__MAIN_TEXT__

Page 1

Број 194/195

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Маj/Јуни 2019

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:        

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Настани во Македoнија Новости од Македонија Новости од светот Анализа Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Март носи променливо време, но за нас, е исполнет со многу активности. Учествувавме на повеќе средби организирани во секторот енергетика. Заради летните одмори овој пат се решивме да приготвиме двоброј, што не е наша досегашна пракса. Ве насочуваме кон следниве содржини: Фонд за зелен развој Проект WeBET Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес Проект ОРМАК МАЦЕФ ја нуди на општините својата експертиза и помош при изработка на техничка документација за улично осветлување при примена на ЕСКО моделот, според препораките предложени од Светска банка. Исто така нудиме помош при изработка и целосна изработка на 3 годишните програми за енергетска ефикасност и Акциски план, усогласени со препораките на Светска банка. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Проект WeBET Започнуваат финалните подготовки за проектот WeBET. Наредниот период ќе се одржи последниот состанок со кој ќе се означи крајот на проектот. За таа цел, тимот на МАЦЕФ направи преглед на ситуацијата во Македонија, во поглед на разјаснување на митовите, процесот на декарбонизација, искористување на достапните обновливи извори на енергија, како и мрежата на електрична енергија. СП Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес Во изминатите два месеци МАЦЕФ активно работеше на подготовката на Стратегијата за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес. Во тек е утврдување на потенцијалот на обновливите извори на енергија со кои располага општината, со цел да може да се утврди кои ИОЕ се најпогодни за изработка на два пилот проекти за иксористување на обновливите извори на енергија. ДТ Проект ОРМАК Во претходниот период продолжија активностите на проектот ОРМАК на тимот на МАЦЕФ. Се разгледуваа големо количество на документиран материјал за мали ОРЦ простројки кои се во експериментална фаза. Со разгледувањето на документацијата, паралелно се вршат пресметки на постројката и воедно се врши дизајнирање на истата. Административните активности се извршуваат соодветно на планираното темпо. Во согласност со договорот и обврските кои ги има МАЦЕФ кон Фондот за иновации, изминатиот месец е изработен првиот квартален извештај за проектот. Се очекува зголемено ниво на активности во наредните месеци. Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) На 16ти и 17ти мај во центарот за обуки на ХАЛКБАНК се одржа обука за кредитни референти на следните теми: подобро запознавање со Енергетска ефикасност и обновлива енергија, унапредување на продажбата на кредити од кредитната линија ГГФ – Зелено за развој, како зголемена соработка со компаниите со цел изработка на холистички проценки со кои ќе се утврди потрошувачката на енергија во рамки компаниите и ќе се понудата соодветни мерки зае намалување на потрошувачката на енергија, намалена емисија на CO2, како и утврдување на степенот на производство на нивото на отпад, вода и ресурси. На обуките присуствуваа двајца претставници од МАЦЕФ, г. Саше Паневски и г-ѓа Даниела Трпкоска кои се воедно и дел од регистрираните енергетски проценувачи на оваа кредитна линија. Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195

обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење, нова поефикасна опрема итн. За повеќе информации обратете се на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Настани во Македонија Презентација на ЈУБ На 29 мај 2019 година, во просториите на Хотел Континентал, ЈУБ ги претставија своите новитети во последната година. На настанот присуствуваа повеќе засегнати страни, претежно проектанти (архитекти, градежни и машински инженери), на кои овие информации им се од значење. На настанот присуствуваа двајца претставници на Македонскиот центар за енергетска ефикасност – МАЦЕФ, г. Саше Паневски и г-ѓа Даниела Трпкоска. Презентацијата, заедно со показните примери, ја одржа г. Кузман Стефановски. Во презентацијата опфатени беа сегментите како бои за внатрешни ѕидови, декоративните техники, фасадните бои и малтери, но од најголемо значење, потенцирани беа системите за изолација на надворешните ѕидови. Како битен новитет во компанијата, ЈУБ во изминатата година на своите сертификати го додаде и сертификатот Standard SIST EN 15457 – отпорност на филмот од бојата на алги и мувла. СП Презентација на софтверот за енергетски карактеристики на згради кој се применува во Република Бугарија На 10ти мај се одржа презентација на софтверот за енергетски карактеристики на згради кој се применува во Република Бугарија во организација на Агенцијата за енергетика на и во соработка со Комората на овластени архитекти и инженери. Пред почетокот на настанот г-дин Нехри Емрула, директор на Агенцијата за енергетика и Проф. Д-р Миле Димитровски

Страница 2

претседател на Комората на овластени архитекти и инженери потпишаа мемерандум за меѓусебна соработка. Презентацијата беше поделена на два дела, во првиот дел гѓата Цветомира Кулевска претставник на Агенцијата за одржлив енергетски развој на Бугарија ја презентираше улогата и активностите на Агенцијата како и постигнувањата и мерките кои се превземени во однос намалувањето на потрошувачката на енергија. Во вториот дел Проф. Никола Калојанов од Техничкиот универзитет во Софија го презентираше националниот софтвер за енергетски карактеристики на зградите. ДТ

Новости од Македонија На располагање се 30 милиони денари за граѓаните за енергетска ефикасност „Согласно Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година и годинава продолжуваме со реализација на предвидените мерки, па деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, за кој се обезбедени 5 милиони денари и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2019 година, за кој обезбедивме 25 милиони денари“, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на својата прес конференција. Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари. За купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци со потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас, заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50%, но не повеќе од 25.000 денари, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена. Единствениот услов е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за конкретните намени врз основа на јавните огласи на Министерството за економија во претходните години. Повеќе СП Прв работен состанок за изработка на карти на шумска вегетација за три пилот региони кои поддржуваат растителни заедници со ретки и заштитени видови На 5ти мај во Скопје, се одржа првиот работен состанок за проектот „Изработка на карти на шумска вегетација за три пилот региони кои поддржуваат растителни заедници со ретки и заштитени видови”, чија основна цел е заштита на биолошката разновидност преку изработка на дигитални карти на шумска вегетација. Според претставникот од Министерството за животна средина и просторно планирање, Весна Индова, со денешната работилница ќе се подобри координацијата и ќе се овозможи вклучување на сите инволвирани страни, што е од исклучително значење за постигнување на добри крајни резултати. Мапирањето и класификација се неопходни стручни алатки за дистрибуција, структура и композиција на шумските растителни заедници – истакна претставникот на Програмата на ООН за животна средина, Канцеларија во Скопје, Искра Стојанова, потенцирајќи

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195

дека резултатите од оваа проектна активност ќе придонесат за ажурирање на следниот Национален просторен план, како и за ажурирање на постојните планови за управување, со шуми од аспект на интегрирање на биолошката активност. На состанокот експерти од областа ги претставија проектните активности и методологијата за спроведување на истражувањата, собирањето и обработката на податоците за конечна подготовка на картите на шумска вегетација за три пилот региони. Со реализацијата на овој проект на релевантните институции во нашата држава ќе им се помогне да ги подобрат националните политики и управувањето со шумите и шумските екосистеми со воведување на принципи и практики за еколошки одржливо стопанисување со шумите и со вклучување на посебни елементи за загрозената биолошка разновидност. Повеќе... ДТ

Новости од светот Црна Гора е предводник за енергетска транзиција во регионот Во мај 2019 година, Црна Гора се придружи на групата земји кои успеаја да ја покријат целата побарувачка за електрична енергија во одреден временски период од домашните обновливи извори на енергија. „Ова докажува дека транзицијата на енергија е возможна, и што е можно да се запре искористувањето на фосилните горива за производство на електрична енергија", вели црногорскиот министер за економија задолжен за енергетика, Драгица Секулиќ, жена која се зазеде став против конзервативните ставови за енергетската политика и како вистински лидер што го предводи зелениот, паметниот и одржливиот развој на енергијата, во интервјуто за Балканската вест за зелена енергија. Министерот Драгица Секулиќ вели дека намерата не е да се запре на 60 отсто од електричната енергија од обновливи извори на енергија годишно, туку да се постигне 100 отсто. Ова ќе биде можно со голем број заинтересирани инвеститори кои ќе развијат пазарни проекти без субвенции во Црна Гора. Освен големите проекти, како што е соларна електрана Бришка Гора, Секулиќ, која е инженер и поранешен шеф на преговарачкиот тим за енергетското поглавје од разговорите за пристапување во ЕУ, вели дека Црна Гора, исто така, планира да го поттикне користењето на обновливите извори на енергија во домаќинствата, создавајќи услови за забрзување на електрификацијата во транспортниот сектор. Повеќе... ДТ Бугарија го забрзува извозот на електрична енергија, овозможувајќи спојување на пазарот со Македонија Бугарија направи измена во Законот за енергетика, така што го укина надоместокот за извоз на електрична енергија. Со оваа измена на законот се отстрануваат постоечките пречки за трговија со енергија помеѓу Бугарија и Балканските држави (договорните страни на Енергетската заедница на Балканот), а воедно се овозможува идната пазарна соработка со Македонија, рече Секретаријатот на Енергетската заедница во изјавата со која го поздравува овој потег. Измените на законот за енергија, одобрен од бугарскиот парламент на 9 мај, ќе стапат на сила на 1 јули 2019 година, соопшти Секретаријатот. Според претходните извештаи, овој потег ќе донесе и 750 MW обновлив капацитет на слободниот пазар, создавајќи поголема конкуренција и ликвидност. Надоместокот за извоз во Бугарија беше подложен на жалба од трговец со електрична енергија, следствено на тоа Секретаријатот на ЕУ побара од Европската комисија, која е задолжена за усогласување на европското законодавство во земјите-членки на ЕУ, да изнајде решение.

Страница 3

Од аспект на европското право, таквата такса ги прекршила правилата што го гарантираат слободното движење на електрична енергија преку границите. Извозните такси се забранети во ЕУ и Енергетската заедница, вклучително и меѓу земјите-членки на ЕУ и договорните страни во Енергетската заедница, според изјавата на Секретаријатот. Повеќе... ДТ Зелените покриви во Њујорк стануваат обврска според закон Во пресрет на светскиот Ден на зеленило, градот Њујорк донесе пакет закони со кои се дефинира иднината градба и кои имаат за цел драстично да се подобри енергетската ефикасност во Големото јаболко. Во средиштето на овој „зелен договор“ се зелените покриви, кои во иднина во потполност можат да го сменат како изгледот, така и животот на оваа метропола. Следејќи ги Торонто, Сан Франциско, Денвер и Портланд и Њујорк постави услов при изградбата на станбени и деловни објекти. Во иднина секој новоизграден објект на својот покрив ќе мора да има растенија, соларни панели или мини-турбини за ветер. Инвеститорите ќе можат да одлучат дали поединечно ќе применат некој од системите или ќе го реализираат проектот преку комбинација на трите. Зелените покриви ги ладат градовите, го апсорбираат загадувањето, обезбедуваат звучна изолација, промовираат биодиверзитет и ги намалуваат трошоците потребни за производство на енергија и на тој начин ги прават нашите градови прифатливи за сите“- изјавил Dwell Rafael Espinal, челн на њујоршкиот совет. Промената на структурата на покривот можеби изгледа како мал чекор, но всушност глобалното влијание е импресивно. Националниот истражувачки совет на Канада дошол до податоци дека зелен покрив со голема површина може да ги намали дневните потреби на зградата за килматизација за 75 проценти. Енергетски ефикасни згради се во самото срце на Законот за климатизација, кој зградите на Њујорк ги препознава како главни виновници за емисија на јаглерод двооксид во градот. Законот наречен Dirty Building Bill има за цел да ја смали емисијата на јаглерод за 80 проценти до 2050 година. Повеќе СП

Анализа Љубљана преработува 95% од отпадот што го создава една третина од населението во Словенија Во месец мај, Малезија ѝ се приклучи на Кина во забрана на увозот на отпад, одлука која што ќе направи голем притисок врз земјите во Европа во однос на справување со отпадот. Наоѓањето на одржливи решенија за справувањето со отпад во земјите на ЕУ сè повеќе е во фокусот. Словенија го реши овој проблем со изградба на Регионалниот центар за третман и обновување на отпадот (РЦЕРО) во главниот град Љубљана. Тоа е долгорочно решение за управување со отпадот од една третина од населението во Словенија. Според објавите на интернет страната на РЦЕРО, постројката е најдобриот и најмодерниот објект од ваков тип во Словенија. Годишно може да преработува повеќе од 170.000 тони отпад – повеќе од 150.000 мешан комунален отпад и повеќе од 20.000 тони одделно собиран био-отпад, а се опслужуваат 700.000 жители од 43 општини (1/3 од Словенија). РЦЕРО е најголемиот еколошки проект во Словенија поддржан од Кохезивниот фонд на ЕУ. Главниот дел на РЦЕРО се состои од три објекти за механобиолошки третман на отпадот, каде што се обработуваат два вида на отпад: одделно се собираат биолошки отпад и преостанат мешан комунален отпад. Истотака се собира и сортира и кабастниот отпад. Со механичкиот третман на отпадот се произведува рециклирачки материјали и материјали за производство на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195

Страница 4

цврсто гориво. Материијалите кои не можат повторно да се преработат се користат за производство на гориво со слична енергетска вредност на кафеавиот јаглен. Биолошкиот третман на био-отпадот се темели на процесите кои спонтано се случуваат со природата, но се врши забрзување на процесите и се одвиваат без присуство на кислород. Со процесот на анаеробна ферментација од био-горивата се добива компост. Големите количини на гас кои се произведени во текот на процесот на ферментација се користат за производство на електрична енергија и топлина. Произведениот биогас генерира доволно електрична и

топлинска енергија потребна за работа на РЦЕРО. Резултатот кој е постигнат е следниот: - 30.000 тони сурови, рециклирани материјали - до 60.000 тони цврсто гориво - 7.000 тони компост - 35.000 тони дигестат – за подобрување на карактеристиките на земјата. - 6.000 тони дрво - 17.000 MWh електрична енергија - 36.000 MWh топлинска енергија. ДТ Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.ase.org/ www.managenergy.net/kidscorner www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.erc.org.mk www.energy.eu www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Вебинар: Искуства во премостување на јазот помеѓу инвеститорите и развивачите на проекти 27ми јуни 2019 година Од 10 до 12 часот Европската комисија, во партнерство со Иницијативата за финансирање на животната средина на ОН, организира webinar на тема „Искуства во премостување на јазот помеѓу инвеститорите и развивачите на проекти". Темите кои ќе бидат отворени на овој вебинар се: - Контекст и приоритети на политиката од ГД ЕНЕР; - Како да го структурираме дијалогот за финансирање на одржливи енергии: искуство и перспективи од иницијативата за инвестиции во инвестиции во одржлива енергија, Камила ПАКЕЛ, ЕАСМЕ; - SEFIPA - Платформа за финансирање на одржлива енергија во Австрија, Катарина Мунер-Самер, ÖGUT; - EnerInvest - шпанската платформа за финансирање на одржлива енергија, Фернандо Гарсија Гутиерез, Делоит; - Можности за финансирање според H2020 за поддршка на развојот на националните платформи за финансирање, Кристоф Милин, ЕАСМЕ. СП Регистрација Повеќе...

Конференција: „Сајбер“ безбедноста во енергетскиот сектор, 9ти јули 2019 година, Брисел, Белгија Енергетскиот систем е една од најкомплексните и најголемите инфраструктури во Европа, како и една од најкритичните средства за модерното општество и нејзините економски активности, благосостојба и стабилност. Целта на оваа конференција е да се дискутира за преземањето и спроведувањето на Препораката на Комисијата, како и идната работа во областа на сајбер-безбедноста во енергетскиот сектор, како што е мрежен код за сајбер-сигурност за електрична енергија и сертификација во енергетскиот сектор. Настанот ќе премине од енергетска унија до Синдикатот за безбедност. СП Повеќе... Европска конференција: Зафаќање и складирање на јаглерод (Carbon Capture and Storage - CCS) 5ти септември 2019 година Осло, Норвешка Целта на конференцијата е да се утврди улогата и потребата од зафаќање и складирање на јаглеродот во стратешката долгорочна визија на ЕУ за неутрална економија во Европа и да се обиде да даде исход кој ќе придонесе за забрзано проширување на зафаќање и складирање на јаглеродот низ цела Европа. Треба да ја истакне итната потреба за развивање на почетокот на проекти за зафаќање и складирање на јаглерод со цел да се олесни широкото распоредување на зафаќање и складирање на јаглеродот. Конференцијата ќе се фокусира на Европа, а особено на улогата на зафаќање и складирање на јаглеродот во стратешката долгорочна визија на ЕУ, но ќе ги искористи искуствата од другите земји со соодветни активности на зафаќање и складирање на јаглеродот. СП Регистрација 11ти граѓански форум за енергија Од 12ти до 13ти Септември 2019 година Даблин, Ирска Фокусот на форумот е како да се постигне фер и инклузивна енергетска транзиција за сите. Дополнително ќе се поттикне дискусија за улогата на потрошувачите во променливиот енергетски пазар, како и начини за искористување на постоечките можностите што ги нудат новите технологии. Другите прашања на кои ќе се разговара се однесуваат на венергетска ефикасност и производство на обновлива енергија и како ранливите потрошувачи можат исто така да ги уживаат придобивките што ги носи поефикасен и флексибилен енергетски пазар. СП Повеќе... 33ти Форум Мадрид Од 23ти до 24ти октомври 2019 година Мадрид, Шпанија Целта на настанот е да се отвори дискусија за можностите и предизвиците поврзани со создавањето на внатрешен пазар на гас во ЕУ. Учесници на настанот се националните регулаторни тела, националните влади на ЕУ, Европската комисија, операторите на преносните системи, снабдувачите на гас и трговците, потрошувачите, корисниците на мрежата и размена на гасови. Форумот се одржува еднаш годишно во Мадрид и е во организација на шпанското енергетско регулаторно тело Comisoón Nacional de los Mercados y la Competencia и Европската комисија. СП Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Profile for MACEF

ИнфоМАЦЕФ 194  

ИнфоМАЦЕФ 194  

Profile for macef
Advertisement