InfoMACEF 188

Page 1

Број 188

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Активности на МАЦЕФ

Во овој број:

       

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Анализа Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во претпоследниот месец од 2018 година МАЦЕФ активно работи на подготовката на трите општински програми и на реализација на постоечките проекти. Во овој број на нашиот и ваш електронски Информатор Ви го свртуваме вниманието на следните теми: Програма за енергетска ефикасност на Општина Велес 2019-2021 Програма за енергетска ефикасност на Општина Берово 2019-2021 Програма за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба 2018-2020 Состанок на WeBETD и EUKI проектот во Виена Конференција на WeBETT проектот Овој месец тимот на МАЦЕФ е збогатен за еден член – практикантот Виктор Захариев, апсолвент на Факултетот за електротехника и инфроматички технологии од Скопје. Неговото вклучување во нашиот тим го збогатува неговото искуство, но и искуството и разновидноста на тимот на МАЦЕФ. Со приближувањето на празниците, се ближат и нашите традиционални прослави. Започна подготовката на нашето редовно годишно собрание, кое е многу повеќе од работна средба, тоа е традиција и прослава на минатата успешно завршена година и плановите за иднината. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

МАЦЕФ изработува три општински програми за енергетска ефикасност - Програма за енергетска ефикасност на Општина Велес 2019-2021 Во текот на ноември се продолжи со на спроведување активностите согласно договорената динамика, поточно во соработка со одговорните лица од општината беа собрани сите податоци за сите сектори кои ќе бидат опфатени со програмата за енергетска ефикасност на Општина Велес за периодот 20192021. Во периодот што следи ќе биде направено сумирање на податоците и оформување на енергетските контроли и финалниот документ. ДТ - Програма за енергетска ефикасност на Општина Берово 2019-2021 Во месец ноември продолжија активностите околу подготовката на општинската програма за енергетска ефикасност на Општина Берово за периодот 20192021. Во овој месец се извршија посети на подрачните основните училишта и градинките кои гравитираат по помалите населени места во општината. Притоа е направен разговор со одговорните лица, термографско снимање, мерење на објектите, како и разгледување на финансиските трошоци на објектите преку анализа на сметките. Останатите активностите вклучуваат пресметка на потрочувачката на енергија на посетените објекти, дефинирање на оптималните мерки за енергетска ефикасност и подготовка на финалниот документ. ЖИ Програма за енергетска ефикасност на Општина Гази Баба 2018-2020 МАЦЕФ започна со изработката на Програмата за енергетска ефикасност на општина Гази Баба за периодот од 2018 до 2020 година. Во месец ноември 2018 година, извршени беа посети на сите објекти под ингеренции на општината Гази Баба. Исто така, прецизирани се приоритетите и целите кои програмата ќе ги постигне. Ова е трета програма за енергетска ефикасност на општината, што овозможува увид во навиките и трендовите на потрошувачка на енергија на објектите под ингеренции на општината од приближно една декада. СП Состанок на WeBETD и EUKI проектот во Виена На 15-ти ноември, во просториите на Техничкиот факултет во Виена се одржа вториот проектен состанок на проектот WeBETD (Western Balkans Energy Transition Dialogue) , на кој учествуваа

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 188

Страница 2

претставници од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Романија, Бугарија Грција. Претставниците на ЕУ членките учествуваат во EUKI проектот, додека балканските земји кандидати учествуваа во WeBETD проектот. На состанокот се разговараше за моменталните состојби во регионот цврсто поврзани со енергетиката, посебно во делот на вовведување на обновливите извори на енергија. Беа разгледувани процесите за примена на процесот на декарбонизација во секоја од земјите кои се учеснички во процесот. ЖИ Конференција на WeBETT проектот Земјите низ Југоисточна Европа имаат висок процент на електрична енергија произведена од веќе застарените електрани на јаглен. Во текот на следната деценија, одговорните претпријатија и владите ќе одлучат дали да ги модернизираат или заменат приближно 50 отсто од инсталираните постројки за јаглен. Целта на конференцијата „Кон чисти, сигурини и достапни енергетски системи во Југоисточна Европа“ која се одржа во Виена, на 16ти минатиот месец, беше да се разгледа поголемата слика за регионалната енергетска транзиција, да се процени состојбата на статус кво и да се дискутираат опциите и барањата за чисти, безбедни и прифатливи енергетски системи. Таа го поддржа дијалогот заснован на факти за енергетската транзиција во Југоисточна Европа и понатаму ќе создава простор за создавање на инклузивни сојузи составени од влади, институции на ЕУ, тинк-тенк организации, невладини организации и граѓани. Повеќе... ЖИ Increasing Market Employability (IME) проектот Increasing Market Employability (IME) програмата има за цел да создаде работни места и да ги зголеми приходите за невработените жени и мажи во Македонија, со посебен фокус на младите. Очекуваните клучни резултати од програмата е да се создадат повеќе од 2.000 работни места, со посебен осврт на можностите за вработување на младите и жените и зголемување на нето приходот на повеќе од 1.000 компании за 1.5 милиони евра во период од 4 години. Проектот ги таргетира секторите: туризам и сместување и зелена економија. Во понеделникот на 26 Ноември се одржа четвртиот состанок на надзорниот одбор на овој проект. На состанокот се усвои извештајот за полугодишната работа на проектот за 2018 г и се презентираше предлог програмата за годишниот план за 2019 г. Исто така се даде информација за подготовката на втората фаза на Increasing Market Employability (IME) проектот. Член во надзорниот одбор е Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ. ЈДК Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ДТ

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Шеснаесетти Министерски совет на Енергетската заедница во Скопје Со Советот, кој се одржа на 29-ти минатиот месец, претседаваше македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и директорката за енергетска политика во Европската Комисија Меган Ричардс. Воведни говори одржаа премиерот Зоран Заев, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори проф. д-р Кочо Анѓушев. Шеснаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница, во рамките на македонското претседателство, ги собра министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница (Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина) и Европската Унија. Повеќе... ЖИ Фотоволтаичните системи на ЕВН отсега подостапни преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија ќе може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија.Преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија, корисниците имаат можност за добивање грант од 15% од вкупната вредност на фотоволтаичните системи на ЕВН. ЕКО кредитот е наменет за физички лица со максимален износ до 50.000 евра, со фиксна каматна стапка во првите три години која започнува од 5,7%, а во останатиот период на отплата е променлива почнувајќи од 5,9%.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 188

Страница 3

Новости од светот Љубљана: Завршена енергетска санација за 48 јавни згради Завршена е реализацијата на најголемиот проект на јавно приватно партнерство на полето на енергетската ефикасност во Југоисточна Европа. Енергетската санација на 48 згради во Љубљана е официјално завршена, а примопредавањето на објектите е напрвено неодамна. Меѓу санираните згради се спортски центри, основни училишта, градинки, административни згради, здравствени домови и други јавни установи. Спроведените мерки вклучуваат однова на системите за греење, ладење и климатизација, замена на осветлувањето со енергетски ефикасно, обнова на фасади, замена на столарија, изолација ан покриви, вклучување на обновливи извори на енергија. Сите наведени мерки ќе генерираат годишни заштеди од 8.255 MWh,, со додатно намалување на емисијата на CO2 од 2.956 тони годишно. Проектот е вреден вкупно 14,9 милиони евра. Проектот не е само најголемото јавно – приватно партнерство кое е било кога потпишано во Словенија во областа на енергетските услуги, и со самото тоа е референца за овој бизнис модел. Повеќе СП Пад на енергетската ефикасност и користењето обновливи извори на енергија во Европската Унија Официјалната анализа објавена од страна на Европската агенција за животна средина (EEA) посочи дека зголемената потрошувачка на енергија, особено во транспортниот сектор, ја загрозува можноста Европската Унија да ги исполни своите климатски цели.

40% 32%

30% 20%

20%

17%

10% 0% -10%

-9%

-20%

-22%

-13% -26%

-30%

-30%

Обновлива енергија

Енергетска ефикасност

Анализа

2030

2029

2028

2027

2026

2025

2024

2023

2022

2021

2020

2019

2018

2017

2016

2015

2014

2013

2012

2011

2010

2009

2008

2007

-40% 2006

СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Применa нa Законот за енергетика и енергетска ефикасност кај судските згради“ Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на 5ти ноември организираше советување на тема: „Примена на Законот за енергетика и енергетска ефикасност кај судските згради“. Советувањето беше наменето за претседателите на судовите и судските администратори од сите апелациони подрачја во Република Македонија. Предавачи на советувањето беа г-ѓа Даниела Младеновска и г-дин Горан Танчевски, експерти за системи за управување со енергија. Темите кои беа опфатени во рамките на советувањето се следните: Енергетска ефикасност на судските згради, заради рационална потрошувачка на енергијата; Системски пристап за подобрување на енергетската ефикасност; Други импликации од Законот за енергетика на Република Македонија и Директивите на Европската Унија поврзани со енергија и енергетската ефикасност. Повеќе СП

Потрошувачката на енергија во ЕУ почна да се зголемува во 2015-та година, а пресметките за 2017-та година укажуваат на тоа дека потрошувачката на примарна и потрошувачката на финална енергија ќе ги надминат проекциите за 2020-та година. Агенцијата, исто така, потврди дека обновливата енергија е застапена со 17,4% од вкупниот енергетски биланс во Европската Унија во 2017-та година, па сеуште постојат шанси да се постигне зацртаната цел во 2020-та година енергијата од обновливите извори да биде застапена со 20% од енергетскиот биланс. Но, сепак, трендовите за зголемување на потрошувачката на енергија го спречуваат порастот на учеството на обновливата енергија во однос на конвенционалните извори на енергија. Целите на Европската Унија до 2030-та година се: намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 40%, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија најмалку на 32%, и зголемување на енергетската ефикасност за 32,5%. Повеќе... ВЗ

2005

ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка е овозможен од програмата Green Economy Financing Facility (GEFF), развиена од ЕБОР за Западен Балкан. Целта на ЕБОР е преку GEFF да создаде пазари за самостојно одржување на побарувачката за инвестиции во технологии со високи перформанси, со цел подигнување на свеста за модерните стандарди за енергетски перформанси. Програмата GEFF е поддржана и е извор на грантови од Европската Унија. Повеќе СП

Стакленички гасови

Цените на нафтените деривати во Македонија имаа тренд на зголемување во 2018 година, но сепак кон крајот на годината имаа пониски цени во однос на оние од истиот период во 2017та. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, на 28.12.2017 година цената за Еуросупер БС – 95 изнесуваше 66,5 MKD/l, за Еуросупер БС – 98 изнесуваше 68 MKD/l, за дизел 58,5 MKD/l, за екстра лесното масло за домаќинство 47,5 MKD/l, а за мазутот 28,603 MKD/kg. На 09.01.2018 година Регулаторната комисија за енергетика, го направи првото покачување на цената на горивата од 3,81%, како резултат на порастот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар. Трендот на зголемување на цените на нафтените деривати продолжи се до 19.02 кога со одлука на Регулаторната комисија за енергетика се намалија цените за горивата и тоа: Еуросупер БС – 95 од 68 MKD/l на 65,5 MKD/l, Еуросупер БС – 98 од 69,5 MKD/l на 67 MKD/l, дизелот од 59,5 MKD/l на 57 MKD/l, маслото за домаќинство од 48 MKD/l на 45,5 MKD/l, а цената на мазутот се намали од 29,099 MKD/kg на 27,856 MKD/kg. Зголемувањето на цените на нафтените деривати продолжи се до 11.06 кога со одлука на Регулаторната комисија дојде до благо намалување и тоа: Еуросупер БС – 95 од 73,5 MKD/l на 72 MKD/l, Еуросупер БС – 98 од 75,5 MKD/l на 74 MKD/l, дизелот од 65 MKD/l на 63,5 MKD/l, маслото за домаќинство од 54 MKD/l на 52,5 MKD/l, а цената на мазутот се намали од 34,534 MKD/kg на 33,785 MKD/kg. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од 15.10 цената на нафтените деривати го достигна својот максимум и тоа: 74,5 MKD/l за Еуросупер БС -95, 76,5 MKD/l за Еуросупер БС – 98, 69 MKD/l за дизелот, 58 MKD/l екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот изнесуваше 38,409 MKD/kg. Последната промена на цената на нафтените деривати е на 26.11 Еуросупер БС-95 изнесува 63 MKD/l, Еуросупер БС – 98 изнесува 65 MKD/l, дизелот 61 MKD/l, маслото за горење 49,5 MKD/l, а мазутот 31,826 MKD/l. ВЗ

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 188

Страница 4

Манифестации

Занимливости „Зелена” енергија од Чернобил На почетокот на октомври годинава во непосредна близина на четвртиот блок на нуклеарната централа во Чернобил, Украина, официјално беше пуштена во работа првата соларна централа. Соларната централа е со моќност од 1MW или електрична енергија за околу 2000 домаќинства. Изградбата на централата заеднички проект на Украинската компанија Родина и германската компанија Енерпарк (Enerparc Ag), а со оваа централа се дава на знаење дека постои можност за обновување на областа. Ова е прв пат регионот околу Чернобил да се користи за производство на електрична енергија од 2000 година. Повеќе... ВЗ Тестирање на хибридно-електричните авиони Иако користењето на хибридните електрични автомобили станува се повообичаено, применувањето на слична технологија кај авионите доаѓа со значително различни предизвици. Аеро-инженерите од универзитетот Илиноис укажуваат на дел од предизвиците кои произлегуваат со користењето на алтернативна енергија како замена за фосилните горива. Користењето на фосилните авионски горива се компактни и лесни за складирање, во однос на количината на енергија што ја оддаваат. При користење на електричната енергија логично би било да се постават поголем број на батерии во авионите за подолги дестинации. Поставувањето на батериите е во спротивност на целта кон која се стреми авионската индустрија, а тоа е производство на полесни авиони. Повеќе... ДТ

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Интернет настан (Вебинар): Потребна е поддршка на малите и средни претпријатија за поврзување на локалните енергетски мрежи 11ти декември 2018 година Времетраење од 16:00 до 17:30 часот Центарот за чисти енергетски решенија во партнерство со Фондацијата за пристап до енергетски мрежи на Обединетите нации, го организираат интернет настанот на тема: Потребна е поддршка на малите и средни претпријатија за поврзување на локалните енергетски мрежи. На настанот ќе се потенцираат предизвиците на корисниците кои се приклучени на крајот од дистрибутивната мрежа и потенцијалните решенија за претпријатијата и компаниите кои не се вклучени на енергетската мрежа. Пријавување Повеќе... ДТ Интернет настан (Webinar): Креирање на родовоинформирани стратегии, политики и прописи за проекти и програми за чиста енергија 13ти декември 2018 година Времетраење од 16:00 до 17:30 часот Промовирањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е важен чекор за решавање на бариерите кои можат да го попречат еднаквото учество на жените и мажите кои работат во секторот чиста енергија. Таа, исто така може да биде лост за поттикнување на одржливоста на животната средина, социјална инклузивност и економски раст. Ќе се фокусира на различни стратегии кои ќе помогнат во затворање на разликите во половите во енергетскиот сектор и да се создаде свест и разбирање за улогата на жените во работната сила. Пријавување Повеќе... ДТ Саем: Меѓународен саем за олеснување на бизнисот и консултантски услуги во индустријата (E-World Energy & Water Exhibition) Од 5ти до 7ми февруари 2019 година Ессен, Германија Настанот претставува светски трговски саем за енергетската индустрија. Е-Светската изложба за енергетика и вода е водечка комуникациска платформа за енергетски и водни индустрии во Европа која има за цел да ги поддржи и да ги истражи новите можности на енергетската и водената индустрија Поголемиот дел од меѓународните изложувачи доаѓаат од земји на Европската Унија. Повеќе... ДТ Саем: Елеттроекспо Од 2ри до 3ти март 2019 година Верона Италија Елетроекспо ќе прикажува производи како што се информатичката технологија, електрониката, компонентите, светлата, компонентите и апаратите на камерата, мобилниот, контролниот систем, радио комуникациите и техничките публикации и многу повеќе. Повеќе... ДТ Саем: 15ти меѓународен саем за рециклирање, технологии за заштита на животна средина и управување со отпад Од 21ви до 24ти Март 2019 година Истанбул, Турција На 15тиот меѓународен саем за рециклирање, технологии за заштита на животната средина и управување со отпадот ќе има можност да бидат прикажани најразличен тип на производи за собирање на отпад, возила, производи за произвоство на брикети итн. Повеќе... ДТ

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова, В. Захариев.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Millions discover their favorite reads on issuu every month.

Give your content the digital home it deserves. Get it to any device in seconds.