Македонска Ризница 19

Page 44

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ЗАВИСИ ОД НАС Со стрип се занимавам аматерски, и кога започнав да цртам помислив дека е лесно и дека не бара големо „жртвување“ на време и труд. Но набргу се покажа спротивното, потребно е огромно посветување на работата, многу труд и вежбање, покрај талентот, и секако желба за работа. Мислев дека овој вид на уметност воопшто не е ценет во современото општество кога сите се зафатени со друго или имаат различен начин на забава и некој нов вид на уметност. За среќа, пронајдов круг на луѓе кои го ценат стрипот и го знаат процесот на создавање на истиот, а со тоа и нови пријатели и соговорници. Иако од една страна бев изненадена, од друга страна сум навистина разочарана бидејќи без да бидеме свесни сме дозволиле оваа уметност да падне премногу ниско во нашите очи. Повеќе нема трчење до трафика за да се купи стрипче, нема чекање да излезе нов број, а и она што го има не го забележуваме. Не само кај нас, насекаде е загубен сјајот на стрипот и би требало да се потрудиме да го вратиме назад. Иднината на македонскиот стрип зависи од нас. Ако авторите творат, читателите ги ценат тие творби и има доволно издавачи тогаш стрипот ќе има одлична иднина. Но ако продолжиме вака со неколку дена во годината посветени на стрипот тогаш навистина нема блескава иднина и ќе биде уште полошо со тек на времето. Потребно е поголемо доближување на стрипот до дечињата, а не само видео игрите и дигиталната форма на било каква уметност. Нека одмараат очи со стрипче, така ќе биде подобро. Ќе навикнат и ќе го засакаат стрипот. Но за тоа треба сите да сакаат, а не само мал дел од општеството. Јована Велинова, млада стрип авторка

сеќавам дека уште како дете читав стрипови, а читаа сите од моето опкружување. Се менував со стрипови со средовечни луѓе, не постоеше таа граница, дека ете стрипот е само за деца. Сега и децата не читаат. Таквата ситуација налага дека стрипот нема пазарна вредност, т.е. ако нема публика или е многу мала, не се исплати да се издаваат стрипови, и затоа и нема издавачи. Имаше неколку обиди за издаваштво на стрипови, се обидоа неколкумина со издавање претежно на стрипови од италијанската „Бонели” школа (Загор, Дилан Дог, Марти Мистерија...), но сите пропаднаа. По се изгледа дека овие денешни генерации не се навлечени на тој тип на стрипови, и треба можеби да им се понуди нешто ново, поинакво. Од друга страна, автори имаме доста, и тоа квалитетни, но тие работат или за странство, или се тотално пренасочени кон дизајн или нешто трето. Да се биде стрип автор во Македонија е тотално неисплатливо, па за да се преживее мора да се работи нешто друго. Но љубовта кон стрипот е голема, и не има околу 50-тина души што водиме инает и им пркосиме на сите норми, и сеуште наоѓаме време да се занимаваме, макар и повремено со стрип. 9. Пред само неколку месеци министерката за култура најави дека во наредниот период стрип културата ќе добие поддршка. Според вас каков вид на поддршка е потребна? Поддршка, каква таква имало и досега, меѓутоа прашање е каде оделе тие средства. Ете секоја година, 15-тина години наназад, „Стрип Центарот” во Велес од Министерството за Култура, па и од Сорос и уште од неколку други извори, добива одредена сума за подршка на стрипот. Но, нели е срамота за сите тие 15 години, да се организира само по еден викенд годишно, да се издадат само 3 стрип албуми (сте слушнале за стрип албумите „Мис Стон”, „Ајдучка Чешма” и „Волшебното Самарче”???) и годишно по


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.