Issuu on Google+


M

меа инервју д-р ЖАН МИТРЕВ, кардиохирург

MAKEDONSKOTO ZDRAVSTVO E VO KOMA


Македонскиот кардиохирург д-р Жан Митрев има "божја дарба", велат оперираните во кардиохирургијата "Филип Втори". За својата работа во Европа и во светотот добива сè повеќе признанија, а дома го примаат со недоверба, плукаат по него, велат дека не е стручњак, не му дозволуваат да докторира итн. Од што се плашат домашните кардиохирурзи - од неговата работа која е мерлива и вредна за светските и европските стручњаци, или можеби од неговата харизма, од чудесните раце?! Тие, по сè изгледа, најмногу стравуваат од неговата работливост и упорност со што успеа во овие тешки и лоши услови за работа во македонското здравство да докаже дека и тука може да се опстане и да се биде еден од најдобрите на Балканот и пошироко. Тоа е плод на долгогодишната работа и самопожртвуваност кон професијата во која втемели многу инвентивните оперативни зафати. Д-р Жан Митрев е роден на 11 јануари 1961 година во текстилниот град Штип, легло на македонската интелигенција каде го завршува основното и средното образование. Во периодот од 1979 до 1985 студира на Медицинскиот факултет во Скопје, а во меѓувреме практицира на Медицинскиот универзитет "Реина Софија" во Бугарија и во Кордоба во Шпанија. По дипломирањето работи како лекар во Одделот за итна служба и на Одделението за општа хирургија во Регионалната болница во Штип. Специјализира на Клиниката за Кардиохирургија "РЕБРО" на Медицинскиот универзитет во Загреб во Хрватска. На истиот Универзитет во 1990 година магистрира на тема "Влијание на оперативната техника во хируршкото лекување на акутниот микарден инфаркт". По ова неговата кариера сè до враќањето во земјава оди нагоре. Во периодот од ноември 1990 до декември 1992 е асистент на Клиниката за торакална и Кардиоваскуларна хирургија "Jochan Wolfgang Goete" Универзитетот во Франкфурт, Германија. На 30 октомври 1992 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје. Од јануари до септември месец 1993 година е асистент на Клиниката за Кардиохирургија во Ludwigshafen, Германија.

Во периодот од октомври 1993 до септември 1994 година е асистент на Клиниката за Кардиоваскуларна хирургија при Медицинскиот универзитет во Цирих, Швајцарија. Од октомври 1994 година до јуни 1997 година е самостоен хирург - оператер (Oberarzt) на Клиниката за кардиоваскуларна хирургија во Herzzentrum во Франкфурт, Германија. По ова, од јули месец 1997 година до крајот на 1999 година е раководител на Оддел на Клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија на "Jochan Wolfgang Goete" Универзитетот во Франкфурт, Германија. Па доаѓа во Република Македонија каде работи во Воената болница во чии простории ја отвора првата приватна кардиохирургија "Филип Втори". Во оваа болница досега има над 1.500 оперирани од разни болести на срцето. Говори германски, англиски и руски јазик. Во 1991 година станува член на Германското здружение за торакална и Кардиоваскуларна хирургија. Во 1993 година станува член на Американскиот колеџ за Ангиологија. Во 1994 година на ESAO, European Society for Arteficial Organs. Во 1995 на EACTS, European Society for cardiothoracic surgery. Во 2003 година на ИСМИЦС, International society for minimal invasive cardiosurgery. Во мај 2002 година е прогласен за менаџер на годината од страна на Центарот за развој и кадри во областа на менаџментот IМотивав. Во 2003 година на Шестиот меѓународен собир за минимално инвазивна кардиохирургија е добитник на почесната награда од претседателот на собирот за најдобар орален апстракт и уште една награда за најдобра аудио-визуелна презентација. На 27 август 2003 година му е доделена благодарница и статуетка за хуманист на годината што се доделува во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза. Меѓународниот биографски центар на Кембриџ во Англија минатата година го прогласи за "Меѓународен научник на годината", а слична награда (признание), "Man of the year-2003" добил и од Американскиот биографски Институт. Во септември 2002 година е промовиран во академик во светската академија за науки Платон.

Разговорот го водеше: Кокан СТОЈЧЕВ Господине Митрев, пред извесно време Универзитетот "Кембриџ" Ви оддаде едно почесно признание кое доволно говори за Вашата професионалност и стручност од областа на кардиохирургијата што ја стекнавте во странство како истакнат македонски кардиохирург. Но, сепак кај Вашата фела во земјава кон Вас сè уште постои еден невиден отпор. Зошто тоа Ви го прават и како ја оценувате целава ситуација? МИТРЕВ: Универзитетот "Кембриџ" ме прогласи за научник на годината за 2003 година. Наградата е плод на мојата


M

меа инервју д-р ЖАН МИТРЕВ

Но, тие признанија во домашната средина не се вреднувани соодветно. Примени се со една недоверба со завист!? МИТРЕВ: Овде имате такви луѓе што се од мојата бранша, самобендисани професори коишто во животот и во професијата ништо не направиле, а при тоа мислат дека меѓу Скопска Црна Гора и Водно е целиот свет. Тоа се личностите што ми ги прават главните опструкции. Мислам дека се површни луѓе кои можеби љубоморат на мојот успех, но и не сакаат да си претстават што сè треба за да се постигне успехот. Колку интензивна работа, напор, самоодрекување, стрес, непроспиени ноќи. Дали се плашат за својата статусна положба?

континуирана научна работа којашто надвор е следена, а која во овие изминати повеќе од 15 години занимавање со овој дел од хирургијата, покажа дека имам низа позначајни остварувања. Но, верувам дека она што најмногу придонесе за моево признание е излагањето во Сан Франциско во САД кое се случи во јуни 2003 година. Имено, на еден од најзначајните конгреси во светот од областа на кардиохирургијата, за прв пат презентирав како еден пациент по бај-пас операција станува од столот и си заминува во одделот за интензивна нега. Тоа излагање беше со воодушевеност примено, буквално речено со овации и ракоплескање на 2.000 кардиохирурзи. На тој начин дефинитивно влеговме во историјата, бидејќи досега такво нешто никој не направил. Станува збор за посебна технологија на оперирање која во моментов во светски рамки е актуелна и се нарекува "минимално-инвазивни техники на оперирање". Со неа практично се настојува преку т.н. амбулантска хирургија болните што помалку да лежат во болница. Ние веќе имаме такви пациенти третирано, а досега имаме оперирано осум болни лица. Мислам дека сето ова придонесе да ми биде доделено ова исклучително големо признание на Универзитетот "Кембриџ" и тоа да биде една сатисфакција за моето севкупно досегашно работење.

МИТРЕВ: Тие треба да се соочат со реалноста кои се и што се во својата професија. Не може некој да се прави дека е т.н. сезнајко, а во медицината нема ниту еден посериозен научен труд кој е објавен во странските стручни списанија. Не може главната опсесија да им биде која политичка партија ќе биде на власт и како ќе се додворат за да станат раководители или директори на некоја институција. Раководител може да биде само најстручното лице во една болница кој се докажал со својот квалитет во работата, а покрај стручноста тој треба да биде и голем хуманист. Значи, луѓето треба реално да гледаат на своите квалитети. Тие треба во нивната област да се мерат со другите и при тоа со квалитетот да си го пронајдат местото. Јас не знам каде се тие и што прават, немам време да им обрнувам внимание, бидејќи сум преокупиран со моите тековни проблеми, планови, визии... Но, ова што сега го правам е мерливо и видливо. Така, тие можат да ме споредуват со сите врвни стручњаци од светот. Па, врз таа основа можат и да ме критикуваат, на пример, да проверат колку операции прави еден кардиохирург во Америка или во Германија во текот една година, а колку јас, односно какви операции правам и со каков успех се тие. Тогаш со големо внимание би ги следел сите такви критики упатени на мојата работа и на стручноста. Но, оние критики кои до сега ги упатуваа на мојата адреса, ги сметам за кафански муабети и озборувања. Во меѓувреме во Република Македонија се заговара отворање на уште еден приватен кардиохирушки центар кој би требало да биде лоциран во Тетово и е поврзан со името на бугарскиот професор Чирков. Ова не е прв обид да се создаде конкуренција во кардиохирургијата во нашава земја, но, таквите проекти пропаднаа. Зошто тоа се прави и дали има доволен простор за уште една ваква приватна болница? МИТРЕВ: На оваа тема неколку пати сум се осврнувал и затоа сега ќе ги повторам моите ставови и мислења. Ние спаѓаме во средно и високоразвиените земји во Европа по бројот на операции на отворено срце сразмерно на 1.000.000 жители. Практично сме на нивото со Словенија, со Чешка, Полска, дури сме со Португалија и со Англија. Ние оваа година ја достигнавме бројката од 750 операции. Сакам да појаснам дека ние припаѓаме во онаа група која е на ниво од 400 операции на 1.000.000 жители што, може да се каже, е многу високо. Во моментов сме далеку над Бугарија и околните земји. Значи, во областа на кардиохирургијата сме на високо место, но што

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


се однесува на дијагностиката, тука сме обратно. Со бројот пак на дијагностичките процедури сме на многу ниско место. Ако не сме и на последно место во Европа. Имаме само една место во целата држава каде се извршуваат коронарографии кои се признаваат од Фондот за здравство. Имено, за една кардиохирургија нормално да функционира, потребни се најмалку три до пет добро развиени кардиолошки болници каде што се прави коронарографија. Значи, покрај тоа што многу работи во државата ги правиме наопаку, обратното го правиме и со кардиологијата на која и` наметнуваме две кардиохирургии. Тоа е нон-сенс. Тоа никаде не постои во светот. Нека ми каже некој каде постои тоа, јас ќе му подадам рака. Сакам да кажам дека треба да има три до пет развиени институции коишто се занимаваат со коронарографии и дијагностика на коронарната како основна болест. Според таа идеја, за да имаме два кардиохируршки центра, седум до десет институции би требало да се занимаваат со коронарографии. Ете тоа нè доведува до апсурдната ситуација. Впрочем, зошто едноставно не се побараат и јавно демонстрираат тие европски податоци од таа област, па така сега доаѓаме и до мојата работа - кај нас веќе

нема пациенти коишто чекаат на ред. Не постои пациент кој чека повеќе од 10 дена што е нормален период за подготовка на болниот, додека итните случи веднаш ги оперираме. Меѓутоа, за една коронарографија се чека три, шест, па и повеќе месеци. Чудно, нели? Но, за тоа никој не се буни? Сакате да потенцирате дека сега нема ред за чекање за операција, туку имаме проблеми во дијагностицирањето, односно во пред операционите периоди, а тоа се должи на старата систематизација на здравството? МИТРЕВ: Тоа не штима затоа што Клиниката за кардиологија држи апсолутен монопол во државата, а таа исто мене ми вели дека сум монопол. Всушност, пациентите нема каде на друго официјално место да се прегледаат и да им се направи коронографија. Во овој момент тие мора да одат таму и ако им дадат мислење за операција, дури тогаш евентуално ќе стигнат за операција. Значи, има една голема непокриеност на многу болни кои едноставно и практично се осудени на смрт,

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


M

меа инервју д-р ЖАН МИТРЕВ

бидејќи или не можат да стигнат до тие врати, или не им се дава приоритет, чекаат со месеци. Зошто токму ова прашање никој не го поставува на дневен ред, иако тоа е актуелен проблем? Во меѓувреме, тие велеа дека кај мене се чекало со месеци, а всушност правеа пропаганда и антикампања. Јас имам аргументи кои велат дека таму постојат пациенти кои чекааат две години за коронарна графија и за дијагностицирање, а имаат јасна дијагноза и симптомика. Тоа е жално за пациентите, но ете таква е реалноста. Пациентите се доведуваат до една многу тешка состојба - кога веќе мора да се оперира, срцето им е многу оштетено. Господине Митрев, сите Македонци стручњаци бегаат од земјава, а Вие дојдовте назад. Зошто го направивте тоа?

МИТРЕВ: И јас често пати сум се запрашувал, но целава работа ја правев по интуиција. Искрено да ви кажам, никогаш не сум имал цел да останам во Германија. Не можам самиот себеси да се замислам дека ќе работам до пензија, онаа класична шема на гастрбајтер, и дека ќе се вратам во Македонија како пензионер. Јас тоа како моја иднина не ја прифатив. Мојата визија беше ова што денес го правам во Македонија. Тоа го сторив за да докажам дека ние можеме да направиме врвни дела, а со мојот пример да им покажам на младите што мислат да одат надвор. Добро е и нека одат, но нека не заборават од каде потекнуваат и дека тука можат да направат нешто. Бев подготвен на потешкотиите, а сите турбуленции што се случуваа само се доказ дека нешто навистина вредно сум направил. Знаев дека на другата страна ќе постојат луѓе што ќе се бунат и нон-стоп ќе се обидуваат да ме омаловажат или да го минимизираат мојот

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


труд. Меѓутоа, генерално сум задоволен и покрај тоа што имав големи маки кои некогаш беа неподносливи. Но, сепак, ова што го правам има една смисла. Тоа го правам за мојот народ, за државата, а дали сега некој ќе ги признае или прифати, тоа е само прашање на време. Додека го создадовте Кардиохируршкиот центар "Филип Втори" просто се намачивте, иако веќе бевте големо македонско име што оперираше во Германија и во други вакви слични центри. Дали за цел овој период помислувавте да го напуштите Проектот или тој Ви даваше сила да ги победите злобниците во земјава? МИТРЕВ: Да, иако тоа ми личи на народната поговорка кога баба давала еден грош да се фати за орото, а потоа давала пет грошеви за да се пушти, ама не бива. Постоеја моменти кога си велев - па можеби и не е тешко да умреш колку што е тешко да се наоѓаш во оваа ситуација. Некои во ваква ситуација би дигнале раце и сè би заборавиле, но јас веќе зад себе повлеков луѓе кои веруваа во мене, се откажаа од своите поранешни работни места за да работат со мене. Значи, ако заминев тие ќе останеа на улица. Тоа е една работа која никогаш не ќе можев да си ја оправдам, или себеси да се замислам во улога на некојси т.н. предавник, иако нели природно е кога на човек му е најтешко да бара бегство, да избега и да се скрие. Јас си викав во себе дека морам да издржам, па што сака нека биде. И така некако успеав во целава работа. На самиот почеток имав такви моменти. Знаете, кога заминав, кога сите тие, условно да кажам, договарања пропаднаа или ми правеа сплетки, но сепак мислам работите си легнаа на место. Тоа е, ако политички зборуваме, "Европа, Европа". Еве ви ја Европа. По сите правила ние функционираме на европски начин. Меѓутоа, некому ова не му одговара. Генерално, не сакаат да спроведат правилни европски реформи во здравството.

Зошто? МИТРЕВ: Не им одговара. Овде сум по 12 часа, интензивно работам и секој ден оперирам. Прашајте кого било во нашава држава, кој е хирург, дали секој ден оперира, макар и тртки да вади! Дали некој секој ден извршува по три, четири или пет операции? Значи, тоа е европскиот систем. Тоа е нормалниот систем кој само на база на работа, продуктивност, на ефективност, квалитет, ќе овозможи да имате успех. Сето друго е лакрдија. Овој здравствен систем во Македонија е толку далеку од Европа што мислам дека навистина треба посериозно да се зафатат со промените во нашата област, бидејќи тоа, буквално кажано, е катастрофално. Не знам како не се плашат за самите себе, бидејќи и кој било политичар, или лекар, е обичен човек. Луѓе се и може сè да им се случи. Ќе трчаат ли во странство? Некогаш и тоа не ќе можат да го направат. Работата е многу сериозна и треба коренито и темелно да & се пристапи. Јас дадов пример како тоа треба да се направи, но за жал никој не го проследи. Вашите колеги сè уште Ви прават проблеми, но и не Ви дозволуваат да предавате на Медицинскиот факултет во Скопје. Зошто тоа се случува? МИТРЕВ: Јавноста знае со какви сè проблеми се соочував, а тоа го правеа одредени министри со нивни изјави итн. Јас не ги коментирав ниту се појавував во јавноста, бидејќи сето она што го правеа беше дегутантно. Тоа ми наликува како две деца да се караат на сокак: ти си ова, тие не си тоа итн. Мислам дека тоа навистина беше една мизерна ситуација во која најмногу ме болеше тоа што неправдата беше очигледна. Имено, од една страна правев напори да ја презентирам Македонија во светот, а од друга страна кога се враќав во својата земја на насловните страници забележував разни грозни и невистинити написи со

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


M

меа инервју

наслови дека воопшто не сум хирург, дека не знам ништо итн. Практично, тоа е катастрофа. Но, сега да ви одговорам зошто не предавам на Факултетот, бидејќи темата е мошне интересна. Јас мислам дека тоа е трагедија за нашиот Факултет, бидејќи во мојата институција континуирано доаѓаат луѓе за едукација на мојот персонал. Тие посети се прават по сите европски и светски норми. Но, ако за Жан Митрев комплетно се затворени вратите од Факултетот, тоа правило го наметнуваат и за сите мои вработени луѓе кои се многу добри доктори. Тие, исто така, можат да предаваат, да им држат вежби на нашите студенти. Меѓутоа, ако барем тоа не го прават, нека видат што работат и како се работи во "Филип Втори". Тие буквално нè ставаат во т.н. стаклено ѕвоно. Или, не дај Боже, студентите да дојдат во контакт со нас и да видат што работиме. Тие ќе имаат последици, бидејќи кога ќе видат што работиме, како работиме, со каква организација, со каков однос кон пациентите се соочуваат, тогаш ќе можат да споредат што работат нивните професори. Но, очигледно е дека нивните педагози се плашат од тоа и затоа е ова еден вид блокада. Истовремено, за да биде трагедијата поголема, и покрај сите мои признанија, скопскиот Универзитет веќе три години не ми дозволува да докторирам. Јас сакам на скопскиот Универзитет да докторирам. Впрочем, и не знам со какво образложение веќе трета година не ја прифаќаат мојата тема што е еден голем парадокс. Дали тие немаат рецензенти кои ќе ја разгледаат Вашата докторска дисертација? МИТРЕВ: Некои од лицата што мораа да бидат мои рецензенти се изјаснија дека не можат да ја прифатат поканата, бидејќи не се чувствуваа дека се стручни за мојата тема. Барав стручњаци кои од странство ќе се изјаснат и тие позитивно одговорија. Но, ете, тие велат - немало одлука од Наставничкиот совет, а сега слушам неофицијално ја одбиле темат��. Сега ја чекам одлуката за да го видам образложението. Но, тоа е реалноста и не е чудо што сето тоа е вака во здравството. Господине Митрев, во моментов наместо да разменувате професионални искуства, противниците се обидуваат на секој начин да ја спречат Вашата работа. Но, и Вие им возвраќате. Постојано ги критикувате институциите на системот, мислиме на Фондот за здравство и нивниот однос кон болницата "Филип Втори"!? МИТРЕВ: Тоа е навистина интересно, бидејќи веќе четврта година сум во Македонија, а при тоа сите увидоа дека на овој начин може да се функционира. Прво, сè е според закон, најчисто, најтранспарентно, имаме договор со кој се обврзуваме да извршуваме определени операции, услуги кои ги плаќа Фондот. Значи, сето тоа натаму треба да се развие и да се преговара во интерес на осигурениците на Фондот. Меѓутоа, стручните луѓе кои се разбираат од оваа проблематика знаат дека нашиот Фонд не функционира како што треба, што е наследено од минатиот југословенски систем. Зошто? Тоа е единствена институција од ваков тип во државата која е политички контролирана. Значи, тоа е една работа, а друга кога Фондот се јавува во улога на исплаќач на плати на вработените кои не знам колку се, можеби 30.000. Во таква положба тој прво треба да се грижи за платите на вработените за да нема немири

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


во здравството, а дури потоа ќе прикаже дека спроведува некоја реформа. Јас тоа сум го потенцирал на неколку пати и повторно ќе речам - во здравството има доволно пари за да се изврши реформа. Тие треба само правилно да се распределат. Голем дел од болниците не се правни субјекти. Тие законски не постојат. Буквално кажано, целото здравство ни функционира во еден вид илегала. Правно не постои. Една болница не е правен субјект, нема своја жиро-сметка, нема правила на игра и однесување итн. Сето тоа е остаток од еден минат систем. Потребно е сето тоа да се легализира. Болниците да станат правни субјекти и да си потпишат договори со Фондот. Понатамошното функционирање треба Фондот да го контролира. На тој начин многу брзо ќе се промени состојбата во целото здравство. Дали сте подготвени да оперирате во Кардиохирургијата при Клиничкиот центар во Скопје? МИТРЕВ: Таму воопшто не постојат услови за кардиохирургија. Во ниту еден случај не би се нафатил да оперирам, макар тоа да биде и минимална интервенција, бидејќи прво не ги исполнува основните услови за антисепса што е основно нешто за една кардиохирургија. Мислите на основните хигиенски услови? МИТРЕВ: Апсолутно. Таму треба да се направи голема реформа за да се постават работите на вистинско место, бидејќи, пак ќе речам, не сум против нив, не сакам никого да навредам. Но, луѓето знаат кој што е. Знаат да направат паралела дека "Филип Втори" во европски рамки е докажана институција. Имаме склучено договор со американско осигурување со кое сите Американци коишто се надвор од нивната земја, ако нешто им се случи, смеат тука да бидат оперирани. Тоа осигурување нас ќе ни плати за услугата итн. За оваа работа кај нас дојде стручњак - советник на Стејт департментот во Америка. Тој рече дека за прв пат во овој поширок регион забележал дека може да се исполнуваат условите и американските стандарди. Тоа е базирано само на една голема работа, организација и незанимавање со нешто што не е во наш домен. Ние се занимаваме со медицина и сè она што е поврзано со неа. Што треба да се промени во здравствениот систем во Македонија? МИТРЕВ: Треба голем дел од здравството да се приватизира. Не треба да се прави баук од приватизацијата и да се расчистат односите со Фондот. Тој треба да си функционира во она што значи негова основна функција, а тоа се одредени договори, да ги регулира услугите што ги вршат здравствените организации. Но, и тие организации треба правно да се регистрираат, а тоа да биде по сите законски норми што постојат. На тој начин ќе постои т.н. високо здравство и од него ќе излегуваат и другите вредности - односот кон пациентите и давање соодветни квалитетни услуги. По ова можеби и другите стручњаци кои сега се потиснати и немаат шанса да дојдат до израз ќе можат да се афирмираат. Во тој контекст сите болници кои се полупразни ќе можат да се дадат на истите луѓе под концесија. Со тоа и опремата рационално ќе се користи, а здравството ќе се извади од комата во која сега се наоѓа и пациентите ќе бидат згрижени како што треба. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ОПШТИНИТЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА

ЛОКАЛНА

Пишува:

Жаклина МИТЕВСКА

Под мотото "Да ја сочуваме Општина Струга во постојните граници" на осми јануари на плоштадот "Револуција" во Струга се одржа голем народен собир, а на единаесетти жителите на овој град одржаа референдум. Референдумско изјаснување имаше и во општините: Витолиште, Зрновци, Оризари, Чешиново, Муртино и Куклиш.

ЛАБУНИШТА

Н

овата 2004 година започна со референдуми за спас на општините кои со предлогот за новата територијална организација на локалната самоуправа, треба да исчезнат од постојните граници. Против владиниот предлог се изјаснија жителите на Општина Центар Жупа, Општина Ростуше, Општина Лабуништа, а на единаесетти јануари против одлуката на Владата на референдум излегоа и жителите на Струга. Во Владата велат дека не постои решение со кое сите и целосно ќе бидат задоволни, но дека се

РОСТУШЕ

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

свесни оти најголем проблем се границите на Струга и на Кичево каде што е најголем револтот на граѓаните. Општина Центар Жупа е сместена помеѓу западните падини на планината Стогово, а од Дебар е одвоена со Дебарското Езеро и зафаќа површина од 111 квадратни километри. Најновата одлука на Владата оваа Општина да ја припои кон Општина Дебар за жителите на Општина Центар Жупа е неприфатливо. - "Тоа е само политичко решение - вели градоначалникот на Центар Жупа, Нузи Шахин. Ние претставуваме посебна географска целина. Со последниот Попис во Центар Жупа се регистрирани 6.300 жители. Застапени се најмногу Турци со 80 проценти, потоа Македонци со 13 проценти и Албанци со 7 проценти. Населението е рас-


OKO NA SONCETO

ЦЕНТАР ЖУПА

ПОЛИТИКА

СТРУГА

ОПШТИНИТЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА поредено во 17 селски населби. Економски имаме услови за самостојно развивање, постојат индустриски објекти како 'Фаморд Скопје', 'Херој Тоза Драгоевич', 'Кнауф', повеќе трговски здруженија и друго. Постојат адекватни услови за развој на сточарството и на земјоделието. Имаме развиена здравствена мрежа со централна здравствена станица која работи 24 часа и истурени амбуланти. Има две централни училишта и се изведува настава на македонски, турски и на албански јазик. Од овие причини - додава Нузи Шахин - Советот на Општината се одлучи за распишување референдум за опстојување на Општината во сегашните граници. На 04.01. 2004 година референдумот беше спроведен. На него излегоа 86,6 проценти од запишаните гласачи. За гласаа 98,8 проценти од излезените гласачи". Успешно реализираниот референдум е доказ дека ова население може са-

мостојно да се развива. Сами, коментира Шахин, подобро си ги знаеме проблемите и сите потреби поуспешно ќе ги решаваме. - "Горкото искуство, педесет години под Дебар не создаде минимум услови за живеење. За период од седум години колку што постои оваа Општина - додава Нузи Шахин направени се адекватни услови од областа на инфраструктурата за живеење. Направени се водоводи, асфалтирани патишта, канализација, електрифицирани се сите села со улично осветлување".

ВЕРБА Во Ростуше живеат над 10.000 луѓе, а со Пописот од 2002 година се регистрирани 9,451 жител. Дел од жителите на Ростуше привремено работат во странство. - "Нас не нè интересира критериумот на Владата за територијалното разграничување, вели градо-

началникот на Ростуше, Фуат Дурмиши. Во Ростуше постојат над 150 правни субјекти, 4 текстилни фабрики кои моментално се затворени, но има шанса да се рестартираат. Иако - додава Дурмиши - й припаѓаме на друга вероисповед, муслиманската, ние сме составен дел од македонскиот народ. Претставниците на власта знаат дека сме мирољубив народ и дека ги почитуваме законите во РМ, а сме ги почитувале и законите и во времето на поранешна Југославија. Желбата на моите сограѓани да опстоиме како Општина е реална. Ние убаво живееме со соседите од Маврово и немаме ништо против Маврови Анови да остане како самостојна општина, еколошка, туристичка". Во Ростуше постои Здравствен дом со пункт во Маврови Анови, веќе триесет години има истурена паралелка на Основното училиште "Панче Поповски", во сите помали села постојат училишта до четврто одделение, а вкупниот број на

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

учениците до осмолетка изнесува околу 2.000 ученици. - "Со референдумот сакавме да го слушнеме гласот на граѓаните. На одржаниот референдум од запишани 8.200 гласачи, 73 проценти излегоа на гласање, а од нив 97,2 се изјаснија позитивно", објаснува Дурмиши. Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед, Исмаил Бојда, коментира дека ќе се согласат и со варијантата Ростуше да се спои со Маврови Анови, но седиштето на Општината да биде во Ростуше, а подрачни единици на одделни министерства можат да бидат во Маврови Анов��, на пример, за екологија, туризам. - "Само така - вели Бојда - може да се подигне вербата во овој народ. Некој намерно го прави раздорот, не знаеме од кои причини, но власта нека размисли за резултатите од одржаниот референдум и нека даде конкретно објаснување издржано со аргументи со кои би до-


ВИТОЛИШТЕ

кажала зошто, доколку се спојат Маврови Анови и Ростуше, центарот да не биде во Ростуше". Во Општина Лабуништа живеат над 10.000 жители. Во рамките на оваа Општина влегуваат населените места Лабуништа, Подгорци, Боровец и Таш Маруништа. - "Во оваа Општина живее население од мешан етнички состав и тоа Албанци, Турци, Македонци, Македонци Муслимани и во помал број Египќани. Општина Лабуништа располага со над 300 приватни фирми, исто така има вработени и во државниот сектор, а преостанатите се печалбари кои работат во Европа и во Америка. На ниво на Македонија можеме да се пофалиме со најмал број невработени. На 04.01. 2004 година имавме референдум за опстанок на Општина Лабуништа кој беше многу успешен. Од 6.834 гласачи, излегоа на гласање 5.563 и сите беа за Општина Лабуништа. Ние не сакаме припојување кон

ниедна Општина, бидејќи си ги браниме нашите интереси", велат од Советот на Општина Лабуништа.

ПРОМЕНА Владиниот Предлог за територијална организација на локалната самоуправа предвидува кон Струга да се припојат општините Вевчани, Велешта, Делогожда, Лабуништа и Луково, коишто сега функционираат како посебни локални единици. Граѓаните на Општина Струга не сакаат претходно споменатите општини да се приклучат кон неа, бидејќи, како што објаснува градоначалникот на Струга, Ромео Деребан, со новата практика во Општина Струга се создава промена на етничката структура и се создава можност македонскиот народ, кој досега беше доминантен, преку ноќ да стане малцинско население. - "Сметаме дека Општина Струга не смее да се гледа изолирано од слу-

чувањата во РМ и дека од сè што се случува евидентен е заклучокот дека Македонија оди по патот на федерализација и двонационална држава. Стружани се единствени против дигањето бетонски ѕидови што ги делат граѓаните во РМ, но и се против поставување вештачки граници и понатамошни делби на РМ", потенцира Ромео Деребан. На осми јануари на плоштадот “Револуција” во Струга се одржа митинг под мотото "Да ја сочуваме Општина Струга во постојните граници" на кој граѓаните го изразија незадоволството од владиниот Предлог-закон за територијална организација на локалната самоуправа. Овој митинг беше најава за референдумот кој во Струга се одржа на единаесетти јануари. Според одзивот на гласачите и резултатите од референдумот во Струга, стружани се за неменување на сегашните општински граници. На референдумот излегоа над 55 проценти,

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

односно 17.088 од вкупно запишаните 31.500 граѓани со право на глас. За останување на Општината Струга во постојните граници гласале 99,81 отсто. Само 11 граѓани биле против. Албанското население во Општината апстинираше од гласањето, а беа забележани и притисоци да не се излегува на референдум. Поради инциденти, во Загоричани и Шум беа затворени гласачките места. Локалната самоуправа на Струга најави постапка до европските институции доколку не се уважат резултатите од општинскиот референдум во Струга. - "Доколку Владата ги игнорира резултатите од референдумот, покрај тоа што ќе се жалиме до Европскиот суд за човекови права, ќе покренеме и граѓанска иницијатива за собирање 150.000 потписи за организирање референдум на државно ниво", изјави струшкиот градоначалник, Ромео Деребан.


OKO NA SONCETO Македонците полека се иселуваат од западна Македонија, а Албанците тивко ја населуваат. Протераните Македонци и роднините на 12-те киднапирани Македонци како потсетник на минатото. Вистината за киднапираните сè уште е табу тема. И покрај желбите за мир и благосостојба, убавите празници си поминаа, а остана неубавата реалност и грозните спомени на минатото. Додека со точни податоци гласно полемизираме за жртви од војната во Ирак, за последици од земјотресот во Иран, ние сме "дудуци" за прецизните факти за несреќата што ни се случи во 2001 година. Не се знае точно колку македонски куќи беа запалени, колку луѓе беа малтретирани, силувани, обезвреднети, па и убиени. Не знаеме точно колку македонски семејства трајно се иселија од некогашните кризни региони.

ПОЛИТИКА

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВОЈНАТА И ПОНАТА Пишува Рената МАТЕСКА

Н

икој не знае колку имаме новонаселени албански семејства во средини во кои до вчера живееја само Македонци. Можеби очекуваме некој друг или трет да ги прави анализите, да ги сумира фактите и податоците, да го креира документарецот за немилите настани од 2001 година. Можеби не бевме подготвени или пак мислевме дека војна е можна таму некаде далеку на исток, но не и тука, во Македонија. Дали сето ова ни се случи ненадејно како лош сон, поточно како кошмар? Иако воениот конфликт што й се случи на Македонија е минато, кошмарот за некого сè уште трае.

НАВАЛА За жал, информациите дека Маврово во последно време стана мошне привлечно место за населување и на припадници на албанското малцинство се вистинити. - "Шпекулации има, но има и навала, сè поголема е побарувачката за купување викендички во целиот мавровски регион од страна на припадници на албанската популација"- ни изјави Андон Смилески, градоначалник на Маврови Анови. Според него претходно изнесените информации во медиумите биле малку преувеличени, но реалноста вели дека од вкупно 1.520 викендички во Маврово, 70 викендички се во сопственост на Албанци. Бројка која во споредба со минатото и не е за потценување. Во врска со населувањето во село Леу-

КУЌАТА СЕ ПРОДАВА НА "ДВА БРЕСТА" МАКЕДОНЦИТЕ ТИВКО СЕ ИСЕЛУВААТ

LUZNI KOI NE ZARASNUVA 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


МУ СЕ ВИДЛИВИ ново, вистината говори дека таму има 10 куќи на Албанци, староседелци, додека вкупно има 25 - 30 куќи на сопственици Албанци, што говори за случај на новонаселени. - "Одбранбен механизам - смета Смилески - за да се спречи или намали овој процес на новонаселени Албанци - нема. Преку ноќ со потпис и печат на нотар викендичка од Маврово може да добие нови сопственици - Албанци. Најчесто станува збор за модерни бизнисмени без морална одговорност. Тоа се синови на татковци кои во времето на комунизмот мошне лесно и евтино дошле до викендичка. Ние како општина не сме моќни, немаме ингеренции да го спре-

чиме овој процес. Преку нотар денес се завршуваат сите работи. Порано за да се гради во Маврово беше потребно барање до месната заедница, барање до црковниот одбор и сè беше поинаку регулирано. Денес ние немаме никаква моќ како Општина". Тоа е приказната за Маврово која само милоста на Бога (и моралната свест на Македонците) може да ја спасат од судбината на Попова Шапка.

МОЛК Роднините на 12-те киднапирани Македонци по судски пат ќе бараат од државата да им докаже што е со судбината на нивните

најблиски. Тие бараат адвокати, а не е е исклучено тие да го тужат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кого директно го товарат дека ја крие вистината. По две ипол години талкања по државните институции роднините на 12-те киднапирани семејства ќе покренат постапка во тетовскиот суд против државата со која ќе побараат докази дали нивните најблиски се живи или мртви. Освен до државата, тие најавија дека ќе поднесат и тужба против Али Ахмети како екскомандант на ОНА. Според нив, тој најдиректно е одговорен за тоа што им се случило на нивните најблиски за време на војната. За ваквата намера тие најверојатно ќе ангажираат двајца адвокати од Тетово, но не е исклучена можноста нивните права да ги бранат и познати скопски адвокати. Ахмети, како што тврдат роднините, ќе го тужат како најодговорен за воените дејствија за време

на воената криза во 2001та. - "Бевме упорни и најдовме документ каде Ахмети е потпишан како врховен командант на ОНА. Ахмети е одговорен за постапките на неговите команданти" - велат роднините на киднапираните. Според претставникот на роднините, Војо Гогоски, и државата знае кој раководел со воените дејствија пред речиси три години во Тетово и Тетовско од каде се киднапирани нивните најблиски. Доколку семејствата докажат дека станува збор за насилна смрт, тогаш се отвора можноста за надомест на нематеријална штета по основ на претрпена болка од загубата на најблиските. Сепак, не постои надомест според која ќе се залечат лузните на роднините. Тие се трајни. Тие најавуваат дека доколку не ги остварат своите права пред надлежните судови во Македонија, ќе започнат постапка пред су-

РОДНИНИТЕ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА И АЛИ АХМЕТИ УПОРНОСТ И ИСТРАЈНОСТ ВО РАСВЕТЛУВАЊЕТО НА ВИСТИНАТА - ВОЈО ГОГОВСКИ

AT I PROCES KOJ TRAE 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


OKO NA SONCETO

ПОЛИТИКА

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВОЈНАТА И ПОНАТАМУ СЕ ВИДЛИВИ кедонци и нивната судбина која повеќе од 2,5 години е мистерија. Тие се убиени, тие се живи и се некаде на Косово се само претпоставки, а ни трага од официјална гола вистина. Залудни се сумите како награда, залудно е формирањето на организации на роднините на киднапираните, залудни се средбите кај претседателот каде Али Ахмети молчи како риба. Можеби е риба во хороскоп, па молчењето му е својств��на особина или пак буквално ја сфатил поговорката "Молчењето е злато". А роднините на киднапираните Македонци и нивниот претставник Војо Гоговски се децидни: вистината ја знае само Ахмети.

МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ АЛБАНЦИТЕ "НАВАЛИЛЕ" СО КУПУВАЊЕ ВИКЕНДИЧКИ НА МАВРОВО

дот за човекови права во Стразбур. - "Не им веруваме на високи западни дипломати без име и презиме кои тајно даваат сериозни информации на медиуми" потенцира Гоговски во име-

ВИСТИНАТА ЈА ЗНАЕ АЛИ АХМЕТИ, НО МУДРО МОЛЧИ

то на роднините на 12-те киднапирани Македонци. Роднините од МВР бараат да ги изнесе информациите со кои располага и со тоа да ги запре сите шпекулации околу судбината на нивните нај-

блиски. Министерството за внатрешни работи, не одрекува ниту, пак, потврдува дали киднапираните и исчезнатите за време на воениот конфликт во 2001-та се мртви. Според портпаролката Мирјана Контевска, МВР презема мерки за дополнување на одредени сознанија, но за нивно презентирање пред јавноста ќе одлучат и роднините на киднапираните и исчезнатите. МВР ја посочува согласноста на роднините за ДНК анализа на крвта како еден од поважните елементи за целосно расветлување на случајот. Само малтретирање по собраниски и владини ходници, шпекулации, состаноци и ништо ново не им е обелоденето на роднните на 12-те киднапирани Ма-

Молчиме и понатаму додека во Западна Македонија, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга... ни се случува она реалното, тивко иселување на Македонците. Конкретно во Тетово во стариот дел на градот на "Два Бреста" многу куќи се на продажба, а досега се населени најмалку пет семејства на Албанци. Процесот е започнат, а тој трае и трае... Каде се тука Македонците, каде е тука моралната одговорност, поразена од сиромаштијата и бедата на индивидуалната свест? Каде се патриотите, Македонци ширум светот кои своите заработки би ги вложиле во спасот на Македонија? Со секоја купена куќа во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово... Македонците од дијаспората би биле патриоти и на дело. Само така би можела да се спаси Македонија.


GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ ВАСКО КРОНЕВСКИ, директор на НЕКСТСЕНС фирма специјализирана за Е - БИЗНИС решенија Некстсенс (www.nextsense.com) континуирано прави напори да ги информира и запознае македонските компании со последните достигнувања во информатичката технологија и придобивките од неа. Планираме да ја подигнеме свеста кај македонските компании за примена на информатички технологии, а со тоа да овозможиме и зголемена ефикасност во нивното работење.

Васко Кроневски е роден 1971 година. Своето образование го стекнал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Повеќе од седум години има искуство во фирми за Информатичка технологија, додека Некстсенс егзистира веќе три години. Околу 12 години неговата преокупација е Microsoft development tools, Visual Basic, Visual C++. Учествувал на повеќе конференции и семинари од областа на ИКТ. Денес фирмата Некстсенс е една од водечките македонски фирми специјализирана за развој на е-бизнис решенија.

ZBOGATENO I KVALI Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Господине Кроневски, Некстсенс заедно со СЕЕД и ГТЗ објави успешно преземање на македонскиот биз-

нис портал. За што поконкретно станува збор? КРОНЕВСКИ: Порталот www.seebiz.net.mk е бизнис портал кој нуди бизнис информации за по34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

требите на малите и средни претпријатија во Македонија. Преку овој портал се дистрибуираат информации за тоа како да се започне, води и развива бизнис. За таа цел ние објавуваме информации


TETNO INFORMIRAWE од областа на менаџментот, маркетингот, финансии, продажба, закони, анализи и други. Овој портал е основан од СЕЕД и ГТЗ пред околу една година. Бидејќи СЕЕД и ГТЗ сметаа дека порталот може

подобро да ги задоволи потребите на малите и средни претпријатија доколку е во сопственост и управуван од страна на приватна фирма, тие објавија јавен повик за пренос на сопственоста

и управувањето на www.seebiz.net.mk На повикот се пријави и Некстсенс (www.nextsense.com) со свој бизнис план. Нашиот бизнис план беше оценет како најдобар и врз основа на

35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

тоа сопственоста и управувањето беше пренесено на Некстсенс (NextSense). Министерството за економија за прв пат преку вашата фирма оствари партнерство


GOLEMOTO ^EKMEXE ИНТЕРВЈУ

ВАСКО КРОНЕВСКИ, директор на НЕКСТСЕНС, фирма специјализи

со приватниот сектор. Како дојде до партнерството? КРОНЕВСКИ: Вистина е дека ова е прво деловно партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, односно помеѓу Министерство за економија и Некстсенс во однос на SEEbiz.net.mk. Целта на ова партнерство е зголемување на квалитетот и квантитетот на бизнис информациите за мали и средни претпријатија во Македонија. Министерството ќе ни доставува информации кои им се потребни на малите и средни претпријатија, ние ќе ги објавуваме и преку наши активности ќе ги правиме подостапни на крајниот корисник. На овој начин Министерството ќе биде поблиску до граѓаните, а www.seebiz.net.mk ќе нуди поширок спектар на

КРОНЕВСКИ: Клучот за нашиот успех се всушност принципите врз кои се темели Некстсенс. Еден од најважните е односот кон нашите клиенти кои секогаш се во нашиот фокус и секогаш се трудиме да им понудиме решенија и услуги во согласност со нивните потреби и последните достигнувања на информатичката технологија на светско ниво. Со тоа им овозможуваме да бидат во чекор и технолошки да може да се носат со големите мултинационални компании. Вториот елемент се вработените. Тие се оние кои овозможуваат горенаведеното да функционира. Стожерот за континуирано задоволување на потребите на нашите клиенти лежи во нашиот професионален тим на креативни, високо стручни и мотивирани кадри кои ги следат последните светски

Нашата стратегија е поактивно да ги бараме бизнис потребите на претприемачите, бизнис консултантите и бизнис професионалците во малите и средни претпријатија (МСП).

информации. На крај би сакал да напоменам дека ниту Министерството ниту Некстсенс имаат финансиски обврски во поглед на ова партнерство. За вашата фирма се вели дека е една од водечките македонски фирми специјализирана за развој на е-бизнис решенија. Со што ги заслуживте овие епитети?

компании за примена на информатички технологии, а со тоа да овозможиме и зголемена ефикасност во нивното работење. Дали македонскиот бизнис портал ќе продолжи и во иднина да биде електронски медиум за ажурно и квалитетно информирање на малите и средни претпријатија? КРОНЕВСКИ: Дефинитивно. Порталот ни беше доделен нам токму поради тоа што понудивме одржлив бизнис план. Според тој бизнис план ние не само што ќе бидеме место на коешто можат да се најдат најсеопфатни бизнис информации, туку правиме напори и да бидеме место на коешто фирмите ќе можат да го комуницираат своето мислење и потреби. За да можеме ажурно и квалитетно да ги информи-

ку лични контакти, консултантски компании, семинари исто така и на странски портали. Некои компании и нарачуваа анализи за нивните потреби. Најбитно од сè е дека до сега многу тешко се доаѓаше до квалитетни информации. Која е вашата стратегија, позиција, целен пазар и кој е вашиот производ? КРОНЕВСКИ: Нашата стратегија е поактивно да ги бараме бизнис потребите на претприемачите, бизнис консултантите и бизнис професионалците во малите и средни претпријатија (МСП). Да одговориме на тие потреби со квалитетни, навремени, диференцирани бизнис информации и услуги што ги зајакнуваат перформансите на македонските МСП. Нашата намера е да бидеме препознатлив ли-

Клучот за нашиот успех се всушност принципите врз кои се темели Некстсенс. Еден од најважните е односот кон нашите клиенти кои секогаш се во нашиот фокус и секогаш се трудиме да им понудиме решенија и услуги во согласност со нивните потреби и последните достигнувања на информатичката технологија на светско ниво.

трендови во ИКТ индустријата. Некстсенс (www.nextsense.com) континуирано прави напори да ги информира и запознае македонските компании со последните достигнувања во информатичката технологија и придобивките од неа. Проектот www.seebiz.net.mk е само еден од нив. Во иднина планираме и други проекти со кои планираме да ја подигнеме свеста кај македонските

раме малите и средни претпријатија ние влегуваме во партнерства и лиценцираме соодветни содржини. Како досега фирмите доаѓаа до потребните бизнис-информации? Сметате ли дека фирмите беа лишени од можноста да добиваат бизнис информации? КРОНЕВСКИ: Според информациите коишто ние ги имаме, најчесто пре-

36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498/ 16.01.2004

дер во индустријата. Преку оваа стратегија ние се позиционираме како најсеопфатниот извор на бизнис информации за водење на бизнис во Македонија. Нашиот производ е бизнис информација што ние ја обезбедивме од нашите добавувачи на содржина, ја организиравме и презентиравме на нашиот ценет клиент. Информации кои ќе бидат презентирани се: како - да прилози, водачи, упатства, форми, доку-


рана за Е - БИЗНИС

менти, публикации, директориум на компании, бизнис можности, закони, анализи, настани, вести, прашања и одговори/колумнисти и други информации вредни за малите и средни претпријатија во Македонија. Кои се вашите партнери и добавувачи на содржината? ��РОНЕВСКИ: Во моментов имаме склучено партнерство со Министерство за економија, СЕЕД (Southeast Europe Enterprise Development), ГТЗ (Deutsche Gesellschaft für Technische Zusammenarbeit). Соработка имаме со СИППО (Swiss Import Promotion Programme) исто така за голем дел од како да приложи и бизнис алатки имаме добиено лиценца од IFC SME toolkit. Листата на партнери и понатаму ќе ја зголемуваме сè со цел да обезбедиме поголем број

кедонските компании оваа разлика е уште поголема. Според мене, ова е една од поголемите причини кои го кочат развојот на државата. Во светот веќе нема дилема дека успешен бизнис мора да се гради на современа информацискотехнолошка инфраструктура со имплементација на сите современи апликации и програми за ефикасно управување со компанијата. Примената на вакви технологии кај нашите компании сè уште е далеку. Сметам дека секоја компанија која сака долгорочно и успешно да функционира мора да ги користи сите придобивки на информатичката технологија (тука подразбирам и е-технологиите) со што континуирано ќе ја зголемува својата ефикасност, а оттука и својата конкурентска предност.

Она што сите го знаеме е дека Македонија е далеку со својот развој од земјите на ЕУ. Кога станува збор за примената на информатичка технологија во македонските компании оваа разлика е уште поголема. Според мене ова е една од поголемите причини кои го кочат развојот на државата.

на информации за малите и средни претпријатија во Македонија. Што ќе кажете за бизнис климата во Република Македонија и оттука какво е значењето на ИКТ? КРОНЕВСКИ: Она што сите го знаеме е дека Македонија е далеку со својот развој од земјите на ЕУ. Кога станува збор за примената на информатичка технологија во ма-


МУЗИКА МУЗИКА

M

ЧЕТВРТИОТ АЛБУМ НА КАЛИОПИ "НЕ МИ ГО ЗЕМАЈ ВРЕ

Овој пат албумот е наменет за поширок пазар, односно освен македонскиот, во игра влегува и српскиот. За таа цел на него има три бонус песни на српски јазик.

НОВО ЦД

Не се брзам никаде. Секогаш велам дека вистинските нешта доаѓаат сами, не мора да ги бркаш. Тоа е голема вистина. Инспирацијата за моите песни - вели Калиопи - можеби лежи некаде во воздухот. Сите тие инспиративни моменти, идеи, треба само да ги фатиш и да им овозможиш простор тие да стигнат до тебе. Пишува: Милева ЛАЗОВА

Н

овиот албум на Калиопи, кој беше промовиран на крајот од минатата година, е насловен според нејзиниот летен мегахит "Не ми го земај времето". Тринаесетте песни кои го сочинуваат костурот на ЦД-то како и секогаш кога станува збор за музиката на Калиопи исполнети се со

силни емоции, љубов во кои може да се препознае секој. На него се наоѓаат и две песни, едната е "Песна за нас" која е создадена во 1997/98 година и "Кога проклето ти требам" која само што излезе од "музичката кујна" на Калиопи кои наликуваат како да се напишани во еден момент, во еден здив. Калиопи на новото ЦД најде простор и за два дуети - со Есма кој се очекуваше и еден несекојдневен дует меѓу пејач и актер, односно дует со Васил Зафирчев.

- "Севкупно новото ЦД има 13 песни од кои веќе три се моментално хитови 'Не ми го земај времето' и преработката на веќе чуената евровизиска нумера која ја исполни Ѓорѓи Крстевски. Има десет македонски песни, сепак ова е - вели Калиопи - македонски албум, но во меѓувреме се родија уште три на српски јазик. Зошто? Па си реков дека можеме да се посветиме на она што порано го работев во една 20 милионска држава, во поранешна Југославија. На последното доаѓање на Тереза Кесовија која имаше солистички концерт во Скопје, имавме средба и ме покани да гостувам во Дубровник на еден од најголемите хрватски фестивали, којшто не е од натпреварувачки, туку од ревијален карактер. На Фестивалот сè се изведува во живо, пејачите ги придружува еден голем оркестар. Таму ќе настапам со една песна којашто се вика 'Смех', која се наоѓа на албумот и е снимена на српски јазик, но стравотно е што во самата музика и во самиот аранжман се чувствува Македонија, се чувствува дека сум Македонка. Главна цел во идната моја кариера е да пеам на својот јазик без разлика каде и да одам. Дотогаш човек мора да направи мали компромиси. На пример, ако се претставувам пред фран-

40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

цуска публика зошто да не испеам една нивна шансона, или пак ако сум некаде во Италија зошто да не испеам италијанска канцона, или пак во португалска средина да испеам нешто нивно. Секој народ би бил среќен кога ќе слушне дека го почитуваш туѓото, а притоа го воздигнуваш своето. Но, сепак без разлика на кој јазик би проговорила, сепак Македонија е длабоко во мене". Калиопи го наслови ЦД-то "Не ми го земај времето" затоа што смета дека е еден наслов многу карактеристичен за она секојдневието што нам ни се случува во сè. Како што вели таа секој некому му го зема времето, а во суштина не сфаќаме дека самите на себе си го земаме времето. - "И на крај кога подобро размислив - додава Калиопи - дека тоа време е измислена работа и всушност никој не може да ти го земе времето. Тоа е една симпатична песна во која сите се најдоа и едноставно стана химна на добро расположение. Што се однесува на тоа дали ќе го промовирам албумот надвор од Македонија, само ќе кажам дека не се брзам никаде. Секогаш велам дека вистинските нешта доаѓаат сами, не мора да ги бркаш. Тоа е голема вистина. Сè уште немам склучено никаков договор со ниту една странска продуцентска куќа. Постоеја преговори со 'БК саунд' кои сè уште не се завршени затоа што се чека одговор од мене, но едноставно има работи за кои сметам дека имам попрофесионален став од тоа што таму наидов". Тргнувајќи од помислата дека сепак Србија е една земја со


МЕТО"

A E ZA MNOGU GENERACII високо развиена музичка индустрија, Калиопи сфаќа дека е многу поподготвена од она што таа го очекувала од нив. - "Сè уште не сум разговарала со 'Сити рекордс', иако знам дека имаат интерес Калиопи да биде дел од нивната продукција, ама некако не ми се брза за ништо. Повторно велам вистинските нешта треба да дојдат, значи тие да ме побараат затоа што јас објаснува Калиопи - не сум анонимус и не сум некој којшто треба допрва да се докажува. Тие знаат која е Калиопи".

ИНСПИРАЦИЈА Текстовите и музиката комплетно се напишани од кој друг ако не од самата Калиопи, додека како аранжер се јавува веќе проверениот Дарко Димитров. - "Инспирацијата за моите песни - вели Калиопи можеби лежи некаде во воздухот. Сите тие инспиративни моменти, идеи, треба само треба да ги фатиш и да им овозможиш простор тие да стигнат до тебе. Правам и музика којашто досега не била мој дел. Ете направив песна за Зуица Лазова, која носи типично македонски етно елементи, а веќе сум автор и на музика за театарска претстава. Повторно еден поинаков момент и за сите тие моменти постои инспирација. Често се прашувам, а што ако секне тој мој извор на инспирација, што би работела. Благодарам на Господа што и тука има еден сегмент кој што ме научи да можам секаде да се снајдам и да не е музиката јас веројатно ако би била чистач на

улици мојата улица ќе биде најчиста". Есма и Васил Зафирчев се дел од албумот на Калиопи. Не постои сомневање дека дуетот со Есма е полн погодок, додека дуетот со Зафирчев е нешто ново, несекојдневно. - "Да не згрешам, но дуетот со Васил Зафирчев е прв дует меѓу пејач и глумец. Таа песна постои веќе две-три години и чекаше на своите 'жртви'. Знаев дека песната е за дует, но не сакав да ја отпеам колку да се сними, туку сакав да го одберам вистинскиот човек. Таа е една длабока музичка тема со многу инспиративен текст со длабока порака. Знаев дека Васил многу убаво пее, но друго е кога некој одблиску ќе го доживееш и навистина сфатиш што во себе носи. Откако испеавме една стара песна 'Кажи Анѓо' во два гласа, уочив колку нашите гласови се контактибилни. Така 'Пурпурни дождови' стана дует. Песната 'Бел ден' која ја пејам во дует со Есма настана на крајот на февруари и беше наменета за 'Евровизија'. Но, со 'Евровизија' се случи она што се случи. Познато е дека Тоше е тој кој ќе нè претставува на големиот музички настан, така што решив песната да ја снимиме и да биде дел од новото ЦД". Од овој албум веќе се реализирани три спота - "Тоа сум јас", "Не ми го земај времето" и "За кого постојам" за којашто Васил Зафирчев го напиша сценариото, негова е идејата, додека "Томато продукција" го реализира. Се подготвува нов спот за "Пурпурни дождови" повторно идеја и сценарио се на Зафирчев, а планирани се спотови за "Бел

ден" и за "Кога проклето ти требам". Кога станува збор за театарската музика Калиопи почнува да ја пишува минатата година кога почувствувала дека има многу музика која не може да ја собере на едно ЦД. - "Се решив да работам музика за еден мјузикл, за една музичка бајка во којашто ликовите се како во басните, замислени како полуживотински, полу-

41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004

човечки. И едноставно прво почнав да ја работам музиката. Некаде летото ми се јавија Валентин Светозаревски и Ѕвездана Ангеловска и ми предложија да напишам музика за текст на тема "Ана Франк". Текстот ми беше интересен и во тој момент сфатив дека музиката којашто јас ја работев за некој си мјузикл многу се совпаѓа со темата којашто ја обработува Ѕвездана".


МУЗИКА

ЧЕТВРТИОТ АЛБУМ НА КАЛИОПИ "НЕ МИ ГО ЗЕМАЈ ВРЕМЕТО" Денес инте��зиво се работи на претставата и некаде кон крајот на јануари ќе ја има својата премиера.

ФИЛМ За време на новогодишните празници беше промовиран и документарниот филм за Калиопи "Тоа сум јас". Навистина 25 години музичка кариера не се малку, период кога Калиопи има многу сработено и претставува еден голем опус на еден млад уметник. - "Сепак сè уште сум млада, далеку сум од оние луѓе што нешто постигнале во своите зрели години. Сметав дека имам доволно материјал - додава Калиопи - којшто би требало многу генерации да го погледнат. Таа идеја се роди минатата

година по мојот јубилеј којшто беше одбележан со грандиозен концерт. Документарниот филм прво го направив заради себе затоа што сфатив дека можеби јас сум таа којашто треба да погледне наназад и да сфати што сè сум направила. На режисерот Саша Трајков навистина му беше тешко 25 години да ги стави во само 50 минути, но тој тоа успешно го направи и лично многу сум задоволна, особено од концептот. Тој му даде душа, што значи не му даде само документаристички пристап, туку имаше и доста емотивен набој. "Калиопи мјузик продакшн" постои скромно, си го работи она што си го има зацртано. Продукцијата ја имаше таа среќа во неа да влезат чесни луѓе. Сепак, мислам дека во три години постоење на Калиопи продукција издадени се четири музички

изданија што не е мала работа. Како и секој познат и вреден уметник и Калиопи веќе го има направено планот каде сè ќе гостува оваа година. Таа веќе ги спомна гостувањето во Дубровник, настапот во театарската претстава како автор на музика. Познато е дека во почетокот на септември Калиопи ќе почне со една мини турнеја низ Македонија и исто така познат е и нејзиниот настап на Виенскиот бал кога ќе настапи и во класичниот и во оној блок каде што испее нешто свое. Калиопи веќе два три пати е прогласена за пејачка на годината. Навистина за неа тоа е убаво признание, меѓутоа сосем поинаку гледа на сето тоа. "Искрена да бидам навистина веќе сите изгубија критериум за она што е, каде и колку е. Веќе и самата не знам - вели Калиопи - зошто не почнат полека да ме тргаат од некои категории. Ставив доволен печат на она што се вика моја музика, на она што се вика моја

уметност која се разликува од сè преостанато и по квалитет и по поставувањето на стандардите на она што се вика проект во одредена музичка сфера. Но, јас не можам некого да го спречам, ако реши да ме предложи за одредена награда, но дали личи Калиопи да биде во група со некои нови млади пејачи коишто доаѓаат. Не е убаво ниту за мене ниту за нив. Мојата музика е за многу генерации, не пеам некој моментален актуелен бренд. Калиопи е синоним за нешто свое и затоа не треба сè да оди во ист кош. Сега се грижам за нешто друго. Се грижам за тоа како мојте настапи во иднина да бидат со повеќе перформанси, значи со еден малку поинаков израз на она што веќе подолго време си тлее во мене и сега конечно доаѓа онаа зрелост каде што можам јас така да настапам. Со една друга приказна, со еден друг дел од мојата животна приказна сега ќе одиме малку на поуметничка, алтернативна, авангардна нијанса во мојата музика затоа што имам потреба од такво нешто, а со самото тоа ќе направиме и пат до Европа".


HRISTIJANSKI IZVOR

ZA “LICE” NABELE (Prodol`enie od str.7)

... Да, без надеж смислата на живеењето станува невозможна. Сега прашањето е дали ќе опстоите во верата и љубовта кон Бога за која тврдите дека ви е најважна? Подложете се на искушение. Излезете од греовната бразда Јованова кога веќе го напуштивте крвотокот на МПЦ и изгубете се. "Абдицирајте" како владиката од народната песна. Убедете се (убедете нè) дека "лицето" ви е верата, а "ноктите" - љубовта кон Бога. И исчезнете. Станете пустиножители, испосници, монаси исихасти. Па таму во некоја пештерна црква проверете дали Господ ќе ви се јави и ќе ви додели месијанска улога за спас на црквата и народот македонски. Фатете џенем ако треба, само не ни правете проблеми или покајте се. Побарајте прошка. Подобро тоа, отколку вие да бидете реализатори на евангелското кажување: "Ќе дојде време кога татко на син и брат на брат ќе ја крене својата рака. Ќе дојде време кога ќе нè убиваат и ќе мислат дека со тоа на Бога му принесуваат слава". Дека православните, помесни цркви не му служат само на Бога, одамна знаеме. Дека православието заради гетоизираниот етно-филетизам на т.н. големи цркви дегенерира во последниов милениум до крајни граници. И наместо вие да бидете храброста, решителноста, па и дрскоста во православната долговековна игра без граници, во која мораме да го победиме "Голијата" или ќе нè нема, вие доброволно решивте да бидете неговото "око". Апсурдноста и неразумноста на вашата постапка, меѓу другото казнива и според духовните (административни) закони на МПЦ, но и според законите на државата, е поткрепена и со вашите досега јавно искажувани ставови за расколничките постапки на СПЦ и нивниот егзарх Јован. Покрај другото, но најмногу заради ова, ви отстапивме простор во досегашните броеви на нашиот неделник, во време кога ни е повеќе од потребна сплотеност и единство. Токму затоа сакаме и вас, но особено читателите да ги потсетиме на вашите јавно изречени ставови. Еве што до вчера мислевте за одметнатиот Јован. Кому вие подмолно, тајно и нечесно за кусо време му се приклучивте (Максим во свое и во името на Давид, 2002 година): "Епископот-скандал, митрополитот Јован (Вранишковски) кој смета дека (како Христос) секогаш може да направи точна процена и така со право да "направи бич од врвци и да ги истера од храмот сите" (Јован 2,15) што не мислат

ВЕЛЕЛЕПНИОТ МАНАСТИР “ТРЕСКАВЕЦ” СО ДОЛГА ВКОРЕНЕТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА

како него, деновиве уште еднаш ја потресе православната јавност во земјава. Имено, тој е сега егзарх (на пеќскиот архиепископ и српски патријарх, за Македонија)... ...Во овој гест не може да се види ништо друго, освен најфлагрантна пројава на суета, инает, гордост (која не потклекнува пред ниту еден авторитет, докажана вредност...). Фронтот што го отвори неговата (внатрешно) конфликтна личност, митрополитот Јован е решен да го издржи (истера) до крај. Само за да победи, да испадне дека бил во право, без разлика на сè. И меѓу световните политичари не сум видел некој со такво отсуство на такт... ...Се прашува ли митрополитот Јован (овде ги имам предвид сите што ја поддржуваат неговата фиксација) дали има барем нешто конструктивно во неговиот план за спас на МПЦ?... Кој е тој православен народ или барем човек во Македонија што отсега натаму ќе прифати што и да е ако произлегува од релацијата Јован - СПЦ?... ...Се прашувам како митрополитот Јован, соочен со стварноста дека во МПЦ со него се одвај дваесетина луѓе, не размислува(ше) малку попрагматично; дека својот страв "младоста да не му помине во раскол" може да го надмине и со едноставно преминување (заедно со евентуалните негови истомисленици) во редовите на СПЦ, на пример? Со

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


NO I “NOKTI” K’NOSANI чувме информацијата. Дали тој ќе се обиде да нè излаже дека негувал илузии, дека по неговиот пример ќе тргнат и другите епархии на МПЦ?... Крајот на авантурата на митрополитот Јован е повеќе од извесен, а тој доволно е интелигентен и сметам дека можел да го предвиди... Очигледно, тој својата бесмислена одлука ја донел во особено еуфорично расположение, предизвикано од себедоживувањето како месија на МПЦ - или тој или никој!... ...Со благослов на отецот Давид и отецот Софрониј (манастир Трескавец) ја демантирам информацијата дека тие се кандидати за архијереи во епархијата на митрополитот Јован, која ја објавија некои медиуми. Споменатите отци, одлучно се против ваквиот начин за "причислување" на МПЦ, кон соборот на православните цркви... Во овој контекст, ќе ја регистрирам и појавата на манипулирање со монаштвото во МПЦ; која мора да се надмине, преку свеста дека на МПЦ (како и на секоја црква) й се потребни и монаси, покрај епископите. Монаштвото е елитната војска на црквата, без чиј ангажман, не можеме да добиеме ниту една битка".

оваа забелешка, ни малку не се обидувам да бидам духовит... ...Крајно несериозно е тврдењето на митрополитот Јован дека во спомнатото единство влегува со епархијата Велешкоповардарска, зашто освен него, неколку свештеници и одвај неколку верници, никој од Епархијата не стои зад неговата одлука. Сите други се радикално против... ...Крајно недоследен е митрополитот Јован и во обвинувањата (предоцна) упатени на адресата на кумановско-полошкиот Митрополит Кирил. Канонската и морална неподобност на Митрополитот Кирил, своја причина имаат во настани што се случиле далеку пред хиротонијата за архијереј на митрополитот Јован кој во овој чин е ракоположен токму од Митрополитот Кирил (и други архијереи на МПЦ), со кого митрополитот Јован многупати сослужувал пред контроверзната одлука. Како одеднаш на митрополитот Јован почна неиздржливо да му пречи нешто со кое тој живеел (неколкуте) години по својата хиротонија?!... ...На крај, само ќе прашам, која е поентата на сè ова што го направи митрополитот Јован? Што добива со тоа нашата црква за чиј просперитет Јован нагласено се бореше? На неговата постапка никако не може да се гледа како на градење на црквата во Република Македонија и овој впечаток јасно се наметна уште во првиот миг кога ја

Ете така пишувавте и затоа изневеривте и растаживте до болка многу луѓе, господа монаси. Што да ви кажеме на крајот кога останавте без нашиот благослов, без благословот на МПЦ и на Архиепископот и најважниот - благословот од народот? Дали да бараме симболика со вашата бројка од 12 души во 12-те некрстени денови од месецов, па да веруваме дека ве обзеле злите духови? Не, вие не ги сакате адетите и обичаите. Вие го милувате изворното христијанство. Затоа нема да се изненадиме ако себеси се замислувате како 12 "апостоли". Проблемот е што сè уште не знаете (или не сакате да знаете) кој ви е и каков ви е "месијата". Сепак, ќе ја почитувам изворната народна македонска песна. Ќе запалам кандило за вас за секој по едно. Барем тоа нека свети во спомен за вас, додека српските и грчките недобронамерници ќе ликуваат и ќе ви се "радуваат". Верувам дека веќе и ви ги подготвуваат безвредните подароци од "лица" и "нокти" заради кои се одродивте од народот, МПЦ и Македонија. Господ ни е сведок дека не сакаме да ви судиме, туку да останеме доследни на безрезервниот став, но и на ветувањето дека "страниците на нашиот неделник ќе бидат отворени за сите оние (независно од нивната национална, политичка, партиска, верска, професионална и др. припадност) што знаеле, знаат и ќе знаат што треба да се стори за доброто, просперитетот и светлата иднина на Македонија. Ќе ги 'гали' творците, но ќе ги 'изгори' растурачите кои и да се, од каде и да се". Затоа не ние, туку нека ви суди Сонцето на Правдата и Сонцето на Вистината.

53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


HRISTIJANSKI IZVOR одметниците кои до вчера се колнеа во Светиот Крст на древната и света Светиклиментова црква - Македонската православна црква. Му порачуваме на Светиот архијерејски синод на МПЦ што побрзо да ги проветри своите редови, бидејќи српско-грчките шпиони кои ја продадоа својата душа на ѓаволот, нема да мируваат. Тие, веруваме, ќе продолжат со своето националшовинистичко дејствување чија крајна цел е да го уништат македонскиот народ и Македонската православна црква. Затоа, Македонска алијанса се обраќа до Поглаварот на МПЦ, неговото Блаженство г.г. Стефан, и до целиот состав на Синодот, итно да преземат ригорозни мерки против одметниците и сите елементи што одат во прилог на тезата на расчинетиот владика Јован кој се стави во улога на хегемонизмот на Српската православна црква и нејзините асимилаторски претензии.

ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

РИГОРОЗНИ МЕРКИ ПРОТИВ ОДРОДНИЦИТЕ

М

акедонската православна црква уште еднаш, по којзнае кој пат, е нападната од одродниците на македонскиот народ кои поради кариера најдоа потпора во предавникот Зоран Вранишковски. Најостро го осудуваме овој чин на

СОБОРНИОТ ХРАМ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” - СКОПЈЕ

СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД НА МПЦ

ОДМЕТНАТИТЕ ПОДЛЕГНАА НА ПРОПАГАНДАTA НА СПЦ

М

онасите кои се одметнаа од Македонската православна црква и му се приклучија на Зоран Вранишковски, водени од идејата за славољубие и гордост, во лицето на Српската православна црква забележаа дека лесно и брзо, дури и противканонски се дава епископство на македонски предавници", реагираат 54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


членовите на Синодот на МПЦ кои потенцираат дека Српската православна црква продолжува да биде слу жителка на национал-шовинизмот и на големосрпската идеја. - "СПЦ постапува неканонски и нецрковно и со еден духовен вандализам. На нејзината измама и пропаганда поверуваа игумените Давид и Максим кои се одметнаа и се здружија со предавниците. Водени од славољубие и гордост, гледајќи како СПЦ противканонски дава епископство на македонски предавници, тие брзаат да стигнат до епископска круна. Затоа ги напуштија својата Црква и својот народ. Тие се без богословско високо образование и без значајно монашко искуство" - тврди македонскиот црковен врв. Постапката на одметнатите монаси, според највисокото црковно тело, претставува невидено прекршување на монашкиот завет и канонски ред и затоа надлежните епархиски архијереи ги разрешија и им забранија пристап и свештенодејство во црквите и манастирите на МПЦ. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, изјави дека надлежните архијереи од Скопската и Преспанскопелагониската епархија не можеле ништо да сторат, и покрај тоа што знаеле дека монасите планираат да ги напуштат редовите на нашата Црква. Тој вели дека секој човек има право да го менува мислењето, па така и монасите, кои по примерот на Вранишковски, сакаат да станат владици час поскоро. - "Навредите кои Давид ги кажува за владиците на МПЦ зборуваат за неговото духовно ниво. Ние можеби сме грешеле во брзопотезното регрутирање на монасите, меѓутоа никогаш стопроцентно не можете да процените некого. Секој човек е живо суштество, менливо и расипливо. МПЦ до вчера им чинеше, а откако видоа дека СПЦ направи епископ и од 23-годишен бруцош, веќе не сме им биле добра црква. Ова го чувствуваме како сериозно паѓање. Жалиме за луѓето, но можеби е подобро навреме да си го изберат својот пат, отколку да прават раздор во нашата црква" – истакна владиката Тимотеј.

ИГУМЕН МЕТОДИЈ ЗЛАТАНОВ

ВЕРЕН ЧЛЕН И СВЕШТЕНОМОНАХ НА МПЦ

В

о весникот "Дневник" (понеделник, 12 јануари 2004, година VIII, број 2350) во контекст на вознемирувачките настани поврзани со решението на одреден број монаси и монахињи да се одметнат од Македонската Православна Црква, авторите Б.Ѓ. и М.П. го завршуваат својот текст "Триесет монаси отидоа во

ИКОНОСТАСОТ НА ЦРКВАТА “СВ. СПАС” - СКОПЈЕ

СПЦ" со следниве зборови: "Се навестува дека ним ќе им се придружи и отецот Методиј Златанов, старешина на црквата 'Свети Спас' и професор во средното Богословско училиште". Ваквата малициозна и крајно непромислена шпекулација не можам да ја премолчам или игнорирам. Премногу е смело и бесчувствително некој да се нарече потенцијален предавник на својата Црква и на својот народ. Тоа ме навредува како верен член и свештеномонах на МПЦ. Тоа исто така е навреда за образовната институција, Македонската Православна Богословија, во која работам. Конечно, тоа е навреда и за моите парохијани и духовни чеда со кои не го одобруваме ниту оправдуваме разбивањето на светото единство на нашата Црква. Заради тоа, и заради достоинството на монаштвото и свештенството на МПЦ, инсистирам гореспоменатите автори, јавно, на страниците на матичниот весник, најучтиво да се извинат. Јас го молам Бога да им прости и да ги научи, со нивниот ангажман како новинари и граѓани, да го чуваат достоинството и интегритетот на нашата Црква. Македонската православна црква преживеала и многу пострашни историски бранувања и агонии од овие и како резултат секогаш ја сочувала чистотата на верата и единството. Верувам дека тоа ќе се случи и сега.

55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


HRISTIJANSKI IZVOR ПАРТИИТЕ ЗА РАСКОЛОТ ВО МПЦ

СРПСКАТА ЦРКВА ЖИВЕЕ ВО СРЕДЕН ВЕК

Н

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОТИВ НАМЕРИТЕ НА СПЦ СО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ НА РМ

В

ладата ќе ги искористи сите уставни и законски овластувања да ја заштити Македонската православна црква (МПЦ) од провокативните упади на СПЦ", изјави премиерот Бранко Црвенковски по повод последните немили случувања во Македонската православна црква. "Не треба овој спор меѓу МПЦ и СПЦ да се трансформира во спор или проблематизирање меѓу државите", додаде македонскиот премиер. "Она што планираме да го превземеме не е мешање во внатрешните работи на црквата, туку одговор на сè она што е мешање во внатрешните работи на Македонија кое доаѓа однадвор. Сосема е јасно која е интенцијата и кои се скриените намери на СПЦ. Ова е момент во којшто треба да дадеме соодветен одговор. Оваа заложба не е само декларативна, туку реална и суштинска, што значи дека ние максимално ќе ги искористиме сите можности што ги дава Уставот на Република Македонија и законската регулатива оваа поддршка да биде реална", дециден е Црвенковски.

иту партиите во Република Македонија, и покрај јасната декларираност за одвоеноста на Црквата од државата и од политиката, не останаа на страна од најновите расколнички збиднувања во редовите на Македонската православна црква. ВМРО-ДПМНЕ, по најавата дека четири манастири се присоединети кон СПЦ, односно кон расколникот Вранишковски, побара од Владата да се изготви целосно нов закон за Македонската православна црква, со што државата ќе се стави во заштита на МПЦ и со тоа ќе се стави крај на секој обид да се загрози автокефалноста на нашата Света Црква. Оваа партија инсистира власта да даде мислење за Декларацијата за поддршка на Светиот синод на МПЦ која ВМРОДПМНЕ ја поднесе до Собранието на Република Македонија. Најголемата опозициска партија истовремено бара претседателот на Собранието под итно да ја стави на дневен ред Декларацијата за поддршка на МПЦ, а пратениците, без разлика на нивната партиска и верска припадност, да ја поддржат, со образложение дека во спротивно работите ќе се влошат. Претставниците од коалицијата "Третиот пат" го повикаа македонскиот народ да се сплоти и обедини, со што ќе покаже дека никој не може да го менува името на Македонската ��рква и држава. - "Коалицијата 'Третиот пат' дава целосна и безрезервна поддршка на Македонската православна црква, а во тие рамки и на Светиот синод во напорите да обезбеди единство во МПЦ. Сите оние кои се обидуваат да предизвикаат раскол и неединство во МПЦ треба да бидат отстранети од нејзините редови", рече Павле Трајанов. Коалицијата смета дека негаторската и расколничка политика на Српската православна црква е насочена против македонскиот народ и држава и не е во интерес на српскиот народ, бидејќи може негативно да се одрази врз односите меѓу Македонија и Србија. - "Начинот и индиферентноста на Владата во односот со оспорувањето на МПЦ, го третираме како ново Танушевци и ако Владата, заедно со целиот македонски народ и сите политички партии, не реагира најенергично, ќе биде доцна и ќе се случи уште една катастрофа во Република Македонија", рече Зоран Витанов. За старешините и монасите од четирите манастири што й откажаа послушност на МПЦ и се припоија кон таканаречената Охридска архиепископија, СДСМ допрва ќе го гради ставот. Според нив тоа е работа на Црквата. Единствено во лично име се изјасни пратеникот Тито Петковски. - "СПЦ сè уште живее во среден век. Би сакал да верувам дека тоа не е во функција и на некоја друга црква и држава", изјави Петковски.

56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 498 / 16.01.2004


498