Page 1

Број 156

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  МАЦЕФ истражува за Вас  Анализа  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Март се одликуваше со голем број активности кои се дел од нашата секојдневна работа. Сеуште немаме информација дали е прифатена нашата пријава на Конкурсот кој го распиша Владата на Република Македонија, за финансирање на 20 проекти. Нашиот предлог беше да приготвиме прирачник за сопствена изработка на опрема, со едноставни средства, ефтино а корисно, како што се нудат на пазарот системи според принципот “Do it yourself”. А да биде од полза за сите. Како и досега сакаме да го насочиме вашето внимание кон нашите меѓународни активности: Редовни активности на меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC, GGF и RePublic_ZEB Тркалезна маса како дел од проектот multEE Тркалезна маса - почеток на разработка на Визијата за декарбонизација на секторот за производство на електрична енергија до 2050 година преку проектот финансиран од

European Climate Foundation

Прилог на колегата Славко Митовски (општина Кисела Вода) за заштедите кои ги оставриле со примена на мерките за енергетска ефикасност Со задоволство би сакале да ги прикажеме и достигнувањата кои ги остваруваат и другите општини во Македонија. На таков начин тоа може да биде потстрек за да се применат слични мерки и кај останатите општини. Посебно очекувам (ги прозиваме) општина Карпош со коментари за реализацијата на ЕЕ фасади, општините Гази Баба и Чаир со искуството со ЕЕ улично осветлување и т.н. Во МАНУ беше организирана силна средба со експерти од неколку универзитети, при што беа прикажани достигнувања вопримена на софтвери за анализа и предвидување во енергетскиот сектор. За заинтересираните – прикажана е промената на цената на електричната енергија на берзата во Будимпешта за 2015 година. Во април не очекуваат повеќе активности (тоа не зависи од активностите на Собранието кое ќе треба да се распушти ) во земјата и надвор од неа. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources)

- мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Прв состанок на проектот „Декарбонизација на производството на електрична енергија“ На 1-ви минатиот месец, се оствари првиот проектен состанок од проектот „Декарбонизација на производството на електрична енергија“ кој воедно претставуваше старт на работните активности. На овој прв состанок беа разгледани планираните активности, временската рамка за извршување на истите како и динамиката на извршување. На крајот на состанокот се оформија заклучоци во однос на работната содржина на финалниот проектен документ, а воедно го претстави и изборот на засегнатите страни во овој проект. Беше договорено да се направи тркалезна маса до крајот на месец март на која ќе учествуваат сите засегнати страни кои имаат познавање на оваа проблематика. (ЖИ) Tркалезна маса „Декарбонизација на електро енергетиката“, 24. март Во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Агенција за енергетика во просториите на Министерството за економија на Република Македонија се одржа тркалезната маса „Декарбонизација на електро енергетиката“ со тема: “Може ли во Република

Македонија да се замени целосно производството на електрична енергија од фосилни горива со обновливи извори до 2050 година?“

Причина за дискусијата е недостатокот на сопствени фосилни ресурси, ослободување од увоз на енергенти, ослободување од увоз на електрична енергија и придонес во заштитата на животната средина/ климатски промени. Вовед во темата имаше проф. Д-р Константин Димитров (презентацијата може да се види на веб страната на МАЦЕФ www.macef.org.mk). Потоа следеше дискусија во која учествуваа сите засегнати страни, како ресорни министерства и државни тела, истражувачки организации, приватен сектор и здруженија на граѓани. Заклучокот од плодната дискусија беше дека Република Македонија има ресурси за да се оствари производство на електрична енергија од обновливи извори до 2050 година, но при тоа треба да се совладаат потешкотиите и пречките од финансиска, техничка и организациска природа. Ова е почеток на дискусијата, со желба да се подигне свеста дека е можна реализација на оваа визија, а дополнително, ќе се приготват и потребни информации како поткрепа на реалноста за остварување на оваа цел. (КД) Повеќе Проект Streetlight-EPC Во месец март се одржа редовен состанок со претставници од проектниот партнер Град Скопје. На состанокот беа дефинирани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 156

Страница 2

датумот и темата на првиот настан од низата настани, кои е предвидено да се одржат до средината на месец јуни. Првиот настан ќе се одржи на 15ти април во просториите на Град Скопје кои се дел од МКЦ. Настанот претставува продолжување на минатиот настан, а ќе биде отворена дискусија на прашања како да се надминат недостатоците за правилно и квалитетно подготовување на техничкиот дел од тендерската документација. Целна група на настанот се општинските претставници од претставници од општинската самоуправа од секторите улично осветлување и јавни набавки. Дополнително на настанот ќе се презентираат новите промотивни материјали изработени во рамки на проектот. (ДТ) Повеќе... Активности на проектот REACH Спроведувањето на проектот РЕАЦХ се одвива според предвидената динамика. Во месец март на јавниот повик се пријавија 3 организации кои работат во сферата на социјалните работи. Понудите беа детално разгледани и на крајот беше избрана организацијата која ќе ги спроведе посетите во сите 400 домаќинства. Се очекува во текот на следниот месец да се спроведат посети на првите 100 домаќинства. Во посетите ќе бидат вклучени и средношколците од СЕТУ Михајло Пупин, кои минатата година учествуваа во обуката која се одржа како дел од активностите на проекот. (ЖИ) Повеќе... РеПублик_ЗЕБ проект Во март 2016 година, продолжи активната работа на проектот РеПублик_ЗЕБ. После моделирањето на два референтни објекти во софтвер за оптимална пресметка на трошоци за реновирање на постоечки објекти кон нЗЕБ, тимот на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија–МАЦЕФ, започна со работа на анализа за осетливост. Анализата ќе опфати технички, економски и финансиски параметри, со цел да се добијат сеопфатни резултати и точност. МАЦЕФ ја започна својата подготовка за последниот партнерски состанок на проектот во Лисабон, Португалија. Состанокот ќе се одржи на почетокот на месец Јуни. Во средината на месец Јуни, МАЦЕФ ќе организира неколку настани, како дел од проектот, Недела на одржлива енергија и Недела на Енергетика. Засега, потврден е еден настан: Обука за реновирање кон нЗЕБ. Можете да се пријавите на следниот линк: http://eusew.eu/energy-days/refurbishment-towards-nzeb-0. (СП) Повеќе... Tркалезна маса “Дополнување и измена на методологија Оддоле-Нагоре“, 30. Март Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, во рамките на проектот мултЕЕ, ја организираше дискусијата со наведената тема, во салата за состаноци на Министерството за економија на Република Македонија. Причина за оваа средба и размена на ставови е потребата да се збогати националната методологија со нови случаи/ равенки кои се равиени во проектот мултЕЕ, финансиран од ЕУ програмата Хоризон 2020. Во овој проект се развиени 45 случаи за пресметка на заштеди на енергија со мерки за енергетска ефикасност со примена на методата “Оддоле-Нагоре“, а во Македонија се применуваат 20 случаи усвоени во националната методологија, кои во поголема мерка се идентични со дел од ново развиените. Тема за дискусија беше споредба на новите случаи со постоечките и беше дискутирана потребата од промена на постоечката методологија Оддоле-Нагоре заради дополнување со потребните случаи развиени во рамките на мултЕЕ проектот. При тоа се заклучи дека е потребно да се споредат детално националните со новоформираните случаи, да се утврди кои дополнително ќе се предложат на усвојување, да се споредат со

развиените случаи во МВП платформата за анализа и потоа повторно да се организира средба со влијателните учесници во овој процес. Новите случаи за пресметка на заштеди на енергија преку мерки за енергетска ефикасност со методата Оддоле-Нагоре може да бидат превземени на следниот линк: (СП) Повеќе http://multee.eu/system/files/multEE_ Report_D.2.1_FINAL.pdf. Училишен проект Во изминатиот месец спроведувањето на работилниците се одвиваше според предвидената динамика. Во месец април ќе биде спроведена кампања во сите три училишта, а целта на кампањата е членовите на Зелените енергетски клубови да ја прошират пораката за зголемена заштеда на енергија - особено електрична енергија и воедно заштита на животната средина. За успешна реализација на кампањата во сите три училишта ќе има предавања за методите и пристапот преку кои се спроведува една кампања.(ДТ) Консултативна средба на граѓанскиот сектор за областа Енергетика/Транспорт На 22.03.2016 година во просториите на НВО ЕКОСВЕСТ се одржа советодавна средба на граѓанскиот сектор за областа Енергетика/Транспорт. На средбата присуствуваа членови од неколку здруженија: ЕКОСВЕСТ, АНАЛИТИКА, ФРОНТ 21/42 и МАЦЕФ. Оваа средба е дел од ИПА 2 механизмот на граѓанското општество која организира серија секторски консултативни средби на кои се дискутираа политиките, програмите, предизвиците како и идните приоритети во секој од седумте сектори од Националниот стратегиски документ 2014 - 2020. На средбите учествуваа претставници на организациите кои се дел од ИПА 2 механизмот, како и претставници на други заинтересирани организации и поединци. Заклучоците од средбите ќе бидат споделени со сите релевантните чинители и ќе бидат доставени до ДЕУ во Скопје како придонес на граѓанското општество во рамки на консултациите за Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. (ЈДК) Средба со Aналитика На почетокот на минатиот месец, во просториите на МАЦЕФ се одржа средба помеѓу Жарко Илиевски, претставник на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и локален координатор на проектот REACH и Соња Ристевска, претставник на Аналитика, организација за истражување на јавните политики но и локален координатор на проектот Одржлив енергетски дијалог во ЈИЕ. На состанотокот беа разгледани можностите за соработка меѓу двете организации, но во голем дел и начинот и динамиката на соработка меѓу двата меѓународни проекти во кои како партнери учествуваат МАЦЕФ и Аналитика. Како резултат на разговорот, договорена е размена на податоци добиени од теренските истражувањата меѓу двата проекта. Во насока на истражувањето на застапеноста на енергетската сиромаштија во нашата земја, се очекува следниот период од шест месеци да се добие реална слика за можностите за намалување на потрошувачката на енергија и вода кај овие домаќинства преку активностите на двата европски проекти. (ЖИ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 156

Страница 3

Платформа за енергетска ефикасност – Работилница за новинари Во последниот викенд од месец март се одржа настанот Платформа за енергетска ефикасност–Работилница за новинари на тема „Примена на енергетската ефикасност во домаќинствата“, во организација на ЕВН АД Македонија и Министерството за економија. Здружението МАЦЕФ учествуваше на настанот со двајца претставници во првиот ден од настанот, м-р Саше Паневски и г-ѓа Даниела Трпкоска, дипл. маш.инж. Темите кои беа презентирани се: „Енергетска ефикасност во домаќинствата енергетски контроли и совети за енергетска ефикасност„ и „Нови трендови во енергетската ефикасност во домаќинствата“, двете теми предизвикаа голем интерес кај присутните. После двете презентации се разви плодна дискусија на која одговараа претставниците од МАЦЕФ, ЕВН АД Македонија, Министерството за економија и директорот на Агенција за енергетика. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС „Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/16 од 21.03.2016  Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Анализа

Минатата година во ЕУ се инсталирани нови ветерни електрани со моќ од 12800 MW Во 2015та година во Европската Унија инсталирани се нови ветерни електрани со моќност од 12800 MW, што претставува пораст од 6,3% во однос на 2014та година. Покажуваат статистичките податоци добиени од Европската асоцијација за ветерна енергија-ЕВЕА. Ветерните електрани опфаќаат 44% од вкупниот инсталиран капацитет во ЕУ минатата година. Во моментов на ниво на Европската Унија ветерни електрани со 142 GW инсталиран капацитет инсталирани, од ветерни електрани со инсталиран капацитет од 131 GW се на копно и ветерни електрани со инсталиран капацитет од 11 GW се поставени „на

водена површина“. Од 2000та година ветерните електрани опфаќаат третина од вкупните ново инсталирани капацитети, како резултат на брзиот тек на намалено користење на конвенционалните извори како што се јагленот и гасот. Германија е земја со најголем број на инсталирани ветерни електрани (45 GW), потоа следат Шпанија (23 GW) и Британија (14 GW). Минатата година во ветерната енергија се инвестирани 26,4 милијарди евра, што претставува 40% од вкупните инвестиции во 2014та година. Во просeчнo ветровита година инсталираниот капацитет на ветерна енергија во ЕУ ќе произведе 315TWh елкетрична енергија, сo којашто се покриваат 11,4% од вкупните потреби за електрична енергија на земјите членки во Европската Унија. Во изградба се нови ветерни електрани со моќност од 1900 MW, а за 3034 MW минатата година е донесена конечна одлука за нивно финансирање. (БК) Повеќе... Анализа студија... Цена на електрична енергија на берза во 2015 година

(КД)

Новости од Македонија

Сумарни заштеди како резултат од реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност на општина Кисела Вода за период од 01.10.2009 до 31.12.2015 г. Заштеди Енергија tCО₂eq Година Денари Евра MWh 2009 534 1914222 31126 105 2010 1216 9774003 158927 315 2011 1826 13579439 220804 475 2012 3239 23633499 384285 849 2013 5322 33176181 539450 1407 2014 3910 24324447 395519 1101 2015 4573 15928483 259000 1294 СУМА 20620 122330274 1989110 5546 Основни придобивки: 1.Помала потрошувачка на енергија од 20.620 MWh; 2.Финансиски заштеди од 122.330.274 денари или 1.989.110 евра; 3.Заштита на животната средина 5.545 тон СО2eq помалку во атмосферата; 4.Подобар конфорт за корисниците и зголемен животен век на зградите. Прилогот е приготвен од Одделение за Енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода, Славко Митовски дипл.маш.инж. Тркалезна маса 6th EPMES Workshop, 11.03., МАНУ Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, ја организираше оваа средба на која учествуваа експерти од Универзитетот во Загреб, Белград и БиХ, а со свои прилози се претставија и членовите на Истражувачкиот центар. При тоа беа прикажани алатки (софтвери) и резултати од истражувањата во секторот на енергетиката кои се спроведуваат во овие институции, со посебен акцент на состојбата во Македонија. (КД) Театар на сенки и акустична музика за „Час на планетата Земја“, организирано од ЕВН Македонија На 19 март во 20 часот и 30 минути, светот испрати уште една симболична порака за заштита на Земјата.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 156

Страница 4

Историски обележја, домови, излози и многу други објекти на сите континенти бидеа 60 минути во темнина по повод одбележување на Часот на планетата Земја. ЕВН Македонија и годинава ја поддржи акцијата со симболично исклучување на светлечките реклами на своите објекти и организирање на едукативен настан за поттикнување на енергетската ефикасност. По ноќните читања со ЕВН за Часот на планетата Земја, ова е уште еден придонес на компанијата кон оваа планетарна акција чија цел е да се подигне свеста на луѓето за разумното користење на електричната енергија и климатските промени како последица. (СП) Повеќе ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“- УСПЕШЕН МОДЕЛ ЗА ЕКО УЧИЛИШТЕ Општината Карпош во соработка со УНДП и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) успеаа да го спроведат пилот-проектот со кој се направи преориентирање на горивото во системот за греење на основното училиште Димо Хаџи Димов. Според проектот, за загревање на училиштето ќе се користи целиот дрвен отпад кој ќе го соберат ЈП паркови изеленило од територијата на општина Карпош. Во дворот на училиштето е изградена посебна просторија каде што е сместена новата специјализирана машина за преработка на дрвена маса и производство на дрвен чипс. (ДТ) Повеќе... Општина Карпош ќе инвестира во термо фасади за 40 стари објекти Дел од постарите станбени објекти во скопската општина Карпош годинава ќе ја добијат можноста за реализација на мерките за енергетска ефикасност. Локалната самоуправа деновиве го објави планот за реконструкција на фасадите на 40 згради за колективно домување. Од буџетот на општината во овој проект ќе бидат инвестирани 50 милиони денари. Со зафатот станарите на овие згради треба да добијат пониски сметки за топлинска енергија во зимските месеци, но истовремено со термо фасадите ќе се подобри естетскиот изглед на објектите. (СП) Повеќе

Новости од светот

Ветерни турбини на Сименс во првата босанска ветерна електрана Електростопанство на хрватската заедница Херцег-Босна потпиша договор со компанијата Сименс во вредност од 72 милиони евра за испорака на ветерни турбини за првиот ветерен парк во земјата. Ветерната електрана Месиховина, која е со моќност од 44 MW и со можност за зголемување на 66 MW, се наоѓа северозападно од градот Томислав. Купувањето на ветерната турбина ќе биде финасирано од средствата на германската банка за развој КфВ (KfW). Ветерната електрана би требало да биде пуштена во употреба во 2017та година. Во Босна и Херцеговина во план е изградба на уште една ветерна електрана во близина на градот Мостар, а ќе биде позната под името ВЕ Подвележје. Ветерната електрана Подвележје ќе биде со моќност од 32 до 48 MW. (БК) Повеќе...

Занимливости

СоларЕџ лансира ново решение на комерцијален инвертер во Јапонија Новиот инвертер се состои од мали и лесни трифазни комерцијални инвертери, со големина од 24,75 kW и 33,3 kW за низок и среден приклучен напон. Компанијата СоларЕџ

(SolarEdge) успева максимално да ја искористи енергијата од секој модул со цел да се овозможат подолги врски, подобрена безбедност како и помали трошоци при користење и одржување. Ова ќе овозможи новото инвертерско решение да го подобри периодот на употреба на комерцијалните соларни енергетски системи. „Како врвна компанија за инвертери, СоларЕџ сега го претставува своето комерцијално инвертерско решение на јапонскиот пазар“ вели Гај Цела, извршен директор, основач и претседател на компанијата. „Идентификувајќи ја Јапонија како мошне важен пазар за фотоволтаични панели, СоларЕџ инвестираше во развојот на соодветните продукти за да се исполнат потребите и барањата за регулација на јапонскиот пазар.“ Г-дин Нобу Фукатсу, генералниот менаџер на компанијата СоларЕџ од Јапонија додава дека компанијата пред 10 години веќе започнала со претставувањето на новиот иновативен оптимизер но сега го претставува на пазарот новото оптимизирано инвертерско решение на јапонскиот пазар. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.energy.eu www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Обновливата енергија и животната средина 11то до 13ти јули 2016 Мадрид, Шпанија Целта на конференцијата е обезбедување на платформа за истражувачи, инженери, академици како и професионалци во индустријата од целиот свет, да ги претстават своите истражувачки резултати и развојни активности во хемискиот инженеринг и животната средина. Конференцијата им дава можност на делегатите за размена на нови идеи и применети искуства лице в лице, воспоставување на бизнис врски или истражувачки врски и пронаоѓање на глобални партнери за идна соработка. (БК) Повеќе... Макротрендовите во медицината, науката, и технологијата 30ти до 31ви јули 2016 Дубровник, Хрватска Конференцијата ги поканува сите учесници за поднесување на апстракти/трудови на теми кои се пошироко поврзани со здравјето и медицината, применетата наука, технологијата и иновацијата, енергијата, како и општата самоодржливост. Основната цел на конференцијата е разбирањето на најновите трендови како и теми во академското истражување во рамката на овие широки области. Втората цел на конференцијата е поврзување на академските истражувања со практичните импликации. (БК) Повеќе... Меѓународен собир на професионални лица од областа на гасот 04ти до 06ти мај 2016 Опатија, Хрватска Најголемиот настан во Југоисточна Европа кој ќе ја опфати проблематиката од ефектот на штетните емисии од јаглеродниот диоксид на гасот и идните енергетски системи, нови технолошки решенија поврзани со гасот и енергетските индустрии (хибридни решенија и употребата на обновливите извори на енергија), развојот на паметни технологии за употреба на гасот и енергетски системи и проекти за развој на гасот во Хрватска. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

InfoMACEF 156  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you