Page 1

Број 99

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јуни 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Завршена програмата и акцискиот план за енергетска ефикасност на општина Центар Тркалезна маса ЕУбилд енергетска ефикасност Конференција на Копаоник Средба на претставници од МАЦЕФ со претставници од Проектното биро за реконструкција при Министерство за здравство Состанок на Енергетска заедница Втор финален квиз од 4-тата фаза на ЕВН проектот Јавна расправа за „Уредбата за еко дизајн“ и „Нацрт Правилникот за означување на потрошувачка на енергија и други ресурси за производите што користат енергија“ Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата! Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - Официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ СкопјеУАЦС

Активности на МАЦЕФ Програм за ЕЕ и Акционен план за ЕЕ на општина ЦЕНТАР Скопје Пред советниците на општина Центар, МАЦЕФ го презентираше тригодишниот програм за енергетска ефикасност, како и едногодишниот Акционен план за енергетска ефикасност. Со овие документи општината Центар е првата општина која ја исполнува оваа законска обврска предвидена со новиот Закон

за енергетика донесен во февруари оваа година. Во исто време, како додадена вредност, остварени се и енергетски контроли на објектите кои се сопственост на општината, со што се остварува уште една законска обврска т.е. да спроведе енергетска контрола на своите објекти секоја трета година. Во Програмата детално се анализирани мерките за ЕЕ за секој објект поединечно, определена е цената за реконструкција, големината на заштедена енергија, но и економските категории – и тоа финасиската заштеда (при денешни цени на енергијата и при цени кои ќе важат при либерализиран пазар), периодот на враќање на средствата, протокот на средства, како и чувствителноста на економските показатели на промената на цената на енергијата. Обработен е целосно и делот со уличното осветление, а определено е и нивото на смалување на емисијата на штетни гасови, со што општината Центар се вклопува во реализацијата на Акциониот План за Одржлив Развој на град Скопје, со кој се предвидува намалување на емисијата на штетни гасови за над 20% до 2020 година. Анализирана е и можноста за поставување на сончеви колектори за подготовка на топла вода и алтернативновградување на геотермални топлински пумпи. Средба на претставници од МАЦЕФ со претставници од Проектното биро за реконструкција при Министерство за здравство Во периодот на подготовки на плановите за реконструкција на објектите од здравствениот сектор, на 21-ви минатиот месец беше остварена средба меѓу претставници на МАЦЕФ и г. Владо Петровски, директор на Проектното биро за реконструкција на ЈЗУ при Министерството за здравство во просториите на бирото. На средбата беа разгледани меѓусебните искуства во изминатиот период во областа на сопствените ангажмани во здравствениот сектор и секако можноста за взаемна соработка во областа на заштеда на енергија во здравствениот сектор како еден од стратешките приоритети на двете организации, но и на нашата земја. Исто така, на средбата беа подвлечени заклучоци дека спроведувањето на мерките за реконструкција, вклучувајќи ги и оние за енергетската ефикасност, мора во најскоро време да бидат реализирани, со сериозен и професионален пристап од страна на сите вклучени во овој процес. Ова се должи на фактот на брзи промени на цените на енергенсите, како и либерализацијата на цената на електричната енергија. Тркалезна маса – Проект ЕУбилд енергетска ефикасност Како дел од активностите од проектот ЕУбилд енергетска ефикасност, на 3-ти јуни во просториите на ЕУ Инфоцентарот се одржа тркалезна маса насловена „Ф и нансиск и

инстру м енти за ф ина нсирање на е нергетск а еф ик а сност во гра деж ниот сек тор в о М ак ед онија “. На дебатата

учествуваа претставници на финансиските институции, вклучувајќи локални комерцијални банки, локални штедилници

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 99 како и локални канцеларии на меѓународните финансиски институции. Тема на дискусија беа моменталните тешкотии во пристапот до капитал од страна на градежниот сектор, домаќинствата и јавните претпријатија вид на инструменти за преземање на ризик, како и локалните регулаторни и политички бариери за да се реплицираат практиките за финансирање на земјите од ЕУ во локалниот пазар. Од состанокот се согледа дека на банките им се потребни солидно приготвени барања за заеми и

Страница 2 Индустриска енергетика и заштита на животната средина - КОПАОНИК 21-25 јуни – IEEP ‘11 Во период од 21-25 јуни се одржа 3-та Регионална конференција – Индустриска енергетика и заштита на животната средина во земјите на Југоисточна Европа. Оваа конференција беше организирана од страна на Агенцијата за ЕЕ на Србија, во соработка со Друштвото на термичарите на Србија. Пред значаен број на учесници од регионот членовите на МАЦЕФ (Проф. К. Димитров, Ј. Капац и М-р О. Димитров) го презентираа својот труд Прв Национален акциски план за

енергетска ефикасност на Република македонија – Цели и спроведување. Беа поставени голем број прашања од причина

што колегите од Србија се во фаза на усвојување на својот НЕЕАП и им беа драгоцени добиените информации и насоки за обработка на предметната задача.

секако кредитоспособност, нешто со што фирмите од градежниот сектор се борат во периодот од економската криза наваму. Овој сектор се карактеризира со готовински текови и побарувања кои се реализираат на почек или со компензација помеѓу учесниците на пазарот, па тешко се докажува подготвеноста за исплата на заемите. Банките решение гледаат и во надградување на капацитетите на кредитните служби за препознавање на проекти кои се исплаќаат самите на кус рок, со што би се намалил ризикот за исплата. Проектот на крајот од годината ќе предложи рамка која ќе предвидува промени на неколку нивоа, а во насока на создавање на поволна клима за инвестирање во енергетски ефикасни објекти. Енергетска заедница – Состанок во Виена На 16 јуни во Виена, во канцеларијата на Енергетската заедница се одржа состанок на Работната група за енергетска ефикасност. Со богатата програма беше предвидено да се направи увид во реализацијата на националните АПЕЕ, со посебно внимание на примената на Методата за верификација на заштедите на енергија со мерките за енергетска ефикасност.

Втор финален квиз од 4-тата фаза на ЕВН проектот На 6 јуни во ОУ „7-ми Март“ во општина Чаир се одржа вториот финален квиз, кој е дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија наменет за учениците од четвртите одделенија. На квизот учество земаа 9-те училишта победници од трите регионални квизови одржани во Охрид, Скопје и Струмица.

Учесници на квизот беа ОУ Јосип Броз Тито-Стругa; ОУ Д-р Владимир Полежиновски-Кичево; ОУ Живко Чинго-с. Велгошти; ОУ Гоце Делчев-Свети Николе; ОУ Кирил и Методиј-Свети Николе; ОУ Благој Кирков-Велес; ОУ Кирил и Методиј-с. Подлог; ОУ Страшо Пинџур-Неготино; ОУ Браќа Миладиновци-с. Добрушево. Квизот ги мереше знаењата за изворите на енергија, заштеда на енергија и заштита на животната средина преку четири забавни и интерактивни игри во неизвесна битка и натреварувачка атмосфера до самиот крај. Последната, четврта игра беше одлучувачка за учениците од ОУ Јосип Броз Тито да го освојат првото место, додека учениците од основните училишта Живко Чинго и Кирил и Методиј се второ и трето пласирани. На квизот беа доделени наградите од Ликовниот и литературниот конкурс, кој претставува паралелна активност при реализација на овој проект на ЕВН Македонија.

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ – ПОТВРДА ЗА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВАШИОТ ОБЈЕКТ

Проф. др. Димитров во својот реферат Мониторинг на спроведувањето на 1-от НЕЕАП – Прик аз за Р епубл ик а М ак ед онија ги презентираше чекорите кои се преземени при изработката на Националната методологија, како и основните национални појдовни вредности. Посебно внимание привлече предлогот за дефинирање на начинот на определување на големината на заштедена енергија кај когенеративните постројки, кој сеуште не е определен на ниво на ЕУ. Останува на РМ да направи исчекор во оваа насока. Во продолжение на состанокот беше одбележан напредокот во пренесување на ЕУ Директивите во националното законодавство, како и основните задачи за реализација на Студијата – Енергетска ефикасност во згради (финансиран од ЕУ) и УСАИД/СИНЕРГИ проектот кој веќе подолго време се спроведува и во нашата земја.

НАВРЕМЕНО И ВНОСНО – ШТЕДЕТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО КОМФОРОТ

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 99 GGF - ЕКО Кредит на ИК банка ИК банка на пазарот нуди Еко кредити за финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозори, нови системи за греење т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи за топла вода, спроведување на топлина преку нови електрични пумпи на системи за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување, поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други обновливите извори за користење на енергија. Кредитите се наменети за физички лица и бизниси по каматна стапка од 7%, со рок на отплата до 84 месеци и опсег од 100.000 - 500.000 евра. ЕКО Кредит... Особеноста на кредитната линија е што има техничка поддршка која е бесплатна преку меѓународниот фонд ‘Зелено за развој – Green for Growth Fund’, а се реализира преку канцеларијата на МАЦЕФ и следните консултанти достапни локално: Славе Арменски, Доне Ташевски, Ристо Филковски, Игор Петрушевски, Жарко Илиевски, Тодорка Самарџиоска, Владимир Лабудович и Арсен Арсенов-Скопје, Љупчо Гаштеовски–Кочани, Раде Цветановски-Кичево, Пејчиновски Јован и Драги Мечкаров – Битола, Стојчевски Божин-Куманово, Миланчо Дрмов-Штип, како и Павле Ристески-Кичево. Јавна расправа за „Уредбата за еко дизајн“ и „Нацрт Правилникот за означување на потрошувачка на енергија и други ресурси за производите што користат енергија“ На 15 јуни во просториите на Министерството за економија се одржа јавна стручна расправа за предметните уредба и правилник. На јавната расправа присуствуваа претставници од повеќе државни сектори, приватниот сектор и од невладиниот сектор. Дел од прашањата и примедбите за Нацрт правилникот се однесуваа на тоа, кој ќе биде одговорен за спроведување на мерките одредени со правилникот, дали ќе се спроведе промотивна кампања за информирање на потрошувачите и дистрибутерите за значењето на ознаките, да се усогласи терминологијата во правилникот. За уредбата за еко дизајн се разви најголема дискусија кој ќе ги утврдува добиените резултати од испитувањата, доколку тој не ги исполнува и задоволува потребните стандарди. Сите забелешки и прашања наидоа на добар прием на претставниците од Министерството за економија и тимот кој што ги подготвуваше овие два документи. Национална конференција “Соработката на граѓанските организации со локалната самоуправа” На 27-28 јуни 2011, во Охрид, Хотел Инекс Горица се одржа национална конференција „Соработката на граѓанските организации со локалната самоуправа”. Настанот беше во организација на тимот на Проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации“ – ТАКСО, Националниот совет за родова еднаквост, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД, Конфедерацијата на работодавачи и Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС. Главна цел на оваа национална конференција беше да се пренесат искуствата добиени од регионалната конференција на тема Соработката на граѓанските организации со локалните власти и да се отвори можност за граѓанските организации да дискутираат заедно со сите релевантни чинители на наведената тема. На настанот учествуваа членови на МАЦЕФ, кои со своето искуство во соработката со локалните самоуправи дадоа значаен придонес во работните сесии кои беа насочени кон размена на перспективите и идентификување препораки во насока на зајакнување на соработката помеѓу ГО и локалните власти.

Страница 3 МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за вршење на стручна оцена (ревизија) на геолошката документација и рударски проекти - „Службен весник на РМ“ бр.80 од 14.06.2011 • Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на на нивно преместување, имајќи ги предвид посебните барања за заштита на заштитните зони „Службен весник на РМ“ бр.81 од 15.06.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Изработка на општински Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност Законска обврска на општините според новиот закон за енергетика! ПОБРЗАЈТЕ ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ! ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Годишна членарина: 24 000 денари

Новости од Македонија Отворање на лабораторија за контрола на квалитет на производи од дрвната индустрија На 20 јуни свечено беше отворена акредитираната „Лабораторија за тестирање на мебел“ при Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Работата на оваа лабораторија свечено ја промовираше министерот за образование и наука г. Никола Тодоров. Во оваа лабораторија ќе може да се испитуваат врати и прозорцина влијание на пропустливост на ветер и дожд, стабилност на столици за седење, квалитет на душеци и др. Од посебна вредност е можноста производителите на опрема од овој вид, да го испитуваат својот производ уште во фаза на прототип, за да создадат производ со ознаката СЕ т.е. конкурентен и на ЕУ пазарот. Правилник за високоефикасни комбинирани постројки На 27 јуни во просториите на Министерството за економија се одржа јавна расправа по овој документ. Со него се обединети два претходни правилника – за стекнување право на повластен производител и за потекло на енергија од високоефикасни комбинирани постројки. Овој документ е изработен од страна на секторот за ЕЕ при Министерството за економја што е за поздравување. Документот ги опфаќа сите битни елементи од овој сектор и очекуваме наскоро да биде прифатен и како официјален документ на РМ. ЕКТО – еколошко гориво на македонскиот пазар На бензинските станици на нафтената компанија „Лукоил“ во продажба е ново гориво ЕКТО. Горивото го карактеризира енергетска ефикасност, моќност и заштита на животната средина. Горивото ЕКТО има подобрени експлоатациски и еколошки својства и ги намалува штетните материи во повеќе... издувните гасови. Македонија наскоро ке ја добие физибилити студијата за „Јужен тек“ Заменик претседателот на „Гаспром“ Александар Медведев, на средба со македонскиот министер за финансии соопшти позитивни вести дека физибилити студијата за гасоводот за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ е при крај и ќе биде готова заклучно со третиот квартал од 2011година. повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 99

Страница 4

Голем интерес за малите хидроцентрали На петтиот јавен повик објавен од Министерството за економија на Македонија за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроцентрали аплицирале домашни, но и странски фирми. Доставени се понуди од 23 компании. Интерес има за 28 локации, а најголем интерес има за локациите на реките Јабланица, Крива Река и Кажани. повеќе... ЕЛЕМ меѓу енергетските гиганти на саем за енергетика „Пауер џен“ во Милано На најголемиот светски саем за енергетика „Пауер Џен“одржан од 7ми – 9ти во Милано, Италија, свое излагање имаше и државната компанија за производство на електрична енергија АД „Електрани на Македонија – ЕЛЕМ “. На саемот беше претставено целокупното портфолио на ЕЛЕМ. повеќе... Одржан шестиот Собир на експерти од областа на ЕЕ и ОИЕ Во јуни се одржа шестиот „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“ во салата за состаноци во Клубот на новинари во Скопје. Конкретна тема на овој собир немаше, бидејќи беше наменет за дебата помеѓу експертите и присутните. Беше разговарано за можноста за соработка помеѓу учесниците, фирми и организации кои можат да и помогнат на Агенцијата за Енергетика во изработката на билансот за енергетска ефикасност, создавање на квалитетно и со труд докажано експертско тело, кое ќе лобира за подобрување на енергетската ефикасност и работа на Агенцијата за енергетика, како и решавање на одредени проблеми и недоразбирања повеќе... кои претходно постоеја помеѓу присутните.

Новости од светот Новите мерки ќе ја зголемат заштедата на енергија, а со тоа Европа ќе биде чекор поблиску до посакуваната цел – 20% помала потрошувачка до 2020 г. Според директивата поднесено е барање до сите земји, во кое е наведено земјите да усвојат план за намалена потрошувачка на енергија. Дел од предлозите се: 1.Енергетските компании на Европската унија да ја намалат продажбата на електричната енергија за 1,5% годишно, заради зголемување на енергетската ефикасност на економиите на своите членки 2.Владите да понудат алтернативни начини за поголема енергетска ефикасност во објектите, како што се усвојување на програми или спогодби со снабдувачите Земјите на ЕУ претходно го усогласија намалувањето на потрошувачката на електрична енергија до 2020 година за 20 отсто во однос на 2005 година. Меѓутоа членките на унијата, не успеваат да ја исполнат поставената цел и доколку продолжат со истото темпо, потрошувачката ќе успее да се намали само за девет отсто, оценува ЕК. Во 2014 година Европската комисија ќе направи проценка дали Европската унија е на вистинскиот пат во остварување на целта, 20% помала потрошувачка на енергија. Доколку направената проценка биде негативна, новиот предлог ќе биде поставување на задолжителни национални цели. повеќе... Приватизација на мали хидроцентрали во Албанија Албанскиот парламент даде зелено светло за продажба на првите мали ХЕЦ. Нивното вкупно годишно производство изнесува 406 мил. киловатчасови, што претставува 5,5 % од вкупното домашно производство на електрична енергија. Со нивната продажба, албанската влада се надева да инкасира најмалку 80 мил. евра. повеќе... Производството на нафта во Норвешка оди во надолна линија Производството на нафта во Норвешка значително се намалува. Според експертот Б. Клос ситуацијата е драматична и дека експлоатацијата на нафта во Норвешка ќе згасне по 8,5 години доколку не се пронајдат нови наоѓалишта. повеќе... Во Бугарија несовесно се троши електрична енергија Во Бугарија се троши 50 проценти повеќе електрична енергија на просечната потрош-увачка во рамките на ЕУ. Граѓаните на треба да ја намалат потрошувачката на електрична енергија избегнат оптеретувања на електроенергетската мрежа.

во однос Бугарија за да се повеќе...

Побарувачката на природен гас поголема од онаа за јаглен Меѓународната агенција за енергија предвидува дека глобалната потрошувачка на гас ќе ја надмине потрошувачката на јаглен по 2025, а до 2035. ќе се доближи и до потрошувачката на нафта. Од 2015 побарувачката на природен гас ќе биде поголема од понудата поради што ќе се наметне потреба од произведување на енергенсот од нетрадиционални извори. ИЕА уште предвидува дека до 2020 г. Австралија ќе стане најголем извозник на природен гас, надминувајќи го повеќе... сегашниот лидер Катар.

Занимливости 57,000 котли и печки на биомаса се инсталирани годишно Во 2009та година 22,000 котли на биомаса и 35,000 печки на биомаса, се инсталирани во Австрија. Овие податоци се обезбедени во извештајот за обновливи енергии од Австриската трговска комисија во Мадрид, што назначува дека биомасата го обезбедува вториот по големина дел од производството на електрична енергија од обновливи извори во земјата, пред ветерната и сончевата енергија, како и најголемиот дел од повеќе... производството на топлинска енергија. Нова легура ја претвора отпадната топлина во електрична енергија Во Универзитетот Минесота инженерите од „Колеџот за наука и инженерство“, неодамна откриле нова легура којашто директно ја претвора топлината во електрична енергија. Овој револуционерен метод на конверзија на енергијата, кој сеуште е во развојна фаза, може да има големо влијание во создавањето на електрична енергија од отпадната повеќе... топлина и нема негативно влијание врз околната средина. Железнички тунел во Европа што користи сончева енергија Тунелот на сончева енергија е во Антверпен, Белгија. Долг е 3,6 километри, а ќе биде покриен со 16 илјади сончеви панели на површина колку осум фудбалски игралишта или 50 илјади km2. Оваа енергија од сончевите панели ја искористи меѓународниот воз кој ги поврзува Париз и Амстердам и го доби епитетот прв патнички зелен воз. повеќе... Во Романија ќе се гради најголемата фарма на ветерници Фармата со ветерници ќе биде изградена во Тополог, според изјавите на Романската асоцијација за ветерна енергија. Истата ќе располага со капацитет од 700 MW, со што ќе ја надмине 600 MW фарма на ветерници која е изградена од ЦЕЗ од Чешка. Испораката на електричната енергија повеќе... од оваа фарма на ветерници се очекува во 2012 година.

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.eeportal.mk

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/ www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации МЕГАБИЛД Истанбул 08 - 11 септември 2011, Турција МЕГАБИЛД е еден од најпопуларните домашни и меѓународни собири на полето на градежната индустрија во Турција, чија цел е да ги собере на едно место производителите на градежни материјали, трговците на големо и мало, како и архитектите, изведувачите и инвеститорите. Повеќе... „6-та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи на одлуки и експерти. Пријавување Повеќе информации 9-та Меѓународна конференција за трансфер термоинженеринг и животна средина 23-25 август, 2011, Фиренца, Италија повеќе...

на

топлина,

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

99 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you