Page 41

МАКЕДПНСКА РИЗНИЦА

КНИГА ДВАЕСЕТ И СЕДМА Херодот не го испиша твоето постоење Хагиографиите малкумина ги знаат Ханибали утрешнина создаваат од која ни Хектор ни Химен не ќе можат да те спасат! Хистерично посакуваш некој важен да бидеш ко Хелдерлин, Хадријан ил’ Хорациј Историјата името да ти го памети Хималаите се помали од чемерот со векови насобран Хелените гробот твој го ископале уште пред да се родиш Хералдички закони нема Химери го глодаат секој обид за опстанок Хуни те демнат од сите страни Ни Хемингвеј не би можел да го состави она што е распарчено!

Марта Маркоска ОД КНИГАТА „СТРМОГЛАВО КОН ВИСОЧИНИТЕ“

41

Македонска Ризница 6  
Македонска Ризница 6  

Македонска Ризница, бр. 6, 1 јануари 2013 година