Issuu on Google+


Содржина

ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН СОДРЖИНА НА РУБРИКИ ИНТЕРВЈУ СО М-Р ЗОРАН СТАВРЕСКИ

5

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

8

Интервју со Вицепремиерот и Министер за финансии на Владата на Рeпублика Македонија м-р Зоран Ставрески Финансиско известување за мали и средни ентитети Бранко Костовски

ДАНОЦИ

16

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

21

РЕВИЗИЈА

28

ЕКОНОМИЈА НА ЈАВЕН СЕКТОР

32

ДЕВИЗИ И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

38

ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНСТИТУЦИИ

41

СТАТИСТИКА И ЕКОНОМЕТРИЈА

44

ИЗМЕНИ ВО РЕГУЛАТИВИТЕ

48

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

51

СМЕТКОВОДСТВЕНА СКРИПТА

54

КНИГОВОДСТВЕНА СКРИПТА

58

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ИВАНОВСКИ

60

ИЗБРАНИ СЦЕНАРИЈА ОД WWW.PRIMEKO-AUDIT.COM

64

Даночно планирање - се практикува ли во македонската пракса? Крсто Несторов, Даночен консултант НЕСТОРОВ КОНСАЛТИНГ Вреднување на компании Проф. д-р Зоран Ивановски Интерна ревизија Проф. д-р Зоран Ивановски Општински обврзници како алтернативен извор за финансирање на ЕЛС м-р Надица Ивановска Кинескиот Јуан - "Ante Portas" Саша Грујевски, Економист Годишен инвестициски план проф. д-р Зоран Ивановски

Детекција на невообичаени ставки Бранко Костовски Законот за трговија

Вреднување (мерење) на залихите Бранко Костовски Бранко Костовски

Бранко Костовски

www.primeko.com.mk

3


Уредник Почитувани,

Издавачки одбор

М

ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН списaние на ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје Издавачки совет: проф. д-р Зоран Ивановски (претседател) проф. д-р Мирољуб Шукаров м-р Саша Твртковиќ Крсто Несторов Сашa Грујевски Главен и одговорен уредник: м-р Бранко Костовски Лектoр: Маја Костадиновска Компјутерска обработка и графички дизајн: Печати: ГЕНЕКС - Кочани Издавач: ПРИМЕКО БИЗ ДОО бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје Тел./факс: 02/ 2465-919 www.primeko.com.mk Даночен број: МК-4032010509991 Трансакциска сметка: 300-0000031599-08 Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје Списанието излегува еднаш месечно. Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје. Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса: ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје или по e-mail: branko@primeko-revizija.com Ракописите не се враќаат.

4

ожноста повторно да Ви се обратам во својство на главен и одговорен уредник на ова списание ми претставува особена чест и задоволство. Посебно сум горд што имам можност да Ви претставам едно комплетно реструктуирано, содржински и концептуално збогатено издание, кое верувам ќе излезе во пресрет на Вашите Бранко Костовски потреби. Главен уредник Во едно вакво обраќање, би сакал да потсетам дека списанието кое го држите во раце, континуирано излегува од 1997 година па се до денес. Низ тој период истото беше поткрепа на бројни професионалци, кои почитувајќи ги нашите вредности и квалитет ја извршуваа својата работа во едно комплексно време на постојани промени. За мене најголема сатисфакција е тоа што Вие препознавте еден професионален, но пред се искрен однос кон Вас. Нашите постапки и судови секогаш беа раководени од етички и професионални мотиви, а не од резонот на институции или поединци кои под плаштот на државната принуда и моќ или пак фасцинирани од неа, честопати го затскриваа своето незнаење или лоши намери. Секое време носи свои предизвици. Денес сме сведоци на процесот на глобализација кој де факто ги брише сите граници и создава планетарен систем на конкуренција во сите домени. Ние сакаме да бидеме дел од тој процес и активно да учествуваме во него. Ова списание, како дел од целокупната понуда на ПРИМЕКО е сегмент од тие напори. Тоа нуди еден интересен микс на содржини чиј опсег се движи од многу оперативни и практични текстови, па се до комплексни анализи. Верувам дека ваквиот пристап ќе предизвика интерес кај еден поширок круг на корисници. Секогаш сум верувал дека знаењето има вредност само доколку е практично применливо. Тргнувајќи од оваа премиса, списанието ќе опфаќа само текстови кои се релевантни, односно кои се поврзани со реални проблеми од деловното секојдневие. Ќе настојуваме едноставниот стил на пишување да биде атрибут на секој објавен текст, затоа што знаеме дека само на тој начин, во интерес на читателот, сосема јасно и експлицитно можат да бидат обработени дури и најкомплексните теми. На крајот на ова обраќање, дозволете ми да Ви се заблагодарам за Вашата доверба и поддршка во текот на изминатите години, со надеж дека таа ќе продолжи и во наредниот период, со взаемен интерес. Едновремено, би сакал да им се заблагодарам на членовите на издавачкиот совет за нивната поддршка и укажаната доверба. Со почит, Бранко Костовски

www.primeko.com.mk



ПРИМЕКО Економски Билтен - Октомври 2010