благодарение на таа поддршка, успева да ги совлада сите тешкотии во работењето. - "Како сопруга, жена, мајка, менаџер - вели госпоѓа Тренеска - сакам да седнам и да поразговарам со семејството. Истото важи и за на работа. Утринското кафе секогаш го пијам со вработените при што се информирам за работата. Секогаш се трудам да помогнам во сè и заеднички да дојдеме до решението за проблемот". Десеттата, но не значи и последна, жена менаџерка е Јасмина Утевска, фармацевт - специја-

лист по фармацевтска технологија, директор на индустриско производство во "Интер еврогенекс" во Ново Село. Менаџер за индустриското производство во фармацевтската индустрија претставува голем предизвик за секоја креативна личност која поседува големи организациски способности. Работата бара следење на најновите светски достигнувања од областа на нови технологии и опрема. Тимската работа, јасно дефинирани цели во животот и работата, самодисциплина, истрајност и упорност, се основните карактеристики за успех на професионален план, но и лични карактеристики на Јасмина Утевска.

ЈАСМИНА УТЕВСКА, КРЕАТИВНА ЛИЧНОСТ СО ГОЛЕМИ ОРГАНИЗАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


КНИГИ ИЗЛЕЗЕ ПРВИОТ ТОМ НА ТОЛКОВНИОТ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

БАСТИОН НА Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

О

Толковниот речник на македонскиот јазик е еднојазичен, описен речник на македонскиот стандарден јазик. Во него е опфатен и лексикографски опишан најупотребуваниот зборовен фонд на јазикот. По обем Речникот се определува на околу 100.000 зборови.

на што Блаже Конески, Михаил Петрушевски и Крум Тошев го започнаа пред 43 години со нивниот тритомен речник на македонскиот јазик (со српскохрватски толкувања) нашите лингвисти доследно го комплетираа и реализираа оваа година. Заветот на Конески и неговите истомисленици овие денови силно одекна во научната и литературната јавност. Институтот за македонски јазик "Крсте Петков Мисирков" го промовираше првиот том од Толковниот речник на македонскиот јазик (А - Ж). Сонот на македонските лингвисти, истражувачи и македонисти конечно се оствари. Зад овој Проект стои макотрпна и напорна работа, но таа беше повеќе од неопходна како за нашиот јазик така и за македонската култура. Редакцискиот колегиум којшто работеше на овој значаен Проект не го криеше своето задоволство од постигнатиот успех. Толковниот речник на македонскиот јазик е повеќе од неопходен. Тој е загарантирана инвестиција за иднината која следи. Тој е достоен противник на сите асимилаторски и негаторски политики упатени кон нашата самобитност. "Без толковен речник, практично нема јазик. Ако не постои ваков речник, јазикот не може да й се приопшти на пошироката јавност", мудро констатираше редакторот Кирил Конески. Во наредните три години се очекува да излезат уште три тома, со што би се завршил опусот на планираните зборови опфатени со Речникот. ИЗРАБОТКА Раководителка на Проектот беше научната советничка д-р Снежана Велковска која формираше работна група и ја организираше целокупната работа околу Толковниот речник на македонскикот јазик. Редакцискиот од-

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА бор го сочинуваа: проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Живко Цветковски и д-р Снежана Велковска. За главен редактор беше поставен проф. д-р Кирил Конески , кој го изработи Упатството за обработка на лексичката граѓа. Во Проектот учествуваа бројни соработници и истиот е колективен труд. Дел од креаторите на овој монументален Речник се: д-р Снежана Веновска - Антовска, м-р Симона Груевска Маџоска, м-р Олгица Додевска - Михајловска, м-р Елена Јованова - Грујовска, Фани Стефановска - Ристеска, др Лидија Тантуровска, Катица Топлиска - Евроска, м-р Гоце Цветановски како внатрешни соработници, и надворешните соработници: др Васил Дрвошанов, д-р Максим Каранфиловски и д-р Живко Цветковски. При изработувањато на Речникот во прв ред е користен речничкиот материјал на Лексикографското одделение на Институтот. Во ексцерпирањето за тој материјал како извори се земени авторски дела од уметничката литература, изданија од преводната литература, од народното творештво, трудови од научните области и учебници, изданија од публицистиката и печатот и друго. Во текот на работата, по потреба материјалот се дополнува и во текот на изработувањето на Речникот со ексцерпција од разни извори. При обработката на материјалот се консултирани, според нивниот карактер, тритомниот речник на македонскиот јазик и Правописниот речник на македонскиот литературен јазик, а во однос на принципите и методологијата на лексикографската обра-

ботка и други лексикографски трудови. Во работата на конкретната лексичка граѓа учествуваа, освен соработниците на Проектот, и определен број соработници од други проекти на Институтот, колеги од Филолошкиот факултет, од Педагошкиот факултет, невработени колеги итн. КАРАКТЕРИСТИКИ Толковниот речник на македонскиот јазик е еднојазичен, описен речник на македонскиот стандарден јазик. Во него е опфатен и лексикографски опишан најупотребуваниот зборовен фонд на јазикот. По обем Речникот се определува на околу 100.000 зборови (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер. Речникот е наменет за најширокиот круг корисници

(изворни говорители на македонскиот јазик и тие што го учат него како туѓ јазик) како неопходен прирачник што ќе ги упатува во правилната употреба на зборовите во однос на нивните значења, форми и изговор. Со тоа тој пополнува една голема празнина во лексикографските трудови за македонскиот јазик и ќе придонесува во издигањето на јазичната култура во нашето општество. Во овој речник, според неговата намена, влегува најупотребуваната лексика на современиот македонски стандарден јазик. Основата на таа лексика ја прави стилски неутралниот лексички слој, кој се надоградува, во определен обем, со зборови од различните стилови, коишто се изделуваат со честата и општоприфатена употреба во усната и писмената јазична комуникација. Тоа се зборови од разговорниот стил, од книшката, застарената и струч но-терминолошката

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004

и од експресивната лексика. Речникот донесува и лексички едници од дијалектната лексика што може да ја најдат и пошироката употреба. Освен со изборот на лексичките единици што ги содржи, нормативниот карактер на Речникот се постига и со тоа што во него се даваат соодветни белешки (ознаки) за стилистичката, експресивната и функционално ограничената употреба на зборовите, односно нивните значења. Тие белешки треба да му помогнат на корисникот на Речникот подобро да се ориентира во употребата на зборовите и за посоодветна конкретизација на нивните значења во говорната ситуација, во текстот. Во Речникот квалификацијата на зборовите и нивните значења се дава од аспект на современата состојба на македонскиот стандарден јазик и на актуелната употреба на лексичките единици.


КНИГИ СОЗНАНИЈА ЗА БОГОМИЛСТВОТО ОД НИКОС ЧАУСИДИС

ПАТУВАЊЕ СО Пишува: Милева ЛАЗОВА

Н

ајновото дело од проф. д-р Никос Чаусидис со наслов "Дуалистички слики" беше промовирано во Народната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" во Скопје. Станува збор за обемна студија за богомилските елементи на фрескоживописите на професорот по археологија. Во текот на промоцијата, авторот Чаусидис одржа кратко предавање со визуелно презентирање на материјали од книгата што предизвика навистина голем интерес меѓу присутните гости, почитувачи на пишаниот збор. "Дуалистички слики" е во издание на НИК "Лист" од Скопје.

ИСТРАЖУВАЊА

Оваа книга не е прирачник за богомилството. Таа се занимава со она што во овие книги не е допрено во доволна мера - трагите на богомилството и на другите дуалистички ереси, зачувани во медиумот на сликата. Кај професорот Чаусидис голем интерес предизвикале фреската "Света Богородица" од црквата "Света Софија" во Охрид и графитите кои биле врежани на фреска во црквата "Свети Георгиј" во Горни Козјак.

Во предговорот на книгата, професорот Чаусидис појаснува за што всушност станува збор во неа. На почетокот тој вели: "Богомилите и другите припадници на дуалистичките ереси не ги почитуваат иконите и воопшто - ликовните дела со сакрален карактер, сметајќи ги за обични предмети, односно 'боја намачкана на дрво'". Го отфрлале почитувањето на иконите, но не и иконографскиот начин на прикажување на своите верски учења. Тие само го сликале она во што верувале, додека ортодоксните христијани верувале во она што ќе го насликаат. Оваа книга не е прирачник за богомилството. Таа се занимава со она што во овие книги не е допрено во доволна мера - трагите на богомилството и на другите дуалистички ереси, зачувани во медиумот на сликата. Географската рамка во која се движи е пред сè Балканот, но и пошироко - териториите населени со словенските народи, како и Западна Европа, Медитеранот и Блискиот Исток. Временските рамки се исто така широ��и - од појавата на манихејството во доцната антика (III век н.е.) преку Средниот век, па сè до XIX и XX век, кога се забележани последните траги на дуалистичките учења во словенскиот и балканскиот фолклор. - "Оваа книга не ја замислувам - вели професорот Чаусидис како книга која ги потврдува нештата, туку книга којашто отвора некакви нови правци на истражување на проблематиката на дуалистички религии на почвата на Македонија и пошироко. Всушност, ова предавање би можело да се искористи како една можност за идни истражувања во некоја блиска иднина со кои може да се потврдат или пак да се оспорат моите сознанија. Веднаш ќе кажам дека книгата 'Дуалистички слики' опфаќа период од III-IV век од нашата ера, а завршува некаде до XIX век. Значи опфаќа материјал од овој временски дијапазон кога на подрачјето на средниот Балкан или Балканот воопшто можат да се следат трагите на дуалистичките ереси".

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


ДУАЛИСТИЧКИ СЛИКИ Првиот дел од книгата е посветен на една група споменици којашто на археолозите им е добро позната поради својата енигматичност. Тоа е една група од околу стотина надгробни споменици од римскиот период откриени во подрачјето на Кавадарци кои се нашле во многу археолошки изданија. Но, сепак, денес сè уште не е одгатната иконографијата и симболиката на тие споменици. - "Најинтересни од тие надгробни споменици - додава професорот Чаусидис - на коишто има необични мотиви се далеку од она што е традиционална антика. Станува збор за арки во кои има фигури коишто се класично многу скромно решени, но веднаш ќе забележите дека се појавуваат некои необични мотиви - стрелки, полумесечини, некакви кружни мотиви. По многу долги истражувања конечно се решив да го кажам она што го мислам. Овие споменици припаѓале на едни од најстарите дуалистички ереси, а тоа е манихејството. Како и сите дуалистички ереси Манихејците сметале дека универзумот постои во два елемента - преку светлината и темнината, преку доброто и лошото... Тоа се елементи кои никогаш не се мешаат, односно не треба да се мешаат. Но, во некое дамнешно време се случило проткајување на тие елементи благодарение на што се создал и овој свет во којшто живее денес човекот. Според нив, човештвото е една вечна мака, се појавува еден мит во кој се разрешува тој проблем, а тоа е светлината проткаена со материјата. Целта на религијата и на нивното учење е секој од елементите повторно да дојде на своето место. Значи, светлината и душата треба да се врати во својот елемент и материјата да се ослободи од светлината. Алатките во нивните споменици кои ја заземаат долната зона се симболи на патењето на овоземниот живот и го означуваат земниот живот. Алките во кои се прикажани луѓето ги сметам за симболи на заробеноста на човековата душа во телото. Тие го наведуваат телото како затвор на душата. Потоа се забележуваат и стрелки кои паѓаат врз луѓето. Стрелката која најчесто се јавува на тие споменици ја сфаќам како симбол на светлината. Тоа е клучниот елемент на манихејството. Едните ќе бидат просветлени, а другите постојано ќе се реинкарнираат, односно вечно ќе патат".

МОТИВИ Како што понатаму објаснува професорот Чаусидис, на надгробните споменици често се појавува еден кружен мотив кој некаде е како тркало, некаде е како розета. Тој симбол можеби има три значења - едното значење е "самсара", вечниот круг на реинкарнација. Од тој круг треба да се ослободи човекот. Во горниот дел од спомениците е прикажан рајот кој кај Манихејците фигурира како царство на вечната светлина.

- "Првиот чин на спасувањето на човековата душа - објаснува професорот Чаусидис - е патување преку столбот на светлината. Тоа е еден универзален митолошки симбол - оската на светот кој во овој случај ги собира душите. Во тој т.н. транспорт на душите постојат уште два елемента - месечината која функционира како чамец на кој се товарат душите и патува кон сонцето кое понатаму преминува во вечноста, во царството на светлината. На надгробните споменици се забележуваат и дрвја кои ги прикажуваат токму ослободените души. Се појавува и крстот чии краеви завршуваат со стрелки. Значи, сепак станува збор за христијанство. Христос е инкорпориран како клучен елемент во манихејството и ние во тој случај можеме да кажеме дека во III век во Македонија во околината на Кавадарци веќе постоеле христијански заедници, но не ортодоксни, туку некои кои паралелно со некои други егзистирале, а дури по 100 - 200 години некој ќе рече дека ова е христијанство. Авторот Чаусидис говори и за раниот среден век кога IX и X век во Македонија се појавува богомилството. Тоа е една средновековна ерес кој се базира врз постари еретички учења кои водат потекло уште од III, IV, V, VI век. - "Во раниот среден век, односно VI век, во југот на Македонија се населило едно словенско племе кое се нарекува Дрогувити. Имаме многу извори за нив. Постоела нивна - вели професорот Чаусидис - Дрогувитска еретичка црква која имала огромно влијание врз дуалистичките ереси во Европа. Манихејците во Кавадаречко успеале да ги преживеат прогоните на Јустинијан и на другите византиски императори и откако Словените се доселиле во VI и VII век всушност стапиле во некаква симбиоза и тука пренеле на нив некои традиции. Постојат уште многу факти кои ќе треба уште многу време да се образложуваат. Тука се јавува една појава која за мене е многу важна и верувам дека ќе има одглас во науката. Во XIII век за кој зборуваат изворите и во Дрогувитската еретичка црква се поклопува со два податока на Димитри, охридскиот Архепископ, а тоа се власта на Дрогувитите и теророт на Дрогувитите. Нешто се случило во XIII век кога Дрогувитите извршиле инвазија низ цела Македонија со некаков условно кажано државотворен апарат. Она што го бараме по Самуил имам чувство дека тука треба да го побараме. Во овој случај давам една теза која всушност е зачната од претходните истражувачи дека богомилството или некоја друга ерес се нашла како идеолошка база за востанија и за формирање на некаква државна формација која за жал не опстанала подолго време. Ова се сериозни интриги за кои сметам дека кај некои историчари ќе предизвикаат внимание и ќе бидат испровоцирани да го проверат". Уште една тема која ја зачнува професорот Чаусидис е интересна фреска на Богородица од XIII век во црквата "Света Софија" во Охрид. При истражувањата под првиот слој на фреската се покажал и втор слој кој бил добро сочуван и е датиран од првиот фрескоживопис на "Св. Софија". - "Кај мене таа фреска предизвика една загатка дека всушност Богородица имала мустаќи и брада. Но, колку што мене ми е познато објаснува професорот Чаусидис - тоа не влегло во науката. Се обидов да најдам некакво оправдување за ваквиот изглед на Богородица. Ова би било преголем залак за мене да пробам да ги објаснам тие проблеми, но сепак се обидов да го објаснам во книгата. Но, постои и уште еден интересен пример во околината на Баргала во црквата ‘Свети Георгиј’ во Горни Козјак - фреска на која се покажале графити кои датираат од XIII до XIV век. На графитите се гледа коњаник кој место глава има сонце и кој лови некакво животно. Тој лик се наоѓа на средновековните графити во Бугарија, во Босна и Херцеговина, а дури и кај некои руски везови. Оттука дојдов до сосема нов концепт на гледање на богомилството и на дуалистичките ереси". Претставени се и уште неколку графити кои професорот Чаусидис детално ги објаснува во неговата книга.

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 507 / 19.03.2004


507