__MAIN_TEXT__

Page 43

од таа Организација дека со сопствени или, преку масовно оружено востание ќе се избори за своето економско и национално ослободување. Не е виновен народот дека во раководството на ВМРО преовладаа врховистички елементи. Затоа Илинденското востание не е врховистичко туку е народно дело и се водеше под знамето на централизмот. Централистите, иако беа противници на едно избрзано и неподготвено востание, иако Солунското решение на 20-мина го прогласија за безумие, кое ќе има страшни последици за народот поради неговото сигурно пропаѓање, штом народот се крена, тие заедно со него храбро се фрлија во првите редови на започнатата борба како вистински народни револуционери. Илинденското востание пропадна, жртвите и опустошувањата од разбеснетата турска реакција беа големи. Во тој однос врховистите можеа да триумфираат. Но спротивно на нивните очекувања, Илинденската епопеја и ден - денес ги инспирира македонските маси. Со Илинден се гордее македонскиот народ и во него тој го гледа единствениот пат кон македонската слобода. 6. Народнореволуционерната теорија и практика на внатрешното македонско ослободително движење најде исто толку сјајна примена во времето на Младотурската револуција и Хуриетот во 1908 год. Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ на чело со Сандански, Чернопеев и Апостол-војвода, кои ја

претставуваа внатрешноста како опозиција на врховизираниот ЦК на ВМРО, зедоа (заедно со младотурците) живо учество во таа демократска револуција... Тие го поддржаа младотурскиот преврат и излегоа со своја платформа на барања што одговараа на економските, културните и политичките интереси на македонските селани, занаетчии и работници. Тие не се откажаа да ги искористат хуриетските услови за широка и масовна легална борба за извојување на тие барања на патот за целосно ослободување на Македонија. Поради тоа македонскиот народ испрати во турскиот Парламент свои претставници... Јане Сандански застана на чело на една македонска револуционерна армија и заедно со турските револуционерни полкови од Македонија тргна кон турската претстолнина, благодарение на што реакцијата, беше уништена. Но младотурците... се покажаа недоследни, колебливи и крајно ограничени револуционери. Тие не ја укинаа монархијата... тие не ги укинаа привилегиите на турската нација...тие не му дадоа на македонскиот народ национална и економска слобода, туку се ограничија на тоа да му дадат само некои политички права (право да избираат и да бидат избрани во Парламентот и др.)...Таков беше курсот на Сандански и на сите други што им остана верни на принципите на внатрешноста. Но и сега врховистите не задоцнија да ја изиграат својата злобна улога...Нивен курс беше да продолжат да ги форсираат четничките напади и тероритичките провокации во Македонија со цел да предизвикаат масовно преследување на народот од турската власт...да го

Profile for Македонска ризница

Македонска Ризница 4  

Македонска Ризница, бр. 4, 1. ноември 2012 година

Македонска Ризница 4  

Македонска Ризница, бр. 4, 1. ноември 2012 година

Advertisement