Page 1

Број 161

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2016

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  Анализа  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Спремни сме за соработка со заинтересирани млади инженери од градежна, архитектонска, електротехничка, машинска струка, кои имаат определена идеја за да ја развиваме заеднички. А дали е добра идејата покажува праксата “ Добра идеја е само реализирана идеја“! Веруваме дека можеме да најдеме заеднички јазик за соработка. А соработката може да се организира и на повеќе начини! Можете да ни’ доставите претходно и ваш ЦВ, или единствено ЦВ, па евентуално ние да ве поканиме на средба. Причината е едноставна – нашата дејност е атрактивна и полека се повеќе инстутиции и работни организации ги користат нашите интелектуални услуги. Август е месец кој е генерално предвиден за годишни одмори, но затоа се работи со зголемен интензитет. Тоа значи дека скоро целосно се завршени подготвителните работи за практична работа на терен во проектот ЕКОС – Развој на Енергетски Конкурентно Одржливо Стопанство, финансирано од министерството за економија. Ќе приготвиме Акциони планови со мерки за штедење на енергија во 10 претпријатија, по избор на Министерството! А во исто време добивме пријатни вести. Нашата работа е крунисана со успех. Тоа што го најавивме како можност сега е веќе реалност – прифатени се да бидат финансирани два мали неколкумесечни проекта и тоа: 1. Decarbonisation opportunities in the SEE region, со European Climate Foundation, SEERMAP project.

2.

Climate, Energy & Transport – Capacity Building for reducing GHG-emissions from urban transport in Macedonia, Austrian Ministry of Environment.

Вашето внимание одново го насочуваме: На нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC, GGF и RePublic_ZEB кој е во финална фаза. Климатски промени, енергија и транспорт-Градење на капацитети за намалување на емисиите на стакленичките гасови од градскиот превоз во Македонија. Енергетска транзиција на Европскиот пазар на градежништво во секторот АНАЛИЗА. Август беше релативно спокоен месец, но сега во Септември не’ очекува реализација на многу голем број обврски во земјата и патувања во странство. Не смееме да се пожалиме дека немаме работа, а тоа е ДОБРО!!! Ќе се радуваме ако се јават потенцијални кандидати кои би сакале да соработуваат со нас во МАЦЕФ а до тогаш Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект РЕАЦХ Во месец август посетите на енергетски сиромашните семејства во град Скопје беа со намален интензитет, заради заслужениот летен одмор на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Тимот на МАЦЕФ во месец август направи сумирање и анализа на податоците добиени од енергетските советници. После направента анализа се доби глобална слика на потрошувачката на енергија во посетените енергетски сиромашните домаќинства и беа предвидени соодветни мерки кои би биле предложени до одговорните органи во нашата земја. Во следниот период ќе бидат реализирани следните проектни активности:1.посети на останатите 150 домаќинства за да се постигне предвидената бројка од 400 домаќинства по регион и 2.изработка на вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија. (ЖИ) Повеќе... Проектот РеПублик_ЗЕБ Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. (СП) Повеќе... Проект МултЕЕ multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). Оваa oпштата цел се очекува да се постигне преку две под-цели: (1) Воведување на иновативни пресметковни случаи во (Botom-Up) Oддоле-Нагоре методологија за да се обезбеди правилно оценување на влијанието на мерките за енергетска ефикасност за потребите на идното планирање на мерки за енергетската ефикасност. (2) Подобрување на вертикална координација помеѓу административните нивоа со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 161

Страница 2

цел да се користи целиот потенцијал на интегрираниот метод за следење и верификација развиен во multEE и подобрување на севкупниот квалитет на планирање и спроведување на мерки за енергетската ефикасност на ниво на ЕЗ. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Во месец август беа изработени сите потребни материјали за последниот редовен состанок на проектните партнери. Последниот редовен состанок ќе се одржи од 21 до 22 септември во Загреб, а целта на состанокот е да се направи пресек на проектните активности кои се сработени до сега и да се дефинираат сите следни чекори во периодот што следи. После проектниот состанок, кон крајот на месец септември е предвидено да биде организиран вториот работен состанок наменет за општините и приватните компании од секторот улично осветлување. Целта на состанокот е да може да се оформи подобра слика во однос на тоа дали во моментов моделот на договори за гарантирање на енергетските карактеристики е возможно да се спроведе во Република Македонија или пак е потреба да се подобрат одреден дел од законските регулативи за јавни набавки - Ве покануваме да присуствувате на настанот оваа есен каде ќе можете да ги изнесете Вашите видувања. (ДТ) Повеќе... „Климатски промени, енергија и транспорт-Градење на капацитети за намалување на емисиите на стакленичките гасови од градскиот превоз во Македонија„ Проектот е финансиран од страна на Министерството за екологија, преку Австриската агенција за енергетика, а здружението МАЦЕФ е задолжено за негово спроведување. Целна група на проектот се сите јавни и приватни компании чија основна дејност е превоз, како и автошколите. Во рамки на проектот ќе бидат организирани обуки на тема: Енергетски ефикасен и еколошки транспорт, сите учесници кои ќе бидат дел од обуките ќе се здобијат со сертификати. Дополнително во рамки на проектот ќе биде изработен акционен план за намалување на емисиите на стакленичките гасови од транспортот. (ДТ)

Европска економија, гледајќи од финансиската криза до денес. Анализите покажуваат дека за реновирање на зградите со цел зголемување на нивните енергетски карактеристики, во 2015 година, биле вложени вкупно 109 билиони евра, а се отвориле уште 882,900 нови работни места. Ваквиот подем на секторот за реновирање на зградите се должи пред сè на обврската на земјите членки и земјите – кандидати за членство во ЕУ да ја зголемат енергетската ефикасност и учеството на обновливи извори на енергија на 20%, поединечно. Проценките се дека овој пазар има потенцијал двојно да се зголеми, доколку во целите за енергетски заштеди до 2030 година се зголемат на 40%, споредено со моменталните усвоени 27%. Сепак, иако пазарот на реновирање на зградите ветува почеток на „Четврта индустриска револуција“ во Европа, се чини дека во правните инструменти на ЕУ има бројни недостатоци. На пример, во Директивата за Енергетска Ефикасност не се наведени целите за енергетски заштеди конретно за градежниот сектор. Дополнително, сегашните цели за 2030 година не овозможуваат доволен поттик за потенцијалните инвеститори во овој сектор, имајќи во предвид дека од реновирање на згради најмногу би профитирале малите и средни претпријатија, а воедно земјите членки значително би го намалиле процентот на невработеност. Значи, она што останува нејасно е дали Европската легислатива го поддржува развојот на овој сектор и зајакнувањето на економијата и социјалните аспекти, или пак го потиснува овој вид на „енергетско“ реновирање? (ВП) Повеќе... ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк МАЦЕФ повторно е избран како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ)

Анализа Енергетска транзиција на Европскиот пазар на градежништво Зградите во Европската Унија, на крајот од 2013 година, придонеле со вкупно 41% во вкупната финална потрошувачка на енергија и уште со приближно 40% во вкупните емисии на јаглерод двооксид во 2012 година, што од енергетска и климатска гледна точка го прави градежниот сектор еден од најголемите потрошувачи на енергија и произведувач на стакленички гасови. Овој податок ја потврдува потребата од воведување на мерки за енергетска ефикасност во зградите, како и воведување на посебни правилници и Директиви, кои пак во ЕУ се применуваат согласно со нејзините енергетски цели за 2020. Според извештајот даден од OPENEXP, во моментов, секторот за реновирање на зградите има клучна улога во стабилизирање на градежниот сектор, а со тоа и на целокупната

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија МЕПСО официјално го вклучи реконструираниот далекувод Скопје-Тетово На 20 август во Јегуновце АД МЕПСО го означи вклучувањето на реконструираниот далекувод Скопје-Тетово со краците кон трафостаниците Теарце и Јегуновце. Вклучувањето на овој далекувод одговара на постојаниот пораст од потреба за потрошувачка на електрична енергија во полошкиот регион и се обезбедува непречно, доверливо и стабилно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија на среден рок.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 161

Страница 3

Должината на далекуводот е 48 km, а вредноста на инвестицијата е над 4 милиони евра. Должината на далекуводот изнесува 48 километри, а вредноста на инвестицијата надминува 4 милиони евра. Поставени се 187 столбови од кои новоизградени се 158 со кои се заменети старите столбови кои беа во употреба над 60 години. Освен интервенцијата на столбовите, поставени се и нови спроводници за пренос на електрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. (ДТ) Производство на електрична енергија во Јуни Според податоците на Државниот завод за статистика во месец јуни бруто –домашното производтсво на електрична енергија учествуваше со 68,1% во бруто потрошувачката на електрична енергија во Македонија. Хидроцентралите произвеле 55,2% од вкупното производство на електрична енергија, термоцентралите учествувале со 41,7%, ветерниот парк Богданци 1,7%, а соларните и биогасните централи покриле 0,7% од бруто производството на електрична енергија.

Вкупната потрошувачка според видовите на енергенти е 537,4 GWh електрична енергија, 3,75 милиони m3 природен гас, 281551 t јаглен и 114698 t нафтени производи, каде што 91,1% од вкупната потрошувачка на јагленот е искористена за производство на електрична енергија. Во првата половина од 2016 година, просечната цена на електричната енергија на малопродажниот пазар за домаќинствата во Република Македонија изнесуваше 5,02 денари (8 евро центи) за 1 kWh, што е помалку за 1,65% во однос на втората половина од 2015 година. Просечната цена на електричната енргија за индустријата беше помеѓу 5 и 13 евро центи без вклучени даноци. (ДТ)

Новости од светот Сараево започнува со производство на топлинска изолација од овча волна Босанската фирма Wool Line Sarajevo, од септември ќе започне да произведува изолација од овча волна во нов производен погон во градот Хаџиќи. Искористувањето на волната како вреден и исплатив ресурс ќе придонесе во решавање на бројните еколошки и финансиски проблеми. Изолацискиот материјал од овча волна е иднина за градежништвото, што во Швајцарија и Австрија веќе се потврдува. Оваа волна е погодна за топлинска изолација на тавани, поткровја, ѕидови и подови, а карактеристично е тоа што ја нема мекоста потребна за производство на облека, што ја прави овчата волна идеална за изолација. Со производството на

изолација од овча волна во БиХ, ќе се извезува природен изолационен материјал кој е супериорен во однос на стиропорот и стаклената волна. Имено, овој материјал има во просек 20% подобри карактеристики од останатите изолациони материјали, а уште обезбедува и приближно 30% подобра звучна изолација. Уште повеќе, волната е огноотпорна па овој изолациски материјал тешко гори, што придонесува во зголемување на пожарната заштита на објектите. Очекуван животен век на овчата волна е 50 години. Иако почетната инвестиција ги зголемува трошоците во текот на градење, истата понатаму се враќа во вид на топлински заштеди. (ВП) Повеќе... Планиран е ветерен парк во Словињ со капацитет од 130 MW Проектот за ветерна централа на компанијата Ветроелектране д.о.о. (Vjetroelektraned.o.o.), која што е регистрирана во Гламоч, сеуште чека да ја добие дозволата за животна средина. Постројката е предвидено да биде изградена во една од општините од југозападниот дел од Босна и Херцеговина, постројката ќе има 49 ветерни турбини со вкупен капацитет од 130 MW. Проектантите на ветерниот парк во Словињ ја известија јавноста дека ја имаат пополнето и поднесено пријавата во Федералното министерство за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина. (БК) Повеќе... Моќната когенерациска постројка на компанијата ХЕП е повластен производител на енергија Согласно одлуката на ХЕРА (Регулаторна агенција за енергетика на Хрватска) на крајот од месец јули, блокот „Л“во загребската термоелектранатоплана на ХЕП (Електростопанство на Хрватска) со моќност од 112 MW електрична енергија и 110 MW топлинска енергија се стекнала со статус на повластен производител на електрична енергија. Ова е само првата високоефикасна когенеративна постројка на компанијата ХЕП која ќе добива поттик за произведената електрична енергија според важечката тарифа од 53 липи/kWh. Блокот L со моќност од 100 MW електрична и 80 MW топлинска енергија, како и капацитетот за производство на пареа од 60t/h е пуштен во употреба 2011та година. Како високоефикасна когенерациска постројка, блокот Л со вкупна годишна ефикасност поголема од 80% произведува топлинска енергија за централизираниот топлински систем на градот Загреб во текот на поголемиот дел од годината. Со спроведувањето на постапката за добивање на статус на повластен производител на електрична енергија, производствената компанија ХЕП со доставената документација и прилагодувањето на мерните места на постројката докажува дека блокот, со постигнатата годишна заштеда на примарна енергија поголема од 10% како и високата ефикасност ги исполнува сите услови за добивање на статусот на повластен производител на енергија. Потпишувањето на договорот за откуп на електрична енергија е потпишан на одреден временски период од осум години, десет месеци и девет дена, почнувајќи од денот на исплаќање на средствата за поттикнување на цената која е утврдена со основниот договор заклучно до 5 јуни 2025та година. (БК) Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 161

Страница 4

Занимливости Вештачка фотосинтеза – обновлив извор кој ќе ги засени фосилните горива Вишокот на енергија добиена од фотоволтаиците, може да биде претворена во течно гориво! Електричната енергија би се користела за раздвојување на молекулите на водород, кои потоа заедно со јаглерод двооксидот, како храна ќе им послужат на „дизајнираните“ бактерии - RalstoniaEutropha. Како резултат на нивниот метаболизам се добиваат корисни алкохоли како што е изобутанолот. Вкупниот коефициент на искористување - од сончева енергија до биогориво изнесува приближно 10%. Како и да е, не смее да се занемари фактот дека бактериите се хранат и со дел од јаглеродниот диоксид од околниот воздух, така што нема потреба од дополнителни вложувања во складирање на јаглерод. Уште една причина што го оправдува овој начин на производство е тоа што за разлика од електричната енергија, течните горива можат лесно да се складираат и да се употребат тогаш кога се појавува потреба од енергија. Се разбира дека за целосен премин кон обновливи извори на енергија потребни се големи инвестиции, а во моментов еден литар од горивото добиено со „вештачка фотосинтеза“ чини двојно повеќе од литар нафта. (ВП) Повеќе... Пробив во претворањето на сончевата енергија Тим на истражувачи откриваат нова класа на материјали коишто би можеле да бидат далеку подобри во претворањето на сончевата светлина во енергија, во споредба со материјалите кои веќе се употребуваат. Нивното истражување покажува дека нов материјал може да се користи за искористување на енергијата на мал дел од сончевиот спектар со ефикасност на претворање кое е над теоретскиот максимум, вредноста наречена детална граница на рамнотежа (SQ Limit). Оваа вредност се однесува на ефикасноста на соларните ќелии, без концентрација на сончевто зрачење. Ова откритие кое би можело да води кон поефикасни соларни ќелии, е засновано на скоро половина вековното откритие на рускиот физичар Владимир М. Фридкин. Тимот којшто ги вклучува научниците од Универзитетот Дрексел, Институтот Шубников Кристалографија на Руската академија на науките, Универзитетот од Пенсилванија и Американската поморска лабораторија за истражување ги има објавено своите пронајдоци во списанието Натуре Фотоникс (Nature Photonics). (БК) Повеќе... Револуционерна само-уништувачка батерија која се уништува во вода после нејзината употреба Кога станува збор за животната средина, батериите претставуваат голем проблем. Дури и батериите кои имаат можност за повторно полнење евентуално на крајот ќе го поминат својот животен век и ќе завршат на полињата за отпад наместо да се скалдираат во објектите за рециклирање. Тим на истражувачи развиле нов тип на направа за складирање на енергијата којшто самиот се распаѓа после неговата употреба. Истражувачите од Државниот Универзитет во Ајова создале батерија која се разложува во вода. Идеално за електронските уреди со специјални намени, батеријата е дизајнирана на тој начин што самата може да се уништи со помош на светлина, топлина или течност. Класата на уреди каде особено би биле корисни овој тип на батерии е познат како

„минливи“ уреди, и се движат од уреди за чување на воени тајни до уреди за спасување на животи во медицината до сензори за мерење на еколошката состојба. (БК) Повеќе... Откритие на МИТ само засенчувачки прозорци кои се менуваат од чисто транспарентни до инстантно темни Тројца хемичари од МИТ дадоа мал увид во иднината на паметните прозорци. Нивното револуционерно откритие за “самозасенчувачки прозорци“ коишто мошне брзо би можеле да се променат од транспарентни во затемнети прозорци, сето тоа без употреба на електрична енергија. Прозорците би можеле да им бидат од помош на домаќинствата коишто бараат начин да заштедат на трошоците за греење и ладење па се до почист поглед на прозорците од пилотската кабина. Трудот на истражувачите од МИТ е објавен во списанието Хем (Chem). Во трудот хемичарите детално ја појаснуваат употребата на електрохромските материјали. Како на пример преминот на леќите коишто се користат во очилата се со способност да се променат од чисто транспарентни во темни очила, но процесот е релативно бавен. Ова не е првпат каде се употребуваат електрохромските материјали – нивната примена може да се забележи и во прозорците на авионот боинг 787. Но сепак за затемнувањето на тие прозорци потребни се неколку минути. Позитивните јони коишто помагаат во промената на бојата се движат бавно, одложувајќи го процесот на затемнување. За решавање на овој проблем хемичарите од МИТ употребиле материјали кои се познати како метално-органски рамки, (metalorganic frameworks -MOFs) коишто побрзо ги спроведуваат јоните и електроните. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.energy.eu www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за енергија и инженеринг 2016 13ти до 14ти октомври 2016 Газиантеп, Турција Ова претставува прва меѓународна конференција за енергијата и инженерингот чија цел е на едно место да ги собере водечките академски научници и истражувачи, за размена и споделување на своите искуства и истражувачки резултати кои се поврзани со сите аспекти на Инженерингот и енергетскиот менаџмент. (БК) Повеќе... Конференција за локални обновливи извори на енергија 2016 26ти до 28ми октомври 2016 Фрајбург и Базел, Германија Серијата на организирани конференции цели кон напредување на префрлувањето на обновливите извори на енергија и забрзување на одржливиот развој. Конференцијата цели да ги постигне овие цели преку претставувањето на најновите идеи и пристапи кон намалувањето на енергетската потрошувачка додека воедно се подобрува енергетската ефикасност во градовите. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Инфомацеф бр 161  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you