InfoMACEF 191

Page 1

Број 191

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Февруари 2019

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

       

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Настани во Македoнија Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Февруари е најкусиот месец во годината, но за нас, исполнет со многу активности. Учествувавме на повеќе средби организирани во секторот енергетика. Ве насочуваме кон следниве содржини: Веб платформа за следење и верификација на заштедите на енергија Проект WeBETD Усвоена е програмата за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Веб платформа за следење и верификација на заштедите на енергија Во Подгорица Црна Гора, на 26 и 27 февруари, К. Димитров беше дел од македонската делегација на состанокот на кој се дискутираше за таканаречената веб платформа „MVP" за следење и верификација на заштедите на енергија остварени со мерки за енергетска ефикасност. Во организација на GIZ претставници на земјите од таканаречениот Западен Балкан дискутираа за рокови за примена на оваа платформа. Нашите претставници од Министерството за економија презентираа до каде сме ние со оваа задача, а Агенцијата за енергетика ја потврди својата подготвеност за активно организирање. Учеството на МАЦЕФ во развојот на оваа проблематика е од 2015 година, и активна соработка во ЕЕ2020 проектот multEE. Ние активно го владееме овој софтвер и спремни сме да придонесеме тој да се применува во сите општини и јавни згради кои ќе пристапат кон сопствена модернизација на фасадите и системите за греење и ладење. КД Усвоена е програмата за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба На редовната 21 седница на советоот на Општина Гази Баба, одржана на 20.02.2019 година, презентација на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба имаше м-р Саше Паневски од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Презентацијата беше прва на дневниот ред на Советот на општината и имаше за цел да ја претстави програмата на советницице на општината со цел да биде усвоена. Со тоа се заврши проектот за изработка на Програмата на Општина Гази Баба успешно, затоа што таа претходно доби и позитивно мислење од Агенцијата за енергетика на Република Македонија. СП Проект WeBETD Во месец февруари, активностите на МАЦЕФ беа во главно насочени кон подготовката на конференцијата „Политички дијалог – цел: Декарбонизација“ како главна активност на проектот „Дијалог за енергетска транзиција во земјите од Западен Балкан“ (WeBETD). Конференцијата која покрај презентациите од странски и домашни експерти, ќе понуди и можност за расправа и дијалог меѓу присутните на тема декарбонизација на производството на електрична енергија. Истата е планирано да се одржи во хотел Хилтон Дабл Три со почеток во 10 часот.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 191

Страница 2

Исто така, во февруари беше остварена интензивна комуникација меѓу партнерите во проектот со размена на информации околу постигнатите резултати во секоја земја пооделно. Според последните информации од проектните партнери, во месец февруари е објевена одлуката за прекин на производството на електрична енергија од јаглен во 2038 година од страна во Германија. ЖИ Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес Во изминатиот месец МАЦЕФ го доби тендерот за изработка на Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес. Согласно тендерската документација временскиот рок за изработка на Стратегијата е 6 месеци. Во текот на следните 6 месеци тимот на МАЦЕФ во соработка со претставниците од Општина Велес ќе работи на собирање и анализирање на податоците за расположливите обновливи извори на енергија на целата територија на општината. ДТ Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Од соработниците Општина Кисела Вода–Постигнати заштеди во 2018 г. Како резултат на спроведените мерки за ЕЕ ги имаме следните заштеди на енергија до 2018 . Сумарни заштеди на енергија како резултат од реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност на општина Кисела Вода за период од 01.10.2009 до 31.12.2018 г.

Енергетски Финансиски Емисии Финансиски заштеди заштеди на СО2 заштеди МКД MWh Евра t СО2 eq 2009 534 1.914.222 31.126 105 2010 1.216 9.774.003 158.927 315 2011 1.826 13.579.439 220.804 475 2012 3.239 25.910.330 421.306 849 2013 5.322 39.039.896 634.795 1.407 2014 3.994 26.890.550 437.245 1.123 2015 4.390 23.560.817 383.103 1.271 2016 3.742 15.723.875 255.673 1.208 2017 4.460 16.031.581 260.676 1.471 2018 4.182 14.489.273 235.598 1.249 ВКУПНО 32.906 186.913.987 3.039.252 9.473 Основни придобивки: 1. Помала потрошувачка на енергија од 32.906 MWh; 2. Финансиски заштеди од 186.913.987 денари или 3.039.252 Eвра; 3. Заштита на животната средина 9.473 t СО2 eq помалку во атмосферата; 4. Подобар конфорт за корисниците и зголемен животен век на зградите. Изработил: Славко Митовски дипл.маш.инж. Години

Настани во Македонија

Предавање за индустриски горилници со ниски емисии и хибридни индустриски топлински пумпи за греење и ладење од OILON На 18ти февруари МАЦЕФ ИНТ во соработка со Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија организираше предавање за индустриски горилници со ниски емисии и хибридни индустриски топлински пумпи за греење и ладење. Предавачите беа од официјалните застапници за југоисточна Европа од финската компанија OILON, кои се занимаваат со произведство и продажба на горилници и системи за согорување на течни и гасни горива, индустриски топлински пумпи и постројки за ладење, топлински пумпа за греење куќи. Главниот фокус на предавањето беа темите: Индустриски горилници со ниски емисии и Хибридни индустриски топлински пумпи за греење и ладење. ДТ TAIEX настан Министерството за образование и наука и Министерството за економија организираa TAIEX настан на тема „Smart Specialisation. Strategy and S3 design learning“ на 12-13 февруари 2019 во Холидај Ин Хотел, Скопје. Настанот се реализира во соработка со Директоратот на Здружениот истражувачки Центар на Европската Комисија (EC DG JRC). Цел на настанот беше да се информира јавноста за новиот концепт на партнерство во областа на образованието, истражувањето и индустријата на национално и регионално ниво, како и подршка на иновативноста и потикнување на регионалниот развој. Стратегијата за паметна специјализација подразбира процес на развивање на визија, идентификување на областите со најголеми стратешки потенцијали и специфичните карактеристики и ресурси на државата, со цел градење конкурентна предност преку развивање и усогласување на истражувањата и иновациите на потребите на бизнис секторот. ЈДК МЦМС - поддршка за граѓански организации Нa 04.02.2019 во просториите на МЦМС се одржа информативна сесија околу условите за добивање на грантовска поддршка за граѓански организации. Грантовите за транспарентност се доделуваат како дел од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 191

Страница 3

финансирана од Европската Унија, а спроведувана од МЦМС, БЦСДН и ЦНВОС Словенија. Оперативните грантови ќе обезбедат поддршка за функционирањето на ГО од средна големина за да можат да ги извршуваат своите главни активности во согласност со договорениот план за работа во голем број претходно дефинирани сектори. Главната цел е избраните ГО да се фокусираат на континуирано и независно следење на секторите во кои работат, во следните 4 години. За секој од избраните сектори ќе биде доделен еден оперативен грант. • Поглавје 23 (сектор / и да се специфицира); • Образование; • Социјална инклузија; • Заштита на животната средина; • Слобода на изразување; Помирување помеѓу заедниците / CVE. ЈДК Работилница за BIM - Building Information Modeling 1та работилница за промоција на BIM - Building Information Modeling во Македонија, се одржа на 05.02.2019 година во Центарот за трансфер на технологии и иновации ИННОФЕИТ. BIM e иницијатива за иновации во одржлива, конкурентна и енергетска ефикасна градба, а посветена на инженерите и архитектите. Европа и ЕУ го препознава BIM како модел/алатка која ќе ја овозможи дигиталната транзиција на градежниот сектор. Се очекува јавните набавки во делот на градежниот сектор во ЕУ да го вклучат BIM како обврска за сите проектанти и изведувачи на јавни објекти. Целта за неговото вклучување е да обезбеди, кохерентно проектирање, поголем квалитет, енергетски заштеди и намалени финансиски трошоци при животниот век на еден објект. ЈДК Информативна сесија за "IPA II 2014-2020" Civil Society Facility and Media Programme 2018-2019 На 28 февруари во просториите на ЕУ инфо центарот се одржа информативна сесија од програмата "INSTRUMENT FOR PREACCESSION ASSISTANCE (IPA II) 2014-2020" Civil Society Facility and Media Programme 2018-2019. Оваа програма обезбедува: Обезбедување на поволната средина за граѓанските организации во земјата, поддршката на ЕУ за граѓанските организации се фокусира на градење на посилни демократии, подобрување на системите за одговорност и конечно постигнување подобри услови и економски и социјален развој. Поддршката се обидува да го оспособи граѓанското општество за да ги исполни следниве клучни улоги: · Создавање на посилни врски со граѓаните преку ангажирањена истите во процесот на донесување одлуки, опфаќање на општеството како целина, вклучувајќи маргинализирани групи и заедници во заедницата и поттикнување на граѓански активизам и учество на јавноста во креирањето политики во сите области; · Овозможување на граѓанските организации да станат професионални и сигурни партнери во процесот на креирање политики и реформи преку застапување базирано на докази во сите сектори и внимателно следење на реформите; · Придонес кон подобрување на одговорното и инклузивно лидерство во политичката, економската и социјалната сфера и обезбедување на рано предупредување во случај на општествени промени, · Зајакнување на економскиот развој и создавање подобри врски со бизнисот преку промовирање на претприемништвото, социјалните иновации и креирање на работни места. На сесијата претставници од ЕУ делегацијата одговараа на прашања поставени од претставници на граѓанските организации. ЈДК

Новости од Македонија

Обновена фасадата на основното училиште „Димитар Миладинов“ во Општина Центар

На 22.02.2019, на настан во присуство на Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов и директорката на ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, Маја Ангеловa, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го претстави изгледот на новата фасада на едно од најстарите основни училишта на територијата на Општина Центар. Обновата на фасадата и претстојната обнова на фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов“ е финансирана со средства од грантот кој Општина Центар го доби од Амбасадата на Република Бугарија во висина од 130.000 евра и иста сума на средства кои општината ги издвои од буџетот за оваа намена. “Со средства од општинскиот буџет и благодарение на грантот на Амбасадата на Бугарија ја затворивме финансиската конструкција за овој проект. Направивме замена на постоечката со нова и енергетски ефикасна фасада. Годинава ќе следи и обнова на целата фасадна столарија, вратите и прозорците во училиштето. Со тоа ќе ја комплетираме реконструкцијата на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на Општина Центар, на кое, за прв пат од неговата изградба во 1954-та година, се прават вакви интервенции. Освен придобивките од аспект на енергетска ефикасност, новата фасада со својот колоритен и атипичен изглед, ќе го разубави централното градско подрачје и престојот на учениците“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. СП Повеќе Услови за субвенции за инвертери во Град Скопје Јавниот повик за субвенционирање ќе биде објавен на 01.03.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена. Купувачот на уредот за затоплување, барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 08:30 до 15 часот. Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Деталните услоови за субвенционирање прочитајте ги на линкот подолу. Повеќе

Новости од светот

Извештај на ЕУ за Западен Балкан: Хронично загадување со јаглен Кон средината на февруари беше изработен и објавен извештајот насловен како „Хронично загадување со јаглен“ кој преставува активност на ЕУ на Западен Балкан којашто е планирано да придонесе за подобрување на здравјето и економиите низ цела Европа. Извештајот е подготвен во активностите на кампањата „Европа после јагленот“ (Europe Beyond Coal) со целосна одговорност на Алијансата за здравје и животна средина (Health and Environment Alliance HEAL). Во нејзината изработка учествуваа повеќе експерти од регионот и Европа, меѓу кои и екперти од Македонија. Во извештајот се наведени податоците за 16 термоцентрали од Западен Балкан и наведено

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 191

Страница 4

е нивното влијание на животната средина. Извештајот може да го разгледате на следниот линк: Повеќе... ЖИ Политичка економија на енергетската транзиција во членките на Енергетската заедница Конвенционалните енергетски системи, кои се базирани на користењето на фосилни горива, долгорочно не се одржливи, пред сè поради негативниот ефект врз климатските промени. Затоа, колективните напори на меѓународната заедница, формирани со Парискиот климатски договор, се насочени кон декарбонизација на енергетиката (енергетска транзиција) во периодот до 2050 година. Во блиска иднина (во ЕУ после 2030 година) најголем дел од електричната енергија ќе се произведува од фотонапонски електрични (FNE) и ветерни електрани (VE). Значи, енергетската транзиција е неизбежен и посакуван процес. Енергетската транзиција е базирана на стратешки определби на владите, првенствено на земјите во транзиција. Декарбонизацијата на енергетиката не е превладувачка парадигма во членките на Енергетската заедница (ЕнЗ), кои сеуште својот напредок го базираат на фосилни горива. Клучна пречка за енергетска транзиција во ЕнЗ претставува концептот на политичка економија (осмислен во 70тите години од минатиот век), чијашто енергетска основа е производство на електрична енергија во термоелектраните (ТЕ) на локален јаглен. Долгорочната цел на енергетската транзиција треба да биде идејата дека покрај климатските и еколошките треба да постојат и економските придобивки. Сепак, енергетската транзиција, како и секоја радикална промена во економската парадигма, подразбира прераспределба на ресурсите помеѓу конкурентните економски и политички актери (помеѓу и во рамките на државите). Затоа, овој процес произведува „губитници“ и „победници“, кои имаат различни нивоа на политичко и економско влијание. Самиот процес на транзиција вклучува изградба на консензус за енергетските политики меѓу гореспоменатите интересни групи. За промена на конвенционалната енергетска парадигма, неопходно е да се идентификуваат можности за развој кои ќе го оправдаат спроведувањето на овој комплексен и радикален процес на трансформација. Бидејќи не постои „рецепт“ за успешна имплементација на енергетската транзиција, секоја земја мора да ја дефинира својата визија, цели и стратегии за спроведување на овој процес. Во моментов, енергетската транзиција кај членовите на ЕнЗ се спроведува поради усогласување со енергетските и климатските политики на ЕУ, како што се бара во процесот на пристапување. Ова резултира со недостаток на долгорочна визија за енергетски развој (на пример, до 2050 година). Главната причина за ваквата состојба е неподготвеноста на владите да ја прифатат неизбежната декарбонизација на секторот на електрична енергија (ЕЕС) и, соодветно, да ги идентификуваат економските можности што ги нуди овој процес. ЖИ Повеќе... Германија планира да го отстрани јагленот до 2038 година Германија треба да ги затвори сите електрични централи на јаглен најдоцна до 2038 година, објави комисијата назначена од владата, во која се вели дека се предвидуваат најмалку 40 милијарди евра за да им помагнат на регионите погодени од фазата на затворање на централите. Предлозите за патоказ, тешко постигнат компромис постигнат во саботата, по повеќе од 20 часа разговори, сега мора да бидат имплементирани од германската влада и 16 регионални држави. Тие ја отелотворуваат стратегијата на Германија за пренасочување кон обновливите извори, што минатата година претставуваше повеќе од 40 проценти од енергетскиот микс - првпат се пресели

јаглен и следеше одлука за прекин на нуклеарната енергија во 2011 година. ЖИ Повеќе...

Занимливости

ББ Класик Карс – со прв електричен автомобил во Македонија ББ класик автомобили, кои вршат обновување на стари автомобили, го претстави првиот македоснки електричен автомобил. Автомобилот е преправен модел на Фиат 600/Застава 750, чиј што мотор на внатрешно согорување е заменет со моторт на електрична енергија. Електричните автомобили на ББ Класик Автомобил, кои можат да развијат максимална брзина од 130 km/h, имаат опсег од 150 километри на едно полнење. Компанијата прави четири верзии на електричниот автомобил, вклучувајќи и класичен градски автомобил и тркачки автомобил, според извештаите. Времето на полнење е од 3 до 5 часа со полнач за дома и само 15 минути со брзи јавни полначи. Автомобилите чинат околу 20.000 евра, а компанијата очекува да привлече главно меѓународни купувачи. ДТ Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.ase.org/ www.managenergy.net/kidscorner www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.erc.org.mk www.energy.eu www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации 6ти Глобален Самит и Експо на контрола на загадувањето Од 6ти до 7ми мај 2019 година Амстердам, Холандија Настанот нуди можност за синергија на креативниот контраст помеѓу академската и индустриската истражувачка стратегија законтрола на загадувањето. Во програмата за конференцијата се дава акцент на темите: загадување на животната средина, загадување и третман на водите, загадување и третман на воздухот, индустриско загадување... СН Повеќе... Самит Eurelectric Од 20ти до 21ви мај 2019 година Фиренца, Италија Самитот Eurelectric претставува главен форум на ЕУ електричниот екосистем. На овогодинешниот самит ќе се даде акцент на транзицијата на чиста енергија, воедно ќе се даде серија на мини-документарци кои ќе истражуваат како европската енергетска индустрија работи на развој на иднината на сигурна, достапна и одржлива енергија. Повеќе... 11ти 7ми Светски Конгрес и Експо на Зелена енергија Од 24ти до 25ти јуни 2019 година Барселона, Шпанија Тема: Споделување и стекнување знаења за искористување на природните ресурси Целта на настанот е донесување на напредок во полето на зелената енергија, обновливите извори на енергија, науката за животната средина и зелените технологии. СН Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова, С. Николоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook