Page 1

Број 91

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

октомври 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражување за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Македонија, без лажна скромност можеме да констатираме во октомври претставуваше еден од центрите на светот за енергетичарите. Неделата на енергетика е наша традиција, и се обидуваме секоја година да го подигнеме нивото со учество на моќни авторитети во секторот на енергетиката и енергетската политика. ИНГАС конференцијата за прв пат се организира надвор од Турција и беше извонредно место да се сретнат нашите стопанственици со големата делегација од Турција. А тема беше природниот гас и регионот. Покрај претставеното искуство од Турција, беа изложени и дискутирани развојните политики и на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Ова треба да биде уште еден потстрек за побрзо навлегување на овој еколошки подобен енергент во стопанството и домаќинствата на Републиката. ИНГАС Македонија 2010 Недела на енергетика Македонија 2010 Нова сезона на „Школскиот сервис“ на ЕВН Македонија Семинар за креатори на политики – WidetheSEE Општина Кисела Вода со усвоена програма за ЕЕ Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

Активности на МАЦЕФ INGAS BALKANS 2010 - Меѓународен симпозиум за природен гас Од стратешко значење за нашата земја е симпозиумот за природен гас (ПГ), на кој учествуваа балканските земји „ИНГАС Балкан 2010“, кој на 7-ми и 8-ми октомври во органи- зација на ИГДАШ, се оддржа во Скопје. Целта на Симпозиумот, е ИГДАШ да го пренесе искуството, на лидер за дистрибуција на ПГ во Турција во дистрибутивна мрежа од повеќе од 14 000 км и повеќе од 4.3 милиони корисници на ПГ. Понатаму, да обезбеди платформа за размена на искуства и унапредување на искористувањето на ПГ на Балканот. Настанот имаше одлична посетеност што укажува на интересните содржини, меѓу другото експерти, креатори и донесувачи на политики од Хрватска, Србија, БиХ, Турција и Македонија говореа и дебатираа за Енергетските политики на Балканот и ПГ; Инвестиции и раководење со ПГ; Градот и ПГ; Финансирање на инвестиции во ПГ и Концепти за снабдување со ПГ на Балканот од енергетски аспект. Симпозиумот беше поддржан од највисоките владини структури, како во земјата така и во регионот, а за поздравување е присуството на повеќе министри, градот Скопје и премиерот Н.Е. Никола Груевски, кои од својата област дадоа кус осврт за значењето и придовките на Македонија од масовно навлегување на ПГ во употреба во индустријата, јавните објекти и домаќинствата. МАЦЕФ беше поддржувач на настанот, а во Почесниот и советодавен комитет на симпозиумот го претставуваше проф. Д-р Константин Димитров. Покрај тоа, проф. Димитров имаше излагање во сесијата посветена на Инвестирање и раководење со ПГ и квалитетно придонесе за поттикнување на дискусија кај одделни сесии со кои претседаваше. Симпозиумот го посетија преку 500 бизнисмени, екперти во областа на енергетиката, НВО и преставници на владини тела. Презентациите можат да се најдат и превземат од www.ingas.com.tr. како и од страната на МАЦЕФ www.macef.org.mk НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2010 Традиционалната манифестација, во организација на МАЦЕФ – „Недела на енергетиката Македонија 2010“ се одржа по шести пат, од 19 октомври до 1-ви ноември 2010. Ова издание беше насочено кон резултати и размена на успешни практики од применети мерки за енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија, како и кон активен придонес за унапредување на свеста за овие мерки кај граѓаните. Партнери оваа година беа Хуманополис и Скопски саем во рамки на саемската манифестација Технома 2010 и конференциската програма.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 91

19-22 октомври, Инфо пулт на МАЦЕФ Инфо пултот, поставен во првата хала на Скопски саем, имаше за цел да информира и едуцира. Пултот беше посетен од повеќе од 1200 лица кои беа заинтересирани да дознаат повеќе за тоа како можат да заштедат на трошоци за енергија во домот. МАЦЕФ за таа цел подготви и информативни материјали со совети поделени во неколку групи и тоа: совети за користење на електрични уреди во домаќинствата и разбирање на информациите од енергетската етикета на уредите, интелигентно осветлување во домот, изолација на објекти и избор на прозорци како и новите можности за контрола на греењето во домот преку поставување на топлински распределители. Освен за возрасните, МАЦЕФ подготви и боенки-сликовници за најмладите преку кои децата се запознаваат со обновливите и необновливите извори на енергија и нивното значење за почиста животна средина. Во рамки на можностите, МАЦЕФ успеа преку Инфопултот да влијае на зголемена примена на мерките за енергетска ефикасност во домот. Оваа порака ја засилија и на штандот на ЕВН Македонија, поставен во непосредна близина, каде исто така, се информираше за совети за штедење електрична енергија во домот. 19 октомври, Скопски саем – деловна трибина Со свеченото отворање на саемот Технома 2010, се одржа и деловна трибина насловена како „Со подобрена законска регулатива и бизнис клима до поголеми инвестиции во енергетиката“. Трибината свечено ја отвори заменик

Страна 2 Манев, „ЕВН Македонија“ на тема ОИЕ. Следеше плодна дискусија со прашања и „коментари до директорот на Инвестирај во Македонија“, г. Виктор Мизо, како и до претставниците на регулаторната комисија за енергетика. На трибината беше истакната потребата од измени и дополнувања на постоечката законска регулатива со цел подобрена бизнис клима и поголеми инвестиции во енергетиката. 20. октомври 2010 - Трибина и дискусија Во вториот ден од манифестацијата „НЕМ 2010“, на Скопски саем се одржа трибина на тема „Добри практики и нови бизниси во ЕЕ и ОИЕ“. Меѓу говорниците беа г. Љупче

Трајковски, „ЕСКО Фонко“ кој говореше за економските фактори во општеството и важноста за поддршка на секторот со цел развој на домашни производи особено со акцент на геотермалните топлински пумпи; проф. д-р Радмил Поленаковиќ, „Бизнис старт-ап центар“, Машински факултет – Скопје за раслојувањето на професиите кои се развиваат како реакција на климатските промени и најзастапени професии во полето на енергетика и нивно рангирање; г. Зоран Трајков, „Еко Солар“ говореше за обуките на новите монтери на термални сончеви системи и нивна сертификација како и за застапеноста на системите во одделни региони и можноста за проширување на употребата; проф. д-р Илија Насов, „Солар Плазма“ ја нагласи можноста за користење на Тест станицата за сончеви системи, и потребата за организирано сертифицирање на монтери и стимулативни мерки од Владата; г. Илија Саздовски, УНДП, „Општински алатки за унапредување

на енергетската ефикасност во градежните објекти под општински ингеренции“, кој се осврна на чешкото искуство и

министерот за економија на Република Македонија, д-р Методиј Хаџи-Васков. Овој настан се реализира во соработка во Хуманополис, Скопски саем, Универзитет американ колеџ Скопје (УАЦС) и гостите од Словенија енергетскиот портал „Енергетика.НЕТ“. Со трибината претседаваа проф. д-р К. Димитров од МАЦЕФ, гца Аленка Жумбар од Енергетика.НЕТ како и проф. д-р Зоран Шапуриќ од УАЦС. По воведните говори, следеа презентации на тема „Може да се обезбеди финансирање – но што им треба на инвеститорите“, и за тоа говореа г. Л. Ристев, „Караниќ – Николиќ“ правно биро, Скопје; г. Симон Смолникар, „Инеа“ Словенија, г. Виктор Мизо, „Инвестирај во Македонија“, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац, „Програма за одржлива енергија за Западен балкан“ и г. Г. Христов, „Хидроеко“; г. Георги Хаџи

тукушто реализираната студиска посета на Чешка за претставници од неколку локални самоуправи како и можностите кои ги нуди новиот портал за енергетска ефикасност за размена на добри пракси и информирање како и за новата софтверска алатка за системско национално централизирано внесување и следење на енергетска потрошувачка во јавни објекти и јавно осветление; г. Џино Вероки, Проект „WidetheSEE“ за значењето на проектот за зголемување на употребата на сончеви колектори за санитарна топла вода во домаќинствата во Европа; г-ца Искра Тикваровска, ЕВН Македонија „Проект Училишен сервис“ за значењето на активностите на ЕВН во процесот на создавање на енергетски и еколошки свесни граѓани преку едукација на младите; г. Марјан Бојчевски, Рехау, „Енергетски ефиксна

градба - Зголемување на вредностите намалување на Трошоците“ се насочи кон најсовремените површински системи

за греење/ладење, системи и изведби на топлински пумпи, геотермија и соларни системи од производната палета на Рехау како со акцент на придобивките од веќе изведените инсталации; г. Славко Митовски, Општина Кисела Вода „Енергетска ефикасност во објекти - постигнати и проектирани заштеди“ ги импресионираше присутните со применетите мерки за ЕЕ и резултатите кои веќе се мерливи во зградите на основните училишта во надлежност на општината; г. Љупчо Димов, Општина Карпош, „Проект ЕЕ - Улично осветлување“ информираше за големите заштеди кои Карпош ги постигнал досега во доменот на уличното осветлување со замена на постоечките светилки со ефикасни, како и нова автоматика за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 91 нивно вклучување/ исклучување. Презентациите ги заокружи г. Тодор Кушевски, „Геотерма“ Кочани со потенцијалот и предизвиците со кои се соочува софистицираната употреба на геотермалната енергија во Македонија.

Модераторите, проф. д-р Арсен Арсенов, Електротехнички факултет – Скопје и м-р Македонка Димитрова, Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ/Универзитет Американ Колеџ – Скопје ја насочуваа дискусијата кон применливи препораки и заклучија дека има потреба од кадри кои ќе бидат обучени да развиваат и раководат со обемни проектни активности во рамки на отворените повици за финансирање во ЕУ и земјата, како и лица кои постојано ќе ги следат повиците за финансирање и поефективно ќе изнаоѓаат средства за имплементација на мерки за ЕЕ и ОИЕ. Академските институции треба да ја согледаат оваа потреба и да произведуваат соодветни кадри, не само за проектни активности туку и за обука на инсталатери на сончеви колектори и други современи енергетски системи со цел полесно да ги постигнеме поставените цели за намалување на потрошувачката на енергија. Од друга страна, целта на трибината беше да се укаже на веќе остварените успешни проекти од областа на ЕЕ и ОИЕ, со што би се поттикнала нивна поширока примена по веќе успешно поставените модели. Во дускусијата, покрај говорниците активно учествуваа и г. Страхил Панев од ГТЗ, претставници од Град Скопје, претставници од НЛБ Тутунска банка, НВО и заинтересирани студенти. Трибината поттикна голем интерес и посетеност. 21. октомври 2010 - Семинар за развој на политики „Проширена експлоатација на топлинската сончева енергија преку проверени модели“ Во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека на РМ, во Скопје беше организиран Семинар за креатори на политики на тема „Проширена

употреба на топлинските сончеви колектори како во земјава така и регионот“. Начелата на проектот ги претстави г. Вероки

од провинцијата Терамо во Италија, за методолошкиот прирачник говореше проф. Даниел Амариеј од факултетот за инжинерство при универзитетот „Ефтимие Мургу“ од Романија, а можностите на комуникациските алатки развиени на проектот ги промовирање г-ца Даниела Кронбергер од ЦЕРЕ, Австрија. На семинарот проф. д-р Илија Насов го промовираше Националниот извештај за Република Македонија, при што од страна на проф. Арсенов беше даден осврт на достапните технологии за користење на сончевата енергија, а проф. д-р Наташа Марковска од МАНУ, се осврна на Статегијата на РМ за искористување на ОИЕ, со акцент на проекциите за искористување на сончевата енергија во Македонија. 22. октомври 2010 – ЕЕ за најмладите МАЦЕФ постојано посветува внимание на образованието на најмладите, во таа насока оваа година беа организирани два настани. Првиот, беше наменет за средба со децата од градинката во населбата Карпош 4, а вториот настан се одржа на штандот на ЕВН Македонија на Скопски саем во рамки на проектот Училишен сервис. Во детската градинка преку игра и забавни и лесни експерименти, најмладите беа запознаени со изворите на енергија и нивно користење. Воедно, се промовираше практикум за воспитувачите кој е дел од пилот

Страна 3 проектот „Основи на енергија за детските градинки“ од страна на г-ѓа Родна Кондеска, директор на ЈУОДГ „Мајски Цвет“. Вториот настан беше наменет за промоција на пректот „Училишен сервис“ и новините со кои од оваа година проектот е збогатен. Настанот беше организиран како еден училишен час на кој 12-тина ученици од ОУ Ѓорѓија Пулески, општина Аеродром, беа запознаени со видовите извори на енергија, начинот на нивното искористување и правилното искористување на електричната енергија. Активности во рамки на кредитната линија за ЕЕ и ОИЕ Во тек е реализацијата на Програмата за кредитни линии за одржлива енергија за Западен Балкан, (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility - WeBSEFF) со цел да им помогне на малите и средните претпријатија да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Покрај, Охридска банка - Societe General, минатиот месец договор за реализирање на кредитите потпиша и ИК банка, a се очекува вклучување на уште една банка. Поволноста кај кредитите е готовинскиот грант и тоа: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за вградување на котли на биомаса и воведување на мали когенеративни/ тригенеративни постројки. • Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи (во моментов расположливи само во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% Канцеларијата на WeBSEFF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978. Почеток на новата фаза од проектот„ Училишен Сервис“ Оваа учебна година започнува шестата фаза од проектот Училишен сервис на ЕВН Македонија, каде МАЦЕФ продолжува со едукативните часови во основните училиштата од северозападниот дел на Македонија. Во октомври, во просториите на Конект се одржа годишен состанок на кој учествуваа претставници од ЕВН и од партнерски организации меѓу кои Младински совет - Охрид, Планетум - Струмица и Жетва на знаење - Прилеп. Беа претставени новите материјали, постери и сликовницата - боенка подготвени од МАЦЕФ. Од оваа година се планираат и четири регионални и еден финален квиз. Целта на овие квизови е да им се даде можност на сите училишта да учествуваат за да го покажат своето знаење и се разбира да освојат една од наградите. Новина во однос на квизовите е тоа што секоја од организациите кои го реализираат проектот ќе организира свој квиз, пришто МАЦЕФ ќе учествува во техничката организација на секој квиз. Обука за ЕЕ на Проектот за намалување на климатските промени на УНДП Експертски тим од МАЦЕФ го комплетираше Компендиумот и материјалите потребни за спроведување на Обука на претставниците на општинската администрација закажана за крајот на месецот. Компендиумот ќе содржи информации за потенцијалите за заштеда на енергија кои ги нудат мерките за ЕЕ и употребата на обновливите извори како и претставување на „најдобри практики“ со голем потенцијал за применливост и повторување во повеќе општини, и уште многу податоци кои ќе бидат од клучна помош за лицата задолжени за ЕЕ и ОИЕ во рамки на општинската администрација.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 91

Страна 4

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Нова законска регулатива Закон за ратификација на статусот на меѓународната агенција за обновлива енергија – ИРЕНА; „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 08.10.2010 Упатство за содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи; „Службен весник на РМ“ бр. 139 од 19.10.2010 Правилник за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема; „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.10.2010 Одлука за целиот процент на енергија произведена од обновливи извори на енергија, како и начинот и динамиката на постигнување на целиот процент на енергија произведена од обновливи извори на енергија; „Службен весник на РМ“ бр. 141 од 25.10.2010 Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот; „Службен весник на РМ“ бр. 141 од 25.10.2010

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Усвоена програмата за ЕЕ во Кисела Вода На 28 октомври, на седницата на општина Кисела Вода беше усвоена програмата за Проектирани и реализирани мерки за енергетска ефиканост на општина Кисела Вода. Презентацијата за главните податоци подготвена од страна на г. Славко Митовски можете да ја превземете тука. Честитаме и посакуваме успешна реализација! Програма за ЕЕ на општина Чашка Секторот за локален економски развој од општина Чашка и енергетските контролори од МАЦЕФ г. Игор Петрушевски и г-ѓа Јасминка Димитрова Капац ја финализираат Програмата за ЕЕ на општина Чашка, се води сметка за препорачаните мерки во однос на потенцијалот за заштеди и можностите за реализација во идните четири години. Се очекува програмата да биде доставена за усвојување во советот на општината до крајот на оваа година.

Новости од Македонија

Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” Од 7-ми до 9-ти октомври во Охрид традиционално по 16-ти пат се одржа „Меѓународен симпозиум за енергетика“ во организација на ЗЕМАК. На симпозиумот учествуваа домашни и странски научници и експерти кои енергетиката ја сметаат за своја професија. Се анализираа модерните светски трендови во енергетиката и се предлагаа решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. Министерот Бесими во Истанбул Министерот Бесими учествуваше на „Енергетскиот и економскиот форум 2010“ во Истанбул, Турција во организација на Atlantic Council од САД. Теми на конференцијата беа глобалните економски движења и предизвиците во енергетиката, финансиите, трговијата и евроинтеграциите во услови на криза и после тоа. Министерот Бесими во своето

излагање ги претстави економските перспективи и предизвици на Република Македонија. Притоа, тој ги презентираше резултатите во подобрување на деловната клима во Република Македонија и проектите од значење за инвестициските процеси во земјата, со посебен акцент на енергетиката и инфраструктурата. Повеќе

Новости од светот

Европската комисија предлага енергетско етикетирање на ТВ апаратите Европската комисија излезе со предлози за воведување на енергетски етикети за ТВ апаратите и надградба на постојните за фрижидери, машини за миење садови и машини за перење. Производителите на ТВ апарати за прв пат ќе треба јасно да ги означат ТВ уредите со етикета на која ќе бидат назначени информациите за нивната енергетска ефикасност. Повеќе Следниот план за заштеда на енергија на ЕУ ќе се фокусира на зградите Зградите ќе бидат во центарот на новиот план на ЕУ за штедење на енергија, кој Европската комисија планира да го презентира до крајот на годината. За да се постигне целта на акциониот план за постигнување на заштеда на енергија од 20% до 2020 година, ЕУ прво ќе мора да се договори за тоа што секоја земја-членка и секој сектор мора да придонесат за исполнување на целта. Веќе е развиена дебата за некои сектори со голем потенцијал за заштеда на енергија, а и министрите се согласија дека зградите ќе бидат најважниот Повеќе фактор. ЕУ постигна договор за користење на кризните фондови за енергетска ефикасност Пратениците на ЕУ се согласија да се ослободат 146 мил евра неопределени средства од Европскиот план за енергетска реконструкција за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Се создава фонд управуван од Европската инвестициона банка (ЕИБ) и германската KFW банка, со кој може да се финансираат проекти за реновирање на градби кои вклучуваат обновливи извори на енергија или решенија за подобрување на енергетската ефикасност, децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија, чист јавен транспорт, решенија за складирање на електрична енергија, интелегентно мерење и Повеќе интелегентни мрежи. Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

EXPO® Југо-источна Европа 24 – 26, ноември 2010, Букурешт, Романија Трето издание на RENEXPO® Југо-источна Европа, меѓународен саем и конференција за Обновлива енергија и енергетски ефикасно градење и реновирање. Повеќе... 41. Kонгрес за КГЛП 1-3, декември 2010, Белград, Србија. Меѓународен конгрес за греење, ладење и климатизација.Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Б. Калиманов, Даниела Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски, , З. Таревска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

91 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you