Page 1

Број 97

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

април 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец април, изобилуваше со активности кои преставуваа продолжување на обврските, како и реализација на нови задачи. Мацеф-ци на студиска посета во Велика Британија Атрактивните грантови на ГГФ достапни во Македонија Време е за сончев колектор на вашиот покрив - WidetheSEE Глобален форум за одржлива енергија, Виена Работни групи Згради и Индустрија – методологија за верификација на мерки за штедење енергија WidetheSEE со Решица, Романија Конкурс за истражувачко новинарство на WeBSEFF Овој месец измина во знакот на активностите за одбележување на Денот на планетата Земја и опоравувањето од јапонската катастрофа. На адресата на МАЦЕФ проследивме неколку реакции од загрижени граѓани – колку е опасно во Македонија да изградиме постројки на јадрена енергија - нуклеарки. После, оваа катастрофа, Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, ќе пристапи кон сериозни чекори за вградување на дополнителни заштитни системи и ригорозна контрола на извршување на предвидените рутини. Сепак, нуклеарките од соседството не се толку далеку, а имаат огромен придонес во економијата на тие земји. Катастрофа кај „комшиите“ ќе значи и наша грижа! Останува на нас, преку јавна дебата, да ги разјасниме и одмериме предностите и недостатоците од примената на овој тип на енергија. Таа дебата треба да се води со „ладна глава“ и да не се користи за стекнување изборни поени. Наш став е дека јадрената енергија МОРА ДА СЕ ИЗУЧУВА во академските институции. А после една или две декади, кога ќе има развиени и понапреднати технологии, можеби финасиските и енергетските услови во земјата ќе овозможат дури и развивање на овој проект. Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата... Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ Глобален форум за одржлива енергија

Од 28-29 април во Виена, се одржа Глобалниот форум: „Енергијата помеѓу Дунав и Кавказ: Улогата на Обновлива Енергија и Енергетска Ефикасност како двигатели и основа во економскиот развој на регионот“. Проф. К. Димитров, претседател на МАЦЕФ, на покана на организаторите, претседаваше со сесијата: Развојна политика и Институции за ОИ и ЕЕ во која земаа учество 6 презентери. К. Димитров имаше и презентација на тема: Енергетската ефикасност – Енергетски ресурс на Македонија. Во своето излагање ги претстави официјалните документи од енергетскиот сектор кои се усвоени во Македонија, а особено внимание придаде на предвидените мерки во Стратегијата за ЕЕ и првиот Национален Акционен План за Енергетска Ефикасност, кои беа изработени од страна на тимот на МАЦЕФ.

Оваа регионална GFSE Средба ги здружи национално засегнатите страни, меѓународни експерти и економските актери во Југоисточна Европа, регионот на Дунав, регионот на Црното Море и Кавкаскиот регион. Во фокусот на средбата беа активностите за зголемување на енергетската ефикасност (ЕЕ) и на уделот на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во овие региони. Главната цел беше овозможување на дијалог за идентификување на потенцијалите и решавање на пречките за ЕЕ и ОИЕ во овие региони, испитувајќи ги политиките и институционалните рамки, како и финансиските механизми, како и размена на искуства и најдобри практики. Посебно внимание се посвети на регионалниот пристап, иницијативите за соработка и вклучување на инвеститорите. Фокусот беше на: • Идентификување на патишта за примена на ОИЕ и ЕЕ проекти во рамките на регионалната соработка и стратегии; • Унапредување на развојот на управувањето ЕЕ и ОИЕ на регионално ниво како интегрална перспектива; и • Поттикнување на активен дијалог и соработка помеѓу приватниот сектор и енергетските експерти во овие региони

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 97

Страница 2

со фокус на дунавскиот регион - Југоисточна Европа црноморскиот регион - Јужен Кавказ. Извештајот од конференцијата можете да го превземете тука. Проект Wide the SEE by Succ Mode Од 13-15 април во Решица, Романија се одржа редовен состанок на Управниот одбор и работни средби на работните групи на проектот Проширување на употребата на термални сончеви колектори во ЈИЕ. На средбите се дискутираше за досега сработеното и следните чекори за забрзување на предвидените резултати од проектните активности особено во насока на просејување на резултатите од проектот и кампањата за јавно информирање. Конкретно, работната група „Домаќинства“ работеше на понатамошно разработување на кампањата за подигање на свеста на граѓаните за употреба на

сончеви колектори во Романија и Унгарија, во која според искуството предводи МАЦЕФ. Покрај другото, МАЦЕФ им го претстави на проектните партнери истражувањето на пазарот за стапката на свест и примена на топлински сончеви колектори во Македонија, како и боенката за деца која беше составен дел од изработката на кампањата на работната група домаќинства. Проектот ќе се претстави и на големиот мајски ЕКСПО за ЕЕ и обновлива енергија во Софија.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk Зелена кредитната линија - GGF Зелено за развој (GGF) е нов фонд за кредитни линии за проекти од секторот на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во Македонија. Реализацијата на кредитот се одвива преку локалната комерцијална банка - ИК Банка. Програмата предвидува и техничка поддршка на фирмите заинтересирани за инвестиции. Поддршката се реализира преку МАЦЕФ, а ја спроведуваат тим од искусни енергетски експерти (членови на МАЦЕФ и ЗЕМАК) за потребните насоки при подготовката на технички барања и оценка на техничките проекти пријавени за финансирање. Се очекува голем инерес за овој проект поради поволната финансиска шема, а и нужната потреба на клиентите за намалување на трошоците за енергија, било во фирмите или домаќинствата. МАЦЕФ со студенти од Универзитетот Американ колеџ Скопје, на студиска посета во Англија „Младината во Акција“ (Youth in Action), програмата на Генералниот директорат за енергија и транспорт на Европската комисија, е прва од ваков тип што ја финансира Британскиот

совет, а беше спроведена од Институтот за зелена економија од В. Британија. Активностите од оваа програма се реализираа од 10ти до 17ти Април во Оксфорд и Гластонбери, Англија. Во рамките на овој студиски престој се одржаа работилници и обуки за млади од 18 до 25 год. на тема „Зелена економија и Зелени работни места како одржливи алтернативи за намалување на климатските промени“. Студенти од Македонија, Ирска, Италија, Малта, Египет и Англија дебатираа за разликите и можностите помеѓу зелениот животен стил и воведување на нови пракси во постоечките професии кои би овозможиле економски развој со поголема грижа за

Колеџ Christ Church на Универзитетот Оксф орд

животната средина. МАЦЕФ во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје ја претставуваа Македонија со седум студенти придружувани од предавачот Македонка Димитрова. Искуството покажа дека ваков тип на учење и дружење кое цели кон важна тема за сите земји, е мошне продуктивно и создава поволна клима за идна соработка меѓу земјите, размена на културни навики и спознавање на предностите и недостатоците, преку надградување на капацитетите кај младите луѓе. Проект „Подготвување на методологија за следење, оценка и пресметка на заштедите од мерките за ЕЕ“ На трите состаноци беше презентиран начинот на пристап и подготовка на методологијата за потврдување на заштедите од мерките за ЕЕ предвидени со Стратегијата за ЕЕ и Националниот акционен план за ЕЕ. Првата презентација под името „Оценување и следење на енергетски заштеди кај крајните корисници и енергетски услуги - Метода од долу-нагоре“ ја одржа проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ, каде се осврна на начинот на подготовка на методологијата во делот на секторите за згради, транспорт и индустрија. Ги објасни препораките од ЕУ, нашиот и приодот на странските искуства кон овие прашања, како и важноста од подготовката на оваа методологија. Проф. Димитров даде акцент на математичките модели за пресметка на заштеди кај новите станбени згради, подобрувањето на обвивката на станбените згради, котли на биомаса, инсталација на топловодни кондензни котли за греење во затворен систем во станбени објекти, санитарна топла вода во домаќинства – сончеви загревачи на вода, подобрување на централна климатизација, интелигентни мерачи во домаќинствата. Од секторот транспорт беа изложени моделите за енергетска ефикасност на возила, промена на начините на транспорт на патници и еко возење, додека од индустријата беа опфатени моделите за котли на биомаса, енергетски ефикасни мотори и мотори со променлива брзина.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 97 Втората презентација: „Подготовка на методологија за следење, потврдување и пресметка“ ја одржа м-р Роберт Шарламанов, кој даде осврт на потребните податоци за добивање на вистинските вредности од заштедите добиени со примената на ЕЕ мерките. Ги потенцираше реалните можности и тешкотиите при прибирањето на информациите од страна на државните институции, при што даде предлози за тоа кои од овие институции реално би можеле да помогнат во соодветните сектори. Со претставникот од Државниот завод за статистика на Република Македонија беше договорен иден состанок за да се дефинираат податоците кои се на располагање во заводот, а се релевантни за точното пресметување на заштедите на енергија. На овие три состаноци беше нагласено и дека владините институции немаат доволно човечки ресурси за реализација на задачата за верификација на заштедите и дека бројот на вработени во секторот на обработка на информациите во енергетскиот сектор треба и мора да биде зголемен. Продолжува обуката на енергетските контролори Во рамки на завршната активност на овој круг од Обуки на енергетски контролори во организација и реализација на МАЦЕФ и МАЦЕФ Инт, курсистите на почетокот на април, пристапија кон реализација на практична задача. Тие го одбраа објектот во кој се наоѓаат канцелариите на УНДП, лоциран во стогиот центар на Скопје. Сите постапки се во тек. Конечниот исход е Извештај за енергетска контрола и препораки за понатамошно намалување на потрошувачката на енергија во објектот, како и техноекономска анализа на предвидените мерки. Првиот проект на WeBSEFF во тек! Започна финансирањето преку оваа линија, а првата фирма корисничка е „Европа“ фабриката за чоколади, вафли и бонбони од Скопје, која се задолжи кај Охридска банка за 770 000 евра. Инвестицијата во замена на котли, опрема за хемиски третман на вода, автоматска контрола на системот за производство на пареа, реконструкција на цевниот систем за пареа и поврат на кондензат, и модернизација на две производни линии ќе донесе зештеди во вредност од 260,000 евра на годишно ниво со период на поврат на заемот од 4,15 години. Исто така, во април, WeBSEFF, го промовираше натпреварот за истражувачко новинарство на тема ЕЕ и ОИЕ за македонските новинари, а наменет за подигање на свеста за политики, активностите и придобивките од ЕЕ и ОИЕ во македонската индустрија. Се предвидуваат вредни награди од банките учеснички - Охридска банка и ИК банка, а церемонијата на доделување е закажана за крајот на годината. Инфо на www.webseff.com. Kредитната линија на ЕБОР и ЕК финансира кредити до 2 милиони евра за фирми во Западен Балкан со значителен потенцијал за заштеда на енергија или потенцијал за искористување на обновливи извори на енергија. Кредитите ќе им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоците за енергија и да ја зголемат својата конкурентност, а достапни се преку Охридска банка – Societe General и ИК банка во Македонија. Најинтересен е готовинскиот грант во висина од 15% - 20% во зависност од типот на инвестицијата. На пример, 15% за проекти од енергетска ефикасност кај грејни системи, процеси и објекти (но, 20% за котли и мали постројки за когенерација/тригенерација). Локалната канцеларија на WeBSEFF е достапна од понеделник до петок, 8.00 – 17.00 ч. На 02 3090 130 или 070 383 738. www.webseff.com

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС •

Уредба за изменување на уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина

„Службен весник на РМ“ бр. 45 од 07.04.2011

Страница 3 •

• • • • • • • • •

Уредба за изменување и дополнување на уредбата за стратегиите, плановите и програмите на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето

„Службен весник на РМ“ бр. 45 од 07.04.2011

Закон за изменување и дополнување на законот за заштита од бучава во животната средина - Сл. Весник бр.

47/08.04.2011

Закон за изменување и дополнување на законот за управување со пакување и отпад од пакување

„Службен весник на РМ“ бр. 47 од 08.04.2011

Закон за изменување и дополнување на законот за квалитетот на амбиентниот воздух

„Службен весник на РМ“ бр. 47 од 08.04.2011

Закон за изменување и дополнување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа

„Службен весник на РМ“ бр. 47 од 08.04.2011

Закон за изменување и дополнување на законот за градежните производи -Сл. Весник бр. 47 од 08.04.2011 Закон за изменување и дополнување на законот за животната средина – Сл. весник бр. 51 од 13.04.2011 Закон за изменување и дополнување на законот за управување со отпадот- Сл. Весник бр. 51 од 13.04.2011 Правилник за начинот за вршење надзор

„Службен весник на РМ“ бр. 58 од 19.04.2011

Закон за градење (пречистен текст) – Сл.весник бр.

59 од 20.04.2011

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево.

Годишна членарина:

24 000 денари

ПОБРЗАЈТЕ ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

Новости од Македонија

Започнаа подготовките за реализација на „Ветерениот парк Богданци“ Започнаа подготовките за изградба на „Ветерен парк Богданци“ од страна на АД ЕЛЕМ заедно со германската консултантска куќа „Фихтнер“. Целта на овој проект е да ја промовира енергијата на ветерот како остварлив извор на енергија во Република Македонија. Целиот проект чини 55 додека 32,9 мил. евра ќе ги обезбеди германската банка КфВ, а останатиот дел ќе го обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. Активностите ќе се спроведат во рок од 20 месеци, а ќе почнат со изработка на тендер за набавка на опрема, изградба на пристапни патишта, трафостаница и приклучок на мрежа. Повеќе...

Прво сончево училиште во Македонија

Основното училиште ,,Видое Подгорец” од с. Колешино, општина Ново Село, со помош на УСАИД стана првото соларно училиште во Македонија. Во училиштето беше инсталиран фотоволтаичен систем кој се состои од 56 соларни панели и контролна соба. Системот ја трансформира сончевата енергија во електрична и ја дистрибуира до потрошувачите во училиштето, односно до компјутерите и другите електрични уреди, го обезбедува осветлувањето во училиштето, како и надвор во училишниот двор и спортското игралиште. Повеќе...

Завршена станбената зграда во Автокоманда која беше дел од пилот програмата за резиденцијална енергетска ефикасност

Имено, проектот за енергетска ефикасност во згради во кои живеат домаќинства со ниски приходи започна со реализација во февруари 2010 година, со целосна финансиска и техничка поддршка од УСАИД. Во спроведувањето на проектот беа вклучени повеќе партнери во делот на реализацијата на проектот, но поддршка на проектот дадоа и Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, ЕВН Македонија и АД Топлификација. Повеќе... ЕБОР во поддршка на четири мали хидроцентрали ЕБОР и одобри кредит на приватната фирма „ПЦЦ Хидро ДООЕЛ“ од Македонија во висина од 6 милиони евра за изградба на четири мали

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 97

Страница 4

хидроцентрали на реки низ Македонија. Финансирањето е поддржано со потпишање на договор од министерот за економија, Фатмир Бесими. Хидроцентралите ќе бидат вклучени во дистрибутивната мрежа. Повеќе... Македонија наскоро ќе биде дел од програмата за Интелигентна енергија на Европа Се финализираат последните чекори меѓу Европската комисија и Македонија за приклучување на Македонија кон програмата за Интелигентна енергија на Европа. Оваа програма помога во насока кон остварување на целите за климатки промени и енергија поставени од ЕУ. А локалните организации ќе имаат можност да зајакнат преку реализација на проектите. Повеќе... Зајакнување на РКЕ Утврдување на методолгијата и цената на енергенсите од аспект на независноста на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и рефлектирање на реалните трошоци на енергетсктите компании, предвидува Меморандумот за разбирање што беше потпишан меѓу Министерството за економија, Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) и РКЕ за натамошна соработка во делот на енергетиката и реализација на законската рамка во енергетиката. Повеќе... АД „Електрани на Македонија“ со добар старт годинава АД „Електрани на Македонија“ заклучно со 8 април 2011 година испорача над 2013 гигават часови електрична енергија во електроенергетскиот систем на Република Македонија, што претставува реализација на една третина од планираното производство согласно Енергетскиот биланс за годинава. Повеќе...

Новости од светот Европа може да ги намали емисиите на СО 2 за 30% Можно е намалување на емисиите на стакленички гасови за 30% до 2020 година само ако Европа ги исполни своите цели за енергетска ефикасност, покажуваат анализите на комесарот за климатски промени Кони Хедегард. Официјално, одделот за климатски промени на европската комисија тврди дека потенцијалот за намалување на емисијата на стакленичките гасови до 2020 година е 25%, доколку се исполни само една цел на ЕУ - подобрување на енергетската ефикасност за 20%. Повеќе... Нов закон за ОИЕ на Бугарија Бугарија го одобри новиот закон за обновлива енергија во обид да се намали ризикот од напливот на соларна и ветерна енергија по застарената електрична мрежа во земјата. Законот врши промена на одредбата за задолжително откупување на електричната енергија произведена од ОИЕ од страна на владата по високи, фиксни цени. Причината е што оваа одредба доведе до скок на инсталираните капацитети од над 6.000 мегавати – значително повеќе од можноста за прифаќање од страна на изградениот капацитет на мрежата во земјата. Повеќе... Трослоен соларен панел од RSLE најавува ултра ефикасност И покрај сиот ентузијазам кон технологијата на фотоволтажни панели, се досега тие имаат можност да искористат само 15%-20% од сончевите зраци. Новиот производ од RoseStreet Labs Energy (RSLE) е комбинација од трослоен пакет на фотоволтажни ќелии во секој панел, со што секој слој привлекува различен дел од сончевиот спектар со цел неговата ефикасност да се зголеми на 25%-35%. Повеќе... ЕУ мора да го зголеми влогот за да ги постигне целите за енергетска ефикасност ЕУ мора да потроши 270 милијарди евра во следните 40 години за да ги исполни целите за енергија до 2050 година вклучувајќи особено внимание и фокус кон енергетска ефикасност. За да се постигнат овие цели потребно е да се истражат можности за користење на природен гас наместо јаглен, искористување на обновливите извори итн. Повеќе... Занимливости Google вложува 168 милиони долари во проекти за сончева енергија Гугл инвестира 168 милиони долари во проекти од алтернативни енергии чија што цел е да се произведе доволно сончева енергија за да Повеќе... осветли 140,000 домови. „Тиквеш“ инвестира во одржлив развој По повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја, винарската визба „Тиквеш“ ја реафирмираше својата стратегија за контрола на користењето природни ресурси со што ќе се овозможи постојан раст на

компанијата, но истовремено ќе се придонесе за заштита на животната средина. Користењето на полесни шишиња, потенки картонски кутии за пакување и навојни затворачи за шишиња, таму каде тоа е возможно, ќе придонесе за значително намалување на емисијата на „стакленички“ гасови во атмосферата (т.н. „карбонски отпечаток“), кои се појавуваат во процесот на производство на амбалажа за пакување, како и за намалување на количината отпад што ја деградира животната средина. Повеќе Материјал од 100% рециклирачко стакло Изработен е систем на облоги од 100% рециклирачко стакло од американска архитектонска фирма Евергрин. Овој систем се нанесува со рака на претходно подготвена површина и добива блескава површина која потсетува на накит. Овој материјал не е штетен за околината, а може да се нанесе на било каква површина независно од обликот и величината. Повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.webseff.com

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации МЕГАБИЛД Истанбул 08 - 11 септември 2011, Турција МЕГАБИЛД е еден од најпопуларните домашни и меѓународни собири на полето на градежната индустрија во Турција, чија цел е да ги собере на едно место производителите на градежни материјали, трговците на големо и мало, како и архитектите, изведувачите и инвеститорите. Повеќе... Енергетска ефикасност во градежниот сектор 10-14 октомври 2011 г., Германија Информативно патување во Берлин и Лајпциг на тема „Енергетска ефикасност во градежниот сектор” наменето за институции, донесувачи Повеќе информации на одлуки и експерти. Пријавување 6-та меѓународна конференција за зелена енергија (IGEC-VI) Од 5 -9 јуни 2011, Ескисехир, Турција Оваа конференција ќе претстави клучни презентации, специјализирани сесии, како и говори со презентациски сесии од учесниците на различни субјекти кои се поврзани со зелената енергија. Повеќе... Форум за зелено рафинирање и петрохемикалии 17-ти Јуни 2011 г., Дубровник, Хрватска Дискусија за еколошки теми поврзани со нафта, гас и петрохемиска индустрија со фокус на најновите технологии, трендови, регулативи, теми и стратегии за намалување на емисијата на стакленички гасови. Повеќе... Десетта европска конференција за енергија и енергетски системи на IASTED (EuroPES2011) Oд 22- 24-ти Јуни 2011, Крит, Грција Оваа конференција ќе претставува главен форум за меѓународни истражувачи и професионалци во оваа област да ги презентираат последните истражувачки резултати и идеи во сферата на енергетиката. Повеќе... „6та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе...

Редакција: Цен тар за енергетска еф икасност на М акедонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ф. Стојановски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

97 infomacef  
97 infomacef  
Advertisement