Page 1

Број 158

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Maj 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Потребно е да признаеме дека размислуваме да го зголемиме бројот на редовно ангажирани членови на МАЦЕФ. Наша цел се пред се млади инженери со високо познавање на ИТ и англискиот јазик, но и насочени кон аналитичко-истражувачка работа во секторот на енергетиката – а тоа е набистина широко поле за работа. Причината е едноставна – реализацијата на превземените обврски, пред се меѓународните проекти, го окупира скоро целосно работното време на сегашните истражувачи, што претставува определена кочница за “напаѓање“ на нови проекти. Во овој момент учествуваме во подготовка на понуди во два големи и еден помал меѓународен проект, а очекуваме резултати од поднесени две пријави. Со други зборови и дел од пријавите да биде прифатен, ќе имаме потреба од нови соработници. А таа наша активност се реализира и во земјата и надвор од неа – на состанокот во Брисел, беше прикажан единствено кусиот филм приготвен од МАЦЕФ (РЕАЦХ проектот). А соработниците во Republik – nZEB ги приготвуваат последните делови од извештаите кои треба да не’ претстават во Лисабон. Ние се гордееме со нашата активност во меѓународните проекти и затоа сакаме да го насочиме вашето внимание кон таа активност, со желба овие информации да предизвикаат интерес во Македонија и здружување на интелектуалниот потенцијал: Редовни активности на меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC, GGF и RePublic_ZEB Финализирање на активностите со подготовката на 3-от Акционен план за енергетска ефикасност, во кој се вклучени активно 4 институции- Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, ГИЗ и МАЦЕФ Го најавуваме организирањето на Тркалезната маса со наслов Долгорочен развој на енергетиката во Македонија – желби и пречки, на 3 јуни. На овој собир, организиран од МАЦЕФ и Фондацијата Конрад Аденауер, ќе учествуваат и еминентни излагачи од Хрватска, Маѓарска, Босна и Херцеговина и Косово. Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Петти проектен состанок на проектот РЕАЦХ во Брисел На 30 и 31 мај минатиот месец, се одржа дводневниот проектен состанок на проектот „Намалување на потрошувачката и менување на навиките“ кој овој пат се одржа во Брисел. Како и на секој досегашен состанок, претставниците на партнерите од четирите земји од ЈИЕ Словенија, Хрватска, Македонија и Бугарија ги изложија досега завршените активности, како и плановите за идниот 6 месечен период. На овој состанок учествуваа и г-ѓа Марија Лагуна, одговорен проектен советник од ЕАСМЕ, како и г-ѓа Зенаиде Паоли, советник за финансии. Од страна на г-ѓа Лагуна беа презентирани начинот и правилата за дејствување на партнерските организации во проектот, додека г-ѓа Паоли се задржа на финансиските аспекти. Проект РЕАЦХ-Конференција Енергетска сиромаштија во ЈИЕ Во просториите на Европскиот парламент во Брисел, на 1 Јуни 2016 се одржа конференцијата „Енергетска сиромаштија во ЈИЕ“ која се одржа во организација на РЕАЦХ проектот. На конференцијата, г-ѓа Лидија Живчич, проектен раководител на РЕАЦХ проектот го претстави проектот со сите досегашни завршени активности при што прикажа и неколку видео материјали кои се дел од веќе завршените активности на проектот. Во вториот дел на конференцијата, се одржа панел дискусија на која присуствуваа еминентни имиња кои работат во сферата на енергетската сиромаштија меѓу кои и Проф.д-р Стефан Бужаровски, професор на Универзитетот во Манчестер. Исто така, во панел дискусијата учествуваа и г-дин Оскар Гуинеа од Генералниот директорат за енергија, како и г-ѓа Каталин Счиба советник за социјален прашања при Европскиот парламент, како и г-дин Давор Шкрлец (модератор) и претставник на Хрватска во Европскиот парламент. (ЖИ) Повеќе... НАЈАВА за Обука: „Реновирање кон нЗЕБ“ На 15.06.2016 година ќе се одржи обука на тема „Реновирање кон нЗЕБ“, организирана од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Скопје, а како дел од РеПублик_ЗЕБ проектот. Обуката е дел од иницијативата на Европската Комисија „Недела на одржлива енергија“. Повеќе информации за настанот можете да добиете на сајтот на иницијативата (http://eusew.eu/), или поточно на следниот линк: http://eusew.eu/energy-

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 158

Страница 2

days/refurbishment-towards-nzeb-0. На интернет страницата на настанот, можете да го пријавите вашето учество. Истото можете да го направите и на нашата електронска пошта: macef@macef.org.mk. Обуката ќе ги опфати темите за кревање на свеста на засегнатите страни, ќе даде осврт на законската рамка (европска и национална), достапни технологии, методологии за пресметка и осврт на софтверско решение за cost-optimal пресметки. Настанот има целна група составена од градежни компании, проектанти, општини и сопственици на објекти. На обуката ќе бидат пренесени и искуствата од досегашната работа на РеПублик_ЗЕБ проектот, со завршените извештаи и алатка кои ќе бидат од корист како на градежните компании, така и на сопствениците на објекти. Истите се однесуваат на условите и се применливи во Република Македонија. Повеќе

Отворен ден „Што може да направи нЗЕБ за вас?“ На 16.07.2016 година, во ТЦ Рамстор, ќе се одржи отворен ден за „Што може да направи нЗЕБ за вас?“. Отворениот ден е наменет за јавноста и секој ќе може да постави прашање на кое присутните компании и претставниците на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ ќе дадат одговор. На настанот ќе присуствуваат градежни и енергетски компании со производи за изолирање, прозорци, сончеви колектори, системи за греење итн. Отворениот ден е дел од иницијативата на Европската Комисија „Недела на одржлива енергија“.Повеќе Состанок на проектот РеПублик_ЗЕБ во Лисабон, Португалија Проектот РеПублик_ЗЕБ ќе го одржи последниот состанок во Лисабон, Португалија. На овој состанок ќе се усвојат насоките за последните извештаи на проектот, националните резултати за примена на алатката за пресметка преку методологијата за оптимални трошоци на референтните згради како и извештајот со заклучоците за примената на нЗЕБ дефиницијата после организираните настани со влијателните страни. Во Лисабон, исто така ќе се одржи и конференција на тема нЗЕБ, обука и отворен ден на кои претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ активно ќе учествуваат. (СП)Повеќе Проект МултЕЕ Како дел од работата на проектот МултЕЕ, во изминатиот период беше подготвена прототип платформата за следење и верификација на заштедата на енергија за применети мерки за енергетска ефикасност преку методата Оддолу-Нагоре. Во наредниот период, платформата ќе биде тестирана од секоја земја учесник на проектот МултЕЕ, за потоа во Ноември, во Скопје да биде спроведена обука на администраторите на платформата во секоја земја. (СП) Повеќе

2014 година па се до сега. На конференцијата ќе бидат поканети сите градоначалници на општинит од Република Македонија, финансиски институции и приватни компании кои се занимаваат со производство, трговија и дистрибуција на опрема за улично осветлување и одржување на истата. Дополнително, во месец мај без изработени 3 анализи за реконструкција на осветлување во објекти со примена на ЛЕД технологии, а воедно се работеше на подготовка сите потребни документи за сработеното во изминатиот 6 месечен период а се потребни за вториот поголем извештај за напредокот на проектот. (ДТ) Повеќе... Училишен проект – 9 Национален квиз Во месец мај успешно беа реализирани последните активности од Училишниот проект, односно во сите три училишта беа организирани Отворените денови, на кои членовите на клубовите можеа да ја промовираат својата кампања. Потребно е да се наведе дека пораките на членовите на клубот се поистоветуваа во трите кампањи а нивната желба е да добијат енергетски поефикасно училиште. Па така, кампањата во ООУ Коле Неделковски од општина Центар Скопје беше да се постават сончеви колектори на покривот од училиштето за да добијат топла вода, а нивните пораки се „Сонцето нѐ штеди – водата нѝ вреди„ и „Топла вода – среќни деца“. Членовите на зелените клубови од ООУ Луиѓ Гуракуќи-с. Желино и ООУ Прпарими-с. Чегране, порачаа поголемо искористување на обновливите извори на енергија кои им се достапни, особено биомасата и сонцето. Дополнително, во месец мај се одржаа четвртата Летна Школа и деветиот Национален квиз. Летната школа се одржа во Струга од 21 до 26 мај, а во оваа активност беа вклучени вкупно 20 средношколци волонтери од повеќе градови од Република Македонија, 5 обучувачи од сите 4 партнерски организации: Димче Каневчев и Билјана Митревска – Младински Совет Охрид од Охрид, Весна Трајковска – Жетва на знаење од Прилеп, Катерина Аџи-Скерлева – Планетум од Струмица и Даниела Трпкоска – МАЦЕФ од Скопје, а последниот ден од Летната школа кон тимот се придружија г-ца Ана Костовска до Конект и г-ѓа Искра Тикваровска Казанџиска од ЕВН. Целта на Летната школа е средношколците-волонтери да се здобијат со значајно работно искуство и можност за надградување во областите енергија и енергетска ефикасност, а воедно активно учествуваа во сите подготовки за успешна реализација на националниот квиз. Последната активност-Националниот квиз се одржа на 26ти мај, на кој учествуваа сите 12 основни училишта од целата држава, во кои во текот на учебната година беа оформени Зелени енергетски клубови. Реализацијата на квизот вклучуваше два дела; во првиот дел училиштата на посебни штандови ги презентираа сите материјали кои ги имаа изработени во текот на целата година, а вториот дел беше наменет за квизот. На квизот учествуваа по 5 претставници од

Проект Streetlight-EPC Во месец мај проектниот тим на МАЦЕФ активно работеше на подготовките на втората конференција, која ќе се одржи во првата половина од месец јуни. Целта на оваа конференција е да се прикажат постигнатите резултати и заклучоците кои се добиени како резултат на истражувањата направени во изминатиот период од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 158

Страница 3

следните 12 основни училишта: Христо Узунов – о.Охрид; Гоце Делчев – о.Ресен; Страшо Пинџур – о.Вевчани; Манчу Матак – о.Кривогаштани; Славко Лумбарковски– с.Новаци; Димката Ангелов Габерот – о. Кавадарци; Методија Митевски Брицо – о.Лозово;Ристо Шуклев – с.Негорци;Кочо Рацин – о. Дојран; Коле Неделковски – Скопје; Прпарими–с. Чегране; Луиѓ Гуракуќи – с. Желино. Квизот се состоеше од вкупно 4 различни игри. Игрите беа осмислени така што да се освојат поените беше потребно не само знаење, туку и креативност, реторичност и најмногу среќа, а за добрата атмосфера задолжен беше водителот на квизот Марко Новески. Победници на квизот се: Прво место: ООУМанчу Матак, о. Кривогаштани, Второ место:ООУ Коле Неделковски- о. Центар, Скопје и Трето место: ООУ Христо Узунов, Охрид. МАЦЕФ им честита на победниците и им посакува многу вакви победи. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Рационализирање на процесот на инвестиција во обновливата енергија во Македонија Во интервјуто на г. Дарко Јаневски, од УСАИД- Проект за инвестиции во чиста енергија за списанието Зелени енергетски вести за Балканот, нагласи дека: Голем дел од инвеститорите во секторот обновливи извори на енергија се пожалиле дека развојот на обновливите ресурси на Република Македонија се ограничени од недостатоците кои постојат во целокупната средина. Притоа, истата забелешка се содржи и во извештаите на донаторите УСАИД и ИФЦ од 2012та и 2013та година. Постојат дури 15 административни процедури за обновливите извори на енергија пропишани во бројни делови од законодавството, од коишто секоја од нив вклучува многу различни институции. Инвеститорите се соочуваат со чести и понекогаш нетолку јасни промени во законодавството, како и со институциите и јавните службеници кои немаат доволен капацитет да ги обезбеди потребните административни услуги. Сето ова води кон долготраен процес на инвестиции – просечен период од 36 месеци за да се пушти во употреба една мала централа. (БК) Повеќе...

Со еколошки часови се одбележува 5 Јуни Светскиот ден за животна средина - Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНДП и Милиеуконтакт Македонија ја започна кампањата за одбележување на 5 Јуни Светскиот ден на животната средина. Еколошки часови ќе се одржуваат во текот на оваа и во наредната недела во основни училишта во 6 скопски општини. Она што е интересно и атрактивно е дека еколошкиот час ќе биде реализиран во подвижната лабораторија на Министерството, која што популарно е препознатлива како Еко-караван и која што е обновена со помош на УСАИД во рамките на проектот за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. Тема на едукативниот час се климатските промени, глобалното затоплување, последиците предизвикани од нив, а ќе се презентираат и инструменти за собирање на валидни податоци за процесите што се случуваат во животната средина, за добивање појасна слика за промените во климата – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети. (ДТ) Повеќе... ПроКредит Банка со нов изглед и нова енергетски ефикасна Централна Управа ПроКредит Банка отсега ќе работи во нова енергетски ефикасна Централна Управа во населба Карпош. Општествената одговорноста и еко стратегијата за заштита на животната средина се основни принципи на политиката на работење на банката и може да се прикажат преку нивната нова градба која зрачи со елегантност и естетика. Новата Централа претставува енергетски ефикасно решене и е уникатна и единствена од овој вид во Македонија. Банката произведува електрична енергија за свои потреби преку фотоволтаични панели инсталирани на покривот и објектот има многу мало негативно влијание врз животната средина. Свеченото отварање на Централната Управа на ПроКредит Банка беше организирано на 13ти мај 2016 год, во дворот на зградата. Настанот од отворен карактер беше одбележан со презентации на енергетски ефикасните инсталации на зградата, говори на највисоките претставници од банката, Гувернерот и Амбасадорот на Р.Германија во Македонија и спектакуларен музички огномет. (СП) Повеќе

Новости од светот

Европска опрема за блокот 7 од ТЕ Тузла Во Сараево е потпишан договор за кредитирање на изградбата на блокот 7 ТЕ Тузла, којшто ќе го финансира кинеската развојна банка. Инвестицијата од 722 милиони евра за изградбата на блокот целосно треба да ја покрие Електростопанство БИХ. Според изјавата на г-дин Изет Џанановиќ, директор на ТЕ Тузла, после извршениот зафат новиот блок 7 ќе биде најефикасен во регионот. Притоа според потпишаниот договор со понудувачот од НР Кина клучните компоненти на блокот би требало да бидат набавени во Европа, а останатите компоненти ќе бидат испорачани од нивната матична индустрија. И покрај тоа што изведувачите ќе бидат од кинеска компанија, Електростопанство БИХ во текот на преговорите инсистирала на технологија произедена во Европската Унија. „Кина не располага со технологија која има вака високи перформанси. Пред се степенот на ефикасност од околу 43%, што за овој тип на блокови мошне важно и затоа ќе се примени технологија со т.н. ултра-критични параметри, за коишто тие немаат технологија. Тоа се услови кои може да ги исполни само европска опрема“, додава г-динот Џанановиќ. За работа на електраната потребни

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 158

Страница 4

се близу 3,3 милиони тони јаглен годишно. Блокот 7 има моќност од 450 MW и 270 MW топлинска енергија, односно производство 2.756 GWh електрична енергија. (БК) Повеќе... Словенско-Јапонска соработка на проектот НЕДО Првата фаза од тестирањето на нови технологии и решенија при работа со интелигентни мрежи би можеле да бидат иницирани како резултат на билатералната соработка помеѓу Словенија и Јапонија, која се очекува да започне најдоцна во септември 2016 година. НЕДО претставува демонстративен проект, кој ќе трае три години и е со вредност од 30 милиони евра, проектот е последица на неколку помали тековни проекти, вели г-динот Игор Папич, директор на платформата за Интелегентни мрежи во Република Словенија. Тој ги предупредува дека средствата на учесниците се премногу мали за да се постигнат амбизиозни цели и дека неуспех и разочарување во демонстративен потфат е нормално. (БК) Повеќе... Босна - Светска Банка го зголемува на финансирањето на Проектот за Енергетска Ефикасност Светска Банка е подготвена да ја продолжи финансиската и советодавната поддршка на Проектот за Енергетска Ефикасност во Босна, изјави г-динот Јари Ваиринен, менаџер на тимот задолжен за поттикнување на финансии од домашната влада преку заеми од меѓународни финансиски институции и Асоцијацијата за меѓународен развој. Вкупниот финансиски фонд на проектот е 28,8 милиони евра. Резултатите се задоволителни, со добра работа од единицата за нивно спроведување. „Ние сме повеќе од задоволни од динамиката и спроведувањето на проектот, особено поради задоцнувањата од процедурални причини. Заедно со активностите кои се поврзани со реконструкцијата на јавните објекти, преку овој проект исто така е важно да се спроведе механизам за одржлив финансиски систем од заштедите кои се реализирани од енергетската ефикасност. Во иднина, би било добро исто така да се создадат слични проекти за граѓаните и станбените згради, каде што има голем потенцијал за создавање на заштеди“, вели министерот Мартиќ. (БК) Повеќе... Подобро согорување за производство на електрична енергија Во САД продолжува да расте употребата на природниот гас за производство на електрична енергија. Причината за овој нагорен тек на користењето на природниот гас се должи на: домашното производство на природен гас, историски ниските цени и поголемата контрола на емисиите на јаглерод во однос на фосилните горива. Иако новите компании се стремат кон почистиот природен гас како замена на затворените централи на јаглен, сепак една третина од производството на електрична енергија во САД сеуште е од јаглен. Високата ефикасност и минималното ниво кое е потребно за одржување на гасните турбини ја завземаат главната улога во оваа транзиција, подигнувајќи ја економската привлечност на електричната енергија произведена од природниот гас. Компанијата Џенерал Електрик (General Electric -GE), која претставува светски лидер во индустриската технологија за производство на енергија и најголемиот снабдувач на гасни турбини, смета дека производството на ектрична енергија со користењето на природниот гас претставува клучен растечки сектор во својот

бизнис и практичен чекор кон намалувањето на глобалните емисии на стакленички гасови. Доколку се направи споредба помеѓу природниот гас и јагленот за производство на 1 kWh електрична енергија, ќе се утврди дека при согорувањето природниот гас испушта двојно помало количество на јаглеродниот диоксид во споредба со јагленот. Исто така потребна е помала контрола на влијанието на животната средина во споредба со јагленот. (БК) Повеќе...

Занимливости

Во главниот град на Чиле: Метрото ќе се движи на сончева и ветерна енергија Наскоро 60% од енергијата која ја користи метрото во главниот град на Чиле, ќе се обезбеди од обновливи извори на енергија. „Проектот ќе биде целосно завршен до крајот на 2017 и претставува прва подземна железница во светот со ваков вид на напојување со електрична енергија“, вели преседателот, г-дин Мишел Башелет. За да се постигне целта од 60% обновлива енергија за метрото, ќе се гради фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди 42% од енергетските потреби на метрото и ветерен парк кој ќе обезбеди 18% од енергетските потреби на метрото. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.energy.eu www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Конференција „Долгорочен развој на енергетиката во Македонија“ 3 јуни, Скопје Организaтор: МАЦЕФ и Фондацијата Конрад Аденауер Тркалезна маса со учество на реномирани учесници од Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина и Косово. Меѓународна конференција за достигнувањата во науката 2016 31ви август до 2ри септември 2016 Истанбул, Турција Меѓународната конференција за напредоците во науката ќе биде насочена кон инженерингот, архитектурата, земјоделството и здравствената наука. (БК) Повеќе... Енергетското производство и управувањето во 21от век (Енергетска потрага 2016) 6ти до 8ми септември 2016 Анкона, Италија Целта на конференцијата е да се споредат конвенционалните извори на енергија, со одреден број на други начини за производство на енергија; нагласувајќи ги новите технолошки достигнувања, на основа на обновливите извори како што е сонцето, хидроенергијата, ветерот и геотермалната енергија. (БК) Повеќе... Зелена електроника 2016 7ми до 9ти септември 2016 Берлин, Германија Конференцијата дава можност на едно место да се претстават резултатите и новите пронајдоци на заедницата. Запознајте се со новите идни трендови и решенија кон постигнување на одржлив развој во секторот на електрониката и секаде каде се користат електронските системи. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

Инфомацеф бр 158  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you