Page 1

Број 8

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алијанса за штедење на енергија ASE Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колеги, членови на МАЦЕФ! Во ноември заврши и последниот од планираните Тренинг курсеви за локалната самоуправа, а се одржа во прекрасниот објект Градче, на периферијата на Кочани. Во пријатна работна атмосфера, уште еднаш се потврди потребата од почеста комуникација со членовите на општинските совети, посебно во овој период, кога пред нив се поставуваат знатно поголеми обврски. Посебно освежување претставуваше презентацијата на локалната фирма ТИНГ. Преку анимирање на Министертсвото за Финансии, се обидуваме во макрополитиката на Македонија да се посвети делумно внимание на борбата против енергетската сиромаштија, а со тоа и против сиромаштијата во целост. Иницијативата на МАЦЕФ да се организира Недела на енергетиката во Македонија, која се поклопува со Меѓународниот Саем за енергетика (6-10 април), започнува да се реализира успешно. Повеќе во следниот информатор, последен во оваа календарска година. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа.

МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

Активности на МАЦЕФ На 6 и 7 ноември 2003 година, во Кочани се одржа четвртиот по ред тренинг курс на тема: Енергетската ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините. Курсот беше отворен со поздравните обраќања на проф.д-р Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ, проф.д-р Миле Димитровски, продекан за наука на Машински факултет – Скопје и градоначалникот на општина Кочани.

Во програмата на овој курс се застапени следните теми: Надлежност на општините дефинирани со закон, Локалната самоуправа и енергетската политика, Проекти за енергетска ефикасност, Потреби за вода и улогата на правилното управување, Можно поле на дејство и мотивирање на општината (општината како мотиватор), Енергетска ефикасност и помош на потрошувачите со ниски (никакви) лични доходи, Јавно осветление, Снабдување со топлинска енергија, Користење на трајни енергетски извори, Можности за промена на потрошувачката и видот на транспортните горива во РМ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2

Предавачи на курсот беа професори од Машинскиот факултет – Скопје: проф.д-р К.Димитров, проф.д-р С.Арменски, проф. д-р М.Димитровски, асс.м-р З.Марков, асс.м-р Д.Ташевски и Благој Блажев, директор на фирмата Тимелпроект од Скопје, кои се членови на МАЦЕФ. Со свои презентации и рекламни материјали се претставија и фирмите ТЕРМОКИНГ, ФОНКО и АДИНГ од Скопје, а исто така се претстави и приватната фирма ТИНГ од Кочани. Беше прикажан филм за штедење на електрична енергија добиен од Алијансата за штедење на енергија во Србија и Црна Гора. На тренинг курсот учествуваа градоначалникот на општина Оризари, 14 советници од општините: Облешево, Виница, Оризари, Кочани и Чешиново, двајца претставници од УХМР во Скопје, тројца студенти на Машинскиот факултет од Скопје и еден претставник од ЕСМДистрибуција Кочани. На крајот на курсот беа доделени сертификати за учество на курсот на сите учесници. Како дополнителна манифестација беше организирана јавна дебата со тема Енергетската ефикасност како мерка за помош на потрошувачите со ниски (никакви) лични доходи.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ASE (www.ase.org) Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алијансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

Во соработка со Alliance to Save Energy и ЗЕЛС, МАЦЕФ подготви и издаде книга со наслов Енергетска ефикасност,од проф.д-р К.Димитров, координатор на проектот, раководител на курсевите и претседател на МАЦЕФ. Книгата е наменета за одржување на 4 тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Во октомврискиот број на гласилото на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ – ЗЕЛС е објавена информација за реализирањето на тренинг курсевите од доменот на мерки за енергетска ефикасност на ниво на локална самоуправа од страна на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ.

Во периодот од 20 до 22 ноември, 2003 година по трет пат се одржа НВО Саем – 3 форум на граѓанското општество во Македонија. На саемот со свој штанд зеде учество и МАЦЕФ, кој беше посетен од голем број на членови и заинтересирани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

субјекти. Овој настан овозможи поттикнување на меѓусебното запознавање, комуникација и соработка со другите НВО во Македонија, со цел истите да ја зголемат информираноста на јавноста и другите заинтересирани страни за нивните активности.

Новости од другите земји Проектот за развој на енергетската ефикасност во Србија е финансиран од заеми од Светска Банка и донации од Cooperazione Italiana. Проектот исто така е поддржан од Министерството за рударство и енергетика, Министерството за здравство, Министерството за образование и спорт, Министерството за финансии и економија, Министерството за природни ресурси и заштита на животната средина, Градското собрание на Белград и Агенцијата за енергетска ефикасност во Србија. Во проектот е вклучено реконструирање на системот за централно греење во Клиничкиот центар на Србија и зголемување на енергетската ефикасност во училиштата и болниците низ Србија. Во текот на спроведувањето на проектот е предвидена замена на јагленот со природен гас како поефикасно гориво во системите за централно греење. На тој начин пепелта од емисиите и штетните материи ќе се намалат за 20 пати, повеќе од 10 000 вработени во Клиничкиот центар на Србија и повеќе од 1 милион пациенти годишно ќе добијат подобро греење, а воздухот во централните делови на Белград (општините Врачар и Савски Венац) ќе биде почист. Исто така со воведувањето на природниот гас како гориво за греење, во Вождовац и Савски Венац, ќе се допринесе 13 000 домаќинства да се приклучат на гасоводот. Земјите од Југоисточна Европа зголемено ги прифаќаат трендовите на развиените земји и се обидуваат да ги применат.Тука спаѓаат ефикасното користење на енергијата во водоснабдителните системи и намалувањето на загубите во дистрибутивната мрежа. Во Будва на 19 и 20 септември, 2003 година се одржала Регионална конференција за намалување на загубите на вода во водоснабдителните системи. Конференцијата била организирана во соработка со Канцеларијата на ASE во Босна и Херцеговина и Министерството за заштита на животната средина и просторно

планирање во Црна Гора. На конференцијата биле презентирани програми и технологии кои директно или индиректно водат кон редуцирање на загубите на вода. Предавачи биле експерти од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина во оваа област. Исто така била претставена и актуелната ситуација, во поглед на редуцирање на загубите, во горенаведените земји. Според минатогодишните податоци Црна Гора увезува 43% од електричната енергија која ја користи. Значаен дел од ова количество на енергија се користи во водоснабдителните системи за испумпување на водата за време на нејзиното дистрибуирање. Во многу случаи само мал процент од оваа вода ја користат крајните потрошувачи, што во просек изнесува 50%. Поради тоа останатите 50% од водата, за чија потрошувачка се плаќаат големи сметки, крајните потрошувачи воопшто не ја користат. Во овој контекст, како краен заклучок на оваа конференција се изснесло дека ASE во соработка со локалните и државните владини тела, асоцијацијата на претпријатијата за водоснабдување, домашните и странските институции и НВО ќе направи напор за правилно реализирање и подобрување на овој значителен проблем. Светка Банка и Глобалниот Фонд за животна средина се очекува да донираат 10 милиони долари на Бугарија, за основање на државно-приватен фонд за енергетска ефикасност. Приватните институции кои се специјализирани во енергетскиот сектор ќе се одбираат преку тендер. Фондот ќе овозможи финансирање на топлинска изолација во зградите. Таквите згради ќе бидат ослободени од плаќање на даноци за 5 до 10 години. Предмет на ваква изолација се околу 12 000 згради, каде што цената по m2 изнесува 155 евра. Исто така било одлучено да се поврзат во една организација, Центарот за енергетска ефикасност во Министерството за економија и Агенцијата за енергетска ефикасност во Министерството за енергетика. Потенцијалните заштеди на енергија во Централна Европа се проценети на повеќе од 20% од вкупната крајна потрошувачка на енергија. Меѓународната агенција за енергетика (IEA) има развиено портфолио на активности за помош на економиите на земјите во транзиција, претставувајќи ги стратегиите на пазарна ориентираност и енергетска ефикасност. Повеќето технологии за енергетска ефикасност имаат поголемо влијание ако се комбинираат со програми за нивно развивање и мерки за обезбедување на рационални пазари. А на тој начин со зголемувањето на енргетската ефикасност не само што се подобрува енергетската сигурност и климатската заштита, но се овозможува и конкуренција во работата и благосостојба на потрошувачите. IEA е учесник и коспонзор во Европската програма за контрола на подобрување на енергијата која ја трошат апаратите во домаќинствата во земјите во транзиција. Исто така IEA има иницијатива за подобрување на енергетската ефикасност на системите за централно греење во земјите во транзиција и за тоа наоѓа најсоодветни предлози и стратегии. Пилот проектот “Плаќање на трошоците за греење преку мерење на топлинската енергија”, заедно со сертифицираната соодветна опрема, бил презентиран на јавноста во Сараево на 30.09.2003 година. Иницијаторите за овој проект, Топлификација на Сараево и ITM Controls во соработка со Министерството за просторно планирање и заштита на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

животната средина во кантонот Сараево, изјавиле дека основите за овој проект треба да се најдат во актуелните и идните директиви и легислативи. Претставниците на производителите на алокатори “Brunata” од Данска презентирале соодветна производна програма и обезбедиле практични информации за потрошувачите, земајќи ги во предвид и трошоците за истите, кои би можеле да послужат како пример за двоцевните системи. Во рамките на овој пилот проект, претставниците “Kamstrup” од Данска во Босна и Херцеговина презентирале ултразвучни мерачи на топлинска енергија со едноцевни системи. Важно е да се напомене дека оваа презентација допринесла да се подвлече потребата за превземање на реалните елементи на производство, дистрибуција и плаќање на топлинската енергија во согласност со легислативата и серијата на европски директиви.

Корисни web-адреси

http://www.ucsusa.org Union of Concerned Scientists citizens and scientists for environmental solutions www.naseo.org National Association of State Energy Officials

Манифестации 07-11 ДЕКЕМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: FTEC 2003 локација: Бали, Индонезија – Австралија Четврта по ред меѓународна конференција за конверзија на течни горива и топлинска енергија Дополнителни информации: Email: caddet@caddet.com.au 03-04 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: Southeast Green Power Summit локација: Atlanta, Georgia Овогодинешниот самит кој ќе се одржи во декември има за цел да помогне во обучувањето на надлежните институции за воведување на стратегии во развивањето на обновливите извори на енергија во земјите од Југоисточна Европа. Дополнителни информации: http://www.southeastgreenpower.net/ 11-13 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: Tools for Community Design and Decision Making локација: San Francisco, California Дополнителни информации: http://www.placematters.com/email/TCDDM_Announce.html 22-24 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: 69. Internationale Grüne Woche, "CLEAN ENERGY POWER 2004" локација: Messe Berlin Организиран конгрес и изложбен дел во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и мобилноста во таа насока. Дополнителни информации: http://www.energiemessen.de

29-30 ЈАНУАРИ, 2004 ГОДИНА настан: Emissions Trading: Analysing National allocation Plans and the Practical Implications of the EU Trading scheme локација: Central London, UK Дополнителни информации: www.mefinance.com 04-06 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: Co-operation exchange "Renewable Energy" with Central and Eastern European countries локација: Виена, Австрија Во рамките на EU-проектот "SOLAR-NET", овој настан е организиран од страна на Arsenal Research во соработка со BIT Австрија (IRC), EUREKA, BIC Burgenland и други Австриски партнери. Целни групи за овој состанок се заинтересирани субјекти од економијата, истражувачката дејност и јавната администрација кои работат на иновативни технологии во енергетиката, производите и процедурите во полето на енергетската ефикасност на објектите. Се очекува да присуатвуваат 200-250 учесници од следните земји: Членките на Европската Унија, Босна и херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Полска, Романија, Швајцарија, Словачка, Словенија, Украина и Узбекистан. Дополнителни информации: www.bit.or.at/energy/ 11-12 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: South East of England Renewable Energy Conference локација: Madejski Stadium, Reading, UK На овогодинешната конференција за обновливи извори на енергија ќе се направи преглед на стратегиите и политиките на локално, регионално, национално и европско/меѓународно ниво. Дополнителни информации: www.tvenergy.org Tel: 44 1635 817420 Fax: 44 1635 552779 E-mail: info@tvenergy.org 01 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: AIE Sydney Branch Annual General Meeting and Presentation: Designing a Realistic Climate Change Policy with Global Participation локација: Lehany Theatre, CSIRO Lindfield Дополнителни информации: http://www.aie.org.au/events_index.htm 08-10 ДЕКЕМВРИ, 2003 настан: Bioenergy Australia 2003 Conference, “Sustainable Energy for our Future” локација: Novotel, Brighton Beach, NSW Дополнителни информации: http://www.bioenergyaustralia.org/ba_conf_2003.html

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

8 infomacef  
8 infomacef  
Advertisement