Page 1

Број 160

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  Анализа  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во согласност со нашиот повик, ангажиравме млад дипломиран машински инженер Викторија Поповска, која веќе приготви и прилог за овој број во делот Анализа. Веќе една недела е кај нас, да се запознае со колегите и начинот на работа. Од 1 август ќе потпишеме договор за пробна работа, а во меѓувреме ќе пристапиме кон повикот од Владата за обезбедување на средства за вработување на млади невработени кадри. Во рамките на нашите можности придонесуваме образованите кадри да не си одат од Македонија. И понатаму ги повикуваме заинтересираните инженери од градежна, архитектонска, електротехничка, машинска струка да не’ посетат или да ни’ го испратат своето ЦВ. Можеби ќе најдеме заеднички јазик за соработка. А соработката може да се организира на повеќе начини! Нашиот план за развој предвидува растење на МАЦЕФ, а без соодветни кадри, посветени на работата, тоа не е можно. Од најавените ино-проекти едниот е веќе прифатен. Подготвителните работи се во тек. Целта е да се пренесат искуства во Школите за обука на возачи, како да се обучат кандидатите да ја смалат потрошувачката на гориво според начинот на возење и поголема примена на “пасивен начин на возење“ како битна мерка за смалување на бројот на тешките сообраќајни несреќи. И вториот договор е пред реализација, а се однесува на примена на софтвер за планирање на потрошувачка на енергија на национално ниво. Во овој проект ќе бидат вклучени и претставници од Министерството за економија. Нашата активност, стандардно како и досега, се реализира и во земјата и надвор од неа, иако овој месец немавме службени престои надвор од земјата. Ги започнавме активностите со проектот ЕКОС – Развој на енергетски конкурентно одржливо стопанство, финасирано од Министерството за економија. Ќе приготвиме Акциони планови со мерки за штедење на енергија во 10 претпријатија по избор на Министерството! Превземавме обврска, заедно со град Скопје, да организираме Денови на енергетска ефикасност во кои се содржи една конференција, отворен ден и обука на претставниците на училиштата, како да смалат потрошувачка на енергија во нивните институции. МАЦЕФ-кој е партнер во конзорциум од групата на поканети 5 тимови за консултантски услуги при реализација на проектот Топлификација на Битола, интензивно работи на подготовката на понудата. Иако е лето и дел од вработените се на користење на годишен одмор, редовно приготвуваме Потврди за ЕЕ и вршиме енергетски контроли со издавање пасош за ниво на енергетска ефикасност на зградите. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Енергетската ефикасност е најдобриот енергетски извор Според професорот Константин Димитров: „Политичката волја е првиот од неопходните услови за да се постигне максимално искористување на домашните и одржливи извори на енергија.“ Во интервјуто за Зелена енергија на Балканот, професорот нагласува дека од суштинско значење е да се собере на едно место сиот интелектуален потенцијал за да се постигне „оперативна институционална поврзаност“. Неопходни се заеднички активности на академските, научните и истражувачките институции и индустријата, поткрепени со финансиски средства, за да можеме да постигнеме едно ниво повисоко во енергетската ефикасност. Повеќе... Проект РЕАЦХ Во месец јули продолжија активностите со проектот REACH со посета на енергетски сиромашните домаќинства во град Скопје. За време на месец јули се планирани и остварени посети на околу 250 домаќинства од страна на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Освен остварените посети, од страна на енергетските советници се пополнети и обрасците во софтверската алатка на РЕАЦХ проектот, модул којшто ќе прикаже реална заштеда на енергија и вода кај домаќинствата кои се посетени. Во исто време, во процес на изработка е и вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија кој се очекува да биде завршен до крајот на месец август. Тимот на МАЦЕФ во месец август ќе ги анализира податоците добиени од енергетските советници со цел да се добие глобална слика на потрошувачката на енергија во енергетски сиромашните домаќинства и со тоа да предвиди дополнителни мерки кои би биле предложени до одговорните органи во нашата земја. Во план за месец август е и прибирањето на вториот круг на понуди за набавка на енергетски ефикасните уреди за заштеда на енергија и вода. (ЖИ) Повеќе... Проектот РеПублик_ЗЕБ Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 160

Страница 2

стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. (СП) Повеќе... Проект МултЕЕ multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). Оваa oпштата цел се очекува да се постигне преку две под-цели: (1) Воведување на иновативни пресметковни случаи во (Botom-Up) Oддоле-Нагоре методологија за да се обезбеди правилно оценување на влијанието на мерките за енергетска ефикасност за потребите на идното планирање на мерки за енергетската ефикасност. (2) Подобрување на вертикална координација помеѓу административните нивоа со цел да се користи целиот потенцијал на интегрираниот метод за следење и верификација развиен во multEE и подобрување на севкупниот квалитет на планирање и спроведување на мерки за енергетската ефикасност на ниво на ЕЗ. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Во изминатиот месец проектните партнери ги дефинираа активностите кои претстојат во периодот што следи. За потсетување во месец септември ќе биде организиран вториот работен состанок наменет за општините и приватните компании од сектоорт улично осветлување. Целта на состанокот е да може да се оформи подобра слика во однос на тоа дали во моментов моделот на договори за гарантирање на енергетските карактеристики е возможно да се спроведе во Република Македонија или пак е потреба да се подобрат одреден дел од законските регулативи за јавни набавки - Ве покануваме да присуствувате на настанот оваа есен каде ќе можете да ги изнесете Вашите видувања. Во втората половина од месец септември ќе биде организиран последниот проектен состанок во Загреб, на кој ќе учествуваат сите проектни партнери. Целта на состанокот е да се дефинира кои од активностите преостануваат да се спроведат во последните 6 месеци од времетраењето на проектот. (ДТ) Повеќе... Нов проект на МАЦЕФ во соработка со Австриската агенција за енергетика Во изминатиот период МАЦЕФ на покана на Австриската агенција за енергетика активно работеше на дефинирање на основните цели на проектот „Климатски промени, енергија и транспорт-Градење на капацитети за намалување на емисиите на стакленичките гасови од градскиот превоз во Македонија“. Во моментов следи потпишување на договорот од двете страни. Целна група на проектот се сите јавни и приватни компании чија основна дејност е превоз, дополнително ќе бидат опфатени и останатите компании кои се од секторот сообраќај. Во рамки на проекотот ќе бидат организирани обуки на тема: Енергетски ефикасен и еколошки транспорт, сите учесници кои ќе бидат дел од обуките ќе се здобијат со сертификати. Дополнително во рамки на проектот ќе биде изработен акционен план за намалување на емисиите на стакленичките гасови од транспортот. (ДТ) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк МАЦЕФ по втор пат е избран како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за

развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ)

Анализа

Производство на електрична енергија од нуклеарните централи во 2015 Со вкупно 439 активни реактори во светот на крајот од 2015 година и 10% удел во вкупното светско производство на електрична енергија, бројот на нуклеарните централи сепак бележи благ пораст и покрај големите предизвици со кои се соочува овој сектор. Во 2015 година е забележан најголем број на нуклеарни централи во изградба, во последните 25 години. Тешките економски услови за операторите се резултат на нерегулираните енергетски пазари во некои делови од САД, додека во Европските држави и понатаму се субвенционира производството на енергија од обновливи извори без разлика дали оваа енергија во моментот е потребна или не. Кина продолжува да ги зголемува своите нуклеарни капацитети, додека Јапонија затвори дури 6 реактори во 2015. Голем напредок бележи комерцијализацијата на малите реактори. Во секој случај, порастот на новите градби на нуклеарни централи е недоволен да ја намали целта за намалување на влијанието на глобалното затоплување – договорено на COP21 – 21st Conference of Parties on Climate Change, одржана во Париз минатата година. Во Извештајот за нуклеарно производство за 2015, а издаден во Јули 2016 од страна на Светската Нуклеарна Асоцијација се истакнува дека идниот глобален систем за електрична енергија треба да се состои од група на разновидни ниско-јаглеродни технологии преку кој обновливите извори, нуклеарната и енергијата од фосилни горива (но сепак во значително намален процент и со можност за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид) кои ќе обезбедат сигурно и чисто снабдување со енергија. Овој микс ќе мора да работи оптимално со цел да се обезбеди развојот на човештвото од една страна и заштитата на животната средина, од друга. Во истиот овој извештај е нагласен фактот дека нуклеарната енергија е еден од енергетските извори кои оставаат мал јаглероден отпечаток притоа земајќи ги во предвид директните емисии на јаглерод двоксид, како и останатите емисии настанати во целиот животен век на постројката - факт што е потврден од страна на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC – Intergovernmental Panel on Climate Change). Во таа насока, за исполнување на Договорот од Париз – Декември 2015 за задржување на глобалното затоплување под 2ºC споредено со пред индустриското ниво, потребно е значајно редуцирање на емисијата на стакленички гасови. Во моментов, и покрај тоа, емисиите продолжуваат да се зголемуваат, а на светско ниво, концентрациите на CO2 изнесуваат приближно 400 ppm. Ако се земе во предвид дека за постигнување на температурен раст од 2 ºC споредено со пред индустрискиот период, одговараат 450 ppmCO2, тогаш е јасно дека светот не може и не смее повеќе да се потпира на производството на енергија од фосилни горива. Значи, во овие услови повеќе од потребна е целосна де-карбонизација на енергетскиот сектор во следните децении, а нуклеарната енергија, за сега е потврдено клучен елемент во исполнување на климатските цели и уште повеќе во обезбедување на стабилност на целиот енергетски систем и енергетска независност на државите кои го користат овој значаен ресурс. На светско ниво, нуклеарната индустрија се шири, бавно, но сигурно и тоа најмногу на Азискиот континент, а особено во Кина. Бројот на централи што во моментов се градат е најголем во последните 25 години, но и покрај тоа, многубројните предвремени затварања на реакторите ширум САД и Европа ја надминуваат стапката на нови отворени нуклеарни капацитети. Во Европа, по несреќата во Фукушима, Германија реши да затвори дури 8 од нејзините нуклеарни централи, со план за затварање на сите до 2022 година. Од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 160

Страница 3

друга страна пак, Словачка, Франција и Финска веќе ги градат своите нови нуклеарни реактори, а Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска и Романија само планираат да ги прошират своите нуклеарни капацитети. На надворешниот пазар, Русија продолжува да доминира и да привлекува нови држави да градат свои нуклеарни капацитети со атрактивните пакети што вклучуваат снабдување со гориво и потоа земање на потрошеното, поволно финансирање и обезбедување на соодветни програми. (ВП) Повеќе... ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Долж целиот потег се поставени 5.000 гасоводни цевки и шест мерно-регулаторни станици. Дијаметарот на гасоводните цевки е 508 милиметри, а капацитетот на гасоводот е 105.500 метри кубни гас на час. По реализацијата на гасоводната делница, извршната власт ќе продолжи со изведба на два нови проекти. Првиот е во насока на гасификација на Штип и Свети Николе, кој треба да се спроведе во соработка со локалните власти. Во наредниот период треба да се продолжи гасоводот од Штип кон Неготино и Кавадарци, а градежните работи се очекува да започнат веќе кон средината на август. „Паралелно со трасата Штип – Неготино – Кавадарци во септември оваа година планирано е да почнат да се градат уште два крака од гасоводот и тоа трасата Кавадарци – Неготино – Прилеп до Битола, како и трасата Скопје – Тетово – Гостивар“ рече премиерот Димитриев. Македонската влада во наредните четири години планира да изгради гасоводна мрежа во должина од 204 километри, со вкупна вредност од над 150 милиони евра. (ДТ) Повеќе...

Новости од светот

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Иницијатива за поставување на фотоволтаични системи на покривите без повлатсени тарифи Проектот за инвестиици во чиста енергија на УСАИД Македонија и асоцијацијата за Обновлива енергија при Стопанската комора на Македонија организираа во втората половина од месец јули тркалезна маса на тема проблеми и можни решенија за спроведување на иницијативата за поставување на фотоволтаични системи на покривите кои ќе произведуваат електрична енергија без користење на повластени тарифи. Основната цел на оваа иницијатива е да се укаже на јавноста дека потребите за електрична енергија во домаќинствата и компаниите може да се покријат преку поставување на систем од фотоволтаични панели со инсталиран капацитет од 10 kW по објект. Притоа, количеството на електрична енергија кое ќе биде дополнително произведено би можело да се продаде на пазарот за електрична енергија преку дистрибутивната мрежа. Цената на вака произведената електрична енергија, која ќе се продава на пазарот на енергија нема да биде со повластена тарифа. За да може да се земе во предвид и законски да се дозволи поставување на фотоволтаични системи на покривите на објектите, потребно е да се ревидираат т.е. изменат неколку подзаконски акти. (ДТ) Повеќе... Заврши Изградбата на магистралниот гасовод Клечовце –Штип Заврши изградбата на гасоводот од Клечовце до Блок станица 5 Штип која се наоѓа меѓу селата Драгоево и Селце со вкупна должина од 61 km, инвестиција вредна 75 милиони долари.

Црна Гора го потпиша договорот за Транс-балканскиот коридор за електрична енергија Добрата енергетска поврзаност е неопходен услов за идните инвестиции во енергетскиот сектор и слободен проток на енергијата низ земјата, изјави Министерот за економија на Црна Гора, г-дин Владимир Кавариќ на прес конференцијата по повод потпишувањето на договорот за изградба на Транс-балканскиот коридор за електрична енергија - делница Црна Гора. Изградбата на оваа делница е финансирана од Европската унија, а ќе биде спроведена преку германската банка за развој КфВ. Договорот е со вредност од 25 милиони евра, а беше потпишан од министерот Владимир Кавариќ, г-дин Роланд Силер член на Управниот одбор на КфВ и г-дин Иван Булатовиќ, шеф на црногорскиот електро-енергетски систем, компанија која е во државна сопственост. (ДТ) Повеќе... Словенска помош за зголемување на енергетската ефикасност во српскиот град Панчево Градоначалникот на Панчево г-дин Саша Павлов и директорот на ЈП Енергетика Љубљана д.о.о. г-дин Само Лозеј го потпишаа договорот за соработка, според кој словенското јавно претпријатие ќе учествува во процесот на реорганизација на јавниот услужен сектор во градот Панчево. Главните приоритети на потпишаниот договор за соработка се: реорганизација на јавните претпријатија и инфраструктура, изработка на стратегија за развој на централното греење во градот со цел зголемување на енергетската ефикасност, како и оптимизација на системот за улично осветлување. (ДТ) Повеќе... Во Белград е отворен првиот плац за рециклирање Во Белградското предградие Бежанијска коса е отворен првиот плац за рециклирање, на овој плац граѓаните ќе можат да носат разновиден отпад и со тоа да придонесат за заштита на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 160

Страница 4

животната средина. Отворениот плац за рециклирање е дел од проектот за управување со отпад кој го спроведува Градот Белград во соработка со Секретаријатот за заштита на животната средина и јавното комунално претпријатие ЈКП Градска чистота. Според директорот на ЈКП Градска чистота, г-дин Мирослав Богдановиќ: „Овој плац за рециклирање е првиот од вкупно 14те плацеви за рециклирање кои ќе бидат отворени на територијата на Градот Балград. На плацевите за рециклирање граѓаните ќе можат да го одложуваат отпадот кој може да се рециклира, отпадот дополнително ќе биде подложен на сортирање и балирање. До крајот на годината во Градот Белград ќе има отворено 6 плацеви за рециклирање, а до 2018 година е планирано да се постигне дефинираната бројка од вкупно 14 плацеви.“ (ДТ) Повеќе... Ниско ниво на искористување на геотермалната енергија Белградската стопанска комора организираше конференција наречена „Геотермалната енергија од нашиот двор“, под покровителство на Секретаријатот за енергетика на Град Белград и Факултетот за рударство и геологија на Универзитетот во Белград. Главна тема на настанот беше потенцијалот и придобивките од користењето на геотермалната енергија, при што беше донесен заклучок дека геотермалната енергија претставува нејефтин обновлив извор на енергија. И покрај ваквиот заклучок сепак искористувањето на овој обновлив извор на енергија е симболично. Министерот за енергија на Република Србија, г-дин Марко Стојановиќ посочи дека во периодот од 2009 до 2012 е направено истражување на подземните води на територијата на градот Белград, по што е изработен катастар на геотермалните води во градот. Според истражувањето вкупниот потенцијал за производство на енергија во Белград е 1,2 GW, а на територијата надвор од градот е 1,1 GW повеќе. Притоа не постои системски пристап за искористување на геотермалните води на територијата на Град Белград. (ДТ) Повеќе...

Занимливости Јапонија најблиску до искористување на енергијата од вселената Јапонската Вселенска Агенција (JAXA – Japanase Space Agency) работи на развој на технологија за пренос на електрична енергија – безжично! Целта на оваа технологија е да се обезбеди пренос на енергија од соларни колектори кои орбитираат околу планетата Земја и тоа до 2030 година. На 12ти март оваа година, Mitsubishi Heavy Industries, Ltd. успешно спроведе тест за „безжичен пренос на енергија“технологија која што ќе се користи како основа за соларните колектори во вселената (SSPS – Solar Space Power Systems). На тестот, беа пренесени 10 kW електрична енергија преку единица за генерирање на микробранови, а преносот беше потврден од ресивер поставен на растојание од 500 метри. Ова претставува пресврт во преносот и растојанието на пренесување на електричната енергија. Исто така, со тестот беше докажана успешноста на контролниот систем за насочување на микробрановиот зрак. Ветувачки, оваа футуристичка технологија ќе ја елиминира потребата од традиционалните кабелски врски, а дополнителна предност е можноста за пренос на чиста енергија од вселената до потрошувачите на Земјата со помош на микробранови/ласерски зраци. Јапонската вселенска агенција предвидува дека оваа технологија има потенцијал да стане основен енергетски извор со кој засекогаш ќе се решат проблемите со енергија и заштита на животната средина. (ВП) Повеќе...

Нова иновативна технологија која ја користи осмозата за производство на електрична енергија Лабораторијата за нано технологија на ЕПФЛ (EPFL’s Laboratory for Nanoscale Technology) открила начин како да ја претвори осмозата – природен феномен кој настанува кога две количества на вода со различни концентрации на сол се одвоени со полупропуслива мембрана, во обновлив извор на енергија. Оваа мембрана дозволува молекулите на солта да преминат од едната на другата страна сè додека не се постигне рамнотежа. Интересен е фактот дека научниците откриле начин како да го искористат полнежот од јоните на солта, а резултатот бил одличен. Својствата на мембраната овозможуваат само позитивните јони да преминат од другата страна, додека негативните јони не. Со ова се овозможени услови за создавање на напон и протекување на струја. Мембраните се изработуваат од молибден сулфат, кои се лесни за производство. Проценката е дека од само 1m2 ваква мембрана може да се генерира 1 MW електрична енергија. Овие системи можат да се инсталираат во утоките каде што слатките води се влеваат во морињата, а нивната најголема предност е што не зависат од смената денноќ или пак, од ветровите. (ВП) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.energy.eu www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Интернационална конференција за искористувањето на Сончевата енергија во објектите и индустријата Од 11 до 14 октомври 2016, Палма (Мајорка ) Шпанија Главни теми на настанот се: Сончева архитектура и Објекти кои користат скоро нула енергија; Сончевата топлина во индустриските процеси; Складирање на топлината; Сончеви топлински системи: Санитарна топла вода, загревање и ладење на просторот и сл. (ДТ) Повеќе... Симпозиум за професионална ЛЕД технологија и саем Од 20 до 22 септември 2016, Брегенз, Австрија Шестиот по ред симпозиум за ЛЕД технологија претставува најистакнатиот настан во Европа во секторот технологија на осветлувањето во индустријата и истражувањето. Главни теми на овогодинешниот настан се Трендови и технологии во идните решенија за осветлувањето во областите осветлување во објектите, автомобилската индустрија и специјална примена на осветлувањето. Дополнително нанастанот ќе се даде акцент на „Иновации во технологијата за паметно осветлување“. (ДТ) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook

Инфомацеф бр 160  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you