Infomacef br 181

Page 1

Број 181

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Април 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Од соработниците на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во месецот на „Шегата“ тимот на МАЦЕФ сериозно се зафати за привршување на започнатите проекти и активно вклучување во нови проектни предизвици. Ве насочуваме кон следните содржини: МАЦЕФ ги доведе во финална фаза Програмата за ЕЕ за Општина Дебрца 2018 – 2020 и сите дополнителни документи кои беа дел од Техничката задача на потпишаниот договор; Координативен состанок на МАЦЕФ и високи претставници од Одборот за техничка поддршка на Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) тема на состанокот беа законски акти кои се однесуваат на искористување на ОИЕ; Учество на меѓународна работилница во Кишињев, Молдавија; Проект WeBET. Вредно е да се напомене дека во изминатиот период МАЦЕФ во соработка со постоечките и нови проектни партнери од земјава и надвор од неа, активно работи на развој на неколку проектни идеи. Целта на оваа соработка е заедничко учество на големиот број отворени повици за финансирање на меѓународни проекти. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Програма за енергетска ефикасност на Општина Дебрца (2018-2020) Здружението МАЦЕФ изминатиот месец активно работеше на подготовка на програмата и енергетските контроли. Дополнително се подготвуваат извештаите за направените термовисизки снимки на објектите со дијагностички мерења. Моментално се привршува со нацрт верзијата од програмата. Сите документи кои се предвидени во техничката задача на потпишаниот договор ќе бидат завршени во договорниот рок за спроведување на договорот. WeBETпроект Во месец април, активностите од проектот WeBET резултираа со неколку состаноци на кои беа во целост беа комуницирани и дефинирани неколку програмски процеси. Во таа насока, бешедефинирана комукациската стратегија на проектот која е основа за креирање на индивидуалните комуникациски стратегии, а исто така се дефинираа и временските рокови за подготовка на материјалите кои се дел од него. Покрај тоа, се разговараше за подготовка на студијата за флексибилност и интегративност на ОИЕ за производство на електрична енергија во регионален контекст. Во овој период, се подготвува и документот за митовите кои се поврзуваат со производството на електрична енергија од ОИЕ, каде се разгледува нивната веродостојност и вистинитост. Истражувањата кои се дел од проектот продолжуваат со несмалено темпо и се очекува нивно финализирање во почетокот на едната година. Работилница: Mеѓународни искуства во врска со планирањето на енергетската ефикасност на национално ниво На 12 Април во Кишињев, Молдавија се одржа работилница насловена како „Mеѓународни искуства во врска со планирањето на енергетската ефикасност на национално ниво“. Организатор на работилницата беше ГИЗ, Германија. На оваа работилница учество земаа претставници од ГИЗ, ИФОК ГмбХ, од канцеларијата на "Covenant of Mayors", од Латвија и Хрватска. Претставник од Македонија беше Јасминка Димитрова Капац, со презентација насловена "Планирањето на енергетската ефикасност во Македонија". Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Во изминатиот месец МАЦЕФ имаа координативен состанок со гдин Олаф Зимелка, иден претседател на Одборот на директори на ГГФ и г-дин Реинхолд Штарус, член на Одборот за техничка поддршка на ГГФ, г-дин Лахлам Камерон и г-дин Драган Спировски од канцеларијата Финансе ин мотион. Целта на состанокот беше претставниците од ГГФ да се запознаат со тековната состојба во енергетскиот сектор со посебен акцент на движењата и трендовите за понатамошен развој, како и новитетите кои ги носи новиот Закон за енергетика. Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 181

Страница 2

промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Анѓушев: Универзален снабдувач може да биде секој лиценциран трговец на електрична енергија Универзален снабдувач со електрична енергија ќе се избере 90 дена откако ќе стапи во сила на новиот Закон за енергетика. Овој снабдувач ќе им продава струја на граѓаните што нема да купуваат струја од слободниот пазар. Ова се дел од измените што се планираат со новиот предлог-закон за енергетика што од вчера е поставен на ЕНЕР. – Универзален снабдувач може да биде секој лиценциран трговец на електрична енергија што ќе одлучи да формира таква компанија – појасни вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Меѓу другото тој додаде дека не очекува цената на електричната енергија за домаќинствата да порасне драстично и по целосната либерализација на пазарот. Повеќе... Објавен огласот за субвенции за вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци Министерството за економија го објави Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2018та година. Граѓаните ќе можат да добијат субвенции во висина од 50% од вредноста на инвестицијата в оваа енергетски ефикасна мерка, но не повеќе од 500 евра во апсолутна вредност. Право да аплицираат на овој оглас имаат сите оние кои ќе вложат во ваква инвестиција, од денот на објавувањето на огласот до 31- ви август 2018. Повеќе

Волонтерски активности во Кавадарци за подобрување на енергетската ефикасност на објект Во Кавадарци денеска се одржуваат волонтерски активности за изградба на нова фасада кај зграда во центарот на градот, како и реновирање на катот во кој се сместени две пензионерски здруженија. Целта е подобрување на енергетската ефикасност на објектот. Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија, изрази задоволството што француската компанија Saint-Gobain ги избрала за партнер во проектот, во кој се вклучени и изведувачот, локалните пензионери, станарите во зградата и општината со своја партиципација во дел од трошоците. – Такви видови на партнерства не е лесно да се организираат и да се спроведат и јас сум навистина среќен што тоа во Кавадарци се одвива според планот, нагласи Костов. Директорот за комуникации на Saint-Gobain, Ласко Лауко рече дека се горди што имаат можност да донираат во овој проект. Повеќе Република Македонија и Република Бугарија потпишаа Меморандум за спојување на пазарите за тргување со електрична енергија на двете земји Македонија и Бугарија ќе ги поврзат организираните пазари за тргување со електрична енергија, предвидува Меморандумот за разбирање што во Софија го потпишаа претставници на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и МЕПСО од македонска страна и претставници на бугарската Регулаторна комисија за енергетика (EWRC), бугарскиот електропреносен систем оператор ЕСО и бугарската берза за електрична енергија ИБЕКС. Потпишувањето беше резултат на првиот состанок на претставниците на засегнатите страни, кој се одржа на 12 април 2018 година во Софија. На овој настан активно учествуваа претставници од Министерството за економија на Република Македонија, предводени од државниот секретар Зоран Павловски, од Министерството за енергетика на Република Бугарија, од EWRC, како и од Секретаријатот на Енергетската заедница и консултантскиот конзорциум за поддршка на проектот. Намерите од овој меморандум ќе може да се реализираат откако Македонија ќе формира организиран пазар за електрична енергија на кој ќе се тргува по принципот „ден однапред“, што е предвидено со новиот Закон за енергетика. Повеќе...

Новости од светот 10 топлани во Србија ќе преминат на биомаса Се работи за дел од проектот „Развој на одржлив пазар за биоенергија во србија“, во вредност од 27 милиони евра, од кои 20 милиони евра се кредит од германската развојна банка kfW, 2 милиони евра безповратна помош од истата банка, а 5 милиони евра се помош од Владата на Швајцарија. “Преминувањето на топланите на биомаса има повеќекратна корист за одржливиот развој на локалните заедници. Со купување на локален енергент, во овој случај биомаса, парите остануваат дома, а во синџирот на снабдување и користење се создаваат можности за отворање на нови работни места. Истовремено, сериозно се намалува загадувањето на животната средина“ изјавил советникот на проектот за германско – српска развојна соработка Рајнер Шелхас.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 181

Страница 3

Првиот проект – преминување на биомаса е котларница која снабдува училиште, градинка, здравствен дом, културен центар и ојектите на општинската управа во Прибој, а ќе се реализира преку заедничко финансирање на локалната самоуправа и техничка поддршка од GIZ. Повеќе... Патоказ за паметни мрежи во Турција поставува Турција планира да замени најмалку 80 отсто од своите сегашни броила за електрична енергија со паметни бројачи до 2035 година. Таа ќе чини 4,3 милијарди евра (21 милијарда тони). Турската регулаторна управа за енергетски пазар (ЕМАРА) и Асоцијацијата на оператори на дистрибутивни системи (ЕЛДЕР) поставија план за оваа транзиција. Главната цел е да се обезбеди поефикасно користење и намалување на загубите и намалување на електричната енергија. Проектот Турција Smart Grid 2023 (TAS2023) беше презентиран на 6-тиот Меѓународен конгрес и саем за паметни мрежи и градови во Истанбул (ICSG 2018), објавија локалните медиуми. Турција има 21 компанија за дистрибуциј а на електрична енергија и сите беа анализирани така што може да се утврдат нивните барања за надградба. Според патоказот, секоја компанија што работи во нивните региони ќе ги определи сопствените потреби поврзани со надградбата на паметните бројачи. Компаниите се должни да ги достават своите извештаи до Регулаторната комисија за енергетски пазар до 2020 година. Врз основа на индивидуалните барања, соодветната технологија ќе се применува во секој случај. Поспецифичните потреби и апликации на секоја дистрибутивна компанија ќе бидат наведени во текот на втората фаза од проектот. Според презентацијата на патоказот, дистрибутивниот сектор очекува до 50 милиони претплатници до 2035 година, или 80 отсто од нив ќе можат да пристапат до паметната технолошка инфраструктура. Врз основа на патоказот, поголема интеграција на проектите за производство на обновлива енергија од мали проекти во мрежата ќе биде овозможена преку паметна технологија. Во моментов, во Турција има 42,5 милиони бројачи. Повеќе...

Занимливости Пилот проект за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата во Хрватска Првиот тон отпаден масло за готвење од домаќинствата е наплатен во Хрватска и ќе се рециклира, објави ИНА - компанија за нафта и гас што го започна проектот. Во октомври минатата година, ИНА понуди нова "зелена услуга" на своите клиенти да собира и отуѓува искористено масло за готвење на една од 30 локации на INA во централна Хрватска. Компанијата обезбеди бесплатни инки за заинтересирани купувачи. Шест месеци по започнувањето на пилот-проектот, се собрани првите тони отпадни масла - највисокото количество се испорачани од граѓаните на Загребските општини Трешњевка (140 тони) и Максимир (100 тони), додека Чаковоц во северна Хрватска, исто така, собрани 100 тони. Домаќинствата во Хрватска генерираат околу 9 милиони литри употребено масло за готвење годишно или повеќе од два литри по глава на жител. За разлика од рестораните, хрватските

домаќинства немаат законска обврска да собираат употребени масла за готвење. Во споредба со другите земји на ЕУ, Хрватска заостанува во собирањето масло за готвење отпад. На пример, во Белгија и Австрија, домаќинствата рециклираат повеќе од 50 проценти од маслата за готвење. Отстранувањето на контејнерите од малопродажните локации на ИНА го спроведува претпријатието Агропротеинка, претпријатие кое започна со собирање на отпадни масла во 2008 година. Досега има транспортирано нафта до своите постројки за физичка претходна обработка, а потоа се продава прочистена нафта на пазарот на ЕУ.Рециклираното масло за готвење отпад може да се користи за производство на биогорива, сапуни, детергенти и синтетичка гума. Повеќе... Прв само-управувачки е-автобус во Истанбул, е-автобуси во провинции Првиот само-управувачки електричен автобус наскоро ќе почне да се користи во Истанбул, Турција. Истовремено, е-автобусите со возач ќе почнат да се користи во две турски провинции, Маниса и Елазиг. Овој нов е-автобус без возач е конструиран од страна на компанијата Истанбул Електрик Трам и Тунел (Istanbul Electric Tram and TunnelIETT). Автобусот беше презентиран првиот ден од тридневниот Светски конгрес на градови, на 17 април, во главниот град на Турција. Министерот за наука, индустрија и технологија на Турција, г-динот Фарук Озлу и поранешниот премиер на Шпанија Хозе Луис Родригез Запатеро, беа меѓу првите кои имаа можност да се возат со новиот автобус. Градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал, рече дека инспирацијата за дизајнот на е-автобусот без возач е земена од градскиот трамвај. Во почетокот, овој е-автобус ќе се одвива на аеродромите и на патиштата затворени за редовен сообраќај, каде што ќе бидат тестирани. Истовремено, во турските провинции Маниса и Елазиг ќе бидат пуштени во употреба 22 е-автобусите со возач. Повеќе... Економската вредност на енергетската ефикасност може да доведе до намалување на глобалните емисии на CO2 Амбициозните политики за енергетска ефикасност може да ја задржат глобалната емисија на енергија и енергетски емисии на јаглерод диоксид (CO₂) до 2050 година, според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија. Перспективите за енергетската транзиција: Улогата на енергетската ефикасност покажува дека и покрај речиси тројно зголемување на светската економија и глобалното население кое се зголемува за речиси 2,3 милијарди, само енергетската ефикасност на крајната потрошувачка може да обезбеди 35% од кумулативните заштеди на CO2 до 2050 година потребни за да се исполнат глобалните климатски цели. Според проценките на ИЕА глобалната побарувачка за енергија се зголеми за 2,1% во 2017 година, штое е повеќе од двојно од стапката на раст во 2016 година. Во исто време, глобалните емисии на CO₂ поврзани со енергијата се зголемија за прв пат во три години, со оглед на забавеноста на глобалната енергетска ефикасност драматично опаѓање на 1,7%.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 181

Страница 4

„Од сите енергетски трендови во 2017 година, оној што најмногу ме загрижува е забавувањето на подобрувањата на енергетската ефикасност", рече д-р Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергија. „Стапката на подобрување што ја видовме е околу половина од стапката што е потребна за да се исполнат целите за транзиција на чиста енергија". Повеќе... Индустријата за цемент за 24 % ќе ги намали емисиите на СО2 до 2050 година Комбинацијата на технолошки и политички решенија би можела да обезбеди пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од цементната индустрија за 24% под сегашното ниво до 2050 година, според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) и иницијативата за одржливост на цемент (CSI). Патоказот за технологија, наречен Ниско-јаглеродна транзиција во индустријата за цемент, ја ажурира првата глобална секторска мапа произведена во 2009 година. Таа има за цел да ги идентификува и развие меѓународните напори за соработка и да им обезбеди докази на носителите на одлуки од јавниот и приватниот сектор за да се придвижат кон потрајни одлуки во цементниот сектор кој може да придонесе за долгорочни климатски цели. Секторот за производство на цемент третата индустрија по потрошувачка на енергија на во светот, опфаќа 7% од индустриската употреба на енергија, и е вториот индустриски емитер на јаглероден диоксид, со околу 7% од глобалните емисии. Со зголемувањето на светското население и зголемувањето на урбанизацијата, глобалното производство на цемент ќе се зголеми од 12 на 23% до 2050 година. Повеќе... 2018 година на електричната енергија Улогата на електричната енергија во економиите и општествата расте доста брзо. Енергетскиот сектор станува клучен актер во глобалниот енергетски систем – во однос на сите горива, вклучувајќи ги и обновливите извори на енергија, природниот гас, јагленот и нуклеарната енергија, како и повеќето енергетски технологии. Секторот за електрична енергија во моментов привлекува повеќе инвестиции од нафта и гас – ова претставува нова пресвртница во историјата на енергетскиот сектор. Глобалната побарувачка за електрична енергија во периодот од 1990 до 2016 година е удвоен, надминувајќи ги другите горива, и е со тенденција да се удвои следејќи го темпото на побарувачката на енергија во следните 25 години. Електрификацијата на глобалниот енергетски систем вклучува многу фактори, како што е електрификацијата на топлината и транспортот, растот на поврзаните уреди и дигитализацијата на модерните економии. Ваквиот зголемен раст ќе биде највпечатлив во економиите во развој, делумно благодарение на успехот на политиките за пристап до енергија. Кинескиот пазар во текот на следните две децении ќе биде водечки, кој пак е еквивалентен на целиот електроенергетски систем во САД. Индија претставува најбрзо растечки пазар, при што побарувачката на електрична енергија се зголемува за повеќе од 5% годишно. Во исто време, глобалното снабдување со електрична енергија е во голема транзиција, оддалечувајќи се од вековната модел на потрошливи фосилни горива. Ветерот и сончевите фотоволатични панели PV се на добар пат да станат најевтиниот извори на електрична енергија, обезбедувајќи нови можности за декарбонизација. Со промената на побарувачката и понудата на електрична енергија се менува, се создаваат нови бизнис модели за енергетскиот сектор, особено затоа што дигитализацијата ја става во сенка разликата помеѓу производството и потрошувачката. Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Македонскиот енергетски форум 2018 Од 7 до 8 јуни 2018 година Хотел Изгрев, Струга Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде подиум на кој ќе бидат споделени и директно комуницирани светските трендови во енергетиката и нивното влијание во Македонија и на Балканот. На форумот ќе гостуваат предавачи од САД, Европа, претставници од Европската енергетска заедница, членови на Владата на Република Македонија, професори и експерти од МАНУ што ќе дискутираат на различни теми од областа на енергетиката. Клучното и водечко мото на Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде „Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината“. На форумот ќе се дискутира за традиционалните, но и за новите енергетски извори, за проектите за гасификација и за максимално искористување на обновливите извори на енергија, како и размислувања за светските трендови во енергетиката, кои се очекуваат во следните години. Крајниот рок за регистрација е 25 мај, 2018 година на интернет страната: mef.mk Global Power & Energy Exhibition (GPEX) Од 17 до 20 септември 2018 Барселона, Шпанија Целта на настанот е да ги прикаже стратегиите и технологиите потребни за прилагодување кон енергетската транзиција. Стратешката конференција ќе ги испита долгорочните промени во начинот на производство, дистрибуција и консумирање на енергија. Со меѓународните деловни лидери на моќ и енергија кои се занимаваат со комерцијални, регулаторни, геополитички и технички предизвици кои влијаат на иднината на енергетската индустрија. Клучните теми на конференцијата вклучуваат: Визија за енергетска транзиција, финансирање на иднината на енергија, нови бизнис модели и ерата на дигитализацијата. Регистрација за конференцијата Изложбата GPEX ќе ги прикаже најновите иновации и технологии кои се фундаментални во постигнувањето на идните енергетски цели, со 200 изложбени компании. Регистрација за изложбата. Повеќе... 35th EU PVSEC – Конференција и изложба Од 24 до 28 септември 2018 Брисел, Белгија Меѓународната конференција има за цел да ги собере на едно место експертите за да ги дискутираат новите концепти, трендови и случувања во науката и индустријата во областа сончеви фотоволатични панели. Програмата за меѓународна конференција ќе биде структурирана во пленарни презентации и ќе го опфати целиот спектар на истражувања, технологии и апликации, фокусирајќи се на најновите научни, технолошки и пазарни трендови за сончевите фотоволтаични панели.. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д.Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Millions discover their favorite reads on issuu every month.

Give your content the digital home it deserves. Get it to any device in seconds.