Page 1

Број 88

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јули 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражување за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Новата кредитна линија на ЕБОР достапна и во Македонија Подготовка на обука за ЕЕ Соработка со СЗО продолжува Проектот WideTheSeebySuccMode со нови активности Се изработува Програма за ЕЕ за општина Чашка Сигурно ќе се сложиме дека месецот јули го одбележаа напорите на Бритиш Петролеум да го стопира истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, акција која се проценува на повеќе од 4 милијарди долари. Катастрофата која ја причинува нафтениот излив, денес можеме само да ја проценуваме, но вистинските проценки ќе следат дури за неколку години кога ќе се формираат првите неколку генерации на флора и фауна и нивното прилагодување на новата животна средина. Убеден сум дека овие светски кризи ќе придонесат за будење на еколошката свест кај сите генерации и оттаму потребата за рационално искористување на енергијата во сите домени од животот со акцент на оваа произведена од необновливи извори на енергија. Да се запрашаме, колку и дали воопшто Земјата може да поднесе екокатастрофи од голем размер?! Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

Активности на МАЦЕФ Нова кредитна линија за ЕЕ и ОИЕ достапна во Македонија Во чекор со светските трендови и европски директиви, а како одговор на ниската конкурентност на претпријатијата на Балканот, во тек е Програма за кредитни линии за одржлива енергија за Западен Балкан, (Western balkans Sustainable Energy Credt Line Facility-WeBSECLF), спроведувана од Европска банка за обнова и развој со финансиска поддршка од Европската заедница и Мулти-донаторскиот фонд на ЕБОР за Западен Балкан. Кредитната линија става на располагање 60 милиони евра преку локалните банки со цел да им помогне на малите и средните претпријатија да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Во Македонија, прва банка преку која е достапна линијата е Охридска банка- Societe General, a наесен се очекува вклучување на уште две банки. На Годишното собрание на

ЕБОР, одржано во мај годинава во Загреб се реализираше свеченото потпишување помеѓу Банката и ЕБОР. Благодарение на заштеда на енергија и финансиската поддршка, инвестициите во енергетски ефикасна опрема и процеси можат да се повратат брзо истовремено придонесувајќи за: намалување на трошоците за производство, подобрување на конкурентноста и профитабилноста како и обновување и модернизација на погоните. Преку Европската комисија, ЕБОР, исто така, обезбеди грантово финансирање за да обезбеди инвестициски стимул за да им помогне на компаниите да ја искористат оваа линија. Инвестициските стимулации се во форма на паричен надоместок на дел од инвестицијата по завршување на и тоа како што следува: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за замена на котли и воведување на мали когенерација/ тригенерација постројки. • Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи (во моментов расположливи само во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20%

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 88

Консултантите, на барање на инвеститорите, можат да им помогнат во проценка на користењето на енергијата, подготовка на проекти кои ги исполнуваат критериумите, спроведување на ревизии и развој на бизнис планови за проекти како и помош при спроведување на проектот. Главен проектен консултант е EnCon Services International, а за Македонија локални консултанти се експерти од МАЦЕФ и Тимел. Канцеларијата на WeBSECLF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978. Проект „Проширување на употребата на термални сончеви колектори“ Тековните активности на проектот „WIDEtheSEE“ кој е финансиран од ИПА средствата, а чиј локален партнер е МАЦЕФ се насочени кон финализирање на Националниот извештај за статусот на употребата на сончеви колектори во Македонија и подготовка на првите промотивни материјали. Истовремено, се подготвува семинар за донесувачи на одлуки, кој се планира за месец септември, на кој ќе се претстават неколку ’најдобри практики’ од ЕУ со цел да се дадат предлози за нивно прилагодување и примена во Македонија од што како краен документ треба да се објави Методолошки прирачник. Поради деликатноста и спецификите за проширување на употребата на сончеви колектори во 10-те земји учеснички во проектот, закажан е дополнителен работен состанок на учесниците кај партнерот одговорен за равој на методологииЦЕРЕ од Рим во средината на септември. Обука за ЕЕ на Проектот за намалување на климатските промени на УНДП Експертски тим од МАЦЕФ интензивно работи на развој на Практикум и материјали потребни за спроведување на Обука на претставници на општинската администрација закажана за крајот на септември. Обуката е предвидена за сите општини, а освен обука за ЕЕ и ОИЕ, ќе се врши и обука за користење на нов софтвер за централно собирање на енергетски податоци од објектите од страна на консултант специјализиран за таа проблематика. Практикумот ќе содржи информации за потенцијалите за заштеда на енергија кои ги нудат мерките за ЕЕ и употребата на обновливите извори како и преставување на ’најдобри практики’ со голем потенцијал за применливост и повторување во повеќе општини и уште многу податоци кои ќе бидат од клучна помош за лицата задолжени за ЕЕ и ОИЕ во рамки на општинската администрација. Активности ’Синергија’-регионалниот проект на УСАИД Во тек е дополнување на тукушто изготвените нацрт документи Стратегија за енергетска ефикасност на Република Македонија до 2020 година и Прв национален акционен план за енергетска ефикасност на Република Македонија 2010-2018. И двата документи се наоѓаат на веб страницата на Министерството за економија бидејќи се изработуваат со блиска комуникација со Секторот за енергетика при министерството.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА ЗА ВАС Европска енергетска легислатива Енергијата е она што ја прави Европа да функционира. Поради суштинско значење на енергијата во Европската Унија, таа се труди да одговори на најдобар начин на енергетските предизвици. ЕУ има многу амбициозна енергетска политика, која го покрива целиот спектар на извори на енергија (почнувајќи од фосилни горива до нуклеарна енергија и обновливи извори на енергија). Со оваа амбициозна енергетска политика, ЕУ сака да започне нова индустриска револуција која ќе донесе ниско енергетска економија, со што енергијата која ја консумираме ќе биде безбедна, конкурентна и одржлива. Обемен систем на легислатива ја диктира енергетската игра и тоа европските закони што може да се најдат на следната веб

Страна 2 страна: "Summaries of EU legislation". Законите и директивите кои се однесуваат на енергетиката може да се најдат на оваа веб страница. Тие се поделени на следните категории: енергетска ефикасност; европска енергетска политика; безбедност на снабдување, надворешна димензија и проширување; внатрешен енергетски пазар; нуклеарна енергија и обновлива енергија. Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ треба да се приспособува кон Европските правила. Така, правилникот „Правилник за енергетски карактеристики на градежни објекти“, (Службен весник на РМ бр. 143 од 13.11.2008 година) кој го изработи МАЦЕФ е направен согласно на европските директиви и закони, а се доработува во согласност со новата директива за истата проблематика 2010/31/ЕУ од 19.05.2010. Публикувана новата Анализа на нуклеарни ресурси Зголемената загриженост за глобалното затоплување, главно поради емисијата на стакленички гасови во атмосферата, ги поттикнува владите ширум светот да ја гледаат нуклеарната енергија како одржлива опција за производство, по конкурентни цени, на чиста базна електрична енергија. Скоро 60 држави сериозно размислуваат ползување на нуклеарната енергија. Нуклеарната енергија бара 15 години планирање пред да се почне со изградбата. Но, една од главните работи која ги загрижува овие земји е снабдувањето со ураниум во иднината. Последното издание на Ураниум 2009: Ресурси, производство и побарувачка, или попозната како „Црвената Книга“ вели дека согласно на стапката на потрошувачката во 2008, ураниумовите ресурси се доволни за повеќе од 100 години.

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Програма за ЕЕ на општина Чашка Секторот за локален економски развој од општина Чашка интензивно работи на собирање на податоци за потрошувачка на енергија и состојбата на зградите и уличното осветление со цел општа проценка на енергетската состојба што претставува почеток за изработка на Програма за ЕЕ. Важно е да се напомене дека процесот се одвива забрзано поради високата техничка подготвеност на општинската администрација која е вклучена во проектот. Заедно со искусни стручни лица од МАЦЕФ се работи на конечна проценка и дефинирање на енергетска состојба и понатамошно препознавање на потенцијални мерки за ЕЕ кои би се распределиле за реализација во идните четири години. Се очекува програмата да биде заокружена до крајот на оваа година. Инаку, Програмите за ЕЕ се законска обврска на сите општини во републиката согласно Законот за енергетика.

Новости од Македонија Енергетски субвенции за социјално загрозени семејства Од октомври околу 58.000 социјално загрозени семејства во Македонија ќе добиваат по 600 денари месечно за плаќање електрична енергија, огревно дрво, јаглен или масло за домаќинства.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 88

Целта е подобрување на семејниот буџет и животниот комфор, зголемување на достапноста до енергија, намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на условите за развој на пазарот на енергетика. Утврдено е дека сумата од 600 денари е доволна едно семејство да ги покрие основните потреби за електрична енергија. Тоа го покажале анализите на просечните потрошувачки, кај ранливите групи и искуствата во регионот. Програмата ги поддржува корисниците на социјална и постојана парична помош, а предвидува 36 милиони денари месечно. Средствата се обезбедени со ребалансот на Буџетот. Поддршката ќе трае до крајот на 2010, но намера на Владата е ваква програма да се предвидува секоја следна година. Нов начин на фактурирање на заедничката потрошувачка на електрична енергија со новиот Закон за домување Во иднина фактурите за потрошена електрична енергија на броилата за заедничка потрошувачка ќе бидат адресирани до куќните совети, односно согласно Законот за домување, до ново формираните правни лица. Според законот, станбените објекти се задолжени да формираат правно лице односно заедница на сопственици преку која ќе одат сите менаџирања во зградата, како и плаќањето на сите заеднички трошоци во објектот. Оттука, и заедничката потрошувачка за електрична енергија ќе се регулира преку правното лице или Управителот на зградата. EVN Македонија апелира до куќните совети, по формирањето на новиот правен субјект во зградата, да склучат договор со ЕВН за регулирање на наплатата на потрошената електрична енергија за броилата од заедничката потрошувачка. ЕВН и Желино реконструирале среднонапонска мрежа ЕВН Македонија и општина Желино заеднички направиле реконструкција на критичниот дел од далекуводот преку дислокација на постоечката и истовремено изградба на нова среднонапонска мрежа во должина од 700 м. Овој проект е во интерес на жителите од тетовските села Чифлик и Ларце. Новата траса на далекуводот е покрај локалниот пат и со целосно нова опрема со што се зголемува сигурноста и квалитетот во напојувањето со електрична енергија. Проектот заеднички го финансираат општина Желино и ЕВН Македонија.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор Министерот за економија, Фатмир Бесими и министерката за енергетика и рударство на Република Косово Јустина Ш. Пуља потпишаа Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу двете министерства. Ова претставува воспоставување

Страна 3 на формална основа за унапредување на досегашната успешна соработка во областа на енергетиката со Република Косово, по што ќе следи формирање мешовит оперативен тим на експерти од двете министерства и претставници од нивните национални компании, за предлози за натамошни чекори во соработката. Дел од изјавата се однесува на: “Косово е млада држава која работи на развој на инфраструктурата со посебен акцент на енргетската инфраструктура. Со оглед на фактот што Македонија е во понапредна фаза со проектите за искористување на хидропотенцијалот, енергетската ефикасност и хармонизаци-јата на законодавтсвото со европското, искрено сметаме на поддршка, размена на искуства и експертска помош во насока на реализација на започнатите проекти, а и на идните заеднички проекти, сѐ со цел обезбедување на обврските од потпишаниот договор на Енергетската заедница и стабилност на енергетскиот систем“.

Новости од светот Расте примената на енергија од ОИЕ во Европа 10,3% од вкупната потрошена енергија во рамките на Европската Унија во 2008 г., е произведена од обновливи извори. Со тоа продолжува трендот на раст на нејзината примена, соопштуваат од агенцијата за статистика на ЕУ „Евростат“. Според податоците, учеството на „зелената“ енергија во рамките на вкупната енергетска потрошувачка во ЕУ во 2007 година било 9,7 отсто, а една година претходно 8,8 проценти. Но, експертите предвидуваат дека до 2020 година учеството на електрична енергијата од обновливи извори во вкупната енергија во ЕУ ќе достигне до 20 %. Најголемо учество на „еколошката“ електрична енергија во вкупната потрошувачка на енергија меѓу земјите на ЕУ во 2008 година имала Шведска со 44,4 проценти, пред Финска со 30,5, Летонија со 29,9 и Австрија со 28,5 %. Од друга страна, најмало учество на енергијата од обновливи извори имала Малта од само 0,2 отсто, а по неа следуваат Луксембург со 2,1, Велика Британија со 2,2, Холандија со 3,2 и Белгија со 3,3 проценти. Извор: Еуростат Еколошкиот брод го мина Пацификот и вплови во Сиднеј Еколошкиот брод „Пластики“, составен од илјадници пластични шишиња кои можат да се рециклираат, веќе се наоѓа во пристаништето на австралискиот град Сиднеј. Бродот со петчлен екипаж е дел од кампањата чија цел е да ја поттикне свеста на светската јавност за загаденоста на океаните. Сплавот, долг 18 метри го осмислил Дејвид де Ротшилд, еден од наследниците на познато банкарско семејство. „Пластики“ во март исплови од американскиот град Сан Франциско. Составен е од 12.000 шишиња, споени со органско лепило, а едрата се исто така изработени од материјали кои можат да се рециклираат. Бродот користи самообновлива енергија, како што е сончевата енергија и енергијата од ветровите, како и од водните турбини. Првата електро пумпа во употреба Манифестацијата за зелена енергија “International Green Energy Expo Korea 2010” беше местото каде SunPods SP-300 беше за прв пат претставен. Тоа е првата вградена станица за напојување на интегрирани електрични возила – која е подготвена за моментално

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 88

напојување. Оваа сончева платформа која е подготвена за користење, а изработена од SunPods се вика EV Plug-N-Go. Кога станува збор за пошироко, SunPods EV Plug-N-Go пакетите можат да се испорачуваат подготвени за инсталација. Веќе склопени и подготвени за користење, тие се идеални придружници за широк опсег на еколошки пријателски апликации кои користат обновлива енергија. Сончеви ќелии од тутун - реалност? Во потрагата по користење помалку фосилни горива, последното можно решение е неверојатниот извор: тутунот. Оваа вест доаѓа од Универзитетот Беркли во Калифорнија. Новото откритие е врз основа на можноста од програмирање на ќелиите во растенијата да добијат сончеви ќелии од плантажите со тутун. Навидум изгледа просто и помалку неверојатно. Користејќи генетски конструиран вирус научниците успеаа да ги трансформираат ќелиите од растенијата и да креираат синтетички соларни ќелии. Повеќе... Сончева зелена куќа која ќе произведува храна и електрична енергија Овој интересен експеримент е направен во Италија. Најзаслужна компанија за овој проект е Солиндрапроизводител на сончеви панели. Намерата на овој проект е да се постигне производство на храна и електрична енергија истовремено. Целта на истражувачкиот тим е да продолжи со Повеќе... развој на овој проект на иднината. Абу Даби ќе го гради првиот целосно еко-град Кога ќе се спомене Блискиот Исток, замислуваме нечиста територија, силно сонце и песочни наноси. Абу Даби, дел од Обединетите Арапски Емирати, и во својата околина развива град кој нема да произведува јаглероден двооксид. Овој град ќе биде ’зелен’ пример кој нема да биде граден со технологии и фосилни горива кои загадуваат. Иронијата е што овој град ќе се наоѓа во земја која е водечки производител на фосилни горива. Архитектите и конструкторите на градот тврдат дека градот ќе користи обновлива енергија, вклучувајќи ги сончевата и енергија на ветерот. Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

25та Конференција и саем за сончева енергија од фотоволажни панели 6 - 10 септември 2010, Валенсија, Шпанија Конференција за фотоволтажни претварање на енергијата од сонцето ќе ги собере на едно место трите најважни глобално научни како и стратешки ФВ конференции: 25та по ред европска конференција и саем за сончева енергија од фотоволтажни панели, 36та US IEEE конференција за фотоволтажни експерти како и 20та по ред конференција повеќе... Азија/Пацифик ФВ наука и инженеринг. 10та Мегународна конференција за чиста енергија 15 - 17 септември 2010, Фамагуста, Северен Кипар Конференцијата ќе обезбеди платформа за решенија за двата глобални проблеми: намалување на количествата на фосилните горива, и проблеми со животната средина предизвикани со користењето на фосилните горива, како што е глобалното затоплување, осиромашување на озонскиот слој, киселите

Страна 4 дождови, загадувањето, недостаток од кислород, излевање на нафта итн. повеќе... Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” 07-09 октомври 2010, Охрид Традиционално ЗЕМАК на 16тиот Меѓународен симпозиум, има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба. Ќе се анализираат модерните светски трендови во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. INGAS BALKANS 2010 -Меѓународен симпозиум за природен гас 7 - 8 октомври 2010, хотел Александар Палас, Скопје Користењето на природен гас многу брзо се шири во нашата земја. Тоа се должи на големите можности за негово искористување, како и на тенденцијата за користење на чисти енергетски ресурси. Поради тоа оваа конференција може многу да придонесе во ова поле. Во програмата за оваа година ќе бидат опфатени енергетските политики на Балканот поврзани со природниот гас, инвестирање и раководење со природниот гас, градот и природниот гас, финансирање на инвестиции за природен гас, сигурност на концептот за снабдување со природен гас, како и Балканот и Европа во енергетска перспектива. Сите заинтересирани кои сакаат да се регистрираат за посета на конференцијата или пак да дознаат повеќе, може тоа да го направат тука. Технологии за животна средина и клима 2010 12 - 13 октомври 2010, Рига, Латвија Конференцијата е предвидена како редовен научен форум и во 2010-та год. е посветена на ублажувањето на климатскатските промени – развојот на технологиите за ниска емисија на повеќе... јаглерод. RENEXPO® Саем во Аугсбург 7-10 октомври 2010, Аугсбург, Германија 11-ти по ред Меѓународен саем за обновлива енергија и енергетски ефикасен објект и реновација. повеќе... Солар самит 2010 13 – 15 октомври 2010, Фрајбург, Германија Овогодинешната главна тема се фокусира на: “Соларни мобилни батерии, горивни ќелии и биогорива за самоодржлива повеќе... електро-мобилност”. ЕНЕРГОФОРУМ® 2010 14 -15 октомври 2010, Вајн, Словачка ЕНЕРГОФОРУМ е специјализирана енергетска конференција за оние кои се заинтересирани за енергетиката. Главната тема за овогодинешната конференција е Quo vadis, енергетика? повеќе... Реорганизација на слободниот пазар. ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2010 18 - 23 октомври 2010 Наскоро програма на www.energyweek.mk CEP пасивна куќа EXPO® 27-28 октомври 2010, Будимпешта, Унгарија Меѓународна изложба на пасивна куќа како и конференција – централна Европа. Овој настан е дел од Деновите на зелената архитектура. повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Д. Димовска, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски, Ж. Илиевски, Ф. Стојановски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

88 infomacef  
Advertisement