Page 1

Број 90

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

септември 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражување за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Kредитна линија на индустриска ЕЕ Балканска конференција за гас во Скопје Недела на енергетика Македонија 2010 Семинар на WideTheSeebySuccMode Расправа за Законот за енергетика Септември беше месец од голема важност во енергетските кругови во Македонија. Се правеа завршните подготовки за досега кај нас најпрепознатливата конференција за гас – ИНГАС Балкан 2010. Фактот, што се одржува со поддршка на високо турско-македонско владино ниво, укажува на стратешкото значење на рапространување на употребата на гасот во републиката. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА 8-ми и 9-ти октомври во 10 часот во хотелот Александар палас во Скопје! Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER на македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

заедница и Мулти-донаторскиот фонд на ЕБОР за Западен Балкан. Интензивно се работи на информирање за поволностите на финансирањето кај индустриските компании во Македонија при инвестирање во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Во Македонија, прва банка преку која е достапна линијата е Охридска банка-Societe General. Благодарение на заштеда на енергија и финансиската поддршка, инвестициите во енергетски ефикасна опрема и процеси можат да се повратат брзо, истовремено придонесувајќи за: намалување на трошоците за производство, подобрување на конкурентноста и профитабилноста како и обновување и модернизација на погоните. Во пакетот, Европската комисија, обезбедува стимулација во форма на паричен надоместок помеѓу 15% - 20% од вредноста на заемот. И тоа не е сé! Програмата овозможува, на барање на инвеститорите, бесплатна помош во проценка на користењето на енергијата, подготовка на проекти кои ги исполнуваат критериумите, спроведување на ревизии и развој на бизнис планови за проекти како и поддршка при спроведување на проектот. Локално, проектни консултанти се МАЦЕФ и Тимел. Канцеларијата на WeBSEFF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978. Проект „Проширување на употребата на термални сончеви колектори“ МАЦЕФ, како проектен партнер на „WIDEtheSEE“ од Македонија, во изминатиот месец работеше на организација и подготовка на Семинарот за креирање на политики кој е закажан за 21-ви октомври 2010 г., во конференцискиот центар на Народна универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со почеток во 10 часот. На семинарот ќе имаат излагања г. Џино Вероки, општина Терамо, Италија-проектен раководител за целокупното значење на проектот; асс. проф. Даниел Амареи, Универзитет Решица, Романија, ќе го претстави методолошкиот прирачник и локални експерти во потесната област како што се проф. д-р Илија Насов, кој ќе се задржи на главните точки од Националниот извештај за Македонија за тековниот статус за употреба на термални сончеви колектори; проф. д-р Арсен Арсенов, ФЕИТ- Скопје, ќе зборува за тековните технологии за искористување на сончева енергија во регионот и претставници од Министерството за економија и

Активности на МАЦЕФ Кредитна линија за индустриска ЕЕ и ОИЕ на ЕБОР Во тек е реализација на Програмата за финансирање одржлива енергија за Западен Балкан, (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility-WeBSEFF), спроведувана од Европска банка за обнова и развој со финансиска поддршка од Европската

Академијата на науки и уметности кои ќе го збогатат семинарот со стратешките и правните аспекти на секторот. Најавете учество на семинарот на s.panevski@momee.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk . . www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 90

Исто така, на 13-14 септември во Рим се одржа вонреден состанок на проектните партнери во седиштето на ЦНА (види фотографија). На состанокот се дискутираше комплексноста на насоките за оценка на влијанијата на спроведување на конкретни мерки кои можат да резултираат во поголем степен за употреба на сончевите колектори во домаќинствата. Сите тематски групи развиваа предлози и конкретни активности во паралелни сесии, а конечната цел е нивно скорешно преточување во прирачник. Состанокот беше искористен за унапредување на комуникациската стратагија на проектот. Меѓудругото, беше одржан состанок на Управниот комитет. Проектот е финансиран од ИПА средствата преку Делегацијата на Европската комисија во Скопје. За повеќе информации за проектот посетете на страницата www.widethesee.eu Трибина на УНДП Во септември се одржа трибина по повод спроведување на Директивата на европскиот парламент за енергетски карактеристики на градби организирана од Проектот за ублажување на климатските промени преку енергетска ефикасност во градежни објекти на УНДП. Целта на трибината е да се споделат искуствата од имплементирањето на Директивата во земјите на Европската Унија и нашата земја каде што процесот на имплементација е сеуште во тек. Самата Директива ќе овозможи подобрување на градежните стандарди, отворање на нов пазар на услуги како и намалување на потрошувачката на примарна енергија во градежниот сектор. Воведно обраќање имаше г-ѓа Теодора Грнчаровска Обрадовиќ од Министерство за животна средина и просторно планирање. Акцент беше ставен на презентацијата на извештајот “Чешко искуство во имплементирање на директивата за енергетски карактеристики на згради” од страна на г-дин Томаш Ваницки, Порсена, Република Чешка, по што следеше доделување на сертификати за учесниците од локалните самоуправи во студиската посета во Република Чешка. Исто така, излагање имаше и г-дин Јордан Ангеловски, проектен раководител на 4Е-SEGO, за напредокот на истиот, од Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Советувањето заврши со презентација на заклучоците од јавната трибина од страна на г-дин Илија Саздовски, проектен раководител. МАЦЕФ учествува во проектот со две работни задачи и тоа извештајот „Оценка на методологиите за пресметка на енергетски карактеристики на објекти, соодветни климатски параметри и потребни климатски податоци„ и обука за енергетска ефикасност наменета за општински кадри која е во фаза на подготовка. Расправа за предлог – Законот за енергетика Националниот совет за евроинтеграции организираше Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за енергетика, закон кој произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2010. Образложение на причините поради кои е подготвен нов закон за енергетика даде министерот за економија, г. Фатмир Бесими. Целта на донесувањето на новиот закон за енергетика е натамошно усогласување со европското законодавство од областа на енергетиката, односно директивите и регулативите кои се основни елементи од правната рамка на Договорот за основање на енергетска заедница, како и со цел натамошна либерализација на пазарите на енергија и создавање на услови за стабилен и одржлив енергетски сектор. Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Тито Петковски и г-ѓа Лилјана Поповска, пратеници во Собранието на Република Македонија, проф. Танаско Туневски од Машинскиот факултет, проф.д-р Константин Димитров, претставник од МАЦЕФ, г. Дејан Зрмановски, од ТЕТО, г. Гоце Јосифоски, претставник од Органик ПетролеумСкопје, д-р Петар Николовски, приватен консултант по

Страница 2

енергетска ефикасност на згради, претставник од Институтот за стандардизација, г. Томе Костадиновски, претставник од Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Лазар Гечевски, АЕРМ и проф. д-р Арсен Арсенов од ФЕИТ. Последни подготовки на Недела на енергетика 2010 Ве покануваме да ги посетите настаните предвидени со манифестацијата „Недела на енергетиката Македонија 2010“ под мото „Инвестирај во мерки за ЕЕ и заштеди“, во организација на МАЦЕФ и коорганизација на Скопски Саем Групација Ера и академскиот партнер Универзитет Американ Колеџ Скопје, а во рамки на програмата на Европската Комисија Sustenergy – Energy Days (www.sustenergy.org). Оваа година манифестацијата ќе се одвива паралелно со Саемот Технома 2010 и третира високо актуелни теми од областа на енергетиката. Предвидени се бизнис трибини, форум, штанд во 1-та хала на саем на кој граѓаните ќе можат да добијат бесплатни совети за заштеда на енергија, советување на воспитувачи во градинки од општина Карпош и отворени часови со жителите на општина Аеродром. Комплетната програма можете ја погледнете на крајот од информаторот во делот наменет за конференции или на www.energyweek.mk Посетата на настаните Ве молиме да ја најавите на info@energyweek.mk Не се наплаќа за присуство на конференцијата и деловните трибини, но местата се ограничени. Јавна расправа за предлог законот во Стопанска комора Во Стопанска Комора на Македонија се одржа јавна расправа за предлог законот за енергетика каде што учествуваше министерот за економија Фатмир Бесими, енергетски компании и институции. Предлогот на Законот е усогласен со барањата кои за Република Македонија произлегуваат од Договорот за основање на Енергетската Заедница, а кои се однесуваат на имплементација на законодавството на Европска Унија во делот на пазарите на електрична енергија и природен гас, сигурност во снабдувањето преку граничната размена на електрична енергија и природен гас, енергетска ефикасност обновливи извори на енергија како и други прашања од областа на енергетиката. При дефинирањето предложените решенијата земени се предвид спецификите на енергетскиот сектор во Македонија, а во утврдувањето на одделните решенија се користени искуствата од земји во регионот, особено од Република Хрватска и Република Бугарија. Проф. др. Константин Димитров од МАЦЕФ учествуваше на расправата со конкретни предлози и сугестии во име на МАЦЕФ.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Нoви закони: - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Измените на законите www.slvesnik.mk

можат

да

се

превземат

од

АНАЛИЗА Значењето на јагленот на пазарот на енергенси Јагленот наоѓа широка примена на пазарот. Со проширување на пазарот на производи се зголемува цената на јагленот и пласманот на пазарот. Анализата ја опишува нестабилноста на цените во различни периоди под влијание на многу фактори во различни земји. Самата побарувачка односно потрошувачка, бара воспоставување на нови пазари на јагленот врз основа на „фјучерс“ договори. Тоа укажува за широка примена на јагленот и големата потреба од овој необновлив извор на пазарот ширум светот. Превземете ја анализата тука .

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нѐ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 90

М акедонска еф икасност

Страница 3

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија Усвоена Стратегијата за обновливи извори на енергија Македонија до 2020 година, наместо 16,3 отсто како досега, 21 процент од вкупните потреби енергија ќе добива преку обновливи извори, а до 2030 година 27 отсто, предвидува Стратегијата за обновливи извори енергија што ја усвои Владата на 10ти септември. Министерот за економија Фатмир Бесими нагласува дека тоа ќе значи 1,6 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор, во големи и мали хидроцентрали, во соларни и ветерни електрани, како и во електрани со биомаса. Главна цел на Стратегијата е Македонија да се вброи во земјите кои согласно ЕУ директивата 2009/20, до 2020 година 20 проценти од вкупната потрошувачка на енергија ќе се произведува од обновливите извори. Ова е од голема важност, не само за нас, туку и за идните генерации зашто предвидува формирање одржлив енергетски систем што ќе ги задоволува потребите на домаќинствата и на индустријата, но во исто време ќе значи и заштита на животната средина. Повеќе Работилница за соработка помеѓи клучните чинители На 23 септември во ЕУ инфоцентарот се одржа работилница на тема „Придобивки од градење алијанси помеѓу чинителите во енергетскиот сектор во организација на ЕУ твининг проектот за „Институционално зајакнување на Регулаторната комисија за енергетика“. На настанот говереа г. Валтер Болц, директор на E-Control GmbH – „Соработката помеѓу E-Control's и други организации и институции во Австрија – успешна приказна“; Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика, „Соработка со чинителите на национално и локално ниво; Презентации за заеднички проекти со E-Control: TÜV Австрија, г. Курт Брукер, „База на податоци за зелени сертификати во австриската стопанска комора“, г. Даниел Костер, „Сметач за тарифи и поставување на прашалници за енергија“; и г-ѓа Вероника Хубнер, Секторски потреби за електрична енергија и гас во Австрија. Македонија на 21. Светски eнергетски конгрес Министерот за економија Фатмир Бесими ја претставуваше Македонија на 21-от Светски енергетски конгрес кој се одржа во Монтреал, Канада. Главна тема на расправа беше иднината на енергетското снабдување. На Светскиот конгрес учествуваа 4.700 претставници од различни земји на светот, кои имаа можност да разменат искуства за потенцијалите и поголемата искористеност на обновливите извори на енергија, како и за поголема примена на енергетската ефикасност. Министерот Бесими имаше свое излагање на конгресот, во кое истакна дека Република Македонија е членка на Енергетската заедница од 2005 година и е една од нејзините основачи, а оваа година по втор пат е претседавач со Енергетска заедница и активно работи на промоција за остварување на целите на енергетската заедница, што значи создавање на заеднички енергетски пазар во согласност со директивите и правилата на Европската Унија. Повеќе "FP7 Информативен ден за енергија" ЕУ-Проектниот центарот за знаење и иновации - ЕМКИЦЕ организираше информативна и едукативна работилница за

повикот за енергетика при ФП7 програмата, во Инфо центарот на Европската делегација во Скопје на 13 септември. Збор земаа г. Фуере, амбасадор на Делегацијата на Европската комисија во Скопје и експерти од областа од МАЦЕФ и ГТЗ. „Алфа инженеринг“ гради фотонапонска постројка Фирмата „Алфа инженеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија. Инвестицијата е вредна 240.000 евра. Повеќе...

Новости од светот Германија не отстапува од нуклеарните централи Договор помеѓу партнерите во коалицијата на канцеларката Ангела Меркел е постигнат по маратонската седница одржана на тема нуклеарни централи по 12 часови и повеќе месечни натегања на политичарите како и индустриските челници. Според договорот, 17-тина активни нуклеарни електрани во Германија ќе имаат различен третман: оние најстарите коишто се седум, ќе добијат осум дополнителни години, а останатите десет. Додека оние изградени пред 1980 г. дополнителни 14 години. Повеќе... Нова соларна светилка Стивен Кацарос, пронаоѓач од Нокеро Интернешнл од Хонг Конг направи соларна светилка, која ќе придонесе за почист и побезбеден свет. Предност кај оваа светилка е што ќе биде достапна за луѓето кои неможат да си дозволат електрична енергија и ќе биде достапна по поволна цена. Nokero светилката има големина и форма како ѝ традиционалната светилка. Во внатрешноста има пластична водоотпорна обвивка и 5 лед диоди кои можат да светат до 4 часа, кога се целосно полни. Сѐ што треба е да се изложи на сонце преку ден и четирите фотогалвански панели кои ја формираат надворешната страна од светилката ќе ја наполнат заменливата АА батерија. Оваа светилка претставува и безбедносен уред бидејќи кај обичните светилки согорувањето на газијата создава јагледорен моноксид и други штетни материјали што ја загадуваат животната средина. Повеќе... г. Штерн основа енергетски фонд од 100 милиони евра Во следните неколку години ќе се формира фонд наречен Централно-европски фонд за чиста енергија односно обновливи извори на енергија основан од г-динот Давор Штерн, бивш министер за стопанство на Хрватска. Предвидувањата се дека ќе се соберат помеѓу 50 - 100 милиони евра, а клучната намена е немањето на капитал за проекти во подрачјето на чиста енергија во Хрватска. Повеќе... Кинески пари ќе се вложуваат во романските хидроелектрани Големата кинеска енергетска компанија Хидро Кина ќе стане дел од конзорциумот кој ќе гради ХЕ Tarnita-Lapusesti во Романија во надлежност на Министерството за индустрија, трговија и животна средина. Повеќе... Компанијата Мицубуши конечно добива квоти за јаглерод за ветерниот парк во Калиакра Јапонската компанија Мицубиши за тешка индустрија доби квота од 120 000 кредити за заштедени емисии на стакленички гасови преку ветерниот парк во Калиакра, Бугарија. Веста ја соопштуваат од бордот на директори на јапонско-бугарската компанија Калиакра која се јавува како сопственик на паркот. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нѐ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 90

Страница 4

Одобрена првата методологија за намалување на емисиите на јаглерод од непошумување и деградација Важна пресвртница за пазарот за јаглеродни емисии беше постигната со одобрувањето на првата методологија за намалување на емисиите од уништувањето и деградацијата на шумите, известуваат од InfiniteEARTH. Одобрувањето на методологијата значи дека пазарот со јаглерод сега може да помогне во заштитата на шумите ширум светот. Повеќе...

Сите заинтересирани кои сакаат да се регистрираат за посета на конференцијата или пак да дознаат повеќе, може тоа да го направат тука. Посетата на конференцијата не се наплаќа.

Хелиатек прва на пазарот за сончеви ќелии Првата органска сончева ќелија е произведена во Швајцарија, па се чини нормално првата практична апликација како и првиот производител на сончеви ќелии да се појави во Германија – зарем не? Повеќе...

Вторник, 19. октомври 2010, 12.30-13.30 ч. СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ– СКОПСКИ САЕМ, ТЕХНОМА 2010– Штанд на МАЦЕФ – влез на 1ва хала – Бесплатни совети за заштеда на енергија во домаќинства КОНФЕРЕНЦИЈА- „Со подобрена законска регулатива и бизнис клима до поголеми инвестиции во енергетиката“ Бизнис сала, Скопски саем ДЕЛОВНА ТРИБИНА, 14.00-16.00 ч. „Може да се обезбеди финансирање – Но, што им е потребно на инвеститорите?“

Возовите во метроата ќе произведуваат електрична енергија Метрополите ширум светот градат се повеќе и повеќе подземни системи за јавен транспорт на патници со цел да се намали бројот на возачи на патиштата. Индустриските архитекти, ги унапредуваат системите и веќе се на идеја дека доколку се редизајнираат постоечките системи, возовите можат преку искористување на струењето во тунелите да произведуваат електрична енергија. Повеќе... Мраз и батерии за складирање на сончевата енергија Технологиите за складирање на енергија често пати претставуваат блокада за алтернативните енергии, поради нивната непостојана природа. Новите технологии кои произведуваат енергија од ветер и сонце, мораат да развијат нови начини за складирање на енергијата за периодите кога нема голема побарувачка на енергија во мрежата, како и за периодот кога произведената енергија е поголема од потрошувачката. Повеќе... Корисни web-адреси

www.energyweek.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации

Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” 07-09 октомври 2010, Охрид Традиционално ЗЕМАК на 16тиот Меѓународен симпозиум, има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба. Ќе се анализираат модерните светски трендови во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. INGAS BALKANS 2010 - Меѓународен симпозиум за природен гас 7 - 8 октомври 2010, хотел Александар Палас, Скопје Користењето на природен гас многу брзо се шири во нашата земја. Тоа се должи на големите можности за негово искористување, како и на тенденцијата за користење на чисти енергетски ресурси. Поради тоа оваа конференција може многу да придонесе во ова поле. Во програмата за оваа година ќе бидат опфатени енергетските политики на Балканот поврзани со природниот гас, инвестирање и раководење со природниот гас, градот и природниот гас, финансирање на инвестиции за природен гас, сигурност на концептот за снабдување со природен гас, како и Балканот и Европа во енергетска перспектива.

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2010 19- 24 октомври 2009

Среда 20. Октомври 2010, 10.00 – 12.00 ч. ДЕЛОВНА ТРИБИНА– СКОПСКИ САЕМ, ТЕХНОМА 2010 „Новите бизниси и професии од областа на ЕЕ и ОИЕ (економија, пазарот на труд, енергија - можности во Македонија / пракса во Словенија)“ Место: Дипломатик сала ДЕЛОВНА ТРИБИНА, 13.30 – 14.30ч., Дипломатик сала Тема: „Тековна пракса и обуки во Македонија за унапредување при употреба на термални сончеви колектори“ ФОРУМ, Дипломатик сала, 15.00 – 16.00 ч. „ЕЕ и ОИЕ проектите даваат резултати“ Четврток 21. октомври 2010, 10.00 – 14.00ч., Конференциски центар, НУБ СЕМИНАР ЗА РАЗВОЈ НА ПОЛИТИКИ „Проширена експлоатација на термалната сончева енергија преку проверени модели“ Петок 22. октомври 2010, 09.00 – 10.30ч., ЈУДГ „Орце Николов“, Општина Карпош ОСНОВИ НА ЕНЕРГИЈАТА ЗА ДЕЦА Работилница за практични пристапи во процесот на едукација за енергијата за воспитувачите од јавните градинки Недела 24. октомври 2010, 09.00 – 10.30 ч., Општина Аеродром ОТВОРЕН ДЕН СО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ „Со мали совети за енергетска ефикасност до поголема заштеда на енергија во домаќинствата“ Зелена ера 6 - 8 декември 2010, Истанбул, Турција Главниот фокус на овој симпозиум е да се намали човечкиот придонес во емисијата на стакленички гасови со решенија кои го намалуваат загадувањето и потрошувачката на енергија како и да се прошири свеста за еколошките последици. повеќе... GAT 2010 30 ное – 1 дек 2010, Штутгарт, Германија Меѓународен DVGW стручен собир за гас. повеќе... 41. КГЛП Конгрес 1-3 дек 2010, Белград, Србија 41. меѓународен конгрес за греење, ладење и климатизација повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Д. Димовска, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски, Ж. Илиевски, Ф. Стојановски и Зоја Таревска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нѐ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

90 infomacef  
90 infomacef  
Advertisement