Page 1

Број 92

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

ноември 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражување за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

Активности на МАЦЕФ НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2010 Отворен ден со граѓаните општина Аеродром, ја продолжи манифестацијата „Недела на енергетиката Македонија 2010“ до 1-ви ноември 2010. Во неколку часа на платото позади ТЦ

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Енергетската ефикасност се повеќе станува главна тема на енергетичарите, но и на обичните граѓани, кои не се толку блиски до секторот енергетика. Причината е јасна – очекуваното зголемување на цените на енергијата, ќе влијаат на домашните буџети – а единствена можност да се реагира е енергетската ефикасност. Покрај опишаните активност на МАЦЕФ, ние имавме повеќе средби со претставници од Холандија (анализа на секторот домаќинства – подготовка на ЕУ проект), како и со носителите на техничката поддршка (Германија) за развој на кредитната линија на KfW банката. Мацеф реализираше и презентација за можностите за инвестирање во секторот на ЕЕ и обновливи извори на енергија пред вработените на Охридска банка/Сосиете Женерал. НЕМ 2010- Отворен ден со граѓаните на опш. Аеродром Кредитна линија на ЕБОР/ЕУ за ЕЕ и ОИЕ Завршува третио циклус обуки за Енергетски контролори WidetheSEE Започнаа обуките на општинската администрација на УНДП Како и досега, ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

Бисер, во комуникација со бројните граѓани, МАЦЕФ со поддршка на општина Аеродром, успеа да им укаже за мотото и советите за заштеда на енергија и примена на мерки за ЕЕ со цел намалување на потрошувачката на енергија во домаќинствата. За потребите на настанот беа приготвени печатени материјали, а за најмладите боенки/сликовници за улогата на обновливите и необновливите извори на енергија. Оваа соработка во општина Аеродром, ја продолжува традицијата на заедничко организирање на настани со цел зголемување на свеста за заштеда на енергија кај граѓаните. Завршува III. циклус обука за енергетски контролори Во ноември заврши теоретскиот дел од обуката за енергетски контролори, која се спроведува од МАЦЕФ во соработка со Машинскиот факултет – Скопје и ENSI, Норвешка. Во овој циклус учествуваат девет кандидати кој по успешна реализација на тестирањето ќе се здобијат со „Сертификат за енергетски контролори“. Кандидатите беа обучувани како да работат во програмите ENSI EAB и Еconomy software од страна на тренери кои се сертифицирани за овие програми. Во теоретскиот дел учество земаа универзитетски професори од техничките факултети и експерти во областа. Кандидатите насочено ги унапредија своите знаења на поле на искористување на обновливи и необновливи извори на енергија, енергетска ефикасност во објекти, системи за греење и климатизација и изолациони материјали. Оваа професија се одамна се користи во Европа, но и кај нас како резултат од новите директиви, регулативи и прописи кои налагаат намалување на енергетска потрошувачка во објектите. Енергетските контролори, имаат знаење и вештини за извршување на енергетска контрола или увид во објектите, по што следи анализа на состојбата и идентификување на можности за намалување на потрошувачката на енергија во анализираниот објект. Кредитната линија за ЕЕ и ОИЕ на ЕБОР Во тек е реализацијата на Програмата за кредитни линии за одржлива енергија за Западен Балкан, (Western Balkans

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 92

Sustainable Energy Financing Facility - WeBSEFF) со цел да им помогне на малите и средните претпријатија да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Охридска банка - Societe General и ИК банка се веќе во преговори со клиенти – идни корисници на средствата и поддршката која ги нуди програмата. Поволноста кај овие кредити е готовинскиот грант и тоа: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за вградување на котли на биомаса и воведување на мали когенеративни/ тригенеративни постројки. • Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи (во моментов расположливи само во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% . Канцеларијата на WeBSECLF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978 Обука за ЕЕ на Проектот за намалување на климатските промени на УНДП Во организација на проектот, а со експертска поддршка од МАЦЕФ, на 29 ноември започнаа тренинг предавањата кои имаат за цел да ја приближат проблематиката на енергетска ефикасност кон општинската администрација од нашата држава. Компендиумот/прирачникот и предавањата ги

приготвија и ги реализираат еминентни професори чиј професионален ангажман е тесно поврзан со ефикасноста при користењето на енергијата, обновливите извори на енергија и заштитата на околината, и тоа: проф. д-р К. Димитров- МАЦЕФ, проф. д-р Т. Самарџиоска- Градежен факултет, проф. д-р Т. Бојаџиева - Архитектонски факултет, проф. д-р А. Арсенов – ЕТФ, како и предавачите магистер М. Димитрова, И. Петрушевски и Ж. Илиевски – МАЦЕФ. На оваа тренинг сесија, од страна на проектот беше презентирана $ работната верзија на софтверот „ExCite“ за преглед на потрошувачката на енергија на објектите во сопственост на општините. Оваа алатка им ја олеснува задачата на одговорните за енергетиката на општинско ниво со тоа што им дава можност за преглед, споредба и забележување на енергетската слика на објектите кои се во нивна надлежност. Предавањата продолжуваат до средината на месец декември. Проект Wide the SEE by Succ Mode На 23 ноември во просториите на МАЦЕФ се одржа мониторинг состанок помеѓу МАЦЕФ, како македонски партнер во проектот Wide the SEE by Succ Mode како и г. Штефан Бил и г. Иван Борисављевич, претставници на Делегација на Европската Kомисија во Скопје. На состанокот беше дискутирано досега сработеното од страна на македонскиот партнер во конзорциумот. Беа изложени заклучоците од работилницата во Патрас и документот „Методолошки насоки за проширување на пазарот на сончевите уреди за топлински потреби“, Националниот статусен извештај како и Семинарот за креирање на политики кој беше организиран во Скопје. Исто така, беа дискутирани натамошните активности на проектот. Меѓу нив е и креирање на кампања за подигање на

Страна 2 свеста на луѓето за употреба на сончеви колектори во Романија и Унгарија, во која, поради искуството, МАЦЕФ има значителна улога. Како дел од спомената кампања, во моментов МАЦЕФ работи на анкета која има за цел да го проучи јавното мислење за областа на сончевите колектори. Подетално за резултатите од анкетата ќе ве информираме во наредниот број на ИнфоМАЦЕФ. Проект „Училишен сервис“ Во тек е спроведувањето на проектот „Училишен сервис“. До сега наидуваме на заинтересираност и желба за соработка со сите училишта. Децата се посебно внимателни и зантересирани што имаат можност да научат повеќе за создавањето на електричната енергија и како треба да се однесуваме со неа. Со нетрпение ја очекуваат нашата идна посета. Во првата половина на месец декември ќе завршат планираните посети/работилници на училиштата од првото полугодие за оваа учебна година. Во тек се подготовките за претстојните регионални квизови и еден финален кои ќе се одржат на крајот на првото пологудие. ЕВН Македонија, во знак на благодарност за успешната соработка во спроведување на проектот ги покани основните училишта на премиера на оперската претстава „Јованче и Марика“, нова опера на македонската културна сцена за деца како заеднички проект на Македонската опера и балет и ЕВН. Премиерата (19 ноември) беше наменета за училиштата кои се на територија на град Скопје, а воедно претставуваше и почеток на караванот кој е предвидено да опфати повеќе градови во државата. Во месец декември претставата продолжува да се игра во Куманово и Струмица. Годишно собрание на ЕБА На 12 ноември во Скопје, се одржа Годишно собрание на Европската бизнис-асоцијација (ЕБА) со кое претседаваше г. Гинтер Офнер, претседател на ЕБА. На собранието клучни говорници беа евроамбасадорот Ерван Фуере, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, и министерот за економија Фатмир Бесими, кои излегоа со различни оцени за показателите за македонската економија во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во пристапувањето кон ЕУ. Во делот предвиден за прашања и сугестии од членовите на ЕБА, проф. д-р К. Димитров, МАЦЕФ, ја истакна потребата од побрзо реализирање на гасната мрежа, со што покрај неговата употреба во домаќинствата од тоа голема корист би имате и бизнисите како резултат на намалени трошоци за енергија и зголемена конкурентност на производите на меѓународните пазари. Се разви поопширна дискусија, поддржана и од стопанственикот и инвеститор г. Трифун Костовски, кој потенцираше за улогата на достапноста до природен гас за поголена рентабилност на македонските бизниси и привлекувањето на странски инвестиции. Студиска посета на Рајнска област, Германија Асс. М. Димитрова (МАЦЕФ), преку Универзитетот Америакн Колеџ Скопје, престојуваше на студиска посета во Германија од 3-11 ноември, во рамки на мрежата РЕСИТА на иновативни и претприемачки настроени универзитети. Посетата беше

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 92

Страна 3

делумно поддржана од германското министерство за образование, а беа посетени неколку универзитети и високо развиени индустриски градови во Рајнската област. Од посебен интерес беше посетата на универзитетскиот капмус „Биркенфилд“ кој воедно е и ‘Zero Emission’. Од стара воена база и болница до комплекс со интензивна примена на мерки за ЕЕ и ОИЕ, сончеви колектори, фотоволажни уреди на покрив и на застаклените површини, загревање на ѕидовите преку фолии и стаклени туби за таа намена, ладење на просториите преку подземен систем, употреба на дождовницата за санитарни цели и уште многу други високи технологии. За време на посетата на Биркенфилд, се одржуваше и Меѓународна конференција за биомаса и саем на напредни технологии за искористување на биомасата.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • Стратегија за унапредување на ЕЕ во Р. Македонија до 2020 г. „Службен весник на РМ“ бр. 143 од 29.10.2010 • Правилник за одржување во исправна состојба на оџаците, димоводните уреди, системи за воздух, системите за воздушно и водно греење, огништата-котли за парно греење во објекти, како и во индустриски и занаетќиски постројки „Службен весник на РМ“ бр. 146 од 08.11.2010 • Правилник за изградба, одржување и безбедно функционирање на објекти, уреди и инсталации за внатрешни гасни инсталации „Службен весник на РМ“ бр. 152 од 24.11.2010

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија Мини-хидроцентрала на водоводот во Кичево Во населба Ивандол, кичевско на цевководот од градскиот водовод ќе се гради мини-хидроцентрала со капацитет за производство на 2,5 гигават-часа електрична енергија. Оваа хидроцентрала ќе биде прв објект изграден со јавноприватно партнерство. Таа во почетокот на наредната година ќе ги произведе и првите киловат-часови електрична енергија. ЈП„Комуналец“ ќе има повеќекратна придобивка од овој објект бидејќи ќе учествува директно во продажбата на електрична енергија со што ќе се подобри снабденоста со електрична енергија на градот и ќе се зголемат приходите. Повеќе... Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk Во рамките на проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот

сектор“ имплементиран од страна на УНДП и Министерстовото за животна средина е развиен нов портал за енергетска ефиксаност. Порталот е информациска алатка за енергетска ефикасност во објекти. На оваа веб страница можете да го најдете целокупната легислатива, подзаконски акти и директиви кои имаат ингеренции во ова поле. Исто така, може да најдете $ анализи поврзани со состојбата на јавните објекти во надлежност на локалните самоуправи како и климатолошкото мапирање согласно топлинските степен денови. Дополнително на веб страницата може да најдете пребарувач на компании кои работат на полето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Ако Вашата компанија не е сеуште внесена во регистарот, може да испратите формулар во проактната канцеларија на УНДП. Со рамките на страницата постои калкулатор на потрошени енергенси и емисии на јаглероден двооксид како и прашања за испитување на јавното мислење за прашања врзани од оваа област. Порталот за прв пат беше презентиран во рамките на Неделата на енергетика 2010 г. Форумот за ОИЕ и заштита на човековата околина Во организација на Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје на 17. ноември се одржа форум за ОИЕ и заштита на човековата околина, кој го отвори заменик министерот за економија д-р Методиј Хаџи-Васков. Тој во своето обраќање нагласи дека поттикнувањето на инвестициите во ОИЕ како и поголемо вклучување на ОИЕ во енергетската потрошувачка и зголемувањето на ЕЕ се меѓу главните стратешки цели на Владата на Република Македонија во енергетскиот сектор. Ова е од исклучителна важност за сигурноста и економичноста во снабдувањето на потрошувачите со енергија, како и за создавање на услови за одржлив енергетски развој во државата. Повеќе... ХЕ „Глобочица“ бележи најголемо производство Хидроелектраната „Глобочица“ од почетокот на годинава до првата декада на ноември произведе 252 GWh електрична енергија и го оствари најголемото производство од почнувањето со работа во 1966 година, со што е надминат досегашниот најдобар резултат од 250 GWh остварен во 1986 година. Годинешното производство на ХЕ „Глобочица“ во однос на енергетскиот биланс за 2010 година, кое изнесуваше 181 GWh електрична енергија, е остварено пред истекот на јули, со просечна кота на работа на Глобочичкото Езеро од 687,17 м.н.в. Овој капацитет се очекува 2010 година да ја заврши со произведени околу 270 GWh електрична енергија, што ќе претставува убедливо најголемо производство во 44 годишното постоење на хидроелектраната. Повеќе... Изградбата на мали хидроцентрали ќе продолжи На отворањето на Глобалната недела на претприемништвото министерот за економија Фатмир Бесими се заложи дека Министерството ќе продолжи со реaлизација на проектот за малите хидроелектрични централи и ќе се обиде да ги забрза постапките, а наскоро ќе има и петти пакет на кој ќе се понудат локации за нивна изградба. Истотака министерот Бесими нагласи дека постои голем интерес од компаниите за градба на малите хидроелектрични централи, како и за нивна финансиска поддршка од страна на Европска банка за обнова и развој и други банки. Најави за поддршка, како што рече, има и од Меѓународната финансиска корпорација и други меѓународни финансиски институции. Повеќе... Германска финансиска поддршка за енергетиката Германија со кредит во износ од 60 милиони евра пласиран преку KfW банката ќе го подобрува енергетскиот сектор во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 92

Македонија. Дел од средствата во износ од 27,1 милион евра ќе се користат за ревитализација на хидроелектраните Глобочица, Тиквеш, Вруток, Равен, Врбен и Шпиље, а останатите за изградба на ветерни електрани кај Богданци. Тоа го овозможува потпишаната Спогодба меѓу Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија за финансиска соработка за втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“, како и Договорот за заем меѓу македонската влада, АД ЕЛЕМ и KfW банката за реализација на прокетот за рехабилитација на шесте електрани. Повеќе...

Новости од светот Енергетска инфраструктура: Комисијата предлага приоритетни коридори на ЕУ за далноводи и гасоводи На 17 ноември Европската комисија ги презентираше своите приоритети во енергетската инфраструктура за следните две декади кои имаат за цел да ги подготват мрежите за 21-от век. Во Комуникето, Комисијата ги дефинира приоритетните коридори за ЕУ за пренос на електрична енергија, гас и нафта. Оваа карта на приоритети ќе служи како основа за издавање дозволи во иднина и носење одлуки за финансирање на конкретни проекти на ниво на ЕУ. Во Комуникето дефинирани се одреден број приоритетни коридори во ЕУ кои треба итно да се развијат за да можат да ги остварат целите на Европската унија за конкурентност, одржливост и безбедност во доставувањето енергија преку поврзување на оние земји членки кои се изолирани од европските енергетски пазари, преку зајакнување на постојните прекугранични врски и преку интегрирање на обновливата енергија во мрежата. Повеќе... Нов европски акциски план за ЕЕ напролет Иако новиот акциски план за енергетска ефикасност на европската комисија нема да биде подготвен до следната година, извадоци од прелиминарниот документ покажуваат дека всушност ќе претставува прочистена и скусена верзија на неговиот претходник. Извадоците во кои се претставени „прелиминарни идеи“ за новиот акциски план откриваат дека со оглед на последните проекции, ЕУ нема да ја постигне целта за намалување на потрошувачката на енергија за 20% до 2020 година. Повеќе Европскиот парламент подготвува алтернативни фондови за чиста енергија Европскиот парламент одобри решение со кое средствата од неискористените ЕУ фондови во вредност од 146 милиони евра ќе бидат пренаменети за финансирање проекти од областа на ЕЕ и ОИЕ. Новиот фонд претежно ќе биде наменет за локалните и регионалн власти за промоција на децентрализирано производство на енергија и штедење на енергија. Средствата ќе се доделуваат во вид на заеми, гаранции и други финансиски продукти, а средствата од исплатата ќе се враќаат на фондот. Повеќе Русија и Бугарија заеднички ќе го градат бугарскиот дел од „Јужен поток“ Бугарија и Русија на 13 ноември во Софија потпишаа Договор за заедничка изградба на бугарскиот дел од гасоводот "Јужен поток". Договорот го потпишаа извршниот директор на Бугарската енергетска компанија, Маја Христова и претседателот на Управниот одбор на "Газпром", Алексеј Милер во присуство на премиерите на Русија и на Бугарија, Владимир Путин и Бојко Борисов. Овој проект ќе овозможи испорачување руски природен гас до централноевропските земји и до Италија. Со Договорот се предвидува и формирање заедничка компанија за изградба и управување со бугарскиот дел од гасоводот "Јужен поток". Дел од трасата на "Јужен поток" треба да поминува и низ Србија. Предвидено е со тој гасовод, кој треба да биде пуштен во погон во 2015 година, под Црното Море да се транспортираат годишно до 63 милијарди кубни метри руски природен гас во Бугарија и други земји кои се вклучени во тој голем регионален енергетски проект. Повеќе... ЕК со 1 трилион евра за инвестиции во енергетиката Европската Комисија ја претстави својата нова енергетска стратегија повикувајќи дека им се потребни 1 трилион евра инвестиции во текот на следната деценија за интегрирање на енергетска мрежа во Европа, притоа ниедна членка од ЕУ нема да биде изоставена. Потребните инвестиции главно доаѓаат од индустријата и од потрошувачите обезбедени преку зголемување на сметките за енергија, а наменети за финансирање на дел од инфраструктурните проекти. ЕУ буџетот ќе биде ограничен на финансирање на проекти и истражување во границите на Унијата. Повеќе

Страна 4 Големи вложувања во ОИЕ Компанијата RES Биоенергија Јасеновац ќе отпочне со изградба на електрана на шумска биомаса вредна 29 милиони евра. Инвеститорите сметаат на максималната топлинска моќност на горивата од 23 MWh и максимална електрична моќност од 7,2 MW која ќе се пушти во употреба во април 2012 година. Електраната на годишно ниво ќе користи 60 000 тони дрвна маса. Повеќе... Европа може да заштеди 52 милијарди евра Паметните мрежи можат да $ заштедат на ЕУ 52 милијарди евра годишно, според водечките компании за паметни мрежи. Значителни заштеди ќе произлезат од намалување на загубите во електродистрибутивната мрежа преку автоматизација и охрабрување на корисниците за намалување на енергетската потрошувачка со паметни мерачи кои овозможуваат попрецизно и навремено информирање. Повеќе... Масачусетс со најголемата сончева централа Најголемата сончева централа во Нова Англија, САД е завршена и подготвена за снабдување со енергија. Електраната е изградена на индустриски контаминирано земјиште во Спринфилд, Масачусетс, аветува напојување доволно за осветлување на 300 домаќинства. Повеќе... Откриен револуционерен полимер Новиот полимер може да го подобри апсорбирањето на светлината како и самата ефикасност на органските сончеви ќелии. Материјалот, разиен од Рикен, јапонски истражувачки институт, има структура како „полимерна четка“ кога ќе се изложи на светлина. Повеќе... НАСА развива штитник за заштита од идни сончеви бури Сончевата „енергија“ не секогаш е корисна за животната средина како и за нашата технологија. Научниците од НАСА се соочуваат со нов предизвик за спречување на прекините во енергетскиот систем кои може да бидат предизвикани од идните сончеви бура. Одговорот е ново високо технолошко решение, систем за предвидување кој е во развој, наречен „сончев штит“. Повеќе... Samsø – остров на ОИЕ каде „зеленото живеење“ не е само убава фраза Како да се поврзат општината, компаниите и локалното население во едно партнерство кое ќе воспостави солиден концепт за енергетски обновливо производство во корист на сите учесници? Рецептот е екстремно едноставен, но ако додадеме сол наместо шеќер, тортата ќе биде доста невкусна! Повеќе...

Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации

„Е- Светски саем за енергија и вода„ 8 – 10 февруари 2011, Есен, Германија Манифестација насочена кон истражување на енергетскиот сектор. Повеќе... „Чиста енергија и пасивна куќа 2011“ 10 – 12 февруари 2011, Штутгарт, Германија Меѓународен саем за обновливи извори на енергија и пасивна куќа. Повеќе... „7ми Конгрес и саем за ЕЕ и ОИЕ“ 13 – 15 април 2011, Софија, Бугарија Учесниците ќе се информираат за најновите трендови, експертски анализи и предвидувања, контакти лице в лице со претставниците од институциите на јавна администрација, инвеститори како и чинители од индустријата на ОИЕ, ЕЕ, енергетски инженеринг, финансии и инвестиции и др. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Б. Калиманов, Даниела Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски, , З. Таревска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

92 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you