Page 19

МАКЕДПНСКА РИЗНИЦА

АЛАНКА ГЕРЛОВИЧ Е РОДЕНА ВО ЉУБЉАНА ВО 1919 ГОДИНА, СВОЕТО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ГО СТЕКНУВА ВО „АКАДЕМИЈА ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ“ ВО ЗАГРЕБ, КАЈ ПОЗНАТИТЕ ПРОФЕСОРИ КРСТО ХЕГЕДУШИЌ – ЦРТАЊЕ И ВЛАДИМИР БЕЦИЌ – СЛИКАЊЕ. ПО ДИПЛОМИРАЊЕТО ТАА СЕ ВРАЌА ВО ЉУБЉАНА, НО НАБРЗО ПО АПСЕЊЕТО НА НЕЈЗИНИОТ ТАТКО, ВО ПОЧЕТОКОТ НА 1944 ГОДИНА, ЗАМИНУВА ВО ПАРТИЗАНИ, КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА ВО ГРАФИЧКО СТУДИО. ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО ЉУБЉАНА КАКО ЛИКОВЕН ПЕДАГОГ. ЕДЕН ОД НЕЈЗИНИТЕ НАЈПЛОДНИ ПЕРИОДИ Е ВРЕМЕТО КОГА ОДМОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПОМЕЃУ 1953 - 1957 ГОДИНА И ПОСЕТИТЕ НА БИТОЛА, ПРИЛЕП, СКОПЈЕ, ОХРИД И БРОЈНИТЕ НАШИ СЕЛА, ГИ КОРИСТИ ЗА БРОЈНИ НЕЈЗИНИ ДЕЛА. ОВОЈ „МАКЕДОНСКИ ЦИКЛУС“, ОПФАЌА ПРЕКУ 600 ДЕЛА ВО ОПУСОТ НА СЛИКАРКАТА, И ПРЕТСТАВУВА ПОСЕБНО ПОГЛАВЈЕ ОД НЕЈЗИНАТА КОЛЕКЦИЈА. ВО 2003 ГОДИНА ГЕРЛОВИЧ ДЕЛ ОД КОЛЕКЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИТЕ ЦРТЕЖИ„ ГИ ПОДАРУВА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ЕТНОГРАФСКИ МУЗЕЈ.

19

Македонска Ризница 6  
Македонска Ризница 6  

Македонска Ризница, бр. 6, 1 јануари 2013 година