Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Број 177

Декември 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Како и секоја година до сега Декември е исполнет со активности, правење биланси, ретроспективи и прослави. Овој месец беше одбележан со активна и динамична дискусија од општ интерес и тоа предлог Законот за енергетика, како и загадувањето на животната средина, особено во урбаните средини. Ние се вклучивме во оваа дискусија со доставување на наши забелешки и предлози за дополнување на Законот за енергетика, како и за заштита на животната средина. Особено ги потцртуваме средбите во хотелот Континентал во Скопје, во присуство на зам. Министерот за животна средина г. Ј. Макрадули, како и средбата на академската заедница во Штип со него. Очекуваме од плодната дискусија да произлезат и конкретни решенија со нивна реализација. Во Стопанската комора, како и секоја година, и оваа се претстави предлогот на Енергетскиот биланс за идната 2018 година. Бројките се очекувани, освен нашето сомневање за зголемената потрошувачка на електрична енергија. Ние сметаме дека во овој документ потребно е да се внесат и просечните финансиски вредности на енергентите кои го оформуваат енергетскиот биланс, за да имаме однапред увид со колкави финансиски ресурси се работи во овој сектор. Ве насочуваме кон следниве содржини: Годишно собрание на МАЦЕФ Ставови на МАЦЕФ во однос на загадување на атмосферата во Скопје Предлог законот за енергетика А сега на сите Ви ги честитаме Новогодишните јануарски празници и тоа Нова Година, Божиќ, Василица и Водици. Да биде следната година поспокојна, да биде исполнета со радост и јасно енергетски ефикасна. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Годишно Собрание на Здружение МАЦЕФ за 2017 година Здружението МАЦЕФ на 12 декември го одржа тринаесеттото редовно Годишното собрание на здружението МАЦЕФ. Воедно со годишното собрание се означи 15 годишната активна работа на здружението. Присуствуваа членови, симпатизери и соработници на здружението МАЦЕФ. Согласно дневниот ред, собранието го отвори претседателот г-ѓата Јасминка Димитрова Капац, а потоа генералниот секретар на здружението г-ѓата Македонка Димитрова ги презентираше реализираните активности на МАЦЕФ во 2017 година. Членот на Претседателството, проф. д-р Константин Димитров, ги претстави Годишниот финансиски извештај, Финансискиот план и Програмата за работа за 2018 година. Финансиската состојба е влошена, веруваме и како одраз на политичката состојба. Од повеќето пријави на меѓународни конкурси, успеавме да добиеме само еден проект- продолжение. Од таа причина се наметна и промена на условите за дејствување во МАЦЕФ –принцип на поединечна реализација. На крајот од годишното собрание се отвори дискусија на повеќе теми меѓу кои новините кои се предложени во новиот закон за енергетика, целите на новоформираното здружение ЗЛЕК и др. Присутните ја поздравија досегашната работа на здружението и упатија искрени желби следната 2018 година да биде успешна. Три столба кои ќе помогнат да се смали загадувањето Ставот на проф. д-р К. Димитров, член на претседателството на МАЦЕФ, во однос на мерките кои ќе придонесат за намалување на загадувањето може да се преземе на следниот сајт: https://www.youtube.com/watch?v=rLcdMHgO4bg Обука за усовршување на енергетски контролори – 4 циклус Изминатиов месец во периодот од 15 до 16 декември во просториите на МАЦЕФ се одржа четвртиот циклус на обука за усовршување на енергетски контролори. На оваа обука учествуваа пет контролори, а обучувачи беа проф. д-р К. Димитров и проф. д-р Т. Самарџиоска. Доделени сертификатите за завршена обука за примена на MVP софтверска алатка Обуката ја спроведоа обучувачи од МАЦЕФ, како и експерти од Хрватска и ГИЗ. Оваа алатка е поставена на серверот на Министерството за економија, а ќе ја администрираат обучените вработени од Агенцијата за енергетика.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 177

Страница 2

Нацрт Закон за енергетика

Кој ќе ги сноси трошоците за поставување на мерната инсталација? Операторите на топлификациската мрежа (како што е предвидено во досегашниот Закон) или сопствениците на становите (според предлогот на новиот Закон)?

Коментар на проф. д-р К. Димитров за потребите на ТВ Сител. Повеќе... Изработка на Програма за енергетска ефикасност на Град Скопје Во изминатиот месец МАЦЕФ продолжи со подготовката на три годишната програма за енергетска ефикасност на Град Скопје за периодот 2018-2020. Успешно беа завршени сите термовизиски снимања на објектите и комплетирани сите податоци за објектите кои се предмет на оваа Програма. Започната е обработката на податоците за секој објект поединечно, се со цел да се направи една групна база на податоци за потрошувачката на енергија во објектите кои се под надлежност на Град Скопје како и утврдување на моменталната состојба на објектите. (СП) Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта z.ilievski@macef.org.mk, или d.dimovska@ momee.org.mk. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Скопје со 4 нови полначи за електромобили На 20ти декември градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Македонија Штефан Петер ги промовираа четирите нови полначи за електромобили во Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека „Поставувањето на овие 4 полначи е симболичен чин во насока на поттикнување на масовна употреба на електромобилите. Се работи за скромни почетоци кои понатаму ќе ги поттикнат граѓаните да почнат да размислуваат за купувањето на електромобили, со што се придвижуваме уште еден чекор поблиску до обезбедување на чист воздух и здрава животна средина за сите граѓани на Скопје“. Во Македонија има околу 80тина електромобили од кои половината се во град Скопје. Сопствениците на електричните возила кои живеат на територијата на град Скопје имаат можност во 2018 година бесплатно да ги полнат своите возила на следните локации: плоштад Македонија, Зоолошка градина, Градско собрание, Рамстор – Центар и Капитол Мол. Предлог Законот за енергетика: Либерализација на пазарот за електрична енергија од 2019 година Според предлог Законот за енергетика на Република Македонија се предвидува либерализацијата на пазарот за електрична енергија да започне од 2019 година, па домаќинствата ќе имаат можност да изберат снабдувач со електрична енергија. Домаќинствата кои што нема да изберат снабдувач со електрична енергија ќе добиваат електрична енергија од страна на универзален снабдувач. Универзалниот снабдувач со електрична енергија ќе се бира преку јавна тендерска постапка на секои 5 години. Според Министерството за економија воведувањето на универзалниот снабдувач со енергија е со цел да се заштитат граѓаните, затоа што универзалниот снабдувач ќе биде обврзан да обезбеди квалитетни услуги за граѓаните по најниски цени. Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, изјави дека либерализацијата на пазарот за електрична енергија нема да значи зголемување на цената на електричната енергија, туку напротив тоа би значело намалување заради постоењето на конкуренција помеѓу различните снабдувачи. Притоа нагласи дека компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО нема да бидат приватизирани. Во тек е сеуште јавната расправа за предлог Законот, а неговото усвојување се очекува да биде во март 2019 година. Повеќе... Известување за изработка на нов Закон за управување со отпад Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ЕУ твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната Директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема)“ започна со изработка на нов Закон за управување со отпад. Главна цел на новиот закон за управување со отпад е воспоставување на ефикасен систем за управување со отпад со кој ќе се овозможи минимизирање на негативните влијанија на создавањето и управувањето со отпадот врз човековото здравје и животната средина преку почитување на хиерархијата на отпад.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 177

Страница 3

Изработката на новиот закон за управување со отпад е резултат следните проблеми: - неусогласеност на Законот за управување со отпадот и прописите кои произлегуваат од него со барањата кои произлегуваат од новите измени на директивите на ЕУ од областа на отпадот, особено во дефинициите за отпадот; - преклопување на дел од надлежностите на институциите во управувањето со отпадот и усогласување на истите помеѓу централната и локалната власт; - недоволна имплементација на прописите за управување со отпад; - делумно спроведување на економските мерки кои имаат за цел воспоставување на системот за искористување на отпадот; - недостаток од соодветна инфраструктура за управување со отпадот. Предлог Законот за управување со отпад се очекува да биде доставен во Владата на Република Македонија во септември 2018 година. Паралелно со подготовката на текстот на законот ќе се работи на подготовка и на извештај за процена на влијанието на регулативата. Повеќе... ЕУ проект за подобрување на управувањето со заштитените подрачја На 20ти декември се одржа воведната работилница од проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“. Проектот има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, истовремено зголемувајќи ги институционалните капацитети, капацитетите на локалните самоуправи и граѓанските организации за управување и промовирање на заштитените подрачја и природните ресурси на професионален и одржлив начин. Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Повеќе... МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип Со овој проект МЕПСО започнува процес на реконструкција на шест 110 kV далекуводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра. МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 kV далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. Договорот за изградба на новиот далекувод беше потпишан на 28 декември од страна на г. Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија. Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови. Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110 kV далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција 45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далекувод ќе трае 12 месеци. Овој проект значајно ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип, Злетово, Кратово и Крива Паланка. Изградбата на нов далекувод меѓу Штип и Пробиштип е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа што опфаќа изградба на вкупно шест далекуводи од мрежата на МЕПСО. Со овој процес се опфатени и следниве 110 киловолтни далекуводи помеѓу трансформаторските станици: Битола 1 – Прилеп 1, Скопје 1 – Миладиновци, Скопје 4 – Велес, Велес – Овче Поле и Штип – Овче Поле. Сите нови далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови што ќе ги заменат старите армирано-бетонски столбови стари повеќе од 50 години. Вкупно ќе бидат изградени околу 170 километри нови далекуводи. Во овој инвестициски циклус ќе бидат вложени над 20 милиони евра од кои дел се сопствени средства на МЕПСО и дел се заем од Европската банка за обнова и развој. Повеќе...

Пречистителната станица за отпадни води ќе го врати биодиверзитетот на реката Струмица На 18 декември, министерот за животна средина и просторно планирање, г. Садула Дураку, се обрати на свеченоста по повод промоција на проектот „Изградба на пречистителна станица за третман на урбаните отпадни води во Струмица“ и пуштањето во употреба на постројката. Министерот за животна средина и просторно планирање г. Дураку истакна – „Ова е прва пречистителна станица што е изградена со средства од Европската Унија и која директно придонесува за заштита на површинските води и за враќање на речниот биодиверзитет. Истовремено, со неа придонесуваме и кон заштита на меѓународниот слив на реката Струмица кој го делиме со Република Бугарија, што уште повеќе го истакнува значењето на оваа пречистителна станица“. Со изградба на пречистителната станица во Струмица, како и во Кичево, Прилеп и Радовиш, постепено се исполнува обврската за изградба на 87 пречистителни станици во Република Македонија од кои 16 треба да бидат со терцијален третман на отпадните води. Повеќе...

Новости од светот ЕУ инвестира во енергетската сигурност во Централна и Југоисточна Европа Европската комисија ќе учествува со 101.4 милиони евра во проектот изградба на терминал за течен природен гас на островот Крк во Хрватска. На 18 декември во Советот за енергија во Брисел беше потпишан договорот за финансиска поддршка на ЕУ, на потпишувањето присуствуваа Комесарот за климатски активности и енергија, г. Мигуел Ариас Кањете и министрите за енергија на Хрватска и Унгарија. Пoтпишаниот договор е во рамки на Спогодбата за поврзување на Европа (CEF). Комесарот Кањете ја поздрави финансиската поддршка и нагласи дека: „Потпишаниот договор за финансиска поддршка покажува дека Европската унија е реалност: градиме енергетски врски кои недостасуваат, обединуваме пазари и ја подобруваме безбедноста во снабдувањето. Оваа инвестиција не само што ќе овозможи снабдување со природен гас за Хрватска и Унгарија, истотака ќе ја зголеми разновидноста на енергетските извори во Централна и Југоисточна Европа и ќе придонесе за економски напредок на регионот. Со ваквите обврски ЕУ на своите граѓани им обезбедува вистинска додадена вредност.“ Проектот изградба на терминал за течен природен гас на островот Крк ќе започне да се спроведува во февруари 2018 година а ќе заврши во декември 2019 година, а вкупно предвидените трошоци за проектот се 363 милиони евра. Повеќе... Унгарија со можни инвестиции во енергетските капацитети во Црна Гора За време на посетата на Црна Гора, унгарскиот министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сзијарто, изјави дека унгарските компании се особено заинтересирани за инвестирање во црногорскиот енергетски сектор. Според министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија добрата економска соаработка помеѓу двете држави, придонела да се зголеми интересот на унгарските компании за понатамошни големи инвестиции во енергетскиот сектор, како и во банкарскиот сектор и секторот туризам. На состанокот во Подгорица, Министерството за економија на Црна Гора даде детален опис за начинот на спроведување на проектот за поставување на подводен кабел помеѓу Црна Гора и Италија, воедно беше нагласено дека овој проект е од особено значење и ги отвора можностите за странски иневстиции во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 177

Страница 4

енергетскиот сектор на Црна Гора. Овој проект е дел од ТрансБалканскиот Коридор кој ќе и овозможи на Црна Гора да стане регионален центар за пренос на електрична енергија од Западен Балкан (Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија) во Европа. Повеќе... Студија: Малите хидроцентрали финансирани од Европа го нарушија изгледот на Балканот Студијата изработена од ЦЕЕ Балканвоч Нетворк (CEE Balkanwatch Network) за 8-те хидроцентрали кои се финансирани од Европа, а се наоѓаат во Албанија, Хрватска и Македонија, укажува дека хидроцентралите го имаат нарушено биодиверзитетот и потребно е итно да се превземат мерки за зголемен надзор и обновување на истите. Хидроцентралите беа изградени во периодот 2005 - 2013 година со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската банка за инвестиции (ЕБИ). Две хидроцентрали се во Албанија – Рапуни и Тернове, една во Хрватска - Иловац и дури пет во Македонија – Брајчино 1 и Брајчино 2 на Брајчина Река, Тресонче на Тресонечка река, Камена река во Липково и Бистрица 97-99 во Теарце. Дополнително во студијата се наведува дека хидроцентралите битно влијаат врз ендемичните и загрозените животински и растителни видови на организми, а во одредени случаи го нарушиле и системот за водоснабдување во локалните заедници. Во поголемиот дел од случаевите очигледно се прекршени националните закони и стандардите на меѓународните финансиски институции, како што се блокирање на премините за риби, испуштање на недоволно количество или никакво количество на вода низводно и создавање на значителна ерозија заради формирање на пристапни патишта. Само во еден случај националните власти имаат изречено казна за операторот ма хидроцентралата. Студијата покажува дека уште при изработката на проектната документација требало да биде очигледно дека спроведувањето на проектите е предвидено во еколошки чувствителни области, како што се национални паркови, и со тоа би имале значителни влијанија врз дивиот свет. И покрај тоа, европските јавни банки донеле одлука да продолжат и да ги прифатат сомнителниот квалитет на студии за влијанието врз животната средина кои довеле до лоши ефекти врз околината. Повеќе...

Занимливости Турција со сопствена фабрика за сончеви модули

Турција ја заокружи 2017 година со поставување на Ресурсната зона за обновлива енергија (YEKA), првата турска фабрика за фотоволтаични ќелии и сончеви модули. Со изградбата на фабриката ќе се намали зависноста на земјата од надворешни енергетски ресурси. Првите комерцијални операции се очекуваат во првата половина од 2019 година. Воедно фабриката ќе биде центар за истражување и развој, со што значително ќе и помогне на Турција да ја сведе на минимум енергетската зависност од надворешни ресурси и ќе ги намали трошоците за енергија. Министерот за енергија и природни ресурси, г. Берат Албајрак изјави: „Во моментов Турција годишно троши 55 милијарди долари за надворешни извори на енергија.“ Турските медиуми објавија дека Ресурсната зона за обновлива енергија (YEKA), како нов и доста скап енергетски модел, се смета за пробив во развојот на енергетските технологии, кои треба да ги спасат севкупните ресурси на земјата. Повеќе...

Шефот на Енергетската заедница до српскиот парламент Србија е првиот член на Енергетската заедница што го транспонираше Третиот енергетски пакет на Европската унија, но имплементацијата беше одложена во многу области. Огромната пречка е тоа што Законот за енергетика усвоен во 2014 година не се спроведува. Најголем проблем е раздвојувањето на гасната компанија Србијагас, што исто така е услов за почеток на преговорите со ЕУ за Глава 15 - Енергија, рече директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, на презентацијата на извештајот за имплементација на ЕУ acquis во 2017 година во српскиот парламент. На средбата присуствуваа државниот секретар во Министерството за рударство и енергетика, г-ѓа Мирјана Филиповиќ и членовите на собраниската комисија за економија, регионален развој, трговија, туризам и енергија. Тој истакна дека овој извештај не треба да се смета за пресуда, туку како препорака и поддршка во работата. Сепак, тој истакна дека овој документ е речиси редовно дел од годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија во европската интеграција. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.rexus.com.mk

www.reach-energy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Финансирање на проекти за енергетска ефикасност во Романија, Унгарија и Бугарија 1 февруари 2018, Букурешт Настанот има за цел да се споделат најдобрите практики од Романија, Унгарија и Бугарија како и од другите држави за начинот на финансирање на проектите за енергетска ефикасност. Говорниците на настанот ќе се фокусираат на практични искуства при развој и градење на инвестициски програми. Повеќе... Зелени градови за позелена иднина Од 21 до 25 мај 2018, Брисел ЕУ Зелена Недела 2018 вклучува повеќе настани кои ќе се одржат низ Европа, а главната конференција ќе се одржи во Брисел 22-24 мај 2018 година. Настаните кои ќе го означат почетокот и затворањето на манифестацијата ЕУ Зелена Недела 2018 ќе бидат одржани во Земјите членки на ЕУ. Акцентот на манифестацијата ќе биде ставен за изнаоѓање начини преку кои ЕУ ќе може да им помогне на градовите да станат подобри места за живеење и работа. Повеќе... Интерсолар Европа 2018 Од 20 до 22 јуни 2018, Минхен Интерсолар Европа е светски водечки саем за соларната индустрија и нејзините партнери. Саемот се одржува еднаш годишно во Центарот за изложба Мессе Минхен, во Минхен Германија. Фокусот на конференцијата и саемот ќе бидат областите на фотоволтаиците, технологијата на соларни топлински колектори за топла вода, сончеви централи како и инфраструктура и решенија за интергрирање на обновливата енергија. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д.Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Profile for MACEF

Infomacef 177  

Infomacef 177  

Profile for macef
Advertisement

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded