Page 1

Број 155

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  МАЦЕФ истражува за Вас  Анализа  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Февруари е најкусиот месец во годината, освен што овој пат е најдолг – цели 29 дена! Иако “си ја гледаме работата“, со едно уво наслушуваме дали има крај на сегашново политичко измачување. Иако не сакаме да си признаеме, општoто опкружување влијае и на нас и на целиот сектор. Ние приготвивме пријава на Конкурсот кој го распиша Владата на Република Македонија, за финансирање на 20 проекти. Нашиот предлог е да приготвиме прирачник за сопствена изработка на опрема, со едноставни средства, ефтино а корисно, како што се нудат на пазарот системи според принципот “Do it yourself”. А да биде од полза за сите. Како и досега сакаме да го насочиме вашето внимание кон нашите меѓународни активности: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB и состанокот во Софија. Креирање на визијата за декарбонизација на секторот за производство на електрична енергија до 2050 година – преку проектот финансиран од European Climate Foundation, веќе ги заокружува првичните заклучоци: Македонија располага со потенцијал да се заменат фосилните енергенти со обновливи извори; потребни се знатни почетни финансиски вложувања; крајните финансиски резултати (40 годишен период на експлоатација) нудат предност на обновливите извори. А при тоа да не ги спомнуваме еколошките придобивки. Нашата желба за дискусија дали автомобилите на електричен погон имаат знатни економски придобивки во споредба со стандардните (дизел и бензин) возила, не предизвика поширок интерес – веројатно сеуште бројот на електрични возила е навистина занемарлив! Иако Законот за градба захтева инвеститорите да приложат единствено ПОТВРДА за исполнување на минимални захтеви за енергетска ефикасност, единствено општината Карпош, ги принудува инвеститорите покрај со закон предвидената Потврда, да приложат и Елаборат за енергетска ефикасност, како доказ кон Потврдата. Дополнително непотребно финансиско оптоварување на инвеститорите. А инвеститорите и проектантите не се осмелуваат да се побунат!!! И Стопанските комори молчат. Не ги заштитуваат своите членки. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

ОБУКА за обучувачи на алатката за пресметка на Поедноставениот енергетски модел за згради Во периодот од 22 до 25 февруари во просториите на Машинскиот факултет - Скопје се одржа Обука за обучувачи за софтверската алатка за пресметка на Поедноставениот енергетски модел за згради за генерирање Сертификати за енергетски карактеристики на згради во Република Македонија. Обуката е во рамки на Регионалната програма за енергетска ефикасност во земјите од Западен Балкан, а финансирана е од страна на Европската банка за обнова и развој-ЕБОР и Европската комисија. Организатор беше Секторот за енергетика при Министерството за економија, а обучувачи беа г-дин Енди Леури и г-дин Шабир Хусеини од групацијата BRE trust од Обединетото Кралство. Со оваа софтверска алатка е предвидено да се прават пресметките за енергетски карактеристики на згради и издавање на сертификати за енергетски карактеристики на згради од страна на овластените енергетски контролори. Здружението МАЦЕФ како дел од правните субјекти кои вршат обука на енергетски контролори, учествуваше со 4 претставници - енергетски контролори. Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел, а последниот ден се одржа финална вежба-тест на која секој учесник требаше за даден случајзграда да направи пресметка со помош на софтверската алатка, потоа да генерира енергетски сертификат и да предложи мерки за енергетска ефикасност со цел намалување на потрошувачката на енергија во зградата. (ДТ) Проект Streetlight-EPC Во месец февруари беа изработени 2 прирачници, првиот е за анализа на внатрешното осветлување, а вториот претставува упатство за употреба на ЛЕД технологија во внатрешното осветлување. Дополнително се работеше на организирање на првата тркалезна маса на која ќе учествуваат само претставници од општинската самоуправа од секторите улично осветлување и јавни набавки. Целта на овој настан е да се одговорат сите прашања кои што останаа отворени од минатиот настан. Настанот е предвидено да се одржи во втората половина од месец март, во организација на проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје. (ДТ) Активности на проектот REACH Минатиот месец беше исполнет со активности на дефинирање на повикот за експерт за социјална работа со кој ќе се определи организацијата која ќе ги придружува енергетските контролори при посетите кои ќе се остварат во енергетски сиромашните домаќинства во месец март, април и мај. Беа подготвени сите документи од повикот и испратени до релевантните организации кои работат во сферата на социјалните работи. Се очекува до средината на месец март, понудите да бидат разгледани и да

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 155

Страница 2

биде избрана онаа организација која ќе има најдобра понуда. Во месец февруари беа дефинирани и комплетирани сценаријата за сите три видео клипови кои се планирани за изработка во состав на медиумската кампања за проектот REACH со што се тие конечно може да бидат и реализирани. Минатиот месец се започнати и подготовките за подготовка на повикот за набавка на ЕЕ уреди кои ќе бидат делени по домаќинствата. Се очекува до средината на март овој повик да биде подготвен и соодветно испратен до сите релевантни понудувачи. Активностите минатиот месец опфатија и подновување на македонскиот дел од веб страната на REACH проектот. (ЖИ) Повеќе... Работен состанок на проектот РеПублик_ЗЕБ во Софија, Бугарија На 18 и 19 февруари 2016 година, во Софија, Бугарија, се одржа работен состанок на меѓународниот проект РеПублик_ЗЕБ. На состанокот најмногу се дискутираше за моделирањето на референтните објекти во секоја земја и изборот на оптимален пакет на мерки за реновирање на јавните згради кон „речиси нула енергетски објекти“. Финалната верзија на алатката за пресметка беше претставена и стои на располагање за користење во државите партнери на проектот. Анализа на осетливост за секој референтен објект ќе биде дополнително подготвена, врз основа на резултатите на алатката и оптималниот пакет на мерки. Исто така, дискутирани беа активностите поврзани со ширење на резултатите на проектот. МАЦЕФ како дел од тие активности, ќе организира неколку настани во Јуни, меѓу кои и една обука. Се очекува во наредниот период да произлезе и меморандум за разбирање меѓу влијателни страни во секоја држава со што би се покажал интерес за успешна примена на Директивата за енергетски карактеристики на објекти и Директивата за енергетска ефикасност. Наредниот состанок на проектот РеПублик_ЗЕБ ќе се одржи во Лисабон, Португалија во почетокот на јуни, 2016 година, што воедно претставува и последен состанок на проектот. Во меѓувреме, посетете ја интернет страната на проектот на http://www.republiczeb.org/ и преземете ги извештаите кои се подготвени како дел од активностите на овој проект! (СП) Повеќе... Најава за обука: „Реновирање кон нЗЕБ“

На 15.06.2016 година ќе се одржи обука на тема „Реновирање кон нЗЕБ“, организирана од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Скопје, а како дел од РеПублик_ЗЕБ проектот. Обуката е дел од иницијативата на Европската Комисија „Недела на одржлива енергија“. Повеќе информации за настанот можете да добиете на сајтот на иницијативата (http://eusew.eu/), или поточно на следниот линк: http://eusew.eu/energydays/refurbishment-towardsnzeb-0. На интернет страницата на настанот, можете да го пријавите вашето учество. Истото можете да го направите и на нашата електронска пошта: macef@macef.org.mk.

Обуката ќе ги опфати темите за кревање на свеста на засегнатите страни, ќе даде осврт на законската рамка (европска и национална), достапни технологии, методологии за пресметка и осврт на софтверско решение за cost-optimal пресметки. Настанот има целна група составена од градежни компании, проектанти, општини и сопственици на објекти. На обуката ќе бидат пренесени и искуствата од досегашната работа на РеПублик_ЗЕБ проектот, со завршените извештаи и алатка кои ќе бидат од корист како на градежните компании, така и на сопствениците на објекти. Истите се однесуваат на условите и се применливи во Република Македонија. Како дел од иницијативата „Недела на одржлива енергија“, МАЦЕФ ќе организира уште неколку настани. Повеќе информации за нив ќе има во следното издание на ИнфоМАЦЕФ! (СП) Повеќе МултЕЕ проектот multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). Како прв дел од реализацијата, дефинирани се 45 случаи за пресметка на заштедите на енергија преку мерки за енергетска ефикасност со методата “Од долеНагоре“. Македонија има 20 прифатени равенки/случаи на национално ниво. Во моментов се анализираат уште 6-7 нови мерки кои треба да бидат предложени за усвојување на национално ниво. Набргу ќе организираме средба со засегнатите страни за да се дефинира изборот на мерки корисни за Македонија, а после тоа да се пристапи и кон определување на базните “default” вредности кои ќе служат за споредба. (СП) Повеќе... Училишен проект По повод започнувањето деветата фаза од проектот Училишен сервис на 15-ти февруари во Стопанската Комора на Република Македонија се одржа работилница за наставниците од сите 12 основни училишта кои се вклучени во оваа учебна година. На работилницата преку презентации беше претставен проектот од самиот почеток па се до сега, беа споделени искуства на наставници кои учествувале во спроведувањето на проектот и беше направена паралела помеѓу темите кои се обработуваат во проектот и предметот Природни науки според новата наставна програма по Кембриџ која се спроведува во основните училишта. На тема „Улогата на енергетската ефикасност во образовниот сектор“-говореше гѓата Даниела Трпкоска како претставник од здружението МАЦЕФ. Дополнително во месец Февруари во сите три основни училишта беа формирани зелените енергетски клубови и се одржаа по 2 почетни предавања. (ДТ) Финализирана Програмата за ЕЕ Општина Велес Во првата недела од месец февруари МАЦЕФ ја финализираше Програмата за енергетска ефикасност за Општина Велес за периодот 2016-2018 година. Во рамки на изминатиот период беа изработени 22 Енергетски контроли за објекти кои се во надлежност на општината Велес, а во кои се сместени 24 правни субјекти. Објектите кои беа опфатени со Програмата се 6 детски градинки, 8 основни училишта, 4 средни училишта, 3 јавни претпријатија, објектот на локалната библиотека, средношколскиот дом и објектот каде што е сместена општинската администрација. (ДТ)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 155

Страница 3

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС „Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/16 од 08.02.2016  Одлука за започнување на постапка за доделување концесија за

користење вода за производство на електрична енергија од 37 мали хидроелектрични централи  Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 11 мали хидроелектрични централи

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/16 од 22.02.2016 

Закон за изменување и дополнување на Законот за градењe

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/16 од 29.02.2016  Закон за изменување и дополнување на Законот за градење

АНАЛИЗА ЕУ увезува повеќе од 50% од електричната енергија Енергетската зависност на Европската Унија во 2104та година изнесувала 53,4%, што значи дека Европската Унија мора да

увезува повеќе од половина од енергијата која ја користи. Од земјите членки на Европската Унија, најмалку зависни од увозот на електричната енергија се земјите Естонија (8,9%), Данска (12,8%) и Романија (17%), според податоците од Европскиот завод за статистика Еуростат. Од друга страна, од увозот на електрична енергија најмногу се зависни земјите Малта (97,7%),

Луксембург (96,6), Кипар (93,4%), Ирска (85,3%), Белгија (80,1%), и Литванија (77,9%). Податоците покажуваат дека во 2014та година земјите членки на Европската Унија биле енергетски позависни во споредба со 1990та година. Просечната енергетска зависност во тој временски период се зголемила од 44,2% на денешните 53,4%. (БК) Повеќе... Анализа статистика...

Новости од Македонија Работилница за енергетска ефикасност на општините Резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“ беа претставени на работилница во организација на Агенцијата за енергетика. Консалтинг за стратегиски развој во соработка со Светска банка и Агенција за енергетика на РМ во рамки на проектот организираат осум работилници, во секој од планските региони во Македонија. Ќе бидат споделени резултати, искуства и корисни совети од процесот на изработка на различни документи важни за енергетската ефикасност на општината, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност на Светска банка. Програмата се спроведува 18 месеци во периодот 2014-2016 и има цел да ја зголеми ефикасноста на користењето енергија во општините во Македонија со унапредување на капацитетот на локалните самоуправи да идентификуваат и спроведуваат енергетски ефикасни можности во општинскиот сектор. Реализацијата е преку давање поддршка на осум општини (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) да изработат различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината и споделување на искуствата со сите општини во земјата. Во месец февруари се одржани работилници во Струмица, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Струга и Скопје. Во рамки на проектот ќе биде подготвен и дистрибуиран и прирачник, наменет да ја води општинската администрација низ процесот на создавање ефикасна и остварлива програма за енергетска ефикасност и нејзина примена. (СП) Повеќе Кавадарци ќе субвенционира за енергетска ефикасност во колективното домување Советот на општина Кавадарци донесе одлука повторно како и лани да издвои средства и да им олесни на станари во колективни згради во центарот на градот, за зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите во кои живеат. -Општината учествува во проектот за енергетска ефикасност во колективното домување, спонзориран од УСАИД преку агенцијата Хабитат. Целта е да се помогне при заштеда на енергија во колективните домувања за станарите. На последната седница на Советот на општина Кавадарци донесовме одлука со која учеството на општината од 20, се зголеми на 25 проценти, како субвенција за поддршка на енергетската ефикасност во објектите за колективно домување, појасни денеска Тодор Ефремов, раководител на Секторот за локален економски развој при општината. Условите кои Хабитат ги нуди се 7 години рок на исплата, а кредитот кој го земаат станарите е со каматна стапка од 5 %. -Врз основа на корегираниот правилник и процентуалниот износ за учество на општината согласно на најновата одлука на Советот, се очекува повикот кој ќе биде распишан од страна на комисија исто така формирана од Советот. Повикот ќе биде јавно објавен, ќе се приберат апликациите од страна на граѓаните кои ќе имаат соодветен рок за доставување на бараните документи. Потоа комисијата ќе одлучи на кои згради согласно критериумите утврдени во правилникот, ќе им се обезбеди субвенција во висина од 25 проценти, пари од буџетот на општината за оваа година, рече Ефремов. Минатата година беше субвенционирана една зграда, сега во буџетот се предвидени 800 илјади денари и зависно од премерот и пресметките кои ќе бидат доставени до општината, таква ќе биде и распределбата на буџетските средства. (СП) Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 155

Страница 4

Новости од светот Зајакнување на секторот геотермална енергија во Полска Полскиот министер за животна средина г-дин Јан Сузко изјави дека попрепорачливо е да се употребува геотермалната енергија, во однос со ветерните фарми коишто го „уништуваат“ теренот. Според правилата на Европската Унија Полска е обврзана 15 % од производството на електрична енергија да се произведува со употреба на обновливи извори на енергија до 2020та година, од коишто 12 % веќе се користат. Полска има значаен напредок во прифаќањето на обновливите извори на енергија во последниве години, со развивање на биогасни централи како и субвенционирање на изградбата на ветерни фарми. Според Светскиот енергетски совет, Полска има значајни извори на геотермална енергија, но не со високи температури. Ресурсите коишто се достапни во резервоарите се во рамките од 30 ̊C до 130 C ̊ на длабочини од 1 до 4km. Иако термалната вода веќе неколку векови се користела за балнеолошки цели, развојот на геотермалната енергија за греење е започнат во последните 15 години. (БК) Повеќе... Мороко ја започнува првата фаза од отворањето на најголемата во светски рамки концентрирачка сончево термална централа Кралот Мохамед VI на Мороко е подготвен да ја отвори првата фаза на најголемата концентрирачка соларно термална централа во светски рамки. Соларната централа би требало да биде со иста големина колку градот Рабат. Настанот пред комплексот на Noor соларно термалната централа е овозможен со помош на финасирањето од Светската Банка и Африканската Банка за Развој во вредност од 435 милиони долари. Откако сите три фази од проектот ќе бидат во функција која се цели да биде во 2018та година, се очекува централата да обезбедува електрична енергија на 1,1 милиони жители со моќност на соларно термалната централа од 500MW. Дел од проектните развивачи сметаат дека централата би можела дури и да започне со извоз на електрична енергија на Европскиот пазар. Меѓународната енергетска агенција има проценето дека до 11 % од прозводството на електрична енергија во светот би можела да се добива од концентрирачки соларно термални централи до 2050та година. (БК) Повеќе...

Занимливости Графенано и грабат почнуваат со графенски батерии Шпанската Графенано, неодамна заедно со кинескиот партнер Чинт претстави нов вид батерии. Тие ќе овозможат автономност на возилата од 800 km и период на полнење од само 5 минути. Батериите се наменети за домаќинства, транспортен сектор (автомобили и велосипеди), дронови и дури и пејсмејкери. Најверојатно ќе бидат произведувани во Јекла, Шпанија, а компаниите се надеваат да добијат фукционални прототипови во средината на 2016 година. Посебно им се истакнува безбедноста и не се наклонети кон експлозии како литиумските батерии. Производството во Шпанија и Кина ќе е можно благодарејќи на придонесот на Чинт Груп од Кина. (СП) Повеќе Електрична енергија од отпадна вода Двајца технички истражувачи од Вирџинија откриваат начин како максимално да се искористи електричната енергија којашто може да биде произведена од отпадните води. Една статија која е објавена во научните извештаи каде детално се опишани нивните пронајдоци, говори за растечко самоодржливо движење да се искористи енергијата од постоечкиот отпад со потенцијал за поголема енергетска ефикасност на објектите за третирање

на отпадните води. Научниците Ксујанг Фенг и Џејсон Хе откриле бактерија, која ги навела на откривањето на поврзаноста помеѓу два специфични супстрати коишто произведуваат поголемо количество на енергија заедно отколку што би произвеле секоја посебно. Овој труд ќе помогне во откривањето на мистеријата на тоа како електрохемиската-активна бактерија создава енергија. Би можело да помогне во развојот на нов третман наречен микробиолошка горивна ќелија. „Пронаоѓањето на бактеријата ни откри голем дел од загатката за започнувањето на одржливо производство на електрична енергија“ вели г-динот Фенг, којшто е асистент професор по инженеринг на биолошки системи. „Ова претставува чекор напред кон растечкиот тренд да се направат центрите за третирање на отпадните води самоодржливи со енергијата којашто ја користат“. Откритието е од големо значење бидејќи не сите органски материи ја извршуваат истата работа на ист начин. Некои функционираат бидејќи тие претставуваат храна за бактеријата којaшто произведува електрична енергија додека други се добри во спроведувањето на енергијата. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reach-energy.eu www.republiczeb.org www.energy.eu www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за менаџмент 2016 1ви до 4ти јуни 2016 Пула, Хрватска Ова претставува традиционална конференција, во која добредојдени се трудови од пет широко опфатни области: менаџментот, економијата, финасиите, туризмот и енергијата. Повеќе... Меѓународна конференција за обновливата енергија и биоенергијата 29ти јуни до 2ри јули 2016 Констанца, Романија Главната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за инженери, академици, научници, професионалци од индустријата како и истражувачи од целиот свет да ги претстават резултатите од своите истражувачки активности во полето на обновливата енергија и биоенергијата. Конференцијата на присутните им овозможува размена на знаењата, идеи, пронајдоци како и техники за решавање на проблемите. Повеќе... Загадување на воздухот 2016 20ти до 22ри јуни 2016 Крит, Грција Конференцијата се однесува на широк спектар на прашања и предизвици, но делумно е дадено внимание на регулаторните и пазарните решенија за справувањето со загадувањето на воздухот. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

Infomacef br 155  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you