Page 1

Број 152

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец Ноември изобилуваше со меѓународни активности во кои бевме вклучени. Не помалку се одвиваат активностите на “домашен терен“. Како и досега, сакаме Вашето внимание да го насочиме кон нашите активности: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC, RePublic_ZEB и Green for Growth Fund. Активно учество на Меѓународната конференција Gas geopolitics in South East Europe со наслов Influence of

Natural Gas -where from?

Обука на членови на Агенцијата за енергетика за пресметка на заштеди на енергија според методите Од горе-надолу и Од доле-Нагоре. Изработка на Програм за Енергетска ефикасност и Акционен план за општина Ѓорче Петров. Изработка на Програм за Енергетска ефикасност и Акционен план за општина Велес. Во меѓувреме пред советниците од Советот на општина Гази Баба го претставивме Програмот за ЕЕ на оваа општина. Размислуваме за натамошниот развој на МАЦЕФ, силно насочен кон меѓународна поделба на трудот. Со други зборови, се обидуваме да добиеме проекти финансирани од меѓународни институции, а за потребите на Република Македонија. Приготвивме квалитетна пријава и се надеваме дека ќе биде прифатена! Во следниот број, веќе ќе имаме можност да Ве информираме дали нашите очекувања и увереност во квалитетот на понудената програма биле оправдани! Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект Streetlight-EPC Во месец ноември МАЦЕФ активно работеше на подготовките за вториот настан кој е предвиден да се одржи во рамки на проектот, а воедно настанот ќе биде дел од овогодинешната менифестација Денови на енергетика 2015. На 03.11.2015

година се одржа работен состанок помеѓу проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје, на состанокот беа дефинирани темата која ќе биде разработена, програмата на настанот и соодветните презентери. Според договореното на настанот ќе се даде акцент на законските регулативи за спроведување на тендерска постапка за реконструкција системот за улично осветлување, недоследностите кои се спроведуваат при постапката, потоа ќе направи јасна дистинкција помеѓу ЕСКо и ЈПП моделите во секторот улично осветлување, дополнително ќе бидат презентирани веќе реконструирани системи за улично осветлување и на крајот на настанот е предвидено да се отвори дискусија помеѓу присутните. На настанот ќе бидат поканети од претставници од бирото за јавни набавки, сите раководители на секторите за улично осветлување од сите општини во Република Македонија, како и приватните компании кои се занимаваат произведуваат, увезуваат и дистрибуираат опрема и светилки за улично осветлување и вршат одржување на истата. (ДТ) Повеќе... Обука за користење на методи Top-Down и Bottom-Up Од средината на Ноември, а до крајот на Декември, МАЦЕФ спроведува интензивна обука и разработка на методите за пресметка на заштедите на енергија преку мерки за ЕЕ. Учесници се претставници на Агенцијата за енергетика. Се разработуваат ЕУ методите кои се прифатени во Македонската законска регулатива и тоа “Од горе-надолу“ и “Од доле- нагоре“ т.е. Top-Down и Bottom-Up Methods. Се практикува директна примена врз основа на собрани информации. Соодветни алатки (Ексел табели/програми) се приготвени и ставени на располагање. Методите се основните насоки за спроведување на двете ЕУ Директиви (Energy Saving Directive and Energy Efficiency). (КД) Софија, 4.11.2015 International Conference “Gas Geopolitics In South East Europe” Во рамките на оваа меѓународна конференција на повик на организаторот, заедно со експерти од регионот, ЕУ заедницата и аналитичари од САД, се дискутираа состојбите и потенцијалите за снабдување со природен гас на земјите од Балканското полуострво. Презентацијата на К. Димитров (“Influence of Natural Gas -where from”)-беше насочена кон проблемот од каде и од кого да се снабдуваме со гас, за да ги задоволиме потребите на Македонија во идниот период. Не беше изненадување дека ставовите на учесниците не се разидуваат и дека геостратегиската положба и судирот на интереси се определена пречка во развојот на системите за снабдување со природен гас (Јужен Поток, Турски Поток), без реална можност за ефтина и брза алтернатива. (КД) Проект REACH Во месец ноември активностите во проектот REACH беа во целост сконцентрирани на изборот на институцијата и подготовката на договор за експертски услуги во делот на организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства. За таа цел, беа одржани неколку состаноци со релевантните институции кои работат во секторот на социјална работа со енергетски сиромашни домаќинства со цел

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 152

Страница 2

да се изнајде модел за спроведување на најголемиот дел на посетите кај овие домаќинства. Ова се дел од работните активности планирани во работниот пакет 4. Исто така, минатиот месец се одржа и редовниот интернет состанок меѓу партнерите во проектот кој имаше за цел планирање на следните чекори во реализацијата на проектот, првенствено подготовката на промотивната конференција за проектот РЕАЦХ во Брисел, но и за останатите тековни случувања. (ЖИ) Повеќе... Активна работа на РеПублик_ЗЕБ проектот Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Во изминатиот период, МАЦЕФ продолжи со работата на анализата за прилагодување на софтверска алатка за моделирање на оптимални пакети на мерки во однос на трошоци. Софтверската алатка беше користена за два референтни објекти, канцеларии и образовни објекти. (СП) Повеќе Работен состанок на управниот одбор на МултЕЕ проектот multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). На 12.11.2015, во хотелот Crowne Plaza, Атина, Грција се одржа работниот состанок на управниот одбор на проектот МултЕЕ. На состанокот се финализираа документите од работниот пакет 1: Аналитичка рамка за мапирање и анализа, заедно со дополнувањата за секоја земја од ЕУ и Македонија – „Извештај за анализа на шемите за следење и верификација, како и механизмите за координација“ и „Најдобри практики за шемите за следење и верификација, како и механизмите за координација“. Исто така, беше усвоен документот од работниот пакет 2: „Документ со општи формули за методологија Оддоле-Нагоре“. На состанокот, беше и договорена работата во наредниот шест месечен период. Во наредниот период се продолжува работата на работниот пакет 2 – дефинирање на основните големини во методологијата Оддоле-Нагоре, како и работниот пакет 3: Препораки за поединечни држави за механизмот за координација. (СП) Повеќе

Работен состанок на советодавниот одбор на МултЕЕ проектот На 13.11.2015, во хотелот Crowne Plaza, Атина, Грција се одржа работниот состанок на советодавниот одбор на МултЕЕ проектот. Советодавниот одбор го сочинуваат претставници на релевантните институции од државите членки на проектот. Претставник од Македонија, покрај центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, беше г. Александар Дуковски, директор во Агенцијата за енергетика на Република Македонија. На состанокот се дискутираа завршените документи на проектот МултЕЕ, нивното влијание и помош во секојдневното функционирање на институциите и исполнување на законските обврски кои произлегуваат од ЕУ директивите. (СП) Повеќе GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк На 27ми ноември 2015 година се одржа првиот телефонски состанок помеѓу МАЦЕФ и претставниците од Finance in motion од Луксембург. Целта на состанокот беше да се направи преглед на спроведените активности во изминатите 6 месеци, воедно беше направено повторување и утврдување на задолженијата на МАЦЕФ како технички консултант на Кредитната линија. Воедно во месец ноември непречено се одвиваше соработката помеѓу МАЦЕФ и ХАЛКБАНК. МАЦЕФ по втор пат е избрано како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозоци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) Училишен проект Во месец ноември во рамки на Училишниот проект се одржаа 2 состаноци, со што официјално беше новата фаза од проектот. Првиот состанок се одржа на 12ти во канцелариите на Општина Желино, а вториот состанок се одржа на 23ти во Општина Центар. На двата состаноци присуствуваа Градоначалниците на општините г. Фатмир Изаири и г. Андреј Жерновски, претставници од општините, претставници од ЕВН и претставници од МАЦЕФ. Целта на состаноците беше подетално да се запознаат градоначалниците и останатите претставници од општините со целта на проектот и достигнувањата кои досега ги има постигнато проектот. На двата состаноци градоначалниците позитивно ја поздравија иницијативата која произлегува од спроведувањето на проектот. Во месец декември треба да се спроведе последниот трет состанок во Општина Врапчиште и со тоа ќе се заокружат сите 3 општини во кои МАЦЕФ е задолжен да го спроведе проектот во оваа учебна година. За потсетување и оваа учебна година ќе бидат опфатени 12 општини на ниво на Република Македонија. (ДТ) Програма за EE и Акционен план на Општина Ѓорче Петров Тимот на МАЦЕФ ја комплетира изработката на Програмата за енергетска ефикасност и Акциониот план на општина Ѓорче Петров. Паралелно во соработка со надлежните во општината во изминатиот период беа собрани потребните податоци кои беа неопходни за да се комплетира изработката на програмата. Согласно договорот кој беше потпишан во изработката на енергетските контроли беше вклучено и контрола со термовизиска камера. Заради тоа, на сите објекти кои со водлежност на општината им беше спроведено со термовизиска камера. Термовизиските снимки овозможуваат да се утврди нивото на топлинската пропустливост на елементите на обвивката на објектите, како и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 152

Страница 3

ефикасноста на системот за греење, во услови кога објектите се греат. Во прилог е прикажана термовизиска снимка од фасадата на училиштето ОУ „Ѓорче Петров“ на која може да се забележи големо оддавањето на топлина од грејните тела на објектот низ фасадата бидејќи нема поставено топлинска изолација на надворешните ѕидови. (БК) Изработка на Програма за ЕЕ и АП за Општина Велес Во месец ноември МАЦЕФ започна со изработка на тригодишна програма за енергетска ефикасност (2016-2018) воедно на крајот од месец ноември беа посетени 6 објекти. При посетата на објекти е направена детална проверка на системот за греење, системот за осветлување, потоа елементите на обвивката на објектот и воедно беа направени термовизиски снимки. Во периодот што следи ќе се бидат посетени останатите обејкти кои се надлежност на општина Велес. (ДТ) Презентација на ОПЕЕ И АП пред советот на општина Гази Баба На 27-ми минатиот месец, пред советот на општината Гази Баба беше презентиран Програмата за енергетска ефикасност на општина Гази Баба за период 2015-2017 година и Акциониот план за енергетска ефикасност за 2015 година. И Програмата и Акциониот план беа приготвени од страна на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во соработка со службите на општина Гази Баба. Во текот на презентацијата пред присутните беа прикажани потрошувачката на објектите, возилата и уличното осветление кои се во владение на општината, потенцијалните мерки за намалување на потрошувачката на енергија, како и временскиот распоред за превземање на мерките. Беа дефинирани и објектите кои според појдовните податоци имаат најголем потенцијал за енергетска ефикасност и чии мерки имаат најголема рентабилност. По презентацијата, Програмата и Акциониот план беа прифатени од страна на советот на општина Гази Баба. (ЖИ Unido програма за оптимизационен систем за пареа и изградба на капацитети Во стопанската комора на Македонија се одржа првиот тренинг за оптимизација на системи со пареа кој траеше од 9/16 Ноември. Како дел од оваа обука се одржаа и две посети, Во Пивара Скопје и Елем Енергетика, за кои се изготвија извештаи за моменталната состојба и потрошувачка на гориво за генерирање на пареа и беа презентирани сите можни мерки за заштеда на пареа и гориво во истите.Оваа обука е дел од Програмата на Обединетите нации за индустриски развој (The United Nations Industrial Development Organization-UNIDO) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенција за енергетика и Македонската банка за поддршка и развој ja започнаа втората компоненета од спроведувањето на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологииво Република Македонија”. Проектната Компонента 2 се фокусира на оптимизација на индустрискиот енергетски систем. Пристапот на оптимизација, промовиран и поддржан од страна на УНИДО има за цел да го надмине едноставниот пристап на користење енергетски ефикасна опрема преку сеопфатен енергетски ефикасен пристап. Резултатите покажуваат дека ефикасноста на енергетски ефикасната опрема во индустриите зависи од целокупниот систем на работење. Најдобрите достапни практики и технологии за енергетска ефикасност во индустријата ќе бидат

промовирани и поддржани со посебен фокус на оптимизација на системи на пареа (SSO) и оптимизација на системи за компримиран воздух (CASO). Најпрво ќе се започне SSO програмата. За UNIDO програмата за изградба на капацитети за SSO се планирани два Модула, обука за корисници (USER Training 2-дена) и експертска обука (EXPERT Training 5 дена), како и завршен испит. SSO тренингот на корисниците е првенствено насочен кон индустриските инженери, оператори на котли/системи за пареа и персонал за одржување на претпријатијата. SSO Експертскиот тренинг е насочен кон националните консултанти за енергетска ефикасност, трговци со опрема за пареа и други даватели на енергетски ефикасни услуги во индустријата. (ЈДК) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС „Службен весник на Република Македонија“ бр. бр. 192 од 05.11.2015 година - Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот - Закон за изменување и дополнување на Законот за животната срединa - Закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи - Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Новости од Македонија Трета студентска ефикасност

конференција

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

за

енергетска

Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе бидат презентирани на третата студентска конференција „Енергетска


ИНФОМАЦЕФ 152

Страница 4

ефикасност и одржлив развој - СКЕЕОР 2015“, што започна денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ, во Скопје. Како што соопшти ФЕИТ, деканот Миле Станковски на отворањето на конференцијата нагласи дека факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област. - ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњаци во областа, чиј напредок е енормно голем, рече Станковски. Претседателот на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР Бодан Велковски, порача дека конференцијата претставува одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, професорите и компаниите од енергетскиот сектор. (СП) Повеќе

Новости од светот Изградба на ТЕ Бановиќи започнува во втората половина од 2016та година Собранието на акционерското друштво рудници на кафеав јаглен „Бановиќи“ д.д. Бановиќи, на својата седница одржана на 20 ноември, ја даде својата согласност за изборот на корпорацијата Донгфанг Електрик Лимитед од Кина како стратешки партнер за финансирање и изградба на термоелектраната Бановиќи, блок 1 - 350MW. Се очекува изградбата на термоелектраната да трае три до четири години и треба да биде пуштена во работа на крајот од 2019та година. Се работи за инвестиција во вредност од 450милиони евра. (БК) Повеќе...

Занимливости Технологијата прави метални жици за соларните ќелии коишто се речиси невидливи на светлина Истражувачите со асистент професор Ји Цуи откриле начин како металните контакти од површината на соларните ќелии да се направат да бидат скоро невидливи на влезната светлина. Новите техники би можеле значително да ја подобрат ефикасноста на соларните ќелии. Соларната ќелија во основа претставува полупроводник, којшто сончевата светлина ја претвора во електрицитет, поставена во средината помеѓу металните контакти коишто ја носат електричната струја. Потребно е да се напомене дека иако овој дизајн е широко употребуван, има и недостаток: Овој светликав материјал којшто е поставен на соларната ќелија всушност ја одбива сончевата светлина од полупроводникот кадешто се произведува електрицитетот, намалувајќи ја ефикасноста на соларната ќелија. Сега научниците од Универзитетот стенфорд откриле начин како да го прикријат рефлективниот контактен слој на соларната ќелија и воедно да ја насочат оснчевата светлина директно на полупроводникот под ќелијата. Нивните истражувања, се објавени во весникот АЦС Нано (ACS Nano), којшто би можел да води кон нов дизајн во производството на соларните ќелии. „Користејќи ја нанотехнологијата, ние развивме нов начин горниот метален слој од соларната ќелија да се направи скоро невидлив на влезната сончева светлина“, изјавува водечкиот автор на студијата г-дин Вијау Нарасиман. „Нашата нова техника би можела значајно да ја зголеми ефикасноста, а со тоа и да се намали цената на соларните ќелии“. (БК) Повеќе... Првата соларна патека за велосипеди ги надминува сите очекувања Проектот прва соларна патека „СолаРоад“ беше прикажан минатиот ноември во Холандија, а се наоѓа во непосредна близина на Амстердам. Соларната патека претставува уникатен проект во поглед на незагадувањето од соларната енергија. Во првите шест месеци откако е инсталирана, патеката „СолаРоад“

има призведено повеќе од 3000 kWh или тоа е еднакво на потребите за електрична енергија на едно домаќинство со едно лице за цела една година. Соларната патека претставува уникатна платформа која што е долга 70 метри и се состои од неколку синтетички слоеви со завршен слој од 3 милиметри од стаклени соларни панели коиу се така направени да ги претвораат зраците на сочевата светлина во енергија-дури и во облачните денови. Секој транспарентен панел се поврзува во мрежа којашто го оптимизира сончевото зрачење и го преенасочува во локалната енергетска мрежа - како на пример електрична енергија потребна за уличното осветление. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.energy.eu www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.rehau.com.mk www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за чиста и зелена енергија 1ви до 3ти февруари 2016 Рим, Италија Целта на конференцијата е да ги собере на едно место иновативните академици и експерти од индустрискиот сектор во полето на чиста и зелена енергија на заеднички форум. Главната цел на конференцијата е да се промовира истражување и развојни активности во областа на чиста и зелена енергија. Друга цел исто така е промоција на научни информации, меѓусебна размена на информации помеѓу истражувачи, инженери, студенти и практични лица коишто работат во Амстердам и пошироко. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за природната наука и инженерингот 19ти до 20ти март 2016 Килис, Турција Целта на оваа конференција е да ги собере на едно место истражувачите, производителите, инженерите, практичарите и корисниците од целиот свет за да се споделат и дискутираат предностите и развојните достигнувања во природната наука и студиите за инженерските технологии. (БК) Повеќе... ХидроТек Албанија 10ти до 11ти февруари 2016 Тирана, Албанија Конференцијата ќе обезбеди услови за размена на информации како и можноста за потенцијалните и веќе постоечките инвеститори и инвестирачката заедница да се постигне чиста околина. Наменета е да се поддржи хидро развојот во Албанија, да се зголемат странските директни инвестиции како и понатамошна помош за приватизација на хидроенергетската индустрија. Додека настанот ќе има изложувачи од повеќето технолошки снабдувачи на енергија исто така ќе биде насочен кон клучните прашања во хидро енергетската индустрија со којашто се соочува денес Албанија. Вклучително и главните двигатели: намалувањето на емисиите на CO2, зголемување на енергетската сигурност, обезбедување на пристап кон достапни финансирања, намалување на производствените трошоци и ублажување на енергетската сиромаштија во руралните области. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик:Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

Infomacef 152  
Infomacef 152  
Advertisement