Page 1

Тековни активности и планирани проекти за подобрување на енергетската ефикасност


Тековни активности • Во рамките на глобалните напори за поефикасно користење на енергијата, идентификувани се слабите точки во системот и утврдена е динамика на дејствување во согласност со можностите на претпријатието. • Анализирани се градежните карактеристики на објектот и се бара начин за подобрување на енергетските перформанси или преку интервенција на постоечките објекти или преку градба на нова административна зграда и други работни простории. • Собрани се и обработени податоци за потрошувачката на енергија за греење и електрична енергија и утврдена листа на мерки кои се преземени за имплементациа на енергетска ефикасност. • Утврдена е значителна потрошувачка на реактивна енергија како резултат на дотраеност на системот за компензација на реактивната енергија при што е извршена замена со нова.


• Изработен е Прокет за реконструкција на надворешното осветлување кој треба да ги подобри условите на извршување на работните операции и да овозможи значително намалување на трошоците за електрична енергија и индиректно придонес кон намалување на емисијата на штетни гасови од околу 70 тони CO2/годишно. Проектот е во завршна фаза и се очекува скоро објавување на тендерот и реализација на модерно и ефикасно ЛЕД осветлување.


• Извршена е замена на стари неефикасни компресори со моќност од 22 kW (2x11) кои покрај тоа беа предимензионирани со нови далеку поефикасни како и замена на апарати за заварување со вкупна моќ 120 kW(6x 20) со нови многу поефикасни и посоодветни. Со овие мерки елиминирана е една од послабите точки утврдена при согледување на потенцијалите за подобрување на енергетската ефикасност. Со оваа мерка е постигнато намалување на штетните гасови од околу 6 тони CO2/ годишно.


Детектирано е непотребно ангажирање на комресор со голема моќност во станицата за компресија на гас која влијаеше на зголемување на максимално ангажираната моќност со што непотребно се правеа големи трошоци кои беа значително намалени со користење на помал компресор. Истовремено беше налоено секогаш кога е тоа можно да се избегнува истовремено користење на повеќе електрични уреди во максимално оптоварување.


Утврдени се општи мерки кои предвидуваат редовно следење на енергетската потрошувачка, едукација за важноста на преземање мерки за ефикасно користење на енергијата,изолирање на сите потенцијални места каде се прави загуба на енергија(котли и цевки), намалување на собната температура,избегнување на користење на дополнително греење.редовно сервисирање на системот за греење,избегнување на покривање или затворање на грејните тела и други мерки кои се однесуваат на неоправдано трошење на енергијата.


Врз намалување на трошоците за електрична енергија покрај ефикасното користење на енергијата значително влијание имаше и либерализацијата на пазарот на електрична енергија со што се постигна цена каква само може да се посака.


Идни активности • Поради ограничените финансии со кои располага претпријатието одредени мерки се предвидени да се одвиваат во периодот што следува. Треба да се забележи дека некои мерки се одлагаат во исчекување на создавање на можности за сеопфатно решение за административната зграда и другите работни простории.


Освен надворешното осветлување со мерките за поефикасно користење на електричната енергија е предвидено и реконструкција на внатрешното осветлување односно замена на истите со високоефикасни лед светилки. Со оваа мерка би се постигнало заштеда од околу 60% со што ќе се влијае врз намалување на испуштањето на значителна количина на штетни гасови.


Една од планираните мерки која има значителен потенцијал за намалување на потрошувачката на енергија е и греењето кое е оценето како многу неефикасно. Во двете Автобази во Автокоманда и Ѓорче Петров со воведување на модерни котли со исклучително висок коефициент на искористеност и со елиминирање на загубите за пренос на енергијата може да се постигнат огромни загуби со што додполнително ќе се постигне намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.


И на крај како еден од проектите кои заслужуваат внимание е и изградбата на две фотоволтаични или соларни електрани на двете Автобази секоја по околу 30 kW инсталирана снага кои ќе овозможат значително намалување на потрошувачката на електрична енергија како и намалување на емисија на штетни гасови од околу 5 тони/годишно.


Благодарам за вниманието!

Mevljan tairi jsp skopje tekovni aktivnosti i planirani proekti za podobruvanje na energetskata efik  
Mevljan tairi jsp skopje tekovni aktivnosti i planirani proekti za podobruvanje na energetskata efik  
Advertisement