InfoMACEF 187

Page 1

Број 187

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Активности на МАЦЕФ

Во овој број:

      

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во претходниот број на ИнфоМАЦЕФ Ве известивме дека МАЦЕФ успеа да се избори за изработка на две општински програми, воедно постоеше можност да добие и трет договор за изработка на уште една програма. Во месец октомври беа потпишани сите три договори и веднаш после потпишувањето започна да тече рокот за нивно спроведување. Согласно тоа тимот енергетски контролори на МАЦЕФ со голема сериозност пристапи во исполнување на задачите кои проилегуваат од трите општински програми за енергетска ефикасност, а се со цел да се задржи нивото на успешна изработка на програми кое МАЦЕФ го има постигнато во изминатиот период. Во овој број на нашиот и ваш електронски Информатор Ви го свртуваме вниманието на следните теми: ВИЕНА - Talanoa Dialogue for Climate Ambition Програма за енергетска Општина Велес 2019-2021

ефикасност

на

Програма за енергетска Општина Берово 2019-2021

ефикасност

на

Програма за енергетска ефикасност Општина Гази Баба 2018-2020

на

До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

ВИЕНА - Talanoa Dialogue for Climate Ambition На 10.10.18 во Секретаријатот на Енергетската заедница, се одржа овој Дијалог на кој присуствуваа владини и невладини претставници, како и финансиски институции. Верувамe дека дел од дискусијата на проф. д-р Константин Димитров ќе најде место во заклучоците која се однесуваше на: Реализацијата на стратегиските документи зависи од неколку елементи: 1. Приоритетот на институциите; 2. Нивниот капацитет (знаење); 3. Финансиски средства. Ако реализацијата на стратешките документи (ОБРЗУВАЧКА: 40% смалена емисија, 32.5 % реализација на мерки за Енергетска ефикасност и 32% енергија од Обновливи извори до 2030 година) не биде поддржана со законски казнени (финансиски) одредби, ќе си останат како убави книги во библиотека. КД МАЦЕФ изработува три општински програми за енергетска ефикасност Во изминатиот период МАЦЕФ потпиша три договори за изработка на Програми за енергетска ефикасност за трите општини: Велес, Гази Баба и Берово. - Програма за енергетска ефикасност на Општина Велес 2019-2021 Во месец октомври МАЦЕФ започна со спроведување на договорот за изработка на програма за енергетска ефикасност на Општина Велес за периодот 2019-2021. Спроведувањето на договорот започна со состанок со одговорните лица од секторот ЛЕР на Општина Велес и тимот на МАЦЕФ. На состанокот беа дефинирани сите неопходни подробности за успешна реализација на програмата, како што се: беа дефинирани сите податоци кои се потребни за програмата и лицата кои се клучни за обезбедување на податоците, динамиката со која ќе се одвива посетата на општинските објекти, собирање на сметки за потрошувачка на енергија во објектите итн. Согласно договорената динамика беа посетени сите објекти и собрани сите податоци, кои останува да бидат преработени и сумирани во главниот документ. - Програма за енергетска ефикасност на Општина Берово 2019-2021 Во октомври МАЦЕФ потпиша договор за изработка на првата Програма за енергетска ефикасност за Општина Берово, програмата е за периодот 20192021. Во рамки на оваа програма ќе бидат опфатени

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 187

Страница 2

сите општински објекти: основни училишта, градинки, јавни претпријатија итн. Изминатиот месец беше одржан состанок во Општина Берово помеѓу одговорните лица оид општината и тимот на МАЦЕФ а беа направени и 7 енергетски контроли на дел од објектите кои се наоѓаат во Берово. Енергетските контроли на останатите објекти е дефинирано да биде во договор со општинските претставници и лицата кои се одговрни за објектите. - Програма за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба 2018-2020 Третиот договор за изработка на програма за енергетска ефикасност за Општина Гази Баба за период 2018-2020, МАЦЕФ го потпиша во втората половина од месец октомври. Кон крајот на месец октомври, во договор со општинските претставници кои се задолжени за програмата, направена е првична комуникација со лицата кои се задолжени за објектите и утврдена е динамиката на посета на објектите. Ако се земе во предвид дека МАЦЕФ беше задолжен за изработка на минатата програма, лесно ќе може да се утврди колку општината успеала да ја подобри и да го зголеми нивото на енергетска ефикасност во своите сектори. ДТ Проект WeBETT Во месец октомври активностите на проектот WeBETT беа насочени кон подготовката на материјалите за завршната конфереција од проектот која ќе се одржи во Виена кон средината на месец ноември 2018. На оваа конференција, МАЦЕФ ќе учествува со свои претставници. По завршувањето на оваа конфереција, постигнатите резултати од проектот ќе бидат прикажани на локална конфереција во Скопје која е планирано да се одржи во месец декември 2018. ДТ Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ДТ ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Исцрпени средствата за субвенции за печки на пелети Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување печки на пелети, односно веќе се пристигнати 200 барања. Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат. Со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување печки на пелети, граѓаните имаа можност да набават печки на пелети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 70% од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За овој втор јавен повик во 2018 година за субвенции за купување на печки на пелети во Буџетот на Град Скопје беа предвидени околу 5 милиони денари. За потсетување, ова е втор јавен повик во 2018 година за субвенционирање печки на пелети, а претходно во месец мај годинава беа доделени 187 субвенции. Субвенционирањето на купување печки на пелети ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот и една од мерките што придонесува за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух. Повеќе СП Засилени активности на градскиот инспекторат со двојно поголем број казни за загадувачите во Град Скопје На 30.10.2018 на дваесетта седница на Советот на Град Скопје, советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија, јавните институции и средните училишта кои се во ингеренција на Градот Скопје. Дел од прашањата беа во врска со загадувањето на амбиенталниот воздух и активностите на градскиот инспекторат во насока на намалување на истото. Градоначалникот Шилегов ги информира советниците за активностите на градскиот инспекторат во насока на намалување на загадувањето преку интензивираните контроли и дежурства, како и дека во изминатиов период се изречени двојно поголем број на казни во однос на истиот период лани. Повеќе СП

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 187

Страница 3

Јавен повик за субвенции за граѓаните за купување на електрични тротинети Градот Скопје распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети за 2018 година. Јавниот повик ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик (29.10.2018 година, понеделник), а заклучно со 10.12.2018 година. Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден електричен тротинет. Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Повеќе СП Владата со пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии Владата на 16.10.2018 на седница донесе одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, а кои ќе се искористат за финансирање на проекти од областа на наводнување кои ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за финансиски средства по основ на доделен заем од Владата на Сојузна Република Германија, односно германската кредитна развојна банка KfW. Се работи за средства во износ од 20 милиони евра кои МЗШВ ќе ги искористи за реализација на проектите „Повеќенаменски ХС Лисиче 2 и 3 фаза и Програма за наводнување на јужната вардарска долина фаза 3“. Овие два проекти од областа на наводнувањето се од исклучително значење за велешкиот и валандовскиот регион. Нивната реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во овие региони и врз подбрување на конкурентноста на земјоделството. Повеќе СП Центарот за развој Источен плански регион-завршна прес конференција на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” На 15 октомври 2018 година Регионалната Админинстрација од Благоевград-Република Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион на Република Македонија оддржаа завршна прес конференција за промоција на резултатите на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020. На настанот беше истакнато значењето од спроведување на ваков тип на проекти реализирани со прекугранична соработка и беа презентирани податоци кои покажуваат дека ИПА е најуспешната и најискористената програма кај нас што докажува дека субјектите ги имаат зајакнато своите капацитети како за подготовка така и за реализација на проекти. Повеќе СП

Новости од светот Парламентарците од ЈИЕ регионот дел од меѓупарламентарен состанок на ЕУ за обновлива енергија и енергетска ефикасност Со поддршка на ГИЗ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа - енергетска ефикасност (ОРФ-ЕЕ), најголемата делегација на пратеници од Југоисточна Европа (ЈИЕ) учествуваше на Меѓупарламентарниот состанок за

обновлива енергија и енергија Ефикасност, кој се одржа од 19 до 20 октомври во Виена. На состанокот се учествуваа членовите на Европскиот парламент (ЕП), националните парламенти на Европската унија (ЕУ) и парламентарците на ЈИЕ да разговараат за можностите за економскиот раст преку поголемо искористување на обновлива енергија и зголемување на енергетската ефикасност, социјалната интеграција и просперитетот во ЕУ и пошироко. Некои од клучните пораки пренесени од страна на учесниците беа дека енергетската транзиција треба од една страна треба да ги постепено да вклучува обновливите извори на енергија, а од друга страна на постепено да ги отстрани фосилните горива и нуклеарната енергија. Тие, исто така, истакнаа дека енергетската транзиција може да создаде нова генерација работни места и богатство. Јасна Секуловиќ, раководител на проектот ГИЗ ОРФ-ЕЕ, по повод овој настан изјави „Учеството на земјите од Југоисточна Европа на состанокот е важен чекор напред и симболично признавање на нивната улога од ЕУФОРС, што беше овозможено со поддршка на ГИЗ ОРФ-ЕЕ", истакна Секуловиќ. Повеќе... ДТ Извештајот на Енергетската заедница ги повикува земјите-членки да ги завршат реформите со цел да успеат во транзицијата на чиста енергија Според Извештајот за годишното спроведување на националните планови на Секретаријатот на Енергетската заедница (ENC) се утврдува дека просечната стапка на имплементација на Договорните страни изнесува околу 43%, и ја нагласува потребата од завршување на првата транзиција, од превземените енергетски сектори до регионално интегрираните пазари, со цел да бидат успешни во втората, зелена енергетска транзиција, која моментално ја трансформира ЕУ и светот. Извештајот, кој го опфаќа периодот од септември 2017 до септември 2018 година, открива дека Црна Гора и Србија и понатаму остануваат фаворити во однос на спроведувањето на транзицијата, додека Република Македонија скокна на третото место. Албанија и Косово е средина од имплентацијата. Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина се земјите кои заостануваат, а Украина е со најслаба имплементација. Грузија има најниска имплементација, но добро функционира, со оглед на тоа дека поголемиот дел од роковите за транспозиција треба да истечат. Третата година по ред, фокусот остана на спроведувањето на Третиот енергетски пакет. Во мај 2018 година, Република Македонија им се придружи на седумте Договорни страни кои веќе го транспонираа Третиот пакет. Повеќе... ДТ

Интервју

Интервју со раководителот на Одделението за инфраструктура и енергетска ефикасност при Секретаријатот на Енергетската заедница, г-ѓа Виолета Когелничеану: Владите треба да воспостават програми за енергетска ефикасност на национално ниво Постигнувањето резултати во енергетската ефикасност не е прашање на достапни финансиски инструменти, туку прашање на кредитната способност на домаќинствата и нивниот расположлив доход за подобрување на енергетската ефикасност, рече Виолета Когалничеану, Раководител на Одделението за инфраструктура и енергетска ефикасност при Секретаријатот на Енергетската заедница во интервју со Balkan Green Energy News. Според неа, со цел да се зголеми стапката

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 187

Страница 4

на реновирање, владите треба да развијат сеопфатни програми за енергетска ефикасност на национално ниво. Когалничеану вели дека инфраструктурата досега не ја попречила употребата на обновливи извори на енергија во Западен Балкан, но дека ќе мора да се прилагоди на следната фаза на обновливите извори откако ќе почне. Колку е голем неискористен потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност во земјите-членки на Енергетската заедница? Никаде во Европа енергетската ефикасност нема толку голем потенцијал отколку во договорните страни во Енергетската заедница. За земјите од Западен Балкан различните проценки на ИЕА и Светската банка укажуваат на потенцијални заштеди до 10% во транспортниот сектор, до 40% во зградите и во јавниот сектор и до 25% во индустријата и трговијата. И покрај тоа што е важно да се признае напредокот што беше постигнат досега, останува уште многу да се направи за да се постигнат стандардите за енергетска ефикасност на ЕУ. Во однос на секторите со најголем потенцијал, јасно е секторот за јавни и станбени згради каде што најмногу се заштеди, а тоа е и голем фокус на нашите активности во Енергетската заедница. Повеќе... ДТ

Занимливости

Модулот Neon R на LG Electronics обезбедува до 370 вати Модулот LG Neon R од LG Electronics има излезна моќност до 370 вати. Ревидираната клеточна структура на предната страна целосно се исклучува без никакви електроди и овозможува максимална апсорпција на сончевата светлина. Благодарение на зголемената ефикасност, 60клеточниот модул е особено погоден за употреба во ограничен простор - како мали или статични покриви со ограничен капацитет на товар. Поради подобрениот температурен коефициент, модулот, исто така, постигнува повисоки перформанси во сончевите денови, а исто така е стабилен и во зима. Дополнително подобрување има и армираната рамка, модулот може да издржи притисоци до 6.000 Pa, што е еквивалентно на 1,8 m нормален снег. Покрај тоа, Neon R издржува вшмукување до 5.400 Pa. Ова е еднакво на брзината на ветерот од 93 m/s. За споредба, во јануари 2007 година Orkantief Kyrill постигна максимална брзина до 56 m/s. Neon R има продолжена гаранција на производот од 25 години и подобрена гаранција за извршување, која по 25 години сè уште ветува најмалку 88,4 % од нејзината оригинална вредност. Повеќе... ДТ Компанијата Shell со ултра-брзи полначи за електричните возила За прв пат во инфраструктурната мрежа за полнење на електричните автомобили се воведуваат на три пати побрзи полначи од сегашните модели кои поставени во близина на Париз. Компанијата Shell го засили своето учество во инфраструктурната мрежа за полнење на електрични возила со инсталирање на своите први ултразвучни полни точки во Западна Европа - но постои проблем во однос на нивното користење а тоа е што полначите се толку моќни што ниту еден автомобил кој е во продажба денес нема да може целосно да ги искористи. До 2020 година утра-брзите полначи ќе бидат поставени на 80те европски локации. Новите полначи во рок пет минути ќе ја наполнат батеријата на автомобилот за тој да се движи 150 km, додека пак целосно полнење најновите модели на батерии ќе биде возможно за околу 10 минути, три пати побрзо од најдобрите полначи што се достапни денес.

Моделот Тајкан на компанијата Порше се очекува да биде еден од првите модели што ќе може да ги користи овие полначи. Повеќе... ДТ

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Интернет настан (Вебинар): Иновации за производство на електрична енергија кои ја унапредуваат енергетската индустрија 5ти декември 2018 година Со почеток од 11:30 часот Повеќе за вебинарот и пријавување на: https://www.renewableenergyworld.com/webcasts/2018/12/evsand-beyond-power-generation-innovations-advancing-the-energyindustry.html Од електрични возила и технологија на возила-на-електрична мрежа, до микро-мрежи и дигитални електрани, темпото во кое се менува енергетската индустрија е возбудливо и алармантно. Како снабдувачите на енергија произведуваат? Кои технологии се развиваат денес, кои се однесуваат на повеќе поврзан, дигитализиран, електрифициран свет? ДТ САЕМ: ЕНИПЕ Енергетски ефикасна индустрија и производи Од 10ти до 12ти јануари 2019 година Центар за изложби во Истанбул, Турција (Istanbul Fuar Merkezi, Bakırköy, Turkey) Настанот има за цел да ја прикаже енергијата како еднаква на моќ, индустриски производи итн. Поточно во иднина ќе бидеме сведоци дека оние кои управуваат со енергијата ќе имаат голема моќ. Изложувачите на саемот се од секторите за градежништво, енергија, индустрија и производство, текстил, автоматизација, мерење, логистика и обновлива енергија. Повеќе... ДТ Конференција: Моќни Обвивки (PowerSkin) 17ти јануари 2019 година Минхен, Германија Конференцијата PowerSkin ги поврзува архитекти, инженери и научници да ги презентираат своите најнови случувања и истражувачки проекти. Ќе бидат прикажани најновите научни истражувања и развој, како и проекти поврзани со обвивките на објектите од перспективата на материјал, технологија и дизајн. Повеќе... Конференција: Идните мрежи на електрична енергија за обновлива енергија Од 30ти до 31ви јануари 2019 година Хотел Новотел Берлин, Германија Конференцијата ќе ги опфати областите како што се активностите на федералната влада во областа на енергетските мрежи, дигитализацијата и ИТ безбедноста, Метролошката студија за загубите во складирање на батерии за PV системи, ИТ безбедност во дистрибутивните мрежи - основа за идните електрични мрежи за обновливи извори енергија. Повеќе... ДТ

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Millions discover their favorite reads on issuu every month.

Give your content the digital home it deserves. Get it to any device in seconds.