Page 1

Број 167

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2017

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Февруари е месецот кога ги надополнуваме „изгубени за работа празнични јануарски денови“. Во месеците февруари и март завршуваме со реализацијата на два 3 годишни меѓународни проекти. Од таа причина нашиот ангажман е целосно насочен кон нивното успешно завршување. Од таа причина ги препорачуваме следните наши активности: Продолжуваме со успешната соработка во проектот GGF и во следните две години. Нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC и multEE.

маса свое учество преку свои претставници повеќе институции и организации од Македонија, НВО-ии, претставници на општини, заинтересирани лица од енергетската и социјална сфера. Тркалезната маса беше предвидена да содржи претставување на резултатите кои беа постигнати со активностите од проектот, како и дискусија за потребата од дефиниција на енергетската сиромаштија и дискусија за препораките за нејзино намалување. Дискусијата траеше повеќе од два и пол часа што покажа дека ова е тема која во нашата земја сеуште треба да се истражува. Како резултат на дискусијата беа изведени заклучоци кои како засебен документ ќе бидат доставени до соодветните министерства кои во својот делокруг се занимаваат со проблематиката на енергетската сиромаштија.

Посебен интерес и обемна дискусија предизвика темата поврзана со Енергетската сиромаштија, која е дел од проектот

REACH.

Имавме корисна средба со еден успешен производител на пелети од Бугарија. Тој нуди соработка – испорака на квалитетни пелети (таканаречени „бели“ пелети), со ЕУ сертификат за квалитет и топлинска моќ, и со цена на лице место во Бугарија од просечно 140 Евра/тон. Индустриски пелети, изработени од гранки, кората на дрвата и друг “отпаден“ материјал е пониска. Во исто време нудат и квалитетни печки за пелети, кои се исто така атестирани со ЕУ атести, со цени кои се доста примамливи (споредени со цените на слична опрема во Македонија). Заинтересираните фирми со желба за соработка за повеќе информации и со овој производител, потребните информации може да ги добијат кај нас. Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект REACH - Тркалезна маса „Што е енергетска сиромаштија – Дефиниција и препораки“ На 17-ти февруари во хотел Карпош се одржа тркалезната маса „Што е енергетска сиромаштија – Дефиниција и препораки“ којшто преставуваше последен настан согласно програмските активности на проектот РЕАЦХ. На оваа тркалезна

Последен партнерски состанок на проектот РЕАЦХ во Задар На 24 и 25 февруари 2017 во Задар се одржа седмиот и последен партнерски состанок на проектот РЕАЦХ. На истиот беа разгледани постигнатите резултати од проектот и се разгледуваа можностите за дополнителни заеднички активности на идни проекти од овој тип. Беа разгледани можностите за вклучување во постоечките повици на европско и национално ниво и идната соработка меѓу партнерите. (ЖИ) Повеќе... Проект мултЕЕ Во првата половина од месец февруари во хотел Континентал се одржа втората работилница насловена „Презентација на нови 10 мерки за Методологија ОДДОЛУ-НАГОРЕ за мерење и верификација на заштеда на енергија со предлог на стандардни вредности“. Учесници на настанот беа претставници од Агенцијата за енергетика, општините, Град Скопје, компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција на енергија, претставници од Секторот за енергетика при Министерство за економија. Целта на работилницата беше да се отвори дискусија за новите 10 предложени мерки за енергетска ефикасност кои треба да се додадат на Методологијата ОДДОЛУ – НАГОРЕ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 167

Страница 2

Дополнително во месец февруари беше изработен и документот во кој детално е објаснет процесот за собирање на податоци за следење со методата Оддоле – Нагоре. Целта на овој основен документ е да даде насоки за тоа како треба да биде структуриран процесот на собирање на податоците. Потребно е да се нагласи дека овој документ нема намера да биде референтен прирачник за енергетска статистика ниту пак за показатели за енергетска ефикасност. Во првата половина од месец март ќе се одржи третата работилница на која ќе биде претставен и дискутиран овој документ. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Проектните партнери во изминативе два месеци активно работат на спроведување на последните проектни задачи и притоа се подготвуваат за последниот состанок на партнерските организации. Последниот состанок ќе се одржи на крајот од месец март во Брисел, целта на состанокот е дефинирање на задачите ќе треба да се спроведат во рамки на последниот финален извештај. (ДТ) Повеќе... Улогата на граѓанските организации и другите чинители во програмите за прекугранична соработка – практики и решенија. Оваа конференција се одржа во Струмица во хотел Сириус на 16 и 17 февруари, на која учество земаа граѓански здруженија, асоцијации, претставници од локалната самоуправа, претставници од европската делегација. Учесници имаше од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Организација на настанот е од проектот ТАКСО. Цел: Целта на конференцијата беше да се обезбеди форум за дискусија поврзан со учеството на граѓанските организации и другите чинители и нивната улога во прекуграничната и регионална соработка. Очекувани резултати:  Подобрено разбирање за регионалниот пристап на ЕУ и програмите за прекугранична соработка;  Зголемена свест за капацитетите на граѓанските организации и другите чинители во смисла на подобра имплементација на програмите за прекугранична соработка и нивниот потенцијален придонес како партнери;  Промоција на граѓанските организации како успешни партнери на локално ниво и успешни спроведувачи на програмите за прекугранична соработка  Предлог чекори и мерки за подобрување на учеството на граѓанските организации и нивна интеграција во прекугранични и регионални програми. Беа организирани три работилници во два работни денови: Работилница 1: Подобрување на условите за вклучување на граѓанските организации во програмите за прекугранична соработка; Работилница 2: На кој начин капацитетите на релевантните чинители од програмите за прегугранична соработка можат да бидат зајакнати?; Работилница 3: Јакнење на партнерствата во програмите за прекугранична соработка и подобрување на одржливоста на проектните резултати. (ЈДК)

Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружението МАЦЕФ во изминатите две години имаше доста плодна соработка со ХАЛКБАНК – банката преку која се спроведува кредитната линија Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund). Во изминатиот период енергетските консултанти на МАЦЕФ професионално беа вклучени како техничка поддршка во приближно 20 проекти – финансирани од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој! Заради тоа, Здружението МАЦЕФ е по трет пат покането да биде техничка поддршка на ХАЛКБАНК при спроведување на ЕКО кредитната линија. За потсетување Кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој првата кредитна линија која започна да кредитира еко проекти. ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн, и воедно намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на СО2 за најмалку 20%. Кредитната линија е достапна во 19 земји низ Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот Исток и Северна Африка. GGF е основано како јавно- приватно партнерство во декември 2009 година од Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, со финансиска поддршка од Европската комисија, германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој и Австриската развојна банка ОеЕВ. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Презентиран нацрт извештајот за национална база на емисии на стакленички гасови На 17. 02. во просториите на МАНУ беше презентиран нацрт извештај за националните емисии на стакленички гасови, подготвен во рамките на проектот “Втор двогодишен извештај за климатски промени”.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 167

Страница 3

Извештајот е изработен врз основа на анализите на ажурираната база на емисии на стакленички гасови (инвентар), која сега содржи опсежни информации за периодот 1990-2014 година, одредени со Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени: 6 стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFC, PFC, и SF6), 4 стакленички гасови со индиректно влијание (CO, NOx, NMVOC и SO2), 5 категории (енергетика; индустриски процеси; земјоделство, шумарство и промена на користење на земјиштето; отпад; прекурсори и индиректни емисии) и околу 60 подкатегории на податоци. Освен што податоците од инвентарот и анализите од извештајот ќе овозможат државата да известува согласно обврските кон Конвенцијата за климатски промени и барањата од Европската заедница, ќе овозможат стекнување на појасна претстава за реалните можности за економски напредок на државата проследен со нискo-јаглеродни емисии. Главна карактеристика на овој документ што е изработен со методологија за која што се задолжени развиените држави, што овозможува споредливост на добиените податоци со сите држави во светот. Во рамките на работилницата, се дискутираа резултатите и препораките за подобрување на нацрт извештајот по сите застапени сектори, со цел да се воспостават одржливи начини за собирање на податоци кои ќе овозможат подетален инвентар. Бидејќи, колку е подобра основата (инвентарот) – толку се подобри и реултатите (ниско-јаглеродна економски развиена држава). Проекот се реализира како резултат од соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата за развој на ОН (УНДП) и Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). (ДТ) Повеќе... Делчево и Благоевград со проект за енергетски ефикасно осветлување Општините Делчево и Благоевград од соседна Бугарија ќе штедат енергија со инсталација на лед светилки преку проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот БлагоевградДелчево” поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка. Проектот почна да се реализира со првата пресконференција на која координаторот на проектот Тони Стоименовски од општина Делчево истакна дека општините ќе штедат и енергија и средства. Се очекува Делчево со реализацијата на проектот ќе добие нови 760 светилки кои ќе бидат поставени во седум села и централното градско подрачје, а предвидена е и заштеда од 60 отсто на финансиите кои сега се даваат за јавно осветлување. Тоа значи заштеда на буџетот, но и заштеда на работна сила и материјали. Според градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански со реализацијата на овој проект се решава горливото прашање за јавно осветлување на селските населби во општината од збиен тип. Досега во Делчево во централното градско подрачје има поставено околу 300 ЛЕД светилки од вкупно 1350 светлечки места. За Проектот, од ИПА програмата двете општини добиле 400 илјади евра, а истиот ќе се рализира до 2018 година. (ВП) Повеќе...

Новости од светот

Градот Риека е награден за проект за енергетска ефикасност Градот Риека е награден од Меѓународната асоцијација Европски градови за технолошкиот проект којшто придонесува кон енергетската ефикасност. Европските градови претставува мрежа на големи Европски градови во која се вклучени 130 големи и 40 партнерски градови од 35 Европски земји. Риека е наградена во рамките на Green Digital Chapter, иницијатива која цели да пронајде нови и креативни решенија за помош на градовите да се справат со климатската промена. На патот до наградата ги победи градовите како Амстердам и Валенсија, најавува градската управа. Градот Риека беше награден за системот којшто е развиен во рамките на проектот iURBAN, кој овозможува општинските власти да ја анализираат енергетската

потрошувачка кај јавните згради како и да се откријат изворите на неефикасноста, како греењето и осветлувањето кое се остава да работи во текот на ноќта или пак за време на викендите или големите уреди коишто се големи потрошувачи на енергија кои би можеле да се исклучат или пак да се заменат со нови. Системот исто така им помага на управителите со згради да ги идентификуваат областите каде што е потребно да се инвестира со примена на изолација, недостаток којшто доведува до загуби на енергија, особено во помалку развиените земји. Од овие услуги придобивка би можеле да имаат и приватните корисници бидејќи се намалуваат нивните трошоци за енергија. (БК) Повеќе... Хрватска одобрува 616 проекти за подобрување на енергетската ефикасност во згради Овие проекти целосно ќе ги користат достапните финансиски средства во висина од 70 милиони евра, кои се наменети за оваа цел од Оперативната програма за финансирање на политика на кохезија 2014-2020. Исто така ќе се користат дополнителни средства. “На ваков начин, ќе се намали потрошувачката на енергија и CO2 емисиите. Градежната индустрија ќе добие поттик со што ќе има неколку конкретни ефекти за нашите граѓани”, изјавува г-динот Пленкович после претставувањето на резултатите на јавниот повик за проекти за реконструкција на резиденцијалните згради. Министерот за регионален развој и фондовите на Европската Унија г-ѓа Габриела Жалац која вели дека со реализацијата на јавниот повик демонстрирал како може да се реши проблемот со финансирањето на проекти од фондовите на ЕУ. Резултатите од јавниот повик се објавени само после неколку дена после публикацијата на студијата која и покажа на Хрватска дека скоро и да не ги искористува алоцираните фондови на ЕУ за енергетска ефикасност. Министерот за инфраструктура и просторно планирање г-дин Ловро Кужчевич вели дека 60 проценти од трошоците за секој проект ќе биде обезбеден од алоцираните средства и 40 проценти од сопствениците на резиденцијалните згради. Ова значи дека повеќе од 134,2 милиони евра ќе бидат инвестирани во следната година и половина до две години. Очекуваните заштеди на енергија се 66,8 проценти и намалувањето на CO2 емисиите би требало да се намали за 20,500 тони. (БК) Повеќе... Албанија го усвојува законот за промоција на енергијата добиена од обновливите извори Нацрт законот беше оспорен од операторите на малите ходроцентрали во земјата, бидејќи го променува режимот за регулирање и шемата за поддршка. Центарот за решавање на расправи и преговори при Секретаријатот на Европската Комисија имаше улога на фасцилитатор на преговорите помеѓу производителите и Албанската влада и парламентарниот комитет. Беше пронајдено компромисно решение во декември 2016, во форма на специјална провизија којашто сега веќе е вклопена во новиот закон. Дел од компромисот е дека Секретаријатот ќе помогне да се дефинира шемата за поддршка на постоечките производители. “Секретаријатот ја нагласува важноста од прифаќањето на финалното решение кое е прифатливо за сите вклучени чинители. Ние се надеваме дека пронајдениот компромис позитивно ќе влијае на правната сигурност и ќе ја подобри согласноста со довербата на инвеститорите”, изјавува заменик директорот на ЕК г-дин Dirk Buschle. Досега шемата за поддршка за енергијата којашто е произведена од обновливи извори на енергија во Албанија беше фидинг тарифата која беше

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 167

Страница 4

применлива само за мали хидроцентрали со капацитет помалку од 10 MW и помеѓу 10 MW и 15 MW на основа на договорите за концесија кои се потпишани за временски период од 15 години. (БК) Повеќе...

Занимливости Пилот шемата на Обединетото Кралство го трансформира социјалното домување во енергетски ефикасно паметно домување Проектот познат како Retrofit Plus, којшто е спроведен заедно во соработка со Универзитетот од Градот Бирмингем да се види како спроведената промена на куќите би можела да ги намали сметките за греење и воедно да ги извади од енергетската сиромаштија домаќинствата кои се со ниски приходи. Две фамилијарни куќи во областа Shard End од Бирмингем беа опфатени со проектот од Градскиот Совет на Градот Бирмингем минатата година. Корисниците престојувале во своите домови додека се спроведувале промените во нив. Во процесот се опфатени одреден ранг на мерки за енергетска ефикасност претставени преку Beattie Passive’s TCosy Deep Retrofit system. Со примена на овој систем целата зграда се обвива со изолационен слој со инсталирање на дрвена рамковна конструкција целосно околу домовите и внесување на изолационен материјал во ѕидовите и празнините на покривот. Со ова се создава континуиран изолационен слој околу зградата, со што од зградите се отстарнуваат загубите на топлина и провев – формирајќи процес на доизградување кој може да се користи за обновување на постоечките домови. Како дел од решението за доизградување, инсталирани се нови прозорци и врати со тројно застаклување како и систем за механичка вентилација и систем за искористување на отпадната топлина. Целиот систем е изграден според стандардите за ниско енергетски пасивни куќи. Куќите исто така се опремени со високо технолошки сензори и контроли коишто вршат автоматска регулација на домовите. Нивото на температурата во домовите како и учење и соодветно реагирање на шемите на користење на корисниците. Резултатите покажуваат 80% намалување на употребата на енергија од корисниците на домовите. (БК) Повеќе... Најголемата производство

сончева

термоелектрана

со

полно

Најголемата во светски рамки сончева термо-електрана конечно го произведува предвиденото количество на електрична енергија. Сончевата централа Иванпах на подрачјето на Јужна Калифорнија во почетокот не ги исполнувала договорните обврски кон електроенергетската компанија Pacific Gas & Electric. Но после финото подесување на постројката која што се состои од 170 000 огледала, снагата и производството ги постигнале предвидените вредности и нема веќе грижи за раскинување на договорот. Сопствениците на електраната се електроенергетските компании NRG и BrightSource Energy, но и компанијата Alphabet матична компанија на ИТ гигантот Google. Моќноста на електраната изнесува 377 MW, а се наоѓа во пустината Мохаве, околу 80 km југозападно од Лас Вегас и со работа започнала уште во месец март 2014та година. (БК) Повеќе... Енергија за греење од пребарување интернет страни Градот Стокхолм во партнерство со неколку компании, развива проект со кој топлината која се развива во големите центри за податоци да се користи како енергија за греење и да се пренасочува во локалната градска мрежа за централно греење. Според нивните истражувања единечен центар за податоци со

моќност од 10 MW може да произведе топлинска енергија за 20000 станови. Топлината која ја создаваат серверите претставува голем проблем со кој се соочуваат центрите за податоци, па за ладење на серверите е потребна доста електрична енергија и воедно ги зголемува финансиските трошоци на компаниите и влијае на зголемување на емисијата на СО2. Согласно оваа нова иницијатива на градот Стокхолм насловена „Стокхолм дата паркс“ (Stockholm data parks), центрите за податоци ќе користат евтина обновлива енергија. Поточно топлината која ќе се одзема ќе може да се продава на локалните градски мрежи за централно греење или пак да се направи замена на услугите и да се добие бесплатно ладење. (ДТ) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународен конгрес за енергијата, економијата и безбедноста 25ти до 26ти март 2017 година Истанбул, Турција Темите на конгресот кои ќе ја опфатат областа на социјалните науки делумно се поврзани со енергијата, безбедноста и економијата детално се објаснети во соодветниот дел. Трудовите коишто не се поврзани со наведените теми можат да бидат вклучени во конгресот со поминувањето на прелиминарниот процес за евалуација. Истражувачите исто така можат да земат учество во конгресот со своја презентација. Трудовите можат да бидат пишани на англиски или на турски јазик. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција 2017 за енергетската економија и енергетската политика (ICEEEP 2017) 7ми до 9ти април 2017 година Берлин, Германија Главната цел на конференцијата ICEEEP 2017 е да се претстават најновите истражувања и резултати од научниците кои се поврзани со темите на енергетската економија и енергетската политика. Оваа конференција обезбедува можности на претставниците од различни области да разменат нови идеи и искуства лице в лице, воспоставување на деловни и истражувачки врски како и да пронајдат партнери на глобално ниво за идна соработка. (БК) Повеќе... Конференција „Обновливи извори на енергија – Заштита на животната сердина – Вода – Иновации“ 25ти до 27ми април 2017 година Белград, Република Србија Во рамки на тридневниот саем РЕНЕКСПО ќе се одржи и тридневна конференција. Целта на конференцијата е да направи спој на компаниите од Западно европскиот регион, и кои се заминаваат со спроведување на проекти и иновации за искористување на обновливата енергија и заштита на животната средина. Воедно да поттикне поголем број на ваков тип на проекти. (ДТ) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

Infomacef br 167  
Advertisement