Македонска Ризница 4

Page 6

брадавести и јазичести дршки на најистакнататиот дел на мевот. Некои зделки имаат рачки со валчест и триаголест пресек кои почнуваат под венецот на устата а завршуваат на рамото. Кај кратките но широки тракасти дршки го надвишуваат венецот на устата и завршуваат на рамото. Фрагмент од помала здела има на венецот на усната хоризонтална јазичеста дршка со дворогест завршеток, а друг од поголема е украсен со мевот со хоризонтално пластично ребро со правоаголен облик. Најблиски аналоги имаме во наоѓалиштето од населбите на брњичката културна група во Врањско Бујановачката и Прешевската котлина. Вакви украси на мевовите со правоаголен облик, вертикални и хоризонтални, се јавуваат и на други локалитети во република Србија, но и во Кастанас, во слојот 15-16. Дел од зделите имаат незначително левкаст врат и благо биконичен реципинт. Застапени се поголеми и помали здели со вовлечен венец на устата. Еден фрагмент е со вертикални кенелури кои личат на широки зарези. Неколку фрагменти покажуваат траги од инкрустрација што укажува на влијанија од север по долините на велика и јужна Морава. Еден дел од помалите садови се со пофина фактура и темносива боја, се украсени со врежување на долги и висечки триаголници исполнети со шрафирање во комбинација со втиснати кружни или триаголни вдлабнатини. Ваква врежана декорација има и еден фрагмент од поголем сад со валчеста лесно извиена дршка. Ситни убоди се јавуваат во една или две низи. Ваква декорација е вообичаена за керамиката од доцно бронзено време. Има

малку фрагменти од питоси. Сите се со груба фактура, а неколкуте валчести рачки им припаѓале на овие садови. Пиктосите, лонците, ложиштата и урните имаат погруба фактура и кафеава боја, зделите, шолјите, пехарите и помал дел од лонците и урните се со средногруба и поквалитетна фактура со окер кафеава или сива боја. Според одликите на керамичките наоди се работи за монохрома керамика карактеристична за населбинското живеење од крајот на доцното бронзено време и преодниот перод на широкиот централно балкански, јужнотракиски и македонски простор и форми. Освен керамички фрагменти најдени се количина животински коски, пирамидални тегови, фрагменти од два острачи од филитичен шкрилец со издолжен облик и дупки во горниот дел и капак за келт. Некои од пронајдените пирамидални тегови имаат нагорени страни, тоа укажува на нивната улога покрај огништето. Оружје Во овој период е забележано леење на двоен калап од камен за леење бронзени предмети, секира-келт и приврзок. Секирата келт претставува единствен приврзок со култен карактер и мошне специфична форма на приврзок амулет. Брусевите се чести наоди од бронзено и железно време. Најинтересен е калапот за келт без ушка со паралелни бочни страни, чија спротивна страна служела како калап за лиење на бронзен висулец. Келтовите во поголем број се јавуваат во доцно бронзено време но не е прецизирано датирање, бидејќи


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.