Page 1

Македонска Ризница Календар 2014


МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА Со задоволство Ви го претставуваме календарот со значајни личности од македонската историја.


Ѓорѓија Пулевски „Дал' сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат: От Македонци појунаци над них не било- Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа Со Македонци сву вселену повладал Наш краљ Филип Славјанин је, Цар Александар - Славјанин Наши баби Славјанки ги родиле. Македонци, сетите се за јунакство македонско, та спроти старих вије сега да следувате.“ Јануари/Коложег „Самовила Македонска“, 1878 год. Н

П В С

Ч

П

С


А.В.Амфитеатров

Февруари/Сечко Н

П

В С

Ч П

С

„Оние што ја читале мојата „Земја на раздорот“ го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци - Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие би можеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал, кој лесно се прелева во секаква роднинска форма. Но -роднинска. И ете, токму во тоа - во племенското родство - е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците.“ „Словенска тага“, 1913 год.


Гоце Делчев „Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.“ Писмо до Ефрем Каранов, 17 октомври, 1895 год.

Март/Цутар

Н

П

В

С

Ч

П

С


Димитрија Чуповски

Април/Тревен

Н

П

В

С

Ч П

С

„Ние ви изјавуваме дека ние, Македонците, не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите вас. Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите општи непријатели, сте го зеле со меч и што можете да го задржите за себе само со силата на оружјето. Ставете го правото на она место што му припаѓа - над егоистичните сметки и насилства. И дајте ни нам, на Македонците, можност да го организираме својот живот во родната земја, во согласност со нашите интереси. Не пречете и на Македонија да стане целосна, самостојна, независна.“ Апел од македонските патриоти до народните пратеници на Бугарија, Србија и Грција, 20 ноември, 1914 год.


Христо Узунов

Мај/Косар

Н

П

В

С

Ч

П

С

„Мила ми мајко, Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и страданија, за безбројните бессони и мачителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? - Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.“ Писмо до неговата мајка, 1905 год.


Пјер Беарн „Македонија те сакам зашто знаеше да ја зачуваш радоста што како змија се извива меѓу нашите трпези. Зашто знаеше и покрај се' уште да танцуваш и да ја пееш среќата што си жива во куќите што насекаде и сама ги градиш ти.

Јуни/Жетвар

Н

П

В

С

Ч

П

С

Народе раскинат, осакатен. Народе раселен и разнесен. Ве поздравувам Македонци. Главата ви е во Скопје, со едната нога сте во Грција, со другата во Бугарија. Но вашето срце е насекаде. Кадешто дрвјата зеленеат што сами ги посадивте, во куќите што живеат без вас, а сами ги изградивте. Но јас верувам дека ветерот на правдата ќе биде положен еден убав ден врз вашите граници од трите фрагменти на вашиот единствен живот и дека вие во него ќе живеете во народот најпосле, на крајот на краиштата роден од Европа.“ „Македонија утре“, 1978 год.


Лазар Поп Трајков „Ранетите момци низ долови суви, низ сурови места се влечкаат страдни, за нивниот издив се карпите глуви, за тоа што гинат и жедни и гладни. Македонци, ние без среќа сме биле во ова борба со душманот пален, но венец на слава пак ние сме свиле пред светот на подлост, и гнасен и кален ...“ Јули/Златец

Н

П

В С

Ч П С

Од поемата „Локвата и Вињари“, 1903 год.


Дамјан Груев „Ние не се интересираме кој каков е, ние сакаме да се работи за ослободувањето на Македонија. Кога таа ќе се ослободи делете се како што сакате. Дотогаш сите имаме една вера, една идеја, една народност - а тоа е да бидеме борци за Македонија “ Битола, 1899 година

Август/Житар Н

П В

С

Ч

П

С


Крсте Петков Мисирков

Септември/Гроздобер

Н

П

В

С

Ч

П

С

„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“ Македонски национализам, „Мир” XXXI, 7417, Софија, 12 март, 1925 год.


Петар Драганов

Октомври/Листопад

Н

П

В

С Ч

П С

„Јас прибегнав кон најлесниот и најцелисходниот од сите можни начини во денешно време. Се обратив кон учениците од спомнатата гимназија ( првенствено од подолните разреди ) по Божиќ и Водици да ми достават најмалку два примерока од својата домашна поезија и проза. Иако бев поставен во мошне поволна положба за моите дијалектографски истражувања, бидејќи сите ученици од гимназијата, преку 300, беа само Македонци од апсолутно сите краеви на Македонската провинција и меѓу нас немаше ни еден Бугарин дојден отаде границата од Бугарското Кнежество, од Источна Румелија и дури ни од Одринскиот вилает и ни еден Србин дури ни од Косовскиот вилает и притоа Македонци што прилично лошо го совладуваат современиот бугарски литературен говор. Сепак за да се избегне било каква итрина, јас намерно замолив за примероци од селската поезија само од учениците од подолните разреди, на кои им препорачав да ми донесат примероци фонетски запишани т.е. од домашниот говор зашто инаку нема да ги читам“ Руски филозофски весник, 1888 год.


Методија Андонов Ченто

Ноември/Студен Н

П

В

С

Ч

П

С

„Хитлер велеше: „Цел свет ќе биди мој". Но народот не се дава така лесно. Цел свет се крена против него, затоа што фашизмот е основно народно зло. Затоа и ние треба да се бориме против фашизмот. Но, оваа борба за нас Македонците има и друго значение. Ние сега се бориме да се ослободиме од сите наши поробители, кои нè поробуваа и нè ограбуваа. Еднаш за секогаш ќе ставиме крај на нашето робување. Ќе создадеме наша сопствена држава, во која сите треба да бидиме рамноправни. Да не се експлоатираме едни со други. Да можат нашите деца да учат на својот мајчин јазик. Да изградиме училишта во секое село, во кои ќе учат без да плаќаат. Да имаме свои учители, доктори и други учени луѓе. Да бидиме стопани на своето.“ Говор во кичевското село Кладник, ноември 1943 год.


Митрополит Теодосиј Гологанов

Декември/Снежник

Н

П

В

С

Ч

П

С

„Јас долупотпишаниот Митрополит скопски Теодосиј, по Милоста Божја киријарх на Скопската епархија, ја поднесувам оваа своја молба од свое име и од името на целата православна паства во Македонија, со која ја молиме Неговата Светост да нè прими во крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ни ја обнови стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 година и ја стави во канонско единство со Римокатоличката црква. Нашата желба произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓинските цркви, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, да се обедини во своја единствена православна црква и ги добие сите белези на народ кој има право на самостоен духовен и културно-просветен живот. Ве молиме, Ваша Светост, да ги имате предвид специфичностите на православието, од кои православниот народ никогаш нема да се откаже: независноста во духовен поглед, богослужбата и свештеничката облека. Се препорачувам на Вашите молитви и снисходливо Ви се поклонувам, Ваш во Христа брат и молитвеник“ Писмо до Папата Лев XIII, 4 декември, 1891 год.


МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

Македонска Ризница, календар 2014  

Календар за 2014 година

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you