Page 1

Број 9

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Декември 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: ! Од уредникот ! Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ ! Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER ! Алијанса за штедење на енергија ASE ! Новости од Македонија ! Новости од другите земји ! Корисни web-адреси ! Манифестации

за странски донации заради зајакнување (финансиско) на МАЦЕФ и активно ангажирање на сите негови членови. Соработка со Државата при приготвување на законската регулатива од областа на енергетската ефкасност. Органзирање на симпоиум-воркшоп со средба на членовите на МАЦЕФ. Планот за работа ќе се надополнува и врз основа на Вашите предлози. Но честит Божиќ и Среќна Нова ( и Василица) Година со желба таа да биде “ефикасна“ за сите нас! Проф. Д-р Константин Димитров

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колеги, членови на МАЦЕФ, Календарската 2003 година завршува и е период кога се прават биланси дали предвидените планови се оствариле, кои се постигнатите резултати, изработка на планови за следната година. Што можеме ние да заклучиме: МАЦЕФ е формиран точно пред една година. Во тој период станаа членови 47 колеги, од кои знатен број се доктори и магистри. МАЦЕФ се презентираше на Македонската јавност на првиот Саем за енергетика и Саемот на невладини здруженија. Организираше 4 тренинг курсеви од областа на енергетската ефикасност за советниците од 25 општини. Во соработка со ЗЕЛС се приготви и брошура на 70 страни со наслов Водата е неопходна и незаменлива. Подготви и прирачник за Енергетската ефикасност на 230 страни. Организираше 4 јавни дебати за потребата од донесување на мерки за борба против енергетската сиро-маштија. Оваа иницијатива ја продолжуваме и во наредната година при што мерките за енергетска ефикасност како можност за борба против енергетската сиромаштија веќе влегуваат како елемент на државната политика. Се приготвува ИнфоМАЦЕФ од месец април наваму, јасно со знатни тешкотии – финансиски и уредувачки. НЕОПХОДНА Е ВАШАТА СОРАБОТКА. СЕКОЈ ВАШ УСПЕХ, ИНИЦИЈАТИВА, РАЗРЕШЕН ПРОБЛЕМ, ОВОЗМОЖЕТЕ ДА БИДЕ ОБЈАВЕН. Од финансиски причини дистрибуцијата на ИнфоМАЦЕФ е по електронски пат. Програм за работа во следната година: пред се организирање на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКАТА во периодот од 6-10 април 2004. Организирање на дополнителни тренинг курсеви од областа на енергетската ефикасност. Приготвување на апликации

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

Активности на МАЦЕФ Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, приготви апликција за организирање на 10 курсеви за општините во Македонија, врз основа на јавниот повик на ЗЕЛС. Резултатите ќе бидат познати во почетокот на месец јануари. МАЦЕФ приготвува заедничка пријава со Центарот за Енергетска ефкасност од Албанија, на конкурсот од страна на РЕЦ. Проблематката е заедничка и современа: Енергетската ефикасност како инструмент за заштита на околината.

МАЦЕФ, во соработка со Скопски саем, е иницијатор на организирањето на НЕДЕЛАТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА во периодот од 6-10 април 2004 година. Оваа голема манифестација треба да опфати: ФОРУМ – Инвестициите во енергетиката во регионот во наредниот период; Воркшоп- Енергетска ефикасностопрема; Семинар- Гасификација на Македонија; Тркалезна маса – Можност за примена на мали

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2

хидроцентрали; Воркшоп-Трајни извори на енергија (градски смет, сонце, биомаса, топлински пумпи); Семинар – Енергетка ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините со Годишно собрание на МАЦЕФ; Собир на инспектори за парни котли од регионот– сертификати за квалитет TUV, EC. Скопски саем организира 2 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА – како убава можност домашните производители на опрема да се претстават пред странските учесници и пред домашните инвеститори. Во исто време тие се и спонзори. Покровител на оваа манифестација е Министерството за економија. Организатори на манифестацијата покрај МАЦЕФ и Скопски саем се и ЕСМ, Макпетрол, Стопанска комора на Македонија, Машински факултет, Електротехнички факултет и Рударски Институт. Очекуваме да се приклучат и ОКТА и Градска хигиена – Дрисла. Очекувме активно учество на сите членови на МАЦЕФ во оваа манифестација. Во договор со Скопски Саем, ЗЕМАК организира паралелна активност.

Се усогласува Законот за Енергетика со законодавството на Европската Унија. Закажан е состанок во Министерството за економија на 15.1. 2004 со цел да се понудат дополнувања на постоечкиот Закон (Сл.в. 47/1997; 40/99; 98/2000; 94/2002; 38/2003). Забелешките треба да се достават до 12.1.2004. Ве молиме, сите Ваши сугестии, да ни‘ ги доставите за да можеме да приготвиме заеднички предлог. Во следниот број ќе Ве информираме за нашите предлози кои се посебно поврзани со енергетската ефикасност. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8

земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА (www.ase.org)

ASE

Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алијансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Генералниот директор на Електростопанство на Македонија – ЕСМ, Панде Лазаров и директорот на EBRD Energy Business Group во Македонија, Peter Reiniger потпишаа кредитен договор за изградба на 400 kW високонапонски преносен електричен вод помеѓу Македонија и Бугарија. Ова претставува прв заем од EBRD кој е наменет за прекуграничен проект во енергетскиот сектор. Вкупниот износ за реализација на овој проект е 40 милиони евра. Градењето на ваков систем претставува степен на имплементација на стратегиите на електричните компании од двете земји за овозможување на развој на регионалниот енергетски пазар. Електричниот вод ќе биде долг 150km, од чија должина 70km ќе припаднат на Македонска територија, а 80km на Бугарска територија. Неговата изградба ќе биде финансирана од страна на ЕСМ и EBRD. Реализацијата на проектот се предвидува да се заврши до крајот на 2006 година. Во Стопанската комора, Одборот за енергетика ја одржа својата редовна седница, со единствена тема: предлог енергетски биланс на Македонија за 2004 година. Покрај стандардните информации заслужува да биде потцртано следното: годишната потрошувачка на енергија се предвидува на ниво од 120 000 ТЈ; се очекува увоз на 2 милијарди kWh електрична енергија (двојно повеќе од претходната), за што треба да се предвидат околу 63 милиони евра. Потребните девизни средства за енергенти од околу 300 милиони долари – се на ниво на досегашните години. Потрошувачката на гас – на досегашно ниво т.е. околу 10% од инсталираниот капацитет.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3 Меѓународната Банка за Реконструкција и Развој (IBRD) ќе даде грант во износ од 300.000 долари на Бугарија, за основање на Фонд за енергетска ефикасност. Фондот парите ќе ги инвестира во проекти за штедење на енергија, кои ќе вклучуваат термичка изолација во станбените згради .

Новости од другите земји Извршниот Одбор на директори на Светската Банка, на 07.10.2003 година, одобрил примена на Проектот за енергетска ефикасност во Република Хрватска. Проектот е финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд (GEF) со 7 милиони долари и од Меѓународната Банка за Реконструкција и Развој (IBRD) со заем во износ од 27.8 милиони долари. Главната цел на овој проект претставува создавање на пазар за енергетска ефикасност во Хрватска, кој ќе доведе до поефикасно користење на енергијата, а во исто време и до намалување на побарувачката на увезена енергија во Хрватска. Со проектот ќе се зголеми потребата од проекти за енергетска ефикасност, ќе се подобри пристапноста кон енергетските услуги и ќе се генерираат вработувања. Исто така ќе се намали употребата на загадувачките горива и ќе се подобри квалитетот на воздухот преку редуцирањето на емисиите на стакленичките гасови. Од 1993 година, Светска Банка има финансирано 22 проекти во Хрватска од областа на енергетиката, со вкупен износ од 1.2 милијарди долари. Според новата студија на Американскиот совет за енергетскоефикасна економија (ACEEE) и анализите во енергетиката и животната средина, програмите за поттикнување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија би можеле да ја намалат побарувачката за природен гас, доволно за да предизвикаат 10 до 20 проценти опаѓање на цената на природен гас. Во студијата, во согласност со Енергетската фондација, се направени проценки за среднорочни потенцијали за имплементирање на енергетската ефикасност, конзервацијата и обновливите извори на енергија во секоја од 48-те соседни држави во САД. Според овие проценки се овозможува намалување на потрошувачката на природен гас до 1.1% годишно, со ефикасно користење на енергијата, и намалување на потрошувачката на природен гас во САД до 5.5% до 2008 година, преку енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија. Според извештајот на ACEEE, се предвидува заштедите на енергија кај потрошувачите во наредните 5 години да изнесуваат над 75 милијарди долари. Светската Банка ќе финансира регионални проекти во областа на енергетиката во земјите од Балканот. Регионалниот фонд ќе претставува нов финансиски инструмент, којшто банката ќе го имплементира до 2005 година. Финансирањето на вакви проекти првенствено ќе биде насочено кон проекти во секторот на електрична енергија, а подоцна и во секторот на гас. Грантовите за проектот ќе бидат распределени кога ќе биде постигнат договорот помеѓу земјите од Балканскиот регион. Се предвидува финансискиот износ на првите проекти кои ќе бидат финансирани преку овој инструмент да се движи помеѓу (3-5) милиони евра. Првенствено проектите ќе бидат одобрувани од страна на извршниот Одбор на директори на банката, а потоа ќе станат предмет за одобрување од страна на регионалните директори.

Европската комисија, на 10.12.2003 година, предложила да се поддржи пазарот на услуги во областа на енергетската ефикасност во Европската Унија, во поглед да се заштедува 1% од вкупната енрегија годишно. Според сеуште неусвоената директива, побарано е земјите членки на Европската Унија да заштедуваат 1.5% од енергијата годишно. Во исто време снабдувачите со енергија ќе треба да обезбедат услуги во областа на енергетската ефикасност кај 5% од нивните потрошувачи. Овие две намери на Европската комисија се земаат во предвид при заштедувањето на 1% од вкупната енергија годишно. Според студијата на Европската Банка за реконструкција и развој (EBRD) цената на електричната енергија во земјите од Балканот се движи помеѓу 3.5 и 7 центи (евро). Најниска е цената на електричната енергија во Албанија, а највисока во Хрватска. Моментално, според мислењето на експертите од оваа област, цената на електричната енергија во Бугарија е релативно висока. Таа изнесува 6.5 центи (евро) по kWh. Во Атина е потпишан Меморандум, за основање на регионален енергетски пазар во Југоисточна Европа. Зенји потписнички на овој Меморандум се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Турција, Србија и Црна Гора, Македонија, Косово, Италија и Грција. Ова претставува втор чекор превземен од страна на министрите на овие земји за основање на заеднички регионелен енергетски пазар во Југоисточна Европа. Првиот чекор е превземен во ноември 2002 година на состанокот одржан исто така во Атина. Во првичната верзија на овој Меморандум бил вклучен само пазарот на електрична енергија, меѓутоа сега е предвидена и распределбата на природен гас. Според изјавата на српскиот министер за природни ресурси и заштита на животната средина, Анѓелка Михајлов, во декември 2003 година во Белград ќе се одржи семинар за почисто производство и оддржлива потрошувачка во Србија. Целта на овој семинар е да се воведат соодветни стандарди во заштитата на животната средина. Михајлов, исто така изјавила дека Србија има намера да соработува со соседните држави во поглед на остварување заеднички проекти за заштита на биодиверзитетот и реката Дунав, како и давање поддршка на Карпатската Конвенција, потпишана на почетокот на оваа година во Киев, Украина. Во март 2004 година, Еколошката програма на обединетите нации (UNEP) предвидува чистење на контаминираните места кои беа опфатени за време на бомбардирањето на НАТО во Југославија. Ррегионалниот директор на UNEP за Европа, Frits Schlingemann, изјавил дека интересот на Србија во областа на заштитата на животната средина и биодиверзитетот ќе го забрза економскиот развој во регионот. Според регионалниот директор, ова претставува една од причините поради која Белград е избран да биде град домаќин на конференцијата на министри за заштита на животната средина, која ќе се одржи во 2007 година. После 5 години дискусии, Европскиот Совет на 27 октомври 2003 година ја усвои новата директива за воведување енергетска такса. Целта на оваа директива е да се создаде

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

простран систем во Европската Унија за воведување на енергетски такси за сите производи. http://www.euractiv.com/cgi-bin/cgint.exe/1256766 912?204&OIDN=1506532&-tt=en See also: New energy taxes for Europe (EUpolitix) http://www.eupolitix.com/EN/News/d063f8f1-44b6-4496-8c0ede508e067d87.htm На 3 октомври 2003 година, Словенечката компанија за производство на енергија Istrabenz Energetski Sistemi, поставила камен темелник на реката Језерница, што претставува почеток во изградбата на првата од шесте мали хидроелектрични централи во Босна и Херцеговина. Инвестицијата изнесува 12.3 милиони евра. Очекуваното годишно производство на електрична енергија од една хидроелектрична централа се предвидува да изнесува 5.5 GWh, додека годишното производство на енергија од шесте хидроелектрични централи се очекува да изнесува 50 GWh. Првата постројка се предвидува да биде завршена до крајот на 2004 година, а останатите до крајот на 2005 година. Градот и околината на Фоњица ќе се снабдуваат со електрична енергија произведена од овие шест хидроелектрични централи. Словенечката компанија за производство на електрична енергија има добиено градежна дозвола за четири електрични централи, додека сеуште треба да се заврши процедурата за останатите две. Покрај изгрдабата на шест хидроелектрични централи, Istrabenz Energetski Sistemi, планира изградба и на објект за складирање на минералната вода во шишиња. Овој проект вреди 6.37 милиони евра, а од Босна и Херцеговина имаат добиено концесија на 30 години. На овој начин ќе се произведува 40 милиони литри минерална вода годишно, што претставува повеќе од вкупната годишна потрошувачка на вода во Словенија.

АРХИВАТА НА НИКОЛА ТЕСЛА ВО РЕГИСТАРОТ НА UNESCO Југословенскиот научник и пронаоѓач, Никола Тесла уште во 1899/1900 година рекол дека постоечките енергетски извори се ограничени и дека треба да се бараат други начини на производство на енергија. Во тоа време Никола Тесла не бил правилно разбран. Меѓутоа, денеска сите сме свесни поради тој недостиг на енергија во светот. На 28 октомври 2003 година официјално е внесена Архивата на Никола Тесла во регистерот на UNESCO во Белград.

Корисни web-адреси http://www.cleanenergyfunds.org/ Clean Energy States Alliance (CESA) http://www.eia.doe.gov/emeu/efficiency/contents.html Energy Efficiency Page "The First Stop for Information on Energy-Efficiency and the Relationship of Energy to Greenhouse-Gas Emissions"

The Conference is organised by the European Commission in collaboration with EREC (European Renewable Energy Council) and its partner organisations, EUFORES (European Forum for Renewable Energy Sources) and the German Federal Ministry for the Environment, Nature Conservation and Nuclear Safety. There are two main objectives: Firstly, analysing the developments made to date presenting market evolution and sectoral progress whilst offering a showcase for lighthouse initiatives from the European Union 's Campaign for Take-Off for Renewable Energies (2000-2003).Secondly, the Conference will provide a discussion forum for market prospects, reinforced policies and new renewable energy targets towards a time horizon of 2020. PARTICIPANTS will be Representatives of national governments, international organisations, networks and associations, experts and decision makers from the energy industry, non-governmental organisations, consultants, project developers, universities and other research institutions, financing institutions as well as local, regional, national and international administrations. Дополнителни информации: Email:berlin2004@erec-renewables.org Telephone: +32-2-546.19.33 Fax: +32-2-546.19.34 22-24 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: CLEAN ENERGY POWER 2004 локација: Berlin International fair and congress dealing with renewable energy, alternative mobility and energy efficiency Дополнителни информации: Email:armbruster@energie-server.de Telephone: +49-(0)7121-3016-0 Fax: +49-(0)7121-3016-10 23-24 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: Innovations in Wood Heating локација: Flimwell, E. Sussex, UK Topics covered: - Wood Pellet Heating - Heat Supply Contracts - Biomass planning issues - Grants and Sources of Funding (including the proposed new DTI - Bio-Energy Infrastructure grant scheme.) - Integrating wood and solar heating systems Дополнителни информации: Davy Avenue, Knowlhill, Milton Keynes MK5 8NG, UK Tel: 44 1908 665555 Email: sandra@greenenergy.org.uk 26-27 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: ManagEnergy Workshop and Study Tours Local & Regional Energy Action through Schools & Education локација: County Hall, Nottingham, UK Дополнителни информации: http://www.managenergy.net/conference/schools0104.html

Манифестации 19-21 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: European Conference for Renewable Energy ‘Intelligent Policy Options' локација: Berlin

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

on

9 infomacef  
9 infomacef  
Advertisement