InfoMACEF 184

Page 1

Број 184

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Активности на МАЦЕФ Во овој број:

      

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Ви го свртуваме вниманието кон содржините кои ги нуди јулскиот број на нашиот и ваш електронски Информатор: Проект WeBET Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во Oпштина Центар Заштита на Преспанското Езеро Црна Гора постепено ги исфрла од неефикасните светилки со вжарено влакно

употреба

Со примена на мерки за енергетска ефикасност во Бугарија заштедите на енергија се 5056,3 GWh Во изминатиов период МАЦЕФ заедно со уште 12 организации од Европа работи на потготовка на предлог проект за програмата Хоризон 2020. Изминатиот месец беше доста активен за работната група задолжена за изработка на Законот за енергетска ефикасност. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац

Проект WeBET Во изминатиот месец согласно работниот план на проектот беше изработен првиот интерен извештај и испратен до организацијата водач на проектот. Истотака, активно се работи на подготовка на документот Анализа за пазарните бариери кои постојат во Македонија при искористување на обновливите извори на енергија за производство на електрична енергија. Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 184

Страница 2

Новости од Македонија Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во Oпштина Центар Oпштина Центар соопшти дека ќе отпочнат со проектот за обновување на постоечките фасади во енергетско-ефикасни фасади. Ова е со цел да се обезбеди поквалитете н живот на граѓаните на општина Центар. Жителите на зградите ќе одлучуваат дали новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед и боите на зградите. Со проектот ќе биде опфатена целата фасада на зградите, фасадите ќе бидат енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат значителна финансиска заштеда за семејниот буџет. По реконструкцијата, заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени најмалку за една третина. На огласот, кој го објави Општина Центар, беа поднесени вкупно 65 пријави, а Комисијата донесе одлука во првата фаза да влезат 26 станбени објекти врз основа на исполнети услови и критериуми. Повеќе Град Скопје и УНДП заедно во справувањето со климатските промени Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија, на 6ти Јули 2018 година го потпишаа договорот за соработка помеѓу Град Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за реализација на проектот „Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени”. Со овој договор е предвидено продолжение на соработката во рамките на проектот „Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени”. Во рамки на проектот е предвидена реализација на голем број активности од областа на заштитата на животната средина, особено заштитата од климатските промени и зголемување на отпорноста на Скопје и активности за воведување иновативни пристапи во секојдневната работа и поефикасни услуги за своите граѓани. Градоначалникот Шилегов додаде дека дел од определбите на овој договор се преземање на конкретни активности за подобрување на квалитетот на воздухот и водата, но и зафати за подобрување на зеленилото во Градот. Повеќе ЕБРД со нова Стратегија за Македонија за 2018-2023 На 24 јули се одржа состанок помеѓу Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на ЕБРД во Македонија. Целта на состанокот беше презентирање на статусот на нацрт-стратегијата за Република Македонија за периодот 2018-2023, од страна на претставниците на ЕБРД. Тимот на ЕБРД истотака ги посочи клучните приоритети од нацрт-стратегијата и иницираа понатамошна координација со Министерството за животна средина и просторно планирање за да се вградат националните приоритети од областа животна средина. Целите на оваа

стратегија вклучуваат подобрена општинска инфраструктура на локално и општинско ниво (вода, отпад и отпадни води) и соработка со приватниот сектор во подобрувањето на рециклажата на отпад. Со цел конкретизирање на соработката, беше договорено до средината на месец август Министерството да даде коментари и предлози во однос на документот. Конечното одобрувањето на Стратегија, со што ќе започне нов циклус на финсиска поддршка во Македонија се очекува да се случи при крајот на годината, во тек на месец декември. Повеќе... Турската компанија ЕМРЕ наскоро ќе започне со градба на две сончеви електрани во Порече Турската компанија ЕМРЕ наскоро ќе почне со градба на две сончеви електрани на парцелата во Порече, што ја купи пред три години, потврди менаџментот од оваа компанија, при последната посета на локалитетот каде ќе никнат новите централи во близина селото Инче. Од страна на првиот човек на општината беше речено, дека на овој локалитет ќе има уште четири нови фотоволтаични централи, за што ќе бидат наменети нови 400000 метри квадратни земјиште. Според мерењата извршени од Брисел, овој регион има најмногу сончеви денови во годината и е најдобра локација за изградба на вакви капацитети во земјава. Повеќе... Заштита на Преспанското Езеро Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска присуствуваше на отворањето на локалната канцеларија на Македонското еколошко друштво (МЕД) во Ресен. Канцеларијата се финансира од страна на Јенсен фондацијата и Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Со ПОНТ Министерството за животна средина и просторно планирање има склучено Договор за соработка. Во своето обраќање Петровска им порача на присутните претставници на општина Ресен, Хидробиолошкиот завод од Охрид, управите од националните паркови Пелистер и Галичица, донаторската заедница, експертите и граѓанските организации од Македонија, Грција и Албанија, дека присуството на МЕД во регионот е особено важно и дека ќе придонесе за поинтензивна прекугранична соработка и подиректно разбирање на потребите на локалните заедници. Повеќе...

Новости од светот Банката за трговија и развој на Црното Море со кредит за ОИЕ И ЕЕ мерки за Романија Банката за трговија и развој на Црното Море ѝ одобри кредит од 7 милиони евра на романската финансиска институција Гаранти Консумер Финанс за финансирање на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и мерки за заштеда на вода во секторот домување.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 184

Страница 3

Претседателот на Банката за трговија и развој на Црното Море, Дмитри Панкин изјави дека зголемената енергетска ефикасност е клучен елемент во модерната енергетска политика. „Среќни сме да соработуваме со Гаранти Консумер Финанс и можеме да помогнеме во намалување на емисиите на CO2, подобрување на енергетските перформанси и квалитетот на животот на романските домаќинства и да придонесеме за националните цели за енергија и за животната средина", рече Панкин. Во сегашното портфолио на Банката за трговија и развој на Црното Море во Романија се вклучени 14 потпишани операции за вкупен износ од над 216 милиони евра кои ги поддржуваат МСП, производството, агробизнисот и другите клучни сектори на економијата. „Енергетската ефикасност ги намалува трошоците за енергија и води кон финансиски заштеди за клиентите. Нашата мисија е да ги поддржиме нашите клиенти, создавајќи додадена вредност во нивниот живот. Гаранти Консумер Финанс како и сите институции на Гаранти се поддржувачи на амбициозни проекти", рече Богдан Добре, вршител на должноста генерален менаџер на Гаранти Консумер Финанс. Повеќе...

објавен во годишниот извештај за имплементација на Националниот акционен план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ) во 2017 година, кој беше одобрен од Советот на министри, објави бугарската новинска агенција БТА. Заштедите на енергија исто така ја намалија побарувачката за увезените конвенционални горива. Во извештајот понатаму се вели дека многу од мерките во Националниот акционен план за енергетска ефикасност не можат да се проценат се додека планот не се спроведе во целост. Се очекува вистинскиот ефект од мерките да биде поголем од досега пријавените. Според веб-страницата на Министерството за енергетика, бугарскиот Национален акционен план за енергетска ефикасност ги поставува националните индикативни цели за заштеда на енергија до 2016 година, што ќе преведат на заштеда на финална енергија од не помалку од 9% од финалната потрошувачка на енергија за период од 9 години (1% годишно во просек). Енергетската стратегија на Република Бугарија за периодот до 2020 година потврдува дека енергетската ефикасност има најголем приоритет во енергетската политика на земјата. Повеќе...

Црна Гора постепено ги исфрла од употреба светилките со вжарено влакно Црна гора го започна процесот за исфрлање од употреба на традиционалните светилки со вжарено влакно, со моќност од 100W и над 100W, како дел од новата правна рамка во која се вклучени барањата од ЕУ за екодизајн за производи кои користат енергија и други слични производи. Правилникот за постепена забрана на конвенционалните светилки со вжарено влакно и поставување на енергетски поефикасните заменски светилки стапи на сила на 1ви јули. Според овој правилник продавачите смеаат да ги продаваат само преостанатите резерви на светилки со вжарено влакно, а истовремено се забранува понатамошен увоз и продажба на светилки со вжарено влакно со моќност од 100W и над 100W. Забраната за светилки со вжарено влакно со моќност од 75W стартува од 1 јануари 2019 година, а за светилките со моќност 60W стартува од 1 јули 2019 година. Целосната забрана за продажба на светилките со вжарено влакно во Црна гора ќе стапи во сила на 1 јануари 2020 година. Овој правилникот е еден од 16-те регулативи кои воведуваат барања за екодизајн за голем број производи, вклучувајќи ладилници и замрзнувачи, климатизери, машини за перење, машини за сушење, машини за миење садови, телевизори и други енергетски производи. Повеќе...

Занимливости

Со примена на мерки за енергетска ефикасност во Бугарија се заштедени 5056,3 GWh енергија Во периодот од 2014 до 2017 година, Бугарија успеала да заштеди 5056,3 GWh енергија како резултат на спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност во сите сектори на нејзината економија. Според локалните медиуми земјата достигна 60,7% од националната енергетска заштеда за 2020 година. Постигнатиот резултат беше

Енергетски независен остров во Германија Германскиот остров Боркум во Северното Море претставува центар на истражување поврзано со максимално искористување на обновливите извори на енергија и негово складирање, а планот е да стане целосно самоодржлив до 2020 година. Проектот NETfficient е почнат во 2015 година, а оваа година за прв пат е пуштена струја во мрежата. Во моментов, половина од производството на електрична енергија доаѓа од обновливи извори, од кои 70 отсто се од ветер, а остатокот е од сонцето. Olaf Look, еден од клучните луѓе задолжен за овој проект, нагласува дека Боркум не само што треба да стане целосно енергетски независен, туку има план за отстранување на потребата за електрична енергија произведена од фосилни горива. Проектот NETfficient е вреден 11,4 милиони евра, од кои дел се финансира од буџетската програма на EU Horizon. Во него се вклучени 13 партнери од седум европски земји, вклучувајќи ги и истражувачките институции, претприемничките компании и градските власти. На островот момента лно има две ветерни електран и од 1,8 мегавати , а инсталир ани се 7.750 соларни панели со моќност од 1,4 мегавати. Електричната енергија произведена од фарма на ветер и соларен парк влегува во паметна дистрибутивна мрежа која е опремена со иновативни технологии за складирање. Креирање на нови технологии за складирање на електрична енергија е исто така една од главните цели на островот. Меѓу нив се и замена на батериите од електрични возила, супер кондензатори, литиум-јонски батерии итн. Така, 40 станбени единици и пет јавни објекти (вклучувајќи го аквариумот во градот) сега се опремени со единици за производство на соларна енергија и технологија за складирање. Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 184

Страница 4

Соларно училиште кое произведува енергија за себе и околните куќи Дрвената зграда на основното училиште и градинка во Швајцарија, која ја има дизајнирано архитектонската фирма „Скоп“ од Цирих е многу повеќе од објект која само убаво изгледа. Објектот произведува вишок енергија што ја користи заедницата. Овој енергетски ефикасен објект, кој исто така е и „јавна електрана“ се наоѓа во станбена населба, а енергијата ја црпи од повеќе од 1.100 соларни панели поставени на кровот. Овие соларни панели целосно ги покриваат енергетски те потреби на училиштето и 50 дополнителни домаќинства. Покрај тоа, училиштето е визуелно поврзано со населбите со модерен цикцак кров кој е типичен за овој регион. Училиштето се наоѓа на површина од 55 илјади квадратни метри и во него учат 280 деца на возраст од градинка и основно училиште. Внатрешната светлина е организирана околу централната зона, цик-цак од источно-западната „кичма“ и отворениот простор за учење, што ги дели училниците и другите затворени простори, на север и југ. Флексибилноста е главната тема на дизајнот на ентериер, па мултифункционалната централна зона, околните училници и групните работни простории може да се поврзат преку голема порта, која поттикнува различни методологии на настава и учење. Повеќе

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Конференција: Обновување на електродистрибутивната мрежа: „најдобри насоки“ кон енергетска транзиција 20 септември 2018 година Брисел, Белгија Конференцијата претставува можност за отварање на дискусија помеѓу претставниците од енергетиката, креирачите на политиките и истражувачите на соодветни електродистрибутивни мрежи за интерграција на повеќе обновливи извори на енергија, со осврт на можностите за инвестирање и политички опции за да може да се направи енергетската транзиција. Најзначајните експерти од енергетскиот сектор, исто така, ќе ги претстават достигнувањата во технологиите за пренос на електричмки на енергија, кои се развивани во текот на изминатите 4 години во рамки на проектот Најдобри Насоки (Best Paths). Проектот Најдобри Насоки (Best Paths) претставува најголемиот истражувачки проект од областа енергија, кој е финансиран од Европската комисија во последната деценија. Повеќе...

23ти Меѓународен конгрес за повторна употреба на батериите Од 26ти до 28ми септември 2018 година Берлин, Германија На меѓународниот настан ќе се дискутира за најновите случувања и предизвиците на процесот рециклирање на батерии, на натанот ќе учетсвуваат многу носители на одлуки кои се директно вклучени во синџирот за рециклирање на батерии. Фокусот на настанот ќе биде насочен кон изнаоѓање на решенија за прашањата: Како да рециклирате батерии од е-автомобили, е-велосипеди и други возила; Рециклирање на батерии од системи за складирање на енергијата на електрани; Е-мобилноста и пазарите за складирање на енергија: Можност за нови технологии за батерии?; Најдобри достапни процеси на рециклирање на батерии; Набавка на материјали за батерии и рециклирање на литиумските батерии; Безбедност на литиумските батерии: Закани и можности; Ажурирање на процесот на ревизија на Директивата за батерии 2006/66 / EC; Ефикасноста на собирањето на батериите: Пристапот на создавање отпад; Екодизајн: критичен пристап за отстранување батерии?; Ажурирања во светот за преземање, шеми за собирање и рециклирање; Предизвици со кои се соочува вториот живот на литиумските батерии: перформанси, транспорт и безбедност и одговорност на производителот. Повеќе Венеција2018- 7ми Меѓународен симпозиум „Енергија од биомаса и отпад“ Од 15ти до 18ти октомври 2018 година Венеција, Италија Целта на симпозиумот е да се претстават новите достигнувања на технологиите за добивање на енергија од биомаса и отпад. симпозиумот ќе трае 4 дена во кои ќе има дискусии, презентации, изложба на компаниите кои работат во областа и посети на технички центри. Симпозиумот е организиран од страна на Меѓународната работна група за отпад (IWWG) со научна поддршка на универзитетите во Квинсленд, Падова, Хокаидо, Росток, Тренто и Универзитетот за технологија во Хамбург. Венеција 2018 ќе ги опфати следните теми: Карактеризација на биомасата и отпадот како потенцијален извор на енергија; Обновливи горива; Анаеробна варење; Гориво од отпад / Солидно обновен гориво; Термички третман... Повеќе... Собир: Безбедноста при снабдувањето со гас во Европа 19ми ноември 2018 година Клуј-Напока, Романија На првиот Собир: Безбедноста при снабдувањето со гас во Европа ќе Европа се соочува со нови предизвици во областа на енергетиката, почнувајќи од 2018 година. ЕУ донесе нови правила кои се однесуваат на безбедноста на снабдувањето со гас, а според новите правила од земјите-членки на ЕУ се бара да биде покооперативни помеѓусебе. На собирот ќе се обиде да се изнајдат одговори на прашањата: Како Европа ќе се соочи со нова гасна криза и како тоа ќе влијае на европските граѓани, ако европскиот пазар не е добро регулиран и не е доволно поврзан? Дали Европската унија е подготвена да се соочи со нова гасна криза ако тоа се случи? Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Millions discover their favorite reads on issuu every month.

Give your content the digital home it deserves. Get it to any device in seconds.