__MAIN_TEXT__
feature-image

Page 1

УЧИЛИШТЕН ВЕСНИК

Илустрира: Матео Петревски, VI2 одделение

ОУ „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ - ПИТУ“ - КИЧЕВО, ЈУНИ, 2021


Почитувани,

Ние, тимот од училиштниот весник „Искра“ сакаме да Ви го

претставиме нашиот труд којшто е само најава на она што го имаме во план за идната учебна година.

Името на весникот Искра потекнува од 1999 година, кога

наставничките по македонски јазик заедно со своите ученици за првпат го објавуваат овој весник.

Ние, следејќи го нивниот пример, но и модерната технологија

искористивме повеќе техники во изработувањето на весникот.

Се погриживме, заедно со нашата наставничка Александра

Спасевска за естетиката на страниците, за илустрациите, за пребарување на фотографиите и информациите, но и бевме доста иновативни и речиси сите содржини се целосно авторски. Се надеваме дека ќе уживате. Поздрав од редакцискиот тим на училиштниот весник „Искра“: ученици од VI2 одделение (Марија Јанкулоска, Матео Петревски, Јован Максимоски, Ева Камбуровска и Христијан Ѓорѓијоски) и ученици од VII одделение (Сара Антеска, Кристина Тодорова, Елиф Цифкалоска, Марија Ѓуровска, Стефан Кочоски, Хелена Божиноска и Анастасија Цветаноска) под менторство на Александра Спасевска, наставничка по македонски јазик и литература ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Кичево


Наши литературни дела


Загадени води Во загадени води, слушам еден глас како една риба плаче и моли за спас. На природата треба да се восхитуваме, а ние свесно ја уништуваме езера, реки, поточиња нека почнат да ни ги красат нашите очиња. Природата да се чува треба често, за нас таа да биде убаво и чисто место. Марија Јанкулоска VI2 одделение

4


Здрави навики Со здрава храна јас се хранам, од вирусот јас се бранам. Наутро лицето го мијам, здрави сокови пијам. Секој ден јас се движам, за моето здравје јас се грижам. Нездрава храна избегнувам често, зеленчук и овошје на прво место. Сара Антеска VII1 одделение

5


Другарство Другарство е нешто што ќе се памети целиот живот. Кога ќе се скараш или кога ќе се разделиш со својот најблизок другар, ти него нема да го заборавиш. Да се биде другар е многу лесно, но да се биде верен другар е многу тешко. Кога ти е тешко се познава дали е верен другар. Дали тој ќе дојде и ќе ти помогне или ќе си замине. Ако е верен тој ќе остане. Другар значи да се смеете до солзи, но и да плачите за-

6


едно. Другарството значи да се мери љубовта и почитта што ни ја дава другарот, а не колку чини неговата облека и каков автомобил има. Кога ќе ти биде тешко нема да дојде облеката, ќе дојде личноста.

Кога си среќен нема да се смееш со автомобилот, ќе се

смееш со другарот.

Во овој свет е потребна личност која ќе те свати кога ти

е тешко и ќе те слуша дури ако ја кажуваш и најголемата глупост. Со тебе ќе ја подели и последната ужина. Дури и да има обврски ќе одвои време за тебе. Кога ќе паднеш, тој ќе ти помогне и нема да ја издаде тајната што си му ја доверил.

Другарот те сака и те почитува тебе, а не твоите пари.

Другар значи и да се биди искрен како што вели писа-

телот Ѓон Ленон:

- Да се биде искрен можеби нема да ви донесе многу

пријатели, но секогаш ќе ги добиете вистински. Кристина Тодорова VII1 одделение

7


Моќта на знаењето Многу одамна, си постоело едно село наречено Самовилово. Тоа било наречено така поради тоа што во тоа село постојано се случувале некакви чуда односно некои натприродни работи. Во тоа село луѓето биле необразовани и единствено што правеле по цели денови било работењето во нивите. Во тоа село живеела една необична личност, а тоа била самовилата Нина. Самовилата Нина била една малечка, но паметна самовила. Ги знаела видовите на дрва, знаела да собира, да одзема, да множи и многу други работи. Една ден, самовилата Нина ги посетила луѓето во селото Самовилово. Како и обично, тие работеле на нивата. Биле малку зачудени бидејќи никогаш не виделе самовила досега. Луѓето ја поздравиле самовилата, а таа нив ги отпоздравила. Самовилата прва започнала: - Драги мои селани, дојдов да ве поканам да се придружите во Самовиловото Училиште. Таму ќе научите многу работи кои би ви биле корисни во иднината. Селаните тоа не го сфатиле сериозно и ѝ одговориле: - Нам не ни треба образование и нема да ни биде потребно. Самовилата им одговорила: - Во ред, вие си знаете - и си заминала. Навистина на селаните им паднало тешко тоа што не ја послушале самовилата. Подоцна, ги посетил змејот Греголатор. Греголатор бил еден лош змеј кој ако ги фател луѓето во

8


незнаење, веднаш ги земал во својот замок каде што ги задржувал засекогаш. Доколку знаеле, тој веднаш се претворал во прав. Змејот потоа им рекол на селаните: - Добар ви ден на сите. Би сакал да ми одговорите како се вика она дрво. Покажал кон една врба и бидејќи шегобиецот Јосиф одлучил да се пошегува му одговорил: - Ова дрво се вика Даме бидејќи е исто тврдоглаво како братучед ми Даме. Шегата не му се допаднала на змејот и следно нешто што виделе селаните било еден огромен замок кој одоколу имал оган. Селаните биле преплашени бидејќи никогаш не се соочиле со вакво нешто.Самовилата дошла да ги спаси луѓето од замокот на Греголатор. Тој ѝ го поставил истото прашање како и на луѓето и самовилата без двоумење му одговорила точно на прашањето. Змејот се претворил во прав, а луѓето биле ослободени. Од тој ден натака, сите луѓе оделе во Самовиловото Училиште и научиле многу работи кои навистина им биле потребни во иднината. Знаењето е клучот на животот, училиштето е нашиот втор дом, а наставниците се како наши втори родители. Училиштето и наставниците ќе нè научат работи со кои ќе се изградиме во идни и морални личности кои ќе бидат гордост на нивните родители, но и на наставниците. Тие ќе бидат горди со тоа што успеале да ги научат своите ученици, како да бидат луѓе кои треба да бидат пример за добри личности. Марија Ѓуроска VII2 одделение

9


Анализа на песна од Борхес Стефан Кочоски

УЧИШ По некое време ја учиш суптилната разлика помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа. И учиш дека љубовта не значи привлечност и друштвото не значи сигурност. И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори и подароците не се ветувања. И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази со главата горе и очите отворени со достоинство на жена, не со очај на дете. И учиш да ги градиш твоите патишта денес затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови а иднината има начини да те изневери на половина пат. По некое време научуваш... Дека дури и сонцето гори ако го има премногу. Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата, наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња. И учиш дека навистина можеш да истраеш... Дека си навистина силен И дека навистина вредиш И учиш, и учиш... Со секое збогум нешто научуваш.

10


„...И учиш да ги градиш твоите патишта денес,

затоа што утрешнината е премногу несигурна за планови,

а иднината има начини да те изневери на половина пат.“ (Борхес, „Учиш“)

Нешто повеќе за авторот: Хорхе Луис Борхес е роден на 24 август 1899 година и починат на 14 јуни 1986 година. Борхес бил аргентински писател, есеист и поет. Меѓу неговите најважни дела се вбројуваат: ,,Универзална историја на бесчестието”, ,,Фантазии”, ,,Алеф”, ,,Извештајот на Броди” и други. Додека Борхес работел во библиотека, тој ослепил, но тоа не го спречило да продолжи тоа што сака да го прави – да пишува. Денес, тој и неговите дела се познати околу целиот свет. Ова дело е како збогум од автор кој длабоко ја одбележал латино-американската книжевност, поради што тој се вбројува меѓу најголемите светски писатели.

Анализа: Едно од моите најомилени дела е познатото дело на писателот Борхес ,,Учиш“. Јас ќе се обидам да дадам мое видување на трите стихови кои Борхес сака да ги ни посо чи. Во првиот стих: „...И учиш да ги градиш твоите патишта денес...“, авторот сака да ни укаже дека треба да ги направиме плановите за тоа што го сакаме. Вториот стих: „...затоа што утрешнината е премногу несигурна за планови...“, ни објаснува дека треба да ги одржиме плановите што сакаме да ги исполниме. Третиот и последен стих: „...а, иднината има начини да те изневери на половина пат.“, ни посочува дека во секој момент во животот настанува пресврт и моментално се с менува, иако си вложил многу труд во него.

11


12


Чудотворна икона која исполнува Желбите: Репортажа за манастирот „Св. Богородица Пречиста - Кичевска“ Автор: Хелена Божиноска Иконата на светицата датира од 18 век и карактеристично за неа е што рацете ѝ се изработени од сребро. Се вели дека кога ѝ се обраќате со молитва и искрена вера помага во исполнувањето на желбите и пронаоѓа лек за низа болсти. Една легенда долго време се пренесува од поколение на поколение и секој збор кажан во неа создава морници во телото. Во

суштината

легендата е на

силината

севишното,

надрелноста многумина приказна на

на

која е

за

за

реална градење

манастирот

Богородица

во

Св.

Пречиста

Кичевска. Мештаноте

од

Кичево решиле да градат манатир лика и прилика на големите грандозни архитектонски зданија во чест на Св. Богородица. Кога Ќе ја однеселе иконата на Св. Богородица со сребрена рака на местото каде што сакале да го градат манастирот иконата вечерта сама одела на вода на извор и се гледала како светлина во ноќта. Луѓето се зачудиле и се одлучиле да го изградат манастирот на вода каде што иконата сама одела и ден денека манастирот е на тоа место.

13


Наши уметнички дела


Млад уметник: Анастасија Цветаноска „Фиќо на плаза“ Оваа слика му ја посветив на мојот дедо и неговото старо фиќо.


Млад уметник: Анастасија Цветаноска „Букет во сина вазна“ Инспирацијата за оваа слика ја добив од градината на мојата баба.


Млад уметник: Анастасија Цветаноска „Зимска ноќ“ Зимата ми е омилено годишно време. Инспирација за оваа слика ми беа долгите зимски ноќи, убавината и белината на снегот под сјајната месечина.


Млад уметник: Јован Максимоски „Слободен лет“ Природата е најубава инспирација. Набљудувајќи ги птиците ја добив идејата за оваа слика.


Млад уметник: Јован Максимоски „Кловн“ И црно-белото има убавина.


Млад уметник: Јован Максимоски „Мајка“


ШОУ БИЗНИС


Интервју со

КАРОЛИНА ГОЧЕВА ИСКРА САКАШЕ ДА НАПРАВИ ИНТЕРВЈУ СО НЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ПЕЈАЧ КОЈ ИМ Е ОМИЛЕН НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ. ПА ЗАТОА НЕ СЕ ДВОУМЕВМЕ И Ѝ СЕ ЈАВИВМЕ НА ПРИНЦЕЗАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЗАБАВНА МУЗИКА, КАРОЛИНА ГОЧЕВА И ДОГОВОРИВМЕ СРЕДБА СО НЕА ЗА ДА НАПРАВИМЕ ЕДНО ИНТЕРВЈУ ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА ИСКРА.

КАРОЛИНА ПРВО САКАМ ДА ТИ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ ШТО ОДВОИ ВРЕМЕ ЗА ДА ДАДЕШ ИНТЕРВЈУ ЗА НАШИОТ УЧИЛИШТЕН ВЕСНИК. ШТО ИМА НОВО КАЈ ТЕБЕ, СПРЕМАШ ЛИ НОВИ ПЕСНИ ЗА ТВОИТЕ ОБОЖАВАТЕЛИ, ИМАШ ЛИ НАСТАПИ?

волство што давам интервју за вашиот училиштен весник. Како што сите знаеме, овој период е малку невообичаен, пандемијата ги промени сите наши планови. Нови песни засега нема, но сигурно ќе има наскоро, а Вие ќе бидете во првите што ќе бидат известени.

- Мене ми претставува големо задо-

29


ВО СВОЈАТА КАРИЕРА ИМАШ МНОГУ КОНЦЕРТИ, МНОГУ НАСТАПИ. МОЖЕ ЛИ ДА ТЕ ПРАШАМЕ, КОЈ КОНЦЕРТ ТИ БИЛ НАЈОМИЛЕН, ОДНОСНО КОЈ ТИ ОСТАВИ НАЈМНОГУ ВПЕЧАТОК?

кои и мои колеги. Тој албум многу им се допадна, луѓе и до ден денес го слушаат албумот „Најубави Песни”. Секако, покрај „Македонско девојче“, којшто впрочем означи и една нова етапа од мојата кариера.

- Најмногу впечаток ми остави концертот кога настапив пред огромна публика во ,,Борис Трајковски” односно настапив на концертот од моите пријатели Тавитјан ,,Македонското срце чука во 7/8”.

ЗА КРАЈ КАКВА ПОРАКА ЌЕ ИМ ПРАТИШ НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ НА ИСКРА?

КОЈ ТВОЈ АЛБУМ МНОГУ ИМ СЕ ДОПАДНА НА ТВОЈАТА ПУБЛИКА? Мислам дека за тоа треба публиката повеќе да каже, но јас искрено мислам дека најслушан до сега е „Најубави Песни”. На таа промоција дојдоа многу луѓе меѓу

30

На читателите на Искра сакам да им посакам многу здравје, среќа и љубов. Да продолжат да учат и да го читаат најинтересниот училишен весник Искра. Ве сака вашата Каролина Гочева.

АВТОР: МАРКО ЈОВАНОСКИ


Тамара Тодевска, покрај пејачка е и македонска инфлуенсерка Тамара Тодевска е родена 1 јуни 1985 година во Скопје. Сега таа има 36 години. Исто така таа има две деца Хана и Дарен. Тамара е и сестра на Тијана Дапчевиќ.

Пред две години, кога светот сè уште не знаеше за COVID-19, Холандија со пејачот Данкан Лоренс и песната „Аркада“ победи на Евровизија, а Тамара Тодевска ѝ го донесе највисокиот пласман на Македонија досега, VIII место во финалето. Македонија по седум години пауза беше дел од финалето на Евровизија со Тамара, чија песна беше насловена „Горда“. Тамара пееше осма по ред во финалето, а нејзини придружни вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и долго време беше на првото место на табелата.

31


Гласањето на жирото го заврши на второ место со само 2 поена зад Шведска. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 53 бода, заврши на осмото место. „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски. Прва настапи Малта, а Шпанија беше последна.

виот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор. Покрај овој успех Тамара зад себе има и концерти и настапи кои навистина се за помнење. Нејзиниот вокал е одличен, а песните се пишувани на таков начин што во нив уживаат возрасните, но и ние помладите. Нејзиниот начин на живот, нејзините подвизи таа со нас ги споделува преку нејзиниот Instagram профил и секојдневно ни покажува и кажува нешто ново, интересно и со тоа нè подучува без престан. Јас ја следам Тамара затоа што има убав стил и најважно од сè убави песни. Мои омилени песни од Тамара се „Довидување таго“ и „Слобода.“ Тамара исто така има многу убав стил на облекување. И еден ден би сакала да ја видам во живо односно да ѝ појдам на концерт.

Ова беше прв настап на Македонија во финалето од 2012 година, кога нè претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“. Најдобриот пласман досега го држеше Елена Ристеска, која заврши на дванаесеттото место со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006 година. Тамара по вторпат учествува на Евровизија, но во 2008 во Белград настапи заедно со Врчак и Адријан Гаџа. Специјална гостинка беше поп кралицата Мадона, која изведе две песни во пресрет на гласањето: класикот „Како молитва“ и ноАвтор: Ева Камбуроска

32


Мојот омилен актер Автор: Христијан Ѓорѓијоски

Здраво, моето име е Христијан. И денеска ќе зборуваме за мојот омилен актер. Мојот омилен актер се вика Woodrow Tracy Harrelson или Woody Harrelson. Сега сигурно се прашувате: „Каде го запознав?“; „Зошто ми е омилен автор?“. Знам дека ви се вртат во главата многу прашања, а јас сега ќе се обидам да ви ги одговорам. Јас него го запознав во еден филм наречен: „Земјата на живите мртовци“ (Zombieland). Тој е роден на 23 јуни 1961 има 59 година. Има три деца. Тој има играно во 48 филмови и TV серии, а покрај горенаведениот „Земјата на живите мртовци“, исто така има играно во познатиот „Сега ме гледаш“ (Now you see me) и многу други. Мојот омилен филм е Zombieland, а во него играат вкупно 60 актери, но следните се главните: Woody Harrelson, Abigail Breslin, Emma Stone, Jesse Eisenberg и други. Филмот ја доживеал својата премиера на 25 септември 2009. Нема да погрешите доколку го погледнете.

33


Мода Автор:

Марија

Јанкул

оска


Што е мода?

Мода е општ термин за популарен стил особено за облека, обувки, модни додатоци, шминка или мебел. Модата се однесува на еден специфичен, но сепак често вообичаен тренд во врска со тоа како изгледа и се облекува еден човек. Модата може да се однесува и на стиловите на однесување кои преовладуваат во одреден период од историјата.

„Кога се сомневате, облечете црвено!“ Бил Блас

луѓе, меѓутоа често овие модели се направени како комбинација на повеќе основни трендови.“ Вака пред многу години еден од најавангардните модни лекови, Коко Шанел ја дефинираше модата, меѓутоа во реалноста оваа општествена појава вклучува повеќе категории и значења.

„Модата обично се однесува на најновите творби направено од страна на дизајнери, а кои се купени само од страна на мал број на

35


Проширено сфаќање за модата: Модата не ги дефинира само последните, најпопуларни и најнови модни трендови на дизајнерската облека, туку преку неа имаме можност да откриеме кои сме и да ја отсликаме нашата личност во однос на визуелните информации. Начинот на кој ги креираме нашите модни визии, преку изборот на облека и модни додатоци ни помагаат да му го покажеме нашиот моден став на светот.

Јазикот на облеката и неговото преточување во модна приказна е автентичен пример преку кој го градиме нашиот стил. Трендовите, облеката, модните платформи, идеите, дизајнот, уникатноста се суштински состојки, кои споени во една целина го диктираат главниот тек на модата.

Чуден е примерот за тоа како сите луѓе кои имаат толку заеднички нешта, а истовремено и Тоа, според експертите е еден толку различни, па макар тоа да круцијален тип на комуникација. е и најмалото нешто кое постои. 36


Секој со секого на некој начин е директно или индиректно поврзан, без разлика дали се работи за храна, облека, автомобили, архитектура и слично.

Сите овие карактеристики помагаат во градењето на актуелниот моден свет.

37


ZDRAVJE


Што се случува со нашето тело доколку не пиеме вода? Автор: Елиф Цифкалоска

Покрај сите совети за здраво живеење, можеби најосновниот совет кој постојано и постојано го слушаме е – пијте доволно вода! Сите знаеме дека доброто хидрирање е доста значајно, но дали сте се запрашале зошто е тоа така? Дали е навистина толку опасно да бидеме ,,дехидрирани”? Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот, дополнително таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата и е неопходна на секоја една клетка од телото и е витална за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

39


Во продолжение, малку подетално околу ефектите од недостатокот на вода врз различни делови од телото и неколку совети како да останете добро хидрирани. Дехидрираноста исто така предизвикува проблеми во мозокот кога нивото на електролитите е многу ниско. Електролитите претставуваат минерали како калиумот и натриумот, кои имаат улога да помагаат во пренесувањето на електричните сигнали помеѓу клетките. Ако имате ниски нивоа на споментатите компоненти, можни се нарушувања во пренесувањата на сингналите, што може да предизвика пецкање, неволни и отежнати движења на мускулите, но и грчеви и напади. Дигестивниот систем Желудникот има потреба од соодветни количества на вода за правилно да функционира. Водата е потребна и за оптимална цревна перистатика (движење на храната и столицата низ цревниот систем) и општо, здравје на дигестијата. Дехидратацијата може да го оште-

40


ти мукозниот слој на цревната површина и корисната цревна микрофлора, двете исклучително важни за дигестивното, но и општото здравје на човекот. Кожата Сите сме слушнале дека кожата е најголемиот орган на човекот, но таа делува и како природна бариера против сите патогени микроорганизми од средината. Несоодветниот внес на вода ја суши и напукнува кожата, па олеснет е и влезот на штетните микроорганизми преку неа. На тој начин, зголемена е опасноста и од инфекции. Експертите дерматолози советуваат дека редовното пиење вода е клучно за здравјето на кожата.

Затоа, препорачуваме: пијте вода и помогнете му на вашиот организам да остане здрав!

41


ФУДБАЛСКО КАТЧЕ


МОЈОТ ОМИЛЕН ФУДБАЛЕР... автор: Марија Јанкулоска

Сакате да знаете нешто повеќе за KРИСТИЈАНО РОНАЛДО ДОС САНТОС АВИЕРО? СЕГА ЌЕ ВИ КАЖАМ!

43


Кристијано

Роналдо,

сè,

Интересна е кариера на овој 1.85 метри

морам да кажам дека е МОЈОТ ОМИЛЕН

висок фудбалер. Тој својата „сериозна“

ФУДБАЛЕР.

кариера ја започнува во Манчестер јунајтед

пред

2003 година, кога го привлекол вниманието Тој е роден во Сан Педро,Фуншал

на Алекс Фергусон, а една година подоцна

на португалскиот остров Мадеира на 5

веќе во 2004 година го освојува својот прв

февруари 1985 година, а тоа значи дека

трофеј, ФА Купот. Потоа, Роналдо станал најскапиот играч

денес има 36 години. на

на светот, станувајќи фудбалер за којшто

христијанската вера на неговата мајка, а

најмногу пишуваат светските медиуми. Ова

второто име Роналдо е добиено во чест на

се случило кога се преселил од Манчестер

Роналд Реген, омилен актер на таткото.

јунајтед во Реал Мадрид во 2009 година со

Името

Кристијано

се

должи

Мајка му се вика Марија Долореш дош Сантош Авеиро, а татко му Жозе Диниш Авеиро. Кристијано има еден постар брат Уго, којшто е роден во 1975 година, и има две сестри: Елма која е родена во 1974 година и Лилјана Катија која е родена во 1976 година. трансфер вреден 132.000.000 долари. Денес игра во клубот Јувентус, по неговиот трансфер вреден 100 милиони евра, неговиот број на дресот е 7, а неговата позиција е напаѓач. Покрај позицијата напаѓач во Јувентус, тој веќе бројни годни ја игра истата позиција и во португалската фудбалска репрезентација.

44


Покрај тоа што е познат фудбалер, за него можеме да кажеме и дека е доста позната ѕвезда на Инстаграм. Неговиот Инстаграм профил

е

меѓу

десетте

најпосетувани

инстаграм профили на светот. Има уште неколку интересни факти за Кристијано Роналдо: Во септември 2015 година, тој го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy. Во 2016 година во својот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно бил посветен на неговата кариера. Кристијано Роналдо исто така се појавил и на насловната страна на некои видеоигри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18.

45


ОУ „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ - ПИТУ“ - КИЧЕВО

УЧИЛИШТЕН ВЕСНИК

Илустрира: Матео Петревски, VI2 одделение

Очекувајте нè од септември со уште многу вакви, иновативни, модерни и пред сè интересни содржини!

ЈУНИ, 2021

Profile for Александра Спасевска

Училиштен весник „Искра“, јуни 2021  

Учениците од ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Кичево, заедно со нивната наставничка по македонски јазик и литература, Александра Спасевска го...

Училиштен весник „Искра“, јуни 2021  

Учениците од ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Кичево, заедно со нивната наставничка по македонски јазик и литература, Александра Спасевска го...

Profile for madamtiso
Advertisement

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded