Page 1

Број 96

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

март 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

Активности на МАЦЕФ Презентација на Акциониот план за одржлив развој [SEAP] на град Скопје во Градското собрание Напорната неколкумесечна работа за прибирање и обработка на податоците за потрошувачката на енергија во град Скопје се во последна фаза. Со колегите од Загреб, под чии надзор се

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец март, како и досегашниот период за вработените во МАЦЕФ, беше исполнет со активности, кои нé принудуваа да работиме ефикасно. СЕАП за град Скопје – јавна расправа Обука за контролори за ГГФ Време е за сончев колектор на вашиот покрив - WidetheSEE Работилница на ТАКСО WidetheSEE со база на производители на сончеви уреди Кредитна линија на ЕБОР/ЕУ за ЕЕ и ОИЕ во индустријата Со овој број прославуваме еден мал (но за нас многу голем) јубилеј – 8 години непрекинато излегување. Сеуште ни недостасува поголемо учество со информации од страна на членовите на МАЦЕФ, симпатизерите и целата енергетска јавност. Овие страници се отворени за Вашите информации, достигнувања, нови производи, нови реализирани проекти, коментари за насоките каде се движи нашето општество во секторот на енергетиката. Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

изработува СЕАП-от, на 22 март, се претстави нацрт програмата за Одржлив развој на енергетиката на градот Скопје, проект финансиран од страна на ГИЦ (ГТЗ). По ова следеше јавна расправа по документот. Со изработката на овој акционен план, треба да се намали емисијата на штетни гасови во градот за повеќе од 20% до 2020 година. Со воспоставениот систем за управување со енергијата и преостанатите мерки за подобрување на енергетската ефикасност, Градот Скопје ќе се обиде да ги намали трошоците за енергија во износ од најмалку 2.5% секоја година во текот на следните 9 години; да ја намали емисијата на стакленички гасови на минимум за истиот период; ефикасно да управува со трошоците за енергија за подобрување на економската ефикасност во објектите, како и за подобрување на продуктивноста и работните услови на вработените, но и континуирано да работи на зачувувањето на животната средина. Проектот се изработува како заедничка активност на градовите Скопје, Подгорица, Сараево и Загреб, во соработка со Фрајбург (Германија). Оваа обврска ја превзеде градоначалникот на град Скопје, потпишувајќи ја Повелбата на градоначалниците во Брисел минатата година. ВРЕМЕ Е ЗА СОНЧЕВ КОЛЕКТОР НА ВАШИОТ ПОКРИВ На 3ти март во Скопје се одржа меѓународна конференција на тема “Кон поволни услови за зголемена употреба на термални сончеви уреди во домаќинствата и индустријата“ каде беа претставени можностите, потенцијалите и слабостите со кои граѓаните на Европската унија, со фокус на регионот, се соочуваат во процесот на искористување на енергијата од сонцето за добивање на топла вода во домаќинствата и индустријата. Гостите од Романија и Грција претставија неколку успешни примери од регионот во доменот на хотелиерството и домаќинствата, додека домашните експерти зборуваа за пракси во Македонија вредни за следење. Во фокусот на оваа конференција беше претставувањето на резултатите од истражувањето на јавната свест за придобивките од користењето на термалните сончеви колектори, спроведено во Струмица и Куманово од страна на проектот. Истражувањето покажа дека само 4% од граѓаните користат сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода во домаќинствата, а над 81% се заинтересирани да постават сончев колектор, доколку имаат финансиска можност. Ако го земеме предвид фактот дека над 65% од испитаниците имаат постојано вклучен греач (бојлер), можностите за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 96 намалување на трошоците за енергија на ниво на домаќинство, во услови на постоечката цена на електричната енергија се огромни, а се повеќе ќе се зголемуваат. Македонија, со нивото на сончево зрачење и расположливоста на квалитетни термални сончеви уреди од домашно производство, може преку подигање на свеста да претставува одлична можност за секое домаќинство.

Страница 2 ИПА проектот „ЕУбилд енергетска ефикасност “ даде придонес во дискусијата.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

На пазарот постои и скромна понуда од комерцијалните банки за кредити со поволни каматни стапки и грејс период. Тоа претставува цврста основа за дизајн и почеток на кампања за подигање на јавната свест со наслов „Време е за сончев колектор на Вашиот покрив“. Конференцијата ја организираше проектот „Проширување на употребата на термални сончеви уреди преку успешни модели“ спроведуван од МАЦЕФ, а во соработка со Скопски саем/Ера сити и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на програмата ИПА (Транснационална програма за ЈИЕ). Превземете ги презентациите од конференцијата тука.

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk Обука на енергетски контролори за кредитната линија GGF Зелено за развој е нов фонд за кредитни линии за проекти од секторот на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во Македонија. Реализацијата на кредитот се одвива преку локалната комерцијална банка - ИК Банка.

Работна група во Министерството за економија Со изработката на Националниот акционен план за енергетска

ефикасност се дефинирани мерките за зголемување на ефикасноста. Во моментов се изработува методологија за следење и определување на големината на заштедената енергија со предвидените мерки. Работната група (член е $ претставник на МАЦЕФ) ја приспособува предложената методологијата која ја користат ЕУ членките, кон македонски услови. Формирана е главна работна група, која го одржа првиот состанок, а работата ќе се одвива во секторски работни групи и тоа: згради, индустрија и транспорт. Организатор е Министерството за економија. Информативен состанок на ТАСКО за регионални ИПА проекти

„Техничката поддршка за граѓанските организации ТАСКО“на 11-ти март во Скопје одржа состанок за техничка поддршка на организациите вклучени во регионалните ИПА проекти. Се дискутираше и разменуваа искуства за прашања поврзани со оваа програма. МАЦЕФ, како организација имплементатор на

За успешна реализација на програмата и техничка поддршка на фирмите, се спроведе обука на тим од искусни енергетски контролори (членови на МАЦЕФ и ЗЕМАК) за потребните насоки при подготовката на технички барања и оценка на техничките проекти пријавени за финансирање. Обуката ја реализираа експери на германската организација Finance in Motion, и тоа г. С. Волф и г. Х. Ренген од MACS GmbH-Management & Consulting Services. Обуката локално ја овозможи МАЦЕФ кој истовремено ја врши функцијата на организатор на активностите меѓу банката-клиентите-контролорите. Се очекува голем интерес за овој проект поради поволната финансиска шема, а и нужната потреба на клинетите од намалување на трошоците за енергија било во фирмите или домаќинствата. ИК банка е прва банка во Македонија која се здоби со Уверение за енергетски карактеристики на градежен објект за административниот објект во Скопје што претставува пример за следење. Проект „Училишен сервис“ На 5ти Март се одржа националниот квиз „Разумно користење на електрична енергија“. Ова е прв квиз за деца од ваков тип на национално ниво, во организација на ЕВН, МАЦЕФ, Конект, а со поддршка на Младински Совет, Планетум и Жетва на знаење. Настанот се покажа успешен, пред сѐ забавен и едукативен.

Домаќини беа учениците од ОУ„Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром. Овој квиз претставуваше предизвик за најмладите и знаењето го измерија најдобрите, односно,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 96

Страница 3

победниците од претходните три регионални квиза. Победата од овој квиз ја понесе ОУ „Св. Климент Охридски“ од с. Дрслајца-Струга, на второ место се најдоа ОУ „Браќа Миладиновци“, Струга и третото место им припадна на учениците од ОУ„Кузман Јосифовски Питу“, Кичево. Во рамките на овој квиз, беа наградени и учениците кои учествуваат во литературниот и ликовниот конкурс што трае во текот на целата учебна година, за кој учениците непрестајно испраќаат свои творби и идеи инспирирани од темата „Разумно користење на електрична енергија“. Прво наградените на крајот од учебната година ќе имаат можност да ги посетат: ХЕЦ „Матка“, Центарот за односи со корисниците на ЕВН Македонија, а заедно со другите учесници ќе уживаат во првата патувачка детска опера „Јованче и Марика“. Се разбира не запираме тука, нѐ чека плодна пролет, уште многу едукативни работилници кои треба да ги оствариме низ Македонија и следната серија квизови закажани за крајот на второто полугодие. Ако трошоците за енергија го осакатуваат Вашиот профит – Решението е во WeBSEFF! WeBSEFF е кредитна линија овозможена преку Европската банка за обнова и развој и Европската комисија за кредити до 2 милиони евра за фирми во Западен Балкан со значителен потенцијал за заштеда на енергија или потенцијал за искористување на обновливи извори на енергија. Кредитите ќе им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоците за енергија и да ја зголемат својата конкурентност, а достапни се преку Охридска банка – Societe General и ИК банка во Македонија. И најповолно е дека, за да осигури дека вашите проекти се онаа најдобрата опција за вас, и дека ќе ви ги отплатат вашите вложувања за најмногу пет години, тим од технички и финансиски експерти се бесплатно достапни да осигурат најдоброто решение и брза отплата на инвестициските трошоци преку заштеди. Но, веројатно вие би биле највеќе заинтересирани за фактот дека проектите финансирани преку WeBSEFF се погодни за готовински грант во висина од 15% или 20% во однос на типот на инвестицијата. На пример, 15% за проекти од енергетска ефикасност кај грејни системи, процеси и објекти (но, 20% за котли и мали постројки за когенерација /тригенерација). Бидејќи извесен дел од парите е веќе издвоен за проекти, ако имате потенцијално подобен проект, не се колебајте да се пријавите. Локалната канцеларија на WeBSEFF е достапна од понеделник до петок, 8.00 – 16.00 ч. На 02 3090 130 или 070 38 37 38. www.webseff.com

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи - „Службен весник на РМ“ бр. 32 од 16.03.2011 • Закон за изменување и дополнивање на законот за техничка инспекција - „Службен весник на РМ“ бр. 36 од 23.03.2011

Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево.

Годишна членарина:

24 000 денари

Град Скопје со Инфо центар за ЕЕ Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Валтер Лојкс, заменик амбасадор во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, свечено ја отворија Канцеларијата за управување со енергијата и Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори на 23 март.

Канцеларијата е отворена во просториите на Градот Скопје, во рамките на Регионалниот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“- „Capacity Building for Energy Management in Cities” (Capital Cities Initiative – CCI), како резултат на соработката меѓу Градот Скопје и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – ЕЕ при Германското друштво за интернационална соработка, а е целосно финансирана од GIZ. Главните задачи на новоотворената Канцеларија за управување со енергија и Инфо центарот за енергетска ефикасност ќе бидат: надзор над потрошената енергија (електрична енергија,

нафта, гас, вода..) во сите објекти во сопственост на градот; анализа на податоците за потрошената енергија; презентирање на резултатите од анализата и споредување со индикаторите за потрошена енергија кај слични објекти; спроведување на енергетски оцени за објектите, развој и предлагање на проекти за подобрување на ЕЕ, односно основни пресметки за исплатливоста на инвестицијата; подготовка на извештај за потрошената енергија и постигнатите резултати и презентирање пред надлежните органи; подготовка на проекти за пристап до различни ЕУ фондови; следење на спроведувањето на проектите; планирање на енергијата на локално ниво и раководење со енергетските ресурси (на пример, развојот за користење на обновливи извори на енергија); информирање и едуцирање на граѓаните и вработените преку Инфо центарот за енергетска ефикасност.

Новости од Македонија Сончева електрана во Битола ќе биде реалност Француски консултантски компании изготвуваат физибилити студија за изградба на термоцентрала на сончева енергија во Суводол кај Битола. Оваа студија треба да покаже дали сончевата електрана ќе биде автономна или хибридна. Во следните месеци конзорциумот ќе ја испитува економската исплатливост и техничката изводливост на пилот проектот за искористување на Сонцето како обновлив извор на енергија во производството на електрична енергија во Македонија. Грантот за овој проект го доделува француското Министерство за економија и финансии како израз на поддршка за приближување на Македонија кон ЕУ. Грантот е во износ од половина милион евра и доколку се реализира овој проект ЕЛЕМ ќе произведува над сто милиони киловат часови годишно чиста и еколошки прифатлива сончева енергија. повеќе... Доделени грантови од УСАИД Со цел поттикнување на енергетската ефикасност Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД додели грантови на пет македонски невладини организации. Грантот е во износ од над УСД 5,1 мил., наменети за проекти за поддршка на претприемништвото и енергетската ефикасност во земјава. повеќе... ЕБОР во поддршка на седум мали хидроцентрали Министерот за економија, Фатмир Бесими потпиша директен договор со ЕБОР, а истовремено ЕБОР потпиша договор со Конзорциумот „Феро инвест“ – „Гранит“ со кој се реализира

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 96

Страница 4

кредитната линија од шест милиони евра и се обезбедува континуитет во реализација на проектите за мали хидроцентрали одобрена во декември минатата година. Со вакви чекори Македонија се приближува до стратешките цели во енергетскиот сектор особено со примената на обновливите извори на енергија и зголемување на ЕЕ. повеќе...

Новости од светот Со заштеда на енергија може да се избегнат 98 нуклеарни реактори Доколку ЕУ Директивата за еко-дизајн од 2009 се спроведе целосно, заштедите на енергија кај крајните корисници до 2020г. година може да ја намали потребата за уште 98 нуклеарни реактори со големина на оние во Фукушима. Овој податок е добиен од пресметките на Европската организација за стандардизација на граѓаните за животна средина (ECOS). Повеќе Пазарот на енергија од ветер предвидува мал напредок Нова петгодишна прогноза предвидува раст на пазарот на енергија од ветер со инсталирани капацитети од над 40 GW во 2011 година. До 2015 година, глобалниот совет за ветерна енергија (GWEC) во својот годишен извештај очекува глобално инсталираниот капацитет да се зголеми двојно - од 194,4 GW на 450 GW. Повеќе

Тим на научници од Кина развија водоотпорен слој кој ги имитира високо рефлектирачките способности на листот од тополата, што може да доведе и до создавање нова генерација на материјали за ладење на покривите на објектите. Листовите од топола и „Ладениот покрив“ се однесуваат на рефлектирачките својства кои ја спречуваат апсорпцијата на вишокот на топлина. Научниците набљудуваа дека кога сонцето е најсилно, листовите од тополата се вртат на начин што ја изложуваат својата силна сребренкаста рефлектирачка позадина на директното сончево зрачење. повеќе...

Корисни web-адреси Хит на месецот – www.webseff.com

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

Манифестации

Со Стратегија за енергетика на ЕУ до 2050 г. ќе се штеди Европа мора да инвестира многу во ефикасноста за ограничување на трошоците за енергија и да ги надмине сопствените цели за намалување на емисиите на стакленички гасови. Ова е ставот на ЕК. Голем дел од вкупната дополнителна инвестиција ќе биде обезбедена од заштеди во увозот на нафта. Повеќе

Глобален форум за одржлива енергија 28-29 април 2011, Виена, Австрија Енергијата помеѓу Дунав и Кавказ: Улогата на ОЕ и ЕЕ клучно прашање во економскиот развој Повеќе

Интелегентните мерачи или не?! Домаќинствата треба да очекуваат нивните сметки за електрична енергија да се зголемуваат, како што Европа ќе се префрла на чиста енергија и застарените мрежи постепено ќе се заменуваат со нови „интелигентни“ мрежи. Добрата вест е дека интелегентните мерачи треба да им помогнат на потрошувачите за подобра контрола на своите сметки, но дали тие навистина ги сакаат овие мерачи? Повеќе

DEMI 2011 Од 26 - 28 мaј 2011, Бања Лука , Република Српска, БИХ 10-та меѓународна конференција за достигнувањата во полето на електротехниката, машинството и информатичкото инженерство. Повеќе

Најголемиот фотоволтажен систем во суб-сахарска Африка Седиштето на програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) во Најроби, Кенија, почна да користи сопствена сончева енергија. Изграден е фотоволтажен систем со капацитет од повеќе од 500 kW од страна на германската компанија Energiebau Solarstromsysteme GmbH со што административната зграда на УНЕП стана првиот енергетски неутрален објект од овој размер во Источна Африка. Зградата на тој начин стана модел за ЕЕ и заштита на животната средина. Повеќе Светот си поврати 13ТWh електрична енергија потрошена од спам мeилови Можеби билионерот Бил Гејтс нема направено многу за животната околина и парите не ги вложува за глобални проблеми кои го тресат светот, но сепак нешто се промени. Неодамна Мајкрософт му врати на светот 13ТWh електрична енергија која се трошеше секоја година на испратени спам мeилови. Одделот за дигитални злосторства на Мајкрософт во соработка со извршителите на законот ја „соборија“ најголемата мрежа во светот за спам пораки Русток. повеќе...

Занимливости За ЕЕ „Ладен покрив“, пробајте листови од топола

Е- камп 2011 25ти – 29ти мај 2011, Кападокија, Турција

Повеќе...

Снабдување на системи за отпадни води во објекти – дизајн, конструкција и експлоатација Од 12-ти дo 13-ти Maј 2011, Варшава, Полска Конференцијата е со намена за размена на знаење и гледишта врз основа на теоретскиот и практичниот дел во полето на потрошувачката Повеќе на вода и отпадни води во објекти. 6-та меѓународна конференција за зелена енергија (IGEC-VI) Од 5-9 јуни 2011, Ескисехир, Турција Оваа конференција ќе претстави клучни презентации, специјализирани сесии, како и говори со презентациски сесии од учесниците на различни субјекти кои се поврзани со зелената енергија. повеќе... Форум за зелено рафинирање и петрохемикалии 17-ти Јуни 2011 г., Дубровник, Хрватска Дискусија за еколошки теми поврзани со нафта, гас и петрохемиска индустрија со фокус на најновите технологии, трендови, регулативи, теми и стратегии за намалување на емисијата на стакленички гасови. повеќе... Десетта европска конференција за енергија и енергетски системи на IASTED (EuroPES2011) Oд 22- 24-ти Јуни 2011, Крит, Грција Оваа конференција ќе претставува главен форум за меѓународни истражувачи и професионалци во оваа област да ги презентираат последните истражувачки резултати и идеи во сферата на енергетиката. повеќе... „6та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

96 infomacef  
Advertisement