Page 1

Број 180

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

      

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

МАЛ ЈУБИЛЕЈ. Број 180 на ИнфоМАЦЕФ. 15 години непрекинато, секој месец, комуницирање со Вас почитувани членови, симпатизери и заинтересирани колешки и колеги. Не е ласно, ама и задоволството од успехот е големо. Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во Март месец, со сите очекувани “климатски промени – изненадувања“, нашата работа и обврските се одвиваа според утврдениот редослед. Претходно договорените обврски, подготовката на ЕЕ програм за општина Дебрца, како и реализацијата на обврските со Фондот за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) се одвиваат стандардно – обврските се исполнуваат во рок со бараниот висок квалитет. Вредно за одбележување е продолжување на нашите активности во делот на учество во општествените обврски и промоција на нашите достигнувања кои се од интерес за Македонија. Во таа насока учествувавме во јавната расправа поврзана со новиот Закон за енергетика, организиран во просториите на ЕУ Делегацијата. Исто така забележително е и нашето учество во дискусијата за примена на обновливите извори на енергија во Македонија. Повеќе можете да видите на https://www.facebook.com/MACEF-279722706202/timeline/?ref=br_tf .

До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Програма за енергетска ефикасност на Општина Дебрца (2018-2020) Здружението МАЦЕФ во месец март потпиша договор со Општина Дебрца за изработка на Тригодишна програма за енергетска ефикасност за периодот 2018-2020 година. Согласно потпишаниот договор освен програмата, ќе се изработат и енергетски контроли со термографски снимки за објектите кои се под ингеренции на општината. Изминатиот месец тимот на МАЦЕФ ги спроведе теренските посети на сите посети на објектите кои се предвидени со договорот. Како успешно да се пренесе законодавството на ЕУ во енергетскиот сектор? На 14 март, во просториите на ЕУ делегацијата во Македонија, четири НО организираа дискусија за значењето на новиот Закон за енергетика во Македонија. Со учество на Г-ѓа Вирве Вимпари (ЕУ делегација), г-ѓа Невена смилевска, г-ѓа Диана Жупаноска и проф. д-р Константин Димитров, како панелисти, се разви дискусија во која учествуваа претставници на Владата на РМ, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, претставникот на Енергетската заедница во Македонија и други учесници во енергетскиот сектор. WeBETпроект Како дел од активностите на WeBET проектот, во април беа допрецизирани сите активности кои треба да бидат завршени за време на проектниот период. WeBET проектот ги лоцира своите активности во земјите на западниот Балкан, при што во исто време ги координира своите активности со EUKI проектот во кој учествуваат партнери од земјите членки на ЕУ. Проектот е коодиниран од Agora Energiwinde од Германија. МАЦЕФ во проектот е вклучен како партнер од Македонија и неговите активности се поврзани со истражувањето на постоечките и идните чекори во поглед на декарбонизацијата на производството на електрична енергија, митовите, правните, економските и техничките проблеми кои би се јавиле при овој процес и начини за нивно надминување. Проектот WeBETсвоите активности ги надградува на проектот SEERMAP кој траеше од 2016-2017 и во кој учествуваа сите земји од Балканот. Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Електронска презентација (Вебинар): на 20ти март се одржа презентацијата на која беа претставени новините со кои ќе се направи проширување на целите на Фондот, поточно освен заштедата на енергија и намалувањето на CO2емисиите фондот ќе ги вклучи и секторите заштеда на вода и ресурси и управување со отпад. Посета: на 29ти март МАЦЕФ и ХАЛКБАНК организираа заедничка посета на компанијата Декор Текстил од Радовиш, и ги презентираа поволностите и придобиките кои може да ги има компанијата од користењето на кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! Во следниот период МАЦЕФ ќе изработи детална енергетска проценка за зголемување на енергфетската ефикасност и искористување на обновливите извори за енергија во однос зголемување на производниот капацитет на компанијата.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 180

Страница 2

Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. Обновливи извори- енергетска иднина на Македонија Во организација на порталот Плусинфо, се одржа дискусија на горната тема со учество на проф. д-р Константин Димитров, д-р Димитар Хаџимишев, М-р Горан Паунов и м-р Сашо Генчев. На почетокот на дискусијата го поставив прашањето: Дали на Македонија и е потребна енергија од обновливи извори, имаат ли граѓаните некаква придобивка, со која динамика треба да се градат, колкава е усогласеност на стратегиските документи со одредбите од нацрт Законот за енергетика, кој да биде сопственик на постројките, затоа што ТРОШОЦИТЕ ГИ ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ. Нашиот став е дека мора да се развива паралелно користењето на сите форми на обновливи извори, со приоритет на изградба на реверзибилен хидрообјект со знатен капацитет, како и поддршка на малите производители на електрична енергија (домаќинствата). Технички потенцијал има, треба стратегиска одлука на државата, здружување на интелектуалниот потенцијал и добра организација, да се оставри проекција Македонија да биде земја “слободна“ од фосилни горива до 2050 година. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Работилница од проектот SHAPE ENERGY На 15 март 2018 година, во Конти клуб во хотел Континентал, се одржа работилницата „Придонес на енергетската ефикасност

кон намалување на загадување на воздухот“ која претставува активност во состав на проектот SHAPE ENERGY. Оваа работилница е една од 18 работилници кои се организираат на ниво на Европа. Во неа учествуваа повеќе претставници на министерства, локална самоуправа, невладин сектор и јавни претпријатија. Методот на работа на оваа работилница се заснова на методот на пишување приказни со цел од страна на присутните да понудат идеи за вклучување на општествените и социјалните науки во истржувањата од полето на енергетиката, енергетската ефикасност, декарбонизација на транпортот и подобрување на животната средина. Присутните развија широка дискусија за причините, тековните и можните решенија за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град кој како проблем се јавува години наназад. Заклучоците кои беа донесени ќе станат дел заклучоците кои проектот SHAPE ENERGY ќе ги достави до Европската комисија и ќе придонесе за збогатување на Програмата за истржување и иновации 20182020. Потпишан меморандум за соработка на Министерството за економија на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, на 20.3.2018 во име на Министерството за економија на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во Република Македонија. Со Меморандумот е превидено двете институции да превземаат взаемни активности за анализа на развојот на енергетиката во Република Македонија, со имплементација на поголемо учество на обновливите извори на енергија, спроведувајќи ги најновите светски практики и современите научни сознанија, потоа анализа на обврските на Република Македонија преземени со ратификуваните меѓународни договори во подрачјето на енергетиката и соодветните емисии и намалување на емисиите на стакленички гасови, соработка на полето компјутерските науки и информатичките технологии и соработка во доменот на економскиот раст и развој, вклучувајќи ги пристапите за динамизирање на растот, преструктуирање на македонската економија, индустриската политика и сл. Повеќе Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година Владата на Република Македонија одвои 800.000 евра (50 милиони денари) за промоција на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2018 година. Со Програмата за субвенции се определува начинот, условите, критериумите и постапката за распределба на овие средства од буџетот: - Вкупно 97.500 евра (6 милиони денари) ќе бидат наменети за покривање на дел од трошоците за купениот и инсталиран сончев термален колекторски систем до 30 проценти, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. За да се квалификува, домаќинството мора да го купи системот после објавувањето на јавниот повик. - За мерката замена на старите прозорци и купување и инсталирање на ПВЦ и алуминиумска дограма, се доделуваат вкупно 490.000 евра (30 милиони денари). Секое домаќинство ќе добие надомест до 50 проценти од вкупните трошоци, но не повеќе од 500 евра. - Домаќинствата кои ќе одлучат да користат пелети како извор на топлина и да купат соодветна печка ќе добијат надомест до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 500 евра по домаќинство. За овие цели, Владата одвои 228.000 евра (14 милиони денари). Крајниот рок за аплицирање за субвенции е 31 август 2018 година.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 180

Страница 3

Владата формираше работна група за координација на проектите за гасификација На 20.03.2018 година, Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои информацијата за реализацијата на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата. Владата го задолжи Министерството за економија во рок од 30 дена да формира работна група составена од претставници на Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на економските ресори, Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, АД МЕР Скопје, АД ГА-МА Скопје и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а по потреба и претставник од Регулаторна комисија за енергетика, со цел координација и следење на процесот за реализација на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата. Повеќе Мерцедес еко автобус на пробно возење низ Скопје Градоначалник на Град Скопје, господинот Петре Шилегов и директорот за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар, господинот Михаил Зографски, изминатиот месец потпишаа договор за пробно користење на автобус Мерцедес на гас во градскиот превоз. Овој автобус во наредните два месеци ќе сообраќа низ Скопје. Споредено со старите дизел – автобуси, овој автобус Мерцедес Бенз ЦИТАРО ЦНГ ќе троши речиси 50% помалку гориво и ќе емитува значително помалку јаглерод диоксид. „Минатиот месец потпишавме договор за пробно користење на електричен автобус за период од шест месеци, наменет за линија 15, а овој автобус наредниве 2 месеци ќе сообраќа на линија број 5. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз“ изјави градоначалникот Шилегов. Воведувањето на пробни возења на овие две марки на автобуси доаѓа пред очекуваниот тендер за набавка на нови еко автобуси за јавниот превоз во Скопје. Градот Скопје од годинешниов буџет обезбеди субвенции за оваа намена во вкупен износ од 120 милиони денари, од кои 100 милиони денари се предвидени за ЈСП-Скопје, додека останатите 20 милиони ќе може да ги искористат приватните превозници.

Новости од светот

Нова рамка за енергетска ефикасност за домаќинствата во земјите од Западен Балкан Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го промовираше Фондот за финансирање на зелената економија (GEFF) за Косово, наменет за домаќинствата. Со овој фонд е предвидено на домаќинствата да им понуди кредити за подобрување на енергетската ефикасност, според Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РЕЕП). Иницијативата е финансирана од ЕУ и имплементирана од ЕБОР во партнерство со Секретаријатот на Енергетската заедница. Кредитните линии од 8,5 милиони евра веќе се потпишани од трите локални партнерски финансиски институции, ТЕБ Банка во Косово и микрофинансиските институции, вклучувајќи ги Кредитими Рурал на Косово (КРК) и Агенција за финансирање на Косово (АФК), како дел од поголемата ГЕФФ програма (со вкупен износ од 85 ЕУР милиони) која се спроведува во Западен Балкан. Преку програмата GEFF, семејствата во Косово ќе имаат можност да ги имплементираат решенијата за зелени технологии, како

што се нови двојни застапени прозорци, високо ефикасни котли или изолација за нивните домови. Повеќе... 11 енергетски, еколошки предлози на клучните инфраструктурни проекти Националната комисија за инвестиции на Црна Гора усвои листа од 36 клучни приоритетни инфраструктурни проекти, вклучително и 11 проекти за енергија и заштита на животната средина. Според црногорската влада Комисијата го доставила списокот до владата за разгледување и усвојување, дополнително истакнуваат дека за овие 36 проекти се обезбедени 2,13 милијарди евра, од кои 1,17 милијарди евра се за осум енергетски проекти и 62,9 милиони евра за три проекти за заштита на животната средина. Осумте приоритетни енергетски проекти на листата на Националната инвестициона комисија се искористувањето на хидроенергетските потенцијали и управувањето со водите на течењата на реките Дрина, Пива, Тара, Ќехотин, Лим, Ибар и Морача со хидроцентрали на реките Морача и Комарница , црногорскиот дел од интерконекцијата Италија-Монтенегро-Србија-Босна и Херцеговина, јонскојадранскиот гасовод, еколошката реконструкција на електраната Плевља и воведувањето на централно греење во градот Плевља, подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради и обезбедување квалитетно снабдување со енергија до туристичките места. На листата на приоритети на Комисијата се поставени следните проекти за заштита на животната средина: надградба на системите за водоснабдување во Цетиње и Плевља, третманот на отпадните води во Цетиње, Бијело Поље, Плав и Рожаје и третманот на отпадот во Бар, Рожаје, Колашин, Беране и Мојковац. Црногорската влада ја формираше Националната инвестициона комисија, со која претседава премиерот Душко Марковиќ, во средината на декември 2016 година. Тоа тело обезбедува стручни упатства и го следи сето она што е важно за подготовка и имплементација на инфраструктурни инвестициски проекти. Повеќе... Синхронизација на електричната мрежа на балтичките држави со европскиот систем ќе ја зајакне солидарноста и регионалната безбедност на снабдувањето На 22 март 2018 година во просториите на Европската комисија се одржа состанок на г-дин Жан-Клод Јункер претседателот на Европската комисија и г-ѓа Далија Грибаускаите претседателот на Литванија, г-дин Јури Ратас премиерот на Естонија, г-дин Марис Кучинскис премиерот на Латвија и Матеус Моравицки премиерот на Полска, притоа беше истакната важноста на процесот на синхронизација како клучен елемент за физичко интегрирање на балтичките држави со континенталниот европски енергетски систем и нуди голем придонес за единството и енергетската безбедност на Европската унија. Тие истакнаа дека ова е еден од најпознатите симболични проекти на Енергетската унија и конкретен израз на солидарност во енергетската безбедност. Тие се согласија дека 2018 година ќе биде одлучувачка година и ќе ја изразат својата заложба до јуни 2018 година да склучат политички договор за префериран начин на синхронизација на балтичките држави со континентална европска мрежа. Со цел успешно да се реализира проектот, поддршката од фондовите "Поврзување на Европа" ќе биде од клучно значење. Повеќе...

Занимливости

Ревидираното законодавство на ЕУ може да поттикне масовна репликација на успешните стории за електрични автобуси Автобусите превезуваат околу половина од сите патници во јавниот превоз, со околу 8% од емисиите на транспорт во ЕУ. Како дел од напорите за минимизирање на користењето на личниот транспорт и транзицијата кон почисти градови, од суштинско значење е дека декарбонизацијата на автобусите започнува брзо. Имајќи го ова предвид, ZeEUS проектот (нула емисија на градски автобуски систем) финансиран од ЕУ спроведе демонстрации на автобуси со нула емисија во неколку европски градови. Постигнатите резултатите се охрабрувачки и потврда за технолошката зрелост и јавно прифаќање на електрични автобуси со цел нула емисија. Ова е потврда уште

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 180

Страница 4

повеќе да се поттикнат зајакнати политики во тековната ревизија на Директивата за чисти возила (CVD). На финалната конференција на проектот ZeEUS, која се одржа последната недела од март во Брисел, градовите кои доброволно учествувале во проектот и добиле автобуси со нус-емисија во нивниот јавен транспортен систем ги презентираа своите резултати и идните планови. Користени се многу технологии, за да се утврдат практичноста на различните методи на полнење, греење и управување со автобусите. Постигнатите резултати го надминале очекуваното, а тоа го потврдиле возачите и патниците кои истакнале дека се задоволни од автобусите заради лесното управување и тишината при возењето. Особено благодарни биле жителите кои живеат во близина на 24часовните транспортни центри кои користат електрични автобуси во текот на ноќта. Сепак, беа истакнати некои критични прашања, особено во врска со енергетското барање за греење и ладење на внатрешноста на автобусите. Додека некои демонстрации го решија ова со користење на конвенционално гориво за напојување на механизмот за загревање, други избраа да ги загреат автобусите на крајните станици користејќи ја електричната мрежа со електрична енергија. Ова беше особено незгодно во Барселона, која објави до 40% поголема потрошувачка на енергија за време на врвните летни температури. Всушност, во градот се појавија многу технички предизвици, па решението го најде во користење на компримиран природен гас (CNG). Повеќе... Кои се трите најпаметни градови во светот? Американскиот портал Power Engineering International објави дека Сингапур, Лондон и Барселона се најпаметните градови во светот. Како што се истакнува, се работи за податоци од извештајот со кој се опфатени двигателите и бариерите со кои се соочуваат градските управи при примената на решенијата за паметни гадови. На пример, Барселона е рангирана на самиот светски врв бидејќи овозможила отворање на дури 47.000 нови работни места, заштедила 42,5 милиони евра на вода и уште 36,5 милиони евра заштеди преку паметните паркиралишта. Од друга страна, дури 10% од претставниците на градските управи кои биле опфатени со извештајот, истакнуваат дека немаат капацитет за развој и примена на решенија за паметни градови или пак имаат ограничени буџети, недоволно развиена инфраструктура, лошо планирање односно лошо управување за таков вид проекти. Во секој случај, ограничениот буџет е најважната препрека (дури 23% од случаите), а потоа следува недоволно развиената инфраструктура (19%). Повеќе Енергетската заедница и ЕБОР издаваат политички насоки за аукција на обновливи енергии Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР) и Секретаријатот на Енергетската заедница (СЕЗ) објавија заеднички Упатства за политиките за да им помогнат на земјите да дизајнираат и спроведат конкурентни постапки за избор за поддршка на обновливите извори на енергија. Во процесот на дизајнирање на политичките насоки, ЕБОР и СЕЗ беа потпомогнати од меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA). Нацрт-политичките насоки за воведување аукции за обновлива енергија беа презентирани во ноември 2017 година. Според Секретаријатот на Енергетската заедница, се повеќе и повеќе земји користат натпревари за да го постават нивото и да ги изберат примателите, за поддршка за обновлива енергија. Овие натпревари ги намалуваат трошоците за обновлива енергија со голем успех, во многу случаи, под трошоците за конвенционална моќ. „Конкурентното избирање и поддршка на обновливите извори на енергија за политичките насоки поставуваа најдобри практики за клучните принципи за дизајнирање на вакви натпревари“, рече Секретаријатот на ЕК. За целите на Упатството терминот „аукции“ се однесува на пристапи кои ја делат заедничката карактеристика на потпирање на конкурентен процес, наместо на административна определба „Од едноставни тендери до посложени методи на селекција“, се вели во Упатството за политиките.

Целта на Упатството за политика е да се утврди заедничката позиција на Секретаријатот на ЕК и ЕБРД за клучните принципи за дизајн кои треба да се усвојат за да се утврди нивото на конкурентско ниво и да се изберат примателите за јавна поддршка за обновлива енергија. Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации

Електронска презентација (Вебинар): Реновирање на јавни згради во Европа 27 април 2018 година, oд 11 до 13 часот Европската комисија во партнерство со Иницијативата за финансирање во заштита на животната средина на ОН организира електронска презентација (вебинар). На електронската презентација ќе бидат презентирани 4 теми, и тоа: 1.Анализа на проектот CITYinvest за иновативни механизми за финансирање; 2.презентација на RenoWatt, канцеларија во Белгија која обезбедува сеопфатна помош на надлежните институции за да ги поддржи во конкретната реализација при енергетското реновирање на нивните згради; 3.Претставување на проектот Re:Fit кој воспостави Рамковна спогодба заснована на модел на договор за енергетска ефикасност (EPC) во Англија со гаранција за заштеда за поддршка на организациите од јавниот сектор за спроведување на енергетската ефикасност и мерките за производство на енергија во нивните простории и сајтови и 4. Претставување и промовирање на претстојните повици за Помош при развој на проекти и Шеми за иновативно финансирање во енергетската ефикасност. Повеќе... 4 Меѓународен конгрес за ТНГ Од 4 до 5 јуни 2018 година, Берлин, Германија Меѓународниот конгрес за Течен нафтен во организација на БГС групацијата е еден од најпосетуваните настани за Течен нафтен гас во Европа. На конгресот ќе се соберат водечките компании за ТНГ: проектните акционери, потписници на ЕПЦ договори, ЛНГ превозници, ЛНГ трговски друштва, производители на опрема, даватели на услуги и крајни корисници. Повеќе... Форум за енергетска ефикасност на Централна и Источна Европа Од 13 до 16 јуни 2018 година, Серок, Полска Целта на Форумот C4E е да се изгради и зајакне заедницата за енергетска ефикасност на Централна и Источна Европа. Со толку многу интересни проекти за ефикасност, политики и програми што се случуваат во регионот, нашата заедница има потреба од посветена платформа за споделување и учење заедно. Настанот ќе ја дочека големата комбинација на учесници од владите, јавниот сектор, невладините организации, граѓанските здруженија и бизнисите. Повеќе... Конференција: Electrify Europe Од 19 до 21 јуни 2018 година Виена, Австрија Електрифицирај ја Европа (Electrify Europе) е првиот настан во светот посветен на конвергенцијата помеѓу производството на електрична енергија и преносните и дистрибутивните сектори, управувано од дигитализација, декарбонизација, децентрализација и електрификација. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д.Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Infomacef br 180  
Infomacef br 180  
Advertisement