Page 1

Број 89

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

август 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Kредитна линија на ЕБОР за ЕЕ и ОИЕ – посета на БиХ Проект WideTheSeebySuccMode Регионална конференција за природен гас Проект на ГТЗ за енергетски менаџмент во град Скопје Обука на општинари за ЕЕ преку УНДП Регионален проект Синергија на УСАИД Правилната изолацијата е основен предуслов за заштеда на енергија особено во претстојната грејната сезона, а во Македонија се присутни домашни и странски фирми кои нудат стандардизирани материјали со проверен квалитет. Цените на фасадите се движат помеѓу 20 – 35 евра по метар квадратен, а неколкуте дополнителни сантиметри стиропор (експандиран полиуретан) нема да ја оптоварат инвестицијата во голема мера, а долгорочно ќе штедат за Вас. Исто така, и дополнителната изолација на покривот и прозорците ќе допринесат за уште поголема заштеда! Па, побрзајте, септември ветува уште топли денови погодни за изведување на градежни работи. Сакаме да го привлечеме Вашето внимание кон Регионалната конференција (4 по ред) за природен гас која ќе се одржи во Скопје на 8 и 9 октомври. Присуството на над 40 стопанственици претежно од Турција се извонредна шанса за нашите стопанственици да се сретнат со нив и да се приготват за интензивното навлегување на гасификацијата во Македонија – транспортен систем низ целата држава, дистрибутивни системи во Скопје, Куманово... www.ingas.com.tr Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

Активности на МАЦЕФ Проект за јакнење на капацитети за енергетско раководење во градовите Градовите Загреб, Сараево, Подгорица и Скопје го реализираат регионалниот „Проект за подигање на капацитетите за енергетско раководење во градовите“ финансиран од ОРФ-Е ГТЗ. Една од главните задачи на Проектот вклучува развој на Акциони планови за одржлива енергија за секој град – учесник од четирите држави. Притоа, градот Фрајбург од Германија е избран како пример-модел. Овој проект е основа на амбициозните цели на иницијативата 20-20-20 кои се зацртани да се постигнат до 2020 г. согласно пакетот за климатски активности и обновлива енергија на ЕУ. Тие ги обврзуваат земјите членки да ги намалат емисиите на јаглен двооксид за најмалку 20% до 2020 г. Следствено, се разви и иницијативата Договор на градоначалниците (Covenant of Mayors), која оваа обврска ја придвижи кон следниот чекор на доброволен договор помеѓу европските градови и општини за надминување на целите. Градовите потписнички на договорот, меѓу кои се и четирите градови вклучени во проектот, се обврзуваат на следното: - Надминување целите зацртани со политиките на ЕУ: намалување на емисиите на јаглен двооксидот за повеќе од 20 проценти - Зајакнување на нивната обврска преку развој на Акциони планови за одржлива енергија - Објавување на периодични извештаи во кои ќе се прикаже напредокот и резултатите - Охрабрување на други градови да се вклучат во иницијативата - Вклучување на граѓани и други чинители. Преку конкурентна тендерска постапка експертски тим на МАЦЕФ беше избран да работи како локален консултант во блиска комуникација со колегите од Загреб кои веќе го имаат приготвено Акциониот план на Загреб. Во текот на летниот период и тековно се прибираат податоци од скопските општини кои се потребни за анализа со цел развој на Акционен план за одржлива енергија на град Скопје. Проектот предвидува и формирање на наменско одделение за енергетска ефикасност во рамки на градската администрација што е во фаза на опремување. Активности во рамки на кредитната линија за ЕЕ и ОИЕ Како што информиравме во претходниот број на ИнфоМАЦЕФ, во тек е реализација на Програмата за кредитни линии за одржлива енергија за Западен Балкан, (Western Balkans Sustainable Energy Credit Line Facility- WeBSECLF), спроведувана од локалниот консултанти на консултантската куќа ’Енкон’ (САД) на териториите на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Кредитната линија става на располагање 60 милиони евра преку локалните банки со цел да им помогне на малите и средните претпријатија да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Средствата ги обезбедува Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Мулти-донаторскиот фонд на ЕБОР за Западен Балкан, со финансиска поддршка од Европската заедница која ги

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 89

обезбедува грантовите средства во висина од 15-20% од заемот за инвестицијата по успешната реалиција на проектот. Инвестициските стимулации се во форма на паричен надоместок на дел од инвестицијата и тоа: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за замена на котли и воведување на мали когенерација/ тригенерација постројки. • Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи, 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% . • Во рамки на консултативните активности на регионалниот инженерски тим проф. д-р. Димитров, во соработка со инженерите од канцелариите на Програмата во Србија и БиХ посети неколку индустриски капацитети во БиХ меѓукои и пиварата во Бихаќ.

Канцеларијата на WeBSECLF во Македонија е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978. Проект „Проширување на употребата на термални сончеви колектори“ Активностите на проектот „WIDEtheSEE“, финансиран од ИПА средствата чиј локален партнер е МАЦЕФ опфаќаа неколку фази во иминатион период. Проектот е поделен во неколку работни пакети, а се забележа напредок во два и тоа: комуникацискиот и оној за најдобри практики. Во рамки на првиот беше изработена Стратегија за распространување на постигнатите резултати, како и конкретен комуникациски план за секоја земја одделно. Понатаму, во рамки на работниот пакет за најдобри практики беа идентификувани 3 (три) од анализираните 25 практики од неколку земји од Европската Унија. Сите три работни групи идентифукуваа по една најдобра практика меѓу кои примена на термални сончеви колектори од широк размер во хотелски комплекси во Грција, субвенционирање на поставување на колекторски системи од страна на општинските власти во областа Померанија во Полска и сличен успешен пример од Австрија. За можна повторна примена и проценка на придобивките од овие проекти се изработи нацрт Методолошки прирачник кој понатаму се разгледува на јавни расправи во секоја од земјите учеснички одделно. Беа реализирани 10 семинари за донесувачи на одлуки од страна на партнерите, додека во Македонија семинарот се планира да се реализира во првата недела од октомври 2010 г. Заклучоците од семинарите се сумираат и следствено се прават дополнувања на Методолошкиот прирачник за повторување на проектите. Во тек се подготовки за поставување на 120-тина термални сончеви колектори на две локации и тоа во Харгита, Романија и Бургас, Бугарија.

Страна 2 Паралелно се изработуваат симулации за сончево зрачење на поважни локации во земјите учеснички, меѓудругото во прилог е и анализата за Македонија. Овие ќе помогнат во процесот на оценување на влијанијата од повторување на успешните практики во секоја земја пооделно. Финализиран е Националниот извештај за статусот на употребата на сончеви колектори во Македонија и веќе од 1 октомври 2010 ќе биде поставен на www.widethesee.eu. Извештајот е приготвен и на македонски и на англиски јазик. Обука за ЕЕ на Проектот за намалување на климатските промени на УНДП Изминатиот месец се работеше на нацрт Практикумот кој содржи информации за потенцијалите за заштеда на енергија кои ги нудат мерките за ЕЕ и употребата на обновливите извори како и преставување на ’најдобри практики’ со голем потенцијал за применливост и повторување во повеќе општини, наменет за Обука на претставници на општинската администрација задолжени за ЕЕ и ОИЕ во рамки на општинската администрација. Инаку, проектот меѓудругото, има за цел по оваа обука да го централизира собирањето на енергетски податоци за општините на национално ниво, што ќе претставува исчекор кон систематизиран и прегледен пристап до информации од ваков карактер. Од друга страна ќе им помогне на општините во споредување на параметрите за потрошувачка, што може да претставува основа за меѓусебна соработка во примена на мерки за ЕЕ. Активности ’Синергија’-регионален проект на УСАИД И, во ова издание на ИнфоМАЦЕФ ве потсетуваме дека следните нацрт документи, приготвени од МАЦЕФ во рамки на регионалниот проект Синергија можете да ги повлеќете од следните адреси на Министерството за економија Стратегија за енергетска ефикасност на Република Македонија до 2020 година и Прв национален акционен план за енергетска ефикасност на Република Македонија 2010-2018. Во тек е нивно усвојување. МАЦЕФ – член на РЕЕЕП РЕЕЕП или партнерство за обновлива енергија и енергетска ефикасност е непрофитна организација, насочена кон забрзување на пазарот за обновлива енергија и енергетска ефикасност со примарен фокус на економиите во транзиција и земјите во развој. РЕЕЕП иницира и финансира проекти, развива и поддржува мрежи за донесувачи на одлуки, ги комуницира и распространува резултатите и ги реплицира научените лекции.

МАЦЕФ е член РЕЕЕП од 2008 г. Во рамки партнерството, а со цел распространување на најдобрите практики од изминатиот петгодишен период, неодамна беше објавен документ кој третира проблеми и начин за нивно надминување во доменот на изработка на планови во областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со акцент на рурални средини. РЕЕЕП програмите нудат големо искуство и лекции за креаторите на политиките и менаџерите кое се вклучени во процеситер за климатски промени на во развојот на земјите. Следат неколку главни поенти од докиментот додека целиот можете да го преземете тука. • Руралните енергетски програми најчесто се фокусираат на потребите за електричната енергија, додека потребите од механичка и топлинска енергија се игнорираат. • Биомасата може да биде главен извор на енергија за потребите од топлинската енергија кај руралното население. Во иднина ќе мора да се стави соодветен

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 89

Страна 3

акцент за добивање на електрична и топлинска енергија произведна од биомаса. • Повеќе рурални програми имаат ограничено влијание преку фокусирање на единствена технологија како што се заштеда на енергија или технологии за енергетски услуги за крајни купувачи. Пристап кој е технолошки неутрален, и кој ќе вклучува технологии како што се гасни печки и употреба на фосилни горива како течен нафтен гас е препорачлив за инервенирање во овој сектор. • Енергетскиот бизнис во руралните средини претставува долгорочна инвестиција. Приватните бизнисмени најверојатно нема да имаат значајна улога во овој сектор. Во отсуство на силна регулатива владата и јавните претпријатија ќе мораат да превземат поактивна улога во намалувањето на јаглеродниот двооксид во руралните средини. • Руралниот енергетски бизнис во јавниот и приватниот сектор треба финансиски да се стимулира за да се понудат услуги кај руралната популација кои моментно не се достапни.

МАЦЕФ препорачува Видеоконференцијата – заштеда на повеќе ресурси истовремено Видеоконференцијата е алтернативна комуникациска алатка која заштедува време, простор, енергија, финансиски средства и истовремено придонесува за заштита на животната средина. Имено, состаноците преку видео конференција се покуси бидејќи нема патувања, а истовремено овозможуваат учество на повеќе луѓе бидејќи секоја страна ги користи сопствените просторни капацитети. На овој начин, со видеоконференцијата се заштедува и на дополнителни буџетски средства кои би биле наменети за патувањата, а се зголемува продуктивноста со тоа што времето потрошено за патување може да се искористи за исполнување на работните задачи. Важен аспект е и тоа што се намалува емисијата на СО 2 , бидејќи деловните патувања на илјадници луѓе на глобално ниво имаат големо влијание на околината во која живееме. Преку видеоконференцијата се поврзуваат луѓе на различни локации, со звук и слика, во реално време со цел размена на информации и знаења, изведба на презентации, дебати и обука. Додека невербалната комуникација преку телефон или е-маил може да ја загрози соработката на различни начини, соработката лице в лице преку видеоконференција им овозможува на учесниците лесна и успешна интеракција. Видеоконференцискиот центар во рамки на Британскиот совет во Скопје, лоциран во Универзитетската библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје нуди најсовремена технологија и можности за овој тип на комуникација. МАЦЕФ неколкукратно учествувал во Caffee Scientiffic, трибини организирани помеѓу локации во Велика Британија и земјите од Европа. (текст: Жарко Конески, Британски Совет и МАЦЕФ)

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Проект за Когенеративна постројка за производство на енергија од биомаса во Кочани На основа на постапката за верификација за ЦДМ проект ЕУРЕЦНА- Италија ја стави на јавен увид ПДД документацијата. По одржаната јавна расправа во месец јули, во август документацијата беше поставена на интернет страницата на општина Кочани по што можеше да се коментира. Превземете го документот тука.

Новости од Македонија Пролонгиран рокот за увоз и легализирање на возила Министерството за економија објави дека го пролонгира на рокот за увоз до 30 септември 2010 г. на употребувани возила од категоријата М – моторни возила со најмалку 4 тркала наменети за превоз на патници (М1, М2 и М3), категоријата Н моторни возила со најмалку 4 тркала наменети за превоз на стоки (Н1, Н2 и Н3) и категоријата О – приколки, вклучувајќи ги и полуприколките (О1, О2, О3 и О4) во насока на единечно одобрување на увезени употребувани возила само со исполнети емисиони стандарди ЕУРО 1. Повеќе...

Новости од светот Бугарија сериозна за 20% енергија од ОИЕ до 2020 г. Производство на енергија од алтернативни извори во Бугарија до крајот на 2010 г. ќе биде три пати повисоко отколку во 2009 година. Во 2009 г. Бугарија има произведено 800.000 MGWh од зелени извори, додека во првите шест месеци од оваа година веќе достигна еден милион MGWh. Според експертите, во следните неколку години, уделот на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија ќе достигне меѓу 17 и 20%. Повеќе... Чешките реактори можат да снабдуваат топлина Плановите за изработка на ’далечинска’ грејна мрежа за градот Брно се во фаза на ревизија. Станува збор за греење од 40 километри оддалечената нуклеарната централа Дуковањи. Повеќе... Во погон пуштена хидроелектраната Лешче Неодамна во пробна употреба пуштена е ХЕЦ Лешче, што претставува прв таков објект изграден во самостојна Хрватска. Проектот е вреден 700 милиони куни, а за прв пат во Хрватска е изграден објект без постојан персонал кој ќе се управува далечински од близината на ХЕЦ Гојак. Повеќе... Нанотехнологијата го зголемува грејниот капацитет на сончевите грејачи на вода Истражувањето спроведено од научниците на Универзитетот на Рио Де Жанерио овозможува развој на нов сончев греен систем кој ќе користи нанотехнологија за загревање на водата до пет пати повеќе од температурата на еден конвенционален систем. Повеќе... Компанијата Исофотон објави €6 милионски тендер за проект на рурална електрификација на Мозамбик Соларната енергетска компанија Исофотон доби тендер за пет рурални договори за електрификација на земјата со вредност од преку €6 милиони. Проектот е финансиран од Националниот Повеќе... енергетски фонд на Мозамбик. Промена на квотата за CO 2 Европската комисија предложи од 2013 година европската индустрија да купува околу ½ квота за емисија на стакленички гасови, за којашто сега не се плаќа. Тој предлог едногласно го подржаа земјите претставнички на Европската унија. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 89

Иран со критики до ИАЕА Али Акбар Салехи, висок ирански советник за нуклеaрна енергија ја оценува како опасна грешка, изјавата на Јукијаа Аманоа, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) која го оптужува Иран дека ја попречува работата на агенцијата. Повеќе... Во Србија оваа сезона најскапо греењето на мазут и електрична енергија Најголемите трошоци за греење на почетокот на грејната сезона ќе ги имаат домаќинствата кои ќе користат нафта и електрична енергија за директно загревање на грејните тела или за погонување на котлите за централно греење соопштуваат од Агенцијата за енергетика на Србија. Така, загревањето на домаќинство од 60m2 за целата сезона ќе потроши околу 1400 евра за нафта или 1100 евра за ел. енергија, додека гасот за истата намена би ги чинел само половина од сумата. Сепак, кај нашите соседи најефтино оваа сезона ќе биде греење на јаглен и тоа ќе изнесува помеѓу 300 и 400 евра. Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” 7-9 октомври 2010, Охрид Традиционално ЗЕМАК на 16тиот Меѓународен симпозиум, има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба. Ќе се анализираат модерните светски трендови во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ И НАЈАВЕТЕ СЕ ЗА ПАРАЛЕЛНИТЕ ПАНЕЛИ! INGAS BALKANS 2010 - Меѓународен симпозиум за природен гас

Страна 4 Почесниот и советодавниот комитет меѓу другите ги вклучува и: Н.Е. Никола Груевски, премиер на Влада на РМ; г. Абдулхеким Адеми, заменик премиер на РМ; г. Фатмир Бесими, министер за економија на РМ; г. Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски на РМ; г. Хаџи Незир, државен секретар на РМ; г. Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје и проф. д-р Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ- Центар за енеретска ефикасност на Македонија. МАЦЕФ е еден од активните поддржувачи и коорганизатори на оваа манифестација. Програма 8ми октомври, 2010 Сесии - Енергетската политика на Балканот и природниот гас - Инвестирање и раководење со природен гас - Градовите и природниот гас 9ти октомври 2010 - Финансирање на инвестиции во природен гас - Интерактивна панел дискусија за концепти на снабдување со природен гас, Балканот и европската енерегтска перспектива Сите заинтересирани кои сакаат да се регистрираат за посета на конференцијата или пак да дознаат повеќе, може тоа да го направат тука. Технологии за животна средина и клима 2010 12 - 13 октомври 2010, Рига, Латвија Конференцијата е предвидена како редовен научен форум и во 2010-та год. е посветена на ублажувањето на климатскатските промени – развојот на технологиите за ниска емисија на повеќе... јаглерод. Солар самит 2010 13 – 15 октомври 2010, Фрајбург, Германија Овогодинешната главна тема се фокусира на: “Соларни мобилни батерии, горивни ќелии и биогорива за самоодржлива електро-мобилност”. повеќе... ЕНЕРГОФОРУМ® 2010 14 -15 октомври 2010, Вајн, Словачка ЕНЕРГОФОРУМ е специјализирана енергетска конференција за оние кои се заинтересирани за енергетиката. Главната тема за овогодинешната конференција е Quo vadis, енергетика? повеќе... Реорганизација на слободниот пазар. ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2010 19- 23 октомври 2010 Наскоро програма на www.energyweek.mk CEP пасивна куќа EXPO® 27-28 октомври 2010, Будимпешта, Унгарија Меѓународна изложба на пасивна куќа како и конференција – централна Европа. Овој настан е дел од Деновите на зелената повеќе... архитектура.

7 - 8 октомври 2010, хотел Александар Палас, Скопје Користењето на природен гас многу брзо ќе се шири и во нашата земја. Тоа се должи на интересот на Државата претставен во сите енергетски стратешки документи) големите можности за негово искористување, како и на тенденцијата за користење на чисти енергетски ресурси. Поради тоа оваа конференција ќе придонесе во оваа насока. Во програмата за оваа година ќе бидат опфатени енергетските политики на Балканот поврзани со природниот гас, инвестирање и раководење со природниот гас, градот и природниот гас, финансирање на инвестиции за природен гас, сигурност на концептот за снабдување со природен гас, како и Балканот и Европа во енергетска перспектива.

6. Европски енергетски самит 4-5, ноември 2010, Истанбул, Турција Самитот ќе обезбеди широк спектар на успешни стратегии за справување со предизвиците со кои се соочуваат енергетските Повеќе... пазари во регионот. RENEXPO® Југо-источна Европа 24 – 26, ноември 2010, Букурешт, Романија Трето издание на RENEXPO® Југо-источна Европа, меѓународен саем и конференција за Обновлива енергија и енергетски Повеќе... ефикасно градење и реновирање. Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски, Зоја Таревска, Жарко Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

89 infomacef  
Advertisement