Page 1

Број 183

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Активности на МАЦЕФ

Во овој број:

      

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во екот на летните одмори и непоштедливото искористување на сончевата енергија Ви го свртуваме вниманието кон содржините кои ги нуди овој број на нашиот и ваш електронски Информатор: Активности при реализација на проектот WeBET МЕПСО дел од меѓународната конференција „Жени во енергетика 2018“ А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола Македонија со модел за формирање на организиран пазар на електрична енергија Нов договор на ЕУ: до 2030 година 32% од финалната потрошувачка на енергија да биде од обновливи извори Во изминатиов период работната група задолжена за изработка на Законот за енергетска ефикасност доста интензивно работи на неговата подготовка. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Проект WeBET Во изминатиот месец МАЦЕФ работеше на дополнителен развој на Стратегијата за комуникација за Република Македонија со цел да се одреди соодветен начин на прикажување на целите и резултатите кои произлегуваат од проектните активности. Стратегијата за комуникација дополнително ги вклучува и прашањата: кои се целните групи врз кои треба да се изврши влијание, зошто е значајно да се одредат вистинските целни групи, со какво знаење располага секоја целна група, кој е вистинскиот начин да се пренесе пораката од проектот врз секоја поединечна целна група, на кој начин може да се мотивираат целните групи за да се вклучат активно во проектот, воедно се обрнува внимание кои алатки ќе се користат за успешно спроведување на стратегијата. Дополнително се започна со изработка на првиот интерен извештај за проектот. .

Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 183

Страница 2

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола На прес-конференцијата која се одржа на 20ти јуни во Владата на Република Македонија, генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски најави дека до крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање Аинтегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола. Тој истотака изјави: „Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи кои сѐ проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата“. На прашањето до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ. Повеќе... МЕПСО на панел дискусија на меѓународната конференција „Жени во енергетика 2018“ Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор и Ева Шуклева, претседателка на Надозрниот одбор на МЕПСО учествуваа на втората по ред меѓународната конференција „Жени во енергетика 2018“ која се одржа од 4 до 5 јуни во Скопје. Тие ги презентираа фактите за застапеноста на жените во организациската и раководната структура на МЕПСО, искуствата од спроведувањето на родово-еднаква политика и имплементацијата на инвестициските проекти во чии процеси на носење одлуки и на спроведување рамноправно се вклучени и жените. На дискусијата своите искуства со публиката ги споделија и генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски и претседателката на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ, Верица Узунова, како и Петер Чанчиани, претставник на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ). Овој настан се одржа во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија, а поддршка дадоа и компаниите МЕПСО и ЕЛЕМ. Конференцијата имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнис заедницата, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности во енергетскиот сектор. Еден дел од конференцијата беше посветен и на образованието на студентите во енергетиката и нивните можности по дипломирањето. Повеќе...

Македонија доби модел за да формира организиран пазар на електрична енергија Република Македонија доби предлог модел за формирање организиран пазар на електрична енергија кој опфаќа тргување по принципот набавка на електрична енергија еден ден пред испораката или популарно наречено „тргување ден однапред“, односно берза на електрична енергија. Моделот на организиран пазар за електрична енергија го изработија и го презентираа консултантите од Словенија: Борзен (словенечкиот оператор на пазар) и БСП (словенечката берза за електрична енергија) кои имаат големо искуство во областа на организирано тргување со електрична енергија. Со новиот закон за енергетика, кој неодамнa беше усвоен предвидено е МЕПСО да биде основач на компанијата која ќе има овластување да го организира, управува и поврзува пазарот на електрична енергија за тргување „ден однапред“ и во „рамки на денот“ при тоа овозможувајќи фер и транспарентен пристап на сите учесници. На презентацијата пред педесетина претставници на фирми за трговија, снабдување, производство на електрична енергија во земјава се обратија д-р Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања, Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО, Симон Шутиноски, директор на Операторот на пазар на електрична енергија во рамки на МЕПСО и Симон Узунов, претставник на Секретаријатот на Енергетската заедница која финансиски ја поддржа изработката на студијата за организиран пазар на електрична енергија. Овој проект е дел од заложбите на земјите од Западен Балкан за интеграција на пазарите на електрична енергија во рамки на единствениот пазар за електрична енергија. Самото воспоставување на организиран пазар, претставува прва фаза и воедно предуслов за регионално поврзување на пазарите на електрична енергија, што е предмет и на потпишаниот Меморандум меѓу Македонија и Бугарија, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. Повеќе... ЕЛЕМ ќе ја затвори ТЕЦ Осломеј ЕЛЕМ доенесе одлука да ја затвори термоелектраната Осломеј заради загриженоста на локалното население во однос на рассејувањето на пепелта. Ваквата одлука на ЕЛЕМ беше донесена и покрај тоа што е отстранет дефектот во системот за ракување со рассејување на пепелта, и е овозможено работењето на термоелектраната да се одвива нормално и во согласност со еколошките стандарди. За да се надомести загубата на капацитетот на термоцентралата Осломеј, ЕЛЕМ ќе ја пренесе единицата 2 на термоцентралата во Битола. За потсетување РЕК Битола има три единици, со инсталиран капацитет од 233 MW и годишно производство од околу 1.200 GWh електрична енергија по единица. Повеќе... Македонија отвори јавна дебата за нацрт-управување со отпадот и планови за спречување на отпадот Република Македонија започна јавна расправа за новиот- нацрт национален план за управување со отпадот. Со нацрт планот се предвидува формирање на Агенција за животна средина и нацрт-план за превенција од отпад. Спроведувањето на плановите за управување со отпадот и плановите за спречување на отпадот ќе и помогне на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 183

Страница 3

Македонија да ги зајакне капацитетите за управување со отпадот на национално и локално ниво, да ги транспонира прописите за заштита на животната средина на ЕУ и да работи кон целта за нула отпад. Според нацрт-планот за спречување на отпадот, производителите ќе бидат одговорни за отстранување и рециклирање – повторна употреба на употребувани возила, гуми, масла и текстил, рече Грахам Бирн, советник за твининг кој е вклучен во изготвувањето на новиот национален план за управување со отпад како дел од ЕУ - финансиран 1,01 милиони евра твининг-проект за зајакнување на административните капацитети на Македонија за имплементација на Рамковната директива за отпад (WFD) и Директивите за посебни текови на отпад. Според извештаите, дел од предвидените закони треба да бидат усвоени до крајот на 2018 година, а останатите до средината на 2019 година. Повеќе... ЈСП со 30 нови еколошки автобуси Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на италијанско – македонскиот бизнис форум насловен „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“ изјави дека до крајот на 2018 година треба да се заокружи тендерската постапка за набавка на 30 нови еколошки автобуси на природен гас за ЈСП – Скопје. „Новите еко-автобуси имаат значително помала потрошувачка, и речиси воопшто не емитуваат штетни гасови во воздухот. Покрај овие автобуси, сериозно размислуваме за набавка и на електрични автобуси“ дополни градоначалникот Петре Шилегов. Тендерската постапка за набавка на новите 30 екоавтобуси за ЈСП – Скопје треба допрва да се објави. За модернизација на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие од годинешниов буџет на Град Скопје се издвоени субвенции во висина од 100 милиони денари. На оваа сума треба да се додадат дополнителните средства од 20 милиони денари, што се наменети за помош при набавката на нови автобуси за приватните превозници што ги одржуваат линиите на градско – приградскиот превоз во Скопје. Повеќе...

Новости од светот ЕУ: до 2030 година 32% од финалната потрошувачка на енергија да биде од обновливи извори ЕУ постигна договор за зголемување на обврзувачката цел: до 2030 година 32% од финалната потрошувачка на енергија да биде од обновливи извори, договорот беше постигнат помеѓу преговарачките страни: Парламентот, Комисијата и Советот на ЕУ, содржи клаузула за нагорна ревизија до 2023 година. Исто така, беа договорени нови цели и правила за самопотрошувачка, биогорива и секторот за греење и ладење. Европската комисија предложи обврзувачката цел да биде 27%, но група земји-членки на ЕУ предложија повисока цел. Сегашната цел на ЕУ е 20% удел на обновливи извори до 2020 година. Во соопштението на Евроспкиот парламент беше нагласено дека „Учесниците во преговорите донеле одлука да го спроведат принципот „енергетската ефикасност на прво место“, односно ќе се даде првенство на енергетското планирање, политиките и

одлуките за инвестирање, мерките за поефикасно утврдување на побарувачката и снабдувањето со енергија“. Во соопштението истотака се додава: „До 2030 година најмалку 14% од горивото за транспорт мора да биде од обновливи извори, додавајќи дека биогоривото од прва генерација, базирано на земјоделски култури, мора да биде ограничено на нивоата од 2020 година и во никој случај да надминува 7% од финалната потрошувачка на патниот и железничкиот сообраќај. Уделот на напредните биогорива и биогас мора да биде најмалку 1% во 2025 година и најмалку 3,5% во 2030 година“. Повеќе... ЕУ постигна договор за учество на локалните власти во оформување на националните климатски и енергетски политики На 20ти јуни институциите на ЕУ постигнаа договор за регулативата за управување со енергетската унија. Со оваа регулатива, ЕУ го дефинира политичкиот процес за да добие потврда дека средните и долгорочните енергетски и климатски цели на ЕУ се исполнети. Земјите-членки ќе мора да подготват Национални планови за енергија и клима до 2030 година и да ги вклучат засегнатите страни, вклучувајќи ги и локалните власти, во оформувањето и спроведувањето на нивните планови. По преговарачкиот маратон предводен од бугарското претседателство, кое сакаше да постигне резултати во рамки на својот мандат на 30-ти јуни, Европскиот парламент, Советот и Комисијата на ЕУ се договорија за начинот на кој Европа ќе управува со нејзините енергетски и климатски политики во следната деценија. Регулативата за управување со енергетската заедница ќе даде сигурност за остварување на обврзувачките цели на ЕУ за енергија и клима до 2030 година - намалување на најмалку 40% од емисиите на стакленички гасови, минимум 32% учество на обновливи извори на енергија во ЕУ енергетскиот микс и заштеда на енергија од енергетска ефикасност од 32,5% . За таа цел, од земјите-членки на ЕУ се бара да изработат Национални планови за енергија и клима за период до 2030 година кои ќе ги земат во предвид националните цели, придонесите, политиките и мерките за секоја од петте димензии на енергетската унија на ЕУ: Декарбонизација Енергетска ефикасност Енергетска безбедност Внатрешен енергетски пазар Истражувања, иновации и конкурентност. Повеќе...

Занимливости Марибор ќе врши раздвојување на мешаниот комунален отпад Компанијата за управување со отпад СНАГА, од словенскиот град Марибор, го претстави проектот за раздвојување на мешаниот комунален отпад. Проектот беше претставен на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 183

Страница 4

меѓународна конференција од страна на градоначалникот на Марибор, г-дин Андреј Фиштравец, а на настанот присуствуваа градоначалниците на сестринските градови на Марибор. Целосно автматизираната постројка на компанијата СНАГА со помош на сензори ќе врши одвојување на мешаниот комунален отпад во споредни суровини. Со проектот ќе биде опфатен повеќе од 50% од вкупниот отпад во градот Марибор. Со овој проект Марибор ќе стане економски предводник во регионот. Повеќе... Европа продолжува со поддршка на комплетирањето на ИТЕР - меѓународен експериментален фузиски реактор ИТЕР е единствен меѓународен проект за соработка за изградба и управување со експериментална постројка за тестирање на одржливоста на фузијата како чист и одржлив извор на енергија. За потсетување: Фузија е реакцијата со која Сонцето и сите ѕвезди ја произведуваат својата енергија од атоми на водород. Европа продолжува да го покажува своето светско раководство, преку сопствено учество со финансирање на дури 45% од вкупните потребни финансии за проектот. Со финансиското учество се обезбедени потребните ресурси за проектот за завршување на фазата на изградба на ИТЕР. Ова ќе овозможи првите експеримент и да започнат во 2025 година и да продолжат до целосна операција до 2035 година. За ова, Комисијата предложи за проектот ИТЕР да додели вкупно 6.07 милијарди евра преку повеќегодишна финансиска рамка (20212027). Инвестирањето во ИТЕР е во согласност со долгорочните стратегии на ЕУ за декарбонизација и одржлива и сигурна енергија, како и со зголемување на растот и конкурентноста на Европа. Фузијата како извор на енергија ќе понуди важни стратешки предности во споредба со другите опции: - отсуството на емисии на CO2 во реакциите на фузијата го прави верифициран извор на ниско-јаглероден извор; - не претставува ризик за нуклеарна безбедност; - нејзиниот развој покажал позитивни прелевање на технологијата, како и влијанието на работните места и растот во сегашната фаза; - потребните горива се лесно достапни. Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Конференција: Однесување 2018 (Behave 2018) Од 05ти до 7ми септември 2018 година Цирих, Швајцарија Конференцијата претставува Петта европска конференција за однесување и енергетска ефикасност. Настанот има за цел да ја олесни размената на знаења за однесувањето на одржливите енергии во транспортот, управување со зградите и потрошувачката на стоки, како и индивидуалното и општествено прифаќање на одржливи технологии (на пример, обновливите извори на енергија). Конкретно, конференцијата треба да делува како платформа за

споделување на мултидисциплинарни истражувања за нови технолошки достигнувања и најдобрите практики во врска со разбирањето и влијанието на однесувањето во врска со енергија. Повеќе... Конференција – ЕУ Вода 2018 Од 20ти до 21ви септември 2018 година Виена, Австрија Петтата Европска конференција за вода има за цел да го презентира и разговара за напредокот во спроведувањето на законодавството за вода на ЕУ. Настанот е заеднички организиран од Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија и претстојното австриско претседателство со ЕУ. Учесниците на настанот ќе имаат можност да дебатираат за наодите од различните извештаи поврзани со водата и да учат од секоја други искуства во поглед на следните циклуси на планирање на вода. Исто така, ќе се дискутира за тековната Фитнес Проверка на Рамковната директива за води, нејзините придружни директиви и Директивата за поплави и евалуацијата на Директивата за третман на урбаните отпадни води. Повеќе... Нови енергетски - паметни градови 2018 Од 02ри до 05ти октомври 2018 година Белград, Србија Мултидисциплинарен настан на кој се приклучија трите саеми: 14-от Меѓународен саем за енергија и 15-от Меѓународен саем за заштита на животна средина EcoFair (од 3 до 5 октомври 2018 година) и 41-та Меѓународна изложба за спасување и безбедност (од 2 до 5 октомври 2018 година). На настанот ќе се опфатат темите: Енергија, Енергетска ефикасност, Заштита на животна средина, Управување со паметни и безбедни градови, Спасување и безбедност. Саемите ќе ги презентираат овие три теми под слоганот НОВА ЕНЕРГИЈА- ПАМЕТЕН ГРАД. Повеќе... Европска недела на Региони и Градови Од 08ми до 11ти октомври 2018 година Брисел, Белгија Европската недела на региони и градови е годишен четиридневен настан во кој градовите и регионите го покажуваат својот капацитет да создадат раст и работни места, да ја спроведат политиката на кохезија на Европската унија и да ја докажат важноста на локалното и регионално ниво за добро европско владеење. Програмата на настанот ќе опфати: - 160 сесии (работилници, сесии на кои ќе може активно да се учествува, сесии наменети за прашања и одговори за ЕУ регионите, дебати за ЕУ регионите), проектни посети и настани за вмрежување, - Магистерска класа за докторанти во регионалната политика, - Церемонија за доделување награди на RegioStars и официјален прием на 9 октомври, - Медиумска програма, - Вмрежување на објекти. Учеството на сите настани се бесплатни за учесниците, но по претходна регистрација. Регистрацијата за сите настани започнува на 9 јули и се затвора на 28 септември 2018 година. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

InfoMACEF 183  
InfoMACEF 183  
Advertisement