Page 1

Број 95

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

февруари 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец февруари, како и досегашниот период за вработените во МАЦЕФ, беше исполнет со активности, кои не’ принудуваа да работиме ефикасно. Уверение за енергетски карактеристики на објект – ИК Банка Програма за ЕЕ на општина Центар СЕАП за град Скопје Нов проект на МАЦЕФ- ЕBUILD WidetheSEE со база на производители на сончеви уреди Кредитна линија на ЕБОР/ЕУ за ЕЕ и ОИЕ во индустријата Очите на светот се сé понасочени кон заштита на животната средина, намалување на употребата на фосилни горива, совети за заштеда на енергија во услови на комфорни живеење и работење. Самитите на големите како што се Г-6 и ОН се редовно проследени со голем интерес. Со цел да го доближиме до поширока публика тоа што МАЦЕФ-ци го прават веќе 9 години преку странски проекти и придонес кон домашните активности и стратешки документи следете нé на www.facebook.com Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ МАЦЕФ го врачи првото уверение за енергетски каратеристики на градежни објекти Честа и припадна на ИК Банка која е воедно и прв комерцијален објект кој има направено енергетска контрола. Тимот на МАЦЕФ го посети објектот, изврши мерања со помош на мерна опрема за температура, осветлување, бучава и направи термовизиски мерења. По собрањето на податоците, направената анализа и пресметки во ЕНСИ ЕАБ софтверот, се добија очекувани резултати - ИК Банка припаѓа во рангот на ЕЕ објекти, но сепак постои можност да се применат уште неколку мерки кои би овозможиле поголема заштеда на енергија. Се надеваме дека и други комерцијални објекти ќе го следат овој пример и ќе се приклучат кон семејството на енергетски ефикасни објекти. База на производители на сончеви уреди на WidetheSEE За подобро информирање и презентирање на целите на проектот Wide the SEE by Succ Mod, тимот на МАЦЕФ ја продолжи праксата на информативни средби со производители на сончеви колектори ширум земјава. Разменети беа искуства и беше информирано за досегашната работа во рамките на проектот. Целта е да се зголеми свеста за употреба на домашни сончеви уреди пришто тие имаат достапно сервисирање доколку има потреба од него и пониски транспортни трошоци. На овој начин се поттикнува и растот на домашната економија. Секако средбите со производителите послужија како подготовка за меѓународната конференцијата на тема „Кон поволни услови за зголемена употреба на термални сончеви уреди во домаќинствата и индустријата“. Посетите започнаа во просториите на штипската компанија Еко Солар на 14ти февруари. Состанокот беше одржан со г-ѓа Лилјана Шуманска. Потоа на 16-ти посетите продолжија во прилепски компании. Во Еуротерм, на состанокот присуствуваа г. Калиманов и г. Паневски, претставници на проектот и г. Стрезоски и г. Мицкоски, а во Зрак, се сретнаа со г. Топчиоски. Во Скопје, на 23ти беше остварена средба со г. Пеев, претставник од компанијата Тиверија. Со овие посети ја комплетиравме базата на податоци на производители и инсталатери и застапници на странски производители на сончеви уредеи и опрема во Македонија, таа наскоро ќе биде објавена на вебстраницата www.widethesee.eu

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 95 Успешен почеток на проектот Eubuild Energy Efficiency

На 10 февруари, околу 150 организации се состанаа во Истанбул за официјално да ги започнат нивните 32 проекти кои добија поддршка од Европската комисија. Г-дин Андрис Кестерис, главен советник за граѓанско општество и интеринституционални односи на Генералниот директорат за проширување, ги поздрави присутните и претседаваше со настанот. На овој настан проектните лидери и нивните партнери беа информирани од страна на вработените во Комисијата за важечките процедури и правила. На настанот учествуваше и г. Игор Петрушевски, претставник на МАЦЕФ, проектен партнер на проектот „Eubuild Energy Efficiency секторска соработка за финансирање на ЕЕ во згради во рамки на ЕУ регулативите и обврзувачките документи“. Воедно партнерите во овој проект, чиј лидер е турската комора на производители на градежни материјали, одржаа презентација на проектот пред турската јавност. Повеќе информации за проектот може да најдете тука. СЕАП за град Скопје во финална фаза Во финалната фаза од изработката на Акциониот план за одржлива енергија (СЕАП) на град Скопје, а во рамки на регионалниот проект на ГИЦ (бившо ГТЗ), се напорите за затворање на пресметките за јаглеродни емисии, мерки за ЕЕ и нивни влијанија, можности за финансирање на мерките и уште многу други содржини кои сеопфатно ја претставуваат состојбата во Градот. Во пресрет на официјалното пуштање во употреба на новата канцеларија и инфоцентарот на Одделението за енергетика, ЕЕ и ОИЕ на влезот во административните простории на град Скопје на 23 март 2011 г., ќе претходи јавно претставување и расправа по предлог СЕАП-от на 22 март во град Скопје. За таа цел г. Влатко Калински, проектен раководител на СЕАП ГИЦ/УНДП од Загреб оствари работна средба со тимот кој работи на проектот во МАЦЕФ. Проект „Училишен сервис“

Како што најавивме во предходниот број, месец февруари го одбележија регионалните квизови во рамките на овој проект. Со тоа заврши уште една успешна фаза од проектот „Училишен сервис“. Регионалните квизови се новина оваа година во проектот. Тие се на тема „Разумно користење електрична енергија во домот и училиштето“. На квизот се изведуваат 3 игри, кои учесниците ученици ги играат со тоа што со елиминација низ игрите остануваат 3 победнички места кои продолжуваат понатаму во

Страница 2 финалниот национален квиз заедно со победниците од другите региони. Првиот регионален квиз се одржа во Охрид на 16ти февруари во ОУ„Климент Охридски“. Победата од овој квиз ја понесоа ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ од Кичево; ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга и ОУ „Св. Климент Охридски“ од с. Дрслајца, Струга. За вториот регионален квиз, кој се одржа во Скопје, домаќин беше ОУ„Дане Крапчев“ од нас. Маџари, Скопје кој воедно го понесоа третото место. Второ место беа учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ од нас. Аеродром, Скопје и првото место го понесоа учениците од ОУ„Ристо Крле“ од с. Кадино од Скопје. Предизвик претставуваше и третиот регионален квиз кој исто така помина успешно. Тој се одржа во Домот на АРМ во Струмица. Победничките места од овој квиз ги понесоа основните училишта ОУ„Добре Јовановски“ од Прилеп; ОУ „Тодор Хаџи Тефов“ од Кавадарци и ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино. Успешниот крај на трите регионални квиза е најава за финалниот квиз на национално ниво во Скопје. Во меѓувреме, предвидените работилници во училиштата за второто полугодие продолжуваат паралелно да се реализираат. Собир на експерти од областа на ЕЕ и ОИЕ На 24 февруари, во просториите на Машинскиот факултет во Скопје беше одржан третиот собир на експерти од областа на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност. На оваа средба свои презентации одржаа експертот за топлински мостови д-р Петар Николовски со тема „Нискоенергетски и пасивни објекти“ и Александар Толевски, директор на ЕСКО ФОНКО кој ја опфати темата за геотермалните топлински пумпи. Средбата беше збогатена со повеќе присутни меѓу кои и професори од машинскиот и архитектонскиот факултет од Скопје, засегнати компании, невладини и странски организации коишто работат на оваа проблематика меѓукои и претставник на МАЦЕФ, инж. Ж. Илиевски. МАЦЕФ, со своите скромни човекови ресурси се обидува да учествува и придонесува кон развој на активен дијалог помеѓу засегнатите страни во секторот на енергетика и животна средина. Висок претставник на СБ во посета на Македонија Локалната канцеларија на Светска банка (СБ) во Скопје, неколкупати годишно е домаќин на високи експерти од Банката, кои во консултации со локалните чинители во тематски области препорачуваат политики за унапредување на домашната економија, од кои понатаму произлегуваат планови и програми за работа и можности за финансиска и техничка поддршка на конкретни активности. Во февруари, со цел дефинирање на предуслови за развој на проектна програма за примена на Механизми за чист развој во секторот на згради, во Македонија престојуваше г. Јари Вајтинен, постар специјалист за животна средина во СБ. Тој имаше средба со проф. д-р К. Димитров од МАЦЕФ, на кој се разговараше за досегашните искуства, приликите, можностите и предизвиците за развој на програма за поддршка во потесната област. МАЦЕФ со полна пареа за унапредување на мисијата На 15 февруари со Скопје се одржа средба помеѓу МАЦЕФ и GREEN – Greening Business through Enterprise Europe на која се разговараше за можности за идна соработка. Беа усогласени ставови и дискутирани можности за соработка во делот на промоција на мерки за ЕЕ во стопанството, како и градење на човекови капацитети преку реализација на тематски обуки и тренинзи. Пуштен во употреба Дублет-системот на „Геотерма“ Проектот Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем „Геотерма“ е прв од ваков вид на Балканот. Инвестицијата висока 2 милиона евра е донација од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 95 Владата на Република Австрија со мало учество на Министерството за животна средина и просторно планирање. Изграден е еден експлоатациски бунар со капацитет од 50 l/s, реинјективен бунар, поврзен цевковод во должина од 3,5 km и топлоизменувачка станица која работи со затворен систем на експлоатација на геотермалните води. Вака крајните корисници ги штедат своите инсталации, нема корoзија, оштетување и не се чувствува агресивноста од геотермалните води. Со директна експлоатација и реинјектирање на 350.000 м3 геотермална вода, со оддавање на топлинската енергија ќе се заменат 1600 t/y нафта за загревање на оранжерискиот комплекс од 6 ha, со што се намалуваат емисиите на гасовите и другите штетни материи. МАЦЕФ одигра голема улога во подготвителната фаза на проектот, како консултант и ревидент на целокупната документација вклучувајќи машинство, електрика и градежен дел. Работата на системот свечено отпочна на 22 февруари.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Страница 3 управување со пазарот на ел. енергија и дистрибуција на ел. енергија

„Службен весник на РМ“ бр.21 од 21.02.2011

Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево.

Годишна членарина:

24 000 денари

Гасификацијата се актуелизира Сведоци сме на засилено внимание кон гасификацијата на земјата од страната на владините тела, а под притисок на претставниците од индустријата во услови на континуиран раст на цените на енергенсите. Во таа насока, се одржа координативен состанок во град Скопје, на кој градоначалникот Коце Трајановски и д-р Гинтер Офнер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија разменија ставови и можности за соработка во планирање и развој дистрибутивна мрежа за гасификација на град Скопје. МАЦЕФ пред четири години изработи Студија за потенцијалите за потреба од гас кај претрпијатијата кои стопанисуваат на територијата на градот во соработка со ЕВН Македонија. Изработка на програма за ЕЕ на општина Центар Енергетските експерти и помлади соработници во МАЦЕФ продолжуваат со изработката на ОПЕЕ на општина Центар. Првата фаза која подразбира увид на состојбите во објектите на „лице-место“ се реализираше успешно. Во тек е анализа на собраните податоци и нивно сумирање. Паралелно се работи и со надлежните во општината и надградба на нивните капацитети со цел продолжување на процесот по комплетирањето на програмата.

Новости од Македонија

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk Зголемен профит за индустријата во кредитите на ЕБОР На македонските приватни бизниси им е достапна Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан – WeBSEFF овозможена преку ЕБОР и ЕУ/ Фонд за Западен Балкан. Ова е најповолна линија во регионот, бидејќи освен конкурентните каматни стапки, обезбедува готовински грантови во однос на обемот на кредитот како и бесплатна експертска помош за проектните спонзори со цел да им помогне да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност од 100.000 - 2 милиони EUR по проект. Охридска банка - Societe General и ИК банка се веќе во преговори со клиенти – идни корисници на средствата и поддршката која ги нуди програмата. Канцеларијата на WeBSEFF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978.

• •

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Зaкон за енергетика

„Служ бен весник на РМ “ бр.16 од 10.02.2011

Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење

„Службен весник на РМ“ бр.19 од 16.02.2011

Правилник за цени на ел. енергија на тарифни потрошувачи

Правилник за начинот и условите за определување регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на ел. енергија, организирање и

„Службен весник на РМ“ бр.21 од 21.02.2011

Усвоивме нов Закон за енергетика Парламентот на Република Македонија го усвои новиот Закон за енергетика. Законот поставува генерална законска рамка за домашниот енергетски сектор вклучувајќи струја, гас, обновлива енергија, енергетска ефикасност, нафта и безбедност во снабдувањето. Секретаријатот на Енергетската Заедница бараше нов закон во согласност со законодавството на ЕУ во контектс на процедурата за решавање на спор, и потоа му помогна на министерството во неговото изготвување. Повеќе Канадски бизнис заинтересиран за ветерници во Македонија Канадската компанија Трилиум Холдинг сака да инвестира 34 милиони евра во изградба на ветерници во близина на Богданци. Изминатиот период го испитуваа потенцијалот на ветерот во југоисточна Македонија. Регионот веќе важи како еден од најпогодните за производство на електрична енергија од ветер и инвестиции во него веќе најавија и други компании. Покрај ветерниците заинтересирани се и за изградба на мали хидроцентрали. Повеќе Маслодајна репка ќе го чисти велешкото олово Тешките метали од почвата во Велешко ќе се отстрануваат со насади од маслодајна репка, која потоа ќе се користи за производство на биогориво. Загадените земјоделски површини со тешки метали во Велешко ќе се чистат со одгледување маслодајна репка, која потоа ќе се преработува во биогориво. Овој процес на отстранување на оловото и на кадмиумот од почвата е избран бидејќи репката е хиперакумулатор на тешките метали од почвата и може да се користи за производство за биогориво. За негова реализација, обезбедена е финансиска помош од норвешката амбасада за одгледување и откуп на маслодајната репка, како и за соодветна опрема. Проектот ќе трае три години. Повеќе ЕЗ посочи на напредокот na Македонија во енергетиката Министерот за економија на 18 февруари 2011 година одржа работна средба во Секретаријатот на ЕЗ во Виена. Целта на состанокот беше да се презентираат законските решенија од новиот Закон за енергетика. Се разговараше, за регионалната стратегија, каде што се спомнаа енергетските проекти значајни за регионот како што се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 95

Страница 4

гасификацијата и електроенергетските интерконекции со Албанија, Косово и Србија. На состанокот се разговараше за имплементацијата на законот за енергетика, и подзаконските акти, каде што се спомна иницијативата за соработка, а имаше предлог да се потпише меморандум за соработка меѓу Енергетскта заедница, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Повеќе Новости од светот Собирање топлинска енергија од патиштата Одделението одговорно за изградба на Баскискиот центар технологија, Tекналија, е учесник во Pavener проектот, кој има за цел развие систем за собирање на сончевата енергија апсорбирана асфалтираните површини. Двегодишниот проект е предводен групацијата Campezo. Повеќе

за да од од

Онтарио со 40 нови проекти за ОЕ со повластена тарифа Вкупно 872 MW енергија од обновливи извори ќе се генерира во рок од една до три години во Онтарио, од 40 новоодобрени проекти. Онтарио нуди цена од 44,3 центи за kW/h за сончева и 13,5 центи за kW/h за енергијата добиена од ветерот. Повеќе Во Европа енергија од сонце и ветер на претек, потребна е подобра мрежа Развојот на алтернативната енергија треба да се одвива паралелно со зајакнувањето на електричната мрежа, во спротивно ќе се создаде презафатена мрежа која ќе го задржува капацитетот на производството. Таков пример е случајот со германската мрежа која е пример за дисбалансирана структура, собирањето на сончева и ветерна енергија од една страна и застарената мрежа од друга страна. Повеќе Европа бележи пораст на емисиите на CO2 и економски раст Емисиите на CO2 во Европа пораснале како што економиите на континентот излегуваат од рецесијата во 2010 година. Емисиите од индустријата се зголемиле за 4%, додека емисиите од производство на енергија (електрична и топлинска) пораснле за 2%, според проценките содржани во новиот извештај на водечкиот аналитичар на пазарот на јаглеродни емисии - Point Carbon. Повеќе Гасоводот ТАП најде партнер на Западен Балкан Транс-Јадранскиот гасовод (ТАП) и Плинакро, систем оператор за пренос на природен гас во Хрватска, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се обезбедува идно проширување на планираниот гасовод кој ќе ги поврзува Албанија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Повеќе Парламентот се бори со обврзувачките заштеди Претседателот на Комсијата за животна средина при Европскиот парламент ја предупреди ЕУ дека извршната власт ќе се соочи проблеми во врска со обврзувачките цели за ЕЕ. Зголемувањето на заштедата на енергија за 20%, е единствената од трите ЕУ 2020 цели која не е задолжителна, но и единствената која е на добар пат да не биде исполнета. Наместо тоа, се предвидуваат заштеди од само 9-11%. Повеќе Енергетскиот самит се справува со навиката за користење на фосилните горива На првиот енергетскиот самит, лидерите на ЕУ се согласија да ги соединат и зајакнат енергетските мрежи, давајќи поттик на индустријата за ОИЕ со што ќе помогнат за намалување на растечката зависност на Европа од фосилните горива. Едногласен ставот дека понатамошниот „зелен“ развој ќе побарува висока технолошка „паметна“ енергетска мрежа – чие чинење се проценува на околу 200 милијарди евра, за пренос на ел. енергија добиена од ветерниците од север и од сончевите електрани од Медитеранот до градовите како Париз и Прага. Повеќе Занимливост: Електрична енергија од морските бранови Еден од најновите извори на алтернативна енергија е всушност и еден од најстарите, силата на водата, но не која било, туку силата на морските бранови. Постојаното силно удирање на океанските бранови во ова време на годината им даде идеја на инженерите што се занимаваат со енергијата на морето, таа енергија да се искористи како извор на електрична енергија. Една норвешка компанија предлага редизајнирање на браните на заливите и на влезот на заливите со вградување генератори за електрична енергија. Дизајнот ќе предвидува комори отворени кон брановите што надоаѓаат. Кога брановите ќе удрат во тие заливски брани, водата ги полни коморите до местото каде што се

наоѓаат турбини. Всушност тоа е многу слично со хидроцентралите, само што низ нивните турбини водата поминува на другата страна. Шкотска компанија пак има друга идеја да постави голем механички капак кој лежи на дното на морето, покрај брегот. Кога бранот ќе наиде, го притиснува капакот на „каменецот на клиповите“, клиповите пак ја потиснуваат водата со силен притисок на брегот, каде што се наоѓа Пелтоново коло, една од најстарите турбини за производство на електрична енергија. Повеќе

Корисни web-адреси

Хит на месецот – www.webseff.com

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

„7ми Конгрес и саем за ЕЕ и ОИЕ“ 13 – 15 април 2011, Софија, Бугарија Учесниците ќе се информираат за најновите трендови, експертски анализи и предвидувања, контакти лице в лице со претставниците од институциите на јавна администрација, инвеститори како и чинители од индустријата на ОИЕ, ЕЕ, енергетски инженеринг, финансии и инвестиции и др. Повеќе... Енергетски менаџмент во културното наследство 6-8 април 2011, Дубровник, Храватска Конференцијата ќе ги прикаже најдобрите практики и стандарди во полето на енергетски инфраструктурна реконструкција, надоградување и енергетска ефикасност генерално во културно наследните згради, со сегашен тренд на енергетска ефикасност. Повеќе... Форум за домаќинста во Европа и централна Азија 4-6 април, 2011, Будимпешта, Унгарија Клучните одлучувачи и чинители во секторот за домување ќе го постават прашањето на пристојно домување и развивање на координирана визија во регионот. Повеќе... Саем ENREG ENERGIA REGENERABILA®, Arad International 7- 9 април, 2011, Арад, Романија Меѓународен саем и конференција за ОЕ и ЕЕ градба и реконструкција Повеќе... Глобален форум за одржлива енергија 28-29 април 2011, Виена, Австрија Енергијата помеѓу Дунав и Кавказ: Улогата на ОЕ и ЕЕ клучно прашање во економскиот развој Повеќе Е- камп 2011 25ти – 29ти мај 2011, Кападокија, Турција Повеќе... DEMI 2011 Од 26 - 28 мaј 2011, Бања Лука , Република Српска, Босна и Херцеговина 10та меѓународна конференција за достигнувањата во полето на електротехниката, машинството и информатичкото инженерство. Повеќе Снабдување на системи за отпадни води во објекти – дизајн, конструкција и експлоатација Од 12ти дo 13ти Maј 2011 Варшава, Полска Конференцијата е со намена за размена на знаење и гледишта врз основа на теоретскиот и практичниот дел во полето на потрошувачката на вода и отпадни води во објекти. Повеќе „6-та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

95 infomacef  
Advertisement