Page 1

Број 98

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

мај 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Завршувањето на проектот за град Скопје (СЕАП) за МАЦЕФ е централен настан. Едногодишната работа е успешно завршена, а документот е позитивно оценет и од страна на администрацијата на град Скопје и од меѓународните соработници. Сметаме дека оваа иницијатива на градоначалникот на Скопје г. Коце Трајановски, ќе ги поттикне и другите градоначалници да преземат активности за придружување кон ЕУ иницијативата, со што се предвидува значајно намалување на емисијата на штетни гасови т.е. обезбедување поздрави услови за живот, посебно за идните генерации – вложување во иднината. Активностите се предвидени да се реализираат во сите 10 општини заедно со градот Скопје, но и целосно вклучување на сите жители на градот. Претстои заеднички предизвик и напорна работа!

Активности на МАЦЕФ Претставување на Акциониот план за град Скопје На 30 мај, во салата на Советот на град Скопје, се реализираше завршната фаза од проектот – Акционен план за одржлив развој на град Скопје (Sustainable Energy Action Plan), кој го изработија МАЦЕФ и Регионалната Агенција за ЕЕ на северозападна Хрватска. Овој проект е финансиран преку Германската меѓународна соработка (GIC), а се однесува на 4 главни града – Скопје, Подгорица, Сараево и Загреб, во соработка со Фрајбург (Германија). Овој проект има за цел да предвиди мерки со кои емисијата на јаглен двооксид на ниво на градот ќе се намали за над 20 %, обврска првземена од страна на градоначалникот Коце Трајановски, со потпишувањето на Повелбата на градоначалници (Covenant of Mayors), потпишана во Брисел минатата година. Главни мерки за смалување на емисијата на штетни гасови се мерките за енергетска ефикасност, кои се усогласени и со Националниот акционен план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ).

Завршен проектот СЕАП за град Скопје Атрактивните грантови на ГГФ достапни во Македонија WidetheSEE – Време е за сончев колектор на вашиот покрив WeBSEFF – уникатни заеми со поврат на средства ЕВН – Училишен проект Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата! Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловениот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје -УАЦС

Сектори со посебен акцент се секторите за зградите (голем потрошувач на енергија особено за потребите за греење), сообраќајот и уличното осветлување. Врз основа на голем број собрани податоци и предложените мерки пресметани се количината на намалување на емисијата на јагленород двооксид и проценети се потребните финансиски средства за реализација на мерките. Оваа програма треба да биде прифатена од страна на Советот на град Скопје, а потоа, во годишните акциони планови за енергетска ефикасност (законска обврска), да се даде приоритет на реализацијата. Предавање за студенти на ЕСТАК На 5 мај во просториите на Факултетот за електротехника и информациски техологи, на покана на студентската организација за меѓународна соработка, проф. д-р Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ, одржа предавање за Стратегијата за енергетска ефикасност на Македонија до 2020 година, како дел од манифестацијата “Feel the energy“. Оваа покана ја добивме како изработувачи на предметната стратегија. Инаку во рамките на манифестацијата која траеше 3 дена, свои презентации имаа истакнати експерти од секторот на енергетиката и енергетската ефикасност, меѓу кои беа и академик Глигор Каневче (член на претседателство на МАЦЕФ), професорите др. Вангел Фуштиќ, др. Влатко Стоилков, др. Антон Чаушевски, како и д-р Влатко Чинговски (ЕЛЕМ).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 98 Проект WidetheSEEbySuccMode - Работилница LOW-COST SOLAR CELLS 2011 На 18 мај во Скопје се одржа работилница “Нискобуџетни сончеви ќелии – можности и предизвици“. МАЦЕФ го претстави проектот “Проширување на употребата на термални сончеви

колектори“ - Wide the SEE, и постигнатите резултати во рамки на тематската работната група за подигање на свеста кај домаќинствата за можностите и придобивките од сончевата енергија. Работилницата се одржа на Факултетот за електротехника и информатички технологии - Скопје. Целите на работилницата беа истражување на можностите на третата генерација на фотоволтажни панели, презентација на иновативните материјали и технолошки процеси за фотоволтажни панели, размена на знаења и искуства како и презентација на Националните стратегии и политики за интегрирање на соларните системи.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk GGF - ЕКО Кредит на ИК банка ИК банка од неодамна на пазарот во Македонија нуди Еко кредити за финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозори, нови системи за греење т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи за топла вода, спроведување на топлина преку нови електрични пумпи на системи за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување, поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други обновливите извори за користење на енергија. Кредитите се наменети за физички лица и бизниси по каматна стапка од 7%, со рок на отплата до 84 месеци и опсег од 100.000 - 500.000 евра. ЕКО Кредит... Особеноста на кредитната линија е што има техничка поддршка која е бесплатна преку меѓународниот фонд ‘Зелено за развој – Green for Growth Fund’, а се реализира

Страница 2 преку канцеларијата на МАЦЕФ и солидната база на консултанти од областа. ИК банка е и прва банка во Македонија што има Сертификат за енергетски карактеристики на зграда - централата на Банката во Скопје, што претставува пример за следење! Побрзајте и информирајте се за можноста за енергетска контрола и сертификат на 3090 178 во МАЦЕФ. Проект „Подготвување на методологија за следење, оценка и пресметка на заштедите од мерките за ЕЕ“ На 20 мај се одржаа завршните состаноци со работните групи за подготовка на методологијата за следење и оценка на заштедите од мерките за ЕЕ. На трите состаноци беа дискутирани дополнителните предлози од учесниците кои ќе бидат вградени во завршниот документ. Проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ, уште еднаш ја истакна големата потреба од оваа документација, како и следните чекори кои треба да се превземат од страна на Министерството за економија, за обезбедување на правилно следење на резултатите преку надлежните институции, посебно Заводот за статистика на Македонија. На овие состаноци повторно беше нагласено дека владините институции немаат доволно човечки ресурси за реализација на задачата за верификација на заштедите и дека бројот на вработени во секторот на обработка на информациите во енергетскиот сектор треба и мора да биде зголемен. АД Европа - Прв проект на WeBSEFF во тек! Фабриката за чоколади и вафли „Европа“ од Скопје е прва фирма која зема заем од Охридска банка – Societe Generale преку WeBSEFF кредитната линија на ЕБОР/ЕУ за финансирање одржлива енергија. Преку бесплатната експертска поддршка, тимот на WeBSEFF предложи: Замена на котли; Опрема за хемиски третман на вода; Автоматска контрола на системот за производство на пареа; Реконструкција на цевниот систем за пареа и за поврат на кондензат и модернизација на две производни линии за оптимализација на инвестицијата и повратот на вложувањата. Вкупната вредност на проектот е 903,157 евра, од кои 770,000 евра од WeBSEFF кредитната линија, а новата ЕЕ опрема на компанијата ќе и донесе ЗАШТЕДИ во вредност од 260,000 евра на годишно ниво со период на поврат на заемот од 4.15 години. Инаку во тек е резлизација на уште два проекти за кои ќе известуваме во наредниот ИнфоМАЦЕФ. Кредити до вредност до 2 милиони евра во Македонија со значителен потенцијал за заштеда на енергија или потенцијал за искористување на обновливи извори на енергија се достапни преку Охридска банка – Societe General, ИК банка и НЛБ Тутунска банка. Кредитите ќе им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоците за енергија и да ја зголемат својата конкурентност. Највреден е готовинскиот грант во висина од 15% - 20% во однос на типот на инвестицијата. Локалната канцеларија на WeBSEFF е достапна од понеделник до петок, 8.00 – 17.00 ч. На 02 3090 130 или 070 3837 38. www.webseff.com Регионален настан – Стратегии за енергија во југоисточна Европа, Анализа на донесување одлуки за животната средина На 6-ти и 7-ми мај во Славонски Брод се оддржа регионален настан на кој експертите и граѓанските организации од Хрватска, Србија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ги споделија своите искуства и ставови за постоечките процеси на донесување на одлуки во секторот на животната средина, пред се во процесот на изготвување и усвојување на енергетските стратегии на земјите во регионот и се предложија препораки за нивно подобрување и примена. На настанот претставник од МАЦЕФ пред присутните го презентираше процесот на изготвување и донесување на националната стратегија за унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија до 2020 година, која беше оценета позитивно, па оттаму и главната препорака дека во иднина е неопходна поголема вклученост на граѓанските

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 98 организации во изработката и донесувањето на стратешките документи.

ИПЦ во посета на МАЦЕФ Претставниците на германската консултантнска компанија ИПЦ, г. Денис Волцке и г-ца Франческа Фарер, на 9-ти минатиот месец остварија посета на Центарот за енергетска ефикасност

Страница 3 "Службен весник на РМ" бр. 65 од 10.05.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА СОБИРАЊЕ, ОДВЕДУВАЊЕ И ПРОЧИСТУВАЊЕ, НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И ЕКПЛОАТАЦИЈА НА СИСТЕМИТЕ И СТАНИЦИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА УРБАНИТЕ OТПАДНИ ВОДИ, КАКО И ТЕХНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ, ПАРАМЕТРИТЕ, СТАНДАРДИ НА ЕМИСИЈАТА И НОРМИТЕ ЗА КВАЛИТЕТ ЗА ПРЕДТРЕТМАН, ОТСТРАНУВАЊЕ И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ "Службен весник на РМ" бр. 73 од 31.05.2011

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево.

Годишна членарина:

24 000 денари

ПОБРЗАЈТЕ ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ! ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ!

на Македонија. На средбата двете организации разменија мислења за постоечката ситуација на полето на енергетската ефикасност во нашата земја, како и за состојбите во финансискиот сектор кој го покрива ова подрачје на енергетиката. ИПЦ се заинтересирани за нови финансиски алатки на пазарот на енергетска ефикасност, со што би се овозможила поголема конкурентност и заинтересираност на субјектите кои имаат намера да вложуваат во заштедата на енергија. Проект Училишен сервис на ЕВН Македонија По завршените работилници во училиштата низ Македонија, месецот мај мина го одбележување регионалните квизови на тема ‘Разумно користење на електричната енергија’. Се одржаа

Средба на европските геотермални општини во Кочани Во Кочани се состанаа претставници на европските геотермални општини и општина Кочани. Тема на разговор на оваа средба беа потенцијалите на геотермалниот басен на Кочани и примената на геотермална енергија во општини во Унгарија, Полска и Италија. Преставниците беа задоволни од она што им беше презентирано и од потенцијалот со кој располага Кочани. Тие заклучија дека системот во Кочани не е доискористен, а постои расположлива енергија за која треба да се најдат соодветни потрошувачи. повеќе...

Новости од Македонија Современа фасадна технологија на ЈУБИЗОЛ На 19 мај во просториите на Мултибизнис центарот во Скопски Саем, групацијата ЈУБ го презентираше нивниот фасаден систем ЈУБИЗОЛ. Правилното поставување на фасадата е од големо значење, па затоа беа презентирани најсовремените техники на поставување на фасада. Современите техники и материјалите со висок квалитет се од голема важност за одлични топлински карактеристики на ѕидот. Карактеристичен момент беше практичниот дел од презентацијата, каде посетителите можеа на дело да ги видат материјалите како и техниките кои беа презентирани.

во Охрид во ОУ „Климент Охридски“, Скопје во ОУ „7ми Марси“ и Струмица во ОУ „Видое Подгорец“. Регионалните квизови беа загревање за деветте победници кои продолжуваат понатака да ги измерат знаењата и снаодливоста во финалниот национален квиз закажан за јуни во Скопје. Децата освен здобиеното знаење од оваа специфична област се здобија со нови другарчиња и вредни награди.

Енергетски На 18 мај компанијата користење

ефикасна зграда (пасивна) во Струмица беше пуштен во употреба новиот објект на ЕКСПРО, изграден според сите препораки за ефикасност. на мерките за енергетска

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС УНДП – Тендер за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ за Тетово, Прилеп и Кратово • ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НАДЗОР "Службен весник на РМ" бр. 64 од 09.05.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕН НАДЗОР "Службен весник на РМ" бр. 64 од 09.05.2011 • ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНА ОЦЕНА (РЕВИЗИЈА) НА РУДАРСКИ ПРОЕКТИ

Специфичната потрошувачка на енергија за греење на овој објект изнесува 15 kWh/m2 god. Во овој објект применети се следните системи: изолација на покривот (вентилиран); изолација на надворешни ѕидови; изолација на под; енергетски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 98 ефикасни прозорци со к-стакла, геотермална топлинска пумпа вода-вода, систем за претходна подготовка на воздухот (греење и ладење) преку АВАДУКТ системот на РЕХАУ. http://www.ekspro.mk Еко Солар во посета на Бугарија Еко Солaр, заедно со претставници од државни институции и бизнис секторот од Југоисточна Европа засегнати за ЕЕ и ОИЕ учествуваа на 7. Конгрес и изложба за ЕЕ и ОИЕ кој се одржа во Софија. Се претставија излагачи од над 28 земји. Тие понудија најнови технолошки достигнувања, а лидерите разговараа за финансиските и економските прашањa за поддршка на овие два сектори. На конгресот, повеќе од 40 експерти ги здружија силите за подигнување на употребата на зелената енергија на повисоко ниво.

Страница 4 Промоцијата на гасниот проект „Јужен тек“ Во Брисел на 25ти Мај се одржа промоција на гасноинфраструктурниот проект „Јужен тек“. На промоцијата присуствуваше заменик министерот за економија на Р. Македонија, д-р Методиј Хаџи-Васков. На покана од министерот за енергетика на Руската федерација, Сергеј И. Шматк, беа поканети раководители на директоратите на ЕК, членови на Европскиот парламент, членови на Советот на Европа, постојани претставници на државите членки на ЕУ и национални енергетски регулатори и компании кои учествуваат во реализација на проектот „Јужен тек“. Повеќе Концесии за вода за 44 мали ХЕЦ Во просториите на Министерството за економија се одржа јавно отварање на понудите во постапката по петтиот Јавен повик за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроелектрични централи. Во согласност со тендерските правила понудувачите можат да поднесат понуди за повеќе локации за изградба на мали хидроелектрични централи. Повеќе

Новости од светот

Петте сесии беа насочени кон најновите трендови за ЕЕ и ОИЕ, нивно финансирање, енергетската ефикасност и децентрализирана енергија, електрична енергија и ОИЕ, како платформата ‘Smart Grid’. Повеќе на www.mk20.com Работилница на УСАИД/ИРГ На 26 мај во просториите на хотелот Холидеј Ин, се одржа работилница во организација на УСАИД и ИРГ, на која беа презентирани активностите и резултатите од остварениот пилот проект – санирање на состојбата на 3 станбени објекти (2 во Скопје и еден во Куманово) со цел смалување на потребата за енергија преку примена на мерки за енергетска ефикасност. Со финансиска помош (донација) од УСАИД, раководена преку ИРГ, Чешката компанија СЕВЕН, во соработка со македонските партнери Тимел Проект и Хабитат фор Хуманити Македонија, е остварен овој пилот проект, преку кој е смалена потрошувачката на енергија, со вградување на нови фасади. Собир на експерти од областа на ОИЕ и ЕЕ На 5 мај во просториите на Машинскиот факултет во Скопје се одржа 5. Собир на експерти од областа на ЕЕ и ОИЕ на тема „Проектни можности во областа на ОИЕ и ЕЕ во Република Македонија“. На ова случување, кое беше организирано од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, од страна на г-ца Елена Китановска, беа изложени активностите на проектот „ЕНЕР-СУПЛАЈ“ кој го спроведува АЕРМ во соработка со локалните власти од две македонски самоуправи, како и со агенции од регионот. Покрај оваа презентација, свое излагање на собирот имаа и г. Јован Гавриловски од БАС Програмата, како и г. Илија Саздовски од УНДП кој на присутните им ги пренесе досегашните постигнувања но и идните планови на тековниот проект “Ублажување на климатските промени преку подобрување на ЕЕ во градежниот сектор”. Последната презентација, според двочасовната временска рамка на овој собир, ја реализираше г. Дејан Јонузовски од општина Карпош, кој направи осврт на постигнувањата од аспект на ЕЕ во општина Карпош во периодот од 2008 до 2012 година.

ИФЦ издаде зелени обврзници од 134 милиони долари за инвестиции во ЕЕ и обновлива енергија ИФЦ издаде серија за зелени обврзници – Уридаши, како одраз на својата обврска за намалување на емисиите на стакленички гасови со поддршка на еколошки проекти во земјите во развој. Уридаши обрвзницата е обврзница деноминирана во странска валута и продадена директно на Јапонски мали инвеститори. Ова е трет пат што ИФЦ издаде обврзници поврзани со проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Тие проекти вклучуваат рехабилитација на електрични централи и преносни капацитети за да се намали емисијата на гасови, инсталации за сончева и ветерна енергија како и финансирање на нови технологии што резултира со значително намалување на емисиите. Повеќе

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.webseff.com

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации

МЕГАБИЛД Истанбул 08 - 11 септември 2011, Турција МЕГАБИЛД е еден од најпопуларните домашни и меѓународни собири на полето на градежната индустрија во Турција, чија цел е да ги собере на едно место производителите на градежни материјали, трговците на големо и мало, како и архитектите, изведувачите и инвеститорите. Повеќе... „6-та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи на одлуки и експерти. Пријавување Повеќе информации

Инвестициски форум за соларна енергија – Германија Енергија од ветер – Рим, Италија Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

98 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you